До следниотпонеделник
Makedonka BaldazarskaGlaven i odgovorenurednik na
берзНИК
e-mail:berzNIK@interNIK.com.mk
Н
еделава во знакот на -Седум порти- 14. Биенале намлади уметници од Европа и Медитеранот на кое домаќингодинава е токму Македонија....На манифестацијата под мотото -Уметноста ќе најденачин, учествуваат повеќе од 700 млади уметници од 48земји кои твореа во седум дисциплини - визуелни, приме-нети и изведувачки уметности, литература, музика, гастро-номија и слики во движење. Но, покрај уметниците вонашава Македонија престојуваа и стотина ВИП гости,новинари, делегати од познати европски медитеранскиинституции, асоцијации, фондации и меѓународни тела,како и 40 медиумски куќи. И, како што е ред, отворањетона оваа десетдневна манифестација ја поздравија мини-стерската за култура Елизабета Канческа Милевска иеврокомесарот за образование Јан Фигел, претседателотна Биеналето Луиџи Ретклиф, а секако и градоначалникотна Скопје, Коце Трајановски.Печат на овој меѓународен настан, барем според мене,остави оценката на Фигел:- Различностите - културните, јазичните и етничките, требада се гледаат како аспекти кои ќе зближуваат и дефинира-ат, а истото се однесува и на единството, кое треба да сепостигне овде, а не во Брисел. Токму овие аспекти всуш-ност ги отвораат портите кон Европската унија за промо-ција на овие вредности на земјата. Културата отвора мож-ности за директни контакти меѓу луѓето, за културна раз-мена меѓу нив внатре во ЕУ и оние кои допрва се при-клучуваат. Најдобра дефиниција за ЕУ, за Европа и заоваа земја во 21. век би била различноста, односноЕвропа во единство на различностите, изјави Фигел...Патем, високиот гостин разговараше со премиерот НиколаГруевски за се што е направено и што мора да се завршидо 15 септември, односно до денот на затворањето наГодишниот извештај на Европската комисија заМакедонија, со цел да се исполнат очекувањата за позити-вен извештај од ЕК и препорака за почеток на преговори-те. Притоа, Фигел посочи дека новите земји-членки на ЕУпочнале со промоција на културата и соработка во таасфера со ЕУ пет до шест години пред да пристапат конУнијата.Нашиот премиер, Груевски, како и досега, оптимистички заочекувањата за извештајот на Комисијата за Макеоднијашто треба да биде објавен на 15 октомври: Даваме и ќедаваме се што е во наша моќ за да добиеме позитивенизвештај и препорака за преговори од Европската коми-сија, но одлуката е нивна и не може да се прогнозира. -Јас се обидувам да не прогнозирам по ова прашање. Којабило прогноза од моја страна може да биде погрешно про-толкувана од некои други страни. Ќе кажам дека го даваменашиот максимум, работиме максимално колку што е вонаша моќ да ги сработиме сите стратешки приоритети исите оние обврски што ни се дадени од ЕУ. Тоа е добро иза нас, бидејќи и да не беше ЕУ, повеќето од нив добро еда ги направиме за да ја подобриме општата ситуација воземјата, квалитетот на живот ...За најновиот напредок постигнат во рамките на процесотна интеграција во ЕУ, со акцент на одредниците и активно-стите што Владата и другите институции ги спроведуваатза нивна реализација, разговараа и претседателот ЃоргеИванов со вицепремиерот задолжен за европски праша-ња, Васко Наумовски.- Се надеваме дека со сите активности што заедничкикако држава ќе ги спроведеме, ЕК ќе биде во состојба дапрепорача почеток на преговорите со РепубликаМакедонија, рече Наумовски по средбата со Иванов.И како што вели Наумовски: Република Македонија очеку-ва фер одлука од Европската комисија. Не бара прогледу-вање низ присти, туку се надева дека нејзината одлука ќесе темели на она што ќе биде спроведено во рамки назацртаните одредници. Во таа насока е и зајакнувањетона присуството на Република Македонија во Брисел.Според Наумовски, работата на интеграцијата наРепублика Македонија во ЕУ продолжува и по 15 септем-ври, кога треба да биде затворен извештајот за напредо-кот на земјата, и по 14 октомври, кога тој треба да бидеобјавен.Инаку, минатата недела во организација на Македонскиотцентар за европско образование-МЦЕО, ФондацијатаИнститут отворено општество Македонија-ФИООМ иМакедонскиот образовен форум го спроведоа третиотциклус од проектот: Акција за Европа, кој што се одвивашево повеќе градови во Македонија. Проектот го подржаа 13амбасади на државите членки на ЕУ во Македонија, потоаевроамбасадорот Ерван Фуере и Мисијата на Европскатаунија во Скопје.Идејата: дебати и форуми со граѓаните на повеќе теми -пристапот на Македонија во ЕУ и напредокот на држaватаво процесот на пристапување, начинот како се создаваатпријателства и нивното значење во процесот на пристапу-вање, како и за идните активности кои претстојат во тојпроцес.Но, привлекува прашањето од информативна сесија, сопрезенатација на куси документарни филмови: Се штосакавте да знаете за ЕУ, а немавте кого да го прашате.Е па мои драги Европејци, многу сме ви благодарни засите овие напори... но, сепак сметам дека една нитка, пра-шање или проблематика намерно ја прескокнувате... и тоатокму се однесува на прашањето се што сакате да знаетеза ЕУ.... ? Јас, а верувам и моите колеги, работниците,граѓаните на оваа земја, сакаме да знаеме зошто во нитуедна од одредниците кои треба да ги исполни Македонијана патот кон ЕУ не е поентирана потребата за валориза-ција – цена на трудот, саатнина,или ако сакате пристојназаработувачка за работниот ангажман... Зар тоа не е еденод предусловите да бидеме и ние Македонците рамо дорамо со Европејците....?А, да не заборавам, мнозинството од анкетираните граѓа-ни, барем според анкетата на Институтот за демократија ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ иНАТО.И, доколку би гласале на референдуми за влез во ЕУ и воНАТО, поддршка за ЕУ искажале 83,9 проценти од анкети-раните, а за НАТО се определиле 83,1 отсто. Негативенстав во однос на двата референдума имаат осум процен-ти од испитаниците... Само уште да не посвоите и се еок... ние се чувствуваме како дел од ова европскосемејство...
Европа во единство на различности
data 07. 09. 2009broj 90
берзНИК
3
BERZANSKI pREglEdNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEdIUMI
Leave a Comment