You are on page 1of 154

Александар ДОНСКИ

РОДНИНСКАТА ВРСКА
ПОМЕЃУ РУСКАТА ЦАРСКА
ДИНАСТИЈА РОМАНОВИ И
ДИНАСТИЈАТА НА
АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ ОД
МАКЕДОНИЈА

1
ПРЕДГОВОР

Самото спомнување на постоењето роднинска врска


помеѓу античко-македонската царска династија на која
припаѓал Александар Велики и неговиот татко Филип Втори
(како и нивните претходници и потомци на Филип) со
руската царска династија Романови, кај мнозина, како прва
реакција, предизвикуваше вчудовиденост.
Меѓутоа, по дополнителните објаснувања, таквото чу-
дење бргу спласнуваше и истото беше заменувано со одоб-
рување и љубопитност да се дознаат што повеќе детаљи за
оваа врска.
Токму тие детаљи ќе бидат презентирани во оваа
книга, т.е. ќе бидат посочени сите претставници на директ-
ната родословна линија од античко-македонската царска
династија, па с# до претставниците на познатата руска царска
династија Романови. Но, пред тоа, потребно е да дадеме
неколку дополнителни објаснувања. Генеологијата, како
наука за истражувањето на потеклото, т.е. родословот на
семејствата, најповолни услови за развиток имала среде
слободните народи и држави. Така, на пример, во антиката и
во Средниот век генеологијата била најразвиена среде
благородничките и владеачките семејства (династии). Но,
штом државата со која владеела некоја династија била
уништувана, обично престанувал интересот за натамошното
следење на родословот на таа, симната од власт, династија.
Сепак, тоа не значи дека денес не постојат докази за
постоење директни потомци на некои од античките династии.
Имало припадници на поразените антички владеачки
династии кои своевремено, преку брак, се вкучиле во некои
други тогашни владеачки династии и благороднички
семејства. Така потомството на овие луѓе останало (иако сега

2
во рамките на некоја туѓа династија) и ова потомство може да
се следи затоа што во земјите кои останале слободни,
генеологијата си го продолжила својот развиток.
Токму врз основа на овие податоци, во оваа книга ќе
направиме осврт на потомството на античко-македонската
царска династија и нејзината роднинска врска со познатата
руска царска династија Романови.
Факт е дека од владеењето на античко-македонската
династија со Македонија (и со поширок дел од Балканот) е
поминато многу време во кое Македонија главно била под
туѓинско владеење. Ова значи дека во самата Македонија
немало услови за следење на родословот на потомците на
роднините на оваа владеачка династија, кои останале во
својата земја. Но, од друга страна, некои припадници на оваа
династија (преку мажење или женење) ја внеле својата крв и
гени во други династии. Познато е дека во светот денес
постојат зачувани илјадници родословни табели на владеачки
династии и благороднички семејства, кои навлегуваат
длабоко во историјата. Овие табели уште од поодамна се
собираат и се објавуваат. Можеби најпозната книга со
европските родословни табели е Алманахот Гота (Almanach
de Gotha), кој континуирано се објавува и се дополнува уште
од 1763 година (последното издание му е во 1998 година). Во
овој Алманах се застапени родословите на најпознатите
владетелски и благороднични семејства во Европа
(вклучувајќи го и Балканот) и во нив се спомнати десетици
илјади имиња и кратки биографии. Овде се и делата на
извесен број познати европски генеолози од разни држави,
маѓу кои ќе ги издвоиме: Пол Тероф (Paul Theroff), Енрико
Манфреди (Enrico Manfredi) од Италија, Андреа Доминичи
Батели ди Сасокорваро (Andrea Dominici Batteli di
Sassocorvaro) од Италија, Пантелис Мицис (Pandelis Mitsis)

3
од Грција, Мердуд Риналс (Maredudd Rheinalt) од Велс,
Давиде Шама (Davide Shamma) од Италија, Петерфалви
Ференц (Peterfalvi Ferenc) од Австралија, Паоло Бонато (Paolo
Bonato) од Италија, Мариуш Томашевски (Mariusz
Tomaszevski) од Полска, Андреј Александрович Фризјук
(Andrey Alexandrovich Frizyuk) од Русија, Крег Ислер (Craig
Isler), Властимир Јирут (Vlastimir Jirout), Мирослав Марек
(Miroslav Marek) од Чешка, Крис Бенет (Chris Bennett), д-р
Роналд Велс (Ronald Wells) од Австралија со неговата инте-
ресна книга “Античките претходници и нивните современи
наследници” (Ancient Ancestors with Modern Descendants) и
можеби еден од најпознатите современи генеолози францус-
киот генеолог Карло Сетипани (Carlo Settipani) со своите
неколку книги, во кои, врз основа на прегледот на голем број
познати и малку познати историски хроники, наведува низа
интересни податоци за денешните потомци на познати лич-
ности од антиката (меѓу кои се некои од римските цареви, но
и други антички владетели и династии), без разлика што во
крвта на ваквите потомци има само мал процент од крвта на
припадниците на античката династија (што впрочем е и
сосема нормално).
За да се сфати ова подобро, секој сам треба да по-
мисли од колку личности денес носи крв и гени? Одговорот
е: од повеќе илјади луѓе. На пример, прво овде се Вашите
двајца родители (мајка и татко). Потоа овде се нивните ро-
дители (вкупно четворица), кои ја внеле својата крв во крвта
на Вашите родители (а преку нив и во Вас). Потоа на секој од
тие четворица Ваши баби и дедовци, додадете уште по двајца
нивни родители, што значи уште осум луѓе кои ја внеле
својата крв и гени во Вас. Па на секој од тие осумина Ваши
прабаби и прадедовци додадете уште по двајца нивни
родители и се така во минатото. На ваков начин ќе

