• Embed Doc
  • Readcast
  • Collections
  • CommentGo Back
Download
 
берзНИК
-
GODINA 
II
-BROJ81
ЈУЛИ
2GODINA PRLOGNA TNDERIK)
www.berznik.com.mk
Поход заекономски раст
 
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI
3
Data 13. 07. 2009broj 82
берзНИК
До следниотпонеделник
Makedonka BaldazarskaGlaven i odgovorenurednik na
берзНИК
e-mail:berzNIK@interNIK.com.mk
Р
еконструкција на Владата... Оставките,разрешувањето и изгласувањето на новитеминистри, за некого освежување изајакнување на ресорите, за други мистерија ипромена заради своеглавост, или речено народно -непослушност. Како и да е,по осумчасовнапрепукување, обвинување проследено и сонедолични навреди (на адреса на премиерот ивицепремиерот, како и на новопредложенитекандидати),пратениците изгласаа разрешување наТрајко Славески од функцијата министер зафинансии, со кого во пакет оставки поднесоа иминистерот за земјоделство, Ацо Спасеновски иминистерот за образование, Перо Стојановски.Премиерот Никола Груевски, кој беше обвинеткако лош кормилар на Владата,образложувајќи горазрешувањето наминистерот за финансииСлавескиистакна деказа три годишниот период,колку што Славески раководеше со финансискатапалка, се завршија многу проекти кои заедно гикреирале, ги бранеле и спроведувалеи коидонесоамногу промени во Македонија.- Не велам дека не можеше повеќе или подобро,но дадовме максимум што можевме за дапромениме нешто на подобро. Тргнувајќи од ова,сакам да потенцирам дека предлогот за промена наСлавески не е поврзан со незаконско, или пак нечесно работење, или некаква неспособност, ауште помалку заради некакви предлози кои ги давала јас сум би одбивал околу ребаланс и слично, илипак заради разлики од потребата на аранжман соММФ како што се шпекулираше во јавноста, речеГруевски.- Цврсто верувам дека организирањето ираководењето на Министерството за финансии можеда се зајакне, како и да се зајакне неговатаефикасност, да се зајакне координацијата соинституциите кои се во негова надлежност, но ипошироко,со другите институции со коисоработува.Славески пак, на заминување, со порака доПарламентот:Предлогот за измени и дополнувањена Буџетот, кој вчера е поднесен,да биде итнодонесен до крајот на месецов. - Потребен е итенребаланс на Буџетот.Потребно е итно да се скрататшест милијарди денари односно сто милиони евра,рече Славески повикувајќи ги пратениците да гоподдржат премиерот во тоа, до крајот на овојмесец...Да потсетиме: Во државнатакаса во мај и во јуни се слеале околу 40 милиони евра помалку одочекуваното, тврдат извори во Министерството зафинансии. Co исклучок на јануари, кога водржавната каса останаа пет милиони евра, водругите месеци буџетот постојано беше во минус...Експертите по јавни финансии најавуваат декадржавната каса ќе биде уште потенка во летнитемесеци,кога по непишано правило се намалуваатданочните приливи...Тоа, пак, најавува декамакедонската економија може да влезе во минус иво третиот квартал,по што станува реалнапроекцијата на Меѓународниот монетарен фонд декагодинава рецесијата ќе биде длабока 2 отсто.Неделава, Македонија тргнува во поход соновите министри. Зоран Ставрескиго наследиминистеротза финансии Трајко Славески.ВаскоНаумовски е вицепремиер за европски прашања, којфункцијата ја наследува од Ивица Боцевски.Владимир Пешевски е вицепремиер за економскипрашања, ресорот што досега го водеше Ставрески.Љупчо Димовскиод заменик-министер за транспорти врскиседнува во министерската фотељана АцоСпасеноски.Никола Тодоров е министер заобразование и наука и ја наследува функцијата одПеро Стојановски.-Преку овие лица, ценам дека ќе се обезбедивисока ефикасност во работењето, продуктивност,рече претседателот на ВладатаНикола Груевски за новитечленови на Владата.Колку Македонија ќе имабенефит од
-
подобритерезултати и освежен потенцијал, што го ветијановоизбраните министри, ќе покаже времето, асекако тоа зависи и од фактот колку ќе им биденаклонет периодот- интензитетот со кој ќе спласнувафинансиската криза.-Со зголемениот потенцијал и освежувањето штого носиме во тимот, а се разбира и со очекувањедека светската економска криза постепено ќе почнеда слабее,македонската економија ќе почне дазакрепнува.Претстојат подобри денови на крајот наоваа и следната година. Да се вратиме на ониестапки на економски раст што претходно ги имавме,рече Ставрески.Дали ќе го прифати предлогот на својотпретходник за итен ребаланс на буџетот, Ставрескиќе одговори по сериознитеанализи со тимот иекспертите.Во меѓувреме Македонија е под плаштот насвоите национални случувања.Ората,Невестинско,Тешкото и Свекрвино и совечерниот концерт, Светот пее и игра во Галичник,збогатен со ревија на носии од неколку земји восветот, изминатиот викенд се одрржа 46-татаГаличка свадба.А, познатиот италијанскикомпозитор Енио Мориконе, кој претседателотИванов го одликува соМедал за заслуги заМакедонија на сцената на Античкиот театар воОхрид гоотвори годинашното Охридско лето.Охрабрувчки се и вестите за укинување навизната либерализација одпотпретседателот наЕвропската комисија и комесар за правда ивнатрешни работи,Жак Баро.И секако аберот одЏорџ Робертсон, поранешен генерален секретар наНАТО- Македонија има право да биде членка наНАТО, затоа што ги исполнува сите услови. Големаштета и скандал е тоа што земјата уште немапокана, рече Робертсон, во интервју за емисијата наМТВ-Отворено со народот.-Дали е тоа НоваМакедонија, Горна Македонија, Северна Македонијаи големите историски текови,ми се чини не треба дабидат предмет што ќе ја спречи Македонија да бидечленка на НАТО, речеРобертсон.
Поход за економски раст
of 00

Leave a Comment

You must be to leave a comment.
Submit
Characters: ...
You must be to leave a comment.
Submit
Characters: ...