You are on page 1of 266

ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА

ИСТОРИЈА

Автори Виолета Аковска и Никола Жежов,Скопје,2004 год

ПРЕДГОВОР

Содржината на книгава ќе ви пренесе само дел од потресната историска


хронологија на недоброените предавства, атентати и различни убиства во
македонското минато, односно дел од оние зад кои останале некакви пишувани
траги и во обем во кој се тие запишани и разјаснети низ историографската
продукција. Притоа, тргнувајќи од специфичната етногенеза и место на
македонскиот народ на Балканот, одбравме некои од покарактеристичните
атентати и предавства, кои најчесто биле рефлексија на одреденото историско
време и на сплетот на внатрешните и надворешните околности и фактори.
Затоа, за да го претставиме историското милје на темата што ја обработуваме,
направивме кусо патување низ историјата на Македонија и на македонскиот
народ во чија долга етногенеза се мешале бројни народи и влијанија. Впрочем,
сите балканските народи (денес конституирани во современи нации и со
формирани сопствени национални држави) во својот етнички ген поседуваат
многу заеднички претци и токму тој момент, наместо да ги обединува, се уште
влијае на нивното меѓусебно негирање и конфронтации. За интерес на
научноста и на историската вистина, мораме да нагласиме дека ниту една од
современите нации на Балканот не е онаа истата - античката на која
претендираат денешните Грци, Албанци, Бугари или Македонци во своето
балканизирано исторославие. Ниту современите Грци претставуваат директни
наследници на Античките Хелени, ниту Бугарите се само турско-татарски
народ, ниту Македонците (и античките и современите) се Грци или Бугари, ниту
денешните Македонци се истите Антички Македонци, а уште помалку
Албанците се некакви директни потомци од Илирите. Сите современи
балкански нации, делумно се меѓусебна мешавина, но и мешавина од античките
народи и од оние племиња и народи што во илјадалетната историја поминувале
и се населувале на Балканот: Римјани, германски племиња, словенски племиња,
бугарски племиња, Кумани. Печенези, Персијци, Турци итн. Во тие рамки,
навистина е апсурдно инсистирањето на некакви чисти нации кај силно
измелезените балкански народи. Реално, најголемиот и најнепремостливиот јаз
во историјата и денес, всушност претставува религиската, а не етничката
различност која се појавила со исламизацијата на дел од балканското население
по доаѓањето на османските освојувачи на Балканот. Пред доаѓањето на
Османлиите. балканското средновековие си има своја историја и логика при
што македонската историја е проткаена со византиската, бугарската и српската.
Во најголем број случаи, оваа испреплетена балканска историја била во служба
на некоја освојувачка политика на едните против другите.
Наоѓајќи се во центарот на гордиевиот балкански јазол, Македонците биле
најсилно на ударот на освојувачките апетитити на соседите, кои во својот
наплив на
национално будење во ХIХ-от век, присвојувале голем дел од македонската
култура, традиција и обичаи, пропагирајќи го своето право над Македонија, над
Македонците или на нивни делови. И во тие бесконечни игри на соседите. се
случуваа невидени и нечуени делби на град од град, село од село, семејство од
семејство, брат од брат, човек од човек. Агресивните разноразни пропаганди,
цркви и политики им оставаа многу малку простор на луѓето да се осознаат како
Македонци. Затоа, во голем дел, подложни на влијанија, почнале да се мразат
како гркомани и гркофоби, бугарофили и бугарофоби, србофили и србофоби... И
не само да се мразат, туку и меѓусебно да се убиваат за туѓи политички цели и
интереси. Колку ли силни мажи биле убиени за во Македонецот да се убие
македонското? Колку ли Македонци станале предавници и ефтино ја продале
својата национална чест и иднината на своите поколенија?
Ова што тука ќе го пренесеме е само мал дел од таа крвава македонска драма.
Било, поминало, да не се повторува.

ВОВЕД

"Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата


на своите синови - изроди како македонскиот"
Гоце Делчев

"...Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција,
јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга
потуѓа..."
"Балкански гласник", бр. 1, јули 1902.

Македонската историја запомнила секакви атентати, секакви убиства: заради


политички цели, заради казна, заради предавства, заради одмазда, заради
властољубие, заради алчност. И мотивите за предавствата се разно-разни:
предавства од интерес, предавства од нужда, случајни или намерни, но повеќето
од нив, по правило, завршуваат со крвопролевање, со човечки жртви. Тука се
преплетува заедничката судбина на народот со личните драми на поединецот,
храброста со кукавичлукот, идеалот со предавството, саможртвата со убиството.
Везилката ги плете црвената и црната нишка на нашата историја во која зад
херојството и саможртвата, зад несопирливите копнежи за слобода на
Македонецот, како змија прокобница се провлекла уште една историја - мрачна,
тегобна, историја на предавствата, на себеуништувањето, на крвавото посегање
на брат врз брата...
Колку ли имаме жртви, колку ли убивања на самите себе, забележани и
незабележани во црната хроника на македонските умирања? Дали предавството
е судбина на Македонецот и негово проклетство низ вековите? Колку ли
херојски чинови биле пресечени со срамни предавства, на свои од свои, колку
ли животи паднале во бесмислените атентати на брат врз брат или во
подмолното посегање на туѓите раце врз Македонија и македонското дело?
Историјата се повторува - од Филип II до Киро Глигоров, од антиката до
современиот свет. Илјадници, имени и безимени, жртви и херои на бесмислата
на македонските себеодмазди.
Во тој долг след на историски случување низ чудните патишта на времето,
крајот на деветнаесеттиот и првите неколку децении на дваесеттиот век стојат
обележни како црни петна, како сопнувачки на македонската национална
самосвест, како амбис во кој пропаѓаат најсветлите и највредните идеали на
македонското национално осознавање, процут и европски чекор во новата
историја.
Дали непријателската рака убила толку Македонци, колку што тие самите се
убивале меѓу себе? Од листата на стотици убиени, предадени, предавници,
егзекутори, жртви и жртвувани, низ страниците што следат одделивме само дел
во времето што се распослало од 336 г.п.н. ера до 1941 година, како показ и како
поука во изградувањето на самопочитта меѓусебна, наша македонска. Дали
дележите, колежите, продавањето на душите и на името на било кого му донело
иднина?
На крвавите крстосници на времето, конечно да го пронајдеме вистинскиот пат.

1.АНТИЧКИТЕ КОРЕНИ

Ние, денешниве Македонци сме родени тука, на делот од Балканот што


припаѓал на Античките Македонци. Со текот на вековите, на истиот простор,
Античките Македонци се мешале со припадници на различни етнички заедници
така што во средниот век се создава македонски народ, близок до соседните
балкански народи, но различен во одделни елементи на својата етничка смеса.
Од таа етничка смеса во новиот век израсна и македонската нација како една од
модерните европски нации.
Има малку пишувани извори од прва рака за животот на Античките
Македонци1 и за нивната држава иако, во длабоката древност, свои трудови за
Античка Македонија2 напишале видни грчки и латински писатели како Помпеј
Трог, Плутарх, Квинт Курциј Руф и други. Но, во повеќето случаи, трудовите на
овие древни автори за Македонија и Македонците не се целосно зачувани, туку
дошле до нас во одделни фрагменти и тоа, најчесто, во препис на други автори'.
Територијата на Македонија во антиката ја населувале бројни етнички
заедници. Најстарото население веројатно било сродно со предхеленското
население од егејско-медитеранскиот басен. Во II милениум п.н.е. на Балканот
се доселиле индоевропски племиња кои ја населиле и територијата на
Македонија. Меѓу нив биле: Бригите (Фригите)4, Пајонците5 и Македонците.
Меѓу македонските племиња попознати биле: Орестите, Елимејците,
Енхелејците, Дасаретите6, Пелагонците, Линкестите и други. Според античката
традиција тие воделе потекло од Македон, нивниот епонимен херој.
Македонците ги населувале јужните делови на централнобалканскиот простор,
териториите што се протегале северно од Хелените, источно и југоисточно од
Илирите, западно од Тракијците.
Во VIII век п.н.е., започнало обединувањето на македонските племиња во
единствена држава7. Основањето на државата, античката традиција му го
припишува на кралот Пердика I (707-659) кој водел потекло од градот Арг во
Орестида (Костурско-преспанската област), па затоа и династијата што ја
основал е наречена династија на Аргеадите8.
Со Пердика I започнува владеењето на династијата Аргеади9, а поактивна улога
на Балканот Македонија почнала да игра со кралот Александар I (498-454).
Нејзиниот подем продолжува со една нагорна линија и за време на владењето на
Пердика II (454-413) и Архелај I (413-399). По еден кус период на безредија и
брзи смени на кралскиот престол, на чело на македонската држава доаѓа Филип
II Македонски (359 г.п.н.е. - 336 г.п.н.е.) наречен Варварин од страната на
атинскиот говорник Демостен, зашто не припаѓал на Хелените (Грците) кои со
презир гледале кон сите оние што не биле Хелени10. Филип II Македонски бил
извонреден државник и војсководител кој ја претворил Македонија во голема
балканска сила.
_______________________________________________

1-Види поопширно за Античките Македонци кај: Наде Проева, Студија за


Античките Македонци, Скопје 1997.

2-Името Македонија прв го споменува Хесиод во VII век пред н.е., а тоа се
среќава и кај многу антички писатели, во античките географски карти, како и во
Библијата.

3-Древните писатели се интересирале, пред се, за животот на македонските


кралеви, но најповеќе за бурниот живот на Александар III Македонски, додека
на самиот народ и на неговите обичаи, тие му посветиле сосема скромно
внимание.

4-Бригите ги населувале јужните предели на централниот балкански простор.


Нивното присуство е посведочено на териториите од планината Пангај, на исток
од реката Вардар, до Албанија, Епир, охридската област и Пелагонија. Некаде
во почетокот на I милениум пред н.е. Бригите исчезнале од Балканскиот
Полуостров. Еден дел од Бригите се преселил во Мала Азија, а остатокот се
измешале со другите етнички заедници и станале важен супстрат во
етногенезата на повеќе балкански популации (К. Аџиевски и група автори,
Запознајте ја Македонија, Скопје 2001, 6). Според д-р Наде Проева, Бригите се
основниот супстрат од кој потекнуваат Античките Македонците, додека, пак,
основниот суптрат во етногенезата на Старите Грци (Хелени) се Ахајците.
Според тоа, во корен се работи за два различни народа во антиката и за две
различните цивилизации. Притоа, разбирливо е дека како два соседни народа
тие меѓусебно се мешале и духовно и физички.

5-Пајонците ги населувале долините на реките Струма и Вардар, териториите


што се протегале на запад до Пелагонија, на север до изворите на реката
Струма, а на југ до Егејското Море. На па-јонската група племиња, покрај
Пајонците припаѓале и Доберите, Астраите, Дероните, Агријаните, Лајаите и
други. Пајонските племиња во IV век п.н.е. формирале своја држава на чело со
крал. Најголема пајонска населба бил градот Вилазора (најверојатно на
локалитетот Градиште, кај с. Кнежје, Светиниколско). Во времето на кралот
Филип II (358 г.п.н.е.) ја признале врховна-та македонска власт, а пајонската
коњаница учествувала, како составен дел на македонската вој-ска, во походот
на Александар III Македонски на исток. Пајонската држава постоела повеќе од
сто години, до околу 230 г. п.н.е. Нејзините јужни делови дошле под директна
македонска власт, а северните ги освоиле Дарданците (К. Аџиевски...., исто, 6).

6-Според д-р Наде Проева, Дасаретите заедно со Енхелејците или Енгеланите


живееле во охридско-струшкиот регион и во Полог. Таа се спротивставува на
тезата за илирското потекло на овие племиња, сметајќи дека ономастиката
покажала дека од 70 имиња посведочени во овој дел на Македонија, само
четири-пет имиња се среќаваат кај Илирите, што е нормално за една гранична
област. И со најновите откритија на некрополата во Sidnos (Текелиево) сосема е
порекнато божемното илирско потекло на овие племиња. Тоа го докажува и
гробницата од македонски тип откопана во Долно Селце кај Подградец, каде
што е најден војнички ремен по форма и стил различен од илирските ремени
(најдени кај Скадарското Езеро, Неретва). Потоа важна е надгробната стела од
локалитетот Требенишко кале на која е претставен војник со македонска воена
опрема, а имињата се македонски, од типот кралски (Аминта, Александар), што
сето заедно многу јасно покажува дека станува збор за македонски племиња
итн. ("Културен живот", 4/1998, 45-46). Најновите откритија на Паско Кузман во
внатрешноста на Самуиловата тврдина во Охрид, ги потврдуваат наводите на д-
р Проева. Повеќе за проблемот на етничката припадност на Енхелејците и
Дасаретите види: N.Proeva, Еncheleens-Dassaretes-Illyriens,, ѕоurсеѕ litteraires,ѕ,
еpi-graphiques et archeologiques, Acies II , соll.Int.. 1990, Clairemont-Ferrand,Paris
1993,191-199.

7-Јадрото на државата се наоѓало во Долна Македонија, на териториите помеѓу


реките Аксиј (Вардар), Халиакмон (Бистрица) и Лудија (Могленица).
Формирањето започнало со спуштањето на племињата од западните и
северозападните планински предели (Горна Македонија) во низинските
приморски територии (Долна Македонија), каде што се измешале со остатоците
од Бригите.

8-Во историјата на Античка Македонија до 707 г.п.н.е биле легендарните


кралеви. Последните тројца: Каран, Којнос и Тирима го претставуваа зачетокот
на историската династија Аргеади.

9-Во оваа династија се забележани кралевите: Аргај, Филип, Аероп I, Алкета I,


Александар I, Пер-дика II, Орест, Аероп II, Аминта II, Паусанија, Аминта III,
Александар II, Птоломеј Алорски, Пердика III, Филип П (359-336), Александар
III (336-323), Филип III, Александар IV (323-310).

10-Фанула Папазоглу наведува дека династијата на Аргеадите, која владеела со


Македонија била призната како хеленска и од страна на Грците, но не од сите
кое најјасно се гледа од говорите на Демостен, особено од Филипиките (Ф.
Папазоглу, Историја на хеленитичкиот период, Скопје 1995, 49).За тоа
поопширно види: Ана Шукарова, Филип II Македонски и атинските ретори,
Скопје 2003).

1.1. Убиството на македонскиот крал Филип II

Филип II бил творецот на најсилната држава на Балканот, голем реформатор кој


успеал да се наметне за хегемон на Хелените. Неговиот син Александар III
Македонски ќе создаде нов свет на измешани култури, нова цивилизација -
хелинистичката. Така тој ќе достигне достојно историско помнење на
македонското име, наспроти цивилизираните Хелени, Египтјани, Персијци,
Римјани.
Македонската држава започнала брзо да се издигнува од средината на IV век
п.н.е.. Од мала земја на сточари и земјоделци Македонија станала силна
балканска држава. Филип бил енергичен и многу способен владетел,голем
војсководец и вешт дипломат. Спровел повеќе реформи" за да ја зајакне
македонската држава и водел многу војни за да ги прошири нејзините
граници.Благодарение на одлично опремената и извежбана војска (познатата
македонска фаланга), но благодарение и на способностите како војсководител,
кралот Филип II водел успешни војни со своите соседи: Илирите, Хелените,
Пајонците и Тракијците, а потоа, ги потчинил хеленските колонии на
полуостровот Халкидик и северното крајбрежје на Егејското Море, како и
богатата житница Тесалија. Големо значење имало освојувањето на Пангајската
Гора во Источна Македонија, каде што се наоѓале богати рудници на злато.
Експлоатацијата на Пангајските златни рудници му овозможила на кралот
Филип II да започне да кова златни пари. Во подножјето на Пангајската Гора тој
основал град и го нарекол, по себе, Филипи. Со овие победи се прошириле
границите на македонската држава.
Кралот Филип II многу вешто ја искористил внатрешната криза на хеленските
полиси и нивните меѓусебни борби и успеал да го прошири своето влијание и во
Средна Хелада. Јакнењето на Македонија и ширењето на нејзиното влијание
претставувале сериозна закана за Атина, бидејќи ги загрозувале нејзините
интереси и нејзината хегемонија во хеленскиот свет. Филип успеал, со итрина и
со пари, да придобие дел од населението во повеќе хеленски полиси и да
создаде свои приврзаници. Во Атина се водела остра борба помеѓу
приврзаниците и противниците на македонскиот крал. Првите го сметале Филип
за спасител и обединител на Хелените, кој ќе ги поведе во војна против
Персијците12, а вторите во него гледале најголем непријател. Најголем
противник на македонскиот крал во Атина бил Демостен, познат говорник и
водач на демократската партија13. Во своите познати говори против Филип II,
наречени "филипики", Демостен го нарекува македонскиот крал туѓинец и
варварин кој сака да ја потчини Хелада и да ја уништи слободата и
демократијата на Хелените14.
Под водството на Атина, против Филип II била создадена силна коалиција на
хеленските полиси. Во неа, покрај Атина влегле и Теба, Коринт, Мегара и некои
други помали полиси. Решавачката битка помеѓу Македонците и Хелените се
одиграла летото 338 г. п.н.е. во рамнината близу до градот Хајронеја. Во
битката дошла до израз генијалната тактика на Филип II и супериорноста на
македонската фаланга. Со својата храброст во битката се истакнал и синот на
Филип, Александар, кој командувал со левото крило на македонската војска.
Битката завршила со катастрофален пораз на војската на хеленски-те полиси,
предводена од Атина и Теба. По големата победа кај Хајронеја Филип II станал
господар на Хелените и ги удрил темелите на македонската хегемонија во
Хелада.
За да ги уреди односите помеѓу македонската држава и хеленските полиси,
Филип II свикал во 338/337 г. во Коринт собир со претставниците на хеленските
полиси. На собирот учествувале сите хеленски полиси освен Спарта15. Таму и
била објавена војна на Персија (најголемиот непријател на Хелените) и
започнале подготовки за воен поход на исток, што требало да го предводи
македонскиот крал. Меѓутоа, смртта го спречила да го оствари планираниот
поход против Персија.
Секако дека и претходно, но и потоа, во Античка Македонија имало убиства и
атентати на кралеви и големи личности, но ниту едно по важност не може да се
спореди со убиството на големиот и силен Филип II Македонски.
Современиците и нивните прераскажувачи запишале дека во 336 г.п.н.е., кралот
Филип II паднал како жртва на атентатат на неговиот двор, токму на вториот
ден од свадбата на неговата ќерка Клеопатра со братот на Олимпијада,
Александар Епирски.
Свадбата на Клеопатра била прославена во македонската престолнина Ајга
(Еге), со особен сјај и помпезност. Кралот Филип II ги повикал од Хелада
своите пријатели и познаници и пријателите на своите пријатели сакајќи да ги
прослави сите дотогашни победи. Очигледна била неговата желба пред што
поголем број угледни гости да ја покаже својата благонаклоност спрема
Хелените и со соодветни почести да добие докази за нивната преданост. Гозбата
траела цел ден. Филип го овенчале со златен венец, не само поединци, туку и
држави, меѓу кои и Атињаните. Биле организирани блескави игри и музички
натпревари. За следниот ден биле предвидени гимнастички натпревари, а уште
од вечерта масите нагрнале кон театарот. Утрото тргнала свечената процесија
во која, според Диодор, биле носени статуите на дванаесетте олимписки
божества, изработени со големо умеење и богато украсени. Со нив, како
тринаесетта, била носена и величествена статуа на Филип II на престол. Филип
се појавил кога театарот бил полн. За да покаже пред Хелените дека е умерен во
својата популарност, тој им наредил на своите телохранители да го следат од
подалеку. Во моментот кога, заедно со сина си Александар, свечено влегувал во
преполнетиот театар, додека сите и се восхитувале на неговата моќ, одненадеж,
со келтски меч во рацете, скокнал младиот Македонец Павсаниј (Паузаниј), и
му задал смртоносен удар16. Убиецот бил фатен и убиен од Филиповите
телохранители Пердика и Леонат. Така овој весел настан бил претворен во
трагичен чин. Бил убиен човекот кој во своето 24-годишно владеење ја создал
најголемата сила што некогаш во антиката ја имало на Балканскиот Полуостров
и отворил пат за уште пошироки дострели на неговиот наследник Александар
III Македонски. Затоа, со право, Теопомп забележал дека Филип II бил
"најголемиот маж што го имала Европа" до тоа време.
Мотивите за ова убиство остануваат нерасчистени, и покрај некои толкувања и
искази на старите историографи; дали Павсаниј го сторил од лични побуди, или
организатор е некој друг, останува загатка, зашто причина за убиство имале
повеќемина од домашните, но и однадвор.
Доколку се определиме за тоа дека убиството на Филип II било дело на
заговорници, остануваат сомнежите околу личностите кои го организирале
заговорот, зашто нејасни и непрецезни се исказите на античките автори кои
пишувале за Филиповата смрт - Диодор Сицилиски, Јустин, Аријан, Плутарх,
Плиниј и Курциј Руф.
Според официјалната традиција, запишана од Диодор Сицилиски, Павсаниј го
извршил убиството на Филипа за да се одмазди за личната навреда што пред
извесно време му ја нанел Атал, а преку која Филип преминал молкум, не
сакајќи да му се замери на својот нов тешт. Имено, една година пред овој настан
(во 337 г. п.н.е.) Филип се оженил со Клеопатра, младата ќерка на Атал. Но, во
исто време се појавиле сомненија дека атентаторот бил само орудие на некоја
заговорничка група, и тие сомненија никогаш не биле отфрлени. Посебно што
Јустин и Плутарх се изјасниле дека Павсаниј бил наговорен да го убие Филип II
преку посредници од Александар и неговата мајка Олимпијада.
Покрај наведените верзии, античките автори оставиле изворни податоци и за
други видувања за смртта на царот Филип П. Плутарх, на пример, соопштува
дека убиството на македонскиот цар било одбележано во Атина со сеопшта
веселба. Атинското собрание по наговор на Демостен дури донело одлука
посмртно да се награди Филиповиот убиец. Курциј Руф и Аријан, пак,
известуваат дека персискиот цар Дариј Ш со радост ја примил веста за смртта
на Филип II. Затоа, некои обвинувања за вмешаноста на неговата жена
Олимпијада и на синот Александар за смртта на царот Филип II не се убедливи.
Според искажувањето на Плутарх, таквите тврдења биле засновани врз сплетки
и озборувања. Филип II никогаш не го лишил Александар од наследството на
царскиот престол, поради што Олимпијада и Александар немале мотиви за
атентатот. Освен тоа, Филип II официјално не се развел од Олимпијада и дури
подоцна, преку женидбата на нивната Клеопатра со Александар Епирски дошло
до извесно помирување меѓу неа и Филип II 17. Затоа, одредени автори,
заговорот го бараат на друго место.
Младиот атентатор Павсаниј, според известувањата на некои од античките
автори, злочинот го извршил во соработка со други лица. Тоа, биле неговите
тројца браќа - Арабеј, Херомен и Александар, кои потекнувале од
аристократскиот род на Линкестидите во Горна Македонија. Фактот дека по
убиството на Филип II, Арабеј и Херомен успеале да се скријат, донекаде
потврдува дека постоел организиран заговор од страна на незадоволната
македонска племенска аристократија на Линкестида и Орестида, чија
независност ја ликвидирал Филип II кога и овие горномакедонски области ги
вклучил во рамките на македонската централизирана држава. Набргу, Арабеј и
Херомен биле фатени и ликвидирани, додека третиот брат Александар бил
помилуван откако ја признал власта на кралот Александар III Македонски.
Останува прашањето: дали во лицето на Павсаниј и неговите браќа старата
македонска племенска аристократија гледала свои ослободители од
господството наложено од Филип II. Дали се надевале дека по неговото убиство
ќе ја повратат независноста на нивните племенски држави?
Исто така не можеме сосема да го отфрлиме и сомнежот за вмешаноста на
Персија во заговорот против Филип II. Таа веројатно се надевала дека ќе дојде
до внатрешни немири во Македонското кралство и со тоа ќе биде сопрен
планираниот поход на Исток. Како еден од доказите за евентуалната вмешаност
на Персија во заговорот може да се земе острото писмо што му го испратил
кралот Александар III на персискиот цар Дариј III. Писмото било испратено
подоцна, кога Александар III презел поход кон Исток и кога царот Дариј III
молел за мир. Во писмото Александар ги обвинил Персијците дека го
организирале убиството на татко му Филип. Ако е тоа точно, се претпоставува
дека Персија тоа го сторила преку дипломатски канали во Атина, кога
прибегнале кон поткупување на членовите на антимакедонската партија.
Самиот Демостен добил голема сума. Освен тоа, не може да се отфрли ни
претпоставката дека, на сличен начин, персиската дипломатија дејствувала и во
Македонија, поткупувајќи ги противниците на Филип II 18.
Денес е навистина тешко некој да се определи за една од верзиите.
Подробностите со кои е забележан случајот на Павсаниј како да зборуваат во
прилог на неговата автентичност, зашто во историјата се случувале многу
атентати врз политички личности од лични мотиви. Од друга страна пак,
причини за незадоволство, од еден владетел каков што бил Филип можело да
има, и тоа кај разни луѓе, како од неговата најблиска околина, така и од старото
племенско благородништво, кое тој го претворил во дворјани. Затоа, атентатот
против Филип II во Ајга не можеме да го земеме само како личен акт на
Павсаниј и неговите браќа, туку во него активно учествувале незадо-волните
аристократи од Горна Македонија, антимакедонската партија на Атина, а исто
така и Персија. Во тој правец се приклонуваме кон тврдењето на Аријан дека
заговорот против Филип II не бил лична одмазда на Павсаниј, туку на одредени
сили заинтересирани за убиството на македонскиот цар.
Младиот Македонец Павсаниј, чие име можеби никогаш немало да го запомни
историјата, влегол во долгата листа на атентатори кои ќе ги испишат страниците
на македонската историја, од древните Македонци до современата македонска
нација.
Дали можеме да си претпоставиме што ќе беше ако Филип го немаше силниот,
упорен и со стремеж кон несовладаното, син Александар? Можеби ќе згаснеше
Филиповата силна држава, можеби таа ќе останеше како еден од многуте
краткотрајни блесоци од антиката. Но, Александар, продолжувајќи по стапките
на својот татко, обезбеди бесмртност на Македонија19, толку силна, што и
самите Хелени кои ги презирале Македонците како варвари, во текот на идните
векови почнале да го сметаат Александар за Грк, а Македонците за Грци. Тие
погрешни историски толкувања беа ставени во реализацијата на грчката мегало-
идеја од XIX век до најновото време. Сепак, сметаме дека не постои историска
дилема и сосема е јасно дека со стапувањето на историската сцена на двајцата
големи македонски кралеви - Филип II и Александар III настапува периодот на
истрошеност на полисна Грција и триумф на Македонија. Победничката
Македонија го превзема светот, но и светот ја превзема неа во мешањето на
различностите и културите. Токму тоа мешање на културите преку
распрснувањето на хеленската и македонската, им обезбеди бесмртност и вечна
слава на двајцата велики Македонци. По смртта на Филип и Александар стариот
свет не бил повеќе истиот, а двете цивилизации заедно со "освоениот" свет ја
создале новата светска цивилизација - хеленистичката.
_______________________________________________
11-Од реформите на кралот Филип II посебно значење имале воената и
финансиската реформа. Со воената реформа тој ја преуредил војската така што
во неа најважна улога добила тешко вооружената пешадија, познатата
македонска фаланга која претставувала најмоќна воена сила во тогашниот свет.
Освен пешадија, војската се состоела и од коњаница која била распоредувана на
левото и десното крило на фалангата. Била формирана и посебна кралска гарда.
Филип II вовел во борбата катапулти, кои се применувале при опсадата на
градовите. Со финанасиската реформа на кралот Филип II во македонската
држава била воведена златна монета - статер. Филип е првиот македонски
владетел што ковал златни пари. Пуштањето во оптек на златни монети имало
големо значење за развитокот на македонската трговија и придонело за
економското стабилизирање и издигнување на македонската држава.
Македонскиге златни статери биле насекаде барани. Со тоа, биле создадени
услови за јакнење и проширување на економското и политичкото влијание на
македонската држава и надвор од нејзините граници.

12-Така, на пример за да му се додвори на басилевсот Филип, а веројатно и


поради своето искрено мислење (и надеж за обединување на хеленските
полиси), Исократ ги напаѓа демагошките ретори од антимакедонската страна
(пред се мисли на Демостен), нарекувајќи ги "клеветници" кои озборуваат дека
Филократовиот мир, на дело е војна, дека силите на Филип растат но не во
интерес на Хелада, туку токму против Хелада (за ова отворено говори Демостен
во Филипиките) (Ана Шукарова, Филип II Македонски и атинските ретори,...,
35).

13-Демостен (384 г.п.н.е. - 322 г.п.н.е.) бил атински политичар и најславен


говорник меѓу Хелените. Во политиката бил огорчен противник на ширењето на
македонското влијание. Негови најпознати говори му биле "Филипики",
напишани против Филип II и против политичарите во Атина кои ја прифаќале
соработката со освојувачот.

14-Така, во втората Филипика се наведува дека Филип го крши мирот и им носи


гибел на сите Хелени, дека се заканува со голема воена сила на која Атина не
може да се спротивстави, дека веќе нема граѓанин кој не чувствува страв од
напредувањето и господството на Филип (не се плашат,алудира Демостен, само
приврзаниците на Филип кои очекуваат да дојдат на власт) (Ана Шукарова,
Филип II Македонски и атинските ретори, Три, ИНИ, Скопје 2003,120).

15-Бидејќи единствено Спартанците се спротивставиле на сојузот со


Македонија, македонските војници, заедно со војниците на Аркадија, Месенија
и Екида тргнале во поход против Спарта. Војските ја опустошиле Лаконија, но,
мудриот Филип сакајќи да ја придобие наклоноста на Хелада и на историјата, не
пристапил кон уништување на градот Спарта кој заедно со Атина имал
извонредно историско значење. Така, во случајот со Спарта Филип применил
вешта дипломатска игра. Тој свикал т.н. "тритејски суд" во којшто учествувале
членови од цела Хелада со наводна цел да се реши спорот околу областите меѓу
Спарта и нејзините соседи. Судот решил Спарта да ја задржи единствено
областа на Лаконија, а териториите кои ги добила со војување биле вратени на
Аргос, Месенија, Мегалопол и Тегеја. (Ана Шукарова, Филип II Македонски...,
310).

16-Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период,..., 54; А. Шукарова,


Филип II Македонски...„ 312-313.

17-Види: Историја на македонскиот народ, том први, ред. Бранко Панов, Скопје
2000,90-93.

18-Историја на македонскиот народ, том први,..., 92.

19-Александар III Македонски е роден во летото 356 г.п.н.е. во македонската


престолнина Пела, од мајка Олимпијада, првата жена на Филип П. Бил ученик
на Аристотел, генијален војсководец и вешт дипломат. Римјаните му го дале
прекарот Велики. Рано бил вклучен во државните и воените работи на татко му.
Бил македонски цар од 336 до неговата смрт на 13 јуни 323 г. п.н.е. Учествувал
во многу битки и походи на чело на македонската војска и создал царство кое се
протегало од западното крајбрежје на Балканскиот Полуостров до Индија на
исток, од Дунав и Црно Море на север, до Египет, Либија и Киренаика на југ.
Тој не бил само освојувач, туку и творец на нов поредок. Неговите освојувања
го смениле ликот на античкиот свет. Останал опишан од современиците поради
неговата вонредна личност, молскавичен подем, блескаво владеење и сјајни
победи.

2. СРЕДНОВЕКОВИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

Македонското име и традиција ќе продолжат низ вековите. Во сплетот на


разните мешања на античките народи со племињата кои на крајот 1на антиката
го преплавиле Балканскиот Полуостров, на етно-географската територија на
Македонија се создаде македонскиот народ, а во поновата историја и
македонската нација. Но, проклетството и злото на предавствата и атентатите е
дел од историјата на народот што стана наследник на античкото име -
Македонци, а во себе македонската крв ја измеша најповеќе со словенска,
преземајќи го јазикот, а потоа и со бројни други племиња и народи кои
поминувале или останувале на Балканот.
Во низата на разните освојувачи на Македонија, посебно место им припаѓа на
Римјаните и на римското владеење. Ова владеење оставило уште еден
цивилизациски напласт во разните мешања на културите и етносите на
балканската почва, а особено ќе дојде до израз низ постоењето на Источното
Римско Царство односно Византија20.
Македонското средновековие е тесно поврзано со историјата на соседните
народи и царства, но, пред се со доаѓањето на Словените21 кои, одиграле
пресудна улога во етногенезата на повеќе балкански народи (јужнословенска
група). Во текот на целиот VI век територијата на Македонија била изложена на
жестоки напади на словенските племиња од север, од зад реката Дунав22. По
долги и тешки борби со Византија, во втората половина на VI и првите децении
на VII век, словенските племиња целосно ја запоседнале територијата на
Македонија, освен градот Солун кој бил постепено населуван23.
Со населувањето на Словените во Македонија дошло до значајни промени во
составот на населението. Еден дел од староседелците (романизирани
Македонци, потомци на римските колонисти и други) се повлекле пред
словенските напади кон Солун, а другиот, поголемиот дел се засолниле
привремено во планинските предели и ја преживеале словенската инвазија. Кога
опасноста поминала тие се вратиле во своите живеалишта и продолжиле да
живеат во близина на Словените, или пак во заеднички населби со нив.
Започнал процес на мешање на Словените со домородното македонско
население24. Словените го наметнале својот јазик, а од староседелците
прифатиле различни антички фолклорни претстави и обичаи25, а и примиле
многу постигања од областа на селското стопанство, одгледувањето на нови
култури (грозје, маслинки), занаетчиството, градежништвото и уметноста. Дека
Словените во Македонија затекнале и се измешале со голем број античко
население покажуваат и резултатите од антропологијата и генетиката.
Податоците од топонимијата, иако недоволно истражена, исто така, го
потврдуваат живиот контакт помеѓу Словените и староседелското население26.
Византија не сакала да се помири со губењето на Македонија и во текот на VII и
VIII век организирала неколку походи против склавиниите27, за да ги поврати
загубените територии. Византијците успеале да ги потчинат склавиниите околу
Солун и на териториите помеѓу Солун и Цариград. Притоа, за да ги разбијат
склавиниите, голем дел од потчинетите Словени Византијците принудно
преселиле во Мала Азија. Меѓутоа, склавиниите во внатрешноста на
Македонија останале надвор од византиската власт и продолжиле да живеат
самостојно и независно. Таквата ситуација траела до средината на IX век, кога
овие склавинии биле освоени од Бугарите и влегле во составот на бугарската
држава28.
Поимите Словени и Бугари во деветтиот и десеттиот век се доследно
разграничувани низ изворите. Тоа е последица од посебното издвоено постоење
на етносите носители на соодветните поими. Поимот Словени се користи за
означување на припадници на словенскиот етнос, кој се сфаќа како единствен и
во кој влегуваат сите Словени (од Македонија, Велика Моравија, Русија). Овој
етнос има свој словенски јазик, писменост и обичаи.
Од своја страна поимот Бугари се користи со две значења - етничко и
политичко. Во етничка смисла со него се означува турски по припадност етнос
населен во Добруџа, кој имал свој јазик и свои обичаи, слични на оние на
другите турски народи во овој период29. Во политичка смисла поимот се
користи во однос на сите жители на бугарската држава во која постоела
тенденција за политичко-административно хомогенизирање со одземањето на
автономијата на Склавиниите во првата половина на IX век, и нејзиното
претворање во Царство по византиски урнек во X век со сите, за тоа време
карактеристични, универзалистички тенденции и сфаќања30.
Најголем подем бугарската држава достигнала за време на владеењето на
Симеон, бугарски кнез (893-913) и цар (913-927)31, кога словенскиот јазик
станал книжевен јазик. Таа се протегала од Црното Море, на исток, до
Јадранското Море и границите на Хрватска на запад и од Епир и Тесалија на југ
до Карпатите на север. По смртта на Симеон, за време на неговиот наследник
Петар (927-969), бугарската држава видливо слабеела и опаднала нејзината
превласт на Балканот.
________________________________
20-Источното Римско Царство настанало по поделбата на Римската Империја во
395 г. Било наречено Византија, по името на престолнината, стариот грчки град
Византион, денес Цариград. Тоа ги зафаќало земјите на Балканскиот
Полуостров, меѓу кои и Македонија, потоа Мала Азија, Сирија, Палестина и
Египет. На оваа територија живееле разни народи: Грци, Македонци, Сиријци,
Евреи, Египтјани и други. Сите тие се нарекувале Ромеи/Римјани. Византиските
цареви се сметале за наследници на римските владетели, а службен јазик во
државата се до VII век бил латинскиот, а потоа грчкиот. Источното Римско
Царство, за разлика од Западното кое пропаднало во 476 година, успеало да се
одбрани од нападите на варварските племиња и продолжило да живее уште
илјада години, до паѓањето на Цариград под османска власт во 1453 г.

21-Словените имале индоевропско потекло. Тие претставувале посебна


лингвистичка и културна гранка во рамките на големата индоевропска заедница,
на која и припаѓале многу народи во антиката (Тракијци, Хелени, Илири,
Македонци и други), како и многу од современите народи (Германци,
Французи, Англичани, Италијани, Швеѓани и други). Прататковината на
Словените се наоѓала во рамнините на Централна и Источна Европа, од реките
Одра и Висла на запад, до Дњепар на исток, од Балтичкото Море на север, до
Карпатите на југ.
22-Византија правела напори да ги запре словенските напади. За таа цел
императорот Јустинијан I (527-565) изградил на Балканот цел систем силни
утврдувања, меѓутоа, словенските напади не само што не биле запрени, туку
продолжиле со уште поголема жестина.

23-На територијата на Македонија се населиле повеќе словенски племиња, и


тоа: Драговитите (западно и северно од Солун, подоцна се среќаваат во
Повардарието и во Полог), Берзитите (териториите помеѓу Охрид, Прилеп и
Велес), Сагудатите (во близината на Солун, западно од градот), Ринхините
(источно од Солун и на полуостровот Халкидик), Струмјаните/Стримонците (по
реките Струма и Струмешница), Смолјаните (по долината на реката Места во
Источна Македонија), Вајунитите (западно од Солун, а подоцна се преселиле во
Епир).

24-Кон процесот на мешањето на населението придонесувал и обичајот кај


Словените, да не ги држат заробените "Ромеи" подолго време, туку ги
ослободувале, давајќи им право да живеат како слободни во Склавиниите.

25-Помеѓу овие обичаи, карактеристично е тоа, што веројатно под влијание на


домородната македонска популација, Словените почнале да ги погребуваат
мртвите напуштајќи го својот обичај на спалување на мртвите и погребување во
грне (Види: Никос Чаусидис, Контактот на културата на Јужните Словени и
Византија, прилози за истражувањето на Историјата на културата на почвата на
Македонија, Макропроект: "Историја на културата на Македонија", кн. 2,
МАНУ, Скопје 1995,97-98).

26-И по населувањето на Словените, во Македонија биле сочувани голем број


на антички имиња, како на пр. имињата на големите реки во Источна
Македонија, Струма и Места, имињата на градови како Штип, Скопје, Стоби,
Воден, планината Беласица, Пелагонија итн. (Види: Петар Хр. Илиевски,
Јазиците на почвата на Македонија во античкиот и рановизантискиот период,
"Јазиците на почвата на Македонија", кн. 3, МАНУ, Скопје 1996,24-30).

27-Териториите на кои што се населиле словенските племиња во Македонија од


Византијците биле наречени Склавинии. Склавиниите биле самостојни
политичко-територијални целини, односно, полудржавни организации на
словенските племиња. Тие претставувале независни кнежества на чело со
племенски водачи. Имале сопствена управа и располагале со свои воени сили
(војска).

28-Бугарите биле народ од турско потекло. Псевдо-Маврикиј ги наведува


имињата на повеќе бугарски племиња како: Оногури, Кутригури, Утигури,
Уногундури и др. Верувале во повеќе богови, а најмногу го почитувале
врховниот бог Тангра. На чело со ханот Аспарух, кон средината на VII век, еден
дел од бугарските племиња од Азија (од бреговите на Каспиското Езеро)
продираат во источниот дел на Балканскиот Полуостров. Византијците не
успеале да ги запрат бугарските напади. Бугарите ги освоиле териториите
помеѓу Дунав и Стара Планина и таму, во 681 година формирале своја држава
на чело со канот Аспарух, со престолнина во Плиска. На овие територии
Бугарите затекнале осум словенски племиња и ги принудиле да ја признаат
нивната власт и да им плаќаат данок. Бугарите биле помалубројни од Словените
и постепено се слеале со нив, а го прифатиле и словенскиот јазик. Сепак
називот за народот и државата останал според азиското племе. Ова толкување за
нас е прифатливо, иако за тоа постојат и поинакви толкувања.

29-Изворите не прават етничко разграничување меѓу Дунавските Бугари и оние


по Волга и Хазарија.

30-Стојко Стојков, Македонија помеѓу Византија и Бугарија, VII-Х век


(политички и етнички односи), магистерски труд одбранет на Филозофскиот
факултет во Скопје, Скопје 2003,181.

31-Симеон ја пренел престолнината на бугарската држава од Плиска во


Преслав.

2.1. Самуил и Арон

Во втората половина на X век дошло до заострување на односите помеѓу


Византија и бугарската држава, во чиј состав тогаш влегувала и Македонија.
Византија одбила да им плаќа данок на Бугарите и успеала, давајќи му богати
подароци, да го наговори воинствениот киевски кнез Свјатослав да ја нападне
Бугарија32. Македонија не била засегната од нападите на кнезот Свјатослав.
Таму, во Охридско-Преспанската област управувал комесот Никола со своите
четворица синови, комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, Ерменци по
потекло. Четворицата браќа ја искористиле нестабилната и несредена ситуација
во Бугарија за да ја отфрлат врховната бугарската власт и да се осамостојат. На
териториите на Западна и Југозападна Македонија комитопулите во 969 година
формирале своја држава со престолнина во Преспа, на островот Св. Ахил. Оваа
држава подоцна ќе стане позната како Самуилово Царство, а покрај Преспа,
престолнина на државата ќе стане и градот Охрид.
Во почетокот четворицата браќа владееле заеднички со државата, односно била
воспоставена тетрархија (четиривластие). За да ја зачуваат државата
комитопулите се согласиле да ја признаат врховната византиска власт33. Но,
иако ја признале врховната власт на императорот Јован I Цимиски,
комитопулите имале голема самостојност во владеењето34.
По смртта на Јован I Цимиски35, во почетокот на 976 година, комитопулите ја
отфрлиле византиската власт и започнале самостојно да владеат. Тие веднаш
започнале енергични воени акции против Византиското царство и успеале
значително да ги прошират териториите на македонската држава. Меѓутоа,
набрзо во борбите загинале двајца од браќата: најстариот брат Давид бил убиен
од некои Власи на просторот помеѓу Преспа и Костур, а вториот брат Мојсеј
загинал при опсадата на градот Сер, во Источна Македонија.
По загинувањето на двајцата постари браќа, наместо дотогашната тетрархија, во
државата настанала дијархија, т.е. останале да владеат двајцата помлади браќа
Арон и Самуил. Тие заедно се бореле и во битката кај Трајановата Врата
(Ихтиман) во 986 година и во другите воени потфати, со цел да ги прошират
државните граници. Но, заедничкото владеење на Арон и Самуил не траело
долго. По битката кај Трајановата Врата дошло до меѓусебни несогласувања и
до раздор меѓу браќата. Како што известува историчарот Јован Скилица,
главниот извор за историјата на Самуиловата држава, Арон сакал да ја приграби
сета власт во државата за себе. Поради тоа, се приближил кон Византија,
надевајќи се дека таа ќе му помогне да ја земе власта во државата. Меѓутоа, во
борбата за престолот Самуил бил поуспешен. Тој разбрал за плановите на својот
постар брат и решил да го ликвидира. Двата византиски хроничари - Скилица и
Зонара, секој подетално и независно еден од друг, тврдат едно исто - дека
Самуиловиот брат Арон се стремел "сам да си ја обезбеди власта" и покажал
склоност за соработка со Ромеите36. Така, Арон бил убиен по наредба на
Самуил. Според суровите закони на средновековието судбината ја споделило и
целото негово семејство. Арон заедно со целата своја фамилија бил убиен во
околината на Раметаница, во 986 година. Се спасил единствено син му Јован
Владислав, благодарение на залагањето на неговиот братучед Гаврил Радомир,
синот на Самуил. Јован Владислав, по повеќе од четири децении на притаена
омраза и завист, му се оддолжил на Гаврил Радомир за подарениот живот
враќајќи му со смрт. Околу причините за убиството на Арон, постои и едно
интересно поразлично толкување. Имено иако Скилица-Кедрен, наведува дека
постоеле четворица браќа комитопули, историчарот С. Адонц користејќи ги
податоците на двата источни писатели Асолик37 и Јахја смета дека постоеле
само двајца, односно еден комитопул. Имено Асолик и Јахја правеле разлика
помеѓу Самуиловото и Ароновото семејство. Додека имињата Мојсеј и Арон се
старозаветни, библиски, дотогаш имињата Давид и Самуил биле чести помеѓу
ерменските феудалци38. С.Адонц се повикува и на споменикот од 992/993
година каде се споменува само еден Самуилов брат - Давид. Арон и Мојсеј
според Адонц биле синови на една Ерменка и на Јован, брат на царот (бугарски)
Петар (927-969), кој по неуспешната побуна бил затворен во манастир. Со тоа,
според Адонц, би се објаснило зошто Самуил го убил Арона, па и
подоцнежните судири во семејството, како и различните убиства и одмазди.
Понатаму, тој смета дека забуната настанала заради тоа што Арон и Мојсеј биле
од ерменско потекло по мајка па се помешани со Самуил и Давид, кои биле со
чисто ерменско потекло. Сепак овие комбинации на Адонц се сосема
неприфатливи, не само затоа што Асолик не е особено сигурен извор, помеѓу
другото, туку и затоа што ни нему ни на Јахја односите во семејството на
комитопулите не им биле сосема јасни (Јахја на пример и инаку ги меша
имињата, такашто и Петар и Роман ги нарекува Самуил)39.
По убиството на Арон единствен владетел на македонската држава станал
Самуил40. Под својата власт Самуил ја обединил цела Македонија (освен
Солун), старите бугарски земји помеѓу Дунав и балканските планини, Тесалија,
Епир, дел од Албанија со Драч и поголемиот дел од српските земји. Се
прогласил за цар и во новонастаната држава ја воспоставил бугарската
патријаршија, која претходно била укината од Византијците.
Иако во бугарската историографија оваа нова држава на Балканот се нарекува
Западно бугарско царство, неспорно е, според повеќе историчари дека "се
работи за држава на Македонските Словени"41. Чувството дека Самуиловата
држава "е нешто ново и по центарот и дури по етничкиот состав на централните
области" се манифестирало кај различни странски историографи. Секогаш
внимателниот Јиричек, пишувајќи за Самуиловата држава наведува дека
непријателите на Василиј II редовно се нарекувале "Бугари" во грчките,
арапските, ерменските извори, а исто така и кај Поп Дукљанин. Литаврин,
пишувајќи за Бугарија и Византија, се оградува од постојните етнички
проблеми. Кога станува збор за "Бугарите" и за "Бугарија", во тоа време,
Литаврин ја потцртува условноста на таквата терминологија42.
Најчесто византиските писатели под Бугари го подразбирале населението кое
живеело во рамките на бугарската држава. Во X век се уште под тоа име не се
појавуваат жителите на Бугарската тема, бидејќи таа е основана дури во
почетокот на XI век. Во поранешниот период називот бил ограничен на т.н.
протобугари, но набрзо се пренел на државата и целото нејзино население, на
постарите словенски племиња и на се уште етнички различните Бугари. Во таа
смисла треба да се сфати Скилица: кога зборува за Бугарите, тој мисли на
населението на бугарската држава од периодот на Петар, па според тоа, смета
Острогорски дека е "илузорно да се спуштаме во етничките разликувања врз
основа на неговите податоци". Кога византискиот цар Јован I Цимиски поставил
конкретни територијални барања тој не се служел со релативно неодредени
поими, како што е "Бугарија", туку јасно барал Свјатослав да ја напушти
Мизија, која припаѓа на Ромеите и која некогаш била дел од Македонија. Од
друга страна помеѓу јужнословенските племиња немало големи разлики ниту
пак Византијците нив ги чувствувале целосно43. Резимирано, можеме да
кажеме дека византиските автори и некои западни извори до крајот на X век под
Бугари во етничка смисла разбираат народ сроден на Хуните, Аварите,
Хазарите, Котрагите и Куманите44.
Зборувајќи за карактерот на Самуиловото царство, и Георгие Острогорски
укажува дека реално, ова царство било идеолошки поврзано со старото бугарско
царство, па затоа и самите негови творци и Византијците го нарекувале
бугарско, бидејќи традициите на царството и на патријаршијата, освен во
Византија, постоеле само уште во Бугарија. Самуил ги прифатил тие традиции и
го превзел наследството на Симеоновото и Петровото царство, кое паднало под
ударите на Византија во 969 година45.
Но, во суштина неговото царство значително се разликувало од царството на
Симеон и Петар46. И по состав и по карактер тоа било ново царство. Неговото
тежиште се поместило кон југозапад и Македонија го сочинувала неговото
јадро. Затоа, денес е апсурдно повикувањето на бугарскиот карактер на
македонскиот народ (кој нема Протобугари во својата етногенеза), зашто се
работи за два различни народа, со различна етничка смеса во која повидлив
заеднички етнички супстрат биле Словените, како и кај повеќе народи во
Европа.
За време на владеењето на Самуил (976-1014) македонската држава го
доживеала својот најголем процут. Самуил бил многу талентиран и вешт
владетел, војсководач и дипломат. Постигнал големи успеси во војната против
Византија и успеал да ги прошири териториите на својата држава надвор од
границите на Македонија. Под своја власт ја обединил цела Македонија (освен
Солун), а потоа ги потчинил и околните, како и некои од подалечните
балкански земји.
Користејќи ја тешката ситуација во Византија, која била зафатена со внатрешни
немири, Самуил за кусо време успеал да освои голем дел од византиските
територии на Балканот47. Византискиот император Василиј II (976-1025) се
обидел да го запре ширењето на Самуиловата држава. Меѓутоа, во битката што
се одиграла во 986 година кај Трајанова врата (денес Ихтиман кај Софија)
Византијците претрпеле катастрофален пораз. По оваа голема победа Самуил ги
освоил Источна и Североисточна Бугарија и ги проширил границите на
македонската држава до делтата на реката Дунав. Потоа, војувал во поширката
околина на Солун, каде што го освоил градот Бер (989 го-дина). Овие успеси на
Самуил, Јован Геометар го опеал со зборовите: Горе кометата го палеше етерот
на вселената, а долу комитот со оган Запад го пустошеше"48.
Кон средината на 90-те години на X век Самуил, од околината на Солун,
превзел поход кон јужните делови на Балканскиот Полуостров. Со голема
војска навлегол во Тесалија, Беотија, Атика, а преку Коринтскиот теснец
стигнал и на Пелопонез. Во меѓувреме, Византијците успеале добро да се
подготват и да ја дочекаат Самуиловата војска, која се враќала од походот. Во
битката што се одиграла во 996 година кај реката Сперхеј (во близина на
Термопилите) Самуил претрпел тежок пораз. Тој бил ранет во битката, но
успеал да се спаси со помош на син му Гаврил Радомир и да се врати во
Македонија
Поразот кај Сперхеј не го поколебал Самуил. Набрзо потоа тој превзел
нов поход, овојпат на запад, кон Јадранското приморје. Без поголеми тешкотии
ја освоил Дукља49, а потоа се упатил кон северозапад и поминал низ Далмација.
Не успевајќи да освои ниеден приморски град, ниту пак остров, Самуил со богат
плен се вратил во Македонија и тоа преку Босна и Рашка, кои ја признале
неговата власт.
По успешниот поход на запад дошло до значително проширување на границите
на македонската држава. Во нејзиниот состав сега биле вклучени поголем дел
од балканските земји. Власта на Самуил ја признавале: Тесалија, Епир,
Албанија, Дукља, дел од Далмација (до реката Цетина), Босна, Рашка и
поголемиот дел од Бугарија. Самуиловата држава се протегала од Црното Море
на исток, до Јадранското Море на запад, од реките Сава и Дунав на север, до
Грција на југ. Таа претставувала најголема држава што била формирана на
Балканот по доселувањето на Словените. Македонија била центар на оваа
голема држава. По успешните воени походи и големите територијални
проширувања на државата, кон крајот на X век (997 година) Самуил се
прогласил за цар, а македонската држава станала царство. Самуил ја добил
круната од римскиот папа, а чинот на крунисувањето го извршиле свештеници
испратени од Рим. Со крунисувањето на Самуил за цар со благослов на папата
Григориј V (996-999), македонската држава добила меѓународно признание и се
наредила во редот на најиознатите држави во тогашна Европа.
Но, Самуиловото царство не доживеало мирни денови, особено во
непрекинатото четиригодишно војување против византискиот император
Василиј II Ова војување предизвикало внатрешни немири, а се јавило и
предавство од управниците на одделни градови. Самуил постепено ги губел
териториите. Најпрво го изгубил Скопје, а потоа и Драч благодарение на
предавството на неговиот зет Ашот и ќерка му Мирослава. Ашот уште по
пристигнувањето во Драч почнал да крои планови како да го предаде градот на
Византијците. Јован Скилица соопштува дека Ашот по добивањето согласност
од жена му Мирослава за неговиот план50, влегол во врска со Јован Хрисилиј за
чија ќерка Агата бил оженет Самуил и важел за еден од највлијателните
првенци во Драч и пошироката околина. Тој му ветил на Ашот дека "ќе го
предаде градот Драч на императорот доколку тој и неговите два сина се
здобијат со титулата патрициј". По постигнатиот договор, Ашот заедно со
Мирослава го напуштиле Драч и со "ромејски триари, кои пловеле покрај
брегот" пристигнале во Цариград. Тука Ашот бил удостоен од Василиј II со
титулата магистер, а Мирослава со титулата зости (дворска дама). Ашот му ги
предал на императорот и писмата на Јован Хрисилиј со кои тој нудел предавање
на градот Драч, доколку бидат задоволени неговите барања. По исполнувањето
на барањата на Јован Хрисилиј, неговиот син Теодор во 1005 година му го
предал Драч на Евстатиј Дафнимен. Наскоро потоа умрел Јован Хрисилиј, а
неговите синови ја добиле титулата патрициј51.
Со ова предавство, губејќи го Драч, царот Самуил бил лишен од најважните
воено-стратегиски центри на Јадранот. Василиј II, пак, бил уште повеќе
осоколен за преземање нови воени походи против Самуиловото Царство.
Одлучната и пресудна битка се одиграла на 29 јули 1014 година на падините на
планината Беласица, кај Кјава (Кимба), Лонгу и Клидион. За да ги запре
постојните навлегувања на византиската војска во територијата на својата
држава, Самуил ја преградил клисурата со силно утврдување (дема) и успешно
ги одбивал нападите на византискиот император Василиј II. Меѓутоа,
византискиот војсководец Никифор Ксифија, со брз марш по заобиколен пат, ја
поминал Беласица и ненадејно од грб ги нападнал Самуиловите војници52.
Притоа, биле заробени околу 14-15.000 војници. Поразот на Самуил бил
целосен53. Самуил едвај успеал да се спаси со помош на син му Гаврил
Радомир и да се засолни во Прилеп.
По трагичниот пораз на Беласица започнала агонијата на средновековната
македонска држава. Византијците својот триумф над војниците на Самуил го
запечатиле со можеби најмасовното ослепување кое го извршил некој џелат врз
некој осуденик во светската историја. Биле ослепени околу 14.000 луѓе, кои во
патилата на темнината и неизмерната физичка болка, испратени од
византискиот император, стигнале пред својот цар. Крајно потресен од ужасот
што го здогледал, Самуил не можел да го преживее тој невиден злочин над
неговите војници. Неговото срце престанало да чука на 6 октомври 1014 година,
во Преспа. Во суштина ослепувањето на војниците претставувало индиректен
атентат врз македонскиот владетел, можеби посуров и пострашен и од самиот
чин на директно убиство.
________________________
32-Во 968 г. Свјатослав навлегол со голема војска во Бугарија и успеал да освои
голем дел од нејзината територија, но морал да се повлече за да го одбрани Киев
од нападите на Печенезите. Во меѓувреме, умрел бугарскиот цар Петар (во
почетокот на 969 г.), а на бугарскиот престол се искачил неговиот син Борис II
(969-971). Во летото 969 г. Свјатослав по вторпат го поминал Дунав и навлегол
во Бугарија. Овој поход на рускиот владетел завршил со целосен успех.
Бугарскиот цар Борис II бил заробен и симнат од престолот, а Свјатослав станал
господар на Бугарија.

33-Енергичниот византиски џмператор Јован I Цимиски (969-976) го победил


кнезот Свјатослав и го принудил да се повлече од територијата на Бугарија.
Набрзо потоа, Јован Цимиски ја ликвидирал и бугарската држава (971 година).
Бугарскиот владетел Борис II бил одведен во заробеништво во Цариград, а
територијата на Бугарија била вклучена во составот на Византиекото царство.

34-Во 973 година тие, самостојно, испратиле свое пратеништво кај германскиот
император Отон I, за да му ги честитаат Велигденските празници и да му
однесат богати подароци од Македонија. Пратеништвото, кое го предводеле
двајца од браќата, Отон I го примил на својот двор во Кведлинбург во март
истата година. Со оваа дипломатска акција комитопулите сакале да ја подобрат
меѓународната положба на својата држава и да воспоставаг врски со другите
европски земји, чии пратеници исто така му го честитале Велигден на
германскиот император и престојувале на не-говиот двор.

35-Во 976 комитопулите од корен ја смениле својата дотогашна политика кон


византиска држава не сакајќи повеќе да ја признаваат византиската врховна
власт. Тие веќе толку зајакнале што биле сигурни дека можат успешно да му се
спротистават на моќното Византиското царство и самостојно да владеат.

36-Тончо Жечев, Духът на отрицанието в нашата история, "Предателите и


предавствата в бъгарската история, София 1993,19.

37-Асолик или Асохик (Х-ХI в.) бил ерменски историчар. Напишал светска
историја во која што ги опишал настаните од создавањето на светот до 1004 г.
Помеѓу другото оставил податоци и за Самуиловата држава, како за потеклото
на Самуил така и за борбите со Василиј II итн., но овие податоци се доста
несигурни. Асолик наведува дека комитопулите потекнувале од кантонот
Дерџан во Ерменија и дека од таму ги донел Императорот Василиј II за да се
борат против Бугарите. Различни податоци оставила Ана Комнена во нејзиното
дело "Алексијада" (напишано во XII век). Комнена наведува дека своето
потекло Самуил го водел од некој си Мокр, а тоа се поврзува со областа Мокра
која се наоѓала во близина на Охрид. Тргнувајќи од ова тврдење на Ана
Комнена, д-р Бранко Панов се приклучува кон тезата дека родот на
комитопулите потекнувал од бившата склавинија "Берзитија", т.е. од родовите
берзитски кнежевски семејства. (Историја на македонскиот народ, том
први,...361-362)

38-Историчарите кои се занимаваат со овој период, помеѓу другото, расправале


и за имињата на комитопулите. Овие имиња, очигледно не се словенски, а
браќата ги носеле во средина која во најголем дел била словенска. Освен тоа,
покрај имињата, односно пред нив не е дадено словенското име, како што бил
чест случај во слични ситуации. (на пр. Гаврил-Радомир, Јован-Владислав итн.).
Прв Јиричек укажал дека на Истокот старозаветните имиња не биле ретки и
дека тие од 9-12 век се појавуваат и на Балканскиот Полуостров, во Венеција
итн. Петковиќ додава дека тие се карактеристични и за Арапите, Персијците,
Турците и Ерменците.

39-Јован Скилица, "Византијски извори за историју народа Југославије", том III,


(Уредник Георгије Острогорски и Фрањо Баришиќ), Београд 1966,69-70.

40-Самуил бил најмладиот син на комесот Никола и Рипсимија, татко на царот


Гаврил Радомир. Во периодот 997 -1014 година бил цар на државата која според
него е наречена Самуилово царство.

41-Во своите истражувања, м-р Стојко Стојков (цит. труд, стр 182) се
спротивставува на раширеното во науката гледиште за создавање на посебни
словенски народи и за исчезнување на (пра)бугарскиот етнос на Балканот во
десеттиот век. Тој смета дека тезата за мешање на Бугарите и Словените не се
потпира на позитивни изворни податоци и заклучува: "Макар во политичка
смисла поимот Бугари да се употребува и за Словените во бугарската држава, на
етнички план изворите нив доследно ги разграничуваат. Не се наоѓаат податоци
за постоење на свест за постоење на посебни народи, па ниту на
словенобугарски. Констатираме дека во ниту еден словенски текст Словените
не се нарекуваат себеси Бугари и во ниту еден бугарски текст Бугарите не се
нарекуваат себеси Словени!" Во прилог кон ова интересно толкување, би
можеле да наведеме некои европски патеписци кои го опишуваат османлиското
освојување на Пловдив, при што помеѓу освојувачите и жителите на градот
немало разлики (и на двете страни се гледале бричени глави, со перче итн.).

42-За историчарите не било лесно да објасат како и зошто византиските


писатели употребувале најразлични називи за словенските племиња (Мизи,
Скити, Бугари итн.). Имињата на некои племиња тие ги бележат онака како што
им биле соопштени, понекогаш, во зависност од културните склоности или
литературни амбиции, им даваат имиња преземени од класичните времиња, се
случувало истовремено со класичното име да го наведат и современото или да
ги нарекуваат жителите според темата или сосема воопштено според државата,
пренесувајќи ги имињата на целото население. Освен тоа, треба да се земе
предвид дека гледиштата и сфаќањата на византиските писатели за етничките
проблеми се сосема различни од денешните. За нив тие биле или споредни или
ги посматрале од гледиштето на припадници на голема, стара, културна држава
наспроти варварскиот свет.

43-Јован Скилица, "Византијски извори за историју народа Југославије", том III,


(Уредник Георгије Острогорски и Фрањо Баришиќ), Београд 1966,59-60.

44-Види поопширно: Стојко Стојков, Македонија помеѓу Византија и Бугарија,


VII-Х век (политички и етнички односи), магистерски труд одбранет на
Филозофскиот факултет во Скопје, Скопје 2003,133-180.

45-Види: Г. Острогорски, Историја Византије, Београд 1970; Воена


Енциклопедија, VIII, Београд 1970-1975,330.

46-По смртта на бугарскиот владетел Симон (893-927) на чело на бугарската


држава дошол неговиот син Петар (927-969). Петар во 927 година склучил мир
со Византија, со што бил ставен крај на долготрајната Византиско-бугарска
војна. Откако се оженил со византиска принцеза, Петар бил официјално
прогласен за "цар на Бугарите", земјите со кои владеел биле прогласени за
"бугарски земји", а поданиците за "Бугари". На тој начин, Византија се држела
до востановената традиција, целата територија на Првото Бугарско Царство да
се означува како "Бугарија", а сите поданици без разлика на народносната
припадност со поданичкиот назив "Бугари". Таквата практика продолжила и по
пропаѓањето на Првото Бугарско царство во 971 година, кога неговите
поранешни владенија византиските и други писатели продолжиле да ги
именуваат како "бугарски", независно од тоа дали се однесувале на македонски,
српски или албански територии, а жителите "Бугари" како поданици на бившото
Бугарско царство. (Историја на македонскиот народ, том први..., 319-320).

47-Неговите први походи биле насочени кон Солунската област и кон Тесалија.
Голем успех на Самуил претставувало освојувањето на Лариса (985 г.),
најголемиот град на Тесалија. Од Лариса Самуил ги пренесол во својата
престолнина Преспа моштите на св. Ахил, епископ на Лариса во IV век, учесник
на Првиот собор во Никеја во 325 годша. По тој повод, со името на овој
светител била подигната црква во Мала Преспа, на островот што и денес го
носи неговото име (Ахил).

48-Јован Геометар, "Византијски извори за историју народа Југославије", том


III, (Уредник Геор-гије Острогорски и Фрањо Баришиќ), Београд 1966,24-25.

49-Самуил го заробил и владетелот на Дукља, кнезот Јован Владимир кој


подоцна му станал зет. Јован Владимир се оженил со ќерката на Самуил,
Косара, и бил вратен да владее во Дукља, како вазал на Самуил.

50-Според Јован Скилица, по походот на Солун и пустошењето на неговата


околина,"Самуило среќно стигнувајќи дома ја омажил својата ќерка за Ашот,
синот на Таронит, откако го ослободил од затворот. Бидејќи во него се вљубила
ќерка му и претела дека ќе се убие ако законски не се векча со него. Откако ја
направил свадбата го испратил (Ашот, б.н.) со неа во Драч, будно да ја чува
областа. Кога стигна таму, се договори со жена си и ја убеди па со неа пребегна
на ромејски триери, кои пловеле вдолж брегот заради стражарење....". Јован
Скилица, "Византијски извори за историју народа Југославије", том III, , 91-93).

51-Јован Скилица, "Византијски извори за историју народа Југославије", том


III,, 93-94

52-Македонски историски речник(натаму МИР),..., 68.

53-Според Кекавмен биле заробени 14.000 Самуилови војници, а Скилица-


Кедрен наведува 15.000
(Кекавмен, "Византијски извори за историју народа Југославије", том III,.., 202).

2.2. Гаврил Радомир и Јован Владислав

Во историјата на средновековната македонска држава, во самата нејзина


династичка лоза, се случило уште едно братоубиствено крвопролевање. Бил
убиен Гаврил (Гаврило) Радомир, син на царот Самуил и царицата Агата,
совладетел и наследник на Самуил, втор по ранг во Самуиловата држава,
веднаш зад татко му, цар во периодот 1014-1015 година. Бил мошне силен и
храбар воин кој рано зел учество во војната што ја водел неговиот татко против
Византиското Царство. Учествувал во освојувањето на градот Лариса, заедно со
татко му Самуил во 985 година, кога биле заробени голем број Византијци.
Меѓу нив се наоѓала и убавата Ирина, во која се вљубил. Така, Гаврил Радомир
ја оставил својата прва жена, ќерка на унгарскиот крал, и се оженил за убавата
Византијка од Лариса.
Според Јован Скилица, Гаврил Радомир физички бил посилен од својот татко
Самуил, но далеку заостанувал "по умот и разумот". Учествувал во сите
поважни битки, а во битката кај реката Сперхеј и на планината Беласица успеал
да го спаси Самуила и да го извлече жив од бојното поле. Неговата храброст
особено дошла до израз во Беласичката битка, кога "храбро ги одбивал
напаѓачите" и качувајќи го татка си на својот коњ го оддалечил од боиштето.
Исто така и Поп Дукљанин го окарактеризирал царот Гаврил Радомир дека по
природа бил силен и храбар и водел многу војни против Василиј II 54.
Како совладетел на Самуил, Гаврил Радомир ги управувал териториите околу
Островското и Петерското Езеро, заедно со Пелагонија, а во Битола имал и свој
дворец. Заради неговата храброст, бил омразен кај Византијците, па можеби
затоа авторописецот на Чудата на Св. Димитриј Солунски го опишал во најцрни
бои како "човек-ѕвер и безумник, вистинско проклетство за сите кои ќе го
сретнат, злокобен знаменосец за сите соседи..."55.
По смртта на Самуил, Гаврил Радомир се искачил на престолот на којшто
претендирал и неговиот братучед Јован Владислав, синот на Арон. Водел
главно дефанзивна политика, настојувајќи да ги сочува териториите што ги
освоил неговиот татко Самуил. Се обидел да склучи мир со Византија за да ја
подобри влошената состојба во државата, но Византискиот цар Василиј II ја
одбил неговата мировна понуда и продолжил со војувањето. Така, во војната со
Византија, Гаврил Радомир изгубил дел од своите владенија, меѓу кои Северна
Пелагонија, Раец и Мегленската област. Успеал да ја одбрани Битола, каде што
се наоѓала неговата резиденција. Дефанзивната политика, внатрешните
несогласувања во државата и династичките борби како и вплеткувањето на
византиските дипломатски игри завршиле со неговото убиство, во летото
(август или септември) 1015 година, кај местото Петриско (Петерско) на брегот
на истоименото езеро, каде што се наоѓал на лов.
Според Чудата на Св. Димитрија Солунски на Јован Ставрикиј, народот силно
страдал од овој воин и барал помош од својот светец. Но, на "лелекот и солзите"
кои "секојдневно се пролевале..." "со повик до Маченикот " (Св. Димитрија)
Гаврил Радомир одговарал: "Еве, да видам дали ќе дојди Св. Димитрија да ги
спаси од моите раце". На крајот, Св. Димитрија се сожалил на лелеците и слегол
да му помогне на народот. Наводно, во моментот кога Гаврил Радомир "го
повел измачениот народ во лов", за да ги гонат боси ѕверовите, светецот како
молња го соборил од коњот и го убил со копје. "Радомировите придружници го
виделе Величенствениот на јаве како со силен удар го соборил и го убил со
копје. И Маченикот стана веднаш невидлив, а овој (Гаврил Радомир, б.н.)
истиот час умре и коските му се растурија дури до пеколот. Целиот угнетен
народ свечено се заблагодарувал на Великомаченикот за ослободувањето"56.
Покрај описот на убиството на Гаврил Радомир, што го дава Јован Ставракиј и
во кој се мешаат виденијата и чудата на Св. Димитрија Солунски, постојат уште
две помалку исцрпни верзии за ова убиство. Тие се каоѓаат во хрониката на
Јован Скилица и во Летописот на Поп Дукљанин. Иако во овие извори
убиството на Гаврил Радомир не се поврзува со чудата на светецот, сепак секаде
се нагласува дека најстариот син на Самуил бил убиен при лов. Затоа, можеме
да прифатиме дека овој настан веројатно и така се одиграл. Со вплеткувањето
на светецот во убиството на Самуиловиот син, преку давањето на нота на
мистичност, авторот Ставракиј сакал во суштина, да го прикрие вистинскиот
начин на кој е извршено ова планирано убиство.
Уште додека војувал во Мегленската област, по опожарувањето на Меглен, кај
царот Василиј II, пристигнал некој еднорак Ромеј кој му предал писмо од Јован
Владислав. Во писмото стоело известувањето дека Јован Владислав го "убил
Гаврил (Радомир) во Петерско и дека целата власт (во државата) ја пренел врз
себе, истовремено ветувајќи дека спрема императорот ќе покажува примерна
покорност и потчинетост", пренесува Јован Скилица57.
Историографите сметаат дека во убиството директно учествувал Јован
Владислав, со знаење и охрабрување од страна на византискиот цар Василиј II
58. Византискиот хроничар Јован Скилица, запишал дека Гаврил Радомир,
единствениот законит син на Самуил, веројатно имал 12-13 години кога го
молел татка си да му го поклони животот на Јован Владислав, синот на Арон.
Така, по неколку децении, Гаврил Радомир бил убиен од неговиот роднина,
човекот на кого во 976 г. му го спасил животот. По наредба на Јован Владислав
била убиена и жената на Гаврил Радомир, а неговиот син-првенец ослепен,
додека другите негови четири сина и две ќерки биле поштедени.
На испратеното писмо од Јован Владислав императорот Василиј II одговорил
потврдно со хрисовула. Само неколку дена потоа, соопштува Скилица, одново
пристигнал едноракиот Ромеј и му предал ново писмо од Јован Владислав, а
исто така и писма од одделните управници на областите и градовите (архонти),
со кои му ветиле на императорот дека ќе му се потчинат "и ќе станат
императорови поданици". Во меѓувреме кај императорот пребегнал Теодор
Кавхан, братот на заробениот кај Меглен Дометијан, кој според известувањето
на Михаило Деволски, му ветил дека ќе го убие Јован Владислав со помош на
еден од неговите поткупени слуги. Меѓутоа, на место Јован Владислав слугата
го убил Теодор Кавхан59.
Царот Јован Владислав (1015-1018), кој веднаш по убиството на Гаврил
Радомир го завзел македонскиот царски престол, бргу му станал сомнителен на
Василиј II. Наводно, откако Василиј II се уверил дека испратеното писмо од
Јован Владислав "е лажно и подмолно" и дека мислел спротивно од она што го
ветил, известува Скилица, одново презел походи во внатрешноста на
Македонија. По опустошувањето и ограбувањето на околината на Острово,
Соск и Пелагониската рамнина, Василиј II го нападнал и Охрид, но брзо се
повлекол и тргнал за Драч поради влошувањето на состојбите во Дукља. Тие
состојби уште повеќе се влошиле со убиството на дукљанскиот крал Јован
Владимир, зетот на Самуил од неговата ќерка Косара, кое станало на 22 мај
1016 година. Во тоа време, Јован Владислав лично или преку своите
војсководци настојувал "одново да го освои градот" Драч.
Убиството на Јован Владимир, уште едно во семејните пресметки на
пошироката лоза на Самуил, било извршено, истакнува Скилица, кога тој им
поверувал на лажните "заклетви" на охридскиот архиепископ Давид и дошол во
Преспа. Кај Поп Дукљанин е запишано дека зад сето тоа стоел царот Јован
Владислав, кој преку свои пратеници, го намамил Јован Владимир да дојде во
неговиот дворец во Преспа, при што го убил во моментот кога излегувал од
црквата60. Подоцна Владимировата жена Косара, со одобрение на Јован
Владислав, кој во меѓувреме се покајал за извршеното злосторство, го пренела
телото на Владимир во местото Крани, каде се наоѓал дворец на Јован
Владислав. Дукљанскиот владетел бил закопан во црквата Св. Марија во Крани,
каде била закопана и Косара по нејзината смрт. Подоцна од страна на
православната црква бил прогласен за светец.По смртта на Јован Владимир во
Дукља целосно ја наметнал својата власт царот Јован Владислав. Тој на неколку
пати се обидел да го освои и Драч, но, во тоа не успеал. Конечно, под ѕидините
на Драч, во јануари или февруари 1018 година, царот Јован Владислав ја нашол
и својата смрт. Јован Скилица соопштува, дека Јован Владислав заминал да го
опсади Драч надмено и со "варварска" надуеност. Но само што почнала
опсадата на градот и се разгорела борбата околу неговите ѕидини, царот Јован
Владислав бил убиен. Според Михаило Деволски, Јован Владислав бил убиен за
време на борбата која се водела на коњи со стратегот и патрициј Никита
Пигонит од страна на двајца пешаци кои притрчале и смртно го прободиле во
стомакот61.
Подгризана од внатре и изложена на постојани византиски напади од надвор, по
смртта на Јован Владислав набрзо пропаднала средновековната македонска
држава, односно Самуиловото царство. Јован Владислав останал последен
македонски цар, бидејќи никој од неговите наследници (сопругата Марија, 6
сина и 6 ќерки) не останал на македонскиот царски престол. Останата без
централна власт, македонската држава бргу станала жртва на зачестеното
доброволно предавство на одделните обласни управници, воени старешини,
како и на самото царско семејство. Така тврдината Перник и уште триесет и пет
тврдини биле предадени од синот и братот на перничкиот управител Кракра62.
Кракра и триесет и петте архонти на предадените тврдини Василиј II ги
удостоил со почести. Струмичкиот управител Драгомуж доброволно му ги
предал на императорот "тврдините во областа Струмица" за што ја добил
титулата патрициј (патрикиј). За патрициј бил прогласен и Богдан, топархот на
"внатрешните тврдини" откако ги предал тврдините. Понатаму, по
доброволното предавство на Скопје младиот Никулица, кој според Михаило
Деволски, бил "на чело на првиот и најхрабриот одред на Самуил", бил
удостоен од императорот Василиј II, со титулата протоспатар и стратег.
По овие бројни предавства, конечно Василиј II влегол во Охрид, каде ја ограбил
Самуиловата ризница. До крајот на 1018 година биле потчинети и сите други
владенија на Самуиловото царство: Рашка, Босна, Далмација и Срем. Во
почетокот на 1019 година Василиј II преку Атина победоносно се вратил во
Цариград. Во триумфалната поворка, која поминала низ големата врата на
Златната Порта, на чело бил императорот со златна круна на главата, која озгора
имала челенка (перјаница), додека пред него одела Марија, жената на Јован
Владислав заедно со Самуиловите ќерки и други македонски првенци, меѓу кои
бил и охридскиот архиепископ Давид. Со сите овие "трофеи", Василиј II
победоносно влегол во големата црква и со пеење химни била отпоздравена
неговата голема победа, пишува Јован Скилица. Така по речиси 49 годишно
постоење бил ставен крај на Самуиловата држава63.
Во истиот период, на северната граница полека земала замав средновековната
српска држава, а од исток Бугарија повторно претендирала на овој дел од
Балканскиот Полуостров. Така, по доаѓањето на Словените кои преку мешање и
асимилација со домородечкото население имале пресудно влијание во
создавањето на српскиот, бугарскиот и македонскиот јазик и народ, на тлото на
Македонија се сменувале византиското, српското и бугарското владение.
Македонија била дел од Бугарското царство на Бориса, дел од Византија за
време на различните византиски династии, дел од српската средновековна
држава чиј цар Душан се крунисал во Скопје. Во целиот тој сплет на политички
промени, посебен печат во македонската средновековна историја оставило
постоењето на Самуиловото царство, кое бугарската историографија го
нарекува Западно бугарско царство, наспроти некои српски историографи кои
го присвојувале македонското средновековие како српско, по проширувањето
на Српската средновековна држава кон југ64.
______________________
54-Види: Историја на македонскиот народ, том први,..., 392-396.
55-Јован Ставракије, Чуда Св. Димитрија Солунског, "Византијски извори за
историју народа Југославије"..., том III, Београд 1966,47.

56-Јован Ставракије, Чуда Св. Димитрија Солунског, "Византијски извори за


историју народа Југославије", ...,48.

57-Види: Историја на македонскиот народ, том први,..., 394.

58-И Скилица и Поп Дукљанин забележале дека Гаврил Радомир бил убиен во
лов и дека убиството го извршил Јован Владислав веројатно, според Дукљанин,
во договор со Византискиот цар Василие II.

59-Јован Скилица, Византијски извори за историју народа Југославије..., том III,


115-116.

60-Јован Скилица, исто, 117-118.

61- Историја..., том први, исто, 398.

62-Кракра (Х-ХI век) бил висок благородник и војсководец во времето на


Самуил и на неговите наследници. Како командант на тврдината Перник на
двапати (1004 и 1016 година) успегано ги одбил нападите на византискиот
император Василиј II. При вториот напад градот цели 88 дена бил изложен на
застрашувачка византиски опсада. Јован Скилица известува дека кај Перник на
Василиј II "му пропадна не малку време и во опсадата изгуби не малку војска и
бидејќи согледа дека тврдината е посилна од опсадата и дека Кракра не омекнал
ниту со ласкање ни со други ветувања и пораки тргнал кон Филиполис". Но
истиот Кракра, во 1018 година, по смрта на царот Јован Владислав, преку брата
си и сина си, во Адријанопол му ја предал на византискиот император тврдината
Перник, заедно со други триесет и пет тврдини. За тој чин, од царот Василиј II
ја добил високата титула патрициј (патрикиј). Набрзо, истата година, заедно со
архонтите на триесет и петте тврдини, во Сер лично му се предал на
византискиот император. Неговата натамошна судбина е непозната (Јован
Скилица, Византијски извори за историју народа Југославије..., том III, 103;
Македонски историски речник,...., 253).

63-Историја...., том први, 402.

64-Едно од нерешените прашања во однос на српското присвојување на


Македонија и македонската историја е наводно нерешеното црковно прашање
помеѓу Срспската православна црква и Македонската православна црква.
Користејќи ја црквата како оружје за српските освојувачки претензии кон
Македонија, одредени претставници на големосрпската идеја не ја признаваат
самостојноста на Македонската црква сметајќи ја расколничка од Српската
("Мајка Црква"). Но, историски гледано, Српската православна црква не може
никако да се смета за Мајка Црква во однос на повеќе од четири века постарата
автокефална Охридска архиепископија, која е востановена во IX век, а
самостојноста на Српската православна црква од Сава Немањиќ дури во 1291
година. Дури и во времето на средновековното српско владеење со Македонија
постои автокефалната Охридска архиепископија. Единствено во периодот 1920-
1941 (во прва, монархистичка Југославија) македонските епархии биле под
доминација на СПЦ. Тој акт бил издејствуван со поткуп даден на Цариградската
патријаршија, а потоа со декрет на кралот македонските епархии биле
присоединети кон СПЦ, истовремено кога била укината и Црногорската
автокефална црква. (В. Ачкоска, Братството и единството 1944-1974 помеѓу
хармонија и дисхармонија, Скопје 2003,189).

3. ПРЕДАВСТВАТА И УБИСТВАТА ЗА ВРЕМЕ НА


ОСМАНСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ СО МАКЕДОНИЈА

Војнички добро организирани и фанатични во својата религија - исламот, во


втората половина на XIV век, Турците-османлии го започнале својот продор на
Балканот. По тие освојувачки походи, во 1395 година, по загинувањето на Крале
Марко како османски вазал кај Ровине, дефинитивно Македонија паднала под
власта на силното Османско царство (низ литературата: Отоманска империја
или Турција). Оттогаш, па се до балканските војни 1912-1913 година,
Македонија била под османско-турско владеење. Заедно со Османлиите, на
христијанскиот Балкан продрела и нова религија - исламот. Преку
исламизацијата на македонското, српското, албанското, бугарското и друго
население на Балканот, со текот на времето, се создавале крупни религиски
бариери и поделби меѓу нејзините дотогашни христијански претставници.
Македонскиот народ бил подложен на политичко, економско и културно
угнетување и силна национална и верска дискриминација. Оттука произлегувал
отпорот против османската власт и нејзините претставници. Отпорот бил
мотивиран од различни побуди: нанесени неправди од локални големци,
прекумерни давачки на државата, злоупотреби, понижувања, принудна
исламизација и т.н.
Со појавата на поединци, мали ајдучки дружини, а потоа и на помасовни буни и
востанија, се до организираната национално-ослободителна борба, истовремено
се појавувале и предавници кои за ситни интереси им служеле на угнетувачите
на сопствениот народ. Бројот на таквите предавници во македонската историја
не може точно да се утврди бидејќи, во најчест случај, не останале пишувани
документи, а имињата се изгубиле со времето. За жал многу од најсветлите
имиња на отпорот против угнетувањето и претставници на македонската
национална борба паднале токму како жртви на предавства или организирани
убиства - од Румена војвода до Стојан Карастоилов, до Ѓорѓи Сугарев, Христо
Узунов, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов и долга листа на
запишани и незапишани убиства, атентати и предавства.

3.1. Убиството на двајцата ајдучки водачи


- Румена Војвода и Стојан Ковачот

Македонскиот како и останатите народи на Балканот пружал најразличен вид на


отпор против честите злоупотреби на власта од страна на османските власти на
теренот и турските големци кој постепено прераснувал и во отпор против
османското владеење во целост. Така, почнувајќи од пасивниот отпор,
ајдутството, буните и востанијата, во втората половина на XIX век, преку
револуционерното национално ослободително движење, овој отпор ја достигнал
највисоката организирана форма.
Ајдутството како форма на вооружен отпор било распространето во целата
Османска империја, а првите податоци за ајдутството во Македонија датираат
некаде од почетокот на XVI век. Својата кулминација ја достигнало во текот на
XVII и XVIII век. Поводите за да се стане ајдутин биле различни, а најчесто
заради нанесена неправда или насилство врз имотот, животот и честа. Затоа во
ајдути се одело заради одмазда. Ајдути најчесто станувале селаните, сточарите,
аргатите, а меѓу нив се среќавале калуѓери и попови. Понекогаш меѓу нив се
наоѓале и жени - ајдути. Некои од нив се прославиле како војводи. Такви биле
Румена и Сирма војвода.
Румена војвода спаѓа во групата опеаните жени во македонската историја. Таа
била водач на една од најпрочуените ајдучки дружини за која, покрај дружината
на дедо Иљо Малешевски, се знае нешто повеќе65. Румена била под силно
влијание на подвизите на Дедо Иљо, војводата Малешевски66 како што впрочем
била и родената сестра на Илија Марков Малешевски, Марија Маркова која
голем дел од својот живот го поминала во борбените редови на балканските
народи против османската власт, рамо до рамо со војводата Малешевски67.
Судбината на Румена Георгиева (татко и се викал Ѓорги) е слична како онаа на
многу ајдути, но нејзиниот крај е малку поспецифичен зашто завршува со подло
убиство од раката на свој соборец, во едно од крвавите македонски меѓусебни
убивања. Родена е во селото Ѓушево (Ѓуешево) според некои податоци во 1826,
а според други во 1831 година68. "Како убава, снажна и способна девојка" во
1843 година се омажила со својот соселанец Ѓорѓи. Во 1851 година таа родила
еден син - Андон, а кога синот имал 4 години, некаде во 1855 година, по една
расправа со Османлиите таа заминала во гората со околу 15-тина заколнати
ајдути, да се бори против насилниците кои се изживувале врз незаштитеното
македонско население69.
Уште како девојка Румена била грабната од кривопаланечкиот кајмакам, но
селаните од неколку села дале отпор. Четириесет од нив биле врзани како
бунтовници, но, на крајот биле ослободени заедно со Румена. Според
кажувањата на некои нејзини современици што ги запишал Ефтим Каранов,
откако се омажила имала врски со некои сејмени од Кулата на Деве Баир и со
некои арамии. Во случај на било какво убиство по патиштата, властите секогаш
ја барале Румена. "Ту ја носеле на истрага во Паланка; ту ја мачеле да ја
потурчат. Татко и го одвеле во Скопје, го држеле една годика во затвор. Се
вратил болен и умрел. Една голема потера пристигнала дури од Нишко за
прогонување на Дедо Иљовата чета; ја фатиле Румена и ја тепале на сред село
да каже нешто ако знае; кога ја тепале молчела, но кога станала гордо се
издигнала и рекла: Има да видите"'70.
Непосредниот повод за одметнувањето на Румена во споменатата 1855 година
било нејзиното скарување со некој Турчин и неговото убивање. Тогаш оставајќи
аманет до семејството да го чуваат нејзиниот син единец Андон, таа изјавила:
"Ајдутин сум, целиот свет пропиштел на мене! Штом е така нека станам
ајдутин..."71. Потоа заедно со ковачот од село К'ркља (Стојан Ковачот или
Стојан К'ркљански) си дале клетва за посестримство и побратимство и одлучиле
да соберат ајдучка чета, на која војвода ќе биде Румена, а бајрактар Стојан72.
Дружината била набрзо составена, а биле обезбедени и јатаци.
Во периодот од 1856 до 1860 година (според други податоци од 1858 до 1861
година73) дружината на Румена непрекинато ги заплашувала насилниците, а
посебно беговите кои, и покрај многу обиди, не можеле да ја фатат. Станала
прочуена "Планинска царица". Под вештото раководство на Румена и Стојан,
нивната дружина развила богата дејност, ликвидирајќи неколку турски
арамиски чети, одделни насилници и др. Против дружината доаѓале многу
потери од околните градови, а една и од Битола, но со помошта на бројните
јатаци и на селаните, таа секогаш успевала да избега, префрлувајќи се од еден
крај во друг. Се тврди дека Румена ги напаѓала и христијаните, особено
чорбаџиите, а секако и предавниците и соработниците со османските власти и
бегови74.
Дружината на Румена дејствувала самостојно, но кога зачестиле потерите се
обидела да се поврзе со дружината на Иљо Малешевски. Во истото време
војводата Малешевски бил во Србија, а Румена успеала да стигне дел од
неговата дружина во областа на Врање. Сепак, во тоа време тешко можело да се
прифати жена-ајдутин, така што ајдутите на Иљо Малешевски се однесувале со
презир и омаловажување кон неа75. Неприфатена, четата на Румена се вратила
на својот терен76, но под силниот притисок што дотогаш го поднесувала,
почнале внатрешни несогласија и сомнеж во побратимството и посестримството
помеѓу Румена и Стојан. Ајдутите почнале да веруваат дека причина за
неуспесите на дружината било токму распаѓањето на ова побратимството и
посестримство.
Еден ден, кога дружината се наоѓала во некои колиби меѓу селата Градец и
Габер - Кривопаланечко, се случил еден од ретките трагични настани во
македонското ајдутство. Ајдучките другари на Румена и Стојан, Спасе од
с.Градец и Милко Патлиџанот од с. Габер го извршиле најлошото. Според
Каранов, "Спасе бил физички и морално ниско, црно човече и тој најмногу ги
напаѓал Румена и Стојан зашто сакал да стане војвода. Тој велел Не прилега
жена да не води!' Бил мошне задоволен кога убедил неколцина од дружината за
да ја убијат Румена и тоа под оправдување дека таа го изневерила
посестримството". И така Спасе и Милко, наместо да се одделат и да формираат
посебна чета, кога Румена и Стојан спиеле во колибата, со дрва ги убиле.
За убиството на Румена и Стојан постојат повеќе верзии, но најприфатлива е
онаа што ја запишал Каранов, бидејќи истата му ја раскажал самиот Спасе, кој
живеел извесно време во Ќустендил и неколку години пред 1886 година умрел
таму. Така, Румена и Стојан биле подло убиени, не од претставниците на
османската власт, туку од своите содругари. Мотивот за убиството лежел во
преголемите амбиции на едно "физички и морално ниско, црно човече", на
нивниот другар Спасе, но, според други кажувања тие биле убиени од свој
четник потплатен за таа крвава работа. Каранов наведува дека тоа се случило во
1861 година, но според некои истражувања убиството на Румена и Стојан, како
и убиствата на нивните противници, значи и растурањето на дружината, станало
во 1862 година77.
Веднаш по убиството на Румена и Стојан, дружината го избрала за војвода
Спасета и повторно положила заклетва на верност. Но, дружината броела само
петмина, зашто другите ја напуштиле. Овие дејствувале неколку месеци. Потоа
Милко и Пешо дедо Пејчинов и двајца други ајдути, кои биле сметани за
виновни за смртта на Румена и Стојан, на спиење биле убиени во с. Жидилово,
Кривопаланечко. Убиството го извршил другарот на убиените, Стоилко од с.
Трново, Кривопаланечко, кој по извршената одмазда се предал на властите.
Војводата Спасе останал жив, зашто тој ден отсуствувал78. Така
братоубиствено завршила дејноста на оваа истакната ајдучка дружина, која
развила значајна дејност во заштита на народот, а особено на сиромаштијата од
злоделата на грабежите на разните разбојници и од самоволијата на
претставниците на османските власти.
Убиството на Румена војвода и на бајрактарот Стојан Ковачот спаѓа меѓу
првите вакви забележани убиства за време на османското владеење од поновата
историја во низата на македонски жртви од македонски убијци или предавници.
__________________________
65-За дејноста на Румена војвода, главно, дознаваме преку драгоцените
податоци што ги собрал Ефтим Каранов од нејзините современици. (Види: Е.
Каранов, Румена Войвода, Очерк из Осоговските планини, София 1886).

66-Војводата Дедо Иљо Малешевски претставува една од најмаркатните


личности на балканската историја, личност која дала свој значаен прилог и
оставила печат во национално-ослободителните борби на балканските народи
против османското владеење.

67-Марија Маркова-Поп Георгиева родена во Берово, сестра на војводата Иљо


Марков (дедо Иљо Малешевски) била една од првите жени ајдути во
Македонија која му била "сопатничка во пре-родбенските
националноослободителни борби во Македонија, Тракија и Горна Бугарија - со
осумдесет годишен револуционерен живот непрекинато на Балканот".
Нејзиното револуционерно име било "Рошко". Таа учествувала како
"бајрактарка" на Дедо Иљовата дружина 1827-1828 година по реката Бистрица,
потоа по околината на градот Бер за врема на грчките ослободителни борби
"каде Иљо војвода со шестотини борци-Македонци извршил напад на голема
турска војска, на која и нанел тежок удар". Марија, исто така "учествувала како
борец во Македонскиот батаљон предводен од Иљо војводата, во Кримската
војна" кај Севастопол, потоа при нападот на Белградското кале и во многу други
борби. Починала во село Рила во 1916 година. (Зоран Тодоровски, Војводата
Дедо Иљо Малешевски во архивската документиција, "Војводата Дедо Иљо
Малешевски и неговото време", Берово 2000,128-129).

68-Д-р Ристо Поплазаров ги прифаќа податоците на Каранов, според кои Румена


се родила во 1831 година, но нам ни е поприфатлива 1826 година со оглед на
тоа што Румена се омажила во 1843 година, што значи не на 14-годишна, туку
некаде на 19-годишна возраст. (Ристо Поплазаров, Ослободителните вооружени
борби на македонскиот народ во периодот 1850-1878, Скопје 1978, 126; Е.
Каранов, Румена Войвода, Очерк из Осоговските планини, София 1886,12-15).

69-Македонски возрожденци и револуционери, Скопје 1950, 32.

70-Е. Каранов, Румена Войвода,..., 16-18.

71-Е. Каранов, исто,..., 19.

72-Според други податоци, еден период, Румена била бајрактар на четата на


Стојан Ковачот. Е.

73-Каранов, Румена Войвода,..., 25.


74-Каранов запишал: "Румена не им беше толку драга на богатите, но затоа за
посиромасите минуваше како добар војвода и закрилник. Многу аги и богаташи
биле прогонувани од Румена за пакостите што ги правеле над сиромасите.
Познато е кажувањето дека Румена веднаш му дала на еден сиромав 300 гроша
да си купи коњ..." (Е. Каранов, Румена Воивода,..., 20-22).

75-За ова прашање Каранов го прашал Дедо Иљо кога бил во Бугарија дали знае
нешто за Румена. Дедо Иљо му кажал: "Таа го молела Стаменко од село
Очипаље да ја прими во нашата чета со целата нејзина чета, но тој не ја примил;
'такви џвркли нам не ни требаат' рекол тој. После јас се лутев на Стаменко
зашто не ја довел. Но сепак такви џвркли не ни требаат". (Р. Поплазаров, исто,
129, според Е. Каранов, исто, 22).

76-Притоа Румена најпрво отишла во селото К'ркља и му ги оставила "сите свои


пари на Ѓорѓи Стојанов, брат му на Стојан, кој потоа умре во затворот Канли-
куле во Солун. Тука веќе се појавиле во четата разногласија и навистина четата
на Румена веќе одеше кон распаѓање, велел еден старец од с.Црноок..." (Е.
Каранов, Исто).

77-В. Паскалева, Бъграката през възражданието, София 1964,198.

78-Е. Каранов, Румена Войвода,..., 27-28.

3.2. Предавството и смртта на Ѓорѓи Измирлиев

Периодот на шеесеттите години од XIX век во Македонија беше време на


народното будење изразено на црковно-училишно поле, кога поиздигнатите
претставници на македонското граѓанство настапуваа со барања за
отстранување на туѓинското мешање и влијание преку црквата79, а за употреба
на народниот јазик во богослужбата, училиштата и световното комуницирање,
како и во барањата за претставништво на македонското граѓанство и
интелигенција во т.н. "меџлиси" - органите на отоманската администрација80.
Прашањето за положбата и судбината на Македонија било особено
актуелизирано за време на Големата источна криза од 1875 до 1878 година. Оваа
криза на повидок ги покажала заострените судири на интересите на европските
големи сили околу Балканот и се изрази во повеќе востанија на балканските
народи со што уште повеќе беше растресена веќе несигурната полуфеудална
Османска империја. Големото незадоволство на христијанското население се
изрази во Босанскохерцеговското востание (1875), Априлското во Бугарија
(1876)81 и Разловечкото (1876) и Кресненското (1878/79) во Македонија.
Во Априлското, како и во другите востанија против османската власт,
учествувале доброволци од повеќе народи и земји. Во ова востание се бореле:
група Далматинци кои работеле во Пазарџиско, потоа Босанци, Руси,
Македонци и др. Малубројните македонски доброволци биле регрутирани од
редовите на македонската емиграција, пред се, во Романија. Во Бугарија тогаш
имало само мал број печалбари кои работеле во разни места. Од македонските
учесници најпознат е Ѓорѓи Измирлиев - Македончето (1847 - 1876)82.
Измирлиев претставува исклучителна личност која се вбројува во редот на
Македонците кои зеле активно учество во ослободителните борби на
балканските народи против османската власт.
Измирлиев потекнувал од пиринскиот дел на Македонија, од Горна Џумаја
(Благоевград). Тој како студент на руското военото училиште во Одеса им се
придружил на радикалните бугарски револуционери во Романија. Во 1875
година станал член на новиот нивен Централен комитет, наречен Ѓурѓевски
(формиран во Ѓурѓево - Романија). Според одредени податоци, од таму го
повикал Христо Ботев83 за инструктор на востанието што се подготвувало во
Бугарија. Всушност, Ѓурѓевскиот комитет решил да дигне востание во Бугарија
и за секој округ одредил по еден раководител наречен "апостол" и по еден негов
заменик-полномошник. Измирлиев бил одреден за полномошник на "апостолот"
на трновскиот револуционерен округ, Стефан Стамболов, и истиот бил испратен
во Горна Ореовица да го подготви востанието. Поради саботерската, а можеби и
предавничката улога на Стамболов, со задоцнување, на 27 април било решено
да се дигне востанието во Трновскиот округ, но било доцна. Османските власти
веќе вршеле апсења на заговорниците. По двојно предавство, вечерта на 27
април, во Горна Ореовица бил уапсен и Измирлиев со група револуционерни
дејци, кои се готвеле да излезат в планина84. Потоа Измирлиев бил осуден на
смрт и на 28 мај 1876 година бил обесен во Горна Ореовица каде што му е
издигнат споменик83.
Така, токму во екот на драматичните случувања околу Големата источна криза,
во Априлското востание во 1876 година, историјата запомнила уште едно
убиство од предавство. На 25-годишна возраст згаснал животот на Ѓорѓи
Измирлиев кој, како и Дедо Иљо Малешевски, спаѓа во плејадата македонски
борци кои учествувале во националноослободителните движења и на други
балкански народи. Затоа Ѓорѓи Измирлиев припаѓа подеднакво на заедничката
балканска историја и на бугарскиот и на македонскиот народ86.
______________________

79-Народното будење на Македонците кореспондира со периодот на засилени


ослободителни движења и востанија на повеќе народи во Османската империја.
Ова будење, со сесрдна клеветничка улога на грчките духовници кои ги губеле
позициите меѓу словенското насление во Империјата било прогласено за опасно
и подбуцнувачко. Во врска со тоа во едно тајно окружно писмо на Портата се
констатира следново: "Некои подбуцнувачи ќе го фрлат семето на бунтот. Нема
потреба да се истакнува дека тие, кои се борат за народност и раса во Европа, се
обединети со други, кои сакаат да го нарушат општественото спокојство.
Искрата на тие веења и востанија во Европа, Бог да чува, би можела да се
распространи и да предизвика бунт во земјите на султанот. За да не се даде
простор на тие зломисленици... во Румелија (Европска Турција б.н.) треба да се
внимава многу особено спрема мнозинството на населението на румелиските
околии.." (особено Битолската и Скопската), зашто тоа "...е просто наклонето на
такви мисли и лесно ќе се подаде на споменатите подбуцнувачи. Штом ќе
забележите такви луѓе со бунтовни намери, веднаш да ги фатите и испратите во
Цариград..." (П. Дорев, Документи из турските државни архиви, I, София 1940,
394-395). И апсењето на македонските дејци, како Јордан Хаџи Константинов -
Џинот, браќата Миладиновци и други, било во согласност со ваквата политика
на Портата изразена низ цитираното писмо. Кога во 1860 година великиот везир
Мехмед паша дошол во Велес, грчкиот владика Венедикт го обвинил учителот и
преродбеникот Јордан Хаџи Константинов дека бил "најопасниот човек на
државата, го наклеветил дека има врски со лица во Србија, кои подготвувале
востанија во државата...", а грчкиот митрополит Антим го обвинил Џинот како
"српски агент и во Македонија и дека ги учи учениците на воени вежби" (Архив
Г. С. Раковски II, София 1957, 425; Сегашното и недавното минало на град
Велес, Периодическо списание на Българското книжовно дружество, год VIII,
кн. 40, 579-580). По извршениот претрес кај Џинот и пронајдената литература
(од Раковски и други материјали) тој бил уапсен .

80-Пледоаје за ваквите барања и цели содржеле публикациите на Андон


Драндар "Положбата на христијаните во Македонија" и "Турската
администрација во Македонија", издадени во 1867 и 1869 година во Лајпциг,
кои спаѓаат во најраните дела од македонски автор со политичка тематика.
Андон Драндар, кој стекнал широко образование во главните европски
универзитетски центри, го сметал давањето црковни права и употребата на
мајчиниот јазик во училиштата за императив на елементарната правда и култура
и апелирал до големите европски сили да се заложат за воведување реформи во
Македонија. (Д. Зографски, Концепции, програми и проекти за државно
конституирање на Македонија, "АСНОМ, педесет Години македонска држава
1944-1994, МАНУ, ИНИ, Скопје 1995,37).

81-Во април 1876 г. во Бугарија избило востание против османската власт


наречено Априлско востание. Востаниците се бореле херојски против
побројната и посилна османска војска, но претрпеле пораз. Во одмазничката
акција на османските трупи биле убиени над 30.000 мажи, жени и деца.

82-Ристо Полазаров, Ослободителните вооружени борби на македонскиот


народ во периодот 1850-1878,Скопје 1978,239.

83-Христо Ботев (1848-1876), еден од најголемите бугарски поети, бил


непоколеблив борец за национална слобода и социјална правда. Загинал
херојски во 1876 г., во борбите против османлиските војски. Имено, кон крајот
на Априлското востание, кон крајот на мај 1876 година од Романија во Бугарија
навлегла чета од околу 200 борци предводена од Христо Ботев. По неколку
фатални судири со османските воени потери таа дала повеќе жртви. На 20 мај
бил убиен војводата Христо Ботев, а на 21 мај на Врачанскиот Балкан била
разбиена и неговата чета. Нејзината судбина ја споделиле и 22 македонски
доброволци, мнозинството печалбари. (Имињата на лицата кои се бореле во
четата на Ботев види ги наведени кај: Р. Поплазаров, Ослободителните..., 241).

84-Според одредени кажувања, по објавувањето на Априлското востание во


Бугарија се подготвувал со чета од 6.000 четници да земе учество во востанието,
но бил предаден, фатен и обесен од локалните османски власти во 1876 година
во Горна Ореховица. (Македонски возрожденци и револуционери, Скопје
1950,40).

85-И. Ванчев, Георги Измирлиев Македончето, София 1966, 44.

86-Во Априлското востание во Бугарија, со својата неверојатна храброст се


истакнал и Ефтим Трајчев Филиповиќ - докторот од Ресен. Кон крајот на април
1876 година бил фатен во град Елена, мачен и испратен на заточение.
Бунтовниот Тодор Павлов Пармаков од село Горна Драглишта, Разлошко, се
борел во четата на В. Бенковски во Панаѓурскиот револуционерен округ, но се
повлеков во пресудниот момет (постапил "подло и расипано", според
пишувањето на: Ст. Заимов, Миналото, Етюди въру Записките на 3. Стожнов,
София 1895, 110). Во четата на Бенковски се борел и востаничкиот агитатор и
курир Петар Христов од село Јакоруда, Разлошко. Тој бил заробен и мачен, но
се држел храбро и никого не предал. Во Априлското востание учествувале и
други Македонци-доброволци како учителот од селото Радилово, Пештерско,
потоа Иван Крстев од Охрид, Георги од Битола кој бил помошник на Стојан
Заимов итн. (Види поопширно: Манол Пандевски, Учеството на Македонците
во Априлското востание во Бугарија, Гласник на ИНИ, ХV/1, Скопје).

3.3. Засилување на ајдутството и ликвидирање


на доушниците

Еден вид одглас на војните против Османската империја и нејзината зафатеност


на фронтовите била засилена ајдучката дејност на поранешните и
новоформирани чети во Македонија. Во Источна Македонија со својата дејност
се пројавиле ајдучките дружини на Тодор Паласкарја и Стојан Карастоилов87.
Имено во почетокот на 1877 година Т. Паласкарја (од с. Белотинци, преселен во
с. Страчишта), Стојан и Димитар (Митјо) Карастоилови од с. Старчишта,
Неврокопско, формирале една дружина чиј војвода бил Т. Паласкарја. Облечени
во арнаутски алишта и претставувајќи се како турска чета, тие откриле повеќе
доушници и предавници, односно непријатели на народот кои безмилосно ги
ликвидирале. Властите во почетокот не биле сигурни за што се работи и не
превземале посериозни чекори за гонење на оваа "турска" чета. Меѓутоа и во
овој случај се нашле предавници. Благодарение на своите потплатени
доушници, властите ја разоткриле играта и почнале систематско прогонување.
Без оглед на прогонствата, дружината успешно дејствувала до есента
1877 година, а зимата ја поминала криејќи се кај Анастас Жостов (Џостов)
(баџанак на Стојан) во Старчишта, кај Димитар Ќосето во Гајтаниново -
Неврокопско, во с. Лакос Серско и во други села. Во меѓувреме кон првите
тројца се придружил Коста Кукото од Лакос и др. Од почетокот на пролетта
1878 година дружината почнала пак успешно да дејствува. На 1 март го убила
јурукот Махмуд кој со години го собирал данокот (вергија) по селата и вршел
разни злоупотреби. На 25 април го ликвидирала телохранителот на
неврокопскиот Тефик бег, шех Исмаил, од кого пропиштеле селаните на повеќе
неврокопски села, од кои тој го собирал данокот, чие собирање го имал
откупено Тефик88.
Дружината постепено раснела, а кон неа се придружил, во пролетта
1878 година и Анастас Жостов. Тој станал ајдутин поради тоа што уште од
1876 година бил прогонуван и тепан од Турците бидејќи се жалел кај
османлиската влада против нивните злоупотреби. Подоцна заедно со Стојан
Карастоилов станал еден од најзначајните борци во Македонското (Кресненско)
востание. Додека над Стојан Карастоилов ќе биде извршено подло убиство од
туѓа рака во текот на истото востание, дотогаш неговиот брат Димитар загинал
претходно, по предавство од страна на тајни османски потерџии, во нерамна
борба со османскиот башибозук и жандари.
Со убиството на Димитар Карастоилов, османските власти сметале дека
дружината на Стојан Карастоилов била конечно разбиена. Но, наспроти таквото
мислење дружината нараснувала и заедно со повеќе други ајдучки дружини, во
есента 1878 година зела активно учество во Македонско востание. Поточно, во
почетокот на септември 1878 година во рамките на подготовките што се вршеле
за дигање востание во Македонија ајдучките дружини, особено оние што
дејствувале на Пирин Планина и во соседните реони, биле повикани во Горна
Џумаја да се организираат за престојните акции. Здружените чети на Стојан
Карастоилов, Коста Кукото, Кочо Љутата и Стојко Цапаревецот се одзвале на
поканата и околу 15 септември ја преминале границата 89.
_________________________
87-Е. Бужашки, При изворите..., Писмата на Т.А. Страхинов, Известие на
Българското историческо друщво, книга XXVII, Софија 1970,375.

