You are on page 1of 17

Ана Мартиноска,

Институт за македонска литература, Скопје

ГАТАНКИТЕ И ДЕТСКИТЕ ГОВОРНИ ИГРИ – ОД ФОЛКЛОР ДО СОВРЕМЕНИ


ФОРМИ

Трудот „Гатанките и детските говорни игри – од фолклор до современи


форми”1 е замислен како презентација на гатанките и останатите детски кратки
жанрови како брзозборките, бројаниците и останатите говорни игри, со акцент на
промените и модификациите на нивните карактеристики и нивната функција во
современите услови. Дијахрониски ќе ги проследиме овие куси жанрови
почнувајќи од фолклорот, па следејќи ги нивните трансформации сè до новите
облици и начини на нивно изведување и пренесување во 21 век. Истовремено, ќе
проговориме и за прилагодувањето кон глобалните промени на економските и
културните услови што доведуваат до зголемено влијание на мас-медиумите во
трансмисијата и ревитализацијата на малите форми. Во оваа смисла, ќе го
загатнеме и прашањето дали стилизацијата на овие куси фолклорни жанрови во
современи услови добива форма на фолклоризам. И на крајот, последно прашање
во трудот е евалуацијата на некои од современите македонски писатели кои
создаваат гатанки и други форми на детски говорни игри, често во духот на
народната традиција.
Науката веќе одговорила на прашањето за потеклото на гатанките, кое се
поврзува со дамнешните времиња во кои овој кус фолклорен жанр имал обреден
карактер и бил составен дел од религиските култови и верувањата на човекот во
постоење на разни зли сили. Се доведуваат во врска и со условните, тајни јазици,
од времето кога човекот од магиско-суеверни причини не смеел да ги нарекува
предметите и појавите со нивните вистински имиња. Притоа луѓето се стремеле да

1
Во оваа форма, трудот е презентиран на Me|unarodnaта konferencija "Detskata literatura-
bez granici vo prostorot i vremet", одржан на Универзитетот Св. Неофит Рилски во
Blagoevgrad, Bugarija во декември 2005 година. Парцијално, дел од тезите кои се претставени
во овој текст беа изложени и на XV Меѓународниот симпозиум за Балкански фолклор одржан во
Струга во октомври 2004 во трудот под наслов „Гатанките денес (Современата функција на
народните гатанки)“.
изнајдат и да знаат што поголем фонд загадочни зборови, со кои верувале дека
успешно ќе се одбранат од злите духови и митолошките суштества, во чие
постоење упорно верувале. Оттаму потекнале и своевидни натпревари за
испитување, проверување и поттикнување на мудроста кај членовите на семејната,
родовската и/или општествената заедница2. И Јолес ги сфаќа гатанките како еден
вид испит, лозинка за прием во одредена заедница 3.
Користењето на гатанката како иницијациски обред ги влече своите корени
уште од времето кога жреците едни на други си поставувале прашања кои можат да
се сметаат за гатанки во најбуквалната смисла на зборот. Гатанките пак, кои биле
неизбежен дел од жртвените култови и ритуали се плаќале со живот. Оттаму, се
сметало дека најголема мудрост е да поставиш прашање на кое никој не може да
одговори. Притоа гатанката се наоѓала на границата меѓу играта и јавето, а успеала
засекогаш да го зачува најстариот свет облик на играта од прастарите времиња 4.
Иницијацискиот карактер на гатанките го потврдуваат и некои обичаи кои се во
контекст на ритуалното преминување на младите луѓе од еден статус во друг и
нивно воведување во периодот на зрелоста5, како и прозните фолклорни жанрови,
посебно сказните во кои „пред херојот на сказната често се поставува некоја
задача... Задачата обично е јасна, но не се јасни способноста за нејзино
исполнување и патот за нејзино решавање...Постои можност главната задача да се
претстави како гатанка – и во општ, не до крај експлицитен вид, и конкретно во вид
на задавање на гатанка на херојот на сказната од страна на мудра личност или
напротив личност злонамерна спрема херојот со желба да го погуби” 6.
Преку загатнувањето и одгатнувањето се развивала мудроста, досетливоста,
вниманието и се изострувал духот на првобитните луѓе. Историските сведоштва
покажуваат дека „луѓето од постарите векови многу посилно ја воочувале и ја
2
Томе Саздов, Македонската народна книжевност, Култура, Скопје, 1988, стр. 240-241
3
Andre Jolles, Jednostavni oblici, Prijevod i bilje{ke Vladimir Biti, Zagreb, 1978
(originalno izdanie A. Jolles, Einfache Formen, Legende, Sage, Mythe, Rätsel, Spruch, Kasus,
Memorabile, Märchen, Witz, Niemer, Halle, 1930)
4
Johan Huizinga, Homo ludens - O podrijetlu kulture u igri, Zagreb, 1970, str.142-159
5
Види Саздов, МНК, стр. 241, Mарко Китевски, Фолклорни бисери, Македонска книга, Скопје,
1988, стр. 69 и др.
6
V.N. Toporov, Iz nabl\denij nad zagadkoj, vo Issledovani/ v oblasti Balto-Slav/nskoj
duhovnoj kulxtury - Zagadka kak tekst 1, Rossijska/ akademi/ nauk, Moskva, 1994,
str. 65, За врската на гатанките и приказните, повеќе види и во Klod Bremon, Za{to se riba
nasmejala, Knji`evna kritika, godina XVIII, 3, maj-jun, 1987, Beograd
чувствувале потребата од гатанките отколку ние денес, па така задавањето и
решавањето на гатанки уште од прастари времиња било мила забава меѓу народот
и меѓу царевите. Старите и умни Грци ја сметаа гатанката за едно од првите
средства со кои се изострува умот, па затоа ја употребувале гатанката во секоја
прилика. Задавањето и решавањето гатанки било особено мила забава за
празниците, свеченостите и славите, во сватови и на честења. Тоа било умствен
зачин кај трпезата, за да, како што вели Омир ужива и умот, а не само стомакот,
што убаво го опишува Плутарх во гозбата на оние седум диви мудрици грчки...”7.
Тоа ни покажува дека овој стар фолклорен вид кој во постарите времиња
имал ритуален, а подоцна и доминантно педагошки карактер и функција, со текот
на времето ги модифицирал тие функции, така гатанките продолжиле да служат за
испитување на мудроста, но во забавни цели, и тоа највеќе во работата со деца8.
Гатанките се претвориле во чисто уметничка појава со свои нови општествени
функции. Настапил процесот на изменување и преосмислување на стилско-
изразниот систем на гатанките. Смелата, понекогаш и неразбирлива условност на
изразот на гатанките се намалила, па тие постигнале поголема конкретност и
предметност, како и пореалистична експресија9.
Толку за минатото. Каква е состојбата денес? Гатанките и денес се присутни
во човековото секојдневие, но сега исклучиво им се наменети на децата. Децата ги

