/  2
 
БРОЈ 98Октомври2009
Управниот одбор на МЦМС, насвојата 6-та редовна седницашто се одржа на 6 октомври2009 година го избра АлександарКржаловски за извршен дирек-тор на МЦМС.На изборот му претходешепостапка на јавен конкурс и јавно сослушување.Со изборот на Кржаловскиза извршен директор, покрајСашо Клековски, прв извршендиректор, се комплетирашеОдборот на директори на МЦМС,со мандат до 2011 год. Одборотна директори колективен изврш-ен орган, односно орган насекојдневно управување наМЦМС востановен со новиотСтатут што Советот на МЦМС гоусвои во ноември 2008 година.
Од 29 до 31 октомври оваа година, во х. Мрамор, воСкопје, се одржа обуката Раководење со човечкиресурси за претставниците на верските заедници одМакедонија. На обуката учествуваа претставници одМакедонската православна црква, Исламската версказаедница во Македонија, Еврејската заедница во РМ,Католичката црква, Евангелско-методистичка црква иЕл хилал. „Ова ми е прво искуство. Претходно познавање сумстекнал од луѓето кои работеле на оваа проблематика.Обуката ја сметам за многу корисна за мене и можемногу да се научи од неа. Впечаток ми остави иначинот на предавање кој е многу едноставен, изразенниз практични примери од секојдневието и од кој можеш да научиш многу“, ни кажа ВанчоУмленски од МПЦ на крајот на обуката.За Жаклина Мучева од Еврејска верска заедница ова не е прва обука на која учествува. „Доброе што МЦМС води грижа за верските заедници и добро е што обуката е само за нас, бидејќисе разликуваме од класичните организации. Користејќи ги примерите од надвор обучувачитеуспешно ги пренаменуваат за нас. Впечаток ми остави практичната работа, органограмот,пишувањето огласи за работа итн. Обучувачите професионално ни го пренесуваа знаењето“,ни изјави Мучева.Учесниците имаа можност да се запознаат со начинот на подготвување програма за работа наодделението за човечки ресурси, како се прави интервју за вработување, како се врши оценкана работни достигнувања, мотивација на вработените и др.Обуката ја спроведоа Валентина Чичева од МЦМС и Марио Вељковиќ.
Како да се направи интервју завработување и оценка на вработените
Како дел од зајакнувањето на капацитетите занедискриминација, на 29 и 30 октомври 2009година, во хотелот Континентал во Скопје, се одржаобука за недискриминација за претставници наМинистерството за внатрешни работи.  „Ова ми е прв пат да учествувам на обука занедискриминација и морам да кажам дека ми гинадмина очекувањата“, рече Лидија Велковска,од Бирото за јавна безбедност. „Обуката ми гиотвори очите во поглед на работите што не сум гипрепознавала како дискриминација. Мислам декасвесноста дефинитивно се подобрува, барем вонасока на тоа ранливите групи да го добијат истиоттретман. Сепак, потребна е понатамошна сензибилизација на оние кои се во директен контактсо овие групи луѓе“, вели Велковска.И за Марјан Младенов, командир на Полициската станица во Ѓорче Петров, е добро да сеотвораат ваквите теми. „ Кога дискутираме меѓу себе може да се забележи дека ранливитегрупи за кои зборувавме на обуката, како што се хомосексуалците или сексуалните работнички,не се прифатени. И во јавноста тие не се прифатени, а ние полицајците сме дел од јавноста.Кога општеството е подемократско и полицијата е подемократска. Да, можеби треба дабидеме моделот кој ќе им биде пример на другите, но и ние сме дел од општеството, несме многу поразлични од останатите“, смета Младенов. Според него ваквата обука би билакорисна за припадници на МВР од сите нивоа. „Сметам дека е подобро предавачите да бидатнадвор од полициските кругови и можеби треба да се размисли да се направат работилницисо припадници на ранливите групи, така подобро ќе ги запознаеме ние нив, а и тие нас“,додаде тој.Учесниците, во двата дена обука, имаа можност да слушнат и да разговараат за перцепциите,стереотипите и предрасудите, за дискриминацијата, за ранливите групи, а го погледнаа ифилмот „Треба да знаеш за мене“, направен од страна на здружението ХОПС, опции за здравживот.Обуката ја спроведе проф. д-р Мирјана Најчевска од Центарот за човекови права иразрешување конфликти.
Свеста расте, ама потребно е уште дасе работи со полицијата
Адресар наорганизациите наиселениците
МЦМС и Агенцијатаза иселениш-тво на Ре-публика Ма-кедонија гоиздадоа пр-виот Адре-сар на организациите наиселениците.Основната идеја на Адресароте да придонесе за подобрувањена меѓусебното информирањеи соработка на иселениците,другите актери и јавноста заработата на овие организации иактивностите на дијаспората.

Share & Embed

More from this user

Add a Comment

Characters: ...