88-Исмаил наместо десетина грабел една половина од производите и вршел


други злоупотреби. Убивајќи ги насилниците, дружината не ги убила нивните
стражари бидејќи тие не биле виновни за злоделата на своите претпоставени. (Е.
Бужашки, При изворите..., Писмата на Т.А. Страхинов,Известие на Българското
историческо друщво, книга XXVII, Софија 1970,385-386).

89-Е.Бужашки,исто,385.

3.4. Македонското (Кресненско) востание и убиството на Стојан Карастоилов

Во бранот на востаничките движења што ги зафатија христијанските народи на


Балканот против османското владеење во втората половина на XIX век, посебно
место му припаѓа на Македонското (Кресненско) востание. Тоа започнало на
5/17 октомври 1878 г. кога четите на војводите Димитар Беровски и Стојан
Карастоилов со 400 востаници го нападнале гарнизонот во с. Кресна. Откако
борците го истиснале османскиот гарнизон, востанието се проширило во 35 села
на Каршијак, појас од двете страни на реката Струма. Истовремено, во
разлошкиот крај дошло до нови востанички превирања. По успешниот тек на
востанието, востаниците организирале народно-востаничка власт на
ослободената територија. За воен раководител и прв војвода бил избран Стојан
Карастоилов. Бил формиран и Штаб на македонските востаници чиј началник,
избран од повеќемината војводи, станал Димитар Беровски. Штабот на
востанието постапувал како легитимен и единствен претставник на
македонскиот народ90.
Но, ваквиот тек на настаните во Македонија, не оделе во прилог на амбициите
на бугарските водечки политички кругови кои се стремеле кон добивање на
целосна независност, но во пакет со реализација на Санстефанскиот договор.
Затоа бил искористен Благотворителниот софискиот комитет "Единство"91 кој
испратил свои емисари (најпрво Калмиков92, а потоа Војткевич) за да
предизвикаат незадоволство и расцеп во редовите на раководството на
Македонското востание93. Кога во тоа не успеале со мирни средства поради
отпорот што го давале востаниците, според одредени записи, тие на спиење го
убиле војводата Стојан Карастоилов, а го затвориле Димитар Беровски.
Карастоилов паднал како жртва на провокатор, какви што имало многу во
македонската историја.
За убиството на Стојан Карастоилов постојат различни верзии кои понатаму ќе
ги наведеме. Но, секако единствена е оценката на македонските историчари
дека по убиството на Стојан војводата, на 25 ноември 1878 година, востаниците
се деморализирале и четите се осипале. Затоа тоа претставувало речиси
пресвртен момент во востанието.
Стојан Карастоилов е роден во село Старчиште - Неврокопско, а скудните
извори го опишуваат како храбар и правичен човек, кого не го плашеле
куршумите94. Ги бодрел своите соборци, бил дисциплиниран и никогаш не
пропуштал да им даде на знаење на оние "отаде границата" дека ова востание го
крена и го води македонскиот народ, односно месното население. Сакајќи да ја
сочуваа живата востаничка сила, тој се спротивставувал на некои безумни
одлуки на А. Калмиков за начинот на војување, особено на почетокот на
востанието, но и подоцна. Како што наведува Манол Пандевски, било
зачудувачко тоа што "не се барало концентрација, туку распрснување на
востаничките сили во Кресненско-мелничкиот реон". Во плановите на авторите
на ваквите инструкции ништо не значел поразот на движењето, ним им требале
што повеќе крвави докази дека "цела Македонија се буни против Берлинскиот
договор"95.

Ангел Динев пишува дека козачкиот мајор Калмиков, по заповед на рускиот


главен штаб во Бугарија (руските генерали) го извршил убиството на Стојана,
со цел да се деморализира и парализира македонската борба против османското
владеење. Калмиков го направил тој срамен чин по заповед "со цел да не се даде
на големите сили материјал дека Русија го потпомагала движењето, дека го
подбуцнувала со востанието да се најде како со свршен чин на Берлинскиот
конгрес"96. Во тие рамки, главната улога ја одиграл Благотворителниот
софискиот комитет "Единство". Инаку, во овој период во Бугарија никнале
повеќе комитети на македонската емиграција под името "Единство".
Расположени за востание, тие започнале да испраќаат чети во Македонија и да
ја шират идејата за обединување на Македонија со Бугарија97. Помеѓу
комитетите постоеле извесни разлики (заради самата ситуација во која се
наоѓала Бугарија по Берлинскиот конгрес), но, тие биле единствени во целите.
Формално и јавно се нарекле "благотворни" комитети, чија цел, наводно, била
да им се помогне на браќата кои останувале под османска власт. Но, под
привидната благотворност се криеле строго политички цели - "да работат за
обединувањето на бугарскиот народ, што бил распарчен од Берлинскиот
конгрес", односно за реализација на Санстефанскиот договор.
Комитетите како и во Трново, така и во Софија под паролата "единство на сите
Бугари и подобрување на нивната политичка положба" јасно ги изразиле
претензиите да се стави рака врз Македонското востание. Во Софискиот
комитет одлучиле "да се поткрепи востанието, целото движење да се насочи кон
определена политичка цел и да му се даде единствено воено-четничко и
политичко раководство". Политичката цел на востанието требало да се толкува
како протест "од страна на Македонците против Берлинскиот договор"98. Тоа
требало да добие карактер, а и пред светот да се прикаже како "удар врз
Берлинскиот трактат"99. Политичката стапица е очигледна: не борба за државно
конституираше на Македонија што го навестувал и самиот Берлински договор,
туку целосно отфрлање на берлинските договорни одредби, со нескриена желба
за враќање во живот на веќе анулираниот Сан-стефански договор.
Наведените констатации за улогата на надворешниот елемент во Македонското
востание, можеме да ги потврдиме и од писмото на Горѓија Пулевски100 до
Деспот Баџович, каде меѓу другото, Пулевски напишал: "Тогаш... уште верував
дека сме тргнати да се биеме за Македонија. И не само јас, туку сите верувавме
и бевме готови да умреме: или слобода или смрт, трето нема. Ама не било така.
Едно мислел волкот, а друго овчарот... Овде Бугарите си играат со нас и ја вртат
водата на својата воденица, заедно со црнокапецот Натанаил101, кој е
Македонец, ама повеќе влече на бугарско... Еве со чети чекаме толку време да
заминеме за Турско и да се биеме за нашата слобода, ама не пуштаат. Кладоа
оган и сега сакаат повеќе шум пред Европа, моите војници се растураат полека,
а и јас нема зошто да чекам".
Како што наведовме, уште на самиот почеток на Кресненското востание се
јавиле несогласици меѓу доброволците туѓинци, доведени однадвор, кои
претендирале на раководна улога во востанието, и искусните војводи од самиот
терен, каков што бил Стојан војвода кој уживал углед меѓу востаниците и
населението. Тоа судрување можело да се забележи и во првиот извештај од
бојното поле, по освојувањето на Ханот во Србиново. Овој извештај го
потпишал Беровски наместо Калмиков кој дотогаш бил командант на сите
востаници. Самиот напад, во почетокот го водел Калмиков, а потоа командата ја
презел Стојан Карастоилов кој несогласувајќи се со тактиката на Калмиков,
успешно ја завршил целата акција. Со тоа било фрлено јаболкото на
раздорот102. Дошло до поделбата меѓу востаниците на надворешни доброволци
и внатрешни сили103. Иако Калмиков бил повторно вратен на командното
место, сепак неговата платеничка улога и осветољубивоста ќе резултираат во
цел осен неуспех на востанието, на кое му претходи убиството на Стојан
војводата. Убиството според Ангел Динев го извршил самиот Калмиков кој не
можел да му ги прости на Стојан поранешните унижувања и настојувал да му се
одмазди. Во тоа и успеал. Како резултат од неговите интриги, биле ликвидирани
Стојан и неговите другари Георги Чиолак (Чолак) од Калипот и Иван
Трендафилов, исто од Калипот, Драмска околија.

Ликвидирањето на Стојан и неговите другари било извршено под изговор дека


извршиле разни престапи, поради кое против нив биле поднесени многу тужби.
Поднесените тужби божем ги разгледал "Воениот совет" при "Привремената
управа на Македонија" и ги осудил споменатите лица на смрт. Пресудата била
извршена истиот ден. Протоколот што бил донесен на судењето, во село Оштава
на 24 ноември 1878 година бр. 2, го потпишал "Атаман Македонски
Исурогентов Адам И. Калмиков" и 6 членови на Воениот совет104.
Според д-р Иван Катарџиев, површно гледано, пресудата била правична бидејќи
старите арамии тешко се подавале на дисциплината. Но, кога ќе се анализираат
наводите во записникот дека за време на судењето осудените три пати
употребиле оружје, може да се согледа инсконструираноста на целото "судење",
"ако такво воопшто било одржано"105.
Учителот Тодор Страхинов, како соборец, личен секретар на војводата и негов
човек, во своите записи, направил обид да даде целосна слика за околностите
под кои бил убиен Стојан Карастоилов106. Пресметувањето со еден од
најавторитетните месни луѓе на востанието, кој останал верен на идејата ма-
кедонските востаници сами да раководат со востанието и се борел против сите
наметнувања однадвор, секако дека во себе криело длабока политичка позадина.
Во писмото од 9 мај 1898 година, Страхинов пишува дека ова убиство било
претходно обмислен план и среќно спроведена заседа, а не извршување на
некоја пресуда. Самиот Страхинов бил уапсен од Калмиковите луѓе, како
Стојанов човек, додека Стојан бил убиен ноќта на 25 ноември, а не на 24 како
што стои во записникот од "судењето".
Во критичниот ден (25 ноември 1878 година), наведува Страхинов, Стојан
Карастоилов заедно со Ѓорѓи Чолак се наоѓал во селото Мечкул, а вечерта се
вратил во селото Оштава без да знае што му се крои. Инаку, во деновите,
непосредно пред трагичниот чин, Стојан бил во постојано движење, зафатен со
реализација на бројни задачи: набавувал храна, ги сместувал избеганите
семејства, ги прегрупирал четите по жестоките борби (селото Влахи било
напуштено по долгото војување со многубројниот аскер) итн. За време на
неговото отсуство, Стателов и Калмиков вршеле апсења. Меѓу другите го
затвориле и Тодор Страхинов со Иван Трендафилов, оставајќи дваесет
востаници пред врата да ги чуваат. На протестот на Страхинов зошто го
затвораат, му било речено дека таква наредба дал војводата Карастоилов кое
што им станало сомнително на затворените. Додека биле затворени и добро
чувани, околу полноќ, се слушнале истрели. За пукањето добиле образложение
дека било грешка на оние кои го чувале Штабот. Страхинов запишал дека, кога
угреало сонцето, Иван Трендафилов бил многу вознемирен, па се качил на
прозорецот да види што се случува надвор и извикал: "Тодоре, Карастоилов е
убиен". За да се увери во вистинитоста на овие зборови, Страхинов исползил до
виското прозорче и ја видел крвавата облека на војводата Карастоилов на
буништето.

По неколку часа во просторијата каде што биле затворени Страхинов и


Трендафилов влегле Стателов и Калмиков пијани, и им наредиле на
востаниците да ги изведат затворениците надвор. Трендафилов бил убиен пред
очите на Страхинов, Страхинов признава дека му ги бакнувал рацете на
Калмиков за да му го поштеди животот. Страхинов бил образован човек и
нарекуван од Калмиков "граматик", така што овој му го поштедил животот, но
го принудил без поговор да ги извршува неговите наредби. Главна задача на
Калмиков била да го ликвидира војводата Атанас Жостов. Затоа, уште истиот
ден Калмиков ги собрал востаниците во црквата, ги заколнал и тргнал со нив да
го бара Жостова.
Војводата Жостов чул дека нешто му се случило на Стојан, но не верувал, па
тргнал да го бара. Жостов успеал да му избега на Калмиков, се вратил кај
својата чета и им ја раскажал вистината. Потоа отишле во селото Оштава, го
откопале Стојана од нивата на селскиот поп и го погребале на гробиштата со
голема почит, онаква каква што доликува на човекот кој бил главен војвода на
Македонското востание. Крвавиот чин на убиството на македонскиот војвода
Карастоилов, симболично ја отсликува контравостаничката и антимакедонска
улога на софискиот комитет "Единство". Овој комитет извршил насилствена
диверзија против самостојноста на Македонското востание, со тоа што донел
решение и го уапсил началникот на Штабот и ја натурил како раководител на
востанието тричлената комисија, на чело со Димитар Стателов, член на
Софискиот комитет и ополномоштениците на овој комитет мајорот Адам
Калмиков со неговите странски придружници.
Подмолното убиство на војводата Стојан Карастоилов било резултат на
задачата што ја добила тричлената комисија испратена од комитетот "Единство"
од Софија. Под превезот да го води востанието, всушност комисијата требало
целосно да го растури востанието. И навистина, бидејќи набрзо се уверила дека
не ќе може да командува, како што сакал комитетот"Единство", комисијата
забрзала да го ликвидира востанието107. Убиството на големиот борец за
слободата на македонскиот народ, војводата Стојан Кара-стоилов највпечатливо
се одразило во редовите на македонските востаници,меѓу кои се јавила силна
реакција. Тоа го гледаме во одбивањето на борците да му служат на А.
Калмиков. Веќе во декември 1878 година сите борци, со исклучок на мал број,
ја напуштиле четата, во знак на протест против неговото самоволно и сурово
командување108.
Со стрелањето на Стојана била отстранета и последната пречка на Калмиков и
другите за да го превземат востанието. Ова ниско дело предизвикало бројни
протести и незадоволство не само меѓу востаниците, туку и во самата Бугарија,
зашто Стојан бил многу
популарна личност, како борец против османското владеење. Во документите
никаде не е директно наведен идејниот творец на ова убиство, ниту директниот
извршител. Според анализите на некои документи, Катарџиев заклучува дека
наредбодавец, но и можеби директен извршител бил Стателов. Ангел
Динев го посочува Калмиков, а Манол Пандевски го потенцира идејното и
моралното убиство на самото востание кое според него го направил софискиот
комитет "Единство". Интересно е што во мемоарската литература убиството на
Стојан се претставува како резултат на завист (според Н. Т. Обретенов), а и како
резултат на одбивањето да се потчини на наредбите на надворешните фактори
(според Арсени Костенцев), но името на Стателов се одбегнува и за извршител
на самото убиство секогаш се именува друг човек109. По убиството на главниот
војвода Стојан Карастоилов како и на неговите
другари Георги Чолак Чепрашинов, Костадин Шериф, Ангел Захариев и
други,како и со отсранувањето на Димитар Поп Георгиев Беровски, востанието
претрпело целосен пораз. Тоа било поразено од мешањето и предавството на
надворешни фактори,а не било задушено. На 6 јуни 1879 г. митрополитот
Натанаил Кучевишки, кој за цело време на востанието играл посредничка улога,
заповедал четите да се расформираат,а пушките и муницијата да се соберат и да
се складираат.
И така, Кресна пламна и изгасна. Исчади и таа надеж. Со неа и заблудата дека
некаква случајност ќе и подари слобода на Македонија. И, како што ќе запише
Димо Хаџи Димов "... во умовите на повидните македонски дејци ќе се загнезди
мислата дека Македонија само тогаш би се видела слободна, кога самата ќе
востане за да ја бара својата слобода". Требаше да дојдат годините кога тајната
револуционерна организација ќе му вдахнува вера на Македонецот во неговите
сопствени сили. За жал заедно со верата и подемот на сопственото дело се
случуваше и неделото на предавствата и атентатите кое беше пресудно за
неуспехот на борбата на македонскиот народ во најкритичните моменти од
неговата историја.
_____________________________________________
90 -Штабот на востанието располагал со сопствен печат што носел назив "Печат
на началникот на Штабот на Македонското востание, 1878" со што всушност
биле одредени името и карактерот на востанието. А целта на востанието
најдобро се согледува во "Правилата на Македонскиот востанички комитет" и
во "Уставот на Македонското востание", напишани во 1878 година.

91 -Благотворителниот комитет "Единство" бил организиран од бугарската


буржоазија во 1878 година за борба против решенијата на Берлинскиот конгрес
(Иван Катарџиев, Серската област (1780-1879), економски, политички и
културен преглед, Скопје 1961,279).

92 -Адам Јованович Калмиков, руски офицер, учествувал на српска страна во


Српско-турската и Руско-турската војна од 1876-1878 г. Борејќи се против
Турците, бил ранет, лекуван, потоа добил српска пензија како инвалид; бил
сметан од руските офицери како неурамнотежен, а кај македонскиот народ
неговото име се споменувало со огорченост, почесто бил именуван со епитетот
"авантурист". На барање на софискиот комитет "Единство" собрал доброволци
и преминал во Македонија. Така се вклучил во почетните борби во Кресна.
Почетните успеси на востанието му засметале на Софискиот комитет и тој
почнал поотворено да се меша во македонските работи.
Затоа, повторно бил ангажиран Адам Калмиков, како и Луј Војткевич кои
требало да ги елиминираат свесните македонски сили од раководството на
востанието. (Види за тоа: Љубен Лапе, Одбрани текстови за историјата на
македонскиот. народ, II, Скопје 1975,223-229).

93 -Првите разидувања во погледите и целите наеднаш довеле до незадоволство


меѓу двете страни. Според анализите на Манол Пандевски, кои во голема мера
кореспондираат со оние на Иван Катарџиев (во Серската област 1780-1979,
Скопје 1961) првите знаци на судирот се јавиле помеѓу доброволците - дојденци
и месните востаници и лично помеѓу А. Калмиков и С. Карастоилов. Сепак,
борбата за командантската функција во Штабот не смее да се свати само како
судир на две личности зашто зад личностите стоеле две стратегии и две
спротивни цели. Оваа борба особено се зголемила со доаѓањето на вториот
комитетски довереник Луј Војткевич. Остар судир за превласт настанал помеѓу
Калмиков и Војткевич и меѓу нивните приврзеници кое одело на ште-та на
македонските востаници (Манол Пандевски, Кресненското востание во
Македонија од 1878-1879 Година, "Кресненското востание во Македонија 1878-
1879", МАНУ, Скопје 1982,49).

94 -Ретки и значајни податоци за Карастоилов оставил во своите писма Тодор


Страхинов. (Види: Е. Бужашки, При изворите..., Писмата на Т.А. Стрсаинов,
Известие на Бглгарското историческо друшво, книга XXVII, Софија 1970).

95 -Манол Пандевски, Кресненското востание во Македонија од 1878-1879


година, "Кресненското востание во Македонија 1878-1879", МАНУ, Скопје
1982,49.

96-Ангел Динев, Политичите убиства во Бугарија, НИП "Илинден", Скопје


1951,17-18.
97-Види: М. Пандевски, Кресненското востание во Македошја од 1878-1879
година, "Кресненското востание во Македонија 1878-1879",..., 42-46.

98-М. Пандевски, Кресненското востание во Македонија од 1878-1879


година,,.., 43.

99-Български патриарх Кирил, Съпротивата срещу Берлинския договор -


Кресненското въстание, БАН, София, 1955,35-42.

100-Ѓорѓија Пулевски (Галичник 1817/18 - Софија, VI 1895), предбеник,


учебникар, лексикограф, историчар, поет и фолклорист. Во ајдутско-комитското
движење во Македонија влегол уште во 1847 г. Учествувал заедно со Дедо Иљо
Малешевски во борбите на Србите со турскиот гарнизон 1862/1863. Покрај
собирачката и учебникарска дејност за македонската национална преродба, тој е
активен учесник на Македонското (Кресненско) востание како војвода и член на
Воениот совет (МИР, ...,399-400).

101-Анастас Митрев, меѓу другото, запишал дека охридскиот владика Натанаил


седел во Ќустендил, како член на бугарскиот комитет кој "сакаше да го
искористи Кресненсково востание од 1878 година за реализирањето на Сан-
Стефанска Бугарија". (Анастас Митрев, Мемоари огледи статии, Скопје.
1974,214)

102-Иван Катарџиев, Серската област (1780-1879), економски, политички и


културен преглед, Скопје 1961,216.

103-И. Катарџиев, Серската област,..., 228.

104-Наводно, судените личности биле криви за: а) ограбиле заробени Турци и


натепале старешина на стража; б) украле овци од село Ураново; в) продале
заеднички бакар; г) продале заеднички овци, кози, крави и коњи; д) украле 44
илјади гроша од некојси фабрикант од Мелник; е) не се покорувале на
наредбите на воените власти; ж) за време на претресот трипати употребиле
оружје против Воениот совет и комесарот. (Исто, 229-230).

105-За тоа д-р Катарџиев запишал: "Нормално би било, во околностите под кои
било изведувано судењето, ако такво воопшто било одржано, и имајќи ги
предвид обвинувањата и пресудата, обвинетите со оружје в рака не само да го
употребиле туку и до последна можност да се бранеле за својот живот. Меѓутоа,
сето тоа не се гледа во записникот. Од друга страна, во него се вели дека тој ќе
бил објавен со нужната документација што ќе ги потврдела наводите на
обвинувањето. Но иако записникот бил објавен, документите ги нема, што е
уште еден знак на прашање за објективноста и беспристрасноста на
приведените аргументи" (И. Катарџиев, исто, 230).

106-Види: Ката Руменова - Мисиркова, Ликот на војводата Стојан Карастоилов,


"Кресненското востание во Македонија 1878-1879", МАНУ, Скопје 1982,147-
155.

107-Ката Руменова - Мисиркова, Ликот на војводата Стојан Карастоилов,..., 151.


108-Христо Андонов Полјански, Странски доброволци во Кресненското
востание, "Кресненското востание во Македонији 1878-1879", МАНУ, Скопје
1982,207.
И. Катарџиев, цит. труд, 232.

***

4. ОРГАНИЗИРАНОТО
НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ 1893-1903

4.1. Македонската револуционерна организација и појавата на врховизмот

Широкото ослободително движење што ја зафатило Македонија во


деведесеттите години на XIX век довело до формирање на тајна
револуционерна организација. Македонската револуционерна организација
(МРО) била формирана на 23 октомври 1893 година (стар стил) во Солун, а
нејзини основоположници биле: Христо Батанџиев - професор, родум од с.
Гуменџе, Ениџевардарско, Даме Груев - професор, родум од Смилево, Христо
Татарчев - лекар, родум од Ресен, солунскиот книжар Иван Хаџи Николов,
родум од Кукуш, Петар Поп Арсов - професор, родум од с. Богомила, Велешко
и Антон Димитров - учител, родум од с. Ајватово, Солунско. На конгресот во
Солун во 1896 година била наречена Тајна македоно-одринска револуционерна
организација (ТМОРО), а подоцна, на Рилскиот конгрес во 1905 г. била
преименувана во Внатрешна македоноодринска револуционерна организација
(ВМОРО).
Веднаш по првиот состанок организаторите започнале со ширење на своите
ослободителни идеи и со собирање на приврзеници за нив. Охрабрени од тоа
што набрзо привлекле голем број луѓе околу себе, по вторпат се состанале во
1894 година, повторно во Солун. Петар Поп Арсов изработил и Проект-устав на
Организацијата што подоцна бил прифатен како нејзин Устав. Од реонот на
Солун, Организацијата мошне брзо се раширила и во внатрешноста на
Македонија - Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Кавадарци итн. Во 1894 година
кон МРО пристапува и Гоце Делчев, еден од дејците кои оставиле длабоки
траги во работењето на Организацијата и во чувањето на нејзината македонска
определба.
Меѓутоа, таквата ориентација не одела,во прилог на повеќе политички сили во
соседството, особено во Бугарија каде сонот за Санстефанска Буга-рија се
изродувал во национален идеал. Не можејќи веднаш да го преземат
раководењето со македонското национално-ослободително движење, тие
политички сили преку македонската емиграција и низ различни други патишта
настојувале на тоа движење да му дадат бугарски карактер и де го искористат за
своите големодржавни идеали. Во тие рамки, наспроти борбата за слобода и
автономија на Македонија, се воздигнал врховизмот кој тргнувал од бугарскиот
карактер на македонскиот народ и барал обединување на сите "Бугари" во една
држава.
Сумирајќи го историскиот биланс и улогата што врховистите ја имале во
рушењето и поместувањето на целите на македонската борба, можеме тоа да го
оцениме како колективен атентат врз македонското дело. Затоа тука го
поставуваме прашањето: кои биле врховистите и Врховниот македонски
комитет чие име се врзува со предавството на македонското револуционерно
дело? Повеќе конкретни акции на врховистите ние ќе проследиме низ
судбините на македонските дејци, жртви на врховистичкото предавство со сета
трагичност на чинот на нивната смрт. Затоа, сметаме дека во овој контекст се
нужни само мали појаснувања.
Врховниот македонски комитет го добил името во декември 1895 година.
Неговото основање се поврзува со раздвижуваньето на македонската емиграција
во Бугарија кон крајот на 1894 година која, меѓу другото, низ разни
манифестации и апели барала спроведување на реформи во Македонија
согласно одредбите на чл. 23 од Берлинскиот договор110. Сите овие акции
довеле до обединување на македонските друштва во Бугарија. На тој начин, во
март 1895 година бил формиран Македонски комитет (МК). Негов претседател
станал Трајко Китанчев"', чесен и енергичен Македонец кој требало да ја
организира македонската емиграција за македонското ослободително дело.
Веднаш по формирањето, МК почнал да организира и да испраќа чети во
Македонија. Тоа одело во прилог на бугарската официјална политика која
вршела притисок врз Османската империја и врз европската дипломатија за
меѓународно признаваше на кнезот Фердинанд и за добивање нови бенефиции
за бугарската пропаганда во Македонија. Од другата страна се трасирало
јавното мислење дека Бугарија е единствениот гарант за мирот и стабилноста во
Македонија. Затоа бугарската влада и дворот го помагале организирањето и
влегувањето на четите преку границата, предизвикувањето провокации и
создавањето ситуации за наводни бугарски востанија во Македонија.

Една таква провокација се случила во Мелник во 1895 година.


Според некои истражувачи, МК за "востание" во Македонија ангажирал околу
800 души112. Во текот на летото 1895 година тие се нашле во Македонија
распоредени во четири поголеми и неколку помали одреди. Со нив раководеле
офицери на бугарската армија и стари арамиски војводи, кои го познавале
теренот 113. Првите два одреди биле разбиени и се распаднале веднаш по
влегувањето на османска територија. Третиот одред, откако го запалил
помашкото село Доспат, се распаднал бидејќи повеќето арамиски војводи се
дале по ограбување. Четвртиот одред упаднал во Мелник и предизвикал
провокација која се сметала за најголем успех во таа етапа на бугарското
мешање во македонското ослободување, но, за бугарски цели.
Поточно, четвртиот одред (најмалуброен, со само 65 луѓе) под команда на
Борис Сарафов на 12 јули 1895 година влегол во градот Мелник при што била
запалена зградата на уќуматот, поштата и неколку турски куќи. По овие
провокативни акции, истиот ден, околу пладне, одредот го напуштил Мелник и
се повлекол во Бугарија. Жртва на ваквата акција која пренадуено е наречена
"Мелничко востание" било македонското население од пиринскиот дел на
Македонија кое било изложено на жестоки репресалии од страна на османската
власт.
Бугарските врвови, задоволни од ефектите на Мелничката провокација која
добила силен публицитет во бугарскиот печат, ги засилиле своите активности
во подршка и уфрлување чети во Македонија. Претседателот на МК, Трајко
Китанчев, откако сфатил дека МК и неговата акција се злоупотребени од страна
на бугарските политички врвови, на штета на Македонците, починал од срцев
удар. Неговата смрт, иако навидум природна, претставува резултат на едно
големо предавство кое ќе метастазира во натамошниот тек на настаните. Тоа
предавство довело до смртта на Китанчев и затоа претставува индиректен
атентат врз него и врз искрените борци за македонската слобода.
Дел од четници дошле да профитираат, но дел и со патриотски цели 114. Некои
од заробените четници-доброволци по предизвиканите провокации, не биле
свесни дека се злоупотребени и затоа, можеби многу наивно делувале нивните
изјави дека"сакаат посебна држава со независна управа". Но, сепак, ја
почуствувале измамата. Затоа, во годишната притурка на весникот "Право" од
јануари 1896 година читаме: "Додека беше жив Китанчев, ние не само што не се
посомневавме во ништо, но дури не допуштавме мисла дека идеалниот
Китанчев ќе допушти нашето свето дело да го експлоатираат нечистите раце на
денешниве управници... и покрај строгото внимание на Китанчев делото да се
држи подалеку од партизанските гнасотии 113, денешната влада успеала да има
во делото еден свој ревносен агент... имено Н. Туфекџиев"116.
Македонскиот комитет во својот почеток се залагал за политичка автономија на
Македонија, гарантирана од големите сили. Затоа, кај дејците на МРО се јавила
надежта дека МК ќе ја помогне нејзината борба. ЦК на МРО се обидел улогата
на МК да ја сведе на морално материјална помагателна институција, но не
успеал во тоа. Наспроти настојувањата на МРО, набрзо МК станал инструмент
во рацете на бугарската влада и дворот кои вешто ги изманипулирале
патриотските чувства на Македонците за бугарски интереси. Тоа се покажало на
дело во несреќното т.н. "Мелничко востание".
По провокацијата во Мелник, МРО предупредувала дека ќе биде беспоштедна
кон сите што не ги почитуваат нејзините закони и правилници, и кон оние, што
без нејзина согласност вооружени навлегуваат на нејзината територија. Но, МК
не ги сфатил сериозно предупредувањата и во почетокот на есента 1895 година
го испратил Александар Чакаров да испровоцира востание во Виничко. Како
што пишува д-р Крсте Битоски, А. Чакаров, нагизден во бугарска поручничка
униформа, стигнал во Виничко во "ослободителна" мисија. Виничкото
раководство разбрало дека тој бил испратен од некаков "комитет" од Софија и
Ќустендил за да прогласи "востание" со учество на месните жители. Тој можел
да собере 40 души. Виничкото раководство, по барање од Штип (од Делчев), му
предложило или да се вклучи во Организацијата или да се врати од каде што
дошол. Изјавувајќи надуено дека наредби прима само од МК во Софија и
упатувајќи куп закани против месното раководство, Чакаров морал да се врати
назад контролиран од месните ксмитети, кои имале добиено наредба ако има
потреба и да го уапсат117.
Поради оваа провокација Делчев писмено протестирал кај Ефрем Каранов -
претседател на македонското друштво во Ќустендил. Делчев, меѓу другото
пишува: "Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешно востание. Оној
што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и
другите.Ако не стане така и ако се прогласи востание, жално ќе биде за народот,
а тешко и горко за виновникот...Ако можело востание да се крене со 1-40 души,
Македонија одамна ќе беше слободна државичка..."118.
Речиси истовремено кога се одвивала провокацијата спроведена под покровот
на Бугарија, на почетокот на јуни 1895 година македонското население било
изложено на насилство заради предавник и доушник од сопствениот народ.
Џејмс Монахан, вицеконзулот во Битола го известува генералниот конзул во
Солун, Џон Блант за апсењето на 89 поданици на Империјата од Прилеп и
Прилепско кои биле сместени во затворот во Битола. Истите биле приведени "со
обвинение дека биле нелојални на турската власт и им помагале на
христијанските бандити од кои, изгледа, само двајцата Минов... и Дедов,
успеале да останат на слобода и се наоѓале некаде во Прилепско"119. Според
известувањето, ниту еден од 89-те затвореници не бил на некоја позиција или
пак со некое поголемо влијание. Поголемиот број од нив биле затворени во
Прилеп во текот на последните шест или седум месеци. Тие биле накодошени
на властите од страна на еден доушник од с. Сенокос, Прилепско. Истиот, чие
име конзулот не го наведува, "порано бил затворен заради неговата бунтовничка
дејност, од страна на полицијата во Косовскиот вилает". Иако властите ветувале
дека луѓето се доведени во Битола заради тоа да дадат изјави и нема да бидат
судени, сепак се дознало "од еден очевидец дека сите 89 затвореници биле
испратени во затворот"120.
Со тој чин, османските власти веројатно сакале да го заплашат македонското
население во Прилепско. Имено, само неколку недели пред судењето, во
Прилеп била донесена кола полна со оружје одземено од христијанското
население од прилепските села. Истовремено биле "разоружани и
христијанските селани во Прилепско, како и христијаните од некои села што се
наоѓаат надвор од оваа област".
По спроведеното судење, ситуацијата во Прилеп изгледала мирна, "како
никогаш да немало цврсти докази дека во тој град или околината постои
некакво активно револуционерно движење, макар и во најмала форма".
Повидните Македонци во вилаетот не сакале да го признаат тоа,“ а пак
"турските власти потпомогнати со предавството од страна на доушникот",
изгледа нашле оправдување за акцијата што ја спровеле121.
Во декември 1895 г. МК бил преименуван во Врховен македонски комитет
(ВМК). За негов претседател бил избран генералот Данаил Николаев -близок
човек на кнезот Фердинанд122. Тогаш ВМК пројавил тенденција да се наметне
како раководен фактор во македонското ослободително дело или како што
запишал Горче Петров во своите спомени "се обидоа од страна на ВК и
агресивно да се мешаат во нашата Организација"123. ВМК манифестирал
тенденција дека МРО е дел од "општата организација", чие седиште се наоѓа во
Софија и на која и припага правото сама да решава по делото124, Притоа, ВМК
за себе го задржувал правото на дипломатијата, а МРО требало да пос-лужи
само како средство за притисок125. Овие обиди раководните кадри на МРО
вешто го одбегнувале. МРО манифестирала автономност, не влегувала во
аранжмани, а била согласна со оние што ја споделувале девизата. Затоа, биле
одржувани постојани врски со ВМК се надеж дека ќе се добие некаква
материјална помош за ослободителното дело.
Особена улога во одржувањето на чистотата на дејноста на МРО одиграл,
покрај другите (Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев), Гоце Делчев126. Во
почетокот на февруари 1896 година, Делчев во Софија се сретнал со тогашниот
претседател на ВМК -Данаил Николаев. Делчев останал крајно разочаран од
разговорот што го воделе, бидејќи Николаев ја условувал евентуалната помош
на МРО со тоа ВМК да го претставува револуционерното дело и да има
решавачки глас по прашањето за востание. Делчев остро се спротивставил на
ваквата уцена со зборовите: "...Ние нема да дозволиме други да решаваат дали
да живееме или да умреме и кога. Кога да се прави востание, ќе реши народот.
Нема да дозволиме да командувате од тука, за да не внесете во игра на востание
како што се обидовте лани...". Затоа, веднаш по враќањето во Македонија,
Делчев за ВМК му напишал на Н. Зографов: "Тој комитет таков впечаток ми
направи, такво силно оладување предизвика кај мене, што јас не гледам дали ќе
помага, туку се плашам да не му нанесе голема штета на дело-
то...“127
Наспроти делувањето на ВМК и мешањето на бугарските владеачки кругови, во
Македонија раснела и се ширела револуционерната организација заедно со
свеста за потребата од самостојна револуционерна борба. Со јакнењето и
омасовувањето на револуционерната организација растел и ризикот од
"случајно" откривање на нејзината мрежа и од провали со големи размери.
Првото сомнение дека нешто се случува го предизвикало откривањето на
неколкуте празни рачни бомби во вреќите со ориз пренесувани од кираџијата
Доне од Штип во Битола во 1896 година128. Христо Андонов Полјански
наведува дека Доне (Андон Тошев - Дончо Штипјанчето) член на
Организацијата бил испратен од Гоцета Делчев во Битола на 15 април 1896
година129 како кираџија, со два коња товарени со четири вреќи ориз, на чие дно
се наоѓале 200-300 куршуми и десетина рачни бомби. "Стоката" била наменета
за Битола, а оттаму требало да се пренесе во Ресен, Охрид и Струга. На 16 април
него го запреле при влезот во Битола (кај црквата Св. Недела) стражарите кои,
барајќи контрабанден тутун, ги откриле бомбите130. Доне се обидел да бега, но
бил фатен и одведен во полициската станица. Тој успеал да испрати писмо во
Штип дека "поскоро ќе умре отколку да предаде нешто пред полицијата". Така
и станало131.
Османската полиција, изненадена од откритието го подложила Донета на
неверојатна тортура за да го принуди да ја каже вистината, но не успеала од
него да дознае ништо. Овој чин на Дончо Штипјанчето Ѓорче Петров високо го
оценил со зборовите: "Доне Штипјанчето со својата верност кон клетвата во
битолскиот затвор стана родоначалник на она пасивно херојство на работници
на Организацијата паднати во турски раце, што ја гарантираше сигурноста и
тајната на Организацијата"132. Јуначкото држење на Доне Штипјанчето пред
османската полиција во битолскиот затвор станало пример на револуционерна
цврстина заради што народниот гениј му испеал една од најубавите
револуционерни песни.
Со фаќањето на Доне во Битола се надвиснала непосредна опасност и над Гоце
Делчев. Во него власта почкала да се сомнева. Тој успеал да се "одбрани" од
тоа. Но сепак бил уапсен во април 1896 година, а во мај бил одведен во Скопје и
затворен во скопскиот затвор Куршумли ан. Во затворот бил кратко задржан со
ветување да не се враќа во Штип со одредена "гаранција" за својата натамошна
работа и движење.133
Последиците од оваа "афера" биле многукратни. Ѓорче Петров подвлекува две
констатации: 1. фактот за постоење на завера во Штип и Битола и станал познат
на османската власт; 2. Делчев го обрнал вниманието на властите врз себе си во
Штип; во редот на сомнителните бил вклучен и тој134. Гоце, сепак, се враќа во
Штип, токму при привршувањето на учебната година. Оттука патот го водел во
Солун на конгресот на Организацијата кој што претставувал еден од
пресвртните чинови во историјата на македонското ослободително дело.
Во услови на виден подем на Организацијата, но и на се поголемиот страв на
бугарскиот двор дека македонското прашање нема да биде решено според
желбите на Бугарија, во Солун, за време на Велигденската ваканција во 1896
година, се одржал конгресот на МРО. Солунскиот конгрес на МРО, според
донесените решенија, Ѓорче Петров го смета за "Основачки конгрес на
Организацијата135 ". Организацијата добила име Тајна македоно-одринска
револуционерна организација (ТМОРО). На конгресот се расправало и за
односите со ВМК чија тенденција била оценета "како многу опасна за делото".
Сепак Организацијата била принудена да не ги раскинува односите со ВМК,
посебно и заради потребите од материјална помош. Конгресот одлучил ТМО-
РО да не се меша во внатрешните работи на ВМК, ниту во партискиот живот иа
Бугарија. Со нив и со бугарското општество и македонската емиграција да се
одржуваат добри односи. Од тие причини била донесена одлука да се отвори
Задгранично претставништво. Тоа имало задача да ја претставува ТМОРО и да
ги одбие надворешните посегања, без да се меша во работата на ВМК и
политичкиот живот на Бугарија. Кон крајот на 1896 година со оваа сложена и
деликатна задача бил задолжен Гоце Делчев, а во март 1897 година му се
придружил и Ѓорче Петров136. По одлука на конгресот, Ѓорче Петров и Гоце
Делчев изработиле Правилник и нов Устав на ТМОРО137.
По 1896 година, во наредните години, односите помеѓу МРО и ВМК варирале
зависно од политичката ситуација во Бугарија, но зависно и од личностите кои
доаѓале на чело на Комитетот. Меѓу членовите на ВМК имало бројни чесни и
искрени Македонци кои сакале да и помогнат на својата татковина Македонија.
Но, еден дел станале спроводници на големобугарската политика кон
Македонија. Тоа посебно го фаворизирале инфилтрираните Бугари во ВМК. Тие
станале предавници на македонското ослободително дело и како резултат на
нивното делување и предавства загинале бројни македонски дејци. За жал
стравот на Делчев се покажал во практиката повеќе од реалност.
Врховниот комитет особено инсистирал да биде прифатен и во странство како
раководен фактор на македонското ослободително движење. Со тоа на
европската и светска јавност и се пласирала тезата за бугарскиот карактер на
Македонците, за бугарските комитаџии и борба и секако за "правото" на
Бугарија да ги обедини "сите Бугари" во една држава. За дејноста на ВМК
пишувал европскиот печат, а посебен интерес пројавил познатиот англиски
државник Вилијам Гледстон. Тој му го поставил на генералот Николаев крајно
деликатното и умесно прашање: со какви средства мисли тој да крене востание,
како сака да и помогне на Македонија. Се разбира дека Гледстон не можел да
добие одговор на своето прашање, зашто ВМК реално не ни можел да подготви
и не сакал да помага востание во Македонија освен да испраќа свои чети од
Бугарија со провокативни цели138. А целта на провокациите била очигледна: да
се лее крв на невиното население од османските одмазди, да се вознемири
светската јавност, а бугарската политика да профитира во чекорите кон
присвојувањето на Македонија.

__________________________________________
110-Види: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за
национална држава, Скопје 1981, том први, 230-231; В. Поповски, Историско-
политичкото и правното значење на членот 23 од Берлинскиот договор,
"Зборник во чест на Александар Христов", Скопје 1996, 229-239.

111-Трајко Китанчев е роден во с. Подмочани, Ресенско во 1858 година. Се


образувал во Цариград, Киев и Москва. Во учебната 1882/83 г. работел како
професор во солунската егзархиска гимназија. Од 1883 г. активно учествува во
општествено-политичкиот живот во Кнежевството Бугарија. Забележителна е
неговата ангажираност среде македонските емигрантски друштва. Во 1894
година бил основач на македонското друштво "Братски сојуз". Во март бил
избран и за претседател на Македонскиот комитет. Починал на 1.08.1895 година
од срцев удар на 38-годишна возраст (Според: Кратки биографически бьльшки
за Трайко Китанчевъ, Право 1/41, София, 26.08.1895).

112-Види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт, Македонско револуционерно


национално ослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903, Скопје
2003,193-200.

113-Командувањето на одредите им било доверено на околу 40 офицери, меѓу


кои: Стојчо Гаруфалов, Антон Бозуков, Петар Начев, Васил Мустафов, Борис
Сарафов, Димитар Атанасов, Сасов, Димитар Жостов, Иван Пожарлиев, Јордан
Венедиков и други. Како водачи на теренот биле ангажирани старите арамиски
војводи, меѓу кои: Кочо Љутата, Дедо Кацареа, Никола Геројот, Дедо Стоју,
Кочо Мустракот, Дончо Златков, Кочо Ризов, Дедо Анго и други. (В. Ѓорѓиев,
Слобода или смрт, Македонското револуционерно националноослободително
движење во Солунскиот вилает 1893-1903,... 193).

114-Всушност и самиот Сарафов околу настаните во Мелник запишал: "Многу


ми беше тешко да ги убедам тие луѓе да извршуваат патриотски подвизи. Голем
дел од нив си мисли само да направи една мала тупурдија, па и ќесето да не им
остане празно, а и да не загинат, туку да се вратат во Бугарија... Требаше многу
да ги кандисувам да се воздржуваат од секаков грабеж за да остане делото чисто
и патриостко-политичко..." (Спомени на Д. Груев, Бор. Сарафов, Ив. Гарванов,
Съобщава, Л. Милетич, София 1927,38).

115-Против партизансвото во Бугарија, односно против вовлекувањето на


Македонците во разни партии и партиски борби бил и Атанас Раздолов. Иако
некои од партиите "нудат само на зборови некаква помош на Македонија, во
суштина тие ги искористуваат Македонците во Бугарија само за своите цели, од
тоа имаат корист само бугарските партии". (Даринка Пачемска, Атанас
Раздолов и идејата за заедништво на балканските народи, "Историја", год. ХХ/2,
Скопје 1984, 255)

116-В. Ѓорѓиев, Слобода или смрт..., 202.

117-Крсте Битоски, Континуитетот на македонските националноослободителни


борби во XIX и почетокот на XX век, Скопје 1998,233.

118-Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за


национална држава, т. I„ Скопје 1981,325.

119-ДАРМ, PRO FО 78/4639, М-328, БР. 46, Писмо од Џејмс Монахан,


вицеконзул во Битола, до Џон Блант, генерален конзул во Солун, 5.06.1895.

120-ДАРМ, PRO FО 78/4639. М-328, БР. 46, исто.

121-ДАРМ, исто.
122-Затоа, давајќи оценка за четничката акција од 1895 година, во 1905 Димо
Хаџи Димов, меѓу другото напишал: "Секој знае дека од тоа вештачко и
однадвор предизвикано четничко движење... искористи кнез Фердинанд кој го
беше внушил и кој го поддржуваше. Крвта на борците, тешките страдања и
солзите на илјади семејства му послужија како мост да се доближи до султанот
-крвник и да ја добие неговата пресветла наклоност... Тоа компромитира пред
непристрастното општествено мнение една света кауза. Нема зошто да се
лутиме иа тоа општествено мнение што гледа толку недоверливо спрема
стремежите на робот... Врховниот комитет стана орудие во рацете на кнезот
Фердинанад, и кој можеше после овој факт да верува дека Комитетот искрено
работи за ослободување на Македонија и Одринско и дека не игра улога на
орудие за интересите на кнежевството?..." (Avicenus, Две течениа, Революцинен
лист, бр. 8,1905)

123-Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција, Скопје 1984, 97.

124-Константин Пандев, Националноосвободителното движение в Македония и


Тракия 1878-1903, София 1979,112.

125-Константин Пандев, Националноосвободителното движение..., 114-115.

126-Според Никола Зографов, раководител на ќустендилскиот пункт на


Организацијата, Гоце Делчев дошол за полномошник на ЦК на 28.12.1895 г. во
Софија. Содржината на неговото полномошно гласела вака: "Централниот
комитет го испраќа Ахила во Бугарија со задача да пречи на секакво мешање од
надвор во работите на Револуционерната организација во Македонија и
Одринско. Сите што милуваат и сакаат да се посветат, да поможат за
извојувањето на автономна слобода, нека повелат, вратите им се отворени".
(Никола Зографов, Строежа на живота, София, 58).

127-Гоце Делчев, Писма и друѓи материали (издирил и подготвил за печат Дино


Къосев), София 1967,54.

128-Историја на македонскиот народ, том трети, ред. д-р Крсте Битоски, Скопје
2003,239.

129-За датумот на фаќањето на Доне постојат разлики низ историската


литература. Во МИР (стр. 455) се наведува: "Во вреќите со ориз, што на 19
април 1896 А.Т. од Блаце ги пренесувал за Битола, на влезот во градот кај
црквата Св. Недела турските власти откриле оружје. За тоа дело бил осуден на
доживотен затвор од 101 година...". Умрел на 15 април 1931 г. во Кустендил.

130-Христо Андонов Полјански, Гоце Делчев и неговото време, I, Култура,


Скопје 1972,139.

131-П. К. Яворов, Гоце Делчев, София 1904,179.

132-Ѓорче Петров, Македонското ослободително дело, ред. Гане Тодоровски,


Скопје 1971,177.
133-Христо Андонов Полјански, Гоце Делчев и неговошо време, I, Култура,
Скопје 1972,139.

134-Горче Петров, цит. труд, 176.

135-Ѓорче Петров, Спомени, Скопје 1950,47.

136-Задграничното претставништво се грижело за собирање и препраќање на


материјална помош, оружје, опрема и друго. Тоа имало можност да ја афирмира
борбата на ТМОРО, да наоѓа сојузници и да ја брани самостојноста на
ослободителното движење од надворешни влијанија и туѓи цели.

137-Во чл. 1 од Уставот на ТМОРО стои: "Тајната македоно-одринска


револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите
незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, за
да извојува преку револуција полна политичка автономија за тие две области".
Остварувањето на таа цел се поврзувало со отстранувањето на влијанието на
странските пропаганди кое е зацртано во чл. 2 од Уставот каде се вели: "За
постигање на таа цел Организацијата се бори да ги премавне шовинистичките
пропаганди и националните расправии, кои го цепат и ослабуваат македонското
и одринското население во неговата борба против општиот непријател..." (Види:
В. Ѓорѓиев, Слобода или смрт, ...,217-219).

138-Историја на македонскиот народ...,т. 3,217-218.

***

4.2. Македонците под влијанието на туѓите пропаганди во Македонија

Македонија како дел од Османската држава била цел на територијалните


аспирации на балканските држави - Грција, Србија и Бугарија. Притоа
аспирациите биле оправдувани со историското право врз македонската
територија или пак со составот на населението кое било прикажувано како
грчко, српско или бугарско. Всушност, територијалните аспирации на соседите
кон Македонија најчесто биле поттикнати од стратешки и економски причини.
Имено, Грција имала потреба од животен простор и плодна земја, на Србија,
пак, по спогодбата со Австро-Унгарија од 1881 година, единствен правец на
територијално проширување и останал на југ. Бугарија, не заборавајќи го Сан
Стефано, исто така, имала потреба од излез на отворено море, а такво било
Егејското139. За остварување на овие економско-стратешки и политички цели,
балканските држави нема да бираат средства, од пропагандни до воени.
Така, во втората половина на XIX век, на планот на туѓото посегање и мешање
во статусот и положбата на македонскиот народ во Османската држава, етно-
географската територија на Македонија била претворена во бојно поле помеѓу
грчката и бугарската пропаганда. И двете страни не жалеле финансиски
средства и не бирале начини на кои ќе делуваат врз присвојување на
народносниот идентитет на македонскиот народ. Притоа, по 1870 година се
развила невидена борба за црковна превласт помеѓу цариградската
Патријаршија и Бугарската егзархија, зашто преку духовното влијание на
црквата несметано можеле да се пропагираат и политички идеи среде
христијанските верници. Во 90-те години на XIX век на просветните
пропаганди кон кои се приклучила и Србија140 и црковната борба, се
придружиле и честите оружени провокации и пресметки. Овие пресметки се
случувале на сметка на македонскиот народ. Тој, и во овој случај, како и во
однос на делувањето на ВМК, станал жртва на одмаздничките акции на
османските власти заради различните провокативни акции поддржани од
соседните држави. Таквите политички сили тргнувале од девизата: мешаница и
крвопролевање во Македонија, вознемирување на Европа и добивка за себе.
Активна улога во служба на различните пропаганди играле и одродените
Македонци. Така, на пример, Ѓорче Петров во своите Спомени наведува дека
значајна улога во служба на големобугарската акција во Македонија, меѓу
другите, играле крупните трговци: книжарот Коне Самарџиев141 и банкарот
Кондов. Тие добивале специјални субсидии од егзархиската каса за да
дејствуваат со пропаганда, книги, поткуп и друго против луѓето на
Организацијата. Во 1894 година Коне Самарџиев, по налог на Егзархијата,
пропатувал низ цела Македонија и меѓу народот вршел отворена агитација
против Организацијата со декларации дека не треба да им се верува иа
"багабонтите" и дека "Бугарија има 200.000 штика и со нив ќе се ослободи
Македонија"142. При оваа негова обиколка тој осознал дека Организацијата
пуштила длабоки корени,"дека работата е многу посериозна отколку што си ја
претпоставувал" и "дека младината е силно и идејно вовлечена во тоа дело во
земјата". Исплашена од тие сознанија и од фактот дека во "таа работа биле
вмешани и 'сериозни луѓе', Егзархијата изградила стратегија да го "преземе
делото во свои раце"143.
Наспроти ветените бугарски "ослободителни" штикови, грчката пропаганда во
Македонија, веднаш започнала со насилства врз невиното население и оружени
упади. Во многуте такви оружени упади, посебно е забележана андартската
провокација од летото 1896 година. Така, Солунскиот вилает повторно бил
зафатен од уште една надворешна провокација која овојпат била организирана
во рамките на грчката "мегали идеја". Нејзин реализатор била Етники Етерија,
која се сметала за бранител на грчките интереси во Македонија144.
Непосреден повод за организирање на грчка "противофанзива" во Македонија
била прашината која се дигнала околу Мелничката провокација ("востание") од
1895 година. По тој повод атинскиот печат започнал силна пропаганда за
наводна загрозеност на грчките интереси во Македонија од страна на
Бугарите145. Кон новинарската кампања се приклучиле повеќе јавни и
политички личности во Грција. Еден од грчките пратеници дури одржал
предавање за Македонија пред грчкиот парламент, истакнувајќи ги богатствата
на Македонија и нејзиното стратешко значење за Грција. Притоа, кажал дека
иако во Македонија "не е раширен грчкиот јазик, таа е елинска по чувство и
Грција без неа не би можела никогаш да просперира и да го реализира стариот
сон"146.
Атмосферата во Грција била мошне загреана и се насочувала во правец кон
водење на поагресивна политика за наводна поддршка и заштита на
"загрозените" Грци во Македонија147. Во кампањата се вклучиле и грчкиот
крал и престолонаследникот Константин. Притоа кралот изјавил дека е во
опасност Македонија, а не Крит, а престолонаследникот, кој воедно командувал
со грчката армија, се изјаснил дека: "не постои човечка сила способна да ја
спречи војната и избувнувањето револуција во Македонија"148. Дел од потрез-
вената грчка јавност ги изнесувала вистинските состојби за бројниот сооднос
помеѓу Грците, муслиманското население и словенското население, свесни дека
нема да бидат поддржани во борбата доколку Грција не запре со
антисловенската кампања149.
Во мај 1896 година, истовремено додека критските востаници ги блокирале
османските војски во градот Вамос, а потоа избувнало востание, Етники Етерија
почнала да испраќа чети во Македонија. Ситуацијата наликувала на онаа со
Бугарија во 1894/95 година. Османските сили, максимално ангажирани во
чување на границата кон Бугарија, сосема ја превиделе можноста за исти чекори
од страна на Грција. Грчките предупредувања ги сметале како игра за
одвлекување на вниманието од она што се случувало на Крит. Меѓутоа, откако
ситуацијата на Крит релативно се смирила, било олеснето навлегувањето на
грчките чети во Македонија и нивното продирање на територијата на
Солунскиот и Битолскиот вилает. Дури во јули 1896 година, битолскиот валија
добил заповед од Цариград да ја зајакне границата кон Грција150. Но, веќе,
андартските чети се наоѓале на територијата на Македонија151.
Различните извори даваат различни податоци за бројот на андартите, но
приближно може да се каже дека биле 200-300. Со нив командувале старите
арамиски водачи: Бруфе, Чам младиот и Давели. По неколку ситни судари со
османските сили, андартите преку неколку турски заробеници испратиле порака
дека "...не се дојдени против Турците, туку против Бугарите, кои премногу се
засилиле во Македонија на грчка штета". Во тој дух Бруфе му пишувал и на
битолскиот валија Абдул Керим.
Со оглед на тоа дека не добиле поддршка од месното население152, а биле
изложени на постојани напади од османските сили, дел од андартите биле
убиени, дел заробени, а повеќето се распаднале на мали групи и се повлекле
назад. Од нив 25 биле изведени пред суд во Солун. На судот изјавувале дека не
дошле да се борат против Турците, туку против "Бугарите", за кои им било
соопштено дека ограбиле и потпалиле грчки села и цркви"153.
Целта и намерите на оваа грчка провокација во Македонија, најубаво ја изразил
францускиот конзул во Битола Леду. Тој, меѓу другото напишал: "Поведението
на овие чети, за кои се тврди дека не му нанеле никакво зло на населението, без
разлика на неговата вера... како да потврдува дека нивната цел е да го утврдат,
по примерот на револуционерите од Бугарското Кнежевство, принципот на
грчките ревандикации врз Македонија и да и создадат неприлики на Портата,
принудувајќи ја овде да држи многу војска"154. И српскиот конзул во Битола
констатирал: "Ним им се чини дека Бугарите многу се засилиле, и со честите
движења, во некоја рака стекнале признание во Европа и кај Портата за нивната
надмоќ во Македонија. Затоа, Грците мислат дека е крајно време и тие да
покажал дека се живи и дека имаат право на Македонија... Тоа движење успеа
само да ја изложи Турција на големи парични издатоци...Инаку, движењето ни
малку не наиде на подршка кај народот, ниту пак бројно е силно за да ја доведе
Турција во заблуда"155.
Во овој период и српската пропаганда станува се поагресивна во однос на
Македонија. Така на пример, зборувајќи за активноста на туѓите политички
пропаганди во вилаетот, битолскиот валија Абдул Керим, се осврнал и особено
ја истакнал "српската пропаганда која правеше напори да ги оттргне Бугарите
во овој Вилает од нивната зависност од Егзархијата"156. Но, и покрај силната
активност на српските конзули, српската пропаганда не можела да оствари
поголемо политичко влијание157. Ова резултирало и од фактот што
Цариградскиот патријарх одбил да им отстапи црка за богослужба на
"славјански јазик"158, со оглед на конкурентската борба со уште една
славјанска црква - Егзархијата. Ова особено е важно бидејќи целокупната грчка
политика во Македонија не била "против бугарското влијание" туку за
уништување на сите траги од било каква славјанска писменост и култура.
Сепак, долгогодишното делување на различните пропаганди во Македонија го
посеа семето на најстрашната братоомраза за туѓи политички цели.
Македонската историја се преполни со меѓусебни пресметки, нетрпеливости и
одмазди на платформата на бугаро, србо, грко -филство и -фонство. Така се
случија трагичните делби на Македонија, а македонското национално-
ослободително дело не можеше успешно и целосно да ја реализира својата
крајна цел - независна македонска држава во етничките и географски граници
на Македонија.
Во тој правец можеме да ја оцениме и крајната цел на андартска грчка
провокација од 1896 година во однос на исходните патишта на балканската
политика во однос на Македонија. Притоа, ќе потенцираме два битни
заклучоци: прво, таа била организирана со цел да се предупреди Портата да не
дава концесии на бугарската пропаганда во Македонија за сметка на грчката, и
второ: да и се стави на знаење на Бугарија и Европа дека Грција има интереси и
претензии во Македонија.
Со тоа политиката на делбите на Македонија го започна својот логичен тек. Од
црковно, на политичко поле, а потоа на воено. Билансот беа Првата и Втората
балканска војна.
_________________________

139-Далибор Јовановски, Еден британски документ за грчко-бугарските односи


и Македонија од осумдесетите Години на XIXвек, "Историја", XXXVIII, бр.1-2,
Скопје 2002,103.

140-Види: В. Георгиев, С. Трифонов, Гръцката и Сръбската пропаганди в


Македония (краят на XIX и началото на XX век), Нови документи, София 1995.

141-Коне Самарџиев од Прилеп (1854-1912) книжар, печатар и издавач. Од 1889


година почнал да издава "Книжици за прочит" и народни календари со
популарна содржина. Бил еден од најактивните егзархисти во Македонија,
заедно со прилепчанецот Кондов.

142-Ѓорче Петров, Спомени Коресподенција, Скопје 1984,62-63.

143-Ѓорче Петров, исто, 63-64.

144-Види поопширно: Ристо Поплазаров, Великогрчката политика на


Кралството Грција спрема Македонија во втората половина на XIX век, ГИНИ
ХIV/1, Скопје 1970; Ристо Поплазаров, Грчката политика спрема Македонија во
втората половина на XIX век и почетокот на XX век, Скопје 1973.
145-Р. Поплазаров, Грчката политика спрема Македонија во втората половина
на XIX век и почетокот на XX век,..., 24-25.

146-К. Битоски, Грчката "македонска борба", Скопје 2001,45-46.

147-Во рамките на сеопштата националистичка еуфорија се одржувале


антитурски митинзи, со изразена антисловенска кампањата и се повикувало на
оружје за одбрана на грцизмот во Македонија (К. Битоски, цит. дело, 46).

148-Р. Поплазаров, Великогрчката политика на Кралството Грција спрема


Македонија во втората половина на XIX век,..., 67.

149-Така, весникот "Неа Имера" во 1897 година пишува: "Грците во


Македонија, и според најоптимистичките претпоставки, не бројат повеќе од 300
000 души и живеат главно во градовите, каде живеат исто толку муслимани.
Какво востание може да се дигне кога Портата собрала 150 000 војска? За
словенското население однапред се знае дека не ќе ја помогне борбата, која има
за цел да ја наложи грчката идеја, а немаме ни право да очекуваме помош од
словенското население кога продолжуваме да ја сметаме цела Македонија, од
крај до крај, исклучиво грчка" (Според: Р. Поплазаров, исто).

150-ДАРМ, ф. ПО. мф. 446, пов. бр. 29,29.07.1896.

151-Дел од нив пристигнале по море и се истовариле во Солунскиот залив, а


другите минале преку планината Олимп.

152-За тоа самиот битолски валија, Абдул Керим во разговор со британскиот


заменик вицеконзул во Битола изјавил: "Христијанското население во овој
вилает не им дава отворена поддршка на бандите и колку и да се жалат, тие се
мирни и мирољубиво настроени".(ДАРМ, F0 РО 294/22, М-362,бр.4).

153-К. Битоски, Грчката "македонска борба"..., 49.

154- К. Битоски, исто, 51.

155 ДАРМ, ф. ПО. м.ф. 446, пов. бр. 31,27.07.1896.

156 ДАРМ, М-362, бр. 4,, РКО РО 294/22,18.08.1896.

157-Тргнувајќи од идејата за оружена интервенција во Македонија, прв


неуспешен обид да се уфрли една мала српска чета во Македонија, Србите
направиле во 1901 година. Во 1902 година во Белград создале Главен одбор на
четничката организација. Во 1903 година биле уфрлени неколку чети кои не
можеле да имаат успех наспроти мрежата на ТМОРО. По неуспешното
Илинденско востание, српските чети можеле несметано да влегуваат во
Македонија која се претворила во полигон на грчките, бугарските и српските
четнички дејствија и меѓусебни крвави пресметки (Историја на македонскиот...,
т. 3,374).
158-Британски дипломатически документи по българския национален въпрос,
том 1,1878-1893, София 1993,276.

***

4.3. Предавствата и провалите во ТМОРО по 1896 година

Наспроти врховистичките и андартските чекори инспирирани од надворешно-


политички цели, организираното национално-ослободително движење на
македонскиот народ земало подем. По Солунскиот конгрес на ТМОРО од 1896
година, Македонија била поделена на 5 револуционерни окрузи: Солунски159,
Битолски160, Скопски161, Струмички162 и Серски163. Надвор од Македонија,
како шести округ бил Одринскиот. Мрежата на Организацијата брзо се ширела.
Посебен успех бил забележан во селата. Во некои села приемот се вршел дури
масовно во селските цркви и училишта. Истовремено започнало и
вооружувањето на населението и негова морална и воена подготовка за
востание. Веќе во 1897 се појавиле првите чети, а во 1898 година ЦК донел
одлука да се формираат редовни околиски чети.
Подемот на организацијата по Солунскиот конгрес, довел и до нови жртви на
нејзините дејци и приврзеници. Случајно, преку доушници, предавници или
преку смислени провокации на инволвираните големобугарски и врховистички
елементи, во натамошниот период османските власти дошле до различни
податоци за постоењето и делувањето на македонската револуционерна
организацијата. Така, на пример, барајќи ги убијците на двајца Турци колџии во
август 1897 г. власта во Радовишко откриле складирано оружје и муниција. По
тој повод биле уапсени и осудени на разни казни 120 луѓе. Бидејќи чинот бил
оквалификуван како криминален, последиците биле ограничени само на две
села - Дедино и Инево.

4.3.1. Виничката афера

Поголем потрес Организацијата доживеала по избивањето на познатата


Виничка афера, провала која ја опфатила речиси цела Источна Македонија.
Според д-р Крсте Битоски Виничката провала била "прво откривање на
Организацијата во Турција и пред Европа". Ноќта на 14/27 ноември 1897 г., една
разбојничка чета од 26 арамии дојдена од Бугарија, на чело со стариот
малешевски арамија Коте Голчев, со помош на свои јатаци, во Виница го убила
богатиот Турчин Ќазим-ага и дигнала од неговата куќа околу 800 лири.
Напаѓачите при повлекувањето го убиле и селскиот полјак во Виница кој бил
припадник на Организацијата. Токму ова убиство предизвикало голема афера.
Возбудената жена на убиениот полјак, мислејќи дека мажот и е убиен од
организационата чета и соопштила на османската жандармерија дека во
нејзината куќа има оставено оружје од оние кои го убиле мажа и. Тоа дало
повод жандармеријата да го претреси целото село и да се расплетат нишките на
организационата мрежа.
Околу истиот настан (декември 1897 година), британските известувачи
наведуваат дека Турците откриле "подготовки за востание" во Кочанскиот
регион. За самиот настан во изворот стои следново: "Како последица од кавгата
што избила меѓу револуционерите, се случило убиство на еден нивни член.
Дознавајќи за овој настан, неговата жена, со цел да ја одмазди смртта на својот
сопруг, ги известила турските власти дека убијците на нејзиниот сопруг биле
револуционери. Еден од нив бил подложен на страшни маки со цел да признае.
А другиот со цел да се спаси од слично злоставување, изјавил дека сака да ја
прими исламската вера и затоа ги предал извештаите и сметководните книги
(дефтерите) од револуционерното движење, што се наоѓале кај него. Заради тоа
биле откриени целиот план и подготовките за востание во оваа област", Врз
основа на овие податоци, генералниот гувернер од Скопје испратил војска "да
го пребараат селото за кое се мислеше дека има скриено оружје, велејќи им на
луѓето дека книгите се кај него и затоа е бескорисно да го кријат..."164.
Според други наводи, за ова откривање на Организацијата и проширување на
провалата придонесол многу и отпадникот од редовите на Организацијата, кој
станал и османски шпиун, Ѓорѓи Иванов (Јованов). Тој дури лично одел на чело
на османската жандармерија и војска и ги откривал и ловел луѓето на
Организацијата. Горѓи Иванов ги поткажал на османските власти и штипските
учители Христо Поп Коцев и Тодор Лазаров, кој бил и член на Окружниот
комитет на ТМОРО, а и други во Штипскиот округ, така што аферата го
опфатила целиот Штипски округ, а делум и Скопскиот. На чело на казнената
експедиција застанал познатиот османски полицаец Дервиш Ефенди. Тој го
сместил својот штаб на тепачи и мачители во Штип, а одреди војска и
жандармерија крстосувале низ селата од целиот округ. Во Кочанско и
Царевоселско власта објавила воена состојба165.
Со семожни инквизиторски начини луѓето биле принудувани да даваат
искажувања какви што сакал Дервиш Ефенди. Се барало оружје и членови на
Организацијата. Се барале раководители и организатори по селата и градовите.
Се затворале учители, свештеници, земјоделци, занаетчии и работници во
целиот Штински и Скопски округ. Вршејќи истрага околу ова убиство, властите
пронашле складови со оружје и муниција. Но сериозен проблем бил во тоа што
властите успеале да ја откријат конспиративната мрежа на Организацијата во
Штипска, Кратовска, Паланечка, Радовишка, Кумановска и Малешевска
каза166.
Пронајдените педесетина пушки, неколкуте сандаци муниција и дваесетте
бомби за османските власти биле неспорни материјални докази дека во
Македонија постои револуционерна организација167. Поради тоа се почнало со
притворање на луѓе, од кои мнозинството биле членови на ТМОРО во: Виница,
Штип, Кочани, Пехчево, Царево село, Радовиш, Кавадарци, Злетово, Лесново,
Кратово, Крива Паланка и Куманово, со околните места. Жестокиот терор за
нејзиното разоткривање го опфатил речиси целиот Скопски округ168. Биле
уапсени околу 600 лица, над 200 биле мачени, од кои 5 биле убиени, околу 300
биле принудени да пребегнат барајќи спас во Бугарија169. Неколку десетици
затвореници, во јануари 1898 година биле осудени поради материјална и
политичка одговорност за убиството во Виница170. Од првата категорија биле
обвинети како соучесници во ограбувањето и убиството на Ќазим ага, а другите
од втората категорија биле осудени како политички престапници. Првите биле
осудени на казни од 10 до 20 години без право на амнестија. Другите како
политички престапници биле осудени од специјалниот суд (Февкала) на
доживотен затвор, односно на 101 година затвор. Меѓу нив биле и
револуционерите: "Мише Спиров Развигоров - учител од Штип, Јосиф Даскалов
- учител од Кратово, Петар Поп Арсов - главен учител во Штип", Димитар
Мирасчиев, игуменот на Лесновскиот манастир Козма и други. Сите биле
заточени во Подрум Кале во тврдината Будерман-град Акија, Адански вилает,
но во 1902 година со општа амнестија биле ослободени171.
____________________________________________________________________

159-Во Солунски револуционерен округ спаѓале: Солунска, Тиквешка,


Гевгелиска, Воденска, До-јранска, Ениџевардарска, Кукушка и Лагадинска
околија и Света Гора.

160-Битолски револуционерен округ се состоел од околиите: Битолска,


Кичевска, Охридска, Костурска, Прилепска, Дебарска, Леринска и Кајларска.

161-Скопски револуционерен округ се состоел од околиите: Скопска,


Кривопаланечка, Кратовска, Кочанска, Кумановска, Велешка и Штипска.

162-Струмички револуционерен округ со околиите: Струмичка, Петричка,


Радовишка и Малешев-
ска.

163-Серски револуционерен округ со околиите: Серска, Горноџумајска,


Неврокопска, Драмска, Прешовска, Демирхисарска, Разлошка, Мелничка и
Кавалска.

164-Британските конзули во Македонија 1797-1915, Документи, ред. Драги


Ѓорѓиев, док. бр. 116, Скопје 2002,255.

165-Види:Изъ миналото на Македония , "Македонски вести", бр. 10, г. I,1935,2-


4.

166-Крсте Битоски, Солунските атентати 1903, Скопје 2003,21.

167-Според прибраните податоци на Џон Блант, генерален конзул во Солун,


бројот на пушките бил следниов: во Виница - 50 пушки, во Лески - 35 пушки и
21 бомба како и фишеци, во Драгобрашта - 60 нушки, Кршла - 32 пушки,
Оризари -12 пушки, Тркање -10 пушки, Зрновци - 40 пушки, Соколица во
близина на Кратово - 20 пушки. Оние што се пронајдени во Виница се
"Мартинки", а другите Гра" пушки. (Британските конзули во Македонији 1797-
1915, Документи, док. бр. 116, ...,254.)

168-Теророт што османските власти го спровеле за време на Виничката афера


бил жесток и незапаметен дотогаш. Пишувајќи за тоа како ја доживеале
Виничката провала, еден од идните гемиџии раскажува: "Таа го изнесе на
видело постоењето на револуционерната организација и ѕверствата на
деспотската турска власт. Со масовни апсења и мачења турската власт
предизвикала гнасење и негодување кај сите нас. Таа провала ни покажа дека
има против што се бориме - тоа е турското господство" (Тодор Органџиев, За
Солунското съзаклятие - 50 години от Илинденското вжпшние, София
1953,116).
169-Џон Блант, британскиот генерален конзул во Солун, според изкази на
приватни лица известувал дека "уапсените во Виница биле мачени, а околу 25
лица, вклучувајќи го и свештеникот од Зрновци, починале. Иако се
претпоставува дека бројките се преувеличани, едно е точно, свештеникот и
тројцата други селани се мртви. Никакво мачење не било употребено во Кочани
или Штип. Војниците, а не полицијата, ги извршиле злосторствата. Според тоа,
валијата од Скопје, се раскажува од претставниците на рускиот конзул,
телефонирал во Кочани и Штип со цел да ги забрани таквите мерки.... Секакви
вести се шират наоколу во врска со мачењата извршени од војниците, но досега
не бев во состојба да се снабдам со вистински информации во врска со овој
настан..." (Докумети..., док. бр. 116,..., 254-255).

***

4.4. Борбата на ТМОРО против предавниците и туѓите посегања врз делото

Виничката афера, недвосмислено и нанела сериозни удари на се уште


недоволно изградената мрежа на Организацијата. По настаните во Виница и во
соседните места, на османските власти им станало јасно дека постои раширена
мрежа на Организацијата. Но, истовремено останала зачудена и бугарската
влада. Таа тогаш ги видела големите размери на внатрешната организациона
мрежа, и соодветно на своите интереси во Македонија, си ја изменила
политиката спрема од неа осудените довчерашни арамии од Виничката афера,
кои од тактички причини кон Османската држава ги осудила на затвори.
Виничката афера и бројната македонска емиграција во Бугарија биле добра база
за пројавување на официјалната политика на тогашната влада на Стоилов, која
"фрли стрвен поглед врз внатрешната организација за обсебување на нејзините
комитети, нешто што не задоцни да се види по една-две години, -во лицето на
врховизмот"172.
Османските власти почнале побудно да ги следат сите сомнителни движења низ
цела Македонија, а доушниците добиле нова задача - да работат врз
разоткривање на револуционерната мрежа заради уништување на истата. Во тие
рамки настанале бројни провали кои имале тешки последици за македонското
ослободително движење.
По правило, разоткривањата и провалите најчесто настанувале во оние
револуционерни окрузи каде Организацијата била најраширена и со најдлабоки
корени. Така, на пример, само во Костурско, во периодот од 1899 до 1903
година имало 14 провали по кои над 230 души биле изложени на тортура, а од
нив најтешка била Иванчовата провала од 1901 година. Во Струмичко, во
периодот од 1897 до 1901 година имало 5 провали во кои настрадале 740 души.
Меѓу најтешките провали се вбројува Валандовската од 1899 година, која се
проширила и во Гевгелиско, Дојранско и Ениџевардарско. Особено тешки удари
Организацијата претрпела во 1900 година во Битола, по провалата што
настанала заради предавството на поп Ставре и со Солунската провала од 1901
година173.
Провалите биле проследени со терор, апсења и судења кои мошне штетно се
одразиле на развојот и делувањето на ТМОРО. Иако низ целиот систем на
тортури биле забележани исклучителни примери на херојство и
непоколебливост со што јакнела вербата на луѓето во Организацијата и се
анимирала европската јавност, сепак, гледано долгорочно покрај сите морални
вредности на оние кои не се приклучиле на чинот на предавството, провалите
направиле огромна штета во јакнењето на националноослободителното
движење и во неговиот самостоен чекор.
Покрај борбата против мешањето на ВМК, особено жестока и упорна била
борбата на ТМОРО против Бугарското тајно револуционерно братство. Ова
Братство имало претензии да биде втора револуционерна организација во
Македонија, но немало за цел да го засили национално-ослободителното
движење на македонскиот народ174. Негов претседател бил Бугаринот Иван
Гарванов, професор во егзархиската гимназија во Солун. Братството било под
влијание на бугарската влада и Егзархијата. Иван Хаџи Николов, констатирајќи
ги "великобугарските политички" сфаќања на Братството, ја изнесува и
вистинската причина за неговото формирање, имено "организираното население
да се потчинува на наредбите на Егзархијата и респективно на Врховниот
македонски комитет во Софија"175. Во 1899 г. по саморастурањето на
Братството неговите членови со посредништво на Борис Сарафов и ВМК влегле
во Организацијата, иако Ѓорче Петров ја предочил кобната грешка што се
правела. Подоцнежните настани му дале за право на Ѓорче Петров.
Впрочем, во тоа време, кога претседател на ВМК бил Борис Сарафов176
ТМОРО добила позначајна помош од страна на ВМК. Но, набрзо дошло до
заладување и заострување на односите поради амбициите на Б. Сарафов да го
преземе раководството на ТМОРО во свои раце177. Сарафовиот комитет и
особено Сарафов лично, ако се исклучи материјалната помош дадена во првиот
период, и нанеле голема штета на ТМОРО, и од морален и од политички
карактер.
Во тој период се случувале повеќе обиди за убиства на припадниците на
српската, бугарската или грчката пропаганда, помеѓу патријаршисти и
егзархисти, а биле ликвидирани повеќе шпиони. Така, Михаил Попето178 го
ликвидирал грчкиот шпион поп Дељо179. Многу поспектакуларно, според
Ванчо Ѓорѓиев, Михаил Попето го извел ликвидирањето на грчкиот калуѓер поп
Стефан во ноември 1899 година180. Непосредно пред исполнувањето на
пресудата, поп Стефан трипати бил предупреден од курир на Организацијата.
Најпосле околискиот комитет бил принуден да пристапи кон смртна казна. На
28.11 (ст. стил) 1899 година, Попето со својата чета влегол во Миравци. Притоа
се сместил во куќата на егзархискиот свештеник поп Никола. Таму се собрале
повеќе членови на ТМОРО, меѓу кои и селскиот учител Ат. Јанев. Пресудата
требало да се изврши следната вечер, спроти празникот Св. Андреј Првозвани.
Утрото во селото пристигнал помошникот кајмакам, по народност Ерменец, кој
заедно со придружбата, исто така се сместил во куќата на поп Никола. Тој имал
задача да воспостави ред при служењето во црквата помеѓу егзархистите и
патријаршистите. Гркоманите во селото ги зеле клучевите од црквата и на
егзархистите не им дозволиле да одржат богослужба на задушница. Поп
Никола, за да ја отстрани опасноста од тоа да бидат откриени Попето и
другарите, ја извадил армониката, а на попадиката и наредил да донесе мезе и
ракија, а потоа потајно да им соопшти на комитите, штом ќе слушнат музика да
тргнат во остварување на задачата. Откако ракијата ги опуштила кајмакамот и
придружбата, поп Никола засвирил на армониката. Додека надвор започнал да
лие силен дожд, четата тргнала во акција. Куќата на поп Стефан била опколена,
а М. Попето и А. Ќосето застанале на врата. Снаата на поп Стефан се обидела да
го сокрие, но го нашле скупчен во една каца. Пресудата била веднаш извршена,
а четата го напуштила селото181.
Набрзо по ликвидирањето на шпионот поп Стефан, на 5.12.1899 година поп
Никола и азите биле одведени во Гевгелија, но по 10 дена ослободени, бидејќи
од нив властите ништо не дознале. Така, ова политичко убиство не
предизвикало никакви реперкусии за Организацијата зашто се случило под
носот на заменик кајмакамот. Но и покрај тоа, Михаил Попето не бил задоволен
со таквите убиства. Тој велел: "Наша најглавна задача е да ги кренеме на нога со
народот, а не да ги убиваме"182.
Соочена со безизлезноста на народот, надворешните пропаганди и внатрешните
разидувања, Организацијата била принудена да биде немилосрдна кон
насилниците и предавниците. Така, во Тиквешијата организирала убиство на
прочуениот разбојник Хусеин-пеливан кој извршувал различни злосторства
заштитен од тиквешкиот кајмакам Шефки-беј. По егзекуцијата на Хусеин-
пеливан власта уапсила седуммина граѓани. По шестмесечна истрага поради
отсуство на докази, тие биле ослободени, освен Нацо касапот, кој бил осуден на
една и пол година затвор. Истата 1899 година, по налог на Околискиот
комитет на ТМОРО била извршена уште една успешна акција во која бил убиен
османскиот шпион Ило Џунов од Неготино. Оваа задача ја извршил Данаил
Бадев од село Глишиќ на патот од Неготино за Кавадарци, кај месноста
Ушите183.
_______________________
170-Во МИР (стр. 104) се наведува дека во затвор се нашле 528 лица,111 биле
претепани, 5 убиени, 85 мачени, заради прогонот 300 лица биле принудени да
пребегаат во Бугарија, а 13 жени и девојки биле силувани.

171-Изъ миналото на Македония,..., 4.

172-Изъ миналото на Македония, ..., 4; Христо Настевг, Винишката афера,


"Илюстрация Илинденъ",кн. 7,1939,5.

173-Историја на македонскиот народ, том трети,..., Скопје 2003,240-241.

174-Бугарското тајно револуционерно братство во Османската држава било


формирано во март 1897 година во Солун. Целта на Братството според
донесениот устав, била да го подготви бугарскиот народ самостојно да се
избори за слободен политички живот, да се пресмета со разните мачители на
народот и да ја заштити бугарската народност од влијанието на туѓите
пропаганди. Средства: употреба на жив и печатен збор, терор, убиства и
револуција.

175-Историја на македонскиот народ, том трети,..., 195.

176-Борис Сарафов (с. Либјахово, Неврокопско, 1872 - Софија, 1907)


претставува една од најконтроверзните личности во историјата на македонското
ослободително движење, во кое се вклучил во 1895 година. Учествувал во т.н.
Мелничко востание, на Смилевскиот кокгрес и во Илинденското востание. По
востанието дејствувал во Битолскиот револуционерен округ. Учествувал во
работата на Рилскиот конгрес на Организацијата. Како припадник на десното
крило на ВМОРО, во 1907 година бил ликвидиран заедно со Иван Гарванов од
страна на Серската група. (МИР, 414-415).

177-Претседателското место, чувството на сигурност што му го давала


поткрепата на офицерските друштва, полната комитетска каса, биле доволна
база за славољубивиот Сарафов да се претставува и надвор од границите на
Бугарија како единствен водач на ослободителното движење во Македонија. За
таа цел, тој во странство го покренал весникот “L'Effort", инаку уредуван од
Симеон Радев, преку кој ја популаризирал својата улога. Така, политичката
јавност во Европа стекнала впечаток дека Борис Сарафов бил главната личност
на македонското револуционерно движење (Историја..., 249).

178-Михаил Апостолов Попето, на кусо во 1897 година бил во четата на


Апостол Петков во Ениџе-вардарско. Во април 1898 година, М. Попето на
покана од Гоцета Делчев застанал на чело на една чета од седум луѓе. При
обидот да навлезе во Македонија, четата на Попето кај Ќустендил била
пречекана и распрсната од една бугарска чета. Меѓутоа, по десетина дена таа
повторно се собрала и успешно се префрлила во Серско, каде била пречекана од
Иљо Крчовалијата. Попето бил "дисциплиниран воин", кој веднаш се зафатил со
апостолска работа. Неговиот строг карактер бил пример за првите четници. Тој
пред селаните проповедал совест, бунт, конспиративен дух и самоувереност во
борбата. Четата на Попето прераснала во вистинска четничка школа. Од неа
произлегле бројни војводи како: Христо Чернопеев, Михаил Герџиков, Никола
Дечев, Петар Јуруков, Делчо Коцев, Пешо Самарџиев, Никола Жеков, Атанас
Бабата, Андон Ќосето и многу други. Во 1899 година, со чета од 5 до 6 души
Михаил Попето дошол во Гевгелиско. Идењето на М. Попето било поврзано со
напорите на ЦК да го заузда самоволниот Иван Карасулски чија активност
станала штетна по Организацијата. (Види: Н. Петровъ,, Другарски спомен за
Михаилъ Апостоловъ, (Попето), Ил. Илинденг, г. V,ъ, 6 (46), София 1933; Хр.
Силяановъ,Освободителнитъ борби на Македония,, София 1933)

179-Ангел Динев, Илинденската епопеја, т.1. (приредил Владимир Картов),


Скопје 1978,124.

180-В. Ѓорѓиев, Слобода или смрт..., 290-291.

181-Види: А. Динев, Илинденската..., т.1.,...., 124-126.

182-А. Динев, исто, 126.

183-Види: Петре Камчевски, Револуционерното движење во Тиквешијата до


Балканските војни, Кавадарци 1995,67-72.

***

4.4.1. Валандовската афера од 1899 година

Заради недисциплина на одделни членови на Организацијата, во 1899 година


избила уште една афера - Валандовската афера. Во текот на оваа афера ќе
паднат жртви, а народот ќе биде изложен на терор од страна на властите.
Валандовската афера ја предизвикал Иванчо Орџанов Карасулијата
(Карасулски) еден од старите ајдуци и одмаздници. Во годините што
претходеле на аферата заедно со стариот ајдучки војвода Апостол Петков
Терзиев ја обиколувал областа Бојмија и Пајак Планина. Даме Груев, во
акцијата за формирањето на четничкиот институт на ТМОРО, во 1897 година ги
поканил да се покорат на Организацијата и да ги почитуваат нејзините правила.
Тие во Организацијата биле посветени од поп Стамат Тончев. Така била
формирана првата чета во Ениџевардарско на чело со Апостол Петков. Од неа
се издвоил И. Карасулијата, кој со својата чета почнал да ги обиколува Кожуф и
Пајак Планина. Во периодот 1898/1900 година, И. Карасулијата пројавил
динамична четничка активност во Гевгелиска околија, но на неколкупати, со
своите постапки ја изложил Организацијата на ризик од провали. Така, на
пример, при убиството Ристо Наумовиќ - Цицо, претставник на српската
пропаганда, извршено од терористи од градот, а поттикнато од И. Карасулијата
и од А. Петков, биле уапсени: Анго Франгограф, Иван Ангов, Гоце Чанов и
Илија Докторов. Тие биле пренесени во Солунскиот затвор Једи Куле, каде
останале до 25.08.1899 година, кога биле ослободени. Благодарение на нивната
издржливост и цврст дух не дошло до предавства и разоткривања од поголеми
размери184.
Во 1898 година, И. Карасулијата учествувал во грабнувањето на Туран-бег и во
убиството на неговиот син во близина на струмичкото село Костурино185.
Притоа, добил откуп од 1 200 лири, но само 200 или 400 лири внесол во
Организацијата, а другите ги задржал. На ваквиот чин на Карасулијата се
спротивставил Михаил Апостолов Попето, но тој не можел поостро да се справи
со Карасулијата кој уживал популарност среде населението заради неговите
херојски подвизи против одделни турски и албански насилници186.
Карасулијата, откако го зел откупот за Туран-бег престанал да ги почитува
правилата на Организацијата и станал недисциплиниран и суетен. Осилени од
финансискиот ефект на оваа уцена, Карасулијата и неговата чета се обиделе да
организираат слична акција во Валандово. На 7/20 декември 1899 година, тие
влегле во Валандово да задигнат еден богат гркоман. Притоа четата се судрила
со жандармеријата во Валандово, а престрелката траела цела ноќ. Утрото четата
се повлекла без загуби, но биле убиени двајца заптии. Истрагата на овој
инцидент ја презел жандармерискиот началник од Солун Мехмед Паша,
помогнат од една чета башибозук со Ќазим Бег на чело. Војската го опседнала
Валандово и заедно со башибозукот извршиле голем терор врз населението. Над
уапсените луѓе, исто така, биле применети најсурови мерки на измачување.
Неподносливата физичка тортура не можеле да ја издржат Васил Тајтајкин и
Герџиков. Тие признале дека четата била криена од браќата Пено и Иван Гегови
од с. Балинци. Двајцата посочени покажеле неверојатна силина и власта не
можела од нив ништо да дознае .
По овој инцидент, сепак, станало јасно дека станува збор за поголема завера и
дека од левата страна на Вардар се крие организирана чета. Затоа властите
почнале да организираат силни потери низ регионот проследени со невиден
притисок врз населението. Настрадале повеќе луѓе во селата Грчиште, Ѓавато,
Богданци, во повеќе други села во Гевгелиско, Дојранско и Ениџевардарско188.
Аферата набрзо го опфатила речиси целиот Солунски вилает, а се проширила и
во Кавадаречко. Таму биле погодени селата Бегниште и Ресава.
Во селото Прждево, Кавадаречко, османската потера извршила големи апсења.
По извршеното предавство за кратко време било уапсено целото раководство на
Револуционерниот комитет од селото: Атанас Кондов, Ристо Масларов, Ефрем
Јанев и Арсо Самарџиев. Врз нив војската и полицијата примениле најсурови
методи на измачување за да откријат кои се членовите на тајната Организација,
за нивните врски со околиското раководство и да откријат каде се наоѓа
скриеното оружје. Првите тројца стоички ги издржале сите измачувања189, но
Арсо Самарџиев потклекнал пред жестоките мерки и ги открил сите тајни на
Организацијата со што бил нанесен удар на подемот на ТМОРО во
Тиквешијата190.
Притиснато од теророт на османските потери, населението од Солунскиот
вилает почнало да испраќа жалби до странските дипломатски претставништва
во Солун. Османските власти биле принудени, заради залажување на големите
сили да направат извесни персонални промени. На тој начин привремено дошло
до затишје. Но, веќе во април 1900 година, аферата повторно се разгорела со
истата жестина. Поводот го дал Ќазим-ага, кој убил по еден селанец од селата
Дабово и Тумба и 4 овчари од селото Бојмица191. Меѓу убиените се наоѓало и
едно 12-годишно дете заради што вознемиреноста и револтот на населението
достигнал врвна точка. Властите презеле иследувања, при што биле уапсени и
мачени шестмина селани од с. Бојмица. На крајот, под организираниот притисок
на населението, властите го прекинале иследувањето.Меѓутоа, штетата од тоа
иследување веќе била направена. Во текот на иследувањето бил поткажан
Турчинот Мејмедин, кој ја снабдувал Организацијата со пушки. Мејмедин
признал дека оружјето му го доставувал на Иван Делипетров од с. Сехово.
Уапсениот Петров признал дека купил само една пушка за себе. Но, по суровото
мачење кажал дека му дал една пушка на Гоно Делиманов од с. Смоквица. По
апсењето, Гоно признал дека им раздал 8 пушки на селаните кои биле веднаш
уапсени и осудени поради недозволено држење на оружје. На пет години затвор
како конспиратори биле осудени Иван Делипетров и Гоно Делиманов192.
Во текот на аферата биле тепани околу 150 луѓе, а околу 100 биле арестувани.
Притоа, останал фактот дека и покрај жестокото мачење народот покажал
извонредна цврстина и храброст, во најголем број случаи не потклекнувајќи на
маките193.
__________________________________

184-Владо Картов, Гевгелија до Балканските војни, Скопје 1966,159.

185- В. Ѓорѓиев, Слобода или смрт..., 289-290.

186-Види: Хр. Силяновъ, Освободителнитъ борби на Македония, София 1933;


В. Картов, Гевгелија до Балканските војни, Скопје 1966; В. Ѓорѓиев, Слобода
или смрт..., 278-291.

187-Ангел Динев, Илинденската..., т.1.,...., 126.

188-Во Балинци биле тепани 5-мина селани, во Грчиште 20, во Ѓавато 12. Во
Богданци биле тепани: Христо Николов, Ичко Тодоров, Караискак, Гано Пеев и
други. Истовремено, во куќата на Хаџи Мито биле уапсени десетина души. Од
Богданци побегнале повеќе луѓе, меѓу кои Дељо Колчов, Гоно Ванчев и Мицо
Марков - кадијата. Покрај споменатите, во Богданци биле уапсени уште
деветмина, меѓу кои и свештеникот Григор Јанев. Аферата се проширила во
Смоквица. Така постепено ги зафатила селата во Гевгелиско, Дојранско и
Ениџевардарско. (Ангел Динев, Илинденската..., т. 1.,...., 126-127).

189-Како средства на измачување во истражната постапка било применувано


горење на нозете со усвитено железо, ставање на варени јајца под мишките,
тепање со стап до изнемоштеност итн.

190-П. Камчевски, Револуционерното движење во Тиквешијата до Балканските


војни,..., 75-76.

191-В. Горѓиев, Слобода или смрт..., 293.

192-Ангел Динев, Илинденската..., т.1.,...., 127-128.

193-Храброто држење на народот во Валандово и трите соседни области кои


биле жртва на прогоните на османските власти, нарасната смелост и чуство за
чување на Организацијата кај македонскиот човек, станале инспирација за
Христо Матов, тогашен член на ЦК ТМОРО, да ја создаде револуционерната
елегија "Валандовска песна".
***

4.4.2. Предавството на поп Ставре во 1900 година

Во 1900-та година Европа осамна со новото светско чудо - Ајфеловата кула во


Париз. И додека беа се уште свежи импресиите од големата светска изложба со
која Европа го означи крајот на XIX век, Османската империја ја потресуваше
силна економска криза. Македонците опкружени со растечките апетити на
соседните држави ги вршеле засилените подготовки за своето национално
ослободување. И додека европскиот живот фаќаше силни чекори кон
модернизацијата и новите стилови на ХХ-от век, Македонците ги бараа своите
елементарни човекови права, изложени на насилства и безредија, оставени сами
на себе со целата рамнодушност на Европа и на "браќата" Руси кон страдањата
на невиното население. И во тој невиден очај, на насилството често се бранеа со
насилство, а крајот на насилството беше се потешко страдање на се поголем
број невини жртви во бесмислениот синџир на терор.
И токму за таа 1900-та година македонската историја запишала уште едно
предавство и уште еден венец на насилие кое се случило во рамките на т.н.
Битолската провала, позната во македонската историографија како Попставрева
провала. Оваа провала била резултат на предавството на попот Ставре кој,
одбивајќи да ги вложи во касата на Организацијата бараните 30 лири прилог,
случајот го пријавил во полицијата. Ваквиот чин на предавство бил осуден од
Организацијата, а поп Ставре набрзо бил егзекутиран од Битолскиот комитет.
Поп Ставре бил Пелагониски егзархиски архиерејски заменик и спаѓал во
групата егзархиски великодостојници кои имале непријателски став кон целите
и дејствувањето на Тајната македоно-одринска револуционерна
организација194. Затоа можеби била грешка што во акцијата за собирање
материјални прилози за Организацијата од побогатите битолски граѓани, била
побарана парична сума и од овој егзархиски свештеник. Непријателски
настроен кон целите на ТМОРО и навреден од "уценувачката постапка" на
Комитетот, поп Ставре "лично ја известил вилаетската власт за комитската
уцена". Се смета дека на тој гест бил осоколен од неговиот сват, Влавот Таки
Чона, познат османски шпион, кој веројатно му ги понудил своите услуги за
незабележано известување на власта195. Известувајќи ги властите за денот кога
човекот од Окружниот комитет ќе дојде да му ја достави расписката за бараните
пари, поп Ставре се скрил, како сомнението за предавството не би паднало врз
него. Со полициската операција раководел познатиот битолски главен полицаец
Саид Ефенди со помош на Таки Чона. Во договореното време емисарот на
Окружниот комитет, Трифун Иванов, пристигнал во куќата на Ставрета, но,
како што наведовме, свештеникот бил некаде скриен. Откако ја напуштил поп-
Ставревата куќа, Трифун Иванов бил следен од агентите и полицијата. Во текот
на гонењето тој успеал да се ослободи од расписката, така што кога бил фатен
кај него пронашле само кама.
Дознавајќи за предавството, Окружниот комитет свикал вонредна седница на
која поп Ставре бил осуден на смрт. За извршување на пресудата биле
определени: Трајко Петрев, Глигор Димев и Петар Георгиев. Во утринските
часови, на 17 август ст. стил 1900 година со револверски истрел, пред тремот на
црквата св. Богородица во Битола, бил убиен уште еден предавник на
македонското ослободително дело. Всушност, на самиот чин на атентатот, поп
Ставре бил само тешко ранет, а нешто подоцна подлегнал на раните.
Чувствувајќи дека ослободувањето на Македонија, не е негово, туку туѓо дело,
зашто се косело со големобугарската пропаганда во Македонија, поп Ставре
како "морални убијци" ги посочил Даме Груев и Тодор Луканов (Михаил
Герџиков). Иронијата на сето ова е што Михаил Герџиков, Бугарин по етничка
припадност, бил еден од најзнаменитите борци за ослободување на Македонија
и Одринско, револуционер и војвода, соработник на Гоце Делчев и на Јане
Сандански196.
Убиството на овој егзархиски свештеник, кој одбил да и даде финансиска
помош на Организацијата "...не сочувствувал со револуционерното
движење"197 и извршил предавство пред властите, повлекло серија апсења на
припадници на ТМОРО198. Така, веднаш по извршениот атентат започнале и
апсења на сомнителни лица. До 21 август ст. стил 1900 година во долапите на
истражниот затвор се нашле околу 42 лица. Меѓу првите бил уапсен Нале
Павлев, анџија во Битола, по потекло од с. Смилево, братучед на Даме Груев.
Во анот на Павлев нелегално престојувал цели 40 дена уапсениот Трифун
Иванов. На 18 август ст. стил 1900 година во Смилево бил уапсен Груев и
доведен во Битолскиот истражен затвор. Во домот на уапсениот Пенџерков,
властите пронашле 4 берданки. Меѓу уапсените се нашол и учителот Христо
Иванов кој примал плата и од Егзархијата и од Српскиот конзулат во
Битола199. Плашејќи се од поголеми реакции, во тие пресудни денови, власта
го ангажирала аскерот, да ги контролира битолските маала - Јени и Баир.
По извесно време, над половина од уапсените биле ослободени. Во февруари
1901 година пред Битолскиот суд биле изведени:
1. Трајко од Баир дека го убил во содејство на Глигор Димев, Перо Димев и
Петар Георгиев, главниот свештеник на бугарската црква, попот Ставре, кој
откажал да даде пари на Комитетот, откако и јавил за тоа на власта;
2. Ристе Талев, Боше Нечов, Ристе Талев-анџија, Лазар Јовчев, Никола Стојков,
Спиро Костов, браќата Петар и Ѓорѓи Попеви, Михаил Наумов, Ѓорѓи Најдов,
учителите - Васил Димитров, Стефан Илиев и Дамјан Груев, - Трифун Иванов,
Нале Павлев, Јанаки Штерјов, Ефрем Ризов и избеганиот Тодор Луканов
(Герџиков), кои сочинувале еден револуционерен комитет кој имал за цел да го
подигне населението во државата кон бунт и дека го казнувал со смрт секој оној
што се спротивставувал200. Како што наведува д-р Димитар Димески,
споменатото обвинение било базирано на признанието на Гице (Глигор) Димев.
Покрај тоа, од Серското командантство бил доставен фатен комитски устав и
лист во кој бил споменат Даме Груев како член на Комитетот, кое го потврдил и
Г. Димев во истражната постапка201.
Судскиот процес на обвинетите во врска со Попставревата провала се одржал во
текот на месец март 1901 година во Битола202. Во текот на судењето
обвинетите се држеле достоинствено, ништо не признале и ги негирале сите
признанија од истражната постапка. Дури и Трајко Петков кој пукал во поп
Ставре и кој бил идентификуван од ранетиот, одрекувал било каква поврзаност
со тој чин203.
Од вкупно 22 обвинети, 12 биле осудени, од кои двајца во отсуство, а 10 лица
биле ослободени од обвинението. Трајко Петрев бил осуден на смрт, а на
доживотна робија Глигор Димев и Петар Димев, пет лица добиле казна робија
на 10 години, двајца на 3 годишен и двајца на двегодишен затвор. Она што
посебно ги импресионирало сведоците на судењето и посебно на чинот на
изрекувањето на пресудата, на кој присуствувале и австроунгарскиот и
романскиот конзул, било достоинственото држење и високиот морал на
осудените204.
Помеѓу осудените на десетгодишна робија бил и Даме Груев кој својот престој
во битолскиот затвор, пред очите на корумпираните чувари, го искористил во
засилена револуционерна дејност. Тука тој двапати се сретнал и со Гоце Делчев,
кога овој одејќи за Костурско, минувал низ Битолско. Од затворот Груев ги
држел сите конци на ТМОРО во Округот, а за тоа придонесла извонредната
координација со Ѓорѓи Поп Христов, неговиот близок соработник и приврзаник
кој без поговор ги извршувал поставените задачи. Така било до мај 1902 година,
кога од затворот во Битола Груев бил преместен во Подрум Кале.

_______________________________________________

194-Уште на самиот почеток Македонската револуционерна организација се


судрила со Егзархијата. Главна причина за тоа била борбата за контрола врз
црковно-училишните општини. Поради тоа, Егзархијата ги отпуштала од работа
учителите членови на Организацијата.

195-Силяновъ Хр., Освободителнитъ борби на Македония, София 1933, т. I,111.

196-Михаил (Мишел) Герџиков е роден во Пловдив 1877 г. Се школувал во


Пловдив, а студирал право во Лозана и Женева. Бил еден од основачите на
Македонскиот таен револуционерен комитет (МТРК). Под името Тодор
Луканов бил професор една учебна година во Битола, заедно со Даме Груев,
Васил Пасков и др. Во редовите на ТМОРО се вклучил во 1900 година во
Солун. Потоа предводел чета составена по препорака на Г. Делчев. Работел во
неколку околии во Македонија. Од 1902 г. го презел раководењето во
Одринскиот округ на ТМОРО, а во 1903 година го предводел познатото
преображенско востание во Тракија. Во Првата балканска војна со својата чета
се борел во состав на бугарските војски. Во 1919 година се истакнал во работата
на Временото претставителство на бившата ВМРО. Поради колежите во текот
на 1923-1924, правени со цел да се обезглави македонското движење во
Бугарија емигрирал во Виена каде што се вклучил во редовите на ВМРО (Об.).
Во Бугарија се вратил по забраната и растурањето на ВМРО на Ванчо Михајлов
во 1934 година. По враќањето се движел меѓу македонската лево ориентирана
емиграција. До крајот на животот останал верен на Гоцевата ВМОРО (МИР,
127).

197-ДАРМ, ф. Пелагонийска българска митрополия, к-II, 1901, Дело 5д, АЕ


6,82.

198-Види: Димитар Димески, Поп-Ставревата провала (1900 г.) и судскиот


процес во Битола (1901 г.), Историја, Х/1, Скопје 1980,131-140.

199-ДАРМ, м-643, Извештај на М.Г. Ристиќ ПП. 492/21 август 1900 г. во Битола.

200-ДАРМ, ф. Пелагонийска българска митрополиъ, к-II, 1901, Дело 5д, АЕ


6,82.

201-Дамета исто така го теретела блискоста со Т. Луканов (Герџиков) кој тогаш


се наоѓал во Бугарија, како и роднинаската врска со анџијата Нале Павлев.
Сепак обвинението било недоиздржано, без цврсти докази, со исклучок на
самопризнанието на Трајко Петрев за убиството на поп Ставре (Д. Димески,
Поп-Ставревата провала (1900 г.)... 136).

202-Д. Димески, исто,... 137.

203-За тоа во еден извештај стои дека Трајко Петрев од "Баир маало, убиецот на
поп Ставре, се одрекува иако и раката по погибијата (поточно по ранувањето,
б.н.) на поп Ставре, кога е фатен, по сведочењето на лекарот, му мирисала на
барут, иако дури и самиот поп Ставре го означил како свој убиец. Со него
заедно одрекуваат се и оние кои се обвинети како негови соучесници". Во
обвинението бил спомнат и бугарскиот трговски агент во Битола, Михајлов кој
наводно му дал на Трајко револвер и 8 лири, но прашањето околу Михајлов
требало да го реши Османското министертсво за внатрешни работи (ДАРМ, м-
663, Извештај на М.Г. Ристиќ ПП. 149/16 март 1901 г. во Битола).

204-Еве што забележал во врска со тоа српскиот конзул Ристиќ: "Паѓа силно в
очи строгоста на осу-дата според недоволното обвинение. Моето лично
мислење е дека обвинетите не се без вина; дури и повеќе таа им е голема, но
доказите изнесени против нив, особено против обвинетите за врската со
комитетите, не се речиси никакви. ...Има две можности: власта или не сакала да
собере доволно докази, или втората: собраните докази не се изнесени на јавниот
претрес. Во секој случај ова се турски работи и јавноста во ова судење беше
една проста комедија". И покрај ваквата констатација на г-динот Ристиќ,
"турските и грчките кругови наоѓаат дека осудата е блага." (ДАРМ, м-663,
Извештај на М.Г. Ристиќ ПП. 173/24 март 1901 г. во Битола).
***

4.4.3. Предавството на Димитар Георгиев - Иванчо

Во текот на 1901-та година, ТМОРО претрпела големи штети и загуба на своите


кадри заради две тешки предавства, односно две силни провали -Нуреджовата и
Иванчовата. Особено тешки последици оставило предавството на Димитар
Георгиев - Иванчо (т.н. Иванчова провала) од кичевското село Белица, бивш
костурски четник205, отпадник на ТМОРО кој се ставил во служба на
османската власт206. Овој предавник на македонското дело, на душа ја носел и
смртта на Веле Илинденчето (1901). За жал, ТМОРО не успеала благовремено
да го казни, така што тој успеал да стигне во Лариса. Инаку, изворите
наведуваат дека во селото Белица имало повеќе предавници. Затоа, во 1902
година на иницијатива на Јордан Пиперката, по предавството и убиството на
Веле Марков, Организацијата казнила повеќе шпиони во кичевска Белица, за
кое ќе зборуваме понатаму207.
Откако пристигнал во Лариса, Иванчо се поврзал со Гркот Василаки Саатчијата,
кој го посоветувал да ги провали тајните кај османскиот конзул во Лариса.
Иванчо дошол при конзулот од каде бил испратен во Лјапчишта (Лепчишта) од
таму во Битола, а од Битола во Корча. Преоблечен во низамски алишта, под
името Осман Чауш, заедно со 100 души низами и аскер Иванчо од Корча
заминал во Костур208 при што, почнувајќи ја обиколката по костурските села
(од 27.07.ст. стил/9.08.1901 н. стил, на денот на празникот св. Пантелејмон) тој
посочил близу 400 сомнителни лица. Иванчо ги предал првите луѓе од
управните тела во секое село така што биле фатени до 100 луѓе, а пак уште 250
побегнати се барале.
Во таквите услови процветал поткупот и насилствата врз невиното население, а
по своите зулуми и изнудување пари од луѓето предничел Арнаутинот Мухтар
ага, корчански бинбаша. Затоа, војводите Пандо Кљашев и Васил Чакаларов
испратиле апел до костурските селани да ги напуштат своите села и да бегаат во
планините. Меѓутоа, во атмосфера на општа паника и неснаоѓање, малкумина ги
послушале војводите. Истовремено пропаднал и планираниот обид да се
нападне Иванчо и аскерот.
Покрај потерата на насилникот Мухтар ага, низ полските костурски села
крстосувала и потерата предводена од муљазимот Асим Чауш, роднина на
Мухтара, бивш разбојник209.
Месеците август и септември во 1901-та година биле запомнети по ужасите и
стравот што населението во Костурско ги претрпело од безмилосните потери.
Заедно со насилствата, никнеле предавници, а духот на народот се
деморализирал. Така, П. Кљашев, запишал:"Бурата се потсмири. Иванчо не ги
обиколуваше селата, но се јавија други предавници кои одеа со потерата или
тајно ги поткажуваа луѓето. На пр. Лазо Колев од с. Кономлади, дотогаш
прикриен предавник, се отвори целосно и јавно и почна да бара пари од
работниците од околните села, ги уценуваше со предавства или им се нудеше за
ослободување од затвор". Во своите спомени, меѓу предавниците, Кљашев ги
набележал, покрај споменатиот Лазо Колев од Кономлади, и Васил Цеманов од
Д'мбени кој "тајно предавал и порано", Карамачо од Загоричани, поп Аргири од
Жупаништа и поп Илија од Поздивишта (гркомански свештеници кои "му
кажувале на владиката, а тој на власта")210. Во нешто поблага форма како
предавник е забележан и Трајан Стојанов од с. Рулја.211
Согледувајќи го злото на предавствата по ослободителното дело во Костурско,
војводите Москов и Чакаларов цврсто одлучиле да им стават крај на
предавниците. Заедно со Митре Панџаров Влавот, Коте Христов, Атанас Петров
и нивните другари, вкупно тринаесеттина души почнале да се справуваат со
предавниците. Најпрво, на 17 септември 1901 година Атанас Петров го убил
предавникот Лазо Колев од Кономлади. Во истиот месец, Васил Чакаларов го
ликвидирал предавникот Васил Цеманов од Д'мбени212. Истребувањето на
предавниците повторно ја вратило вербата на народот во силата и виталноста на
Организацијата.
Со Иванчовата провала биле зафатени речиси 22 костурски села и градот
Костур, каде имало мачени и уапсени. Оваа бројка би се проширила со оние
села од кои бил изнудуван поткуп. Во затвор се нашле 78 лица, а далеку бил
поголем бројот на привремено затворените и ослободени со поткуп.
Во почетната фаза на расчистување со провалата особена улога одиграле
младите револуционери Лазо Москов и Пандо Кљашев, заедно со Васил
Чакаларов. Нешто подоцна ним им се приклучил Кузо Стефов, а потоа Лазар
Поп Трајков. Во ноември 1901 година конечно бил затворен и самиот предавник
Иванчо. На помош на младите сили во Костурско пристигнал и Гоце Делчев. Со
својата интензивна работа од крајот на 1901 и во почетокот на 1902 година Гоце
Делчев дал неспорен придонес во санирањето на Организацијата во Костурско
од последиците на Иванчовата провала213.

