You are on page 1of 9

1

Кратки книжевни жанри

Ако направиме анализа односно истражување за тоа кои книжевни жанри се најчесто
употребувани , ќе дојдеме до заклучок дека кратките книжевни жанри се најчесто употребувани.
Тоа е така затоа што тие се користат во секојденвниот говор, односно при секојденвното општење
меѓу луѓето. Но, и покрај тоа кратките книжевни жанри нашле најмалку место во народното
творештво. Главна причина за тоа, е тоа што тие не биле сметани за вистински народни
умотворби, туку како недооформени народни умотворби. Според некои особини кратките
фолклорни жанрови се блиски до поезијата, а според други тие се блиски до прозата. Постојат
повеќе видови кратки фолклорни жанрови и тоа: пословици и поговорки, гатанки, прашанки и
благослови и клетви.

Терминот пословица има руско потекло. Значењето на овој термин всушност претставува
заклучок што доаѓа по словото. Од ова можеме да заклучиме дека пословицата претставува
заклучок на нешто што било веќе кажано или направено. Може да се каже дека термините
пословица и поговорка одат заедно. Кај нив можеме да направиме разлика по нивната должина и
по тоа што пословиците имаат двочлени изрази а пословиците едночлени 1.

Според сознанијата коишто ни ги даваат нашите истражувачи на фолкорот (фолклористи)


пословиците и поговорките се најстари. Со векови наназад постоеле пословици и поговорки но во
главно тие започнале да се запишуваат дури во 19 век 2.

Науката којашто се занимава со проучување на пословиците се нарекува паремиологија.


“Пословицата се дефинира како кратка говорна формула, најчесто двочлен израз, (иако некогаш
може да има повеќе членови, па дури може да биде и во стихови) во кој е одразено некое
животно искуство, правилно однесување, некој суд за одредено животно прашање или одредена
појава. Пословиците навистина се употребуваат спонтано, како дел од секојдневнио говор, и
бидејќи ја одразуваат народната мудрост, тие не ги содржат сфаќањата на поединецот туку на
средината, што значи не се израз, на личен став на поединецот, туку на пошироката околина”*.

1. Ова можеме да го забележеме во следниве примери, пословици: Која круша е без рачка, та и
мома без мана, Кој си има муа на главата, тове ја ишка, Колку срце болело, толку очи плакало, Кој високо
лета ниско паѓа. Поговорки: Гол та зол, Алваџија за бозаџија, Вереција потресија, Болен здрав носи, Занает
канает, Като на трње седи, и др.

2. Први објавени македонски пословици барем според сегашните сознанија , ги сметаме четирите
пословици, запишани од Ј.Х.К. Џинот и заедно со записот за градот Прилеп објавени во “Царигратскиот
весник” бр. 205 од 25 декември 1854 година. Имено, овој запис Џинот го завршува со посебен под наслов
“Пословици” каде што се објавени и следниве четири пословици: 1. На две глави една капа не се тура. 2.
На една лице две усти не биват. 3. Две гнезда (седала) една квачка не може да кавачи. 4. Еден дирек две
кшчи не може да потпира.

* извор : ПРИЛОЗИ за настава по литература; “ Народно творештво” стр.184-185. Приредил Раде


Силјан-Скопје: Матица македонска, 2001.
2

Имајќи ја предвид формата на пословиците, можеме да дојдеме до заклучок


дека гатанките со многу слични по форма. Но, нивното значење е сосема различно а исто
и нивната практична употреба и намена. Најпрвин да го откриме потеклото или
значењето на зборот гатанка.

Зборот гата (гатање) всушност го означува гледањето на иднината или подобро


кажано, откривање на она што е дотогаш непознато. Оттука гатанките спаѓаат во кратки
книжевни жанри.

Гатанките се употребувале уште во времето на девијаштвото и варварството. Низ


вековите гатанките наоѓаат практична примена3. И овие книжевни жанри наоѓаат примена
во поезијата. Тоа можеме да го воочиме во поезијата на Васил Куновски којшто ни дава
најцелосен пример за тоа. Низ три примери да го проследиме авторот на стиховите,
гатанките, “ Што е тоа?”:

Една баба в бара плива,

Плива-чесен збор,

Но ја бива и за песна

Пее и во хор.

(жаба)

Таа чисти низ куќи

Како вредна мома,

Нигден не излегува,

Секогаш е дома.

(метла)

Затворено, варосано

Лежи сонце мало,

Дај му го на детето,

Слатко би го јало.

(јајце)

3. За зрели луѓе се сметале оние момчиња и девојчиња кои ќе успеат да решат одредени гатанки. Овие
момчиња и девојчиња според верувањата се сметале како зрели, односно можеле да оформат свој дом.
3

Употребата на гатанките во поезијата е важна затоа што го потикнува читателот


да размислува, а потоа му го дава соодветниот одговор. Гатанките се вистински
предизвик за писателите а за тоа сведочи фактот што гатанки пишувале и многу светки,
афирмирани писатели4.