7
\or|e Nato{evi}, O zagoneci, Letopis Matice srpske, Novi Sad, knj.119, 1876, str. 82-
111 (citirano spored Srpske narodne zagonetke - Antologija, str. 125).
8
Тоа го потврдуваат големиот број забележани народни обичаи кои се изведувале при процесот на
поставување и одгатнување на гатанки. На пр. во Етнографската збирка во Архивот на САНУ во
Белград, меѓу другото има и македонските народни умотворби собрани од Ојдровиќ. Заедно со 47
запишани гатанки, тој запишал и еден обичај кој се изведувал при загатнувањето: „Обично на зима,
седејќи покрај огнот, највеќе стариците со нив, со л'жите ги занимаваат своите помлади. Овие радо
ги слушаат и уживаат кога некоја ќе одгатнат. После секоја загатка, бабите прашуваат: „Шо је?”
Додека децата мислат, таа ги плаши викајќи: „Туварум, туварум, туварум...”. Кога децата
признаваат дека не знаат да је одгонетнат, тогаш бабата едниот од нив, ако се двајца, го натоварува
со разни невкусни јадења и гадни работи а другиот - со слатки и други пријатни јадења. Ако се
повеќе, тогаш се или поделени на две групи или бабата го товари секој посебно. Така натоварени
таа ги испраќа дома. По пат кучиња го напаѓаат првиот, тој паѓа а оној што одел позади него го
„јаде” она што првиот го носел; малку понатака ова истото го снаоѓа и вториот а првиот сега
ослободен од својот товар го јаде товарот на својот другар итн. Откако на овој начин ќе се
ослободат од своите товари и ќе се вратат дома, бабата сама ќе им каже што е”. На крајот на текстот
за собраните гатанки, пред да се префрли на останатите фолклорни жанрови, и самиот запишувач
коментира дека со овие народни гатанки - л'жи и со другите интересни „приказни”, стариците, па и
старците си го прекратуваат себеси времето, а на своите внучиња не им даваат да излезат од
затоплените соби и да си играат на снегот.
9
Саздов, МНК, стр. 241.
сакаат гатанките и уживаат во процесот на нивното одгатнување. Во нивниот
детски свет гатанките продолжуваат да живеат и да ја остваруваат својата
истовремено педагошка и забавна функција. Од гатанките децата учат поими кои
ги среќаваат во своето секојдневие, но исто така учат и за поими кои веќе не се во
употреба. Во таа смисла, гатанките можат да послужат како извонреден материјал
за проследување на сликата на светот и животот на човекот во минатото, неговиот
менталитет и светот кој го опкружувал, на кој начин станале и предмет на
проучување на народната психологија, етнологијата, етнолингвистиката и други
сродни дисциплини. Истовремено, да потсетиме дека уште Аристотел ја
изедначувал гатанката со метафората тврдејќи дека „Метафорите не треба да ги
изведуваме оддалеку, туку од сродните и на предметот слични нешта, а безимените
нешта да ги именуваме така што од реченото да се види дека се сродни (...) од
добро составените гатанки можат да се изведат складни метафори, бидејќи
метафорите во себе содржат енигми, па јасно е дека енигмите се всушност добро
составени метафори”10. Оттука, ако секоја гатанка во својата суштина е всушност
метафора за поимот кој се наоѓа во одгатката, очигледна е и едукативната функција
на гатанката во поглед на сликовито размислување и фигуративно изразување на
младите луѓе.
Гатанките се прифатливи и за карактерот на адолосцентите, обезбедувајќи
алатка за дискутабилните идеи, социјалните услови и исмејувањето на тие услови...
Тие нудат адекватни лингвистички средства за трансформирање на потребата на
адолосцентите да се спортивставуваат со своите ставови во лингвистичка игра на
зборови... Ова неодминливо упатува и на врската меѓу гатанките и вицовите, која
веројатно најочигледна е кај еротските гатанки кои често предизвикуваат смеа,
уште повеќе потенцирана по изневереното очекување и добивањето на сосема
обична одгатка. Притоа она што е особено важно, не е да се најде вистинскиот
невин денотат на поставената гатанка, туку да се забавува публиката со давање на
еротски одговор кој низ смеа се покажува дека е грешен11. Во таа смисла и многу
вицови (шеги) всушност се гатанки-прашанки (или трик-прашања) кои добиваат

