Professional Documents
Culture Documents
etikës mjekësore
ISBN 9989-37-019-2
Новороденче во раце на студент по медицина Лекарски преглед на стара жена
© Gilles Fonlupt/Corbis © Gilles Fonlupt/Corbis
Прирачник по
етика за лекари
614.253(035)
174.4.025:61(035)
ВИЛИЈАМС, Џон Р.
Прирачник по етика за лекари / [Џон Р. Вилијамс ; превод од англиски
Љубица Тодорова-Јанешлиева]. - Скопје : Македонско лекарско
друштво, 2005. - 142 стр. : слики во боја ; 19 см
ISBN 9989-37-019-2
a) Медицинска етика - Прирачници
COBISS.MK-ID 62647818
Благодарност......................................................................................... 6
Предговор................................................................................................ 7
Вовед.........................................................................................................11
• Што е лекарска етика ?
• Зошто треба да се изучува лекарската етика?
• Лекарска етика, лекарска професионалност,
човекови права и закони
• Заклучок
БЛАГОДАРНОСТ
Одделот за етика при Светската лекарска асоцијација (СЛА)
на следниве поединци им изразува длабока благодарност за
нивните опсежни и промислени коментари на претходните
верзии на прирачников:
ПРЕДГОВОР
КОН ИЗДАНИЕТО НА
МАКЕДОНСКОТО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО
ПРВО ПОГЛАВЈЕ -
ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА
ЛЕКАРСКАТА ЕТИКА
ЦЕ ЛИ
Статусот на лекарите е
“Голем број лекари различен во секоја земја,
чувствуваат дека а се разликува дури и во
повеќе не се така
рамките на една иста земја.
почитувани како
Сепак, општо земено, се
порано.”
чини дека тој сè повеќе се
влошува. Голем број лекари
чувствуваат дека повеќе не се така почитувани како порано.
Во некои земји, контролата во здравството од лекарите
полека преминува на професионалните раководители и
бирократи, од кои некои лекарите ги сметаат повеќе за
пречка отколку за партнери во реформите на здравството.
Пациентите кои порано без приговор ги следеле советите на
лекарите, сега, понекогаш, бараат објаснување ако советот
што го добиле е поинаков од оној добиен од друг лекар
или пак, од прочитаното на интернет. Некои постапки што
порано биле способни да ги
изведуваат само лекарите
сега ги прават медицинските “...за да одговорат на
техничари, медицинските очекувањата не само
сестри или болничарите. на пациентите туку и
на студентите, важно
е лекарите да ги знаат
Наспроти ваквите измени
и да ги практикуваат
што влијаат на статусот на клучните вредности
лекарите, медицината про на медицината”
должува да биде професија
21
ШТО Е СПЕЦИФИЧНО ЗА
ЛЕКАРСКАТА ЕТИКА?
УЛОГАТА НА СЛА
Како единствена меѓународна организација чија цел е
претставување на сите лекари, независно од националноста
или специјалноста, СЛА ја презела улогата за воведување
општи стандарди во лекарската етика применливи во целиот
29
Нерационални пристапи:
• Послушноста е вобичаен начин на донесувањето
етички одлуки, особено од страна на децата и оние кои
работат во авторитативни организации (на пример: во
војската, полицијата, во некои религиозни организации,
во многу фирми и сл). Моралноста се состои во сле
дење на правилата или инструкциите на оние кои се
на власт, независно од тоа дали се сложувате со нив
или не.
• Имитирањето е слично на послушноста бидејќи нечие
мислење за тоа што е правилно, а што погрешно се
потчинува на мислењето на друго лице, кое во случајов
функционира како модел. Моралноста се состои во
следење на примерот на моделот. Ова веројатно
бил највообичаениот начин на учење на лекарската
етика од страна на амбициозните лекари, за кои
модели на однесување биле постарите консултанти, а
учењето на моралот се сведувало на набљудувањето
и присвојувањето на вредностите прикажани од нив.
