Welcome to Scribd, the world's digital library. Read, publish, and share books and documents. See more
Download
Standard view
Full view
of .
Save to My Library
Look up keyword
Like this
6Activity
0 of .
Results for:
No results containing your search query
P. 1
Karl Marks - Naemniot Trud i Kapitalot

Karl Marks - Naemniot Trud i Kapitalot

Ratings: (0)|Views: 331 |Likes:
Published by Ljuocho Zlatev

More info:

Published by: Ljuocho Zlatev on Dec 15, 2009
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

12/08/2011

pdf

text

original

 
Карл Маркс
„Наемниот труд и капиталот“
1-25
 
Карл Маркс „Наемниот труд и капиталот“
ВОВЕД ОД ФРИДРИХ ЕНГЕЛС
Овој труд излегуваше како низа уводни статии во ,,Нов рајнски весник", почнувајќи од 4 април1849[1]. Изработен е врз основа на предавањата што ги држеше Маркс во 1847 година вогерманското работничко друштво во Брисел. He излезе до крај; во бројот 269 под статијатанапишаниот збор: „продолжува" остана неисполнет поради бурните настани што станаа тогаш:упадот на Русите во Унгарија, побуните во Дрезден, Изерлон, Елберфелд, Пфалц и Баден,поради кои и весникот е задушен (19 мај 1849). Продолжение од овој труд во ракопис не се најдево Марксовата заоставштина.„Наемниот труд и капиталот" е печатен посебно во повеќе изданија во вид на брошурка, апоследен пат во 1884, во издание на Швајцарска задружна печатница, Хотинген-Цирих.Досегашните изданија верно го зачуваа текстот на оригиналот. Но бидејќи ова ново изданиезаради пропаганда ќе биде растурено во не помалку од 10.000 примероци, во мене се родипрашањето: дали и самиот Маркс во oвoj случај би го оставил новото издание неизменето.Во четириесеттите години Маркс уште не беше ја довршил својата критика на политичкатаекономија. Co неа беше готов дури при крајот од педесеттите години. Затоа неговите списи штоизлегоа пред првата книга „Прилог кон критиката на политичката економија" (1859) во понекоиточки отстапуваат од списите составени по 1859, содржат изрази и цели реченици што, одгледиштето на подоцнежните списи, изгледаат незгодни и дури неточни. И се разбира, вообичните изданија, наменети за читателската публика воопшто, има место и она гледиште штоавторот во својот духовен развиток го имал порано; авторот како и публиката имаат неоспорноправо на неизменето отпечатување на овие постари списи. И во тој случај мене ни на сон не бими паднало на ум да изменам еден единствен збор.Друга е работа кога новото издание, можеме да кажеме, исклучиво е наменето за пропагандамеѓу работниците. И самиот Маркс несомнено би го довел старото, со 1849 година датиранотоизлагање во склад со своето ново гледиште. И јас сум уверен дека ќе го сторам она што би госторил и тој, ако
вo ова издание
извршам помали измени и дополнувања што се потребни за дасе постигне тој склад во сите битни точки. Затоа однапред му велам на читателот: оваа брошуркане е онаква каква што ја напиша Маркс во 1849, туку, приближно, онаква како што би ја напишалво 1891. Покрај тоа вистинскиот текст на оваа брошурка се наоѓа во многубројните примероциод старите изданија, и тоа е доволно додека не стигнам подоцна да ја отпечатам без измени воцелокупното издание.Сите мои измени се вртат околу
една
точка. Според оригиналот работникот му го продава накапиталистот за наемнина својот
труд
; според oвoj текст својата работна
сила
. И за таа изменадолжен сум да дадам појаснување. Појаснување на работниците за да видат дека овде не е вопрашање обично пробирање на зборови, туку една од најважните точки на целата политичкаекономија. Појаснување на буржоазијата да се увери дека необразованите работници, на кои инајтешките економски прашања можат лесно да им се објаснат, далеку ја надминале надуената„интелигенција", на која таквите замрсени прашања и' остануваат неразрешени цел живот.Класичната политичка економија[2]ја прими од индустриската пракса распространетатапретстава на фабрикантот дека тој го купува и плаќа
трудот
на своите работници. Оваа2-25
 