_______________________________
205 Види: Димитар Димески, Иванчовата провала, 1901 година, ГИНИ,
ХХ1У/1, Скопје 1980,83-87.

206 МИР, 193-194.

207-Борбата во Костурско и Охридско (до 1904 година). По спомени на Дејан


Димитров (Мицкоски), цитирано кај: С. Ристески, Дејан Војводата, Охрид
1974,27.

208-Освободителната борба въ Костурско. По спомени на Пандо Кляшевъ,


София 1925, 50; Спомени на С. Арсов, П. Кљашев, Л. Џеров, Г.П. Христов, А.
Андреев, Г. Папнчев, Л. Димитров, Скопје 1997,189-190.

209 -Косшурската афера, в. Право, 11/13, (21), София, 20.11.1901,4.

210-Спомени на С. Арсов, П. Кљашев, Л. Џеров, Г.П. Хрисшов, А. Андреев, Г.


Паианчев, Л. Димитров, Скопје 1997,191-193.

211-Трајан Стојанов, според Кљашев, во почетокот "беше многу добар


работник, одлучен, услужлив; и со пушка и со дело многу му помогна на
Комитетот. Но, кога беше предаден од Иванчо и фатен, за да се ослободи, и вети
на власта да го фати или да го убие Коте. Затоа одеше со потерата. Тој личности
не посочил, но оставаше лош впечаток што оди со потерата да брка комити".
(Спомени на С. Арсов, П. Кљашев,..., Скопје 1997,192).
212-Освободителната борба въ, Костурско. По спомени на Пандо Кяшевъ,
София 1925,56.

213-Види поопширно: Димитар Димески, Делчевата мисија во Костурско и


Леринско, 1901/2, "Современост", ХХII/9-10, Скопје 1972.

***

4.4.4. Солунската провала од 1901 година - вовед во предвремено востание

Во следот на бројните провали можеби најтешки и најдалекусежни последици


за Организацијата и воопшто за македонското националноослободително
движење имала Солунската провала од 1901 година. Настаните околу оваа
провала коинцидираат со периодот кога односите помеѓу ВМК и ТМОРО
особено се заостриле. Во 1901 година во ВМК се наметнал генералот Иван
Цончев кој ја спроведувал политиката на бугарскиот кнез. Цончев почнал да
испраќа свои чети во Македонија за да ја преземе контролата врз ТМОРО и да
прогласи востание. Тоа особено се чувствувало во источниот дел на Македонија
покрај бугарската граница. Во прво време, ТМОРО настојувала да ги разубеди
или разоружа врховистичките чети во Македонија и да ги протера назад во
Бугарија. Притоа честопати доаѓало до директни судири. Во борбата против
врховистичките чети посебно се истакнал Јане Сандански, заради што против
него биле преземени повеќе атентетати и на крајот станал жртва на еден таков
организиран атентат.
Целокупната дејност на Врховниот комитет објективно придонесувала да се
потврди веќе создаденото погрешно мислење кај европската дипломатија и
јавност за суштината и целите на македонското револуционерно движење.
Истовремено започнала медиумска борба преку печатот во Бугарија. ВМК ја
обвинувал ТМОРО и нејзините раководители за злоупотреба на парите кои се
собирале за оружје, дека нејзините раководители не сакаат да кренат востание и
дека не се способни за тоа. ВМК за да го привлече населението, почнал да дели
бесплатно оружје и ветувал помош од бугарската армија, без која наводно не
било можно ослободување на Македонија. На тој начин ВМК станал
спроводник на бугарските завојувачки планови кон Македонија. Во идејната
борба против врховизмот и неговите намери, челно место имале задграничните
претставници Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Така, Делчев отворено изјавувал:
"Додека моето рамо крепи пушка, Македонија е недостапна за бугарски
офицер"214.
Но, во сплетот на несреќните околности, во Солун се случила провала со која
бил засегнат и самиот ЦК на ТМОРО по кое Организацијата конечно ја презеле
врховистичките сили. Со тоа бил сменет и текот на македонската историја.
Провалата започнала на 23 јануари 1901 година кога османската полиција во
Солун успеала да ги открие трагите на ТМОРО215. Постојат две верзии според
кои настанала оваа афера. Според едната, истата ја предизвикал еден четник од
четата на војводата Христо Чернопеев, Кочо Каровалијата кој испратен на
лекување во Солун бил уапсен од османската полиција, по што за многу кратко
време провалил многу значајни податоци за Организацијата.
Според втората, кај еден организиран член на ТМОРО, Милан Михајлов,
османската полиција пронашла кама со натпис "Македонија". Михајлов
подложен на тепањето до смрт, ја провалил куќата на Ристо Ников во Солун
каде што бил на гости за време на неговото лекување. Во истата куќа, по
извршениот претрес, полицијата ја открила архивата на ЦК на ТМОРО.
Повеќето историографи сметаат дека провалата започнала со апсењата на
Александар Ников, секретар на Централниот комитет и Милан Михајлов,
службеник во Комитетот. Ников успеал да избега, но Михајлов кај кого било
пронајдено оружје, не го издржал мачењето и ги предал другарите. Веднаш
потоа започнале бројни апсења. Покрај другите биле уапсени и членовите на
Централниот комитет: Пере Тошев, Христо Татарчев, Христо Матов и Иван
Хаџи Николов216.
Оваа провала на Организацијата била најголема по обем од сите претходни, а
последиците од неа за Македонија биле најголеми. Најнапред со провалата било
зафатено Струмичко, Гевгелиско, Стар Дојран, Кукуш, Велешко, Ениџе
Вардарско и Тиквешко. Во текот на истрагата, османските власти уапсиле 188
души во цела Македонија, а осудиле 101 лице од кои 9 на смрт. Во една таква
мошне мачна атмосфера, Иван Хаџи Николов, очекувајќи го своето апсење, сите
тајни шифри на Организацијата, адресите и другите значајни документи му ги
предал на Иван Гарванов, со што всушност му го
предал раководството на Организацијата на човек туѓ на идеалите на
македонската ослободителна борба, што имало катастрофални последици во
квалитетот на идните револуционерни настани дури и за иднината на
Македонија. Според Спомените на Ѓорче Петров, додека македонските кадри на
теренот неуморно работеле меѓу македонското население подготвувајќи го
постапно за идното востание, дотогаш веќе се беше "...втерал волкот в трло"217.
Имено, по затворањето на членовите на ЦК во 1901 година се јавила
малодушност кај некои раководители на организацијата па му го предале ЦК на
Гарванов218. Тие веројатно биле исплашени дека не ќе можат да се борат
против врховистите, дека овие ќе ја преземат Организацијата, па се надевале
дека со признавањето на Гарванова ќе можат да го омекнат и обезоружаат да се
бори против Организацијата. Таа кобна грешка довела не до спречување туку
спротивно, до засилено навлегување на вооружени врховистички чети во
Македонија при кое Гарванов се служел со префинето нечесни средства. За тоа
и самиот во своите спомени запишал: "...зедовме решение да испратиме на
Врховниот комитет во Софија пет потпечатени бели бланки за да им послужат
како полномошни на офицерите што требаше да минат во земјата (Македонија,
б.н.) за инструктори, и ако се укажеше потреба и востание да кренат"219.
Така, користејќи ја ситуацијата кога речиси сите повидни легални раководители
на Организацијата биле во затвор или на заточение, врховистичките агенти од
Софија го презеле практично целиот ЦК на ТМОРО и задграничните
претставништва. Во таквата ситуација тие можеле несметано да работат на
целта - подигање на предвремено и неподготвено востание чиј неуспех ќе
предизвика разрешување на македонското прашање во корист на Бугарија220.
Солунската афера оставила длабоки траги во работењето на ТМОРО. Било
потребно многу време и доста работа за да се залечат сите рани предизвикани
од масовните апсења. Многу од челните луѓе на Организацијата биле принудени
да мигрираат, а добар дел од нив се собрале во Ќустендил кој заедно со
Дупница претставувал значајна зона во севкупното живеење на Организацијата.
Во Ќустендил од страна на Гоце Делчев било организирано петдневно
советување на кое се одлучило да се формираат две борбени чети. Едната под
раководство на Михаил Апостолов Попето, со Аргир Манасиев за секретар и
втората под команда на Крсто Николов Бугаријата и Глигор Иванов за
секретар221. Овие две чети имале за задача: прво, да го обиколуваат
Солунскиот револуционерен округ и да вложат напори за обнова на сите
организации кои се нашле на удар во Солунската афера и, второ, да го охрабрат
обескураженото население, унесреќено по масовните апсења и лични трагедии.
За време на Солунската афера во Софија биле собрани поголем број
раководители од Солунскиот вилает, со цел да се договорат што да прават
понатаму. Најважен проблем според искажувањата на раководителите бил
недостигот на пари. Со овластување од страна на Гоце Делчев, со кое подоцна
биле запознати и останатите членови на Задграничното претставништво на
ТМОРО, било одлучено да се киднапира некоја значајна личност (какво што
било киднапирањето на американската мисионерка Елен Стоун222) за чие
ослободување да се бара поголема сума пари потребни за натамошна работа на
Организацијата223.
За таа цел на 1.07.1902 година за Тиквешијата заминала една група од 30
четници под водство на војводите: Михаил Герџиков, Петар Јуруков, Крсто
Николов-Бугаријата, Михаил Апостолов Попето и Аргир Манасиев. Тие имале
во план да киднапираат еден инженер од Англија, но планот се изјаловил.
Тогаш, во Тиквешко започнало вистинско патешествие на борците и четата
предводена од Михаил Герџиков, изложена на бројни предавства и потери. Кога
четата поминала покрај селото Бохула била забележана од еден Турчин и
веднаш по неа се дала потера. Успевајќи да ја избегнат потерата, борците
пристигнале во селото Мрежично. Откако се одмориле тргнале кон селото
Рожден каде што некои Власи требало да им снабдат храна, но истите ги
предале на властите. Четата продирајќи високо во планината успеала да ја
избегне потерата.
Бидејќи четата била релативно многубројна и така лесно забележлива, војводите
одлучиле да ја поделат во помали групи. Една од групите што ја предводеле
Михаил Апостолов Попето, Петар Јуруков и Михаил Герџиков добила задача да
замине за Битолско. Но, додека четата се уште биле во Тиквешијата уште кога
пристигнала во селото Клиново била предадена од еден селанец, по што
властите организирале потера. Четата била принудена да го промени правецот
на движење и се упатила кон селото Галиште. Во Галиште преморените и
изгладенти четници имале намера извесно време да се одморат и закрепнат. Но,
биле предадени од страна на коџобашијата така што биле приморани со брз и
напорен марш да се извлечат од обрачот на потерата. Од Галиште четата се
упатила кон селото Праведник, каде нивното присуство било повторно
откриено. Потерата во чиј состав имало и доста башибозук била предводена од
познатиот потерџија Селим Чауш од село Бохула224. Во близината на Црна
Река кај с. Праведник потерата ја открила четата токму во моменти на одмор. Во
престрелката која што траела подолго време, и покрај тоа што османските сили
биле многу побројни, околу 200 луѓе, тие морале да отстапат поради добрата
позиција што ја зафатиле комитите. Престрелката траела до приквечерината и
штом се спуштила ноќта борците се повлекле.
За време на престојот на четата на теренот на Тиквешијата, Михаил Герџиков во
своите спомени се сеќава на еден настан: "Во Тиквешко кога веќе трет ден не
бевме јаделе ништо и бевме многу истоштени, го замоливме еден овчар да ни
донесе леб, а тој наместо леб ни донесе потера. Додека другите спиеја, Михаил
Апостолов Попето се уште многу добро се држеше. Тој седна до мене и откако
виде дека сум паднал со духот сакаше да ме разведри и развесели. Тој ме
погледна и ме праша: Е, бе другар, што си се замислил? Тогаш му реков дека
меѓу тој народ, за кого ние сме решиле и животот да го дадеме има и такви што
се готови да не предадат. На тоа Попето ми одговори: Знаеш ли бре кардаш дека
јас не сум тргнал да го дадам животот за тие што не предаваат, ами за тие луѓе
кои мислат и чувствуваат како нас, и ако ги сретнеме тие луѓе сигурно ќе сакаат
да ни дадат леб. Ова нешто кај мене остави силен впечаток и тогаш дознав дека
Михаил Апостолов Попето целосно и се предал на револуционерната борба, а
не како некои војводи кои така да се каже по инерција се спуштаат по нејзиниот
тек"226. За Михаил Попето истакнат револуционер од илинденскиот период,
војводата Михаил Чаков вели: "по Гоце Делчев, за беспримерен идеализам,
нема поголема личност од личноста на Михаил Апостолов Попето"227.
____________________________

214-Свесен каде води политиката на ВМК, Делчев на собранието во Софија, во


март 1901 г., по апсењето на членовите на ЦК на Внатрешната организација во
Солун, изјавил: "Бугарската влада, којашто има чисти завојувачки намери
спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја исползува со
таа "помош" создадената состојба на работите внатре: таа нема да се задоволи
со некакви платонски чуства, туку ќе сака реални привилегии... Повторувам,
ударот ќе биде страшен!" (Гоце Делчев, кн. IV, ред. Христо Андонов -
Полјански, Скопје 1972,219).

215-Ангел Динев, Илинденска епопеја, кн. 1, Скопје 1987,135.


216-Централен државен историски архив (ЦДИА), Софија, Фонд 1932, оп. 2, а.е.
182, л. 3.

217- Ѓорче Петров, Спомени, Скопје 1950,107.

218-Иван Гарванов е роден во Стара Загора во 1869 година. Во Софија го


завршил средното образование - физика и математика, а специјализирал во
Виена. Во 1894 година бил назначен за учител во солунската егзархиска
гимназија. Се вклучил во македонското националноослободително движење и
бил еден од основачите на револуционерното Братство кое дошло во судир со
ТМОРО заради различните идејни концепции и цели и заради борба околу
раководството во ослободителното движење. Во 1901 година, по Солунската
провала дошол на чело на ЦК на ТМОРО. Под негово раководство бил заземен
став да се подигне востание во Македонија (1903). За време на Илинденското
востание се наоѓал во затвор во Мала Азија. Во 1906 година станал член на
Задграничното претставништво на ВМОРО и ја подржувал струјата на Христо
Матов. Убиен бил заедно со Сарафов од страна на Тодор Паница во Софија, во
1907 година. (МИР, 123)

219-Иван Гарванов, Спомени, София 1927,132.

220-Марија Ачкоска, Македонија и Македонската револуционерна организација


во предвечерието на Илинденското востание, Скопје 1998, 50.
221-На советувањето присуствувале: Крсто Николов Бугаријата, Милан Делчев,
Глигор Иванов од с. Сехово, Александар Илиев од с. Порој, Аргир Манасиев од
с. Сехово, Атанас Николов од Мачуково, Михаил Апостолов попето и други. (А.
Динев, Илинденската..., 153).

222-Види за тоа: Ванчо Ѓорѓиев,Аферата Мис


Стон,"Историја",год.XXXVIII,бр.1-2,Скопје 2002,55-76.

223-Л. Милетичъ, В Македония и Одринско, Спомени на Михаилъ Герджиковъ,


София 1928,26.

224-Л. Милетичъ, В Македония и Одринско,.., София 1928,27.

225-Петре Камчевски, исто, 88.

226-Л. Милетичъ, В Македония и Одринско,.., София 1928,27.

227-А. Динев, Илинденска епопеја, кн.1,...,124.

***

4.4.5. Јосифовата провала од 1902 година

Во деновите кога врховистите засилено атакувале на ТМОРО на надворешен и


внатрешен план, во деновите на инфилтрација на врховистички елементи во ЦК
на ТМОРО по Солунската провала од 1901 година, Битолскиот револуционерен
округ останал релативно чист228 така што се претворил речиси во крепост на
ТМОРО229. Во тој контекст, покрај цврстината на самите кадри во Округот,
своевидна улога одиграле Даме Груев кој како затвореник неполни две години
во свои раце ги држел нишките на Организацијата во Округот230, потоа
престојот на Гоце Делчев во почетокот на 1902 година како и делувањето на
четата
на Марко Лерински (Георги Иванов - Херојски)231.
Оваа чета, помеѓу другото, била своевиден расадник на раководни кадри кои
придонесле за подемот на четничкиот институт на Организацијата на
Округот232.
Меѓутоа, поволната состојба во Битолскиот револуционерен округ била наскоро
пореметена. Во текот на февруари 1902 пламнала т.н. Јосифова провала223,
првата од серијата провали што во оваа година ја затресле мрежата на ТМОРО
во Битолскиот вилает. Јосифовата провала настанала сосема случајно иако се
смета дека посредно нејзе и кумувала Битолската организациона чета
предводена од Стојан Донски234, која била мошне непретпазлива во движењето
на теренот, така што за неа набрзо дознале османските власти. Четата на Донски
успеала навреме да се засолни од потерата. Но, во тие денови (3/16 февруари
1902) сосема случајно, заради опожарување на една плевна во с. Долно Егри,
сопственикот на плевната Петар сомневајќи се дека е тоа дело на неговиот брат,
го поткажал кај турскиот ќаја во селото дека одржува врски со комити. Во
истото село случајно се наоѓала потерата која ја гонела четата на Стојан Донски.
Спорот помеѓу браќата му послужил на турскиот чауш како повод да започне
истрага за присуството на комитите. Во низата репресалии што властите ги
извршиле врз луѓето, братот на Петар останал достоен на заклетвата на
Организацијата и ништо не кажал. Меѓутоа, исплашениот Петар, кој бил
обвинет за лага, го посочил најдобриот пријател на брата си - Насте. Насте
немал доволна цврстина и така започнал синџирот на предавствата. Тој признал
дека во селото доаѓале комити, а веројатно како нивни водачи ги посочил Тодор
Лозанов и Петко Велков од соседното село Букри. Истиот ден потерата, откако
со себе го повела Атанаса Милев, отишла во с. Букри и ги подложила на тортура
споменатите двајца селани од Букри. Се чини дека едниот од нив признал дека
со четата доаѓал во нивното село Јосиф Петков од с. Жабјани, Битолско235.
Така, во текот на февруари 1902 биле уапсени Атанас Милев, Тодор Лозанов,
Петко Велков и Јосиф Петков кој бил сметан за еден од најдобрите и најпредани
припадници на Организацијата236. Поаѓајќи од неговите дотогашни заслуги за
Организацијата, никој не можел да се посомнева во неговата цврстина. За жал
тој не ја поседувал издржливоста на Доне Штипјанчето. Јосиф бил одведен во с.
Букри на соочување и таму бил подложен на невидена тортура. Меѓу другото,
бил полеван со врело масло, под мишките му биле ставани врели јајца и сл.
Истовремено биле затворени неговиот син и брат. Не можејќи да ги издржи
физичките и психички тортури, Јосиф направил огромно предавство на многу
тајни на Организацијата кое што ги изненадило и самите власти.
Османската полиција одлучила извесно време да молчи и да создаде привид
дека Јосиф не извршил предавство. Меѓутоа, таа дискретно, започнала со
апсења по селата237. Покрај апсењата, селото Брешани набрзо било изложено
на теророт на познатите разбојници Адем и Љуман. Иако овие разбојници биле
осудени за нивните злодела, тие не само што не биле затворени, туку без
никаков страв вршеле насилства над населението, а властите не преземале
ништо за да се спречи насилството238.
Јосиф Петков била запознат со каналот за пренесување на оружје од Грција. Тој
контактирал со куририте и пренесувачите на оружје, како и со некои
раководители на Организацијата во Округот. Меѓу другото, тој ги предал
леринските курири Тане, Ѕоле и Димитар од с. Пополжани, Леринско, како и
крушевскиот курир и доставувач на оружје Никола (Кола) Михајлов239.
Во претходното расчистување, пред да го зададе главниот удар, полицијата
уапсила околу 25 работници на Организацијата од селата. Притоа, полицијата
била свесна дека по апсењето на Јосиф Петков Жабјанецот, Организацијата ќе
преземе мерки на претпазливост и заштита. Во текот на двенеделните апсења по
селата, полицијата чекала и не преземала ништо во градовите. Верувајќи дека не
се предадени, припадниците на Организацијата почнале да излегуваат од своите
засолништа.
Сакајќи да и нанесе целосен удар на Организацијата, османската полиција ја
започнала главната акција на 19 февруари ст. стил/4 март н. ст. 1902 г. со
блокада на училиштата и кафеаните во Битола. Тогаш биле затворени: Ѓорѓи
Поп Христов, Никола Стојков, Кочо Најдов, Михаил Наумов, Кочо Песнаџиев,
Николаки Робев и неговиот син Петар Робев240. Песнаџиев и Наумов биле
изложени на страшни измачувања во битолскиот затвор за да кажат каде е
оружјето што го купувале од трговци-Албанци, но овие останале достојни на
заклетвата што ја положиле пред Организацијата.
Дел од личностите што ги барала, османската полидија лично не ги
познавала241, така што некои провалени лица успеале да го избегнат апсењето
и да преминат во илегалност242. Освен во Битола, рација била спроведена и во
некои села од Битолската и Леринската каза, како и во градовите Крушево и
Лерин. Во Лерин биле затворени: М. Николов, Андреја Кожуваров, раководител
на Леринската организација и Коле Михаилов, крушевскиот пренесувач на
оружје. Коле не успеал да ги издржи тортурите на кои бил подложен. Меѓу
другото, како резултат на неговото предавство, до средината на март 1902 г.
биле затворени следниве лица: Јане Скаев, Никола Скаев, Јоше Скаев, Тане
Димев, Ване Христов и Филип Терзиев.
Со Јосифовата провала, во синџирот на предавствата биле зафатени 3 града и 14
села од Битолската и Леринската каза, а во затвор паднале близу 70 лица.
Осудените лица биле ослободени со општата амнестија на политичките
затвореници во почетокот на 1903 година, со што делумно била намалена
штетата од оваа провала.
Последиците од Јосифовата провала биле доста тешки со оглед на територијата
што ја зафатила, бројот на затворените и осудените лица, тежината на казните,
разоткриениот канал за пренесување на оружје, стагнацијата во вооружувањето
на населението итн., кое сумарно и задало тежок удар на ТМОРО, Сепак,
најтежок удар на Организацијата бил зададен со затворањето на членовите на
Окружниот комитет на ТМОРО Ѓ. П. Христов и Ѓ. Пешков, како и
преминувањето во илегалност на секретарот на Окружниот комитет Ѓ. Сугарев.
Десеткувањето на Окружниот комитет коинцидира со доаѓањето на Лозанчев на
кормилото на Организацијата во Вториот револуционерен округ, со што курсот
на Организацијата во Округот се свртел кон драматичен расплет. И конечно, по
спроведувањето на Даме Груев за Подрум Кале на 22 мај ст. стил/4 јуни нов
стил 1902 година, патот на самоволни амбициозни постапки на Лозанчева бил
наполно чист243.
Останувајќи без контрола, оптоварен со опортунизам, Лозанчев бил мошне
толерантен спрема врховистичките активности. Така, според пишувањето на д-
р Манол Пандевски, кога во август 1902 година полковникот Јанков стасал во
Југозападна Македонија, Анастас Лозанчев не само што не мислел со оружје да
го прогонува, ами се обидел да го привлече во служба на Организацијата. Така
во Битолскиот округ лесно можеле да добијат места за себе поединци офицери
од групата на Сарафов па и самиот Сарафов244.
Во меѓувреме, додека се одвивала Јосифовата провала, по налог на Леринскиот
околиски комитет на ТМОРО, четата на Марко Лерински осудила и
егзекутирала двајца организациони работници кои ги прекршиле нормите на
Организацијата. Ликвидирани биле: Црвенков - учител од с. Борешница и
раководител на Организацијата во тоа село и Петар Бардакот, воденичар од с.
Наокази. Споменативе двајца биле обвинети за препродажба на организациони
пушки, за проневера на организациони пари и за ликвидирање на Ване од с.
Неокази кој бил член на ТМОРО. Третиот обвинет, дедо Јанаки од с.
Борешница, бил ослободен од обвинението. Егзекуцијата ја извршиле Кице
Алипашов и Славко Арсов, во втората половина на февруари 1902 година над с.
Попадија, во полите на Ниџе Планина245.
Набрзо по исчезнувањето на Петар Бардакот, властите започнале со истрага и
претреси, со што десетина од најверните приврзеници на Организацијата, пред
опасноста да бидат откриени решиле да избегаат од местото каде живееле. Тоа
овозможило, до средината на март 1902 година, двојно да се зголеми четата на
Марко Лерински. Така дошло до создавање на две чети: едната чета предводена
од Марко требало да дејствува во јужниот дел на леринското поле и северните
падини на Вич, а втората чета, предводена од дедо Андреја246 го опфаќала
горниот дел на леринското поле и планината Ниџе247.
Нешто подоцна за војвода на втората Леринска чета бил назначен Христо
Силјанов248.
_________________________________________

228-Революционната борба в Битолския окръг, Спомени от Георги П. Христов,


София 1953,37-38.

229-Во Битоласкиот вилает, исто така, четите имале развиено најдобра


агитационо-организаторска дејност и набрзо револуционерните реони во
вилаетот се покажале најдобро подготвени во организационен и воен поглед
(Константин Пандев, Националноосвободителното движение в Македония и
Одринско 1878-1903, София 2000,210).

230-Историја на македонскиот народ т.II,Скопје 1969,196;Христо


Силяновъ,Освободителнитъ борби на Македония,София 1933,т.I,131.

231 Хр. Силяновъ, Освободителнитъ борби на Македония,..., т. I,131.

232-Марко пристигнал во Костурско-Леринскиот реон во текот на јули 1900 г. и


останал војвода во Костурско и потоа во Леринско до неговата смрт при крајот
на јуни 1902 г. (К. Пандев,, Националноосвободителното движение в
Македония и Одринско 1878-1903, София 2000,209-210).

233-Димитар Димески, Јосифовата провала во 1902 година, Годишник на


Филозофскиот факултет, Скопје 1973,177.

234-Во летото 1901 г., Стојан Донски од с. Битуша (Битолско), којшто неодамна
се вратил од Србија, на инсистирање од Д. Груев бил придобиен за делото од
страна на Ѓ. П. Христов. При немање на погодна личност за војвода, во есента
1901 година, Стојан Донски бил назначен за привремен војвода на
новоформираната Битолска чета на Организацијата. По разгорувањето на
Јосифовата провала, Стојан Донски со четата, преку Пелистер, се префрлил во
Ресенско. Меѓутоа, кратко време потоа ја напуштил четата и со двајца другари
се префрлил во Кичевско. Но и таму не останал долго. Откако убил 2-3 Турци,
пребегал во Србија (Д. Димески, Јосифовата..., 176; Революционната борба в
Битолския окръг, Спомени от Георѓи П. Христов, София 1953, 35-36.).

235-Јосиф Петков бил родум од с. Жабјани, но се преселил во Битола.


Своевремено делувал во терористичката група на Нечо Егренец. Меѓутоа станал
познат како курир на Организацијата, а кон
крајот на 1901 година му бил курир на Делчев на релацијата Битола-Леринско.
(Димески Д., Јосифовата провала..., 178; Революционната борба в Битолския
окръг,..., 41).

236-Димески Д., Јосифовата провала во 1902 година, Годишник на


Филозофскиот факултет, Скопје
1973,175-188.

237-Притоа, на 6/19 февруари во с. Барешани биле уапсени: Никола Котев,


Петре Георгиев и Ристе
Каранфилов. Неколку дена подоцна, на 9/22 февруари 1902 г. во с. Жабјани
биле уапсени: Цветан
Јованчев, Стево Бошев, Дине Котев, Јован Наумчев, Петре Талев, Петре Димев,
Гроздан Наумчев.

238-Двама ненаказани разбойници, "Дело", I/9, София, 8 март 1902,4.

239-Двајцата курири од Леринско биле уапсени на 18 февруари ст. стил/3 март


нов стил 1902 г. При нивното апсење, истовремено во с. Пополжани биле
уапсени и: Поп Стефан Илиев, Петре Илиев, Ристе Стојанов, Ване Мицев,
Стефо Танасов, Коце Ванев, Ване Георгиев. Нешто порано, на 13/26 февруари
во Леринско биле затворени и Панде Јованов во с. Лесковец и Петко Трпчев од
с. Асаново (Точенъ списъкъ на политическиь затворници в Битолския затворъ,
"Право", II/30 (38), София, 6.1Х.1902,2).

240-Арести въ Битолая (гр. Битолая, 6 мартъ), "Дело", I/10-11, София, 18 мартъ


1902, 4.

241-Според некои индикации претпоставуваме дека повеќето потери по дејците


на ТМОРО османските власти ги организирале според фотографиите до кои
доаѓале - случајно (или по друг канал). Така, на пример, во целото истражување
не најдовме фотографија од младите години на Никола Петров Русински кој
успеал да остане жив до длабока старост иако ги крстарел терените каде биле
убиени повеќе негови соборци. Наспроти тоа, повеќето од учесниците на
Смилевскиот конгрес биле жртва на османски потери, откако во османски раце
паднале плочите за изработка на фотографиите што тогаш ги направиле.

242-Во илегалност пребегале терористите: Јованче Кафеџијата, Нечо Егренец,


Боше од с. Трап, Аце Коларчето, Ристе од Будаково и Тодор Фурнаџијата од с.
Лажец. Истовремено успеал да се спаси и Ѓорѓи Сугарев, кој по неколку години
ќе падне како жртва на уште едно предавство.

243-Д. Димески, Јосифовата..., 183.

244-Манол Пандевски, Илинденското востание во Македонија 1903, Скопје


1978,126.

245- Хр. Силяновъ,, Писма и изповьди на единъ четникъ,, София 1927, 77-81.

246-Дедо Андреја Петров - Блажевски (Расолкоски) од селото Мало Црско во


Горен Демир Хисар е еден од македонските ајдутско-комитски борбени сили,
кои ја нарамиле пушката како полетни младинци уште во времето на
востаничките движења во Југозападна Македонија во 1878 година.Тој потоа
станал соборец на Спиро Црне и на браќата Чакревци од Прилепско, се нашол
во редовите на демирхисарските заговорници и во Брсјачката буна, поминал низ
османските затвори, бил амнестиран, но пак го зел оружјето и ја продолжил
борбата против насилниците штитејќи ги мирните селани во Битолскиот вилает,
а на повикот на Битолскиот окружен комитет влегол во првите чети на
Македонската револуционерна организација и останал верен на светата заклетва
на ослободителното дело до својата херојска смрт, на 22 мај 1903 година, во
селото Могила, Битолско (Даринка Пачемска Петреска, Војводата Дедо Андреја
од Мало Црско, Скопје 1999,9).

247-Хр. Силяновъ., исто, 102-103.

248- Исто, 120-124,139.

***

4.4.6. Трсјенската провала

Кон крајот на мај 1902 година, уште една провала сериозно ќе ја разниша
организационата мрежа во Леринско249. Сосема случајно, без ничие намерно
предавство, дошло до т.н. Трсјенска провала. Османската потера во с. Трсје
налетала на компромитираниот учител Геле кој во таа прилика, иако ранет,
успеал да се извлече, но за жал при бегството ја испуштил торбата во која се
наоѓале податоци за луѓето вклучени во мрежата, односно писмата каде биле
назначени "луѓето, кои имаат пушки и дури бројот на пушката"250. Тогаш биле
уапсени и затворени во битолскиот затвор (18/31 мај 1902) Ване П. Јанев и
Андреј Новачков.
Загрижени за натамошниот тек на работите и во дилема какви чекори да
преземат против предавникот Коте Христов251, во с. Трсје пристигнале
костурските раководители Пандо Кљашев и Васил Чакаларов со намера да се
консултираат со Марко Лерински. Според Христо Силјанов, веќе било утврдено
дека Коте "влегол во сомнителни врски со грчкиот владика во Костур"252, но и
поради повеќе негови престапи со кои ги прекршил правилата на
Организацијата253.
Речиси истовремено, во втората половина на мај, во Трсје пристигнал и Марко
Лерински со својата чета. Тој сакал да го испита случајот со учителот.Геле и да
преземе мерки за неутрализација на евентуална акција на османските власти за
одземање на пушките. Меѓутоа, веќе било доцна. На 1 јуни 1902 година во с.
Трсје пристигнала нова османска потера. Со неа, биле прекинати двете свадби
кои биле во тек во тој празничен ден. Додека луѓето се наоѓале собрани во
црквата, во нивните куќи започнале беспоштедни претреси. Во текот на
претресите дошло и до престрелки во една од куќите каде биле сместени
револуционерите. Тогаш четата на Марко Лерински го доживеала своето
борбено крштевање.
При ваквиот исход на едно случајно разоткривање на траги на Организацијата,
сепак останува дилемата: Дали учителот Геле намерно или случајно ја
испуштил торбата со документи? Дали се работи за уште едно предавство
изрежирано како случајност. Се знае дека Геле бил раководител на
Организацијата во с. Трсје и во моментот веќе од поодамна бил нелегален.
Своевремено, како член на леринската терористичка група заедно со својот
соселанец Петре, извршил убиство над гркоманскиот свештеник Коста од с.
Неред. По Трсјанската провала, Геле заедно со жената и ќерката се криел во
костурското село Кономлади, плашејќи се најверојатно дека ќе биде казнет од
ТМОРО, зашто откажувал да му даде сметка на Марко Лерински за парите кои
му биле дадени за купување пушки. Затоа Марко, според спомените на Кљашев,
откако дознал дека Геле сака да бега во Грција, им беше пишал да не го
пропуштаат. Но, "ние сега, вели Кљашев, кога го најдовме, рековме да се
послужиме со него за да се ослободиме од Коте. Но наместо тоа тој се здружи
со Коте. Тоа беше на 2/15 август 1902 година"254. Конечно, според спомените
на П. Кљашев, околу 25 март 1903 година Геле бил убиен од луѓе испратени од
Сарафов, "зашто селото Арменско проплакало од истиот тој Геле"255.
Крајниот биланс и последиците за селото Трсје од оваа провала биле навистина
трагични зашто врз населението бил спроведен невиден терор. Христо Силјанов
запишал дека "имало тепања, залевања со врела вода, горење на човечки тела со
нажежени железа, освестување на премрени луѓе за да бидат подложени на нови
маки, додека признаат дека имаа пушки и да ги предадат на власта..."256. Во
рамките на одмаздите на властите околу 120 жители од Трсје биле одведени во
Лерин и ужасно измачувани. Само мал дел од нив ги издржале маките, а
посебно импонирал случајот на кметот Доне, кој и покрај мачењето не признал
дека има оружје. Така тој бил ослободен порано, со малкумина соселани кои
издржале како него. По оваа масовна акција најголемиот број на скриените
пушки биле одземени од османските власти. Во битолскиот затвор биле
затворени 30 души, а останатите биле ослободени257.
Драмата која го потресла селото Трсје, истовремено се случувала и во селото
Буф: апсења, претреси, насилство. Од ова село биле затворени 30 души,од кои
10 биле судени, а другите набрзо ослободени258.
Но, властите не сопреле само во овие две села, туку започнале систематска
акција за пронаоѓање на оружјето и во другите лерински села. Едновремено со
претресите, заплашувањето и теророт, на селаните им биле дадени рокови за
предавање на оружјето. Притоа, најмногу настрадале селата: Арменско,
Петрско, Екши-Су, Церово, Зелениче, Ајтос и Суровичево.
Трсјенската провала силно ја затресла организационата мрежа во Леринско.
Покрај репресалиите и судењата, загуби на мачно стекнатото оружје итн.,
особено тешка последица била деморализацијата што го зафатила населението
во Леринско. Пред опасноста дека ТМОРО тука ќе биде разоружана и со тоа
обезглавена, Марко Лерински решил да преземе некои акции со кои ќе го сопре
одземањето на оружјето и ќе го подигне борбениот дух и морал на населението.
Првиот чекор кон таквите акции бил насочен кон ликвидирање на предавниците
по селата. Меѓу овие предавници бил и Стефан П. Петров од Екши-Су. Марко
Лерински подолго време се сомневал дека Стефан вршел предавства заедно со
некојси "Мравката" од Екши-Су. За таа цел, според кажувањата на Анастас
Лозанчев, Марко неколку пати барал со писмено обраќање Окружниот комитет
од Битола да заземе конечен став. Меѓутоа, најповеќе заради врските со братот
на Стефана - Сребрен, Окружниот комитет го одлагал разгледувањето на тоа
прашање. Конечно, на Марко му било сугерирано да го испита случајот на
самото место и да го извести Окружниот комитет. Но, истовремено, Марко
добил белешка од Даме Груев, со која му било посочено да не презема ништо во
Екши-Су и да го остави селото. Марко Лерински бил револтиран од ваквиот
дуализам во наредбите, така што тој престанал да го консултира Окружниот
комитет за своите постапки259.
____________________________________

249-За предавничката улога на Коте Христов подетални податоци дава Ангел


Андреев, четник во четата на полковник Тома Давидов. (Спомени на С. Арсов,
П. Кљашев, Л. Џеров, Г.П. Христов, А. Андреев, Г. Папнчев, Л. Димитров,
Скопје 1997,313-334).
250-Освободителната борба въ Костурско. По спомени на Пандо Кляшевъ,
София 1925,76.
251-Спомени на С. Арсов, П. Кљашев, Л. Џеров, Г.П. Христов, А. Андреев, Г.
Папнчев, Л. Димитров, Скопје 1997, 169-230; Д. Димески, Леринските провали
во 1902 година, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Том I (27), Скопје
1975,73-98..

252-Хр. Силяновъ., Освободителнить борби на Македония, т. I,139.


253-За случајот на Коте Христов види поопширно кај: Д. Димески, Делчевата
мисија во Костурско и Леринско, 36. Гоце Делчев", Скопје 1973,200-201.

254-Освободителната борба..., София 1925,76.

255-Кљашев, бележи дека пред убиството на Геле, во текот на ноември 1902


година, војската во Статица "го фати Коле Славчето, бивш четник на Коте, кој
им кажа за пушките, имаше вкупно 30. Аскерот ѕверски измачуваше 12 души
кои подоцна лежеа в затвор во Костур, се до амнестијата, во февруари. Пушките
беа скриени в планина, за да не дојдат во рацете на Турците. Но, Геле
Трсјански, другар на Коте, една ноќ, по Трсјанската афера (19 мај 1902) влегол
во селото, ги фатил нашите луѓе кои беа задолжени за пушките и со сила ги зел
и ги оставил пушките кај Коле Славчето. Потоа Коле ги предаде на Турците"
(Спомени на С. Арсов, П. Кљашев,..., 237.)

256-Хр. Силяновъ, Писма и изсповьди на единъ четникъ, София 1927,166.

257-Трсјанските жени организирано отишле кај валијата да се пожалат за


теророт но биле протерани за да не се дознае пошироко за репресалиите што ги
претрпеле во нивното село. Но веќе било доцна зашто странските конзули
дознале за настанот (Вьсти и бьльшки, Солунь, 2 юний, в. Дело, 1/22, София,
юний 1902,2).

258-Македония и Одринско, Мемоар на Внтрьшната организация, 1904,65,

259-Документарно одделение на ИНИ, Спомени на Ан. Лозанчев, ракопис, сл.


IV. 84,13.

***

4.4.7. Крушевската афера со оружјето во 1902 година

Крушевската револуционерна организација по нејзиниот успешен подем била


сериозно разнишана од една афера во која било откриено оружје на
Организацијата.
Крушевската афера со оружјето започнала во месец февруари 1902 година, кога
фатениот од османската полиција пренесувач на оружје, Јосиф Петков од с.
Жабјани, познат како Јосиф Жабјанец, подложен на страотни мачења го откри
својот соработник, крушевчанецот Никола Михајлов, познат како Миха Х'ча
Кола. Во истото време, не знаејќи дека е откриен, Миха Кола заедно со Тега
Херту со своите коњи се наоѓале во Битола, во анот на Стерјо Жежов. При
рутинското легитимирање на посетителите на анот од страна на османската
полиција, кај Херту биле пронајдени 100 лири кои ги носел за купување на
оружје. Со исказите на анџијата дека е чесен трговец кој постојано тука тргува,
Херту успеал да се спаси од апсењето. Но Кола ја немал таа среќа. Спроведен во
Уќуматот и подложен на невидени мачења тој стана предавник на своите
соборци. Така, им ги разоткрил на властите пренесувачите и прифаќачите на
оружјето од грчката граница до Битола, како и скривниците во градот и селата.
Веднаш потоа, без да биде осуден, Кола бил сместен во делот на другите
македонски осуденици во "Катилането" кое што пробудило сомнеж кај Даме
Груев и некои други затвореници. Како резултат на оваа провала, наскоро во
битолскиот централен затвор биле затворени луѓе со најразлични занимања:
учители, свештеници, кираџии, занаетчии, трговци итн, меѓу кои се наоѓале и
имињата на Петар Ацев, браќата Ашлакови, Јанаки Забле, Таќу и Фанија
Љакови итн.
Во дворот на Љаковци се наоѓала една од важните скривници на оружје. При
претресот, властите ја откриле истата, но оружјето било претходно однесено од
припадниците на Организацијата. Меѓутоа, во скривницата полицијата
пронашла празни сандаци, џамаданот на убиениот од Гурчин Наумов и Јордан
Пиперката260, Рустем Ага, еден затворач од пушка и неколку чаури.
Сите осомничени биле одведени во Уќуматот, а од таму во битолскиот затвор.
Дознавајќи дека е откриен од власта, раководителот на Крушевската
револуционерна организација, Петар Ацев, во втората половина на месец април
1902 година го напуштил Крушево и заминал за Прилепско. Во мај истата
година, по налог на Битолскиот окружен комитет, во с. Вранче се сретнале
четворицата војводи: Веле Марков, Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев и Славејко
Арсов, при што одлучиле да формираат, од делови на битолската, крушевската
и кичевската чета, уште една - прилепска чета. За војвода на прилепската чета
бил назначен Петар Ацев261.
Во истото време, во Крушево се случило уште едно предавство чиј извршител
останал неидентификуван за Организацијата. Овој непознат предавник, и
доставил на османската власт список со луѓето вклучени во крушевската
организација, како и места на дотогаш неоткриени скривници за оружје во
Крушево. Благодарение на Ѓаку Козар, служител во Уќуматот, луѓето биле
навреме известени и спасени од апсење. Речиси целото активно револуционерно
јадро успеало да побегне од Крушево, со исклучок на двајцата крушевски
учители, Христо Чивчиев и Христо Павлов, родени во Велес, кои биле уапсени
од османската полиција.
Полицијата пристапила кон темелно претресување на сите куќи по списокот.
Благодарение на тоа што целокупното оружје и материјали биле навреме
пренесени во нови скривници, а старите канали и врски биле заменети со нови,
полицијата не успеала да пронајде ништо. Двајцата затворени крушевски
учители, Христо Чивчиев и Христо Павлов, ги издржале страотните мачења и
не ги предале тајните на Организацијата. Крајно измачени и претепани, овие
храбри Македонци биле одведени на натамошни тортури и во Битолскиот
централен затвор, но и таму продолжил нивниот молк. На крајот властите ги
ослободиле. X. Чивчиев и X. Павлов останале верни на својата заклетва. На тој
начин оваа опасна провала не и нанесла поголеми штети на Крушевската
револуционерна организација.
________________________
260-Јордан Силјанов - Пиперката, е роден во с. Козица Кичевско. Рано заминал
на печалба во Софија. Таму работел како фурнаџија. Во Софија се запознал со
поранешни ајдути, доброволци и учесници во македонските востанија од
времето на Источната криза. Влегол во една од четите и учествувал во т.н.
Мелничко востание. Во наредните години престојувал повеќе пати како член на
помали ајдутски чети во Кичевско. Во 1897 година влегол во четата на
војводата Дуко Тасев. Заедно со Тасев учествувал во убиството на насилникот
Ремко од с. С’лп. Во 1900 година останал во Демирхисарско заедно со Ѓурчин
Наумов од Сланско. Во 1901 година еден период дејствувал во четата на
војводата Никола Русински. Во 1901 година бил наименуван за војвода на
демирхисарскиот реон, а дејствувал и во Крушевско и Кичевско. Учествувал на
Смилевскиот конгрес (мај 1903) и во Илинденското востание. На 10.08.1903
година, ранет во борба со османските сили, се самоубил. (А. Д. Йорданъ,
Пиперката, Илинденъ, VI/38 (20.10.1926); Злате Ѓоршески, Јордан Пиперката,
Скопје 1982,120-128). Народот го опеал низ песните.

261-3. Божиновски, Веле Марков, Друштво за наука и уметност Битола, Битола


2002,144-147.

***
4.4.8. Методи Патчев и неговиот крај во Кадино Село

Во пролетта 1902 година се случила уште една провала - Кадиноселската262. Во


рамките на оваа провала завршил и животот на еден од најцврстите
револуционери - Методи Патчев. Според британските извештаи, група од 7
комити на 7 април 1902 година (25 март, ст. стил) влегла во прилепското
Кадино Село и ги повикала двајцата свештеници и некои селани да дојдат на
состанок со цел да разговараат за пропагандни прашања. Полицијата, која
откако пристигнал Едип паша, била доста активна и имала постигнато
повидливи успеси во прогонувањето на комитите, дознала преку своите
доушници за нивното присуство. Затоа, веднаш испратила за Прилеп 25
жандарми.
"Тие ја опколиле куќата, која му припаѓала на селскиот бег, и после
четиричасовна жестока борба во која тројца жандарми биле лесно повредени,
тие ја запалиле куќата". Во нерамната борба загинале сите седум комити.
Нивните глави биле донесени во Битола, каде што раните биле детално
испитани и на крајот се утврдило дека тие се од таква природа што докажува
дека повеќето од комитите "извршиле самоубиство со цел да не паднат живи во
рацете на Турците, а само тројца од нив биле убиени при обидот да се
пробијат"263.
Од седумте убиени, двајца биле од Бугарија, еден од Тиквеш, двајца од Охрид и
двајца од Прилеп. Меѓу убиените кои биле од Охрид, едниот бил учителот
Методи Патчев264, кој "пред седум години го убил Јордан, водачот на српската
партија во Охрид, а по три години лежење в затвор, бил ослободен. Оттогаш тој
бил доста активен во пропагандната дејност"265.
Кон ова известување на британскиот конзул треба да додадеме дека во август
1898 година Методи Патчев го убил и српскиот учител Димитрија Грдановиќ.
За истиот настан конзулот на Кралството Србија во Битола, М. В. Веселиновиќ,
известува дека "непознати Бугари на сред чаршија, од револвер, со три
куршуми, го раниле Димитрија Грдановиќ", настојникот на српската школа во
Охрид266. "Раните биле тешки, па не можејќи да ги преболи утрото пред зорите
починал". Српскиот конзул убиството го припишува на бугарската пропаганда
која "...откако настапиле школските ферии, активно почнала да ги плаши"
српските луѓе и учители во вилаетот, "довикувајќи им дека ќе ги убијат сите
поодлични Срби. И навистина за неколку дена ни убија двајца одлични Срби".
Валијата на интервенција на српскиот конзул, веднаш "издал сериозни наредби
на охридскиот кајмакам за фаќање на убијците и за движењето на
Бугарашите"267. Понатаму, Веселиновиќ го известува Министерството за
надворешни работи на Кралството Србија: "Според извештаите кои ги добив од
Охрид, убиецот по своја прилика, е еден од бугарските учители во Охрид, а сите
се позатворени. Убиецот на лицето имал марама за да не биде познаен кога
пукал на Грдановиќ.."268. По деталната истрага, било утврдено дека на
Грдановиќ пукал учителот Методи Патчев. Ваквите настани и служеле на
српската пропаганда како алиби да ги обвини егзархиските училишта и
Бугарија, барајќи повеќе простор за себе.
Судскиот процес за убиството на Грдановиќ завршил на 14 април 1899 год., при
што Патчев бил осуден на 15 години робија269, а неговите соучесници биле
пуштени на слобода во недостаток на докази270. Во други извори се наведува
дека се работело за убиството на еден од турските шпиони, "србоманот Димитар
Грданов кој со помошта на турските власти сакаше да создаде србоманско
гнездо во Охрид"271. Револуционерната организација "разлутена од пакосните
постапки на србоманскиот агитатор и турскиот шпион Д. Грданов, реши да биде
убиен"272. Поточно, Охридскиот револуционерен комитет, борејќи се против
продорот на српската пропаганда и нејзините пропагатори во Охрид, решил во
летото 1898 година да го осуди Охриѓанецот Димитар Грдан на смрт. По
извлекувањето на жрепката помеѓу Кирил Прличев, Христо Узунов и Методи
Патчев, должноста на извршител ја понесол Методи Патчев. Убиството е
извршено на 5/17 август 1898 година, спроти празникот Преображение, "сред
бел ден, на главната улица, до куќата на Топанчеви и Анѓеле Ќосев"273.
Пресудата над Грданов274 и според други извори била извршена од Методи
Патчев, учител, со непосредно учество на Христо Узунов, но, на 6 август 1898
година. Поради сомневање, заедно со Патчев бил уапсен и Узунов. Првиот бил
осуден на три години строг темничарски затвор, а вториот бил ослободен по
деветмесечно лежење во битолскиот затвор.
По излегувањето од затворот, во 1901 година, Патчев се придружил на четата на
Марко Лерински. Истата година, бескомпромисен во својата одданост кон
одлуките на Организацијата и кон револуционерниот морал, Методи Патчев го
ликвидирал костурскиот војвода Тале Горанов. За оваа личност, изворите
оставиле многу контрадикторности, од критиките за неговото однесување, до
неговите резултати во организирањето на доста села, особено во Струшко.
Христо Узунов запишал: "...Горанов беше горд човек, кокетлив, красноречив,
неговото красноречие го наведуваше народот да го почитува како светиња, но
подоцна се компромитира. Неговото прво компромитирање се состоеше во
изгонувањето од четата на Здравка. 2) извонредниот страв во разбивањето на
дебраните. 3) обидот да обесчести една жена. 4) отстранувањето од Охридско во
Демирхисарско. 5) грубото однесување кон другарите. 6) своеглавиот однос кон
Охридското, Струшкото, Ресенското и Битолското началство273.
Според некои, Тале Горанов се покажал особено несериозен во односот кон
жените, така што направил повеќе престапи во Костурско. Дамјан Груев бил
принуден да му забрани да биде војвода во Костурско и го испратил во
Струшко276. Но, според спомените на П. Кљашев, тој таму "исто правел
глупости и престапи, особено со жени. Вратен е во Битола и осуден на
смрт"277. За тоа Христо Узунов кажува: "Битолското началство реши да се
убие, но ние го помилувавме. Го испративме во Елбасан за да го помага каналот
со оружје. Но таму го разоткри каналот. Властите дознаа. Ни ги заробија
доставувачите..."278. Од таму Горанов дошол во Струга каде и покрај осудите
продолжил со насилничко и несериозно однесување. Конечно, "кога тргнал за
Бугарија, во едно прилепско село, војводата Патчев го ликвидирал. Така заврши
Горанов. Неговото заминување од Костурско во Битола се случи пред 16 мај,
кога Павел Христов беше затворен"279.
Кон крајот на 1901 година, "по наредба на Даме Груев издадена од Битолскиот
затвор"280 Методи Патчев станува прилепски околиски војвода. Неговата
дејност како прилепски војвода придонесла за растежот на ослободителното
движење и за подемот на ТМОРО во Прилепско во првите месеци на 1902
година. Ширејќи ја организационата мрежа во Прилепско и вклучувајќи нови
села во неа (пр. с. Ракле), големо внимание Патчев посветил и на борбената
готовност на Организацијата. Притоа инсистирал секое село, по секоја цена, да
располага со извесна количина пушки и муниција.
Меѓутоа, резултатите од позитивната работа на Патчев во голема мера биле
намалени заради уште едно предавство кое македонската историографија го
обработила како Кадиноселска провала281.
Кадиноселската провала е во директна врска со убиството на учителот Милан
Чорбев во с. Мажучиште, Прилепско. Ова убиство извршено со одлука на
Месниот револуционерен прилепски комитет, за кое одделни согледувања во
своите Спомени оставил Никола Петров Русински, спаѓа во низата убиства над
членови на Организацијата кои ги прекршиле нејзините правила. Притоа, за
причина за убиството, Русински го наведува спротивставувањето на Чорбев да
собира пари за оружје од селаните, но, сосема е веројатно, дека тоа не била
единствената причина за ова убиство282. Егзекуцијата на учителот Чорбев
повлекла бројни апсења од страна на властите. Покрај апсењата и судските
пресуди, во овој случај, најтешка последица по Организацијата било
провалувањето на шифрата на МРО во Прилепско во месец февруари 1902
година.
И покрај се, Патчевата чета не ја прекинала нејзината агитаторско-
организаторска дејност. Во недела на 6 април (24 март ст. стил) 1902 година,
четата на Патчев пристигнала во Кадино Село283. Според претходно
наведениот извештај на британскиот конзул, тоа се случило еден ден подоцна,
односно на 7 април. Во Кадино село, додека држела конспиративен состанок со
двајца свештеници и неколкумина селани, четата била изненадена од
османската жандармерија. Всушност се работело за предавство кое го извршил
кадино-селскиот кмет.
Најпрво малото жандармериско одделение од 50 души ја опколило старата
турска куќа во која била сместена четата на Патчев. Нешто подоцна
пристигнала и османската коњица, а по неа и пешадија од Прилеп, како и
засилување од Битола. Кон регуларната османска војска се приклучил
башибозук од турските села. Пристигнал и познатиот разбојник Расим со 25
души284.
Борбата започнала во неделата навечер, а завршила во претпладневните часови
идниот ден. На едната страна се бореле седуммина македонски револуционери,
а на другата неколку стотини османски војници, жандармерија и башибозук.
Револуционерите покажале незапамтена храброст, војничка подготвеност и
силина на духот. Не плашејќи се од смртта тие пукале до крајот, носејќи одлука
самите да си ги одземат животите.
"Претсмртниот ритуал започнал со кршење на пушките. Потоа војводата со
револвер ги застрелал своите другари. Тие паѓале двајца по двајца братски
прегрнати. Следниот миг, човекот што ја совладал смртта и зачекорил во
бесмртноста, излегол од кулата со две бомби кои ги фрлил врз аскерот.
Меѓутоа, бомбите, поради врнежливото време, не експлодирале. Тогаш
војводата Патчев се вратил во кулата и со истрел во устата си го одзел животот.
Така завршил и последниот чин на саможртвена драма достојна за перото на
Шекспир"285.
Со тоа, како жртва на уште едно македонско предавство, на 25 март 1902
година, македонскиот револуционер Методи Патчев си го окончал сопствениот
живот, до крарт исполнувајќи ја светата заклетва што ја дал пред
Организацијата: Смрт или слобода.
Покрај Методи Патчев, во Кадино Село во 1902 година биле убиени и двајца
негови соборци од Прилеп. Споменатиот британскиот конзул наведува дека
едниот бил "Каранџулов, брат на атентаторот на министерот за правда во
Софија, а другиот бил П. Гаваш, син на Ј. Гаваш, кој бил осуден пред неколку
години на 10 години затвор за убиство и побуна"286. По оружениот настан,
жителите на Кадино Село биле изложени на апсења и тортури. На тој начин
османските власти ја истражувале нивната поврзаност со комитите.
________________________________________

262- Види поопширно: Димитар Димески, Аферите во Битолскиот вилает,


Скопје 1993,65-83.

263-ДАРМ, РRO FO 195/133, М-420, бр. 53, Писмо од сер Алфред Билиоти,
генерален конзул во Солун, до сер Николас О’Конор ,амбасадор на Неговото
Височество во Константинопол, 13.04.1902.

264-Методи Патчев (Охрид 19.05.1875 - Кадино Село, 25.03.1902), војвода. Се


здобил со почетно образование во Охрид. Во август 1896 година се вработил
како учител. Се активирал во ТМОРО и дејствувал во Кичево (1897-1898). Од
1898 до 1901 година бил в затвор, потоа заминал во четата на Марко Лерински.
Дејствувал како војвода во Прилепско, се до самоубиството во Кадино Село.
(МИР,364)

265-ДАРМ, РRO FO 195/133, М-420, бр. 53,..., 13.04.1902.

266-Во своите спомени Ѓорѓе Тасиќ, еден од одродените Охриѓани кој бил
образован и воспитуван во српски дух и во служба на српската пропаганда,
наведува дека во 1891 година, не прашувајќи го никого освен Леон Ставриќ и
Димитрие Грдан(овиќ), кои пристапиле кон него, ја закупил куќата на Ѓорѓи
Каневче(виќ) за српска школа. Собрал 20 ученици и започнал со работа.
(Народна библиотека Србије, Београд, ф; Јован Хаџи Васиљевиќ, Р-413 (IX-а),
Спомени на Ѓорѓе Тасиќ од 1937).

267-Српски документи за историјата на Охридско-Струшкиот регион (1890-


1940), избор и коментар Павле Митрески, Струга 2002, док. бр. 60,7.08.1898,96-
97.

268-Во Грдановиќ било пукано во моментот кога од чаршијата по улицата се


враќал дома. "...Куршумот поминал низ стомакот од една на другата страна, во
тој момент Грдановиќ се свртел да види кој го уби. Убиецот кога видел дека
Грдановиќ не паѓа испалил уште два куршуми во него, но не го погодиле.
Грдановиќ тргнал со брзи чекори кон својата куќа, но после дваесеттина чекори
паднал; убиецот побегнал низ еден чикмак и се скрил. Додека бил жив зборувал
дека го убиле бугарските учители" (Српски документи за историјата на
Охридско-Струшкиот регион (1890-1940),..., док. бр.60,10.08.1898,97).

269-Српски документи..., док. бр. 61,16.04.1899,98.

270-Српската страна веројатно била незадоволна од исходот на судскиот


процес. Затоа, конзулот Веселшовиќ испратил дополнително објаснување до
српската влада, во кое вели: "... убиецот на пок. Грдановиќ и не можел да биде
осуден повеќе од 15 години робија, бидејќи, според земските закони,
криминалните дела се казнуваат со казна од 3-15 години. Уште кога ќе се земе
дека осудените за криминални дела ниту во Турција лесно и брзо не ги
помилуваат, како што е случај со осудените по политичка вина кои се судат на
101 година, но не издржуваат ни пет годиш робија, убиецот на Грдановиќ ќе
мора да одлежи барем 8-10 години робија..." Со тоа, Веселиновиќ сметал дека
"правдата е доволно заштитена" (Српски документи..., док. бр. 61,8.05.1899,98).

271-Анастас Митрев,, Христо Узунов, Мемоари огледи статии, Скопје 1974,221.

272-А. Кецкаров, сп. "Илинден", бр. 71,9.

273-Народна библиотека Србије, Београд, ф; Јован Хаџи Васиљевиќ, Р-413 (IХ-


а), Спомени на Горѓе Тасиќ од 1937.

274-Димитар Грданов бил син на Горше Грдан, кој немал јасна македонска
национална свест. Во времето на грцизмот бил погрчен, а со доаѓањето на
Егзархијата станал голем Бугарин. Во својство на училишен настојател ги
подгонувал учителите-Македонци, меѓу кои бил и Кузман Шапкарев. Нему не
му се давало учителско место во Охрид. За тоа Шакарев запишал: "Охриѓани (се
мисли на оние одродени , б.н.), а особено Гоше Грдан, гледајќи ме без работа ми
велеа'шетај сега без работа како говедар' "(сп. "Македонски преглед", т. III, бр.
2, 49). Синот на Ѓоше, Димитар "по наследство и воспитание на татка си,
незадоволен од некакви материјални облаги од бугарската пропаганда, премина
во служба на српската пропаганда, за да добие поголеми материјални облаги и
ветувања за стипендии на неговите синови да се учат во високи српски школи.
Но бидејќи србизмот на можеше да си пробие пат и да вирее во Охрид и
Охридско, тој прибегна кон содејство со турската власт, служејќи се со
шпионажа против Организацијата. Затоа првата работа на Организацијата во
Охрид беше да го ликвидира шпионот Грданов" (А. Митрев, исто, 221).

275-Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, Софија


1984,86.

276-П. Кљашев наведува дека Горанов бил со основно образование и дека имал
многу "слабости -многу нервозен, повеќе наперчен груб човек. Престојувал и во
Кнежевството". Но, во споредба со војводата Атанас Петров (за кого Кљашев
запишал дека бил необразован човек, итар и "склон кон лажење"), бил поумен и
имал "подобри односи со селаните. Во воените работи знаеше исто колку и
Петров. Првата задача што му беше доверена не ја изврши, зашто главно
престојуваше во Загоричани, кај едни учителки. Тој беше млад и убав. Павел не
испрати мене и Москов да го смириме, но ништо. Тој се однесуваше самоволно
кон четниците, па тие не го поднесуваа..." (Спомени на С. Арсов, П. Кљашев, Л.
Џеров, Г.П. Христов, А. Андреев, Г. Папнчев, Л. Димитров, Скопје 1997,183-
185).

277-Спомени на С. Арсов, П. Кљашев,..., Скопје 1997,185.

278-Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, Софија


1984,86.

279-Спомени на С. Арсов, П. Кљашев,..., Скопје 1997,185.

280-К. Прличев, Видов четничество, сб. Илинден, София, 1927,14.

281-Види: Димитар Димески, Кадиноселската провала, "Историја", VII/1,


Скопје 1971; Димитар Димески, Македонското националноослободително
движење во Битолскиот вилает (1893-1903), Скопје 1981,420-428.

282-Д.Димески,Македонското националноослободително движење во


Битолскиот вилает(1893-1903),..., 421.

283-Д. Димески, исто, 423.

284-Д. Димески, Кадиноселската провала..., 137.

285-Д. Димески, Македонското националноослободително движење..., 425.

***

4.4.9. Предавството и смртта на Веле Марков

Во 1902 година како жртви на предавства паднале големиот македонски војвода


и социјалист Веле Марков и опеаниот Милан (Миле) Поп Јорданов.
Миле Поп Јорданов бил роден во Велес во 1878 година. Најпрво учел во
родниот град, а потоа продолжил во Семинаријата во Цариград. Од таму бил
исклучен од страна на Егзархијата заради неговата револуционерна дејност. Во
1900 година станал секретар на А. Паролијата. Бидејќи Паролијата започнал со
своите ајдучки манири, тој дошол во судир со четата. За тоа бил информиран
Делчев кој му го одзел војводскиот чин на Паролијата287. Тогаш четата му била
доверена на Милан Поп Јорданов. Пренесувајќи ранет војвода, бил поткажан,
откриен и убиен од османска патрола во близина на училиштето "Св. Ѓорѓи".
Народот го овековечил во песната "Бог да го прости Миле Поп Јорданов, кој
загина - за народот и Македонија"288.
И Веле Марков (1870-1902), како и Миле Поп Јорданов останал во
најпозитивното колективно помнење на народот како уште една жртва на
предавство289. Со својата чета од десеттина четници се движел низ
крушевските, кичевските, прилепските и битолските села290, во навистина
широк простор во кој населението се надевало и ја барало неговата оружена
заштита.
На загинувањето на Веле Марков, претходеле некои настани кои посредно
довеле до ликвидирањето на неговата чета. Тие настани се поврзани со уште
еден од мноштвото предавници во 1902-та година291. Имено Стојан Толев Чаде
од с. Ракитница, во 1902 година на османските власти им посочил неколку свои
соселани како припадници на револуционерната организација во Крушевско.
Како награда за овој чин, Черкезот од Ново Село, Јонуз ага кај кого Стојан
работел како момок, го наградува со нива во синорот на с. Ракитница, заедно со
ѕевгар волови, а од власта беше награден со 50 турски лири292.
На 9/22 јуни четата на Веле Марков влегла во селото Ракитница за да го казни
предавникот Стојан Толев Чаде. Тука ќе заврши и животниот пат на војводата
Марков293. Запоседнати во селото тие го чекале предавникот Чаде, кој доцна
вечерта се вратил од Ново Село во Ракитница. Стражарите кои го демнеле
неговото враќање, веднаш го известиле војводата кој заедно со селскиот
револуционерен комитет донесол одлука казната над него да се изврши
утредента, пред сите селани, како што било договорено. Веле Марков му
наложил на Гроздан Георгиев Пејкоски, утредента околу шест часот да ги
собере средсело сите селани. Гроздан го одбил тоа изговарајќи се со наводната
презафатеност во работата на Анкетната комисија. Изненаден и револтиран од
ставот на Гроздан Георгиев, Веле Марков им рекол иа другите членови на
селскиот комитет еден од нив утредента да го стори тоа. Потоа наредил да се
блокира куќата на предавникот, како тој во текот на ноќта не би го напуштил
селото.
Меѓутоа, Стојан Толев успеал да избега уште пред да биде блокирана неговата
куќа. Точно не може да се утврди дали податоците за четата - нејзиниот состав и
распоред тој ги добил од својата сестра Невена Сиркоска, мажена за Цветан
Силјанов Сиркоски, брат на началникот на селскиот револуционерен комитет
или пак од Гроздан Георгиев кој подоцна во 1904 година бил ликвидиран како
предавник. Како и да е, предавникот им ги пренесол податоците на властите,
односно стигнал до Јонуз ага во Ново Село кој веднаш го исвестил мудурот во
Прибилци, а овој - гарнизонот во Битола.
Четата на 23 јуни 1902 (ст. стил) била нападната и сардисана од 500 османски
војници во с. Ракитница. Всушност тоа биле Черкезите од Ново Село, аскерот и
башибозукот од Прибилци и касарната во Стара Растовица. Во тешката и
нерамна борба, не предавајќи се до крај и бодрејќи ги своите комити со
зборовите "Ако нема слобода, има смрт! Но чесна и храбра"294, паднал убиен
војводата Веле Марков295. Задоцнетата помош на четата на Јордан Пиперката и
на крушевската милиција не можела да ја измени ситуацијата, а последиците
што ги почуствувале и месните жители и крушевчани, биле мошне тешки. Низ
народот оставил силен впечаток грозоморниот акт на непријателот кој им ги
пресекол главите на војводата Веле Марков и на неговите четници Т. Карев и Г.
Кошинчето и ги носел за показ да го заплашува разбунтуваното население.
Соочен со предавството и смртта на својот соборец Веле Марков, за жал Јордан
Пиперката296 се соочил со уште едно предавство и овој пат во селото Белица во
Кичевско. Таму еден од шпионите ги предал сите работници на Организацијата,
дури кој каква пушка и колку фишеци има. Со списокот в рака османскиот
аскер дошол во селото Белица. Луѓето биле тепани и малтретирани. Затоа
Пиперката отишол во Битола да бара одобрение од окружниот комитет да бидат
казнети неколку предавници од селото Белица. Добил одобрение за 5 лица да ги
казни со смрт. Заради извршување на екзекуцијата над посочените предавници,
Пиперката побарал помош од соседните чети. Дошла четата на Дејан Војводата,
на поп Христо (охридската езерска чета), четата на крушевскиот војвода Ѓурчин
и четата на Петар Ацев од Прилепско. Овие чети заедно со Јордановата го
опколиле селото Белица. Во селото влегле со пет-шест четници само Пиперката,
Дејан, Петар Ацев и Ѓурчин. Ги собрале сите селани во една голема куќа.
"Петмина селани и четири селанки ги казнивме само со тепање, а четворица
мажи ги врзавме за да ги казнивме со смрт, вели Дејан. Ме определија мене со
пет други востаници да ја извршиме казната средсело. Ги убивме... Ги
стрелавме.Од Белица имаше многу луѓе кои шпионираа"297. Токму и затоа оваа
казна над предавниците била извршена пред очите на сите селани. Меѓу
другото, во своите спомени, Христо Узунов наведува листа од 54 лица на
предавници и шпиони или други престапници од охридско-струшкиот регион,
убиени по наредба на Организацијата298.
__________________________________

286-ДАРМ, PRO FO 195/133, М-420, бр. 53,..., 13.04.1902.

287- В. Горѓиев, Слобода или смрт..., 317.

288 МИР, 382.

289-Веле Марков е роден во селото Селце, Крушевско во 1870 година. Во 1896


година заминал на работа во Софија каде станал член на тамошната
социјалистичка група (1896 и 1897 г.). Во почетокот на 1900 се вратил во
Македонија и учествувал на Првата социјалистичка конференција во
Македонија која се одржала на 3 јуни 1900 ст. стил во близина на Крушево. На
16 март 1901 година, Веле станал четник на Крушевско-демирхисарската чета
на Никола Петров Русински, а по пет месеци (15 август), по заминувањето на
крушевско-демирхисарски војвода Русински во Прилепскиот реон, Веле Марков
станал војвода на Крушевскиот револуционерен округ. (Види поопширно:
Здравко Божиновски, Веле Марков, Битола 2002).

290-Различни извори даваат различни податоци за бројот на четата на Веле


Марков. Според билансот на загинатите, заробените и спасените, заедно со
војводата може да се утврди дека оваа чета броела 15 комити, и тоа: Веле
Марков ("Милток") од с. Селце - војвода, Ѓурчин Наумов-Пљакот, од с. Сланско
- заменик, Методија Стојчев ("Шилер") од Крушево, секретар, Марко Хр.
Алексовски ("Мирче") од с. Сопотница, Тирчо Карев, од Крушево, четен
бајрактар, Ѓорѓија Христов, од с. Света (познат како Ѓорѓија Рало Скршениот),
Стојан Иванов Јошевски, од с. Жван, Христо Тасев, од с. Воѓани (познат како
Ристо Воѓанчето), Ѓорѓи Кошинчето, од с. Кошино, Петко Иванов, од с.
Крушево, Томо Крстев Дојчинов, од Крушево, Мирче Котев, од Крушево, Даме
Новев, од Крушево, Павле Костов, од Крушево, Иван Боримечката, од Крушево.
(3. Божиновски, Веле Марков, 176-177)

291-Така, на пример, бидејќи зачестиле османските потери по четата на


познатиот Дејан војвода од с. Лактиње, револуционерната организација во
Охридско додека таму бил Никола Петров Русински, решила да бидат убиени
некои најголеми шпиони. Решението го извршил Дејан со уште двајца четници.
Еден шпион од с. Врбјани бил убиен од Смилета Војданов. Казнета била и една
жена - турски шпион од с. Тбиново, некоја си Божана (на 45 години), во селото
Слатино, три жени (мајка и две ќерки - Менка и Арсана која била мажена за
учител) затоа што ја предале четата. На мајката и ќерките се оплакувало целото
село Слатино. (Стојан Ристески, Дејан Војвода, Охрид 1974,25)

292-Види: Н. Томалевски, РакитниШката афера, Материяли за историята на


македонскаТа осво-бодителна борба, "Сборникь Илиндень,", София, 1926, 40.

293-Види: Д. Димески, Ракитнишката провала 1902, сп. "Историја, г. VI/2,


Скопје 1970,141.

294-Документарно одделение на ИНИ, Скопје, Сл. 4,141/а, Миле Бочвар,


Животот и работата на Веле Марков, ракопис, 18.

295-Според други податоци, Веле загинал на 12 мај заедно со својот бајрактар


Тирчу Карев и со уште четворица други четници (Д. Димески, Ракитнишката
провала 1902, сп. "Историја, г. VI/2, Скопје 1970;Б. Ристоски, Никола Карев и
Веле Марков во народната песна, "Прилози за Илинден 1976-1977", Крушево
1978,242).

296-Во декември 1902 година, Јордан Пиперката и неговата чета биле сардисани
во демирхисарското село Брезово. Благодарение на мобилизацијата на
припадниците на Организацијата од околните села кои пристигнале на помош,
четата на чело со војводата успеала да излезе од обрачот. За тоа британските
дипломатски претставници известуваат дека на 28 декември "во Брезово,
одалечено шест часа од Битола, меѓу 25 жандари под команда на еден поручник,
кои опколиле две куќи во истото село, и 12 комити, кои се наоѓале во куќите".
На помош на комитите дошле уште 15 луѓе "од едно соседно село" и им
овозможиле да избегаат. Куќите биле запалени, двајца од комитите убиени,
двајца селани биле ранети, а поручникот бил смртно ранет. (ДАРМ, PRO FO
195/2156, М-425, бр. 9, Писмо од сер Алфред Билиоти до сер Николас О’Конор,
13.01.1903).

297-Борбата во Костурско и Охридско (до 1904 Година). По спомени на Дејан


Димитров (Мицкоски), цитирано кај: С. Ристески, Дејан Војводата, Охрид
1974,27.

298-Види: Дневници и спомени за Илинденско-преображенското востание,


София 1984,112-115.
***
4.4.10. Мисијата на полковник Јанков и Горноџумајското врховистичко
востание

Со полетот на македонското националноослободително движење


големобугарските кругови станувале свесни дека се потешко ќе ги реализираат
санстефанските проекции, така што од провокативниот удар во 1895 година299,
се до 1902 година преку различни провокативни акции настојувале да
испровоцираат востание во кое македонското ослободително дело би го навеле
да изгори во сопствениот пламен. Во тие рамки било "подигнато"
Горноџумајското "востание" од страна на ВМК, а инспирирано од бугарската
влада и двор.
Во средината на 1902 година во Македонија, особено во источниот дел, се
нашле повеќе врховистички чети под водство на офицери на бугарската армија.
Како претходница бил испратен полковникот Јанков - родум од Костурско. Тој
требало да прогласи востание во југозападниот дел на Македонија. Насекаде
каде што поминал посеал раздор и агитирал за започнување на востание.
Последиците од неговата агитација посебно се почуствувале во Воденско.
Неговите намери да испровоцира востание во југозападна Македонија биле
осуетени благодарение на преземените мерки од страна на Организацијата,
Врховистичкото востание во Македонија започнало на 23.09.1902 година во с.
Железница - Горноџумајско, со убиствата на неколкумина турски чиновници.
Истиот ден, во Горноџумајско биле регистрирани уште неколку судири. Оттука
оваа врховистичка провокација била наречена "Горноџумајско востание". Со
врховистичките сили командувал генерал Иван Цончев. Акцијата засегнала 28
села во Горноџумајско, Мелничко, Петричко и Струмичко. Притоа дошло до
неколку судири меѓу врховистите и аскерот. Во загрозената територија
османските власти испратиле воени единици и броен башибозук. Последиците
од нивниот настап ги почувствувало локалното македонско население, додека
врховистите се повлекле во Бугарија. При настапот на војската и башибозукот
било убиено бројно цивилно население, многумина биле мачени, силувани, а
многу куќи биле ограбени и запалени. Околу 2 000 лица побегнале во Бугарија.
ТМОРО остро ја осудила акцијата на ВМК и презела мерки да го спречи
нејзиното ширење. Сепак ова "востание" дирекно влијаело за донесување на
одлуката за востание во 1903 година.
По провокативното Горноџумајско востание", големобугарските кругови ја
организирале врховистичката провокативна мисија на полковникот Јанков во
костурско-леринскиот регион во текот на септември-ноември 1902 година300.
Притоа, не случајно било избрано Костурско, кое во 1901-та ја преживеало
Иванчовата провала, но благодарение на здравите внатрешни револуционерни
сили и мисијата на Делчев во 1901/2 година, ја покажало во 1902 година
монолитноста и цврстината на револуционерната организациона мрежа. Не
случајно, улогата на врховистички провокатор му била доделена на
полковникот А. Јанков, по потекло загоричанец, кој бил виден врховистички
протагонист чие име и еполети требало да предизвикаат респект и слепо
почитување, а со тоа и полесно заведување на масите во Костурско. Меѓутоа,
самото стапнување во Загоричани (септември 1902) неговата провокаторска
улога била разоткриена, така што Кљашев и Чакаларов301 кои дејствувале на
тој терен настојувале да ги сузбијат провокациите на полковникот Јанков.
Револтираниот Чакаларов, отворено му рекол: "Слободата ние ќе си ја
извојуваме, не ја сакаме од тебе! Не мисли дека затоа што си полковник и со
еполети - ќе го оставиме народот да се повлече по тебе и да изгори"302.
Благодарение на неуморната работа на Кљашев и Чакаларов, била попречена
намерата на Јанков за дигање на "востание"303. Истовремено, Лазар Поп
Трајков, кој бил испратен од Софија, веројатно од Делчева за да му помогне на
Костурското раководство на ТМОРО полесно да се пресмета со полковникот
Јанков, во Скопје бил фатен од османските власти и затворен304.
Конечно, во ноември 1902 г. полковник Јанков, однародениот Македонец, се
префрлил во Грција завршувајќи ја неславно својата антимакедонска мисија во
својот роден крај. Така напорите на врховистите за разбивање на внатрешните
сили на ТМОРО преку Горноџумајското востание во есента 1902 година и
обидот на полковник А. Јанков да крева востание, без согласност од
раководните сили на ТМОРО, во септември 1902 година во Костурско, не ја
постигнале нивната цел, зашто наишле на организирано спротивставување на
внатрешните сили на ТМОРО.
Последиците од Јанковата врховистичка провокативна турнеја во костурско-
леринскиот крај биле тешки за ТМОРО иако таа успеала да се справи и со двата
непријателски удара: врховистичкиот и османскиот. Особено тежок бил
османскиот удар, бидејќи бројните османски потери го исшетале Костурско и се
стационирале во некои костурски села. Со тоа тие му донесле дополнителни
тегоби на народот, а привремено ја парализирале разгранетата дејност на
ТМОРО305.
_____________________________

299-Во 1895 г. врховистите во Прилепско го испратите Димо Дедото,


полуарамиски војвода, кој речиси несвесно се нашол во прегратките на
врховистичката пропаганда. Активноста на Димовата чета предизвикала афера
во која покрај организационите настрадале и невини луѓе.

300-За тоа види: Революционното движение въ Костурско, Спомени отт. М.


Николовъ,, София 1937; Хр. Силяановъ, Освободителните борби на Македония,
т. I, София 1933; Освободителната борба въ Костурско (до 1904 г.), По спомени
на П. Кляашевъ, София 1925.

301-Васил Чакаларов (с. Смрдеш, Костурско, 1874 - 20.VII 1913), деец на МРО и
војвода кој особено се истакнал во организирање канал за пренесување на
оружје и муниција за потребите на МРО, но и во борбата против грцизмот.
Учествувал на Смилевскиот конгрес како член на Горското начелство,
раководел со чети и учествувал во сите акции во време на Илинденското
востание во Костурско. Предводејќи чета, се спуштил до Костенаријата и
албанската граница, ширејќи ја револуционерната идеја и во овие краишта.
Учествувал со своја чета во Втората балканска војна и загинал во судир со
Грците (МИР, 494-495).

302-Освободителната борба въ Костурско (до 1904 г.), По спомени на П.


Кляашевъ., София 1925, 88.
303-Спомени на С. Арсов, П. Кљашев, Л. Џеров, Г.П. Христов, А. Андреев, Г.
Папнчев, Л. Дими-
тров, Скопје 1997,217-234.

304-Освободителната борба..., 95.

305-К. Битоски, Македонија и Кнежеството Бугарија (1893-1903), ИНИ, Скопје


1977; Д. Димески, Јанковата врховистичка провокативна турнеја во костурско-
леринскиот регион, 1902 Година, "Современост" бр. 6, Скопје 1980,33-37.

***

4.5. Подигање на предвремено востание - предавство на револуционерното


ослободително дело

Наспроти надворешните мешања во македонското национално-ослободително


движење кои имале за цел освојување на Македонија или дел од неа, во услови
на се позасиленото распаѓање и анархија на османската управа, ТМОРО била
масовно прифатена од македонскиот народ и добила свој легитимитет кај
народот дејствувајќи како држава во држава. Пред неа стоеле мошне крупни и
одговорни задачи. Најпрво требало да го организира народот за борба против
постојниот деспотски систем, а потоа против сите посегнувања однадвор во
нејзините работи306. Се настојувало да се отстрани секое надворешно штетно
влијание врз работите на Македонија. Ширењето на организационата мрежа и
насочувањето на масите кон вистинскиот пат на револуцијата бил првенствена
цел. Највидните личности и членови: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Груев,
Пере Тошев, Јане Сандански, Петар Поп Арсов, Димо Хаџи Димов и бројни
други му дадоа силен поттик на револуционерното движење, го омасовија и ја
развија идејата за општонародно оружено востание изведено со сопствени сили
на народот.
Но, наспроти ваквите ориентации и цели на најистакнатите претставници на
ТМОРО, текот на македонската историја зафатил други патишта. Имено, по
Солунската провала, врховистичките агенти од Софија успеале да го преземат
практично целиот ЦК на ТМОРО и задграничните претставништва и на тој
начин можеле несметано да работат на целта - подигање на предвремено и
неподготвено востание со многу жртви со што европската јавност ќе застане зад
намерите на Бугарија "да ги ослободи" своите браќа "Бугари" во Македонија.

Доаѓањето на Иван Гарванов на чело на ЦК значело отворен пат за


спроведување на експанзионистичката политика на Кнежевството Бугарија.
Сите сили биле насочени кон изградување на европско јавно мнение дека
борбата во Македонија ја водат бугарски комитети и чети, а на внатрешен план,
во Македонија, се водела крајно нечесна борба, со сите средства, против оние
кои барале самостојност на македонското ослободување, во корист на
Македонците. Предизвикувањето на предвремено востание и борбата против
македонското ослободително дело било најголемиот чин на предавство и
злоупотреба на желбите и чувствата на еден народ. Во тој чин на колективно
предавство, во крајниот биланс, имињата на ситните предавници и големите
жртви не беа важни. По несреќното Илинденско востание од 2 август 1903
година, Македонија доживеа атентат во 1912-1913 година на балканското
историско буниште, а нејзините атентатори беа заговорниците - владите на
Србија, Бугарија и Грција. Нивните војски на своите штитови го распараа
кревкото тело на Македонија и ја оставија распарчена. Окружена од четирите
страни со балканските атентатори Македонија, дел по дел, ја разјадуваат и
убиваат до почетокот на XXI век.
Така, по 1901 година патиштата на македонската борба почнале да се
изместуваат. Но, сепак, и во најтрагичните чинови од своето постоење
македонскиот народ знаел да создава дела за историско помнење. Таков беше
Илинден 1903 и Крушевската република.
Читајќи ги пишуваните траги и сеќавања за деновите што претходеа на Илинден
стекнуваме чувство дека 1902-та година со сите случувања како да го
предвестуваше врвот на трагедијата на бројните претходни години исполнети со
прогони и насилство на османските власти од една страна и растежот на
отпорите, бунтотот и незадоволството на македонскиот народ од друга.
Насловувајќи ја состојбата во Македонија како бура што наближува,
Независниот македонско-одрински лист "Дело" (од 1902 г.) објавува повеќе
написи за состојбата во Македонија. Помеѓу другото, весникот оценува дека
работите стануваат од ден на ден се полоши и полоши, дека фанатизираните
муслимани се подготвуваат за колеж на христијаните и дека Врховистичкиот
комитет готви авантура во Македонија која би била катастрофа за македонскиот
народ и катастрофа за Ослободителното револуционерно движење внатре во
Македонија307. Весникот недвосмислено го изнесува и разочарувањето во
словенското сочуство на словенска Русија, во братската помош на братска
Бугарија, во христијанското милосредие на христијанска Европа, повикувајќи го
македонскиот народ да верува само во себе си и во своите сопствени сили.Во
една таква тешка внатрешна и меѓународна состојба дејствувала добро
организираната ТМОРО. Но ефектите од нејзината работа, дисциплина,
самопрегорност и предаденост на ослободителното дело на многу наврати биле
ставени на коцка заради предавствата, провалите и аферите кои, за жал,биле
неодминливиот дел од нејзиното постоење. Како што наведовме, голем
проблеми во нормалниот подем на националноослободителното движење
создале Тајното бугарско револуционерно братство и ВМК. Посебно штетно
било Горноџумајското врховистичко востание од есента 1902 година. Веднаш
потоа врховистите испратиле нови повици за востание за пролетта 1903 година.
Тоа повлијаело кај голем дел од населението и кај повеќе војводи, кои сметале
дека при повторно врховистичко востание во Македонија ќе настапат уште
поголеми опустошувања. Затоа тие барале Организацијата да прогласи
внатрешно востание. Таквите ставови посебно ги подгревал претседателот на
ЦК - Иван Гарванов. Во намерите за востание, Гарванов имал силна поддршка
од задграничните претставници Христо Матов и Христо Татарчев.
Настапила 1903 година. Во месец јануари, во Солун, врховистите кои влегле во
раководните врвови на Организацијата, го свикале, претходно од нив
монтираниот, општ конгрес, чија легитимност подоцна била оспорена поради
начинот на свикување и изборот на делегатите. На конгресот кој траел од 15 до
17 јануари 1903 година присуствувале 17 делегати. Меѓу нив немало ниту еден
од творците на Организацијата и од поистакнатите раководители. Со конгресот
претседавал Иван Гарванов. Тука набрзина било донесено решение да се крене
востание на пролет. Како главни мотиви за покренување на прашањето за
востание биле наведени: неподносливата положба во Битолско; опасноста од
ново врховистичко востание; наводно поволната меѓународна положба и дека
Бугарија ќе помогне во востанието. Единствен од 17-те делегати кој се
спротивставил на одлуката за востание бил Серскиот делегат Лазар Димитров.
Одлуката за востание на јануарскиот Солунски конгрес ги вознемирила дејците
на ТМОРО кои биле ангажирани во борбата против врховизмот. Во врска со тоа
прашање биле организирани повеќе советувања. Притоа се издиференцирале
две спротивни гледишта. Малцинството предводено од Христо Матов и Христо
Татарчев, ја поддржувале тезата за општо востание, а мнозинството предводено
од Гоце Делчев и Ѓорче Петров предлагало да се засилат четничките дејства,
кои ќе бидат проследени со терористички акции. Нивната цел била да не се
вовлекува населението во масовно востание кое во тие услови немало изгледи за
успех, туку со постојани акции востанието да се води перманентно, без негова
формална објава. Тргнувајќи од девизата "Подобро ужасен крај, отколку ужас
без крај", Даме Груев кој, поради затворските години, не бил целосно во тек со
сите случувања, се приклонил кон одлуката за востание. Дури ни цврстиот и
убедителен Делчев, кој отишол во Солун да разговара со Груев, не успеал да го
поколеба во заземениот став за востание308.
________________________________
306-Некои врховистички чети, како на пример тие на полковник Јанков,
Димитров, Стојанов и други, кога дошле во Македонија се судриле со месните
раководители на Организацијата, со оние кои стоеле на ставовите на Делчев.
Согледувајќи ја во вистинско светло задачата и целта на овие врховистички
провокатори, месните раководители на ТМОРО спроведувале разоружување на
таквите чети или истите биле протерувани.

307-Покрај споменатите, со едно од бланко попечатените полномошна на ЦК на


чело со Гарванов, кон крајот на октомври 1902 година во Битолско пристигнала
и врховистичката чета на Тома Давидов која била пратена "...просто на
расположение на Организацијата". (Ѓорче Петров, Спомени, Скопје 1950, 115).
Тома Давидов, Бугарин по народност (роден во градот Ловеч 1863 година) бил
лекар и резервен капетан. Давидов бил и потпретседател на Врховниот
македонско-одрински комитет. Се смета дека со знаење и согласност на Гоце
Делчев дошол со една поголема чета од доброволци, најповеќе Македонци во
Македонија. Таа била испратена во Битолскиот револуционерен округ, да игра
улога на ревизиона чета (Д. Попандовъ, Тома Давидовъ, Ил. Илинденъ, (1937),
IХ/4 (84). Според Ангел Динев, Давидов бил бугарски офицер и прикриен
врховист "...соучесник на сите парични шмеќарлуци...слабоумен и каприциозен"
(Ангеле Динев, Илинденската..., кн. 1., 252). Истиот успеал во Костурско да
предизвика недисцилина и раздор помеѓу членовите на Организацијата, но, тоа
не му успеало во Битолско каде бил постојано следен од принципиелниот Ѓорѓи
Сугарев. Давидов загинал во близината на с. Оздолени Охридско, на 14 март
1903 година. (Види: Хр. Настевъ, Ревизионата чета въ Битолскиъ революционен
окргъ, Ил. Илинденъ, София 1944, XV, кн. 4-5,9-10).

308-Види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или..., 457-472.

***
4.6. Солунските атентати во 1903 година309
Мала група младинци, решаваат да се борат за слободата на својата татковина
со тоа што наместо колективниот народен отпор, предност им давале на
индивидуалните акции и саможртви. Знаејќи дека народот не може повеќе да
остане во положбата во која се наоѓал, но и дека е неподготвен во моментот за
едно сеопшто востание, овие смели луѓе, повеќето по потекло од Велес,
одлучиле да ја разнишаат европската јавност во нејзината рамнодушност за сето
она што се случувало во Македонија. Така, гемиџиите стапуваат во врска со
терористичкиот кружок на Петар Манџуков310 и Славе Мерџанов со кои
решиле да преземат терористички акции, пред се против објектите на
европскиот капитал во Османската империја, сметајќи дека со него вештачки се
одржувала оваа нестабилна држава311.
Корените и идејното оформување на гемиџиите се во директна врска со тајниот
кружок во Пловдивската гимназија од 1896 година. Кружокот имал за цел
ослободување на Македонија преку внатрешна револуција. Организатори и
раководители на Кружокот биле Михаил Герџиков и Петар Манџуков.
Кружокот бил под влијание на руското народништво и нихилизмот. Во 1897
година повеќе од членовите на Кружокот се нашле на студии во Женева. Таму
вопоставиле контакт со руските револуционери. Под нивно влијание идејно се
оформиле како анархисти. Притоа започнале да го издаваат весникот
"Отм'штение". Оформувајќи се како Македонски таен револуционерен комитет
(МТРК) тие во својата програма барале "целосно одделување на Македонија и
Одринскиот вилает од султановата држава" и "полна независност и најширока
слобода за македонскиот народ да си создаде управа каква што тој сака"312.
Гемиџиите сметале дека тие, како индивидуалисти, како револуционери коишто
се готови да се саможртвуваат без притоа да имаат потреба од ангажирање на
широките народни маси, ќе можат секој момент да ги реализираат своите
планови, само ако имаат доволно парични средства. Затоа, откако успеале да
добијат ветување за парична помош од страна на Борис Сарафов (тогаш на чело
на Комитетот на Македонските братства во Бугарија)313, Манџуков, Мерџанов
и Петар Соколов заминале во Цариград со цел да го убијат султанот Абдул
Хамид. Откако се увериле дека не постојат никакви шанси за успешно
изведување на атентатот, тие пристапиле кон нов план што опфаќал уривање на
отоманската банка во Цариград. Мерџанов го известува Јордан Поп Јорданов -
Орцето314, идејниот водач на гемиџиите и овој презел мерки за организирање
на слична акција во Солун. Во текот на месец март 1900 година за овие планови
Орце го известува и Павел Шатев315. Веќе во јули 1900-та, гемиџиите
започнале копање на тунелот под османската банка во Солун. Во исто време,
копањето на цариградскиот тунел одело многу бавно. Набрзо дошло до
откривање на каналот како резултат на предавство во почетокот на 1901 година
во што удел имале врховистите, поточно во рамките на Солунската провала во
редовите на ЦК ТМОРО. Помеѓу другите документи кои паднале во рацете на
османските власти, се наоѓал и опширниот извештај за копањето на
цариградскиот канал. Така, ова предавство однело уште две жртви. Загинале
уште двајца бестрашни борци за слободата на Македонија: Славе Мерџанов и
Петар Соколов. Во пролетта 1902 година гемиџиите успеале да обезбедат триста
килограми динамит и го довршиле каналот до османската банка во Солун.
Динамитот бил поставен под земја, требало само да се запали фитилот и
зградата да летне во воздух. Сметајќи дека за состојбите на Балканот и за
вештачкиот живот на Империјата е крива европската политика и капитал,
гемиџиите решиле да запалат и потопат некој европски трговски брод. Така
паднала одлука на 29 април 1903 година да биде потопен францускиот брод
Гвадалкивир", а задачата му била доверена на Павел Шатев.
На определениот ден, со лажен пасош издаден на име Георги Манасов, со
невидена ладнокрвност и решеност, Шатев се качил на бродот. Динамитот го
поставил под машинското одделение, го запалил и потрчал кон другиот крај на
бродот. По кратко време се слушнал силен тресок, настанала паника, но во
целиот метеж не загинал ниту еден човек на бродот. Истиот ден Шатев заминал
за Скопје.
Уништувањето на францускиот брод бил сигнал за започнување на дру-гите
планирани акции. Истата вечер, Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов
ја кренале во воздух композицијата на железничката линија Солун-Де-де-Агач.
Коста Кирков ги уништил гасоводните и водоводните цевки. Од експлозијата
цел Солун останал без вода и осветление. Во меѓувреме Орце го запалил
фитилот на експлозивот во каналот под Отоманската банка и таа летнала во
воздух. Цветко Трајков имал задача да го убие солунскиот валија Хасан, но бил
забележан од телохранителите на валијата. Тогаш ја извадил бомбата, ја
активирал и извршил самоубиство како и повеќемина од гемиџиите.
Преостанатите живи гемиџии: Ѓорѓи Богданов, Милан Арсов, Марко Бошнаков
и Павел Шатев биле уапсени и предадени на специјален воен суд. Тие најпрво
добиле смртна казна која потоа била заменета со доживотна робија. За време на
заточението во Фезан починале Арсов и Бошнаков, а по прогласената амнестија,
со победата на Младотурската револуција во 1908, преживеале Богданов и
Шатев. Тие го исполниле заветот на нивните починати другари во суровиот
затвор и по ослободувањето им ги пренеле посмртните останки во Македонија.
Солунските атентати делувале кон промена на текот на настаните. Во Солун,
меѓу другото, избувнале немири што ги создале фанатизираните муслимани.
Тие оделе во толпи низ градот и го убивале недолжното христијанско
население. За бројот на жртвите постојат различни податоци. Според некои
проценки тие се движеле помеѓу 200 и 300 души, па и повеќе, но како најблиска
до вистината би ја прифатиле бројката 100 бидејќи конзулите во Солун
известуваат дека не биле извршени масовни убиства316. Властите успеале
донекаде да ги смират толпите, но започнале со своите потери затворајќи го
буквално секој Македонец во Солун без разлика дали тој има или нема врска со
атентатите. Тие речиси без причина почнале да малтретираат и да апсат
единствено по сопствени произволни проценки. Во општата рација на
османските власти биле затворени околу 2.000 лица и некои членови на ЦК на
чело со неговиот претседател Иван Гарванов, а биле запленети и доста
документи. Покрај членови на ЦК биле затворени и поголем број членови на
ТМОРО, со што таа претрпела силен удар. Во тие затворања се нашле и
четворица атентатори: П. Шатев, М. Бошнаков, Г. Богданов и М. Арсов.
Османските власти, под изговор дека Солунските атентати биле почеток на
слични акции и во други македонски градови, како и сигнал за востание, а
користејќи го негодувањето што тие го предизвикале во Европа, решиле
репресалиите да ги прошират и во другите делови, со цел да ја обезглават
Револуционерната организација. Тоа не било тешко да се постигне, бидејќи во
тие денови беснеел фанатизмот на непросветеното турско население. И не
случајно по Солун, Битола бил градот што најмногу настрадал. Властите имале
посебен интерес да го потресат овој град, кој се знаело дека е центарот на
револуционерното движење за Западна Македонија. Цела недела по Солунските
атентати, на 6 мај, без никаков повод, организирани муслимански фанатици,
помогнати од чиновници и жандарми, се јавиле во чаршијата и почнале
неконтролирано да ги напаѓаат луѓето. Чаршијата веднаш била затворена, а
христијанското население во голема паника се скрило во своите домови. Повеќе
од 3 часа траела оваа хајка против невиното битолско христијанско население.
Енергичната интервенција на битолските конзули придонела валијата, со
помошта на аскерот, да воведе ред во градот. Потоа биле уапсени дваесетина
битолчани-егзархисти обвинети како предизвикувачи на нереди. Околу
четириесет луѓе - христијани по вероисповед биле заклани или убиени на друг
начин, а неколку десетици биле ранети317.
Во Прилеп, исто така, биле спроведувани репресалии при што биле затворени
околу 50 лица "откако се дозна дека неколку жители од тој град, се вмешани во
гореспоменатите атентати... Следствено на тоа, властите во Битола ги истераа
сите прилепчани кои работеа во продавниците или кафеаните во овој град.
Нивните имиња и адреси се запишани од страна на полицијата и тие ќе бидат
под постојан надзор во Прилеп"318.
Значителен одглас атентатите имале и во Скопје и во Велес, родниот град на
повеќето гемиџии, како и во Источна Македонија. Насекаде Османлиите
започнале со масовна интернација на населението по затворите кои биле
преполни. Хилми паша планирал дури и преселување на 300 семејства од
Македонија во Анадолија, за да всади страв во македонското население, но, на
крајот тоа сепак не било прифатено. Според извештајот на Хилми паша, во
Битолскиот вилает имало 461 затвореник, во Солунскиот- 382 и во Косовскиот
(Скопскиот) - 281 човек, или вкупно 1.124 души. Од нив до 16 јуни биле
ослободени 406 души. Меѓутоа, според повеќе други извештаи имало поголем
број затворени.
Одмаздата се ширела и низ македонските села, посебно во оние за коишто
османските власти сметале дека се бази на ТМОРО. Во тие одмазднички акции
настрадало костурското село Смрдеш каде на 8 мај 1903 г., без никаков повод,
аскерот започнал жестока пресметка со населението. Пресметката завршила со
артилериски оган и опожарување на селото. Акцијата на аскерот завршила со
следниот биланс: 85 убиени или заклани и 50 ранети, а меѓу нив најголем број
биле жени и деца. Каква трагедија и бесмисленост во тие акции кои само го
зголемувале револтот на народот.
Следејќи го будно она што се случува во Македонија, без да преземат некаква
поголема акција, европските дипломати сепак пожестоко реагирале на ваквите
ѕверства. Благодарение на странските конзули во Битола и Скопје била спречена
интернацијата на населението во Анадолија. Тие единствено можеле да
помогнат во изнаоѓањето на правдата за многу македонски семејства.
Користејќи ги Солунските атентати како повод за масовни апсења низ
Македонија, Хилми паша широко ги отворил затворите. Тој знаел дека речиси
сите уапсени немале врска со атентаторите, но го знаел и тоа дека голем број од
нив имале врска со ТМОРО, иако немал конкретни докази за да ги изведе пред
суд. До завршувањето на судењето на атентаторите во Солун, тој можел лесно
да го оправдува држењето во затвор на толку голем број луѓе без докажана
вина. Судските власти на Османската држава, исто така знаеле дека гемиџиите
биле сосем ограничена група заговорници и дека не ќе можат да ја докажат
нивната врска со ТМОРО.
Европската дипломатија која ги осудила атентатите немала желба да ги осознае
вистинските причини за хаосот кој се случувал во Османската империја.
Таквата соетојба особено добро ја користеле Османлиите, но и секогаш
спремната бугарска пропаганда. Гемиџиите биле означени како филијала на
ТМОРО односно, што е уште пострашно, како производ на "бугарските
терористички комитети". Ова било повеќе од катастрофално за ТМОРО која се
нашла во ситуација да води борба, вооружена или пропагандна, на три фронта:
1) против мешањето на врховистите како експоненти на бугарската политика
кои се нашле задоволни од заострувањето на ситуацијата; 2) против Османлиите
кои само чекале ваква шанса за да имаат причина пред Европа да се пресметаат
со револуционерните сили на македонски народ и преку репресалии да всадат
во народот страв од секаква побуна; и 3) против зацврстувањето на ставот кај
европската јавност дека ТМОРО е терористичка организација.
И покрај непријателското окружување од сите страни и разјадувана од
врховистичкото зло одвнатре, ТМОРО продолжува со своето организирање
на планот на реализацијата на основната цел - ослободување на Македонија
преку вооружено востание со сопствени сили. Но, за жал, наместо да се
подготви во мир за востанието, ТМОРО ја започнува исцрпувачката војна со
аскерот за, буквално речено, секое село и секоја куќа.
Османлиите соочени со својата вистинска немоќ да се одржат на Балканот,
трупале војска довлечкана од Анадолија и Мала Азија, сместувајќи ја во
импровизираните касарни во мизерни услови. Иако нејзиниот сооднос во овој
период изнесувал на двајца до тројца жители по еден војник или полицаец,
сепак таа доживува тотален неуспех во борбата со четите и целосниот хаос во
Македонија. Благодарение на одличната четничка организираност за герилска
војна, извонредно мобилните комити успеваат со чети од по неколку десетици
луге да поразат цели османски единици кои броеле неколку стотици, па и илјади
луѓе. Тешката османска артилерија ни случајно не можела да се довлечка до
масивните карпи, високите врвови и непроодните шуми каде четниците
царувале.
________________________________________
309-Крсте Битоски, Солунските атентати 1903, Скопје 2003; Ванчо Горѓиев,
Слобода или...„ 472-490.

310-Манџуков Петар е роден во с. Мирковци, Скопско во 1879 година. Спаѓа во


групата на акархисти и револуционери. Се школувал во повеќе градови, а во
Казанлак и Лом заедно со свои истомисленици основал тајни револуционерни
анархистички кружоци. Во 1898 година го продолжил школувањето во
Швајцарија и Франција. Во Женева, заедно со Михаил Герчиков ги издавале
весниците “Глас" и "Отм'штение". Бил меѓу најзначајните во МТРК. Во 1899
година бил во четата на Гоце Делчев. Активно учествувал во анархистичките
акции во Цариград. Ги помагал гемиџиите, особено околу снабдувањето со
експлозивен материјал за диверзиите на Отоманската банка во Солун и на
пругата кај градот Кулели Бургас. Откако повторно се вратил во татковината,
извесен период учителствувал во Скопје. Бил затворен во Куршумли ан во
Скопје, а потоа протеран во Бугарија. Таму ги запишал своите мемоари и го
завршил својот животен пат во 1966 година.

311-За начинот и средствата преку кои сакале да остварат слобода за


македонскиот народ, П. Манџуков му пишува на Кирков (18.07.1898): "нашиот
несреќен македонски народ е изложен на безброј несреќи и понижувања од
Турците... Далеку е позагрижувачко поведението на Европа, која за сметка на
своите сомнителни интереси го заборава својот долг кон еден мал народ во
срцето на светот. Ми се чини дека наша должност во моментот е борбата да ни
биде свртена кон таа Европа, која одлучува за судбината на нашиот народ, а
потоа борбата со Турците ќе биде дури беспредметна. Чинам дека треба да
сториме се, да ја заболи Европа, удирајќи ја по џебот за да се свести дека и
другите поробени луѓе имаат право на живот и слобода...Македонскиот народ...
не може да се ослободи со едно востание... Ние сакаме да жртвуваме сопствени,
а не народни животи... Ние сакаме повремено да предизвикуваме судири... и
преку нашата крв да го свртуваме вниманието и симпатиите на 'човекољубивата'
Европа... " (Две писма од членовите на Македонскиот таен револуционерен
комитет, Разгледи, Х/7 Скопје 1968,849).

312-Ванчо Горѓиев, Апелот на македонскиот Таен револуционерен комитет од


1898 година, ГИНИ, ХХХVI/1-2, Скопје 1991,135.

313-К. Битоски, Солунските атентати 1903,..., 49.

314-Јоран Поп Јорданов - Орцето (Велес, 1881 - Солун, 1903) се сметал за прва
личност меѓу гемиџиите. Основно образование завршил во Велес, а гимназија
учел во Солун. Иако навидум изгледал како смирено и кротко момче, неговиот
соборец Павел Шатев наведува дека бил немирен дух и дека "без да работи
нешто, тој не можеше да стои на едно место повеќе од пет-десет минути. Беше
длабоко скриен во себе си и не сакаше многу да општи". Заради својот бунтовен
дух го напуштил, речиси пред крајот училиштето и се впуштил во "вителот на
македонското ослободително движење". Како револуционер бил цврст и
решителен, со лидерски особини, знаел да биде убедлив и да прибере
истомисленици. Бил крајно слободољубив, не трпел авторитети и подготвен да
се жртвува за слободата на својата татковина. Загинал во Солун, во 1903 година,
во судир со османската војска. (Според: Павел Шатев, В Македония под
робство, София 1968,421-424).

