Welcome to Scribd, the world's digital library. Read, publish, and share books and documents. See more
Download
Standard view
Full view
of .
Look up keyword
Like this
4Activity
0 of .
Results for:
No results containing your search query
P. 1
ММЕ кој прв почна - Дејан Дуковски

ММЕ кој прв почна - Дејан Дуковски

Ratings: (0)|Views: 1,230|Likes:
Published by Елена Б

More info:

Published by: Елена Б on Jul 28, 2012
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as DOCX, PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

11/22/2013

pdf

text

original

 
Прв круг
 
СМИСЛА
 
НИСКО ВОЗВИШЕНИЕ.
 
ВРАТА.
 
БЕЖАНИЈА.
 
ИНКАСАТОР, БЕЗ ЛЕВО ОКО.
 
ИНКАСАТОРОТ: Ништо не се случува.
 
БЕЖАНИЈА: Нешто ќе се случи.
 
ПАУЗА.
 
ИНКАСАТОРОТ: Морам да одам.
 
БЕЖАНИЈА: Немој.
 
ИНКАСАТОРОТ: Ме чекаат.
 
БЕЖАНИЈА: Те чекав и јас.
 
ИНКАСАТОРОТ:
 
Овде сум. Малку се задржав по пат. Наплаќав. Стигнав. Сега морам натаму.Морам да стигнам на време.
 
БЕЖАНИЈА: Немој.
 
ИНКАСАТОРОТ: Ќе се вратам.
 
БЕЖАНИЈА: Кога? Каде?
 
ИНКАСАТОРОТ: За некое време. Овде некаде.
 
ПАУЗА.
 
Или малку покасно. На некое друго место
.
БЕЖАНИЈА:Каде ќе одиш?
 
ИНКАСАТОРОТ: Јас не прашувам за тебе.
 
БЕЖАНИЈА: Прашај. Не можам веќе да чекам.
 
ИНКАСАТОРОТ: Немој.
 
БЕЖАНИЈА: Немој.
 
ПАУЗА.
 
Ме боли колку те нема.
 
ИНКАСАТОРОТ: Немој такви работи. Немој мене такви. Немој мене. Слушаш. Немој.
 
ПАУЗА.
 
Немој, бе.
 
ПАУЗА.
 
А, бе немој.
 
БЕЖАНИЈА: Полека.
 
ИНКАСАТОРОТ: Тоа се твои заби?
 
БЕЖАНИЈА: Да.
 
ИНКАСАТОРОТ: Чувај ги.
 
ПАУЗА.
 
Нема играње. Малку работи останаа на крај.
 
БЕЖАНИЈА: Остана ти.
 
ИНКАСАТОРОТ: Останаа зајци пред фарови. Гледај. Нема крај. Немаше ни почеток. Ништоне се случи. Пројде некое време. Со голема брзина на стоење. Напред. Или назад. Иликога? Вчера. После. Лани. Сега. Утре. Пред извесно време. После многу години. Вековинаназад. Една младост. Една длабока старост. Една кобна есен. Еден обичен ден. Еденобичен живот. Еден од оние моменти. Некаде у пизду материну, на патот за у курац.
 
ПАУЗА.
 
Едно старо дрво. Клупа во парк. Железничка станица. Шарен чадор. Топло чоколадо.Широка улица. Кошула во штрафти. Сабајлешки бурек. Мерак на душата. Ќеиф на курот.Ситно предавство. Мирис на кујна. Неплатени сметки. Скапи мириси. Редици. Убави места.Малку радост. Слатко смеење. Циркус. Еден мајмун. Една свиња, ја имитира смртта.Експлозија. Делови од некои други делови. Мртви делови. Земји. Европи.
 
Пички мајчини.Мој дел. Твој дел. Си ебав мајката. Види. Ќе експлодирам деновиве. Како прашина ќезатрупам наоколу.
 
ПАУЗА.
 
Некој прди. Некој цело време прди.
 
БЕЖАНИЈА: Сакаш јагоди?
 
ИНКАСАТОРОТ: Нешто смрди.
 
БЕЖАНИЈА: Ништо не смрди.
 
ИНКАСАТОРОТ: Како бе, не? Од каде јагоди?
 
БЕЖАНИЈА: Има.
 
ИНКАСАТОРОТ: Нема време.
 
БЕЖАНИЈА: Само време има. Моето време стои, ако тебе те нема. Давам цел век, за самоеден момент. Не е доцна. Немој никаде да одиш. Немој никаде да стигнеш. Остани со мене.Дај ми рака. Слушни како ми чука срцево. Погледни ме. Кажи нешто смешно. Ајде да се
 
смееме. Како будали. Ако било лошо, ќе биде подобро. Ќе си кажеме нешто. Ајде да имаметајна. Кажи ми тајна.
 
ИНКАСАТОРОТ: Знам една тајна.
 
ПАУЗА.
 
Родени сме од жени расчеречени над гроб.
 
ПАУЗА
.
Многу жени расчеречија над нивните гробови.
 
БЕЖАНИЈА: Носи ме некаде. Било каде. Сибир, Манџурија, Македонска Каменица...
 
