BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI
3
Data 22. 06. 2009broj 79
берзНИК
До следниотпонеделник
Makedonka BaldazarskaGlaven i odgovorenurednik na
берзНИК
e-mail:berzNIK@interNIK.com.mk
М
инатата недела Светска банка не израдува-ни одобри 19,3 милиони евра за Проектот заусловени парични трансфериво РепубликаМакедонија.Целта на проектот е јакнење наефикасноста на системот на социјална помошпреку воведување на условени парични трансферии подобрувања во управувањето со системот насоцијална помош, соопшти мисијата на Светскатабанка во Скопје.Проектот за условени парични трансфери требадапридонесе за намалување на сиромаштијатапреку промовирање на запишувањето изавршувањето на средното образование на децатаод сиромашните семејства во РепубликаМакедонија, со што ќе се создаде поквалитетнаработна сила ( се надевам вреднувана и доброплатена) која ќе помогне во остварувањето наодржлив економски развој на сегашните и иднигенерации.- Проектот е дел од напорите да се прекинекругот на сиромаштија преку помагање насиромашните семејства да им обезбедат соодветнообразование на своите деца, така справувајќи се соедна од главнити причини за долгорочнатасиромаштија во многу домаќинства, вели СнежанаПлевко, водач на тимот на Светска банка што ипомогна на Владата во дизајнирањето на проектот.Секако гест за поздравување, и на изведувачот ина подржувачот ,а и на напорите на Владатанасочени кон подобрување на општото управувањесо системот на социјална заштита и подобрувањена пристапот кон средното образование.Но сепак Владата со ист интензитет треба да работи инапроектите за отворање на работни места, отикако сега стојат работите ние си ги школувамедецата,ама оти нема кај да работат или уштеповеќе оти се неплатени, ним друг им ја јаде маката – а државата останува само со трошокот за своитекадри без поврат од вложеното, искористување назнаењето.Е сега факт е дека кризата си го прави своето, ногрото од нашиот народ и досега, бел ден не виде сонашата речиси дводецениска трансфорамција,приватизација. Па оттука без разлика на кризата,ние и натаму си другаруваме со сиромаштијата.Или како што стои во соопштението на Светскабанка сиромаштијата останува на високо нивоод 30отсто...
Л
обирање, промени и во делот на монетарнатаполитика. Полемиката дали на македонскатаекономија и е неопходна рестриктивна монетарна ифискална политика ибранење на фиксниот девизенкурс на денаротили пак либерална политика ифлуктуирачки курс на денарот беа главни теми наседницатана Собраниската комисија зафинансирање и буџет.Борис Стоименов смета дека на македонскатаекономија и се неопходни свежи средства за излезод економската криза и оти не може банкарскиотсектор да биде стабилен доколку релниот секторнема доволно средства. Тоа, како што кажа, неможе да се обезбеди со рестриктивната монетарнаполитика на НБРМ која доведе до зголемување накаматните стапки на кредитите и до најголемаупотреба на кредитите со девизна клаузула.- Одржувањето стабилен девизен курс само ги топидевизните резерви на државата, нема свежи париза реалниот сектор, а банките се заштитени.Вотакви услови никој не сака да преземанепотребен ризик и да вложува пари вопроизводството, туку полесно му е да гивложипарите во банка и да живее од камата. Сметам декатреба нешто да се менува во економската политикаи да се оди на либерализација на кредитите. Јас несум за девалвација на денарот во овој момент, носметам дека треба да се престане тој да се бранипо секоја цена бидејќи на тој начин опаѓаконкурентноста на нашите производи, сметапратеникот Борис Стоименов и обвини декаполитиката на НБРМ создава негативна клима заразвој.Претседателот на Комисијата Манасијевски сметадека доколку сепрактикувала политиката што јабара Стоименов за држење на девизните резервина минимумќе следела девалвација на денарот занајмалку 20 до 30 отсто.- Нивото на девизни резерви кои го држи НБРМни овозможи во услови на криза да можеме дапотрошиме 600 милиони евра за одржување настабилноста на денарот. Фактот што гувернеротГошев кажа дека според последнитепроекции на НБРМ од крајот на мајгодинава покриеноста на увозот содевизни резерви во моментов е 3,6месеци, покажува декаимаме уште100-тина милиони евра со кои можемеда ја одржуваме макроекономската стабилност,рече Мансијевски.
С
иромашни или не, со рестриктивна монетарнаполитика (нели стравот лозјето го чува) Македонија,во овие услови на глобална финансиска кризасепак е пазар на која се испреплетуваат интереситеи на ивеститорите и на политичарите...Како и да е нашиот премиер е оптимист и верувадека добрата бизнис клима ќе има влијание и надонесувањето на датум за преговори за ЕУ. -Очекуваме да ги довршиме сите наши обврски и дадобиеме позитивен извештај, а со тоа ќе имамедобри шанси за датум за преговори. Останува да сенадеваме дека работите ќе одат во добар правец.Засега има добра клима, истакна Груевски, којприсуствуваше на самитот на Европската народнапартија, во која членува и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.Да потсетиме:Европската народна партијана последните избори за Европскиот парламентосвои најголем број пратенички места. Таа гиобединува демохристијанските, народните иконзервативните партии од Европа.Во неачленуваат германската ЦДУ на канцеларкатаАнгела Меркел, Форца Италија на италијанскиотпремиер Силвио Берлускони, УМП напретседателот на Франција Николас Саркози, како ипартиите на Јанез Јанша, Жозе Емануел Баросо идруги влијателни европски политички партии.Имиња кои верувам уште како можат да и се најдатна Македонија.А кога сме кај добрата кбизнис клима, ледот гопробија и новите билборди во некои од соседнитеземји, Србија, Бугарија, Албанија,Словенија, кадесе промовира македонскиот туризам. Дека е тоатака се уверивме на лице место – во центарот наЉуљана стои македонски билборд.... а, ако нитргне туризмот, ќе тргнат и другите работи....Аконишто друго барем се вклопуваме во планот на ЕКза -постигнување на зелените цели... Секако и во желбата на нашиот претседател Иванов:Во Европане смее да недостасува волја за соработка иоптимизам за заедничка иднина.
Билборд-туристичкапромоција
Leave a Comment