You are on page 1of 31

Koj go zdipli moeto sirewe?

Кој го
здипли
моето сирење?

е книга што ја користат мажи и жени во многу корпорации, државни институции, војската, во
малите претпријатија, болниците, црквите и училиштата, вклучувајќи ги и:

Amway, Apple Computers, Compaq, Dell Computers,


Goodyear, Hewlett - Packard, IBM, Kodak, Nestle, Pepsi,
Proctor & Gamble, Shell, Time Warner, Texaco, Xerox.

И најдобрите планови
на глувците и на луѓето
често се изјаловуваат

Роберт Барнс
(1759-1796)

Животот не е широк, рамен тунел без


пречки низ кој патуваме непречено, туку е
лавиринт преполн со патеки, низ кои
мораме да се пробиваме, загубени и збунети,
секој момент соочени со ќор-сокак.
Но, ако имаме верба, вратата секогаш ќе се
отвора пред нас - иако не онаа што сме ја
замислиле, туку онаа што на крајот ќе биде
најдобра за нас.

Кронин
(1896-1981)

2
Koj go zdipli moeto sirewe?

КОЈ ГО ЗДИПЛИ МОЕТО СИРЕЊЕ?

„Одвреме навреме ќе се појави книга што ја отвора вратата на иднината. Оваа книга
имаше такво влијание врз мене.‖
Дејвид Е. Хинен, член на Управниот одбор на
PETER F. DRUCKER MANAGEMENT CENTER

„Штом завршив со читањето на оваа книга, нарачав уште неколку примероци, да ни


помогнат со излегување на крај со суровите промени со кои се соочуваме - од работата во
тимови, чии членови постојано се менуваат, до развивање на нови пазари.‖
Џоан Бенкс, специјалист за ефективноста на
резултатот при WHIRLPOOL CORPORATION

„Можам да се замислам себе како им ја читам оваа прекрасна приказна на децата и


внуците во нашата дневна соба покрај пламенот на пријатниот оган и да ги гледам како ја
сфаќаат пораката.‖
полковник Вејн Вошер,
АЕРОНАУТИЧКИ НАУЧЕН ЦЕНТАР,
воена база Патерсон

„Прекрасните ликови и јазикот на д-р Џонсон ни даваат фундаментално смислен и


незаборавен начин на излегување на крај со промените.‖
Алберт Џ. Сајмон, претседател на
ТЕХНОЛОШКИОТ ИНСТИТУТ ВО РОЧЕСТЕР

„Единствените размислувања и нарацијата на Спенсер Џонсон прават оваа драгоцена


книга брзо да ја чита и да ја разбере секој што сака да успее во овие променливи времиња.‖
Ренди Херис, поранешен потпретседател на
MERRILL LUNCH INTERNATIONAL

„Оваа книга е едноставна, разбирлива мапа која треба да ја користиме додека се


бориме со нашите лични околности во врска со промените.‖
Мајкл Морли, потпретседател на
EASTMAN KODAK

„Оваа прекрасна книга е драгоцена работа за кое било лице или група која ќе реши да
ги примени научените лекции.‖
Џон Е. Лопијано, потпретседател на
XEROX CORPORATION

3
Koj go zdipli moeto sirewe?

ДЕЛОВИ ОД СИТЕ НАС

Едноставно и комплексно

Четирите измислени ликови опишани во оваа


приказна - глувците Душкало и Брзи и
човечињата: Туцко и Муцко, би требало да
претставуваат едноставни и комплексни делови
од самите нас, без обѕир на возраста, полот,
расата и националноста.

Понекогаш се однесуваме како


Душкало
Кој на време ги намирисува промените, или како
Брзи
Кој ита во акција или
Туцко
Кој одбива да го признае постоењето на
промените зашто се плаши дека тие ќе го
одведат во нешто полошо, или
Муцко
Кој на време сфаќа дека треба да се приспособи
кога ќе увиди дека промените водат кон нешто
подобро.

Сите ние имаме нешто заедничко без обѕир на


тоа кои делови од себе решаваме да ги
исфрлиме на преден план, а тоа е потребата да
го пронајдеме вистинскиот пат низ лавирнитот и
успешно да поминеме низ времето на
промените.

4
Koj go zdipli moeto sirewe?

ЗАТКУЛИСНА ПРИКАЗНА

Восхитен сум од улогата на нараторот за заткулисната приказна за книгата Кој го


здипли моето сирење? зашто тоа значи дека книгата е веќе напишана и дека сите ние сега
можеме да ја читаме, да уживаме во неа и да ја делиме со другите.
Желно го очекував овој момент откако, пред многу години, уште пред да ја напишеме
заедно книгата Менаџер за една минута, првпат чув како ја раскажува Спенсер Џонсон
својата феноменална приказна за Сирењето. Се сеќавам дека помислив колку е таа приказна
одлична и дека во иднина ќе ми биде од голема помош.
Кој го здипли моето сирење? е приказна за промените што се случуваат во Лавиринтот
во кој четири забавни ликови го бараат сирењето - сирењето во овој случај е метафора за она
што сакаме од животот, без обѕир на тоа дали е во прашање работата, врската, парите, голема
куќа, слобода, здравје, слава, духовен мир, или дури некоја активност како што се џогингот и
голфот.
Секој од нас има своја претстава за тоа што е сирење, а кон него се стремиме оти
веруваме дека нас не прави среќни. Ако го добиеме, често цврсто се врзуваме за него. А кога
ќе го загубиме, или ако ни го земат, понекогаш доживуваме трауми.
„Лавиринтот‖ во приказната претставува место во кое во животот го барате она што го
сакате. Тоа може да биде организацијата во која работите, општеството во кое живеете, или
врските што постојат во вашиот живот.
На моите предавања ширум светот ја раскажувам приказнава за сирењето што е пред
вас и подоцна луѓето често ми се јавуваат да ми кажат колку многу им значела.
Верувале или не, оваа мала приказна спаси многу кариери, бракови н животи!
Еден од многуте примери од стварниот живот е Чарли Џоунс, почитуван ТВ-новинар
од телевизијата NBC, кој јавно изјави дека приказната Кој го здипли моето сирење? му ја
спасила кариерата. Неговата професија е прилично единствена, но принципите кои ги научил
се општо применливи.
Еве што се случи: Чарли вредно работел и тукушто завршил со одличниот пренос на
случувањата од атлетските патеки на изминатите Олимписки игри, многу се изненадил и
вознемирил кога шефот му соопштил дека е префрлен во екипата за пренос на пливачките
случувања на следната Олимпијада.
Бидејќи тие спортови не ги познавал многу добро, бил мошне фрустриран. Сметал
дека не го ценат доволно и се налутил. Рекол како чувстува дека тоа не е фер! Неговиот бес
почнал да влијае врз сé што работел.
Тогаш ја слушнал приказната Кој го здипли моето сирење?
Потоа се смеел самиот на себеси и го променил ставот. Сфатил дека шефот токму му
го ―здиплил сирењето‖. И тогаш се приспособил. Научил сé за уште два нови спорта, а во тој
процес сфатил дека занимавањето со новата работа го подмладува.
По кратко време, шефот го забележал новиот став и енергија на Чарли, па наскоро тој
почнал да добива подобри работи. Постигнал многу поголеми успеси отколку дотогаш и
подоцна бил ставен во Холот на славните во професионалниот фудбал – во Улицата на
спортските новинари.
Тоа е само една од многуте приказни од животот што сум ја чул, која зборува за тоа
колкаво влијание има оваа приказна врз луѓето - почнувајќи од нивниот деловен па сé до
љубовниот живот.
Јас толку верувам во моќта на приказната Кој го здипли моето сирење? Што му
подарив по примерок на секој вработен во нашата фирма. Зошто?

5
Koj go zdipli moeto sirewe?

Затоа што Кен Бленчард компанијата, како и секоја компанија која сака да опстане во
иднина и да продолжи да биде успешна, постојано се менува. Таа постојано го здиплува
нашето „Сирење‖. Иако во минатото сакавме лојално вработени, денес ни се потребни
флексибилни луѓе кои не се посесивни по прашањето за „начинот на кој овде работиме‖.
Па сепак, како што знаете, да се живее во вода која е постојано матна, во која
постојано нешто се менува, дали на работата, или во животот, може да биде мошне стресна,
ако луѓето не гледаат на промените на начин кој им овозможува да ги сфатат. Е, овде на
сцената стапува приказната за ―сирењето‖.
Кога им раскажував на луѓето за Кој го здипли моето сирење? па и тие подоцна откако
ќе ја прочитаа, можеше едноставно да се почувствува отпуштањето на негативната енергија.
Луѓето од разни одделенија доаѓаа кај мене да ми се заблагодарат за книгата и да ми кажуваат
колку веќе им помогнала, зашто успеале да ги согледаат промените, кои се случуваат во
нашата фирма, во поинаква светлина. Верувајте ми, иако оваа кратка приказничка бара малку
време за читање, нејзиното влијание може да биде многу длабоко.
Додека ги свртувате страниците. ќе откриете дека книгата има три дела. Во првиот,
Собир во Чикаго, поранешни пријатели од класот зборуваат на прославата на годишнината од
матурата за излегувањето на крај со промените што им се случуваат во животот. Вториот дел
е самата приказна Кој го здипли моето сирење? која претставува срцевина на оваа книга.
Во самата приказна ќе видите дека двете глувчиња подобро излегуваат на крај со
промените поради тоа што ги упростуваат работите, додека комплексните мозочиња и
човечките емоции кај двете мали човечиња ги комплицираат. Не е работата дека глувчињата
се попаметни. Сите знаеме дека луѓето се попаметни од глувците.
Меѓутоа, додека посматрате што работат овие четири суштества ќе сфатите дека и
глувците и човечињата претставуваат дел од нас самите - прости и комплексни - ќе увидите
дека нам само би ни користело да работиме едноставни работи кои секогаш палат тогаш кога
се менуваат работите.
Во третиот дел, во Разговорот, пријателите расправаат што значела приказната за
секој од нив поодделно и како ќе ја искористат во својот живот.
Некои читатели, од прва рака, на ракописов решија да прекинат, завршувајќи ја
приказнава, за да го интерпретираат самите нејзиното значсње. Останатите уживале читајќи
го Разговорот што следи, затоа што ги охрабрил на размислување за тоа како тие би можеле
да го применат во животот она што го научиле.
Во секој случај, се надевам дека секогаш кога ќе ја читате Кој го здипли моето
сирење? ќе пронајдете нешто ново и корисно како мене и дека вам приказната ќе ви помогне
да излезете накрај со промените и да постигнете успех, како и да го замислувате.
Се надевам дека ќе уживате во ова што е пред вас и ви посакувам сé најдобро. Не
заборавајте: одете по сирењето!