• Чувството или желбата е субјективен пристап кон
етичкото одлучување и однесување. Правилно е она
што се чувствува како правилно или пак ја задоволува
желбата; погрешно е она што се чувствува како
погрешно или пак ја расипува желбата. Мерката за
моралност се наоѓа во секој поединец, а таа, се разбира,
може многу да се разликува од поединец до поединец,
па дури и кај едно исто лице во различно време.
• Интуицијата е непосредно сознавање за правилниот
начин на дејствување во една ситуација. Таа е слична
на желбата бидејќи е целосно субјективна; меѓутоа
се разликува од неа бидејќи е сместена повеќе во
33
Рационални пристапи:
Бидејќи етиката се занимава со проучување на моралноста,
таа ја воочува широката распространетост на ваквите
нерационални пристапи при одлучувањето и однесувањето.
Меѓутоа, таа првенствено се занимава со рационалните
пристапи. Четирите такви пристапи се: деонтологијата,
последователноста, принципиелноста и доблесната етика.
ВТОРО ПОГЛАВЈЕ -
ЛЕКАРИТЕ И ПАЦИЕНТИТЕ
Сочувствителна докторка
© Jose Luis Pelaez, Inc./CORBIS
39
ЦЕ ЛИ
Откако ќе го проучите ова поглавје ќе можете:
• да објасните зошто сите пациенти заслужуваат
почит и подеднакво постапување;
• да ги утврдите битните елементи на согласноста
што се добива од пациентот откако тој претходно
ќе биде информиран за некоја медицинска
постапка;
• да објасните како треба да се донесуваат
медицински одлуки во име на пациенти кои за тоа
се неспособни;
• да ја објасните оправданоста од доверливоста/
тајноста на информациите за пациентот и да ги
утврдите законските исклучоци за тоа;
• да ги согледате главните етички прашања што се ја
вуваат на почетокот на животот и на неговиот крај;
• да ги сумирате доказите за и против извршување
еутаназија/ асистирано самоубиство; да ја сфатите
разликата помеѓу овие дејствувања од една страна,
и палијативната грижа или отсуството на третман,
од друга страна.
40
С ЛУЧАЈ БР. 1
Доктор П., искусен и вешт хирург, штотоку
привршува со ноќното дежурство во една
општинска болница од средна големина.
Една млада жена е донесена во болницата
од страна на нејзината мајка. Мајката си
заминува откако на сестрата за прием ў
кажува дека мора да се грижи за другите
деца. Пациентката вагинално крвави и има
големи болки. Доктор П. ја прегледува и
заклучува дека имала абортус, спонтан или
пак самата го предизвикала. Тој извршува
брза дилатација и киретажа и на сестрата ў
вели да ја праша жената дали финансиски
може да си дозволи да остане во болницата
толку колку што е потребно. Доктор Љ. доаѓа
како смена на доктор П., кој си заминува
дома без да зборува со пациентката.
ПОЧИТУВАЊЕ И ПОДЕДНАКВО
ПОСТАПУВАЊЕ
Пациентите заболени од
СИДА имаат право на ком “ На лицето кое
петентна лекарска грижа боледува од СИДА му е
со сочувствување и почиту потребно компетентно
лекување спроведено
вање на човековото досто
со сочувство.”
инство.
Не е етично лекарот да
одбие да лекува пациент чија болест е во доменот на
неговата компетенција, единствено затоа што пациентот
е серопозитивен.
Лекарската етика не дозволува категориска дискрими
нација на некој пациент која се базира единствено врз
неговата серопозитивност. На лицето кое боледува од
СИДА му е потребно компетентно лекување, спроведено
со сочувство. Лекарот кој не е способен да ја обезбеди
грижата и услугите што им се потребни на лицата
46
КОМУНИКАЦИЈА И СОГЛАСНОСТ
Согласноста за лекување добиена по информирањето на
пациентот за неговата здравствена состојба и лекувањето
47
ДОВЕРЛИВОСТ
Друга општоприфатена
причина за кршење на “....лекарите треба
тајноста е сообразувањето критички да го
со законските барања. На разгледаат секое
пример, во многу правни законско барање за
системи постојат закони за кршење на тајноста
и пред да постапат
задолжително пријавување
според него, треба да
на пациенти кои страдаат
се сигурни дека тоа е
од одредени болести, на оправдано.”
