Welcome to Scribd, the world's digital library. Read, publish, and share books and documents. See more
Download
Standard view
Full view
of .
Save to My Library
Look up keyword
Like this
20Activity
0 of .
Results for:
No results containing your search query
P. 1
ski Diplomat Ski Dokumenti Za Makedonija

ski Diplomat Ski Dokumenti Za Makedonija

Ratings:

2.33

(3)
|Views: 1,353 |Likes:
Published by MakeDonski Homer

More info:

Published by: MakeDonski Homer on May 19, 2010
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as DOC, PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

06/09/2014

pdf

text

original

 
ПРЕДГОВОРМакедонската историографија се уште не посветила доволно вни-мание на односите меѓу македонското национално-ослободително движењеи италијанската држава.Вистина, постои одреден број на прилози објавени во некои историскисписанија1,а има и одделни книги2 во кои се говори за политиката на Италијаспрема некои аспекти на македонското национално-слободително движење. ______________________________ ' До сега во македонската историографија се објавени следните прилози во коидиректно се третира интересот на Италија за случувањата во Македонија и тоа: -А. Ламновиќ,Обид на италијанското политичко влијание на македонската студентскаорганизација воШвајцарија во 1919 година, Скопје, "Историја", год. 9, бр. 1, 1973; КочоСидовски, Ставот наИталија спрема македонското национално-ослободително движење до 1903година, Скопје,"Историја", год. 17, бр. 2; Кочо Сидовски, Италијански извештај за одразот наБалканскитевојни врз македонското стопанство, Скопје, "Историја", год. 18, бр.1-2,1982;Кочо Сидовски,Одгласи на Илинденското востание во Италија во 1903 год., Скопје, "Историја",год. 19, бр. 2,1983; Кочо Сидовски, Кон прашањето за текот на Младотурската револуција воМакедонијаво нејзиниот почетен период според извештаите на италијанските дипломатскипретставници,Скопје, "Историја", год.22, бр. 2 1986; Кочо Сидовски, Ставот на италијанската јавност спремамакедонското национално-ослободително движење во време на завршувањетонаИлинденското востание, Скопје, "Историја", год. 23, бр. 1-2, 1987; КочоСидовски, Ставот наИталија кон Втората Балканска војна, Скопје, "Гласник" на ИНИ, год. 32, бр. 2,1988; ЗоранТодоровски, Врските на ВМРО со Италија во периодот меѓу двете светскивојни, Скопје,Гласник" на ИНИ, год. 40, бр. 2, 1996.Во рамките на наведените статии, објавени во списанијата "Гласник" наИнститутотза национална историја и "Историја" го посочуваме и текстот на гермаскиотисторичар СтефанТребст, Фашистичка Италија и ВМРО (1922 - 1925), Зборник на МАНУ, "Стогодини одосновањето на ВМРО и 90 години од Илинденското востание", Скопје, 1994.Од 10-11 мај 1996 година во Битола е одржан научен собир на тема"Македонско-
 
италијанските односи". Материјалите се објавени во 1999 год. од страна наДруштвотоза наука и уметност - Битола и Здружението за македонско-италијанскопријателство - Битола.Од З-б јуни 1996год., Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"во Скопјеорганизира меѓународнанаучна конференција "Италијанско-македонските односи во европскиконтекст" чииматеријали се уште не се објавени.2 Христо Г. Андонов, Бранко Ковач, Боро Мокров, Панче Михајлов и ЈованПоповски,Странскиот печат за Илинденското востание, Скопје, 1959 г.; Христо Андонов-Полјански,Велика Британија и македонското прашње на Париската мировна конференцијаво 1919 год.Скопје, 1973 г.; Милчо Балевски, Балкански политички прилики идипломатските битки заманастирот Свети Наум, Скопје, 1984 г.; д-р Михајло Мино.-.ки, СоединетитеАмериканскидржави и Македонија 1869-1919, Скопје, 1994 год. и др.10 ИТАЛИЈАНСКИ ДИПЛОМАТСКИМеѓутоа, сето тоа е далеку од потребите за едно попродлабочено проучу-вање на италијанскиот интерес спрема Македонија. Каков и колкав бил тојво рамките на нејзиниот општ интерес кон Балканот, колку ја познавалаИталија суштината на македонското национално-ослободително движењеи колку тоа го привлекувало вниманието на италијанската јавност не е многупознато или не е познато колку што е потребно за една поцелосна прет-става.3Без сомневање еден најопшт поглед на политиката на Италија одпочетокот надваесетиот век, ќе го покаже постоењето на една долготрајнастратешка определба за систематско ширење на италијанските интереси ивлијание кон балканските простори. Интересот на Италија кон Балканот,во прв ред кон неговиот западен дел, е евидентен. Овде во минатото доагалодо остри судири меѓу Италија и Австро-Унгарија. По распаѓањето на Австро-Унгарија, во Првата светска војна судирот се пренесол врз новосоздаденатадржава Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.Што се однесува на интересите на Италија кон Македонија во рамкитена нејзината општа политика кон Балканот и до судирот со интересите наАвстро-Унгарија дипломатски тие најпластично се изразени вс изјавата наиталијанскиот министер за надворешни работи Титони дадена по поводспроведувањето на Мирцштегските реформи. Тој на 9 април 1904 година,по повод настојувањата на Австро-Унгарија да го добие Скопскиот вилает,во кој нејзини претставници ќе се грижат за спроведување на реформите,меѓу другото изјавил: "Италија никогаш не сакала да и се даде организи- рањето на жандармеријата во Битолскиот влиает. Таа беше повеќе под-готвена да прифати некои од источните делови на Македонија но под услов
 