4
пресметате дека доколку се “вратите” само до седмото ко-
лено (генерација) на Вашите претци, ќе согледате дека Вие ја
носите крвта на вкупно 126 луѓе. А, пресметајте на колку
луѓе ја носите крвта и гените ако се “спуштите” до претците
од Вашето 50-то или 100-то колено.
Или да појдеме во обратна насока. Да претпоставиме
дека имате две деца. Да претпоставиме дека секое од нив ќе
добие уште по две деца, а и тие уште по две... и се така во да-
лечната иднина. Повеќе од сигурно е дека со разгранувањето
на Вашето семејство, некои од Вашите илјадници потомци ќе
се преселат во странство, каде ќе се омажат или оженат за
странци, така што по неколку векови, Вие ќе добиете далечни
пра-правнуци, кои нема да го зборуваат Вашиот јазик
(впрочем ова се случува и денес, дури и со третите и четврти
генерации на иселеници од некоја земја). На таквите Ваши
далечни потомци целосно ќе им биде туѓа Вашата сегашна
култура. Тие ќе продолжат да се мажат и женат за припад-
ници на народот на државата во која живеат и со нив ќе
создаваат натамошно потомство. Но, сепак секој нивни пото-
мок, преку една нитка (директна родословна линија), ќе води
потекло од Вас (како еден од неговите могубројни претци).
Да го кажеме и тоа дека под терминот “директна
родословна линија” се подразбира односот: мајка  нејзин
син или ќерка, т. е. татко  негов син или ќерка.
Кога зборуваме за “ширењето” на семејството во
иднината или во минатото, треба да укажеме на уште еден
важен момент, а тоа е далечната роднинска поврзаност на
денешните луѓе. За да го објасниме ова подобро, да земеме
како пример, некој денешен град со околу 50.000 жители.
Доколку секој од тие жители, во своето седмо колено има по
126 свои претци, испаѓа дека денешните 50.000 жители од тој
град, во своето седмо колено, имале 6.300.000 свои претци.

5
Доколку, пак, се вратиме уште за неколку десетици колена
(генерации) наназад, се добиваат астрономски бројки од
неколку милијарди луѓе како “претци” на овие 50.000
жители. Но, од друга страна се знае дека порано населението
на Земјата било помалубројно. Така, на пример, се смета дека
околу 1000 година по Христа во Европа живееле само околу
40 милиони жители. Па, како да се објасни оваа разлика?
Одговорот е во заедничките претци. Сите жители од тој град
во далечното минато би имале исти претци. Ова значи дека
длабоко во историјата (доколку постојат точни родословни
табели за сите луѓе во Европа), без сомнение ќе се утврди
дека најголемиот дел од денешните европјани се роднини
меѓу себе.
Статистичарот и математичар Џозеф Чанг од Уни-
верзитетот во Јеил (САД) пресметал дека најголемиот број
денешни жители на Европа (со исклучок на доселениците од
Африка и Азија), би имале свои заеднички претци некаде
околу 1200 година по Христа. Тој пресметал дека секој
европјанин, кој живеел околу 1000 година по Христа и кој
оставил свое потомство до денес, практично е еден од
претците на сите денешни жители на Европа.
Марк Хамфри, кој е стручњак за родослови од Уни-
верзитетот во Даблин (Ирска), изнесува уште неколку
интересни податоци.
Тој пресметал дека доколку се утврди дека некоја
личност, која живеела околу 500 година по Христа докажано
има свои директни потомци денес, тогаш таа личност
практично е еден од претците на повеќето луѓе кои денес
живеат во светот, иако се разбира дека од тој предок, кај де-
нешните луѓе е останато незначително генетско наследство.
Исто е и во обратна насока. Секој денешен жител на
светот што ќе остави свое непрекинато потомство, еден