Кен Бленчард,
Сан Диего,
Калифорнија

6
Koj go zdipli moeto sirewe?

Собир во Чикаго

Една сончева недела, неколку некогашни добри другари од класот, се собраа на ручек
во Чикаго, откако претходната вечер беа на прослава на годишнината од матурата. Сакаа да
слушнат нешто повеќе за своите животи. По многу шеги и добри јадења, се задлабочија во
интересен разговор.
Една од најпопуларните ученички во класот, Ангела, рече: „Животот се покажа многу
поинаков отколку што во средното училиште мислев дека ќе биде. Многу од тоа се
променило.‖
―Токму така,‖ рече Нејтан. Сите знаеја дека тој ја презел семејната работа, што
останала речиси иста и била дел од тој град откога знаат за себе. Поради тоа, сите беа
изненадени кога им се стори дека е загрижен. Нејтан праша: „А зар не сте забележале како
сите ние не сакаме да се менуваме, иако работите околу нас се меиуваат?‖
Карлос рече: „Мислам дека се противставуваме на промените затоа што им се
плашиме.‖
„Карлос, ти беше капитен на фудбалската eкипа,‖ рече Џесика. „Не би ми паднало ни
на крај памет дека тебе ќете слушнам да зборуваш за страв!‖
Се насмеаја зашто сфатија дека сите поминуваат низ исти работи, без обѕир на тоа што
се разотишле во различни правци - од вршење на домашни работи до управување со
претпријатија.
Сите се трудеа да излезат накрај со неочеку-ваните промени кои им се случувале
последните години. Исто така, поголемиот дел од нив признаа дека не знаат како да се
справат со тоа.
Мајкл тогаш рече: „И јас некогаш сум се плашел од промените. Кога големите
промени беа најавени на мојата работа, не знаевме што да правиме. Не се приспособивме и за
малку ќе пропадневме.‖
„Т.е.,‖ продолжи тој, „за малку ќе пропадневме ако јас не слушнев една занимлива
приказна која промени се.‖
„Како тоа?‖ праша Нејтан.
„Па, приказната го измени мојот агол на гледање на промените - од песимистички во
оптимистички - и ми покажа како да сс пресметам со тоа. Потоа, сé се промени брзо - и во
работата и во приватниот живот.‖
„Прво ме нервираше очигледната едноставност на приказната - звучеше како нешто
што ни даваа да читаме в училиште.‖
„Тогаш сфатив дека всушност самиот себе се нервирам, зашто не го сфаќам
очигледното и не работам сигурни нешта кои секогаш успеваат кога работите почнуваат да се
менуват.‖
„Кога сфатив дека четирите ликови во приказната претставуваат различни делови на
мојата личност, решив на кој лик сакам да се угледам и се променив.‖
„Подоцна им ја пратив истата приказна на некои луѓе во мојата фирма, а тие ја
проследија понатаму и наскоро нам ни тргна многу подобро зашто поголемиот дел од нас
подобро се приспособи на промените. А многу луѓе ми рекоа дека таа, како и на мене, им
помогнала во приватниот живот.‖
„Меѓутоа, имаше тука и неколку луѓе кои ми рекоа како ништо не извлекле од таа
приказна. Некои веќе таа лекција ја научиле и живееја подобро, а другите мислеа дека знаат
сé најдобро и не сакаа што било да научат. Не им беше јасно поради што таа толку им значи
на миогу луѓе.‖

7
Koj go zdipli moeto sirewe?

„Кога еден од нашите директори, кој тешко се приспособуваше, рече дека таа
приказна е губење на време, другите го исмејуваа - му зборуваа дека препознаваат на кој лик
од приказната личи - мислеа на оној кој ништо не научи н не се промени.‖
„Каква е таа приказна?‖ праша Ангела.
„Се вика Кој го здипли моето сирење? ―
Сите се насмеаја. „Мислам дека веќе ми се допаѓа,‖ рече Карлос. „Сакаш ли да ни ја
раскажеш? Можеби и нам ќе ни значи.‖
„Важи,‖ одговори Мајкл. „Со задоволство - не трае долго.‖ И така почна:

Некогаш одамна, во една далечна земја, живееја четири суштества кои трчаа низ
Лавиринтот во потрага по сирењето од кое живееја и кое ги правеше среќни.
Две беа глувчиња и се викаа Душкало и Брзи, а двајца беа човечиња - мали суштества
со големина на глушец, но со лик и дело мошне налик на денешните луѓе. Се викаа Туцко и
Муцко.
Бидејќи се толку мали, лесно ќе биде да не се забележи што работеле тие четворица.
Но да се потрудевте, ќе откриевте неверојатни работи!
Глувците и човечињата го поминуваа секој ден во лавиринтот и го бараа секој своето
специјално сирење.
Глувците, Душкало и Брзи, со мали глодачки мозоци, но со силни инстинкти, го бараа
тврдото сирење, кое како и сите глувци сакаа да го грицкаат.
Двете човечиња, Туцко и Муцко, ги користеа своите мозоци преполни разни
убедувања и емоции, за да пронајдат сосем поинакво Сирење - сирење со големо С - зашто
веруваа дека со него ќе станат среќни и успешни.
Иако глувците и човечињата беа наполно различни, сепак имаа нешто заедничко:
секое утро, облекуваа тренерки и обуваа патики, заминуваа од своите куќички и јуреа во
лавиринтот да го бараат своето омилено сирење.
Лавиринтот беше преполн со испреплетени ходници и соби, а во некои од нив се
криеше вкусното сирење. Но во него, исто така, имаше и мрачни катчиња и ќор-сокаци кои не
водеа никаде. На такво место беше лесно да се загубиш.
Меѓутоа, за оние кои би успеале да се снајдат, Лавиринтот криеше тајни кои
овозможуваат подобар живот.
Глувците Душкало и Брзи, го користеа едноставниот метод за пронаоѓање на сирење:
пробај-па-што-ќе-биде-нека-биде. Трчаа низ ходникот, па кога ќе откриеја дека е празен, ќе се
вратеа и ќе трчаа по некој друг. Паметеа во кои ходници нема сирење и бргу наоѓаа нови
области.
Душкало можеше да ја надушка областа, а и правецот каде што се наоѓа сирењето;
имаше одличен осет, и брзо јуреше во тој правец. Се губеа, тоа ви е јасно, талкаа во погрешни
правци и често наидуваа на ѕидишта. Но по извесно време пак ќе се најдеа на вистинскиот
пат.

8
Koj go zdipli moeto sirewe?

Како и глувците, двете човечиња, Туцко и Муцко, ја користеа својата интелигенција и


учеа од искуството. Меѓутоа, тие се потпираа врз своите мозоци и развиваа малку
порафинирани методи за пронаоѓање на сирењето.
Понекогаш им одеше добро, но во некои случаи моќните човечки убедувања и емоции
им го преплавуваа и замаглуваа погледот кон светот. Поради тоа, за нив животот во
Лавиринтот беше покомлициран и потежок.
Без оглед на тоа, Душкало, Брзи, Туцко и Муцко го наоѓаа тоа што го бараа, секој на
свој начин. Еден ден, сите четворица го пронајдоа своето омилено сирење на крајот од еден
ходник во Складот за сирење А.
Потоа и глувците и човечињата секое утро ја облакаа својата опрема за трчање и се
движеа во Складиштето за сирење А. Наскоро секој од нив стекна свои навики.
Душкало и Брзи продолжија да стануваат рано и секое утро трчаа низ Лавиринтот,
секогаш по истиот пат.
Кога ќе стигнеа на целта, глувците ќе ги собуеја патиките, ќе ги врзеа со врвките и си
ги забесуваа околу вратот - за да им бидат при рака во случај ако им притребаат повторно.
Потоа уживаа во сирењето.
Во почетокот, Туцко и Муцко секое утро јуреа до Складиштето за сирење А за да
уживаат но вкусните залакчиња сирење што таму ги чекаа само нив.
Но по извесно време, човечињата се променија и стекнаа сосем поинакви навики.
Со секој ден Туцко и Муцко се будеа малку подоцна, се облекуваа малку побавно и
шетаа до Складиштето за сирење А. Надокрај, знаеја каде е Сирењето и како да стигнат до
него.
Немаа поим од каде тоа Сирење се создало, ни кој го ставил таму. Едноставно,
претпоставуваа дека засекогаш ќе биде таму.
Штом Туцко и Муцко ќе стигнеа во Складиштето за сирење А, веднаш се сместуваа
удобно. Ги обесуваа своите тренерки, ги собуваа патиките и обуваа влечки. Станаа мошне
олабавени, сега откако го пронајдоа Сирењето.
„Ова е сјајно,‖ рече Туцко. „Овде има доволно Сирење за да ни трае засекогаш.‖
Човечињата сс чувствуваа среќно и успешно и мислеа дска сега се сигурни.
Не помина долго време, а Туцко и Муцко почнаа да го именуваат Сирењето што го
пронајдоа во Складиштето за сирење А: нашето Сирење.
Тоа Складиште за сирење беше толку големо што по извесно време се преселија од
својата куќа малку поблиску и околу нсго го изградија својот друштвен живот.
За да им биде поудобно, Туцко и Муцко ги украсија ѕидовите со пословици и цртаа
слики на Сирењето околу нив, а тие слики им создаваа среќа. На една пишуваше:

Сирењето те прави среќен

Понекогаш Туцко и Муцко доведуваа пријатели да им го покажат своето купиште


Сирење во Складиштето за сирење А и го покажуваа со гордост, со овие зборови, „Што
велите, не е лошо ова Сирење, а?‖ Понекогаш го делеа со пријателите, а понекогаш не.
„Ние го заслужувамс ова Сирење,‖ речеТуцко. „Баш се изнамачивме за да го
проиајдеме.‖ Туцко подигна убаво, свежо парче и го изеде.
Туцко потоа заспа како и обично.
Човечињата секоја вечер се тетеравеа накај дома, сити и пресити, а секое утро
самоуверено се враќаа по уште Сирење.
Тоа траеше прилично долго.
Самоувереноста на Туцко и Муцко по извесно време се претвори во дрскост што доаѓа
со успехот. Наскоро им стана толку удобно што не ни забележаа што се случува.

