Welcome to Scribd, the world's digital library. Read, publish, and share books and documents. See more
Download
Standard view
Full view
of .
Save to My Library
Look up keyword
Like this
3Activity
0 of .
Results for:
No results containing your search query
P. 1
КРИТЕРИУМИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ЕСЕЈСКИ ПРАШАЊА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ЕСЕЈСКИ ПРАШАЊА

Ratings: (0)|Views: 107 |Likes:
Published by Sashko Stefanovski

More info:

Published by: Sashko Stefanovski on Sep 23, 2012
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as DOC, PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

03/11/2013

pdf

text

original

 
КРИТЕРИУМИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ЕСЕЈСКИ ПРАШАЊА
Сашко Стефановски
Република Македонија, ОУ,,Никола Карев,,-Кочани
Резиме
Студијата беше спроведена во наставата по географија и во неа беа опфатени 40 ученициод VII одделение. Со неа беше елаборирано вреднување на две есејски прашања од кои еднотосо опширен, а другото со ограничен одговор. За извршувањето на задачата учениците имаатермин од седум дена. Откако учениците ги напишаа своите есеи, наставникот ги вреднувашеспоред претходно изготвена аналитичка листа за бодување. Учениците не беа запознаени сокритериумите за оценување. Потоа, учениците ги добија назад своите оценети есеи. На истиотчас им беше зададена задача да напишат нови два есеи како и во првиот случај. Повторно имаарок за пишување од седум дена, но овој пат ги имаа на увид критериумите според кои ќе бидатоценувани.Целта на експериментот е да се провери дали учениците кога однапред ги знааткритериумите за оценување, покажуваат подобри резултати отколку кога не добиле такваинформација. На тој начин се согледува значењето и користа од формативното оценување.Исто така, се открива дали учениците имаат повеќе успех при пишување на есеи со опширенодговор или со ограничен одговор.По изготвувањето и на новите есеи и нивното вреднување од страна на наставникот, научениците јавно им се соопштуваат резултатите и им се поделуваат формулари засамовреднување. Преку нив наставникот треба да дознае со кои потешкотии се соочувале тиепри пишувањето на есеите и кои упатства треба да им ги дава во следни слични ситуации.Клучни зборови: Есеио ограничен и со опширен одговор), формативно оценување,квалитативно истражување, усна повратна информација, аналитички листи за бодување, листиза самооценување, дискусија.
1ВОВЕД1.1Причини и предуслови за спроведување на студијата
Долго време се обидувам да најдам начин како да им помогнам на децата полесно да сесправат со проблемите на кои што наидуваат за време на учењето и школувањето. Понекогашуспевам во тоа, понекогаш помалку, а има и такви случаи кога моите обиди биле безочекуваниот резултат. Овој обид, за кој сега пишувам, беше еден од оние поуспешните.Мораше да биде. Работев според добро испробан рецепт. Треба добар предизвик за даиспровоцирате некого да работи покомплицирани задачи. А самото спомнување на држави какошто се Германија и Русија, ќе мора да се согласите, никого не оставаат рамнодушен. Иакостанува збор за две реномирани држави за кои многу работи се веќе познати, има уште многунешто да се каже. За да не се повторуваат веќе споменувани податоци, барем не на класиченначин, им оставив на учениците повеќе простор за истражување со надеж дека можеби и јас ќенаучам нешто ново од нив. Се водев од онаа, народната, дека повеќе глави размислуваатподобро од една. Кога станува збор за активности каде сите три домени на учење се од повисок ред, наставникот мора добро да ги обмисли и подготви сите фази до најситни детали. Есејскитепрашања мора пред сé да бидат добро формулирани за да ги дадат резултатите што сме гиочекувале, а со тоа и да ја провериме совладаноста на наставните цели на повисоко ниво.
1.2Цели на студијата
Освен општата цел на темата, да се согледа користа од есејските прашања за проверка нанаставните цели на повисоко ниво, оваа студија на случај имаше уште неколку конкретни цели.Со неа, пред сé, требаше да се испита влијанието на информацијата за начинот на оценувањеврз квалитетот на изготвување на есејските прашања и дали таквата информација придонесува
 
кон напредок во процесот на поучување кај учениците. Студијата беше фокусирана наистражување со кое ќе се провери дали учениците кога однапред ги знаат критериумите заоценување покажуваат подобри резултати отколку кога не добиле таква информација.Споредбите се вршат кај ученици кои двапати добиваат различни работни задачи со еднаквониво на сложеност т.е. одговараат на есејски прашања. Исто така, се испитуваше и далиучениците побргу се оспособуваат за пишување на есеј со опширен или со ограничен одговор.Основни сознанија се добиваат преку споредување на резултатите од првиот и од повторениотексперимент за пишување на есеи од двата вида.
2МЕТОДОЛОГИЈА2.1Методи на истражување
Истражувањето беше квалитативно, што значи дека преку него се оценуваше квалитетот исодржината на напишаното, а не се земаа во предвид вештините за пишување т.е.
 
