You are on page 1of 7

СОДРЖИНА

Стр
Дел 1- АТМОСФЕРА 7
Состав на воздухот 7
Својства на атмосферата 8
Поделба на атмосферата 11
Меѓународна стандардна атмосфера (ИСА) 13
Реалната атмосфера се разликува од ИСА 14
Дел 2 - ТОПЛОТНИ ПРОЦЕСИ ВО АТМОСФЕРАТА 15
Сонцето зрачи енергија 15
Поим за топлина и температура 15
Земјата се движи околу сонцето 15
Загревањето преку сонч. зрачење е поинтензивно во тропските предели 16
Загреаниот воздух се издигнува, а ладниот воздух се спушта 17
Биланс на зрачење 18
Земјата ротира околу својата оска 20
Облачноста може да влијае на загр. и ладењето на земјината површина 22
Особини на водата 22
Трансфер на топлотната енергија 23
Дневни и годишни промени на температурата на воздухот 25
Вертикална распределба на температурата и температурни инверзии 26
Температурата како мерка на топлотната енергија 27
Мерење на температурата на воздухот 29
Хоризонтална распределба на температурата 30
Зависност на летно-тех. кар. на воздухопловите од густината на воздухот 32
Дел 3 – АТМОСФЕРСКИ ПРИТИСОК 35
Станичен притисок и притисок сведен на средно морско ниво 37
Алтиметар 39
Изобари и градиент на притисокот 42
Регионален ЉНХ 45
Дефиниции и примери од алтиметрија 45
Поставување на алтиметарот и дефиниции 47
Примери од алтиметрија 50
Користење на потскалата на алтиметарот според ИЦАО процедурите 52
Дел 4 – АТМОСФЕРСКА ЦИРКУЛАЦИЈА И ВЕТЕР 53
Што е ветер? 53
Мерење на ветерот 54
Кои се причините за појавата на ветер? 55
Кориолисова сила 57
Геострофски ветер - дува вдолж праволиниски изобари 59
Градиентен ветер - дува вдолж закривени изобари 60
Бејс-Балотово правило 61
Летање од област на висок кон низок притисок - занесување кон десно 61
Летање од област на низок кон висок притисок - занесување кон лево 62
Приземен ветер 62
Ветрови во близина на орографски препреки 64
Општа атмосферска циркулација 64
Хемисферски барски системи 68
Глобална висинска циркулација 70
Периодични ветрови 71
Ветер од море 71
Ветер од копно 72
Планински ветер 73
Долински ветер 73
Локални ветрови во Македонија и поблискиот регион 74
Други локални ветрови во поширокиот регион 76
Ветрови во тропските области 77
Мерења на ветерот, притисокот и влажноста на воздухот на висина 77
Претставување на полето на притисокот и ветерот на висина 79
Дел 5 - ОБЛАЦИ 81
Високи облаци 82
Средни облаци 83
Ниски облаци 84
Изглед на облаците од кабина на воздухоплов во лет 88
Врнежи и влага во атмосферата 89
Адијабатски процеси 91
Формирање на облаците 92
Облаци формирани со конвекција поради загревање 94
Облаци формирани со орографско издигање 95
Фенски ефект 96
Облаци формирани со турбуленција и мешање 97
Врнежите и типот на облаци 97
Висина на облаците/вертикална видливост 99
Количина на облаците 101
Врнежи 102
Причини за појава на врнежи 102
Карактеристики на врнежите 105
Мерење на количината и интензитетот на врнежите 108
Дел 6 – ГРМЕЖНИ НЕПОГОДИ 111
Фази во развојот на грмежните непогоди 111
Непогоди со повеќе грмежни ќелии 115
Супер-ќелиски грмежни непогоди 117
Тромба (торнадо, пијавица) 120
Зачестеност на појавата на грмежни непогоди 121
Одредување на нестабилноста на атмосферата 121
Фронтови од големи размери и линии на нестабилност 122
Грмежните непогоди се опасни за воздухопловството 124
Атмосферски електрични празнења 124
Дел 7 – ВОЗДУШНИ МАСИ И АТМОСФЕРСКИ ФРОНТОВИ 127
Воздушни маси 127
Потекло на воздушните маси 127
Ладни и топли воздушни маси 129
Преместување на воздушните маси 129
Дивергенција и конвергенција 130
Атмосферски фронтови 130
Топол фронт 131
Ладен фронт 134
Фронтови на оклузија 136
Депресии - области на низок притисок 137
Време во областа на депресија 139
Развој на циклонот на атмосферскиот фронт 140
Долина на низок притисок 143
Тропски депресии 143
Антициклони - области на висок притисок 145
Време во областа на антициклоните 145
Гребен на висок притисок и седло 146
Дел 8 - ЗАЛЕДУВАЊЕ 147
Формирање на лед 147
Заледувањето може да биде опасно за воздухопловството 147
Типови и причини за појава на заледување 148
Услови на заледување 152
Заледувањето на авионските површини и типот на облаци 152
Врнежи кои се ледат (поледица) 154
Фронтовите и појавата на заледување 155
Заледување на разни типови на воздухоплови 156
Заледување на воздухопловите на земја 157
Избегнување / смалување на влијанието на заледувањето 158
Методи и уреди за спречување / отстранување на заледувањето 159
Дел 9 - ВИДЛИВОСТ 161
Видови на видливост 161
Видливоста од аспект на пилотот 163
Сумаглица и магла 166
Радијациона магла 166
Адвективна магла 169
Магли на море и во приморските области 170
Смогот може значително да ја намали видливоста 170
Врнежите можат да ја смалат видливоста 171
Песочната и прашинската луња ја смалуваат видливоста 172
Морските аеросоли можат да ја смалат видливоста 172
МЕТ мин. за полетување и слетување поради видливоста и облачноста 173
Метеоролошки услови за визуелно и инструментално летање 173
Видливоста во метеоролошките прогнози и извештаи 174
Вештачко растурање на маглите 175
Дел 10 – АТМОСФЕРСКА ТУРБУЛЕНЦИЈА 177
Видови на атмосферска турбуленција 179
Турбуленција во трага (Њаке турбуленце) 179
Конвективна турбуленција 180
Механичка турбуленција 183
Турбуленција во планински бранови 184
Висинска турбуленција 185
Њиндсхеар 188
Систем за детектирање на њиндсхеар на мали висини 191
Турбуленцијата при ведро време (ЦАТ) 192
Дел 11 – МЕТЕОРОЛОШКИ ИНФОРМАЦИИ 193
МЕТ сервис за потребите на меѓународната возд. навигација 193
Дисеминација на метеоролошките информации 195
Типови на воздухопловни метеоролошки информации 195
СИГМЕТ извештаи 196
АИРМЕТ извештаи 197
Автоматски мет извештаи од комерцијалните авиони - АМДАР / АЦАРС 198
АИРЕП извештаи 198
Прогнози за област 199
Специјални прогнози 201
Аеродромски предупредувања 201
МЕТАР - рутински извештај за времето на аеродромот 202
ТАФ (Терминал Аеродроме Форецаст) - прогноза за аеродром 206
МЕТ кратенки, ознаки и симболи 208
Опис на линиите и системите на картите 211
Дополнителна група за состојбата на ПСП (во МЕТАР извештај) 213
Евалуација на метеоролошките услови за лет 215
Дел 12 – МЕТЕОРОЛОШКИ РАДАРИ И САТЕЛИТИ 221
Основни радарски принципи и равенки 221
Презентирање на радарските податоци 223
Доплеров метеоролошки радар 224
Авионски метеоролошки радари 226
Метеоролошки сателити 227
Поларно-орбитални и геостационарни сателити 227
Физички основи на снимањето со метеоролошките сателити 229
Типови на сателитски метеоролошки опсервации 231
Процесирање и користење на сателитските снимки 232
Далечински мерења од метеоролошките сателити 233
Дел 13 – ДРУГИ МЕТЕОРОЛОШКИ ПОЈАВИ И ФЕНОМЕНИ 235
Пробивање на звучниот ѕид 235
Вулканската активност и нејзиното влијание на воздушниот сообраќај 236
Траги од кондензација 240
Оптички ефекти и феномени во атмосферата 241
Метеорологијата во служба на хеликоптерските операции 243
Дел 14 – ДОДАТОЦИ 245
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ 245
ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊАТА 256
ДОПОЛНИТЕЛНИ ТАБЕЛИ 260
Литература 262
Рецензија