9
Koj go zdipli moeto sirewe?

За тоа време Душкало и Брзи продолжија по старо. Доаѓаа секое утро, душкаа, гребеа
и трчкаа околу по Складиштето за сирсње А, истражувајќи ја областа за да видат дали има
некои промени. Потоа ќе седнеа да го грицкаат своето омилено сирење.
Едно утро стигнаа во Складишето и открија дека веќе нема сирење.
Не се изненадија. Бидејќи Душкало и Брзи неќе забележаа дека резервите од сирење
секој ден се повеќе се намалуваат, беа подготвени на тоа и инстинктивно знаеја што треба да
прават.
Се погледнаа, ги зедоа патиките што ги имаа врзано и ставено на вратот, ги обуја и ги
врзаа врвците.
Глувците не претеруваа со анализа на работите.
За нив и проблемите и решавањето на проблемите беа прости. Ситуацијата во
Складиштето за сирење А се промени. Поради тоа и Душкало и Брзи решија да се изменат.
Обајцата ѕирнаа надвор во лавиринтот. Потоа Душкало ја подигна муцунката,
продушка и му климна на Брзи, кој се залета во лавиринтот. Душкало го следеше најбрзо што
можеше.
Бргу тргнаа храбро во потрага по Ново Сирење.
Малку подоцна, истиот ден, во Складиштето за сирење А стигнаа и Туцко и Муцко.
Тие не обрнуваа внимание на малите промени што се случуваа секој ден - го прифатија
Сирењето здраво за готово.
Тие двајцата не беа подготвени за она што ќе го пронајдат.
„Што? Нема Сирење?‖ урликаше Туцко. Продолжи да вреска: „Нема Сирење? Нема
Сирење?‖ божсм иској ќс го врати сирењето на место ако достатно гласно урлика тој.
„Кој го здипли моето сирење?‖ викаше Туцко.
На крајот, ги стави рацете на колковите, лицето му поцрвене и заурлика со сета сила,
„Не е фер!‖
Муцко само вчудовидено одмавнуваше со главата. И тој, исто така, сметаше на тоа
дека во Складиштето за сирење А секогаш ќе има сирење. Стоеше таму доста долго вкочанет
од шокот. Едноставно не беше подготвен за сето тоа.
Туцко нешто урликаше, ама Муцко не сакаше да слуша. Не сакаше да се соочи со сето
тоа, па едноставно се исклучи.
Однесувањето на човечињата не бсше ни претерано убаво, ни продуктивно, но секако
можеме да го разбереме.
Не им беше лесно да пронајдат Сирење, а на човечнњата тоа им значеше многу повеќе
од сскојдневното насушно сирење.
Пронаоѓањето на Сирењето за човечињата значеше добивка на она за што мислеа дека
им е потребно за да бидат среќни. Секој од нив имаше своја претстава за тоа што му значи
Сирењето, во зависност од вкусот.
За некои пронаоѓањето на Сирењето значеше добивка на материјални нешта. За други
тоа беше доброто здравје и душевниот мир.
За Муцко Сирењето претставуваше чувство на сигурност, хармонично семејство и
удобна куќичка на улицата Кашкавал.
За Туцко тоа Сирење претставуваше унапредување во Газда на Сирењето што е
надреден над сите и голема куќа на брдото Горгонзола.
Двете човечиња долго се обидуваа да одлучат што да прават понатаму поради тоа што
Сирењето им беше толку важно. Се што успеаја да смислат беше уште малку да подушкаат
по Сирењарницата В - се обидуваа да се уверат дека Сирење навистина нема.
Додека Душкало и Брзи трчкаа напред, Туцко и Муцко тапкаа в место.
Тие ѕвечкаа и беснееја поради нанесената неправда. Муцко падна во депресија. Што
би се случило кога и утредента тука ќе нема Сирење? Веќе скова планови за иднината врз
основа на таа резерва.
Човечињата едноставио нс можеа да веруваат. Никој не ги предупреди. Тоа не беше в
ред. Не може тоа така.

10
Koj go zdipli moeto sirewe?

Туцко и Муцко таа ноќ отидоа дома гладни и обесхрабрени. А пред да заминат, Муцко
напиша на ѕидот:

Колку Сирењето ти значи повеќе, толку повеќе го посакуваш.

Туцко и Муцко утредента ги напуштија своите домови, повторно се вратија во


Складиштето за сирење А, бидејќи и понатаму очекуваа дека во него ќе го затекнат своето
Сирење.
Ситуацијата остана непроменета: Таму веќе немаше Сирење. Човечињата не знаеја
што да прават. Туцко и Муцко само стоеја, неподвижни како два кипа.
Муцко ги затвори очите најцврсто што можеше и ги стави рацете преку ушите.
Сакаше да побегне од сé. Не сакаше да си признае самиот на себеси дека резервите од сирење
секој ден се намалуваа. Просто веруваше дека некој ненадејно го здиплил.
Туцко одново ја анализираше ситуацијата и на крајот главниот збор го зеде неговиот
комплициран мозок со огромен систем на убедување. „Поради што ми го направија ова?‖
зборуваше бесно. „Всушност, што се случува овде?‖
Муцко конечно ги отвори очите и рече: „Патем речено - а каде се Душкало и Брзи?
Можеби тие знаат нешто повеќе за ова?‖
Туцко со презир промрмори: „Ама што знаат тие?‖
Тој продолжи: „Тоа се само обични глувци. Тие само реагираат на она што им е
дадено. Ние сме човечиња. Ние сме попаметни од глувците. Би требало да откриеме во што е
работата.‖
„Знам дека сме ние попаметни,‖ рече Муцко, „но ми се чини дека во овој момент не се
однесуваме баш така. Работите се менуваат, Туцко. Можеби и ние треба да се промениме и да
почнеме да ги работиме нештата поинаку.‖
„Зошто би се менувале?‖ праша Туцко. „Ние сме човечиња. Ние сме нешто посебно.
Вакви работи не би требало да ни се случуваат нам. А дури и да се случат, би требало ние да
имаме некои олесненија.‖
„Зошто ние би имале олесненија?‖ праша Муцко.
„Затоа што имаме право на тоа,‖ тврдеше Туцко.
„На што имаме право?‖ Муцко сакаше да знае.
„Имаме право на нашето Сирење.‖
„Поради што?‖ праша Муцко. „Затоа што не сме ние виновни за ова што се случи,‖
рече Туцко. „Ова го направи некој друг и ние би требало да имаме некоја корист од сето тоа.‖
Муцко предлагаше: „Можеби просто би требало да престанеме толку да ја
анализираме ситуацијата и да тргнеме во потрага за Ново Сирење.‖
„А, не,‖ контрираше Туцко. „Не заминувам одовде додека не откријам што се
случило.‖
Додека Туцко и Муцко се обидуваа да одлучат што да работат, Душкало и Брзи веќе
прилично се оддалечија. Отидоа подлабоко во лавиринтот, по долгите ходници и бараа
сирење во секое Складиште на кое што наидуваа.
Не мислеа на ништо друго освен на пронаоѓањето на Ново Сирење.
Подолго време не наоѓаа ништо, додека конечно не дојдоа до областа на лавиринтот
во која никогаш порано не биле: Складиште за сирење Н.
Душкало и Брзи зацрцаа од восхит. Го пронајдоа тоа што го бараа: огромно
количество на Ново Сирење.
Не можеа да им веруваат на своите очи. Тоа беше најголемо Складиште за сирење што
кога и да е го виделе глувците.

11
Koj go zdipli moeto sirewe?

Туцко и Муцко во меѓувреме сé уште седеа во Складиштето за сирење А и ја


проценуваа својата положба. Сега веќе трпеа поради недостигот од сирење. Станаа лути и
фрустрирани и се обвинуваа еден со друг поради ситуацијата во која се најдоа.
Муцко повремено ќе помислеше на своите пријатели глувци, Душкало и Брзи, и се
прашуваше дали веќе пронашле Сирење. Размислуваше како веројатно не им е лесно, бидејќи
трчањето низ лавиринтот е прилично несигурна работа. Но тој исто така знаеше дека тоа трае
само извесно време.
Понекогаш Муцко ги замислуваше Душкало и Брзи како наоѓаат Ново Сирење и
уживаат во него. Ќе помислеше колку би му годела авантурата во Лавиринтот, како и
резервите од Ново Сирење. Речиси можеше да му го почувствува вкусот.
Колку појасно Муцко ја гледаше својата слика како го пронаоѓа и ужива во новото
Сирење, често размислуваше за заминувањето од Складиштето за сирење А.
„Ајде!‖ викна тој одненадеж.
„Не,‖ реагираше брзо Туцко. „Овде ми се допаѓа. Удобно ми е. Овде знам сé. Освен
тоа,таму надвор с опасно.‖
„Не, не е,‖ се спротивстави Муцко. „И порано трчавме низ многу делови на
лавиринтот, па можеме и сега.‖
„Престар сум за тоа,‖ рече Туцко. „И се плашам дека воопшто не ме интересира да
талкам наоколу, да се губам и да правам идиот од себеси. А ти?‖
Потоа стравот на Муцко од пораз повторно се пробуди и надежта за пронаоѓањето на
Ново Сирење избледна.
Така што човечињата секој ден го работеа истото тоа како порано. Одеа во
Складиштето за сирење А, таму седеа и се враќаа со свежи грижи и фрустрации наместо со
сирење.
Се обидоа да се прават дека не се случило ништо, но се полошо и полошо спиеја,
следниот ден имаа помалку енергија и стануваа мошне нервозни.
Нивните домови веќе не беа среќни гнезда како порано. Човечињата спиеја тешко и
имаа ноќни мори во кои не пронаоѓаа Сирење.
А сепак Туцко и Муцко секој ден се враќаа во Складиштето за сирење А и чекаа таму
секој ден.
Туцко рече: „Знаеш, кога само би работеле повредно можеби ќе откриеме дека
работите не се промениле толку многу. Сирењето мора да е тука некаде близу. Можеби
едноставно го скриле овде, зад ѕидот.‖
Туцко и Муцко следниот ден со себе го понесоа алатот. Туцко го држеше длетото, а
Муцко лупаше со чеканчето додека не пробија дупка во ѕидот на Складиштето за сирење В.
Ѕирнаа внатре, ама таму немаше Сирење.
Се разочараа, но и понатаму веруваа дека можат да го решат проблемот. Почнуваа
порано, остануваа подолго и работеа повредно. Но по извесно време добија само голема
дупка во ѕидот.
Муцко почна да ја согледува разликата меѓу активноста и продуктивноста.
„Можеби,‖ почна Туцко, „би требало да седиме овде и да видиме што ќе се случи.
Порано или подоцна, ќе ни го вратат Сирењето.‖
Муцко сакаше да верува во тоа, па секој ден одеше дома да се одмори и се враќаше
неволно со Туцко во Складиштето за сирење А. Но Сирење немаше ни од плевел.
Човечињата дотогаш веќе беа истоштени од глад и стрес. На Муцко му здодеа да чека
подобри денови. Почна да увидува дека ќе им биде се полошо, колку подолго ќе бидат без
Сирење.
Муцко сфати дека одат во погрешен правец.
Конечно, еден ден Муцко почна да се смее на своја смстка. „Ха,ха, гледај нé нас. Само
се вртиме во круг, а се прашуваме зошто работите не одат на подобро. Сето тоа да не беше
толку бесмислсио, би било уште посмешно.‖