4. Најпознати светски афирмирани писатели којшто пишувале гатанки се: Шилер, Гете, Русо, Есенин
и др.
4

Народните прашанки се тесно поврзани со пословиците и анегдотите. Прашанките


всушност претставуваат духовите забелешки коишто се дадени во форма на дијалог.
Прашањето е секогаш директно и инсистира на брз и директен одговор. Пример, царот:
Што е најскапо на веков (на светот)?- Честа, кој знајт да ја ценит, рекол царот “ 5.

Прашанките имаат обострана функција, односни тие се наоѓаат помеѓу гатанките


и пословиците. Од една страна тие имаат фунција да ги забавуваат и разодонуваат луѓето,
а од друга страна тие жигосуваат со одредени негативни појави кај луѓето што е
карактеристично за пословиците.

Не помалку важна фунција на прашанките е нивната педагошка фунцкција.


Исмејувајќи одредени појави и поими што не се прифатени од пошироката средина, тие
имаат едукативен карактер. Во прашнките најчесто ги среќаваме во негативните појави кај
луѓето како што се неморалноста, социјалните разлики, мрзеливоста 6 и сл.

Видое Подгорец во својата песна “Лето” како прашанка ги открива убавините и


радостите коишто се случуваат во ова годишно време.
Лето, лето

Што е лето?

Принц е-

Најбогат на светот.

Амбарот му е

Преполн со злато.

Позлатен му е

Дури и патот.

5. Во овие случаи одговорот најчесто е или дури спротивен на очекуваниот, секогаш е остропумен, и
духовит, а некогаш може да биде и ироничен.

6. Пример: Зошто се протегаш бе?- Заш ме фати мрзата, рекол тој.

7. Видое Подгорец: Во Солуна грош сомува, изд. Детска радост, Скопје, 1981.
5

Во минатото секоја поголема несреќа се сметала за последица на клетва а тоа е на


пример: немањето деца, тешка болест, смрт и др. Клетвите исто така се употребуваат и во
денешно време. Во момент на афектна состојба или лутина луѓето употребуваат одредени
клетви. Се смета дека клетвите всушност претставуваат оружје на послабите (најчесто на
жените) и можеби затоа тие не се ценети и избегнувани од пошироката маса. Во оваа
насока оди и записот на Шапкарев кој вели дела “ невоспитаните жени и припаѓаат на
класата на простите луѓе, кога ќе се налутат на некого, а особено мајките на непослушните
деца, ги колнат со какви ќе им дојдат на уста груби и непријатни изрази од кои тука ќе
наведам неколку : Да би ми треснал; пукал; нефтасал; ослепел; хаир да не сториш; да би
си скршил нозете; изваил си очите; да питаш (та) да се раниш...” 8

Не смееме да го заборавиме фактот дека Шапкарев планирал во втората книга


којашто недостасува во Зборникот да го објави нотарните песни, а во десетата кратките
фолклорни жанри, но во тоа не успеал.9

Во Библијата исто така среќаваме многу клетви. Како посебна ќе ја издвојам


следнава клетва: “ Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, се дури не се вратиш во земјата, од
која си земен, зашто си земја и во земја ќе се вратиш”10

Верувањето во моќта на зборот било причина да се верува дека човекот може да му


се наштети преку дел од премет, дел од облеката или преку името. Затоа имињата биле
криени и заменувани. Како што вели Зигмунд Фроид “ според сфаќањата на примитивните
луѓе името спаѓа во најважните делови од една личност, значи ако се знае името на личноста
или дух, се стекнува извесна сила над носителите на тоа име” 11.. Оттука произлегува
големото значење на имињата силата и моќта на зборот.

8. Кузман А. Шапкарев, Избрани дела, том четврти, приредил д-р Томе Саздов, “Обичаи, обреди, носии”.
Скопје 1976, 162.

9. Извор: Истажувања на македонскиот фолклор/ Марко Китевски. (изд.1) Скопје: Студентски збор , 1996,-
191 стр. Тоа значи дека не е точна претпоставиката на Харалампие Поленаковиќ, добар познавач на
Шапкаревото дело, кој пишувајќи за ова прашање истакна: Според мене, како 2 (втора) книга треба да се
смета книгата на Шапкарев: “ Сбрани от народни старини Книжка (3), Блгарски Народни прикаски” Пловдив,
1885. Види: Годишен зборник на Филолошкиот факултет во Скопје, книга 6, Скопје, 1953 181-184, Истот во:
Харапампие Поленаковиќ, Избрани дела, 2, Студии од македонскиот фолклор, Скопје 1988, 637.

10. Свето писмо на стариот и новиот завет. Скопје 1991,11.

