/  5

Утрински весник
13.2.2010
Мислење 130

Битка со корупцијата само
со прес конференции
__________________

Навистина не ми е јасно зошто не го уапсат Бранко Црвенковски. Мислам дека најмалку 200 прес конференции слушнавме досега за неговите транзициски богатења и авантури. Секој ден Бичиклиски додава по нешто на купиштата кои досега ги имаа. Па тогаш што се чека. Не ми е јасно зошто не го апсат и Стевче Јакимовски. Нели имал ауди поради неговите „дилови“ со ОКТА? Не дека сум упатен. Но не е возможно да не сте чуле за таа приказна. Затоа што е повторена според рецептот на Гебелс најмалку 100 пати досега. Ама има еден недостаток. Нема завршница. Ако некој е навистина крадец,

криминалец, тогаш е морално и да одговара. Режимот заборава дека ги има во свои раце сите полуги на владеењето. Буквално сите. Полицијата гледаме како ја користат. Посебно тајните служби. Не е возможно да немаат документи за своите тврдења. Посебно ако се знае дека во оваа држава секој за секого копирал досиеа и ги депонирал по сефови. За судството треба ли да потсетувам. Не се знае веке колку судии се под директна режимска контрола. Само Маневски тоа не го гледа, веројатно затоа што со судиите е на телефонска врска... И ништовни се сите странски истражувања, Маневски си е Маневски. Жив монумент на разбирањето на Груевски за демо(Н)кратијата.

Мислам дека мојата политичка определеност е толку јасна и затоа го
иссмевам ова што го гледам околу мене. Јасно ми е дека „хеклерите“ од1

Утрински весник
13.2.2010
Мислење 130

агенцијата

за млади и спорт, кои

земаат
плата
за
да
плукаат

по интеренет, а по налог од штабот на ДПМНЕ ќе пробаат да ме залепат,

со
етикета

за Бранко. Сепак убеден сум дека што

и

да направат нема да успеат, а мојата намера ќе биде правилно сватена. А тоа е дека се смеам и чудам на глупоста со која се сака да се успие целата популација. Оти сосема нелогично е владеачка гарнитура да се однесува на ваков начин во политичката арена. Четири години на власт, со етаблирани, со длабоко вкоренети илјадници од своите извршители, со можност да ги провери до сега сите документи и трансакции од почетокот на самостојноста на државата, а по потреба и пред тоа, па сепак се да се сведува на една бедна медиумска кампања. А вие што правевте, а во 1996 што направивте, а ова, а она... Колку што се сеќавам во 2006 година се боревме да ги симнеме токму за да не бидеме како нив. За да понудиме нешто ново. Со сета енергија се градеше мит дека Груевски е економист, дека со негово доаѓање ќе се сменат работите на подобро. Идејата беше навистина да има промени. Просто. Некој не е добар, не донел подобар живот, па затоа се менува власта. И сега сите ние, наместо да бидеме сведоци на подобрување, да чувствуваме дека нешто се движи кон подобро, четири години подоцна, секој ден слушаме за криминалите од пред дедо Ное, а за кои никој не одговара. Ако пред тоа им беше виновен Б.Ц. дека амнестирал криминалци, сега2

Утрински весник
13.2.2010
Мислење 130

имаат фикус кој со ништо не се спротивставува и немаат ама баш никаков
проблем да ги остварат најавите за борба со корупцијата. Нема да има амнестија.

Е каде е таа борба де. Ајде ја чекаме. Владеачка гарнитура несмее да си дозволи да води битка со криминалот и корупцијата преку партиски портпарол. Тоа е потценување на граѓаните и за тоа ќе дојде казна наскоро, на наредните избори. Или несмеат ништо друго, освен пресови да преземат, затоа што и за нив има материјали? Не ми останува ништо друго, туку да се сомневам токму во тоа. Еве на пример само една мала илустрација која цела недела ми боде очи. Имено ЕЛЕМ се рекламира пред нас со кампања која чини 600 илјади евра. Ако сте ја виделе рекламата ќе се сложите дека таа не чини повеќе од 100 евра. Два три кадри компјутерска анимација кои се прават за пола сат. Да ми се обратеа на мене, јас ќе им најдев компјутерски ентузијасти и ќе им ја изработевме рекламата без пари. Па дури ми се чини дека и јас како аматер можев да ја изработам таа реклама. Но, шегата настрана, рекламата како реклама ќе ја голтнеме, само да имавме причина да ја оправдаме кампањата на овој монопол, кој и да се рекламира и да не се рекламира, неможеме во нашите животи да го заобиколиме.

Та затоа се поставува легитимно прашање, зошто се трошат 600 илјади евра непотребно. ЕЛЕМ нема конкуренција. Неможеме да се определиме услуги да земеме од негов конкурент. Па кој е тука бре луѓе потценет? Се разбира – НИЕ! И ајде сега сите да се занимаваме со аудито на Стевче Јакимовски, а никако да не не засега една кампања која неможе да се оцени поинаку од корупција на медиумите, за да се успива и понатаму народот. Одозгора на се, нема никакви податоци, по изведувањето на кампањите каков ефект од нив е постигнат.

Велам кампањите, затоа што оваа на ЕЛЕМ е можеби 100-та кампања на која сме подложени одкако е на власт Груевски. Ако се потрошени досега пеесетина милиони евра на кампањи, можеби е време да се запрашаме колку школи или болници можеа наместо тоа да се направат. Наместо нашите деца да се раѓаат, живеат и учат во мизерија, да направевме нешто повеќе токму за нив. Да создадевме услови да останат тука, на оваа почва. Наместо да ги мотивираме уште од мали ноза да размислуваат за емигрирање. Тоа е патриотизам.

3

Share & Embed

More from this user

Filip readcast this 07 / 30 / 2010Learn more about Readcast.