Welcome to Scribd, the world's digital library. Read, publish, and share books and documents. See more
Download
Standard view
Full view
of .
Look up keyword
Like this
1Activity
0 of .
Results for:
No results containing your search query
P. 1
e-Билтен на МЦМС - Број 151 (февруари, 2014)

e-Билтен на МЦМС - Број 151 (февруари, 2014)

Ratings: (0)|Views: 140|Likes:
Published by МЦМС
Билтенот на МЦМС за месец февруари презентира информации за активностите, за резултатите, за плановите, за политиките и ставовите на МЦМС кон одредени прашања.
Билтенот на МЦМС за месец февруари презентира информации за активностите, за резултатите, за плановите, за политиките и ставовите на МЦМС кон одредени прашања.

More info:

Categories:Types, Brochures
Published by: МЦМС on Mar 11, 2014
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

07/18/2014

pdf

text

original

 
БРОЈ 151 Февруари 2014
Десет учеснички од скопскиот регион, кои успешно го завршија курсот за кроење и шиење, на 11 февруари 2014 г. добија дипломи. На доделувањето, тие ги презен
-
тираа своите нови вештини преку облеката која сами ја направиле во текот на курсот. Сите изразија голема благодарност до МЦМС и ЕУ, како и до проектниот и нас
-
тавниот тим за добиената можност да го научат занаетот и да го верифицираат стекнатото знаење.„Научивме многу нови работи“, изјави една од учес
-
ничките. „Ваква можност ретко им се дава на жените во Македонија. Јас сум домаќинка и благодарение на курсот излегував од дома почесто од обично и можев да запознам други луѓе. Тоа е додадената вредност на овие курсеви. И еве сега, добив желба и редовно да ра
-
ботам“, рече таа. Нејзината „соученичка“ се пофали дека благодарение на стекнатите вештини добила работа во конфекција, а уште една од учесничките изјави дека почнала да шие дома. Сите имаат иста порака до жените кои уште се двоумат дали да ги прифатат ваквите мож
-
ности – без оглед на возраста, не треба да размислуваат, ваквите можности треба да се искористат.Проектниот тим од МЦМС е многу задоволен од резул
-
татите од курсот. Даниела Стојанова, раководител на проектот, изјави дека оваа група покажала најголема мотивација и посветеност. „Иако се работеше за ин
-
тензивен курс со повеќе часови дневно, ниту една од учесничките не се откажа ниту го намали интересот и желбата за учење. На крај тоа се гледа не само од по
-
стигнатите резултати туку и од радоста и задоволството на жените кога ги презентираа нивните производи и плановите за иднината“, рече таа.Курсот го спроведе Универзитетот за доживотно учење „Кочо Рацин“ од Скопје во текот на декември и јануари 2014 г.Проектот „Оспособување на малцинските жени погоде
-
ни од конфликтот“ е финансиран од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), a го спроведува МЦМС со партнерите со цел да се поддржи пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.
Oд 5 до 8 февруари 2014 г. се реали
-
зираше студиската посета на Север
-
на Ирска, што ја организира МЦМС за претставниците на партнерските организации од проектот„Од норма до пракса за еднаквост“, Полио плус, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација.Целта на студиската посета беше да се разменат искуства и да се вос
-
постави комуникација со Комисијата за еднаквост за Северна Ирска. Учес
-
ниците имаа можност да поминат еден ден со членовите на Комисијата што го искористија за запознавање со главните активности и со нејзи
-
ната работа. Тие разговараа за вос
-
поставувањето, за улогата и составот на Комисијата, за надлежностите, за промоцијата и заштитата на ед
-
наквоста, особено за заштитата на правата при вработување и работни односи на лицата со хендикеп. На состанокот беа презентирани и кон
-
кретни случаи по кои постапувала Комисијата.Дел од програмата на студиската посета беше и посетата на органи
-
зацијата Медијација Северна Ирска. Освен за работата и постигнувањата на организацијата, учесниците имаа можност да слушнат и за историјата и клучните моменти на конфликтот во Северна Ирска. Потоа беше органи
-
зирано и разгледување на Белфаст.Посетата се реализираше во рамки на проектот„Од норма до пракса за еднаквост“ кој спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус, Минис
-
терството за труд и социјална поли
-
тика и Комисијата за заштита од дис
-
криминација. Проектот финансиски е поддржан од програмата Прогрес (2007-2013) на Европската Унија.
На 25 февруари 2014 година во хотелот Пората во Ско
-
пје се одржа конференција на која беа презентирани резултатите од проектот „Од норма до пракса за еднак
-
вост“.„Вклученоста на Министерството за труд и социјална политика во овој проект ги покажува нашите заложби за поефикасна борба против дискриминацијата“, рече во своето обраќање Муедин Кахвеџи, државен секретар во МТСП. И Ингрид Сагер, шеф на секторот за регио
-
нален развој, социјална политика, земјоделство и пре
-
кугранична соработка во Делегацијата на ЕУ во Репу
-
блика Македонија ја истакна важноста на реализирање на вакви проекти. „Делегацијата на ЕУ и е подготвена и понатаму да помага за обезбедување рамноправно општество.На конференцијата се обрати Душко Миновски, претсе
-
дател на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД), кој зборуваше за искуствата Комисијата во бор
-
бата против дискриминацијата. „Почитувањето на чо
-
вековите права, еднаквоста и недискриминацијата на граѓаните во Република Македонија се меѓу основните начела на демократијата загарантирани со Уставот и за
-
коните. Должни сме и посветени да ги промовираме и заштитиме“, рече тој. За резултатите зборуваше Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС. Тој ја истакна посветеноста на сите партнери да го реализираат големиот обем на активности во краток временски период. „Како дел од проектот беа спроведени промотивни кампањи, телеви
-
зиски и јавни дебати, обуки и работилници, неколку ис
-
тражувања и публикации“. Кржаловски го потенцираше истражувањето „Барометар на еднакви можности“ кое што обезбедува важни информации за перцепциите, искуствата и состојбата со дискриминацијата во Репу
-
блика Македонија. Дел од проектот се и публикациите „КЗД во функција на заштита од дискриминација“ – во
-
дич за граѓаните и „Најдобрите практики на независни механизми за еднаквост во ЕУ и во регионот“.

You're Reading a Free Preview

Download
scribd
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->