11. Зигмунд Фројд, О сексуалној теорију. Тотем и табу. 4, Београд. 1976, 204
6

Клетвата е честа тема и во уметничката литература. Се среќава на најразлични


начини, а еве како поетот Константин Миладинов создал песна со наслов Клетва. 12

Кој клеветит праината божја,

Да му капнит јазик од грчманик,

Се да зборвит нишчо да не кажвит,

И пак сите да го обегвает,

Сам да останит како улаица,

И да кукат на камења голи.13

“Во народните песни песни клетвите се најразвиени , најпрвин се пее за за


причината на клетвата, потоа доаѓа самата клетва и на крајот нејзиното исполнување. Во
некои случаи песната е мотив кога целата песна е создадена врз клетвата. Во други песни
клетвата е фрагмент кога некоја личност колне, во некои песни среќаваме повеќе клетви
кога повеќе личности меѓусебно си упатуваат клетви итн. Во повеќе песни мајката ја
колке ќерка си да нема пород затоа што кога била малечка била многу лоша, плачела и и
досадувала”14.
Кога сум било лудо малоо,

Јас сум си било љуто проклето,

та ме повила мојата мајка,

и ме љелала и ме к’лнела

та што ми рекла најлоша клетва15.

12. МАКЕДОНСКИ народни клетви/ (собрал) Марко Китевски. –Скопје: Штрк, 1997.- 229 стр.

13. Константин Миладинов, Избор, Избор и предговор Гане Тодоровски. Скопје 1980, 3

14. . МАКЕДОНСКИ народни клетви/ (собрал) Марко Китевски. –Скопје: Штрк, 1997.. стр. 17.

15. Миладиновци, Зборник, Скопје, 1962, 236


7

Тука се и клетвите коишто децата ги упатуваат кон своите родители. Тие клетви
најчесто произлегуваат од лошата судбина којашто ја имаат децата, па најдобар начин да
најдат утеха е да им кажат разни клетви на своите родители. Како пример можеме да ги
земиме клетвите што ќерките ги упатуваат кон своите мајки за тоа зошто ја омажила
далеку, зошто ја омажила со арамија.
Да би оќорела, да би ослепела,

Што ме даде, мајко, лут кесеџија,

За лут кесеџија, за баш арамија16.

“Во македонските народни песни со својата впечатливост и жестокост посебен


впечаток оставаат клетвите меѓу свекрвата и снаата, или меѓу јатрвите како што се
песните во Зборникот на Миладиновци, Шапкарев, Стоилов, Молерови и др. Во
народните песни среќаваме и клетви поврзани со некои личности некои личности од
христијанската религија: Богородица, Света Недела и др. Клетвата на Богородица е
упатена и кон некои растенија што не и се поклониле кога минувала низ полет”.*
Тонка јасика, тонка да бидит,

Тонка да бидит, сенка да немат,

Тонка на евла тонка да бидит,

Ни цут да цутит, ни род да родит,

Зелени бршлен зелен да бидит,

Зелен да бидит и лете и зиме,

Цуд да ми цутит род да ми родит,

Род да ми родит црни јаглења17.

Во друга песна Свети Ѓорѓија ја колки јасиката “ Да би дал Бог трепетлика/ се ти да


трепериш”18

16. Влад. Ѓорѓевиќ, Српске народне мелодије (Јужна Србија), Скопље, 1928, 63

* МАКЕДОНСКИ народни клетви/ (собрал) Марко Китевски. –Скопје: Штрк, 1997.- 20 стр.

17. М И Л А Д И Н О В Ц И, 41.

18. М И Л А Д И Н О В Ц И, 50.
8

Кратките книжевни жанрови ја претставуваат душата на нашиот народ и културна


традиција. Нивното големо значење не прави побогати. Овие книжевни жанри коишто се
создадени со векови наназад, ги употребаве и денес. Денес сеуште се верува во силата на
клетвата, односно силата на зборовите.
9

Литература

ПРИЛОЗИ за наставата по литература. “ Народно творештво” стр. 143-197. / Приредил Раде


Силјан. – Скопје : Матица македонска, 2001. -432 стр. ; 21 см.

Тоциновски, Васил: Низ книжевниот континуитет. “ Кратките фолклорни жанрови во


македонската поезија за деца и малади” стр. 311-320. – Скопје : Македонска книга , 1996 (Скопје :
“Гоце Делчев”).- 312 стр. : 24 см.

Китевски, Марко : Истражувања на македонскиот фолклор. “ Кузман Шапкарев како собирач на


кратки фолклорни жанрови”. стр. 31-37. – (изд. 1) Скопје : Студентски збор, 1996.- 191 стр. ; 20 см.

Китевски, Марко: Македонски народни клетви.- Скопје : Штрк, 1997. – 229 стр. ; 21 см.
(Библиотека наука)

You might also like