315-Павел Шатев (Кратово, 15.07.1882 - Битола, 30.01.1951) е една од


најмаркантвните фигури на македонската историја, гемиџија, револуционер,
публицист. Учесник во Солунските атентати, најпрво осуден на смрт, а потоа
истпратен на робија во сахарскиот пустински предел Фезан (Либија).
Помилуван во 1908 година од младотурците. Во 1912 година завршил правни
науки во Брисел. Учествува во Првата светска војна, а потоа е политички
активен во Бугарија. Неговите неверојатни способности и интелект дошле до
израз како професионален разузнавач во служба на Советскиот сојуз од 1923
година. За време на Втората светска војна бил уапсен од бугарската полиција и
интерниран во логор. По капитулацијата на Бугарија дошол во Македонија. Во
својата ослободена татковина, Павел Шатев станува еден од водечките државни
раководители до судирот на КП со Информбирото во 1948 година. Иако
соработник во Советската разузнавачка служба подолга низа години, она што е
основна нишка во таа дејност на Шатев е неговото инсистирање за комплексно
разрешување на македонското национално прашање и реската разграниченост
меѓу национално-патриотската потреба и класната-комунистичка идеологија
внатре во него, како и националното и политичкото разграничување од сите
македонски фактори. Имено, Павел Шатев е длабоко уверен дека македонското
националноослободително движење мора да остане чисто национално и
самостојно, да биде вон идеологијата на комунистичките партии и туѓите
влијанија што, од друга страна, не ја исклучуваше соработката со балканските
комунистички партии, особено со бугарската и југословенскта, бидејќи неговата
основна преокупација е да создаде општо национално ослободително движење
во сите три дела на Македонија". (Вера Весковиќ - Вангели, Павел Шатев и
македонското национилно прашање, според записниците од сослушувањето во
УДБ-а, "Павел Шатев, време-живот, дело (1981-1951)", Скопје 1996, 87).
Властите во НРМ, во 1949 година го уапсиле како "непријател" на државата
поради неговите дотогашни врски со разузнавачката служба на Советскиот
сојуз. Бил интерниран во Битола каде што и починал.

316-Крсте Битоски, Дииломатски одгласи за Илинденското востание, Скопје


1983, с. 110.

317-По Солунските атентати, во немирите предизвикани од муслиманското


население во Битола, Солун и во други места биле убиени околу 300 невини
луѓе, а околу 350 се нашле во затвор.

318-ДАРМ, РКО РО 195/156, М-425, бр. 43, Џејмс Мак Грегор, вицеконзул во
Битола, до сер Алфред Билиоти, генерален конзул во Солун, 5.05.1903.

***

4.7. Востаничката 1903 година

Во намерите да го спречи или одложи предвременото востание низ обиколката


во Македонија, во селото Баница, на 4 мај 1903 година, беше убиен корифејот
на македонското националноослободително дело - Гоце Делчев319. Со неговата
трагична смрт како да започна големата не само илинденска туку македонска
агонија.
И додека се уште не беа стивнати барутните мириси на солунските атентати, во
с. Смилево Битолско, од 2-7 мај 1903 година, под претседателство на Даме
Груев, кој штотуку се вратил од заточение, се одржал конгрес на кој била
донесена одлука за востание во Битолскиот револуционерен округ и се
пристапило кон неговата подготовка. Така, веднаш по завршувањето на
заседанијата на конгресот, делегатите и четите на Битолскиот револуционерен
округ, кои се наоѓале во с. Смилево и во околината, се упатиле во своите реони
за да ги исполнат задачите добиени на Конгресот во врска со подготовките за
кревање на востанието. Но, за жал, истиот месец мај 1903-та однесол со себе и
други жртви кои паднале во нерамна борба, како резултат на подмолни
предавства.
Четата на прочуениот војвода Параскев (Парашкев) Цветков120 во која се
наоѓал и Дедо Андреја од Мало Црско, се упатила во својот реон Битолско поле.
Со оваа чета од Смилево за Битола тргнале и А. Лозанчев и Г. П. Христов.
Двајца рано в зори на 8 мај 1903 година, незабележани од османските власти
влегле во Битола, за да завршат уште некои работи пред да излезат на терен и да
ги заземат местата што им биле определени од Смилевскиот конгрес. А, во тоа
време, атмосферата во Битола била навистина предвостаничка. Таму се
одвивала трескавична денононоќна дејност. Никој речиси не ја почитувал
османската власт, а таа самата не знаела повеќе "кого да фати, а кого да
остави"321.
На Смилевскиот конгрес, помеѓу другото, било решено да се направи
реорганизација на четите. По убиството на Тома Давидов322, на 14 март 1903
година, неговата чета била под водство на дотогашниот секретар Христо
Настев, учител од Штип, а потоа под водство на поручник Димитар Стојчев.
Оваа чета била повикана во Смилево од Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис
Сарафов. Таму била расформирана и по двајца четници биле распределени во
десетина различни чети. Во четата на Параскев Цветков, во која се наоѓал Дедо
Андреја, секретар бил Димитар Филдишев од Охрид. Во оваа чета,
од четата на Давидов биле префрлени двајца соселани на Дедо Андреја - Васил
Дурмиш од мало Црско и Иван (Ванчо Ѓорѓиев) од Големо Црско. Вкупно,
четата на П. Цветков и на Дедо Андреја броела околу 20-тина четници.Тие се
нашле во многу незавидна положба бидејќи ситуацијата во Битолско била многу
заострена по судирот помеѓу османската потера и селаните од с.Цапари и
колежот во Битола на 6 мај (Ѓурѓовден) 1903 година. И ден и ноќ османските
потери крстосувале низ Битола и околината. Но, покрај опасноста што била
присутна на секој чекор, четата продолжила да ги исполнува организаторско-
агитаторските задачи за подготвување на селаните од Смилевскиот и
Битолскиот реон за востание323.
При една обиколка на полските битолски села, на 20 наспроти 21 мај 1903
година, четата П. Цветков пристигнала во с. Могила. Тука требало да остане и
наредниот ден, со задача да собира храна, која требало да се складира за
потребите на идното востание. Меѓутоа, ризикот за една чета да остане во
полските села бил многу голем. Уште истата ноќ четата била предадена на
османската власт во Битола. Околу предавството и откривањето на четата во с.
Могила постојат неколку кажувања. Според едните четата била предадена од
шпиунот Димитрија - Диме Макало од с. Црнобуки. Втората верзија зборува
дека предавникот бил Ристе од с. Секирани кој подоцна ќе биде осуден поради
ова предавство и ликвидиран од Ѓорѓи Сугарев324. Но, според некои искази
(Мито Пејоски), четата била поткажана и од двајцата: и од Диме од Црнобуки и
од Ристе од Секирани.
Рано изутрината, на 21 мај 1903 година, селото Могила било опколено од повеќе
стотини жандари и аскер. На чело на жандармеријата се наоѓал познатиот
битолски башполиц (главен полицаец), Саид Ефенди. Селаните го предупредиле
Параскев Цветков дека османските жандари и аскер го опколуваат селото, но
иако имал изгледи да се извлече, П. Цветков прифатил борба со османските
сили, борба во која се знаело дека се мали шансите комитите да се извлечат
живи. Но, војводата П. Цветков бил понесен од општата револуционерна
атмосфера и борбениот дух кој владеел во неговата чета. Секако дека врз
ваквото расположение на војводите и комитите од оваа чета, влијаеле и
храброста и самопожртвуваноста на оние македонски борци - комити на
револуционерните чети на ТМОРО на чело со војводата Веле Марков во
опколеното с. Ракитница, Крушевско, на чело со Методија Патчев во Кадино
Село - Прилепско, херојската саможртва на Дине Абдураманов во с. Пателе
-Леринско и други.
Комитите-револуционери во с.Могила се жртвувале за слободата на
Македонија. Како што известил данскиот кореспондент Ф. Јансен, кој другиот
ден дошол на местото на настанот и разговарал со селаните. Комитите пееле
додека се бореле и гинеле. Тоа бил очигледен чин на саможртва, во исконската
и прекумерна желба да се достигне слободата за Македонија. Сепак, Никола
Петров Русински, доста критички смета дека виновник за настанот и жртвите во
с. Могила е самиот П. Цветков бидејќи навреме не презел мерки и не дал
распоред за текот на борбата. Русински го упатил ваквото свое гледиште до
Штабот на Битолскиот револуционерен округ за да ги заштити оние четници
кои останале живи и успеале да се извлечат, а кои требало според
Дисциплинскиот устав да бидат осудени на смрт325.
Во нерамната борба, биле убиени или се самоубиле 13-14 четници. Меѓу нив и
најстариот војвода Дедо Андреја од Мало Црско, потоа помладиот војвода
Параскев Цветков и најмладиот четник - секретарот на четата, гимназијалецот
Димитар Филдишев. Во борбата настрадало и селото Могила. Дел од куќите
биле разурнати. Целосно изгореле четири куќи, а други седум биле разурнати.
Биле убиени неколку жители, меѓу кои и три жени. Повеќе фамилии останале
без покрив над главата и без средства за живот.
_____________________
319-Види поопширно за животот и делото на Гоце Делчев кај: Димитар
Димески, Гоце Делчев, Скопје 2003.

320-Параскев Тодораки Цветков бил Бугарин, роден на 20 мај 1875 годша во


градот Плевен. Завршил гимназија во Софија, а во 1897 година заминал на
понатамошно школување во Европа. Посетувал студии по музика на
конзерваториумите во Прага и Дрезден. Бил професор по музика во битолската
гимназија. Во редовите на ТМОРО бил примен кога дошол на работа во Битола,
во есента 1902 година. Цветков бил близок пријател со рускиот конзул во
Битола Ростковски и служел за врска меѓу конзулот и Битолскиот окружен
комитет. (Види: Параскевъ Тодораки Цветкоъ, Ил. Илинденъ, (1939), ХI/5 (105);
Параскевъ, Цветковъ,, Пиринъ, (1923), 1/10,1).

321-Иконом Тома Николовъ,Какъ се дойде до Илинденското


възстание,Ил.Илинденъ, (1936), VI-II/9 (29).

322-За маршрутата на Давидов во Македонија подетални податоци дава еден од


четниците во Неговата ревизиона чета, Ангел Андреев. (Спомени на С. Арсов,
П. Кљашев, Л. Џеров, Г.П. Христов, А. Андреев, Г. Папанчев, Л. Димитров,
Скопје 1997,313-334).

323-Види: Даринка Пачемска Петреска, Војводата Дедо Андреја од Мало Црско,


Скопје 2000, 132-133.

324-Ѓорѓи Димовски - Цолев, Ѓорѓи Сугарев, Битола 1988,155.

325-Никола Петров Русински, Спомени, Предговор, редакција и коментар


Даринка Пачемска - Петреска и Војо Кушевски, Скопје 1997,277-278.

***

5. ПОСТИЛИНДЕНСКАТА АГОНИЈА 1903-1908


5.1. Кризата во ТМОРО по 1903

Во 1903 година се случи највозвишениот и истовремено најтрагичниот чин во


македонската историја, чин со кој судбински беа определени натамошните
текови на македонската трагика во првите децении на XX век. Поттикнато и
иницирано предвреме од надворешен фактор, Илинденското востание се
воздигна во исклучителен чин на македонскиот народ предводен од ТМОРО.
Херојството и невидената саможртва на народот беа одраз на неговата решеност
да се избори самиот за својата слобода, свесен дека никој од надвор не може да
му ја донесе слободата.
Поразот во востанието значеше деморализација на духот и физичко
уништување на бројни дејци и револуционери, со што македонското
револуционерно движење беше во голема мера обезглавено. Таквиот тек на
настаните им погодуваше на агресивните соседни држави кои презедоа
балканска "ослободителна мисија" и извршија окупација и поделба на
Македонија, заменувајќи го османското со своето сопствено владеење во текот
на балканските (1912-1913) и Првата светска војна (1914-1918). Во тие рамки,
особено во периодот од 1904 до 1908 година, Македонија беше претворена во
полигон на духовното и физичко пресметување на разните платени пропаганди
на соседите за нивната бугарска, српска или грчка кауза.
Вооружените пропаганди претставуваа нови и тешки непријатели на
Организацијата која по Илинденското востание се нашла во длабока криза. Во
текот на востанието загинале значајни авторитетни раководители и војводи.
Многу чети, за да го одбегнат судирот со османските потери, заминале надвор.
Во текот на востанието биле прекинати врските помеѓу одделни комитети и ЦК.
Задграничното претставништво, раководено до Христо Матов326 и Христо
Татарчев327, се нашло на друга страна. Во такви услови се развила полемика
околу причините за неуспехот на востанието и околу идното устројство и
поставеноста на Организацијата. По овие прашања дошло до диференцирање на
две спротивставени групации. На едната страна се нашле дејците (условно
крстени во историографијата како левица) на серската група на чело со Јане
Сандански чија максима била "Македонија на Македонците" и кои застанале на
браникот на самостојноста на македонското национално ослободително дело.
На другата страна (т.н. десница) се собрале силите околу Христо Матов, кои,
постепено, но сигурно, пловеле по неоврховистичките води .
ЦК, согледувајќи ја својата незначителна улога, во април 1904 година, се
самораспуштил. За надминување на постојната состојба во текот на 1904/1905
година биле одржани повеќе окружни конгреси. На повеќето од нив биле
заземени ставови за идно преуредување на Организацијата врз основа на
извесна децентрализација. Такви конгреси биле одржани во Струмичкиот,
Битолскиот, Скопскиот, Солунскиот и Серскиот револуционерен округ.
Особено важна улога во залечувањето на последиците од востанието и за
консолидација на Организацијата во Битолскиот револуционерен округ
одиграле Христо Узунов и Ѓорѓи Сугарев. Тие ја зеле иницијативата за
свикување на еден окружен револуционерен конгрес кој се одржал во с.
Беловодица, Прилепско и станал подвижен (Прилепски подвижен конгрес). На
него биле заземени важни решенија за нормализирање и демократизирање на
положбата на организацијата. Организацијата била децентрализиран, а
"мистериозната централизација" била отфрлена. Со тоа се ликвидирала и
"можноста нејзините врховизирани врвови и авантуристите во нејзините редови
да ја ангажираат во противреволуционерна и каква било друга штеточинска
дејност. Од друга страна, со децентрализацијата се активизирале народните
маси во борбата и се давала широка можност за издигање раководители од
средината на тие маси и самите тие да го одредуваат курсот на организационото
раководство"329. А токму тоа не го сакале врховизираните раководители на
ТМОРО, кои, избегнувајќи да дадат сметка за својата одговорност за
последиците од востанието, и кои сакале да ја водат Организацијата по старите
врховистички патеки.
Работејќи во правец - за децентрализација и демократизација на внатрешната
организација, Узунов, Сугарев и Никола Карев, настојувале да ја спасат
Организацијата во Битолскиот револуционерен округ од штетното дејство на
внатрешните врховисти, што се беа загнездиле во неговите раководни кругови.
Тие млади и интелигентни револуционерни дејци, со своето учество во
востанието, со својот револуционерен опит и со извојуваните широки симпатии
сред народот во Битолско, можеле навистина да постигнат решителни резултати
за искоренувањето на врховизмот во Округот. Притоа, тие се поврзале за општи
акции против врховизмот со раководителите на Серскиот револуционерен
округ, на чело со Сандански. Горче Петров и Пере Тошев го скратувале
просторот меѓу двата револуционерни округа - Битолскиот и Серскиот,
работејќи во единство со санданистите и со оние битолски револуционери што
останале доследни на Делчевите принципи. Претстоело и свикување на општиот
конгрес на Организацијата. Тој конгрес морал да се запре на причините за
катастрофата од востанието и да ги побара одговорните за таа катастрофа.
Општиот конгрес на Организацијата бил одржан во октомври 1905 година во
Рилскиот манастир. На овој конгрес биле направени напори да се сумираат
разните фракции во Внатрешната организација и да се излезе со заедничка
програма. Но, иако судирот помеѓу идејните неистомисленици се покажал за
неизбежен, сепак, на Конгресот кој заседавал цел месец под претседателство на
Даме Груев, биле донесени важни решенија. Меѓу нив ќе ги споменеме
следниве:
- Организацијата остро ќе им се спротивстави на секаквите стремежи кои ќе
настојуваат да го расцепат единството на Македонија.
- Организацијата ќе се бори со сите средства против дејноста на вооружените
пропаганди на соседните балкански држави околу Македонија.
- Организацијата ги осудува и ќе се бори против реформаторските обиди на
европските сили за воведување модерни жандармериски сили во Македонија330
.
Осудена била, исто така, штетната дејност на Егзархијата, при што во
Резолуцијата на Рилскиот конгрес стои: "Сите појави на делата и постапките на
Егзархијата и нејзините органи, кои се насочени во духот на бугарскиот
државнички национализам, Организацијата ги смета за штетни во своите
барања и им се спротивставува"331. Оваа одлука е до толку позначајна што
организацијата за првпат така радикално и во целост ја осудила дејноста на
Егзархијата.
Доминантна улога на Конгресот добила групата на серските револуционери.
Притоа, Јане Сандански, еден од најдоследните борци против врховизмот, остро
настапил против групата на Борис Сарафов, осудувајќи ги нивните врски и
соработка со бугарската влада. Отворениот настап на Сандански и неговата
упорна борба против туѓото посегање врз националноослободителните цели на
македонскиот народ, ќе резултира, по неколкуте обиди за атентат врз него, со
неговата нарачана смрт во 1915 година, за кое ќе зборуваме пообемно.
На Рилскиот конгрес посебна полемика се водела околу идното устројство на
Организацијата. Притоа победило реформско-демократското крило, кое се
залагало за децентрализација на Организацијата. Биле донесени Устав и
Правилник, според кој ТМОРО била преименувана во Внатрешна
македоноодринска револуционерна организација (ВМОРО). Во новиот ЦК на
ВМОРО биле избрани Даме Груев, Пере Тошев и Тодор Поп Антов, додека во
Задграничното претставништво биле избрани Петар Поп Арсов, Ѓорче Петров и
Димитар Стефанов.
__________________________

326-Христо Матов е еден од македонските револуционери кој во текот на


својата револуционерна дејност доживеал идејна трансформација и застанал на
страната на бугарската политика и бугарските интереси во однос на
Македонија. Роден е во Струга, во 1872 година. Бил професор по литература во
Скопското педагошко училиште, каде и се вклучил во 1895 година во
револуцинерната организација. По солунската провала од јануари 1901 година
бил осуден и заточен во Дијар-бекир во Мала Азија. Во периодот од 1902 до
1904 година бил задграничен претставник на ТМОРО во Софија. Во тоа
својство ја подржал одлуката за кревање на востание во 1903 година.
Учествувал во работата на Рилскиот општ конгрес во 1905 година кога
организацијата го добила името ВМОРО. Ја поддржувал бугарската политика
кон Македонија. Заради здравствени причини се повлекол од политичката
активност. Починал во Софија, во 1922 година. (МИР, 302)

327-Христо Татарчев е еден од основачите на Македонската револуционерна


организација, прв претседател на ЦК ТМОРО, задграничен претставник на
Организацијата во Софија. Роден е во Ресен во 1869 година. Завршил гимназија
во Пловдив, а медицина во Цирих и Берлин (1892). Во 1901 година бил уапсен и
затворен во Мала Азија. По амнесирањето во 1907 година, бил избран за
задграничен претставник на ВМОРО. Бил активен учесник на конгресите на
македонските друштва во Бугарија, се придружил на федералистичкото крило
на ВМОРО. Поради отворениот судир со автономистичката струја на ВМРО на
Тодор Александров, бил принуден да емигрира во Италија во 1923 година.
Починал во Торино, на 5 јануари 1952 година. (МИР, 449-450)

328-Димитар Димески, Кашина - симбол на непомирливата антиврховистичка


борба на Јане Сандански, "Јане Сандански 1915-1975", ИНИ, Скопје 1976,135.

329-Ѓ. Петров, исто, 199.

Види: Иванъ Харизановъ, Вториятъ Рилски конгресъ 1906 година, "Македонска


мисъл", кн. 1-
2,1945,44-51.
Христо Силяновъ, Освободителните борби на Македония, т. II, София 1943,518.

5.2. Дејствувањето на оружените пропаганди во Македонија и предавствата


и убиствата на македонските војводи
По крвавото задушување на Илинденското востание, во услови на невидено
страдање на македонскиот народ и дезориентација на неговото
националноослободително движење, во сеопштиот хаос, се отворило широко
поле за посилно разгорување на српската, грчката и бугарската пропаганда во
Македонија. Тие од почетокот на 1904 година добиле карактер на вооружени
пропаганди. Владеачките кругови на соседните монархии испраќале свои чети
во Македонија кои, со силата на оружјето, требало да го шират влијанието иа
своите држави во Македонија. Покрај четите кои биле формирани и испраќани
однадвор, трите држави, служејќи се со поткуп и на други начини, на своја
страна привлекле разни декласирани елементи во Македонија, кои ги ставиле во
своја служба. Меѓу четите на вооружените пропаганди доаѓало до чести судири
во кои најмногу страдало невиното население. Тие се судрувале и со
организациските чети, кои ја бранеле сопствената територија од надворешните
влијанија.
Бугарската пропаганда во најголем дел се потпирала врз врховистичките чети и
други пробугарски елементи и отпадници од Организацијата332. Српската
вооружена пропаганда се чувствувала во Кумановско, Скопско, Тетовско,
Паланечко, Кратовско, Азот, Прилепско, Македонски Брод и Кичевско.
Нејзиното влијание во другите краишта било послабо. Водач на првата српска
чета во Македонија бил Глигор Соколовиќ, родум од прилепското село
Небрегово, чиј продор бил овозможен директно, како резултат на скршнувањето
во политичкиот курс на Христо Матов, Борис Сарафов и нивните приврзеници.
Имено овие се впуштиле во пазарењата што ги правеле српските и бугарските
владеачки кругови околу Македонија.
Обид за разграничување на сфери на влијание Србија и Бугарија направиле
уште во 1897 година при средбата на кралот Александар и кнезот Фердинанд во
Софија. И додека тогаш, оваа средба била остро осудена од македонската
емиграција во Бугарија, во 1904 година Христо Матов со неговите
истомисленици и особено Борис Сарафов ја прифатиле политиката на делбите
на Македонија. Сарафов дури заминал во Белград каде остварил средба со
раководителите на Главниот одбор на четничката организација Милорад
Гоџевац и Жика Рафаиловиќ. Разговорите се воделе околу помошта во пари и
оружје, која Србија требала да му ја даде на Сарафов и за поделбата на
Македонија на зони на дејствување на "бугарските и на српските" чети.
Познато е дека Сарафов од Србија добил голема "помош" во оружје и 40 000
лева преку посредници како и непозната сума лично. А како противуслуга,
злоупотребувајќи го името на Внатрешната организација, преку нејзините
канали тој и овозможил на српската чета, предводена од споменатиот Глигор
Соколовиќ, составена од 60 души, главно поранешни четници на
Организацијата, под фирмата на "чета на Внатрешната организација" да навлезе
и да се вгнезди длабоко во Македонија до Прилепско. Откако се вгнездила, оваа
чета создала бази за ширење на српското четништво во поширокиот регион на
Западна Македонија333.
Со ваквата промена во своето политичко делување, Борис Сарафов извршил
едно од најголемите предавства спрема македонското револуционерно движење.
Кон крајот на 1904 година, српскиот поручник Илија Јовановиќ - Пчињски со
својата чета се зацврстил во Козјак - Скопска Црна Гора и станал прв шеф на
Штабот на српските чети во Македонија. Првите чети од овој Штаб биле
раководени од локалните војводи: Јован Довезенски, Крсто Прешевски,
Спасе Гарда, Ѓорѓи Скопјанче, Вангел Скопјанче, Ристо Старечки - Развигор и
други. Во велешко-прилепскиот регион се зацврстиле Глигор Соколовиќ, Јован
Бабунски334, Василије Трбиќ и други помали локални војводи. Во Скопска
Црна Гора, Козјак и во другите области, исто така, дејствувале и четите на
Коста Пеќанац, Павле Младеновиќ, Крсто Ковачевиќ и други. Српските чети во
Македонија, покрај Срби имале во својот состав и Македонци кои се изродиле и
и служеле на српската национална пропаганда во Македонија335.
Британските конзуларни претставници во Македонија известуваат за засилениот
терор на српските четници и за судирот помеѓу српските и "бугарските" или
организациските336 чети на теренот. Меѓу другото, македонското национално-
ослободително движење претрпело огромна загуба со смртта на Даме Груев кој
загинал во судир со османските сили на 23 декември 1906 година на врвот
Петлец, кај с. Русиново, Малешевско. Харолд Сатоу, британскиот вицеконзул
во Скопје известува: "Турците изјавија дека неговата смрт е нивно
дело...Неговите соборци кои загинаа заедно со него беа исто така "војводи", а
нивна задача беше да организираат отпор против српските вооружени чети"337.
Така во акциите на Организацијата за сопирање на странските пропаганди
загина еден од најголемите македонски револуционери, врвен организатор и
раководител на МРО.
Во текот на истиот месец, декември 1906 година, било забележано присилно
приклонување кон Патријаршијата на осум села, од кои четири во Кумановската
и четири во Паланечката каза. "Во врска со ова интересно е да се напомне дека
пред две години српскиот генерален конзул тврдеше дека во казата Паланка има
само две српски села и седум во Кратовската каза. За Србите отсекогаш бил
важен кумановскиот крај, нивната бројна состојба изнесува една петтина од
вкупното население"338.
Истиот извор понатаму известува дека на 7 јануари 1907 година се воделе борби
кај Смиловци, во Велешката каза, меѓу 15-20 комити предводени од Секула и
српска чета од 50-60 луѓе под водство на Василие Трбиќ. По овој судир во кој
загинале четворица комити, српскиот терор продолжил се до средината на
Јануари и покрај студеното време, а со тоа и активноста на српските вооружени
чети се зголемила339.
Бројни македонски селани се жалеле пред конзуларните претставници за
теророт на српските чети, при што немале заштита од никого. Во најголем број
случаи османската жандармерија и војска се приклонувале кон српските
четници во тероризирањето на невиното население.
Несомнено, по запомнатите злодела над македонското население првото место
им припаѓа на спроводниците на грчката оружена пропаганда во Македонија.
Организатор на првите грчки (андартски) чети во Македонија бил грчкиот
митрополит во Костур, Германос Каравангелис. Видна улога во организирањето
на грчката вооружена пропаганда имале грчките конзули во Македонија.
Андартите извршиле бројни злосторства, особено во Јужна Македонија. Преку
невиден терор настојувале населението да се изјасни како грчко и да се врати
под закрилата на Цариградската патријаршија. Првото големо злосторничко
дело на андартите во 1904 година, извршено со помош на поткупени месни
жители, бил колежот во костурското село Зеленич познат како "Крвава
зеленичка свадба"340. Многу пожесток бил нападот во с. Загоричани -
Костурско на 25 март 1905 година. И тука, слично како во Зеленич, некои од
андартите колеле по куќите, други стрелале по оние што бегале за да се спасат.
Од водачот Георгиос Вардас - Цонтос било наредено "Никој над 16 години да не
остане жив". Андартите убиле околу 80 (според други извори околу 60) мажи,
жени и деца, а поголемиот дел од селото била запален.
Конзулите на Русија и Австро-Унгарија од Битола, кои веднаш по настанот го
посетиле Загоричани, останале потресени од глетката што ја виделе. Тие
изјавиле дека ни Турците не направиле нешто слично во времето на
Илинденското востание. Во случајот на Загоричани, одред на османскиот аскер
дошол благовремено инаку се претпоставувало дека во масовниот колеж
"повеќе од 2000 жители на Загоричани би исчезнале". Инаку, османските власти
се однесувале индиферентно кон грчките насилства, гледајќи на политиката на
Грците со наклоност, бидејќи ги вовлекувале Македонците во разни репресалии.
На тој начин "им овозможуваат на Турците да имаат изговор за преземање на
вообичаените репресивни мерки"341.
Британскиот конзул известува дека според мислењето "на италијанскиот
офицер кој имаше добри можности да се запознае со состојбата во овие
краишта, изгледа дека масакрот бил добро испланиран, потпомогнат макар и
индиректно од кајмакамите и грчките митрополити на Костур и Лерин, од кои
последниот поради незадоволството, како и неговиот брат од Битола", не го
криел и јавно на проповед го искажувал ставот дека "сите Бугари, како и
нивните заштитници, би требало да бидат заклани. Додека пак митрополитот од
Костур, се шират гласини, лично им се заканил на разни егзархистички села
дека ќе бидат уништени од страна на грчките банди заради што не сакале да се
одречат од бугарската шизматична црква". Интересен е заклучокот на конзулот
Џејмс Мак Грегор, за мотивите на одделните убиства кои се случувале во
Македонија. Така тој констатира: "Додека Бугарскиот комитет секогаш ги
избира своите жртви меѓу лицата за кои се знае или за кои се верувало дека се
виновни за предавство (потцртале авторите), дотогаш пак Грците не се
поттикнати од никаков друг мотив освен од желбата да се убијат, колку што е
можно повеќе, егзархисти"342.
Во борбите против грчките чети во Костурско особено се истакнал Митре
Панчаров - Влавот343. Тој паднал предаден од грчките агенти како нивна
одмазда зашто по пенетрацијата на оружените андартски чети "од 1904 година
непрестано дејствувал во костурската област каде што бил сметан за камшик за
грчката страна". Митре загинал на 5 март 1907 година во борба со "царските
трупи во Жупаништа, на два часа оддалеченост западно од Костур...Откако
властите дознале дека Митре, заедно со дел од својата чета, се наоѓа во тоа село,
испратиле трупи со два топа кои го опколиле селото". Во борбите загинале
Митре и двајца комити. "Останатиот дел од четата успеал да побегне користејќи
ја ноќта која се наближувала...Според официјалниот извештај, четири пушки
биле одземени, а шест лица уапсени поради тоа што ја криеле четата, а на
другата страна еден жандарм и двајца војници биле ранети... Во истиот ден,
еден друг познат комита, Апостол Никола, кој дејствувал заедно со Митре
Влавот344, бил фатен кај Смрдеш во истиот крај" заедно со уште двајца
членови од неговата чета345 .
Во 1907 година ВМОРО изгубила уште еден бескомпромисен борец против
надворешните посегања, деец кој водел упорна и бескомпромисна борба против
грчките андарти. На 1 август 1907 година, во борба со османската војска, во с.
Дреновени, Костурско загинал Пандо Кљашев346. Како познат војвода, заедно
со Чакаларов и Марко Лерински испишал светли страници во историјата на
МРО. Бил бескомпромисен борец кој го презирал предавството и им пресудувал
на предавниците. Станал еден од неколкуте раководители во костурската
организација и на Илинденското востание, По поразот на востанието продолжил
да и служи на македонската борба, посебно борејќи се против делувањето на
грчките вооружени чети во Костурско.
Убиствата и колежите на андартите продолжиле до средината на 1908 година,
кога по Младотурската револуција оружените пропаганди во Македонија
престанале да дејствуваат.
Навлегувањето на странските вооружени пропаганди ја принудиле
ТМОРО/ВМОРО силата на аргументите и убедувањата да ја замени со силата на
оружјето. Таа јавно истакнувала дека "секој што дејствува против Внатрешната
организација, дејствува против ослободителното дело на измаченото и жестоко
онеправданото македонско население". Затоа, не случајно, Серскиот округ на
ТМОРО/ВМОРО, кој претставувал бастион на чување на чистотата на
македонската борба по Илинденското востание, станал цел на големобугарската
врховистичка пропаганда. Со елиминирањето на Серчани, врховистите многу
полесно би можеле да се инфилтрираат во другите револуционерни окрузи на
Македонија347. Се разбира дека притоа сметале на врховистите одвнатре, на
оние кои биле подготвени со ситни предавства и за ситни интереси да служат на
туѓа кауза. Затоа Сандански предупредувал: "Додека врховизмот играше со
отворени карти, сарафизмот се служи со најподземни средства и на секој начин
се мачи да не биде сфатен како одделно струење на Делото...". Затоа "... секогаш
да бидеме на штрек и да го искорениме злото додека е во зародиш, зашто после
ќе биде доцна, многу доцна"348. Токму заради ваквиот бескомпромисен став,
Цончевите врховисти започнале со својот план за превземање на клучниот
револуционерен реон во Серско - Мелничкиот и за ликвидирање на Сандански.
Но, и покрај предупредувањето на Сандански, веќе било доцна за Христо
Узунов, уште една жртва на сарафизмот, а потоа и за Сугарев и за Веле Марков.
Така, без оглед на отпорите на Организацијата, вооружените пропаганди имале
катастрофални последици врз македонскиот народ. Тие извршиле огромна
поделба меѓу македонското население на брат против брат, син против татко.
Тие нанеле огромни последици врз македонското ослободително движење.
____________________________________
332-Некои примери за врховистичката дејност во Македонија изнесува д-р Иван
Катарџиев во својата монографија за Серскиот округ (И. Катарџиев, Серскиот
округ од Кресненското востание до Младотурската револуција, Скопје
1968,335-339).

333-Историја на макеонскиот народ, т. 3,375.

334-Српскиот четнички војвода Јован Бабунски, во летото 1913 година го убил


братот на Димитрие Чуповски - Јован Чуповски, свештеник во село
Папрадиште, Велешко.

335-Види: Петар Стојанов, Македонија во времето на балканските и Првата


светска војна (1912 -1918), Скопје 1969,82-86.

336-Со оглед на тоа што британските претставници најчесто ги нарекуваат


Македонците Бугари, понекогаш во нивните извештаи не може да се расчлени
дали се работи за чета дојдена од Бугарија (бугарска чета) или за чета на
Организацијата.
337-ДАРМ, PRO FO, 195/2263, М-1563, сн. 136-138, Писмо од Харолд Сатоу,
вицеконзул во Скопје, до Роберт В. Грејвс, генерален конзул во Солун,
6.02.1907 година.

338-ДАРМ, РКО РО, 195/2263, М-1563, сн. 136-138, Писмо од Харолд Сатоу...,
6.02.1907 година.

339-ДАРМ, PRO FO, 195/2263, М-1563, сн. 136-138, исто, 6.02.1907 година.

340-На 13 ноември, егзархискиот свештеник од селото Зеленич ја мажел својата


внука. Но голем андартски одред, потпомогнат од неколку поткупени месни
Турци и христијани, влегол во селото и ја нападнал куќата во која се веселеле
свадбарите. При тоа убиле 11 селани, а 4 раниле. Оваа крвава андартска акција
уште во почетокот на дело и јавно ги покажала средствата што грчката оружена
пропаганда мислела да ги применува за да ги принудува Македонците да се
декларираат како Грци. (Историја на македонскиот народ, т.З, 370).

341-ДАРМ, PRO FO 499, М-31, сн. 688-689, Писмо од Џејмс Мак Грегор, конзул
во Битола, до сер Николас О’Конор, амбасадор на Неговото Височество во
Константинопол, 11.04.1905 година.

342ДАРМ, PRO FO 499, М-31, сн. 688-689, Писмо од Џејмс Мак Грегор,...,
11.04.1905 година.

343-Митре Панчаров - Влавот (Влаот) (с. Кономлади, Костурско - с.


Жупаништа, 1907), војвода и учесник во Илинденското востание. Во младоста
се вклучил во македонската револуционерна организација и станал четник на
Првата костурска чета. По востанието останал во родниот крај. Предаден од
грчките агенти паднал во борба со османскиот аскер. (МИР, 360.)

344-Митре Влавот е роден во с. Кономлади, Костурско. Од прост овчар,


израстен на поле се издугнал во јунак и војвода. Преку целиот свој живот ја
бранел самостојноста на македонското оослободително движење. Во
Илинденското востание бил на чело на голем вооружен одред со кој командувал
со умеење и вештина на најарен воен командир. Загинал во борбите со
османскиот аскер кај Бигла Планина во 1907 година. (Македонски возрожденци
и револуционери, Скопје 1950,42).

345-ДАРМ, PRO FO 195, М-1563, сн. 290-291, Писмо од Волтер Хиткот, конзул
во Битола, до сер Николас 0'Конор, амбасадор на Неговото Височество во
Константинопол, 18.03.1907 година.

346-Пандо Кљашев е роден во с. Смрдеш, Костурско, во 1882 година. Гимназија


учел во Битола каде активно се вклучил во револуционерните кружоци. Бил
надарен организатор и агитатор, следбеник на Гоце Делчев кој непоколебливо ја
подржувал самостојноста на македонското ослободително дело. Пандо Кљашев,
заедно со Васил Чакаларов во 1902 година го обезоружаа полковникот Јанков и
неговата чета. За време на Илинденското востание, Кљашев и Чакаларов ги
презедоа гратчињата Клисура и Невеска. По востанието тој веднаш ја воочил
опасноста по внатрешната организација од надвор и укажувал на надворешните
планови за поделба на Македонија. (Македонски возрожденци и револуционери,
41).

347-Историја на македонскиот народ, т.И, Скопје 1969, 259-269.

348-Манол Пандевски, Јане Сандански во македонското ослободително


движење, ГИНИ, ХVI/2, Скопје 1972,68.

5.2.1. Предавството и смртта на Христо Узунов во 1905 Година

Во матните води на историската неосознаеност и предавствата на националното


дело, една од најсветлите и најчисти точки во македонското револуционерно
движење претставува доследниот чекор што го направил охриѓанецот Христо
Узунов. Тој во колективната меморија на народот останал како доследен борец
кој "од својата младост до херојскиот саможртвен подвиг ќе биде само јунак -
херојски и свесен поборник за слободата на својот поробен народ"349. Подвигот
во Цер во 1905 година, всушност, се јавил како достоен крај на еден живот
посветен исцело на борбата за ослободување на македонскиот народ од
неговите внатрешни и надворешни непријатели - во периодот пред и
непосредно по Илинденското востание.
Узунов несомнено спаѓа во групата на доследните следбеници на Делчевите
принципи на ТМОРО, како еден од најбескомпромисните противници на
внатрешниот и надворешниот врховизам350. Како таков тој работел неуморно
осум години за револуционерното освестување и организирање на народот во
Охрид351 и бил речиси единствениот од битолскиот револуционерен округ кој
не се одделил од народот. Одделувањето од народот и од теренот на
револуционерната борба - територијата на Македонија - за него претставувало
одделување или застранување од едно доследно исполнување на
револуционерниот долг. Во тоа Узунов согледал една од најголемите опасности
за деморализирањето на револуционерните дејци или за нивното преминување,
постепено или отворено, на страната на големобугарскиот врховизам.
Затоа, веднаш по завршувањето на Илинденското востание, Узунов не само што
не побегнал во Бугарија, туку ги убедувал и другите револуционерни дејци да
останат со народот во моментот кога му беа најнужни352. Во Охридско, откако
водачите заминале за Бугарија, според Ѓорче Петров, "ќе се јавеше грозна
анархија, ако не ја зацрнеше положбата покојниот Узунов“353.
Останувајќи во својот роден крај да ја зацврстува неговата револуционерна
положба и борејќи се за подобрувањето на револуционерната положба и во
останатите околии на Битолскиот револуционерен округ, како еден од главните
иницијатори на окружниот Битолски конгрес, Узунов не можел да молчи ниту
на општиот конгрес по прашањето за катастрофа на востанието и не можел да
има подруго мислење по тоа прашање, освен она кое го читаме во неговото
претсмртно писмо, а кое мислење се софпаѓало со она на санданистите. Тоа го
знаеле и врховистите и затоа презеле со време мерки за да го парализираат
влианието на Христо Узунов и на оние кои мислеа како него. Во неможност тоа
да го постигнат,
во краен случај прибегнале кон предавство кое завршило со смртта на
Христо Узунов и на неговите соборци. Цврстите револуционерни разбирања
кои ги спроведувал во практика, во неговата револуционерна дејност, тој ги
изнесол и ги бранел со неверојатна јаснотија и во неговото претсмртно
писмо. Ова писмо било злоупотребувано и фалсификувано од страната на некои
големобугарски историчари "за да се сокрие...најсуштественото во Узуновиот
револуционерен лик"354.
Во последната битка, опкружен од сите страни со непријателскиот оган, меѓу
другото, кај Узунов се јавил сомнежот дека се предадени, па затоа во своето
претсмртно писмо наведува: "Допуштам да сме предадени, но верувам дека е
случајно". Сепак, кога детално ќе се реконструираат последните денови на
движењето на Узунов, станува јасно дека неговата смрт е дело на предавство.
Сето се случувало во периодот од 4 април до 11 април 1905 година и било
поврзано со Иван Алабак од Велешко кој дошол од Бугарија со 18 души чета, но
како сарафист никаде не му давале реон. Во истиот период во Крушевско се
наоѓал османскиот жандармериски полк со заменикот командант, поручникот
Изрет. Самиот Изрет известува дека од османскиот информатор добил податоци
за четата "која се појавила во селата Журче и Белино и се префрлила во Годивје,
а оттаму заминала за Селце. Макар и да имав намера од почетокот, известува
Изрет, да заминал лично за Селце и да се информирам на самото место, нашиот
посматрач ме разубеди во тоа, кога ми рече дека, востаниците демнат и дека
нивното уништување е тешка работа... Во недела утрина, рано, посматрачот пак
дојде кај мене и ми соопшти со најголема сигурност дека истата чета минала
низ Арилово, а приквечер оттаму за Цер..."355
Османскиот доушник, чие име не е познато, до крај успешно ја извршил својата
задача. Следејќи ја четата на Узунов, тој го известил Изрета за нејзиниот број и
местото каде се наоѓа. Затоа Изрет можел да се подготви за нејзино
обиколување и уништување. Така, Изрет тргнал "на чело со еден одред од
редовна војска и жандармерија од 47 души" за Цер. Истовремено, друг одред
тргнал од Прибилци за Цер. Акцијата била така организрана, што било
"неопходно и едниот и другиот одред да се приближат едновремено (во еден ист
час) до селото" и до 10 часот да го блокираат.
Движењето на османските сили кон Цер, според сеќавањата на војводата Ташко
Арсов, го здогледал и Иван Алабакот заседнат во с. Зашле. Тој веднаш со четата
се сокрил нагоре во шумата, наместо "да прати абер ваму-таму да се собере
милиција и да удри на аскерот одозгора уште кај ручек сигурно ќе беа спасени
сите што беа во Цер...Но пусто партизанство, омраза"356.
Војводата Ташко Арсов смета дека предавството на Узуновата чета го направил
Иван Алабакот, за разлика од Анастас Митрев кој за предавник го посочува
Лигушев. Меѓутоа и Алабак и Лигушев можат да се подведат под еден
заеднички именител - врховизмот изразен низ сарафистите во Битолскиот
револуционерен округ. За Алабакот немало место во револуционерниот реон
каде дејствувал Христо Узунов. Од друга страна, пак постоела изразена
нетрпеливост помеѓу Иван Алабак и Пецо Грнчаров“357 кој му се придружил
на Узунов и кој со него нашол заедничка смрт во Цер. Сакањето на Алабакот да
најде слободен реон за себе и омразата кон Грнчаров биле меѓу одлучувачките
фактори за судбината на четата во с. Цер.
Алабакот го видел аскерот кога одел кон Цер. Само малку подоцна спокојно во
шумата ги слушал грмежите на оружјето. А според законите и традицијата на
Организацијата, штом една чета се наоѓала во опасност, друга чета и се јавувала
на помош, сама или со милиција, според околностите. Неисполнувањето на тие
закони повлекувало строга казна. Сепак, Алабакот не бил казнет единствено
затоа што на чело на Окружниот комитет во Битола
стоел, како наведува А. Митрев "оформениот и докажан предавник и шпион
Петар Лигушев. По наша увереност, вели Митрев, ако тој шпион и предавник
немал никакви врски со Алабакот, последниот не би смеел да гледа сеир кога
аскерот одел во Цер, и кога ја опкружуваше четата на Узунов, зашто како стар
војвода, тој знаеше што го очекува за таков сеирџилук"358. Бидејќи Алабакот не
претрпел никаква казна за кршењето на еден од основните принципи во
организациониот живот, тоа може да значи дека стореното или било наредено
од Лигушев или одобрено од него. Истиот за жал ќе биде предавникот и на
Узуновиот другар - Ѓорѓи Сугарев. Кон ова би го кажале и додатниот аргумент,
дека, Лигушев во својство на претседател на Окружниот комитет имал можност
да го определува движењето и маршрутите на четите, така што можеби тој (или
преку свој човек, османски шпион) можел точно да го предаде движењето на
четата на Узунов за таа да биде сосема уништена.
Борбата во село Цер меѓу Узуновата чета и одредите од Крушево и Прибилци
започнала утрината на 11/24 април. Четата направила обид да го пробие
обрачот, но откако во битката загинале Ванчо Србакот и Узуновиот четник -
Наумче, четата се вратила во куќата на Костадиница Стојанова Паунова, која
куќа била солидна и погодна за престојната борба. Борејќи се до
претпоследниот куршум, Христо Узунов со своите другари последните
куршуми ги истрелале во себе си, несакајќи живи да се предадат на османски
власти. Сведок на сликата на простреланите четници бил Италијанецот Еторе
Лодди кој запишал: "На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната
слика што никогаш нема да ја заборавам. - Труповите на единаесет млади
јунаци сите со отворени рани по градите и по челото. Се самоубија, за да не
паднат живи во рацете на непријателот. Ми го покажаа војводата. Узунов
лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и
отворени очи гледаше горе, во бескрајот. Од челото уште течеше крв... Ја видов
Македонија во тој момент - маченица, велика, непобедива! "359
Уште тогаш, оваа јуначка смрт, во свеста на народот израснала како редок
саможртвен подвиг.
_______________________________________________________
349-Анастас Митрев, Христо Узунов, Мемоари, огледи, статии, Скопје
1974,215.

350-Христо Узунов (Охрид 22.10.1878 - Цер, Демирхисарско, 24.04.1905) деец


на ТМОРО, војвода и реонски началник на четите на ТМОРО во Охридскиот
револуционерен реон. По завршувањето на прогимназијата во Охрид, во 1894
година продолжил во педагошкиот оддел на солунската машка гимназија. Таму
се вклучил во ученичката револуционерна група која имала задача "да
поддржува во учениците патриотски дух, да ги чува своите членови од неморал,
да развива саможртвеност и да подготвува идни раководители за
револуционерната организација". По враќањето во Охрид, во 1897 година,
Узунов веднаш се вклучил во Организацијата во Охридско. Лежел во
битолскиот Централен затвор "Катилане" (1898 и 1902-1904). Учествувал на
Смилевскио конгрес. На овој конгрес, помеѓу другото, биле направени
фотографски снимки на повеќето учесници. Случајно или предадено, кое само
по себе е индикативно, исчезнало магарето кое ги носело црните плочи за
изработувањето на фотографиите за личностите кои таму биле снимени. Наша
претпоставка е дека по снимените учесници на Смилевскиот конгрес, врз основа
на изготвените фотографии, османските власти организирале потери во кои
загинале повеќето од тие личности.
За време на Илинденското востание, Узунов бил член на Горското начелство
(штабот) за Охридскиот револуционерен реон. Бил учесник во спасувањето на
збегот од Рашанец на околу 200 семејства. По востанието учествувал на
Прилепскио конгрес на Битолскиот револуционерсн округ, каде што е избран за
секретар и за окружен ревизор на четите на ТМОРО во реоните Охридско,
Струшко и Кичевско. Загинал во борба со османските сили кај селото Цер.
(Види поопширно: Анастас Митрев, Христо Узунов....207-260).

351-Освен познатите општи објективни причини за појавата и развитокот на


македонското национално-револуционерно движење кон крајот на XIX век, во
Охридско постоеле причини од изразито локален карактер за брзото
револуционизирање на масите. Првенствено тие беа обусловени од
непосредното соседство со Албанија, класична земја на разбојничките банди во
османскиот период. "Населението во целиот Охридски крај беше писнало од
убиствата и терористичките инквизиции, од грабежите на добитокот и
покуќнината, од обирите по патиштата над патниците: гурбетџии, кираџии,
трговци и др. што се вршеа од разбојнички банди, формирани во Албанија..."
(А. Митрев, цит. труд, 211; Види за тоа повеќе документи во: Српски документи
за историјата на Охридско-Струшкиот регион (1890-1940), избор и коментар
Павле Митрески, Струга 2002; Британските конзули во Македонија 1797-1915,
Документи, ред. Драги Ѓорѓиев, Скопје 2002).

352-Така, на пример, дознавајќи дека другите членови на охридското


револуционерно началство: Андон Кецкаров, Александар Чакаров, Наум
Цветинов, Лука Групчев и други тргнале кон Албанија, за да се префрлат
оттаму во Бугарија, тој се спуштил со својата чета во Караорман да ги враќа и
ако не се согласат со тоа, да ги стрела како дезертери, туку не ги стигнал.
(Анастас Митрев, Христо Узунов (моноѓрафија), Мемоари огледи статии,
Скопје 1974,244)

353-Ѓорче Петров, Спомени, 190.

354-А. Митрев, Христо Узунов,..., 209-210.

355-Дознание до жандармерискиот полк во Битола испратено на 12 април 1905


година, од заменикот командир Изрет, "Револуционерен лист", бр. 99,1929.

356-Војводата Ташко Арсов, кој при настанот во Цер бил секретар на Алексо
Стефанов, војвода во Демир-Хисарско го проучил настанот во Цер и го внесол
во своите "Записки" (стр. 86-87)

357-Уште на 9 април Христо Узунов добил писмо од војводата Пецо Грнчаров,


кој пристигнал во Крушевско од Бугарија со 10 четници - за крушевскиот
револуционерен реон. На 10 април вечерта Узунов се сретнал со Грнчаров во
село Горно Дивјаци. Тој бил придружен од неговиот четник Наум Влашето од
Охрид и од крушевскиот околиски војвода Ванчо М. Србакот од село
Вранештица, Кичевско. Од село Горно Дивјаци, тројцата заедно со сета чета на
Грнчаров - на број 13 души, заминале во ноќта за село Цер. (А. Митрев, исто,
248)

358-А. Митрев, исто, 250.

359-"Револуционерен лист", год. V, бр. 85.

5.2.2. Предавството и убиството на Сава Михајлов во 1905 година

На 1 март 1905 година бил убиен Сава Михајлов - Савата, еден од најпознатите
околиски војводи и организатор на македонското револуционерно
движење360. Во периодот 1895-1896 година учителствувал во Кавадарци, каде
што станал член на Организацијата која во Кавадарци имала комитет од 1894
година. Откако поминало доволно време да се провери неговата личност,
карактер, решителност и конспиративност, претседателот на Револуционерната
организација во Кавадарци го примил за член откако претходно му го прочитал
правилникот на организацијата361.
Но, од присуството на предавници и колебливи сили не останала имуна ни
Организацијата во Кавадарци, и покрај тоа што биле преземени големи мерки на
претпазливост во нејзиното работење. Главниот учител во кавадаречката
гимназија Андон Костов од Дојран, кој во исто време бил и орудие на
Егзархијата открил нешто сомнително во работата и дејствувањето на неговиот
учител Сава Михајлов и случајот со Михајлов му го предал на својот
претпоставен, главниот училишен инспектор во Солунската гимназија Васил
К'нчов. За среќа, без поголеми последици за Организацијата во Кавадарци,
К'нчов го преместил учителот Михајлов со село Ракита, Гевгелиско. Така, како
учител и револуционер, Сава Михајлов дејствувал од Кавадарци во с. Ракита,
Кајларско, па во Неготино, Гевгелија, Горна Џумаја. Во 1900 година се
илегализирал како борец во четата на Христо Чернопеев. Во 1901 година се
вклучува во четата на војводата Јане Сандански, со која во летото 1901 година
учествувал во грабнувањето на американската мисионерка Мис Елен Стон.
Особено значајна дејност, заедно со Сандански, Сава Михајлов пројавил во
периодот април-јуни 1902 година, како неуморен агитатор и пропагатор на
ТМОРО меѓу населението во Горноџумајскиот, Мелничкиот и Разлошкиот крај.
Оваа пропаганда истовремено била насочена иротив врховистичките планови за
подбуцнување на предвремено востание, Имено, откако Врховниот комитет и
особено луѓето околу Иван Цончев во контактите со Гоце Делчев и Ѓорче
Петров не можеле да се наметнат како раководен фактор на Организацијата, тие
како што наведовме, уште во есента 1901 година, започнале со испраќање на
вооружени чети на чело со бугарски офицери и стари арамии, кои биле
отфрлени од редовите на ТМОРО. Објаснувајќи му ја на народот целта на
ТМОРО, Сава Михајлов и Јане Сандански посочувале дека за разлика од
врховистите кои сакаат да испровоцираат востание по секоја цена,
Организацијата се стреми кон добро подготвено востание и во поволни услови.
За ова агитација, Сава Михајлов во своите спомени запишал: "Со Сандански
отидов во Џумајско... Требаше да се бориме да ги одвратиме нашите од врските
што ги имаа со луѓето на Цончев. Дејствувавме преку убедувања. Најдовме веќе
и чети на Врховниот комитет...Сакавме да се сретнеме со нив, но не се
согласуваа... Ги избегнуваа средбите. Имаше обиди да не предадат..."362.
Во јуни 1902 година, Сава Михајлов се вратил во Бугарија и се до заминувањето
во Гевгелиско како околиски војвода во гевгелискиот револуционерен округ и
реонски началник, кон средината на јануари 1903 година, работел во
непосредно содејство со Гоце Делчев. Во една прилика, како претставник на
Организацијата учествувал во непосредни разговори со водачот на врховистите
- генерал Иван Цончев. Притоа ги изнесол принципиелно-суштинските разлики
меѓу врховизмот и македонската ослободителна идеја, прикажувајќи ги
врховистите отворено како агенти на бугарскиот двор363.
Застанувајќи одлучно против решението на врховизираниот ЦК на ТМОРО за
пребрзаното востание во Македонија, кога тоа веќе не било спречено, Сава
Михајлов се вклучил во него со целата своја борбена енергија. Така, во рамките
на Илинденското востание извршувал повеќе оружени акции по селата во
Гевгелиско заедно со четата на Аргир Манасиев и на Иванчо Карасулијата. По
востанието престојувал и дејствувал во Бугарија и Србија, а најмногу во својот
гевгелиски крај.
Во текот на 1903 година на теренот на тиквешките села Радња, Дрен и Клисура
биле извршени неколку предавства врз четите на војводите Сава Михајлов и
Аргир Манасиев. Затоа била организирана една казнена единица, која во
соработка со војводите Андон Ќосето и Тодор Чочков со околу 60 борци имале
задача да извршат неколку егзекуции над предавниците364. Но борејќи се до
крај против предавниците, на крајот и самиот Сава Михајлов станал жртва на
предавство. Така, предаден загинал во нерамна борба со османскиот аскер во
село Смол, Гевгелиско, во егејскиот дел на Македонија на 1 март 1905 година. А
само еден месец по него, како резултат на уште едно предавство, во нерамна
борба со османскиот аскер, во селото Цер, животот си го одзеде Христо Узунов
со неговите соборци. Етичките вредности што ги поседувале и нескршливиот
борбен морал на овие македонски борци не оставаат пред дилемата да се
запрашаме дали навистина постоеле такви, силни во духот, Македонци? Луѓе
чие име останува за поук за идните генерации, во сите оние премрежја кои се
испреплетиле на балканската крстосница чие срце е Македонија.
__________________________
360-Сава Михајлов бил роден во с. Мачуково, Гевгелиско на 25.12.1877 година.
Завршил четири класа нижа гимназија во Цариград и уште три класа гимназија
во Солун. Со неполни 18 години бил наименуван за учител во Кавадарци. Во
училиштето затекнал петмина учители и две учителки. Тројца од неговите
колеги биле членови на Организацијата.

361-Спомени на Јане Сандански и Сава Михајлов, Скопје 1951,43.

362-Спомени на Јане Сандански..., 26.

363-Спомени на Сава Михајлов..., 51

364-Петре Камчевски, Револуционерното движење во Тиквешијата до


балканските војни, Кавадарци 1995,182.
5.2.3. Настанот кај Кашина

Особен печат, во целиот сплет на предавничкото мешање и отпорите против


него зазема настанот во близината селото Кашина, Мелничко, што се одиграл во
рамките на врховистичката акција во Серско-Мелничкиот регион на 7 април
1905 година. Тука четата на Јане Сандански се судрила со врховистичката чета
на капетанот Јордан Стојанов "кого генерал Цончев го испратил со чета од 60
души, уште пред еден месец, во тој крај да подготви терен за преминување на
четата на полковникот Јанков и на полковникот Николов, кои имаа намера по
него да ја минат границата...."365. Притоа, Ј. Стојанов одлучно изјавувал дека
нема да се врати без главата на Сандански. Престојувајќи три дена во селото
Кашина, Стојанов не успеал да дознае од мештаните каде е Сандански. Луѓето
добро знаеле и процениле со кого имаат работа. Но, затоа, тие го информирале
Сандански кој се наоѓал во месноста "Желава" за движењето на врховистите.
Така, четата на Сандански, заедно со четите на Таската Серски и Атанас
Тешовалијата и неколку селани, им поставиле заседа на врховистите и целосно
ги разбиле. По настанот во с. Кашина каде врховистичката чета на Ј. Стојанов
претрпела страшни загуби и била протерана, Јане Сандански остро им порачал
на оние кои го нарушувале статутот на Организацијата со зборовите:
"Запомнете добро, нема да ви дозволиме да правите лична политика со нашето
свето дело"366.
Настанот кај Кашина ги вчудоневидел врховистичките кругови во Софија кои
не очекувале такво жестоко спротивставување на Сандански. Акцијата на
Сандански им давала на знаење дека спрема врховистичките чети ТМОРО ќе
применува ист третман, како и спрема грчките и српските чети367. За жал во
судирот со врховистичките чети, една година подоцна, во март 1906 година на
Кожув Планина, бил убиен уште еден соборец и истомисленик на Сандански,
војводата Пешо Самарџиев (1877-1906). Пешо бил член на Организацијата, по
основањето на МРО во Кавадарци од страна на Даме Груев 1894 година368. Со
неговото убиство, врховистите ликвидирале убеден следбеник на Гоцевата идеја
за самостојност и независност на македонското ослободително дело. За Пешо
Самарџиев, Ангел Динев запишал: "Пешо... навистина беше голема морална
сила на Организацијата, оти е начитан, човек со здрави разбирања и тврди
принципи"369.
_______________
365-Од извештајот на Светисав Симиќ, српски дипломатски застапник во
Софија, Дипломатски архив на СИП, фонд: Посланство во Софија, ф. VII, бр.
181 од 20.04.1905 година.

366-Димитар Димески, Кашина симбол на непомирливата антиврховистичка


борба на Јане Сандански, "Јане Сандански 1915-1975"..., 140.

367-Д. Димески, Кашина..., 141.

368-Види: Ѓ. Јанчев, Добри даскалов и Пешо Самарџиев - тиквешки војводи,


"Помалку познати и непознати учесници во макекедонското ослободително
движење во XIX и почетокот на XX век", Скопје 1995,78-84.

369-А. Динев, Илинденската епопеја, II дел, 224-230.


5.2.4. Смртта на Никола Карев

Во трагичниот сплет на предавства, во пролетта на 1905-та година, од сцената


на македонската ослободителна борба беше ликвидиран еден од великаните на
македонската борба - Никола Карев. Уште едно предавство заврши со уште
едно кобно убиство. Никола Карев370, учителот, социјалистот, претседателот
на Крушевската република, човекот кој припаѓаше во групата македонски
револуционери кои беа огорчени непријатели спрема сите надворешни мешања
во македонското ослободително дело371 загинал на 27 април 1905 година, кај с.
Рајчани, Кочанско, во борба со османскиот аскер. Карев и неговите
истомисленици, особено оние со социјалистичките идеи, за најголеми
непријатели ги сметале експонентите на бугарската политика кои се бореле за
остварување на санстефанската идеја и нивните агентури - Егзархијата и
врховизмот.
Во рамките на туѓото мешање во македонското националноослободително
движење, како краен дострел на врховистичкото преземање на Организацијата
во 1903 година, беше подигањето на предвременото Илинденско востание. На
Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ (2 до 7 мај 1903),
меѓу другото, Карев372 заедно со Никола Петров Русински укажувале на
неповолните надворешни и внатрешни услови за востание, со нагласок дека
доколку востанието пропадне тоа ќе значи и пропаст за револуционерното дело,
а народот би бил подложен на насилство, однародување и претопување.
Иако бил противник на ваквото испровоцирано и недоволно подготвено
востание, Карев со сета сила и ум се оддал на неговото реализирање, а своите
интернационалистички и социјалистички погледи ги вградил во
прокламирањето на етничката и верска еднаквост и толеранција помеѓу
Македонците и другите етнички групи во Македонија, за време на Крушевската
република. Всушност, револуционерната власт на чело со Карев, била примена
во свеста на масите како народно-републиканска и според нејзиниот различен
етнички состав и според мерките кои ги презела.
И по несреќниот крај на Илинденското востание Карев ја продолжил борбата и
извесно време престојувал во Бугарија каде соработувал со повеќе бугарски
социјалисти. Меѓутоа, за сето време на неговиот престој во Бугарија кај Карев
постоела силна желба да се врати во Македонија и тука да ја вградува својата
интелектуална и револуционерна енергија. Веројатно по налог на
Организацијата, но и како израз на неговата цврста желба, тој решил да се врати
во Македонија. Спречен да замине легално, во април 1905 година, со товар од
социјалистичка литература на чело на една чета на Организацијата Карев заедно
со војводата Петар Ацев, се префрлува во Македонија каде желно го очекувале
неговите другари373. На пат за Крушево четите на 26 април се задржуваат на
поминување во селото Рајчани - Кратовско. Но, тука биле предадени и веднаш
опколени од турската војска. Утрото на 27 април започнала жестока борба што
траела се до зајдисонце. Во неа заедно со 18 другари паднал и младиот Карев,
еден од раководните столбови на македонската револуционерна организација.
Една година по негова смрт, ќе загине уште еден силен столб на делото - Дамјан
Груев. Така водечките македонски кадри, еден по еден, биле физички
истребувани за патиштата на македонското национално-ослободително
движење да бидат зевејувани од туѓи ветришта. Дел по дел се убиваше
македонското ослободително дело кое рането крвавеше. Низ бројните
предавства и убиства врз него се вршеше еден неверојатен, но добро обмислен
историски атентат.
______________
370-Никола Карев е роден во Крушево, во 1877 година. Во 1893 година заминал
на печалба во Бугарија, каде работел како ѕидарски работник во работилницата
на Васил Главинов. Таму идејно се определил за социјалистичките идеи. Така,
по враќањето во Македонија, заедно со Веле Марков и други социјалисти
формирал социјалистичка група. По одржувањето на Првата социјалистичка
конференција, се вклучил во ТМОРО. По загинувањето на Веле Марков, станал
војвода на чета. Учествувал на Смилевскиот конгрес каде што се спротиставил
на одлуката за предвремено востание. По потврдувањето на одлуката за
востание, се вратил во Крушево и бил поставен за началник на Горскиот штаб,
кој интензивно пристапил кон подготвките за востанието. По објавувањето на
востанието и по ослободувањето на Крушево бил избран за претседател на
Крушевската република. (МИР, 227)

371-Убедувањата на Никола Карев, можат да се потврдат и од интервјуто


објавено во грчкиот весник "Акрополис" од 8 мај 1903 година. На
провокативното прашање на грчкиот новинар Карев одговорил многу јасно:
"Комитетот не е бугарски. Ако изгледа дека сме и наклонети на Бугарија, тоа е
така затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. Ако Грција го
правеше истото, ќе ја прифатевме со цело срце... Ние сме во таква положба што
дури и Турчин да ни подаде рака за спас, ќе ја грабнеме со благодарсност".
Следното прашање што го поставил новинарот било: "Демократија и
пријателство со Бугарија?" Карев одговорил: "Не само со Бугарија туку и со
секој што ќе сака да ни помогне да се ослободиме...". (Историја на
македонскиот народ, том 3,..., 243).

372-Карев укажувал дека е прерано за востание, дека народот не е подготвен,


дека крушевскиот крај се уште е слабо вооружан итн. Кога на тоа му било
одговорено дека ќе добијат оружје, Карев остро реагирал дека се наоѓале пред
денот на востанието, а народот се уште немал ништо за да го дочека првиот ден
на востанието. Приврзениците за востание одговарале на критиките дека ако се
чекало, Турците ќе го истребеле населението, а ако се фатат за оружје во помош
ќе пристигне Бугарија. Карев со неговите истомисленици реплицирале: штом е
така, Бугарија нека и објави војна на Турција, а Револуционерната организација
ќе се приклучи со партизански одреди, а не со локално востание. (Орде
Иваноски, Никола Карев, едиција "Незаборавник", Скопје 1990,44).

373-Орде Иваноски, Никола Карев, "Книга за Илинден", Скопје 1969,163

5.2.5. Предавството и убиството на Горѓи Сугарев во 1906 година

Пред загинувањето на Дамјан Груев во истата 1906 година, најпрво се случи


предавството и загинувањето на еден од опеаните борци во македонската
историја - Ѓорѓи Сугарев374, учител, револуционер и војвода во Битолскиот
округ. Човекот кој безмилосно се одмаздуваше на предавниците и самиот падна
како жртва на предавство.
Жесток против секое предавство и против секој предавник на македонското
дело, во мај 1903 г. Сугарев го ликвидирал својот близок роднина Ристе, од село
Секирани за кој се сметало дека ја предал четата на Парашкев (Параскев)
Цветков. Како резултат на тоа предавство, на 8 мај 1903 (ст. стил), во нерамна
борба со османската војска во Могила, кај Битола, бил убиен војводата Цветков
и поголемиот дел од неговите борци. Ова убиство одекнало силно во Битолско,
зашто П. Цветков бил еден од поспособните раководители од Битолско.
Особено погоден од убиството на П. Цветков и другарите се почуствувал Ѓорѓи
Сугарев, заради што безмилосно му пресудил на својот роднина предавник - со
смрт.
Според извештаите на австриските претставници од 1903/1904 г. Сугарев
"прободил со нож двајца селани познати како предавници од битолското село
Црнобуки. За храброста на Сугарев е карактеристично тоа, што во ноќта на
убиството во селото се наоѓал турскиот чифлик-сајбија, повисок управен
службеник од Битола, во придружба на една силна ескорта (одделение
војници)"375.
Во истиот период Сугарев морал уште еднаш да се справува со предавници.
Овој пат тие се јавиле во едно од најорганизираните села во Битолскиот реон -
Цапари. Предавниците, инаку членови на Организацијата, со намера да ја
предадат четата на Сугарев за да биде уништена, а посебно и самиот него, и
доставиле на османската војска каде истата ќе отседне. Меѓутоа, војската се
судрила со четата на Анастас Лозанчев376, кој во тој момент се наоѓал на
истиот терен377. Војската и башибозукот извршиле опколување на четата. Во
неочекуваната и нерамна борба четата успеала да го пробие обрачот, при што
изгубила девет борци, меѓу кои и заслужни дејци на Организацијата во с.
Цапари. И овој пат Сугарев ги открил предавниците - Тасе Џарџев и Лазе
Дуртанов. Со цел да ги ликвидира, тој со четата ненадејно влегол во селото.
Притоа наредил да дојдат во анчето на Апостол Трајков неколку набележани
членови на ТМОРО, всушност тоа биле предавниците, кои не знаеле ни кој, ни
зошто ги вика. Но, во анчето дошле и некои неповикани членови. Откако
Сугарев го започнал иследувањето, предавниците се обиделе да побегнат.
Настанала мешаница, при што светлото било угаснато. Така, во општата
мешаница биле ликвидирани сите, освен Џарџев кој избегал и Митре Трајков,
кој се приклучил на четата. Австрискиот конзул од Битола Август Крал, вака го
забележал овој настан: "Неколку свирепи одмазди од страна на комитетот
оставија во селото силен впечаток. Ноќта на 26 минатиот месец, капетанот
Сугарев со околу 20 луѓе го опколил селото Цапари, после во анот поканил 10
определени лица (всушност 11. б.н.) наредил редум да се убијат со пушка или
бајонет. На тројцата им биле отсечени јазиците - и образите во знак на нивното
неверство. Ужасот на останатите, по ова крваво дело, бил голем; сепак речиси
сите признале дека казнетите ја заслужиле својата судбина, бидејќи биле
предавници"378.
За загинувањето на Сугарев постојат неколку верзии во кои овој трагичен
настан во македонската историја се поврзува со предавство. Дури и народната
традиција која оставила неколку прекрасни песни за Сугарев, неговата смрт ја
поврзува со предавство.
Предавството на Сугарев било резултат од одредена идејна метаморфоза кај
некои раководни лица во Битолско, настаната како резултат на големо-
бугарската пропаганда по неуспешниот крај на Илинденското востание379, но и
од одредена материјална корист. Додека Сугарев бил ангажиран во
секојдневните револуционерни работи околу обновувањето на ТМОРО во
Битолскиот округ, а особено во откривањето и водењето борба против
експонентите на туѓите пропаганди, дотогаш Сарафов, кој подпаднал под
бугарското влијание, успеал да поткупи некои раководители во Битолско. За
жал, постојано движејќи се, Сугарев не можел поблиску да го насети пресвртот
кај некои луѓе во Организацијата. Така тој навремено не го согледал и
потпаѓањето на секретарот на ТМОРО во Битолскиот округ, учителот Петар
Лигушев под влијание на Сарафов и врховизмот. Лигушев бил поткрепуван од
Матов и Татарчев чија девиза била: се што е потребно за Организацијата да се
добива од бугарската влада, а воедно и потчинување на истата. Преку ваквите и
слични делувања врз битолските раководни лица, последните идејно се
поделиле на "сарафисти" и "груевисти". Расцепот бил трагичен за единството и
чистотата на Организацијата380.
Ѓорѓи Сугарев бил еден од поборниците за самостојноста на ТМОРО и за
остварување на нејзината висока цел. Стоејќи цврсто во своето убедување за
чистотата на македонското дело, Сугарев ја навлекол врз себе омразата на
луѓето на Сарафов на чело со Лигушев кои безмилосно го ликвидирале секој
оној што им застанувал на патот. Во тие рамки останале забележани неколкуте
"случајни" убиства токму на револуционерите кои стоеле на цврста македонска
определба какви што биле Никола Карев, Христо Узунов, а потоа убиството и
на самиот Сугарев. Сугарев бил против секакво надворешно мешање во борбата
и целите на Македонците. Така, на пример, претставникот на српската
пропаганда во Македонија, Ѓерџиковиќ, во еден миг на невнимание се
произнесол пред Сугарев дека Србија би била задоволна со сосема мал дел од
Македонија. За ова случување, Никола Киров Мајски вели: "Секој од нас може
да си престави како реагирал против слично присвојување доблесниот и умен
битолчанец и каква бура од негодување и одвратност се бранувала во градите на
апостолот и борецот, за кого Македонија беше неделива и им припаѓаше само
на Македонците"381.
Но, Сугарев, низ својот борбен век, биел уште една битка која на свој начин
претставувала срамно предавство на делото - злоупотребата на парите на
Организацијата382. Таквиот чин бил на рамништето на најголемо предавство за
самиот Сугарев, чија чесност била нагласувана од повеќето негови со-
временици383. Таа битка непосредно ќе доведе до уште едно предавство кое
завршило со смртта на Ѓорѓи Сугарев. Барањето отчет за примените и
потрошени организациони пари предизвикало отпор кај некои од членовите на
Организацијата во Битолско кои работеле со пари. Не сакајќи да поднесат точни
податоци т.е. кој од кого, кога и колку пари прибрал и на кого му ги предал,
луѓето кои запловиле во нечесни води, на состанокот што го закажал Сугарев во
централното основно училиште во Битола, наместо да се покаат започнале со
директни напади врз Сугарев кој не можел да ја прости нечесноста. Во бурните
расправии бил ликвидиран еден од најупорните опоненти на Сугарев384.
Оттогаш започнала уште пожестока борба против Сугарев и чесните дејци на
ВМОРО. Со Отвореното истапување на Сугарев против проневерителите на
организациони пари, како и со се поотворените и почести критики на луѓето од
Окружниот комитет во Битола, Сугарев веќе станал мошне опасен и незгоден за
Лигушев и неговите следбеници. "Кон Сугарев, Ѓорѓи поп Христов, Ѓаконот
Евстатиј и други организациони дејци, Лигушев чувствуваше голема омраза и
тој се реши, преку предавство да се ослободи од беспоштедната нивна критика и
Сугарев беше една од неговите први жртви"385.
За остварување на таа цел, Лигушев им подготвил стапица како на Сугарев, така
и на ресенскиот војвода Ѓаконот Евстатиј и на прилепскиот војвода Крсте
Гермов - Шакир. Обраќајќи им се написмено, во пролетта 1906 година, Лигушев
побарал од овие македонски војводи да заминат во Мариово за наводно да се
борат против таму појавените грчки пропагандни чети. И покрај лошото време,
дисциплинираниот Сугарев заминал за Мариово. Истото го сторил и Шакир
војвода кој ги одбрал најдобрите борци и на 23 март 1906 година заминал за
Мариово, со здружени сили да се борат против пропагандните чети.
Во меѓувреме, на пат кон Мариово, на 22 март Сугарев испратил писмо до
Гаконот Евстатиј во кое барал да се сретнат. За жал писмото паднало во рацете
на Лигушев кој му одговорил на Сугарев дека во Битола има големо
раздвижување така што Ѓаконот не може да дојде на закажаната средба.
Ѓаконот Евстатиј разбрал за писмото на Сугарев дури другиот ден и со
сомнение кон Лигушев, сепак тргнал кон закажаната средба со Сугарев во
селото Горно Агиларци. Но, веќе бил во задоцнување, зашто Сугарев по
чекањето кај Нечо Кобиловски од Агиларци тргнал кон Паралово386.
Кобиловски поврзан со заговорниците од Битола веднаш заминал таму за да ја
соопшти маршрутата на Сугарев за Паралово. Известени за точното движење на
Сугарев, Лигушевци веднаш го известиле битолскиот валија кој презел
натамошни мерки за ликвидирањето на Сугарев и неговата чета387.
Додека на Шакир војвода му било наредено да чека наредба, Ѓаконот Евстатиј
бил парализиран од силните потери и одвај успеал да се засолни во селото
Карамани. Иако раководството во Битола добило соопштение од Прилеп за
силните потери, фактот дека четата на Сугарев се судрила со потерите била
доказ дека во случајот имало предавство и тоа од луѓе кои знаеле за движењето
на Сугарев. Истите иако требало да го известат Сугарев да не влегува во
Мариово, "тие не го спречиле и воопшто не го известиле за движењето на
четите"388
Четата на Сугарев во близината на селото Паралово била од едната страна
нападната од војската, а од другата од Албанците од Ореово кои како
башибозук дошле со војската. По неколку часови борбата завршила со целосно
уништување на четата на Сугарев. Заедно со војводата загинале 22 борци389.
Фактот што четата наишла на добро распоредена војска која чекала на неа јасно
зборува дека режијата била направена претходно и дека четата воопшто не
влегла во Паралово за од таму да биде предадена390.
Во тагата за загубениот војвода кај Паралово, народниот пеач ги жигосал во
песната Параловци како предавници на Сугарев. Но, сите податоци кажуваат
дека предавството било добро обмислено со цел да нема промашување и да
биде уништен Сугарев со четата. Убиството на Ѓорѓи Сугарев го смислиле
неговите однародени соборци во Битола, а османската војска била само
атентаторот. Крсте Гермов - Шакир запишал: "Кога беше предаден Ѓорѓи
Сугарев и кога тој се уби, во целото Битолско се зборуваше за тоа предавство.
Луѓето на Организацијата почнаа да поднаѕираат од каде иде предавството, како
и на Пепо Лисолајчето така и на Ѓорѓи Сугарев. Тогај тие предателства
произлегуваа од тоа што во раководството на Битолекиот окружен комитет се
беа угнездиле агенти на големобугарската пропаганда"391.
_____________________________________
374-Ѓорѓи Сугарев (Битола, 1879 - с. Паралово, Мариовско, 23.3.1906, ст. стил),
познатиот македонски револуционер, се школувал во Битола и Солун.
Учителствувал во битолските села Радобор, Стрежево, Дедебелци и во
кичевското село Ехловец, а потоа и во Битола. Револуцинерен стаж и искуство
стекнал од Никола Петров Русински, во почетокот на 1901 година, во
Демирхисарско-крушевско-кичевскиот регион. Од 1901 година бил член, а
потоа и секретар и војвода на Битолскиот окружен комитет. Учествувал како
делегат на Смилевскиот конгрес на ТМОРО (мај 1903) каде што бил избран за
горски началник на пелистерскиот реон. Учествувал активно во Илинденското
востание и на Прилепскиот подвижен конгрес (јуни 1904). Тој зема учество и во
походот против големосрпските кралски чети во "Поречието и Азот", кои што
дошле по силата на еден договор за сфери на влијание помеѓу Софија и Белград.
Убиен од властите во 1906. Според постари податоци, Сугарев загинал на 5
април 1905 година, убиен од турска потера, а предаден од врховистите.
(Македонски возрожденци и револуционери, Скопје 1950,45).

375-Август Крал, австриски конзул во Битола, Извештаи од 1903-1904 година на


австриските претставници во Македонија, превод, редакција и коментар Данчо
Зографски, Скопје 1955,49.

376-Анастас Лозанчев (Битола, 1870 - Софија, 1945), деец на ВМРО. Бил член
на Окружниот комитет во Битолскиот револуционерен реон пред Илинденското
востание. Присуствувал на Солунскиот (јануарски) конгрес од 1903. Како
делегат на Битолскиот округ се залагал за кревање востание во претстојната
пролет. На Смилевскиот конгрес, исто така, се залагал за востание во
Македонија. На овој конгрес Лозанчев бил избран за член на главниот штаб.
Подоцна емигрирал во Бугарија.

377-Во своите "Спомени" Лозанчев за предавник го означил Мице Велјов,


меѓутоа според други искази вистинските предавници биле Тасе Џарџев и Лазе
Дуртанов, кои за пари го извршиле споменатото предавство.

378-Ѓорѓи Димовски - Цолев, Ѓорѓи Сугарев, Битола 1988,56-57.

379-Александар Ефтимов соопштува со кои средства се служела


големобугарската пропаганда во привлекувањето на македонските борци. Тој
вели: "Министерот Петков не повика мене и Ѓорѓи поп Христов. Ни предлагаше
пари и оружје и агитираше да дејствуваме по нивни наредби, како што правеше
Борис Сарафов. Јас и Ѓ. поп Христов решително ги отфрливме неговите
предлози и му изјавивме дека ние се бориме како внатрешни дејци и за
Македонија. И Ѓ. поп Христов беше согласен со мене. Тој беше идеален човек
во почетокот. Но подоцна и тој се провали..." (Ангел Динев, Илинденска
епопеја, том II, Скопје 1949, 90).

380-Ѓ. Димовски - Цолев, Ѓорѓи Сугарев, 88.

381-Документарно одделение на ИНИ, Никола Киров Мајски, "Ѓурчин Наумов -


Пљакот, крушевски војвода" ракопис, Скопје, 40.
382-Крстарејќи низ битолските села, од чесни луѓе, Сугарев дознал дека во
Битола некои раководни лица на Организацијата прават трговија, поточно
парите прибрани од населението за организациони цели ги користат за лични
потреби. Така"Петруш Американчето беше задолжен да го купи чифликот во
Гени Мале за бедните од Битола. Ја купи земјата, ама тапијата ја извади на свое
име. Слично постапија и други тогашни раководители од Битола: Јанае Скајо
купи неколку лебарници на Ат Пазар; Николе (Коле) Брашнаро - Кусото...
отвори неколку продавници за брашно; Никола Кожуваро даваше пари под
лихва на печалбарите...". (Кој го предаде Горѓи Сугаре, "Билтен на здружението
на пензионерите на Битола", год. I, бр. 1,1963).

383-Еве што запишал Сониксен: "Една од причините да одам во Битола беше и


договорената средба со Ѓорѓи Сугарев, главниот ревизор во Вилаетот... Освен
ревизор на битолскиот вилает Ѓорѓи Сугарев беше еден од најспособните меѓу
големите водачи и прв организатор заедно со Д. Груев. Тој беше познат и со
својата извонредна чесност" (Албертъ Сониксенъ, Исповъдта на едиъ
македонски четникъ,, София 1927). На едно дуго место, за Сугарев било
запишано: "Тој беше чесен, чист, точен, остер, дисциплиниран, строг до
педантизам, понекогаш дури до жестокост. Неговата чета била за пример како
дисциплинирана..." (Отъ минатото, в. "Свобода или смртъ,", София 1929,91).

384-По состанокот во основното училиште, тајно, Сугарев се сретнал со своето


семејство. Според исказите на сестрата на Ѓорѓи Сугарев Ќивка Сугарева -
Мијакова, на последната средба со своите најблиски, Ѓорѓи резигнирано
зазборел: "Попуст ни беше трудот. Додека ние се бориме, мизеруваме и гинеме,
некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатсва" (Ѓорѓи Димовски
- Цолев, Ѓорѓи Сугарев - живот и дело, 79).

385-Стефанъ Аврамовъ., Сражението въ село Паралово - Мориховско, Ил.


Илинденъ, София 1928, кн. I (11), 15.

386-Подетално за предавството види кај: Ѓ. Цолев, цит. труд, 90-94.

387-Натиснало силно раздвижување на повеќе османски формации од Битола,


Прилеп, Лерин, Воден. Заседнат во с. Крушевица Шакир војвода за тоа пишува:
"Кога бев таму, дојде од Прилепско специјален курир и ми соопшти оти од
Прилеп кинисала силна потера за Мариово водена од офицерот - Албанец,
Исмаил Ефенди. После тој курир дојде друг, кој ми донесе абер да се приберам
на сигурно место и да чекам втора наредба" (Документарно одделение на ИНИ,
Крсте Гермов - Шакир, Спомени, ракопис, 44-45).

388-Т. Адамовъ, Разбивањето на Ѓ. Сугаревата чета, Сборникъ "Илинденъ",


1924, бр. 26/27,27.

389-За бројот на борците на Сугаревата чета постојат различни податоци. Ангел


Динев (Илинденска епопеја, том II, 128) наведува дека биле 28 борци, Крсте
Гемов -Шакир во своите спомени запишал 25 борци, додека Цолев, во своето
истражување (цит. труд, 96) утврдил 23 борци заедно со Сугарев.
390-Во весникот Македонско-одрински преглед од 10 април 1906 година се
известува следново: "На 23 март, во битолското село Паралово, го најдоа својот
гроб 22 млади четници, што ја претставуваа дел од битолската и прилепската
чета на чело со младиот и скап долгогодишен работник -војводата Сугарев. Таа
соединета чета се упатила за селата во Селечката Планина по организациона
работа. Нејзиниот маршрут предаден предвремено кај манастирот над с.
Паралово, без да насетува било каква опасност, влегла во заседа на отпорано
дојден аскер од неколку стотини мина, расположени во концентричен круг.
Почнала жестока борба, која траела неколку часа. Четата изложена на оган од
сите страни, била предодредена на погибија...". Во истиот весник е наведено
дека четата на Сугарев се судрила со 160 души војска "...на мачно достапниот
врв при Параловиот манастир" ("Македоноодрински преглед", София, год. I, бр.
23 од 10 април 1906 година).

391-Документарно одделение на ИНИ, Крсте Гермов - Шакир, Спомени,


ракопис, 44-45.

***

5.2.6. Смртта на Дамјан -Даме Груев

Учителот Дамјан Груев392, еден од основоположниците на МРО, нејзин прв


секретар и член на ЦК, организатор на првите тајни револуционерни групи,
војвода и непомирлив борец за македонското ослободување, го завршил својот
живот на 23 декември 1906 година, во близината на с. Русиново, Малешевско. И
токму неговите последни мигови ги запишал еден од најголемите синови на
Малешевијата - Никола Петров Русински. За последните денови на Груев,
Русински запишал: "Даме и четата, која го придружуваше и во Русиново, само
неколку дена пред заминувањето од Струмица за Русиново, претерале неколку
коњи натоварени со пушки за Кукуш. Близу до аржанското блато, еден од
натоварените коњи со оружје се изгубил и отишол во с. Гаваланци, во чифлигот
на Зора - бег". Бегот го вратил коњот, плашејќи се дека намерно му бил
испратен и дека веројатно ќе му бараат откуп за пушки. "По оставањето на
оружјето во Кукушко, без да се задржуваат, заминале за Струмица и до
последниот нивни крај Русиново - Петлец"393.
Четата влегла во селото и заседнала во куќата на Димитар Р. Алаѓозов, но
направила фатална грешка бидејќи не обезбедила стражари внатре и околу
куќата. Надвор, Иван Белчев "не направил ништо за заштита на околиската
чета", а потоа се сокрил и не им помогнал на другарите со што сторил
кукавички и предавнички чин.
Во сплетот на несреќните околности во куќата на Алаѓозови влегле двајца
Турци. Тие качувајќи се по скалите ги виделе низ отворената врата комитите
кои живо разговарале во собата на горниот кат. Турците наместо да побегнат, се
наместиле под скалите и отвориле оган. Прв слегол по скалата Сандо Китанов,
но не бил погоден. По него се симнал Даме кој се здобил со рана во десната
нога. Другите четници излегле на задната врата и тргнале нагоре кон плотовите.
Четникот Ѓорѓи Поп Стојанов од с. Владимирово, којшто ја следел трагата на
Китанов, правејќи обид да се префрли преку плотот бил погоден од два
куршума. Тој бил првата жртва блиску до куќата.
Привлечени од пукањето, на помош на Турците, на местото пристигнале и
"таксилдарот - бирник и заптијата којшто го придружувал. Пристигнала и
војската која престојувала во Владимирово...".
Даме Груев и Ѓорѓи Карчов излегле надвор од селото со еден смел курир Григор
Митов Крапев, кој за жал бил без оружје и не можел да им дава помош. По
Дамета имало неколку потери на војски, а раната која крвавела оставала траги
по пресниот снег на земјата. Стасале до југоисточната стрмнина на врвот
Петлец, во месноста Валмето, кај Белите Камења. Тука се отворила борба, а
Даме го отстранил курирот за да не стане и тој жртва.
И така, запишал Русински, "во крвавата битка прочуениот смилевски даскал,
апостолот на македонската слобода Даме Груев, ја најде својата херојска смрт"
на 23 декември 1906 година. Следниот ден, на 24 декември турските воени
власти наредиле убиените да се кренат од местото на погубувањето и да бидат
погребани. Селаните ги погребале Даме Груев, Сандо Китанов, Ѓорѓи Карчов во
еден гроб кај русинската црква. Телото на Ѓорѓи Поп Стојанов си го однесле во
Владимирово.
Сопствениците на куќата во Русиново, Димитар Р. Алаѓозов и неговата жена
Божана без да знаат што се случило во нивната куќа и што ги чека, биле
пречекани пред куќата од разлутените заптии кои без да ги прашаат ги
застрелале.
Иван Белчев, кој се криел во друга куќа и не учествувал во престрелката, се
скрил во јаслите на едно магаре, откако го собрал сеното врз себеси394.
Селската револуционерна организација, огорчена од поведението на И. Белчев
"врз кого се стовари целата вина за скапата жртва, го повика да одговара пред
селскиот револуционерен суд". Белчев не се потчинил на Револуционерната
организација туку пребегнал кај врховистите. Оттаму му се заканувал на
раководството, разбојникувал и убивал. Набргу тој го убил највредниот член на
раководството Мито Ников Трнков. Подоцна следеле и убиствата на вредни
членови на Организацијата: Серафим Горѓирв Трнков и Горѓи Василев Хоџов.
За жал Организацијата не можела на време да се пресмета со предавникот
Белчев. Во 1918 година, по отстапувањето на бугарската војска, тој заминал во
Бугарија, а неговото семејство останало во Русиново. Српските власти, нудејќи
му да се врати кај семејството му предложиле и голема служба -инспектор на
тајната и на јавната полиција со голема плата. Притоа му било наредено да ги
убие сите "опасни луѓе" за власта. Пред да ја прими официјално својата служба,
Белчев го убива бившиот селски војвода Васил Стоицов на патот кога се враќал
од пазар на месноста Палазлија. Белчев ревносно им служел до 11 февруари
1921 година кога бил убиен од оние кои скапо му плаќале195.
На апостолот Даме Груев и на паднатите со него, русинската селска
револуционерна организација им подигнала скромен споменик. Со
загинувањето на Даме Груев, запишал Димитар Влахов, "му се нанесе огромен
удар на македонското ослободително движење. Местото што тој го имаше
остана незафатено, празно. Немаше фигура што можеше да го замени паднатиот
на својот боен пост македонски револуционер, немаше лице што можеше да го
има авторитетот на Груев и да служи како центар за обединување на
македонските сили...396"

____________________________
392-Дамјан - Даме Груев е роден на 19.01.1871 година во с. Смилево, Битолско.
Се школувал во Смилево, Битола и Солун. По учеството во еден училишен бунт
во бил протеран од солунската егзархиска гимназија, а школувањето го
продолжил во Белгард во учебната 1888/1889 година. Разочаран од српската
пропаганда Груев заминал во Софија, каде што студирал историја. Со група
македонски интелектуалци и истомисленици (Петар Поп Арсов, Пере Тошев и
др.) ја основале Младата македонска книжевна дружина и го издавале
списанието "Лоза", печатено на јазик кој значително отстапувал од нормите на
тогашниот бугарски книжевен идиом. Во 1891 година се вратил во Македонија
и заедно со група истомисленици во Битола формирал револуционерен кружок
("Дружба"). Учистелствувал низ Македонија а работел и како егзархиски
училишен инспектор. Во 1893 година, во Солун со групата истомисленици ги
поставиле основите на ТМОРО, а потоа неуморно работел за ширњето на
нејзината мрежа. По избувнувањето на Поп-ставревата афера (1900) бил
затворен во битолскиот затвор, а потоа испратен на заточение во Подрум Кале
во Мала Азија. По излегувањето од затворот се приклучил кон одлуките за
кревање на востание тргнувајќи до максимата "Подобро ужасен крај отколку
ужас без крај". Особено забележителна дејност пројавил на Рилскиот конгрес во
1905 година, во преименувањето на организацијата во ВМОРО. По Рилскиот
конгрес, Груев извесен период дејствувал во Солун.

393-Никола Петров Русински, Спомени, предговор, редакција и коментар,


Даринка Пачемска - Петреска, Воислав Кушевски, Скопје 1997,334-335.

394-Никола Петров Русински, Спомени,..., Скопје 1997,

395-Никола Петров Русински, исто..

396-Цитирано според: Прилози за даме Груев, Битола 1983, 231.

5.2.7. Смртната пресуда и убиството на Гарванов и Сарафов во 1907 година

Привидното единство во Организацијата, кое било постигнато на Рилскиот


конгрес, набргу било нарушено зашто јазот помеѓу двете идејно спротивставени
групации и понатаму се продлабочувал397. Како резултат на тоа, и на други
околности, во 1906 година не бил одржан предвидениот општ конгрес398.
Борис Сарафов, користејќи ги "40-те илјади земени од него од српската влада и
со уште средства од бугарската...", почесто испраќал од Софија во Македонија
вооружени чети со цел да се парализира дејноста на Узунов, Сугарев, Карев и
другите, и да си го осигура изборот за делегат од Битолскиот револуционерен
округ на претстојниот општ конгрес. Но, врховистите набрзо сфатиле дека не ќе
можат да ја парализираат работата на овие македонски револуционери кои
имале огромен углед среде својот народ и затоа пристапиле кон нивно физичко
ликвидирање399.
Во меѓувреме загинаа Даме Груев, Сава Михајлов и уште многу други
раководители и револуционери. Токму во изборниот период за делегати на
општиот конгрес на Организацијата, во системот на "случајности" загина
"случајно" во село Цер на 11 април 1905 година Христо Узунов, "случајно"
загина на 14 април истата година во село Рајчани - Кратовско - Никола Карев,
"случајно" загина и Ѓорѓи Сугарев, со сета своја чета, во село Паралово, во 1906
година, а следната 1907 година "случајно" загина и Пандо Кљашев -сите
бескомпромисни борци против врховизмот.
Сите овие "случајности" беа дело на предавништво исфабрикувано од
врховизираните раководители во Окружниот комитет во Битола, а пред се, во
лицето на сарафистот Петар Лигушев400. Затоа можеби задоцнила
реализацијата на една од најважните одлуки на Рилскиот конгрес. Според
одлуката на овој конгрес, врховистите требало да бидат отстранети од сите
раководни позиции во Организацијата, а главните инспиратори на
Илинденското востание Иван Гарванов и Борис Сарафов, по статутот на
Организацијата, биле осудени на смрт, како луѓе што и сториле голема штета на
Организацијата. Тодор Поп Антов запишал дека групата на чело со Даме Груев
и претставниците од востанатите околии на Битолскиот вилает искажувале
незадоволство од Борис Сарафов и имале причина да бидат незадоволни. Исто
така и некои други делегати очекувале Конгресот да ја разгледа вината на
Сарафов. "И токму кога тоа требаше да се разгледува во таа точка од дневниот
ред, Сандански во договор со Ѓорче Петров стана и предложи да се заборават
сите извршени дела на Сарафов и да се амнестира за се. Незадоволството од
овој предлог беше големо, но предлогот беше усвоен и Сарафов се спасува од
една строга, но праведна пресуда поради самоволието и самовластието
Уште во текот на самиот Рилски конгрес, српскиот дипломатски застапник од
Софија, меѓу другото, известувал: "Изгледа дека Гарванов и другите угледни
Македонци не се задоволни со работата на овој конгрес. Сандански им ги
расипал сметките со острите критики на досегашната работа и на идните
намери. Одлучно е против, за каква да било врска со владата и офици-јална
Бугарија....Сандански особено се нафрлил на Сарафов, кому му префрлувал дека
од народот на Битолскиот вилает дигал пари за оружје, а му давал пушки, кои ги
добивал од бугарската влада, од бугарските магацини. Парите ги задржувал за
себе и за своите приврзаници"402.
Барајќи искреност во делото и почитување на "основните закони на
организациониот устав", во шифрираниот дел од своето претсмртно писмо,
Христо Узунов запишал: "Да гледате колку што е возможно побргу да ги
уништите оние досега раководни сили во Организацијата, кои му донесоа штета
на делото, како Сарафов, а не да се накажуваат само прости работници"403.
Овој завет на Узунов се однесувал всушност на оние раководни сили во кои
спаѓал и Узуновиот вујко Христо Матов, а за најкарактеристичен пример за
таквите сили и политика бил земен Борис Сарафов. Фрлањето на народот во
неподготвено востание било најнечесното дело на врховистичките игри и
најголемото предавство на ослободителното дело направено од врховизираните
раководители на Организацијата. Токму затоа и Узуновиот завет кореспондира
со изречената смртна пресуда над Сарафов и Гарванов.
Уставната одлука на Рилскиот конгрес од 1905 година гласела: "По силата на
виши околности, главно, со оглед на неопходноста што се наложува од
зајакнување единството на Организацијата, конгресот реши: да не се
прибегнува до осудување на лица и групи што се обвинети во нарушување на
постојните наредби на организацијата, преку својата дејност до 1 ноември 1905
година. Но, ако такви лица и групи и после таа дата се обвинат за истото, ќе
бидат повикани на одговорност не само за своите нови постапки, но и за своите
стари злосторства“ 404.
Во текот на 1906 година како подготовка на општиот конгрес биле одржани
некои окружни конгреси. Во летото 1906 година бил одржан конгрес на
Скопскиот округ кој, меѓу другото упатил предлог до сите окрузи, барајќи
заклучно со март 1907 година да се одржи општ конгрес. Во спротивно,
Скопскиот округ ќе сметал дека е ослободен од сите обврски спрема
Организацијата и ќе се раководел според сопствени одлуки. Ваквата
расколничка политика ја диктирале главните раководители на т.н. "десница"
Христо Матов, Иван Гарванов, П. Пенчев, кои доминирале во раководството на
округот. По Скопскиот бил одржан и Серскиот конгрес (август 1906 година)
чии решенија значително се разликувале од Скопскиот.
Во истиот период раководната улога на Централниот комитет речиси не се
чувствувала, особено по загинувањето на Даме Груев (23 декември 1906
година). Бидејќи улогата на централното раководство сосема згаснала,
иницијативата за општ конгрес ја презело едно окружно раководство. Меѓутоа,
врховизираните кадри сфатиле дека и овојпат ќе ја изгубат битката за превласт
во организацијата, па затоа го попречиле одржувањето на општиот конгрес405.
Наместо општиот конгрес овие сили конституирале Советодавно собрание кое
на 15 јануари 1907 година издало едно "Изложение од мнозинството делегати на
општиот конгрес на Организацијата", документ кој имал расколнички цели.
Отфрлајќи ги одлуките и телата на Рилскиот конгрес, иако немало статус на
Конгрес, Советодавното собрание избрало свое раководство, и тоа само
задгранични претставници. За таа улога најпогодни биле водачите на
"десницата": Борис Сарафов, Иван Гарванов и Христо Матов, претставници на
Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот округ. Со решенијата кои ги усвоило и со
конкретната политика Советодавното собрание се откажало од принципите со
кои се водела организацијата во подготовките на Илинденското востание.
Решението да се води "пријателска и коректна политика спрема Бугарија" и да
се тргне во офанзива против грчката и српската пропаганда, значело да се оди
во чекор со официјалните стремежи на големобугарската политика спрема
Македонија. Со тоа, оние сили во Организацијата кои се откажале од изворните
принципи на ТМОРО и од решенијата на Рилскиот конгрес, всушност се
отцепиле од ВМОРО и се конституирале во посебна организација. Според К.
Битоски, по својот облик таа останувала македонска организација, но по својата
содржина веќе се претворила во бугарска. Нејзината основна определба станала
борбата против сите оние кои стојат на патот на реализирање на
големобугарската идеја: грчката и српската пропаганда во Македонија и
особено Јане Сандански. Затоа во Првото отворено писмо по повод убиството
на Б. Сарафов и И. Гарванов, Серчани објавиле: "откако ги згазија принципите
на Организацијата, тие извршија отцепување и создадоа друга - не веќе
револуционерна, туку бугарска национална пропаганда"406.
Затоа пресудата на Рилскиот конгрес од 1905 година била извршена дури во
1907 година, бидејќи наведените во одлуката продолжиле со својата штетна
дејност, со заговори, предавства и ликвидирање на заштитниците и
поборниците за принципите на независноста на македонското национално-
ослободително движење. Како резултат на таквата нивна дејност дошло до
"случајните" убиства на Узунов, Сугарев, Карев, Кљашев, а кога бил разоткриен
нивниот заговор за убиството на Јане Сандански со цел да се преземе и
врховизира Серскиот револуционерен округ, конечно пресудата стапила на
сила.
Извршувањето на атентатот врз Гарванов и Сарафов им паднало на групата
Серчани, а директен извршител бил Тодор Паница407. И самиот Паница во 1925
година ќе заврши како жртва на атентат на ВМРО во еден од виенските театри.
Така, по наредба на Серскиот револуционерен комитет и на Јане Сандански,
Тодор Паница ја реализирал смртната пресуда врз Борис Сарафов и Иван
Гарванов. Пресудата била извршена на 28 ноември 1907 година, во Софија.
Според пишувањето на Павел Делирадев, тие (Серчаните) "во душата жалеле,
што морале да прибегнат кон такви крајни средства, за кое што целата
историска одговорност
треба да падне на Фердинанд Кобурски и неговата династија, која всадуваше
нетрпеливости, за да може без пречка да ги пружа своите лакоми раце во
светото дело на македонскиот роб"408.
Убиството имало силен одглас во Бугарија. Наспроти пишувањето на
Серчаните, владиниот весник "Нов век" ќе напише дека "убиството на Б.
Сарафов и И. Гарванов и нанесе смртоносен удар на бугарската кауза во
Македонија"409. На истата линија, некои од современите бугарски
историографи, жалејќи се на несправедливата меѓународна политика во однос
на Бугарија (пред се за анулирањето на Санстефанскиот договор), истовремено
пишуваат: "Ослободителното движење исто не беше заплашено од црни
предавства. Тодор Александров често го употребуваше изразот 'изроди ренегати
штетни за бугарското племе', кое што беше подеднакво на одречените
отстапници, преминати на страната на врагот. Можеби најпоказателен е
примерот со Тодор Паница, убиецот на Иван Гарванов и Борис Сарафов..."410.
Понатаму, во истиот дух, се коментира и "предавството" на Димитар Влахов
како "содружник" на Тодор Паница. Имено дека Влахов "бил бугарски делегат
во младо-турскиот парламент во 1908-1910 г., генерален конзул во Одеса и
Виена, за да премине во служба на Коминтерна. Тој го исфабрикува Мајскиот
манифест од 1924 г. и го потпиша 'по полномошно', а потоа се обиде да го
принуди Т. Александров и подло стана еден од интелектуалните подбуцнувачи
на неговото убиство"411.
Секако дека овој бугарски историчар стои на линијата на одбраната на сите
оние кои се бореле за голема (Санстефанска) Бугарија, сметајќи ги нив за
патриоти и херои ("отечествоспасители"), наспроти оние "врагови" кои ја сакале
"Македонија на Македонците" па станале предавници на големобугарското дело
("безотечественици").
Во почетокот на 1908 година, пишува Тодор Поп Антов, во Ќустендилско се
свикува друг, таканаречен Ќустендилски конгрес на кој Серчани не биле
поканети и "тие дури се осудени за убиството на Сарафов и Гарванов... На
Ќустендилскиот конгрес нема струи, нема опозиција. Таму е претставено само
конзервативното крило, затоа и решенијата на конгресот не одат по средната
помирувачка линија. Во тие решенија вее духот на непомирливост... "412.
Според К. Битоски со Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО413 од 1908 година и
со претходно одржаното "Советодавно собрание", завршила и историјата на
македонската револуционерна организација - МРО (ТМОРО; ВМОРО)
создадена во 1893 година. Потоа почнува нова ера во македонското
револуционерно-ослободително движење414. Се појавува ВМРО на Тодор
Александров која, особено со стапувањето на сцената на Ванчо Михајлов, ќе ги
запише најкрвавите страници во македонската историја на атентатите.
________________________________
397-Во своите Спомени Тодор Поп Антов запишал дека биле оформени и
поддржувани два принципа што требало да бидат основа на реорганизацијата
на Организацијата:
1. Умерено конзервативниот, врз кој бил изработен стариот устав и
правилниците, подржувани до Христо Матов и Даме Груев и
2. Реформаторскиот (изборен) поддржуван од Пере Тошев, од Серската и од
Струмичката група. Рилскиот конгрес ги прифатил новиот устав и
правилниците што ги бранел Пере Тошев. Нова структура на Организацијата
била заснована врз демократски изборни принципи. (Тодор Поп Антов,
Спомени, предговор и редакција 3. Тодоровски, Скопје 2002,145).

398-Тодор Поп Антов наведува дека Серскиот револуционерен округ на двапати


(1905 и 1906 г.) во текот на летото организирал конгреси на Пирин и "обата
пати собирањето на толку луѓе за турската власт не остана незабележано" па со
бројна војска "тргна да ја пребарува планината". За да се зачуваат
Организацијата и нејзините луѓе од сомневања и гонења, тој сметал дека не
требало да се држи "толку многу за демократскиот принципи" туку да се тргне
"по средната линија -ниту потполна демократичност, ниту целосна
концентрација на власта на организацијата кај едни и исти луѓе, кои самите си
ги избираат своите помошници и другите органи. Само при таква структура
Организацијата ќе беше подобро зачувана од потреси и ќе внесеше смирување
помеѓу двете струи. Средниот пат, толку нужен за целите на Организацијата, не
беше најден". Инаку Тодор Поп Антов припаѓал на Серската група, но не бил за
демократичност (изборност) по секоја цена, зашто сметал дека условите не биле
поволни за тоа (Тодор Поп Антов, Спомени,..., 146).

399-Анастас Митрев, цит. дело, 246.

400-А. Митрев, исто, 247.

401-Тодор Поп Антов, Спомени, предговор и редакција 3. Тодоровски, Скопје


2002,146.

402-Дипломатски архив на СИП, фонд: Посланство во Софија, ф. VII, бр.


420/1905 година.

403-Предсмртното писмо на Христо Узунов (факсимил и дешифриран текст) во


целост го објавил Анастас Митрев со оглед на бројните фалсификати со кои се
валкал револуционерниот лик на Узунов. (Види: А. Митрев, цит. труд, 258-260)

404-X. Сиљанов, Ослободителните борби на Македонија, II, 381.

405-Серските делегати веќе патувале за Рила за да присуствуваат на новиот


конгрес, кога бил предизвикан еден инцидент во кој биле убиени двајца месни
врховисти. Се замешала и полицијата, но серските делегати, веќе предупредени,
ги избегнале проблемите префрлајќи се навреме преку границата. Се разбира,
при вакви услови, конгресот не можел да се одржи. За "инцидентот" и за
спречувањето на конгресот "десницата" ги обвинувала своите противници,
особено Сандански. Но набрзо "националните револуционери" ("десницата")
прогласиле дека се мнозинство и конституирале Советодавно собрание. (Види:
Историја на македонскиот народ, том трети,..., 401402).

406-Историја на македонскиот народ, том трети,..., 402-403.


407-Тодор Паница (1879-1925), бил еден од истакнатите дејци на македонското
револуционерно движење, Бугарин по националност. Уште како млад војник ја
напуштил воената служба и се вклучил во ослободитените борби на
македонскиот народ. Во 1902 година влегол во четата на војводата Н. Пушкаров
и дејствувал во Скопско, Кумановско и Кратовско. Во 1904 година преминал во
Серскиот револуционерен округ, каде што се зближил со Јане Сандански, а во
1905 година станал помошник војвода на Драмската околија. Во 1907 година
извршил атентат над Б. Сарафов и И. Гарванов. За време на Хуриетот (1908) бил
драмски околиски војвода. Бил еден од основачите на Народната федеративна
партија. Во 1909 година предводел поголем одред Македонци во соборувањето
на султанот Абдул Хамид II. Во Балканските војни, како доброволец, со својата
чета учествувал во ослободувањето на Неврокопско и Драмско, а во Првата
светска војна дејствувал во состав на бугарската армија. По војната станал
жител во Неврокоп и како еден од истакнатите претставници на МЕФО
одржувал блиски контакти со владата на А. Стамболиски, доаѓајќи во судир со
автономистичката ВМРО. Во 1924 година бил принуден да емигрира во Виена.
Таму учествувал во преговорите при изработувањето на Мајскиот манифест.
Бил убиен во виенскиот Бург-театар од страна на Мелпомени Крничиу, членка
на ВМРО. (МИР, 359).

408-Павел Делирадев, Яане Сандански, Македонски научен институт,


библиотека "Бележити Македонци",София 1946,23.

409-Историја на македонскиот..., 403.

410-Георги Марков, Безотечественици и отечествоспасители, "Предатели и


предавства в Българската история", София 1993,135-136.