6
далечен ден во иднината (по неколку илјади години), ќе
стане предок на сите луѓе во светот.
Имајќи го сето ова предвид, не треба ниту да се
помисли дека руската царска династија Романови има
“античко-македонско потекло”. Едноставно, постои само
родословна линија за која постојат податоци дека води од
античко-македонската династија, до династијата Романови,
но такви директни родословни линии од оваа династија има
милиони кои водат до поголем број денешни луѓе од светот.
Проблемот е во тоа што овие родословни линии не можат да
се докажат, додека за директната родословна линија која
води до руското царско семејство постојат докази или силни
индиции.
Впрочем, сите податоци што овде се изнесени секој
читател може лесно да ги провери од познатата историска
литература. Овде не нудиме никакви “сензационални откри-
тија” на некои “ново откриени документи” и сл., туку еднос-
тавно до резултатите изнесени во оваа книга се доаѓа само и
само преку трпелива и внимателна анализа на бројните
досега зачувани родословни табели, чии податоци, ќе пов-
торам, секој може да ги провери од познатата и секому
достапна историска литература. Практично во оваа книга е
направено спојување на веќе познати и откриени податоци.
Имено, добар дел од историчарите, како автентични
припадници на античко-македонската династија ги сметаат
само етничките Македонци. Но некои припаднички на оваа
династија, поради различни причини, своевремено се
омажиле за припадници на други владеачки династии, па
преку своите потомци, на извесен начин, тие го продолжиле
генетското наследство од античко-македонската династија
(иако сега во рамките на инородна династија). Слично е и со
руската царска династија Романови. Добар дел од

7
истражувачите на оваа династија, нејзините почетоци ги
лоцираат во 17 век (секако притоа имајќи ги предвид главно
етничките Руси припадници на оваа династија (како
илустрација види на: http://www.ac.wwu.edu/~ stephan/
Rulers/romanov.html). Но во оваа династија постоеле снаи кои
биле припаднички на други народи, па преку нивното (иако
не-руско) потекло, дел од корените на следните припадници
на династијата Романови се протегаат многу подлабоко во
историјата, дури до најраната антика, конкретно до античко-
македонската царска династија, која го дала најголемиот
војсководец на сите времиња - Александар Велики од
Македонија.
Во подготвувањето на оваа книга се јави тешкотија во
презентирањето на податоците. Практично речиси е невоз-
можно читателот да ја следи родословната линија, т.е. табела
целосно во широчина и во длабочина (со сите можни
илјадници разграноци и потомци). Затоа, за да му се олесни
на читателот следењето на податоците, во најголем дел ќе се
задржиме само на извесен дел од директните потомци, т.е. на
оние поединци кои учествувале во директната родословна
линија што ја следиме, а не и на нивните браќа, сестри и
други роднини, кои само патем ќе ги спомнеме. Притоа, ќе
спомнеме и дел од активностите на некои од овие личности.

8
КРАТОК ПРЕГЛЕД НА ИСТОРИЈАТА НА
МАКЕДОНИЈА

Пред да поминеме на главната тема на оваа книга, а


тоа се доказите за роднинската врска помеѓу античко-
македонската владеачка династија и руската царска
династија Романови, должни сме пред руската јавност да
кажеме нешто за историјата на Македонија и Македонците.
Историјата на Македонија, како држава и земја,
отсекогаш побудувала одреден интерес во светот, пред се,
поради значајните личности што оваа земја ги има дадено
како прилог во целокупната човекова цивилизација.
Да се потсетиме само на славниот цар Александар
Велики Македонски(синот на царот Филип Втори
Македонски), во чие време Македонската империја се
протегала на три континенти и чија крајна цел била созда-
вање на светска империја, во која требало да нема граници во
мешањето на различните култури и во која сите народи
требало да живеат братски.
Да се потсетиме и на славната египетска кралица
Клеопатра Седма, која, по крв и по гени, била етничка
Македонка. Таа била далечна правнука на Александровиот
генерал Птолемеј Лагов, кој, по распадот на македонската
империја, останал да владее со Египет.
Да се потсетиме и на фактот дека христијанството во
Европа за првпат почнало да се шири токму преку
Македонија. Македонија и Македонците повеќепати се
спомнати во Библијата, најмногу поради мисијата на светите
апостоли Павле и Лука кои престојувале во оваа земја.
Првите европски христијани биле Македонци.
Во Македонија е роден и познатиот византиски цар
Јустинијан, а етнички Македонци биле и сите византиски

9
цареви, припадници на Македонската династија, која
владеела со Византија од 9 до 11 век.
Македонија ги дала и светите браќа Кирил и Методија,
кои денес, во Европа се третирани како “Сезаштитници на
европскиот континент” и кои го создале првото писмо на
словенските народи.
Македонија го дала и свети Климент Охридски,
човекот за кој се смета дека ја создал кирилицата - писмо на
кое денес пишуваат неколку стотици милиони Руси, Укра-
инци, Срби, Бугари, Црногорци, Македонци и припадници на
други народи.
Етнички Македонци се и бројни светители, кои денес
се слават во католичката и во православната црква.
Во Македонија и денес живее народ, чии припадници
отсекогаш себеси се нарекуваат Македонци и кои од дамнина
живеат во оваа земја. Соседите на Македонија (а пред се
Грција и Бугарија, кои денес држат под своја власт делови од
Македонија, а порано и Србија), го негираат постоењето на
засебна македонска нација, користејќи ја својата бројност и
поголема моќ во однос на Македонците.
Но, и покрај тоа Македонија и македонската нација во
последно време го доживуваат своето повторно
воскреснување.
А сега да ја проследиме накратко историјата на
Македонија.
Првите знаци на организиран живот во Македонија се
среќаваат уште во постариот неолит. Главна карактеристика
на тоа време е развитокот на домашната преработка, особено
на грнчарството.
Во Бронзовата епоха на тлото на јужна Македонија е
забележана појавата на локалната Арменохори група. Во
фазите од Железната епоха продолжува развитокот на култу-