Оваа книга припаѓа во рангот на современата светска литература во


областа на воздухопловната метеорологија и усогласена е со сите прописи,
препораки, критериуми и стандарди на ICAO и WMO како релевантни
меѓународни институции. Секако, треба да се напомене дека значењето на
оваа книга е уште поголемо, ако се има во предвид дека е прва книга од оваа
област публикувана на македонски јазик.
Книгата која што е целосно и сеопфатно посветена на современата
воздухопловна метеорологија, заслужува големо признание и пофалби за
високиот стручен и научен квалитет. За истакнување е што книгата ги
исполнува сите норми и критериуми да се користи во образовниот процес и
на повисоко академско ниво од типот на Природно-математичкиот
факултет, наставна насока метеорологија.
Според содржината и обемот, книгата е совршена литература наменета за
обука на пилотите, контролорите на летање и друг воздухопловен персонал,
како и за обука на професионалниот воздухопловен метеоролошки персонал.
Книгата изобилува со обемни и прекрасни илустрации, графички прикази,
воздухопловни и синоптички карти со висок квалитет, кои ја чинат оваа
книга уште поинтересна и поатрактивна за читателот кој се стреми кон
стекнување на неопходните знаења од областа на воздухопловната
метеорологија.
Сигурен сум дека оперативните знаења стекнати со помош на оваа
литература ќе придонесат за зголемување на безбедноста на воздушниот
сообраќај и намалување на ризиците при сложени и неповолни временски
услови и атмосферски непогоди.

