You are on page 1of 19

МАРКЕТИНГ ПЛАН

НА ГЕВГЕЛИЈА
ИСТОРИЈА

Секој град има раѓање,


постоење, име, луѓе, пејсаж,
симбол, сегашнина и иднина.
Секој народ го бележи својот
пат низ летописот на
поколенијата - да се создава
светот од денес за во иднина
и да ја печати опстојбата до
вчера. Само така се негува
вековната традиција , духот
како огледало на културното
живеење.
Ако може да се поттикне добриот патник намерник да го посети
домот на гостопримството , тогаш тоа сигурно ќе го стори
топлината на градот, градот на најјужната точка во Република
Македонија, крај самата граница со Република Грција, градот на
срдечноста - ГЕВГЕЛИЈА.

Топлиот дух на гевгеличани се уште ја памети легендата за еден


дервиш кој дошол и не сакал да си оди од Гевгелија бидејќи многу
му се допаѓало местото. Жителите не сакале да го примат и
решиле насила да го прогонат. Разлутен од тоа, дервишот почнал
луто да ги проколнува жителите кои се исплашиле и го повикале
назад со зборовите гел - гери што значи ела назад . Иако легенда,
гевгеличани не сакаат да ја прекршат заклетвата на предците -
секогаш да бидат добродојдени оние што одлучуваат да ги задомат
своите идеи во градот, оние што се подготвени за нови
предизвици, за нови доживувања.
Старите хроники бележат дека
Гевгелија како град почнала
да се развива уште од
средината на 19 ти век, кога
населението од овие краеви
ја почувствувало потребата
да создава современа
населба која ќе им пркоси на
минувачите - трговци и ќе
биде домаќин на нивните
патувања кон Блискиот
Исток со многубројни
анови . Во тој временски
период, реката Вардар иако
пловна, не можела да го
задоволи транспортот на
стоки, па во 1873 година
доаѓа до изградба на
железничката линија Солун -
Скопје.
Вистински градски лик Гевгелија добива во 1886
година, кога во административно - управен поглед
станала средиште на посебна каза - Гевгелиска.
Од овој временски период многу земјоделски производи
успевале тука, благодарејќи на поволната клима и
плодното земјиште и се извезувале преку солунското
пристаниште. Меѓутоа стопанскиот развој на
Гевгелија се претпочита во периодот од 1860 до 1912
година кога се развило мануфактурното и
индустриското производство, а градот познат и како
град - од станица до граница - ќе биде уште попознат
со многубројните занаетчиски дуќани : чевларски,
коларски, столарски, самарџиски, кројачки.
Некогаш Гевгелија бил град на незаборавните серенади,
денес Гевгелија е град на сонцето, град на топлината.
ДЕМОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

Општина Гевгелија е распослана на површина од 317 м2


се наоѓа на надморска височина од 64 метри.
Општина Гевгелија денес ја сочинуваат 11 населби , од
кои девет се постојано населени : Негорци, Серменин,
Богородица, Мрзенци, Прдејци, Ново Конско,
Кованец, Моин и Хума.
Самиот град почнал побрзо да се развива во далечната
1890 година кога броел 4000 жители. Денес во
општина Гевгелија живеат околу 20 000 жители (6000
домаќинства) главно Македонци, на површина од 317
квадратни километри. Просечната густина на
населеноста изнесува 25 жители на еден км 2.
КУЛТУРА И РЕКРЕАЦИЈА
Владовиот конак е изграден 1906
година, а од 1992 година е
пренаменет во Народен музеј. Во
него се сместени повеќе
одделенија од праисторијата,
античкиот период, но и
етнолошка и историска збирка.
Огромен број раритети кои
потекнуваат од 8 до 4 век пред
нашата ера, се најдени на
локалитетите: Сува Река, Милци,
Бишов Јавор и Парагон, а денес
дел од нив нашле свое место во
депоата на музејот во Гевгелија.
Во Гевгелија секоја година се одржуваат повеќе културни
манифестации, како што се Априлијадата за Денот на
шегата, Интернационалниот музички фестивал Калинка,
Смоквијадата .
 Ликовното творештво, од година во година се
збогатува со меѓународната Графичка колонија
Гевгелија и меѓународната ликовна колонија
Дојрана.
 Спортската сала во Гевгелија, е пријатен и
модерно опремен простор за спортување .
 Во близина на центарот на градот се наоѓа
фудбалско игралиште .
 Традиционално , секоја година , на патеката
Милци се одржуваат мото - кросови и се
организираат шампионати од европски рамки.
КУЛТУРА
1. Библиотека

Народната библиотека Гоце Делчев се наоѓа во центарот на градот.


Зградата е изградена од некој сиромав, но способен мајстор во градот во
1912 година по нарачка на некој Турчин. Се претпоставува дека
мајсторот од Дебар бил баран и од други чорбаџии , така што до ден
денешен Гевгелија ја красат конаци изградени од негова рака (Сеизов

конак , Андреев конак ...)