10
Aristotel, Retorika 1/2/3, Svetovi, Novi Sad, 1997, стр. 251–252.
11
http://www.joensuu.fi/~loristi/1_97/kai197.html, Annikki Kaivola-Bregenhøj, Sexual riddles: the test of
the listener
популарна форма на спонтана вербална забава. Тие имаат функција да го скршта
мразот во ситуации каде е потребно да се загрее атмосферата, а исто така можат да
бидат и неутрален начин за зборување за нешто што сè уште се смета за деликатно
или дури и за табу.
„Со промените на економските и културните услови и последователните
промени во забрзаниот процес на глобално урбанизирање и индустријализирање
(настанува и) примена на формите и функциите и прилагодување на новите
услови”12. Кога зборуваме за промени, пред сè мислиме на тоа дека во последните
неколку декади радиото и телевизијата беа мас-медиуми кои веројатно влијаеа на
луѓето во најголема мера, и позитивно, и негативно. Формите на мас-медиумите
одиграа значајна улога во обликување на начините на кои луѓето ги примаат
информациите, нивните политички и културни ориентации, нивните креации на
естетски и етички норми итн.13. Мас-медиумите играат круцијална улога и во
пренесувањето, ширењето, оживувањето и популаризирањето на некои форми на
фолклор, посебно на малите форми како гатанките. Тие ги сочувуваат гатанките и
ги презентираат пред својата публика. Притоа, за посебните и различните потреби
на овие медиуми, примарните функции на фолклорот постојано се менуваат или
барем ја менуваат својата позиција. Некои примарни функции како интегративната,
комуникативната, ритуалната и др. се уништени или изменети во процесот.
Забавувачката функција останува, но телевизискиот гледач или радио-слушателот
не е повеќе активен учесник во забавата, туку само пасивен присуствувач на
сцената или документиран забавен настан – но сепак ние можеме да видиме
движење на нова функционална позиција 14.
Македонските народни гатанки, подеднакво како и другите куси детски
фолклорни жанрови, се присутни во образовниот процес, во детските списанија,
радио и телевизиски емисии. Како пр. ќе ја наведеме детската емисија која во 2001
г. се прикажуваше на една скопска телевизија, во која под мотото Запознајте ја
12
Milan Le{}ak, The Stylization of Folklore and the Present Folklorism in “Folklore, Folklorism and
National Identification - The Slovak Cultural Context”, Institute of Ethnology, Slovak Academy of
Sciences, Bratislava, 1992, стр. 7.
13
L’ubica Droppova, Folklorism in Slovak Radio and Television Broadcasting in “Folklore, Folklorism and
National Identification - The Slovak Cultural Context”, Institute of Ethnology, Slovak Academy of
Sciences, Bratislava, 1992, стр. 74.
14
Droppova, истото дело, стр. 81.
народната мудрост, децата имаа можност да погодуваат гатанки кои ги пронаоѓаа
во обвивките на гумите за џвакање Циклон под девизата „Отвори и погоди
гатанка!”. Ги поздравуваме сите слични идеи за популаризација на гатанките,
сметајќи дека тие се неопходни за зачувување на овој фолклорен жанр и во таа
смисла потребно е и зголемување на квантитетот и интензитетот на гатанките во
медиумите, се разбира притоа апелираме на стручност и внимателност при изборот
и начинот на презентација на истите.
„Мас-медиумите придонесуваат кон брза миграција на мотивите и
наративните форми од една географска област во друга, дури и во странство. Во таа
смисла, технолошката комуникација ја овозможува трансмисијата на културните
форми. Интернетот и весниците ја прошируваат територијата на изведба, давајќи и
светска димензија. Таквите наративни форми можат веднаш да мигрираат и да
циркулираат на различни географски подрачја без оглед на границите и
далечината. Затоа овој процес се смета за одлучувачки фактор во напорите да се
збогати и заживее процесот на загатнување и одгатнување на гатанките. Општо
говорејќи, ја браниме тезата дека целиот процес функционира како најзначаен
фактор за ревитализација на малите форми” 15.
Во оваа прилика сакаме да загатнеме уште едно важно прашање. Знаеме
дека критериумот усменост е издвојуван како една од главните карактеристики на
фолклорор, но исто така и дека уште во далечната 1975 г. Алан Дандес не се
согласуваше со ваквите концепции дека фолклорот по дефиниција се однесува на
материјали кои се усно пренесувани16. Современите општествени услови и новата
функција на фолклорот во нив и дефинитивно потврдуваат дека овој критериум не
е неопходен и дека и без усменото пренесување фолклорот е фолклор.
Комуникативниот процес на фолклорот функционира и преку другите медиуми,
како преку пишаниот, така и со помош на современите технолошки медиуми.
Покрај тоа, неговите нови форми ги содржат основните карактеристики на
фолклорот, меќу кои варијантноста на пр. Фокусот ионака сега е насочен кон
комуникативниот процес: како фолклорот се создава, изведува, пренесува,
15
http://www. avdikos.com, Evangelos Gr. Avdikos, Grecian Riddle-Jokes: Formalistic and functional
features of a new Minor forms
16
Alan Dundes, Carl R. Pagter, Urban Folklore from the Paperwork Empire, Published by the American
Folklore Society, Austin, Texas, 1975, стр. XIX.
реобликува и прераскажува внатре во една и меѓу културите. Вниманието е на
изборот на технолошкиот медиум, на нештата инволвирани во изведувањето итн. –
не на тоа дали вербалното пренесување е единствениот можен медиум17.
Од друга страна, стилизацијата што ја трпи фолклорот во современи услови
добива форма и на она што го нарекуваме фолклоризам, а што генерално
имплицира имитација, присвојување и создавање на традиционалните изрази на
народната култура надвор од нејзината природна средина. Постојаниот развој на
фолклорот, имплицира други социјални функции различни од оригиналната.
Основните разлики меѓу фолклорот и фолклоризмот лежат во тоа што:
1. додека фолклорот како дел од комуникацијата лице-в-лице беше врзан за
дадено место и време на реализација, феноменот на фолклоризмот е одреден преку
технолошката комуникација и има институциоанлизиран карактер,
2. додека фолклорот има неформален и спонтан живот, фолклоризмот
свесно го стилизира фолклорот,
3. додека изразите на народната традиција се тековни, фолклоризмот се
стреми кон архаични феномени на народната култура,
4. додека фолклорот живее во мали групи, фолклоризмот е феномен на
масовната култура,
5. додека фолклорот типично прикажува варијабилност, фолклоризмот
обично се претставува со извесна униформност,
6. додека фолклорот е спонтан, фолклоризмот е институционализирано
организиран и регулиран18.
Фолклор или фолклоризам е отворено прашање, но останува непроменет
фактот дека гатанките како кус жанр продолжуваат да се создаваат, пренесуваат и
да ги остваруваат своите функции и во современи општествени услови.
Истовремено и покрај својата повеќефункционалност, гатанката продолжува да