12
Koj go zdipli moeto sirewe?

На Муцко не му се допадна идејата за враќање во Лавиринтот, зашто знаеше дека ќе се


загуби и дека нема поим каде би можел да пронајде сирење. Но мораше да се насмевне на
својата глупост кога сфати колку стравот го промени.
Го праша Туцко, „Каде ги ставивме нашите патики?‖ Долго ги бараше зашто сета
опрема ја тргнаа настрана откако го пронајдоа сирењето во Складиштето за сирење А -
мислеа дека повеќе нема да им биде потребна.
Кога Туцко виде како Муцко ги обува патиките, рече: „Бездруго нема да излезеш во
Лавиринтот? Зошто едноставно не останеш овде, со мене, додека не ни го вратат Сирењето?‖
„Затоа што ти не разбираш ништо,‖ рече Муцко. „Ни јас не сакав да разберам, но сега
сфаќам дека нам нема никогаш да ни го вратат. Време е да побараме Ново Сирење.‖
Туцко се противстави, „Но што ако таму надвор нема веќе Сирење? Или ако го има,
што ако не го пронајдеш‖
„Не знам‖ рече Муцко. Тоа прашање и самиот си го постави повеќе пати и секојпат
одново ги почувствува сите стравови што го задржуваа тука, на истото место.
Се прашуваше: „Каде е поверојатно дека ќе пронајдам Сирење - овде, или во
Лавиринтот?
Во главата наслика слика. Се гледаше себеси како оди во лавиринтот со насмевка на
лицето.
Иако оваа слика го изненади, исто така и го охрабри. Гледаше како секој миг се губи
во лавиринтот, но чувствуваше дека на крајот ќе пронајде Ново Сирење некаде таму, како и
сите оиие добри работи што го придружуваат. Собра сили.
Тогаш ја искористи својата фантазија и во главата ја наслика најуверливата можна
слика - со сите реалистични детали - себе како го пронаоѓа и ужива во вкусот на Новото
Сирење.
Се гледаше како го јаде дупчестото швајцарско сирсње, светлопортокаловиот чедар,
италијанската моцарела и преубавиот мек француски камамбер и...
Тогаш Туцко нешто рече, па Муцко сфати дека е се уште во Складиштето за сирење А.
Муцко рече: „Понекогаш, Туцко, работите се менуваат, така што никогаш не се
враќаат по старо. Ова ми изглсда така. Тоа е животот! Сé се менува, па мораме и ние.‖
Муцко го погледна својот ослабен другар и се обиде да го вразуми, но стравот на
Туцко се претвори во лутина, па не сакаше да го слуша.
Муцко не сакаше да биде груб, но мораше да се насмее на нивната заедничка глупост.
Муцко веднаш се почувствува поживо, додека се подготвуваше за одење и сфати дека
конечно може да се смее самиот на себеси, да се олабави и да тргне понатаму.
Муцко се насмевна и најави: „Време е за ЛАВИРИНТОТ!‖
Туцко остана намуртен и не рече ништо.
Муцко поткрена едно мало остро камче и напиша па ѕидот сериозна мисла за Туцко.
Како и секогаш, Муцко дури нацрта и цртеж на сирење околу напишаното со надеж дека тоа
ке го натера Туцко да се насмевне, да се развесели и да тргне во потрага за Ново Сирење. Но
Туцко не сакаше да сфати.
Муцко напиша:

Ако не се промениш, ќе згинеш.

Муцко потоа загрижено ѕирна надвор во Лавиринтот. Размислуваше како самиот


себеси се втурна во оваа криза за сирење.
Веруваше дека во Лавиринтот веќе нема Сирење, или дека можеби нема да го
пронајде. Такви стравови го спречуваа и го уништуваа.
Муцко се насмевна. Знаеше дека Туцко се прашува: „Кој го здипли моето Сирење?‖, а
Муцко се прашуваше: „Поради што не тргнав по Сирење порано?‖

13
Koj go zdipli moeto sirewe?

Кога тргна надвор во лавиринтот, Муцко погледна таму од каде што дојде и ја
почувствува сета удобност на тоа место. Чувствуваше како го влече познатата територија -
иако таму подолго време немаше Сирење.
Муцко малку се загрижи и се праша дали навистина сака да отиде во лавиринтот. На
ѕидот пред себе ја напиша пословицата и ја гледаше извесно време:

Што би направил сега кога не би ми било страв?

Размислуваше за тоа.
Знаеше дека стравот повремено може да му биде од корист. Кога се плашиш, работите
може уште повеќе да се влошат доколку нешто не сториш, па така може да те поттикне на
акција. Но не е добро кога толку се плашиш и не си во состојба што било да сториш.
Погледна надесно, во делот на лавиринтот низ кој никогаш не поминал, и почуствува
страв.
Тогаш длабоко вдиша, сврте десно и лесно потрча кон ненознатото.
Додека се обидуваше да го најде вистинскиот пат, Муцко во почетокот се грижеше
дека можеби предолго чекал во Складиштето за сирење А. Долго немаше пробано ниту
трошка Сирење и беше баш обессилен. Поради тоа патот низ Лавиринтот беше подолг и
понапорен од вообичаено. Реши, ако некогаш повторно биде во слична ситуација, порано да
замине од удобната зона и да се приспособи на промените. Така се ќе биде полесно.
Тогаш, Муцко малкуцка се насмевна и помисли:
„Подобро некогаш, отколку никогаш.‖
Во текот на следните неколку денови, Муцко овде-онде ќе најдеше малку Сирење, но
тоа не му траеше долго. Се надеваше дека ќе најде доволно Сирење што ќе може да го однесе
на Туцко и да го охрабри да дојде во Лавиринтот.
Но Муцко се уште не беше доволно самоуверен. Мораше да признае дека Лавиринтот
го збунуваше. Работите, се чини, дека се изменија откога последен пат беше овде.
Штом ќе помислеше дека почнал да напредува, се загубуваше во ходниците. Како да
одеше два чекора напред, а еден назад. Ловот на Сирење беше вистински предизвик, но
мораше да признае дека враќањето во Лавиринтот не беше ни одблизу толку страшен како
што го замислуваше тој.
Како што минуваше времето, Муцко почна да се прашува дали неговата надеж во
пронаоѓањето на Ново Сирење е воопшто реална. Се прашуваше да не загризил поголем
залак отколку што може да изџвака? Тогаш се насмевна, зашто сфати дека во тој момент
воопшто немаше што да џвака.
Штом ќе се обесхрабреше, се потсетуваше самиот себеси дека тоа што го прави тој,
колку и да било непријатно во тој момент, е многу подобро отколку седењето во празното
Складиште за сирење А. Ја презеде контролата над својот живот, наместо да дозволува
работите едноставно да му се случуваат.
Тогаш Муцко почувствува - ако Душкало и Брзи можат да напредуваат, тогаш може и
тој!
Подоцна, кога Муцко се осврнуваше на изминатите денови, сфати дека Сирењето од
Складиштето за сирење А не може тукутака да исчезне преку ноќ, како што веруваше тогаш.
Количеството Сирење се повеќе се смалуваше, а она што останало се расипало. Не беше
вкусно.
Можеби веќе и мувла растеше по Старото Сирење, а тој не ни забележал. Меѓутоа,
мораше да си признае дека веројатно би успеал да сфати што се подготвува ако го сакаше тоа.
Но не.

14
Koj go zdipli moeto sirewe?

Муцко сега сфати дека промената не би го изненадила толку ако целото време
посматраше внимателно што се случува и така да ја предвидеше иднината. Можеби токму тоа
го правеа Душкало и Брзи.
Реши отсега натаму да биде повнимателен. Ќе очекува промени и ќе ги бара. Ќе им
верува иа своите инстинкти и ќе почувствува кога ќе дојде до промени, па така ќе биде
подготвен да се приспособи кон нив.
Застана да се одмори малку и напиша на ѕидот од Лавиринтот:

Често надушувај го Сирењето, затоа што така


ќе дознаеш кога тоа ќе почне да се расипува.

Малку подоцна, откако прилично долго не пронајде Сирење, Муцко конечно наиде на
големо Складиште што ветуваше. Меѓутоа, кога влезе внатре, многу се разочара затоа што
тоа беше празно.
„Пречесто сум го доживувал ова чувство на празнина,‖ помисли тој. Му дојде да се
откаже.
Муцко почна да ја губи силата. Знаеше дека се загубил и се уплаши дека нема да
преживее. Размислуваше за враќање во Складиштето за сирење А. Барем, ако успее да се
врати, таму ќе биде со Туцко. Тогаш повторно се праша: „Што би направил кога не би ми
било страв?‖
Муцко помисли дека го надминал својот страв, но сепак се плашеше многу почесто
отколку тоа сакаше да си го признае самиот на себеси. Не беше секогаш сигурен во тоа од
што се плаши, но во својата слабост знаеше дека едноставно се плаши од осаменоста. Муцко
не беше свесен на фактот дека и сега заостанува поради тоа што се плаши.
Муцко се прашуваше дали Туцко тргнал понатаму или е се уште таму парализиран од
страв. Тогаш Муцко се сети на оние времиња кога се чувствуваше најдобро во лавиринтот.
Тоа беа времиња во кои напредуваше.
За да се потсети и да му послужи на Туцко, ако еден ден реши да го следи, на ѕидот ја
напиша оваа реченица:

Ако тргнеш во неистражен правец,


полесно ќе пронајдеш Ново Сирење.

Муцко погледна низ мрачниот премин, свесен за својот страв. Што ли го чека таму
напред? Дали е сé празно? Или, уште полошо, да не демне некоја опасност? Почна да
размислува на разни застрашувачки работи што можат да му се случат. Смртно се преплаши.
Се насмевна самиот на себеси. Сфати дека стравот само ги влошува работите. Тогаш
го направи она што би го сторил кога не би му било страв. Тргна во неистражен правец.
Додека трчаше низ мрачниот ходник, почна да се смешка. Муцко тоа уште не го
сфаќаше, но го откри тоа што му ја храни душата. Се олабави и веруваше во она што имаше
пред него, иако баш и не знаеше точно што е тоа.
Муцко се изненади кога сфати дека се повеќе и повеќе ужива. „Поради што се
чувствувам толку добро?‖ се прашуваше. „Немам Сирење и не знам каде одам.‖
Набргу сфати зошто.
Застана да го напише ова на ѕидот:

15
Koj go zdipli moeto sirewe?

Кога ќе го надминеш стравот,


ќе почувствуваш дека си слободен.

