Ако се чувствувате здрави и во добра кондиција, а сепак се забележувате некои од долунаведените симптоми обратете се кај вашиот лекарот.1. Ако чувствувате болка во градите или напнатост, би можело да станува збор за киселина востомакот, истегнување на мускулите, или нешто многу посериозно како срцеви заболувања.2. Доколку срцето ви чука невообичаено брзо, би можело да асоцира насрцеви болести, аритмија, анемија, проблеми со тироидната жлезда илисамо преголемо консумирање на кафе.3. Несвестица, може да укажува на аномалии во нервниот систем,дехидрираност или низок шеќер во крвта.4. Чувство на силна главоболка, најчесто алармира дехидрираност,мозочен удар или пак висок крвен притисок.
ШЕЌЕР ЗА СИЛА
Она што многу луѓе не го знаат е фактот дека не се распаѓаат ситешеќери толку брзо, а голем дел се корисни за човечкиот организам.Шеќерите кои се наоѓаат во некои продукти како што се житарките (тестенините, оризот, леќата,сувиот грашок, корнфлексот) се оние за кои на телото му се потребни часови за да ги распадне.Шеќерот пак кој брзо се раствора во телото, оној во слатките работи, чоколадото, медот, даваатнагло енергија, но за жал брзо ги снемува па се случува незгоден пад на тонусот на телото.Белковините се материјал кој го градат организмот, па треба да се земаат секој ден во вид на месо, јајца, риба, млечни производи, житарки и суво овошје.Месото кое е најбогато со белковини, а е најмалку калорично е месото од мисирка
СТРЕСОТ И ИСХРАНАТА
Стресот и исхраната се тесно поврзани, пред се затоа што е важно телото да ги добие ситехранливи состојки и да се јаде правилно.Стресот го менува начинот на кој телото ги користи и ги впива хранливите состојки.Имено, она што го јадете може да го поттикне или да го олесни стресот во организмот. Пред селуѓето кога се под стрес треба да јадат храна која смирува, а не онаа која ја влошува стреснатасостојба.Додека сме под стрес треба да внесуваме повеќе витамин Ц и цинк. Една чаша сок од портокал ќедаде дополнителна количина на тој витамин и може да го разбуди телото.Морската храна е богата со цинк, па во стресни моменти треба да се консумира повеќе од обично.За да се регулира дигестивниот тракт кој најчесто е погоден од стресна ситуација, па се јавуватврда столица или пролив, треба да се јаде храна богата со влакна и да се пие јогурт.Кафето треба да се избегнува, најмногу 1 шолја кафе на ден е дозволено кога човек е под стрес.Треба да се одбегнува шеќерот бидејќи може да одмогне и само да го зголеми нивото на стрес.
НОВА МЕТОДА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ЦИГАРИ
Пушачите полесно ги оставаат цигарите ако им се објасни во која „фаза“ се наоѓаат нивните белидробови, покажало истражувањето спроведено во Велика Британија.Со споредување на добиените мерни функции на белите дробови на конкретен пушач соподатоците за просечен непушач е добиен аргумент кој на пушачите им помага да сфатат колкупушењето му штети на здравјето, пишуваат научниците во магазинот „British Medical Journal“.Резултатите, кои се темелат на набљудувањето на 561 лице кое се обидувало да престане да пуши,покажуваат дека воведување на концептот „фаза“ на белите дробови двојно ги зголемил шансите