17
Eric L. Montenyohl, Oralities (and Literacies): Comments on the Relationship of Contemporary
Folkloristics and Literary Studies in Folklore, Literature and Cultural Theory - Collected Essays, Edited by
Cathy Lynn Preston, Garland Publishing Inc. New York and London, 1995, стр. 248.
18
Milan Le{}ak, The Stylization of Folklore and the Present Folklorism in “Folklore, Folklorism and
National Identification - The Slovak Cultural Context”, Institute of Ethnology, Slovak Academy of
Sciences, Bratislava, 1992, стр. 5.
биде и афункционална во смисла дека таа не е неопходна и може да биде одложена,
и дека загатнувањето не е работа, туку активност за слободно време19.
Последното прашање за кое говориме во овој труд поаѓа од фактот дека
народната традиција ја продолжуваат и дел од современите писатели кои создаваат
гатанки, често во духот на народните или инспирирани од нив. Така, во
македонската средина со гатанки, но и со други детски жанрови, како прашанки,
буквослагалки, дополнувалки и сл. се занимавале голем број современи автори, од
кои ќе споменеме неколку, како Глигор Поповски20, Тоде Саздовски-Мали21, Стојан
Тарапуза22, Јован Стрезовски23, Михо Атанасовски24, Бошко Смаќоски25, Видое
Подгорец26 и др. Притоа, мораме да забележиме дека успехот со кој овие писатели
се соочуваат со ваквите кратки жанрови е прилично дискутабилен што потврдува
дека гатанките иако се навидум кус и едноставен жанр, всушност се сложена
поетска форма со свои особености и специфична поетика.
За да ја потврдиме оваа наша теза, во редовите кои следат ќе се обидеме да
направиме куса евалуација на новосоздадените авторски гатанки, говорни игри и
други куси жанрови, и притоа ќе се обидеме да ги систематизираме принципите по
кои се создадени односно главно ќе се задржиме на нивниот однос кон народните
гатанки. Така, во кусата анализа на збирките на гатанки од погоре посочените
автори изделивме неколку творбени принципи. Имено, како прв и во голем дел од
нив доминантно присутен модел го имаме угледувањето на примерите преземени
од народното творештво. За илустрација во табеларниот принцип кој следи ќе
прикажеме селективен избор на авторски наспроти народни гатанки од кои се
преземени или во целост или со мали измени.