10
рата, што довело до тоа, Македонија многу рано да го
доживее преминот од протоисторискиот во историскиот
период.
Најстарата организирана населба во Европа е
пронајдена во Македонија и истата е датирана од околу 6200
година пред Христа. Оваа населба била пронајдена на
неклку километри од градот Бер (Верија). Куќите во неа
имале по неколку соби и балкони, како и домашно
светилиште, место за оган и за чување храна. Во оваа
населба била пронајдена уметнички изработена женска
фигура, како и слики со: жаби, кози, диви свињи и бикови.
Во осмиот или во седмиот век пред Христа
македонскиот крал Пердика, потомок на Темен, ја основа
македонската држава.
Сигурно дека малку кој тогаш претпоставувал дека
Македонија, од мала и сиромашна земја, за кратко време ќе
се воздигне во самиот врв на тогашниот свет. Античките
Македонци, низ етногенетските процеси на домородните
племиња што живееле во Македонија, се воздигнале како
засебен народ, со сопствен македонски јазик, сопствена
култура и сопствена религија.
Животот на античка Македонија продолжил преку
владеењето на кралевите од таканаречениот “историски
период”, како што се: Александар Први, Пердика Втори,
Архелај Први, Кратеј, Орест, Архелај Втори и други.
Македонија живее како сиромашна балканска држава, с#
додека во 359 година пред Христа, на македонскиот престол
не се качил Филип Втори Македонски. Со стапувањето на
власт на Филип Втори, Македонија го доживува својот силен
подем и процут. За кратко време, овој владетел ги поразил
околните народи, ги избркал грчките колонисти од маке-
донското крајбрежје и ги проширил границите на

11
Македонија. Овие успеси во голема мера се должеле на
фактот што Филип Втори ја реорганизирал македонската
војска, востановувајќи ја, на далеку прочуената, Македонска
фаланга. Овие успеси на Македонија не ја оставиле
рамнодушна Атина и таа, на чело на останатите грчки
градови-држави, му објавила војна на Филип Втори Ма-
кедонски. Војната завршила со тежок пораз на Грците по
решавачката битка кај Херонеја во 338 година пред Христа.
Потоа грчките градови-држави потпаднале под македонска
хегемонија. Но, амбициите на Филип биле Македонците да
продолжат со војната и против Персија. Токму во екот на
подготовките на оваа војна, Филип Втори бил убиен во
атентат за време на свеченостите по повод свадбата на
неговата ќерка Клеопатра.
За наследник на Филип Втори е избран неговиот син
Александар, кој за кратко време ќе ја разнесе славата на
Македонија низ целиот свет. Првите чекори што на воен
план ги презел младиот македонски цар било смирувањето
на бунтовите што, против македонската власт, ги кренале
Илирите, Тракијците и Грците. Откако ја зацврстил власта
над нивните држави, Александар организирал поход против
Персија, која тогаш била една од најмоќните држави во
светот. Првата поголема македонско-персиска битка се
одиграла кај реката Граник, а потоа следувале уште неколку
битки, од кои најпознати се битките кај Ис и кај Гавгамела.
По поразите во овие битки, Персија била целосно разбиена и
освоена од Македонците. Потоа Александар Македонски
стигнал и до Индија, каде го поразил индискиот принц Пор,
но и неколку други индиски владетели. Тогаш македонската
империја, целосно или делумно, се протегала на териториите
на денешните држави: Македонија, Грција, Албанија, Буга-
рија, Турција, Израел, Либан, Ирак, Сирија, Египет, Либија,

12
Иран, Афганистан, Пакистан, Индија и други. Токму кога
Александар се подготвувал да ја освои цела Индија со
тенденција да продолжи кон Индокина, македонските
војници, преморени од долгогодишните војни, одбиле да го
следат својот цар во походот кон далечниот Исток.
Александар Македонски со тешко срце се согласил да се
врати назад, но по патот кон Македонија, тој умрел, најверо-
јатно поради болест, во Вавилон во 323 година пред Христа,
кога бил на возраст од само 32 години. Според сведоштвата
на античките историчари, доколку Александар не го
напуштел прерано овој свет, тој планирал освојување и на
териториите на денешна Арабија, на цела северна Африка,
како и на Пиринејскиот и на Апенинскиот Полуостров.
Всушност, повеќе истражувачи се согласуваат со констата-
цијата дека крајна цел на Александар Македонски била ос-
војување на целиот свет и мешање на народите и културите
во една заедничка светска држава.
По смртта на Александар Македонски, огромната
македонска империја бргу се распаднала на неколку држави,
но Македонците и натаму останале да владеат со некои од
нив. Така, на пример, Македонците останале да владеат со
Египет. Имено, по смртта на Александар, Египет се одделил
како самостојна држава на чие чело застанал александровиот
генерал (и негов полубрат) Птолемеј (367 - 283 пред
Христа). Тој ја основал македонската династија Птолемеи,
која останала да владее со Египет уште речиси триста
години години по смртта на Александар Македонски.
Птолемеите Македонци, кои владееле со Египет, длабоко ја
почитувале египетската култура, иако мнозина од нив
никогаш не го научиле египетскиот јазик. Сепак,
македонската династија на Египет му донела голем
економски процут, поради што и останала толку долго да