ПАУЗА.
 
Ако престанам да те сонувам, сè ќе престане да постои.
 
ИНКАСАТОРОТ: Што да престане?
 
БЕЖАНИЈА: Да постои сè.
 
ИНКАСАТОРОТ: Не
 
ме пратиш.
 
ПАУЗА.
 
Шарени кошули, чоколади, дрва и пички мајчини...
 
БЕЖАНИЈА: Гледај.
 
ИНКАСАТОРОТ: Што?
 
БЕЖАНИЈА: Паѓа ѕвезда. Замисли желба.
 
ИНКАСАТОРОТ: Не измислувај глупости. Нема ни ѕвезди ни желби. Чиста параноја. Гледај.Еден кобен ден, левото око ме вреѓа, го вадам. Сега, многу слабо гледам со десното.Гледај. Имаш две очи. Лошо гледаш. Фата моргана. Ништо не можеш да видиш. Гледашдруги работи. Работи што ги нема. Гледај. Ако сакаш да видиш, извади го едното. Илиоштети ги двете. Или извади ги двете. Направи нешто.
 
ПАУЗА.
 
Направи нешто, бе.
 
ПАУЗА.
 
А, бе нешто...
 
БЕЖАНИЈА: Полека.
 
ИНКАСАТОРОТ: Тоа е твоја коса?
 
БЕЖАНИЈА: Да.
 
ИНКАСАТОРОТ: Чувај ја.
 
БЕЖАНИЈА: Кажи нешто обично.
 
ИНКАСАТОРОТ: Видов ангел.
 
БЕЖАНИЈА: Каде?
 
ИНКАСАТОРОТ: Некаде порано. Со
 
шест крилја. Си реков, треба да се две.
 
БЕЖАНИЈА: И?
 
ИНКАСАТОРОТ: Испадна, не е ангел. Си реков, ова не е ангел.
 
ПАУЗА.
 
Тоа се твои крилја?
 
БЕЖАНИЈА: Какви крилја?
 
ПАУЗА.
 
ИНКАСАТОРОТ: Овде смрди. Некој прди цело време.
 
БЕЖАНИЈА: Кажи нешто убаво.
 
ИНКАСАТОРОТ: Имав многу жени, а со тебе ми е како прв пат.
 
ПАУЗА.
 
Сите патишта на светов ме враќаат кај тебе.
 
ПАУЗА.
 
БЕЖАНИЈА: Дај ми рака.
 
ИНКАСАТОРОТ: И што?
 
ПАУЗА.
 
И што?
 
БЕЖАНИЈА: Полека.
 
ИНКАСАТОРОТ: И сега?
 
БЕЖАНИЈА: Допри ја главата на моите гради.
 
ИНКАСАТОРОТ: И?
 
БЕЖАНИЈА: Затвори ги очите.
 
ИНКАСАТОРОТ: И?
 
БЕЖАНИЈА: Осети ја мојата кожа.
 
ИНКАСАТОРОТ: И?
 
БЕЖАНИЈА: Гушни ме.
 
ИНКАСАТОРОТ: И?
 
БЕЖАНИЈА: Стави ја раката меѓу моите нозе.
 
ИНКАСАТОРОТ: И?
 
БЕЖАНИЈА: Кажи дека ме сакаш.
 
ПАУЗА.
 
ИНКАСАТОРОТ: Те сакам.
 
БЕЖАНИЈА: Те сакам.
 
 
ПАУЗА.
 
ИНКАСАТОРОТ: И?
 
БЕЖАНИЈА: Нешто ќе се случи само од себе.
 
ИНКАСАТОРОТ: Ќе се случи. Сега ќе ти објаснам што ќе се случи. Ќе ти дадам рака. Ќе јаставам главата на твоите гради. Ќе го затворам окото. Ќе ти ја осетам кожата. Ќе тегушнам. Ќе ја ставам раката меѓу твоите нозе. Ќе ти кажам дека те сакам. Ти си мојотангел. Ти си ми сè.
 
ПАУЗА.
 
Ќе ги погледнам твоите крупни очи. Ќе ја ставиш раката на мојот млитав кур. Во флешовимојот растурен мозок ќе се испрска со свежа крв. Мирис на мокра пичка. Вкус на крв. Гладза ново насилство ќе го растресе моето тело. Ќе се споиме во твојата утроба. Нежнотоводење љубов, ќе го претворам во свирепо силување. Ќе го скршам твоето стаклено тело.Ќе ти ги ископам крупните очи. Ќе ти го затнам грлото со јагоди. Ќе ти ги здробам забите.Ќе ти ја размрскам главата. Со раце ќе ти го извадам срцето. Со нов живот ќе го наполнамтвојот леш. Ќе те расчеречам над твојот гроб. Тоа остана. Нема време за друго.
 
ТОА И СЕ СЛУЧУВА.
 
СЕ КРШАТ КРИЛЈА.
 
ПАЃА ЕДНА ЅВЕЗДА.
 

Activity (4)

You've already reviewed this. Edit your review.
1 thousand reads
1 hundred reads
Martin Angelov liked this

You're Reading a Free Preview

Download
scribd
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->