Уметничка гатанка Македонска народна гатанка

19
Toporov, str. 62-63.
20
Глигор Поповски, Шеп, шеп, шеп ..., Скопје, Детска радост, 1995.
21
Тоде Саздовски-Мали, На сто гранки сто гатанки, Скопје, Детска радост, 1995.
22
Стојан Тарапуза, Мое твое, погоди што е, Скопје, Детска радост, 1995.
23
Јован Стрезовски, Кој и зошто, Скопје, Детска радост, 1995.
24
Михо Атанасовски, Вртимушка, Скопје, Детска радост, 1995.
25
Бошко Смаќоски, Се подели село на црно и бело, Скопје, Детска радост, 1995.
26
Видое Подгорец, Сто сонца, Скопје, Детска радост, 1995.
Долга Неда без сенка, Далга Неда сенка немат. (река)28
без сон и без дремка,
витка и е снагата,
бела и е трагата,
без месо, без кокал –
да ја пиеш од бокал. (река)27
Бела ливада Бела ливада, а со црни цвеќа. (книга
со црно цвеќе писана)30
Кој ќе го бере Бела нива црно семе, со рака го сејат
ќе биде среќен. (книга)29 со уста го берат. (книга)31
Заби нема, а не каса, З'би немат ама касат. (зима)33
раце нема, а не штипе,
ни го прави (кај ќе стаса)
носот црвен како пипер. (зима)32
Бела лешина Кожата му е црна, срцето му е бело.
в кафеава мешина. (костен)35
Мешината – глатка,
Лешината – слатка. (костен)34
Шарена Студена змија на гуша висит.
змија (гердан)37
околу
шија. (гердан)36
Татко му уште Таткото ушче нероден, син му ошол
не се ни родил, в Стамбол. (Чад)39
а тој – Таткото уште нероден сонот
и танец веќе води! (чад)38 порастен. (чад)40
27
Подгорец, стр. 44, гатанка 78.
28
Димитрија и Константин Миладиновци, Зборник на народни песни, Скопје, Македонска книга,
1983, стр..511.
29
Подгорец, стр. 46, гатанка 82.
30
Пенушлиски, 1969, стр. 153.
31
Марко Китевски, Фолклористички бисери, Скопје, Македонска книга, 1988, стр. 166.
32
Атанасовски, стр. 27, гатанка 45.
33
Китевски, стр. 163.
34
Тарапуза, стр. 10, гатанка 12.
35
Китевски, стр. 166.
36
Тарапуза, стр. 22, гатанка 38.
37
Китевски, стр. 161.
Се разбира, со овие неколку примери не исцрпивме ни мал дел од сите
авторски гатанки кои во својата суштина преставуваат адаптација на соодветни
македонски народни гатанки, ниту тоа беше наша интенција, но се надеваме дека
примерите се сепак доволно репрезентативни за да се покаже дека современите
македонски писатели честопати посегнувале по фолклорниот корпус на гатанки.
Тоа го наметнува прашањето дали ваквата творечка постапка е оправдана и
доколку се согласиме дека е, дали тоа сепак не треба да биде соодветно означено од
страна на авторот или издавачот на гатанките.
Некои други примери нè доведуваат до следниот принцип на преземање и
угледување на авторите од народното гатанечно творештво, имено станува збор за
преземање, не на гатанката во нејзината целост, туку за преземање само на еден
нејзин дел или уште подобро само на одделни метафори кои се клучни за
одгатнување на самата гатанка. Овде само накусо мораме да потсетиме на фактот
дека уште од Аристотел па до нашево современие гатанката се споредува или дури
и се изедначува со метафората и дека нејзините делови (текст на гатанката и
нејзина одгатка) можат да се разгледуваат како преносно, фигуративно наспрема
основното значење на еден поим поврзани по принципот сличност. Гатанките како
жанр и посебно македонските народни гатанки, се одличен материјал за
проследување на семантичкиот пренос на метафората односно промената на
значењето на гатанката по пат на сличност со поимот даден во одгатката 41. По тој
принцип, ако се вратиме сега на споредбата на авторските наспрема народните
гатанки, преземањето на метафората и нејзино вметнување во повеќе или помалку
различна поетска целина, е принцип кој се покажува како плодотворен и релативно
успешен, па оттаму не нè изненадува што и македонските автори на гатанки во
изобилство го користат. Тука повторно ќе се обидеме преку конкретна илустрација
да ја верификуваме нашата теза. За таа цел ги избравме фреквентните гатанки со
денотат ден и ноќ, кои и во двата корпуса-уметнички и народен се темелат на