Муцко сфати дека беше заробеник на својот сопствен страв. Го ослободи патот во
непознатото.
Почувствува благ ветрец кој дуваше во тој дел од Лавиринтот и го освежуваше.
Неколкупати длабоко вдиша воздух и тоа малку го вживи. Штом го надмина стравот, сето тоа
беше многу попријатно отколку што некогаш мислеше дека може да биде.
Муцко многу долго не се чувствувал толку добро. Речиси заборавил колку е забавно
човек да се бори.
За да ги поправи работите уште повеќе, Муцко одново почна да размислува. Се
согледа себеси, со сите детали, како седи среде купиштата свои омилени сирења - од чедар до
бриј! Се виде себеси како ги грицка сите можни сирења што ги сака и му се допадна тоа што
го гледа. Тогаш замисли колку би уживал во сите тие прекрасни сладости.
Колку појасно се гледаше себе како ужива во Новото Сирење, таа слика му стануваше
се пореална и поверојатна. Едноставно, чувствуваше дека наскоро ќе го пронајде.
Тој напиша:

Кога ќе се замислам себеси како јадам Ново Сирење,


таа слика ме води до него.

Муцко постојано размислуваше на тоа што ќе добие, наместо да плаче над она што го
губи.
Се прашуваше поради што отсекогаш размислувал дека промената ќе води кон нешто
полошо. Сега сфати дека промените можат да водат и во нешто добро.
„Поради што не сум го сфатил тоа порано?‖ се прашуваше тој.
Тогаш јурна низ Лавиринтот побрзо и посилно. Набргу здогледа Складиште со сирење
и многу се возбуди кога забележа парчиња Ново Сирење близу до влезот.
Тоа беа некои видови сирења кои порано не ги видел никогаш, но дејствуваа одлично.
Ги проба и беа сладосни. Изеде повеќе парчиња Ново Сирење, а неколку стави в џеб за,
евентуално, подоцна да ги подели со Туцко. Силата почна да му се враќа.
Влезе во Складиштето мошне возбуден. Но за свое очајување откри дека е празно.
Некој овде бил пред него и оставил само неколку парчиња Ново Сирење.
Сфати дека веројатно и тој овде ќе пронајдеше пристојно количество Ново сирење, да
тргнеше порано во потрага.
Муцко реши да се врати и да провери дали Туцко е подготвен да појде со него.
Додека се враќаше по истиот пат назад застана и напиша на ѕидот:

Колку побргу ќе го преболиш Старото Сирење,


побргу ќе го пронајдеш Новото.

По извесно време Муцко стигна до Складиштето за сирење А и го пронајде Туцко. Му


понуди парчиња Ново Сирење, но Туцко ги одби.
Туцко го ценеше гестот на својот пријател, но рече: „Мислам дека тоа Ново Сирење не
би ми се допаднало. Не сум навикнал на тоа. Сакам да ми го вратат моето Сирење и не сакам
да се променам додека не го добијам тоа што го сакам.‖

16
Koj go zdipli moeto sirewe?

Муцко само разочарано одмавна со главата и неволно тргна на пат. Кога се врати до
најдалечната точка што ја истражи во Лавиринтот, сфати дека му недостасува пријателот, но
исто така му беше јасно дека му се допаѓа она што го работи во тој момент. Дури и пред да го
пронајде она за што се надеваше дека ќе биде голема вкусна резерва од Ново Сирење, ако тоа
кога било му појде од рака, тој спозна дека тоа не е единствената работа што го прави среќен.
Беше среќен кога со него не управуваат стравовите. Му се допаѓаше она со што се
занимаваше сега.
По ова спознание, Муцко веќе не ја чувствуваше онаа иста слабост, како во
Складиштето за сирење А без Сирење. Сознанието дека не сака да дозволи стравот да го
спречи и дека оди во нов неистражен правец. Тоа беше доволно да му ја поврати силата и да
го освежи.
Сега чувствуваше дека е само прашање на време кога ќе го пронајде она што му е
потребно. Всушност, се чувствуваше како веќе да го пронашол тоа што го бара.
Се насмевна кога сфати:

Побезбедно е да се талка низ лавиринтот отколку


да останеш таму каде што нема Сирење.

Муцко уште еднаш сфати, како некогаш, дека она од што се плашиш никогаш не е
толку страшно како што го замислуваш ти. Стравот на кој ти ќе му дозволиш да се наталожи
во твојот ум е полош од стварноста.
Тој толку се плашеше дека нема никогаш да го пронајде Новото Сирење што дури и не
сакаше да почне да бара. Но штом тргна на патувањето, во ходниците пронајде доволно
сирење да го одржи во живот. Сега се надеваше дека ќе пронајде нешто повеќе. И самото
барање стана возбудливо.
Неговото резонирање порано беше замаглено со стравови и грижи. Размислуваше за
тоа како нема доволно сирење или барем не толку колку што му треба. Размислуваше повеќе
за тоа што би можело да тргне на лошо, отколку на добро.
Но сето тоа се промени во моментот кога замина од Сирењарницата В.
Порано веруваше дека Сирењето никогаш нема да исчезне и дека промените не чинат.
Сега сфати дека е природно промените непрекинато да се случуваат, без обѕир на тоа
дали ги очекуваш или не. Промените можат да те изненадат само доколку не ги очекуваш.
Кога сфати дека неговите убедувања се променија, застана да напише на ѕидот:

Бајатите убедувања не водат до Ново Сирење.

Муцко се уште не го пронајде Сирењето, но размислуваше за она за што размислуваше


додека трчаше низ лавиринтот.
Сега сфати дека неговите нови убедувања го охрабруваат и новото однесување. Се
однесуваше поинаку отколку тогаш кога непрекинато се враќаше во празното Складиште.
Знаеше дека со промената на убедувањето се променуваат и делата.
Можеш да веруваш дека промената ќе ти наштети и да даваш отпор. А можеш и да
веруваш дека пронаоѓањето на Ново Сирење ќе ти помогне да ја прифатиш.
Се зависи од тоа во што веруваш. Напиша на ѕидот:

Кога ќе сфатиш дека можеш да пронајдеш Ново Сирење


во кое ќе уживаш, го менуваш правецот.

17
Koj go zdipli moeto sirewe?

Муцко знаеше дека сега би бил во многу подобра форма ако на време ги прифатеше
промените и порано го напуштеше Складиштето за сирење А. Ќе беше појак и со телото и со
духот и ќе можеше подобро да излезе накрај со предизвиците на барање Ново Сирење.
Всушност, до сега веројатно и ќе го пронајдеше ако очекуваше промени, наместо што губеше
време порекнувајќи дека нешто се променило.
Повторно ја искористи својата фантазија и, се здогледа себеси како го наоѓа и го
густира Новото Сирење. Одлучи да влезе подлабоко во неистражените делови на Лавиринтот
и овде-онде ќе пронајдеше трошки Сирење. Повторно стекна сила и сигурност во себе.
Кога би се сетил на местото од каде што дошол, на Муцко му беше драго што толку
често оставаше пораки на ѕидовите. Беше убеден дека тие ќе му користат на Туцко како
патокази кои што ќе ги следи низ Лавиринтот, ако кога било одлучи да го напушти
Складиштето за сирење А.
Муцко со сите сили се надеваше дека оди во добар правец. Ја замисли можноста Туцко
да го пронајде Ракописот на Ѕидот и така да тргне по вистинскиот пат.
Напиша на ѕидот за она за што веќе долго време размислуваше:

Ако на време ги забележеш ситните промени,


полесно ќе се приспособиш на крупните кога ќе наидат.

Досега Муцко веќе се ослободи од минатото и се приспособуваше на сегашноста.


Го продолжи своето патешествие низ Лавиринтот побрзо и посилно. По кратко време
успеа.
Кога му се стори дека патува низ Лавиринтот веќе страшно долго, неговиот пат - или
барем дел од неговиот пат - заврши бргу и среќно.
Муцко одеше низ ходник сосем непознат за него, сврте зад аголот и го пронајде
Новото Сирење во Складиштето на сирење Н!
Кога влезе внатре, го вчудовиде она што го здогледа. Насекаде наоколу беа наслагани
најголемите резерви Сирење што ги видел кога и да е. Во почетокот не му беше баш сé
познато зашто овде имаше и некои видови сирења кои никогаш порано не ги видел.
Тогаш на момент се праша да не е тоа можеби сон, додека не се појавија неговите
стари пријатели Душкало и Брзи.
Душкало му климна со глава на Муцко во знак на добредојде, а Брзи му замавта со
шепата. Нивните мали дебели стомачиња оддаваа впечаток дека овде престојувале подолго
време.
Муцко на брзина им се јави и почна да ги грицка своите омилени Сирења. Ги собу
патиките, ги врза врвците и си ги обеси околу вратот во случај ако повторно му затребаат.
Душкало и Брзи се насмевнаа. Климнаа со главите со воодушевување. Тогаш Муцко се
нафрли на Новото Сирење. Кога добро се засити, поткрена парче свежо Сирење и направи
здравица. „Ура за промените!‖
Додека Муцко уживаше во Новото Сирење, размислуваше за она што научил.
Сфатил дека сето време се држел за илузијата на Старото Сирење кое веќе не
постоеше, па поради тоа се плашеше од промените.
Па што тогаш го натера да се промени? Стравот од умирање од глад? Муцко се
насмевна зашто беше сигурен дека тоа прилично му помогна.
Тогаш се насмеа и сфати дека почнал да се менува токму во моментот кога научи да се
смее самиот на себе и на своите грешки. Сфати дека човекот најбргу се менува кога ќе успее
да се смее на сопствената глупост - тогаш може да се олабави и да тргне понатаму. Беше
свесен дека научил нешто корисно од продолжувањето понатаму од своите пријатели глувци,
Душкало и Брзи. Тие се трудеа животот да им биде едноставен. Не анализираа претерано, не

18
Koj go zdipli moeto sirewe?

ги комплицираа работите. Кога ситуацијата се промепи и веќе немашс Сирење, тие се


