/  2
 
БРОЈ 94Јуни2009
На првата седница, на 9 јуни2009 година, се конституирашеновиот Управен одбор на МЦМС.За претседавач на УО бешеизбран Ризван Сулејмани, а зазаменик претседавач Кочо Ан-ѓушев. МЦМС им изрази длабокаблагодарност на досегашнитечленови на УО за нивниот при-донес.Новиот состав на УО го разгледаи усвои Деловниот план наМЦМС си финансискиот план за2009 година.
На 6 и 7 јуни 2009 година сеодржа првиот од трите дела одобуката за презентациски веш-тини и обуката за обучувачинаменети за адвокати, а на ба-рање на Одделот за владеењена правото во Набљудувачкатамисија на ОБСЕ во Скопје.Паралелно со оваа, адвокатитепосетија и неколку тематскиобуки кои се однесуваа нановините во Законот за кривичнапостапка, а кои исто така беаорганизирани од страна наМисијата на ОБСЕ. Во нив тиеработеа на истражните техникина бранителот и подготовкана теорија на случај како ина теориите и техниките навкрстеното испрашување.Подобрените презентациски ве-штини и обуката за обучувачитреба да ги подготви адвокатитеза улогата на обучувачи натемите што веќе ги слушале.Новите сознанија тие ќе им гипренесуваат на посебни обуки нанивите колеги адвокати. На обуката тие слушнаа пове-ќе за процесот на комуникаци- ја, ги вежбаа своите комуника-циски вештини и ги добијаосновите за подготовка на до-бра презентација. Нивната пос-ветеност и желбата за учењесе добра основа за градење навешти обучувачи. Следните двадела од обуката се планирани засептември 2009 година.
На 16 јуни оваа година се одржа основачкото собраниена Сојузот Македонија без дискриминација.Македонија без дискриминација функционираше каконеформален сојуз од март 2008 година. Одлуката заформализирање на овој сојуз дојде како резултат напотребите од поорганизирано делување во областа напромоцијата на еднаквите можности и заштитата оддискриминација во Република Македонија. Македонијабез дискриминација има за цел да придонесе конправедно општество, без дискриминација, каде сителуѓе уживаат еднакви можности, како и придобивкитеод разноличноста.На основачкото собрание беше избран составот напрвиот мандат на Собранието на Сојузот Македонија без дискриминација. За негови членови беаизбрани следните претставници од организациите членки: Лулзим Хазири, Душка Пехчевска,Савка Тодоровска, Дарко Костовски, Мирјана Најческа, Гордана Пиркоска – Змијанац, ДаниелаДабевска, Сашо Клековски, Мухамед Точи, Бехиџудин Шехапи, Звонко Шаврески ситепретставници на организациите основачи. Со основачката седница на Собранието претседавашеЉулзим Хазири од АДИ, Гостивар.
Претставници на организациите -основачи на Сојузот 
МЦМС беше домаќин на седмата седница на Советотна Граѓанската платформа на Македонија што сеодржа на 29.05.2009 година. На состанокот беше разгледан и усвоен извештајотод спроведувањето на претходната програма наПлатформата, беа извлечени научени лекции коитреба да бидат земени во предвид при планирањетона следната програма.Членовите на Советот расправаа за стратешкитецели на ГПМ. Членките ги изнесоа своите видувањаза улогата на ГПМ во општеството. На седницатабеа усвоени четири стратешки цели кои се понатамуразработени во стратешки насоки. Целите беаподготвувани претходно во процес кој започна во март на стратешка работилница одржана воОхрид. Посебна работна група ги формулираше целите и ги предложи до Комитетот на ГПМ.Со дополнувањата предложени на седницата на Советот усвоени се следните стратешки цели:Зголемување на влијанието на граѓанскиот сектор врз политикитеЗголемување на влијанието врз политиките на државата кои се однесуваатна граѓанското општествоСоздавање поволни услови за олеснет пристап до домашни ресурси имеѓународни и домашни фондовиПодобрување на ефикасноста и функционалноста на ГПМ и нејзините членкиСоветот го задолжи Комитетот да го започне процесот на подготовка на нова програма на ГПМкоја ќе се базира на новите стратешки цели.
Стратешките цели предизвикааплодна дискусија
 
Основачи на Сојузот се: Асоцијацијатаза демократски иницијативи одГостивар, Ел Хилал, од Скопје,Македонскиот центар за женскиправа - Шелтер центар од Скопје,Македонскиот центар за меѓународнасоработка од Скопје, Националниотсовет на жени на Македонија - СОЖМод Скопје, Полио Плус-движењепротив хендикеп од Скопје, Прватадетска амбасада на светот Меѓаши одСкопје, Хуманитарното и добротворноздружение на Ромите “Месечина” од Гостивар, ХОПС – опции заздрав живот од Скопје, Центарот зачовекови права и разрешување наконфликти од Скопје и „Универзитет“Трето доба од Скопје.Основачите го донесоа Статутот на СојузотМакедонија без дискриминација. Собранието јаусвои предлог – програмата на Сојузот Македонијабез дискриминација и ги избра членовите наУправниот одбор и на надзорниот одбор. Новиот УОго сочинуваат: Лулзим Хазири, Савка Тодоровска,Мирјана Најчевска, Гордана Пиркоска – Змијанац, Александар Кржаловски, Мухамед Точи и ЗвонкоШаврески. Членови на Надзорниот одбор се: ДаниелаДабевска, Бехиџудин Шехапи и Душка Пехчевска.Неколку дена подоцна, на 18 јуни 2009 годинасе одржа и конститутивната седница на УО. Наседницата за претседавач на УО беше избранМухамед Точи, а за заменик претседавач, МирјанаНајчевска. В.д. Раководната канцеларија ќе биде воПолио плус, а Наташа Постоловска е назначена зав.д. Извршен директор на Сојузот Македонија бездискриминација.

Share & Embed

More from this user

Add a Comment

Characters: ...