411-Г. Марков, Безотечественици и отечествоспасители,..., 136.

412-Тодор Поп Антов, Спомени,..., 147.

413-Конгресот се одржал од 5 до 15 март 1908 година во с. Жабокрт,


Ќустендилско. На него учествувале 28 делегати, главно од "десницата". Според
мислењето на струмичани, "до денес Организацијата се уште немаше паднато
толку ниско - со неа да диригираат од софиските канцеларии, токму онака како
што грчката и српската пропаганда диригираат од канцелариите во Атина и
Белград". Биле анулирани децентрализацијата и демократизацијата прифатени
од Рилскиот конгрес, а се воведувала строга (диктаторска) централизација.
Истовремено објавиле беспоштедна борба со групата на Сандански која се
стремела кон "цепење" на Организацијата. (Историја на македонскиот народ, т.
3,..., 407).

414-Историја на македонскиот,..., 410.

***

5.3. Македонските револуционери и Младотурската револуција


Поголеми промени во политичкиот живот на Османската империја, а во тие
рамки и во Македонија и врз македонското националноослободително движење
се случиле по Младотурската револуција од 1908 година. Исфрлената парола за
слобода (Хуриет) и еднаквост меѓу сите граѓани извршила силно влијание и
придонела револуцијата со симпатии да биде прифатена кај населението. Со
ослободувањето на политичките затвореници бил постигнат уште поголем
ефект. Во исто време започнало легализирање на четите кои се движеле по
македонските планини. Тие се спуштиле во градовите и учествувале на јавните
собири и митинзите. Ширум низ Македонија се одржувале голем број митинзи
на кои била искажана поддршка на Младотурците и осуда на султанскиот
апсолутистички режим.
Јане Сандански и неговите приврзеници учествувале на митинзи во Мелник,
Неврокоп и други места. На 17 јули 1908 година борците на Серскиот округ, на
чело со Јане Сандански, биле свечено дочекани во Солун. Таму Сандански
остварил повеќе средби со истакнати раководители на младотурскиот комитет, а
следниот ден, на 18 јули 1908 година издал "Манифест до сите народности во
Османската империја".
Воодушевувањето на македонскиот народ од процесите на демократизација на
политичкиот живот во Османската империја, не им одело во прилог на
соседните држави. Тие се надевале на распаѓањето на "болниот на Босфорот", а
не на политичка трансформација и зацврстување, бидејќи тогаш не би можеле
да ги реализираат своите големодржавни планови. Според спомените на
Анастас Митрев, кој со крајно воодушевување го прифатил младотурскиот
преврат, во август 1908 година, "маса софиски Македонци од типот на Данаил
Крапчев, Тома Карајовов, Никола Ризов и други, откако се уверија дека во
царството на султанот владее слободија и дека никој никого не го прашува кој е,
откаде е и зошто скита по Македонија, кинисаа за 'милата Родина' за да им
обзнануваат на 'милите родни браќа' дека Турчинот вера немал'. Инаку речено,
да му ја убиваат верата на македонскиот народ во новиот режим415. Меѓу
дојдените софиски емисари, во Охрид пристигнале Александар Протогеров и
широкиот социјалист Григор Василев. Григор Василев, пред граѓанството на
Охрид одржал говор "исполнет со дух на негаторство и недоверба кон штотуку
прокламираниот уставен режим..."416.
Колку Македонците го прифатиле новиот режим на политички слободи, зборува
нивното учество во борбата против антиуставните сили кои, во 1909 година во
Цариград извршиле преврат. Тогаш Младотурците реагирале брзо и решително.
Тие се организирале во Солун и тргнале во поход на Цариград. Притоа побарале
помош од македонските револуционери417. Во походот на Цариград
учествувале 1 200 Македонци под команда на Јане Сандански, Христо
Чернопеев и Тодор Паница. По тој повод, Сандански објавил Проглас до
македонскиот народ и неговите борци, осудувајќи ги и внатрешните и
надворешните противници на Младотурците. Меѓу другото, во Прогласот на
Сандански се вели: "Бидејќи младотурската влада, нам ни даде полна слобода
на работа и на народен развиток, ние сме должни да се бориме против
непријателите на слободна и нова Турција. Грците сакат враќање на стариот
режим во Турција. Со Кралството Бугарија веќе одамна раскрстивме и сите
наши надежи за одржување на новата состојба на слобода и Уставот лежи
единствено во денешна Турција"418.
За неколку дена Цариград бил заземен, антиуставните сили поразени, а уставот
повторно вратен на сила. Со воведувањето на уставниот парламентаризам во
Османската држава се создале услови за формирање на политички партии,
организации и други здруженија. Младотурската револуција ја затекнала
ВМОРО разединета и поделена на две спротивставени групации.
Во мај 1908 година Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот округ се обединиле
во единствена организација под името Македоно-одринска револуционерна
организација (МОРО). За време на Хуриетот МОРО се трансформирала од воена
организација во легална политичка партија. МОРО во исто време изјавила дека
оружјето не е сосема положено и дека во секој момент може да го искористи за
продолжување на борбата во илегални услови. Од оваа организација во
почетокот на јануари 1909 година била формирана Народна федеративна
партија (НФП). Нејзините програмски определби биле пласирани преку
весникот "Народна волја". Основачкиот конгрес на партијата се одржал во
август 1909 година. Со неа раководело централно биро на чело со Димитар
Влахов. Видно место во партијата имале Јане Сандански, Христо Чернопеев,
Таската Серски, Димитар Мирасчиев и други. Нејзин претставник во
османскиот парламент бил Димитар Влахов.
Иако НФП не била задоволна од младотурското владеење, им дала поддршка на
Младотурците. НФП посебно се залагала за решавање на аграрното прашање и
за бесплатно основно образование, независно од пропагандите на соседните
балкански држави. Грчкиот конзул од Серес, Сактурис, на Сандански му ја
припишува иницијативата за организирање на многубројните масовни митинзи
во Мелник, Неврокоп и Демир Хисар, од кои населението испраќало петиции до
младотурската власт, жигосувајќи ја нејзината недоследност по прашањето за
распределба на беговската земја, за неотворањето на училишта, за лошите
патишта, за немањето болници, земјоделски банки итн. Сактурис е вознемирен
од зајакнувањето на ваквото движење и неговите евентуални политички
последици, заклучувајќи:"...Централистите станаа господари во Округот. Преку
митинзи и други акции влијанието на Сандански сериозно е зголемено..."
Санктурис, исто така, страхува дека санданистите аграрното прашање ќе го
претворат во национално прашање, кое според него е поопасно од црковното и
дека тоа многу подлабоко ќе влијае врз македонското прашање. "Бугарите
измислуваат се и ништо не оставаат неискористено, за да станат самите
Македонци автархични во нивната борба за слобода..."419.
Во поглед на барањата на просветен план најдалеку отишол Петар Поп Арсов,
кандидат за пратеник во османскиот парламент од листата на НФП. Тој во 1910
година во Скопје покренал иницијатива за отворање на Висока педагошка
школа со статус на државен факултет. Затоа, загрижениот бугарски егзарх
Јосиф I, во однос на ставовите на Арсов, опасни за бугарската пропаганда,
изјавил: "Замислете си да се здружат Мисирковштината на господинот Крсте,
сепаратизмот на неговото преосвештенство Теодосиј Гологанов и
автономиштината на господинот Петар Поп Арсов... Соединувањето на овој
триаголник во Скопје, би имал огромна штета за бугарштината во
Македонија,ако не и трагедија".
Во текот на Хуриетот во Македонија се појавиле и други политички
организации и здруженија. "Желбата на македонскиот народ да си создаде свои
политички партии, беше искористена од балканските монархии за формирање
партии, но по нивни вкус и за нивни политички нужди420. Како противтежа на
НФП се појавил Сојуз на бугарските конституциони клубови во кој се нашле
проегзархиските и пробугарските претставници во Македонија. Со него
раководел споменатиот Тома Карајовов, родум Македонец, но, долгогодишен
бугарски дипломат421. Сојузот водел политика на провоцирање на
Младотурците. Во април 1910 година, битолскиот претставник во османскиот
парламент Панчо Дорев, се обидел да формира "Отоманска прогресивна
партија". Свои политички организации во Македонија формирале
претставниците нa грчката и српската пропаганда. Во Македонија никнале
неколку албански политички клубови како и повеќе синдикални и работнички
здруженија.
По зацврстувањето на власта Младотурците почнале да спроведуваат посебен
режим со кој се ограничувале правата и слободите на потчинетите народи. Во
тие рамки, меѓу другите, бил донесен закон за политичките здруженија. Со него
биле забранети сите здруженија врз национална основа. Со тоа Младотурците ја
изгубиле довербата кај оние кои ги подржувале, а ги осилиле противниците.
Како резултат на ваквата состојба дошло до нови одметнувања на повеќе
војводи, кои продолжиле да дејствуваат во илегални услови.
Сандански во младотурскиот режим и преку неговото демократизирање на дело
ги гледаше перспективите за решавање на македонското национално прашање
со давање автономен статус на Македонија. Сообразен со условите, овој обид на
Сандански претставувал една историска нужност. Преку него, истовремено,
Сандански сакал да го ослободи македонскиот народ од притисокот што го
вршеле врз него околните балкански држави и своето национално прашање да
го постави врз поширока интернационална основа.
Чекорите на Младотурците од средината на 1910 година за разоружување на
четите биле знак дека поминала илузијата дека младотурското
(националистичко) движење кое имало за цел зацврснување на Османската
држава ќе толерира било какви политички или национални движења кои преку
самоуправување или децентрализација би оделе во правец кон потполна
самостојност. Затоа, во акцијата за разоружување на четите, Јане Сандански
презел чекори да го заштити македонскиот народ во својот округ. Таквиот чин,
според наводите на српскиот генерален конзул во Солун Живоин Балугџиќ, ги
вознемирил претставниците на младотурската власт. Имено, тие за Сандански
подготвувале "колец и ќе го обесат, ако им падне в раце. Причината за тоа било
држењето на Сандански спрема разоружувањето. Тој со своето непомирливо
држење успеал наполно да го спречи разоружувањето во својот реон, а тоа
значи во целост Серски санџак. Собрал само 1 200 пушки во близината на
Мелник, ги затворил во еден магацин, но не ги предал на власта. Магацинот го
чуваат негови луѓе, а власта нема храброст да ги нападне и да им го одземе
оружјето. Пред неколку дена Сандански пристигна во Солун. Турците мошне се
зарадуваа на неговото доаѓање. Наместо да го обесат, и Назим и Валијата, и
сите виши офицери, во него постојано гледаа како на некој вистински спасител
од ситуацијата"422.
Поддршката на Сандански и на серчаните била драгоцена за стабилизирањето
на младотурскиот режим и за спречување на посилното надворешно влијание во
внатрешните состојби во државата. Меѓутоа, Сандански со своето држење
застанал на патот на реализацијата на врховистичките цели во Македонија.
Заради тоа, на 14 август 1909 година, во Солун бил направен обид за атентат на
Сандански. Атентатот го организирале врховистички терористи, при што биле
ранети Јане Сандански и Стојо Хаџиев423. Заедно со Сандански бил и учителот
Анастас Митрев, но не бил повреден.
___________________________________
415-Анастас Митрев, Мемоари, огледи, статии, 49.
416-Анастас Митрев бил разочаран од настапот на Протогеров во однос на
Хуриетот. Митрев нагласува дека при средбата со човекот којшто му сторил
најголема добрина во животот уште во ученички денови во Софија иако знаел
дека "...А. Протогеров е на најпогрешниот пат во македонското ослободително
движење", за него тој бил "благодетел, и како кон таков се однесував кон него".
(А. Митрев, исто).

417-Така, на барање на Обласниот младотурски комитет од Скопје, Петар Поп


Арсов се упатил во Велес каде во содејство со своите другари организирал
митинг на илјадно граѓанство против узурпацијата на султанот Абдул Хамид.
Истовремено се организирала чета од 20 души, која со здружените македонски
чети и единиците на Младотурците тргнала во поход кон Цариград за повторно
урнување на престолот на Абдул Хамида. (Алексо Мартулков, Моето учество во
револуционерните борби на Македонија, Скопје 1954,64).

418-Види: "Политика", 29.07.1909.

419-Според: Христо Андоновски, Јане Сандански во грчката историографија,


"Јане Сандански 1915-1975"..., 211.

420-А. Митрев,исто,51

421-Томо Карајовов, родум од Скопје, бугарски политичар и дипломат, бил еден


од најистакнатите врховистички главатари. Во септември 1908 година тој дошол
на чело на т.н. Сојуз на бугарските конституциони клубови во Турција, со
седиште во Солун.

422-Дипломатски архив на СИП, фонд: Политичко одделение ф. III, досие I И/1-


ХII, Извештај на српскиот генерален конзул од 13 декември 1909 година.

423-Манол Пандевски, Политичките партии и оргинизации во Македонија


(1908-1912), Скопје 1965, 132-133.
***

5.3.1. Леринското народно движење во борбата против


врховизмот и смртта на војводата Ѕоле Стојчев

Анастас Митрев424, еден од борците за македонската самостојност и


приврзаник на Сандански, заради учеството во Хуриетот, во есента 1908 година
бил префрлен од Егзархијата за учител од Кичево во Лерин. Уште при неговата
прва обиколка на Леринско, дошол до заклучок дека "Леринско претставува
најкултивираниот крај во Македонија", но и "тврдина на будниот македонски
дух; будно, свесно, совесно население, калени во црковните и
револуционерните борби; иницијативно, трудољубиво, ученољубиво до
максимум... Леринско беше гранитна национална карпа, од која се разбиваа
атаките на грчката пропаганда"425. Живите лерински војводи, што таму ги
затекнал (Ѕоле Стојчев од с. Баница, Пандил Шишков од Екши-Су; Крсто
Љондев од Неокази, Пеце Христов од Неолјани и др.) ги имале наследено
најдобрите особини на нивниот претходник - Марко Лерински: дисциплина,
самоувереност, разумност, самостојност, меѓусебно помагање и солидарност со
животот на народот. Во истиот дух била и учителската организација и
учителите, главно млади и полни со ентузијазам.
Во раната есен во 1908-та година, за околиски училишен инспектор во
Леринско дошол од Софија Никола Пасков, охриѓанец. Негова прва задача била
да основа конституционен клуб во Лерин. Со голема воодушевеност на сите
"војводи, учители и граѓани од идејата за организирана општествена работа"
клубот бил набрзо основан. За негов претседател бил избран инспекторот
Пасков, а за секретар учителот Анастас Митрев. Во меѓувреме биле спроведени
и парламентарните избори на кои за кандидат од Битолскиот вилает бил
споменатиот Панчо Дорев. Сите се вклучиле во агитацијата. Почнала да
пристига и "помош" од Карајововци за уредување на просторија за клубот, за
книги, библиотека итн. Биле растурени и песните на Христо Ботев, кои наместо
да ги привлечат луѓето за "шовинистичка антитурска кауза" во интерес на
врховизмот, тие ги ориентирале "кон Сандански и кон идејата за братство и
слога меѓу балканските народи". "Собудените Леринци рано ја сфатија
тенденцијата на раководствата на конституционите клубови и започнаа во
својата дејност да се ориентираат кон самостојност и независност".426
Наредбите на Централното биро на клубовите од Солун се примале со резерва, а
некои биле одлучно одбивани. Таков бил случајот со контрареволуционерниот
удар на Абдул Хамид, кога се барала "неутралност" од клубовите. Ваквото
барање уште повеќе придонесло Леринци да сфатат дека таквата политика на
конституционите клубови не е во интерес на македонскиот народ.
Отфрлајќи ги штетните централни директиви, конституциониот клуб во Лерин
прераснал во вистинско народно движење кое политички и идејно се
ориентирало кон Народната федеративна партија. Така, наспроти барањето за
"неутралност", Леринско се кренало во одбрана на Уставот, тргнувајќи од
своите македонски интереси. Ѕоле Стојчев427 застанал на чело на милицијата.
Всушност тој станал раководител и на движењето бидејќи ја уживал "довербата
и љубовта на населението", а имал "авторитет пред властите". Тој бил искрен
приврзаник за уставниот режим и "секогаш готов да умре за слободата на
народот". Бранејќи ги македонските интереси војводата Стојчев не стравувал да
ги нападне и недостатоците на младотурската власт. Тоа впрочем го покажал и
на големиот собир на граѓаните во Лерин, одржан на 30 декември 1909 година.
На собирот била донесена резолуција во која се протестирало против "секаквите
противуставни мерки на Владата и на Парламентот", за поништување на
"реакционерните закони", против "сите фактори -надворешни и внатрешни -
коишто се стремат дефинитивно да ги уништат веќе извојуваните и признати
ослободителни придобивки"428 итн.
На собирот настапиле повеќе говорници, а забележани биле зборовите на
војводата Стојчев, многу смели и визионерски. Објаснувајќи зошто го бранат
уставниот систем на Младотурците, Стојчев нагласил: "Браќа, ние треба да
работиме за отоманизам во смисла на дело да се збратимиме за да ја зачуваме
територијалната целост на Македонија. Во спротивно ние ќе станеме објект на
завојувања на грабливци што се инспирирани однадвор, кои што ги бараат
богатствата на обетованата нашата земја - Македонија"429.
Леринското народно движење се залагало за подобрување на културните и
стопанските прилики во околијата, за економско зајакнување на населението
итн. Сите овие барања, со истовремено енергично спротивставување на грчката
пропаганда, Ѕоле ги изнесувал пред властите и влијаел со својот авторитет. Но,
за жал, сите овие активности на леринското народно движење, од страната на
врховистите биле осудени како "предавство". За врховизмот "четништвото,
пушката, бомбата - беа се. И со оглед дека леринското народно движење го
одречуваше ваквиот (застарен, б.н.) метод на борба, врховизмот го осуди на
смрт и го уби"430.
Убиството на леринското народно движење можеме да го персонифицираме низ
трагичната смрт на Ѕоле Стојчев кој паднал како жртва на една подла и
наместена игра на непријателите на македонската самосвест. Јатаци на
претхуриетските и похуриетските грчки андарти431 со помошта од пробугарски
врховисти го убија Шиназ-ефенди, брат на леринскиот прв полицаец Шефкет-
ефенди, со надеж дека гневот на османските власти ќе го свртат кон војводата
Стојчев. "Хуриетот на Младотурците беше амнестирал и спасил од смрт
илјадници македонски затвореници и заточеници, но андартско-бугарскиот
врховизам уби еден Турчин, кој беше го спасил македонското село Горничево
од опожарувањето на грчките андарти"432.
Инаку Шиназ-ефенди бил напреден Турчин од Лерин кој одржувал пријателски
контакти со Македонците, дури и со припадници на Организацијата уште пред
Хуриетот. На ден Илинден 1906 година, кога во селото Горничево имало
панаѓур, една андартска чета од 120 четници го блокирала селото, решена да го
опожари и да го истепа населението. На панаѓурот бил и Шиназ-ефенди кој
сфатил што ќе се случи и веднаш испратил еден коњаник во Лерин, кај
кајмакамот. Кајмакамот испратил аскер во селото. Аскерот стигнал токму во
моментот кога андартите фаќале позиција и веднаш отворил оган. Од другата
страна реагирале членовите на револуционерната организација во селото. Така,
ставени помеѓу два огна, андартите биле разбиени, а 17 четници им биле
ранети433.
Гневни на постапката на Шиназ-ефенди, андартите го осудиле на смрт. "Токму
во текот на борбите меѓу македонскиот народ и четништвото кое започна по
Хуриетот да се јавува, и во условите на напредок на леринското народно
движење, грчко-бугарскиот врховизам кој започна да се обединува,
најподмолно посегна врз животот на Шиназ-ефенди"434.
Заговорниците, со оглед на целта што требало да ја постигнат - да се
компромитираат во очите на власта и на турското население леринските дејци
го определиле селото Сорович за гробница на Шиназ-ефенди. Сорович се наоѓа
меѓу селата Баница на Ѕоле Стојчев и Екши-Су на Пандил Шишков.
Заговорниците биле убедени дека едно убиство извршено во соседното село на
Ѕолевото и Пандиловото, не може да им биде припишано ним, како влијателни
лица во тој крај, и воопшто во Леринско.
На сцената се јавиле гркоманите "Хаџиовци - претхуриетски и похуриетски
јатаци на андартите и бившиот проврховистички војвода Леко Џорлев,
соселанец на Ѕолета", кој се одвоил од народното движење и се фатил "на
врховистичката јадица" работејќи "за компромитирањето на младотурскиот
режим". Леко бил еден од оние затвореници кои беа помилувани и пуштени на
слобода од младотурскиот режим. Тој, исто така, бил стар пријател на Шиназ-
ефенди, така што овој не сомневајќи се заедно со него отишол во гркоманското
село Сорович и "кој знае по кој повод Шиназ го пречекорил прагот на
гркоманската куќа, каде што бил задавен и трупот закопан во една нива"435.
Ова однапред испланирано убиство имало за цел сомневањата да ги насочи кон
леринските револуционерни дејци кои всушност биле господари на ситуацијата
во околијата. Ѕоле, Пандил и другите дејци, навреме ја сфатиле целта на
Шиназовото убиство и ја предупредиле месната власт да не наседнува на оваа
провокација. Властите исто така биле свесни дека леринските револуционери
немаат ниту корист ниту посегнале да го убијат човекот кој го сметале за свој
пријател. Тие нормално ја продолжиле својата општествена дејност, уште девет
месеци по смртта на Шиназ-ефенди. Но затоа, акцијата на интелектуланите и
физичките убијци на Шиназа продолжувала. Тие постојано ја пласирале
клеветата дека Шиназ е убиен од Ѕолета, дека не е можно да се убие Турчин без
негово знаење итн. Ваквата верзија, упорно всадувана од Грците, навлегла по
разни патишта и во турската средина. Верскиот фанатизам и одмазднички дух
бил пробуден. Целта била постигната. Само се спремала раката во која ќе биде
ставено оружјето за пукање.
Бил пронајден и непосреден повод. Тоа бил масовниот собир од 30 декември
1909 година насочен против провокациите од врховизмот и против
реакционерните мерки на младотурската власт. По тој повод "врховизираните
Грци го возбудија уште повеќе фанатизмот кај муслиманската маса,
претставувајќи го митингот за 'јавен бунт' - фесатчилак против царштината, а
Ѕоле како баш фесатчи - прв бунтовник, каков што бил и пред Хуриетот.
Можеше ли турската толпа да го поднесува ваквиот 'резилак'?...Ако уќуматот го
поднесува ова , ние нема да го поднесуваме, - така си размислуваа турските
реакционерни елементи. Куршум против убијците на Турците и
ватандушманите"436.
Собирот туку што завршил. Ѕоле заедно со другите организатори на собирот
наминале во една добро осветлена слаткарница, додека надвор било темно. А во
темнината, од турската толпа излегол некаков си фанатик Садреадин. Тој тргнал
да го убие Ѕолета. Пукотници ја затресле слаткарницата. Сопственикот ја угасил
ламбата, но, уследиле нови пукотници. Откако се стивнало, останало да лежи
само мртвото тело на Ѕоле Стојчев. Тоа била уште една антимакедонска
провокација, крунисана со смртта на еден стамен Македонец.
По свечениот погреб на Ѕоле во Баница, војводите престанале со своите
активности. Дел се сокриле, дел заминале за Америка, други пак избегале во
Бугарија, но, сеедно, тие биле изгубени за македонската кауза. Така завршил
овој голем атентат врз леринското народно движење.
_______________________
424-Анастас Митрев е роден во с. Завој, Охридско во 1884 година. Се школувал
во Охрид, Пловдив и Прага. Учителствувал во Кичево и Лерин. Бил учесник во
Младотурската револуција и делегат на основачкиот конгрес на НФП од Охрид.
Во 1911-1912 година во Солун го редактирал весникот "Учителски глас", орган
на организацијата на македонските учители. По балканските војни заминал во
емиграција, каде што, имал забележително учество во активностите на
Временото претставителство на ВМРО (Об).Соработувал во весникот
"Освобождение" и во други прогресивни весници во Бугарија. Заземал
истакнато место во движењето и во борбите на македонската прогресивна
емиграција во Бугарија каде соработувал со Јане Сандански, Димо Хаџи Димов,
Ѓорче Петров, Павел Шатев, Михаил Герџиков, Александар Динев итн., како и
со Крсто Раковски, Димитар Влахов и др. либерални социјалисти. Посебно
одбележување заслужува категоричниот однос на А. Митрев кон историската
условеност и историските корени на појавата на македонската нација. Уште во
летото 1919 година, пред многубројната македонска емиграција во Де-де-Агач,
тој на јавен собир истакнал дека борбата на ВМРО против врховизмот во
минатото била националноослободителна борба на македонскиот народ против
официјалната политика на бугарската држава. И во текот на Втората светска
војна, си останал доследен Македонец, но и антифашист. Во 1947 година, по 34-
годишна емиграција се вратил во Македонија. Работел во Институтот за
национална историја. Публикувал неколку историографски трудови, меѓу кои е
и првата биографија на Христо Узунов и други трудови. Починал во Скопје во
1952 година. (Види: Др. Манол Пандевски, Предговор кон Мемоари огледи
статии на Анастас Митрев, Скопје 1974, 9-16)

425-А. Митрев, Мемоари огледи статии, 52.

426-А. Митрев, исто, 53.

427-Познат уште и како Ѕоле Ѓерѓев, родум од село Баница. Во почетокот бил
на печалба во Цариград, а пред Востанието се враќа во своето село Баница. Член
на леринската терористичка група на Организацијата, а за време на
Илинденското востание лерински војвода со 42 востаници кај востаничкиот
пункт Кајмакчалан. По востанието продолжува како лерински војвода, а за
време на Хуриетот влегува во Битола со леринските чети. Убиен на подмолен
начин во 1909 година во Лерин. (Спомени и биографии на илинденци, избор,
редакција и коментари Александар Крстевски - Кошка, Битола 1993,45)

428-На предлог од Стојчев, резолуцијата била составена од учителите А.


Митрев и Ж. Банев. За првпат таа била објавена во софискиот весник "Камбана"
во бројот 5 од јануари 1910 година. Резолуцијата е потпишана од членови на
претседателството на собирот, и тоа: Ѕоле Стојчев, Пандил Шишков, Крсто
Љондев, Пеце Христов и Крсто Малинов. (Види: "Камбана", 6.I.1910)

429-А. Митрев, исто 54-55.

430-А. Митрев, исто, 55.

431-Поп Танасов Васил, син на војводата Атанас Попов (познат во ВМОРО како
Стасо Јованчев) раскажува: "Се сеќавам на моментот кога неколку дена пред
прогласувањето на Хуриетот татко ми ја поведе четата на војводата Ѕоле
Стојчев на планината Кајмакчалан да преговара со една чета грчки андарти што
се имаа јавено на овој терен, со цел грчките андарти да го напуштат реонот и да
не ги напаѓаат селата. Преговорите што ги водеја не успеа, дури дојде до
вооружена борба, но и ако четата на Ѕоле Стојчев што ја водеше татко ми беше
помала успеа да се извлече, а потоа за време на Хуриетот да замине во Битола
на прослава, каде што беше пречекана свечено од битолчаните" (Спомени и
биографии на илинденци,..., 139).

432-А. Митрев, исто, 59.

433-Според сеќавањата на горничевецот Најдан Мичев. Види: Илюстрация


Илинден, София, год. XI, 1939, кн. 3 (103), 7-8.
434-А. Митрев, исто, 60.

435 -Исто,61.

436- Исто, 62.

6. СЛУЧУВАЊАТА ВО МАКЕДОНИЈА 1908-1913

6.1. Магарешките атентати

Магарешките атентати биле дело на новата организација ВМРО која се изроди


по неславниот крај на ТМОРО/ВМОРО, чии патишта тргнаа по патеките на
тероризмот и вршењето атентати врз сите оние Македонци кои застанувале на
патот на реализацијата на големобуграската идеја во однос на Македонија. На
Ќустендилскиот конгрес (1908), дефинитивно, Организацијата се распаднала на
две спротивставени страни: "левицата" на Сандански и Серчани и
пробугарската групација т.е. "десницата". Веќе од 1909 година започнало
"обновувањето" на ВМОРО со поддршка на бугарските државни институции.
Во 1910-1911 година се извршил "избор" на Централен комитет со Тодор
Александров, Христо Чернопеев и Петар Чаулев, со што новата организација,
држејќи се за старото име почнала да функционира ставајќи се во служба на
бугарската држава, која се подготвувала за војна против Турција и за поделба на
Македонија. На Ќустендилскиот конгрес, било решено ВМОРО да ја засили
својата активност, но претежно со "терористички" средства. Така дошло и до
несреќните Магарешки атентати.
Во 1911/1912 година, во периодот што непосредно претходел на балканските
војни, во Македонија, изложена на краен очај и безредие, ситуација би-ла
доведена до секојдневно убивање на невиното население заради провокативните
терористички акции на делувањето на ВМРО и дивеењето на албанските и
други муслимански банди и одметници. Меѓу терористички акции на ВМРО,
особено штетни биле "магарешките атентати" кои немале никаков политички
ефект437, туку само ја влошувале и така тешката положба на македонскиот
народ изложен на невидени репресалии и одмаздништво. Имено, се работело за
поставување бомби на пазариштата, најчесто на магарињата со кои селаните ги
носеле своите производи на пазарот. Затоа овие акции биле наречени
"магарешки атентати".
Мошне сликовит опис на магарешките атентати дава Анастас Митрев, кој
запишал: "Некаков македонски бедник, го натоварил магаренцето со две торби
пченкарно брашно, оди на пазар... Го пречекува четата и, со пари или без пари,
му го зема магаренцето, става во едната торба пеколна машина и еден од
четниците, преоблечен во селска облека, тргнува со магаренцето кон пазарот. И
таму, каде што се струпува турската сиромаштија, запира 'пропадавчот'..., ги
растоварува торбите...со викот 'ефтино брашно'! Даалиите438 се натрупуваат
околу 'продавачот; секој посакува да купи 'евтино' брашно за да ги нахрани
своите гладни деца. "продавачот' одвреме навреме го погледнува часовникот и,
две-три минути пред избувнувањето на пеколната машина, ја прекратува
продажбата 'за малу'; оди да го види магаренцето, или 'по нужда' и не се враќа
повеќе. Пеколната машина експлодира и откинува некому рака, некому нога,
некому глава од насобраната турска сиромаштија. Атентаторот жив, здрав и
насмеан дека успешно си ја извршил дадената задача се врака кај четата на
определеното место"439
Еден од ваквите атентати се случил во почетокот на 1912 година во Штип, на 1
август 1912 во Кочани, а кон крајот на истиот месец во Дојран. Нивната цел
била возбудување на турскиот фанатизам за масовни масакри врз недолжниот
македонски народ, од чии што средини произлегувале и атентаторите. Додатно
на ова, прогонувајќи ги четите по селата, и власта од своја страна прибегнувала
кон терор и разоружување на населението во местата каде што се случувале
атентатите.
Истовремено, се случувале бројни убиства извршени или иницирани од
врховистите врз македонски револуционери и приврзеници и членови на НФП.
Таков карактеристичен бил случајот на убиството на Добри Даскалов во
Тиквешијата, делегат на Првиот конгрес на НФП, соработник и истомисленик
на Димитар Влахов кој уживал огромен углед сред населението440.
Британските дипломатски претставници известуваат за зачестени инциденти и
за изливи на муслиманската фанатичност заради која страдале бројни невини
жртви од христијанската вероисповед во Македонија. Но, она што се случило
како последица од еден од "магарешките атентати" навистина било толку
страшно што посериозно го окупирало вниманието на британските дипломатски
претставници во Македонија. Се работи за масакрот што се случил на 4
декември 1911 година во кој за помалку од еден час биле убиени над 20
христијани, а со стотици биле ранети. Во првичните извештаи на кајмакамот на
Штип до валијата на Косово актот на насилство на муслиманите врз
христијаните се оправдувал со наводно поставената бомба наспроти ѕидот од
џамијата при што биле повредени тројца муслимани од кои едниот починал. Но,
по испитување на повеќе извори, Вилијам Хав, британскиот вицеконзул во
Скопје, утврдил дека "бомбата не била поставена спроти ѕидот на џамијата за
време на молитвата, туку била донесена од страна на некој селанец, скриена во
кола полна со продукти за пазар, и оставена до јавната вага на пазаришниот
плоштад околу 9 и 30 часот наутро"441. Таа експлодирала неколку минути
подоцна. Мали штети биле направени на ѕидот од соседната џамија. Неколку
лица кои стоеле настрана, повеќето Турци, биле сериозно повредени, а еден од
нив починал по три дена.
Според извештајот на епископскиот викар од Штип, "по овој несакан инцидент,
целата муслиманска популација, разлутена до краен степен, се нафрли врз
невините христијани"442. Голема толпа Турци, меѓу кои имало војници,
полицајци и други државни службеници, вооружени со ножеви, пушки,
револвери, секири, палки, чекани и др. удриле врз христијанското население
дојдено да пазарува, со повиците "Убијте ги каурите". Во рок од половина час
голем број христијани биле убиени и повредени. Во тој прв налет биле убиени
17 луѓе на лице место, тешко повредиле неколку десетици, а полесно околу 150.
Вкупниот број изнесувал 302. Тројца од повредените починале подоцна од
добиените повреди443.
Хари Лем, британскиот генерален конзул во Солун, наведува дека изгледа
"...муслиманската популација одвај чекала една ваква прилика, за да ја истури
својата долго акумулирана лутина, провоцирана исто толку од стравот колку и
од желбата за одмазда врз своите христијански соседи. Сите пресметки сега се
сложуваат дека експлозијата беше безначаен настан, неспособен да направи
голема материјална штета, иако изгледа дека еден од трите повредени
муслимани, подоцна подлегнал на повредата“444.
Покрај мртвите и повредени христијани од страна на фанатизираните
муслимани, истовремено се случувале и грабежи на луѓето и дуќаните. Луѓето
биле престрашени. Во нередите заедно со толпата учествувала и
жандармеријата. Војската, сепак, се држела коректно и со нејзина интервенција,
по еден час немирите биле смирени. На тој начин бил избегнат поголем
колеж445. Во целиот настан најповеќе настрадале жителите на Штип кои биле
целосно невини за какво било учество или согласност со злосторството, "туку
тоа било инспирирано многу повеќе од желбата да бидат казнети како и да
доведе до инцидент". Лем наведува дека "по шокантното убиство на шест
муслимани близу Килисели, и правните последици и други процеси во
Штип, ...минатата година, видните лица од овој град решиле целосно да ги
прекинат врските со организацијата на Тодор Александров, одбивајќи дури да
даваат придонеси, како порано, во неговите фондови или да ги примаат и
разнесуваат неговите емисари кога тие го посетуваат градот". После тоа,
Александров ја објавил својата намера "да им го доведе умот". Експлозијата од
4 декември 1911 година била дизајнирана на таков начин што послужила на
целта за казнување на градските луѓе за нивната "непокорност"446.
Истовремено со експлозијата и со очекуваните последици од неа, се сакало да се
вознемири и пробуди европското јавно мислење против Турците. Но, сето тоа
довело само до препуштање на судбината на Македонија на "ослободителната
мисија" на нејзините балкански соседи.
Колежите над христијаните што настанале за време на магарешките атентати во
Кочани и Штип, биле искористени од балканските соседи за позасилено
пропагирање на својата "ослободителна мисија" во Македонија. Така, во
прокламацијата на бугарскиот цар до бугарскиот народ, меѓу другото се вели"
"... По колежите во Штип и Кочани..., нашата долга трпеливост е доведена во
големо искушение... да им помогнеме на нашите браќа кои ги загрозува
истребувањето. Нашето дело е праведно, големо и свето". Во истиот дух биле и
изјавите на грчкиот и српскиот монарх447 .
Во екот на тероризмот како нов метод на остатоците од некогашната ВМОРО,
во 1912 година, пред почетокот на војните за делбите на Македонија беше
извршен уште еден чин на предавство. На 4 април 1912 година, во Дреновската
клисура турските власти му поставиле заседа на Пере Тошев, војвода,
долгогодишен член на ЦК на ВМОРО, учител, еден од ретките револуционери
кој се борел и со пушка и со перо. Така заради предавство, бил убиен уште еден
од врвот на македонските револуционери. Изворните принципи на борбата
згаснуваа со физичкото заминување на таквите македонски борби.
Обезличеното националноослободително движење веќе немаше сила за
самостоен глас пред силниот топот на оружјето на балканските армии. Започнаа
делбите на Македонија и на македонскиот народ, најпрво со балканските војни
1912/1913 година, а потоа со Првата светска војна 1914-1918 година.
_______________________
437-Д-р Крсто Раковски, еден од подобрите познавачи на македонското
прашање и воопшто на балканските проблеми, во една своја карактеристика на
врховизмот го пишува следново: "Политиката на Бугарија одеше во
спротивност со општествените, економските и културните интереси на
македонските Бугари. Исцрпеноста и омаложувањето до кои таа ја доведе
Македонија уште пред војната (1912 б.н.) беше грозно. Истепување и
емигрирање на највиталните народни елементи, упропастување на
македонскиот трговски сталеж во сета Турска Империја - ете какви се
последиците од бугарската политика кон Македонија. Таа систематски го
пречеше подигањето на бугарските Македонци, правдајќи се со злосторничкиот
аргумент дека ако Бугарите живеат добро во Турција, не ќе мислат на
ослободување од нејзиното госпотство". За бугарската влада и за врховистите,
според Раковски важело начелото "Колку полошо, толку подобро" ("Борба",
Софија, кн. 3, 1913). Раковски за Македонците употребува два термина:
македонски Бугари и бугарски Македонци. Во случајов, тој црковните
припадници кон Егзархијата (егзархисти) ги именува како Бугари. Тоа, впрочем,
било и со другите балкански социјалисти од она време, кои ја превидувале
македонската национална самобитност или воопшто не се задлабочувале во
чисто националниот односно етничкиот момент.

438-Зборот даалии значи пазарџии, купувачи.

439-А. Митрев, исто, 83.

440-Види поопширно: Ѓ. Јанчев, Добри Даскалов и Пешо Самарџиев - тиквешки


војводи, "Помалку познати и непознати учесници во македонското
ослободително движење во XIX и почетокот на XX век", Скопје 1995,78-81.

441-ДАРМ, М-1606, сн. 493-494, PRO FO 294/38, (Писмо од Вилијам Хав до


Хари Лем), 13.12.1911.

442-ДАРМ, М-1606, исто, (Епископскиот викар на Штип до Параламентарната


комисија), 14.12.1911.

443-ДАРМ,М-1606,исто, 13.12.1911.
444-ДАРМ, М-1606, исто, (Писмо од Хари Лем до сер Џерард Лаудер),
14.12.1911,

445-ДАРМ, М-1606, исто, (Епископскиот викар на Штип до Параламентарната


комисија), 14.12.1911.

446-ДАРМ, М-1606, исто, 14.12.1911.

447-Љубен Лапе, Извори за историјата на македонскиот народ, том втори; Иван


Катарџиев, Историја на македонскиот народ, том четврти, Скопје 2000, 34.

6.2. "Ослободителната мисија" на соседните балкански


држави во Македонија
- Балканските војни 1912-1913 и Македонците

И додека Младотурците и прогресивните сили во Османската држава


настојувале да ги демократизираат општествено-политичките односи, иако со
пресврти и недоследно до крај, соседните балкански држави спроведувале
засилени дипломатски активности околу поделбата на османските територии на
Балканот. Во нивните преговори посебно место заземале договорите околу
разграничувањето на сферите на нивното освојувачко ("историско") право над
Македонија. Овие договори биле дополнети со посебни воени конвенции во кои
биле прецизирани заедничките воени акции. Со исклучок на српско-бугарскиот
договор во ниеден друг не била прецизирана поделбата на Македонија448 .
На 18 октомври 1912 година започнала Првата балканска војна. Балканските
држави (нивниот сојуз) гледале добра можност со војна да освојат делови од
Европска Турција, а истовремено да ги реализираат своите барања за
"национално обединување" на своите сонародници во поробените земји како
неодложна задача. Со воените успеси на српските војски кај Куманово, Скопје,
Прилеп и Битола449, потоа и на бугарските војски во Тракија450 на османската
војска и бил нанесен катастрофален пораз. Набргу речиси сите територии со кои
управувала Османската држава во Европа паднале во рацете на балканските
сојузници451. Македонија била поделена и окупирана од сојузничките војски.
Во таа ситуација дошол до израз крајниот антагонизам кој прикриено постоел
помеѓу сојузниците заради нивните територијални побарувања.Во целокупната
балканска мешаница, соодветна улога одиграла и македонската емиграција во
Бугарија, која до 1912 година, во поголемиот дел била интензивно вклучена во
политичката и револуционерна активност на ВМР0 и во сите нејзини струења
што се развиле во тоа време. Меѓу тогаш позабележителните жртва на веќе
започнатите меѓусебни истребувања на кадрите во ВМРО, кои нешто подоцна
ќе добијат грозоморни размери, бил и Герасим Огненов. Тој бил убиен во 1912
година во Аржинското блато, по наредба на Тодор Александров.
Фактот на немоќта и разбиеноста на Македонската револуционерна
организација придонесувал среде емиграцијата полесно да продира
големобугарската пропаганда и политичката линија за "единствениот" пат за
ослободување на македонскиот народ преку војна и со помош на бугарската
војска.
Непосредното организирање на македонската емиграција и нејзиното
активирање во подготовките за војна на Бугарија против Турција, започнало во
септември 1912 година. Тоа се одвивало под непосредно раководство на
различни пробугарски ориентирани елементи од македонското револуционерно
и ослободително движење, претставници на братства во Бугарија, оние кај кои
настанала идејна и политичка трансформација, па наместо да му служат на
македонското дело стапиле "во служба" на големобугарската фикција за
санстефанска Бугарија. На чело на овие сили бил Александар Протогеров и
Централниот комитет на ВМРО - Тодор Александров и други нивни соидејници
и соработници452. Диригиран од владата и бугарскиот дворец, "сенародниот
собир" во Софија во август 1912 година, под претседателство на Александар
Протогеров "извршил морален притисок врз Бугарија да и објави војна на
Турција". Истовремено со објавувањето и текот на општата мобилизација во
Бутарија во втората половина на септември 1912 година, раководителите на ЦК
т.е. врховистичките претставници на ВМРО: Тодор Александров, Александар
Протогеров, Тодор Лазаров, потоа, полковник Николов, Петар Д'рвингов,
Христо Матов и други, биле повикани кај началникот на Штабот на бугарската
армија, генералот Иван Фичев, од кого добиле заповед веднаш да пристапат кон
организирање на доброволечки - македонски оружени чети453. Организацијата
му била доверена на Александар Протогеров и полковникот Петар Д'рвингов.
Тие, уште пред почетокот на војната, требало да навлезат во Османската
држава, односно Македонија, со цел да развијат известувачка служба и во
содејство со месното население да ја попречуваат мобилизацијата и
концентрацијата на османските војски.
Добивајќи ја наведената задача со 60 000 лева од Штабот на армијата и за
почеток 600 пушки од артилерискиот арсенал, Протогеров и Д'рвингов, како
јатка на Штабот на т.н. "партизански одреди", четите веднаш пристапиле кон
конституирање на самиот Штаб на Македоно-одринските доброволечки
чети454. Кон Штабот се приклучил резервниот потполковник на бугарската
армија Македонецот Николов, кој станал началник на известувачките пунктови
на османската граница. Одговорен за собирање и организатор на доброволците
кои почнале да се пријавуваат станал Македонецот ротмистерот Атанасов, а
одговорноста за воената обука, како петти член на Штабот ја до-бил
Македонецот Величков455.
Штабот на Македоно-одринските доброволечки чети во состав: Протогеров,
Д'рвингов, Николов, Атанасов и Величков, ја започнал работата околу
прифаќањето и организирањето, обуката и испраќањето на доброволечките чети
преку граница, во Македонија. Пријавувањето на македонските емигранти било
масовно. Во текот на октомври, до почетокот на воените дејствија против
Османската држава, до Штабот или лично до Протогеров, или до другите
членови на Штабот, пристигнувале бројни телеграми во кои илјадници
Македонци се јавувале како доброволци во четите или доброволечките одреди
за да учествуваат во војната против Османската држава456. Масовниот одзив на
македонската емиграција во Бугарија бил сосема разбирлив бидејќи голем број
од нив верувале дека со учеството во војната ќе придонесат за ослободување на
својата татковина Македонија. Тие не биле во тек со тајните планови за поделба
на Македонија и дека нивното воодушевување и љубов кон татковината ќе
бидат злоупотребувани во нечии предавнички пазарења и интереси. Од бројните
пријавени, Штабот извршил избор на доброволците, земајќи ги веќе познатите и
искусни од порано војводи и четници, како и некои активни и резервни -
Македонци офицери од бугарската војска, и ги создал четите за акција во
Македонија и Тракија уште пред навлегувањето на бугарските и сојузничките
војски на територијата на Османската држава457.
Четите подготвени од Штабот, упатени во Македонија преку одредените
пунктови, ја минале границата меѓу 8 и 11 октомври 1912 година и се нашле во
заднината на османските војски и власти, по точно означени реони низ
Македонија. Овие чети пристигнати од Бугарија, на теренот наишле на други,
од порано постојни чети кои биле под раководството на т.н. Централен комитет
на ВМРО, на чело со Тодор Александров, Христо Чернопеев, Петар Чаулев и
други војводи. Некои од овие чето дејствувале и самостојно, а имало и такви
што биле под раководството на Серските револуционери на чело со Јане
Сандански. Последниве заради својот антибугарски став и антиврховистички
определби борејќи се за независна македонска држава458, дејствувале повеќе
самостојно и не биле вклучени во составот и активноста на четите раководени
од Штабот на Протогеров - Александров.
Македонскиот народ, почетокот на Првата Балканска војна го дочекал како
почеток на ослободувањето од османската власт. Ретко некој претпоставувал
дека тоа е почеток на војна за поделба на Македонија. Поради тоа била пружана
активна соработка и помош на сојузничките армии во борбата против
османската војска. Посебно значаен бил придонесот на Македонците, кои биле
вклучени во единиците на сојузните армии. Нивниот број бил најголем во
бугарската армија, организирани во Македоно-одринско ополчение
(доброволци). Тоа биле емигранти во најголем број од Бугарија, но и од
Америка459, Романија, Русија и од други странски земји кои дошле да се борат
заедно со сојузниците против Османската држава, а за ослободување на
Македонија. Нивното организирање во Ополчение повторно го извеле
Александар Протогеров и Петар Д'рвингов. Тоа било сторено под раководство
на Штабот на бугарската армија. Истовремено бившиот Штаб на
доброволечките чети бил трансформиран во Штаб на Ополченските бригади.
Покрај Протогеров, Д'рвингов, Атанасов, Николов и Величков, во Штабот на
Ополчението биле вклучени уште неколку бугарски офицери, македонски
врховисти и други личности.
Во Македоно-одринското ополчение се нашле околу 15 000 Македонци,
односно грубо манипулирајќи со ослободителните стремежи на македонскиот
народ, бугарската држава со својата пропаганда привлекла или мобилизирала 15
670 војници од Македонија. Притоа, мал број од Македонците биле оставени да
се борат за својата земја туку најголемиот број биле испратени на фронтот во
Тракија. Испраќањето на Ополчението на Тракискиот, а не на македонскиот
фронт, бугарската Врховна команда го оправдувала со стравот дe не би
македонските ополченци да предизвикаат судрување со српските и грч-
ките сојузници на фронтот во Македонија. Оваа наводна причина не можеме
никако да ја прифатиме, зашто станува збор за очигледна маневра, Македонците
да се отсранат од својот терен каде веројатно би предизвикале поинаква
ситуација која не би била во интерес на тајната дипломатија на балканските
сојузници и би ги поматила нивните сметки. Токму затоа, прифаќањето на
ваквата ситуација од страна на Македонците, раководители на Штабот ја
сметаме за предавство на македонските интереси. Македонците кои ги загубиле
животите во битките во Тракија биле жртвувани за туѓи цели, иако тие самите
мислеле дека се борат за ослободувањето на Македонија. Во целина, во служба
на бугарската државна политика во балканските војни, како човечка маса биле
вклучени околу 30 илјади Македонци460.
Значаен број македонски доброволци преку т.н Народна одбрана, исто така, се
бореле на страната на српската армија во Македонија. Меѓутоа, во споредба со
напредувањето на српската армија во Македонија дополнително биле
ангажирани многу Македонци, кои се нашле во првите борбени редови.
Српската Врховна команда, пролетта 1913 година, исто така, формирала
поголема воена единица, т.н. Доброволечки полк, составен од Македонци
собрани од територијата на српската окупациона зона, т.е. од Вардарска
Македонија. Македонците во српските чети, и во формираните во Србија пред
војната и во затечените во Македонија и во Доброволечкиот полк, биле
регрутирани од македонската економска емиграција во Србија и од поединци
приврзеници на српската национална пропаганда во самата Македонија,
претежно во Азот и Поречието, каде српската пропаганда имала најјаки
упоришта. Притоа, треба да нагласиме дека македонските печалбари во Србија,
како и малубројната политичка емиграција, ни оддалеку не играле таква
политичка улога како што играла македонската емиграција во Бугарија. Оттука
и нејзиното учество во бројност и ефектност, во споредба со емиграцијата во
Бугарија било далеку помало. Македонски доброволци биле ангажирани и во
редовите на грчката армија, но македонската историографијата не направила
поголеми обиди за истражување на тој проблем, веројатно заради затвореноста
на грчките архиви, но во голема мера и на турските во однос на периодот на
балканските војни.Македонските доброволци дејствувале како претходница на
сојузничките армии, или пак во позадината на османската војска. Тие дале
голем придонес при заземањето на повеќе места. Така војводата Петар Чаулев
со своите придружници дејствувал помеѓу Кичево, Дебар и Охрид со што го
олеснил продорот на српските војски во овој крај. Неговата чета како
претходница пред српските војски влегла во Охрид и го поставила своето знаме
на Самуиловата тврдина. Чаулев воспоставил и прва провизорна власт во
Охрид, но со доаѓањето на српските војски таа била сменета, а четата на Чаулев
протерана од градот .
На другата страна, Јане Сандански со својата чета го ослободил Мелник пред
доаѓањето на бугарската војска. Неговиот соработник Александар Бујнов
дејствувал помеѓу Мелник и Св. Врач (денешен Сандански). Јане Сандански и
помогнал на бугарската армија и при заземањето на Рупелската клисура. Тој со
својата придружба влегол во повеќе градови во источна Македонија и во Солун
пред доаѓањето на бугарската армија. Притоа дошол во судир со бугарските
офицери бидејќи наздравил за самостојна и автономна Македонија. Македонски
чети пред доаѓањето на сојузните војски влегле во Неврокоп, Банско, Крушево,
Кукуш, Гуменџе и други места. Во повеќето од нив била организирана
привремена власт.
Брзиот пораз на османските војски ја принудиле Портата да побара
примирје462. Договорот за мир помеѓу сојузниците и Османската империја бил
потпишан на 30 мај 1913 година во Лондон. Македонија останала поделена
помеѓу Србија, Грција и Бугарија. Како отворен проблем од оваа конференција
останало прашањето за разграничување помеѓу Србија и новоформираната
албанска држава околу манастирот Св. Наум на Охридското езеро.
Малубројни интелектуалци застанале во одбраната на целоста на Македонија и
за нејзина автономија. Така, во ноември 1912 година по иницијатива на
Димитрија Чуповски, а во организација на Петар Поп Арсов во Велес бил
одржан еден семакедонски собир. Предмет на разговор било барањето за
самостојна и независна Македонија. Димитрија Чуповски за таа цел дошол
специјално од Русија. Тој ги информирал присутните на собирот дека поделбата
на Македонија била решена од страна на сојузниците. Собирот донел одлука да
се испрати Меморандум до големите сили со кој ќе се побара самостојна
Македонија. Истовремено било одлучено да се испрати делегација на мировната
конференција во Лондон, која ќе го постави прашањето за самостојна
Македонија. Акцијата требало да се прошири ширум Македонија. Српските и
бугарските агенти ја насетиле оваа активност и превзеле разни мерки да ја
осуетат. Чуповски, бидејќи бил следен морал брзо да се врати назад во Русија.
Д. Чуповски по враќањето во Русија ја продолжил борбата за самостојна и
независна Македонија. Согласно одлуката од собирот во Велес, македонската
колонија од Санкт Петербург на 1 март 1913 година испратила Меморандум за
независна Македонија до претставниците на големите сили на Лондонската
мировна конференција463. Со него се барало Македонија во своите географски
и етнографски граници да стане единствена, неделива и независна држава. Во
Солун да се свика македонско народно собрание кое ќе го разработи
внатрешното уредување на државата. Меморандум со слична содржина бил
испратен и до владите на сојузничките балкански држави. Своите идеи за
Македонија, македонската колонија во Русија ги пласирала преку својот печатен
орган Македонски глас. На страниците од оваа гласило пред руската и светската
јавност се пласирала вистината за Македонија и Македонците и нивните
барања.
Ваквите барања на дел од македонските интелектуалци не можеле да ги
надгласат истрелите на оружјето на соседите кои, секој за себе, незадоволен од
парчето што го освои, тргнал во повторна војна или само ја продолжил војната:
со иста цел, против друг непријател и повторно во Македонија.
Поделбата на Македонија била причина за Втората балканска војна. Србија
откако ги изгубила териториите во Албанија, побарала компензација во
Македонија за сметка на Бугарија. Грција барала територии во источниот дел на
приморска Македонија и специјално признавање на нејзиното право во Солун.
Бугарија ги одбила таквите барања. Во тоа била поддржана од Австро-Унгарија.
Србија и Грција на 1 јуни 1913 година склучиле договор за заедничка војна
против Бугарија. Истовремено тие се договориле и за меѓусебните
разграничувања во Македонија. Притоа, Грчката армија имала право "да ја
окупира територијата што се наоѓала јужно и југоисточно од линијата Градец-
сртот на планината Беласица-врвот 1 800 североисточно од Каракеја-котата
2194 (Перелник).
На 29 јуни Бугарија ги нападнала српските и грчките војски. Со тоа започнала
Втората балканска војна. На страната на Србија и Грција застанала Црна Гора, а
во војната против Бугарија се вклучиле Романија и Турција. Опколена од сите
страни, Бугарија била принудена на брза капитулација. Најжестоки борби за
време на Втората балканска војна во Македонија се воделе кај Брегалница, Овче
Поле, по текот на реките Струма и Места и на потегот помеѓу Струмица,
Дојран, Гевгелија и Кукуш. Овие места речиси целосно биле уништени во
војната. Грчките војски во овој регион извршиле масовен прогон врз
македонското население.
Мировната конференција по Втората балканска војна се одржала во Букурешт -
Романија. Победниците го диктирале мирот над Бугарија. Притоа била
извршена нова поделба на Македонија. Бугарија го задржала најмалиот
(Пиринскиот) дел од Македонија со Струмица и нејзината околина. Србија го
добила делот од денешна Репубилка Македонија без Струмица и околината.
Додека најголемиот (Егејскиот) дел од Македонија го добила Грција. Еден мал
дел од Македонија при разграничувањето меѓу Србија и Албанија и при-паднал
на новоформираната албанска држава. Букурешкиот мировен договор бил
потпишан на 10 август 1913 година. Со него била санкционирана поделбата на
Македонија.
Балканските војни всушност биле финалето на полувековните агресивни судири
меѓу шовинистичките пропаганди на одредени политички групации на
соседните балкански народи и држави во Македонија. Тоа што резултатите од
војните не биле соодветни на аспирациите и на остварените влијанија на
пропагандите во Македонија, ќе претставува основа за натамошни судири меѓу
балканските држави, за нови поделби на Македонија.
_______________________________
448-Поконкретно, во март 1912 година, помеѓу Бугарија и Србија бил потпишан
"Договор за сојуз и пријателство". Во тајниот додаток кон договорот Србија и
ги признавала на Бугарија сите територии на исток од Родопите и реката
Струма, а Бугарија и ги признавала на Србија сите територии северно и западно
од Шар Планина. За територијата од Македонија (од Шар Планина до Родопите
и од Архипелагот до Охридското езеро), се договориле доколку не можно да се
организира во автономна област, тогаш да ја поделат меѓусебе. Границата
требало да тргнува од старата турско-бугарска граница кај Црн Врв во правец на
Охридското езеро. Териториите на запад оваа линија, требало да и припаднат на
Србија, а источно на Бугарија. Набрзо потоа бил потпишан одбранбен договор
помеѓу Бугарија и Грција и Србија и Грција. Бугарија и Србија таков договор
потпишале и со Црна Гора. (Документи за борбата на македонскиот народ, том
II, Скопје 1981).

449-Српските војски првиот успех против османската армија на македонска


териотрија го извојувале кај Куманово на 23 и 24 октомври. Разбиената
османска армија под команда на Фети - паша се повлекла кон Скопје со намера
да се смести во градот. Во тоа биле одвратени од дипломатските претставници,
кои привремено ја организирале власта во Скопје, а потоа го предле на српската
команда. Фети - паша потоа се повлекол кон Велес, а од таму кон Битола. Таму
од 17 до 19 ноември дошло до уште неколку судири помеѓу српската и
османската војска, која по поразот речиси се распаднала. Српските војски на југ
стасале до Лерин и Гевгелија каде се споиле со грчката и бугарската армија. На
тој начин тие окупирале поголе дел од Македонија.

450-Бугарските војски на територијата на Македонија требало да делуват во


нејзиниот источен дел, претежно по текот на реката Струма кон Солун. Притоа
поголеми борби се воделе кај Царево Село (денес Делчево), Кочани,
Кресненската и Рупелската клисура. За неполн месец тие стасале во Солун
речиси истовремено со грчките војски. На 8 ноември Таксим паша Солун го
предал на грчките војски. Бугарија во Македонија ја окупирала територијата
помеѓу Горна Џумаја, Кочани, Штип, Криволак, Гевгелија, Кукуш, Солун,
брегот на Белото Море и Кава се до реката Места.

451-Еден дел од грчките војки во Македонија се движеле во правец на Лерин, а


другите кон Солун. Првите грчки војски стасале до Лерин и планината Ниџе, а
другите до Солун и Гевгелија. Истовремено во Солун влегла и бугарската
армија. Под притисок на грчките војски, Србите се повлекле од Лерин. Во
истовреме во Гелгелија и нејзината околина постоела тројна власт (српска,
грчка и бугарска). Така во Првата Балканска војна Македонија била распарчена
помеѓу Србија, Грција и Бугарија.

452-Какви биле програмскополитичките цели на ВМРО од тоа време, најдобро


може да се види од меморандумот на ЦК на ВМРО до цар Фердинанд од
декември 1912 година. Таму стои: "Крајната цел на востаничката борба што
беше организирана од нашето население во Македонија и Одринско, беше
ослободување на нашата поробена родина, за да може целиот бугарски народ да
заживее мирен и културен живот. Нашата мечта, мечтата на целиот бугарски
народ ете, веќе се остварува и нема да има посреќни од нас, ако зората на
слободата ги осветли сите катчиња на етнографска Бугарија, под бугарско
знаме..." Притоа се потенцира дека барањето автономија, во прво време било
само тактика со оглед на завојувачките стремежи на другите балкански соседи.
Се разбира, пишува д-р Иван Катарџиев, прашањето за автономија на
македонија немало никакво значење и за Тодор Александров. За него било
примарно целата територија на Македонија да се најде во рамките на Бугарија,
дури и по цена на војна со сојузниците. Тое е децидно изнесно во неговиот апел
упатен до сите Бугари во Македонија, на 30 мај 1913 година, еден месец пред
почетокот на Втората балканска војна. (И. Катарџиев, Историја на..., том
четврти, 53).
453-Ѓорги Абаџиев, Балканскише војни и Македонија, Скопје 1958,117-121.

454-Петтъръ Дгвинговъ., История на Македоно-Одринското опълчение, томъ


първи, София 1925, 27-29.

455-П. Дъвинговъ, История на Македоно-Одринското опълчение,, 28.

456-Податоци за бројот на четите, вооружувањето и водачите види за кај: П.


Дъвинговъ., цит. дело, 11-12.

457-П. Дъвинговъ,, исто, 28.

458-Павел Делирадев, Яне Сандански, София 1946,40; Г. Абаџиев, цит. дело,


белешка бр. 31,128..

459-Македонците од Гранити Сити, државата Сен Луис во САД се пријавиле со


следното гесло: "Напред, Нашата поткрепа е готова". Други македонски
организации од Америка јавиле дека чекале само соопштение за да тргнат на
пат (П. Стојанов, исто, 79).

460-Во тие војни, само од составот на Македонското ополчение загубите


изнесувале 3 631 човек. Од нив: 177 умреле, 819 биле убиени, 2 261 ранети и
377 исчезнати. (И. Катарџиев, Историја..., 55)

461-Ѓорѓи Абаџиев, Балканските војни и Македонија, Скопје 1958,128.

462-Преговорите меѓу балканските сојузници и Османската империја започнале


во декември 1912 година во Лондон. Во нив биле вклучени и големите европски
сили. Османската империја сакајќи да спаси што може предложила Македонија
да стане вазално кнежество под суверенитет на султанот. Османските предлози
ни од далеку не биле прифатливи за сојузниците. Додека траеле преговорите во
Лондон, Србија барала од Бугарија компензација во Македонија за изгубените
територи во Албанија. Истовремено Србија и Грција преговарале за поделба на
Македонија. Ниедна од трите сопернички во Македонија не била задоволна од
поделбата.

463-Во Меморандумот на македонската колонија во Санкт Петрбург, меѓу


другото стои: " ...Сега во Македонија царува ужасен терор, "слободата" на
сојузниците нема граници. Никој од Македонците нема право да отпатува во
странство за да протестира кај европските држави. Кој ќе се обиде тоа да го
стори, него или го убиваат, или го ставаат во затвор ... Турското ропство е
заменето со христијанско, но не е далеку оној злокобен час ... кога Македонците
отворено ќе му кажаат на целиот свет: "Подобро да умреме во борбата за својата
слобода, отколку да живееме одново во ропство" ... На македонскиот народ му е
потребно: 1. Македонија во своите географски, етнографски, историски и
економско-политички граници да остане единствена, неделива, независна
балканска држава. 2. Во најскоро време, да се свика врз основа на општо
гласање македонско народно собрание во Солун, кое подробно ќе го разработи
внатрешното устројство на државата и ќе ги определи своите односи со
соседните држави." (Меморандум за независна Македонија, предаден од
Македонската колонија во С. Петербург до конференцијата на претставниците
на големите држави во Лондон, "Македонски глас", 1913-1914, изд. ИНИ,
Скопје 1968, бр. 1, 56-58).

6.3. Антисрпските бунтови (востанија) во 1913 година

6.3.1..Тиквешкото востание од 1913 година - "врховистичка провокација"


или антиокупаторски акт на народот

Во 1913 година, како реакција на српската власт во Македонија се случиле два


позабележливи настана: во јуни - Тиквешкото, а во септември -Охридското
востание (Македонско-албанскиот бунт). Тиквешкото востание, како и
Охридското, спаѓа во делот на чувствителните историографски теми,
кои доживеале свое "препрочитување". Имено, најновите истражувања
зборуваат дека ова востание сосема погрешно било сметано за "врховистичка
провокација" и "бугарско четничко движење", дека неоправдано било
премолчувано или многу еднострано толкувано. Доколку тргнеме во
оценувањето на овој исклучителен историски настан во Тиквешијата, иако од
локално ниво, од истите позиции и критериуми со кои го оценуваме
Илинденското востание, јасно ќе согледаме дека се работи за дело на
македонскиот народ кој застанал да се брани од насилството и злосторствата на
српските окупациски сили, но и од мерките за србизација. Уште во далечната
1942 година, истакнатиот револуционер, учител и општественик од Ваташа,
учесник во настаните 1913 година, Пане Поп Коцев, ќе посочи: "Историјата
допрва ќе го оценува Тиквешкото востание и ќе му одреди заслужено место.
Треба да се одбележи дека тоа востание беше најсветлиот доказ што Тиквеш го
даде на поробувачите - Срби за својот национален дух и за жедта за политичка
слобода"464.
И кога во долгата низа на години го премолчувавме или поинаку го толкувавме
ова востание, можеби треба да се запрашаме за мотивите: Дали додворувањето
на Србија или на наводното југословенство или некакво братство и единство не
спречуваше да ги согледаме и отвориме сите бои на историјата, прикажувајќи
ги црно-бело одредени настани или личности. Премолчаната историја
понекогаш е таа која зборува за вистинските случувања во минатото. Ние не
можеме да бидеме судии на оние кои доживувале различни пресврти во своето
политичко делување, но, во никој случај не смееме да извршиме уште едно
предавство, макар и на мртвите души. И било која страна да се најде засегната,
нашата водилка секогаш ќе биде одбраната на македонското и од бугарашкото и
србоманското преплетување во македонската историја. Затоа, во името на
предавствата кои ги направила македонската историографија, овде ќе дадеме
простор и на овој дел од историјата на Македонија.
Воспоставената привремена српска власт во Тиквешијата, во практичните
чекори, набрзо се покажала дека ќе биде трајна. Пласирајќи ја тезата дека
Тиквешаните се стари Срби асимилирани од Бугарите и дека ним им треба
повторното враќање на "српскиот" корен, српскиот командант на Кавадарци,
полковникот Урошевиќ ги презел потребните мерки за тие "повторно да станат
Срби"465. Била променета старата општинска управа на Кавадарци, наместо
која бил поставен еден раководител-секретар, Анѓелковиќ, кој важел за
"благонадежен" Србин. Со овој гест им станло јасно на кавадаречките првенци
дека српската власт не е привремена како што мислеле и почнале да се
договараат за вооружен отпор. На нивните договори присуствувал и
специјалниот претставник на бугарската власт Петко Пенчев466.
Најзначаен чекор кон србизацијата на Тиквешани било инсистирањето за
воведување српски наставен јазик во училиштата. Притоа, секој локален учител
кој сакал да работи во српските училишта требало да биде испратен на курс во
Белград. На ваквото инсистирање на Урошевиќ, младиот кавадаречки учител
Ристо Михов одвратил: Господине полковниче, вие постапивте така како што ви
наредуваат вашите претпоставени. Изгледа вие не сте научиле ништо за
Тиквеш. Ние сме Македонци, сме се бореле за Македонија и отворено Ви
кажувам дека ќе се бориме и против Вас". Овие зборови ги поттикнале и
другите присутни на средбата со Урошевиќ, да се спротивстават на изјавите на
српскиот командант467.
Наведеното било само почеток на се позасилените конфронтации помеѓу
српските власти и месното население во Тиквешијата. Набргу во црквите била
воведена богослужба на српски јазик и започнало распоредување на српски
свештеници во Тиквешијата. Бил сменет и архиерејскиот намесник,
свештеникот Григориј Лазаров. Тој бил безмилосно тепан од страната на
српските војници, зашто се осмелил да оди да го дочека Струмичкиот
владика468.
Започнал прогон на учителите, особено на оние кои не и подвладувале на
српската пропаганда. Под обвинение дека е бугарски шпион и дека дошол да го
бунтува населението бил протеран и просветниот инспектор Тодор Иванов.
Било затворено третокласното училиште во Кавадарци, а биле уапсени и повеќе
учители. Населението во Тиквешијата, а посебно учителите и поповите што
одбивале да го прифатат српскиот јазик биле прогласувани за "нелојални" и за
"бугараши". Омаложувајќи го населението во Тиквешијата како 'заостанато",
српските власти почнале да отвараат училишта на српски наставен јазик, но
населението не ги запишувало во нив своите деца, со образложение дека
учебната година е скоро помината469.
Мерките на асимилација, насилната реквизиција, насилството и самоволието на
српските воени власти, репресивните мерки врз месното население итн. го
зголемувале незадоволството. На ваквиот револт не останале индиферентни
ниту врховистичките кругови на ВМОРО, кои ставајќи се на страната на
бугарската државна политика биле мошне заинтересирани за промените во
Тиквешката област. Користејќи ги насилничките окупаторски мерки на српската
власт, тие се обидувале да му внесат уверение на населението преку своите
емисари дека српската власт е привремена и дека набргу ќе дојде до бугарско
"ослободување". Покрај тоа, за бугарските завојувачки аспирации Тиквешијата
била основна база и главен канал за продор во Западна Македонија.
Како резултат на неуспехот во распишаниот референдум, откако ги виделе
поразителните резултати на прашањето: Дали си Србин или не, во својот гнев
српските воени власти, поточно државната чета на Коста Павловиќ, го убила
Александар ("Лецо") Видов, член на ВМОРО, чиј гроб не се знае до денешен
ден. Како гробот на Борка Талевски, еден од македонските револуционери во
Народно-ослободителната борба 1941-1945, убиен од бугарските окупатори и
закопан во незнаен гроб по кој со децении трага неговото семејство.
Во Ваташа биле измачувани повеќе личности, а круна на ѕверствата било
изживувањето над беспомошната старица Наца Пинџурова, мајка на
револуционерот Димитар Пинџуров. Веста за ѕверското измачување на Наца
била капката во преполнетата чаша на народниот револт470.
Така, народот во Тиквешијата, незадоволен од агресивното однесување на
српските воени власти почнал да се организира и да бара излез од состојбите.
Кон наелектризираната атмосфера мошне охрабрувачки влијаела и веста што ја
добило Околиското раководство на Кавадарци, дека четите на ВМОРО на Васил
Чакаларов, Ѓакон Ефстатиј, Панајот Каранфилов, Ефтим Спространов, Петар
Чаулев и Милан Гурлуков што се наоѓале на десниот брег на реката Вардар, се
подготвувале да се префрлат во Тжвешкиот реон, а големата чета на Христо
Чернопеев ќе биде стационирана во близината на Неготино. Овие чети на
ВМОРО во согласност со Штабот на Македонско-Одринското ополчение, во
квечерието на Втората балканска војна кога се приближувал неизбежниот
"меѓусојузнички судир", добиле задача да се префрлат во Тиквешкиот реон и да
внесат забуна во тилот на српската војска471.
Тоа било повод месните револуционери и војводи да извршат последна
обиколка на теренот и да се запознаат со подготовките на населението за
претстојниот вооружен судир. Во тој предвостанички вриеж во Кавадарци
престојувал истакнатиот деец на ВМОРО, санданист и федералист, војводата
Мишо Шкартов472. Бидејќи уживал голем авторитет кај населението во
Тиквешијата, околу него се собрале сите видни револуционери и активисти,
припадници на разни политички движења и идејни струи на ВМОРО473. Но, и
покрај различните интереси и ривалитет на различните политичко-идеолошки
групи, во новата ситуација тие покажале усет за заедничките интереси - борба
против српскиот окупатор. Набргу од најистакнатите претставници на групите
бил избран општ Револуционерен штаб за раководење на востанието. Во
Штабот влегле како тиквешките револуционери, така и сите војводи на
Организацијата кои дошле на помош на Тиквешаните.
Предводени од Дончо Лазаров, Мишо Шкартов и Диме Пинџуров, стари
револуционери и војводи на ВМОРО, Тиквешани се дигнале на бунт на 19 јуни
1913 година, Српската власт и администрација била протерана, а градот
Кавадарци ослободен. На 22 јуни бил ослободен и градот Неготино. Во
востанието учествувале и веќе споменатите чети на ВМОРО предводени од
Христо Чернопеев, Петар Чаулев474, Павел Христов, Милан Матов и Милан
Ѓурлуков. Во градот Кавадарци, кој бил слободен од 19 до 26 јуни 1913 година,
била избрана градска управа и извршна власт од тројца граѓани, а на
општинската зграда се веело тиквешкото револуционерно знаме на ВМОРО475.
Покрај Кавадарци и Неготино, биле ослободени скоро сите села во
Тиквешијата, односно над 50-тина села.
Востаниците покрај Револуционерниот штаб, формирале и Војводски совет кој
всушност го сочинувале околиските раководители на Организацијата. Не
добивајќи помош од Четвртата бугарска армија и од четите на ВМОРО, кои се
повлекувале од демаркационата линија притиснати од сојузниците, востанието
останало препуштено само на себе и задушено во крв. Помеѓу другото, еден од
воените раководители на Македонско-одринското ополчение, Петар Д'рвингов,
запишал: "Сите тие чети ништо повеќе не сторија од тоа да се јават меѓу
населението, да го охрабрат и да му ветат блиско ослободување, и ништо
повеќе".
Српските воени единици, помогнати од државните чети на Василие Трбиќ,
Јован Бабунски и Јован Долгачот, како и од вооружените башибозуци на
турскиот зулумџија Јаја-ага, при задушувањето на востанието убиле околу 1.200
души од кои: во Кавадарци околу 360, во Неготино околу 260 граѓани, а во
Ваташа 40, додека 2 700 биле затворени. Биле изгорени околу илјада куќи и
дуќани, најмногу во Кавадарци и Неготино476.
_____________________
464-Зоран Тодоровски, Тиквешкото востание во 1913 Година, "Тиквешкото
востание во 1913 Година", Кавадарци 1999,39.

465-Димитар Гоцев, Националноосвободителната борба в Македония 1912-


1915, София 1981,47..

466-ЦДИА, Софија, ф. 1932, оп. 4, а.е. 12.

467-Блажо Видов, Тиквешкото вьстание през юли 1913, БИБИИИ, 2119,4-5.

468-Петре Камчевски, Причините за Тиквешкото востание, "Тиквешкото


востание во 1913 година", Кавадарци 1999,32.

469-Блажо Видов, Спомени, Музеј-галерија Кавадрци, И.Б. 90,63.

470-П. Камчевски, Причиншие за Тиквешкото востание,..., 36-37.

471- 3. Тодоровски, Тиквешкото..., 51-52.

472-Мишо Шкартов е роден во Кавадарци во 1884 година. Се школувал во


Солун и Софија. Во 1904 година бил назначен за секретар на Тиквешката чета
на Добри Даскалов. Во 1905 година влегол во четата на Христо Чернопеев и
дејствувал во Кукушко, Солунско и Демирхисарско. Во четата на Сандански
бил од 1906 година до Младотурската револуција. Бил еден од основачите на
Народната федеративна партија. Учествувал во Тиквешкото востание и во
Првата светска војна. Во 1921 година се приклучил кон автономистичката
ВМРО на Тодор Александров. По убиството на А. Протогеров и по расцепот на
ВМРО во 1928 година се приклучил кон протогеровистичката струја. Како
приврзаник на федералистичката идеја, станал член на ВМРО (Об.), а во 1930
година бил вклучен во нејзиниот ЦК. Починал во Софија во 1936 година. (МИР,
515).

473-Главно биле издиференцирани три идејни и политички струи, и тоа: 1.


групата на Централисти која била највлијателна и имала најголем углед
преводена од Пано Измирлиев од Неготино; 2. групата на комунисти која ја
предводел Ристо Михов, првиот социјал-демократ и комунист во Тиквешијата, и
3. групата "Антариите" односно чорбаџиите, која идеолошки била најблизу до
"сарафистите, предводена од бившиот учител, а подоцна трговец и кмет на
Кавадарци, Тасе Бо-шков (види: 3. Тодорвски, исто, 53).

474-Заради присуството на четите на ВМОРО како и бугарските униформи што


ги носеле четата на П. Чаулев и некои од востаниците, кај српската воена
команда се создало впечаток дека среде востаниците имало и бугарски
регуларни единици

475-Знамето било во елипсна форма. Во средината била претставена девојка со


развеани коси што држи знаме, а стапната врз Турчин со раскинати синџири.
Лицето на девојката било изработено со мрсни бои, а косата-природно црна,
била пресечена од косата на Тима Минчева. На предната страна на знамето над
главата на девојаката, со големи букви биле извезени зборовите: "СЛОБОДА
ИЛИ СМРТ". Од другата страна со големи букви, биле извезени зборовите:
"ВНАТРЕШНА МАКЕДОНО - ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА
ОРГАНИЗАЦИЈА" - "ТИКВЕШКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ" (3.
Тодоровски, исто, 57-58).

476-Овие бројки се наведени во Македонски историски речник на страна 453.


Точниот исход на српските злосторства во Тиквешијата даден е во извештајот
на Карнегиевата комисија: Raport of the international commission to Inquire into
the Causes and Conduct of THE BALKAN WARS,WASHINGTON,D.C.1914 .
Членови на Карнегиевата комисија која ги испитувала злосторствата од
балканските војни биле: д-р Јозеф Редлих (Австрија), барон Д"Естурнел де
Константин и Жјустен Годар (Франција), д-р Волтер Шјуклинг (Германија),
Франсис Ј. Хрст и д-р Брејлфорд Х.Н. (Велика Британија), проф. Павел
Милјуков (Русија) и д-р Самуел Т. Детен (САД).

6.3.2. Охридското востание (Македонско-албанскиот бунт) и Петар Чаулев

И додека се уште не биле стивнати српските одмазди во Тиквешијата, за


помалку од еден месец од потпишувањето на Букурешкиот мир, на 7 септември
1913 година во Охридско избувнал бунт против српската власт наречена
Охридско востание. Бунтот бил организиран од страна на ВМОРО, а водач бил
војводата Петар Чаулев4'7.
Петар Чаулев спаѓа во групата македонски револуционери централисти кои
преминале во редот на оние сили кои напуштајќи ги идејните основи на
ТМОРО, разочарани во можноста за реализација на нејзините цели, во новите
услови ја прифатиле воената опција на соседните држави за решавање на
македонското прашање. Дел од тие сили прагматично се приклониле кон
бугарската политика, веројатно сметајќи ја за помало зло од српското
освојување на Македонија478.
Заедно со двајцата членови на ЦК, Тодор Александров и Александар
Протогеров, Чаулев учествувал во обновувањето на ВМОРО под ново име,
автономистичка ВМРО. Бил еден од потписниците на Мајскиот манифест
(1924). Осуден од страна на ВМРО, бил убиен од Димитар Стефанов, член на
Организацијата.
Д-р Иван Катарџиев наведува дека во југозападниот дел на Вардарска
Македонија ВМОРО ги активирала преостанатите чети од Втората балканска
војна со цел да се подигне востание во Битолско, Охридско и Дебарско. Овој
пограничен реон бил избран поради постојното незадоволство кај албанските
националисти од разграничувањето со Србија. Имајќи претензии за
поместување на границата кон исток во Македонија, албанските националисти
нашле заеднички јазик со бугарските против српските националисти. Затоа
Протогеров водел разговори со Албанскиот револуционерен комитет за
заеднички дејствија против српската власт во Македонија. Во тоа време
српските воени и паравоени формации биле сконцентрирани во Источна
Македонија, спрема бугарската граница, така што и тоа било поволен услов за
востание479.
Почетокот на востанието бил сосема случаен, по еден судир меѓу српските
воени сили и една албанска чета. Обединетите востанички сили, чети на
ВМОРО потпомогнати од албански чети, го ослободиле Дебар и формирале
привремена власт. Оружените дејства се прошириле во Струшко и Охридско.
Низ историографијата немирите во есента 1913 година некаде се именуваат како
Албански, а некаде како Македонско-албански бунт. Според "Македонски глас"
"бунтот" бил всушност српска провокација и одмазда за изгубена Албанија, со
одлуките на Лондонската конференција од пролетта 1913 година, т.е. кога
Србија била принудена да ја напушти Албанија. Србија сакала да изврши
мобилизација уште на 100 000 војници, иако тоа со Букурешкиот мир и било
забрането. Затоа, Албанскиот бунт и бил оправдување за таа мобилизација480.
Петар Стојанов наведува дека во есента 1913 година, во времето на Албанскиот
бунт од септември и октомври, во Охридско дејствувала четата на Петар
Чаулев. Четата на Чаулев дејствувала во соработка со албанските првенци во
Охридско и Струшко. Заедничкото дејствување на албанските и врховистичките
чети било врз база на еден договор помеѓу албанскиот комитет и
врховистичките фактори во Софија. Познато било дека Чаулев бил поврзан со
албанскиот водач Дервиш Химо од Струга, кој во тоа време се наоѓал во
Албанија481.
Началникот на Преспанската околија ги известил своите надлежни во Скопје
дека "арнаутските чети ги предводеле Петар Чаулев и Крсто Трајчев бугарски
војводи со своите четници и дека од нив прети поголема опасност отколку од
Арнаутите и дека во случај на упаѓање на овие чети ќе се дигнат сите села и
градот...бидејќи се подготвени"482. Овој кус извештај не наведува на неколку
заклучоци. Најпрво тоа дека војводите и четите се претставени како бугарски
војводи и бугарски чети. Тоа е нормално бидејќи се работи за ривалство помеѓу
Србија и Бугарија во однос на заграбувањето на Македони-ја.'Но, иако според
повеќе македонски историчари веќе се работи за врховизираниот Чаулев и
врховистички чети, стравот кај српските власти дека "од нив прети поголема
опасност" и дека населението е подготвено за се дигне, зборува за нешто сосема
друго. Токму тука можеме да го најдеме она што друга група на историчари го
толкува како Охридско востание. Народот застанал зад четите и војводите и
макар локално и макар на кусо, се изборил за протерување на српската власт .
Имено, востанието кое избувнало во југозападна Македонија раководено од
Петар Чаулев, Павел Христов, Милан Матов и други зафатило широк простор
меѓу Охрид, Кичево, Дебар и Струга, а слабите српски сили на овој терен, во
првиот момент, не можеле да се спротивстават на македонско-албанските
востаници. На 12 септември 1913 година, Чаулев и Христов со своите чети
влегле во Охрид.
Освен Албански бунт и Охридско востание484, одделни учесници, како
четничкиот војвода Василије Трбиќ, немирите од есента 1913 година во Западна
Македонија ги нарекуваат "Трета балканска војна" или "Војна со Албанија".
Меѓутоа, иако акциите на албанските бунтовници и четите на ВМРО
дејствувале заедно или координирано, сепак, можеме да раздвоиме два посебни
историски настана, и тоа. Албанскиот бунт во Дебар и Охридското востание
предводено од Петар Чаулев, а организирано од ВМРО во Охридско.
Веднаш по избувнувањето на бунтот, Василије Трбиќ, кој се наоѓал во Прилеп,
добил заповед со својот четнички одред веднаш да појде кон Кичево и да го
брани од бунтовниците кои веќе ги зазеле Дебар, Струга и Охрид. Истовремено
требало да го помогне XIX српски полк кој во безредие отстапувал од Дебар кон
Кичево. Трбиќ известува дека во Дебар, веднаш испратил пораки до повеќе
српски четнички војводи на теренот, кои не се одзвале на неговиот позив485,
туку се дале на насилие, убиства и ограбување по мирните села, со што "вовеле
анархија и безредие"486. Истовремено, во настојувањата да ја смират положбата
во Македонија, да ги сопрат албанските бунтовнички акции и врховистичките
упади и акции, српските власти не се сопирале пред никакви мерки за
парализирање на овие акции и со цел да ја зацврстат својата власт вовеле
страотен терор, како во Западна, така и во Источна Македонија. Теророт го
спроведувала српската војска, но особено жестоки биле четничките одреди на
Јован Бабунски, Василие Трбиќ и други српски војводи.
Српската влада реагирала енергично, а на помош пристигнале и грчки сили.
Така, за една недела востанието било задушено. Од преписката на Битолскиот
окружен началник со Врховната команда, може да се види дека на 3 октомври
1913 година српската војска имала судрувања со бунтовниците кај селата Исток
и Петрино, во Преспанската околија. Тоа била четата на Чаулев која, под
притисок на српските единици се повлекла и преминала на албанска
територија487. Веќе на 6 октомври 1913 година, Битолскиот окружен началник
известува дека положбата во граничните реони се смирувала. Бунтовниците
биле разбиени и се повлекувале во Албанија488. Против востаниците биле
преземени остри репресивни мерки. Уште при разбивањето на бунтовниците
Врховната команда на српската војска во Македонија презела мерки за повторно
организирање и зацврстување на српската власт во граничните окрузи, кои
привремено биле заземени од албанските бунтовници и од нивните
врховистички сојузници. Притоа нарекувајќи ги четниците на Чаулев
"бугарашки", Врховната команда на началниците во Дебар, Битола и Тетово,
понатаму им наредила: "...Насекаде до детали да ги утврдите ѕверствата и
убиствата кои ги сториле Албанците и Бугарашите над тамошното население и
неговите имоти. Тоа утврдување власта треба да го врши комисиски, по потреба
преценувајќи ја штетата..."489.
Последиците од востанието биле катастрофални за македонскиот народ. Врз
основа на специјалната Уредба за општествена безбедност во
новоприсоединетите области, бил извршен страшен терор. Особено безмилосно
дејствувале четниците на српската Народна одбрана. Од 160 учители само 10 не
биле затворени. Во Охридска околија биле изгорени околу 30 села, а меѓу
Охрид и Гостивар биле опустошени дури 180 села490.
Ова востание покажало дека народот во двата дела на Македонија, без оглед на
етнонационалната и верска припадност бил крајно незадоволен од поделбата на
земјата. Исто така, не можел да ја прифати српската окупација чии
претставници својата "ослободителна мисија" ја изразиле со терор над
населението. Останува дилемата, дали чинот на Чаулев претставува востание
против српската власт поддржано од народот и во тие рамки да биде избришано
од листата на македонските предавства ставени во арсеналот на врховистичките
завери, или пак во него има нијанси и на едното и на другото и не може да се
подвладуваме на црно-белите крајности. Посебно затоа што, понекогаш народот
останува најголемиот сведок и судија на своите синови. А, во колективната
меморија на народот на Охрид и Охридско, се уште е жив митот за војводата
Петар Чаулев, кој во еден миг блеснал и како заштитник од неконтролираниот
српски терор во Македонија и српската омраза кон "бугарштината". Ако пак, по
старата шема, го прифатиме ставот дека сето тоа се случувало диригирано од
Софија, во еден албанско-бугарски заговор491 во кој македонскиот народ бил
жртвата, а македонските четници уште еднаш неискрено биле злоупотребени за
нечии туѓи сметки тогаш останува запишано само уште едно предавство.
Во тој дух заклучува и д-р Иван Катарџиев кој смета дека трагичното во ова
востание е експлоатацијата на народното незадоволство во полза на
империјалистичките интереси на Бугарија на Балканот. "Тоа што ВМОРО на
Тодор Александров била иницијатор на овие бранувања не менува ништо. Тој
бил во најтесна врска со владата на В. Радославов и особено бил заинтересиран
Бугарија да има силна влада способна да се бори за решавање на "бугарското
национално прашање' во Македонија. На таа линија, Тодор Александров ја
продолжил својата активност и по востанието во југозападниот дел на
Вардарска Македонија, се до влегувањето на Бугарија во Првата светска војна
на страната на Централниот сојуз..."492.
__________________________
477-Петар Чаулев е роден во Охрид во 1880 година. Се школувал во Охрид и
Битола, а потоа учителствувал во охридските села. Од 1899 година бил
организатор на револуционерните комитети во Охридско., Преспанско и
Леринско. За време на Илинденското востание бил војвода и раководител на
Охридскиот револуционерен комитет. Во 1908 година е затворен од новата
младотурска власт во Охрид, но под притисок на граѓаните бил ослободен. Во
1911 година е избран за член на ЦК на ВМОРО, заедно со Тодор Александров и
Христо Чернопеев. Учествува во балканските и Првата светска војна. Бил
организатор на Охридското востание во 1913 година. (Македонски историски...,
495-496).

478-За ѕверствата над македонското население што во текот на балканските


војни го извршиле српските окупциони сили во Македонија види ги
документите на Карнегиевата комисија и во изданието на македонски јазик
"Поранешните балкански војни - извештај на Карнегиевата балканска
комисија", Култура, Скопје, 2000 г.

479-И. Катарџиев, Историја на македонскиот народ, том четврти,..., 72.

480-Српска провокација, "Македонски глас", бр. 6,157-162.

481-П. Стојанов, цит. дело, 195.

482-Српски документи за историјата на Охридско-струшкиот регион (1890-


1940)..., док. бр. 107, 12.09.1913,182.

483-Во Македонски историски речник стои дека "четите на ВМРО предводени


од П. Чаулев, М. Матов, П. Христов и А. Шибаков ја протерале српската војска
и го ослободиле Охрид. Српската војска, по тешки борби, успеала да ја задуши
буната во првата половина на октомври" (МИР, 354).
484-Види: МИР, 354.

485-Мемоари Василије Трбића војводе Велешког, т. III-V . (Ракопис), 663-668.

486-Државен архив на Србија, Врховна команда - политичко одељење,


Шифрувана телеграма од Битола до Врховната команда, 20.09/4.101913.

487-Во пресрет на албанските бунтовници, кон Охрид одел Единаесеттиот полк.


Охридските чиновници уште се наоѓале во Ресен и исчекувале војската да влезе
во Охрид, па и тие тргнале по неа. Началникот на Дебарскиот округ, кој
првобитно пребегнал во Охрид, отишол во Кичево. Српската војска успеала да
ги прогони албанските бунтовници и четата на Чаулев, по што било наредено,
сите чиновници и џандари, веднаш да тргнат по војската во Дебар и да
воспостават власт. (Државен архив на Србија, Врховна команда - политичко
одељење, Шифрувана Телеграма на окружниот началник од Битола М.
Новаковиќ, П. бр. 6717).

488-Државен архив на Србија, Врховна команда - политичко одељење, исто, П.


бр. 6717

489-Државен архив на Србија, Врховна команда - политичко одељење, исто.

490-И. Катарџиев, исто, 73.

491 Според П. Стојанов, дејствувањето на врховистичките чети со албанските


бунтовници било израз на тенденцијата на Бугарија и на новата албанска држава
да се намали моќта на зголемена Србија и таа да се истисне од Македонија, а со
тоа западната бугарска граница да се постави на албанската гранична линија. Во
спроведувањето на оваа цел, бугарската влада делувала по сите можни линии да
најде заеднички јазик со албанските политички фактори, кои во
благопријатните услови на Лондоската конференција во пролетта 1913 година,
протежирани од Австро-Унгарија и Италија, настојувале што повеќе да ја
зацврстат новата албанска држава. Притоа, српските претензии во Албанија и
присуството во Македонија им се јавувало како голема пречка. Затоа и дошло
до зближување меѓу албанските политички фактори и бугарските претенденти
над Македонија, и тоа токму во времето на Албанскиот бунт во Дебар, што се
изразило во соработката меѓу албанските бунтовници и четата на Петар Чаулев.
(П. Стојанов, исто, 201)

492-И. Катарџиев, исто, 73-74.

7. МАКЕДОНСКИТЕ АТЕНТАТИ ВО ПЕРИОДОТ 1915-1918 ГОДИНА

Периодот на Првата светска војна кога воените операции на територијата на


Македонија се воделе речиси постојано во временски интервал од неколку
години 1915-1918 година, не бил поволен за терористичко-атентаторски
дејствувања на различните организации, струи и фракции во македонското
револуционерно движење. Во тој поглед постоеле неколку вооружени акции,
пред се, преземени и испланирани од четнички одреди, групи или поединци,
кои биле продолжение на десноориентираната ВМРО, која во своите
програмски определби не се откажала од вооружените методи на борба. Ваквите
атентаторски дејствија ВМРО ги преземала не самостојно, туку во рамките на
бугарската војска, под чија што команда се бореле припадниците на оваа
македонска организација. Меѓутоа не само тие, туку и останатиот македонски
револуционерен кадар од левицата, на еден или друг начин се вклучил, дел во
бугарската војска, а еден дел во бугарскиот административен апарат на
окупираните територии.

7.1. Убиството на Јане Сандански

По долгите и бескомпромисни борби со османскиот аскер и жандармерија, со


туѓите пропаганди и чети и најповеќе со врховистите, по неколку неуспешни
атентати, конечно, во 1915 година бил убиен серскиот окружен војвода Јане
Сандански493. Зад него останал митот за воспеаниот од народот "Пирински
цар", за кого Ангел Динев запишал: "Најистакнат заштитник на внатрешноста
на Македонија. Тој е што ги разбиваше четите на Фердинанда и на бугарската
буржоазија и ги гонеше дури до Софија. Овој борец за слободата на Македонија
и за демократија и мир од заседа го убија ... Фердинандовите агенти". Наводите
за инспираторите на убиството на Сандански што ги дал Ангел Динев ги
потврдува и срскиот амбасадор во Бугарија, кој уште во 1911 година, во својот
извештај до Министерството за надворешни работи на Србија, меѓу другото
открива: "...Има една група бивши македонски војводи, на чело со Тома
Николов, кои се против Сандански, Паница и другите, и специјално работат за
нивните глави (т.е. убиство, б.н.) Оваа група е во служба на софиската тајна
полиција"494.
Две години ио распарчувањето на Македонија во Букурешт од завојувачките
балкански држави против кои се бореше Сандански, и по неговата смрт, кога
големобугарските приврзеници и нивните агенти започнале да ја фалсификуваат
историјата на Македонија, еве што запишал Димо Хаџи Димов: "Некаква
историја пишуваат оние револуционери (врховистите од Софија) и не се срамат
да прескокнат цели настани само поради тоа што треба да го спомнат
омразеното име на "палачот" Јане Сандански. Тој не постои за нивната историја.
Епохата и борбите, кои ги создаде тој заедно со своите приврзеници, исто така
не постојат. Населението кое како бог го сакаше својот старик и трчаше по него
и неговите другари со занес и во голем број како што ретко голем општествен
деец можел да собере околу себе и да го приврзе за себе, за револуционерните
"историчари" исто така не постои. Неговиот надгробен крст го гледаме
исправен и во самата "историја"495.
Во тешките денови од почетокот на Првата светска војна и во времето на
Валандовската афера, додека предавниците на македонскиот народ и неговата
борба се готвеле да го воведат и во трета катастрофа, готвејќи му во кујната на
бугарскиот двор и на реваншизмот ново "ослободување", револуционерите на
ВМОРО собрани околу Сандански одлучно се спротивставиле на таквите цели.
Сандански и неговите истомисленици не само што ја согледувале и
обмислувале новосоздадената трагична положба на македонскиот народ по
Првата и Втората балканска војна, и не само што ги осудувале
големобугарските планови и улогата на врховистичките предавници за
приклучување на целокупна Македонија во составот на Бугарија, туку
направиле и конкретни обиди да ја сопрат таа освојувачка и антимакедонска
провокативна акција и реваншистичка војна, која всушност бугарските
владеачки кругови ја започнувале одново во Македонија496.
Во есента 1914 година, во полниот разгор на австриско-српскиот судир, и кога
Пиринска Македонија била во составот на Бугарија, мнозина македонски
револуционери и Јане Сандански, токму во подготовките и почетокот на
врховистичките четнички акции во Македонија под Србија и Грција, биле во
своите родни краеви во Македонија под Бугарија, или во Софија. Во тоа време
Јане Сандански главно си живеел во Мелник, како легален граѓанин. Во
периодот од есента 1914 и зимата и пролетта 1914/1915 година имало чести
средби помеѓу Сандански и македонските револуционери. Тие дискутирале
околу неколку најболни прашања, и тоа: прво, за политиката на Фердинанд и
неговиот круг кои готвеле нова авантура за Македонија, со цел да ја завладеат
во целост; второ, за страдањата на Македонците под српскиот и грчкиот терор и
нивното масовно мигрирање во Бугарија и трето, за очајната положба во која се
нашле македонските емигранти во Бугарија, речиси без никаква егзистенција.
Тргнувајќи од таквата неснослива положба во која се нашол македонскиот
народ, овие револуционери кои стоеле на браникот на независна Македонија,
барале начини како да ја сопрат новата реваншистичка војна и
интервенционистичката четничка акција.
Јане Сандански и неговите соборци решиле да се организираат преку собирање
на свои приврзеници и евентуални прогресивни сојузници497 за борба против
политиката на Фердинанд и на неговите помагачи во лицето на владата на др.
Радославов. Сандански и неговите другари се поврзале со некои одрински
револуционери, кои во однос на реваншистичката големобугарска политика
имале исти погледи, барајќи патишта и начини "по кои да се избегнат нови
катастрофи и разурнувања"498. Сметајќи го Фердинанад за носител на
политиката на погроми и катастрофи, овие одлучиле "Фердинанд да биде
ликвидиран и новиот режим во Бугарија да биде прокламиран во името на
народновластието и против империјалистичката војна и реваншот"499.
Ликвидацијата на Фердинанд требало да ја извршат македонските и тракиските
револуционери, додека воведувањето на народовластието требало да го
спроведат политичките партии на Бугарија, кои зад себе имале поголема маса
приврзеници. Заради преговори со лидерите на политичките партии во Бугарија
била избрана тричлена делегација во состав: Јане Сандански -претставник на
македонските револуционери, Михаил Герџиков - претставник на одринските и
Крсто Станчев - претставник на бугарските журналисти и општественици -
левичари. Разговорите со лидерите на политичките партии во Бугарија дале
поразителни резултати. Дел од нив биле вчудоневидени, дел уплашени, а дел
малодушни и не го одобрувале тој, според нив, анархистички чин. Најголемо
изненадување, според пишувањето на Михаил Герџиков им приредил
бугарскиот Егзарх Јосип I кој пред изненадената делегација "ги заредил
лошотиите кои Фердинанд и ги нанел на Бугарија..." и дека истиот се додека е
жив "нема да дозволи на бугарските воени и граѓански водачи да се
еманципираат од неговото (Фердинандовото б.н.) туторство, од неговото
влијание, од моралниот гнет во кој ги држел". И затоа, на крајот, Егзархот
рекол: "Благословена да е раката која ќе го кутне Фердинанда. Кој ќе го стори
тоа ќе биде најголем благодетел на Бугарија"500.
И покрај ваквиот став на Егзархот, на Сандански му станало јасно дека акцијата
на неговите и тракиските истомисленици останала тесен заговор без поширока
политичка поддршка. Но, владеачките фактори веќе разбрале за планираната
акција и започнале со прогон и затворање на луѓето кои го планирале убиството
на Фердинанд, односно кои се приклучиле кон обидот да се изгради блок од
претставници на разни граѓански политички партии што го подржувале
ликвидирањето на Фердинанад. По тој повод биле обвинети и затворени и
Александар Стамболиски, лидерот на Бугарскиот земјоделски национален сојуз
и други видни бугарски општественици. Ова во време се совпаѓа со
Валандовската афера, на кои настани Сандански бил огорчен противник. Затоа
не ни е чудно што токму во тоа време т.е. неколку дена по Валандовската
терористичка провокација врз македонскиот народ, по наредба на Фердинанда и
неговите помагачи околу Тодор Александров, на 21 април 1915 година, во
шумите на Пирин501, Јане бил злосторнички убиен. Јане загинал по херојска
борба и 11 здобиени рани со осуммината платеници на Фердинанд кои му
поставиле заседа на патот меѓу Мелник и гратчето Гоце Делчев. Така
"бугарските ослободители на целокупна Македонија" му се одмаздиле на својот
најголем непријател - "Пиринскиот цар", кој сакал и се борел Македонија да
остане целосна и независна за Македонците502.
Иако обидот на Јане Сандански и на другите македонски револуционери
покажувал една моментна слабост на македонското националноослобдително
движење, сепак, тој и како таков, како затворен заговорничко-терористички
обид, покажува дека и во тие вонредно тешки услови на тројна окупација и
постојани жртви и пресметки на трите освојувачи на теренот на Македонија,
дополнето со албанските напади и терор, постоеле свесни револуционерни сили,
кои барале можен излез од безизлезноста и правеле обиди да го спречат новото
крвопролевање.
Според оценките на д-р Иван Катарџиев, крајот на животниот пат на Јане
Сандански, "...челник во борбата за самостојна и независна македонска држава,
противник на туѓите посегања врз Македонија и особено против државниот врв
на Бугарија на чело со Фердинанд, претставува кулминација на драмата што ја
доживувало македонското национално и ослободително движење по
Илинденското востание. Истовремено тоа е почетокот на личната и колективна
трагедија на ветераните на Делчевата ТМОРО...503".
__________________________________
493-Јане Сандански (1872-1915), роден во с, Влахи, во пазувите на Пирин
Планина. Поради сиромаштија, не можел да се школува, иако имал желба и
талент да учи. Прво го учел чевларскиот занает, а потоа станал писар. Уште
како младинец во него се родил стремежот да се бори за ослободување на
Македонија. Во 1901 година Јане формира своја чета и го организира народот во
Горноџумајско и во Разлошко (Пиринска Македонија), во борба против
османското владеење и против завојувачката политика на балканските соседи.
Станал околиски војвода. По Илинденското востание, го раководел Серскиот
округ, чиј центар бил Пиринскиот крај. Платениците на бугарскиот двор, на кои
им пречела револуционерната дејност на Сандански, по неколку обиди, успеале
де го убијат на 21 април 1915 година.

494-Српски документи за историјата на Охридско-Струшкиот регион (1890-


1940), ...,док. бр. 103,
10.11.1911,177.

495-Ангел Динев, Политичките убиства во Бугарија, НИП "Илинден", Скопје


1951,39-40.
496-П. Стојанов, Македонија во времешо на балканските и Првата светска војна
1912-1918,..., 268.

497-Како противници на политиката на војна се изјасниле: Крсто Станчев,


познат журналист, општественик и левичар, учесник во Македоно-одринското
ополчеше и др. Владов, раскаен врховист.

498-Герджиков И. Михаил, Един малък спомен, "Вгъпоменателен лист" Яне


Сандански, София, 23 април 1946,5.

499-Герджиков И. Михаил, Един малък спомен, исто.

500-Исто, 6.

501-И. Катарџиев, исто, 80. Ангел Динев за датум на убиството го наведува 22


април 1915 година, но според поновите истражувања убиството се случило ден
порано.

502-П. Стојанов, цит. труд, 272.

503-И. Катарџиев, исто.

7.2. Валандовската афера во 1915 година

Со почетокот на Првата светска војна во 1914 година, Бугарија се обидувала да


задржи неутрална позиција во односите помеѓу двете спротивставени блокови:
Антантата и Централните сили. Ваквата наводна неутралност се должела на
фактот што Бугарија преговарала во исто време и со двете страни и во рамките
на тие преговори се обидувала да добие што поголеми тери-торијални отстапки
на сметка на својата државна територија. Бугарските територијални барања
најмногу се однесувале за територијата на Македонија. Во тие заткулисни
преговори бугарската страна се решила да ја заземе страната на Централните
сили, кои и ја ветиле целата територија на Македонија по завршувањето на
војната. Од тој момент започнале подготовките за вклучување на Бугарија во
војната. Врховната воена команда на земјите од таборот на Централните сили по
многу нешта ја сметале улогата на Бугарија за клучна во развојот на
понатамошните воени операции. Тоа се должело на плановите според кои
Бугарија со заземањето на Македонија и важната геостратегиска Вардарска
долина би ја пресекла отстапницата на српската војска на југ, која една година
била во војна и веќе го започнала своето повлекување под силниот притисок на
австро-унгарската војска. Подготовките на Бугарија за влегување во војна биле
во насока на тоа во Македонија да се создадат услови кои би испровоцирале
нејзино вклучување во истата заради наводната заштита на населението, кое тие
го сметале за бугарско. Во таа насока Бугарија сакала да ги исползува на своја
страна разните македонски организации, пред се ВМРО, заради исполнување на
нејзините намери. За да започнат вооружените провокации на територијата на
Србија, преку бугарската влада на Радославов од страна на Австро-унгарија
биле дадена парична сума од околу 25 милиони златни круни, кои за таа цел
биле наменети на користење на ВМРО на Тодор Александров.504 Благодарение
на тие финансиски средства, но и на паролата за автономна Македонија, како и
антисрпското расположение кај раководството и четниците на ВМРО, започнале
интензивни подготовки за навлегување на комитските чети на територијата на
Македонија под српска власт и изведувањето на терористички и атентаторски
акции. По целата должина на српско-бугарската граница во делот кон Вардарска
Македонија од страна на ВМРО биле возобновени старите канали за
снабдување со оружје и обновени пограничните пунктови преку кои требало да
се извршат нападите. Раководството на ВМРО за таа цел се поврзало и со
турски и албански комитети, кои се приклучиле со свои вооружени чети во
заедничките напади против Србија. Тие вооружени напади се одвивале на тој
начин што четите на ВМРО и турските чети навлегувале во Источна
Македонија, додека албанските чети се судирале со српските вооружени
формации во Западна Македонија.
Како геостратегиски најважно подрачје за изведување на овие вооружени акции,
било оценето дека бил просторот во близината на Валандово, кое се наоѓало
најблиску до тогашната српско-бугарска граница. Комбинираниот напад на
четите на ВМРО и турските чети, потпомогнати од специјалисти за експлозив и
пиротехника од Австро-унгарија бил извршен токму во овој дел на Македонија
на 20 март (стар стил) 1915 година. Притоа првичната цел на нападот била да се
изврши уништување на мостот преку кој поминувала железничката линија на
реката Вардар кај станицата Удово за да се прекине снабдувањето на српската
војска на линијата Солун-Скопје. Во нападот на трите утврдени српски
пунктови кај Валандово, Пирава и Удово, според овие податоци учествувале
околу 1 000 четници на ВМРО.505
Српските воени формации во тој момент распоредени на граничната линија и
железничките објекти броеле околу 1 200 луѓе. Според извештајот на
командантот на српските единици, нападот на четите на ВМРО започнал во
раните утрински часови на 2 април (нов стил) 1915 година и во бројност, според
него, од околу 3000 луѓе. Нападот бил извршен во три правци и тоа кон
железничката станица Удово, Пирава и Валандово. Острицата на нападот била
насочена кон железничките објекти во овој реон, но главната цел било дигањето
во воздух на мостот кај Удово, кој претставувал главната комуникациска врска
на Србија со своите сојузници во Солун и линија преку која се вршело
снабдување на српската војска со храна и муниција. Според српски сознанија
овој вооружен напад не требало да остане само локален, туку комитските акции
имале за цел да ги пренесат вооружените дејствија и во другите делови на
Македонија. Во нападот вооружената група на ВМРО која се насочила кон
Удово броела 2 000 четници, а четите што се упатиле кон Валандово имале
околу 1 000.506
На чело на комитските чети на ВМРО се наоѓале војводите: Ване Стојанов,
Петар Чаулев, Љубомир Весов, Панајот Карамфилов, Тодор Петров, Никола
Лефтеров, Туше Скачков, Христо Делчев и други, а според овие податоци,
нивниот број за време на нападот кај Валандово и Удово изнесувал околу 400
души четници и 600 души селска милиција или вкупно околу 1000.507 Во
реонот на железничките објекти кај Градец и Удово распоредена за
обезбедување се наоѓала една српска чета со два топови, додека поголемиот дел
од српските единици биле разместени по должина на граничната линија кај
Валандово или за чување и обезбедување на позначајни железнички објекти
долж железничката пруга. Кога започнал комитскиот напад во овој сектор
поради жестината на нападот на помош на српската војска дошол целиот 14
полк и засилувања од граничното обезбедување. Во меѓувреме четите на ВМРО
ги совладале српските патроли и преку брз напад ги зазеле и двата топови од
српското обезбедување. Главната битка се разгорела околу мостот на т.н. 113
километар што всушност била и главната цел на комитските чети. Нападот за
заземање на мостот кај Удово бил најсилен околу 9 и 10 часот на 2 април, кога
четите на ВМРО ги употребиле и заробените српски топови за уништување на
тој важен геостратегиски објект. Меѓутоа околу 11 и 30 истиот ден српските
воени единици се консолидирале и преминале во контранапад при што
четниците и селската милиција на ВМРО биле принудени на повлекување преку
граничната линија. На тој начин не успеал планот на раководството на ВМРО да
го заземе мостот и преку негово минирање да го онеспособи за потребите на
српската војска.308
Другиот дел од нападот на четите на ВМРО бил насочен во правец на селото
Пирава и Валандово и овде, според српски извори, нивната бројност изнесувала
околу 1000 луѓе. Првобитниот отпор на српските единици бил скршен и
започнало опколувањето на Валандово, со чијашто одбрана од српска страна
раководел мајорот Михајло Милијашевиќ на чело на единица од 120 војници,
Во борбата за заземање на Валандово, српската војска во жестоките престрелки
со комбинираните комитско-турски единици била десеткувана, при што
ранетиот мајор Милијашевиќ успеал да ги евакуира оние малку српски жители
во градот и да ги испрати во Гевгелија. Борбата за градот добила во свој
интензитет и драматичност во раните утрински часови на 2 април 1915 година
кога благодарение на силниот притисок што дошол од јужната страна српските
војници биле принудени да го напуштат Валандово. Оваа вооружена група што
била пресудна за таквиот исход на битката била предводена од војводата Стојче,
капетанот Тома Икономов, турскиот капетан Хусеин ефенди и бугарските
поручници Николов и Казаков. По заземањето на градот раководителите на
акцијата им одржале митинг на жителите на Валандово, на кој се говорело за
скорешното ослободување на Македонија од српско ропство. Во вечерните
часови на 2 април, вооружените чети на ВМРО, заедно со турските чети, се
повлекле на бугарска територија со што бил ставен крај на оваа вооружена
акција, која повеќе имала цел да предизвика вовлекување на Бугарија во војната
на страната на Централните сили.509
За тоа колку човечки жртви имало по завршувањето на овој вооружен судир
помеѓу четите на ВМРО и српските воени единици постојат повеќе по-датоци.
Според српски сознанија, од нивна страна имало,181 загинати војници и
офицери како и голем број на ранети, а според друг извор, исто така од српска
провиниенција, во битката имало 281 убиени и 67 ранети српски војници и
офицери, додека загубите кај четите на ВМРО изнесувале околу 40 и голем број
на ранети.510 Од друга страна, според бугарски извори, бројот на загинатите на
српска страна изнесувал 470 војници и 7 офицери.511 Покрај демонстративниот
карактер, оваа вооружена акција имала последица за тоа што од страна на
комитско-турските чети било извршено принудно иселување на муслиманското
население од тој крај и тоа во бројка од над 5000 луѓе, што исто така веројатно
имало пропаганден карактер, бидејќи целта била да се покаже пред јавното
мислење дека состојбата во Македонија под српска власт била неподнослива и
тешка во однос на несрпското население, со што сакало да се оправда
директното вклучување на Бугарија во воените операции на Првата светска
војна.
________________
504-Петар Стојанов, Македонија во времето на Балканските и Првата светска
војна(1912-1918), Скопје, 1969,242.