променија и тргнаа по него. На тоа ќе се сеќава секогаш.
Муцко исто така го искористи својот мозок за она што човечињата го работат подобро
од глувците.
Се замислуваше себеси - до најситните подробности - како пронаоѓа нешто подобро -
многу подобро.
Размислуваше за грешките што ги направил во минатото и ги искористи за да ја
испланира иднината. Сега знаеше дека излсгуваљето накрај со промените се учи.
Треба да се биде свесен од потрсбата животот да биде што е можно поедноставен,
треба да се биде флексибилен и побрзо да се реагира.
Не треба премногу да се компликуваат работите и да се збунуваш со стравовите.
Треба да се забележат малите промени на самиот почеток, за да бидете подобро
подготвени за големите кои веќе надоаѓаат.
Знаеше дека треба побрзо да се приспособува, зашто, ако тоа не се направи на време,
може да биде предоцна.
Мораше да признае дека најголемата пречка ма променитс лежи во нас и дека ништо
не се поправа додека и самите не се промениме.
Можеби е најважно спознанието дека секогаш постои некое Ново Сирење таму некаде,
без обѕир на тоа дали си за тоа, во даден момент, свесен или не. И дека го добиваш, како
награда, тогаш кога го надминуваш стравот и почнуваш да уживаш во авантурата.
Знаеше дека стравот понекогаш треба да се почитува, зашто те сопира да не јуриш
безглаво во опасност. Но сфати дека поголемиот дел од псговите стрелушења биле
непромислени и дека го спречувале да се промени кога тоа било потребно.
Меѓутоа, иако тоа порано не му се допаѓаше, промената всушност беше прикриен
благослов, шпгго го одведе до подобро Сирење.
Дури во себеси откри подобра личност.
Додека Муцко се потсетуваше на сето она што го научил, се сети и на својот другар
Туцко.
Се прашуваше дали Туцко кога и да е прочитал некоја од пословиците кои Муцко му
ги напиша на ѕидот на Складиштето за сирење А и на ѕидовите на Лавиринтот.
Дали Туцко некогаш решил да се ослободи од ќората работа и да тргне понатаму?
Дали кога и да е влегол во Лавиринтот и пронашол нешто што би му го подобрило животот?
А можеби Туцко е се уште на истото место, зашто не сака да се промени.
Муцко размислуваше за враќање во Сирењарницата В, да го пронајде Туцко - беше
сигурен дека може лесно да се врати назад. Мислеше, доколку го пронајде, дека би можел да
му покаже на Туцко како да се избави од својата невола. Но Муцко сфати дека веќе се имаше
обидено да го убеди својот пријател да се промени.
Туцко мораше самиот да го пронајде патот на избавувањето од бедната положба и
личните стравови. Никој тоа не може да го направи наместо него, ниту да го наговори на
такво нешто. Тој самиот мора некако да ја сфати добродетелта на промените.
Муцко знаеше дека Туцко би можел да го најде патот по трагата, читајќи го патем
Ракописот на ѕидот.
Отиде и ја напиша на најголемиот ѕид на Складиштето за сирење Н суштината на она
што го научил дотогаш. Нацрта голем цртеж на сирење околу сите тие мудрости и со
насмевка ги посматраше:

19
Koj go zdipli moeto sirewe?

ПРОМЕНИТЕ СЕ СЛУЧУВААТ
Некој постојано го тргнува сирењето

ПРЕДВИДИ ГИ ПРОМЕНИТЕ
Подготви се за исчезнувањето на сирењето

ПОСМАТРАЈ ГИ ПРОМЕНИТЕ
Често мирисај го сирењето за да знаеш кога ќе се збајати

БРГУ ПРИСПОСОБУВАЈ СЕ НА ПРОМЕНИТЕ


Колку побргу ќе го преболиш Старото Сирење, побрзо ќе уживаш во Новото.

ПРОМЕНИ СЕ
Оди по Сирењето

УЖИВАЈ ВО ПРОМЕНИТЕ!
Уживај во авантурата и во вкусот на Новото Сирење!

БИДИ ПОДГОТВЕН ДА СЕ ПРОМЕНИШ БРГУ И ДА УЖИВАШ ВО ТОА


Сирењето постојано исчезнува

20
Koj go zdipli moeto sirewe?

Муцко сфати колку далеку се иставил од оние денови кога со Туцко беше во
Складиштето за сирење А, но знаеше дека лесно може одново да се врати на старото доколку
му стане достатно удобно. Затоа секој ден вршеше инспекција во Складиштето за сирење Н,
за да провери во каква состојба е Сирењето. Ќе иаправи што годе ќе биде потребно да избегне
да го изненадат неочекуваните промени.
Иако Муцко се уште имаше огромна резерва од Сирење, често одеше во лавиринтот и
истражуваше нови области за да биде во тек со настаните околу него. Знаеше дека е
побезбедно да ги согледа реалните можности, отколку да се изолира во својата удобна зона.
Тогаш Муцко чу нешто што му заличи на некое движење во лавиринтот. Кога шумот
се засили, сфати дека некој доаѓа.
Да не е тоа можеби Туцко? Можеби тој е онаму, зад ќошето?
Муцко се помоли и се понадева - како многу пати порано - дека конечно, можеби,
неговиот другар собрал сили да...

Да оди по сирење и да ужива во тоа.

Крај.
Или е тоа нов почеток?

21
Koj go zdipli moeto sirewe?

Расправа
Подоцна, истиот ден

Кога Мајкл ја доврши приказната, погледна околу себе и ги здогледа насмевките на


лицата на своите поранешни школски другари.
Неколкумина му заблагодарија и му рекоа дека многу работи научиле од приказната.
Нејтан ја праша групата: „Што велите подоцна да се собереме да поразговараме за
оваа приказна?‖
Повеќето од нив одговорија дека би сакале да поразговараат за приказната, па се
договорија подоцна да излезат на пијалак пред вечерата.
Таа вечер, во хотелскиот бар, се задеваа еден со друг во врска со пронаоѓањето на
нивното „Сирење‖ и местото во лавиринтот.
Тогаш Ангела добронамерно ја праша групата: „Па, кои сте вие во приказната?
Душкало, Брзи, Туцко или Муцко?‖
Карлос одговори: „Па, токму за тоа размислував денес попладнето. Јасно се сеќавам на
времето пред да тргнам на работа со спортската опрема, тогаш имав една гадна средба со
промените.‖
„Не бев Душкало - не ја намирисав ситуацијата и не ги видов промените што надоаѓаа.
А сигурно не бев ни Брзи - не тргнав веднаш во акција.‖
„Повеќе бев како Туцко, кој сакаше да остане на позната територија. Всушност, не
сакав да се справам со промените. Дури не сакав ни да признаам дека доаѓаат.‖
Мајкл, кој се чувствуваше како воопшто да не поминало толку време откога тој и
Карлос беа блиски пријатели во училиштето, го праша: „За што тоа зборуваш, другар?‖
Карлос рече: „За неочекуваната промена на работата.‖
Мајкл се насмевна. „Да не те отпуштија?‖
„Па, да речеме само дека не сум сакал да одам во потрага по Новото Сирење. Мислев
дека имав добра причина поради која јас не треба да се променам.Така што тогаш баш бев
бесен.‖
Некои од нивните школски другари, кои дотогаш молчеа, се охрабрија и проговорија,
вклучувајќи го и Френк, кој работеше во војската.
„Туцко ме потсетува на еден мој пријател,‖ рече Френк. „Неговото одделение се
затвораше, но тој не сакаше да го сфати тоа. Неговите луѓе беа преместени на други работи.
Се обидувавме да му зборуваме за многу други можности кои постојат во фирмата за оние
што сакаат да се приспособат, но нему не му паѓаше иа памет да се промени. Единствено тој
беше изненаден кога одделението се затвори. Сега има големи проблеми со
приспособувањето кон проблемите за кои мисли дека не требало да се случат.
Џесика рече: „Ни јас не сум мислела дека тоа треба мене да ми се случи, но моето
„Сирење‖ исчезнуваше повеќепати, посебно во мојот приватен живот, но до тоа ќе дојдеме
подоцна.‖
Многу од групата се насмеаја, освен Нејтан.
„Можеби токму во тоа е работата,‖ рече Нејтан. Промените ни се случуваат на сите
нас.‖
Тој додаде: „Би сакал моето семејство порано да ја чуеше оваа приказна за Сирењето.
За жал, ние не сакавме да признаеме дека доаѓа до промени во нашата работа, а сега е веќе
доцна - мораме да затвориме многу продавници.‖
Ова изненади многумина од групата, затоа што мислеа дека Нејтан има среќа што има
сигурна работа врз која може да се потпре, од година до година.

22
Koj go zdipli moeto sirewe?

„Што се случило?‖ се заинтересира Џесика.


„Нашиот синџир од мали продавници одненадеж излезе од мода кога во градот се
изгради огромна мега-стоковна куќа со огромен инвентар и со ниски цени. Едноставно не
можевме да се натпреваруваме со нив.‖
„Сега гледам дека, наместо да бидеме како Душкало и Брзи, бевме како Туцко.
Останавме таму каде и што бевме и не се менувавме. Се обидовме да го игнорираме она што
се случува, та сега сме во невола. Муцко би можел да ни одржи повеќе лекции - зашто ние,
секако, не сме умееле да се смееме на своја сметка и да ги направиме поинакви работите.‖
Лора, сега успешна деловна жена, слушаше ама дотогаш немаше ништо речено. „И јас
размислував за приказната денес попладне,‖ рече таа. „Се прашувам како би можела да бидам
повеќе како Муцко и да сфатам што работам погрешно, па да се насмевнам на своја сметка,
да се изменам и да се поправам.‖
Таа рече: „Баш ме интересира - колку од вас онде се плашат од промените?‖ Никој не
одговори, па таа предложи: „Како би било да кренете рака?‖
Се крена само една рака. „Па, изгледа дека имаме едно искрено лице во групата!‖ рече
таа. И тогаш продолжи: „Можеби следново прашање ќе ви се допадне повеќе. Колку од вас
овде мислат дека другите луѓе се плашат од промените?‖ Речиси сите кренаа рака. Тогаш
почнаа да се смеат.
„Што ни покажува тоа?‖
„Не сакаме тоа да си го признаеме на себеси,‖ одговори Нејтан.
„Се разбира,‖ призна Мајкл, „понекогаш дури и не сме свесни дека се плашиме.
Сигурен сум дска така беше со мене. Кога првпат ја чув оваа приказна, ми се допадна
прашањето: „Што би направил кога не би ти било страв?‖
Тогаш Џесика додаде: „Па, јас извлеков поука дека промените се случуваат насекаде и
дека би ми било подобро кога бргу би сум се приспособувала кон нив.‖
„Се сеќавам кога нашата фирма пред неколку години продаваше енциклопедии во
комплети од по дваесет томови. Едно лице се обиде да нé убеди да ја ставиме целата
енциклопедија на еден ЦД и да ја продаваме по евтина цена. Така би било полесно да се
обновува, би не чинела помалку во производството, а многу повеќе луѓе ќе можат да ја купат.
Но ние се противставуваме на тоа.‖
„Поради што?‖ праша Нејтан.
„Поради тоа што мислевме дека 'рбетот на нашата работа го прават нашите
многубројни продавачи, кои работеа од врата до врата. Цената на производот мораше да биде
висока, за да можат тие да земаат свој процент и да останат со нас. Така работевме од самиот
почеток и мислевме дека тоа ќе трае засекогаш.‖
Лора рече: „Можеби е тоа онаа дрскост што доаѓа со успехот и од која страдаа Туцко и
Муцко. Не забележаа дека треба да се менува она што дотогаш функционираше одлично.‖
Нејтан рече: „Значи, вие мислевте дека вашето старо Сирење било единственото
Сирење што постои?‖
„Да - и сакавме да го задржиме.‖
„Кога само ќе си споменам што ни се случи нам потоа, сфаќам дека проблемот не е
само во здиплувањето на Сирењето, ми паѓа на памет дека Сирењето има свој самостоен
живот и дека на крајот едноставно исчезнува.‖
„Меѓутоа, ние не се променивме. Но се променија нашите конкуренти и продажбата
страшно ни опадна. Поминувавме низ тежок период. Сега претстои уште една голема
технолошка промена во нашата индустрија, а ми се чини дека никој во фирмата не сака да се
фати во костец со тоа. Тоа нема да излезе на добро. Мислам дека наскоро ќе останам без
работа.‖
„Време е за ЛАВИРИНТОТ!‖ извикна Карлос. Сите се насмеаја, вклучително и
Џесика.
Карлос се сврте кон Џесика и рече: „Добро е што можеш да се смееш на своја сметка.‖

