БРОЈ 89Јануари2009
На крајот на претходната 2008 година МЦМС ја одбележа15-годишнината од своето постоење и работење. Една однајголемите и најреспектирани граѓански организации воМакедонија ги сумираше своите постигнувања во претходните 15години: спроведени се 1.481 проект во 60 програми; во најголемброј од проектите целната група била дефинирана како општа (667),387 им биле наменети на селаните, 166 на етничките малцинства,118 на жените, 58 на бегалците и раселените лица, 49 на лицатасо посебни потреби, 36 на децата и младинците, најголем бројод проектите се спроведени локално (490) и национално (489),211 се спроведени во Скопје, 185 меѓународно и 106 регионално;најголем број од проектите биле спроведени како финансискаподдршка (886), 289 се обуки, 143 се застапување и лобирање,125 се информации, 24 се заеми и 14 – раководење. Што се однесува до приходите, тие во овие 15 години изнесувалеоколу 46 милиони и 400 илјади евра. Речиси сите приходи наМЦМС потекнуваа од странски донатори. Најголем дел се од Акцијана црквите заедно (40%), потоа од Конзорциумот за Македонија(31%), на вонредни и сопствени приходи отпаѓаат 11%, а на владини и меѓувладини агенции9%. Расходите на МЦМС во овие 15 години изнесуваат околу 43 милиони и 900 илјади евра.Најголем процент од парите се употребени во секторот основна и итна помош (32%), 21% сеупотребени за меѓународни програми, 18% за водоснабдување и санитација, 17% за граѓанскоопштество и демократија, 6% за образование и здравство и по 3% за вработување и генерирањеприходи и за оперативни трошоци. Но ова е само статистика од постигнувањата. Зад секоја од овие бројки стојат резултатите одработата на МЦМС, обучените луѓе кои самостојно ги водат своите организации, подготвуваатпроекти, зајакнатите организации, зајакнатите локални самоуправи и нивните вработени,селаните кои го решиле проблемот со водоснабдувањето, луѓето кои имале кому да му сеобратат додека биле во неволја, припадниците на различни етнички и верски заедници коинаучиле повеќе за другите итн.
Како се развиваше МЦМС
Создадена како заеднички напор на локалните иницијативи и Холандската меѓуцрквена помошво 1993 година, МЦМС помина низ повеќе фази во своето постоење и работење. Првитедесет годиниМЦМС ги посвети на развојот на целите, профилирањето на развојниот карактер наорганизацијата. Во тој период, МЦМС покажа висока флексибилност и адаптибилност. Вопоследните пет години МЦМС продолжи да се профилира како развојна организација. МЦМС сездоби со консултативен статус во Економско-социјалниотсовет на Обединетите нации. Еден од главните финансиери,Конзорциумот за Македонија, престана да постои. МЦМСсе соочи со трендот на намалување на финансирањето одмеѓународни организации, но успеа до одреден степен даги замени со фондовите на ЕУ и со сопствени средства.Во последната година МЦМС го заокружи процесотнастратешко планирањеи го усвоиновиот Статут.
Последователно, се извршија избори за нов состав наСоветот на МЦМС. Реструктурирањето продолжи и совоспоставување на нов орган за секојдневно управување – Одбор на директори, кој сега го сочинуваат два члена.
Во јануари се одржа дводневна работилница застратешко планирање на Сојузот на стопанските коморина Македонија (ССКМ). МЦМС беше ангажиран да говоди процесот. Претходно, МЦМС направи Проценка наорганизациските капацитети на ССКМ. На работилницатабеа презентирани главните наоди од досегашната работа,дилемите и предизвиците што стојат пред ССКМ и наодитеод проценката. Членовите на Управниот одбор на основана овие документи дискутираа за визијата и мисијата, гиидентификуваа силните и слабите страни, можностите изаканите и ги приоретизираа. По анализата на клучнитепроблеми одредени се и приоритетните стратешките цели,а дискутирано е и за Акцискиот план за стратешко планирање.Целиот овој процес треба да помогне во развојот на институционалниот и организацискиоткапацитет на ССКМ што ќе го подобри квалитетот на услугите што ги нуди Комората за своитечленки. МЦМС продолжува да го води овој процес се додека не се биде формулиран новиотСтратешки план на ССКМ.
Неколкумина вработени во МЦМСвикендот на 24 и 25 јануари 2009година заминаа во Задар да имдадат поддршка на македонскитеракометари на Светскотопрвенство во ракомет.Ракометната еуфоријата што јазафати целата држава најмногусе чувствуваше таму – начекор до храбрите момчињаод Македонија. Резултатот оддвата натпревари не влијаешена впечатоците на колегите. „Несе опишува со зборови, треба дасе доживее!“, велат тие. „Првиотпоглед на салата кога игравме соНорвешка беше шок – како да сиво „Борис Трајковски“ во Скопје, ане во Задар. Стотици македонскизнамиња, неколку илјади грлакои викаат „Македонија!“ –прекрасно. А не беа тоа самонавивачите од Македонија, добардел од нив беа домаќините одХрватска кои ги покажаа ситедобри особини на еден домаќин“,раскажуваат неколкуминатакои поминаа повеќе од 2000километри за да бидат сведоцина неколку страници од светскатаракометна историја.
Add a Comment