/  6
Мислење 151
24 јули 2010
Филип Петровски
Да се пишува или не?
___________

Често разговарам со луѓе кои ми велат дека подобро би било колумните мои да се занимаваат

со понебитни и не толку иритирачки теми. Дека на овој начин не постигнувам многу за себе, а истовремено не читаат многумина. Што ќе рече ефектот не е баш којзнае колку голем,

а истовремено за мене штетата е поголема од тоа што можам да согледам во моментов. Еден близок соработник на Груевски пред некое време ми рече „можеше многу да напредуваш, само многу зборуваш“, што е само во линија на она погоре кажаното. Дури блиски членови на семејството ми велеле дека е време да напишам неколку или повеќе колумни кои ќе се занимаваат да речеме со светските проблеми, со геостратегија на големите, како што порано пишував. И да ви признам кога така си разговараме си велам па можеби и не е лошо да пишувам за неутрални теми кои нема никого да нервираат, да погодат, да ги оштрат непријателите... има некоја логика во неутралните колумни. Например со нив, многумина си ги штитат своите работни места. Пишуваат а не ги нервираат повисоките авторитети, што би се рекло народски „не брануваат“, истовремено се присутни. Чекаат шанса, чекаат некој да се сети на нив. Да ги проигра, да им даде можност сега тие да бидат на врвот, во1

Мислење 151
24 јули 2010
Филип Петровски
игра,
во
милосрдие
на
владетелите.

Па си велам, дали е тоа она што мене ми е потребно? Сакам ли јас да бидам во нечие милосрдие со тоа што нема да нервирам со моите слободни и јавни размисли? Дали пишувам за да бидам во нечија наклоност, заштита и за да се стекнам со предност? Убаво ли

ми е, дали напредувам, дали некој ме штити? Всушност има ли некаква корист од колумните? Често сум на таа раскрсница, пред прашањето дали воопшто треба да се пишува? Побогу, кој тоа воопшто чита во Македонија? Погледнете го само тиражот на весниците. Ќе видите дека нивното влијание е скоро небитно.

Споредбата со западните држави може само да не исфрустрира. Не сакате да знаете колку малку се чита, односно колку малку може да се влијае на општествените процеси со пишување. Ајде сетете се кој е за вас интелектуален гуру? Кому му верувате? Кого редовно го читате? Која колумна ја чекате со нетрпение за да се информирате, да дознаете нешто или пак за да се збогатите за еден текст повеќе? За чии текстови сте дебатирале, изградиле мислење или пак сте ги вградиле во сопствениот критички и расудувачки

апарат? Тешко ви оди? Неможете да се сетите во моментов? Ако е така, а можам
да се кладам дека е така, на праг сме да ја лоцираме причината, можеби2
Мислење 151
24 јули 2010
Филип Петровски

најголемата од сите, зошто цапаме во кал и вртиме во место цели 20 години. Никој не се обидува на интелектуално ниво да се спротивстави. Сите молчат. Некој за плата, некој за дневница, некој за вработивање на факултет. Други пак молчат зашто така требало, затоа што сите така правеле. И од молчење, до молчење, во заглушувачка тишина сме сите. Нема критика, нема слободно размислување, нема став. Си мислев дека сум напишал веќе мислење со наслов „Заглушувачко молчење“. Ги проверив сите 150 мислења. Гледам нека таков наслов. Тогаш секако сум ги употребил зборовите како дел од некоја од нив. И што?! Ништо! Исчезна ли молчењето? Се сменивме ли? Не!

Затоа не ретко доаѓам пред дилема. Дали да се пишува. Вреди ли воошто тоа? Ќе го споменам Цуцуловски на оваа точка,

мојот
ментор

на дипломската и мојот драг професор. Нему му верувам. Со него често сум дебатирал со саати. За да проверам до каде сум, да не сум залутал во

размислите. Него го прашав дали вреди да се пишува, знаејки дека тој е еден од најиздржливите, највлијателните и секако најчитаните публицисти кај нас. Жесток критичар на сегашноста, на политичките елити, на бедата на интелектуализмот. И да, го прашав дали вреди да се пишува. Тоа е привилегија. Да можеш од таков формат да добиеш одговор по кој што трагаш. Еве што тој ми кажа: „мораме да пишуваме, ако не за оваа генерација и за ова време, тогаш за да остане трага за некои други времиња, какво било ова време, бреме.“ Се разбира, карикирам. Неможам да тврдам дека секој збор е негов, но тврдам дека суштината е запазена.

3

Share & Embed

More from this user

Filip readcast this 2 days agoLearn more about Readcast.
barbarassss readcast this 08 / 08 / 2010Learn more about Readcast.
Filip readcast this 08 / 02 / 2010Learn more about Readcast.
Mark Purpose readcast this 07 / 31 / 2010Learn more about Readcast.
Filip readcast this 07 / 30 / 2010Learn more about Readcast.