оние за кои се верува дека
се неспособни да возат и на
оние за кои постои сомнение дека извршиле злоупотреба
на деца. Лекарите треба да се свесни за законските барања
за откривање на информациите за работното место на
пациентот. Меѓутоа, законските барања можат да бидат во
судир со начелото за почитување на човековите права, што
е всушност, во основата на лекарската етика. Затоа, лекарите
треба критички да го разгледаат секое законско барање за
кршење на тајноста и пред да постапат според него, треба
да бидат сигурни дека тоа е оправдано.
ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ
СО ПОЧЕТОКОТ НА ЖИВОТОТ
Многу од најважните прашања во лекарската етика
се однесуваат на почетокот на животот на човекот.
Ограничениот обем на прирачников значи дека овде тие
прашања не можат детално да се обработат, но добро е да
се набројат за да се сфати дека по својата природа се етички
62
ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ
СО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ
ТРЕТО ПОГЛАВЈЕ -
ЛЕКАРИТЕ И ОПШТЕСТВОТО
Соочување со СИДА
© Gideon Mendel/CORBIS
69
ЦЕ ЛИ
Откако ќе го проучите ова поглавје ќе можете:
• да го согледате судирот меѓу обврските на ле
карот кон пациентите и на лекарот кон опште
ството и да ги утврдите причините за тоа;
• да ги утврдите етичките прашања во врска
со намената на дефицитарните средства во
здравството и да се справувате со нив;
• да ги согледате одговорностите на лекарот за
јавното и општото здравје.
70
С ЛУЧАЈ # 2
Доктор С. станува сè повеќе фрустрирана
поради пациентите кои доаѓаат кај неа
пред или по консултациите за истата
болест со друг лекар. Според неа, тоа
е залудно трошење на здравствените
средства, но и контрапродуктивно за
здравјето на пациентите. Таа одлучува да
им каже на пациентите дека ако за истата
болка продолжат да одат кај други лекари
повеќе нема да ги лекува. Таа има намера
да ў се обрати на националната лекарска
асоцијација со барање таа да лобира кај
владата за да се спречи ваквата погрешна
намена на средствата.
ШТО Е СПЕЦИФИЧНО ЗА
ОДНОСОТ ЛЕКАР - ОПШТЕСТВО?
ДВОЈНА ЛОЈАЛНОСТ
НАМЕНА НА СРЕДСТВАТА
ГЛОБАЛНО ЗДРАВЈЕ
ЧЕТВРТО ПОГЛАВЈЕ -
ЛЕКАРИТЕ И КОЛЕГИТЕ
ЦЕ ЛИ
Откако ќе го проучите ова поглавје ќе можете:
• да опишете како треба да се однесуваат лекарите
еден кон друг;
• да го оправдате пријавувањето на неетичко
однесување на некои колеги;
• да ги утврдите главните етички начела кои се
однесуваат на соработката со други лица во
грижата за пациентите;
• да објасните како треба да се разрешуваат конфлик
ти со другите даватели на здравствена заштита.
90
С ЛУЧАЈ # 3
Доктор Ц., новоназначен анестезиолог
во една градска болница се вознемирува
поради однесувањето на еден постар
хирург во салата за операции. Хирургот
користи застарени техники што ја
оддолжуваат операцијата и предизвикуваат
поголеми постоперативни болки и бараат
подолго време за закрепнување. Покрај
тоа, тој често прави и груби шеги на
сметка на пациентите, што очигледно ги
вознемирува сестрите кои асистираат. Како
доста млад член на персоналот, доктор Ц.
не сака лично да го критикува хирургот,
ниту пак сака да го пријави на органите на
болницата. Сепак чувствува дека мора да
стори нешто за подобрување на состојбата.