13
владее со оваа земја. Најпозната владетелка од македонската
династија Птолемеи е далечната пра-внука на Алек-
сандровиот генерал Птолемеј, познатата египетска кралица
Клеопатра Седма. Не постои сериозна светска историска
енциклопедија во која не е потенцирано етничкото
македонско потекло на оваа славна египетска кралица.
Македонските династии владееле и со други држави
од распаднатата империја на Александар Македонски. Така
на пример со источното Средоземје и со дел од средна Азија,
преку два и пол века, останала да владее македонската
династија Селевкиди, додека со Пергамското кралство
владееле Македонците Аталиди.
Што се однесува до Македонија, таа, по распадот на
империјата, останала да егзистира како самостојна држава на
Балканот, чиј живот бил исполнет со внатрешни борби за
освојување на престолот. Во третиот и вториот век пред
Христа, Македонија водела жестоки војни против Римјаните.
Последниот легитимен македонски цар Персеј не успеал да
ја сочува Македонија пред налетот на римските војски. По
битката кај Пидна, во 168 година пред Христа, Македонија
целосно потпаднала под римска власт. По неколкуте
неуспешни обиди за востание против Римјаните, античката
македонска држава престанала да постои.

За засебноста на античките Македонци

Овде за миг ќе направиме мала дигресија од следе-


њето на историските настани и ќе се задржиме на карактерот
на античките Македонци.
Вистината дека античките Македонци не биле никакви
Грци денес е с# поприфатена во светската наука, наспроти

14
жестоките напори на грчката историографија и пропаганда
да го докаже спротивното. Во пошироката јавност е малку
познато дека за прв пат дури во 19 век биле создадени
посериозните пропагандни артикулации за наводниот “грчки
карактер” на античките Македонци. Најгласни во овие
тврдења биле тогашните германски историчари.
Познатиот американски историчар д-р Еуген Борза, во
својата книга “Во сенките на Олимп - појавата на Маке-
донците” (In the Shadow of Olimpus, The Emergence of
Macedon, Princeton Univercity Press, Princeton, New Jersey,
ISBN 0-691-05549-1, USA, 1990), прави детален преглед на
теориите во 19 век поврзани со етничкото потекло на антич-
ките Македонци. Тој објаснува дека во 19 век, токму герман-
ските учени почнале погласно да го пропагираат наводниот
“хеленизам” кај античките Македонци. Д-р Борза пишува
дека тие тоа го правеле поради сопствени потреби и
интереси, како на пример поради обединувањето на
Германија и сл. Ним им бил потребен некој древен јунак
“обединител”, на кого требало да се угледаат нивните
тогашни политички водачи. Таков “обединител” тие виделе
во лицето на Филип Втори Македонски, кој наводно ги
“обединил” Грците.
Но, д-р Борза (цит. дело, стр. 7) пишува дека во оваа иди-
лична слика за Филип Втори како “обединител на Грците”
германските учени од 19 век се судриле со една
непремостлива пречка. Имено, тие не знаеле како да ги
објаснат говорите на познатиот грчки (атински) оратор
Демостен, во кои, тој жестоко ги напаѓал Македонците како
окупатори (а не како “обединители”) на грчките градови-
држави, нарекувајќи ги “барбари” и “тирани”.
Со текот на времето, компаративните научни истра-
жувања од разни области, с# повеќе почнаа да приложуваат

15
докази дека античките Македонци не биле никакви Грци.
Така, денешните обиди на грчката пропаганда да го докаже
спротивното претставуваат само рецидив од германската
пропаганда на 19 век, секако надополнет со дневно-
политичките и стратешки национални грчки интереси, какво
што е задржувањето на приграбениот крупен дел од
Македонија во 1913 година и сл.
Излегувањето на површина на податоците за етничката
засебност на античките Македонци и денес е попречувано
поради низа објективни и субјективни фактори. Како прво,
податоците од старите наративни извори за Македонците во
голема мера до нашево време стигнале преку записите на
нивните непријатели. Овој факт го признава и грчкиот
археолог проф. Фотис Пецас. Во својата статија “Едно
свинче-патешественик”, овој грчки археолог, пишува:
“Во 1967 година започнавме со долгорочни ископувања
во Едеса (Воден, з.м.). Одевме да решиме сериозни
проблеми: кои биле древните Македонци? Одговорот на
прашањето не го даваат целосно историските извори за
праисторискиот период. Македонски извори не се зачувани.
За Македонците имаме информации главно од непри-
јателите на Македонците: од Атињаните, како Демостен;
од Римјаните, како Ливие, или од Грците под римска
окупација, како Полибие. Само Македонија, само македон-
ската земја може да даде вистинска слика за древна
Македонија, непристрасно...” (подетално кај: Христо
Андоновски: “Јужна Македонија од древните до денешните
Македонци”, Скопје, 1995 год., стр. 19).
Познатата американска историчарка д-р Синдија Синдор
Словиковски, во својата книга “Спортот и културата во
античко-македонското општество”, пишува слично:

16
“Голем дел од податоците за Македонците доаѓа од
писатели кои живееле во грчките градови-држави, полиси.
Животот и историјата на Македонците честопати им
биле туѓи на Грците”. (D-r Synthia Syndor Slowikowski,
Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society, The
Pennsylvania State University, 1988, стр. 8).
Слично пишувал и познатиот француски научник Виктор
Берар (1864-1931). Во изданието “La Revue de Paris”, тој
напишал:
“До не така одамна Франција не ги познаваше Македон-
ците... Ние не ги познававме и ги омаловажувавме затоа
што всушност за нив дознававме од злобните белешки на
старите и на сегашните Грци.” (цит. според: Т. Л. Поречки:
“Истина о Македонији кроз документацију”, Белград, 1992,
стр. 62).
Од друга страна ни современите археолошки иско-
пувања во денешниот дел на Македонија под Грција не се
отидени којзнае колку далеку, а да не зборуваме за веро-
јатниот субјективизам во презентирањето на археолошките
наоди од страна на грчката држава пред светот.
Сепак, и покрај сите овие моменти, денес има
пронајдено доволно докази за самобитноста на античките
Македонци. Во продолжение ќе наведеме некои од нив.

За засебноста на античкиот македонски јазик

За античките Македонци се знае дека зборувале на


сопствен македонски јазик. За овој факт постојат повеќе
сведоштва од античките историчари.
Но и покрај тоа, современите грчки и прогрчки
настроени историчари, и натаму сметаат дека јазикот на

17
античките Македонци не бил посебен јазик, туку бил
дијалект на грчкиот јазик. Меѓутоа, за ова тие не нудат ниту
еден сериозен доказ, туку само шпекулации, па дури и
неточни податоци (фалсификати).
Така, на пример, поголем број грчки и прогрчки
настроени автори посочуваат на извадок од една комедија на
старогрчкиот комедиограф Стратис (под наслов “Македон-
ци”) напишана во 5 век пред Христа. Тие велат дека во оваа
комедија била потенцирана сличноста помеѓу македонскиот
и грчкиот (атички) “дијалект”. Наводно “во различни делови
од оваа комедија”, еден Македонец објаснувал како разни
зборови од атичкиот дијалект биле нарекувани на
“македонскиот дијалект”. Притоа се гледало дека се работи
за слични зборови, што значи дека Македонците и
Атињаните биле “ист народ”, штом зборувале “сличен
јазик”. (Повеќе детаљи за ваквиот грчки став има во:
“Frequently Asked Questions on Macedonia", Compiled by
Alexandros Gerbessiotis; Copyright 1993;
http://www.macedonia.info/FAQ.htm).
Податокот со извадокот од драмата од Стратис
нашироко се користи низ Интернет од страна на грчките
пропагандисти, а овој податок го користат и други странски
автори, па дури истиот е внесен и во големата интернет
енциклопедија Википедија.
Веднаш ќе кажеме дека ваквото тврдење на грчките и
на прогрчки настроените автори е обична лага заснована врз
чист фалсификат! Имено, од атинскиот комедиограф
Стратис не е зачувано ниту едно дело во целина. Сочувани
се само неколку реченици од неговите драми и тие се
пренесени во делата на античкиот автор Атенај од Наукрат.
Како второ и најважно, спомнатите наводни “раз-
лични делови” од неговата драма “Македонци” во кои

18
наводно “еден Македонец објаснува како разни зборови од
атичкиот дијалект биле нарекувани на македонскиот
дијалект” воопшто не постојат и тие се измислица на
современите грчки пропагандисти! Практично сочуван е
само еден фрагмент од оваа драма, составен од само три
кратки реченици. Во нив еден Атињанин прашува како се
изговарало името на некоја риба, по што добил одговор на
грчки. Современтите грчки пропагандисти сметаат дека тој
одговор му го кажале “Македонците” и дека тоа било
“доказ” дека тие зборувале “грчки”.
Меѓутоа, во оригиналот на драмата воопшто не
пишува дека одговорот на грчки го кажале Македонци!
Впрочем, еве го интегралниот запис од Атенај во врска со
фрагментот од драмата на Стратис (објавен во неговото
дело “Deipnosophists" VII книга, Loeb Classical Library; ISBN
0-674-99380-2; стр. 508). Го пренесуваме овој фрагмент во
превод на Charles Burton Gulick:
“Според Стратис во неговата драма 'Македонци'
некој Атињанин поставил прашање за некое име што не го
знаел и притоа рекол:
'Но, што е тоа сфирена'?
Другите му одговориле:
'Вие, о Атињани, неа ја викате кестра.' (Athenaeus,
“Deipnosophists" VII book, р. 508, Loeb Classical Library. Ова
е единственото целосно издание на делото од Атенај на
англиски, објавено во седум тома).
Еве тоа е тој фрагмент од Стратис. Гледаме дека се
работи за само три кратки реченици, во кои Атињанинот
поставува прашање што значел зборот “сфирена”, а група
луѓе му одговориле дека тоа била риба, која Атињаните ја
викале “кестра”.

