Welcome to Scribd, the world's digital library. Read, publish, and share books and documents. See more
Download
Standard view
Full view
of .
Look up keyword
Like this
0Activity
0 of .
Results for:
No results containing your search query
P. 1
Crna-kniga-FIOOM

Crna-kniga-FIOOM

Ratings: (0)|Views: 4|Likes:
Published by milan_atgm
mnhjgjg hjghghjg hj7
mnhjgjg hjghghjg hj7

More info:

Categories:Types, Speeches
Published by: milan_atgm on Jun 15, 2013
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

06/15/2013

pdf

text

original

 
-1- 
 
ЦРНА
КНИГА
 
-2- 
 
Издавач: Фондација Институт отворено општество – МакедонијаЗа издавачот:Владимир МилчинУредник:Роберто БеличанецРедакциски одбор:Билјана Бејкова, Дамјан Здравев,Филип Стојановски и Виолета ГлигороскаДизајн:KoмаПечати:ПропоинтТираж:500 примероциCIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетсka библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје316.625:316.613.4341 : 341.24ЦРНА книга / [уредник Роберт Беличанец]. - Скопје: Фондација Институтотворено општество - Македонија, 2010. - 64 стр. : 21смфусноти кон текстотISBN 978-608-218-075-5a) Говор на омраза - Меѓународни правни аспектиCOBISS.MK-ID 85992714
 
-3- 
 
и на читателот да му ги ставиме на располагањамедиумските подготовки, но и релативизирањетона тие настани во медиумите и преку интернет-заедницата. Второ, кога се работи за стандарднитестереотипи, кои имаат забавен и кумулативенефект, а се насочени кон одредени ранливигрупи, исто така се обидовме да извадиме некоикарактеристични изјави.Имајќи предвид дека новите генерации сè повеќесе вртат кон новите медиуми на крајот од овојматеријал е поместено цело поглавје посветено надискусиите на интернет. Македонскиот кибернетскипростор стана Cloaca Maxima на јавниот дискурс иниз него, во суштина, можат да се следат реалнитеодекнувања од пораките што се испраќаат прекунајзастапените медиумите и од официјалната јавнасцена.Оваа книга нема амбиција да го исцрпи бунаротна бедата на македонскиот јавен дискурс, ниту,пак, има амбиција сите поместени примери даги маркира како говор на омраза. Тука ќе најдетеи стереотипи, и пропагандна техника и личнивербални напади, кои не спаѓаат во говор наомраза, ама, сепак, или претставуваат насиленговор или се обични дисквалификации насоченикон уривање на правото на изразување на одреденаличност или, пак, група. Од тој аспект, оваа книгаима за цел да предупреди дека нивото на јавнатадискусија во Македонија е на опасно ниско ниво идека под тоа ниво, веројатно, останува само голотонасилство како комуникациско средство.Оваа книга функционира само како еден документ,кој преку фрагменти за состојбата на јавниотговор во Македонија во една одредена временскаотсечка 1.1.2009 – 31.12.2009 година се обидувада предупреди дека нивото на јавната дебатае проблематично и претставува ограничувачкифактор во остварувањето на човековите права воземјата. И пред овој период во Македонија постоелваквиот говор и по овој период ќе постои. Но,секогаш треба да се има на памет дека говоротна омразата и говорот на насилството некогашзборуваат со јазикот на љубовта... Љубовта конводачот, кон татковината, кон семејството, кондецата... И тој говор, исто така, е застапен во оваакнига.Пред секое поглавје ќе дадеме минимален контекство кој се продуцирал материјалот што е предвас, а потоа следуваат извадоци од медиумскиматеријали и тоа во форма во која се објавени вомедиумите или, пак, на интернет или, пак, е верентранскрипт на изреченото во ТВ-емисии. Текстовитесе предадени во изворна форма, така како што сенапишани. Ова особено важи за материјалот што есобран од блогови и од „фејсбук“. Тој материјал јаследи структурата на веб-страница и на прв погледможе да изгледа збунувачки, особено што огромендел од коментарите се напишани на латиница.Латиничните коментари се оставени намерно икако сведоштво за очајното ниво на писменостна тие што ги напаѓаат другите за уништување намакедонскиот идентитет. Пред транскриптите наемисиите стои ознака за часот и минутата во којапочнува делот што е извлечен во транскриптот.
ПРЕДГОВОР
О
ваа книга, пред сè, е документ за тоа што сеслучуваше во 2009 година на јавна сцена.Таа година беше маркирана од два насилниинцидента во чијашто суштина лежеше обидсо насилни средства да се спречи слободата наизразување на две групи граѓани. Прво, насилнобеше спречено одржување трибина на „Граѓаниза европска Македонија“ во Струга од странана организирана група луѓе, а веќе наредниотмесец беше насилно спречен протестот порадиизградба на црква на централниот скопски плоштадорганизиран од група студенти по архитектура –„Прва архибригада“. Во вториот настан, за првпатво историјата на самостојна Македонија, со реалнофизичко насилство беше спречен мирен протест одстрана на друга организирана контрагрупа.Овие два насилни настана во краток периодпокажаа дека нешто со јавниот дискурс воМакедонија е крајно проблематично. Годината штоследуваше само го потврди тоа со серија ексцеси исо притисоци врз различни групи и поединци.Имајќи предвид дека физичкото насилство есекогаш подготвено од вербалното, се обидовмеда направиме избор на „бисери“ од македонскиотјавен дискурс. Имајќи предвид дека линијата меѓуслободата на изразување и говорот на омраза етeнка, имајќи предвид дека говорот на омразатасекогаш мора да се разгледува во контекст и, штое уште побитно, како составен дел на тој контекстнеизбежни се и последиците што ги предизвикува,материјалот што следува е организиран на дваначина. Прво, се обидовме да се фокусираме нанеколку настани и во форма на „студија на случај“

You're Reading a Free Preview

Download
scribd
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->