38
Смаќоски, стр. 24, гатанка 38.
39
Миладиновци, стр. 513.
40
Китевски, стр. 177.
41
Повеќе види во Ана Мартиноска, Поетиката на македонските народни гатанки, Македонска книга,
Скопје, 2002.
спротивствавување на елементарни семантички опозиции, најчестои опозициите
црно-бело и брат-сестра42. Така наместо народните „Брат и сестра ден и ноќ се
бркет и не может да се стасет. (ден и ноќ)”43 или „Два патника:брат и сестра вечно;
вечно одат и не мош никугаш да се стигнат; на сестрата црна руба, на брато бела
(ден и нош)”44 сега имаме гатанки како на пример следната:
Тоа се сестра и брат –
како шија и врат.

Братот е бел и убав,


облечен в сончева руба.
Сестрата – грда и црна –
во темен фустан згрната.
Животот не им е лесен :
никогаш заедно не се,
па колку и да вјасаат
никако да се стасаат. (ден и ноќ) 45, во кои се задржуваат метафорите клучни
за одгатнување на гатанката, но евидентно во проширен и изменет контекст на
самата гатанка.
Понатамошната анализа на дел од современите македонски гатанки
несомнено укажа и на ред карактеристики кои ги диференцираат овие творби од
фолклорните. Имено, во мнозинството примери и кај безмалку сите автори кои ги
разгледувавме, евидентен е стремежот за римување на гатанките. Повторно мало
потсетување дека римата претставува гласовно совпаѓање и созвучје на крајот на
стиховите, но дека таа има и изразена семантичка вредност, како и дека римата има
широка употреба во македонскиот фолклор, вклучувајќи ги и гатанките. Сепак,
дури и еден површен преглед на римите во уметничките наспрема народните
гатанки потврдува дека за разлика од фолклорните примери каде римата се среќава
во мал процент и главно го засилува ритамот на зборовите, во современите

