• Embed Doc
  • Readcast
  • Collections
  • CommentGo Back
Download
 
Да бидеш човек, да имаш топла крв,да мислиш со глава и да работиш со ракаи па да бидеш нешто мртво.През цел свој живот и ден и ноќда се трудиш и мачиши па да бидеш гладен и страден.Работник - патник:да немаш ништо, да страдаш за сичко -а ти и твоите браќа да праите се!Палати да праишда живееш у изба -од лулка до гробда бидеш роб.Од вашата макада живеат друзи!О, братко! Плукни на таков живот!Со браќата твои, со маката ваша,сронете го овој свети нов направете -братски!КОЧО РАЦИН
До еден работник
 
ЗОШТО КРЕВАМЕ ГЛАС?
 
Во денешното општество едните:Не можат лесно да најдат работа за да си обезбедат егзистенција;Кога ќе добијат работа, сè повеќе ги експлоатираат, па дури и гипонижуваат;Им се продолжува работното време, им се влошуваат условите за работа,добиваат плата несоодветна на вложениот труд;Постојано се соочуваат со опасноста да добијат отказ и ги спречуваатпреку формирање синдикат да си ги заштитат правата;Сè потешко врзуваат крај со крај со бедните плати што ги примаат;Во сè поголем број се принудени да питаат и да буричкаат по кантите;Не се способни да им пружат здрав живот, добро образование и среќнодетство на своите деца.Во денешното општество другите:Печалат на потта, на здравјето на оние што работат за нив;Ја користат својата надредена положба за да си ги лечат комплексите врзсвоите вработени;Без да трепнат со око фрлаат неброени пари за безвредни работи, а несакаат да ги покачат платите на своите вработени ниту за денар;Го користат своето богатство за да си обезбедат незаконски привилегии засебе, да го заобиколат правото и да ја поткопаат демократијата!Денешното општество, гледаме, функционира против интересите на првите,кои се мнозинството од народот, а во интерес на вторите, во интерес намалцинството. Но, и покрај тоа, мнозинството си молчи и преќутно го прифаќапостојниот поредок! Поредокот е против мнозинството, но мнозинството нее против поредокот! Зошто? Бидејќи капитализмот научи како да ги спречионие што ги гази да дојдат до свеста, да осознаат дека ги газат. Преку разниначини за пасивна забава во слободното време им го пополнува целиотпериод од слободното време па – експлоатацијата во текот на работното времесе заборава поради интересноста на консумацијата во слободното време!Нè газат, нè експлоатираат, се богатат на наша сметка, а ние? Ние повеќе сеинтересираме за тоа кој победи, Челзи или Манчестер, за побрзо да го гледаменајновиот филм, за да си купиме некое ново парталче за да бидеме „во мода“отколку за нашите права!Доста беше! Да не дозволуваме и понатаму капиталистите и нивнитеподдржувачи да ни фрлаат прав во очи! Да ги отвориме очите – крајно времее за тоа! Нашите интереси се различни од нивните и се газат од нивна страна!
2
 
Во таа насока, во насока на будењето, решивме да се вклучиме воодбележувањето Први мај, на големиот работнички празник. Честит празник,работници, и знајте: никој нема да го цени она што е наше, ако ние не го цениме!Ослободувањето е можно само ако ја осознаеме сопствената неслобода и акосе зафатиме, ние самите, со одбрана на правата што ни ги газат!
ЗОШТО ПРВИ МАЈ?
Во 1886 година, токму на овој ден, работниците во САД излегуваат нагенерален штрајк за 8-часовно работно време, за извојување на она што подоцнаќе стане познатото барање за „три осумки” (осум часови работа, слободно времеи спиење). Тоа е период на огромно страдање на работниците, период на суровоцедење на работниковиот живот за вишок профит, период на 12, 14 понекогаш и16-часовни работни денови, со бездушна експлоатација на детскиот труд, периодво кој не постои никаква здравствена или социјална сигурност на работникот,период во кој работникот и буквално е „осакатен монструм“. На прво-мајскиотштрајк во САД, на кои учествуваат повеќе од 300,000 работници, во Чикаго доаѓадо бруталната интервенција на полицијата при што има и загинати. Во знак наподдршка на чикашките работници, на Први мај 1890, по одлука на ВторатаРаботничка Интернационала, ширум светот се одржани масовни протести воповеќе земји. Со тоа почнува нова епоха во борбата за подобро и похуманоопштество. Од тогаш потекнува и црвеното знаме како симбол на работничкатакласа која крвавела и сè уште крвави под суровата власт на капиталот.Со воспоставување на таканаречените социјалистички држави, кои беакарикатура на идеите на вистинскиот социјализам за радикална борбапротив сите неправди и општествени односи во кои човекот е експлоатиран ипонижуван, и прогласувањето на Први мај за државен празник не беше ништоповеќе од карикатура и иронија. Во тие режими работниците живееја подоброод претходните и навистина го добија 8-часовниот работен ден, но и понатамубеа експлоатирани и искористувани, без можност да остварат целосна слободаи борба за понатамошни права. И наместо да им овозможи унапредување направата, владејачката партија ја потиснуваше класната свест кај работниците иго убиваше нивниот интерес за општествените проблеми. Поради тоа се родиобичајот Први мај да се прославува со јадење и пиење како дополнителенметод за одвлекување на вниманието на работниците од проблемите со кои сесоочуваа тие општества.И денес, таквото прославување продолжува, иако работниците ги губат ионие права што некогаш ги имаа. Но работите се менуваат. Борбата противексплоатацијата и понижувањето продолжува и ќе трае сè додека во луѓетогори желбата за укинување на неправдите. И денес, 120 години подоцна,работниците сè уште се борат за своите права и го веат црвеното знаме. Иденес, работниците се принудени да го отуѓат својот труд за да преживеат,да ја продаваат својата работна сила, знаење, карактер, емоции, а тоа што
3
of 00

Leave a Comment

You must be to leave a comment.
Submit
Characters: ...
You must be to leave a comment.
Submit
Characters: ...