Библиотеката во Гевгелија е формирана
1945 година со почетен фонд од 500
книги. Денес таа располага со над 70
000 книги, со 1000 томови весници и
списанија, околу 400 ретки книги и
200 наслови од роднокрајни автори.
Тука се наоѓа и еден од оригиналите на
книгата Огледало од Кирил
Пејчиновиќ отпечатена 1816 година во
Будим.
2. Вардарски рид

На влезот од Гевгелија, на десната страна од реката Вардар се наоѓа


Вардарски Рид. Тука се направени археолошки ископувања за откривање
на антички градби од 5 ти век п . н . е . за која се уште не се знае дали се
работи за античка Аталанта или Гортинија.
Предметите што се пронајдени зборуваат
за цивилизацијата која го достигнала
врвот во материјалната и духовната
култура. Во посебни магацински
простории се откриени огромни питоси
за жито, вино или масло, мегарска чаша
со симбол на македонскиот штит,
сребрените монети со ликот на
Александар Македонски, како и
аморфи за вино, садови за миризливи
масла, теркотни масла и други раритети
од класичниот и предримски период.
ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТИ

Туристичкиот локалитет Смрдлива Вода на Кожуф Планина се


наоѓа на надморска височина од 850 м и на 24 км оддалеченост од
градот Гевгелија. Познато е по минералната вода и нејзината
лековитост за стомачни и заболувања на желудникот и бубрезите.
Во шумовитите предели се изградени 400 викендички и хотел за
сместување на гостите .

На самиот пат до Смрдлива Вода, по


долината на Кованска Река се
среќава ендемичното растение Гол
човек. Лисјата му се јајцевидни, а
цветовите распоредени како
гроздови. Името го добил поради
црвенкастата и лушпеста кора .
Малисин, ловиште на Кожуф Планина , се наоѓа на
19 км од Гевгелија , на левата страна од патот што
минува кај Конско и зафаќа 300 ха букова и
дабова шума , заграден и уреден за лов.
Ловиштето располага со ловешка куќа за одмор на
гостите, а ловџиите можат да уживаат во ловот на
диви свињи, елени и срни. За посигурен и
попријатен престој ви се нудат посебни услови со
превоз, терач на дивеч, користење на ловечко куче
и слично .
Негорски бањи се наоѓаат на 4 км од Гевгелија и
претставуваат афирмиран туристичко -
рекреативен центар поради лековитата
минерална вода. Досегашните испитувања и
искуства потврдуваат дека минералната вода
е погодна за лекување на ревматични
заболувања, стерилитет, гастроинтестинални
и заболувања на кардио - васкуларниот
систем, воспаленија и други заболувања на
периферниот систем, како и дерматолошки
заболувања. Бањите ги опколува шума и
можност за подготовка на спортските екипи
од земјата и странство дури и во зимскиот
период поради благата клима. Бањите
располагаат со 300 легла во три хотели, базен
за капење, одделение за физикална терапија,
како и вода за пиење со лековити својства.
За време на летниот
период работи базенот
Фатаморгана , кој е
добро место за
ублажување на
летните горештини
како базена така и со
пријатниот амбиент.
НАВИКИ И ОБИЧАИ

 Старите навики и обичаи гевгеличани ги манифестираат за


време на христијанските празници - отсликувајќи го времето
во кое живеат, не заборавајќи дека нивните предци им
оставиле аманет да ги продолжат поради јакнење на
сопствениот дух .
 Радоста и веселбата се дел од Божик и Велигден кога
граѓаните најискрено ги одбележуваат паганските обичаи
Коледе и Сурва, со палење огнови и пеење коледарски и
сурварски песни. Од 1993 година, секоја година на Коледе се
одржува Коледарски Хепенинг, со палење оган и одржување
на концерт со популарните пејачи во Македонија.
 На Водици секоја година по традиција граѓаните излегуваат
покрај брегот на реката Вардар каде се изведува црковна
процесија со фрлање на крстот во водите во знак на
крштевањето на Исус Христос.
По традиција за богат род на
грозјето на Свети Трипун,
заштитникот на лозарите, е
првото зарежување на
виновата лоза, на тој ден се пие
старо вино и ракија и се
посетуваат насадите .

Христосовото воскресение
Велигден, граѓаните го
одбележуваат со фарбање на
јајца и посета на црквата
,,Свети Кирил и Методиј” која
е изградена во 1895 година .
Во чест на верскиот
празник Свети Спас во
Гевгелија се одржува
дводневен панаѓур во
истоимената црква
која е изградена во 19
ти век. На панаѓурот
доаѓаат поголем број
посетители од
околните градови и
села.
Изработиле:
Шутова Благица
Ефтимова Елизабета
Арнаудова Благица

You might also like