ПРЕДИЗВИЦИ ЗА
МЕДИЦИНСКИТЕ ВЛАСТИ
Лекарите ў припаѓаат
на професија која тради
“Лекарите ў припаѓаат
ционално фукционира на
на професија која
крајно хиерархиски начин,
традиционално
како внатрешно така и функционира на крајно
надворешно. Внатрешно, хиерархиски начин.”
постојат три хиерархии т.е.
хиерархиски структури кои
меѓусебе се преклопуваат: првата прави разлика меѓу
специјалистите, со тоа што некои се сметаат за поугледни
и се подобро платени од други; втората хиерархија е
меѓу самите специјалисти, бидејќи оние кои работат на
универзитетите се повлијателни од оние во приватната
или јавната пракса; третата се однесува на грижата за
специфични пациенти, каде главниот давател на грижа
91
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОПАСНИ
ИЛИ НЕЕТИЧКИ ПОСТАПКИ
СОРАБОТКА
Слабеењето на лекарски
“Слабеењето на
от патернализам е придру лекарскиот патерна
жено со исчезнувањето на лизам е придружено
верувањето дека лекарите со исчезнувањето
“ги поседуваат” своите на верувањето
пациенти. Традиционал дека лекарите “ги
ното право на пациенти поседуваат” своите
те да побараат мислење пациенти.”
и од друг лекар е толку
проширено што вклучува пристап кон други даватели
на здравствена заштита кои можеби се поспособни да
удоволат на нивните потреби. Според Декларацијата
за правата на пациентот на СЛА: “Во координирањето
на укажаната медицинска грижа лекарот има обврска да
соработува со други даватели на здравствена заштита кои
го лекуваат пациентот”. Меѓутоа, како што забележавме
погоре, лекарите не смеат да заработуваат од таквата
соработка со делба на надоместокот.
РАЗРЕШУВАЊЕ НА СУДИРИ
ПЕТТО ПОГЛАВЈЕ -
ЕТИКАТА И МЕДИЦИНСКИТЕ
ИСТРАЖУВАЊА
ЦЕ ЛИ
Откако ќе го проучите ова поглавје ќе можете:
• да ги утврдите главните начела на
истражувачката етика;
• да знаете како да најдете рамнотежа меѓу
истражувањата и клиничката грижа;
• да ги задоволите барањата на комисиите за
оценка на етичноста
106
С ЛУЧАЈ # 4
На доктор Р., лекарка по општа пракса
во едно мало рурално место, од страна
на една истражувачка организација што
работи по пат на договори ў е понудено
учество во клиничко тестирање на нов
нестероиден антиинфламаторен лек за
остеоартритис. За секој пациент што
таа ќе го вклучи во тестирањето ў нудат
одредена сума пари. Претставникот на
организацијата ја уверува дека тестирањето
ги добило сите неопходни одобренија,
вклучувајќи го и тоа од комисијата за
оценка на етичноста. Доктор Р. никогаш
порано не учествувала во некое тестирање
и е среќна што добила ваква шанса, а
уште повеќе поради дополнителните
финансиски средства. Таа ја прифаќа
понудата без да се распраша за научните и
етичките аспекти на тестирањето.
ВАЖНОСТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ
ИСТРАЖУВАЊА
ЕТИЧКИ УСЛОВИ
Одобрение од
Комисијата за оценка “... пред да започне,
на етичноста секој предлог
за медицинско
Ставовите 13 и 14 од ХД исражување врз луѓе,
пропишуваат дека секој мора да биде оценет
предлог за медицинско и одобрен од страна
истражување врз луѓе, на некоја независна
комисија за етика.”