претстава добро му послужи на фабрикантот за водење на работата, на книговодството и запресметување на цените. Но кога по наивност е пренесена во политичката економија, во неапредизвика чудни заблуди и забуни.Економијата го имаше пред себе фактот дека цените на сите стоки, меѓу нив и цената на онаастока што таа ја викаше „труд", непрекинато се менуваат; дека тие, поради различнитеоколности што често не стојат во никаква врска со производството на стоката, скокаат и паѓааткако да зависат од чиста случајност. Но штом се јави економијата како наука, таа меѓу своитепрви задачи имаше да го најде оној закон што се крие зад оваа случајност која привидно гиуправува стоковните цени, а кој всушност ја управува самата оваа случајност. Во границите нанепрекинатото движење на цените што ту скокаа ту паѓaa, таа ја бараше утврдената централнаточка околу која цените се колебаат и се движат. Сo еден збор: таа тргна од
цените
на стоката зада најде закон за регулирање на цените во
вредноста
на стоката, со која се објаснуваат ситеколебања на цените и на која на крајот од краиштата сите тие има да се сведат.Класичната економија најде дека вредноста на некоја стока се одредува со во неа содржаниот, занејзиното производство потребниот труд. Таа со ова објаснување се задоволи. А за сега и ниеможеме да останеме при ова. Само, за да нема недоразбирања ќе одбележам дека оваобјаснување денеска стана сосема недоволно. Маркс прво темелно го испита својството натрудот да создава вредност и најде дека секој труд што привидно или стварно е потребен запроизводство на некоја стока не ја зголемува секогаш вредноста на таа стока сразмерно соколичината на потрошениот труд. Според тоа, ако ние денеска со економистите како што еРикардо просто на просто кажеме: вредноста на стоката се одредува со трудот потребен занејзиното производство, ние при тоа никогаш не ја губиме од вид Марксовата исправка. За овдетолку е доволно; повеќе се наоѓа кај Маркс во „Прилог кон критиката на политичкатаекономија", 1859, и во првата книга од „Капиталот".[3]Но штом економистите ова одредување на вредноста со трудот го применија врз стоката „труд"паѓаа од противречност во противречност. Како се одредува вредноста на „трудот"? Co во негосодржаниот потребен труд. А колку труд се содржи во трудот на еден работник за еден ден,недела, месец, година? Труд на еден ден, недела, месец, година. Ако трудот е мерка за ситевредности, тогаш и ,,вредноста на трудот" можеме да ја изразиме само во труд. Но ние не знаемеапсолутно ништо за вредноста на еден час труд, ако го знаеме само тоа дека таа е еднаква соеден час труд. Така, значи, не и' се приближивме на својата цел ни за влакно; постојано севртиме во круг.Класичната економија се обиде на еден друг начин да го реши тоа прашање; таа рече: вредностана некоја стока е еднаква со трошоците на производството на таа стока. Но што се трошоци напроизводството на трудот. За да одговорат на ова прашање, економистите мораа малку да јаизнасилуваат логиката. Наместо да ги иследуваат трошоците на производството на самиот труд,што за жал ќе можат да се изнајдат, тие ги испитуваа трошоците на производството на
 работникот
. А тие можат да се изнајдат. Тие се менуваат според времето и приликите, но заедна одредена општествена состојба, за одредено место, за одредена гранка од производствототие исто така се одредени, барем во прилично тесни граници. Ние денеска живееме подвладеењето на капиталистичко производство, во кое голема, сè поголема класа од населениетоможе да живее единствено работејќи под наемнина за сопствениците на средствата запроизводство - орудијата, машините, суровините и средствата за живот. Врз основа на овој начинза производство, трошоците на производството на работникот се сумата од средствата за живот -или нивната парична цена - што се просечно потребни за да го направат работникот способен за3-25

Activity (6)

You've already reviewed this. Edit your review.
1 thousand reads
1 hundred reads
Dimitar liked this
nakedwater liked this
SToni` liked this

You're Reading a Free Preview

Download
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->