• Embed Doc
  • Readcast
  • Collections
  • CommentGo Back
Download
 
Како Македонија ја загуби својатасофтверска невиност
Белешки за Владата на Република Македонија и Мајкрософт, и за  договорот кои тие го потпишаа.
Имам едно искрено прашање: што ако договорот на Владата со Мајкрософтбеше планиран да биде големиот успех на оваа наша 15 септемвриска власт?Навистина, не звучи лошо повеќе милионски договор со најголематакорпорација на светот, најави за инвестиции и за крај на пиратеријата. Секакона оваа слика и фали малку реалност. Во Македонија, во времето кога Владатаможеби ја добила оваа идеја, веќе постоеше организација која активно работина полето на софтверот – и тоа на полето на слободниот софтвер. Што е тоа сепрашувате? Тоа е реалноста.
Содржина 
Вовед1.Хронологија на настани2.Зошто не си ја работите работата?3.Покана од Мордор4.Зошто не си ја работите работата? Дел втори.5.Ничија земја6.Кој е за партија монопол?7.Пресконференциска војна8.Зошто не си ја работите работата? Дел трети.9.Идеи за иднината10. Ако не постоеше ОССМ...11.
Вовед 
 Ако сте ја следеле оваа наша, скоро едногодишна, софтверска сага, тогаш немада прочитате скоро ништо ново во овој текст. Веќе сите работи се добродокументирани. Добро, има две или три работи, но и без текстов, сигурно самиќе дојдевте до слични мисли.
Како Македонија ја загуби својата софтверска...http://novica.softver.org.mk/sites/default/les/softve...1 од 1528.03.2009 09:44
 
 Ако не сте ја следеле, тогаш ова вистинското место за вас. Текстов ги бележи(скоро) сите активности од (скоро) сите актери во оваа сага, и ви дава уштеедно чудо линкови како препорачана литература. Ако сакате да знаете што сеслучуваше и кога, тогаш тука се одговорите. Но, ако сакате да знаете зошто,тогаш ќе мора некој одговор да побарате и од Владата на РепубликаМакедонија.Како и да е, текстов е добар ресурс за секој заинтересиран читател. Уживајте, иинсталирајте GNU/Linux.
 Хронологија на настани 
Доаѓањето на Мајкрософт
1
во Македонија, и неговата соработка со Владата
2
наРепублика Македонија беше најавено на мајкрософтовата конференција „Визија“
3
кон крајот на месецот мај во 2003-тата година. Во тоа време СлободенСофтвер Македонија
4
(ОССМ) веќе имаше зад себе еден успешен преведувачкимаратон
5
. Производ беше локализацијата на канцеларискиот пакетOpenOffice.org
6
. Следниот маратон беше на повидок.Уште тогаш луѓето од организацијата се запрашаа за информатичката иднина нанашата земја. Но, доаѓаше летото. Договорот немаше шанси да се случи предсептември. И навистина не се случи. Само беа потврдени претходните најави. На2-ри јули, претставникот на Мајкрософт во Македонија, Илијанчо Гаговски, воУтрински весник зборуваше како TCO (Total Cost of Ownership вкупнитрошоци за сопственост) биле помали за производите на Мајкрософт, отколкуоние, како што тој ќе рече, за „бесплатните“ ситеми
7
.Летото донесе новости. Во август, весникот „Дневник“ се појави со текст натема „стратегиско партнерство“
8
. ОССМ одлучи да реагира додека е време.Соопштението до јавноста
9
кое ОССМ го испрати со цел да информира заштетноста на еден ексклузивен стратешки договор со Мајкрософт се појави на2-ри септември 2003-тата година. Соопштението беше испратено до ситемедиуми. Неговиот одзив во јавноста беше скоро никаков. Делови од текстот сепојавија само во неделникот „Капитал“
10
.Истовремено ОССМ испрати апел за помош до меѓународната FLOSS (free/libreopen source software) заедница. На ова се одзва Џон Хол, претседателот на Linuxinternational
11
, непрофитна организација која работи на промовирање на Linux.Писмото
12
од Џон Хол стигна во Македонија на 4-ти септември 2003 година иистото беше испратено до Претседателот на Републиката, до Претседателот наСобранието, до пратеничките групи, и до Владата на Република Македонија.Ова исто така наиде на минорен одзив. Некои од поентите во писмото невешто
Како Македонија ја загуби својата софтверска...http://novica.softver.org.mk/sites/default/les/softve...2 од 1528.03.2009 09:44
 
беа искористени во пратеничкото прашање кое пратеничката Силвана Бонева гоиспрати до Владата, на кое исто така невешт одговор даде вицепремиеркатаРадмила Шекеринска.По скоро едномесечна неактивност, на 1-ви октомври 2003-тата во УтринскиВесник се појави текст со наслов „Владата го одбра Мајкрософт, слободнитесофтверџии незадоволни“
13
. Благодарение на луѓето од RealityMacedonia кои гопреведеоа
14
текстот, оваа вест стигна и до светот. Веста се појави наLinuxToday
15
.Веќе следниот ден се појави најавата за „брзи преговори со Мајкрософт“
16
. Севелеше и дека договорот нема да се случи се додека не се утврди колку точнокомпјутери има Владата. Сепак договорот се случи, а јавноста не дозна со каквасе компјутерска опрема располага Владата, нити пак што точно таа купи.На 10-ти октомври 2003-тата со текст полн со неточни информации се појави инеделникот „Зум
17
. Сите овие изјави беа коментирани од страна на ОССМ.Писмото на намери
18
на Владата и Мајкрософт, се појави во јавноста на 14-тиоктомври 2003-тата – скоро месец и половина по објавувањето на соопштениетона ОССМ. Владата ги игнорираше барањата на ОССМ и ова писмо не го испратидо организацијата иако ОССМ тоа повеќепати го побара. Уште повеќе, постоејашпекулации дека писмото е потпишано многу порано, но и покрај заложбите затранспарентост, не се појавило веднаш.До овој момент слободен софтвер заедницата на македонските компјутерскикорисници, покрај канцелариски пакет на македонски јазик, им ги подаринајновите верзии на Mozilla
19
Firefox – тогаш под името Firebird, и Thunderbird(апликации за сурфање на интернет, e-mail и usenet) на македонски јазик, какои KDE (KDE
20
e декстоп околина за GNU/Linux) дистрибуција
21
на македонски јазик.Ова значи дека доколку Владата во тој момент се одлучеше за GNU/Linux,нејзините службеници веднаш ќе можеа да користат лесен и безбеденоперативен ситем кој скоро целосно е преведен на македонски јазик.Ноември помина вообичаено. Владата и Мајкрософт се бранеа меѓусебно повесниците. Од никаде се појави нова веб страна
22
на Комисијата заинформатичка технологија. Аматерската трибина
23
на темата „Мајкрософт ислободниот софтвер“ доби поголемо медиумско внимание од сите текстови
24
,соопштенија, и што уште не, на ОССМ. Впрочем, ОССМ не ни доби некаквомедиумско внимание.Сепак во овој месец Владата конечно се одзва на ОССМ. Состанокот со г-ѓицатаШекеринска беше закажан за 28-ми ноември 2003-тата. Она што се знаеше во тојмомент беше дека договорот неизбежно ќе се потпише. Претставниците на
Како Македонија ја загуби својата софтверска...http://novica.softver.org.mk/sites/default/les/softve...3 од 1528.03.2009 09:44
of 00

Leave a Comment

You must be to leave a comment.
Submit
Characters: ...
You must be to leave a comment.
Submit
Characters: ...