на Австро-Унгарија да не и се додели за реформирање Скопскиот вилает.Таа се залагала, да се исклучи секаква причина за недоверба и сомнение,Скопскиот и Битолскиот вилает да им се доделат на Франција и Англија, аАвстрија и Италија да добијат други централни сектори. Меѓутоа, бидејќиАвстрија се спротивставила да го отстапи Скопскиот вилает, Италија се __________________________________ 3 По Втората светска војна, на италијански јазик објавени се неколку книги соисториографски карактер: Магсо Dоgо,la dynamite e la mezzaluna.La questionemacedone nella publicistica italiana 1903-1908.De Bianco,Udine 1983. Во превод на македонски јазик (АленкаЛапе) трудот е објавен заедно со уште еден труд на истиот автор,Lingua enazionalita inMacedonia-Vicende e pencieri di profeti disarmati 1902-1903, Ed,universitarie Jaca.(Марко Дого,Динамитот и полумесецот - Македонското прашање во италијанскатапублицистика 1903-1908. Јазикот и националноста на Македонија - Доживувања и размислувања наневооруженипророци 1902-1903, Македонска книга 1990 .)Silvano Gallon,Italiani in Macedonia1941-1943,Skорје, 1999ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА____________________________________11согласила со тоа под услов таа да го добие Битолскиот вилает". Целтабила, рекол Титони, да се "воспостави рамнотежа, да се попречуваатавстриските аспирации"4.Практично од почетокот на дваесетиот век интересите на Италија сепостојано присутни во Македонија. Тоа е случај во времето на Балканскитеи Првата светска војна. Таа учествувала во меѓународните форуми за раз-граничувања на Балканот по Балканските војни. Особено внимателно ја сле-дела ситуацијата во времето на Првата светска војна и последиците од неапоради поразот на Австро-Унгарија и создавањето на новата југословенскадржава. Гледајќи во создавањето на Кралството на СХС нов опасенконкурент на италијанските аспирации кон Јадранот и Балканот, Италијаизградила генерален став да ги поддржува движењата на одделните народи,Хрвати, Црногорци, Албанци, Македонци, чии делови се нашле во рамкитена новата држава и кои биле против неа. Италија останала перманентенпротивник на новата југословенска држава и постојано барала сојузници занејзиното уривање. При тоа не значи дека со оглед на сопствените државниинтереси не водела сметка да развива и добри односи со Кралството наСХС што пак имало свој одраз врз односите со нејзините противници.Во поглед на развивањето на врските со македонското национално-ослободително движење обично се нагласуваат два момента. За линија на разграничување меѓу нив се смета доаѓањето на власт во Италија на Му-солини есента 1922 година. При тоа се смета дека во првиот момент ита-лијанската политика кон македонскиот проблем ја карактеризирала извеснaвоздржаност додека во вториот момент и посебно по соборувањето навладата на Александар Стамболиски во Бугарија (9 јуни 1923 год.) таадобила поагресивен белег.

Activity (20)

You've already reviewed this. Edit your review.
1 hundred reads
1 thousand reads
Dejan Bojkoski liked this
Goran Ilik liked this
Ivkal liked this
Milena Krsteva liked this
Dragan Zajkovski liked this

You're Reading a Free Preview

Download
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->