19
Меѓутоа никаде не пишува дека луѓето што му
одговориле биле Македонци! Сосема јасно читаме дека тие
што му одговориле овде се наречени “другите”, без да биде
посочена нивната етничка припадност.
Впрочем, некои сериозни грчки историчари ова
многу добро го знаат и го признаваат. Така, на пример,
американскиот историчар од грчко потекло Елијас
Капетанопулос, во својата книга под наслов “Xennias
Makedonizon te phone" (1993, стр. 17), сосема јасно признава
дека во фрагментот од драмата на Стратис, воопшто не се
знае кој ја кажува оваа реплика. Со ова Капетанопулос
сугерира на останатите грчки автори дека не можат да го
користат тој (фалсификуван) податок за своите тврдења
според кои јазикот на античките Македонци бил “грчки”.
Прв современ грчки автор кој пошироко го
промовираше овој фалсификат е историчарот М. Сакелариу
во своето дело “Македонија: 4000 години грчка историја и
цивилизација”, поглавие за “македонскиот дијалект”).
Оттогаш, грчките историчари и пропагандисти само го
повторуваат овој фалсификат, па дури истиот е застапен и во
некои енциклопедии, каква што е интернет енциклопедијата
“Википедија” (Wikipedia, the free encyclopedia, наслов:
"Ancient Macedonian language"). Секако дека, врз основа на
аргументите, ваквата состојба ќе мора да се промени.
Грчките и прогрчки настроените историчари го
потенцираат и фактот дека постојат наративни сведоштва
според кои Македонците и Епирците (народ кој живеел во
Епир - територија која денес се наоѓа во јужна Албанија и
северозападна Грција) меѓусебно можеле да се разберат, а
бидејќи Епирците биле “Грци”, тогаш такви биле и
Македонците. Така, на пример во Биографија за епирскиот
крал Пир, античкиот автор Плутарх пишува дека Пир добро

20
се разбирал со Македонците (The Parallel Lives by Plutarch,
Plutarch: Life of Pyrrhos" published in Vol. IX of the Loeb
Classical Library edition, 1920).
Веднаш ќе кажеме дека ваквото сведоштво на
Плутарх во целост го прифаќаме. Постојат и други
аргументи во полза на тврдењата дека постоела сличност
помеѓу јазикот на Македонците и на Епирците и тоа е факт.
Меѓутоа, овој факт нема никаква врска со тврдењето на
грчките и прогрчките автори, според кое, Македонците
зборувале “грчки дијалект”. Очигледно е дека овие автори
поаѓаат од хипотезата дека Епирците зборувале грчки, па
аналогно на тоа, и Македонците зборувале грчки (штом
меѓусебно можеле да се разберат). Но, тоа воопшто не е
точно! Епирците не биле никакви Грци, па оттаму тие и не
зборувале грчки.
Повеќе докази за негрчкиот етнички карактер на
Епирците се сублимирани во истражувачкиот труд на
британскиот воен историчар мајорот Ардаг, објавен како
официјален документ на владата на Велика Британија во
1881 година. Во тоа време Грција планирала да го окупира
Епир, тврдејќи дека има “историско право” врз оваа
територија. Заради тоа, британската влада го ангажирала
својот воен историчар мајорот Ардаг, со цел да изготви
историски труд (меморандум) во кој ќе посочи податоци за
етничкиот карактер на Епир во антиката. Оваа задача Ардаг
ја добил во 1880 година, а веќе во 1881 тој го поднел својот
извештај до британската влада.
Во меморандумот Ардаг цитира извадоци од делата
на сите антички автори, кои пишувале за етничкиот карактер
на Епир. Притоа мајорот Ардаг јасно заклучува дека Епир
никогаш во антиката не бил етничка грчка територија. Овој
меморандум е објавен во едицијата “Британски документи

21
за надворешните работи” (“British documents of foreign
affairs", Part I, Series F, Europe 1848 - 1914, Vol. 14 "Greece,
1847 - 1914", University publications of America). Неговиот
наслов е “Меморандум за античките граници на Грција” и
истиот бил примен во британската влада на 24 февруари
1881 година. Во него мајорот Ардаг детаљно наведува
извадоци од делата на антички автори, кои пишувале за
Епир, при што заклучува дека никаде не нашол доказ дека
Епир бил “грчка територија” (Повеќе детаљи за овој
Меморандум објавивме во книгата “Јазикот на античките
Македонци”, Штип/Сиднеј 2006).
Грчките и прогрчки определените истражувачи твр-
дат дека јазикот на кој зборувале античките Македонци бил
сличен на атичкиот грчки дијалект и поради постоењето на
извесен број идентични и слични зборови од обата говори,
добиени од разни антички и средновековни извори.
Во врска со ова ќе кажеме дека Грците и
Македонците биле соседни народи и нема ништо чудно во
своите јазици да прифаќале зборови од јазикот на својот
сосед. Ова не се случувало само во историјата, туку се
случува и денес. Не постои народ во чиј говорен јазик
(барем во пограничните области) нема зборови од јазикот на
своите соседи. Нема сомнение дека Македонците прифаќале
грчки зборови поврзани со некои цивилни и воени
институции, но и Грците прифаќале зборови од јазикот на
Македонците.
Дури постојат антички сведоштва според кои Грците
биле тие кои повеќе примале зборови од Македонците, а не
обратно. Доказ за ова е сведоштвото на спомнатиот антички
автор Атенај од Наукрат. Тој јасно потенцирал дека токму
атичките (атинските) автори примале зборови од

