Ако ти имаш јаболко и јас имам јаболко иги размениме овие јаболка, тогаш и ти ијас сѐ уште ќе имаме по едно јаболко. Но, ако ти имаш идеја и јас имам идеја иги размениме овие идеи, тогаш секој однас ќе има две идеи.~ Џорџ Бернард Шо
Вовед
Овој текст е преглед на некои од современите идеи што се поврзани сопроизводството и дистрибуцијата на информациските добра. Поради тоа штомоето познавање на темата е ограничено
, текстот не се обидува да изнесезначајни новости, туку само да презентира и евентуално сублимира дел од овиеидеи, така што би му биле јасни на секој читател кој има основни познавања одекономските и правните концепти поврзани со монополите и авторските права.Истовремено, се надевам дека ќе биде доволно интересен за да поттикнепонатамошно истражување на темата.Текстот започнува со презентирање на вообичаената економска анализа запроизводството на информациски добра и ги објаснува правните механизми безкои таквото производство не би било можно во формата што денес ја знаемекако доминантна. Потоа, објаснува кои се иновациите што се случиле во правотои технологијата (или како што вели Лоренс Лесиг во правниот код и вопрограмерскиот код
) и како тие иновации го менуваат пазарот ипроизводството, посебно на софтверот. На крај, дава краток преглед наслучувањата во другите области на производство на информациски добра кадешто се случуваат исти или слични поместувања.
Информациски добра
Секое добро кое се произведува во светот содржи информации. Сепак, не велимеза сите добра дека се информациски добра. На пример, во производството на
1Треба да се прибележи дека авторот на овој текст ѝ припаѓа на групата која, во најмала рака, зазаеднички го има ставот дека е потребна реформа на системот за авторски права, бидејќи тој мупречи на современото општество на различни начини. Во таа смисла, во текстот можеби можеда се насети наклонетост кон ова гледиште, иако авторот се трудеше да остане колку што еможно неутрален и објективен во ова излагање.2Во својата книга „Код и други закони на киберпросторот“, Лесиг опширно ја објаснува врскатапомеѓу законите (анг. Legal code) и програмерскиот код (анг. Code). Една од главниоте поентина оваа книга е дека во киберпросторот, кодот е законот кој го одредува целокупнотооднесување на сите учесници.
Add a Comment