Description
Реконструкција на Владата... Оставките,
разрешувањето и изгласувањето на новите
министри, за некого освежување и
зајакнување на ресорите, за други мистерија и
промена заради своеглавост, или речено народно -
непослушност. Како и да е, по осумчасовна
препукување, обвинување проследено и со
недолични навреди (на адреса на премиерот и
вицепремиерот, како и на новопредложените
кандидати), пратениците изгласаа разрешување на
Трајко Славески од функцијата министер за
финансии, со кого во пакет оставки поднесоа и
министерот за земјоделство, Ацо Спасеновски и
министерот за образование, Перо Стојановски.
Премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет
како лош кормилар на Владата, образложувајќи го
разрешувањето на министерот за финансии
Славески истакна дека за три годишниот период,
колку што Славески раководеше со финансиската
палка, се завршија многу проекти кои заедно ги
креирале, ги бранеле и спроведувале и кои
донесоа многу промени во Македонија.
- Не велам дека не можеше повеќе или подобро,
но дадовме максимум што можевме за да
промениме нешто на подобро. Тргнувајќи од ова,
сакам да потенцирам дека предлогот за промена на
Славески не е поврзан со незаконско, или пак
нечесно работење, или некаква неспособност, а
уште помалку заради некакви предлози кои ги давал
а јас сум би одбивал околу ребаланс и слично, или
пак заради разлики од потребата на аранжман со
ММФ како што се шпекулираше во јавноста, рече
Груевски.
- Цврсто верувам дека организирањето и
раководењето на Министерството за финансии може
да се зајакне, како и да се зајакне неговата
ефикасност, да се зајакне координацијата со
институциите кои се во негова надлежност, но и
пошироко, со другите институции со кои
соработува.
Славески пак, на заминување, со порака до
Парламентот: Предлогот за измени и дополнување
на Буџетот, кој вчера е поднесен, да биде итно
донесен до крајот на месецов. - Потребен е итен
ребаланс на Буџетот. Потребно е итно да се скратат
шест милијарди денари односно сто милиони евра,
рече Славески повикувајќи ги пратениците да го
поддржат премиерот во тоа, до крајот на овој
месец...
Да потсетиме: Во државната каса во мај и во
јуни се слеале околу 40 милиони евра помалку од
очекуваното, тврдат извори во Министерството за
финансии. Co исклучок на јануари, кога во
државната каса останаа пет милиони евра, во
другите месеци буџетот постојано беше во минус...
Експертите по јавни финансии најавуваат дека
државната каса ќе биде уште потенка во летните
месеци, кога по непишано правило се намалуваат
даночните приливи... Тоа, пак, најавува дека
македонската економија може да влезе во минус и
во третиот квартал, по што станува реална
проекцијата на Меѓународниот монетарен фонд дека
годинава рецесијата ќе биде длабока 2 отсто.
Неделава, Македонија тргнува во поход со
новите министри. Зоран Ставрески го наследи
министерот за финансии Трајко Славески. Васко
Наумовски е вицепремиер за европски прашања, кој
функцијата ја наследува од Ивица Боцевски.
Владимир Пешевски е вицепремиер за економски
прашања, ресорот што досега го водеше Ставрески.
Љупчо Димовски од заменик-министер за транспорт
и врски седнува во министерската фотеља на Ацо
Спасеноски. Никола Тодоров е министер за
образование и наука и ја наследува функцијата од
Перо Стојановски.
-Преку овие лица, ценам дека ќе се обезбеди
висока ефикасност во работењето, продуктивност,
рече претседателот на Владата
Никола Груевски за новите
членови на Владата.
Колку Македонија ќе има
бенефит од -подобрите
резултати и освежен потенцијал, што го ветија
новоизбраните министри, ќе покаже времето, а
секако тоа зависи и од фактот колку ќе им биде
наклонет периодот- интензитетот со кој ќе спласнува
финансиската криза.
-Со зголемениот потенцијал и освежувањето што
го носиме во тимот, а се разбира и со очекување
дека светската економска криза постепено ќе почне
да слабее, македонската економија ќе почне да
закрепнува. Претстојат подобри денови на крај