42
Повеќе види во Ана Мартиноска, Бинарната опозиција црно-бело во македонските народни
гатанки, Спектар, стр. 41-42.
43
Китевски, стр. 161.
44
Пенушлиски, Малешевски фолклор, МАНУ, Скопје, 1980, стр. 383.
45
Подгорец, стр.7, гатанка 5.
уметнички примери римата е една од водечките заложби, исклучително
фреквентна, дури можеме да речеме и значаен конститутивен елемент во творечко-
уметничката постапка на создавање на гатанките. Како и во поезијата, и овде
римата може да биде парна, вкрстена, прегрната и испрекината, за што сведочат
бројни примери, но сметаме дека нивно посебно елаборирање не би било во
функција на овој текст.
А кога сме веќе кај римата и ритамот кои се доминантни одлики на жанрот
на поезијата, неизоставно треба да ја споменеме и извесната интенција на
современите автори за приближување на жанрот на гатанките кон жанрот на
поезијата. Ваквата постапка секако не е необична ако се знае дека гатанките
честопати по својата структура, но уште повеќе по својата убавина и богатството на
стилско-изразни средства и поетската инвенција употребени во нив, без сомнение
подеднакво припаѓаат на двата жанра. Сепак, останува дистинкцијата дека додека
во поезијата поетската функција е доминантна, за разлика од неа гатанките во исто
време исполнуваат и други –педагошка, забавна, комуникативна, ритуална и други
функции.
Понатамошната интерпретација на гатанките од збирките на Атанасовски,
Стрезовски, Поповски, Тарапуза, Подгорец, Саздовски и Смаќоски не тера да
укажеме на уште неколку разлики во однос на народните гатанки. Без некој
посебен ред, ги издвојуваме следниве:
– Што се однесува до тематиката на гатанките, забележуваме дека како и кај
народните, и во уметничките, предмет на гатанките стануваат сите предмети и
појави од човековата природна околина и социјална средина, неговиот живот,
битот на народот, неговиот светоглед, општествените услови и сл. Така, и во
уметничките гатанки меѓу пофреквентните се гатанките за животните и човекот, но
има и некои теми кои се нови и кои се јавуваат како резултат на новото, модерно
време, па среќаваме некои нови поими и творби на човековиот ум – струјата,
телефонот, весниците, па дури и камп-приколките, граничарите, Дедо Мраз или
американизираните имиња на кучињата Блеки, Џеки, Леси и Џеси. Од друга страна,
при преземањето на некои поими од народните гатанки (без разлика дали како
одгатки или во текстот на гатанките) не бил земен предвид фактот дека некои од
споменатите поими веќе не се во употреба и се непознати и далечни за денешното,
модерно дете, какви што се да речеме иглите и чорапите (верувам дека дел од
денешните градски деца не знаат како се плетат чорапи), потоа архаичните или
народни зборови ала, поштук, мев, бусен, лаѓа, гајда и др.
– Уште една од дилемите кои сакам да ги споделам во оваа прилика е и
прашањето за илустрациите на гатанките во збирките. Се разботи за тоа дека во
најголемиот дел примери, гатанките се придружени со соодветни илустрации (за
чии естетски карактеристики во оваа прилика одбирам да не говорам) кои имаат
улога визуелно да ја претстават гатанката и на тој начин да му помагнат на
одгатнувачот, претпоставувам детето (бидејќи овој жанр сепак доминантно се
употребува од страна на помладите), да дојде до вистинскиот одговор. И, сè би
било в ред и комбинацијата на текст и сликата би биле адекватни и пожелни
доколку не постои опасноста дека илустрациите прерано го одвлекуваат
вниманието од текстот и дека вака, одгатката се решава врз основа на сликата, а не
на гатанката. Ова посебно треба да го имаме предвид ако знаеме дека децата светот
најпрвин го доживуваат визуелно, а дури потоа вербално, што значи дека често
основната функција на гатанки – да го изоструваат умот, да го тестира начинот на
размислување или ако сакате дури и мудроста на одгатнувачот, како и игровата
природа на овој однос на поставување и одгатнување на гатанките е попречена и
однапред ...
– Во збирката „Кој и зошто” Стрезовски им дава наслови на гатанките, што
секако е индивидуално избрана постапка, нетипична за самиот жанр. Притоа, дел
од овие наслови ни се чинат сосема адекватни и придонесуваат кон одгатнувањето
на гатанката, како на пример симбол на правдата-терезија, четка-еж, шупливо е-
кавалче, ткајач-пајак, мудриот-ум, троглав-змеј, излегол од рај-стап и сл., но
истовремено има многу кои повеќе се однесуваат на текстот на гатанката и за жал,
немаат никаква директна логична врска со одгатката, па да речеме добиваме парови
како следниве дедо и баба-воденица, додека има душа-гајда, зараза-проѕевка, дур
сфати-стапица, чуден цртеж-ѓавол, слично-сапун, мило за драго-штурец и мравки
итн.
– Во посочените и досега анализирани збирки на гатанки вклучени се и
примери на некои други куси жанрови, што е сосема вообичаена постапка, имајќи
ја предвид сродноста и блискоста на различните куси говорни форми. Впрочем, и
фолклорот познава бројни примери за објавување и проучување на гатанките
заедно со другите кратки жанрови, во прв ред со пословиците и поговорките, но и
со вицовите и со брзозборките, бројаниците и другите говорни игри. Така и во две
од овие седум збирки освен гатанки вклучени се и преметнувалки (кај Михо
Атанасовски), буквослагалки и дополнувалки, кои тематски се поделени во три
групи насловени како Од каде се?, Кој ги пратил овие новогодишни честитки и
Прошетка в шума (кај Глигор Поповски). Бидејќи станува збор за куси форми кои
се нови, не се посебно проучувани и претставени пред јавноста, туку се повеќе
индивидуални и оригинални изрази кои резултираат во посебни форми, само
накусо ќе ги дообјасниме формите. Имено, говорните форми кои Атанасовски ги
нарекува преметнувалки можеме да ги сметаме за подвид на гатанките, бидејќи во
својата суштина тие се гатанки, со таа разлика што во текстот се крие е одгатката и
тоа анаграмирана односно имаме преметнување на слоговите од одгатката во друг
збор во текстот на гатанката и истите се видливо означени со големи букви. Самиот
процес на анаграмирање или фонолошко-фонетски кодирање на одгатките е појава
позната и дури би рекле карактеристична и за народните гатанки, иако таму
станува збор за делумно или целосно вградување на одгатката во гатанката, нејзино
мултиплицирање, употреба на хомоними и сл.
Примери:
• Никогаш таа не останува САМА,
се понекој стол крај неа чучи,
на неа јадење принесува мама,
и сестричката на неа учи. (маса)46
• Не може да се сети ВАНА два часа цели
на името на садот за толчење што е!
Ја праша баба си, а таа низ смев и вели:
- Името му се крие во името твое! (аван)47
46
Атанасовски, стр. 30, умотворба 1.
47
Атанасовски, стр. 30, умотворба 2.
• Не сакам да му ја ГРЕБАМ кората
На дрвото во гроздови што цвета,
а цутот му е бел како зората
ни мириса околината сета.(багрем)48
• Ти ни ТРОПАШ на нашите врати
кога некој писмо ќе ни прати,
па не треба да прашувам, нели,
кој е тој што писмата ги дели?(поштар)49 итн.
Другите детски говорни игри кои накусо ќе ги разгледаме се оние кои
Глигор Поповски ги нарекува буквослагалки и дополнувалки. Како што ни кажува
и самото име, буквослагалките се говорни форми во чиј текст авторот ни го
објаснува зборот одгатка со помош на буквите во него, како да речеме:
• Еве зборче со пет букви,
Го напишал Ристо.
И однапред и одназад
Тој збор значи исто.

