Големи пари за
уште поголеми
очекувања
Билијарда долари за спас на светската економија, е
договорот од средбата на лидерите на Г20, којшто,
како што пренесува лондонски Гардијан, се очекува
да се реализира со додавање на големата сума во
светската економија преку повеќе мерки, со големи
инвестиции од земјите како Кина, кои имаат големи
суфицити на кеш. Лидерите на 20 најразвиени светски
економии пуштија срце - 1.000.000.000.000 долари за да
го извлечат светот од рецесијата. Цифра од која во реални
услови боли глава... А во овие специфични, само доказ
дека парите се тука, само лоцирани во одредени
ќесиња...?
Но, како и да е, очекувањата се големи. Прво, за земјите-
членки на Меѓународниот монетарен фонд ќе се одвојат
750 милијарди долари, што е за 250 милијарди повеќе од
планираното. За финансирање на трговијата би се
одвоиле нешто повеќе од 100 милијарди долари, а
дополнителни 100 милијарди би се искористиле за -
специјални права за повлекување, на членките на ММФ,
што најверојатно ќе овозможи полесни заеми за земјите
во развој. Впечатлива е и најавата за договор да се -
именуваат и посрамат земјите што прибегнуваат кон
заштитни мерки заедно со порака за слободна трговија...
Цифри за кои пишуваше Гардијан.
Значи, светските лидери, собрани на самитот на
Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот и
држави со стопанства во брз развој се согласија тројно да
ги зголемат средствата на Меѓународниот монетарен
фонд, за да се изборат со најлошата економска криза од
таа од 30-тите години од минатиот век.
Отворање нови работни места, враќање на порастот на
светската економија следната година, повеќе пари за
ММФ и поголема помош за земјите во развој се основните
точки од завршниот документ на самитот на Групата 20
индустриски најразвиени земји и држави со економии во
драстичен пораст... Според Фајненшл тајмс, меѓу главните
точки на овој документ на самитот на Г-20 ќе се најдат и
поддршката на слободната трговија, реформа на
меѓународната финансиска регулатива, подобра
регулатива за хеџ-фондовите и агенциите за кредитен
рејтинг, излегување на крај со огромните бонуси на
високите банкарски функционери и укинување на
даночниот рај.
По ваквите заклучоци на Г20, по се изгледа
предвидувањето на Бан Ки-мун, главниот секретар на
Обединетите нации дека: Светот е исправен пред
хуманитарна катастрофа, ќе има излез. Неговите
стравувања: Се плашам да не се случи најлошото -
политичка криза од големи размери, предизвикана од се
поголемата општествена нестабилност, слабеење на
владите и незадоволство на граѓаните, поради губењето
верба во лидерите, по се изгледа ќе имаат позитивен
исход.
Каде е Македонија во сите овие математики на
Г20....Па, меѓу европските транзициски пазари... А тие,
како што проценува кредитната агенција Fitch Ratings, ќе
доживеат стрмоглав економски пад, односно најголем пад
на реалниот БДП од времето на распаѓањето на
контролираните комунистички економии во почетокот на
деведесеттите години на минатиот век. Fitch најавува и
дека споменатото економско опаѓање ќе се рефлектира со
низа трговски и финансиски шокови, од кои ќе бидат
погодени регионите на Средна и Источна Европа во
периодот што доаѓа.
-Fitch прогнозира дека БДП во европските транзициски
земји оваа година ќе забави за 3,1 отсто, со што се
започнува периодот на рецесија во овие земји, откако
растот во 2008 година изнесуваше 4 отсто, а во петте
години до 2007, БДП во просек растеше за 6,8 отсто,
изјави Edward Parker, шефот на одделот за пазарите во
развој во оваа меѓународна кредитна агенција.
-Во 2010 година очекуваме просечно вкупно
подобрување на БДП-то во европските транзициски земји
за само 1,4 отсто. Таа стапка на пораст на БДП не е
доволна за во тие земји да се запре растечката
невработеност и притисокот на јавните финансии,
заклучува Parker.
На домашен терен, пред извесно време вицепремиерот
Ставревски рече дека Македонија е една од земјите во
Европа која успеа во последниот к
Login or Signup to Scribble a Comment
or use Facebook Connect