пред да започне, мора да
биде оценет и одобрен од
страна на независна комисија за етика. За да добијат
одобрение, истражувачите мора: да ги објаснат целите
и методологијата на проектот; да покажат како ќе
обезбедат луѓе што би биле предмет на истражувањето,
како ќе ја добијат нивната согласност за учество во
истражувањето и како ќе им ја заштитат приватноста;
детално да прикажат како се финансира проектот; и да ги
откријат евентуалните меѓусебни конфликти на интереси
кај истражувачите. Комисијата за етика може: да го одобри
проектот таков како што е претставен, да побара да се
направат измени пред тој да започне или во целост да го
одбие. Многу комисии имаат понатамошна обврска да
ги следат проектите во текот на нивното одвивање, за да
бидат сигурни дека истражувачите ги исполнуваат своите
обврски, а ако е потребно да го сопрат проектот поради
сериозни, неочекувано лоши случувања.
Научна вредност
Ставот 11 од ХД условува
“..медицинските медицинските истражувања
истражувања во кои во кои се вклучени луѓе како
се вклучени луѓе предмети на истражување
како предмети на да бидат оправдани врз
истражување треба да научна основа. Овој услов
бидат оправдани врз
има за цел да ги отфрли
научна основа.”
проектите кои веројатно
нема да успеат, на пример
поради тоа што се методолошки несоодветни, или дури
и ако бидат успешни, веројатно ќе дадат безначајни
резултати. Кога од пациентите се бара да учествуваат во
некој истражувачки проект, дури и таков во кој ризикот
од наштетување е минимален, треба да се очекува дека од
него ќе произлезе некое важно научно сознание.
Општествена корист
“...општествената
Едно од поконтраверзните корист стана важен
барања во врска со еден критериум при
медицински истражувачки одлучувањето дали
проект е тој да придонесува еден проект треба да
се финансира.”
за благосостојбата на опште
ството воопшто. Обично се
мислеше дека напредокот во научното знаење е вреден
сам по себе и дека не му е потребно понатамошно
оправдување. Меѓутоа, бидејќи средствата достапни
за медицински истражувања се сè повеќе недоволни,
општествената корист стана важен критериум при
одлучувањето дали еден проект треба да се финансира.
Ризици и придобивки
Доверливост
“ ... предметите
Како што е тоа случај со на истражување
пациентите кои се на кли имаат право на
ничка грижа, и предметите приватност во однос
на истражување имаат на информациите
право на приватност во за нивното лично
однос на информациите здравје.”
за нивното лично здравје.
Меѓутоа, за разлика од клиничката грижа, истражувањето
бара обелоденување на информациите за личното
здравје пред други лица, вклучително и пред пошироката
научна заедница, а понекогаш и пред целата јавност. Со
цел да ја заштитат приватноста, истражувачите мора
да се сигурни дека согласноста по претходно инфор
мирање на предметите во истражувањето ја добиваат
за да ги користат информациите за нивното здравје за
истражувачки цели, што значи дека на предметите на
118
Судир на улоги
Предупредување
Неразрешени прашања
ШЕСТО ПОГЛАВЈЕ -
ЗАКЛУЧОК
ОДГОВОРНОСТИ И ПРИВИЛЕГИИ
НА ЛЕКАРИТЕ
Општа
Литература - www.nih.gov/sigs/bioethics/endoflife.html
Едукција на лекари за грижа за крајот на животот -
www.ama-assn.org/ama/pub/category/2910.html
Палијативна грижа - www.hospicecare.com/Ethics/ethics.htm
Спротивставување на еутаназија - www.euthanasia.com/
132
ХИВ-сида
Литература - www.wits.ac.za/bioethics/
ООНСИДА -www.unaids.org/en/in+focus/hiv_aids_human_
rights/unaids+activities+hr.asp
4. Да помогне:
• во давање предлози за структурата, содржината
и литература за наставници и студенти (види веб
страница на Одделот за етика на СЛА за литература
136
5. Континуирано:
• да се застапува за постојана комисија за лекарска
етика
• да привлекува помлади студенти
• да ангажира дополнителен број наставници и клучни
раководители
137
СОВЕТ ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА
ДА ДЕН НА ТИНЕ ЈЏЕР
НЕ ДОНОСЕНЧЕ *
etikës mjekësore
ISBN 9989-37-019-2