23
Koj go zdipli moeto sirewe?

Френк рече: „Е, тоа е лекција што јас сум ја иаучил. Често себеси се сфаќам премногу
сериозно. Забележав колку се променил Муцко кога конечно успеа да се смее самиот на себе
и иа она што го работи.‖
Ангела праша: „Што мислите?, дали Туцко кога и да било се изменил и го пронашол
Новото Сирење?‖
Илјен рече: „Мислам да.‖
„Јас не мислам,‖ рече Кори. „Некои луѓе никогаш не се менуваат и тоа го плаќаат
скапо.
Во мојата ординација среќавам луѓе каков што е Туцко. Тие сметаат дека имаат право
на своето Сирење. Кога ќе им го земат, се чувствуваат како жртви и ги обвинуваат другите.
Се разболуваат многу повеќе од луѓето кои одлучиле да продолжат понатаму.‖
Тогаш Нејтан тивко рече, како да се обраќа на самиот себе: „Мислам дека вистинско
прашање е Што треба да оставиме зад себе и кон што треба да поминеме?‖
Извесно време никој ништо не прозборе.
„Морам да признаам,‖ рече Нејтан, „дека јас знаев што се случува со продавниците
какви што се нашите во останатите делови на земјата, но се надевав дека тоа нема да не
снајде и нас. Мислам дека е многу подобро самиот да ги започнуваш промените додека уште
можеш отколку да им се противставуваш или да им се приспособуваш. Можеби би требало
сами да тргнеме по Новото Сирење.‖
„Како го замислуваш тоа?‖ праша Френк.
Нејтан одговори: „Постојано се прашувам каде би биле денес да ги продадевме
недвижнините во кои беа сместени нашите стари продавници и со тие пари да изградевме
една голема модерна стоковна куќа која би можела да се натпреварува со најдобрите.‖
Лора рече: „Можеби Муцко мислеше на тоа кога рече дека треба да се ужива во
авантурата и да се оди по Сирењето.‖
Френк рече: „Мислам дека некои работи не би требало да се менуваат. На пример, јас
сакам да се држам до своите основни вредности. Но сега сфаќам дека би ми било многу
подобро во животот да сум тргнел порано по Сирењето.‖
„Па, Мајкл, тоа беше фина приказничка,‖ рече Ричард, дежурниот сомневач, „но како
си ја искористил во својата фирма?‖
Групата се уште не знаеше дека и самиот Ричард поминува низ некои промени.
Неодамна се разведе од жена си и сега се обидуваше да пронајде рамнотежа меѓу кариерата и
воспитувањето на децата.
Мајкл одговори: „Знаеш, мислев дека е моја работа да се борам со дневните проблеми
кои ми се испречуваат на патот, а всушност требаше да гледам напред и да обраќам внимание
на правецот во кој се движиме.‖
„Човече, ама сум се борел - дваесет и четири часа дневно. Не бев баш претерано
забавно друштво. Влетав во вистински маѓепсан круг и не можев да се избавам.‖
Лора рече: „Значи, ти си организирал, а требаше да водиш.‖
„Токму така,‖ рече Мајкл. „Кога ја чув оваа приказна, сфатив дека моја работа е да
нацртам слика на Новото Сирење, по кое треба да тргнеме сите, за да можеме да уживаме во
промените и успехот, на работното место или во животот.‖
Нејтан праша: „Што си сторил на работа?‖
„Па, кога ги прашав луѓето во фирмата на кој лик сами на себе личат, сфатив дека во
фирмата ги имаме сите четири лика. Сфатив дека Душкало, Брзи, Туцко и Муцко треба да се
третираат на различен начин.‖
„Нашите Душкало-типови би можеле да ги надушат промените на пазарот и така да ни
помогнат појасно да ја согледаме ситуацијата. Нив ги охрабривме да испитаат како тие
промени би можеле да резултираат со нови производи и услуги кои би ги сакале нашите
муштерии. Многу им се допадна работата и ни рекоа дека им годи да работат на место кое ги
препознава промените и навреме се приспособува.‖

24
Koj go zdipli moeto sirewe?

„Нашите Брзи-типови сакаа да ги завршуваат работите, па ги охрабривме да преземат


иницијатива во согласност со новото работење на фирмата. На нив само требаше да се
внимава да не истрчаат во погрешен правец. Тогаш би ги наградиле поради работењето што
нам ни го донесе Новото Сирење. Им се допадна што работат во фирма што ги цени нивната
работа и резултатите.‖
„А што е со типовите како Туцко и Муцко?‖ праша Ангела.
„За жал, Туцко-типовите беа сопирачи што иас не правеа бавни‖ одговори Мајкл. „Им
беше или премногу удобно или премногу се плашеа да се изменат. Некои од нив се изменија
дури откако им ја нацртавме верната слика која им покажа на кој начин промените ќе бидат
во нивна корист.‖
„Ни рекоа дека сакаат да работат на место кое е сигурно и дека поради тоа мораат да ја
видат смислата на промените и така да го засилат своето чувство на сигурност. Кога сфатија
дска најголемата опасност лежи во останувањето на истото, некои од нив се променија и
успеаја. Таа слика нам ни помогна да претвориме поголем дел наши Туцко-типови во Муцко
типови.‖
„Што сте направиле со Туцко-типовите кои не сакаа да се изменат?‖ сакаше да знае
Френк.
„Моравме да ги отпуштиме,‖ рече тажно Мајкл. Сакавме да ги задржиме сите наши
вработени, ама знаевме дека ќе се најдеме во невоља ако фирмата не ни се промени бргу.‖
Тогаш тој рече: „Добра вест се нашите Муцко-вработени , иако во почетокот се
колебаа, беа доволно отворени да научат нешто ново, да почнат да се однесуваат поинаку и
на време да се приспособат да ни бидат од помош.‖
„Сега очекуваат промени и активно ги бараат. Бидејќи тие ја разбираат природата на
човекот, ни помогнаа да насликаме реалистичка слика на Новото Сирење која има смисла за
сé.‖
„Ни рекоа дека сакале да работат во организација која им помага на луѓето да станат
самоуверени и полесно да се променат. А тие нас ни помогнаа да ја задржиме смислата за
хумор на патот до нашето Ново Сирење.‖
Ричард забележа: „Сето тоа го постигнавте врз основа на една приказничка?‖
Мајкл се насмевна. „Не е само приказничка во прашање, туку она што кај нас го
променивме врз основа на своите заклучоци.‖
Ангела призна: ,,И јас по малку сум како Туцко, така што за мене најсилен дел од
приказната е оној кога Муцко се смее на неговиот страв и почнува да ја црта во главата
сликата за себе додека го јаде Новото Сирење. Тоа му помогна авантурата низ Лавиринтот да
биде полесна и помалку страшна. И на крајот, навистина доби миогу повеќе. Тоа е тоа што јас
би сакала почесто да го работам.‖
Френк се насмевна. „Значи и сличните на Туцко понекогаш ги здогледуваат добрите
страни иа промената.‖
Карлос се насмеа. „Како и предноста на задржување на својата работа.‖
Аигела додаде: „Или дури и добивање на добро покачување на платата.‖
Ричард, кој главно се муртеше за време на оваа расправа, рече: „Мојата директорка
постојано ми зборува дека нашата компанија мора да се промени.
Мислам дека таа всушност ми зборува дека и јас морам да се променам, само што тоа
не е тоа што јас сакам да го слушнам. Мислам дека, всушност, никогаш не сум успеал да
согледам какво е тоа Ново Сирење на кое таа сака да не наведе. Ниту што јас би добил со
тоа.‖
Блага насмевка прелета преку лицето на Ричард додека зборуваше: „Морам да
признаам дека ми се допаѓа таа идеја на согледување на Новото Сирење и замислувањето на
себеси додека уживаш во него. Тоа ги олеснува работите. Кога ќе успееш да согледаш како
тоа може да ги поправи работите, ќе се заинтересираш за промените.‖
„Можеби ова можам да го искористам во приватниот живот,‖ додаде тој. „Моите деца
мислат дека ништо во нивните животи не треба да се промени. Мислам дека се однесуваат