граматичко-естетските димензии. Резултатите во главно беа користени за сумативно оценување, иакобеше застапена и компонента во која беше спроведено формативно оценување. Вреднувањетона есеите се вршеше со користење на аналитички листи за бодување. Листите беа претходноизготвени од страна на наставникот и прилагодени на целите што се бараат од есејскитепрашања. Всушност, преку овие листи јасно беа одредени критериумите за оценување, самошто тие не им беа соопштени на учениците пред почетокот на работата. По прегледувањето напрвата задача, на учениците им беа соопштени постигнатите резултати и истовремено им беапосочени критериумите според кои тие биле оценувани. Постапката за пишување бешезапазена и при изготвувањето на втората задача, со тоа што учениците однапред ги добијалистите за оценување. Добиените резултати наставникот ги внесува во посебни табели, прекукои врши споредба на оценките и добиените поени.
2.1.1Задачи на наставникот
Ги запознава учениците со новиот приод кон оценувањето и поучувањето;
Им дава инструкции за изработка на есејските прашања;
Подготвува аналитички листи за оценување;
Ги оценува есеите;
Подготвува усни повратни информации;
Ги сумира добиените информации;
Подготвува формулар за самоевалуација;
Дискутира со учениците.
2.1.2Задачи на ученикот
Се запознава со предметот и задачите на оценувањето;
Ги изработува есеите што се бараат од него;
Ги следи упатствата дадени со усната повратна информација;
Ги исполнува барањата од аналитичките листи за оценување;
Пополнува формулар за самоевалуација;
Дискутира за текот на целиот експеримент и неговите искуства.
2.2Методи на оценување
Методот што е проучуван е оценување на есејски прашања според претходно утврденикритериуми. Критериумите се формулирани во аналитички листи за оценување, при што сеоценува содржината од предметот, а не вештините за пишување. Пред да ги добијат работнитезадачи, на учениците им се соопштува дека ќе бидат вклучени во активности за проверка назнаења на повисоко ниво, при што им се објаснуваат причините и целите за нивнотовклучување. Потоа учениците добиваат по две есејски прашања, од кои првото е со ограничен,а второто со опширен одговор. За изработка на есеите им се дава период од седум дена.Откако есеите се готови, наставникот ги оценува според претходно изготвени аналитички листиза бодување. Давајќи им ги оценетите есеи, наставникот на учениците им дава и усна повратна
 
информација. Потоа им се задаваат нови две есејски прашања, како и во првиот случај, но содруга тематика. Се води сметка прашањата да бидат со еднакво ниво на сложеност како првиотпат, за да овој фактор нема поголемо влијание врз квалитетот на есеите. Во исто времеучениците ги добиваат и листите со критериуми според кои ќе бидат оценувани нивните новиесеи. И за овие два есеи на учениците им се дава рок од седум дена.По изработувањето и на вторите есеи од страна на учениците, наставникот им поделува насите ученици формулар за самоанализа и самовреднување на трудот. Наредниот часучениците ги добиваат своите есеи оценети и се води дискусија за ефектите што се постигнатисо спроведените експерименти како и за нивното значење за процесот на поучување. Исто така,наставникот изготвува и графички приказ на добиените резултати и направените споредби.Компонентата за формативното оценување се согледува преку користењето на аналитичкилисти за бодување, давањето на усна повратна информација од страна на наставникот, како исо пополнувањето на формулар за самооценување од стана на секој ученик. На тој начин седобиваат релевантни податоци во врска со сознанијата на учениците за нивните активности,резултатите што ги постигнале, како и мерките што ќе ги превземат за да бидат поуспешниследниот пат. Од друга страна, учениците се информираат за квалитетот на нивните трудови иим се даваат препораки за понатамошна работа.
3РЕЗУЛТАТИ3.1Основни наоди
Најголем дел од учениците немаа поранешно искуство во пишувањето на есеи;
Есејските прашања можат да бидат успешно изработени само од ученици со повисок степенна знаење;
Учениците имаат повеќе успех во изработката на есеи од затворен тип т.е. со ограниченодговор;
Кај есеите со ограничен одговор, 15% од учениците покажаа подобар успех во вториотексперимент, додека кај есеите со опширен одговор тој процент беше 22,5%
За учениците со послаб успех првичните упатства не биле доволни, па затоа во првиот обидне ги постигнале бараните цели;
Во желбата да остават добар впечаток, учениците користеле многу повеќе информации одпотребните. При барањето на повратна информација зошто го прават тоа, голем делодговориле ,,за секој случај,,.Тоа е доказ за зголемена одговорност кај нив и присуство нат.н.позитивна трема;
Преку есејските прашања подобро ги запознаваме квалитетите на некои ученици коипретходно биле ,,во сенка,, т.е. потешко се изразуваат усно, па им треба повеќе време да секонцентрираат и да го искажат своето знаење;
Учениците досега не ги имале на писмено критериумите според кои ќе бидат оценувани, пазатоа изразуваа посебна љубопитност и интерес за исходот и резултатите од нивнатаработа;
При анкетирањето, најголем дел од учениците изјавиле дека сакаат да добиваат и пишанаповратна информација и дека така би се чувствувале посигурни и во наредна прилика немада ги повторуваат истите грешки;
Многу од учениците се горди на коментарот добиен од наставникот и следната задача ќе јаработат со зголемана самодоверба.

You're Reading a Free Preview

Download
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->