MKIBN20090223-0062L

 
 
 
 
 
Download PDF FREE

by berznik

Value This
Doc
Scribd
Average
     
Pages: 28 43
Words: 21162 13640
Characters: 139184 81678
Lines: 612 623
     
     
Letters per word: 6.58 5.99
Words per line: 34.58 21.89
Words per page: 755.79 317.21

Add to your reading list

Flag_red Flag this document

Document Information

377 Reads | 0 Comments

Description

Меѓународниот монетарен фонд од сега, веќе ја
гледа -светлината на крајот од тунелот- кон
крајот на годинава, се разбира за кризата.
Барем така изјави извршниот директор Аре Бакер на
средбата со студенти од Ереванскиот државен
универзитет. Според него сега е важно моторите на
светската економија како што се Кина и Индија да го
одржат темпото на економски раст. Тој нагласи дека
тие земји своевремено, биле во зависност од извоз, а
сега се принудени да ја стимулираат домашната
побарувачка, укажа Бакер додавајќи дека оваа година
светската економија ќе бележи раст од 0,5 отсто до
еден отсто.
-Светлината на крајот од тунелот за нас, Македонците
е една вообичаена максима на која не потсетуваат
речиси сите поминати Влади кога ќе се најдеа во
тесно... Па, ако се суди по тоа како нашите лидери
секогаш ја гледаа светлината на крајот од тунелот, а
речиси никогаш не доаѓаа до неа, темнината и се
заканува и на глобалната економија...
-Светлината на крајот од тунелот кога е во
прашање финансиската криза, можеби е и видлива, но
за оние со резервни џебови... Бидејќи, ако се свртиме
наназад, гледано низ призмата на реформска земја,
светлината за многумина веќе избледува....чекориме
во втората половина на втората деценија и пак со
исчекување и надеж за посветла иднина... Или, ако
сакате, толку брзо и малкуте успешни економски
бизниси ( и прехранбени и текстилни и енергетски) ни
се затемнија што никако да стигнеме до вистинската
светлина... Иако, Премиерот Никола Груевски не
убедува дека Македонија прва презеде мерки за
справување со кризата.
Не дека не му верувам на Премиерот, дека
Владата ги следи случувањата со светската економска
криза и оти тие, нашата Влада прави се што е во
нејзина моќ да го ублажи негативното влијание врз
Република Македонија. Меѓутоа , ние обичните
граѓани на оваа државичка не сме затечени од
светската криза, ние уште глава не сме дигнале од
домашната, од транзициската, од кризата која
настана со заменување на народниот со
капиталистичкиот систем... Затоа што бевме изиграни
и од Владите ни и од законите ни... Всушност
мостовите од едниот во другиот систем ги поминаа
безмалку само привилегираните тие што се најдоа
затечени на позициите кадешто заедничкото си го
преточија во лична сопственост... Е, сега да не бидам
погрешно сфатена Владата сакајќи да ги заузди овие
вештачки создадени капиталисти, богами со оние
реформи што ни ги налагаат европските демократи(
кои не дека се лоши, но се многу тешко применливи
на сопственост која не ти е наследена, стекната,
создадена туку узурпирана) почна да ги сопнува и
оние малку надежни ситни стопанственици кои едвај
се исправија на стаклени нозе... И сега, за да не ни се
повтори грешката само тие да се богатат наместо и
државата, еве им редица задолжувања. Но превидот е
во тоа што новокомпонираните бизнисмени ( секоја
чест на исклучоците- создадени со сопствен ум и
труд) не се подготвени постојано да одговорат на
нови и нови и нови законски правила на
однесување.... Иако, факт е дека со превентивните
владини мерки на многу фирми ќе им се продолжи
преживувањето....Но, не за долго... банкрот чука на
повеќе бизнис порти...Поради тоа стопанствениците, а
богами придружани и од армијата граѓани (стечајци,
технолошки вишоци, навидум вработени,а без
примања и невработени... интелектуалци, вредни
работници... ученици...) постојано се жалат дека
имаат слаб пристап до кредити, што пак монетарната
власт (која ги затегна банките) предвреме ја препиша
на моменталната светска криза.
Од тука информациите на Груевски дека над 3.000
компании ги искористиле можностите за отпис на
долг, камата и главница во вредност од над 200
милиони евра и не е за потценување, но е далкеу од
светлината на крајот на тунелот.......
Надеж секогаш постои... можно е да има нареден
пакет-мерки.
- Размислуваме кои специфични мерки би можеле
да се преземат кај нас, разменуваме мислења и со
теоретичарите и со практичарите, така што
внимателно ја с

Pdf_16x16 28 Pages


Date Added

03/07/2009

Category
Tags
Groups
Copyright

Attribution Non-commercial

More info »

 

or use Facebook Connect