БРОЈ 97Септември2009
Форумите во заедниците продол-жуваат во нови 12 општини.На 25 септември 2009 годинаво хотелот Александар Палас,МЦМС ги потпиша договорите заспроведување на оваа програмаво четири нови општини: Аеро-дром, Берово , Радовиш и Конче.На свеченото потпишувањена, од името на донаторот,Швајцарската агенција заразвој и соработка (СДЦ), наприсутните им се обрати Татјанавон Штајгер, Раководител наканцеларијата за соработка. Тааго сподели задоволството одголемиот интерес на општинитеза оваа програма, „До денес,57 од вкупно 84 општиниаплицирале најмалку еднаш заучество во програмата, тоа е јасен показател дека општинитесе многу заинтересирани заприменување на методот навклучување на граѓаните во про-цесот на донесување одлуки“,рече вон Штајгер.Од името на Заедницата наединиците на локалната само-управа, партнер во спроведу-вањето на програмата, се обратипотпретседателот Изет Меџити.Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневскизборуваше од името на новитеопштини, а Жарко Џипунов,извршен директор на Алка, одимето на организациите штоспроведуваат.Првата форумска сесија заБерово ќе се одржи на 7, а заРадовиш и Конче на 8 октомври2009 година. На 28 октомврижителите на Аеродром ќе имаатможност да присуствуваат напрвата форумска сесија од оваапрограма.
МЦМС денес го промовираше истражувачкиот извештајБарометар за еднакви можности чии авторки се проф.д-р Виолета Петроска Бешка проф. д-р МирјанаНајчевска. „Перцепциите не секогаш се поклопуваат со фактичкатасостојба“, рече проф. Бешка, „но без разлика, тие семногу важни“. Истражувањето беше фокусирано на:перцепцијата на дискриминацијата, на искуствата иборбата против дискриминацијата, на познавањетона правата како и ставот кон еднаквите можности завработување.Во посебен дел од извештајот направена е анализа наподатоците низ призмата на досегашните искуства иликако што рече проф. Најчевска, „обид да се проблематизира сликата од извештајот“. Таа уштенаправи и врска помеѓу податоците од извештајот и актуелните напори за донесување Закон занедискриминација и формирање посебно тело за еднаквост.Истражувањето е дел од програмата Прогрес на Европската комисија што заедно ја спроведуваатПолио плус, МЦМС, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Министерствотоза труд и социјална политика. Анкетата е направена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, восоработка со Брима од Скопје на примерок од 1.606 испитаници. Истражувани се перцепциите,ставовите, познавањата и свесноста за дискриминација по следните основи: пол, етничкаприпадност, религија или уверување, возраст, инвалидност (односно попреченост во развојот),сексуална ориентација и партиска припадност.
„Перцепциите на се секогаш исти софактичката состојба“ - од промоцијата
Во периодот од 16 до 18 септември беше спроведенаобуката „Застапување и лобирање за вклучувањево креирање политики“. Учесници на обуката беапретставници на коалициите: Македонија бездискриминација (МБД), Граѓанска платформа наМакедонија (ГПМ) и Сите за фер и правично судење. „Вклучувањето на граѓаните и граѓанскитеорганизации во креирањето на политиките барадвострана активност: и од владата, но и одграѓанските организации“, вели Емина Нурединоска,обучувач.Учесниците имаа можност да ги слушнат искустватаод студиската посета во Лондон и тоа соработката награѓанските организации со државните институции, механизмите за заштита од дискриминацијаи стандардите за фер и правично судење. „Посебно ми се допадна презентацијата наискуствата од Лондон“ изјави Катерина Конеска од ГПМ , тоа беше можност да се види какофункционира англискиот систем“. Овие искуства биле доста интересни и за Ѓорѓи Јошевски одСите за правично судење. „Ми се допадна искуството од Лондон, но сфатив колку е тоа далекуод нас. Реформите што тие ги имале во 2006 година, за нас се многу далечни“, додава Ѓорѓи.Како дел од курсот за застапување и лобирање учесниците поминаа низ идентификацијатана прашањето или проблемот за кое ќе се застапува или лобира, низ целите, партнерствата исојузите што ќе се направат, низ справувањето со моќ, понатаму го разговараа за вклучувањетово креирање политики, самото креирање политики и на крај самите анализираа подготвениpolicy paper. „Приодот на обуката е малку далечен за мене како повозрасен, но сум изненаден од темелноста“ни рече Томислав Димишковски од универзитет Трето доба. Има многу информации, но не етешко да се усвојат, освен тоа, тука се и материјалите што ги добиваме па и подоцна можемеда се навратиме на темите. Темите што ги слушнавме се сосема на место. Возрасните луѓе,не ги следат овие обуки, не знам зошто, како да сме елиминирани. До сега сум посетил самоедна обука и таа ми беше многу корисна. Нашата генерација има потреба да научи некои одновите вештини и техники“, додава Томислав.Останатите активности од проектот ќе бидат насочени кон развивање акциски планови закреирање на политиките за прашања што организациите претходно ќе ги селектираат.
Вежбите и игрите најинтересни заучесниците на обуката
Add a Comment