Рецензент
М-р Витомир Димитриевски
ВОВЕД

ОД РАЗВОЈОТ НА МЕТЕОРОЛОГИЈАТА
Како прва книга (труд) во која се
разработуваат временските проблеми се
смета книгата на Аристотел ″Meteorologica″.
Во периодот од 300 до 400 г.п.н.е. има и
други публикации од сличен тип, како што е
″Воздух, Вода и местата″ на Хипократ, во
која што се разгледуваат аспекти на влијанието на климата врз здравјето на
луѓето. Во истиот период, Теофраст публикува елементарна книга на прогноза
на време - ″Книга на знаците″.
За следниот поголем прогрес во проучувањата на атмосферата и временските
појави треба да измине доста долг период, до 17-от век, т.е. времето кога се
постигнува напредок во развојот на метеоролошките инструменти: Галилео го
пронаоѓа термометарот, Торичели го конструира барометарот, а Хук -
анемометарот. Во текот на 1600-те Бојл ги поставува гасните закони кои се
однесуваат на релацијата помеѓу притисокот и волуменот на гасовите.
Во текот на 18-от век се усовршуваат инструментите
за мерење на атмосферските параметри и биле
развиени Фаренхајтовата и Целзиусовата скала. Во
ова време Бенџамин Франклин открива голем дел од
карактеристиките на атмосферските електрични
празнења. Хигрометарот со влакно е изумен во 1783
година, а метеоролошките балони започнуваат да се
користат на крајот на 18 век.
Во почетокот на 19-от век изумени се и други типови
на инструменти. Тогаш се развиваат и првите
атмосферски модели, а во 1837 година Вилијам
Редфилд го опишува циклонот и кружното струење на воздухот во центарот на
циклоните.
Најсилниот развој научните сознанија за атмосферата и процесите што се
случуваат во неа се постигнуваат во 20-от век. Се продлабочуваат научните
сознанија за физичките основи на атмосферските процеси, се дефинира
вертикалната структура на атмосферата, се открива постоењето на топли и
ладни фронтови. Со развојот на ракетната техника и сателитите се отвораат
можности за најсестрани проучувања и мерења и истражувања на атмосферата.
Во 1960 година лансиран е првиот метеоролошки сателит TIROS И од страна на
САД. Се развиваат нумеричките методи и техники на анализа и прогноза на
времето преку опишување на атмосферските процеси со користење на
математички равенки. Во овој век и развојот на телекомуникациските средства
го овозможува развојот на метеорологијата на ниво кое што ни е денес познато.
Со помош на метеоролошките сателити можно е следење на опасните
временски појави како што се торнадата и тајфуните, прогноза на нивното
движење и благовремено известување и предупредување на населението.
МЕТЕОРОЛОГИЈАТА ВО СЛУЖБА НА ВАЗДУХОПЛОВСТВОТО
Воздушната обвивка околу Земјата не
претставува повеќе од милионит дел од вкупната
маса на нашата планета, но и покрај тоа, овој
слој на воздух е исклучително важен за сите
облици на живот, а без атмосферата Земјата би
била мртва планета.
Брзиот развој на метеорологијата и воздухопловството во текот на минатиот век
бил од взаемен интерес, а метеорологијата во период од околу 100 години
имала важна улога во постојаните напори да се подобри безбедноста и
ефикасноста на воздушната пловидба. И покрај фактот што технолошките
достигнувања овозможија летањето да се изведува во скоро сите временски
услови, воздухопловството е активност која што е многу зависна од времето, па
навремените и сигурни метеоролошки информации се императив за
безбедноста и економичноста на летањето.
Воздухопловната метеорологија која е една од применетите гранки на
метеорологијата во служба на човештвото, се има развиено во глобален систем
на државна и интернационална метеоролошка поддршка на воздушната
пловидба. Тргнувајќи од заедничкиот интерес, денес Светската метеоролошка
организација (WMO – World Meteorological Organisation) остварува тесна
соработка со Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO –
International Civil Aviation Organisation). Сите одредби на ICAO и WMO кои што се
однесуваат на давањето на метеоролошки услуги на воздухопловството се
формулираат истовремено и имаат ист статус и во двете организации.
Со развојот на техничките можности, WMO и ICAO во
1983 година го усвојуваат концептот на
централизирана изработка на глобални воздухопловни
прогнози на висински ветер и температура, познат под
името Светски прогностички систем (WAFS – World
Area Forecast System), базиран на постоење на два
светски прогностички центри - во Лондон и Вашингтон.
Несомнено е дека развојот на воздухопловната
технологија ќе ги надмине сите познати граници.
Новите материјали ќе резултираат со посилни и
поекономични мотори, со полесна и поиздржлива
конструкција. Усовршувањата на електронската опрема
ќе значат подобрувања во прецизноста на
навигациската опрема, како и уредите за комуникација, а сателитската техника
ќе ја подобри воздухопловната навигација, контролата на авионите и
воздушниот сообраќај.

Во секој случај, може да се очекува дека напредокот на воздухопловната


технологија ќе го направи летањето помалку осетливо на метеоролошките
услови, но сепак, метеоролошките информации ќе останат едни од најважните
за авиотранспортот.

You might also like