К однапред, К одзади,
П во средина стои.
Што збор ќе е, ај кажете
Другарчиња мои? (капак)50
И овој еден пример е доволно илустративен за да покажеме како Поповски
во овој тип на творби најчесто ја гради буквослагалката во однос на буквите во
зборот, а не врз основа на какво било укажување на смислата на истиот, неговата
функција, форма, боја и сл. Кај дополнувалките пак, ситуацијата е сосема поинаква,
па името на градот или животното кое ни се бара да го дополниме во составот
(означен со онолку точки на крајот на последниот стих колку букви има поимот) го
пронаоѓаме со помош на содржината на текстот, но и на изразните средства – во

48
Атанасовски, стр. 38, умотворба 18.
49
Атанасовски, стр. 44, умотворба 30.
50
Поповски, стр. 24, умотворба 43.
прв ред на римата. Повторно сметаме дека најдобро е да приложиме неколку
примери за илустрација:
• Имаме езеро и плажи
и хотели – лебеди бели.
Градот мој позната река
на две полутки го дели.

Јонче сум, одличен другар,


побарај ме во градот...... (Струга)51
• Близу до тоа гратче
е рудникот Тораница.
Потаму ако одите
Ќе допрете до граница.

Таму со другите деца


расте и една Трајанка.
Гратчето во кое живее
се вика К.... ....... (Крива Паланка)52
• На полноќ, штом згасне светлост
и настане за миг молк,
телеграфски честитки праќа
осамен, планински .... (волк)53
• На полјанка друга
под бор висок, зелен,
видов стадо срни
и млад, убав ... (елен)54
• Што бегање сторив
леле, леле мајко,

51
Поповски, стр. 33, умотворба 64.
52
Поповски, стр. 37, умотворба 72.
53
Поповски, стр. 41, умотворба 80.
54
Поповски, стр. 45.
побргу не бегал
ни плашливиот .... (зајко)55
Веројатно дека оцената на овие и вакви говорни игри треба да ја дадат оние
на кои им се првенствено наменети – децата, што значи дека ние во овој текст не
претендираме кон некаква конечна оцена. Сепак, се надеваме дека оваа анализа и
можните критики кои произлегуваат од неа ќе бидат сфатени добронамерно и во
интерес на заедничката цел – подобри гатанки и говорни игри кои уште долго ќе
продолжат да живеат во детскиот свет.
Истовремено, се надеваме дека со сите погорепосочени примери и анализи
на македонски гатанки и други детски говорни игри, и посебно со проследување на
нивните траснформации и модификации низ времињата, од дамнешните, па до овие
најсовремениве, успеавме барем на миг да го привлечеме вниманието кон кусите
жанрови, да ја потврдиме нивната исклучителна естетска вредност и нивната
историска, дидактичка и забавна функција, како и да поттикнеме некои нови и
потемелни истражувања на овие жанрови кои ни се чини неправедно се
запоставувани од страна на фолклористите и литератите.

55
Поповски, стр.47.

You might also like