/  2
 
БРОЈ 95Јули2009
Управниот одбор на МЦМС на 16 јули 2009 година ја одржа 5-татаредовна сеница. Членовите ги усвоија Правилатаза избор на Одбор на директории донесоа одлука за избор наНоминациски комитет. Последо-вателно, претседавачот на УОраспиша избори за извршендиректор.Беа одобрени завршните из-вештаи за програмите: Инс-титуционален развој на гра-ѓанското општество (ИГО) 2006- 2008 и Организациски развојна актерите на граѓанското оп-штество (ОРР) 2006 - 2008.Одборот на директори ги ин-формираше членовите на УОза основањето на сојузот Ма-кедонија без дискриминација иза основањето на Балканскатамрежа за развој на граѓанскотоопштество (БЦСДН).Управниот одбор ја донесе иодлуката за утврдување нанајниската плата во МЦМС.
МЦМС ве повикува да ја посетитеобуката „Стратегија за успех“која ќе ви овозможи да гиутврдите критичните прашања,да ја дефинирате визијата и дапоставите реални и мерливицели за вашата организација. Обуката ќе се одржи од 30септември до 3 октомври 2009година во Охрид, а обучувач ќебиде Фатмир Битиќи.Стратешкото планирање е ос-новно во процесот на одлучувањеза тоа каде организацијата сакада се најде себе си во иднина икако ќе стаса таму. Тоа е сериознаанализа на надворешните фак-тори кои влијаат на успехот инеуспехот на организацијата инејзините активности и има зацел разрешување на проблемитена организацијата и јакнењена внатрешните тимови. Тоапридонесува во развојот накапацитетот на организацијата иво ефикасноста во постигање напоставените цели и задачи.Стратешкото планирање ово-зможува преживување наорганизацијата во услови наотежнато финансиско работење.
При посетата на Македонија, еврокомесарот Оли Ренимаше можност да ги слушне и размислувањата надел од граѓанскиот сектор преку претставникот наГраѓанската платформа на Македонија, АлександарКржаловски.Според Кржаловски, Комисијата треба да препорачапочеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ заради досегашните постигнувања, но и како поттик запонатамошни реформи.Постигнувањата ги истакна и комесарот Рен велејќидека Македонија има постојан напредок во ЕУ агендата.Понатаму, според Кржаловски, „одложувањето стануваконтрапродуктивно“ и на крај „од аспект на самиотграѓански сектор“, вели Кржаловски, „сега нема посебен услов за тоа во 8-те одредници, што(и покрај напредокот) ги одложува реформите на тој план“.На крај во обраќањето до Оли Рен Кржаловски потенцираше дека „оваа година на нашетополнолетство (која вие лани ја најавивте како многу важна за регионот) е вистинскиот моментза унапредување на односот во рамноправно партнерство, со почеток на преговорите зачленство во ЕУ.“
И граѓанскиот сектор му пренесепорака на комесарот Рен
МЦМС од 23 до 24 јули 2009 година во Скопје јаорганизираше основната обука за недискриминација.Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите надржавните институции за делување во промоцијата наеднаквите можности и недискриминацијата. Обукатаим беше првенствено наменета на координаторитеза еднакви можности во државните институции ивработените во центрите за социјална работа. „Работам на непосредна социјална заштита, значисо маргинализирани категории луѓе и секојдневно сесоочувам со дискриминацијата“, раскажува БилјанаНевчева од Министерството за труд и социјалнаполитика. „Не сум посетувала до сега обука за дискриминација. Обуката е многу интереснаи ми се допаѓа тоа што е интерактивна, не сум пасивен слушател туку активен учесник штоми го задржува вниманието цело време на темата. Кога дојдов на обуката мислев дека знамречиси се, ама открив дека сум била во заблуда. И открив дека некогаш несвесно и несакајќии сама сум била во улога на дискриминатор но, и во улога на жртва на дискриминација. Невелам дека по обуката преку ноќ ќе се сменам, ама сигурно ќе бидам повнимателна и ќе имамповеќе обѕир кон одредени категории луѓе“, вели Невчева.Преку обуката учесниците имаа можност да се запознаат со основните поими на не/дискриминацијата, да ги зајакнат своите капацитети во однос на свеста за дискриминацијата,да се запознаат со домашните и меѓународните нормативни акти за заштита од дискриминација,како и да работат на конкретни студии на случаи. „Има работи што прв пат ги дознавам на обукава“, ни рече Валентина Русковска, координаторза еднакви можности во Министерство за локална самоуправа. Мислам дека до сега не сум гипрепознавала и верувам дека ќе ми користат во работата. Од учеството на обуките обичноизготвуваме извештаи. Заедно со мојата колешка ќе подготвиме и презентација за останатитеколеги, мислам дека ќе им биде интересно да ги слушнат овие работи“, додаде таа.И обучувачките се задоволни од тоа како учесниците и приоѓаат на дискриминацијата. „Тиеучествуваат во дискусиите, ги осознаваат работите од друг аспект што за нив не бил вообичаени тоа само ја продлабочува дискусијата“, рече Наташа Постоловска. „Самите споделуваатдоста лични искуства кои сега ги гледаат од друга перспектива. За голем дел од нив ова епрво вакво искуство, вели таа.Покрај Постоловска, обуката ја спроведе и Мирдита Салиу. Обуката е поддржана од Генералниот директорат за вработување, социјални работи иеднакви можности на Европската комисија. Финансирање е обезбедено под покровителствона ПРОГРЕС Програмата за вработување и социјална солидарност на Европската комисија(2007-2013).
Сега подобро ќе ги распознаваат актите на дискриминација

Share & Embed

More from this user

Add a Comment

Characters: ...