505-МАКЕДОНИЯ-история и политическа съдба(1912-1941), том II, редакција


Петър Петров, Со-фия, 1998, стр.55.

506-П. Стојанов, Македонија во времето...цит., 250.

507-Александар Апостолов, Внатрешната македонска револуционерна


организација од 1908 до 1918 Година, "Златна книга-100 години ВМРО",
Скопје, 1993, стр.122.

508-П. Стојанов, цит. дело, 251.

509 Исто, 252/253.

510-Исто.

511-А. Апостолов, ВМРО од 1908 до 1918...цит., 122.

8. ОПШТЕСТВЕНО-ПОЛИТИЧКИ УСЛОВИ И
КАРАКТЕРИСТИКИ И ОСОБЕНОСТИ НА
ПРЕДАВСТВАТА АТЕНТАТИТЕ И УБИСТВАТА ВО
ПЕРИОДОТ МЕЃУ ДВЕГЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

8.1. Последиците од делбите на Македонија и на македонскиот народ

Македонија и по завршувањето на Првата светска војна во 1918 годи-на како


етногеографска целина не успеала да добие државно-правен статус и останала
да биде поделена помеѓу балканските држави. Најголемиот дел од нејзината
територија се нашол во рамките на Грција и тоа Егејскиот дел на Македонија.
Вардарска Македонија била приклучена кон новоформираната држава Кралство
на Србите, Хрватите и Словенците(СХС), додека Пиринскиот дел на
Македонија, со исклучок на Струмица и Струмичко кои биле приклучени кон
Кралството на СХС, влегле во составот на бугарската држава. Ваквата поделба
на Македонија имала за цел да ги задоволи барањата на балканските држави од
редот на земјите победнички во Првата светска војна и чинот на ваквата
поделба бил подржан и од големите сили коишто на тој начин сакале да си
обезбедат нивно постојано сојузништво. Меѓутоа новата територијална поделба
на Македонија не ги решила непријателствата и аспирациите на балканските
држави во однос на неа, што придонело по завршувањето на војната тие да
бараат нови сојузници помеѓу големите сили, кои ги охрабрувале во нивните
нови завојувачки претензии кон македонската земја. Кралството на СХС во
својата надворешна политика се ориентирало кон земјите победнички од Првата
светска војна, пред се Франција и Англија, бидејќи било задоволно од
територијалните придобивки и во тој правец ја протежирало политиката на
статус кво. Грција со оглед на нејзиниот променлив статус во текот на војната,
имала многу причини да биде задоволна од територијалните побарувања во
однос на Македонија и заради тоа исто така се приклучила на страната на
земјите што ги застапувале и бранеле европските граници исцртани со
Версајскиот мировен договор. Од друга страна Бугарија, која за време на
војната била на страната на поразените држави од редот на Централните сили
имала значително намалување на нејзината државна територија и со исклучок
на Пиринска Македонија, ги изгубила другите делови од Македонија што биле
под нејзина окупација во периодот од 1915 до 1918 година.
Тоа предизвикало одредени воено-политички групации во државата да побараат
сојузништво со земјите кои не биле задоволни од нововоспоставените европски
граници помеѓу државите. Тоа во прв ред биле Италија и Германија. Албанија
како држава во тие повоени години поради внатрешната нестабилна политичка
ситуација и постојаните промени на владите не можела да игра некоја
позначајна улога во односите помеѓу балканските држави. Меѓутоа поради
нерешените гранични прашања со Кралството на СХС и територијалните
претензии кон одредени делови населени претежно со албанско население и таа
во надворешната политика се поврзала со реваншистички расположените
држави кон Версајските европски граници, Италија и Германија.
Во ваков сооднос на силите помеѓу балканските држави и големите сили се
нашол македонскиот народ на етногеографската територија на поделена
Македонија. Македонскиот народ во сите делови на Македонија доживувал
тешки моменти кои не можеле да се споредуваат дури и со периодот на
петвековното османско владеење. Од економска гледна точка, различните
државни граници што ја пресекувале територијата на Македонија предизвикале
големо осиромашување на македонското население. Трговијата и
занаетчиството започнале да изумираат поради тоа што биле прекинати врските
со Солун како традиционален македонски центар за пласирање на македонските
производи и нивно дистрибуирање во разните европски држави. Тоа
предизвикало постепено исчезнување на дел од македонската граѓанска класа,
која токму благодарение на овие две дејности започнала да го доживува својот
зародиш кон крајот на 19 и почетокот на 20-от век кога Македонија уште се
наоѓала под османска власт. Оној мал дел што успеал да ги преживее овие
тектонски промени морал да бара нови алтернативни патишта за свое
опстојување во различните балкански држави во кои влегле одредени делови од
Македонија.
Земјоделството и сточарството како едни од клучните дејности со кои се
занимавало населението во Македонија биле целосно уништени. Главните
причини за тоа биле делбите на Македонија како и честите војни што се воделе
на нејзината територија во периодот од 1912 до 1918 година. Во текот на тие
војни главните воени операции се воделе на нејзината територија, што од своја
страна предизвикало опустошување на плодното земјиште и прекинување на
земјоделските работи во период од неколку години по ред. Честите реквизиции
на добитокот од разните војски коишто се издржувале на грбот на македонскиот
селанец овозможило целосно уништување на оваа дејност, која долги години
наназад претставувала главен извор за егзистенција на населението. Како една
од главните причини за изумирање на сточарството била и неможноста
големите стада овци да бидат носени на зимско прехранување од Вардарска
Македонија во низинските делови на Егејска Македонија со поблага клима,
поради воспоставените граници помеѓу овие два дела на Македонија.
Една од трагичните последици на македонскиот народ во периодот на војните
1912-1918 година биле и големите човечки загуби што настанале со неговото
учество во војските на балканските држави, но и цивилните жртви
предизвикани од бомбардирањата, колежите и убиствата на невиното мирно
население, гладот, како и многубројните болести што се појавиле во тој
временски период. Во текот на воените дејствија во Балканските војни (1912-
1913) и Првата светска војна претрпеле материјални разрушувања или целосно
биле уништени голем број на македонски села и градови, пред се оние коишто
се наоѓале во близина на фронтовската линија. Во Балканските војни речиси
целосно од страна на грчките војски бил уништен градот Кукуш, а значително
биле разурнати и градовите Драма, Кавала и Серез во Егејскиот дел на
Македонија. Од друга страна, во Првата светска војна настрадале градовите и
селата што се протегале по должина на фронтовската линија на Македонскиот
(Солунски) фронт, кој бил распространет во просторот помеѓу Охридското
езеро и Орфанскиот залив во Егејското море, Од бомбардирањата и
артилериските престрелки најмногу настрадале градовите Битола, Лерин,
Воден, Гевгелија, Дојран и други.

8.1.1. Денационализацијата на македонскиот народ во


балканските држави меѓу двете светски војни

Војните и делбите на Македонија се одразиле и врз етничката карта на нејзината


територија. Окупаторските власти во сите делови на Македонија преку
преземање на различни мерки се обидувале да ја разбијат компактноста на
македонскиот народ. На тој начин тие се обидувале да го избришат
македонскиот етнички белег на одредени делови на Македонија и да го докажат
своето "историско" право врз неа. Во остварувањето на таа цел соседните
балкански држави во окупираните од нивна страна делови на Македонија
применувале најразлични мерки, меѓу кои најчести биле притисоците за
иселување, насилната асимилација преку образовниот процес и верскиот живот,
како и најчесто употребуваната мерка-колонизацијата на немакедонско
население.
Кралството на СХС како новоформирана држава на најразлични начини се
обидувало да ја зацврсти својата власт во Вардарска Македонија. Во
територијална смисла на зборот овој дел на Македонија бил наречен Јужна
Србија, а во поглед на националноста не било признаено постоењето на
македонскиот народ како посебен, туку Македонците биле третирани како
Срби. Српската асимилаторска и денационализаторска политика била најмногу
изразена преку образовниот систем и преку црквата, преку кои се настојувало
кај македонскиот народ да се всади српско национално чувство. Во
политичкиот живот не се дозволувало формирање на партија која би имала
македонски етнички предзнак или белег и единствено се дозволувало
дејствување на српските режимски партии, Радикална и Демократска, како и
партијата што дејствувала на исламска верска основа-Џемиет. Во тој период и
партиите од лева политичка провиниенција, како што била КПЈ, уште немале
изградено правилен политички став за решавање на македонското прашање и на
него гледале како на географско, а не национално и Македонија ја сметале како
целина составена од повеќе кационалности, но не и македонска националност.
Колонизацијата на српско и друго немакедонско населеиние особено зело замав
во годините по Првата светска војна и имало за цел да го разбие релативно
компактниот македонски ентитет во Вардарска Македонија. Од страна на
српската власт во Македонија биле колонизирани обички селани земјоделци,
српски четници, заслужни борци за српската кауза, чиновници, а биле
населувани и колонисти од унгарска националност од Војводина. На
колонистите државата им ја обезбедувала најплодната земја за сметка на
локалното македонско население, им бил даван бесплатен градежен материјал
за нивните куќи, биле ослободувани од разните даночни обврски, се со цел да
останат во ветената земја "Ел Дорадо" и да учествуваат во нејзината
денационализација и србизација. И покрај сите напори на режимот во Белград,
колонизацијата поради низа фактори не ги постигнала очекуваните резултзти и
не предизвикала битно намалување на македонскиот етнички елемент, додека
процентот на српската националност во Вардарска Македонија останал многу
мал и покрај сите преземени мерки во таа насока. Притисокот што властите на
Кралството на СХС го вршеле врз македонскиот народ во Вардарска
Македонија предизвикал создавање на незадоволство и иселување насочено во
правец на европските, прекуокеанските држави и Бугарија.
И во Егејска Македонија под грчка власт македонскиот народ ја почуствувал
тежината на националното негирање и принуден егзодус. Грчката власт уште во
периодот на Балканските војни 1912-1913 започнала со засилени воени
притисоци да ја менува етничката карта на Егејска Македонија на штета на
македонскиот народ. Во текот на воените операции во Балканските војни од
страна на грчката војска, посебно во источниот дел на Егејска Македонија,
речиси до темел биле уништени повеќе села и градови со броен македонски
етнички елемент, при што тоа население под притисок и закана од репресивни
мерки било принудено да емигрира, претежно во Бугарија. Таков бил случајот
со градот Кукуш, Серез, Демир Хисар и други помали градови и села во
Источниот дел на Егејска Македонија. Во тој правец одел и Нејскиот мировен
договор по завршувањето на Првата светска војна, кога согласно него била
извршена т.н. доброволна размена на население помеѓу Грција и Бугарија, со
која околу 80 000 Македонци од Егејска Македонија биле принудени да се
иселат во Бугарија. Тоа била една од посериозните мерки за промена на
народносниот состав на Егејска Македонија на штета на македонското
национално ткиво.
Најголем удар на македонскиот народ во овој дел на Македонија му бил нанесен
по завршувањето на Грчко-турската војна во 1923 година кога согласно
Лозанскиот мировен договор, а со благослов на големите сили, била извршена
размена на население помеѓу овие две држави и бил направен опасен преседан
во меѓународните односи, кој довел до етничко чистење на цели територии и
региони. Од територијата на Егејска Македонија, меѓу другите, биле насилно
иселени неколку десетици илјади Македонци со исламска вероисповед во
Турција, додека од последната на територијата на Егејска Македонија, во
период од пет години, биле колонизирани околу 600 000 жители со неизградена
грчка национална свест, но со православна вероисповед. Ваквиот развој на
настаните придонел да се создадат сериозни етнички промени во Егејска
Македонија кои имале за последица македонскиот народ од мнозински да стане
национално малцинство и тоа на етногеографските простори на кои бил
присутен со векови наназад. Големите етнички промени посебно се
почувствувале во Источна Македонија, каде процентот на македонско
население останал многу мал, додека компактноста и македонскиот етнички
карактер и покрај сите овие процеси, се задржал во западните и југозападните
делови на Егејска Македонија, каде Македонците и понатаму претставувале
мнозинско население. Ваквите мерки на грчката власт, придружени со
асимилаторска и денационализаторска политика преку образовниот систем и
грчката православна црква, предизвикале создавање на огромна маса на
македонско население кое ја напуштало Егејска Македонија и се населувало во
поразвиените европски држави, Америка, Австралија и од балканските држави,
Бугарија.
Состојбата во Пиринска Македонија под бугарска власт и воопшто статусот на
многубројната македонска емиграција во Бугарија била поспецифична во однос
на другите делови на Македонија. По завршувањето на Првата светска војна во
Пиринска Македонија се зголемил бројот на Македонците во градовите и
другите населени места. Фактот што Пиринска Македонија се наоѓала под
бугарска власт не само што не го намалил процентот на Македонците, туку
предизвикал обратен ефект. Главна причина за тоа била големата емигрантска
македонска маса, која уште по завршувањето на Илинденското востание, а уште
повеќе по Балканските војни, постепено се зголемувала. По Првата светска
војна, односно по 1918 година овој број уште повеќе се зголемил поради тоа
што пред налетот на режимите во окупираните делови на Македонија од Грција
и Кралството на СХС, поголем дел од македонските бегалци се упатиле, меѓу
другите држави, и во Бугарија. Бугарската власт овие македонски бегалци
претежно ги населувала во Пиринска Македонија, особено бегалците што
доаѓале од Егејска Македонија. Со овие процеси не само што се зголемил
процентот на македонскиот народ во Пиринска Македонија, туку таа добила
карактер на целосна компактност на македонскиот етнички елемент во споредба
со другите народносни групи чиј процент бил занемарлив и целосно
минорен.Во однос на процентот на македонскиот народ во Бугарија во тие
повоени години може да се истакне дека бил голем и во некои поголеми
бугарски градови како што бил случај со престолнината Софија, пристаништето
Варна и други.

8.2 Состојбите во македонското национално-ослободително движење -


политички сили и опции

Неповолните услови во кои се наоѓала Македонија по завршувањето на Првата


светска војна предизвикале огромно незадоволство кај македонскиот народ во
сите делови на Македонија. Незадоволството произлегувало не само од
неповолната економска положба и бесперспективноста на тој план, туку и од
нерешениот правно-политички статус на Македонија, која по Версајската
мировна конференција не успеала да се избори за државност на нејзината
етногеографска територија. Главна причина за тоа не била само наметнатата
поделба на нејзината територија помеѓу балканските држави, но пред се,
недоволната организираност што постоела во редовите на македонското
националноослободително движење и неговите водачи. По војната кога се
барало најголемо единство во неговите редови заради правилно поставување на
македонското прашање на мировната конференција и за заеднички настап на
неа, македонските револуционери и дејци покажале длабока идејно-политичка
поделеност и неусогласени ставови по однос на решавањето на македонското
прашање.
На една страна се нашле претставниците на левицата (ако воопшто можело во
тие услови така да се дефинираат различните теченија во македонското
револуционерно движење, б.н.), која била составена од дејци и револуционери,
кои учествувале во борбите за ослободување на Македонија во Илинденскиот и
постилинденскиот период и кои по прогласувањето на Хуриетот се откажале од
вооружените методи на дејствување и се приклониле во барање политички
патишта за правилно решавање на македонското прашање. Во оваа група спаѓаа
Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов, Димо Хаџи Димов, како и припадниците на
бившиот серски револуционерен округ на старата ВМРО блиски до идеите на
Јане Сандански (Таската Спасов, Александар Бујнов, Тодор Паница, Чудомир
Кантарџиев и други). Тие непосредно по завршувањето на Првата светска војна
успеале да ги усогласат своите ставови за заеднички настап на Версајската
мировна конференција, за која цел го основале Привременото Претставништво
на бившата обединета ВМРО. Правно-политичките ставови кои им биле
насочени во правец на давање на автономија на Македонија во нејзините
етнички и географски граници на мировната конференција им ги застанувал
унијатскиот свештеник Пол Христов, кој ипокрај неговото лобирање помеѓу
учесниците на истата, не успеал во тоа.
Ставот на големите сили бил во корист на тоа Македонија да остане поделена
меѓу балканските држави, со исклучок на барањата на Италија за исполнување
барем на минимумот, односно било каква форма на автономија и тоа само на
делот што се нашол во рамките на Кралството на СХС. По разочарувачкиот крај
на мировната конференција во однос на нивните барања кои ги претставувале и
желбите и очекувањата на голем дел од македонскиот народ,
оваа организација се распуштила и поголемиот дел од нејзините членови се
пасивизирале, дел од нив во своите ставови се приближиле со
левоориентираните партии во Бугарија и со Комунистичката партија, додека
еден дел се вклучиле во општествено-иолитичкиот живот на Бугарија. Таков
бил случа-
јот со Ѓорче Петров, кој станал претседател на комисијата за бегалци во рамките
на земјоделската влада на бугарскиот премиер Александар Стамболиски, додека
Димо Хаџи Димов ја формирал македонската емигрантска организација ЕКС
(Емигрантски комунистички сојуз), а подоцна станал и пратеник на БКП во
бугарското народно собрание.
Другиот дел од македонското националноослободително движење го
претставувале македонските револуционери и дејци од, условно кажано,
десницата. Оваа групација (која исто како и левицата тешко може да се постави
во некоја десничарска идеолошка формација во вистинска смисла на зборот
б.н.) ја сочинувале дејците кои по своите методи на дејствување се одвоиле од
првата група и тоа по Рилскиот конгрес на ВМРО во 1905 година. На чело на
ова течение застанал еден од основачите на Организацијата, Христо Матов. Таа
во своето дејствување се одликувала по тоа што сметала дека ослободувањето
на Македонија можело да се изврши со помош на Бугарија во чии рамки и го
гледала решението на македонското прашање. По Младотурската револуција
кога поголемиот дел од македонскиот револуционерен кадар се легализирал
(претежно оние од левицата кои учествуваа во формирањето на Народната
федеративна партија) и кога дефинитивно се случил расцепот во редовите на
македонското револуционерно движење, ова течение продолжило да дејствува
со илегални вооружени методи против младотурскиот режим и го задржало
името на старата ВМРО. Тогаш на чело на оваа организација застанал Тодор
Александров, кој користејќи го вакуум просторот во раководните структури на
македонското револуционерно движење, се повеќе се наметнувал како
авторитет во рамките на истото.
За време на Првата балканска војна во 1912 година под раководството на Тодор
Александров и Александар Протоѓеров биле регрутирани повеќе илјади
Македонци во рамките на т.н. Македонско-одринско ополчение, кои поради
нивната бројност и стравот дека би можеле да го издигнат лозунгот за
автономна Македонија, од страна на бугарската воена команда биле испратени
да се борат на фронтот во близината на Одрин, наместо во Македонија. Пред
почетокот на Втората балканска меѓусојузничка војна во 1913 година, оваа
политичко-воена групација предизвикала вооружени акции и востанија во делот
од Македонија под српска власт, а по почетокот на војната се борела во рамките
на бугарската војска. Во време на Првата светска војна, десно ориентираната
ВМРО привремено престанала да постои, а нејзините раководители, четничкиот
и војводскиот кадар ја формирале т.н. 11 македонска дивизија, која броела над
30 000 луѓе со сопствен офицерски состав и се борела во рамките на бугарската
војска.
По завршувањето на Првата светска војна оваа групација, заедно со Извршниот
комитет на македонските емигрантски братства во Бугарија, од мировната
конференција во Версај барала неделивост на етногеографската карта на
Македонија и доколку не постоела можност да и се даде автономија, тогаш
Македонија да се присоедини кон Бугарија. И ваквите барања за решавање на
македонското прашање на овој начин не биле прифатени од страна на големите
сили, кои со мали исклучоци, цврсто застанале зад поделбата на Македонија и
го бранеле ставот за непостоење на државна творба со тоа име.
Во вакви услови бројната македонска емиграција во Бугарија, каде постоеле
какви-такви услови за организирано политичко дејствување, го изразила своето
разочарување од неповолното решавање на македонското прашање, кое и
понатаму останало отворено. Овде, меѓу емиграцијата, се наоѓал и најголемиот
дел од предводниците на двете идејни теченија во македонското
националноослободително движење, кои постојано ги спротивставувале своите
различни концепции за решавање на македонското прашање. Во обидите за
негово поставување претставниците на македонската левица и емигрантските
организации блиски до нив се поврзале со земјоделската влада на Александар
Стамболиски, која во Бугарија дошла непосредно по завршувањето на војната.
Со тоа тие ставиле крај на концептот за ослободување на Македонија по
вооружен пат и барале политички патишта за остварување на оваа идеја. На
другата страна, предводниците на македонската десница, олицетворени пред се
во водачите на ВМРО, Тодор Александров и Александар Протоѓеров, заедно со
бугарската предвоена влада биле обвинети за вовлекување на Бугарија во
војната на страна на Централните сили и за националната катастрофа што и се
случила по тој повод на државата. Откако успеале да побегнат од затвор,
Александров и Протоѓеров се нашле во еден вид полулегална положба, поради
што влегле во непријателски односи со левичарската влада на Стамболиски и во
своето дејствување се поврзале со опозициските воено-политички групации во
Бугарија. Тие и луѓето блиски до нив, го искористиле огромното незадоволство
на Македонците во Бугарија од неповолните решенија на мировната
конференција по однос на македонското прашање и
издигнувајќи го лозунгот за автономна Македонија, близок до емигрантските и
бегалските кругови, ја возобновиле дејноста на ВМРО.
8.2.1. ВМРО и методите на нејзиното делување

ВМРО на чело со Тодор Александров се повеќе започнала да се наметнува


помеѓу македонските емигранти во Пиринска Македонија, но и во цела
Бугарија. За кратко време, користејќи ги старите канали и врски од
илинденскиот и предилинденскиот период, оваа организација успеала да
создаде разгранета мрежа, која толку се проширила, што територијата на
Пиринска Македонија била целосно претворена во нејзина база. Со помош на
воено-офицерската лига во Бугарија, ВМРО успеала да се обезбеди со големо
количество на оружје, за која цел биле добиени финансиски средства и од
одредени кругови во Италија. Покрај агитирањето меѓу македонските
емигранти и бегалци со декларативни изјави дека ќе се бори за автономна
Македонија, ВМРО создала поголем број на комитски чети и селска милиција
по примерот на старата Организација, од кои првите имале за задача по
претходно утврден план да вршат вооружени акции во Вардарска и Егејска
Македонија, а милицијата да ја обезбедува нејзината доминантна улога во
Пиринска Македонија.
Во почетните години на нејзиното дејствување, до 1923 година, и покрај
соработката со бугарските воени кругови, ВМРО создала впечаток кај
Македонците во сите делови на Македонија дека таа навистина стоела на
позициите на независност и автономност. Тоа е период кога, со мали исклучоци,
ВМРО воопшто не се мешала во внатреполитичкиот живот на Бугарија. Дури
таа се наоѓала во непријателски односи со земјоделската влада на Стамболиски
поради неговите обиди за зближување помеѓу Бугарија и Кралството на СХС.
Непријателскиот став на ВМРО кон тој чин бил поради тоа што
добрососедските односи помеѓу двете соседни држави требало да се градат на
сметка на распуштањето на Организацијата, која со своето вооружено
дејствување во Вардарска Македонија била непријател број еден на уставниот и
државен поредок на Кралството на СХС. До тој временски период комитските
упади со поголеми чети на територијата на Кралството на СХС и Грција и
судирите со тамошните воено-полициски органи имале карактер на
организирана вооружена борба, која била слична и имала континуитет со
борбите во минатото на македонскиот народ. Но од тогаш, од почетокот на 20-
тите години на 20 век, таквиот начин на борба постепено еволуирал и се повеќе
добивал карактеристики на терористичко дејствување. Ваквиот начин на
вооружено дејствување не бил непознат и во борбата на "старата" ВМОРО, која
со помош на определени извршители ги отстранувала појавените предавници од
нејзините редови или одредени претставници на османскиот режим кои биле
најмногу омразени кај македонскиот народ. Меѓутоа тоа терористичко
дејствување со текот на времето станало сосема различно од атентатите и
тероризмот што ВМРО започнала да го применува од почетокот на 20-те, а го
усовршила како метод на вооружено дејствување, во 30-те години на 20 век.
Преобразувањето на десноориентираната ВМРО во организација која се повеќе
применувала терористички методи на борба било забрзано не само од обидите
за зближување меѓу Бугарија и Кралството на СХС, туку и од се погласните
барања во редовите на македонското националноослободително движење за
избирање на ново раководство на истата. Тоа се должело на фактот што долго
време не бил свикан конгрес и затоа се поставувало прашањето за легалноста и
законитоста на тогашниот ЦК во состав: Тодор Александров, Александар
Протоѓеров и Петар Чаулев. Таквите барања доаѓале не са-
мо од претставниците на левицата, кои не биле нејзини членови, туку и од
внатре, бидејќи започнале да се создаваат разногласија и неединство и во
самото раководство. Сите овие дејствија и постапки предизвикале создавање на
непријателство помеѓу македонските дејци од двете теченија, кои довеле до
тоа напластените проблеми во македонското револуционерно движење да се
расчистуваат по пат на терор и атентати. По почетните атентати врз поединци
во македонското нанационалноослободително движење, претежно направени по
наредба на ЦК на ВМРО, меѓусебните убиства се засилиле со создавањето на
нова соперничка вооружена организација, составена од луѓе што се отцепиле од
ВМРО. Новосоздадената МФРО (Македонска федеративна револуционерна
организација) предизвикала уште поголема борба за престиж во
хиерархијата на македонското револуционерно движење, а со тоа и уште повеќе
акти на тероризам помеѓу двете спротивставени страни. Во тие вооружени
пресметки кои однеле многу човечки жртви и пролеана македонска
крв,превласт успеала да направи ВМРО, поради поголемиот вооружен
потенцијал и подобрата организираност. Од моментот кога биле уништени
базите на МФРО во Пиринска Македонија, поголемиот дел од нејзините
припадници преминале во служба на властите Кралството на СХС, кои ги
вклучиле во
специјално подготвени вооружени формации со задача за борба против
комитските чети на ВМРО. Вооружените чети на МФРО, додека имале свои
јадра во Пиринска Македонија, исто така биле поддржувани и од владата на
бугарскиот премиер Стамболиски.
Вториот сегмент кој исто така многу придонел ВМРО да го усоврши своето
терористичко дејствување бил нејзиниот непријателски однос кон бугарската
влада на Александар Стамболиски. Тоа непријателство, поради веќе
споменатите причини, прераснало во вистински вооружен судир, којшто
подоцна се покажал фатален за понатамошниот општествено-политички живот
во Бугарија. На обидите за растурање на нејзината мрежа од бугарската власт,
ВМРО одговорила со изречување на смртни пресуди на клучните фигури на
земјоделската власт, министерот Александар Димитров и самиот бугарски
премиер, кои подоцна и се оствариле. Атентатите врз овие личности
претставувале пресврт во историјата на терористичкото дејствување, поради
добрата испланираност, начинот на изведувањето и суровоста која при тоа ја
покажале атентаторите, што дотогаш не било воопшто видено и познато во
редовите на македонското револуционерно движење. Непријателствата на
релација ВМРО-бугарска земјоделска власт, биле искористени од страна на
опозициските воено-политички групации кои се подготвувале за вооружен
преврат во Бугарија, за која цел успеале да ја привлечат Организацијата на своја
страна. При 9-то јунскиот преврат во 1923 година и покрај тоа што нејзините
раководители го негирале тоа, ВМРО отворено застанала на страната на
превратниците. По извршениот преврат, четници на ВМРО во соработка со
бугарски офицери, го извршиле атентатот или подобро речено, егзекуцијата на
сменетиот премиер Стамболиски, нешто што било извршено со најголем степен
на садизам и нечовечност, што ја компромитирало самата Организација и де
факто ја вклучило во внатрепартиските борби во Бугарија.
По доаѓањето на новата влада составена од крупнограѓански партии на чело со
премиерот Александар Цанков, иако кај поголем дел од македонската
емиграција во Бугарија постоело мислење за нејзина цврста поврзаност со
раководството на ВМРО, односите во тој правец воопшто не биле хармонични.
Раководството на ВМРО се почувствувало толку моќно, што влегло во
конфликт и со самиот министер за внатрешни работи, на кого му биле упатени
сериозни закани за негова физичка ликвидација. Иако односите на ВМРО со
новата бугарска влада не биле добри, сепак оваа организација за време на
Септемвриското востание кое било организирано од БКП, не зазела
непријателски став кон власта. Тоа се должело, пред се, на антикомунистичката
ориентација, која била пресудна ВМРО со своите чети да учествува во
задушувањето на востанието и убиствата на поголем број на комунисти и од
бугарска и од македонска националност. Посебно жестоки биле егзекуциите
што биле извршени врз водачите на востаничките комунистички одреди, кое се
должело на фактот што тие не го почитувале претходно направениот договор со
ВМРО за неширење на востаничките вооружени акции во Пиринска
Македонија. Политиката на терор што во тие настани ја применила ВМРО
имала за цел да и обезбеди целосна превласт кај македонскиот народ во
Пиринскиот дел на Македонија, во што и успеала.
Временскиот период 1923-1924 година раководството на ВМРО се обидело да
стапи во контакт со Советскиот Сојуз, кој од своја страна евентуалната помош
што би и ја дал на Организацијата, ја условувал со преговори за обединување на
сите спротивставени страни во македонското револуционерно движење. Заради
сериозноста на преговорите, ВМРО наредила да престанат сите вооружени
акции и терористички преследувања на сите македонски дејци кои имале
изречени смртни пресуди од нејзиниот ЦК. Во тие моменти сечилото на
Организацијата единствено било насочено кон режимите во Кралството на СХС
и Грција, каде продолжиле нападите на комитските чети. Ваквите мерки што
ВМРО ги преземала имале за цел да докажат дека таа не претставувала
терористичка организација, туку субјект којшто ги одразувал вистинските
желби и стремежи на македонскиот народ за создавање на посебна македонска
држава.
Атентатот врз водачот на ВМРО, Тодор Александров, во 1924 година, изменил
многу работи во понатамошното дејствување на оваа организација. До неговото
убиство таа дејствувала како револуционерна организација и имала поголем
степен на независност или барем се обидувала да дејствува автономно и
самостојно. Во начинот на нејзиното вооружено дејствување и покрај
почетоците на терористички методи, најмногу се практикувал четничкиот
институт кој претставувал континуитет од предилинденската и илинденската
ВМРО. Тодор Александров со својот авторитет и политиката на централистичко
управување успеал да одржи релативно единство во нејзините редови и да ги
спречи борбите за превласт помеѓу различните групации.
По смртта на Александров во дејствувањето на ВМРО можат да се разграничат
два периода; првиот бил 1924-1928 година и вториот од 1928-1934 година.
Всушност овој временски интервал бил значаен по тоа што македонскиот
тероризам и поимот атентати бил поистоветуван и олицетворуван во
постоењето на оваа организација, која што поради начинот на своето
дејствување изгубила секаков континуитет со македонската револуционерна
организација ВМРО. Годините помеѓу 1924-1928 година претставувале време
кога во ЦК на оваа организација се водела борба за превласт и кога се појавил
младиот и амбициозен Иван(Ванчо)Михајлов, којшто успеал да заземе
доминантно место и како таков да ги постави основите на една чисто
терористичка организација-ВМРО. Со доаѓањето на чело на ВМРО, Михајлов
успеал да се опкружи со млади соработници, фанатици, коишто терористичкиот
"занает" го научиле до совршенство. Нивно вистинско докажување на тој план
биле Горноџумајските убиства во 1924 година, во кои под обвинение дека
учествувале во атентатот врз Тодор Александров, тие извршиле физички
ликвидации на поголем број македонски дејци со што му го обезбедиле
водечкото место на Иван Михајлов во хиерархијата на ВМРО. Пред ваквите
амбиции на Михај-лов се повлекол веќе подостарениот Александар Протоѓеров,
додека третиот член на ЦК, Петар Чаулев веќе одамна ги прекинал сите
контакти со ВМРО и се наоѓал во странство. Сите овие предуслови му
овозможиле на новиот водач да се подготви за пресметка со сите негови
евентуални соперници, кои сакале да го заземат неговото лидерско место. Тоа
можело да се случи само на еден начин-со помош на оружје. Михајлов најпрвин
се пресметал со соработниците на убиениот Тодор Александров, а започнал да
го отстранува и интелектуалното крило во Организацијата. Атентатите биле
извршувани по претходно добро утврдени планови и тоа што било
карактеристично, биле извршувани на јавни места, понекогаш и среде бел ден, а
егзекуцијата обично била извршувана од страна на еден човек и тоа претежно со
револвер. Веднаш по атентатот ЦК, односно Ванчо Михајлов и соопштувал на
јавноста преку т.н. Окружно за причините за убиството на жртвата, за кој чин
постојано биле изнајдувани разни оправдувања; убиениот обично бил
посочуван како предавник или нечиј шпион, кој имал за задача да ја уништи
ВМРО.
Таквите акти на тероризам постојано премолчено биле одобрувани од страна на
бугарската влада, на која и одговарале меѓусебните братоубиства на
Македонците во Бугарија, бидејќи со тоа слабеело револуционерното ткиво во
редовите на македонското националноослободително движење, а владата преку
еден човек - Иван Михајлов ја имала контролата на многубројната македонска
емиграција во Бугарија. Иако бугарската влада на Андреј Љапчев, а подоцна и
другите влади, сметала дека ја има контролата врз оваа организација, сепак
фактичката состојба на теренот во Пиринска Македонија покажувала дека
ВМРО создала паралелна држава во овој дел на Бугарија. Овде, со силата на
оружјето и добрата организациска поставеност, ВМРО на Иван Михајлов
успеала да се наметне како единствен релевантен фактор, кој не толерирал
постоење на некоја друга организација, а истото важело и за бугарската власт,
која во Пиринскиот дел на Македонија воопшто не се чувствувала.
Организацијата тука наметнала свои даноци врз македонскиот народ, ја
контролирала најдоходовната земјоделска гранка-производството на тутун, ги
контролирала банките, избирала свои политички пратеници во бугарскиот
парламент и го контролирала севкупниот општествено-политички живот. Во
касата на ВМРО се инкасирале огромни финансиски средства за сметка и на
македонскиот и на бугарскиот народ со кој таа купувала најсовремено оружје,
така што по својот состав, бројност и организациска поставеност наликувала на
вистинска армија, во тој момент посилна и од бугарската.
По налог на Иван Михајлов и покрај противењето на вториот член на ЦК,
Протоѓеров, ВМРО започнала радикално да го менува начинот на вооружено
дејствување во Вардарска и Егејска Македонија. Додека Александар
Протоѓеров се залагал да се применува четничкиот метод на борба, Михајлов
целосно ги прифатил методите на класичното терористичко дејствување, за кои
сметал дека ќе постигнат подобри резултати. Трансформацијата и новиот начин
на борба се состоеле во тоа што се отстапило од формирање на големи чети, за
кои Михајлов сметал дека се неефикасни и лесно забележливи на теренот од
полициските и воените формации и преминал кон формирање на помали групи,
составени од три до пет луѓе, наречени тројки односно петорки. Тие биле
облечени во цивилна облека, биле лесно подвижни и по извршените атентати на
териториите на Кралството на СХС и Грција можеле успешно да ја поминат
границата и да се вратат во своите бази во Пиринска Македонија под бугарска
власт. Дури, за да не бидат препознатливи и кај бугарската власт, по наредба на
Иван Михајлов, тие морале да ги избричат брадите, традиционален белег на
четниците на ВМРО, а во бугарските градови заради конспирација, требало да
бидат облечени во цивилна облека. Новиот начин на терористичко дејствување
се покажал поефикасен, бидејќи при извршените атентати, посебно во
Вардарска Македонија, атентаторските групи многу ретко биле пронаоѓани од
страна на српската власт.
Обичното членство на ВМРО, четниците, атентаторите и терористите биле
регрутирани од редовите на македонските емигрантски и бегалски маси во
Пиринска Македонија и Бугарија. Тоа биле претежно млади луѓе, кои биле
задоени со фанатичен македонски патриотизам и не биле запознаени од
"високата" политика на одредени раководители на ВМРО, така што безрезервно
верувале во сите постапки на нивните водачи, во кои гледале продолжувачи на
борбата на илинденската ВМРО. Поголемиот дел од тие Македонци биле без
родители и ја почувствувале тежината на емигрантскиот живот во Бугарија,
каде најчесто биле без сигурна работа и постојано живеалиште поради нивната
сиромаштија. Меѓутоа помеѓу нив имало и образувани, студенти и
интелектуалци кои цврсто верувале во издигнатиот од ВМРО лозунг за
автономна Македонија. Сите овие луѓе безрезервно биле пречекувани од страна
на организациската мрежа на ВМРО, која најпрвин им обезбедувала
привремени престојувалишта и ги снабдувала со одредена сума на пари за да
преживеат. За сметка на тоа тие биле должни да ги исполнуваат сите наредби на
раководството на Организацијата, меѓу кои било служењето во комитските
чети, а подоцна учество во т.н. тројки и петорки, кои извршувале атентати во
Вардарска и Егејска Македонија. Доколку добивале наредба да извршат атентат
врз некој деец од македонското револуционерно движење, главен предуслов бил
тие да не ја познаваат жртвата, за која што цел постоел посебен човек, кој имал
за задача да ја посочи потенцијалната цел, неколку моменти пред извршувањето
на атентатот. Така постепено со текот на времето се создавала една посебна
категорија на Македонци, кај кои за нивната вооружена дејност во ВМРО
добивале плата и на тој начин настанала професијата-платен "револуционер"
односно терорист.
Посебно карактеристичен период во историјата на македонските атентати и
терористичкото дејствување биле годините помеѓу 1928 и 1934 година. Тоа е
време кога по атентатот врз членот на ЦК на ВМРО, Александар Протоѓеров,
настанал целосен расцеп во редовите на терористичката ВМРО, придружен со
големи меѓусебни вооружени пресметки помеѓу спротивставените струи,
протоѓеровисти и михаиловисти. Според бројот на жртвите овие неколку
години претставувале период со најмногу меѓусебни физички ликвидации во
македонската историја. На една страна се наоѓале приврзаниците на убиениот
Протоѓеров кои во тие пресметки повеќе влегле изнудено и претежно се наоѓале
во дефанзива, а нивниот начин на вооружено дејствување имал карактер на
самоодбрана. На другата страна се наоѓале приврзаниците на Иван Михајлов,
кои биле поенергични, подобро вооружени и со повеќе финансиски средства и
затоа имале повеќе успех во извршените атентати. Во меѓусебните убиства и
атентати биле убиени повеќе стотина македонски дејци од сите идејни теченија
во македонското националноослободително движење, со што му биле зададени
големи загуби на македонското револуционерно ткиво. Атентатите биле
извршувани среде бел ден, не само во Пиринска Македонија, туку и во другите
поголеми бугарски градови, меѓу кои и престолнината Софија. Во тие акти на
тероризам не се бирало оружјето со кои тие се вршеле, а при тоа најчесто
страдале и многу невини луѓе, поради фактот што тие се вршеле на јавни места.
Во овие атентати најмногу настрадале припадниците на крилото на
протоѓеровистичката ВМРО, пред се нејзиниот интелектуален дел, додека тие
што не биле убиени под закана на такво нешто биле принудени да се повлечат и
целосно да се пасивизираат. Од атентатите на приврзаниците на Иван Михајлов
не биле поштедени и тие што биле осудени на смртни казни, а се наоѓале во
странство. Терористите на Михајлов ги извршувале смртните пресуди донесени
од ЦК на ВМРО и во големите европски метрополи, а судските процеси што
биле организирани против атентаторите најчесто завршувале на тој начин што
егзекуторите биле ослободувани од обвиненијата поради врските што Иван
Михајлов ги имал со владеачките кругови во западноевропските држави. После
тој чин на ослободување на атентаторите им биле приредувани величествени
пречеци од страна на структурите на ВМРО во Бугарија, се со цел да се создаде
впечаток дека тие имале извршено дело во полза на македонската кауза.
Вооружените атентати на терористите на ВМРО не биле насочени само кон
идејни противници на Михајлов од редовите на македонското револуционерно
движење, туку и кон поранешни бугарски државници кои биле осудени на смрт
од органите на ВМРО, при што речиси во сите случаи казната била извршувана
врз посочените жртви без разлика каде тие се обидувале да побегнат. Во сите
овие случаи зачудува ладнокрвноста и смиреноста кај атентаторите, кои во
своите подоцнежни изјави вооишто не се каеле за извршените убиства за кои
сметале дека се правилно извршени и дека се во интерес на ослободувањето на
Македонија. За да го оправда самиот чин на тероризам, водачот на
терористичката ВМРО, Иван Михајлов, се оженил со жена која што извршила
еден од најдобро организираните атентати на оваа организација во австриската
метропола Виена. Михајлов со тоа сакал да ги увери своите фанатични
приврзаници во оправданоста на сите извршени атентати што ги испланирала
оваа терористичка организација.
Во однос на терористичките активности на ВМРО во другите делови на
Македонија, по својот обем и испланираност, најкарактеристични биле тие во
Вардарска Македонија. Атентатите на ВМРО во овој дел на Македонија
посебно зеле опсежни размери во почетокот на 30-тите години, кога поради
нивниот обем состојбата во Вардарска Македонија била воена во вистинска
смисла на зборот. Кралството Југославија концентрирало огромни воено-
полициски сили во овој дел на својата територија, кои имале за задача да ги
спречат постојаните атентати во овој дел на државата. Атентаторските напади
на терористите на ВМРО биле насочени не само кон личности на режимот на
Кралството Југославија, туку и кон објекти од поголемо геостратегиско
значење. Во однос на атентатите на личности биле извршени неколку поголеми
убиства на експонирани претставници на големосрпската власт, кој од своја
страна предизвикале вооружени репресалии врз македонскиот народ во овој дел
на Македонија од страна на властите. Најчеста цел на напад од објектите биле
кафеаните каде се собирале претставниците на српската власт, како и
железничките пруги и композициите на возови, како патнички така и товарни, а
секако заради меѓународниот одглас, посебно биле избирани екслузивните
меѓународни возови. Во тие терористички напади на ВМРО, покрај
материјалните разрушувања на српска страна, не ретки биле и човечките жртви.
Од таа гледна точка може да се истакне дека покрај претставниците на српската
власт, жандарми, војници, разни чиновници, гинеле и сосема случајни
посетители на нападнатите објекти или обични минувачи, кои во моментот на
експлозијата се нашле на тоа место. Во тие терористички напади, атентаторите
на ВМРО, се со цел да се постигнат поголеми материјални разрушувања и
повеќе човечки жртви, користеле т.н.пеколни машини, коишто за тој временски
период претставувале експлозивни направи со голема разурнувачка моќ.
Ваквите терористички напади на ВМРО во триесетите години предизвикале
големи реакции, посебно кај властите на Кралството Југославија. Заради
нивното сузбивање југословенските органи на власта имале ангажирано
огромен човечки и финансиски потенцијал. Во Вардарска Македонија покрај
регуларните воено-полициски единици биле формирани и разни здруженија и
полурегуларни вооружени формации, составени од Македонци кои порано биле
членови или биле блиски до ВМРО. Тие од страна на властите биле
искористувани поради тоа што овие луѓе доволно добро ја познавале
организациската мрежа на ВМРО и можеле да ги посочат нејзините тајни
канали, така што официјален Белград сметал дека тоа е еден од начините за
нејзино разбивање. Благодарение на ваквите луѓе, разузнавачките служби на
Југославија направиле и неколку обиди да им влезат во трагата и на самите
раководители на терористичката ВМРО, како и на водачот Иван Михајлов, но
во тоа не успеале. Откако им пропаднале тие обиди, раководителите на
југословенската државна безбедност успеале да се поврзат со претставници на
протоѓеровистичката ВМРО и за да ги поттикнат за вооружена акција против
Иванмихајловата ВМРО, ги обезбедиле првите со поголема сума на парични
средства преку своето дипломатско претставништво во Софија. На тој начин и
Југославија како државен фактор учествувала во поттикнувањето на
вооружените меѓусебни пресметки помеѓу спротивставените струи во ВМРО,
што од своја страна и одговарало заради слабеењето на силата на оваа
организација и намалувањето на нејзините терористички акции на
југословенска територија.
Во 1934 година бугарската влада на Кимон Георгиев со закон го забранила
постоењето на македонските емигрантски организации, меѓу нив и ВМРО. И
покрај тоа што пониските структури на Организацијата очекувале од Иван
Михајлов да издаде наредба за давање на отпор против таквата одлука на
бугарската власт, тоа не само што не се случило, туку Михајлов наредил на
мирен начин да и се предаде организационото оружје на органите на власта.
Оваа одлука и можела да се очекува поради врските што Михајлов ги имал со
одредени политички и воени фактори во бугарската држава. Така на крајот,
вооружениот арсенал што ВМРО го поседувала и од кои стравувале и одделни
балкански држави, останал нем и неупотребен, во моментите кога можеби било
најпотребно да се види неговата сила и тоа во полза на целта што на крајот била
заборавена од оваа организација-извојувањето на државноста на територијата на
етничка и географска Македонија. Со распуштањето на оваа македонска
организација се ставил крајот на една фаза од историјата на македонскиот
тероризам.
8.3. Акциите и атентатите на ВМРО
на Тодор Александров 1918-1924 година

8.3.1. Убиството на Ѓорче Петров

По завршувањето на Првата светска војна, македонските атентаторски и


терористички дејствија се одвивале на поинаков начин. Четничкиот метод на
вооружено дејствување се заменувал со индивидуални терористички акции, кои
се изведувале против поединци или објекти заради различни мотиви и цели.
Атентаторското дејствување почнало најмногу да се практикува во директните
пресметки помеѓу разните македонски организации, струи и фракции и во
борбата што се водела за престиж во позициите на македонското национално
ослободително движење.На таквиот начин на дејствување најдобро се
приспособила организацијата ВМРО, која подготвила голем број атентати врз
припадници од македонското револуционерно движење, без разлика на нивната
идеолошко-политичка ориентација и со терористичките методи на дејствување
отворила нова страница во историјата на македонското
националноослободително движење, со што одиграла клучно место во периодот
меѓу двете светски војни. Вооружените пресметки во тој правец ВМРО ги
започнала во почетокот на 20-тите години на минатиот век, веднаш по
нејзиното возобновување.На 28 јуни 1921 година бил убиен македонскиот
револуционер и еден од идеолозите на ТМОРО, Горче Петров.512 Атентатот
бил извршен од страна на извесниот Реџеп, Турчин по националност, инаку
припадник на десно ориентираната ВМРО. Според една верзија, Тодор
Александров,513 водачот на ВМРО, лично го повикал кај себе терористот Реџеп
и му наложил да го убие Ѓорче Петров, на што атентаторот се согласил.
Александров во времето на убиството не сакал да се наоѓа во Софија и за таа
цел еден ден пред атентатот, тој отпатувал од градот. На денот на убиството
Горче Петров по излегувањето од работа свратил во кафеаната на Иван Бандев,
која се наоѓала на улицата "Егзарх Јосиф"во Софија. Таму тој пиел ракија со
Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО, којшто веројатно не знаел за наредбата на
Тодор Александров. Реџеп влегол во кафеаната и останал да пие пиво. Откако
Ѓорче Петров ја напуштил кафеаната околу 7 и 30 часот, тргнал дома, при што
терористот го следел и пред портата на неговата куќа, на улицата Тробарска", го
убил. По извршеното убиство полицијата не можела да го пронајде Реџеп,
бидејќи атентаторот се криел во станот на водачот на ВМРО, Тодор
Александров. Откако утредента излегле натписите во софиските весници за
убиството на Ѓорче Петров, терористот почнал да покажува поголема нервоза и
почнал да покажува желба да излезе од станот, по што Тодор Александров
испратил еден четник да го доведе кај него. Неколку дена после тоа од страна на
терористи на ВМРО бил однесен надвор од градот и бил сурово егзекутиран. Од
учеството на атентатот се оградил и вториот член на ЦК на ВМРО, Александар
Протоѓеров.514 При претресот направен на 29 јуни, еден ден по убиството на
Ѓорче Петров, во архивата на уапсениот војвода на ВМРО, Симеон
Георгиев515, биле пронајдени писма на Тодор Александров,во кои во едно од
нив му наредил на последниот да го испрати во Софија некој си Мите и тоа во
слаткарницата "Охрид". Всушност тоа било конспиративното име на Реџеп,
атентаторот на Ѓорче Петров.516 Атентатот врз Ѓорче Петров предизвикал
големи реакции среде бугарското општествено мислење, како и кај
македонската емиграција. По повод неговото убиство реагирале голем број на
македонски емигрантски организации, меѓу кој бил и Националниот комитет на
македонските братства, кој за убиството коментирал и на страниците на својот
печатен орган "Македонија", каде со пиетет се пишувало за овој македонски
револуционер и за неговата ненадоместлива загуба. Националниот комитет ги
надоместил и трошоците за погребот на Ѓорче Петров, додека братствата, од
своја страна, издале голем број на некролози со кои ја повикувале македонската
емиграција масовно да присуствува на погребот. Во траурната погребна поворка
присуствувала речиси целата македонска емиграција од Софија, а последна
почит на македонскиот револуционер и деец дошле да му изразат и многубројни
емигрантски делегации и од внатрешноста на Бугарија. На погребот биле
присутни и голем број пријатели на Ѓорче Петров од ре-
довите на бугарскиот општествено-политички и јавен живот. Пред неговиот
гроб биле одржани голем број на емотивни говори во кои се величело делото на
овој македонски револуционер и се осудувал чинот на неговото убиство.
Карактеристичен момент претставувал говорот што пред неговиот гроб го
одржал неговиот идеен противник Јордан Чкатров, кој исто така ја потенцирал
големината на делото на покојниот Ѓорче Петров и ги проколнувал неговите
физички убијци, а за да биде парадоксот уште поголем, зад него, во тие моменти
на неговиот емотивен говор, стоел никој друг, туку лично самиот
Иван Михајлов, кој во тоа време заедно со Чкатров биле пунктови началници на
ВМРО.517
Зад атентатот на Ѓорче Петров веројатно стоела ВМРО на Тодор Александров,
иако последниот тоа го одрекувал, а мотивите биле личната нетрпеливост меѓу
двајцата, како и разликите што помеѓу нив постоеле во однос на начините и
методите на борба и патиштата за решавање на македонското прашање.
_______________________________
512-Ѓорче Петров (Варош, Прилеп, 6 март 1864),долгогодишен идеолог на
МРО, еден од составувачите на Уставот и Правилникот на истата, учесник во
Илинденското востание, учител во повеќе градови во Македонија, 1905
г.Задграничен претставник на ВМОРО, а во 1919 година еден од основачите на
Привременото Претставништво на бившата обединета ВМРО.
513-Тодор Александров (Ново Село, Штипско, 4 март 1881), член на ЦК и водач
на десносриентираната ВМРО, еден од основачите на 11-та македонска дивизија
во Првата светска војна во состав на бугарската војска; по 1919 година како
водач на ВМРО ја зацврстува во Пиринска Македонија; подготвува комитски
чети кои влегувале и вооружено се судирале со српските полициски и воени
формации во Вардарска Македонија под српска власт; дејствувал во опозиција
на бугарската влада на А.Стамболиски; учесник во 9-то јунскиот преврат и
задушување на Септемвриското востание; потписник на Мајскиот манифест.

514-Славе Ивановъ, Тодоръ Александровъ и македонското освободително


движение, Виена, 1924, 23-27; Ангел Динев, Политичките убиства во
Бугарија,..., 96/97; Дончо Даскалов, Политически убийства в новата история на
България, София, 1999, 68.

515-Симеон Георгиев-Кочански (с.Пресека, Кочанско, 1867г.), учесник во


македонското национално ослободително движење, кочански околиски војвода
за време на турското ропство, учесник во Балканските и Првата светска војна,
по војната влегол во возобновената ВМРО и бил близок соработник на Тодор
Александров.

516-Георги Марков, Камбаните бият сами, насилие и политика в България 1919-


1947, София, 1994,19.

517-Алексо Мартулков, Моето учество во револуционерните борби на


Македонија, Скопје, 1954, 349/350.

8.3.2. Убиството на Симеон Георгиев-Кочански

На 16 јули 1921 година бил убиен кочанскиот војвода Симеон Георгиев-


Кочански, припадник на ВМРО и близок пријател на Тодор Александров. При
средбата помеѓу претседателот на владата на Кралството на СХС, Никола
Пашиќ и бугарскиот министер за внатрешни работи, Александар Димитров518,
во Белград на 30 мај 1921 година било договорено да се запрат навлегувањата
на комитски чети во Вардарска Македонија. Најчувствителен бил регионот на
Ќустендилско, каде ВМРО имала еден од најголемите гранични пунктови од
каде нејзините чети навлегувале на територијата на Кралството. Поради таквите
околности, бугарската влада го ангажирала Ангел Димитров, агент на
државната безбедност, да им влезе во трага на локалните раководители на
ВМРО со цел да се спречат активностите на комитските чети. На 29 јуни
Димитров по добиената наредба од Министерството за внатрешни работи, со
петмина свои луѓе во Ќустендил ја опколил куќата на војводата Симеон
Георгиев, кој бил пунктов началник на ВМРО и го уапсил. Во полицискиот
участок Симеон Георгиев бил подложен на тешки измачувања од агентите на
бугарската државна безбедност, бил претепан до смрт, а неговото мртво тело
било префрлено со автомобил и оставено во близина на селото Жилинци,
Ќустендилско.519 Според докази од ВМРО, убиството било дело на
безбедносните служби на бугарската влада на БЗНС, но можно е да е резултат и
на внатрешни пресметки за превласт во ВМРО.
_________________________

518-Александар Димитров (с.Слокоштица, Ќустендилско, 1873 г.), Македонец


по потекло, бугарски политичар, левичар по убедување, член на Бугарскиот
земјоделски народен сојуз (БЗНС), во 1919 година станал министер за
внатрешни работи и народно здравје во владата на Стамболиски, 1921 министер
на војската во истата.

519-Георги Марков, цит.дело, 19.

8.3.3. Убиствата на Дончо Ангелов и Митруш Циклев

На 5 октомври 1921 година во близина на селото Саса бил разоружан и убиен


кратовскиот војвода на ВМРО, Дончо Ангелов. Подготовките за неговото
убиство според сеќавањата на Славе Иванов520, кој отпрвин бил близок
соработник на Тодор Александров, а потоа и негов голем противник, датирале
од поодамна, од една преписка меѓу Александров и кратовскиот војвода за
нивна што поскорешна средба во Кратовско по однос на некои организациони
прашања. Дончо Ангелов по однос на Александровото писмо изразил готовност
за средба, но истакнал дека во догледно време требало да се свика конгрес на
Организацијата, да се изработи план за идната активност и да се избере нов ЦК
на ВМРО, бидејќи години на назад составот на ЦК бил спорен, поради фактот
што Организацијата десетици години наназад немала одржано Конгрес.
Присутните на тој состанок се согласиле со предлогот на Ангелов, при што му
било испратено писмо на Александров, кое го содржело предлогот за
подготовки за организарање на конгрес на ВМРО. На 5 октомври Дончо
Ангелов добил писмо од Александров во кое тој го поканил да дојде во
Кратовско за да ги отпочнат подготвителните работи за претстојниот конгрес,
при што кратовскиот војвода се согласил и тргнал на договорената средба со 4
четници придружба. Тој пристигнал во селото Саса и во една селска куќа се
сретнал со Тодор Александров. Во еден момент кога сакал да излезе надвор од
куќата, 4-5 души четници на чело со штипскиот војвода Иван Јанев-Брло521,
кои биле со Александров, му се нафрлиле и го обезоружале Ангелов и неговите
придружници, при што тој бил изведен надвор од селото и бил убиен.522 Од
своја страна, раководството на ВМРО, убиството го објаснувало со
разбојничката активност што, според нив, кратовскиот војвода ја преземал врз
македонскиот народ од тој крај.
Во 1921 година бил убиен и Митруш Циклев, брат на Григор Циклев523, којшто
најпрвин бил војвода на ВМРО, за потоа преку т.н. федералистички чети,
премине во српска служба. Атентатот бил извршен од терористи на ВМРО, по
што се создала опозиција против Тодор Александров во која влегле неговите
довчерашни блиски соработници Григор Циклев, Славе Иванов, Стојан Мишев
и други.524
_______________
520-Славе Иванов (Штип, 14 декември 1888г.), учесник во македонското
национално ослободително движење, член на ВМРО на Тодор Александров; од
1921 година поради несогласувањата со Александров, заедно со неколку
војводи ја формира Македонската федеративна револуционерна организација
(МФРО);соработувал со владата на Стамболиски и Кралството на СХС, а бил и
член на ВМРО(Об.).

521-Иван Јанев-Брло (с.Горни Балван, Штипско, 1878г.), член на ВМРО на


Тодор Александров, штипски околиски војвода, организатор на вооружени
комитски акции на ВМРО во Брегалничкиот округ, исклучен од Организацијата
поради криминал и разбојништво, а поради блискоста со Александров,
помилуван и вратен во редовите на ВМРО(септември 1920).

522-Славе Ивановъ, Тодоръ Александровъ,...цит., .33-36.

523-Григор Циклев (с. Горни Стубол, Пробиштипско-Ќустендил 1941г.), член


на ВМРО, војвода во Кратовско, поради грабежи осуден, а потоа помилуван од
ВМРО, во 1922 година ја напуштил истата и се приклучил кон МФРО, а во 1923
година влегол во српска служба во Кралството на СХС и станал еден од
раководителите на Здружението за борба против бугарските бандити со седиште
во Штип.
8.3.4. Атентатите врз претставници на бугарската власт
Александар Димитров и Александар Панов

Министерот за внатрешни работи во земјоделската влада на Стамболиски,


Александар Димитров бил убиен на 22 октомври 1921 година од страна на
штипскиот војвода Иван Јанев-Брло со неколку четници-членови на ВМРО. На
еден состанок на раководството на ВМРО во Ќустендил на 2 август 1921 година
на бугарскиот премиер Александар Стамболиски и Александар Димитров им
биле изречени смртни пресуди. Дури Димитров на една од последните седници
на владата ладнокрвно изјавил дека бил осуден на смрт и дека скоро ќе бил
убиен. На 22 октомври министерот со својата придружба: Ото Нехелес,
управник на земјоделскиот народен магазин, чешкиот инженер Марек и
телохранителот Методи Георгиев, патувал со автомобил за селото Горно
Козница, па оттаму кон градот Ќустендил. Кога автомобилот започнал да се
спушта кон градот, во еден свиок тој наишол на поставена заседа, од која на
неколку пати бил истрелан дожд од куршуми. Министерот Димитров бил
погоден во слепоочницата, а биле убиени и останатите од придружбата, освен
Ото Нехелес, кој што успеал да се спаси. Атентаторите со ножеви го избоделе
телото на Александар Димитров и му го пресекле гркланот, со што на најсуров
начин му го одзеле неговиот живот.525 Мотивот за убиството бил
непријателствата и вооружените судири помеѓу ВМРО и бугарската земјоделска
влада, што ескалирале до степен на вистинска војна. По извршениот атентат, на
војводата Брло му била укината смртната казна, што од страна на раководството
на ВМРО му била изречена поради грабежите што тој ги извршил врз локалното
македонско, влашко и турско население во Источна Македонија. На 4 октомври
1922 година бил убиен активистот на БЗНС, поранешен санданист и уредник на
весникот "Прокуден земјоделец", Александар Панов.526 Атентатот го извршил
Никола Гулев припадник на Тодоралександровата ВМРО. Убиството било
резултат на непријателствата помеѓу ВМРО и бугарската влада на Стамболиски.
____________________________
524-Славе Иванов, цит.дело, 37/38.

525-Дончо Даскалов, Политически убииства...цит., стр.69.

526-Александар Панов (Велес), учесник во македонското национално


ослободително движење, редактор на весникот "Илинден", во 1922 година
станал член на ЦК на МФРО.

8.3.5 Обиди за атентат врз Михаило Каламатиев и Рајко Даскалов

На 22 октомври 1922 година бил извршен атентат врз двајца трговци од Штип,
Илија Хаџи Васков и Михаило Каламатиев527 , од страна на месни луѓе на
ВМРО. Притоа Хаџи Васков бил убиен во својата куќа, а Каламатиев бил ранет
во вилицата. Атентатите, според ВМРО, биле извршени поради шпионажа на
двајцата пред српските власти, но поверојатна претпоставка е неплаќањето на
определената сума на пари што ВМРО традиционално им ја одредувала на
поимотните граѓани, а завршувала во нејзината каса. По овој настан избила
голема афера во Штип и околината. Ранетиот Каламатиев ожесточен ја
разоткрил месната мрежа на ВМРО во Штип пред српските власти, при што
биле затворени голем број на луѓе, коишто лично ги посочувал Каламатиев,
бидејќи пред тоа тој бил припадник на истата. По операцијата во Белград, тој се
вратил во Штип и исцело се ставил во српска служба, за да благодарение на тоа
подоцна стане прв човек на т.н. Здружение за борба против бугарските бандити,
а бил и пратеник во Народната Скупштина на Југославија од редовите на
српските режимски партии.
На 15 декември 1922 година бил направен обид за атентат врз министерот во
земјоделската влада, Рајко Даскалов. Терористи-членови на ВМРО фрлиле
бомба кон неговиот автомобил во моментот кога тој поминувал пред Народното
Собрание во Софија, при што бомбата експлодирала, но поради брзината на
автомобилот министерот успеал да се спаси.528
_______________________
527-Михаило (Мијалче) Каламатиев (Штип, 12 април 1896г.), трговец, лојален
соработник на режимот на Кралството на СХС, во 1923 година претседател на
т.н. Здружение за борба против бугарските бандити, во 1927, 1931,1935 и 1938
година бил избран за пратеник во Народната Скупштина на Кралството
Југославија од листата на режимските партии; по Втората светска војна починал
во Грција како политички емигрант.

528-Дончо Даскалов, цит.дело, 76.

8.3.6. Атентат врз бугарскиот премиер Александар Стамболиски

Обидите за зближување помеѓу Кралството на СХС и Бугарија во времето на


земјоделската влада на Стамболиски биле пречекани со незадоволство кај
поголемиот дел од македонските емигрантски организации во Бугарија, особено
ВМРО. Исто така и дел од бугарските опозициони партии му забележиле на
премиерот Стамболиски дека премногу настојувал со своите постапки да му се
допадне на Белград и дека во однос на споровите во редовите на македонското
револуционерно движење ја зазел страната на федералистите. На таквите
обвинувања Александар Стамболиски одговорил поопширно на 26 јануари 1923
година кога се осврнал на бугарско-српските односи и македонското прашање.
Во тој контекст Стамболиски ја бранел политиката на земјоделската влада за
зближување со Кралството на СХС и го осудувал секој поединец од власта
"којшто сака да си создава врски со македонствујушчите".529 Понатаму тој
истакнал дека дури и да и се дадело автономија на Македонија, четниците на
ВМРО таму ќе се истребеле меѓусебно во период од неколку години. Владата,
според Стамболиски, немало да попушти пред заканите од физички
елиминации, како што пред тие закани во 1915 година отстапиле царот
Фердинанд и тогашниот премиер Васил Радославов и ја втурнале Бугарија во
национална катастрофа. Александар Стамболиски отворено се изјаснил против
комитските акции на ВМРО, бидејќи тој сметал дека тие немало да ја ослободат
Македонија, туку дека ќе ја уништат. На крајот силно поткрепувајќи ја, уште
еднаш, политиката на зближување на двете соседни држави, Кралство на СХС и
Бугарија, Стамболиски во однос на дејствувањето на ВМРО нагласил дека
"четниците и македонствујушчите со своите лудости само штети правеле на
бугарскиот народ".530
Таквите изјави на претседателот на владата Стамболиски претставувале јасен
сигнал за раководството на ВМРО дека бугарската влада не отстапувала од
нејзиниот концепт за подобрување на односите со Кралството на СХС. Затоа
започнале да се прават планови за извршување на атентат врз Александар
Стамболиски. Погодна можност за тоа се создала по повод 65 годишниот
јубилеј на современата бугарска драма и 15 годишнината на Народниот театар
во Софија, за чие чествување меѓу високите гости било предвидено да
учествува и претседателот на владата Александар Стамболиски. Исто така за 4 и
5 февруари 1923 година во истиот објект се подготвувало одржувањето на
Вториот конгрес на славјанските театри по кој повод пристигнала делегација и
од Кралството на СХС на чело со Милан Грол, којшто давал изјави во духот на
новите пријателски односи меѓу двете соседни држави.531
На 4 февруари празнувањето по повод овие годишнини започнало со
претставување на дејноста на Народниот театар во присуство на бугарскиот цар,
претседателот на владата, министри и други културни и општествено-
политички претставници, како и личности од дипломатскиот кор во Бугарија. И
токму во тоа време, во Народниот театар во Софија, во присуство и на самиот
бугарски цар Борис III, бил извршен неуспешен бомбашки атентат врз
бугарскиот премиер Александар Стамболиски од страна на терорист на ВМРО.
Терористот Асен Даскалов, во моментот на средината на дејствието на пиесата
"Михалаки чорбаџи", од растојание на деветиот ред на седиштата успеал да
фрли сферична бомба во ложата во која што се наоѓале претседателот на
владата и некои владини функционери: Ц. Церковски, П. Јанев и Александар
Оббов, но благодарение на предупредувањето на една жена, тие успеале
навреме да ја напуштат ложата и да се спасат. Интересен е деталот дека во тие
критични моменти, според пишувањето на бугарските весници за настанот,
царот ја задржал присебноста и ладнокрвноста, така што ја смирувал
исплашената публика, за што добил овации од сите присутни во театарот.532
Атентаторот Даскалов извесно време работел во служба на Министерството за
внатрешни работи во борбата против ВМРО и преку обидот за атентат врз
Александар Стамболиски барал можност за рехабилитација пред водачот на
ВМРО, Тодор Александров. Со билет за влез во Народниот театар атентаторот
бил снабден од Димитар Шишманов, кој тогаш бил началник на биро во
бугарското комесарство при постоечката Меѓусојузничка контролна комисија.
Исто така пред атентатот било забележано дека Асен Даскалов се сретнал со
македонскиот терорист од редовите на ВМРО, Мито Гузданов и со новинарот
од весникот "Независност", Петко Стојанов. Во паниката и метежот што
настанале по атентатот, терористот Асен Даскалов успеал безбедно да побегне
од театарот.533Атентатот раководството на ВМРО го оправдувала со обидите за
зближување и пријателски врски на Бугарија со Кралството на СХС. Ваквата
политика Организацијата ја сметала за непријателски чин кон неа и воопшто
кон решавањето на македонското прашање.
На 14 јуни 1923 година во селото Славовица, Бугарија, по извршениот преврат
во државата, била извршена жестока и сурова егзекуција на лидерот на БЗНС и
бугарски премиер, Александар Стамболиски и неговиот брат. За време на 9-то
јунскиот преврат, кој бил најмногу концентриран во престолнината Софија,
претседателот на владата Стамболиски се наоѓал во вилата на неговото родно
место, Славовица, во близината на градот Пазарџик. Превратниците од редовите
на офицерските кругови во Софија знаеле каде се наоѓа земјоделскиот водач и
подготвувале план за негово заробување. Во тој момент, на 9 јуни, Стамболиски
опкружен со неговото лично обезбедување во вилата воопшто не бил запознаен
со настаните околу превратот. Сомневањето кај него се појавило во моментот
кога тој забележал дека биле прекинати телефонските линии, но неговите
советници го успокоиле со зборовите дека состојбата била под контрола.
Во исто време кон селото Славовица се упатил одредот на поручникот Попов,
кој добил наредба од новата власт во Софија да го уапси Александар
Стамболиски. Кога Попов се сретнал со одговорниот на личното обезбедување
на Стамболиски, фелдфебелот Стојанов, од него побарал да им го предадат
земјоделскиот водач, а и да се предадат и самите тие. Потоа настанала
вооружена престрелка помеѓу двете вооружени групи, која поради подобрата
положба и вооружување на обезбедувањето на Стамболиски, завршила со нивна
победа. И покрај овие настани поради изолираноста и дезинформациите што се
ширеле за таа цел во Пазарџик и околината, Александар Стамболиски и
неговите најблиски приврзаници, уште не биле свесни за настанатиот преврат
во главниот град на државата и затоа не презеле енергични мерки за
подобрување на нивната позиција. Стамболиски лично, сепак ја претчувствувал
опасноста и охрабрен од првобитниот успех и лојалноста на неговите
приврзаници, решил да дејствува.534
Како сигнал за опасност до селаните од околните села, по наредба на
Стамболиски, биле истрелани противградобијни ракети, по што за кратко време
се собрале неколку илјади приврзаници на земјоделската влада. Бројот на
вооружените луѓе во селото Славовица и неговата околина изнесувал околу
1500 селани спремни за одбрана на земјоделската влада и нејзиниот
претседател. Од страна на новата власт на чело со Александар Цанков против
селанската војска било испратено ново војничко засилување од градот Пловдив
со задача да го фати сменетиот бугарски премиер Стамболиски. Пред
повторните вооружени судири на спротивставените страни, на Александар
Стамболиски му било испратено уште едно писмо за да се предаде, на што
последниот остро се спротивставил и покрај тоа што конечно дознал за
фактичката состојба во Бугарија предизвикана со превратот. Во тие услови, веќе
сменетиот бугарски премиер, се решил со неколку илјадната војска на негови
приврзаници да го нападне градот Пазарџик.535 Додека траел земјоделскиот
поход на Пазарџик кон селанската армија успеал да се приближи вооружениот
одред на мајорот Попов, кој повторно се судрил со приврзаниците на
Стамболиски, но поради бројната надмоќност на последниот, повторно бил
поразен и покрај дополнителната воена помош што ја добил од превратниците.
Во такви услови градот Пазарџик бил заобиколен од три страни од војската на
Стамболиски, кој бил сигурен во воената победа и заземањето на градот. Во
опсадата тој добил помош и од неговиот брат Васил Стамболиски, кој што
застанал на чело на еден дел од вооружените формации. И кога потпаѓањето на
градот во земјоделски раце веќе било речиси извесно, на помош на опсадените
приврзаници на новата власт им дошло воено засилување од гарнизонот во
градот Пловдив и тоа токму од страната на градот која не била опсадена.
Всушност тој момент го решил понатамошниот исход на борбите и судбината
на самиот Стамболиски. Надмоќната и добро вооружена војска на 9-то јунските
превратници, која имала и поголемо воено искуство од селанската војска на
земјоделскиот водач, извојувала победа пред градот Пазарџик и целосно ги
разбила своите противници. Во такви услови, Александар Стамболиски останал
само со неколкумина свои најверни приврзаници и неговиот брат Васил. Пред
постојаните потери кои настојувале да му влезат во трагата на Стамболиски,
групата се упатила во правец на неговото родно село Славовица. Овде
Стамболиски решил групата да се растури, по што и покрај настојувањата на
неговите другари преку планинските превои да побегне надвор од земјата, тој
останал и со надеж дека ќе биде уапсен и однесен во престолнината Софија,
каде се надевал на праведен третман од новата власт. Откако ја дознале веста
дека останал сам, воените кругови блиски до превратниците, со директна
наредба на генералот В'лков, во таа област испратиле специјален одред со
задача Александар Стамболиски да биде фатен жив. На чело на тој одред биле
поставени полковникот Славејко Василев и капетанот Иван Харлаков.
Во исто време Стамболиски сам талкал по околните села и преправајќи се дека
бил трговец со дрва од селаните успеал да дознае за дефинитивниот преврат во
државата. Во обидот да помине низ селото Голак, тој бил препознаен од едно
воловарче, кое го пријавило на најблиските органи на власта и така сменетиот
бугарски премиер паднал во заробеништво на новата власт во Бугарија.
Стамболиски паднал во заробеништво на Славејко Василев и при првата средба,
бидејќи се знаеле од порано, водачот на земјоделската партија го дал следниот
коментар: "Најпосле началникот на канцеларијата го победи министерот на
војната".536 Со автомобил Александар Стамболиски бил одведен во воениот
гарнизон во Пазарџик, каде приврзаниците-офицери на новата власт се обиделе
да го линчуваат. Настанала кавга помеѓу Харлаков и Василев по однос на тоа
чија наредба требало да се исполни и во чија надлежност да биде заробениот
Стамболиски. Во однос на тоа дилемата била разрешена со директната наредба
од Софија која судбината на поранешниот бугарски премиер му ја доверила на
капетанот Иван Харлаков. Најтешкиот дел од заробеништвото на Александар
Стамболиски започнал од моментот кога неговите мачители го одвеле во вилата
во родното село Славовица, каде започнале суровите измачувања. Постојат две
верзии за тоа кој бил одговорен за инквизиторските методи применети против
земјоделскиот водач. Според едната, главната улога во тоа ја имала ВМРО,
повикувајќи се на податокот дека во вилата на Стамболиски во селото
Славовица од страна на капетан Харлаков му била прочитана смртната казна на
водачот на земјоделците од името на ВМРО и Воената лига, по што и покрај
противењето на Стамболиски започнале сурови измачувања врз него и неговиот
брат. Главен инквизитор бил скопскиот војвода на ВМРО, Величко Велјанов-
Чичето, заштитен и обезбедуван од 30-тина четници на Организацијата.
Бугарскиот премиер и неговиот брат биле измачувани, постојано биле
принудувани да се збогуваат, биле натерани да си ги ископаат своите гробови,
за да на крајот откако со нож му биле исечени ушите и носот, со десетици
убоди, Стамболиски бил најѕверски убиен. Измачуваниот земјоделски водач,
веројатно со крајни, натчовечки напори пред да почине успеал со крв на еден
камен да го напише часот, денот, месецот и годината на неговото убиство: 12 ч.
14 јуни 1923 година.537
Според втората верзија, пресуден збор за судбината на Александар
Стамболиски имал капетанот Харлаков. По негова наредба Стамболиски од
неговите мачители најпрвин бил навредуван, понижуван, пцуен и
омаловажуван, а потоа започнале физичките измачувања со немилосрдно
тепање. Стамболиски бил принудуван да ги носи на грб неговите мачители, кои
покрај тој срамен чин, го боделе со своите ножеви за да оди побргу, а воедно
започнале да го тепаат и со камшици.538 Во исто време, во една друга куќа во
селото бил фрлен во заточеништво и неговиот брат Васил Стамболиски. По
извесно време иследниците му соопштиле дека имаат намера да го однесат кај
неговиот брат Александар, на што свесен за нивните намери тој остро се
спротивставил, не сакајќи да го гледа со свои очи измачувањето на брата си. Со
употреба на насилни средства Васил Стамболиски бил качен во автомобил и
бил однесен во вилата на неговиот брат, каде двајцата, облеани во крв и
унакажани од мачење, биле принудени да гледаат еден во друг и да се надеваат
дека ужасите ќе бидат прекинати со смрт, која во таа очајна состојба им
изгледала како награда и спас од инквизициите.
Но тогаш започнало уште пожестоко и сурово измачување на двајцата браќа.
Еден од мачителите со нож му ги отсекол ушите на Александар Стамболиски,
друг почнал да му сече делови од нозете, додека трет му забивал нож во
градите. За да биде уште поголема агонијата на сменетиот бугарски премиер,
мачителите со хируршка точност ги забивале ножевите во телото на жртвата во
длабочина што нема да предизвика брза смрт, за да биде продолжено
измачувањето. Врв на садизмот и на инквизиторските методи бил моментот
кога иследниците се обидувале да го натераат Александар Стамболиски да јаде
делови од своето тело и да ја пие својата сопствена крв. Раскинатите делови од
телото на несреќниот земјоделски водач тие му ги давале да ги држи на
неговиот брат Васил, кој не можејќи да го издржи тој момент, починал во
најголеми маки. Суровостите на крај завршиле со тоа што мртвото тело на
Александар Стамболиски било исечено на 75 парчиња.539
Утредента четниците на ВМРО го закопале мртвото тело на Стамболиски во
лозјето на неговата вила. Новата влада известила дека автомобилот во кој бил
превезуван поранешниот претседател на владата бил нападнат од вооружени
селани-негови приврзаници, кои го ослободиле, но во настаната вооружена
престрелка, тој наводно загинал. Бидејќи малку кој верувал во ваквата верзија
на убиството на Стамболиски, полковникот Василев по прегледот на вилата и
гробот без крст на убиениот, му наредил на капетанот Харлаков и на
поручниците Крстев и Сава Савов да ги закопаат посмртните останки на некое
поскришно место во близина на реката Марица, далеку од погледите на
љубопитните трагачи по вистинската верзија за атентатот. Од пронајдените во
вилата на Стамболиски, француски и швајцарски франци во вкупен износ од
околу 18 милиони левови, 4 милиони биле внесени во Бугарската Народна
Банка, еден милион отишол во касата на ВМРО, а останатите "потонаа во нечии
длабоки џебови".540
Според некои мислења, постоело и трета промена на локацијата на гробот на
Александар Стамболиски, која има елементи на легендарност, бидејќи
Стамболиски имал голема популарност среде широките селански маси во
Бугарија. Имено, според неа, по извесно време водите на реката Марица ги
откриле посмртните останки на Стамболиски и тие случајно биле пронајдени од
некој селанец од околните села. Селанецот ги собрал остатоците од телото на
покојниот бугарски премиер и тајно ги закопал во својата нива и за локацијата
на гробот ги запознал своите соселани, додека местото на новиот, трет по ред,
гроб на Александар Стамболиски останало непознато за новата бугарска
власт.541 Во врска со убиството на Александар Стамболиски се провлекувала
уште една недоволно испитана работа, а тоа било тврдењето дека по
егзекуцијата капетанот Иван Харлаков лично му ја пресекол главата на
починатиот и во торба ја однел во престолнината Софија за да им ја покаже како
триумфален предмет на водачите на 9-то јунскиот преврат. И по дваесетина
години од настанот Харлаков не дал точен одговор кому му ја однел главата на
убиениот бугарски претседател на владата. Според едно мислење главата била
однесена во Софија, била шпиртосана и оставена да биде земена од тој што ја
нарачал, додека според други таа била однесена некаде во странство, запалена, а
пепелта била вратена назад во Бугарија, каде била и закопана.542
Како и да е, после овие настани, еден од главните учесници во атентатот врз
Александар Стамболиски, капетанот Иван Харлаков исчезнал и од политичката
и воената сцена во Бугарија. Од страна на новата бугарска власт на јавното
мислење во државата му се прикажала информација дека капетанот умрел во
Белгија. И додека во Бугарија полека се подзаборавало на немилите и крвави
настани од 1923 година, во исто време Харлаков под друго име водел раскошен
живот со државни пари по париските кафеани. Поминале години и во
приквечерието на Втората светска војна, озлогласениот капетан наеднаш се
вратил од "мртвите" и преку обучувањето на младинци кои имале завршено
училиште за резервни офицери, настојувал да се врати на сцената на
општествено-политичкиот живот во Бугарија. По доаѓањето на власт на
Отечествениот фронт во септември 1944 година, капетанот Харлаков бил уапсен
од страна на новата власт во Бугарија. Во врска со обвинувањата дека директно
бил одговорен за убиството на Александар Стамболиски тој се бранел дека ги
извршувал наредбите издадени од страна на еден од главните тогашни
заговорници, генералот Иван В'лков. Според неговите искази, во моментите
кога му бил предаден Стамболиски во негова надлежност од страна на
полковникот Славејко Василев, тој со автомобил тргнал за Софија, каде имал
наредба да го одведе жив сменетиот бугарски премиер. По патот, според
Харлаков, тој и неговата придружба биле нападнати од една вооружена 30 члена
група на ВМРО, предводена од војводата Величко Велјанов-Чичето. Притоа
Александар Стамболиски бил земен од четниците на ВМРО и одведен во
непознат правец. Така капетанот Харлаков настојувал да докаже дека од тогаш
натаму тој не знаел ништо за судбината на Стамболиски и дека главниот
иследувач во тој случај била организацијата ВМРО и нејзиниот доверлив човек,
скопскиот војвода Величко Велјанов.543 Тие искази даваат доказ за учеството
на ВМРО во подготовките и убиството на Стамболиски, но во никој случај
нивната улога не била првостепена, туку главниот збор го имале Воената
офицерска лига во Бугарија и капетанот Харлаков како нејзин експонент.
Во однос на настаните околу 9-то јунскиот преврат и убиството на Александар
Стамболиски од преследувачките чети на ВМРО, премиерот на новата бугарска
влада, Александар Цанков, истакнал дека тоа се случило затоа што владата на
Стамболиски сметала дека ВМРО и нејзиното дејствување биле една од
најголемите пречки за зближување на Бугарија со Кралството на СХС. Тој,
според Цанков, мислел дека со уништувањето на ВМРО, патот за зближување
бил расчистен и затоа започнал со апсења на луѓе од Организацијата, при што се
обидел да ги уапси и нејзините раководни кадри. Симпатиите на Цанков кон
ВМРО оделе до тој степен што тој сметал дека ВМРО била чисто
револуционерна организација и дека со внатрешна политика и државни
бугарски работи воопшто не се занимавала и затоа таа одбегнувала да влезе во
конфликти со различните бугарски влади. Но, според него, ако некој се огрешел
кон неа, тогаш ВМРО судела и казнувала на единствен можен начин - со смрт.
Во тој правец, Александар Стамболиски не бил осуден за, како што истакнал
Цанков, неговото "србофилство", туку затоа што тој се обидел да ја уништи
ВМРО. Организацијата кога ќе осудела некого, тогаш на било каков начин
пресудата му била врачувана и тој не можел да ја избегне казната, бидејќи
"дните му биле избројани". Кога и да е, каде и да е, личноста била наоѓана и
егзекутирана, бидејќи за ВМРО важело правилото: "Може да се забави, но нема
да се заборави".544
Во врска со 9-то јунскиот преврат и убиството на бугарскиот премиер
Александар Стамболиски, свое видување на работите и настаните дал и водачот
на ВМРО, Тодор Александров, во неколку интервјуа за дописници и новинари
на странски весници. Според мислењето на Александров, ВМРО како
организација не зела директно учество во превратот, иако некои нејзини
пооделни членови учествувале, но не како членови на Организацијата, туку како
бугарски граѓани. Тодор Александров сметал дека ВМРО и според
програмските определби и другите организациски документи не требала да се
меша во внатреполитичките борби во Бугарија. Поради уништувањето на
другите организации во Бугарија, според водачот на Организацијата, ВМРО
останала единствена способна сила која можела да и се спротивстави на, како
што истакнал, предавничката политика на земјоделската влада на Стамболиски.
Затоа ВМРО иако не признавала директно учество во 9-то јунските настани во
1923 година, таа според Александров, ја подготвила почвата за превратот
морално и материјално.545 ВМРО, според Александров "беше единствената
реална сила, којашто тој не може да ја победи (се мисли на Александар
Стамболиски-б.м.), за да царува 100 години над Бугарија, како што тој
изјавуваше."546 За да ја уништи Организацијата, Стамболиски имал средби со
српскиот премиер Никола Пашиќ, а такви планови биле разгледувани и во
разговорите помеѓу одредени српски и бугарски министри. Заради сите тие
активности на бугарската земјоделска влада, премиерот Александар
Стамболиски и неговите министри биле осудени на смрт од страна на ВМРО и
според искажувањето на Александров, доколку не успеел планираниот 9-то
јунски преврат, Организацијата имала резервен план за извршување на
смртните пресуди. Така раководството на ВМРО планирало во текот на една
ноќ да уфрли помеѓу 700 и 800 терористи во Софија, коишто во период од
неколку часови би извршиле убиства врз министрите од кабинетот на
Стамболиски, при што требало да остават писмо со образложение зошто се
извршени смртните казни, без притоа да се посочува кој ќе застане на чело на
државниот врв на Бугарија.547
Уште поинтересни биле видувањата за атентатот врз Стамболиски и 9-то
јунските настани од некои директни учесници во случувањата, кои потекнувале
од пониските структури на ВМРО или биле обични четници во комитските
чети. Исказите на Атанас Христов Џолев фрлаат поинаква светлина на
евентуалната вмешаност на ВМРО во јунските и септемвриските настани во
1923 година. Според него, на членовите на ВМРО во Пиринска Македонија им
било забрането да членуваат во бугарските партии, во тој правец и во
комунистичката, за да не се мешаат во внатрешните политички борби во
Бугарија и да се зачува самостојниот карактер на ослободителната борба на
Организацијата. Сепак некои помлади членови на ВМРО со оружје во рака
учествувале во соборувањето на бугарската влада, за што биле казнети со смрт
од Организацијата.548 Македонските комитски чети кои се бореле во Вардарска
и Егејска Македонија, според Џолев, не учествувале ниту во соборувањето на
владата на Стамболиски и неговото убиство, ниту против комунистичкото
востание во "стара" Бугарија и убиството на бугарски граѓани. Според Атанас
Христов Џолев, на територијата на Бугарија по Балканските и Првата светска
војна живееле околу половина милион Македонци од различни краеви на
Македонија кои заедно со Бугарите како бугарски иоданици имале право да
членуваат во бугарските политички партии. Тие Македонци, заедно со Бугарите
вооружени од власта ги имале извршено убиствата врз голем број луѓе и во
текот на 9-то јунскиот преврат и во Септемвриското востание и, според него,
немале ништо заедничко со ВМРО и тие нивни злодејанија ги извршиле не како
членови на ВМРО, туку како "бугарски бандити". Според ваквите искази
"Македонците од Пиринска Македонија и од Грчка и Српска не се едно и исто
со Македонците, коишто живеат во Бугарија.
____________________

529-Васил Василев, Последният опит за споразумение между правителството на


БЗНС и ВМРО през 1923 Г. "Македонски преглед", год.ХIV, кн.З, Софија,
1991,46.

530-Исто.

531-Исто, 47.

532-Дончо Даскалов, Политически убийства...цит., 76.

533-Васил Василев, Последният опит за споразумение..., 47.

534-Убиецътъ на Александъръ Стамболийски говори..., Софија, декември 1944


година, 10-12.

535 Исто,19.

536 Исто,28.

537-Дончо Даскалов, цит.дело, 84/85.

538-Убиецътъ на Александъръ Стамболийски..., 35.

539-Исто, 40/41.

540-Г. Марков, Камбаните бият сами..., 24.

541-Убиецътъ на Александъръ Стамболийски..., 47.

542-Исто.48.

543-Исто,57.

544-Александър Цанков, България в бурно време," Спомени", София,


1999,168/169.

545-Срещтата на Тодор Александров с г. Неманов,голяам журналист, сътрудник


и приятел на г. Милюоков и пр.пр., Тодор Александров - Непубликувани
спомени, документи и материяали, София, 2002,146/147.

546-Исто,147.
547-Исто,149.

548-Спомени на Атанас Христов Джолев записани од Атанас (Анци) Наумов,


Убийството на Тодор Александров (изследване и документи), предговор и
редакција Кирил Пърличев, София, 2002, 157.

549-Исто,158.

8.3.7. Атентатот и убиството на Рајко Даскалов

Во Прага, Чешка, на 26 август 1923 година бил убиен Рајко Даскалов,


поранешен министер во владата на Александар Стамболиски. По создавањето
на нова влада на Стамболиски во февруари 1923 година, Даскалов не влегол во
составот на владата, туку бил испратен за полномоштен министер на Бугарија
во Прага. Ваквиот развој на настаните бил веројатно поради тоа што премиерот
Стамболиски сакал да го заштити својот добар пријател и соработник од
обидите на ВМРО да изврши атентат врз него. Имено, уште во март 1923 година
од страна на истата на Рајко Даскалов му била изречена смртна пресуда под
број 375 со обвинение дека тој преку т.н. Владајско востание, пред крајот на
Првата светска војна, придонел за неправеден мировен договор по однос на
Македонија и обвинение дека се борел да се ликвидираат водачите на ВМРО.
Веста за 9-то јунскиот преврат Даскалов ја дочекал во Прага и оттаму почнал да
дејствува како заменик на веќе починатиот Стамболиски. Веројатно по барање
на Воената лига, со која ВМРО била поврзана, било решено да се активира
смртната пресуда против Рајко Даскалов и за таа цел во Прага под името Атанас
Николов бил испратен македонскиот терорист Јордан Цицонков550 да го
изврши атентатот.
На 26 август, Рајко Даскалов со уште двајца пријатели, Георги Босолов и Иван
Бојаџиев, се движел по улицата "Холечкова", во предградието на Прага кон
својот стан. Во тој момент одзади му се доближил еден млад човек, кој од
непосредна близина истрелал три пати кон Даскалов, а се слушнал и четврт
истрел кога врз атентаторот се нафрлиле Босолов и еден таен агент задолжен за
безбедноста на поранешниот бугарски функционер. Сите куршуми ја погодиле
целта: првиот ја погодил левата задна страна од телото и ги ранил слепото црево
и левиот бубрег, вториот куршум го погодил Даскалов во десната задна страна и
излегол преку градниот кош, а третиот поминал низ левото бедро.551 По
извршениот атентат, Цицонков бил фатен, Даскалов иако бил погоден три пати,
не подлегнал веднаш на повредите и успеал да го извади својот револвер за
самоодбрана, по што бил однесен во болница, опериран, но поради тешките
прострелни рани, починал. За стореното дело против осомничениот со лажно
име Атанас Николов на 12 октомври му било подготвено обвинение од
државниот обвинител за убиство со умисла според член 134 и член 135 од
чехословачкиот закон за дело против сигурноста на животот и за прекршок
според законот за вооружување од 24 октомври 1852 година, член 223.552
Во одбрана на атентаторот ца ВМРО бил ангажиран адвокатот д-р Јан Ренер, кој
во текот на судската постапка истакнал дека обвинетиот дејствувал во
согласност со решенијата и одлуките на Организацијата и се повикувал на
податокот дека во текот на владеењето на режимот на Стамболиски во Бугарија,
токму по налог на Даскалов биле прогонувани и убивани многу Македонци.
Откако завршила расправата и биле прикажани сите доказни материјали, на
државниот обвинител и на одбраната на Цицонков, судот во Прага донел одлука
според која обвинетиот се ослободувал и се прогласувал за невин по однос на
сите обвиненија, освен третото каде пресудата гласела дека Јордан Цицонков
бил виновен за носење на оружје без дозвола. Врз основа на тоа последниот бил
осуден на 48 часа затвор, што му било сметано за ислужено поради претходното
апсење, 20 круни парична казна и конфискување на револверот. Согласно
тогашното чехословачко законодавство, ослободениот атентатор требало да
биде екстерниран надвор од границите на државата. По повод ваквата пресуда
еден револтиран набљудувач на процесот извикал дека по ваквата пресуда, сите
можеле слободно да убиваат. Присутните полицајци веднаш го уапсиле.553
Поради ваквиот развој на настаните се подигнала лавина од незадоволство пред
се во Кралството на СХС, кое се чувствувало најмногу засегнато од
терористичките напади на ВМРО, бидејќи најчеста цел на напад на терористите
на Организацијата биле личности и институции на системот во Вардарска
Македонија под српска власт. По извршениот дипломатски притисок, но и тој
на јавното мислење, посебно во Кралството, а особено по откритието дека
вистинскиот идентитет на атентаторот Атанас Николов е друг т.е. Јордан
Цицонков, според чехословачкото законодавство се создале услови за
повторување на судскиот процес. Големиот публицитет што овој судски процес
го добил предизвикал вклучување и на потесното семејство на Јордан Цицонков
во потврдувањето на неговиот вистински идентитет. Неговиот татко Мито
Цицонков изјавил дека Јордан исчезнал пред две години, а неговата сопруга не
знаела ништо за него. Но мистеријата за вистинскиот идентитет на атентаторот
се расветлила врз основа на сликата што неговиот татко им ја покажал на
српските власти, кои веднаш ја препратиле во Чехословачка.
Новите факти и моменти што се појавиле во овој случај овозможиле Јордан
Цицонков да остане уште една година во затвор и да го исчекува вториот судски
процес. Во врска со новонастаната ситуација која не била во полза на Цицонков,
водачот на ВМРО, Тодор Александров испратил писмо до чехословачкиот
претседател Масарик во кое иронично му предочил дека доколку прашањето
било во тоа да се задоволи желбата за одмазда на српското пратеништво во
Чехословачка, тогаш најдобро било обвинетиот да се однесе во Белград и да се
запали на клада. Како и да е, властите донеле одлука да се одржи нов судски
процес во провинциското гратче Табор на 22 октомври 1924 година.
На судскиот процес во градот Табор повторно биле спротивставени двете
различни гледишта по однос на атентатот врз Рајко Даскалов, она на одбраната
кое го оправдувало од позиција на тоа дека бил направен по наредба на една
организирана вооружена организација со статут и програма, на која се
потчинувале сите нејзини членови и она на државниот обвинител, кој го
осудувал и го споредувал со класично злосторство и барал најстрога казна за
извршителот. Во сосема изменета ситуација, со нови доказни материјали, во
доста напрегната ситуација, судскиот совет во Табор едногласно донел одлука
дека обвинетиот Јордан Цицонков е виновен за стореното дело и се осудувал со
затворска казна од 20 години темничен затвор.555 На 26 јануари 1926 година,
тој се самоубил во затворот.556 Мотивите за атентатот биле непријателските
односи помеѓу бугарската земјоделска влада и ВМРО, како и претходно
изречената смртна казна од оваа организација над убиениот.
___________________________
550-Јордан Цицонков (Штип, 9 септември 1901г.), член на ВМРО, по Првата
светска војна работел во Дирекцијата за финансии во Штип, јуни 1922 година
побегнал во Бугарија и станал терорист во редовите на ВМРО.

551-Трите дела Прага-Таборъ-Виена-Милано, Страници отъ борбата на


Македония (По стенограми, отчети, коментари на вестниците и документи на
ВМРО), София, 1927,17.

552-Исто,18.

553-Исто,33.

554-Исто, 36/37.

555-Исто, 64.

556-Дончо Даскалов, цит.дело, 89/90.

8.3.8. Атентатите и убиствата за време на Септемвриското востание во Бугарија

За време на Септемвриското востание на БКП во Бугарија во 1923 година, меѓу


поголемиот број на убиени комунисти-Македонци од страна на ВМРО бил
убиен и внукот од сестра на Гоце Делчев, Тодор Чопов557, македонски деец од
левицата и член на БКП. Востанието требало да се крене веднаш по 9-то
јунскиот преврат, меѓутоа по големите спорови и дискусии по ова прашање, на
крајот под влијание на Коминтерната, за да се исправела претходната грешка,
било испланирано востанието да се крене во месец септември. Во ова востание
организирано од БКП учество зеле членови-комунисти, како и приврзаници на
соборената земјоделска партија на поранешниот премиер Александар
Стамболиски. Тоа имало подршка и кај македонскиот народ во Пиринска
Македонија, пред се кај членовите и симпатизерите на БКП. БКП пред
почетокот на востанието се обидела да ја привлече на своја страна и ВМРО или
ако тоа е невозможно, барем да ја неутрализира. Таквата возможност се гледала
во создавањето на едно лево течение, внатре во Организацијата, кое било
предводено од бивши членови на Серскиот револуционерен округ, блиски до
Јане Сандански, како и членови на ВМРО на кои им биле блиски
комунистичките идеи. Во полза на тоа оделе и не толку добрите односи меѓу
владата на Александар Цанков и раководството на ВМРО по прашањето за
подобрување на односите меѓу Бугарија и Кралството на СХС. Сето тоа
придонело ВМРО во преговорите со БКП да вети дека ќе остане неутрална за
време на востанието и дека ако тоа успее, ќе ја признае новата комунистичка
власт. Но како услов за својата неутралност раководителите на ВМРО го
поставиле барањето во Пиринскиот дел на Македонија да нема востанички
акции.558 Дури еден дел од левицата на Организацијата на чело со Алеко
Василев-Пашата559, активно го помагале септемвриското комунистичко
востание. По започнување на борбите еден одред од околу 130 вооружени луѓе
на чело со Тодор Чопов и Димитар Ацев се упатил кон бугарскиот град
Дупница на помош на востаничките сили, придржувајќи се на договорот да не
се разгорува борбата во Горна Џумаја и другите околии во Пиринска
Македонија.
Откако добиле известување дека востанието во Дупница било прекинато,
одредот, според Ангел Динев, се поделил на неколку групи, од кои една
заминала за Разлог, а другата за Горна Џумаја. На 24 септември раководителите
на востанието дознале дека во многу краеви на Бугарија востанието воопшто не
било кренато, а таму каде што избувнало во поголем број случаи било
задушено. Откако сфатиле дека нивната борба била изолирана и дека против
нив се кренале и четите на ВМРО заедно со редовната бугарска војска, меѓу
локалните раководители на востанието била донесена одлука да се влезе во
преговори со раководството на ВМРО, при што последното да се обврзе дека ќе
го поштеди животот на востаниците.
Преговорите помеѓу востаниците и ВМРО започнале на 24 септември при што
бил постигнат договор според кој востаниците го предале оружјето, со ветување
дека нема да бидат убиени. Договорот влегол во сила на 25 септември, така што
борбите завршиле, а единствено група востаници, меѓу кои Атанас Стајков,
Георги Рачев и Георги Караџов не го предале оружјето и создале нелегална
чета, која дејствувала на Рила планина. По овие настани започнало
преследување од страна на власта врз учесниците во Септемвриското востание,
во што се вклучиле и вооружените чети на ВМРО, при што им биле изречени
смртни пресуди на поголемиот дел од водачите на востанието, но благодарение
на наклоноста на Алеко Василев-Пашата, дел од нив се спасиле.560
Од страна на четите ВМРО биле убиени: браќата Борис561, Кирил562 и
Димитар Костовски563 од село Кочариново, Коста Сандев564 од село Зарево,
Солунско, Никола Иванов565 од Хисарлак, Сотир Лазаров566 и Јанчо
Хајдушки567 од Горна Џумаја, Игнат Николов568 од Цариброд, Васил
Коритаров569 од Босилеградско, Ташко Малев570, Јордан Клинчаров571 и
Атанас Георгиев572 од Горна Џумаја, Иван и Георги Савов573 од Ќустендил,
Стефан од Одринско, Петар Ичков574 од Горна Џумаја, Петар Здравков од
Велес, Евгениј Георгиев575, Сотир Календерски576 и Иван Марков577 од
Горноџумајско, Никола Тодоров Нучков и Стојко Стоилов578 од Горна Џумаја,
Ристо Стојков, Ѓорѓи Иванов Хаџијски, Борис Давитков579, Илија Катачки,
Методи Мазнев580, Петар Димитров, како и раководителот на разлошката
востаничка чета, Тодор Чопов. Како причина за овие убиства од страна на
ВМРО било наведено непочитувањето на договорот помеѓу ВМРО и БКП од
последната за неширење на востанието во Пиринска Македонија. За време на
истите настани од припадниците на ВМРО, Михаил Монев581 (зет на Тодор
Александров), Васил Мечкуевски и Иван Караџов во Горна Џумаја
(Благоевград) биле убиени комунистите: Димитар Ацев582-учител, Никола
Лисичков583 - адвокат и нотарот на градот Стефан Велинов. Тие биле обесени,
а нивните тела биле оставени да висат неколку дена во градот.584 На нивното
убивање претходеле ветувањата дека животите на поголемиот дел од останатите
востаници ќе бил поштеден и тие ќе биле заштитени од Алеко Пашата. Меѓутоа
поголемиот дел од нив биле разоружани и однесени во Разлог, од каде 60-мина
биле однесени во Горна Џумаја, со образложение да бидат пуштени на слобода.
Пред градот колоната била дочекана од војводи на ВМРО, кои ги издвоиле
Димитар Ацев и Никола Лисичев (Лисичков) од групата, додека другите биле
затворени во касарната, каде веќе се наоѓале 200 затвореници од градот и
околината. Ноќта меѓу 9 и 10 октомври 1923 година на старите врби кај мостот
во центарот на Горна Џумаја биле направени четири бесилки за Ацев,
Лисичков, Велинов и Илија Илиев. Првите тројца биле обесени, додека Илиев,
кој бил тешко болен, терористите од ВМРО не можеле да го довлечкаат до
бесилката и го убиле пред својот дом. Четворицата убиени биле погребани во
иста гробница во Горна Џумаја, која народот ја нарекол "Комуна".585
Иван Илиев Ајдински од село Дабиле, Струмичко, македонски револуционер од
левицата бил убиен на 9 октомври 1923 година во Горна Џумаја од страна на
ВМРО под обвинение дека се занимава со комунистичка дејност.586 Смртната
пресуда му била извршена поради неговите идејни левичарски убедувања.
_________________________________
557-Тодор Чопов (Кукуш, февруари 1892 г.), учесник во редовите на
македонското национално ослободително движење, литературен деец, режисер,
артист; по Првата светска војна влегол во Привременото претставништво на
бившата обединета ВМРО, станал комунист и анархист по политичко
убедување; се вклучил во ВМРО на Тодор Александров и припаѓал на левото
крило на Организацијата; учествувал во Септемвриското комунистичко
востание во Бугарија во 1923 година.

558-История на Благоевградската окръжна организации на БКП, София, 1979,


стр.127.

559-Александар Василев-Алеко Паша (с.Баракли, Џумаја, Серско, 1890г.),


учесник во македонското револуционерно движење, левичар, близок до групата
Серчани, во 1922 година серски окружен војвода и раководител на ВМРО на
Александров во Петричко; по 1924 година голем противник на Тодор
Александров во внатреорганизационите борби и поделби; ги прифатил
принципите на Мајскиот манифест

560-История на Благоевградската..., 134/135.

561-Борис Костов Терзиски (с.Кочариново, Ќустендилско, 22 мај 1896г.),


потекнувал од сиромашно шивачко семејство, бил член на БКП од 1919 година;
зел активно учество во Септемвриското востание со неговите браќа, Кирил и
Димитар; заедно со брат му Кирил биле фатени и на 25 септември 1923 година
биле убиени во месноста "Бачиново", Горноџумајско.

562-Кирил Костов Терзијски (с.Кочариново, Кустендилско, 8 мај 1900г.), член


на БКП; во Септемвриското востание учествувал со неговите браќа, Борис и
Димитар; на 25 септември 1923 година бил убиен заедно со неговиот брат
Борис, во месноста "Бачиново', од страна на четници на ВМРО.

563-Димитар Костов Терзијски (с.Кочариново, Ќустендилско, 11 септември


1902г.), дрводелски работник, член на Комсомолот; заедно со неговите браќа,
Борис и Кирил, учествувал во Септемвриското востание; на 25 септември 1923
година при преминот на реката Ковачица, востаниците се судриле со четите на
ВМРО и бугарска војска и полиција кај Миховско маало, Разлошко, при што
Димитар бил фатен, измачуван, а потоа убиен.

564-Коста Иванов Сандев (с.Зарево, Солунско, 15 март 1883г.), завршил


Солунска егзархиска гимназија, 1912 година заминал за Америка, во Првата
светска војна се вратил во Бугарија; 1916 година станал член на БКП;
учествувал во Септемвриското комунистичко востание во 1923 година.