25
Koj go zdipli moeto sirewe?

како Туцко - бесни се. Веројатно се плашат од она што им го носи иднината. Можеби јас не
сум им нацртал доволно реалистичка слика на Новото Сирење. Веројатно затоа што и самиот
тоа не го гледам јасно.‖
Групата замолкна, бидејќи неколку луѓе размислуваа за своите животи.
„Па,‖ рече Џесика, „поголемиот дел од луѓето овде зборуваат за својата работа, но
додека ја слушав приказната, јас размислував за својот приватен живот. Мислам дека мојата
моментална врска стана Старо Сирење кое прилично мувлосало.
Кори се насмевна. „И мојата, исто така. Веројатно би требало да се ослободам од таа
лоша врска.‖
Ангела се спротиви: „А можеби Старото Сирење е само старо однесување. Она од што
навистина треба да се ослободиме е однесувањето што ја прави лоша врската. И тогаш да се
помине на поубав начин на размислување и однесување.‖
„Упс!‖ реагираше Кори. Имаш право. Новото Сирење може да биде и нова врска со
истата личност.‖
Ричард рече: „Ми се чини дека во оваа приказна има многу повеќе отколку што
мислев. Ми се допаѓа идејата за напуштање на старото однесување наместо раскинување на
старата врска. Однесувањето на ист начин секогаш ќе донесе исти резултати.‖
„Што се однесува до работата, можеби наместо работата би требало да го променам
начинот на кој ја извршувам. Веројатно и сега би бил во подобра позиција да сум го сторил
тоа навреме.‖
Беки, која живее во друг град, па се вратила заради годишнината, рече: „Додека ја
слушав приказната и коментарите на сите вас овде, морав да се насмеам самата на себеси.
Толку долго сум била како Туцко, сум тапкала в место и сум се плашела од промените. Не
сум сфатила колку други луѓе ги имаат истите проблеми. Се плашам дека тоа несвесно сум го
пренела и на своите деца.‖
„Кога ќе размислам малку подобро, сфаќам дека промената навистина може да одведе
на некое ново, подобро место, иако во почетокот се плашиш дека нема да биде така.‖
„Се сеќавам на времето кога син ми беше трети клас во средно училиште. Новата
работа на маж ми бараше да се преселиме од Илиноис во Вермонт, а нашиот син беше мошне
несреќен зашто мораше да ги остави своите пријатели. Беше пливачка ѕвезда во средното
училиште, а училиштето во Вермонт немаше пливачка екипа. Беше многу бесен што го
тераме да се сели.‖
„На крајот испадна вака - тој се заљуби во планините на Вермонт, почна да се скија, се
пласира во скијачката екипа на својот колеџ и сега среќно живее во Колорадо.‖
„Да ја чуевме сите заедно оваа приказна за Сирењето, со шолја топла чоколада,
веројатно би се заштедиле себеси од многу стресови.‖
„Одам дома да му ја раскажам оваа приказна на моето семејство. Ќе ги прашам децата
што мислат, кој сум јас - Душкало, Брзи, Туцко или Муцко - и како се гледаат себеси. Би
можеле да разговараме за тоа што мислиме дека е Старото Сирење, за нашето семејство и
што би требало да биде Новото Сирење‖, рече Џесика.
„Тоа е одлична идеја,‖ рече Ричард изненадувајќи ги сите, вклучително и самиот
себеси.
„Јас мислам дека ќе се угледам на Муцко и со уживање ќе тргнам по Сирењето! И ќе
им ја пратам оваа приказна на сите мои пријатели кои се грижат што ќе биде со нив доколку
ја напуштат војската и што ќе значи за нив таа промена. Тоа би можело нас да не наведе кон
некои интересни расправи‖, прокоментира Френк.
Мајкл рсче: „Па, така ние ја унапредивме нашата работа. Неколку пати расправавме
што секој од нас доби од приказната за Сирењето и како тие заклучоци би можеле да ги
примениме на нашата тогашна ситуација.‖
„Тоа беше одлично, зашто добивме терминологија која е лесна за користење додека се
зборува за тоа како секој од нас излегува накрај со промените. Сето тоа беше мошне ефектно,
зашто се прошири подлабоко низ фирмата.‖

26
Koj go zdipli moeto sirewe?

Нејтан праша: „Како го мислиш тоа, подлабоко?‖


„Па, колку приказната повеќе се ширеше низ нашата организација, наидовме на повеќе
луѓе кои чувствуваа дека се помалку моќни. Тие, разбирливо, повеќе се плашеа од тоа како
промената наметната од врвот би можела да се одрази врз нив. Така што се противставуваа на
промените.‖
„Накратко, наметнатата промена е одбиена промена.‖
„Но кога приказната за Сирењето се прошири до последниот вработен во фирмата,
помогна луѓето да го променат своето видување на промените. Им помогна на сите да се
смеат, или барем да им се смешкаат на своите стари стравови и да посакаат да тргнат
понатаму.‖
„Само ми е жал што приказнава не сум ја чул порано,‖ додаде Мајкл.
„Како тоа?‖ праша Карлос.
„Затоа што нашата работа веќе толку пропадна кога се сетивме нешто да промениме,
моравме да отпуштаме луѓе, вклучително, како што веќе реков, и некои добри пријатели. На
сите нас тоа ни падна тешко. Меѓутоа, тие што останаа рекоа дека приказната за Сирењето им
помогнала полесно да излезат накрај со проблемите.‖
„Тие што мораа да тргнат во потрага по нова работа рекоа дека во почетокот им било
тешко, но дека секогаш им помагало кога ќе се сетеле иа приказната.‖
Ангела праша: „Што најмногу им помогнало?‖
Мајкл одговори: „Со оглед на тоа дека ги надминаа своите стравови, ми рекоа дека
најдобра работа била кога сфатиле дека таму некаде постои Ново Сирење кое одвај чека некој
да го пронајде!‖
,,Рекоа дека најмногу им помогнала сликата на Новото Сирење во главата - се виделе
себеси како успеваат на новата работа - така што се чувствувале подобро и беа поуспешни во
разговорите со идните работодавци. Неколку од нив добија подобра работа.‖
Лора праша: „Што е со оние луѓе кои останаа во твојата фирма?‖
„Па,‖ рече Мајкл, „наместо да се жалат на промените што се случуваат, луѓето почнаа
да зборуваат, па едноставно ни го здиплија Сирењето. Сега мораме да го пронајдеме Новото.
Тоа им заштеди многу време и го намали стресот.‖
„По кратко време луѓето што се противеа, ги согледаа сите предности на промените.
Дури помогнаа промената да се случи побргу.‖
Кори рече: „Поради што се промениле, што мислиш ти?‖
„Се променија откако се промени мислењето на повеќето нивни колеги.‖
Тој праша: „Што се случува во повеќето организации во кои сте работеле откако
промените ќе ги најави управата? Дали поголемиот дел од луѓето велат дека промената е
добра или лоша идеја?‖
„Лоша идеја,‖ одговори Френк.
„Да,‖ се сложи Мајкл.
„Поради што?‖
„Поради тоа што луѓето сакаат работите да останат исти и сметаат дека промените ќе
им штетат. Кога едно лице вели дека промената е лоша идеја, другите ќе го следат,‖ рече
Карлос.
„Да, иако можеби и не мислат така,‖ рече Мајкл, „но ќе се согласат за да се вклопат.
Тоа е тој вид притисок на јавното мислење што се противи на промените во која било
организација.‖
Беки праша: „Па, како се променија работите откако луѓето ја слушнаа приказната за
Сирењето?‖
„Притисокот на јавното мнение се промени поради тоа што никој не сакаше да личи на
Туцко!‖ Мајкл испука како од топ.
Сите се насмеаја.
„Сакаа да ги намирисат промените и да тргнат во акција порадо отколку да останат
заглавени на исто место.‖

27
Koj go zdipli moeto sirewe?

Нејтан рече: „Тоа е вистина. Никој во нашата фирма не би сакал да личи на Туцко.
Можеби дури и би се промениле. Зошто не ни ја раскажа онаа приказна на минатата
годишнина? Ова би можело да успее.‖
Мајкл рече: „И успева. Најдобро успева, се разбира, кога сите во организацијата ќе ја
знаат приказната - без оглед на тоа дали се работи за голема корпорација, мало претпријатие
или вашето семејство - затоа што организацијата може да се промени само кога во неа ќе се
промени доволен број луѓе.‖
Тогаш им го рече уште и ова: „Кога сфативме колку нам ни помогна приказната, ја
проследивме на сите луѓе со кои сакавме да соработуваме, знаејќи дека и тие наскоро ќе мора
да се соочат со промените. Им предложивме дека ние би можеле да бидеме нивно Ново
Сирење, т.е., успешни партнери со кои би можеле да постигнат успех. Тоа водеше во нова
работа.‖
Тоа на Џесика и даде неколку идеи и ја потсети дека има неколку закажани работи
рано следното утро. Погледна на часовникот и рече: „Па, време е да го напуштиме ова
Складиште за сирење и да пронајдеме некое Ново Сирење.―
Сите се насмеаја и почнаа да се поздравуваат. Многу сакаа да го продолжат
разговорот, но мораа да заминат. Додека заминуваа одново му се заблагодаруваа на Мајкл.
Тој рече: „Баш ми е драго што вам приказнава толку многу ви користеше и се надевам
дека наскоро ќе имате прилика да ја споделите со други луѓе.‖

28
Koj go zdipli moeto sirewe?

Белешка за авторот

СПЕНСЕР ЏОНСОН, лекар, е меѓународно признат мислител, говорник и автор, чии


мисли помогнале милиони луѓе да ги откријат едноставните вистини кои можат да ги
искористат во смисла на живеење на поуспешни и помалку стресни животи.
За него често се зборува како за најдобар стручњак на светот. За расчленување на
комплексните теми и смислување на едноставни применливи решенија.
Тој е автор и на бестселерот Кој го здипли моето сирење? што зборува за начините за
излегување накрај со промените и коавтор на Менаџер за една минута, што ја напиша со
легендарниот консултант за менаџмент, д-р Кенет Бленчард, која и понатаму се појавува на
бизнис-бестселер листите.
Напишал многу други бестселери вклучувајќи ги и Скапоцен подарок, да или не, водич
за донесување подобри одлуки, Вредни приказни, популарна серија на книги за деца и уште
пет книги од серијата за една минута: Продавач за една минута, Мама за една минута, Тато
за една минута, Учител за една минута и Една минута време за вас.
Дипломирал психологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, станал доктор по
медицински науки на Кралскиот колеџ за хирурзи, а како приправник работел во
Медицинската школа на Харвард и во клиниката Мејо.
Книгите на д-р Спенсер Џонсон често се споменувани во медиумите, вклучувајќи ги и
CNN, Leri King Live, Time Magazine, The New York Times, Wall Street Journal, USA Today,
Associated Press i United Press International.
Книгите на Спенсер Џонсон се преведени на 27 светски јазици.

29
Koj go zdipli moeto sirewe?

CIP - Каталогизација во публикација


Народна и универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски", Скопје

821.111(73)-32

ЏОНСОН, Спенсер
Кој го здипли моето сирење? / Спенсер
Џонсон. [превод Борка Митевска]-
Скопје : ТРИ, 2004. - 99 стр.;
20 см.

Превод на делото: Who moved my


cheese? / Spencer Johnson300a. — За
писателот: стр. [97-98]

ISBN 9989-153-05-1

COBISS.MK-ID 56621578

Лектура Ташко Ширилов


Печат Стеда графика, тел. (02) 2541 271

Сите права задржани. Ниту еден дел од ова издание не смее


да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која
форма или на било кој начин во електронските или печатените
медиуми, без писмена согласност издавачот.

30
Koj go zdipli moeto sirewe?

31

You might also like