BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
3
Data 1. 06. 2009broj 76
берзНИК
До следниотпонеделник
Makedonka BaldazarskaGlaven i odgovorenurednik na
берзНИК
e-mail:berzNIK@interNIK.com.mk
М
ината недела во знакот на предвидувањата засветската и домашната економија. Негативнипрогнози, загрижувачки бројки, превентивни меркии скромни или нереални предлози на сите страни од многуаналитичари, професори, институции, стопанственици.Секој од свој агол, верувам со најдобра намера,запобезболно надминување на економската криза...-Светската економија годинава ќе опадне за 2,6проценти, наместо претходно предвидените 0,5 отсто, сенаведува во најновата прогноза на Обединетите нации(ОН).Економскиот пад се должи на светската економска криза,која според ОН, најтешко ги погодува земјите во развој.Експертите на ОН предвидуваат и дека, ако мерките застимулирање на економскиот раст бидат успешни, благоподобрување на ситуацијата е можно во 2010 година.ОНмеѓутоа предупредува дека е можно светската рецесија дапродолжи.- Економската криза и значителното намалување навредноста на националните валутија намалија куповнатамоќ на граѓаните од Југоисточна Европа, се наведува вонајновата анализа и на Рајфајзен банка.Кризата особенотешко ги погоди граѓаните на Унгарија, кои во мартзаработиле во просек нешто помалку од 400 евра, што еоколу 20 проценти помалку во споредба со истиот месецминатата година.Најниска просечна плата е забележанаво Романија - 317 евра, а по неа доаѓа Македонија каде вомарт просечната плата изнесувала 319 евра.-За тоа дали ќе бидат преземени чекори за помош наиндустријата имајќи го предвид падот на индустрискотопроизводство, премиерот со став дека во Македонија имапомал пад на индустриското производство во однос наеврозоната.Во еврозоната во јануари падотбилза 17,4отсто.Во февруари во Македонија падот наиндустрискотопроизводствоизнесувал 13 отсто додека воБугарија бил 13,9.Тој изнесе податоци за намалувањенаиндустриското производство во повеќе земји од светот,посочувајќи оти тоа е резултат на светската економскакриза и дека во поголемиот дел од државите состојбата воекономијата е влошена дури и повеќе отколку воМакедонија.Премиеротпосочи наантикризните мерки што гидонесе Владата и притоа истакна декаВладата одобрилаземање кредитна линија од Европската инвестицискабанка, што наскоро ќе се најде во Парламентот. Оваакредитна линија ќе им овозможи на малите и среднитепретпријатија земање кредити со стапка од шестпроценти.-За разлика од ваквиот оптимистичен став напремиерот, економскиот аналитичар Ден Дончев ипредвидува на Македонија финансиски крах, ако НБМ иВладата не ги сменат политиките. Прашање е уште колкувреме ќе можеме да издржиме од девизните резерви да јаплаќаме политичката идеологија на власта и нереалнатаполитика на НБМ. Дончев и израелскиот експерт СемВакнин наминатонеделната трибина:Тези и антитези заМакедонија и светската криза: Споредување на опциите,ги убедуваа стопанствениците од двете стопански коморида не ги поддржуваат Владата и централната банка вонамерата по секоја цена да ја бранат вредноста наденарот и нејзиниот фиксен девизен курс. Тиепредупредуваа дека граѓаните плаќаат висока цена запреценетоста на денарот.-И Советот на Народната банка на Македонија усвоидополнителни мерки за зачувување на стабилноста надевизниот курс, ценовната и финансиската стабилност воекономијата. Усвоени се нова одлука за задолжителнарезерва иизмени и дополнувања на одлуката зауправување со ликвидносниот ризик, со кои НБРМочекува, меѓу другото, поттикнување на растот наштедењето во денари, намалување на побарувачката надевизи и стабилизирање на девизниот пазар, како исоздавање услови за поголема флексибилност кај банкитево управувањето со ликвидноста. Според анализите нацентралната банка, дополнителните мерки се неопходнипоради продолжувањето со несмален интензитет наризиците, особено кај надворешниот сектородмакедонскатаекономија.По ваквите мерки на НБРМ, исплашени и банкарите.Тие поодлукатана Народната банка да им го поскапиприбирањето и чувањето на штедните влогови награѓаните, најавуваат поскапување на кредитите.Одлуката на НБМ банките да чуваат кај неа поголемарезерва за денарските и за девизните штедни влоговидополнително ќе ја намалистопанската активност. Тиевелат дека НБМ почнала панично да реагира бидејќидевизните резерви веќе се истенчени, а тие и’ сеединствениот извор за спас на денарот. Сепак повеќетоод нив за највиновна за вакватаситуацијаја сметаатВладата. Социјален удар очекуваат и експертите, спореднив освен граѓаните и стопанството, од одлуката можно еда изгори и кредитната линија од 100 милиони евра одЕвропската инвестициска банка.Сепак, споредистражувањето БизКЛИРшто гопрезентираше Проектот за деловно опкружување наУСАИДМакедонијаод 79-то, се најдена 71 местомеѓу191 земја,што е добар напредок. Законската рамка есолидна, но многу повеќе работа е потребна за нејзиноспроведување. Законите не стигнуваат до деловнатазаедница како што би требало. Наместо да се одвиваодгоре надолу, реформата во иднина треба да бидепоттикната од побарувачката, предлагаМарк Волтер,правен советник во консултантската компанија,Буз АленХамилтон од САД.Според него, неопходна е договорнакултура,унапредување надијалогот меѓу приватниот и јавниот сектор и поинаков начин за решавањенатрговските спорови во судовите. Најпотребна е, нагласиВолтер,конкурентоста во деловниот сектор.За конкурентноста говореше и високиот претставник наИФЦ за Јужна Европа Хуан Карлос Фернандез Заранамеѓународната конференција за европски интеграции натема: Европа во криза - закани и можности,која се одржаво организација на Универзитетот Американ колеџ воСкопје. Тој оцени дека Македонија, исто како и другитеземји во регионот, има концентрирана сопственост,односно еден сопственик поседува најголем дел одакциите од компанијата. - Од една страна тоа е добробидејќи еден човек ги носи одлуките штозначи нивнопобрзо донесување,но од моето искуство можам дакажам дека во најголем број случаи ваквата ситуација гионевозможува компаниите да бидат конкурентни.Но и покрај сите апели и критики упатени на адреса наВладата, Премиерот уверува дека нема потреба одформирање кризен штабшто ќе и помогне на државатапобрзо да излезе од светската економска криза.Премиерот уверува дека и експертската и стопанската јавност се во постојани консултации со Владата и секогашсе подготвени да помогнат- во моментот состојбата е подконтрола...
Анализи, оценки,прогнози-кризатане попушта
Leave a Comment