565-Никола Иванов Христов (с.Рилци, Горноџумајско, 1897г.), работел како


архивар во судот во Горна Џумаја; член на БКП; учествувал во Септемвриското
востание, заедно со брат му Георги Иванов, во состав на Горноџумајскиот
востанички одред; на 25 септември 1923 година бил заробен од четите на ВМРО
и уште истата вечер бил убиен во месноста 'Добро поле', на падините на
Бистришкиот балкан.

566-Сотир Лазаров Петров-Тината (Горна Џумаја, 1901г.), потекнувал од


сиромашно занаетчиско семејство; од 1921 година се вклучил во работничкото
движење во Бугарија; учествувал во Септемвриското востание; на 25 септември
1923 година бил заробен од четите на ВМРО и по петдневни измачувања, на 1
октомври, бил убиен во месноста "Картала'.

567-Јанчо Стоилов Хајдуков (с.Лешко, Горноџумајско, 1 октомври 1882г.), член


на земјоделското движење, 1921 година бил избран за кмет на Горна
Џумаја(Благоевград), од 1923 година бил илегален; учесник во Септемвриското
востание; на 27 септември 1923 година бил сурово егзекутиран во месноста
"Бачиново', близу до Горна Џумаја.

568-Игнат Николов (Цариброд), по Првата светска војна се преселил во Горна


Џумаја (Благоевград); бил борец во Горноџумајскиот востанички одред за време
на Септемвриското востание; на 25 септември 1923 година во судирот на
одредот со четите на ВМРО бил убиен.

569-Васил Велинов Коритаров (с.Груинци, Трнско, 15 декември 1887г.), имал


дрводелска работилница во Горна Џумаја, бил член на БКП; бил учесник во
Септемвриското востание во Горноџумајскиот востанички одред; бил фатен од
четите на ВМРО и убиен во месноста "Карталска полјана', Разлошко, на 27
септември 1923 година.

570-Ташко Малев (Горна Џумаја, 18 септември 1898г.), потекнувал од


сиромашно семејство и станал чевлар по професија; за време на
Септемвриското востание се вклучил во Горноџумајскиот востанички одред;
бил заробен од четниците на ВМРО, измачуван и по два дена, на 27 септември
1923 година бил убиен во месноста ’Картала', на Бистришкиот балкан.

571-Јордан Николов Клинчаров (с.Стоб, Ќустендилско, 1903г.), бил чевларски


работник; во Септемвриското востание се борел во редовите на
Горноџумајскиот востанички одред; бил убиен на 25 септември 1923 година во
месноста 'Бачиново' од страна на четници на ВМРО.

572-Атанас Георгиев Самарџиев (Разлог, 1897г.), за време на Првата светска


војна бил архивар во Горна Џумаја, член на БКП; бил учесник во
Септемвриското востание; загинал во престрелка на 24 септември 1923 година.

573-Георги Савов Серафимов (Ќустендил, 16 март 1894г.), бил шивач по


професија, учесник во Септемвриското комунистичко востание во рамките на
Горноџумајскиот востанички одред; во битката на 25 септември во месноста
'Дабова', тој бил заробен од четите на ВМРО и на 27 септември 1923 година бил
убиен во месноста "Картала', на Рила планина.

574-Петар Ичков-Златарчето (с.Стрезово, Кукушко, 1901г.), по Балканските


војни заедно со неговото семејство се населил во Горна Џумаја; бил член на
Комсомолот; учествувал во Септемвриското востание; бил заробен од четници
на ВМРО и на 27 септември 1923 година по дводневни измачувања бил убиен
во месноста ’Бачиново'.

575-Евгениј Георгиев Марков (с.Долни Порој, Демирхисарско, Егејска


Македонија, 1904г.), со семејството се преселува во Горна Џумаја(Благоевград);
учесник во Септемвриското востание како 19-годишен, во Горноџумајскиот
востанички одред; на 25 септември 1923 година бил заробен од четници на
ВМРО и истиот ден убиен.

576-Сотир Христов Календерски (с.Дренково, Горноџумајско, 1901г.),


потекнувал од земјоделско семејство; учествувал во Септемвриското востание
како борец во Горноџумајскиот востанички одред; бил заробен од четници на
ВМРО и на 25 септември 1923 година бил убиен.

577-Иван Марков (с.Лешко, Горноџумајско, 1898г.), потекнувал од земјоделско


семејство; од 1920 го-дина бил член на БКП; учествувал во Септемвриското
комунистичко востание; по судирот на Горноџумајскиот одред со четите на
ВМРО на падините на Бистришкиот балкан бил фатен и на 27 септември 1923
година убиен во месноста "Картала'.

578-Стојко Стоилов Милушев-Американецот(с.Падеж, Горноџумајско), бил


учител, а потоа заминал за Америка; по враќањето во Бугарија се зачленил во
БКП; учествувал во Септемвриското востание; бил заробен и со група
востаници однесен во градот Разлог, а на 8 октомври бил одделен од другите
затвореници и убиен во близината на Разлог.

579-Борис Давитков Малински (с.Дбрава, Горноџумајско, 1893г.), вработен во


Горноџумајската општина, учесник во Септемвриското востание; се борел во
Горноџумајскиот востанички одред; одредот му бил разоружан од четата на
Никола Северов; бил однесен во Разлог и по неколкудневни мачења на 8
октомври 1923 година бил убиен во околината на градот.

580-Методи Петков Мазнеов (с.Градево, Горноџумајско, 1894г.), потекнувал од


сиромашно земјоделско семејство; од 1922 година бил член на БКП; учествувал
во Септемвриското востание во четата на Илија Стоицов Калпачки и по
задушувањето на востанието, заедно со Калпачки, бил убиен во месноста
"Мразеница', во околината на селото Градево.

581-Михаил Монев (Кратово, 4 ноември 1881-Горна Џумаја, 14 анрил 1944г.),


учесник во македонското националноослободително движење, член на ВМРО,
делегат на ВМРО на Рилскиот конгрес; студирал право во Цариград; по Првата
светска војна се преселил во Бугарија и извршувал одговорни задачи во ВМРО
на Т.Александров; во 1923 година, со Димитар Влахов, бил испратен од ЦК на
ВМРО во Москва на преговори со претставниците на СССР, за заедничка
соработка.

582-Димитар Ацев Шуманов (Берово, 26 октомври 1894г.}, потекнувал од


сиромашно печалбарско семејство; по Првата светска војна со семејството
емкгрира во Петричко, Бугарија; бил учител; бил секретар на Окружниот
комитет на Горноџумајската партиска организација; учествувал во
Септемвриското востание како еден од водачите на Горноџумајскиот
партизански одред.

583-Никола К. Лисичев (Лисичков)(Самоков, 2 февруари 18Ѕ6г.), потекнувал од


сиромашно семејство; по 1920 година станал адвокат; во 1921 година бил
избран за член на окружниот комитет на БКП; бил учесник во Септемвриското
востание.

584-А. Динев, Политичките убиства...117/118.

585-Даринка Петреска, Димитар Ацев-Шуманов "Помалку познати и непознати


учесници во македонското ослободително движење во XIX и почетокот на XX
век", Скопје, 1995,138/139.

586-Ангел Динев, Политичките..., 99.

8.3.9.Атентати во втората половина на 1923 и првата половина на 1924 година

Терористичките акции врз поединци од македонското револуционерно движење


и личности од бугарскиот општествено-политички живот по настаните од
Септемвриското востание, иако во помал обем, продолжиле и во
понатамошниот период. Смртните пресуди изречени од ЦК на ВМРО сега
продолжиле да се извршуваат врз преостанатите позначајни преживеани
личности од македонската левица блиски до Серчаните, но и врз водачите на
федеративното движење. Така, архитектот Никола Јуруков, македонски деец,
еден од водачите на Македонската емигрантска федеративна организација
(МЕФО) бил убиен во една софиска кафеана во 1923 година од страна на
атентатор на ВМРО.587
На 8 јули или есента 1923 година во Софија бил убиен Таската Спасов-Серски,
македонски деец од левицата во македонското национално-ослободително
движење, припадник на т.н. група Серчани-блиски до идеите на Јане Сандански.
Убиството било извршено при неговата операција на слепо црево од страна на
професорот Станишев, човек близок до ВМРО, при што Спасов, исечен бил
оставен да искрвари и да умре на операционата маса.
На 30 октомври 1923 година бил извршен атентат врз бугарскиот политичар и
еден од основачите на новата партија Народно единство, д-р Никола Генадиев
во Софија. На денот на убиството Генадиев со Иван Гешов излегле од "Јунион
клуб" и тргнале кон своите домови. На аголот на улиците "Шипка" и "Кракра"
тие се готвеле да се разделат, кога убиецот, којшто ги следел, истрелал 6
куршуми кон нив, при што Никола Генадиев паднал мртов, а Гешов бил ранет.
Извршителот во метежот успеал да побегне со помош на автомобил на
министерството за војна. Атентатот бил извршен од терористот на ВМРО,
Димитар Стефанов588, од политички причини и со помош на Воената лига во
Бугарија.589
На 26 мај 1924 година од атентатор на ВМРО во Софија, среде бел ден бил
убиен Милан Грашев, роден во Прилеп, македонски деец од левицата,
федералист и автор на брошурата "Мафиите и катастрофите".
На 30 јули 1924 година за време на пазарен ден во Виница бил убиен Мите
Соколарски-Суџукаро590, кој едно време бил војвода на ВМРО, потоа
федералист, за да на крај премине во српска служба. Атентатот бил извршен од
луѓе на ВМРО со осум истрели од револвер, при што атентаторите фрлиле
бомби меѓу пазарџиите и успеале да побегнат.591
____________________
587-Исто, 87.

588-Димитар Стефанов (с.Марчино, Кратовско, 16 август 1899-Скопје, 1978г.),


бил член на ВМРО; во 1922 година побегнал во Бугарија; едно време бил во
четата на војводата Иван Јанев-Брло; бил во личното обезбедување на Тодор
Александров до неговото убиство; еден од најистакнатите терористи на ВМРО
во времетр на Иван Михајлов; со распуштањето на ВМРО бил затворен во 1934
година; во 1935 година потпишал декларација дека се откажува од ВМРО и бил
ослободен.

589-Д. Даскалов, Политически убийства..., 99.

590-Мите Соколарски-Суџукаро, бил член на ВМРО и кочански војвода; по


Првата светска војна бил осуден од ЦК на ВМРО поради разбојништво и
криминал врз македонскиот народ во Источниот дел на Македонија; 1920 бил
амнестиран од Тодор Александров; во 1922 година се отцепил од ВМРО и се
приклучил кон МФРО, а потоа се ставил во служба на Кралството на СХС во
борба против комитските чети на ВМРО.

591-Александар Апостолов, Трикратен терор во Источниот дел на Вардарска


Македонија меѓу двете светски војни, "Штип и Штипско во НОВ 1941-1945",
том 1,263.

8.3.10. Убиството на Тодор Александров

На 31 август 1924 година кај селото Лопово на Пирин Планина бил убиен
водачот на ВМРО, Тодор Александров. Убиството на Александров се случило
во време на обидите што тој ги преземал за организирање на конгрес на
Серскиот револуционерен округ на ВМРО и напорите што се преземале во
правец на средување на состојбите во истата по потпишување на Мајскиот
Манифест во 1924 година. Заземањето на новиот курс по однос на борбата за
решавање на македонското прашање и потоа откажувањето од потписите на
Александров и Протоѓеров, создале предуслови за тоа повеќе фактори да се
заинтересираат за отстранување на Тодор Александров од лидерската позиција
во ВМРО.
Атентатот бил направен на следниот начин: Една е верзијата на ВМРО, која
најмногу се базирала на кажувањата на неколку лица, директни учесници во тие
настани, а пред се исказот на Динчо Мицев Сугарски. Според него Алеко
Василев-Пашата, пред Гоце Манолев, Петар Говедаров, Гогата Полски и
Никола Хаџиев, во куќата на Говедаров, му наредил нему да отиде од селото
Горна Сушица, преку Мелник, во селото Деремислим за да пречека едно лице,
коешто требало да го спроведе во селото Лопово. Во наведеното село со него
дошле и војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров, коишто биле блиски со
Алеко Василев-Пашата. Вечерта на одреденото место пристигнале три лица и
целата група заминала во селото Горна Сушица, каде што во куќата на Гоце
Манолев пристигнал уште и Динчо Марков Балкански. Овде Вретенаров и
Влахов го повикале Динчо Сугарски и Динчо Балкански надвор од куќата и под
заклетва им соопштиле, дека дојдените лица биле Тодор Александров и
Александар Протоѓеров592, им објасниле кој е едниот, а кој другиот и им
кажале дека по патот ќе го убијат Тодор Александров.
Уште, според овој исказ, им било речено дека убиството требало да се изврши
по наредба на Алеко Пашата. Околу 11 часот, претпладне групата во состав:
Тодор Александров, Александар Протоѓеров, телохранителот на Александров,
Панзо Зафиров, Штерју Влахов, Динчо Вретенаров, Динчо Балкански и Динчо
Сугарски, на коњи се упатиле кон селото Лопово, каде што требало да се одржи
Окружен конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО. По настојување
на Вретенаров и Влахов се тргнало по потешкиот и пострмен пат кон селото,
што веројатно било дел од заговорничкиот план. По патот атмосферата била
весела и опуштена, при што Александров не претчувствувајќи ја опасноста, си
разговарал со Протоѓеров и останатите. Во еден момент групата била
престигната од едно момче, кое имало задача да донесе одморени коњи, но тоа
незабележано од Александров било запрено од Штерју Влахов, којшто веднаш
го вратил назад.
На едно планинско изворче, групата застанала да ги освежи своите сили со
храна. За цело време на ручекот се воделе разговори по однос на плановите на
Организацијата и по однос на борбата на истата со претходната земјоделска
влада на Бугарија, при што Александров бил љубезен со сите и на неколку пати
ја делел храната со другите негови соборци. По јадењето групата го продолжила
патувањето, при што Александров му ја дал на носење својата пушка на Динчо
Сугарски, со што останал без оружје. По извесно време, тие пак застанале со
цел да ги одморат коњите, а воедно и тие малку да отпочинат, што било
искористено од страна на заговорниците, секавично да дејствуваат. Штерју
Влахов и Динчо Вретенаров, застанале над Тодор Александров и стрелале со
пушките во него, при што разбуден од истрелите неговиот телохранител Панзо
Зафиров се обидел да ја дофати својата пушка, но и тој бил застрелан од страна
на Динчо Балкански. Александар Протоѓеров изненаден од брзината на
дејствијата се онесвестил и со таа своја постапка останала нејасна неговата
улога во атентатот врз Тодор Александров. По убиството телата на двајцата
убиени набрзина биле закопани во блиската шума.593
Покрај дирекните физички извршители на атентатот, кои се познати, како
можни нарачатели се посочувале повеќе страни: групата во ВМРО околу Алеко
Василев-Пашата и Георги Атанасов594, бугарските комунисти, Комунистичката
Интернационала, Иван Михајлов595, Александар Протоѓеров и
неговите приврзаници во Организацијата, бугарската влада на Александар
Цанков, но со сигурност не може да се утврди ниту еден од горенаведените.
Постојат повеќе нејасни и таинствени околности околу атентатот врз Тодор
Александров, кој како настан е еден од најмистериозните во поновата
македонска историја. Мотив за неговото отстранување од високите позиции што
тој ги имал во хиерархијата на македонското националноослободително
движење, имале помалку или повеќе сите горенаведени фактори. Нејасно во
оваа ситуација е зошто Тодор Александров, којшто сигурно бил свесен дека по
потпишувањето, а потоа и откажувањето од потписот врз Мајскиот манифест,
документ-пресвртница во македонското револуционерно движење, ќе си
создаде многу непријатели, не се погрижил да си обезбеди подобро
обезбедување. Тоа што на Окружниот Серски конгрес на ВМРО тргнал само со
двајца телохранители, говори за тоа дека Александров воопшто не бил свесен
дека му се подготвувал атентат. Во прилог на тоа дека убиството не било
спонтано организирано говори и податокот дека на вториот телохранител,
Христо Балвански од Штип - внук на војводата Иван Јанев, од некого му било
наредено да се врати во Софија. Неговото место во автомобилот го зазел кметот
на градот Петрич, по што нормално се поставува прашањето дали возачот на
Алеко Пашата, случајно го качил кметот на Петрич596 и кој ја издал наредбата
за намалување и на така слабата заштита на Тодор Александров.
Според докази на ВМРО планот за убиството на Тодор Александров бил
направен во дрводелската работилница на Георги Пенков во присуство на
Алеко Василев-Пашата, Георги Атанасов, Георги Пенков, Штерју Влахов и
Динчо Вретенаров. За веродостојноста на ваквите планови потврдни изјави дале
и дејците од левицата, Методи Алексиев и Стојо Хаџиев, со напомена дека
изјавите е можно да биле изнудени под закана од употреба на сила во настаните
што се случувале во редовите на македонското националноослободи-телно
движење по убиството на Тодор Александров.
Исто така многу индикативен бил и фактот што Александар Протоѓеров,
веројатно изнемоштен од внатрешната борба што се водела внатре во него, не
издржал и пред учесниците на конгресот ја соопштил веста за убиството на
Александров, што кај присутните имало дејство како гром од ведро небо.597
Овој момент во голема мера го отстранува Протоѓеров од можната листа на
заговорници, во прилог на што одело и постојаното затекнување на истиот со
одредени настани, за коишто иако бил втор човек во ЦК на ВМРО не бил
воопшто информиран и запознаен. Во овој правец не може да се одреди точното
учество и на некои македонски дејци од левицата во атентатот, Методи
Алексиев, Георги Пенков, Гоце Манолев и може да се заклучи дека веројатноста
од нивно учество во настанот е речиси никаква.
Од таа гледна точка, освен дирекните извршители, кои се познати, кругот на
заговорниците се стеснува околу Алеко Паша и Георги Атанасов, чие што
сомнително држење во сите тие настани укажува на најголема веројатност дека
тие биле запознаени со плановите за атентат врз Александров. Од гледна точка
и на можните мотиви, сенката на сомнежот паѓа врз овие двајца од причина што
тие без разлика на нивната идеолошка определеност, во периодот пред
атентатот се наоѓале во непријателски односи со Александров и се обидувале да
создадат силна опозиција, внатре во ВМРО, против првиот. Атанасов и Пашата,
коишто за краток временски период успеале да натрупаат милиони левови на
своите конта за сметка на угледот на Организацијата, исто така се плашеле дека
на претстојниот Окружен конгрес би можеле да ги изгубат високите позиции во
водечката хиерархија во ВМРО, а со тоа и стекнатите богатства.
И под претпоставка дека на овие лица се заокружува заговорничката група,
останува отворено најважното прашање, кое не е ни најмалку лесно: Кој е
нарачателот на атентатот врз Тодор Александров? Ако реално се погледнат
работите, фактите и развојот на настаните, пред и после атентатот, многу е
тешко, речиси невозможно и после толку долг временски период да се даде
одговор на ова прашање. Но сепак врз основа на се можат да се посочат два
центри кои би можеле да бидат можните "интелектуални" убијци на Тодор
Александров: Комунистичката интернационала заедно со БКП и другите
левоориентирани партии, движења и струи во Бугарија и воено-политичките
фактори блиски до бугарската влада на премиерот Александар Цанков.
Во однос на првата претпоставка одат неколку настани. ВМРО долго време
преку свои полномошници имала контакти со Советска Русија се со цел да
издејствува помош и да се претстави пред тамошните власти дека таа како
организација е најмоќната сила во редовите на македонското национално
ослободително движење и со самото тоа најповикана да се избори за државно-
правен статус на Македонија. Контактите на ЦК на ВМРО со официјална
Москва ги одржувале доверливи луѓе на Александров, неговиот зет Ми-хаил
Монев и Димитар Влахов.598
Последниот и во моментите на влошување на тие односи, поради учеството на
дел од четничкиот апарат на ВМРО во задушување на комунистичкото
Септемвриското востание во Бугарија, ги одржал врските со Советите.Поради
тие врски, но и поради мислењето на советските раководители дека ВМРО е
навистина релевантна сила, започнале обиди од страна на Советскиот Сојуз,
како и Коминтерната, за придобивање на раководителите на ВМРО настраната
на левоориентираните и комунистички партии. Во тој правец биле и
преговорите што во Виена се воделе помеѓу длабоко поделените сили во
македонското ослободително движење за нивно обединување во рамките на
ВМРО, а коишто преговори се воделе со посредство на функционери од
Коминтерната и СССР.
Резултат на сите тие усилби било потпишувањето на Мајскиот Манифест во
1924 година, документ којшто претставува пресвртница и нова страница во
борбата на ВМРО и воопшто на македонскиот народ, за создавање на обединета
и независна македонска држава. Манифестот во својот текст внел сосема нови
формулации по однос на решавањето на македонското прашање. Тодор
Александров, иако со полномоштво, го ставил потписот под овој документ.
Свесен за целосно новата ориентација на ВМРО, тој барал Манифестот да не се
обзнанува веднаш, туку да му се остави извесен временски период, да ја испита
базата во ВМРО по однос на ова суштинско прашање, но и да го подготви
јавното мислење и политичките кругови во Бугарија по однос на ова.
Меѓутоа македонските емигрантски кругови побрзале и набргу го публикувале
Манифестот во Виена со што му ја изрекле смртната пресуда на воачот на
ВМРО. Токму затоа се поставува прашањето, дали таа постапка со објавувањето
била намерно направена? Дали комунистичките кругови во Коминтерна, БКП и
СССР му го простиле индиректното учество во задушувањето на
Септемвриското востание? Дали "болшевизацијата" и наглото свртување "во
лево" на ВМРО имале за цел отстранување на убедениот антикомунист
Александров од кормилото? Прашања кои и понатаму ќе чекаат на одговор.
Втората можна верзија за убиството на Тодор Александров, која според се е
поверојатна, е учеството на воено-офицерските кругови и бугарската влада на
премиерот Александар Цанков. Поради отвореното непријателство со владата
на БЗНС на чело со премиерот Стамболиски, ВМРО учествувала во 9-то
јунскиот преврат во 1923 година на страна на превратниците и новата владеачка
политичка групација Демократски зговор на чело со професорот Александар
Цанков. Добрите односи на ВМРО со новата бугарска влада траеле малку време,
кога се појавиле сериозни несогласувања помеѓу Тодор Александров и одделни
министри, пред се, Калфов и генералот Русев. Состојбата ескалирала до тој
степен што по неколкуте вербални преписки и закани, Александров на
обвинувањата дека ВМРО е "нула без Бугарија", на посочените министри им
одговорил дека така сметале и Стамболиски и Даскалов, затоа и доживеале
таква судбина. Односите на ВМРО со бугарската влада на Цанков уште повеќе
се влошиле по се почестите контакти со Кралството на СХС и обидите за
нормализирање на односите помеѓу двете држави, што со негодување било
пречекано кај водечките структури на Организацијата. Таквата состојба значела
дека се стеснувал просторот за дејствување на комитските чети на ВМРО,
бидејќи Пиринска Македонија под бугарска власт била главната организациона
територија од која што тие навлегувале на територијата на Вардарска
Македонија под власта на Кралството. Активностите на ВМРО за
приближување кон Советскиот Сојуз, контактите со Коминтерна, како и новата
ориентација на Организацијата озваничена со Мајскиот манифест, ја исплашиле
владата на Цанков. И покрај тоа што својот потпис под Манифестот,
Александров го нарекол "мистификација на егзалтирани комунисти", не го
променил впечатокот кај бугарската влада, дека водачот на ВМРО станувал се
понезависен и поопасен за бугарските државни интереси во однос на
Македонија и македонското прашање. Затоа многу голема е веројатноста дека
идејата за неговото убиство би можела да потекнува од воено-политичките
кругови, блиски до премиерот Александар Цанков.
Дел од превезот врз овие настани се подоткрил дваесетина години по атентатот
врз Александров, десетина дни пред победата на Отечествениот фронт во
Бугарија во 1944 година. Во една кафеана биле собрани првите луѓе од Воената
лига: Порков, Кочо Стојанов, Димитар Радев, директорот на полицијата
Куцаров и Атанас Милушев, на когошто Кочо Стојанов му раска-жал како
настанало убиството на Тодор Александров. Стојанов, кој бил под дејство на
алкохол, сакал да се исповеда и истакнал дека Воената лига решила да го убие
Тодор Александров, зошто биле уверени дека тој не се откажал искрено од
Мајскиот манифест.599 Лигата го испратила Кочо Стојанов во Св.Врач, каде
што требало да го придобијат Александар Протоѓеров за таа нивна намера. Таму
Стојанов бил пречекан од Мицо Чегански, телохранителот на Протоѓеров, кој ги
спровел офицерите кај него, при што тие заедно со Протоѓеров со автомобил
заминале за Софија, за којшто настан Чегански му раскажал на Стојан
Неговански. Во Софија офицерите Порков, Кочо Стојанов и другите му го
разоткриле планот на Александар Протоѓеров, но тој не се согласил со него.
Потоа од Протоѓеров, кој што исто така бил бугарски офицер, бил побаран
чесен офицерски збор дека нема да соопшти никому за разговорот и дека тие
самите се откажувале од планот.600
Атентатот врз Тодор Александров не го оставил рамнодушен и самиот бугарски
цар Борис. Во однос на убиството тој го дал следниот коментар: "Можеби некои
луѓе околу владата нема да бидат толку незадоволни... Сега тие ќе имаат добро
извинување да реагираат против Србите, нели? Беше ли убиството чисто
македонска работа, или беше сврзано со бугарската политика? Уште порано го
предупредував Стамболиски да не ги вмешува Македонците во нашиот
внатрешен политички живот, но Александар Димитров и други го вовлекоа.
Истото му го говорев и на Александар Цанков... На самиот Тодор Александров,
кого што го видов веднаш по 9 јуни, му реков: Не дозволувајте вмешување на
Македонците во нашата внатрешна политика, лошо ќе се случи; вие ќе се
заразите од недостатоците на нашето партизанство, а нашето партизанство ќе ги
поприми вашите хируршки методи. Не ме послуша. Помисли дека јас говорам
така можеби од страв. И несреќникот ја плати со главата таа своја грешка."601
Интервјуата што Тодор Александров ги давал за разни новинари од странство
во последните години пред неговото убиство оставале впечаток дека тој како
водач на ВМРО сакал да се ослободи од зависноста и поврзаноста со бугарските
државни фактори и да ја претстави Организацијата како целосно независна пред
очите на меѓународниот фактор. Иако во тоа целосно не успеал, се обидувал, но
таквите обиди оделе многу тешко поради поврзаноста што не само тој, туку и
другите раководни фактори во ВМРО ја имале со организации, партии или
моќни поединци од бугарскиот општествено-политички живот. Ваквите изјави
на Александров во кои се обидувал да ја дистанцира ВМРО од
внатреполитичкиот живот во Бугарија, веројатно им дале предупредувачки
сигнал на одредени кругови во Бугарија дека тој како личност почнал да станува
опасен за бугарските државни интереси по однос на македонското прашање и
затоа како таков требало да се елиминира.
Така во едно интервју Тодор Александров одговорил на обвинувањата за
поврзаноста на ВМРО со Бугарија и евентуалната помош што последната ја
давала при преминот на комитските чети во Кралството на СХС. Тој истакнал
дека тоа не било точно и дека српската власт барала изговор за да предизвика
инцидент во своја корист. Александров нонатаму додал дека "ние немаме
никаква потреба од помошта на нашите сонародници од Бугарија. Ние имаме во
Македонија доволно народ, за да подготвиме една акција на денот на кој што ќе
решиме да го сториме тоа. Оружје и муниција не ни недостасуваат."602
Единствено, според Тодор Александров, се чекал погодниот момент за
вооружена акција, при што требало да дојде до координирани дејствија со
Хрватите и нивните национални организации.603

Во однос на многубројните дадени изјави за повеќе странски весници, нивниот


коментар за организацијата ВМРО и нејзиниот водач Тодор Александров бил
токму во тој правец. Тие истакнувале дека Александров ковал "страшно оружје"
и доколку во меѓувреме не бил предаден или поткупен, можел во најскоро
време и да го употреби. Според ова тврдење, целта на Александров била
создавање на независна Македонија во нејзините граници од 1912 година (пред
поделбата на Македонија б.м.), но доколку тоа било неостварливо, тој бил
спремен на компромис односно бил согласен да се создаде една автономна
македонска држава во нејзините етногеографски граници и таа како таква да
влезе во рамките на една преуредена југословенска држава со федеративно
уредување.604 На вакво решение, според статијата, би биле согласни сите
македонски дејци, со што би се надминала сегашната безизлезна положба во
однос на македонското прашање, но со тоа не се согласувале властите во
Белград, кои стравувале од бугарската доминација врз Македонија.605
Најрешителни одговори и изјаснувања по однос на борбата на ВМРО и
македонското прашање Тодор Александров искажал во интервјуто со новинарот
Лука Неманов, што претставувало момент кога тој како водач на ВМРО почнал
да претставува пречка кај бугарските државно-политички фактори во однос на
остварувањето на нивните планови кон Македонија. Меѓу другото Александров
во своите искази ги дал следните гледишта по однос на тогашниот актуелен
општествено-политички момент. Во врска со целите и програмските определби
на Организацијата, тој истакнал: "ВМРО не добива директиви ниту од Софија,
ниту од Белград, ниту од Атина. Таа го врши тоа, коешто и го диктираат
интересите на поробената Родина. Постоењето на независна Бугарија е
неопходност за организацијата, зошто самиот тој факт го држи отворено
македонското прашање. Исчезне ли Бугарија, се оддалечува извојувањето на
слободата на Македонија."606 Александров веднаш по оваа констатација, во
истото интервју се осврнал на состојбата во Пиринска Македонија по доаѓањето
на власт на новата влада на премиерот Александар Цанков. Тој ја предупредил
владата да воспостави вистински правен поредок во тој дел на државата, да
престанат грабежите и изнудувањата од населението, да се спречи поткупот и да
се воспостави чесна и добра администрација. Доколку не се оствареле овие
барања, ВМРО ќе ги ангажирала сите свои сили за заштита на "македонското
население" во тој дел на бугарската држава.607
Тодор Александров во своите искази на Неманов направил споредба на владата
на Стамболиски и новата бугарска влада на премиерот Цанков. Притоа истакнал
дека доколку и новата власт останела на нејзиниот став за практикување на
политиката на владеење на земјоделскиот режим, тогаш ВМРО била спремна и
нејзе да и објави војна. Таквите предупредувања на водачот на ВМРО, меѓу
другото се однесувале и за односот на бугарската власт кон Пиринска
Македонија, за која Александров потенцирал дека е само привремено во состав
на Бугарија. Во врска со тоа прашање Александров нагласил дека "тој крај е дел
од општата татковина на Македонија, нашата родина, ние ќе си го земеме како
што ќе ги земеме другите делови, коишто сега се наоѓаат под српско и грчко
ропство." Понатаму, Тодор Александров им се заканил на претставниците на
новата бугарска власт дека ниту една сила неможела да ја спречи и уништи
ВМРО како организација која се борела за остварување на идеалот за
ослободување на Македонија. Доколку и новата бугарска власт ги продолжела
контактите и тајните преговори со српската власт, по примерот на Стамболиски,
тогаш и таа власт "скоро ќе си ја скрши главата".609 Ваквите вербални закани
на Тодор Александров, зад кого стоела една добро организирана и вооружена
сила, ВМРО, сигурно не ја оставиле рамнодушна бугарската власт, која
стравувала дека работите по однос на македонското прашање можат да и
излезат од контрола и тоа да не се реши по нејзина мерка. Ваквиот тек на
настаните како идеен организатор на атентатот врз Тодор Александров, во
најголема мерка ја посочува бугарската власт на чело со премиерот Александар
Цанков. Како и да е, во однос на оваа верзија остануваат многу неразјаснети
работи, коишто веројатно ќе го чекаат отворањето на некои тајни архивски
документи што ќе дадат нова светлина на овие случувања.
____________________
592-Александар Протоѓеров (Охрид, 23 февруари 1867г.), учесник во
македонското национално ослободително движење; бил член на Врховниот
македонски комитет; учествувал во Горноџумајското и Илинденското востание;
бил претседател на Извршниот комитет на македонските братства во
Бугарија(1912-1918); станал член на ЦК на возобновената ВМРО, заедно со
Александров и Чаулев; по убиството на Т.Александров се спротивставил на
новите терористички методи на дејствување на Михајлов; по неговото убиство,
крилото во кое дејствувале неговите приврзаници во ВМРО, било наречено
'протоѓеровисти'.
593-Заговорътъ противъ Тодоръ, Александровъ, по данни на ВМРО, София,
1924, 28/30.

594-Георги Атанасов, член на ВМРО и нејзин раководител во Петричко; бил во


четата на Тодор Александров; бил раководител на ВМРО во Драмско, Егејска
Македонија; станал активен офицер на бугарската армија; во редовите на ВМРО
соработувал со Алеко Василев-Пашата и дошол во судир со водачот на ВМРО,
Александров.

595-Иван (Ванчо) Михајлов (Ново Село, Штипско, 26 август 1896-Рим, 5


септември 1990г.), учесник во македонското национално ослободително
движење; бил еден од основачите и претседател на македонското студентско
друштво ’Вардар'; во ВМРО работел како секретар на Т.Александров и
благајник и пунктов началник на Софија; во 1925 година бил избран за член на
ЦК на ВМРО; бил застапник на политиката на индивидуален терор и по негов
налог биле извршени голем број на физички ликвидации; по распуштањето на
ВМРО во Бугарија, одржувал врски со усташите на Анте Павелиќ и со
фашистичка Германија; по Втората светска војна заминал во Италија и останал
таму до својата смрт.

596-Убийството на Тодор Александров (изследване и документи), избор и


редакција Кирил Пърличев, София, 2002, 23.

597-Заговорътъ противъ Тодоръ Александровъ..., 32.

598-Димитар Влахов (Кукуш, 1878 - Скопје, 1953г.), учесник во македонското


национално ослободително движење; се школувал во Швајцарија; бил еден од
основачите на Народната федеративна партија; по Младотурската револуција
бил избран за пратеник во турскиот парламент; бил пратеник на Т.Александров
и ВМРО во преговорите со СССР; учествувал во создавањето на ВМРО(Об.);
бил потпретседател на Првото заседание на АВНОЈ, а по ослободувањето
извршувал високи државни функции во југословенската федерација.

599-Спомени на Стоян Неговански във връзка с убийството на Тодор


Александров, Убийството на Тодор Александров (изследване и документи),
избор и редакција Кирил Пърличев, София, 2002, 168.

600-Исто.

601-Стефан Груев, Корона от тръни, царувањето на Борис III 1918-1943, София,


1991,160.

602-Тодор Александров говори, Тодор Александров-Непубликувани спомени,


документи и материјали,София, 2002,114.

603-Исто.

604-Английски безпристрасен Глас за Македония, Какво казва генерал С.В.


Томйсън, Тодор Але-
ксандров-Непубликувани спомени, документи и материјали, София, 2002,118.
605-Исто.

606-Срещтата на Тодор Александров с г.Неманов, голям журналист, сътрудник


и приятел на г.Милюков и пр.пр., Тодор Александров-Непубликувани спомени,
документи и материали, Со-фия, 2002,149/150.

607-Исто.

608-Исто, 150/151.

609-Исто,151.

8.4. Атентатите и убиствата од ВМРО


на чело со Иван Михајлов
1924-1928 година

8.4.1. Горноџумајските атентати и убиства во 1924 година

На 12 и 13 септември 1924 година во градот Горна Џумаја (Благоевград) се


случиле голем број на убиства, кои претставувале последица на кризата и
меѓусебните непријателства помеѓу левицата и десницата во редовите на
македонското националноослободително движење. Самопрогласениот нов член
на ЦК на ВМРО, Иван Михајлов под превезот на одмазда за убиството на Тодор
Александров, а под обвинение дека тие го сториле тоа, сакал да се пресмета со
левицата во Организацијата, предводена од Алеко Василев и Георги Атанасов и
со раководството на емигрантската Илинденска организација во Бугарија.
За таа цел во Горна Џумаја била закажана средба на која требало да се надминат
недоразбирањата меѓу спротивставените страни, при што дел од
левоориентираните припадници на ВМРО и Илинденците, ниту знаеле за смртта
на Александров, а ни оддалеку не се сомневале дека се подготвуваат физички
ликвидации. Групата околу Иван Михајлов, а тоа биле Петар Шанданов610,
Георги Баждаров611, Јордан Ѓурков612, Панчо Михајлов613 веднаш отишле да
го известат генералот В'лков за убиството на Тодор Александров се со цел да го
испреварат Протоѓеров и да ја придобијат Воената лига на своја страна во
пресметките што претстоеле. Разгневен, генералот кој веројатно бил личен
пријател со Александров неколку пати ја повторил реченицата: "Да се смачка
главата на змијата". Со тоа фактички тој дал одобрение за почеток на физичките
ликвидации.
По иницијатива на Шанданов, Ванчо Михајлов телефонски ги известил Алеко
Пашата и Атанасов како и раководителите на Илинденската организација да се
одржи заедничка средба во Горна Џумаја, што од нивна страна било прифатено.
Така започнале подготовките на групата околу Михајлов за вооружените
пресметки, при што во последен момент пред поаѓањето за Горна Џумаја, Иван
Михајлов се пожалил на болки во стомакот, така што кон одредиштето се
упатиле Шанданов, Панчо Михајлов и Јордан Ѓурков. По претрпени перипетии
со автомобилот, на 11 септември во градот пристигнале луѓето блиски до
Михајлов, кои биле пречекани од Асен Даскалов и Борис Тиков, кои ги
сместиле заговорниците во хотел "Лондон", заедно со Протоѓеров, додека
Пашата и Атанасов биле сместени во куќата на Панајот Рајнов, непосредно до
хотелот. Уште истата вечер, Шанданов, кој бил одреден за раководител на
акцијата, незабележано отишол во домот на Иван Караџов, со кого се договорил
акцијата да почне утредента, на 12 септември, а Караџов требало да ја подготви
милицијата на ВМРО од градот што му била лојална.614
Утредента кај Шанданов и неговата група дошол Нашко Елшански, близок до
Алеко Пашата и Атанасов, кој ги однел на средба со Алеко, Протоѓеров и
Атанасов, при што со претходен договор меѓу првите била донесена одлука да
не се дејствува во текот на денот. Средбата започнала со голема недоверба меѓу
присутните од двете групи. Најпрвин зборувал членот на ЦК, Протоѓеров, кој со
солзи соопштил дека оваа средба по убиството на Александров била со цел да се
зачува единството на ВМРО и таа да се спаси од распаѓање. Откако зеле збор и
Шанданов и Алеко Пашата, бил утврден днев-ниот ред на состанокот по однос
на разни тековни прашања, при што и покрај тензиите, разговорите протекле
многу мирно. Вечерта, на 12 септември пристигнале и раководителите на
Илинденската организација, а во градот пристигнал и Кирил Дрангов615, кој по
наредба на Иван Михајлов, го известил околискиот началник на ВМРО,
Константин Алексиев за претстојните настани.
Вечерта, групата составена од Шанданов, Иван Караџов, Кирил Дрангов, Панчо
Михајлов, Асен Даскалов и Јордан Ѓурков, во куќата на Киро Црниот се
договориле да дејствуваат за половина час. Караџов и Даскалов заминале да ги
собираат нивните луѓе, бидејќи групата на Алеко Пашата имала силно
обезбедување од страна на четата на Штерју Влахов, еден од дирекните убијци
на Тодор Александров. Пред почетокот на пресметката, Шанданов куртоазно се
поздравил со пристигнатите "Илинденци", кои вечерале во една блиска кафеана
и заедно со П. Михајлов, Дрангов и Ѓурков се упатил кон куќата на Панајот
Рајнов, каде требало да ги извршат убиствата.616
Според планот направен набрзина, неколку минути пред влегување во куќата,
Шанданов и Ѓурков истовремено требало да стрелаат во Георги Атанасов, а П.
Михајлов и Дрангов во Алеко Василев-Пашата, по што планирале заеднички да
пукаат од револверите кон вратата за да го спречат противничкото
обезбедување да влезе во просторијата. По вака направениот план, четворката,
претходно пречекана од Алековото обезбедување, влегла во куќата, при што во
собата во почетокот останале сами Шанданов и нервозниот Дрангов, кој со
својата вознемиреност се заканувал да ја открие заговорничката вооружена
акција.
Во собата по извесно време влегле Александар Протоѓеров и Алеко, кои откако
се ракувале ги започнале разговорите на тој начин што Протоѓеров, Панчо
Михајлов и Ѓурков излегле на балконот, а во собата останале Алеко Пашата,
Дрангов и Шанданов, додека Атанасов се наоѓал во соседната одаја. Во
разговорот Алеко го повикал Дрангов да излезат надвор и во моментот кога
стигнале до вратата, последниот се свртел и со поглед го прашал Шанданов што
да прави, при што со знак добил потврден одговор за акција. Настаните се
одвивале со голема брзина: Петар Шанданов и Дрангов исто-времено пукале во
грбот и во главата на Алеко, кој паднал мртов. По првите истрели, Панчо
Михајлов и Јордан Ѓурков, изненадени од предвремениот почеток на нападот,
со своите револвери почнале да пукаат преку прозорците во собата каде што
бил Атанасов со обезбедувањето. Протоѓеров, кој не знаел ништо за
планираната акција, се скрил во едно ќоше. Во престрелката Атанасов со
обезбедувањето се обидел да се пробие со активирање на бомба, но и покрај
експлозијата, која не им наштетила на Шанданов и Дрангов, пресретнат од
насочената стрелба кон вратата, не успеал. Ѓурков и Дрангов во сета таа
мешаница ги насочиле револверите кон Протоѓеров и заповеднички го
запрашале, зошто го убиле Александров, на што тој очајнички одговорил дека
не знае ништо за убиството на Тодор. Луѓето на Атанасов успеале преку
прозорец во соседната соба да побегнат на улица, иако таму излегле да ги
пресретнат Ѓурков и Панчо Михајлов.
Во собата останале Шанданов, Протоѓеров и Дрангов и откако престанала
престрелката со групата на Атанасов, која веќе се извлекла, започнала нова
пукотница, која доаѓала од соседниот хотел, каде биле четниците на Штерју
Влахов. Во тие моменти пристигнало засилување предводено од П.Михајлов и
Асен Даскалов, кои по наредба на Петар Шанданов ја заобиколиле куќата, но
при обидот да влезат, бил убиен придружникот на Даскалов од Атанасовата
придружба. По извесното прекинување на пукотниците, куќата била прегледана
од Шанданов и неговата придружба, при што била констатирана смрт кај Алеко
Пашата и му била земена целата архива пронајдена кај него.
При излегување од куќата кон Шанданов повторно биле упатени истрели, сега
вкрстено и од четата на Штерју Влахов и од Атанасов и неговата придружба, на
што тој и Ипокрит Развигоров617, кој му дошол на помош, одговориле со
стрелба од револвери и фрлање на една бомба кон куќата од каде сметале дека
доаѓаат истрелите.
По делумното смирување на состојбата во градот, Петар Шанданов,
раководителот на акцијата, му наредил на началникот на градската милиција на
ВМРО, Борис Тиков, да ја опколат куќата каде се сметало дека бил скриен
Атанасов и неговите пријатели и во текот на денот да ја претресат. Потоа
групата блиска до Иван Михајлов го напуштила градот, за да веќе утредента по
контактите на Михајлов со генералот В'лков, Горна Џумаја била блокирана од
бугарска војска и полиција, која имала за задача да ги убие или уапси сите
останати приврзаници на Алеко Паша, но и членовите и раководителите на
Илинденската организација. Веќе рано в зори, на 13 септември при обидот
маскиран да се пробие низ опсадата на градот, бил заробен Георги Атанасов, кој
и покрај неговите молби да биде поштеден, бил застрелан од страна Асен
Даскалов.618
Според кажувањето на Иван Караџов настаните во Горна Џумаја се случувале
по сличен редослед. Иван Караџов, кој бил на страната на Иван Михајлов,
заедно со групата околу Шанданов се подготвувале за вооружена пресметка со
Алеко Пашата, Георги Атанасов и нивното лично обезбедување. За нивното
пристигнување веќе се знаело неколку дена порано, а се знаело и дека Алеко и
Атанасов требало да пристигнат со автомобил по патот од Симитли за Горна
Џумаја. Веднаш била поставена заседа од 4 души на 2-3 километри надвор од
градот. Меѓутоа тие не пристигнале по тој пат, така што планот пропаднал и
останувала единствено можноста за обид за убиство во хотелот во градот, каде
требало да отседнат.619
Иван Караџов заедно со неколку четници отседнал пред хотелот и ја
набљудувал ситуацијата. Според него, околу 9 и 30 во хотелот влегле Кирил
Дрангов и Петар Шанданов и откако тие му се претставиле како помирувачи-
посредници, биле пуштени од Алеко Пашата да влезат во неговата соба. По
извршеното убиство над Пашата тие го напуштиле хотелот и со автомобил го
напуштиле градот.
Во текот на престрелките Караџов им соопштил на неговите четници дека
Тодор Александров бил убиен отпорано, за што тие дотогаш не знаеле, што од
своја страна било поттик брзо да ја стават ситуацијата во градот под нивна
контрола. Во целата мешаница потполковник Атанасов успеал да се извлече од
обрачот на приврзаниците на Иван Михајлов. Тоа му тргнало од рака, бидејќи
во периодот помеѓу 9 и 30 и полноќ се уште не била поставена полициско-
воената опсада на градот, која била во служба и по барање на Михајлов. Некаде
во мугри, Караџов одејќи по главната улица забележал дека неколку четници го
воделе пред себе заробен Георги Атанасов. Во моментот кога се приближил кон
групата, четникот Киро Црниот го насочил својот револвер во главата на
Атанасов и пред да успее Иван Караџов да преземе нешто, со еден истрел го
убил. Караџов бил убеден дека Атанасов знаел многу работи во врска со
убиството на Тодор Александров и не се согласувал со неговото ликвидирање.
На Иван Караџов исто така му било многу сомнително тоа што Атанасов
доброволно се предал и што при претресот кај него не било пронајдено никакво
оружје.620
Според сеќавањата на Атанас Христов Џолев, Горноџумајските настани се
случувале по следниот редослед: Алеко Василев-Пашата и Георги Атанасов со
организационен автомобил пристигнале во Горна Џумаја во куќата на трговецот
со тутун, Панајот Рајнов, каде и било извршено убиството на Алеко Пашата, а
утредента и на Георги Атанасов, при обидот за бегство од опсадениот град.
Кога запрела престрелката, се слушнала експлозија на бомба во која загинал
еден бугарски полицаец, а тоа веројатно било сторено од убијците на Алеко
Василев-Пашата, кои побегнале.621 Во тој момент Атанас Џолев не знаел што
навистина се случувало во градот и што да преземе во врска со пукотниците. Од
страна на околискиот полициски началник на градот, тој бил предупреден да се
засолни во некоја куќа и во текот на ноќта воопшто да не излегува додека се
расчисти работата, а наредниот ден да не излегува во четничка униформа и да
чека понатамошни наредби од началникот.
Откако заедно со неколкумина ја поминал ноќта во куќата на некојси
Димитрото, Џолев утредента ги испратил во цивилна облека Ангел Коларов,
Георги Гевгеличето и Димитрото на местото на пукотниците од минатиот ден.
По извесно време се вратил Коларов кој соопштил дека Георги и Димитрото
биле убиени на плоштадот во градот и дека било пукано и во него. По малку
време куќата била заобиколена од бугарска војска, полиција и четници на
ВМРО, кои го барале Ангел Коларов, а тој иако се предал бил застрелан уште на
самото излегување од куќата.
По преговорите за предавање, Џолев и неговите другари се предале во моментот
кога за безбедноста на нивните животи гарантирал началникот на воениот
гарнизон, потполковникот Големинов, со што групата македонски четници
паднала во воено заробеништво. Таму тие биле држани неколку дена, за да
потоа околискиот полициски управител Алексиев им соопштил дека тие пред
органите на власта не биле виновни, но дека биле барани од страна на
претставниците на ВМРО, кои се сомневале дека Џолев и неговите другари
учествувале во убиството на Тодор Александров и дека нивното доаѓање во
Горна Џумаја било во улога на обезбедување на Алеко Пашата и неговите
пријатели.622 Откако биле предадени на луѓе на Организацијата, главните
обвинувања од страна на Васил Мечкуевски, одреден од ВМРО да ги води
испитувањата, биле насочени против Атанас Џолев, којшто бил секретар на
војводата Штерју Влахов, еден од убијците на Александров.
По завршената истрага тие биле ослободени, а на Атанас Џолев од страна на
еден од раководителите на ВМРО во тој крај, споменатиот учесник во
Тиквешкото востание од 1913 година, Мишо Шкартов, му било понудено да се
вклучи во неговата чета, на што тој одговорил негативно. Набргу Џолев се
вклучил во четата на струмичкиот војвода Милан Пустоларски, која добила
задача заедно со една бугарска воена единица да се упати кон селото
Препечино, во близина на Петрич, за да ги фати и убие атентаторите на Тодор
Александров, војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров.
Четниците и војската ја заобиколиле куќата во која биле убијците на
Александров, при што се развила жестока престрелка во која за да се принудат
Влахов и Вретенаров иа предавање бил запален кровот на куќата во која тие
биле засолнети. Откако куќата веќе сериозно била зафатена од пламенот, се
слушнале истрел од револвер и експлозија на бомба. Куќата целосно изгорела и
потоа се утврдило дека Штерју Влахов се самоубил со истрел во устата, а Динчо
Вретенаров си го одзел животот со бомба. Нивните тела не биле закопани, туку
од страна на четниците и војниците биле фрлени во реката Струма.623
На 17 септември 1924 година на падините на Пирин планина бил убиен Арсениј
Јовков624, еден од раководителите на Илинденската организација и уредник на
весникот "Илинден". Во масовните убиства што ВМРО ги спровела над
припадниците на македонската левица биле направени обиди за убиства врз
повеќе членови на Илинденската организација, при што некои од нив, како
Петар Ацев и Владо Георгиев, успеале да се скријат. Георги Занков и Арсениј
Јовков во нивната намера да побегнат се упатиле кон градот Дупница. Притоа
Занков успеал да побегне во странство, во Виена, додека Арсениј Јовков, којшто
бил крупен човек по природа, не можејќи да бега бил пристигнат од неговите
гонители и бил егзекутиран.625
Во септември 1924 година бил убиен припадникот на македонската левица
Методи Алексиев626 во близина на селото Покровник, Горноџумајско, од
страна на терористи на ВМРО, откако претходно безобзирно и најсурово бил
одвлечкан од читалиштето во градот Петрич и пред неговото убиство, однесен
во Горна Џумаја (Благоевград).627
Неколку дена по Горноџумајските случувања во близина на градот Петрич биле
убиени браќата Коста и Нашко Елшански, блиски пријатели на убијците на
Александров, Штерју Влахов и Динчо Вретенаров. Во прво време по
Горноџумајските убиства тие побегнале во околината на Петрич и се криеле во
близина на реката Струма, чекајќи да се смири ситуацијата за да потоа се
предадат на организационите луѓе во Петрич. Од страна на луѓе на ВМРО биле
затворени неколку дена, а потоа со автомобил на Организацијата биле однесени
во непознат правец и ликвидирани.628
Со истото образложение од страна на ВМРО бил убиен Васил Попстојанов,
санданист и приврзаник на Алеко Василев-Пашата. Бил фатен и убиен и
петричкиот околиски војвода Танчо, санданист и исто така пријател на Алеко
Пашата.
Во Мехомиско (Разлошко) во септември 1924 година биле убиени Георги
Ковачев629, Георги Пенков630 и Александар Бујнов631, македонски
револуционери од левицата и членови на Серскиот револуционерен округ.
Георги Пенков, кон кого биле насочени обвинувања од страна на раководители
на ВМРО дека во неговата работилница за изработка на греди бил направен
планот за убиството на Александров, долго време се криел на Пирин планина и
иако имал можност да побегне во Грција, не го сторил тоа. Најпосле решил да
се предаде на воените власти, но ги замолил да не го предаваат на органите на
ВМРО, бидејќи знаел дека во тој случај сигурно би бил убиен од страна на
истата. Спротивно на тоа бил предаден на луѓе на Организацијата, бил одведен
во селото Грамада, Горноџумајско, каде два дена лично бил испрашуван од
Иван Михајлов. Откако Михајлов не успеал да изнуди никакви признанија, за
понатамошна истрага бил повикан Петар Шанданов поради неговите
"полевичарски" сфаќања.632 Шанданов го прашувал Георги Пенков дали тој
имал некакви сознанија во врска со тоа кој би можел да стои зад убиството на
Тодор Александров, а воедно му ги покажал и сведочењата од Методи
Алексиев, за кои Пенков не можел да поверува, бидејќи биле насочени против
него. Во понатамошното испрашување Георги Пенков негирал дека знаел нешто
во врска со евентуалниот план за убиство на Александров, направен во неговата
пилана, бидејќи тврдел дека во тоа време се наоѓал во Горна Џумаја. Во врска
со прашањето за можното учество на Александар Протоѓеров во заговорот
против Александров, Петар Шанданов побарал искрено мислење од страна на
Пенков со ветување дека тоа немало да влезе во писменото сведочење, туку ќе
останело како тајна помеѓу нив двајцата. Пенков истакнал дека и покрај
отворените несогласувања што пред убиството постоеле меѓу двајцата членови
на ЦК на ВМРО кои понекогаш и јавно ги покажувале, сепак Протоѓеров не бил
во состојба и не учествувал во планирањето за ликвидација на Тодор
Александров. Меѓутоа, според него, Александар Протоѓеров не смеел да остане
на чело на Организацијата, поради неговата врховистичка ориентација. На
крајот од испрашувањето Георги Пенков, кој и покрај ветувањата на Шанданов
дека веројатно ќе биде ослободен од обвинувањата, чувствувајќи го крајот,
побарал сребрената табакера и златниот часовник што му биле земени при
апсењето од офицерите, да им се предадат на неговите деца за спомен.633
По завршениот распит, Петар Шанданов му соопштил на Михајлов дека според
неговото мислење, Георги Пенков не бил виновен и немал никакво учество во
заговорот против Тодор Александров и согласно со тоа требало да биде
ослободен. Спротивно на тоа, по наредба на Иван Михајлов, Пенков бил
одведен во една куќа на патот помеѓу Софија и Књажево, каде лично дошол
Михајлов и му покажал писмени сведоштва, коишто Пенков требало да ги
потпише. Ако се согласел да го даде својот потпис, Михајлов му ветил дека ќе
му дозволи да замине во странство, но доколку ја одбиел соработката, му се
заканил дека ќе биде убиен. По ваквиот развој на настаните, Георги Пенков ги
потпишал сведоштвата составени од Иван Михајлов, кој му ветил дека веднаш
ќе биде ослободен. Но наместо тоа, Михајлов испратил терористи на ВМРО,
кои го задушиле Пенков и го закопале блиску до куќата каде што бил
затворен.634
Во Петрич и Петричко под исто обвинение и од луѓе на ВМРО биле убиени
Георги Манолев, Петар Говедарчето и Петар Балкански кои сите биле
припадници на левицата во македонското националноослободително движење.
На 13 септември 1924 година од атентатори на ВМРО во Софија бил убиен
Ангел Василев, а во септември истата година во Пловдив бил застрелан
санданистот и членот на Серскиот револуционерен округ, Чудомир
Кантарџиев.635
Наскоро после Горноџумајските убиства, во коишто зел активно учество на
страната на Иванмихајловата ВМРО, бил убиен Асен Даскалов при неговото
патување во воз за Пловдив, веројатно од терористи на ВМРО.
___________________________
610-Петар Шанданов (Охрид, 1894-Софија, 1971г.), учесник во македонското
револуционерно движење; учествувал во т.н.Охридско востание против
српската власт во 1913 година; се борел во 11-та македонска дивизија во состав
на бугарската војска како офицер; бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО
во периодот 1925-1928 година; по убиството на А.Протоѓеров и поделбата во
редовите на ВМРО застанал на чело на протоѓеровистичката ВМРО; за време на
војната се вклучил во антифашистичкото движење во Бугарија и во 1944 година
бил избран за делегат на Второто заседание на АСНОМ.

611-Георги Баждаров (с.Горно Броди, Серско, 8 февруари 1881г.), учесник во


македонското револуционерно ослободително движење; завршил факултет по
историја во Софија; учествувал во Илинденското востание; бил уредник на
повеќе весници; во 1920 и 1925 година бил избран во Задграничното
претставништво на ВМРО; тој е еден од основачите на Македонскиот научен
институт во Софија; по убиството на Александар Протоѓеров, се приклонил кон
протоѓеровистичката ВМРО.

612-Јордан Ѓурков (Штип, 13 октомври 1891г.), завршил Педагошко училиште


во Скопје; бил учител; учел Воено училиште и учествувал во Балканските и
Првата светска војна; по војните се вклучил во редовите на ВМРО и по
убиството на Тодор Александров станал еден од најблиските соработници на
Иван Михајлов; во 1925 и 1928 година бил избран за резервен член на ЦК на
ВМРО.

613-Панчо Михајлов (Штип, 1888г.), учесник во македонското револуционерно


движење, публицист, книжевник, еден од најзначајните интелектуалци во
ВМРО на Тодор Александров; бил учител во Кочани, Виница, Ќустендилско; се
вклучил во ВМРО во 1921 година и станал еден од најблиските соработници на
Александров; со својата чета имал повеќе вооружени судири со полициските и
воени формации на Кралството на СХС; автор е на збирката раскази ’Во земјата
на солзите' и збирката 'Бугарски народни песни од Македонија'.

614-Петар Шанданов, Спомени, предговор и редакција д-р Зоран Тодоровски,


Скопје, 2002,143.

615-Кирил Дрангов (Лом, Бугарија, 17 април 1902-Софија, 8 јули 1946г.), син на


Борис Дрангов; студирал Правен факултет во Софија; бил еден од основачите
на Македонското студентско друштво "Вардар"; се вклучил во ВМРО 1922
година и по убиството на Т.Александров, станал еден од најблиските луѓе на
Иван Михајлов; во 1933 година престојувал во логорот 'Јанка Пуста' во
Унгарија, во својство на терористички инструктор на хрватските и унгарските
екстремистички организации.

616-Петар Шанданов, Спомени...цит., 149/150.

617-Ипокрит Развигоров (Ново Село, Штипско, 1900г.), учесник во


македонското револуционерно движење како член на ВМРО; во 1922 година
заминал во четата на кочанскиот војвода Панчо Михајлов.'

618-Петар Шанданов, цит.дело, 152-155.


619-Спомени на Иван Караджов и Стефан Аврамов по повод убийството на
Алеко паша в Горна Джумая, Убийството на Тодор Александров (изследване и
документи), избор и редакција Кирил Пърличев, София, 2002,169.

620-Исто, 169 -171.

621-Спомени на Атанас Христов Джолев записани од Атанас (Анци) Наумов...,


143.

622 -Исто, 146/147.

623-Спомени на Атанас Христов Джолев..., 151-153.

624-Арсениј Јовков (с.Селце, Дебарско, 1882г.), учесник во македонското


револуционерно движење, во левицата; во Илинденското востание се борел во
Дебарско и Кичсвско, а потоа емигрирал во Бугарија; станал главен уредник на
органот на Илинденската организација ’Илинден', на чии страници го објавил
Мајскиот манифест на ВМРО.

625-Алексо Мартулков, Моето учество.., 368.

626-Методи Алексиев Јанушев (Велес, 27 февруари 1887г.), учител и учесник во


македонското револуционерно движење; ги прифатил левичарските
комунистички идеи и поради неговите организаторски способности бил избран
за член на Окружниот комитет на БКП за Горна Џумаја; за време на
Септемвриското востание во 1923 година раководел со одделение од
Горноџумајскиот востанички одред, а по востанието бил земен како заложник
во четата на војводата Алеко Паша.

627-БЕЗСМъРТНИТЕ 1922-1944, загинали в борбата против капитализма и


фашизма от Благоевградски окръг, София, 1971, стр.29.

628-Спомени на Атанас Христов Джолев..., 153.

629-Георги Марков Ковачев (Банско, 22 септември 1896г.), се образувал во


Солун, Кустендил и Виена; бил истомисленик и соборец со Јане Сандански;
учествува во Септемвриското востание во борбите за заземање од страна на
комунистите и земјоделците на Банско; бил убиен на 27 септември во месноста
'Лошни', во околината на Банско.

630-Георги Пенков Николов (с.Мечкул, Горноџумајско), потекнувал од селско


семејство; долги години бил во четата на Јане Сандански; по задушувањето на
Септемвриското востание, благодарение на неговото застапување биле спасени
животите на извесен број македонски дејци од редовите на левицата.

631-Александар Иванов Бујнов (Шумен, Бугарија, 27 август 1878г.), учесник во


македонското револуционерно движење од редовите на левицата, Бугарин по
националност; во 1905 година бил избран за член на Серскиот револуционерен
округ на ВМРО и станал истомисленик на Јане Сандански; во 1912 година бил
избран за народен пратеник во турскиот парламент; бил учесник во
Септемвриското комунистичко востание во Бугарија во 1923 година; на 20
септември 1924 година бил егзекутиран од терористи на ВМРО.

632-Петар Шанданов, Спомени,..., Скопје, 2002,160.

633 -Исто,162.

634-Исто, 163/164.

635-Чудомир Кантарџиев (Сливен, Бугарија, 23 септември 1883г.), учесник во


македонското национално ослободително движење, Бугарин по националност;
се зачленил во ВМРО и учествувал во Илинденското востание; бил избран во
Серскиот револуционерен округ на ВМРО; бил еден од основачите на
Народната федеративна партија; учествувал во Балканските војни; во Првата
светска војна се борел во редовите на 11-та македонска дивизија, а по војната
бил член на Привременото претставништво на бившата обединета ВМРО.

8.4.2. Атентатите врз претставниците на македонската левица


Димо Хаџи Димов и Славчо Ковачев

Во редовите на македонското револуционерно движење од крајот на 19 и


почетокот на 20-от век се појавиле редица на дејци, од различни теченија, кој со
своето дејствување одиграле забележителна улога и дале свои размислувања за
решавање на македонското прашање. Меѓу нив спаѓа и македонскиот
револуционер и деец Димо Хаџи Димов. Тој во редовите на македонското
националноослободително движење се вклучил во моментите кога тоа добило
најорганизирана форма, со создавањето на ТМОРО и се залагал за негово
независно дејствување. Уште на самиот почеток Димо Хаџи Димов во своето
политичко-револуционерно дејствување ги прифатил левичарските идеи. Во
рамките на неговото дејствување во македонското револуционерно движење,
Хаџи Димов најповеќе го употребувал пишаниот збор и во таа насока биле
неговите идеи за правилно решавање на македонското прашање. Македонија, во
државно-правен смисол, овој македонски деец сметал дека треба да добие
автономен статус во рамките на османската држава, што според него би било
најдобро решение и за големите европски сили и за балканските држави.636 Во
тој период на своето дејствување, Димо Хаџи Димов бил близок пријател и
соборец на Гоце Делчев и како таков бил директен сведок на неговото
загинување. По се поголемиот раскол што настанал во редовите на
македонското револуционерно движење, Хаџи Димов се определил кон левото
течение и станал близок соработник и соборец со Јане Сандански и другите
македонски дејци од поранешниот Серски револуционерен округ. По
завршувањето на Првата светска војна кога се поизвесно станувало дека ќе биде
верификувана поделбата на Македонија помеѓу балканските држави, Димо
Хаџи Димов заедно со група македонски револуционери од предилинденскиот и
Илинденскиот период, преку новосоздаденото Привремено Претставништво на
бившата обединета ВМРО се обиделе повторно да го актуелизираат
македонското прашање на Версајската мировна конференција и да издејствуваат
негово правилно решавање. Тогаш преку својата публицистичка дејност Димо
Хаџи Димов повторно го издигнал лозунгот за автономна Македонија, за кој
сметал дека ќе претставува најдобар модел за трајно решавање на македонското
прашање со што требало да се обезбеди постојан мир на Балканот, бидејќи со
ова решение ќе се искоренеле завојувачките стремежи на балканските држави
кон Македонија. Во наредните години Хаџи Димов станал комунист по
убедување и како таков станал и пратеник во Народното собрание на Бугарија
во текот на 1924. Со своето револуционерно-политичко дејствување помеѓу
македонската емиграција во Бугарија и со својата публицистичка дејност, Димо
Хаџи Димов, како и мнозина други општествени и јавни личности во Бугарија
станал предмет на подготвување на физичка елиминација. Наскоро бил извршен
атентат врз македонскиот револуционер од левицата и член на БКП, Димо Хаџи
Димов.637
На 13 септември, за време на денските часови, Хаџи Димов ја разбрал веста за
убиството на неговиот пријател и идеен сомисленик, Славчо Ковачев. Возбуден
од тажната вест тој искоментирал пред неговите другари дека повторно
започнале физичките истребувања и изразил жалење поради тој факт. Димо
Хаџи Димов во тие моменти се упатил кон кафеаната ’Галик" со цел да се
запознае со подробности околу убиството на Ковачев. На улицата "Пиротска"
македонскиот деец бил пречекан од терорист на ВМРО, кој со неколку
револверски истрели го соборил на земја, а за да се осигури во неговата смрт се
наведнал над трупот на жртвата и пукал уште два пати. Следниот ден
претседателот на Народното собрание на Бугарија дал кратко соопштение дека
бил убиен народниот пратеник Димо Хаџи Димов.638 Убиството било
извршено од страна на македонскиот терорист од ВМРО, Владо Георгиев-
Черноземски.639 Објаснувањето за атентатот било наводното учество на
комунистите во убиството на Тодор Александров. Во Софија на 13 септември
1924 I бил убиен македонскиот револуционер со левичарски идеи, член на
МЕФО, докторот по правни науки Славчо Ковачев640. Убиството го извршил
неговиот сограѓанин и припадник на ВМРО, штипјанецот Мирчо Кикиритков.
Според сеќавањата на Кикиритков641, една ноќ околу полноќ, со автомобилот
на Тодор Георгиев-Гуштерот од Штип, тие отишле во куќата на Иван Михајлов,
која била полна со четници и терористи на ВМРО. Михајлов лично им давал
задолженија на присутните, кои еден по еден заминувале да ги извршуваат
изречените смртни пресуди врз одредени македонски дејци, обвинети за
убиството на Тодор Александров. Дури и самиот Иван Михајлов неколку пати
заминувал со автомобилот во непознат правец.
Во 8 часот изутрината, следниот ден, дошол редот и на Мирчо Кикиритков, кога
од страна на Михајлов бил запрашан со зборовите: "Ќе го смааш ли (по
штипски) Славчо Ковачев?", на што по објаснувањето дека бил предавник,
Кикиритков се согласил. За извршување на задачата Страхил Развигоров, еден
од блиските соработници на Михајлов, требало да му го посочи Ковачев,
бидејќи атентаторот не го познавал. Славчо Ковачев живеел на улицата "Цар
Борис", спроти романската црква. На тој петочен ден, 13 септември,
атентаторите се сместиле на масата во една кафеана и го набљудувале патот
откаде требало да се појави жртвата. По четиричасовно чекање, околу 12 часот,
Развигоров посочил еден човек, кој што доаѓал по улицата "Пиротска", но
атентаторот се нашол во состојба на двоумење, бидејќи и други луѓе оделе по
тротоарот и отежнато било препознавањето на Ковачев. Но состојбата во корист
на Кикиритков се подобрила кога од вратата на куќата во која живеел Славчо
Ковачев излегле неговите деца и на нивниот повик, кој бил кобен за него,
Ковачев се стрчал кон нив со што го издал својот идентитет. Во тој судбоносен
момент Мирчо Кикиритков му застанал зад грбот и испукал три куршуми, при
што уште првиот куршум бил смртоносен за Славчо Ковачев. Кикиритков се
наведнал над паднатиот и од непосредна близина пукал уште три пати.
Атентаторот се обидел да побегне по улицата "Егзарх Јосиф", но тука бил
пресретнат од началникот на првиот полициски участок, на кого му се предал.
Само по два дена, во недела, било организирано бегство од страна на ВМРО,
при што заедно со Кикиритков побегнале и терористите Владо Черноземски и
Стефчо Каркалашев. Мирчо Кикиритков не знаел во што се состоело
обвинувањето врз убиениот Ковачев и наполно верувал во исправноста на
решенијата издадени од раководството на Организацијата, така што сметал дека
треба да ги исполни безусловно. Тој истакнал дека до неговото затворање не
знаел дека е убиен Тодор Александров. Во спротивно имал намера да ги убие и
децата на Славчо Ковачев.
Стојо Хаџиев642, македонски деец, војвода и член на Серскиот револуционерен
округ на ВМРО, со левичарски убедувања, бил убиен од страна на терористи на
ВМРО на Михајлов и бугарската полиција на 27 септември 1924 година, во
близината на селото Покровник, Горноџумајско. Местото каде е закопан е
непознато.
________________________

636-Поопширно види: Орде Иваноски, Димо Хаџи Димов, живот и дело,


Куманово.

637-Димо Хаџи Димов (с.Горно Броди, Серско, Егејска Македонија, 1875г.),


македонски деец од левицата; бил истомисленик и соборец со Јане Сандански;
учествувал во битката кај селото Баница каде бил убиен Гоце Делчев;
учествувал во формирањето на Народната федеративна партија; по Првата
светска војна бил еден од основачите на Привременото претставништво на
бившата обединета ВМРО и е автор на статијата "Назад кон автономија'; бил
избран за член на ЦК на БКП, а бил основач и на македонскиот Емигрантски
комунистички сојуз (ЕКС) во Бугарија.
638-Дончо Даскалов, Политически убийства...цит., 109.

639-Владимир Георгиев-Черноземски или вистинското име Величко Димитров-


Керин (с.Каменица, Велинградско, Бугарија, 19 октомври 1897г.), учесник во
македонското револуционерно движење, по националност Бугарин; во 1922
година се вклучил во редовите на ВМРО и бил четник кај војводите Иван Јанев-
Брло и Панчо Михајлов; во времето на Иван Михајлов извршил голем број на
атентати врз македонски дејци , а во 1932 година бил испратен од страна на
ВМРО во логорот "Јанка Пуста" во Унгарија, како инструктор на хрватските
усташи.

640-Владислав Славчо Ковачев (Штип, 5 јануари 1875г.), македонски деец,


интелектуалец; завршил Воено училиште во Софија и членувал во Врховниот
македонски комитет; учествувал во Илинденското востание; во 1910 година
завршил правни науки во Париз и докторирал во Брисел; бил еден од
основачите на Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО) и
бил уредник на весникот 'Автономна Македонија'.

641-Спомен на Мирчо Кикиридков за атентата срещу Славчо Ковачев,


Убийството на Тодор Александров.., 166.

642-Стојо Николов Хаџиев (с.Голешево, Светиврачко-Санданско, 1880г.),


потекнувал од родољубиво семејство; за време на турското ропство влегол во
четата на Јане Сандански; бил околиски војвода на Демирхисарската околија,
Серско; во 1910 година како кандидат на Народната федеративна партија(НФП)
бил избран за пратеник во турскиот парламент; по Првата светска војна се
ориентирал кон левицата во македонското револуционерно движење.

8.4,3. Убиството на Петар Чаулев

На 24 декември 1924 година во Милано, Италија бил извршен атентат врз


членот на ЦК на ВМРО, Петар Чаулев. Атентатот се случил во пивницата и
продавница за тутун број 14, на плоштадот Верциере 4, чијшто сопственик бил
извесниот Фермо Гуфанти. Неколку денови пред атентатот, локалот бил
посетуван од едно лице, кое изгледало многу вознемирено и постојано се
обѕрнувало околу себе, веројатно од страв да не биде следено. Тој човек
започнал постојано да доаѓа во пивницата некаде околу 11 часот, седел на една
маса и пиејќи кафе разгледувал некакви писма и весници. Тоа бил членот на ЦК
на ВМРО, Петар Чаулев. Околу 11 и 30 часот, Чаулев вообичаено си порачувал
вермут за пиење, при што редовно по извесно време во локалот доаѓал еден
негов пријател, кој му давал знак по што двајцата заедно излегувале. Тоа
веројатно било личното обезбедување на Петар Чаулев, бидејќи тој не можел да
нема никакви сознанија дека врз него се подготвувал атентат, посебно по
последните пресметки што се случувале во редовите на ВМРО.
На критичниот ден Чаулев си седел на истото место во пивницата со чашката
вермут пред себе, кога внатре влегло едно момче, кое застанало на неколку
чекори пред него. Момчето влегло во локалот уште пред 11 часот, но бидејќи
тогаш жртвата уште не била дојдена тој се напил кафе и си заминал. Во тој
момент Петар Чаулев веројатно се сетил дека опасноста за убиство го демнела,
бидејќи инстинктивно ја подигнал главата, но веќе било доцна. Атентаторот во
раката имал голем автоматски револвер со кого истрелал пет пати во правецот
на Петар Чаулев. Погоден од револверските истрели тој паднал меѓу масите, а
во тој момент присутните во пивницата се обиделе да го нападнат егзекуторот.
Атентаторот успеал да се оттргне, ја приближил цевката од револверот до
устата и се обидел да се самоубие, но не успеал, бидејќи при пукањето во
жртвата ја потрошил целата муниција.643
По првобитното изненадување од пукотниците и откако успеал да се ослободи
од присутните, атентаторот се наведнал над убиениот Чаулев и на лош
италијански јазик кратко објаснил дека и тој и жртвата биле од Македонија.
Еден од присутните во кафеаната, фашист по убедување, се обидел да го
извлече атентаторот од толпата и на тој начин да го спаси од апсење. Меѓутоа
тогаш пристигнала полицијата и убиецот бил приведен. Речиси во исто време
пристигнала и лекарска екипа која констатирала дека смртта кај Петар Чаулев
настапила веднаш поради тежината на раните, пред се таа во пределот на
главата. Кај убиениот од страна на полициските органи биле пронајдени
документи за кореспонденција, како и исечоци од весници. Исто така кај него
биле пронајдени и метален часовник и пари во вредност од 640 италијански
лири и 110 долари. Во џебовите на убиениот Чаулев бил пронајден и автоматски
револвер од голем калибар, којшто оставал силен впечаток затоа што на него
имало пониклувани и позлатени делови, додека рачката била направена од
седеф. При анализата на оружјето било установено дека во цевката на
револверот имало еден куршум, што укажува на тоа дека покојниот член на ЦК
на ВМРО очекувал атентаторски напад и затоа презел мерки за своја заштита.
Истрагата исто така утврдила дека Петар Чаулев отседнал во хотелот "Ројал" на
улицата "Фалконе" и тука се сместил уште на 8 декември, изјавувајќи дека
пристигнал од Софија со намера да отпатува во Виена.
Убиството било извршено од Димитар Стефанов, припадник на ВМРО, а под
обвинение од страна на истата дека Чаулев се поврзал со Коминтерната и
Советскиот Сојуз, дека добивал пари од "болшевиците" и дека тие парични
средства ги искорио тил во заговорот против Тодор Александров. Стефанов и
изјавил на полицијата дека знаел многу слабо италијански јазик и не сакал да
даде други детали во врска со атентатот. Пред полициските органи исто
така го открил своето име, имал добиено дозвола за престој во Италија и до
моментот на убиството престојувал во хотелот "Викторија", во Милано. По
извршеното убиство, атентаторот Димитар Стефанов се наоѓал во затвор околу
16 месеци, до 26 април 1926 година, кога започнал судскиот процес во врска со
делото. За бранители во процесот против Стефанов од страна на ВМРО биле
ангажирани едни од најдобрите италијански адвокати во тоа време, сенаторот
Винченцо Морело од Рим и Иноченцо Капа од Милано. Сенаторот Морело,
покрај тоа што бил писател и публицист и многу способен адвокат исто така
бил и угледен член на фашистичката партија на Италија, што поради тогашната
политичка моќ на фашистите во Италија, создавало добри можности за
завршување на судскиот процес во полза на атентаторот и на ВМРО. Во
судската дебата, адвокатите Морело и Капа, потпомогнати од сведоците кои
зборувале на штета на Петар Чаулев, настојувале пред присутниот аудиториум
да ја докажат комунистичката дејност на убиениот и неговата поврзаност со
Советска Русија, од која, според обвинувањата, на разни начини добивал големи
парични средства. Во таа насока биле и искажувањата на резервните
италијански полковници Еторе Лоди и Родолфо Ридолфи.
Обидите за одбрана на убиениот Петар Чаулев биле предводени од адвокатите
Капокачија и Ланцило, кои настојувале да докажат дека Чаулев не бил
болшевички агент, дека не нанесол зло на македонското ослободително
движење, дека не ковел никаков заговор против Тодор Александров, туку се
обидувал да пронајде други патишта и сојузници за ослободување на
Македонија.644
По ислушување на аргументите на двете страни, Миланскиот суд донел одлука
дека обвинетиот Димитар Стефанов го убил Петар Чаулев во состојба на
неопходност и дека врз основа на тоа што Стефанов бил виновен само за
прекршок за носење на опасно оружје, тој се ослободувал од обвинението за
убиство со предумисла. Врз основа на тоа судот го казнил Димитар Стефанов со
парична казна од 203 лири, која била исполнета поради одлежаниот затвор на
обвинетиот Стефанов. На тој начин Димитар Стефанов бил пуштен на слобода.
_______________________________
643-Трите дела, Прага-Таборъ-Виена-Милано, Страници отъ борбата на
Македония (По стеногра-
ми, отчети, коментарии на весниците и документи на Вътрешната македонска
революционна организация), София, 1927,187.

644-Трите дела, Прага-Таборъ-Виена-Милано, Страници отъ борбата на


Македония (По стеногра-
ми, отчети, коментарии на весниците и документи на Вгтрешната македонска
революционна ор-ганизация), София, 1927,186/187.

8.4.4. Атентатот врз Стојан Мишев

На 30 декември 1924 година во Штип бил убиен Стојан Мишев, кој првин бил
војвода на ВМРО и близок соработник на Тодор Александров, а потоа преминал
во српска служба и станал еден од најважните раководители на т.н. Здружение
за борба против бугарските бандити. Атентаторот бил Кирил Глигоров-Ќелешов
од Штип, а убиството го извршил по наредба на ВМРО. Ќелешов потекнувал од
сиромашно семејство и уште на млади години го напуштил родниот град и се
нашол среде македонската емиграција во Бугарија. Таму влегол во редовите на
ВМРО и по кратко време му била дадена тешката задача за извршување на
атентат врз Стојан Мишев, кој што во тоа време се наоѓал во српска служба во
градот Штип. Пред да замине на извршување на задачата бил прикриен во
домот на некои негови пријатели, каде му била дадена извесна сума на пари за
негово прехранување додека не биде посетен по вторпат од страна на луѓе на
ВМРО. Во меѓувреме се случило убиството на Тодор Александров, така што
Кирил Ќелешов останал без врска со Организацијата, но набргу по тие настани
успеал да замине за Штип. Пред тамошните српски власти изјавил дека во
Бугарија заминал за да заработи нешто за него лично, но по извесно време се
разочарал и затоа се вратил дома. Ќелешов набргу успеал да се вработи како
прислужник во една кафеана и откако властите се увериле во неговата наводна
лојалност, веќе воопшто не го следеле, што му оставило можност спокојно да ја
испита линијата на движењето на неговата жртва645. Стојан Мишев во тоа
време живеел во куќата на Гочеви, која била една од поголемите во градот.
Околу 12 часот, на пладне на 30 декември, атентаторот Кирил Келешов го
застрелал Стојан Мишев точно пред прагот на неговата куќа и успеал да избега
од градот, стигнувајќи скоро до границата со Бугарија. Поминувајќи низ селото
Костин дол, Кочанско бил забележан и предаден од некој селанец на 8 јануари
1925 година. По престрелката што ја имал со српската потера, откако ја
потрошил целата муниција бил фатен и донесен во штипскиот затвор.646
Додека уште се наоѓал во затвор, од страна на ВМРО бил егзекутиран селанецот
Стоил Шанкев, којшто го извршил неговото предавство на српските власти.
Судскиот процес против Кирил Ќелешов започнал на 25 мај 1925 година.
Поради тоа што имал 20 години и според тогашните закони се сметал за
малолетен се очекувало да не му се изрече смртна пресуда, но по инсистирање
на месните српски власти во градот, пресудата сепак му била изречена. На 30
август 1925 година, изутрината, Кирил Глигоров Ќелешов со камион бил
однесен надвор од градот на местото на неговата егзекуција, каде во моментот
на неговото стрелање, според Иван Михајлов, присуствувале и претседателот на
Здружението за борба против бугарските бандити, Михајло Каламатиев и жена
му на убиениот Стојан Мишев.647
_____________________________

645-Иванъ Михаиловъ, Спомени III, Освободителна борба 1924-1934г.,164.

646-Исто, 169.

647-Исто,153.

8.4.5. Атентати во почетокот на 1925 Година

На 13 февруари 1925 година во Софија бил убиен професорот Никола Милев,


интелектуалец од редовите на ВМРО и близок соработник на Тодор
Александров. Во вечерните часови, околу 19 часот, Милев ја посетил
редакцијата на весникот "Слово", каде бил и вработен, ги прегледал содржините
на утрешниот број и некаде околу 19 и 45 тргнал кон својот стан на улицата
"Бенковски". Во добро расположение тој зачекорил по булеварот "Дондуков",
сам, не претчувствувајќи дека бил следен во чекор од терорист, кој чекал
погоден момент да го изврши убиството. Кога Никола Милев излегол на
улицата "Тетевенска", атентаторот го извадил парабелумот и од далечина околу
три чекори стрелал во грбот на професорот. Првиот истрел го погодил во левата
страна од грбот, но Милев инстинктивно почнал да бега и да вика за помош.
Терористот се обидел да пука уште еднаш, но револверот му се заглавил, по што
тој извадил друг револвер и со него го пристигнал ранетиот професор на среде
улица. Овде тој истрелал еден куршум во главата на жртвата и потоа уште еден
за да се осигури дека "работата" била завршена, по што придружуван од уште
неколку негови соучесници исчезнал низ софиските улици.648 Атентатот го
извршил терористот Милан Манолев од Кукуш, како противодмазда на
комунистите за извршените убиства врз нив од страна на ВМРО. По ова
атентаторот бил фатен од припадници на ВМРО, кои со методи на мачење го
натерале да го признае убиството, по што бил убиен и фрлен на местото на
загинувањето на професорот Милев, каде на трупот изрешетан од куршуми
стоела белешка: "Убиецот на Никола Милев е казнет".649
Во Свиленград, Бугарија на 26 февруари 1925 година бил убиен Георги
Скрижовски650, преку ден, санданист и левичар по своите убедувања, а
атентатот бил дело на ВМРО.
На 6 март 1925 година во Софија бил убиен народниот пратеник Хараламби
Стојанов со еден револверски истрел во главата, на излезот од Народното
Собрание. Атентатот го извршил македонскиот терорист од редовите на ВМРО,
штипјанецот Ипократ Развигоров.
______________________
648-Георги Марков, Камбаните бият сами, Насилие и политика в България
1919-1947, София, 1994, 67/68.

649-Исто, 69.

650-Георги Иванов Скрижевски (с.Скрижево, Драмско, Егејска Македонија,


1882г), потекнувал од селско семејство; станал член на ВМРО и заедно со Гоце
Делчев учествувал во кревањето во воздух на мостот на реката Ангиста; две
години бил во четата на Јане Сандански и од 1906-1908 бил член на Серскиот
револуционерен округ на ВМРО; по Првата светска војна влегол во редовите на
БКП.

8.4.6. Атентатот врз Тодор Паница

Во Виена на 8 мај 1925 година бил убиен Тодор Паница, македонски


револуционер од левицата, санданист и федералист и член на МЕФО. Атентатот
бил извршен од страна на Менча Карничева, а по налог на раководството на
ВМРО. Уште во текот на 1918 година, на пат за Минхен, Карничева се
запознала со Магдалена Измирлиева, сестра на жената на Тодор Паница.
Подоцна, во 1920 година, при нејзиното бањско лекување од ревматизам, се
запознала и со семејството Паница. Раководството на ВМРО, пред се Иван
Михајлов, сакало да го искористи нејзиното пријателство со семејството
Паница, за извршување на атентат врз Тодор Паница, кој од страна на ВМРО
бил обвинет за убиството на Иван Гарванов и Борис Сарафов во 1907 година, за
комунистичка дејност и обвинение дека како федералист се ставил во српска
служба. Менча Карничева започнала да прави планови за неговото убиство
уште во текот на 1923 година, но поради честите заболувања била спречена во
тоа. Но веќе во летото 1924 година, атентаторката купила револвер за таа цел и
планирала да го изврши убиството по свадбата на Магдалена Измирлиева за
извесниот Бумбаров. Вистинската можност и се укажала во месец мај 1925
година.
На 7 мај 1925 година Менча Карничева ги поканила брачниот пар Бумбарови и
Паница наредниот ден да отидат во Бургтеатарот во Виена, на претставата "Пер
Гинт", што од нивна страна било со задоволство прифатено. Заговорничката ја
презела обврската за купување на билетите се со цел да се осигури дека во
критичниот момент Тодор Паница ќе биде со неа во истата ложа. Така на 8 мај,
вечерта двата брачни парови, Карничева и Јане Богатинов за време на
претставата се сместиле во ложата број 2, од десната страна близу до сцената.
По почетокот на претставата, Менча Карничева и го дала резервниот билет за
друга ложа на Магдалена Бумбарова што специјално го купила за да ги
отстрани Бумбарови од нивната ложа и откако и сопругот на Магдалена по
извесно време заминал од таму, Карничева се нашла точно зад столицата на
Тодор Паница. Од левата страна седела неговата жена, а десно Богатинов. Во
моментот кога на сцената се одвивал делот кога Пер Гинт се враќал дома со
коработ, се создала голема врева од музиката што го следела дејствието и тоа
бил погодниот момент за атентаторката.

Часот бил некаде околу 10, кога користејќи ја темнината во салата, Менча
Карничева го извадила револверот од чантата и истрелала два куршуми кон
Паница. На излегување од ложата, истрелала уште пет куршуми, со кои покрај
убиениот Тодор Паница, ги ранила и жена му и Богатинов. На излегување од
ложата Карничева била фатена од еден прислужник, без давање на отпор,
додека лекар ја констатирал смртта на Тодор Паница.651 При увидот направен
од страна на официјалните австриски полициски власти, кај Тодор Паница биле
пронајдени, револвер, извесна сума на пари и српски пасош со лажно име
Димитар Арнаудовиќ. Атентаторката Карничева веднаш била затворена, но
поради влошеното здравје до судењето била префрлена во еден санаториум.652
Процесот против Менча Карничева започнал на 30 септември 1925 година, а за
нејзини бранители од страна на ВМРО биле ангажирани едни од најдобрите
адвокати во Австрија, д-р Рихард Пресбургер и д-р Игнац Курт Розенфелд. По
судскиот процес на 2 октомври 1925 година била донесена пресудата, според
која Менча Карничева за стореното дело се осудувала на осум години
затвор.653 Меѓутоа од Врховниот суд во Виена таа била прогласена за
неспособна да ја одлежи казната и по сила на тоа решение била ослободена и
според пресудата и тамошните законски прописи, веднаш била екстернирана од
границите на Австрија.654 По враќањето во Софија во 1926 година, Менча
Карничева се венчала со лидерот на ВМРО, Иван Михајлов, со кого лично се
познавала уште од порано.
________________________
651-Трите дела, Прага-Таборя-Виена-Милано, Страници отя борбата на
Македония..., София, 1927,75/76.

652 Исто,78.

653-Менча Кърничева, Защо убих Тодор Паница?, София, 1993, 6. Трите дела...,
172.

654-Георги Иванов Папалезов (с.Белотинци, Драмско, Егејска Македонија,


1883г.), се населил во Неврокоп(Гоце Делчев); при заземањето на Неврокоп од
четите на ВМРО во октомври 1922 година, ги снабдувал комунистите и
земјоделците со оружје за одбрана на градот; на 24 мај 1925 година бил фатен
од страна на ВМРО и на 15 јуни 1925 година бил обесен во селото Дабница.

8.4.7. Казнената експедиција на ВМРО против членови на


федеративната организација во село Дабница (Неврокопско)

Во мај 1925 година ВМРО на Иван Михајлов презела казнена акција во село
Дабница (Гоцеделчевско) против членови на МЕФО, поради опасноста од
истиснување на влијанието на ВМРО во овој крај. По масовните апсења на
комунисти, федералисти и приврзаници на земјоделската партија, по наредба на
ЦК на ВМРО и Иван Михајлов, во мај и јуни 1925 година биле осудени и
убиени 79 луѓе во дворот на т.н. Арнаудова или Крвава куќа во село Дабница.
Биле убиени: Георги Папалезов655, Георги Килов656, Димитар Алексиев657,
Никола Ст. Ушев 658, Никола Т. Ушев659 , Андон Донков660 , Георги
Чонев661 , Димитар Ешков662, Стојан Пандуров, Димитар Мутафчиев663,
Стојан Попиванов, Георги Чанџиев664, Крсто Семерџиев665 и други.
Подготовките за казнување на членови и симпатизери на левоориентирани
партии во Бугарија од страна на ВМРО на Иван Михајлов започнале по
завршувањето на шестиот конгрес на Организацијата. За таа цел четата на
околискиот кавалски војвода Ганчев, останала во неврокопските (ден.гоце-
делчевски) села есента 1924 година и ја поминала зимата во тој крај. Четата
останала таму и во пролетта 1925 година, а била ставена под директно
началство на Георги Настев. Во меѓувреме во почетокот на 1925 година
федералистички чети под раководството на Тодор Паница успеале да
воспостават свои канали преку територијата на Грција за влез во Бугарија, во
Пиринскиот дел на Македонија. Базата за влез на тие чети бил градот Солун,
каде бил формиран окружен федералистички комитет во состав: Крсто
Самарџиев-претседател, Георги Папалезов, Димитар Пенков, Георги Стефанов
(Правото), Ив. Попов, Г. Малинов, Г. Стојанов и Ст. Мандаџиев.666 ВМРО
преку своите истражни органи успеала да ја открие федералистичката мрежа во
Неврокопско од признанијата што ги изнудила од Петар Стоев од село Дутлија,
Серско, којшто бил еден од основачите на тој федералистички комитет во
Солун. Комунистичката мрежа во овој регион пак, успеал да ја воспостави
Георги Папалезов, кој започнал да ги поврзува партиските организации на БКП
во повеќе села: Сатовча, Долен, Грмен, Огњаново, Илинден и други, а во исто
време со тоа се пренесувало и оружје преку грчко-бугарската граница.
Акцијата на ВМРО за апсење на членовите на овие федералистички и
комунистички групи во Неврокопско била координирана со официјалната
бугарска власт. Најпрвин органите на власта под обвинение за комунистичка
дејност ги исклучиле учениците од Неврокопската гимназија, Кирил Кемалов и
Костадин Алексов. Потоа, во Неврокопско биле уапсени комунистот Георги
Стефанов од Драмско, како и седуммина други поврзани со него од селото
Кремен, Разлошко. Сите уапсени од страна на официјалната власт и биле
предадени на институциите на ВМРО. Придружувани од чети и селска милиција
на Организацијата, уапсените комунисти и федералисти биле спроведени во
селото Дабница, кое се наоѓало на неколку километри од градот Неврокоп
(денешен Гоце Делчев). На чело на таа казнена експедиција се наоѓале
околиските војводи од Серско и Драмско, Михаил Скендеров и Андон Великов
Качарков. Во Дабница биле спроведени околу 300 луѓе од кои повеќето биле
комунисти, членови и симпатизери на земјоделската партија, федералисти,
бивши приврзаници на Тодор Паница и воопшто политички противници и луѓе
кои не ја подржувале ВМРО.667
Испитувањето на притворените продолжило околу 40 дни и тоа било направено
со знаење на министерството за внатрешни работи. На крајот од процесот, во
мај 1925 година, била формирана "судска" комисија и нелегален суд од видни
раководители на ВМРО и тоа: Михаил Скендеров, В. Ганчев, Јордан Ѓурков и
Георги Настев, сето тоа со одобрение на водачот на ВМРО, Иван Михајлов.
Најчестите прашања на уапсените биле дали тие биле федералисти и комунисти,
а најчестите обвинувања од иследниците на ВМРО биле дека обвинетите биле
одговорни затоа што поттикнувале активности против Организацијата и биле
бивши санданисти. При испитувањата луѓето од ВМРО, според сеќавањата на
некои преживеани, се служеле со сурови методи на измачување, при што во
постапката поради тепањето и измачувањето дел од заробените починале.
Измачувањата на жртвите биле извршени во куќата на турчинот Махмуд
Арнаудов, која подоцна поради трагичните настани што се случувале таму била
наречена "Крвава куќа". Според кажувањата на преживеани учесници во тие
немили настани, многу од уапсените умреле на рацете на нивните измачители,
некои полумртви биле фрлени да изгорат во специјално приготвена печка, трети
биле закопани во вар, додека некои од жртвите биле полуживи закопувани во
заедничка гробница.668
Раководството на ВМРО и неговиот ЦК во состав Михајлов, Протоѓ-ров и
Георги Попхристов669, постојано биле во тек со настаните во селото Дабница,
бидејќи за време на тој нелегален процес, тие заедно со задграничните
претставници на Организацијата неколку пати доаѓале во селото. На 13 јуни
1925 година Иван Михајлов ги потврдил смртните пресуди изречени од ВМРО
на 13 луѓе, додека петмина осудени биле казнети со прогонство од територијата
на Македонија. Според еден од иследниците, В. Ганчев, со одобрение на ЦК
биле егзекутирани 38 луѓе, при што смртните казни биле извршени од
нелегални четници на Организацијата и осудените го завршиле својот живот со
бесење. Бројките за убиените во Дабничките настани се движеле од 30-тина до
100-тина, но најверојатно вистинскиот број на извршените смртни пресуди бил
49, од кои 42 души од Неврокопската околија и 7 души од селото Кремен,
Разлошко. Неколку години подоцна, очевидци потврдиле дека локацијата на
масовната гробница се наоѓала во близина на селото Хвостјане, Неврокопско.
Телата на егзекутираните биле пронајдени во бескрстна гробница во месноста
Кавак дере, во нивата на еден селанец, при што со откопувањето се утврдил број
на околу 30-тина човечки трупови. Крсто Јанчев, локален раководител на ВМРО
и учесник во казнената акција, на неговото судење во 1935 година ги потврдил
имињата на јавно убиените комунисти, земјоделци и федералисти: К.
Семерџиев, Г. Трендафилов и Д. Пенков, кои биле обесени на мостот на
Либјаховската река и Симеон Грнев670, Георги Попов и Илија Ќулумов671,
обесени во близина на село Садово, Неврокопско.672
_____________________________
656-Георги Стефанов Килов-Правото (с.Калапот, Драмско, Егејска Македонија,
1884г.), бил тутунски работник; се вклучил во работничкото движење и станал
комунист; по 1919 година со семејството се населил во Неврокоп; учествувал во
Септемвриското востание во 1923 година.

657-Димитар Алексов Алексиев (с.Горно Броди, Серско, 1899г.), иотекнувал од


земјоделско семејство; се преселил во Неврокоп; учествувал како војник во
Првата светска војна; во 1919 година станал член на БКП.

658-Никола Стојанов Ушев-Чучулигата (с.Грмен, Неврокопско, 1880г.),


потекнувал од земјоделско семејство; учествувал во Првата светска војна, а по
нејзиното завршуваље, се вратил во родното село и ја формирал
организационата мрежа на БКП; бил убиен во селото Дабница на 16 јуни 1925
година од терористи на ВМРО.

659-Никола Тодоров Ушев (с.Либјахово-Илинден, Неврокопско, 6 декември


1867г.), соборец на Јане Сандански; во 1919 година формирал партиска
организација на БКП во неговото село; учествувал во Септемвриското востание;
во мај 1925 година бил фатен од четници на ВМРО и однесен во село Дабница,
каде по измачувањата, на 15 јуни бил жив изгорен во печката на т.н. Арнаудова
куќа.

660-Андон Иванов Донков(с.Черсшово, Драмско. Егејска Македонија, 1884г.),


потекнувал од селско семејство; од 1915-1918 година бил војник во бугарската
војска; станал член на БКП; во мај 1925 година бил фатен од страна на ВМРО,
однесен во село Дабница и по еден месец бил убиен.

661-Георги Ангелов Чонев(с.Грмен, Неврокопско, 15 август 1889г.), бил


активен учесник во Балканските војни и Првата светска војна 1912-1918 година;
во 1919 година учествувал во формирањето на партиската организација на БКП
во неговото село; во мај 1925 година бил фатен од страна на четници на ВМРО
и по големи измачувања на 16 јуни бил убиен во месноста "Банјан'.
662-Димитар Атанасов Ешков(с.Балдево, Неврокопско, 10 мај 1899г.), активен
учесник во работничкото движење; станал секретар во околискиот комитет на
Комсомолот во Неврокоп(Гоце Делчев); бил учесник во Септемвриското
востание од 1923 година; на 14 мај 1925 година при обидот на двајца терористи
на ВМРО да го уапсат од поштата каде работел, тој извадил револвер и се
спротивставил, по што бил убиен.

663-Димитар Ангелов Мутафчиев-Петканчето(Неврокоп, 1898г.), бил член на


Комсомолот и на БКП; учествувал во подготовките за Септемвриското востание
во 1923 година; на 15 мај 1925 година бил фатен од органите на ВМРО, бил
одведен во село Дабница и на 16 јуни обесен.

664-Георги Илиев Чанџиев (Неврокоп, 1884г.), бил член на Бугарскиот


земјоделски народен сојуз (БЗНС); станал прв претседател на окружното
раководство на БЗНС за градот Неврокоп; од страна на ВМРО бил фатен и
однесен во селото Дабница, каде бил убиен во јуни 1925 година.

665-Крсто Иванов Самарџиев или Семерџиев (с.Крушево, Демирхисарско,


Егејска Македонија, 5 мај 1886г.), во 1913 година од родното место се преселил
во Неврокоп и овде се зачленил во БЗНС; бил обесен на 14 мај 1925 година во
селото Дабница од четници на ВМРО.

666-Димитар Тюлеков, ОБРЕЧЕНО РОДОЛЮБИЕ, ВМРО в Пиринско 1919-


1934, Благоевград, 2001, 110.

667-Исто, 111.

668-Исто, 113.

669-Георги Поп Христов (с.Крстоар, Битолско, 1878-Софија, 19 февруари


1962г.), учесник во македонското национално ослободително движење; бил
учител во Кавадарци, Прилеп и Битола; како член на ВМРО влегол во
Битолскиот револуционерен окружен комитет; учествувал на Смилевскиот
конгрес на Организацијата и во Илинденското востание; бил учесник во
Балканските војни, а по Првата светска војна влегол во редовите на ВМРО на
Тодор Александров; во 1925 година станал член на ЦК на ВМРО; од 1928
година бил водач на протоѓеровистичката ВМРО.

670-Симеон Атанасов Грнев(с.Либјахово-Илинден, Неврокопско, 22 март


1887г.), зел учество во Бал-канските и во Првата светска војна; по војните се
зачленил во БЗНС и станал кмет во неговото село; во мај 1925 година бил фатен
од страна на ВМРО и однесен во селото Дабница, а на 15 јуни бил обесен во
близина на селото Садово.

671-Илија Стојанов Кулумов (с.Гајтаниново, Неврокопско, 1898г.), потекнувал


од селско семејство; по Првата светска војна ја создал партиската мрежа на БКП
во неговото село; бил фатен од четници на ВМРО на 25 мај 1925 година,
однесен во селото Дабница и убиен на 15 јуни.
672-Димитар Тюеков, ОБРЕЧЕНО РОДОЛЮБИЕ.., 114.

8.4.8. Убиствата на војводите па ВМРО Ефтим Цеков и Панчо Михајлов

На 15 јуни 1925 година во Софија бил убиен Панчо Михајлов-Чавдар, кочански


војвода на ВМРО, интелектуалец и близок соработник на убиениот водач на
ВМРО, Александров.673 Настаните пред убиството на Михајлов укажувале на
тоа дека е можно тој и да се спаси од смртната казна. По наредба на ЦК на
ВМРО биле фатени и Панчо Михајлов и војводата Ефтим Цеков674, обвинети
за предавство на Организацијата, поради наводната соработка со федералистите
и со Тодор Паница, при што Цеков бил затворен во една куќа во Софија, а
Панчо Михајлов во куќата на Мишо Шкартов, еден од повисоките раководители
во ВМРО. Истрагата од ВМРО во случајот со војводата Цеков, која се водела
без физичко малтретирање, според Петар Шанданов, покажала дека тој бил
виновен за работите за кои се товарел, но откако ги признал обвинувањата
побарал да биде рехабилитиран, за што се обрзувал да ја изврши било која
задача од страна на Организацијата. Но по инсистирање на Иван Михајлов,
мнозинството на членовите на ЦК и ЗП, се изјасниле за изречување на смртна
пресуда.675
Во меѓувреме Панчо Михајлов успеал да избега од чуварите и се скрил во
куќата на генералот Куркчиев, којшто му бил пријател од време на војната. Кога
на Иван Михајлов му соопштиле за бегството, тој побарал без суд да биде
егзекутирана стражата што го чувала затвореникот. И покрај противењето на
Петар Шанданов, еден од обезбедувањето, Крум Зарков бил веднаш убиен.
Иван Михајлов веднаш побарал од Шанданов да влезе во контакт со кочанскиот
војвода и да го изведе пред судот на Организацијата, на што Шанданов се
спротивставил и барал цврсти гаранции дека Панчо Михајлов нема да биде
убиен. На тоа Михајлов му одговорил дека имал сигурни сознанија дека
обвинетиот се подготвувал да замине во странство и да се поврзе со
федералистите во Виена. Сепак по упорното инсистирање на Шанданов за
невиноста на Панчо Михајлов, Иван Михајлов ветил дека по формалното
судење, кочанскиот војвода ќе бил ослободен.
По ваквите гаранции од Иван Михајлов, Шанданов преку жената на Панчо и
генералот Ќуркчиев успеал да стапи во контакт со обвинетиот од страна на
ВМРО, при што од генералот постојано се нагласувало дека евентуалното
убиство би предизвикало негативен ефект кај македонската емиграција, кај која
Панчо Михајлов уживал голем авторитет. По сите овие разговори, Панчо
Михајлов се предал на организациските власти и по судењето навистина бил
ослободен, поради заслугите во минатото по однос на Македонија, при што
пресудата била исклучување од редовите на ВМРО на неодредено време.676 По
сите овие случувања Панчо Михајлов еден ден му се заблагодарил на Шанданов
и му напоменал дека заради егзистенцијални причини сакал да почне со работа
како сметководител во фабриката за шеќер во Горна Ораховица. Меѓутоа набрзо
по ова Михајлов бил егзекутиран, а неговото мртво тело лично го видел и Петар
Шанданов, кој по настанот бил информиран од свои блиски луѓе дека убиството
лично го наредил Иван Михајлов и покрај ветувањето и ослободителната
пресуда.677 Ова убиство уште повеќе ги продлабочило спротивностите во
редовите на ВМРО и претставувало вовед во настаните што подоцна довеле до
целосен раскол и крвопролевања во организациските редови. Иван Михајлов
речиси сите свои изречени смртни пресуди ги оправдувал со наводната
поврзаност на убиените со комунистите и федералистите, што од страна на
ВМРО биле сметани за нејзини најголеми непријатели. Токму и обвинението
врз Панчо Михајлов било дека сакал да побегне во Виена и да влезе во сојуз со
федералистите и комунистите и Димитар Влахов.
__________________
673-Зоран Тодоровски, ВМРО 1924-1934, Скопје, 1997,68/69.

674-Ефтим Цеков (с.Будинарци, Беровско, 1890 или 1895г.), учесник во


македонското револуционерно движење; во 1923 година се вклучил во редовите
на ВМРО и станал војвода на чета во Малешевијата; на конгресот на ВМРО во
1925 година бил избран за член на Политичката комисија.

675-Петар Шанданов, Спомени,..., 184/185.

676-Исто,186/187.

677-Исто,188/189.

8.4.9. Казнени акции на ВМРО во селата Градево и Крупник во 1925 Година

Во јули 1925 година ВМРО презела казнена акција над една комунистичка
група во селото Градево (југоисточно од Горна Џумаја) под обвинение дека
групата врши пропаганда и дејност против ВМРО. Организацијата ја презела
оваа акција затоа што се сомневала дека комунистичката и федералистичка
мрежа од Неврокопско била распространета и во селото Градево. Во текот на
1925 година во ова село навистина постоела установена нелегална
комунистичка група, а нејзини основачи и раководители биле учителот во
селото Церово, Асен Пазов678 од градот Радомир и Борис Георгиев од селото
Марулево. Оваа група имала за цел да ја распространи својата активност на
територијата на целиот Петрички округ и да ја насочи против актуелната
бугарска власт. Комунистите во селото Градево воспоставиле врски со групи и
во градот Мехомија (Разлог), Банско, Горна Џумаја, Софија и други населени
места. Тие успеале и да дојдат до оружје, а востановиле и тајни канали за
соработка и писмени врски.
Меѓутоа оваа комунистичка група била набргу откриена од страна на воените и
полициските власти, така што во март 1925 година биле фатени четири луѓе од
групата. Органите на власта нив ги предале на граничниот офицер Пенчо Ненов,
а тој подоцна ги предал на иследување на ВМРО.679 Повторно дошла до израз
соработката на Организацијата со бугарските офицерски кругови, бидејќи во
однос на овие случувања тие постојано биле во дослух. Како специјален
пратеник на ЦК на ВМРО за "истражната" постапка во селото Градево повторно
бил назначен Георги Настев. Во врска со иследувањето на комунистичката
група, по наредба на ЦК во селото дошол и околискиот војвода Лазар Клонков,
а таму биле упатени и бугарските офицери С. Велинов и мајор П. Ненов. По
откривањето на комунистичката група веднаш започнало иследувањето кое се
вршело во месното селско училиште. На 8 јули 1925 година била формирана
комисија, која требала да раководи со процесот на судењето на обвинетите за
комунистичка дејност во состав: Лазар Клонков и Г. Хаџиевтимов. По
завршувањето на истражната постапка, од страна на раководните кадри на
ВМРО било предложено од обвинетите да бидат осудени 13 души на смрт. Оваа
одлука за кратко време била потврдена лично од самиот Иван Михајлов.
Останатите 14 луѓе биле казнети со парични казни во износ од 2000 до 5000
лева и по физичката казна од неколку десетици удари со стапови, што не ретко
се практикувала од институциите на ВМРО, биле ослободени. Смртната пресуда
на 12 души била извршена од четниците на војводата Лазар Клонков во
месноста Обесеник, во атарот на селото Градево.680 На 13 јули 1925 година во
месноста Мадана бил егзекутиран секретарот на комунистичката партиската
група Петар Маревски.681 Другиот ден, на 14 јули во месноста Обесеник, во
близина на селото се убиени: Стоил Груев682, Благој Мазнеов683, Петар
Мазнеов684, Јане Маламов685, Максим Мирасчиски686, Асен Пазов, Борис
Туфекчиев687, Иван Христов, Јордан Цицков688 и Стоица Цицков.689 Во
август 1925 година ВМРО презела казнена акција против комунисти во село
Крупник (јужно од Горна Џумаја) со обвинение за пропагандна и организациона
дејност против ВМРО од нивна страна. Речиси на ист начин била откриена и
оваа комунистичка конспиративна група, како оние во Градево и Дабница. За
почетокот на акцијата на ВМРО биле известени и членовите на ЦК, Иван
Михајлов и Александар Протоѓеров, кои за свој овластен претставник што
требало да ги координира заедничките дејствија и да раководи со истрагата, го
назначиле пунктовиот началник на Горна Џумаја, Иван Караџов. Користејќи ги
дадените овластувања Караџов во истражната постапка против комунистите во
Крупник ги вклучил војводата Лазар Клонков и Г. Хаџиевтимов, кои веќе имале
учествувано во неколку слични акции на ВМРО. За место каде се планирало да
се вршат испитувањата на обвинетите била одредена куќата на Стојмен Гоцев
од истото село. Освен од селото Крупник во врска со ова биле задржани луѓе и
од село Мечкул, Св. Врач (ден. Сандански) и село Тросково, Горноџумајско, а
за комунистичка дејност биле обвинети и фатени и Туше Чопов, роднина на
Гоце Делчев, и Ташо Комитов690 од Горна Џумаја, како и Асен и Ѓошо Мигови
од Ќустендил.691
За време на казнената акција на ВМРО во село Крупник, настаните биле
набљудувани и координирани од Јордан Ѓурков, Аргир Манасиев, К. Димитров
и Г. Талев, кои од своја страна добивале директни наредби од Михајлов, што за
таа цел дошол и престојувал во Горна Џумаја. Во врска со преследувањето на
комунистичката група, вториот член на ЦК, Протоѓеров, истакнал дека постоеле
сознанија за нивна соработка со српски служби со кои наводно планирале да
извршат поголем број на вооружени диверзии на територијата на Бугарија.
Во текот на распитот што се вршел врз обвинетите луѓе од комунистичката
група, информациите се добивале на разни начини, меѓу кои најчесто преку
самопризнанија и тепање. Според искажувањето на Спас Неврокопски, член на
месното раководно тело на ВМРО, уапсените биле тепани, при што главните
иследници предничеле со употребата на сурови методи. Така Лазар Клонков
измачуваните ги газел со ногата на вратот, а Г. Хаџиефтимов на нозете и во
таква положба на телото ги тепале со дабови цепаници, додека другите четници
ги боделе со цевките од нивните пушки. Врз главата на уапсениот кмет на село
Крупник, Симеон Попгригоров692 му бил поставен венец, а на рамењата му
биле ставени ѕвонци и во таква ситуација бил принудуван да игра.693
Во текот на "постапката", според војводата Клонков, се дошло до сознанија дека
уапсените комунисти биле соработници со ренегатот во српска служба, Илија
Пандурски, и дека планирале да кренат во воздух мостови и патишта во тој
регион, распоредени во помали групи под раководството на Туше Чопов и
Борис Георгиев. Туше Чопов и Ташко Комитов биле обвинети дека биле
организатори и на комунистичките групи во селата Градево, Крупник и
Сушица. По сите овие обвиненија, завршната пресуда од името на ЦК на ВМРО
ја изрекол Иван Караџов и таа била смртна за 10 луѓе. Благодарение на
застапувањето на членовите на Кукушкото братство во Бугарија, смртната казна
на роднината на Гоце Делчев, Туше Чопов, од страна на Иван Михајлов била
преиначена, но бил обвинет за шпионска дејност во корист на Србија и бил
прогонет од Бугарија. Во текот на физичките измачувања починал Ташко
Комитов.644 Врз основа на донесената пресуда, на 24 август 1925 година во
месноста Орловец, североисточно од селото, биле убиени активистите на БКП и
БЗНС и тоа: Стојан Газерски695, Ангел Кипров696, Партени Партениев697,
Симеон Попов, Костадин Трендафилов698, Трошан Трошанов699, Крало
Цветков700, Јосиф Чакалски701 и Петар Чакалски.702
Девет години подоцна била пронајдена и откопана заедничката гробница на
убиените и при тоа биле пронајдени посмртните останки на деветте жртви.
Судско-медицинските испитувања покажале дека на коските и черепите немало
траги од употреба на огнено оружје. Според експертизата, смртта кај жртвите
била причинета од удари со остро оружје-ножеви и задушување со јажиња и
ремени. Постојат неколку можни верзии за причините за овие крвави настани.
Според една, можниот мотив за истите биле нерегулираните имотно-правни
односи меѓу жителите од тој крај и расправиите во однос на тоа кому ќе
припадне плодната обработлива површина од околните атари. По жестоката
акција на ВМРО, земјата ја презеле т.н. бежанци, сите активни членови на
Организацијата и затоа од тогаш датирала омразата меѓу староседелците и
дојденците, токму по однос на тоа прашање. Според верзијата на ВМРО,
главната причина за егзекуциите во селото Крупник биле комунистичката и
шпионска дејност на убиените во корист на Србија.703
_________________________
678-Асен Пазов (Радомир, 1895г.), во 1922 година бил назначен за учител во
селото Градево и овде станал член на месната партиска организација на БКП;
бил убиен на 14 јули 1925 година во месноста "Обесеник", во близина на селото.

679-Димитър Тюлеков, ОБРЕЧЕНО РОДОЛЮБИЕ...цит., 116.

680- Исто.

681-Петар Стојанов Маревски (с.Градево, Горноџумајско, 1900г.), бил учител во


неговото родно село; станал член на БКП; во јуни 1925 година бил фатен од
четници на ВМРО и одведен во месноста "Марево', каде од страна на неговите
иследници му била побарана партиската архива, но за да не ја предаде истата тој
се обидел да побегне по што бил убиен.

682-Стоил Гшев Груев(с.Градево, Горноџумајско, 1887г.), потекнувал од


сиромашно селско семејство; во 1922 година станал член на БКП и
учествувал во Септемвриското востание во 1923 година; бил фатен од страна
на ВМРО и подложен на измачувања во селското училиште во селото Градево,
по што бил убиен.
683-Благој Петков Мазнеов (с.Градево, Горноџумајско, 1893г.),-бил учител во
неговото родно село и станал член на БКП; учествувал во Септемвриското
востание во 1923 година; во јули 1925 година бил заробен од четници на
ВМРО, кои го подложиле на тешки измачувања во селското училиште во
Градево, откинувајќи му делови од телото, по што бил убиен.

684-Петар Ангелов Мазнеов (с.Градево, Горноџумајско, 1895г.), потекнувал од


селско земјоделско семејство; бил член на БКП и учествувал во
Септемвриското востание.

685-Јане Стојнев Маламов (с.Ораново, Горноџумајско, 1865г.), се занимавал со


земјоделство; бил учесник во македонското револуционерно движење во
периодот на турското ропство; се зачленил во БКП.

686-Максим Јанев Мирасчиски (с.Градево, Горноџумајско, 1897г.), се занимавал


со земјоделие и станал член на БКП во 1922 година; учествувал во
Септемвриското востание во 1923 година.

687-Борис Георгиев Туфекчиев (с.Марулево, Горноџумајско, 25 мај 1900г.),


работел како чиновник во Горна Џумаја; во 1922 година станал член на БКП и
учествувал во Септемвриското востание во 1923 година.

688-Јордан Васев Цицков (с.Градево, Горноџумајско, 1865г.), бил трговец со


ситен и крупен добиток; учествувал во четата на Јане Сандански при
запленувањето на американската мисионерка мис Елен Стон; учествувал во
Септемвриското востание во 1923 година.

689-Стоица Велев Цицков (с.Градево, Горноџумајско, 1878г.), во 1910 година


бил војник во турската војска, но успеал да побегне; во 1922 година станал
член на БКГТ и како комунист учествувал во Септемвриското востание во
1923 година.

690-Ташко Стојанов Комитов (Дојран, 15 август 1894г.), по Првата светска


војна со семејството се преселил во Горна Џумаја(Благоевград); по убедување
бил анархист, но активно соработувал и со комунистите; неговата кафеана во
Горна Џумаја била место каде комунистите од градот ги одржувале своите
состаноци.

691-Димитър Тюлеков, цит.дело, 116/117.

692-Симеон Попгригоров или Григоров Попов (с.Сенокос, Горноџумајско, 1 мај


1890г.), бил учител во родното село и во селото Влахи; се зачленил во БЗНС и
како таков на општинските избори во 1921 година бил избран за кмет на селото
Крупник; на 13 август 1925 година бил фатен од страна на органите на ВМРО и
на 24-ти, истиот месец бил убиен во месноста 'Орловец'.

693-Димитър Тюлеков, ОБРЕЧЕНО РОДОЛЮБИЕ..., 117.

694-Исто.
695-Стојан Димитров Газерски (с.Тросково, Горноџумајско, 1882г.), потекнувал
од селско семејство и станал член на БЗНС; во август 1925 година бил обвинет
од страна на ВМРО дска сакал да ја отруе околиската чета на Организацијата,
поради што бил егзекутиран.

696-Ангел Кипров Ангелов (с.Мечкул, Горноџумајско, 6 октомври 1895г.),


потекнувал од средно имотно селско семејство; по преселувањето во селото
Крупник започнал да се занимава со земјоделие, а исто така станал активист на
БЗНС.

697-Партени Јанков Партениев (с.Кресна, Горноџумајско, 1894г.), потекнувал


од сиромашно селско семејство и по професија бил земјоделец и општ работник
во едно претиријатие за патишта; се поврзал и соработувал со комунистите во
селото Крупник.

698-Костадин Ангелов Трендафилов (с.Брежани, Горноџумајско, 14 февруари


1896г.), потекнувал од сиромашно селско семејство; со преселувањето во село
Крупник се зачленил во редовите на БКП; зел активно учество и во
Септемвриското комунистичко востание во 1923 година.

699-Трошан Иванов Трошанов (с.Котел, 1890г.), потекнувал од чиновничко


семејство и завршил економски науки; во 1924 година бил избран за секретар на
општината Крупник; во својата активност се поврзал со комунистите и
земјоделците во Крупник; пред неговото убиство бил подложен на 12 дневни
измачувања од страна на четниците на ВМРО.

700-Крало Георгиев Цветков-Пелтеков (с.Долно Драглиште, Разлошко, 18 јуни


1900г.), потекнувал од сиромашно селско семејство; завршил Педагошко
училиште во Кустендил и бил назначен за учител во селото Крупник; во текот
на 1919 година создал партиска организација на БКП во селото; зел учество во
подготовките за кревање на Септемвриското востание во 1923 година; по
жестоките измачувања од страна на терористи на ВМРО бил полумртов
закопан.

701-Јосиф Лазаров Чакалски (с.Сенокос, Горноџумајско, 5 март 1890г.),


потекнувал од средно имотно селско семејство и завршил Земјоделско
училиште; бил еден од основачите на партиската организација на БКП во селото
Крупник во 1919 година; на изборите во 1921 година тој бил избран за кмет на
општината; за време на Септемвриското востание во 1923 година учествувал во
групите што го бранеле селото Крупник.

702-Петар Димитров Чакалски (с.Сенокос, Горноџумајско, 14 мај 1890г.),


потекнувал од средно имотно селско семејство; влегол во партиската
организација на БКП во селото Крупник и подоцна учествувал во
Септемвриското востание во Бугарија во 1923 година.

703-Димитар Ткмеков, цит.дело, 118.


8.4.10. Атентати на ВМРО врз личности и објекти
во Вардарска Македонија 1926/1927 година

На 26 јули 1926 година во Битола бил убиен уредникот на српскиот весник


"Јужна ѕвезда", Спасое Хаџи Поповиќ, кој бил со македонско потекло и тоа од
селото Буф, Леринско. Убиството по неколку предупредувања за престанување
на неговата просрпска активност, било извршено со пет револверски истрели од
терористи на ВМРО.
На 3 јуни 1927 година, ноќта, бил извршен атентат на железничката линија
Скопје - Велес. Атентатот кој што бил извршен со динамит оставил силен
впечаток кај српската власт. Српските весници давале опширни извештаи за
настанот, кој му го припишувале на терористите на ВМРО. Експлозијата
настанала меѓу станиците Пчиња и Влашчани, при приближувањето на возот од
Скопје, под тркалата на локомотивата. Машиновозачот успеал да го врати возот
назад, а за да биде паниката поголема се погрижиле натписите во весниците,
кои пишувале дека всушност цел на динамитниот атентат било кревањето во
воздух на возот "Ориент-Експрес", што било избегнато поради неговото
задоцнување. По повод овој атентат српските власти извршиле голем број на
апсења, меѓу кои биле она на поштенскиот чиновник во Скопје, Димитар Нецев,
студентот Димитар Ѓузелов704 и Вангелов и Христо Хаџи Кимов во Штип.
Според извори на ВМРО, атентатот го извршиле двајца нејзини терористи: Пано
Николов од Велес и Трајко Чундев од велешкото село Кожле.705
Кон крајот на 1927 година во Гевгелија бил кренат во воздух хотелот "Белград",
во моментот кога таму се наоѓале претставниците на српската
__________________________

власт од тој крај. Повеќе од 15 души биле тешко ранети и убиени. Атентатот
бил извршен од страна на ВМРО.
Од страна на атентатори на ВМРО во 1927 година бил извршен бомбашки напад
на хотел и во градот Кочани, каде биле ранети или убиени 7 души српски
офицери и цивилни службеници.
На 5 октомври 1927 година бил извршен атентат над бригадниот генерал од
брегалничката дивизија, Михајло Ковачевиќ, пред портата на куќата во која
живеел со семејството во Штип. Атентатот го извршиле терористи на ВМРО:
Ипократ Развигоров од Штип, Благој Кралев од Куманово и Илија Лилинков од
Штип, повратник емигрант од Бугарија, инаку шивачки работник. Атентаторите
го напуштиле Штип, Благој Кралев бил фатен од српските власти, додека
Лилинков и Развигоров побегнале во правец на планината Плачковица, каде
предадени од некој локален Турчин биле опколени од жандармерија и откако ја
потрошиле муницијата, на 7 ноември 1927 година се самоубиле. Во врска со
убиството на генералот Ковачевиќ српските власти уапсиле 470 луѓе, мажи и
жени како осомничени, од целиот Брегалнички округ. На 27 октомври истата
година како чин на одмазда српската власт го организирала убиството на
таткото и братот на Иван Михајлов, Мише и Христо Гаврилови,706
По атентатот власта презела опсежни безбедносни оиерации, во кои вклучила
огромна доза на терор и апсења насочени и кон роднините и блиските на
атентаторите. Бил уапсен и подоцна убиен братот на Ипократ Развигоров, Коце
Развигоров, неговиот татко умрел од мачењата во затвор, а била малтретирана и
неговата мајка. Пред српскиот суд на 22 јануари 1928 година биле изведени 21
обвинет за учество на најразличен начин во убиството на генералот Ковачевиќ.
Откако завршил судскиот процес, според пресудите на смрт биле осудени
Благој Кралев, Дончо Живадинов, Кољо Делипетрев и Панчо Брдаров, дел од
обвинетите биле ослободени, додека поголем дел од уапсените добиле
повеќегодишни казни затвор. На 31 мај апелациониот суд ги потврдил
пресудите, но под притисок на меѓународната организација "Крисчн Сајнс
Монитор", Касациониот суд им ги заменил смртните пресуди на Живадинов,
Делипетрев и Брдаров со казна затвор во траење од 20 години. Смртната казна
на Благој Кралев била извршена со стрелање.707
Во октомври и ноември 1927 година биле направени редица атентати од страна
на ВМРО врз железничките пруги на целата територија на Вардарска
Македонија. На 11 октомври избувнала експлозија на железничката линија
Скопје-Куманово, а целта на нападот бил товарен воз. На 19 ноември била
наместена пеколна машина во близина на Скопје, кај станицата Ајватово, при
што атентаторите успешно побегнале, но српската власт за одмазда уапсила 23
селани од тој крај и ги подложила на тешки измачувања за да изнуди од нив
признание дека соработуваат со комитите. Неколку дена подоцна, на 23
ноември во 1 часот по полноќ, чуварот на железничката линија кај селото
Соколарци, Кочанско, открил две жици поврзани со две пеколни машини.
Возот, благодарение на тоа што доцнел 25 минути, навреме бил запрен и спасен
од експлозивната направа. На 4 декември во 8 часот вечерта, во Струмица бил
извршен атентат во близина на полициската станица, во кој бил убиен
поручникот Јефтиќ заедно со двајца стражари. кои се обиделе да им се
спротивстават на напаѓачите. По настанот српската полиција и војска се
обидела да ги фати атентаторите, кои успешно побегнале, како последица на
што биле преземени апсења на поголем број на Македонци од тие краишта.708
_____________________________
704-Димитар Ѓузелов (Дојран, 10 јануари 1901-Скопје, 1945г.), бил член на
Младата македонска тајна револуционерна организација(ММТРО); завршил
Филозофски факултет-отсек филозофија, во Скопје, а докторирал филозофски
науки во Загреб во 1943 година; по завршување на судскиот процес против
уапсените од ММТРО, тој бил осуден на 20 години затвор, а одлежал 3 и пол
години; од 1942 до 1944 година ја вршел должноста директор на Радио Скопје, а
по ослободувањето поради соработка со бугарската власт бил стрелан.

705-Иванъ. Михаиловъ, Спомени III, Освободителна борба 1924-1934 г., 327.

706-Македония, История и политическа съдба(1912-1941), том II, София,


1998,189. Иванъ Михаиловъ,

707-Спомени..., 347-349.

708-Исто, 354/355.

8.4.11.Атентатот врз Велимир Прелиќ


На 13 јануари 1928 година во Скопје на мостот на Вардар, бил убиен правниот
референт Велимир Прелиќ, кој од страна на ВМРО се сметал за одговорен за
судењето на членовите на ММТРО (Младата македонска тајна револуционерна
организација), која претставувала подмладок на ВМРО во Вардарска
Македонија. За извршувањето на атентатот била задолжена тетовчанката Мара
Бунева, сестра на Борис Бунев, кој бил пунктов началник на ВМРО во Пиринска
Македонија. Инаку Мара Бунева по професија била учителка и заедно со својот
сопруг живеела во Софија. По судскиот процес во Скопје против членовите на
ММТРО, кај Бунева се родила желба за одмазда против српските власти во
Македонија. За таа цел таа ја напуштила Софија и се упатила во Свети Врач
(Сандански) каде што се сретнала со Иван Михајлов и од него побарала лично
таа да го изврши атентатот врз Прелиќа. Веројатно во договор со раководството
на ВМРО била донесена одлука Мара Бунева да замине во Скопје, во Вардарска
Македонија под српска власт и таму да отвори шапкарски дуќан.709 За кратко
време Бунева во својот дуќан започнала да изработува женски шапки, коишто
во целата област важеле за последна мода. Дамите од високото друштво во
тогашно Скопје започнале да купуваат само кај Мара Бунева. На тој начин
атентаторката се запознала со многу угледни личности од владеачката српска
гарнитура во Македонија, а преку неговата жена, која исто така купувала шапки
во нејзиниот дуќан, и со Велимир Прелиќ.
Така биле постигнати две цели; од една страна сигурно се "плетела"
конспиративната мрежа околу Прелиќ, а од друга страна со парите на српските
дами се полнела касата на ВМРО.710 На денот на извршувањето на атентатот,
на пладне, Мара Бунева според тогашните српски обичаи го затворила дуќанот
и тргнала кон мостот на реката Вардар. Во тој момент низ него поминувал
Велимир Прелиќ, при што атентаторката истрелала три куршуми во него од кои
жртвата веднаш починала. Со четвртиот куршум од револверот, Мара Бунева си
го одзела животот.711 По извршениот атентат, според некои верзии, се обидела
да се самоубие со тоа што скокнала во реката Вардар, но на повредите
подлегнала во болница.
________________________________________
709-Албер Лондр, Комитаџии-тероризмот на Балканот, Скопје, 1996,108/109.

710-Исто.

711-Исто, 110.

8.4.12. Планот за атентат врз Жика Лазиќ

На 20 јуни 1928 година во Софија, преку дотогаш српскиот агент, Иван


Момчилов од Прилеп, бил направен обид за атентат врз Иван Михајлов и други
членови на ЦК на ВМРО, а по лично подготвен план од српската разузнавачка
служба на чело со Жика Лазиќ, началникот на државна безбедност. Истиот ден
бил инсцениран атентат близу фабриката за шеќер во Софија и биле пуштени
гласини дека има ранети и убиени членови на ЦК на ВМРО, дури и дека Иван
Михајлов бил убиен. Иван Момчилов со големи државни почести, со специјален
службен вагон, од Скопје отпатувал за Белград да му ја однесе лично радосната
вест на Жика Лазиќ. Во кабинетот на Жика Лазиќ наеднаш се случил
неочекуван пресврт, Иван Момчилов со неколку истрели од пиштол пукал во
личноста пред него за која сметал дека е шефот на државната безбедност, по
што се самоубил. Српските служби не знаеле дека Момчилов бил разузнавач на
ВМРО.712 Неуспешниот атентат на ВМРО врз Жика Лазиќ се случил на 13 јули
1928 година.
Според францускиот новинар Албер Лондр, современик на тие настани Иван
Момчилов бил многу контраверзна личност. До 1923 година тој бил член на
БЗНС на Александар Стамболиски, но по превратот во Бугарија емигрирал во
Белград. Поради егзистенцијални проблеми, Момчилов бил принуден да
контактира со српските тајни служби, по што набргу навлегол во нејзините
редови како шпион. По петгодишна служба се здобил со нивната доверба
поради што од шефот на државната безбедност, Жика Лазиќ, му била понудена
задача да изврши атентат врз водачот на ВМРО, Иван Михајлов. За успешно
извршената мисија требало да му бидат исплатени 200 000 динари награда.713
Меѓутоа по извесно време настанал неочекуван пресврт. Иван Момчилов се
предомислил под влијание на македонскиот емигрант во Белград, Милчинов,
кој бил во тесна врска со ВМРО и кој му ги пренел драгоцените информации на
Михајлов за српските планови за атентат врз него. Веднаш бил направен план,
Момчилов да продолжи да ја игра својата улога и да се преправа дека се
подготвува за убиството на Ванчо Михајлов. Српската тајна полиција дознала
дека нејзиниот "доверлив" човек заминал од Белград за Солун, оттаму во
Одрин, па од турска територија отпатувал во Софија. Со тој лукав потег и
оставил лажен впечаток на белградските тајни служби дека и понатаму е во
нивна функција, бидејќи тие воопшто и не насетувале промена во неговите
ставови.
По неколку дни српската државна агенција "Авала" јавила за убиството на Иван
Михајлов, а српските дневни весници до детали го опишувале овој атентат. Во
меѓувреме Иван Момчилов со огромни почести пристигнал во Белград и бил
примен лично од самиот Жика Лазиќ, кој конечно се израдувал на убиството на
неговиот голем непријател. Тогаш Момчилов од името на Македонскиот
комитет испукал три куршуми во шефот на српската државна безбедност, кој се
струполил покрај својата фотелја, додека атентаторот со револверски истрел во
главата си го одзел животот. Со оваа наместена игра, Иван Михајлов планот за
неговото убиство го искористил за противдејствообид за атентат врз Жика
Лазиќ, којшто исто така не успеал, бидејќи последниот по некој сплет на
околности, останал жив и подоцна бил назначен за обласен управител, бан на
Вардарска Македонија, која од страна на српската власт била преименувана во
т.н. Вардарска бановина.714
Според водачот на ВМРО, Иван Михајлов, двојниот агент Иван Момчилов бил
по потекло од Тракија. Момчилов како емигрант во Србија најпрвин се поврзал
со српските тајни служби, во кои биле вклучени уште неколкумина македонски
емигранти во Белград. Со Момчилов по извесно време се поврзал и неговиот
пријател Григор Милчинов, родум од Прилеп, кој под чудни околности, со
помош на еден бугарски полицаец поврзан со ВМРО, успеал да побегне од еден
бугарски затвор. Веднаш по тоа Милчинов ја поминал границата и емигрирал во
Србија, каде веднаш се поврзал со неговиот пријател Иван Момчилов. Нивното
пријателство уште повеќе се продлабочило и тоа токму во моментите кога кај
последниот созреало мислењето дека треба да се оттргне од влијанието на
српските разузнавачки служби. Таква можност му се укажала кога веќе како
доверлив човек на српскиот режим му била дадена задача да навлезе во трагите
на Иван Михајлов и да изврши атентат врз него.
Планот за убиство на водачот на ВМРО бил разработен од самиот шеф на
државната безбедност, Жика Лазиќ, а за тоа биле известени и одговорниот во
политичкиот оддел на државната безбедност, Миличевиќ, како и министерот за
надворешни работи на Југославија, Воја Маринковиќ. Согласно планот, снабден
со грчки пасош, револвер и одредена сума на пари, атентаторот Момчилов
заминал на пат за Бугарија преку Солун и Цариград, но пред тоа посетил еден
српски капетан во Битола по препорака на Лазиќ, кој му објаснил дека по
извршувањето на атентатот, бегството од Бугарија можел да си го обезбеди
преку било кое југословенско пратеништво во таа земја. По пристигнувањето во
Бугарија се сретнал со својот пријател Григор Милчинов, каде заедно започнале
да планираат како да ги уверат властите во Белград дека извршиле успешен
атентат врз Иван Михајлов. За таа цел стапиле во контакт со луѓе од ВМРО и го
изготвиле планот за акција.
Наскоро, една ноќ на улицата "Пиротска" во Софија, во еден кварт на
периферијата на градот, се слушнале истрели од револвер и по гласните
викотници и звукот на автомобил, се се смирило. Жителите од околните куќи
помислиле дека некој бил убиен, а ниту полицијата и љубопитните новинари не
успеале ништо да дознаат.715 По овој настан Иван Момчилов побегнал и
стигнал до југословенско-бугарската граница кај Крива Паланка, каде им го
открил идентитетот на југословенските војници и наводното дело што го
сторил. Веднаш биле известени сите релевантни безбедносни фактори на
Југославија пред кои што Момчилов изјавил дека пукал во Иван Михајлов и
лицето што го придружувало и дека единствено видел како автомобил со голема
брзина се упатил кон местото каде Михајлов бил застрелан. Најпрвин
атентаторот во Куманово бил сослушан од началникот на југословенската
жандармерија, генералот Томиќ, а уште истиот ден таму пристигнале и Жика
Лазиќ и министерот за внатрешни работи Корошец. Со најголеми државни
почести и однесување како кон херој, Момчилов со вагон од прва класа заминал
за Белград. Во Белград, меѓу другите влијателни личности од српскиот
политички живот, атентаторот бил примен и од претседателот на српското
четничко здружение Бирчанин. На прашањето зошто уште бугарските весници
не пишувале ништо за убиството, Иван Момчилов истакнал дека тоа се држело
во тајност веројатно од исти побуди како и во случајот со убиството на Тодор
Александров, кога тоа се криело две седмици. Наскоро од Софија, во поткрепа
на тие тврдења, пристигнале известувања дека бил ранет скопскиот војвода на
ВМРО, Величко Велјанов-Чичето, додека за Иван Михајлов уште ништо не се
знаело. За да биде конспирацијата уште поголема, војводата Велјанов
дисциплинирано ја играл својата улога и на лажното лечење во селцето Горна
Бања, близу Софија, носел завои без никаква рана.716
Во исто време југословенската амбасада во Софија преку свои разузнавачки
канали се обидувала да дознае дали навистина Иван Михајлов бил убиен, како
што се тврдело. Според сознанијата на чехословачкиот амбасадор во Белград,
добиени од француската амбасада во Софија, Иван Михајлов бил убиен на
место, но тоа се држело во тајност од страна на ВМРО. Во меѓувреме Иван
Момчилов веќе му испратил кратко писмо на Михајлов, во кое го известил дека
понатаму тој планирал да изврши една голема работа. Во прилог на тоа одела се
поголемата популарност што Момчилов ја стекнал во големо-српските
владеачки кругови. Довербата што ја уживал кај нив отишла до тој степен што
еден ден тој бил примен во кабинетот на самиот Жика Лазиќ. Тоа бил моментот
за дејствување што атентаторот долго време го очекувал. Иван Момчилов го
извадил револверот и истрелал три куршуми кон шефот на државната
безбедност, од кои благодарение на заштитата што му ја овозможила работната
маса, само еден истрел го погодил во пределот над десното уво. Веднаш потоа
атентаторот се обидел да се самоубие. Обајцата биле однесени во една клиника,
каде Момчилов по два дена починал, а Жика Лазиќ и покрај повредите на
черепот здобиени од куршумот, останал жив.
Пред да го изврши атентатот, Иван Момчилов преку свој пријател се погрижил
да им го достави на раководителите на ВМРО неговиот исказ што содржел опис
на сите негови активности и на оние во иднина, што тој и српските безбедносни
служби се подготвувале да ги преземат против Организацијата. Тие сознанија,
писма и доверливи извештаи на Момчилов со луѓе од српската разузнавачка
служба биле објавени во органот на ВМРО "Слобода или смрт" во броевите од
20 јули и 6 и 21 август 1928 година.717
______________________
712-МАКЕДОНИЯ история и политическа съдба,редакции Петър Петров,том II,
София, 1998,191.

713-Албер Лондр, Комитаџии..., 110.

714 Исто, 111/112.

715-Иванъ, Михаиловъ, Спомени..., 386/387.

716-Исто,388.

717-Исто, 388/389.

8.5. Расцепот и меѓусебните пресметки во ВМРО 1928-1934

8.5.1. Атентатот врз Александар Протоѓеров и почеток на пресметките


помеѓу протоѓеровистите и михајловистите

На 7 јули 1928 година во Софија бил убиен членот на ЦК на ВМРО, Александар


Протоѓеров, од страна на тројца атентатори: Стефанов, Гузданов и Витларев, а
под раководство на Кирил Дрангов од михајловистичкото крило на ВМРО.
Притоа бил убиен и неговиот телохранител Атанас Гоцев. Наредбата за
атентатот била издадена од другиот член на ЦК, Иван Михајлов, под обвинение
дека Протоѓеров учествувал во заговорот против Тодор Александров.
Александар Протоѓеров во македонското револуционерно движење влегол
многу порано пред почетокот на овие меѓусебни вооружени пресметки. Во
годините кога македонското револуционерно движење започнало да добива
организиран облик, Протоѓеров се активирал во Врховниот комитет, за да
неговото забележително учество започне со членувањето во раководството на
Извршниот комитет на македонските братства, кое во периодот непосредно по
Првата светска војна барало македонското прашање да се реши во полза на
бугарската кауза. Паралелно со ова Александар Протоѓеров напредувал и во
својата војничка кариера во рамките на бугарската војска, при што успеал да
дојде и до генералскиот чин. И по обновувањето на дејствувањето на
автономистичката ВМРО кога тој бил кооптиран како член на ЦК по
завршувањето на војната, Протоѓеров не успеал да се издигне до самиот врв во
хиерархијата на македонското револуционерно движење иако со добиените
функции имал добри предиспозиции за тоа. За таквата цел останува нејасно
како Александар Протоѓеров не успеал да ги искористи неоспорните врски што
ги имал со масонската организација, посебно нејзината ложа во Бугарија. И
покрај тоа што Протоѓеров имал видно место во масонската организациска
мрежа во Бугарија, голема веројатност е дека оваа организација или не била
заинтересирана за македонското националноослободително движење или
нејзиното влијание во него не било многу силно. И бидејќи Александар
Протоѓеров постојано бил во сенка на водачот на ВМРО, Тодор Александров,
секако по природниот тек на работите било логично дека тој бил
најзаинтересиран за физичката елиминација на Александров. Меѓутоа настаните
што следувале за време на убиството на Тодор Александров по многу нешта ја
отстранувале евентуалната вмешаност на Протоѓеров, бидејќи според сите
докази тој со неговата второстепена улога во раководството на ВМРО немал
моќ и сила да преземе таков чекор. Во тој поглед по физичката елиминација на
Александар Протоѓеров не делувале убедливо наводните докази со кои излегол
новиот водач на ВМРО, Михајлов, според кои убиениот бил замешан во
заговорот против Александров, а обвинувањата оделе до тој степен што
Александар Протоѓеров се товарел дека во тие наводни планови се имал
поврзано и со Димо Хаџи Димов и неговите приврзаници од македонската
левица. Како и да е, и покрај сите дискредитации на личноста на Протоѓеров,
само една работа не му се оспорувала-податокот што, според ЦК на ВМРО, тој
не бил алчен за пари и тоа не била целта на неговото влегување во
Организацијата.718 Суштинската причина за убиството на Александар
Протоѓеров била борбата за превласт во редовите на терористичката ВМРО,
каде Иван Михајлов решил преку физички ликвидации да ги отстрани сите
негови евентуални конкуренти за лидерското место во ЦК.
По убиството на членот на ЦК на ВМРО, Александар Протоѓеров, покрај
вербалните пресметки преку весниците, расправиите и несогласувањата меѓу
двете спротивставени фракции-протоѓеровисти и михајловисти, се преселиле на
улиците на бугарските градови и се расчистувале со куршуми. На 25 јули 1928
година од атентатори на ВМРО на Михајлов биле убиени протоѓеровистичките
војводи Димитар Димашев и Пандо Струмички. На 12 октомври 1928 година,
околу 19 часот, имало голем број на луѓе пред софискиот кафе-бар "Феникс", од
коишто поголем број од нив биле терористи на ВМРО од двете спротивставени
страни. Протоѓеровистите Петар Трајков и Крстан Поптодоров разговарале на
само на една маса, кога таму ненадејно се појавил михајловистот Асен Спасов,
кој во движење почнал да пука од својот парабелум кон нив. Од истрелите
Трајков и Поптодоров биле ранети, но во тој момент револверот на атентаторот
се закочил и додека тој се обидувал од појасот да го извади другиот, кон него
припукале противничките револвери во самоодбрана. Пукотниците ги
принудиле случајните минувачи да легнат на земја или панично да бегаат по
улицата. Во престрелката се вклучиле повеќе терористи, а најдебелиот крај го
извлекол Асен Спасов, кој бил убиен со куршум во главата, додека шестмина
луѓе биле полесно ранети, меѓу кои и турскиот воен аташе Керим беј.719 На 21
ноември 1928 година бил убиен претседателот на охридското братство, Наум
Белев, кој бил протоѓеровист по убедување. Убиството било извршено со
четири револверски истрели во телото на жртвата, при што атентаторот
исчезнал без трага. По неколку дена во околината на Петрич од страна на
бугарската полиција бил фатен извесниот Иван Малинов, кој бил посочен од
еден другар на Наум Белев, Климент Наумов,
како можен убиец. Поради недостаток на доказен материјал, осомничениот бил
ослободен.720
На 30 април 1929 година во Софија бил убиен Димитар (Мито) Ѓузданов од село
Сехово, Гевгелиско под обвинение од протоѓеровистичката ВМРО дека
учествувал во убиството на членот на ЦК на ВМРО пред нејзиниот расцеп,
Александар Протоѓеров.
На 26 јуни 1929 година при неуспешниот атентат врз Георги Баждаров,
поранешен член на ЗП на ВМРО, протоѓеровист, биле убиени двајца невини
граѓани-шивачи по професија, од Софија. При повторниот обид на 19 септември
1929 година во градот Варна бил извршен успешен атентат врз Баждаров.
Убиството се случило во вечерните часови кога Баждаров излегол да се прошета
низ градот заедно со неговиот пријател, Христо Попкоцев721, и да разговараат
во врска со актуелните настани во македонското ослободително движење.
Револверските истрели на улицата "Марија Лујза" го усмртиле Баждаров и
неговиот телохранител Влкан Милев, додека Попкоцев преживеал. ЦК на
михајловистичката ВМРО го објаснувала убиството со тоа што Георги
Баждаров бил обвинет од истата дека пуштил интрига за наводен обид на
михајловистите да го убијат бугарскиот политичар Александар Цанков.722
Убиството го извршиле терористите на михајловистичката ВМРО, Борис
Чавдаров и Методиј Василев.
Во меѓусебните братоубиства по расцепот на ВМРО на две фракции, кон крајот
на 1929 година протоѓеровистот Тодор Петров-Тошкарот бил убиен во својот
дом, во неговиот кревет од атентатор на михајловистичката ВМРО, а на спиење,
во своите кревети биле убиени и Спас Калајџиев и Христо Генов Хинов од
истата фракција.721 Во намерата да се ликвидира раководството на
протоѓеровистичката ВМРО до кое било тешко да се дојде, припадниците на
михајловистичката ВМРО испратиле пакет-книга на адреса на протоѓеровистот
К.П.Тодоров, во која била инсталирана бомба, при што во експлозијата полесно
биле повредени раководителите на протоѓеровистичкото крило, Пецо Трајков и
Петар Шанданов.724 Како чин на одмазда, атентатори од протоѓеровистичката
ВМРО ги убиле михајловистите: Нанчо Витларов, еден од убијците на
Протоѓеров, Пандил Шишков, кого го сметале за еден од атентаторите на
Георги Баждаров и Георги Дерменџиев, обвинет за атентат врз Стојан
Филипов.725
___________________________________________
718-Поопширно види: Поверително, Защо бе убит Александгъ Протогеров,
Светлина върху събитията от 1924 и 1928 година, по данни на ВМРО, София,
1992.

719-Георги Марков, Камбаните бият сами..., 94.

720-Исто.

721-Христо Поп Коцев (с.Ново Село, Штипско, 1868-Варна, 1933г.), учесник во


македонското национално ослободително движење; завршил Филолошки
факултет во Софија и бил учител во Цариград, Едрене и Солун; бил избран за
член на ЦК на ВМРО; по Првата светска војна покажал политичка активност
среде македонската емигарција во Бугарија; по 1928 година станал приврзаник
на протоѓеровистичката ВМРО.

722-Георги Марков, цит. дело, 95.

723-Зоран Тодоровски, ВМРО..., 216.

724-Исто.

725-Исто.

8.5.2. Нови атентати во Вардарска Македонија во 1929 Година

Терористичките акции на ВМРО продолжиле со голем интензитет и во текот на


1929 година. Група атентатори на ВМРО на чело со Крум Панов на 10 јули 1929
година го кренала во воздух хотелот "Шумадија" во Штип. Повеќе од 10 души
од претставниците на српската локална власт биле убиени или ранети.
На 14 јули 1929 година во вечерните часови во Штип се случила вооружена
престрелка. Пукотниците се случиле кога кон хотелот што бил во сопственост
на еден српски колонист се приближиле двајца непознати луѓе. Поради фактот
што таму доаѓале претставници на локалната српска власт во градот, турчинот
Шукри Таир, еден од телохранителите на ренегатот Каламатиев, се обидел да ги
легитимира. Во тој момент еден од непознатите извадил револвер и го ранил
Турчинот, но во исто време и тој бил погоден од Шукри Таир. Во помош на
вториот дошол и српскиот детектив Живоин Петровиќ, а кога стигнал и
полицаецот Бороевиќ во општата престрелка терористот бил убиен, а српските
полициски службеници поминале со неколку прострелни рани, кои не биле
кобни за нивните животи.
Второто непознато лице при бегството од градот фрлило бомба до куќата на
Коце Убавиот, но таа не експлодирала. Потоа терористот наишол на српскиот
стражар Ѓуро Лацковиќ во близина на црквата Свети Никола и во вооружената
престрелка тешко го ранил. Бегајќи кон реката Брегалница непознатиот паднал
во заседа на стражарот Лазар Јашиќ, при што последниот бил тешко ранет. На
падините на планината Плачковица, во трага на атентаторот му влегле српска
војска и полиција и во вооружената пресметка со нив, бил убиен. Од здобиените
рани починале и двајцата српски стражари. Повиканите штипски граѓани од
страна на српските власти ги идентификувале телата на нивните сограѓани:
Крум Панов и Мијалче Колев-Шилката. Подоцна се дошло до сознанија дека
Мијалче Шилката пред да биде убиен фрлил неколку бомби кон неговите
напаѓачи, од кои сите експлодирале. По неговото усмртување кај него биле
пронајдени уште две бомби, кои веројатно немал време да ги употреби.726
________________
726-Иванъ Михаиловъ., цит.дело, 405/406.

8.5.3. Шпионска афера и атентат на ВМРО во Бугарија

Во Бугарија во 1930 година се случила една поголема шпионска афера, која му


задала силен удар на тамошниот безбедносен систем. Вмешаноста на групи и
поединци на ВМРО во неа предизвикала и настани кои предходеле на неколку
неразјаснети убиства и обиди за такви на високи воени личности од бугарската
воена хиерархија. Уште во 1928 година разузнавачката служба во бугарската
армија добила сознанија дека строго доверливи воени документи се одлевале во
соседните на Бугарија, Југославија и Грција. Две години подоцна, во февруари
1930 година, бугарските безбедносни служби дознале дека во шпионажата било
вмешано некое цивилно лице од Министерството за војна и еден поручник од
армијата по име Крум Алексиев. Разузнавачката служба за да го открие каналот
и сите лица кои од бугарска страна испраќале државни тајни на југословенските
тајни служби, ангажирала доверливи луѓе од ВМРО.727
Заштитните органи на ВМРО му влегле во трагата на еден државен чиновник од
бугарската железница, Андреј Андреев, кој обвинет за злоупотреба и
фалсификат на печатот на ЦК на ВМРО, признал дека посредувал во
испраќањето доверливи воени документи преку каналот Драгоман-Цариброд во
Југославија. Според добиените искази од испитувањето на Андреев се дошло до
името на поручникот Алексиев, кој бил на служба во 6-от трновски полк. На 20
август 1930 година, околу 16 часот, поручникот бил повикан во штабот на 1-от
софиски полк, каде добил наредба да се упати на аголот од булеварите
"Витоша" и "Патријарх Ефтимиј" заради средба со командирот на полкот,
полковник Здравко Георгиев. Последниот му предал службен пакет, кој
поручникот Алексиев требало да го однесе во Ќустендил и оттаму да се врати
наредниот ден со одговор. Во службениот воен автомобил со поручникот
отпатувале и полковникот Захов и извесниот Наум Марков, трговец со овошје,
којшто всушност бил доверливиот човек од ВМРО. На 4 километри од градот
Ќустендил, во близина на една воденица, автомобилот бил заобиколен од
неколку вооружени лица, припадници на ВМРО, при што бугарскиот поручник
на најбезобзирен начин бил внесен во воденицата и му било соопштено од
страна на Марков и полковникот Захов дека тој бил уапсен поради сомневање
во шпионска активност.
Утредента на 21 август на Алексиев од страна на иследувачите и еден бугарски
капетан, кој пристигнал во т.н. Саријска воденица специјално за таа намена му
било наредено да потпише признанија за неговата вмешаност во шпионажа и
предавање на доверливи државни документи. На 23 август, иследувачите од
ВМРО го врзале поручникот Алексиев за едно дрво, го удирале по стапалата и
го заплашувале со вжештено железо, по што под притисок на измачувањата,
поручникот го споменал името на извесниот полковник Константин
Маринополски, за кого потпишал дека бил исто така учесник во оваа шпионска
афера.728
Овие признанија имале за цел да го отстранат Маринополски, ако не со негова
физичка ликвидација, тогаш барем од неговата функција, бидејќи бил голем
противник на терористичкото дејствување на ВМРО.729 Под притисок на
жестокото измачување раководено од Наум Марков, несреќниот поручник ги
посочил како двојни агенти и извесните Нинов и Крушовски, вработени
службеници во дирекцијата на бугарската полиција. По ова било наредено
полковникот Маринополски, кој бил началник на 7-от пограничен сектор во
Русе, да биде повикан во престолнината Софија, каде бил соочен со Алексиев,
кој го обвинил дека тој го вовел во сите овие шпионски активности. И покрај
негирањето за било какво издавање на државни тајни, заради отстранување на
сите сомневања, со веќе осомничениот Алексиев, во посебна ќелија бил
затворен и Константин Маринополски.
На 29 август, при проверката на неговата ќелија било утврдено дека
безживотното тело на полковникот висело обесено. Иако судско-медицинското
испитување не покажало резултати или траги од насилство врз телото на
жртвата, сепак до крај не останало расчистено сомневањето дека околностите на
настапувањето на смртта кај полковникот Маринополски биле чудни. Инаку
тешко можат да се објаснат бргу напишаните писма (за една ноќ) од него во кои
тврдел дека бил невин, како и пронајдениот сосема нов ремен со кој бил обесен
полковникот. Утредента, поручникот Алексиев без да знае за смртта на
Маринополски со парчиња од скршено стакло се обидел да си го одземе
животот со сечење на вените, при што како порака во ќелијата напишал порака
дека за сите обвинувања против него бил невин. Благодарение на затворското
обезбедување, тој бил одведен во болница и по неговото заздравување повторно
бил вратен во затворот на 6-от трновски полк.730
Одмотувањето на клопчето од аферата продолжило со соочување на Алексиев
со првоуапсениот Андреев, кој започнал да ги повлекува своите првобитни
изјави и истакнал дека разузнавачките активности во корист на Југославија ги
вршел сам, без ничија помош. Од друга страна, веќе целосно истоштениот од
секојдневни измачувања и напорни испитувања поручник Алексиев, започнал
да дава конфузни изјави со што по решение на воено-полициските истражни
органи бил прогласен за невин и пуштен на слобода.
Штотуку стивнале првобитните реакции по повод шпионската афера во
Бугарија, нов момент во истата внеле пишувањата на публицистот и новинар
Димо Казасов во некои весници, во кои обвинил група офицери на чело со
генералот Маринков, за, според него, убиството на полковникот Маринополски.
Казасов во тие натписи остро се спротивставил на пониженото офицерско
достоинство, посочувајќи ја "терористичката ВМРО", која си дозволила да
измачува и испитува бугарски офицери.731 На овие обвинувања членовите на
воениот сојуз (офицерската лига) остро реагирале и истакнувале дека ваквите
тврдења имале за цел да ја дискредитираат офицерската професија и биле во
правец на зближување на Бугарија со Југославија, на што последните биле
големи противници. По повод сите овие настани поврзани со аферата генералот
Бакрџиев, кој бил најмногу прозиван, поднел оставка што не му била прифатена
од страна на бугарскиот цар и затоа пак бил вратен на својата стара должност.
Генералот Маринков бил прераспределен на друго работно место, додека
единствено отпуштен од служба бил полковникот Захов поради тоа што
дозволил ВМРО со нејзини луѓе да се вмеша во внатрешните офицерски работи.
Во суштина преку единствениот со аргументи обвинет во аферата, Андреев,
југословенските тајни служби успеале да ја наведат ВМРО и бугарската
разузнавачка служба во погрешна насока, така што вистинските шпиони
останале неоткриени.732 Јасна била и очигледната вмешаност на ВМРО во
можните сценарија за атентат врз полковникот Константин Маринополски,
посебно преку својот доверлив човек Наум Марков, а на крајот за да биде
парадоксот уште поголем, по сите овие непријатни случувања, Марков си се
вратил на своите секојдневни обврски во неговиот дуќан за сончоглед, како
ништо воопшто да не се случило.733
__________________________
727-Георги Марков,Парола'САБЯ', заговорите и превратите на Военнния съюз
1919-1936,София,1992,78.

728-Исто, 79.
729-Албер Лондр, Комитаџии..., 117.

730-Георги Марков, Парола 'САБЯ'..., 81.

731-Исто,83.

732-Исто, 85/86.

733-Албер Лондр, цит.дело, 119.

8.5.4. Бомбашки атентати на ВМРО во Вардарска Македонија во 1930 Година

Бомбашките напади на ВМРО во Вардарска Македонија продолжиле и во текот


на 1930 година. На 18 февруари ноќта во градот Кочани биле фрлени четири
бомби во кафеаната "Шумадија", во која обично се собирале српски чиновници,
офицери, во придружба на нивните жени. Атмосферата во кафеаната била
надополнета со српски пеачки кои доаѓале најчесто од Белград. Атентатот
предизвикал голема паника, која надополнета од сечењето на телефонските
жици, им овозможила на атентаторите успешно да побегнат. Од експлозијата
била уништена целата кафеана, а штетите се проценувале во износ од 50 до 100
000 динари.734
Во Крива Паланка во тоа време на мета на терористите на ВМРО се нашол
началникот на српската разузнавачка служба за тој регион, полковникот
Мојсиловиќ, врз кого на почетокот на март 1930 година бил направен
неуспешен обид за убиство. На 6 март во вечерните часови, терористичка група
на ВМРО се обидела да се доближи до куќата на началникот, но тука тие
наишле на српска патрола. Во вооружениот судир меѓу двете групи биле убиени
четири српски полицајци, а поради тоа што во борбата терористите
употребувале бомби, настанал хаос на улиците на Крива Паланка. Паниката кај
српските локални власти уште повеќе се зголемила во раните утрински часови
кога во градот одекнала уште една силна експлозија предизвикана од
атентаторите на ВМРО.735
Атентатите предизвикани од терористички групи на ВМРО продолжиле и во
другите градови во Вардарска Македонија. Во почетокот на март во Струмица
двајца напаѓачи најпрвин го усмртиле лицето задолжено за чување, а потоа
фрлиле и неколку бомби во една локална кафеана, при што три лица биле
убиени, а 15 биле ранети. Во ист стил на 18 октомври 1930 година, во вечерните
часови се слушнале силни експлозии и истрели од пушки и во градот Охрид,
што предизвикало општа вознемиреност кај населението, додека на улиците од
градот цела ноќ се слушале гласови од патролите на српската војска и полиција
која ги барала атентаторите.736
____________________
734-Иванъ. Михаиловъ, Спомени.., 410.

735-Исто, 410/411.

736-Исто,412,415.
8.5.5.Убиствата на Васил Пундев и Наум Томалевски
и други физички ликвидации

На 4 март 1930 година бил убиен истакнатиот протоѓеровист и уредник на


весникот "Вардар", Васил Пундев од страна на атентаторите Димитар Медаров
и Никола Стаменов. По убиството на Пундев, за прв пат Иван Михајлов бил
обвинет за непосреден извршител, а директните убијци биле осудени на 15
години затвор. За бесплатна одбрана на Михајлов во Софискиот суд се
пријавиле 220 адвокати од цела Бугарија, за што Михајлов со писмо на 8
декември 1930 година им се заблагодарил за нивното бесплатно застапништво.
На 2 декември 1930 година во Софија бил застрелан долгогодишниот член на
ЗП на ВМРО, Наум Томалевски, кој по расцепот во Организацијата станал
протоѓеровист. Томалевски живеел во еден мал кварт во Софија и бидејќи знаел
дека животот му е во опасност, не излегувал од дома, Луѓето од ВМРО успеале
да му влезат во трагата. Најблискиот стан до куќата на Наум Томалевски му
припаѓал на некој полициски чиновник и затоа тој веројатно сметал дека е
безбеден. Со оглед на затвореноста на неговото живеалиште атентаторите
можеле да го убијат само преку прозорецот на неговиот сосед-полицискиот
чиновник. На 1 декември во станот на чиновникот влегле двајца луѓе, кои не
биле забележани од обезбедувањето на Томалевски, бидејќи тие седеле во една
бакалница и пиеле ракија. Утредента, татко му на Томалевски излегол во дворот
да засади едно дрво во градината, а Наум излегол да му помогне, Тогаш се
слушнале четири истрели, придружени со звук на скршено стакло и Наум
Томалевски паднал мртов пред нозете на неговиот татко. За да не ја исплашат
жртвата со некое сомнително движење, терористите на ВМРО пукале низ
затворен прозорец и тоа токму од станот на државниот полициски
службеник.737 Убиството врз Наум Томалевски го извршил атентаторот Владо
Черноземски, којшто и покрај тоа што се наоѓал на прилично скриено место во
градот, не останал тајна за разузнавачите на ВМРО и Иван Михајлов. Еден од
атентаторите бил и Андреј Марков, но за делото од бугарската власт бил фатен
Черноземски и бил затворен на
доживотен затвор, но по извесно време пресудата му била укината и на 5
јануари 1932 година тој бил пуштен на слобода.738
На 11 јануари 1931 година бил убиен Крстан Поп Тодоров, еден од видните
дејци на протоѓеровистичката ВМРО, а другиот ден во центарот на Софија бил
убиен Борис Поцков.
На 13 јануари 1931 година во Софија биле убиени Никола Бучков и Трајко
Мариовчето.
На 8 февруари 1931 година во Софија, среде бел ден бил застрелан еден од
најблиските соработници на Иван Михајлов, Јордан Ѓурков од Штип, кој по пат
кон болницата подлегнал на повредите. Тој на денот на убиството поминувал
низ улицата "Пиротска" и слободно се движел, носејќи чанта во раката и
воопшто не ја чувствувал опасноста, поради што и немал телохранители. Во
еден момент кон него почнале да фрчат куршуми од револвер, кој го погодиле.
Јордан Гурков ранет успеал да ја мине улицата и да влезе во еден дуќан,со што
мислел дека се спасил. Но неговите атентатори влегле насила и во дуќанот и го
застрелале Ѓурков со четириесет куршуми.739 Пресметките помеѓу двете
теченија во ВМРО продолжиле со тоа што на 16 мај 1932 година бил убиен
Димитар Михајлов, претседателот на Македонскиот национален комитет во
Бугарија.
На 25 ноември 1932 година во Софија бил застрелан народниот пратеник Стојан
Филипов, близок пријател до Иван Михајлов. Атентатот бил извршен од
протоѓеровистот Георги Дерменџиев, при што Филипов бил тешко ранет, но
бил убиен неговиот телохранител Анчо Соколов.
На 28 декември 1932 година бил извршен атентат врз Симеон Ефтимов,
директор на весникот "Ла Маседоан" и потоа на весникот "Македонија",
михајловист по убедување. Атентатот бил извршен пред самиот царски дворец
во Софија и со ваквиот чин раководството на протоѓеровистичката ВМРО
сакала да го опомене бугарскиот цар за отворената подршка на Иван Михајлов,
но и да создаде ефект кај македонската емиграција за нивната силина и
способност за спротивставување на Михајлов и неговото ВМРО. Во
престрелката биле убиени две лица, телохранителот на Ефтимов и еден
полицаец и ранети 9 лица, двајца негови телохранители, двајца напаѓачи и пет
обични минувачи. На 31 декември 1932 година Симеон Ефтимов починал од
здобиените рани. Атентаторите од протоѓеровистичката ВМРО биле Христо
Трајанов и Иван Василев.740
Пресметките продолжиле со тоа што Христо Трајанов, протоѓеровист, на 5
јануари 1933 година бил ранет донесен во Александровската болница во
Софија, каде по налог на д-р Станишев, хирург, приврзаник на Михајлов, бил
убиен од една "милосрдна" сестра со употреба на инјекција. Сестрата се викала
Екатерина Константинова.741 Од атентатори на михајловистичката ВМРО бил
убиен и Ангел Куртелов, македонски деец од Охрид на 1 јуни 1933 година во
градот Видин во Бугарија.
_________________
737-Албер Лондр, Комитаџии..., 85/86.

738-Дончо Даскалов, Политически убийства...,стр.142.

739-Албер Лондр, цит. дело, 88.

740-3.Тодоровски, ВМРО 1924-1934,..., 213,215.

741-З.Тодоровски,ВМРО...,216.

8.5.6. Атентати на железнички пруги и други објекти


во Вардарска и Егејска Македонија 1931-1933 година

Во текот на 1931 година се случиле неколку атентати на железнички линии и


објекти во Вардарска Македонија предизвикани од терористи на ВМРО. На 8
мај на самата железничка станица во Скопје експлодирале неколку бомби, при
што не биле предизвикани човечки загуби, но била создадена паника, што
веројатно била и нивната цел. Веднаш по тие настани градот бил ставен во
опсадна состојба, а биле засилени со војничко и полициско обезбедување
железничката линија, околните мостови и сите поважни државни објекти на
територијата на Скопје. Атентаторите не биле фатени, а официјалниот став на
власта бил дека експлозиите на бомби биле дело на ВМРО. По неколку месеци
во септември и октомври Гевгелија како погранично место на Кралството
Југославија со Грција, случајно или не, претставувала цел на терористички
акции. Така најпрвин бил извршен напад на хотелот "Нови Београд" на 16
септември, по што следувале масовни апсења на локалното македонско
население, но поради недостиг на доказен материјал за учество во атентатот,
најголем дел од уапсените биле ослободени од затвор. Грчките весници во
Атина на 30 септември ја пренеле веста дека во Гевгелија настанала голема
експлозија во воените магацини и тој настан им го препишувале на
терористичките групи на ВМРО. Ваквата вест набргу била демантирана од
официјални кругови во Југославија и на настанот му се давала димензија на
несреќен случај т.е. експлозијата се објаснувала како невнимание при работата
на еден од магацинските работници. Терористичките напади продолжиле на 3
октомври, кога цел на истите била железничката линија во близина на
Гевгелија. На околу 200 метри од железничката станица еден стражар којшто
бил задолжен за обезбедување на линијата, при патролирањето во моментот
кога неговите нозе се заплеткале во жиците на поставениот експлозив,
забележал двајца "бугари комитаџии" против кои отворил оган. Комитите
возвратиле на пукањето и го убиле стражарот. Засилувањето од други српски
стражари до телото на убиениот ја пронашле поставената пеколна машина на
пругата, која била поставена за да го крене во воздух возот "Ориент експрес",
што поминал после 15 минути. Веќе следната вечер со бомбашки напади бил
уништен дел од железничката пруга во близина на Гевгелија, додека во исто
време од страна на терористички групи на ВМРО биле фрлени неколку рачни
бомби пред касарната во градот и следела стрелба од пешадиско оружје во
правец на истата. Од пукотниците биле убиени двајца српски војници и тројца
биле ранети, а поради сериозноста на ситуацијата српските власти побарале
содејство од грчките воени власти во градот Гуменџе, Егејска Македонија. Сите
овие атентати и вооружени судири се случиле веројатно поради најавената
посета на југословенскиот крал Александар на Гевгелија, која тој ја остварил на
1 октомври. Поради најавите за атентат врз него од страна на терористите на
ВМРО, по неколкуминутно задржување кралот го напуштил градот.742
На 22 ноември 1931 година атентаторска група на ВМРО извршила напад врз
српската кафеана "Уједињење" во Струмица, при што атентаторите најпрвин
почнале да пукаат врз стражите однадвор, а потоа фрлиле бомби внатре во
кафеаната, која била полна со српски офицери и чиновници. Во нападот, според
ВМРО, биле убиени тројца луѓе, а 15 биле ранети.743
На 12 март 1932 година атентаторска петорка на ВМРО извршила напад врз
еден грчки ресторан во градот Воден, место каде се собирале претставниците на
локалната грчка власт. Со бомби бил разрушен ресторанот, при што биле
убиени двајца луѓе, а неколку биле ранети. Атентаторите успеале да
побегнат.744
Од страна на ВМРО бил извршен бомбашки напад со тројца атентатори на
полициската станица во градот Костур, еден грчки полицаец бил убиен, а
петмина биле ранети.
Атентатите на ВМРО во Гевгелија и Гевгелиско продолжиле со несмалена
жестина и во текот на 1932 и 1933 година, при што најчеста цел на нападите
биле железничката линија и објекти во градот и околината каде најчесто
престојувале најекспонираните претставници на српската власт од тој крај. Во
тој правец бил и атентатот што се случил на 8 ноември и тоа на линијата
Скопје-Гевгелија, кога бил поставен експлозив под тркалата на еден воз.745
Во јануари 1933 година продолжиле бомбашките напади на комитски чети и
терористички групи на ВМРО во Гевгелиско, кој според обемот на нападите
имал значајно место во вооружените акции на оваа организација.
Машиновозачот на возот "Симплон-Ориент" успеал да ја слушне експлозијата
на пеколната машина, која избувнала на неколку стотина метри од возот и
веројатно имала намера да не предизвика човечки жртви. Во близина на местото
на експлозијата бил убиен еден од атентаторите, за кого се утврдило дека е
припадник на ВМРО, бидејќи кај него биле пронајдени неколку рачни бомби,
како и четничка униформа и метални обележја со натписот "Слобода или
Смрт".746
На 27, 28 и 29 април 1933 година терористички групи на ВМРО нападнале и
разрушиле повеќе српски жандармериски станици: 3 во Скопско, две во
Велешко, една во Кумановско, две во Кривопаланечко, 5 во Брегалничка област,
3 во Малешевско, 2 во Кичевско и една во Охридско.747
И во текот на 1933 година, најголемиот број на напади на терористите на ВМРО
биле насочени кон личности на српскиот режим и објекти во Гевгелија и
Гевгелиско. На 27 септември во 8 часот вечерта сопственикот на кафеаната
"Ослобоѓење", Костадин Целебашевиќ, на влезот на кафеаната забележал
некаков предмет, кој му се видел сомнителен. Поради тоа го повикал стражарот
Милојко Капларевиќ, со кого се обиделе да го прегледаат сомнителниот пакет.
Во тој момент одекнала силна експлозија, која речиси до темел ја разурнала
кафеаната. Од детонацијата на пеколната машина загинале сопственикот на
кафеаната и српскиот стражар, додека тешко ранети биле Петар Цалковиќ,
Петар Стануловиќ и Јован Аризановиќ. По атентатот градот бил блокиран од
големи полициски и воени формации, кои започнале потрага по атентаторите.
Половина час пред атентатот во посочената кафеана влегле двајца посетители,
на кои никого од присутните не им посветиле внимание. На билијардската маса
внатре играле двајца српски офицери и еден цивил, Србин по националност,
додека на околните маси седеле групи офицери и цивили, кои занесени во
своите разговори, воопшто не ги забележувале движењата на двајцата нови
посетители. Така невознемирувани, непознатите седнале на една маса и почнале
да ги прелистуваат весниците што таму ги пронашле. По извесно време, едниот
од нив извадил еден поголем пакет, го оставил на масата и го покрил со еден од
весниците. Неколку минути подоцна таинствените посетители незабележано ја
напуштиле кафеаната, по што уследила експлозијата.748

______________________
742-Иванъ Михаиловъ, Спомени..., 417-421.

743-Македония, история и политическа съдба..., 198.

744-Исто.

745-Иванъ, Михаиловъ,, цит. дело, 422.

746-Иванъ, Михаиловъ Спомени..., 423.

747-Македония, история и политическа съдба..., 200.

748-И. Михаиловъ, исто, 429,434.


8.5.7. Атентати и убиства врз припадници на ВМРО(об.)во Бугарија

Во почетокот на 30-тите години и покрај доминантната улога на ВМРО на Иван


Михајлов во Пиринска Македонија под бугарска власт, која била остварена по
насилен пат, уште една македонска емигрантска организација започнала да ја
воспоставува својата организациска мрежа. Тоа била ВМРО(об.) која била
создадена врз база на т.н. Мајски Манифест од 1924 година и согласно со тоа
своите програмски начела ги поставила на позиции на постоењето на
македонскиот ентитет како посебен. Во однос на македонското прашање
ВМРО(об.) барала создавање на македонска државна единица во рамките на
една рамноправна балканска федерација. Оваа македонска организација која
била поставена на левичарска основа, успеала да ја воспостави својата
организациска структура во сите делови на поделена Македонија. На таков
начин ВМРО(об.) успеала да создаде свои ограноци и на територијата на
Пиринска Македонија, каде поради фактот што Иванмихајловата ВМРО
претставувала "држава во држава" поради нејзиниот репресивен карактер, тоа
било многу тешко остварливо. Меѓутоа и покрај сите овие тешкотии оваа
македонска организација успеала да се наметне кај Македонците во Пиринска
Македонија поради нејзиниот правилен став кон македонското прашање и
реакциите на истата насочени против крвопролевањето и македонските физички
елиминации применувани како метод на дејствување, пред се, од страна на
ВМРО на Иван Михајлов. Дури и претставниците на протоѓеровистичката
ВМРО кои биле во подредена улога во вооружените пресметки се обидувале да
остварат контакти со раководството на ВМРО(об.) во Пиринска Македонија.
Иван Михајлов почувствувал дека ВМРО(об.) претставувала опасност и дека
интересите и влијанието на неговата организација би можеле да бидат
отстранети од Пиринска Македонија. Затоа тој започнал да подготвува планови
за атентати и убиства и врз членовите на раководството на ВМРО(об.) во овој
крај. На удар на терористичките акции се нашле пред се најавторитетните
членови на оваа организација: Симеон Кавракиров и Христо Трајков.
На 8 јуни 1932 година, околу полноќ, во Софија од страна на терористи на
ВМРО бил киднапиран секретарот на Обласниот комитет на ВМРО(об.) под
бугарска власт, Симеон Кавракиров. Тој бил хорист во операта и по
излегувањето од неа бил нападнат од неколкумина луѓе. Кавракиров иако
почнал да дава отпор и барал помош од луѓето што поминувале поради бројната
надмоќност на напаѓачите бргу бил совладан и внесен во едно такси, кое се
упатило кон градот Ќустендил.749 По овој настан поголемиот дел од јавното
мислење во Бугарија го кренало својот глас против ваквиот насилен чин и
побарало од бугарската влада да преземе енергични мерки за пронаоѓање и
казнување на сторителите, кои биле јавно посочени во ликот на
Иванмихајловата ВМРО. Од страна на поголемиот дел на македонската
емиграција во поголемите бугарски градови биле одржани протести и
демонстрации како подршка на таквите барања за пронаоѓање и ослободување
на Симеон Кавракиров. Меѓутоа тогашната бугарска власт се оглушила на
барањата на јавноста и не презела активности околу расветлување на овој
случај. Заложничката драма на Кавракиров траела околу две години, до
распуштањето на ВМРО во 1934 година. Но тогаш наместо да биде ослободен,
војводата на четата која го чувала раководителот на ВМРО(об.), наредил тој да
биде убиен. Неговото убиство се случило на 14 јуни 1934 година на планината
Рила, во месноста Семково во близината на селото Белица, Горноџумајско.750
Цел на физичка ликвидација станал и Христо Трајков, македонски деец од
редовите на левицата, кои што како пратеник во бугарското народно собрание
остро истапувал против атентатите и убиствата што ги извршувала
организацијата на Иван Михајлов. Како резултат на таквите истапи,
терористичката ВМРО му изрекла смртна пресуда. На 24 јануари 1933 година
околу 6 часот навечер, по излегувањето од бугарскиот парламент, на улицата
"Дунав", Христо Трајков бил нападнат од атентатори на ВМРО и бил убиен со
пет револверски истрели.751
Вакви терористички напади врз членови и активисти на ВМРО(об.) биле
извршени во голем број, при што настрадале многу припадници од
македонската левица во Бугарија. Против оваа македонска организација се
насочила и политиката на актуелната тогашна бугарска власт, која во средината
на 30-тите години организирала големи судски процеси против нејзини членови
со што речиси целосно престанала нејзината активност на територијата на
Пиринска Македонија.
_______________________________
749-Новото злосторство на бандата на Михајлов-грабнувањето на Симеон
Кавракиров', Македонската национално политичка мисла меѓу двете војни,
избор и редакција Иван Катарџиев, Скопје, 1991, стр.275/276.; Ангел Динев,
Политичките убиства во Бугарија, Скопје, 1951, стр.224/225.

750-Исто

751-Исто,322.

8.6 Атентатот врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Во октомври 1934 година се случил еден од најдобро организираните атентати


во 20-от век, којшто по многу нешта претставува настан што предизвика
пресвртница во меѓународните односи и го означи почетокот на активностите
што биле вовед во Втората светска војна.
На 19 мај 1934 година новата бугарска Влада на чело со Кимон Георгиев
законски го забранила постоењето на ВМРО на Иван Михајлов, по што била
растурена целата нејзина организациона мрежа на територијата на Бугарија.
Поголемиот дел на нејзиното членство бил уапсен од страна на бугарската
власт, додека Михајлов заедно со неговата сопруга Менча Карничева и неговиот
соработник, Петар Ацев, побегнале на територијата на Турција. Со
распуштањето на ВМРО се сметало, посебно во политичките кругови во
Кралството Југославија, дека ќе престанат терористичките активности на оваа
организација насочени против последната.
Меѓутоа, ВМРО неколку години пред нејзиното распуштање, а и потоа, се
поврзала со некои организации и движења во тогашна Југославија, кои се
бореле против нејзиното уставно устројство и за отцепување на територии и
формирање на независни држави.
За таа цел на 20 април 1929 година како поканети гости на Националниот
комитет на македонските братства во Бугарија пристигнале водачите на
усташката организација од Хрватска д-р Анте Павелиќ и Густав Перчец, и овде
со раководството на ВМРО било разговарано за заедничка борба против
големосрпската хегемонија во Кралството Југославија. По оваа средба, кадешто
била донесена и Декларација за создавање на независна Македонија и Хрватска,
властите во Белград на суд им изрекле смртни казни на Павелиќ и Перчец, по
што тие преминале во илегала.
Во исто време и македонските и хрватските емигрантски организации во
Америка постигнале спогодба за соработка за нивна заедничка борба против
големосрпскиот режим во Југославија. Во Женева повторно дошло до средба
помеѓу д-р Анте Павелиќ и Иван Михајлов, каде покрај разговорите за
продолжување на соработката,Павелиќ настојувал да се изврши атентат врз
југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во содејство на усташката
организација и ВМРО, на што Михајлов изразил воздржаност.752

Во 1930 година со помош на Анте Павелиќ во арсеналот на ВМРО влегле 1 000


автоматски пушки, кои биле купени од фабриката „Хајнрих Фолмер". За возврат
од страна на ВМРО на располагање на усташката организација и бил испратен
специјалист за употреба и ракување со експлозивни материи, а како инструктор
на усташките терористи во нивниот логор за обука кој бил стациониран во
Јанка Пуста во Унгарија, во 1931 година отишол Кирил Дрангов. Соработката
меѓу двете организации продолжила со тоа што на 12 февруари 1933 година во
Горна Џумаја,( Благоевград ) на Великиот собор на македонската емиграција
што тогаш ја истакнал паролата за создавање на независна Македонија и се
обратил и пратеникот од усташката емиграција со подршка на таа идеја - Марко
Дошен.753
Сите овие околности во непосредното опкружување на Југославија говореле
дека овие две организации се подготвувале за некоја крупна вооружена акција
што би предизвикала поголеми потреси и поместувања во меѓународната
политика, во оној дел што се однесувал на состојбите на Балканот.
Во однос на ваквата состојба на настаните различните европски држави имале
свои интереси и на свој начин сакале да ги исползуват овие ревизионистички
барања насочени кон државите територии на Кралството на
југославија.Франција како една од големите и европски сили го потпомогнала
создавањето на т.н.Мала Антанта,во која влегле Југославија,Романија и
Чехословачка и со создавањето на тој сојуз била заинтересирана да се сочуваат
границите на Балканот зацртани со Версајската мировна конференција.За
зацврстување на Версајскиот правно-политички поредок,Франција го
потпомогнала и создавањето на Балканскиот пакт на 9 февруари 1934 година
помеѓу Југославија, Романија, Грција и Турција, со главна задача потписниците
заемно да си ја гарантираат неповредливоста на своите граници. Спротивно на
француските интереси за непроменливост на границите на Балканот биле
тенденциите на европските држави во подем, кои сметале дека созреало времето
кога треба да бидат исцртани новите европски граници. Таков интерес посебно
покажале Германија и Италија, каде во 20-тите и 30-тите години била
воспоставена фашистичка власт. Посебно големи биле апетитите на Германија
со доаѓањето на власт на Адолф Хитлер во 1933 година, којшто посебно бил
заинтересиран за истиснување на француското влијание од Балканот и посебно
Југославија. Во исто време Италија како соседна држава на Југославија исто
така била заинтересирана за промената на границите на штета на нејзиниот
сосед. Територијалните претензии на фашистичката власт во Италија биле
насочени кон Далмација, целото Јадранско приморје, полуостровот Истра и
Јулијска Краина, а југословенско-италијанските интереси се судирале и во
поглед на Албанија. Италија за разлика од Германија се обидувала да го
неутрализира француското влијание во Југославија преку подобрување на
односите меѓу двете држави, што во почетокот и успеало, но подоцна дошло до
заладување на односите поради тоа што Италија дозволила на нејзината
територија да се создадат кампови за обука на усташките терористи, кои се
бореле против територијалниот интегритет на Југославија. Германија, од своја
страна во почетокот на 1934 година успеала да издејствува подобрување на
односите со Југославија, што од своја страна било мотивирано од германските
обиди за растурање на Малата Антанта и Балканскиот пакт, кои претставувале
пречка за доминацијата на Германија на Балканот. Поради ова се повеќе било
загрозувано француското влијание во Југославија, што резултирало со обиди на
француската дипломатија да дојде до повторно затоплување на односите на
релација Белград-Париз. Овие обиди за подобрување на француските интересни
позиции во Југославија ја натерале Германија и Италија, која и отпорано ги
помагала организациите што се бореле против југословенскиот државен и
уставен поредок, посебно ВМРО и усташката организација, да ги активираат
силите кои ќе им зададат удар на ваквите напори. Такви биле меѓународните
односи во пресрет на најавената посета на југословенскиот крал Александар
Караѓорѓевиќ на Франција закажана за месец октомври 1934 година.
На 9 октомври 1934 година во Истанбул, Турција, во домот на бугарскиот
митрополит Андреј Велички, по ручекот излегле на терасата за да го испијат
попладневното кафе, митрополитот и водачот на распуштената ВМРО, Иван
Михајлов. Некаде околу 16 часот, Михајлов погледнал на часовникот и изјавил:
"Во овој момент ќе се случи нешто, коешто ќе биде фатално за човештвото!
Започна ново броење на годините. Се начнува календарот на...Втората
светска војна!"754 По мала пауза, Михајлов на збунетиот бугарски митрополит
му објаснил дека бил испланиран атентат врз југословенскиот крал Александар
Караѓорѓевиќ и дека во тој момент веќе бил убиен во францускиот град Марсеј.
Водачот на распуштената ВМРО понатаму дообјаснил дека зад атентатот стоела
не само ВМРО, туку и Германија и некои други земји, коишто не ги посочил.
Утредента митрополитот Андреј Велички побрзал да ги купи сите можни
весници коишто ги имало во Истанбул. На насловните страни митрополитот го
видел и прочитал сето она што претходниот ден му го имал навестено неговиот
гостин во однос на настаните што се случиле во Франција.753
Во октомври 1934 година француската влада го очекувала пристигнувањето на
југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во неговата прва официјална
посета на Франција. На 9 октомври параходот "Дубровник" пристигнал во
пристаништето во градот Марсеј, носејќи ги со себе високите гости од
Југославија. За да му се даде поголема свеченост на настанот, земјата домаќин
се погрижила југословенскиот параход да добие придружба од француски воени
бродови, а во моментот кога тој влегувал во марсејското пристаниште биле
испукани плотуни во знак на поздрав, на што од "Дубровник" исто така било
одговорено. На палубата на југословенскиот параход се качила француската
делегација, која му посакала добредојде на кралот Александар. Југословенскиот
крал, којшто бил облечен во адмиралска униформа на брегот бил пречекан од
страна на францускиот министер за надворешни работи Луј Барту. По
официјалниот пречек, кралот Александар се качил во подготвениот автомобил
за таа цел, до него седнал министерот Барту, а на едно од седиштата на
автомобилот седнал и генералот Жорж. Во другиот автомобил се возеле
југословенскиот министер за надворешни работи Јефтиќ и францускиот
министер Пиетри, позади кои што следувала кралската придружба и луѓето што
го организирале дочекот. Југословенската кралица Марија поради тоа што
страдала од морска болест кон Франција патувала со воз.756
Во тие моменти кралот Александар бил блед и на неговото лице се гледала
изнемоштеност, која веројатно била резултат на пловидбата. Друга причина за
таквиот израз на лицето била неговиот страв од можен атентат. Таквиот страв се
пренел и врз луѓето од неговото лично опслужување, така што во еден момент
пред почетокот на патувањето во Франција кралскиот собар Зечековиќ му
советувал на кралот во џебовите на униформата да стави члични плочки, кои би
го заштитиле од куршуми во случај на атентат. За зголемување на напнатоста,
не само кај гостите, туку и кај домаќините, кај францускиот министер за
надворешни работи Барту, придонесувале гласините што во Париз се ширеле за
можен атентат врз високиот гостин од Југославија. Службата за државна
безбедност на Франција добила анонимно писмо, неколку дена пред посетата,
дека југословенскиот крал ќе биде убиен токму во Франција. Шпекулациите за
можниот атентат ги подгреале и натписите во париските весници "Пари-миди" и
"Пари-соар", кој на денот на посетата пишувале дека врз југословенскиот крал
се подготвувал атентат од страна на терористички организации на хрватската
емиграција. Меѓутоа поголемиот број од релевантните безбедносни фактори во
Франција не ги сфатиле за сериозно овие закани, бидејќи до тогаш не успеал
ниту еден од планираните атентати врз некој државник или домашен политички
функционер.757
Во однос на обезбедувањето во градот Марсеј најголеми забелешки имал
генералот Димитријевиќ, којшто бил министер на кралскиот двор. Тој бил
изненаден во негативна смисла од недоволните мерки за обезбедување што ги
презела француската полиција. Обезбедувањето на градот Марсеј и било
доверено на локалната полиција и мерките што таа ги преземала се сведувале на
заштита само на улицата каде што требало да помине поворката и тоа на тој
начин што полицајците биле поставени на растојание од десетина чекори, со
грбот свртени кон насобраните луѓе. Димитријевиќ исто така бил изненаден од
податокот дека одредот од мотоциклисти, кој требало да ја обезбедува
поворката заради поголема сигурност, не дошол. Наместо нив како единствено
обезбедување останале двајца коњички офицери, кои јавале отстрана и
неколкумина пред поворката. Недостатоците во обезбедувањето на кралот
Александар се гледале и на автомобилот во кој се возел. Автомобилот не бил
блиндиран, на него постоеле големи платформи кои биле погодни за употреба
кај можните атентатори и на крај подвижниот кров бил отворен, поради убавото
време, со што се создавала уште поголема можност за дејствување на
потенцијалните стрелци.758
Посетата започнала со бавно придвижување на поворката среде толпата од
народ, која се создала за да го види високиот гостин од Југославија.
Автомобилите се движеле со брзина од околу 4 км на час, наместо со
предвидените по протокол, 20 км на час, што се практикувало при возењето на
секој владетел. Однесувањето на луѓето во толпата било смирувачко и не
постоеле било какви знаци дека може нешто да се случи. Поворката со
автомобилите се движела на средината на улицата помеѓу трамвајските шини.
Состојбата укажувала на тоа дека критичните моменти и стравувањата за
атентат биле неоправдани.
Часовникот покажувал 4 и 20 минути попладне и поворката автомобили веќе се
наоѓала пред зградата на берзата во градот кога од толпата луѓе излегол еден
човек. Полковникот Пиоле, еден од обезбедувањето на поворката, во тој момент
се обидел да го сврти коњот за да се врати и да го заштити автомобилот во кој
се наоѓал кралот Александар од таинствениот напаѓач. Меѓутоа напаѓачот бил
побрз од него и успеал да се искачи на платформата на кралскиот автомобил и
да се најде непосредно пред самиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Потоа
настаните се случувале со огромна брзина. Атентаторот извадил револвер и
испукал два куршуми во градите на кралот, кој паднал на седиштето целиот
облеан во крв. Следниот истрел го погодил во раката францускиот министер за
надворешни работи, Луј Барту. Револверските истрели го исплашиле возачот
Фуасак, кој го запрел автомобилот и побегнал, додека генералот Жорж кој седел
пред кралот Александар се обидел да го онеспособи атентаторот, но бил
погоден со револверски истрели, два во градите и по еден во секоја рака. Потоа
врз терористот скокнал и се обидел да го собори полицаецот Гали, но и тој бил
застрелан.759 Тогаш полковникот Пиоле успеал да го скроти својот коњ и да
го сврти кон атентаторот на кој му задал два удари со сабјата, додека во исто
време кон него започнале да пукаат и другите полицајци од обезбедувањето. Во
општата пукотница што настанала биле убиени и неколку луѓе од масата што се
собрала да го пречека југословенскиот крал.
После овие настани се случило панично бегство на толпата луѓе, при што
настрадал атентаторот. Во тие критични моменти полицијата успеала да фати
едно лице кое се упатило кон кралскиот автомобил, а под сомнение дека тој бил
убиецот на кралот Александар. Во полицијата тој бил подложен на физичко
малтретирање за да на крајот се воспоставило дека несреќникот сакал да им
пружи прва помош на ранетите, по што бил пуштен.760 Според друга верзија
фатениот човек бил вистинскиот атентатор на кралот Александар и бил однесен
во полициска станица каде бил испитуван и физички малтретиран, по што тој ги
замолил нив да го остават него, а да им помогнат на ранетите кои настрадале
при обидот за атентат.761
Како и да е, по тие драматични настани се установило дека кралот Александар
Караѓорѓевиќ им подлегнал на раните. Во моментите пред да умре кралот,
според кажувањето на министерот Јефтиќ, последните негови зборови биле:
"Чувајте ми Југославију", што е малку веројатно и повеќе имало пропагандно
значење, поради големата веројатност дека кралот починал веднаш по
извршениот атентат. Атентатот врз југословенскиот крал бил погубен и за
францускиот министер за надворешни работи Луј Барту. Неговата прострелна
рана во подлактицата не била опасна по живот, но поради нестручното
поставување на завојот на неговата рана, дошло до обилно крварење кое
предизвикало губење на свест кај францускиот министер. Во болницата во која
бил донесен со ранетиот терорист, врз Барту била извршена хируршка
интервенција, но неговото ослабено срце не можело да ги издржи тие напори,
така што починал без да дојде при свест.762 Ранетиот генерал Жорж и покрај
тешките прострелни рани по петмесечно лекување успешно се опоравил и
живеел до 1951 година, додека полицаецот Гали, којшто исто така бил ранет,
починал после неколку месеци. Атентаторот исто така во тешка состојба бил
пренесен во болница и околу 8 часот навечер, без да дојде при свест, подлегнал
на повредите.763
При прегледот на личните работи на атентаторот, полицијата во неговите
алишта пронашла чехословачки пасош на име Петер Келеман, како и револвери
од марката "Маузер" и "Валтер" и бомба. При аутопсијата на неговата десна
рака била пронајдена тетоважа со иницијалите на ВМРО, череп, вкрстени коски
и паролата "Слобода или смрт". Атентаторот бил погребан на 12 октомври на
гробиштата во Марсеј и неговиот гроб не бил одбележан.764 При обдукцијата
на телото на атентаторот има веројатност дека бил пронајден куршум за кој се
сметало дека веројатно бил истрелан од неговиот соучесник од усташкото
движење, Мијо Крал. Тоа било договорено пред извршувањето на атентатот за
да не проговори нешто во врска со неговото планирање во случај да биде фатен
од страна на француските власти. Смртта кај атентаторот настанала од тој
куршум, без да може да ја голтне отровната ампула која ја имал во неговата уста
и која исто така ја чувал за да не биде жив фатен по атентатот.765
Во однос на атентатот врз кралот Александар подоцна евоцирале спомени
преживеаните директни учесници во тие настани. Полковникот Пиоле се
сеќавал дека во тие моменти се придржувал до упатствата на шефот на
протоколот и согласно тоа се наоѓал на десната страна од кралскиот автомобил.
Наеднаш од масата народ се издвоил еден човек и поминал покрај коњот на
полковникот и пред да можел да го спречи да се упати кон автомобилот, тој
успеал да дојде до платформата на истиот и да испука повеќе револверски
истрели кон кралот, министерот Барту и другата придружба. Потоа, според
сеќавањата на Пиоле, тој успеал да му нанесе неколку удари со сабјата на
атентаторот, кој и покрај тоа успеал да истрела уште четири пати од неговиот
револвер. Возачот на кралскиот автомобил Фуасен во однос на атентатот
истакнал дека според неговите сеќавања од масата луѓе што се наоѓале на
околните тротоари се издвоил еден човек кој извикувал "Да живее кралот", по
што тој помислил дека тоа бил некој граѓанин што го симпатизирал
југословенскиот крал. Во тој момент лицето се нашло на автомобилската
платформа и ги истрелало смртоносните куршуми кон Александар
Караѓорѓевиќ. Закрепнатиот од повредите, генерал Жорж, пет месеци после
атентатот сликовито се сеќавал на брзината, спретноста и умешноста на
ракувањето со револверот од страна на атентаторот и покрај трагичниот
момент.766
Атентаторот на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ бил Владо
Георгиев-Черноземски, кои во круговите на ВМРО, од каде што потекнувал,
бил познат под името Владо шоферот. Всушност, вистинското име на
терористот не било ни горенаведеното, туку Величко Димитров-Керин. Како и
да е, Владо Черноземски бил назначен од страна на раководството на ВМРО да
ја изврши оваа тешка задача поради неговата храброст и големиот број на
атентати што пред тоа ги имал успешно извршено благодарение на неговата
умешност во ракувањето со оружје. Черноземски ја напуштил Бугарија во
летото 1932 година, по наредба на ВМРО и местото на неговиот престој не било
познато. Веројатно од тогаш започнале и подготовките за извршување
на атентатот врз кралот Александар. По налепницата што била пронајдена на
неговиот багаж со потекло од унгарскиот град Печуј, се сметало дека тој
престојувал на територијата на Унгарија, но во кој дел, не можело со точност да
се утврди. Според информациите што доаѓале од кругови блиски до ВМРО,
Владо Черноземски извесно време престојувал во усташкиот логор за обука на
терористи во местото Јанка Пуста, каде бил инструктор по стрелање.767
Поврзаноста на хрватската усташка организација со ВМРО ја потврдил и
лидерот на првата, Анте Павелиќ, којшто исто така истакнал дека биле отворени
кампови за обука на терористи во Унгарија, во Јанка Пуста,каде како
инструктор дошол Владо Черноземски. Павелиќ посочил дека такви кампови
било планирано да се отворат и на територијата на Англија, бидејќи
терористичките акции не биле насочени само кон Југославија и Франција.768
Веднаш по атентатот врз југословенскиот крал, истрагата на полицијата била
насочена кон откривање на сите усташки терористички организации на
териториите на поголем број европски држави, додека вниманието кон
испитување на учеството на ВМРО во атентатот, било многу мало или воопшто
никакво поради тоа што уште не се знаел вистинскиот идентитет на
атентаторот. Непосредните соработници на терористот на ВМРО во
извршувањето на атентатот биле членовите на усташката организација Мијо
Крал, Иван Рајиќ и Звонимир Поспишил, додека непосреден раководител на
акцијата бил еден од првенците на оваа хрватска оргагавација, Еуген Кватерник.
Завршните подготовки за атентатот започнале во Швајцарија кон крајот на
септември 1934 година, кога петчлената група се состанала во хотелот "Сен
Готард" во Цирих. Групата на чело со Кватерник потоа се упатила во градот
Лозана, каде тој им купил нова облека на тројцата усташи и на Черноземски по
што заговорниците на 29 септември со брод, преку Женевското езеро,
преминале на територијата на Франција. Овде групата се разделила на два дела,
а заради уште поголема конспиративност Кватерник им разделил нови
чехословачки пасоши.
Во Париз на конспиративната група им се придружило едно лице, чиј што
идентитет е многу тешко да се утврди. Кватерник на членовите на групата им го
претставил под името Петар, а тој во хотелот каде што престојувал се пријавил
со чехословачки пасош на име Јан Вудрачек, заедно со неговата жена Марија
Вудрачек. Истражните дејствија на француската полиција покажале дека лицето
било на 45 годишна возраст и дека добро го владеел италијанскиот јазик врз
основа на што имало некои тврдења дека тоа најверојатно бил Анте Павелиќ.
Според други тврдења, улогата на Павелиќ добро ја одглумил хрватскиот усташ
Антун Година заедно со неговата жена. Антун извесен временски период
живеел во Чикаго (САД), каде бил член на гангстерската банда на Ал Капоне и
бил специјалист за фалсификување на документи.769
На 6 октомври, сега седумчлената група, повторно се раздвоила, што Звонимир
Поспишил и Рајиќ добиле наредба да заминат во Версај, а потоа во Париз да
чекаат понатамошни инструкции, така што по ова биле целосно изолирани и
ништо не знаеле за понатамошниот тек на акцијата. Од друга страна Кватерник
заедно со Черноземски и Крал заминале за Авињон,снабдени со револвери и
бомби и со нови чехословачки пасоши. На 7 октомври тие пристигнале со
автобус во Марсеј, каде Кватерник ги снабдил Георгиев и Крал со компаси и
карта на градот. На 8 октомври лицето со псевдоним Петар (Јан Вудрачек),
Кватерник, Георгиев-Черноземски и Крал ја проучиле маршрутата по која
требало да помине кралот Александар, при што според наредбите Черноземски
требало да го убие кралот, а Мијо Крал имал задача да активира бомба во
толпата народ за да му овозможи на првиот да побегне. По последните дадени
инструкции Еуген Кватерник, вечерта на 8 октомври заминал од Франција и
утредента се наоѓал на сигурно во Швајцарија. Утредента на 9 октомври, откако
го зеле оружјето од брачниот пар Вудрачек, Георгиев и Крал се измешале со
народот што се собрал по повод пречекот на југословенскиот крал. За тоа време
таинствените Вудрачекови, коишто всушност биле раководители на операцијата
исчезнале од градот, исто како и Кватерник, се со цел да си обезбедат алиби по
извршувањето на атентатот.770
Организаторите на атентатот веројатно намерно не испланирале сигурно
повлекување на директните извршители на убиството на кралот Александар за
да со нивното елиминирање се отстранат опасностите за откривање на
нарачателите. Во тоа време наидувале критичните моменти за дејствување на
двајцата атентатори. Но како доаѓало времето за непосредната акција, така Мијо
Крал станувал се понервозен и колеблив во врска со успешниот исход на
атентатот. На предлогот да се повлечат од намерата за атентат врз кралот,
ладнокрвниот Владо Георгиев му одговорил на хрватскиот усташ дека и него ќе
го убие доколку не го следи, што подоцна на судењето било потврдено и од
самиот Крал. Во моментот кога вниманието на Черноземски било насочено кон
автомобилот на кралот Александар, неговиот придружник Крал ја искористил
толпата народ и побегнал од местото на настанот. Тој се обидувал да побегне,
но поради непознавањето на францускиот јазик станал сомнителен за
полицијата и при еден обид да биде легитимиран започнал да бега, но бил фатен
од страна на француските власти во близина на селото Мелон. За тоа време,
другите двајца усташи, Поспишил и Рајиќ се наоѓале во Париз и за атентатот
дознале од вечерните весници, кои со големи наслови известувале за
марсејскиот атентат. Откако увиделе дека Кватерник нема да се појави на
договореното место во Париз, тие решиле преку местото Евијан да заминат за
Лозана во Швајцарија. На 11 октомври, во раните утрински часови, Поспишил и
Рајиќ биле уапсени во нивните хотелски соби во градот Тонон.771
По апсењето на тројцата припадници на усташката организација станало
очигледно учеството на оваа хрватска емигрантска организација во атентатот
врз кралот Александар Караѓорѓевиќ. Тогаш Франција упатила официјално
барање до Италија да ги уапси усташките првенци, Анте Павелиќ и Еуген
Кватерник. Под притисок на француската дипломатија и на Југославија,
италијанските власти се согласиле да ги уапсат усташките водачи, но
единствено нешто што направиле во полза на расветлувањето на атентатот било
земањето на писмени искази од обвинетите. Павелиќ и Кватерник одрекувале
било каква поврзаност со убиството на југословенскиот крал и дури негирале
дека воопшто се членови на усташката организација.
Во судскиот процес против уапсените тројца учесници во планирањето на
марсејскиот атентат како нивни бранител бил ангажиран адвокатот Жорж
Десбон, кој во францускиот политички живот важел за противник на европските
граници воспоставени со Версајскиот мировен договор. Судењето започнало на
18 ноември 1935 година во францускиот град Екс-ан-Прованса и за неговото
времетраење биле преземени дотогаш невидени мерки за безбедност. Во
обезбедувањето на градот, улицата и зградата во која се одвивало судењето
биле вклучени 600 полицајци и неколку стотина жандарми, при што строго се
контролирале сите оние што влегувале во градот, поради стравот од нови
можни терористички напади.772 На вториот ден од судењето на обвинетите за
атентатот стигнало писмо до поротата во кое се укажувало дека потеклото на
оружјето со кое бил убиен кралот било од италијанско потекло, но откако тоа не
му било покажано на бранителот на обвинетите, по расправијата со судиите, тој
бил отстранет од случајот и му била изречена забрана за бавење со адвокатура.
По отстранувањето на адвокатот Десбон од функцијата адвокат-бранител на
обвинетите, судењето западнало во ќорсокак поради противењето на тројцата
обвинети да ги застапува друг адвокат. Процесот продолжил на 6 февруари 1936
година во истиот град Екс-ан-Прованса со полициско обезбедување кое ги
надминувало сите нормални граници. На судењето биле повикани околу 66
сведоци од кои повеќето не се појавиле, но најголема бура на негодување кај
бранителот предизвикало отсуството на началникот на службата за безбедност
во Марсеј. Понатамошната судска расправа течела без некои позначајни измени
во однос на првиот дел од процесот и од страна на обвинителството претежно
била насочена кон тоа да им се изрече смртна казна на тројцата присутни
обвинети. Одбраната настојувала да докаже дека улогата на обвинетите во
извршениот атентат била споредна нагласувајќи го фактот дека двајца од нив на
никаков начин директно не учествувале во неговата подготовка. По завршување
на расправата, на 12 февруари 1936 година судот донел одлука дека обвинетите
Звонимир Поспишил, Мијо Крал и Иван Рајиќ се виновни за учеството во
атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ и францускиот министер за
надворешни работи Луј Барту и ги осудил на доживотен затвор со присилна
работа. Во отсуство,снабдени со револвери и бомби и со нови чехословачки
пасоши. На 7 октомври тие пристигнале со автобус во Марсеј, каде Кватерник
ги снабдил Георгиев и Крал со компаси и карта на градот. На 8 октомври лицето
со псевдоним Петар (Јан Вудрачек), Кватерник, Георгиев-Черноземски и Крал
ја проучиле маршрутата по која требало да помине кралот Александар, при што
според наредбите Черноземски требало да го убие кралот, а Мијо Крал имал
задача да активира бомба во толпата народ за да му овозможи на првиот да
побегне. По последните дадени инструкции Еуген Кватерник, вечерта на 8
октомври заминал од Франција и утредента се наоѓал на сигурно во Швајцарија.
Утредента на 9 октомври, откако го зеле оружјето од брачниот пар Вудрачек,
Георгиев и Крал се измешале со народот што се собрал по повод пречекот на
југословенскиот крал. За тоа време таинствените Вудрачекови, коишто
всушност биле раководители на операцијата исчезнале од градот, исто како и
Кватерник, се со цел да си обезбедат алиби по извршувањето на атентатот.770
Организаторите на атентатот веројатно намерно не испланирале сигурно
повлекување на директните извршители на убиството на кралот Александар за
да со нивното елиминирање се отстранат опасностите за откривање на
нарачателите. Во тоа време наидувале критичните моменти за дејствување на
двајцата атентатори. Но како доаѓало времето за непосредната акција, така Мијо
Крал станувал се понервозен и колеблив во врска со успешниот исход на
атентатот. На предлогот да се повлечат од намерата за атентат врз кралот,
ладнокрвниот Владо Георгиев му одговорил на хрватскиот усташ дека и него ќе
го убие доколку не го следи, што подоцна на судењето било потврдено и од
самиот Крал. Во моментот кога вниманието на Черноземски било насочено кон
автомобилот на кралот Александар, неговиот придружник Крал ја искористил
толпата народ и побегнал од местото на настанот. Тој се обидувал да побегне,
но поради непознавањето на францускиот јазик станал сомнителен за
полицијата и при еден обид да биде легитимиран започнал да бега, но бил фатен
од страна на француските власти во близина на селото Мелон. За тоа време,
другите двајца усташи, Поспишил и Рајиќ се наоѓале во Париз и за атентатот
дознале од вечерните весници, кои со големи наслови известувале за
марсејскиот атентат. Откако увиделе дека Кватерник нема да се појави на
договореното место во Париз, тие решиле преку местото Евијан да заминат за
Лозана во Швајцарија. На 11 октомври, во раните утрински часови, Поспишил и
Рајиќ биле уапсени во нивните хотелски соби во градот Тонон.771
По апсењето на тројцата припадници на усташката организација станало
очигледно учеството на оваа хрватска емигрантска организација во атентатот
врз кралот Александар Караѓорѓевиќ. Тогаш Франција упатила официјално
барање до Италија да ги уапси усташките првенци, Анте Павелиќ и Еуген
Кватерник. Под притисок на француската дипломатија и на Југославија,
италијанските власти се согласиле да ги уапсат усташките водачи, но
единствено нешто што направиле во полза на расветлувањето на атентатот било
земањето на писмени искази од обвинетите. Павелиќ и Кватерник одрекувале
било каква поврзаност со убиството на југословенскиот крал и дури негирале
дека воопшто се членови на усташката организација.
Во судскиот процес против уапсените тројца учесници во планирањето на
марсејскиот атентат како нивни бранител бил ангажиран адвокатот Жорж
Десбон, кој во францускиот политички живот важел за противник на европските
граници воспоставени со Версајскиот мировен договор. Судењето започнало на
18 ноември 1935 година во францускиот град Екс-ан-Прованса и за неговото
времетраење биле преземени дотогаш невидени мерки за безбедност. Во
обезбедувањето на градот, улицата и зградата во која се одвивало судењето
биле вклучени 600 полицајци и неколку стотина жандарми, при што строго се
контролирале сите оние што влегувале во градот, поради стравот од нови
можни терористички напади.772 На вториот ден од судењето на обвинетите за
атентатот стигнало писмо до поротата во кое се укажувало дека потеклото на
оружјето со кое бил убиен кралот било од италијанско потекло, но откако тоа не
му било покажано на бранителот на обвинетите, по расправијата со судиите, тој
бил отстранет од случајот и му била изречена забрана за бавење со адвокатура.
По отстранувањето на адвокатот Десбон од функцијата адвокат-бранител на
обвинетите, судењето западнало во ќорсокак поради противењето на тројцата
обвинети да ги застапува друг адвокат. Процесот продолжил на 6 февруари 1936
година во истиот град Екс-ан-Прованса со полициско обезбедување кое ги
надминувало сите нормални граници. На судењето биле повикани околу 66
сведоци од кои повеќето не се појавиле, но најголема бура на негодување кај
бранителот предизвикало отсуството на началникот на службата за безбедност
во Марсеј. Понатамошната судска расправа течела без некои позначајни измени
во однос на првиот дел од процесот и од страна на обвинителството претежно
била насочена кон тоа да им се изрече смртна казна на тројцата присутни
обвинети. Одбраната настојувала да докаже дека улогата на обвинетите во
извршениот атентат била споредна нагласувајќи го фактот дека двајца од нив на
никаков начин директно не учествувале во неговата подготовка. По завршување
на расправата, на 12 февруари 1936 година судот донел одлука дека обвинетите
Звонимир Поспишил, Мијо Крал и Иван Рајиќ се виновни за учеството во
атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ и францускиот министер за
надворешни работи Луј Барту и ги осудил на доживотен затвор со присилна
работа. Во отсуство,смртна казна им била изречена и на водачите на усташката
организација Анте Павелиќ и Еуген Кватерник што имало за цел да ги задоволи
и смири југословенските државно-политички кругови.773
Во однос на полициската истрага што се водела за атентатот врз кралот
Александар Караѓорѓевиќ, експертите забележале дека во официјалните
документи постоеле многу недоречености. Така, иако француската полиција
располагала со сознанија и докази дека потеклото на бомбите најдени кај Владо
Черноземски било од една италијанска фабрика во Милано и дека револверите
најдени кај атентаторот биле купени со посредство на италијанска фирма од
Германија во 1932 година, за тоа не се зборувало во судската постапка. На тој
начин се избегнувало прашањето за евентуалната замешаност на Италија во
атентатот.
Втора работа која во текот на истрагата била исто така занемарена, свесно или
несвесно, била необјаснивото однесување на француските власти во однос на
недоволно преземените мерки за организирање на безбедноста на
југословенскиот крал. Зачудувал податокот што во последен момент била
дадена наредба за повлекување на моторизираниот одред, кој требало да
претставува засилено обезбедување на гостинот од Југославија. Наредбата била
дадена од структури на француската тајна полиција или поточно од комесарот
Систерон, кој во однос на причините за тоа никогаш не направил извештај до
неговите претпоставени. Во сите овие околности најмногу превез на
таинственост имало околу претпоставката чии наредби и инструкции
спроведувал Систерон односно кој од претпоставените му наредил да го
повлече моторизираниот вод од обезбедување на кралската поворка. Веројатно
не се исклучувала можноста дека некои кругови во Италија и Германија со
огромни финансиски средства имале подмитено некои луѓе во француската
државна безбедност, на што укажувал и податокот дека во текот на истрагата
воопшто не се поставило прашањето за тоа од каде им била позната на
терористите програмата на престојот на кралот Александар и мерките на
неговото обезбедување, што претставувало државна тајна.774
Исто така важна работа која во текот на полициската истрага била запоставена
била прашањето за учеството на ВМРО во подготовките и извршувањето на
атентатот. Нејзината улога во тоа од страна на истражните органи била
маргинализирана, што било сосема погрешно, поради фактот што оваа
организација го дала непосредниот извршител на атентатот, а во годините пред
тоа имала огромен удел во обуката на припадници на усташката организација за
терористичко дејствување. Конечно, тајна останал и идентитетот на
таинствениот брачен пар Вудрачек, наредбодавците и главните раководители
со акцијата. Најчестите претпоставки за нивниот идентитет, посебно на Петар
Вудрачек, биле дека зад него се криел водачот на усташкото движење Анте
Павелиќ, но не е исклучена можноста дека оваа личност би можел да биде и
Иван Михајлов,водачот на распуштената ВМРО и дека неговото присуство во
Истанбул за време на атентатот било само алиби за да се одврати вниманието од
неговото евентуално учество во овие настани. Во корист на оваа претпоставка
оди и неверојатната точност со која Михајлов му го навестил атентатот на
бугарскиот митрополит Андреј Велички, што упатува на тоа дека бил многу
добро запознаен со плановите за неговото извршување.
Сите докази и показатели оделе во правец на тоа дека убиството на
југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ било внимателно подготвено и
испланирано од страна на раководството на фашистичка Германија и дека
тајната операција била наречена "Тевтонски меч". Мозокот на операцијата биле
самите првенци на Третиот Рајх, Хитлер, Химлер и Херман Геринг, додека за
директен раководител на операцијата бил назначен генералот Ханс Шпајдел, за
што сведочеле писмата испратени до него од страна на Геринг и од шефот на
германската тајна служба. И покрај вмешаноста во атентатот, Шпајдел и по
пропаѓањето на нацистичка Германија ја продолжил својата генералска кариера,
но тогаш како генерал на новоформираната воено-политичка организација -
НАТО. За контактите на усташката организација и ВМРО со фашистичка
Германија во периодот пред атентатот врз југословенскиот крал Александар
Караѓорѓевиќ посведочил и водачот на хрватските усташи Анте Павелиќ, кој не
криел дека имал средба со Хајнрих Химлер, еден од клучните фигури во
тогашна фашистичка Германија, кога веројатно биле утврдени плановите за
претстојниот атентат.775
Како и да е, во сите овие настани неоспорна била улогата што ја имала ВМРО.
Колку и да не била насочувана истрагата во правец на откривањето на
вмешаноста на оваа македонска организација во подготовката на атентатот,
фактите зборувале поинаку. Не само што директниот егзекутор потекнувал од
нејзините редови, туку и улогата на нејзиниот водач Иван Михајлов останала
вешто прикриена, бидејќи острицата по извршениот атентат била насочена кон
хрватската усташка организација, која судејќи по се одиграла епизодна улога.
Атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ претставувал круна на сите
убиства што организацијата ВМРО ги вршела во периодот помеѓу двете светски
војни. Со нејзиното забранување во 1934 година била срушена нејзината
организациона мрежа и убиствата што таа ги организирала по различна основа
престанале. Но, со тоа не престанала таа крвава црна страница на македонската
историја.
___________________________________________________
752 -Митре Стаменов,Атентатьт в Марсилия,Владо Черноземски,жибот отдаден
на Македония,София,1993,10.
753-Исто,11.
754-Петьр Япов,Пьтуване из дневниците на митрополит Андрей,глава на
задграничната Бьлгарска православна цьрква,Ню Юрк,1937-1972,Марскилският
атентат с участието на Ванчо Михайлов и ВМРО 9 октомври
1934,София,2002,19.
755-Исто,22.
756-Митре Стаменов,Атентатьт в Марсилия..,23
757-V.K. Volkov,Ubistvo kralja Aleksandra,Hitlerova zavera,Beograd,1983,30.
758-Исто,31.
759-Исто,32
760-Исто,33
761-Митре Стаменов,Атентатьт в Марсилия..,24
762-V.K. Volkov,Ubistvo kralja Aleksandra...,33
763-Исто,34.
764-Митре Стаменов,цит.дело,25
765-Петьр Япов,Пьтуване из дневниците на митрополит Андрей Велички..,32.
766-Митре Стаменов,исто,,25/26
767-V.K. Volkov,исто,76.
768-Петьр Япов,цит.дело,54
769-V.K. Volkov,Ubistvo kralja Aleksandra...,82/83
770-Исто,84/85
771-Исто,89.
772-Исто,94
773-V.K. Volkov,цит.дело,98/99.
774-Исто,102/103
775-Петьр Япов,цит.дело,54/55

You might also like