22
Македонците ("Deipnosophists" III., Loeb Classical Library,
William Henemann, London p. 201).
Во врска со прифаќањето на туѓи зборови во јазикот
на античките Грци, постои сведоштво и од Плато. Во своето
дело “Кратил” тој пишува дека Хелените “често позајмувале
зборови” од барбарите (Plato "Cratylus", електронско издание
во превод на англиски:
http://classics.mit.edu/Plato/cratylus.html).
Имајќи го предвид фактот дека Македонците и
Тракијците биле најблиски соседи на Хелените (Грците),
јасно е дека тие токму од нив прифаќале зборови во својот
јазик.
Наспроти неуверливите хипотези за “грчкиот карактер”
на јазикот на античките Македонци, постојат повеќе
децидни антички сведоштва кои зборуваат во полза на
вистината дека тоа бил посебен македонски јазик. Во
продолжение ќе наведеме некои од нив.
Античкиот грчки историчар Плутарх, опишувајќи една
расправија помеѓу Александар Велики и еден негов при-
јател, во својата биографија за Александар Велики во 53-та
глава, запишал дека Александар: “скокнал на нозе и почнал
на македонски да ги довикува своите штитоносци.”
(Плутарх: Александар Македонски, Скопје, 1994).
Плутарх и на други места пишувал за засебноста на
македонскиот јазик. Така, на пример, во биографијата за
Марко Антоние, тој пишува дека припадниците на династи-
јата на Македонците Птолемеи (наследници на
александровиот генерал Птолемеј, кој подоцна останал да
владее со Египет) зборувале на македонски јазик, иако некои
од нив во практиката го запоставувале овој јазик за да можат
да се разберат со своите не-македонски поданици во Египет.
Најпозната припадничка на македонската династија

23
Птолемеи била славната египетска кралица Клеопатра
Седма. Плутарх пишува дека Клеопатра зборувала голем
број јазици, при што споменува дека нејзиниот мајчин јазик
бил македонскиот. (Antony by Plutarch, Translated by John
Dryden).
Дека античките Македонци зборувале на засебен
македонски јазик сведочи и латинскиот историчар Квинтиј
Куртиј Руф (Quintus Curtius Rufus). Тој цитира изјава на
самиот Александар Велики во која тој, обрнувајќи им се на
Македонците во прво лице множина, го споменува (цитат):
“мајчиниот” и “нашиот јазик”. Овој историчар дури
пишува и дека Грците и Македонице меѓусебно
комуницирале “преку преведувачи” (Quintus Curtius Rufus,
"De Rebus Gestis Alexandri Macedonis",VI, 10; Квинтиј Куртиј
Руф: Историја на Александар Македонски, во превод од
латински на д-р Љубинка Басотова; Скопје, 1998 година).
Доказ за засебноста на македонскиот јазик има и во
еден пронајден фрагмент од папирус, за кој се сметало дека
претставува дел од изгубеното дело под наслов “Историја
на наследниците” од античкиот грчки историчар Аријан. Во
овој папирус (PSI XII.1284), спомната е една епизода од
македонската историја во која е јасно потенцирана
засебноста на македонскиот јазик. Овде читаме дека секре-
тарот на Филип и на Александар Велики, по име Евмен
(цитат): “...испратил напред еден човек, по име Ксение, кој
зборувал македонски...” за да преговара со Македонската
војска на Неоптоломеј. Овој настан се случил околу 321
година пред Христа.
Дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот
пишуваат и многу подоцнежни и современи автори. Дури и
во “Историјата на Грција”, од авторот Џорџ Герот,
објавена во Лондон во 19 век, пишува дека македонскиот

24
јазик бил различен од грчкиот (“History of Greece" by George
Gerote, Vol.II, third edition, London, John Murray, Albemarle
Street, 1851, дел 2, стр. 14 и 15).
За засебноста на античкиот македонски јазик постојат и
други докази, кои ќе ги наведеме во продолжение. Познато
е дека големиот атински говорник Демостен во своето дело
“Филипики”за Филип Втори Македонски ја дал следната
навредлива изјава:
“Филип, тој човек не само што не е Грк, туку и нема
ништо заедничко со Грците. Барем да беше барбарин од
некоја пристојна земја - но тој не е ни тоа. Тој е некакво
шугаво суштество од Македонија - земјата од која не
можеш да доведеш ниту роб што барем нешто вреди”.
Се поставува прашањето: зошто Демостен го нарекол
Филипа “барбарин”? Што значел овој термин во антиката?
Научниците се речиси едногласни кога тврдат дека терминот
“барбарин” во антиката главно се однесувал за луѓе кои
зборувале на неразбирлив јазик за Грците со доза на потце-
нување кон нивната култура. Значи, сите народи кои не
зборувале грчки, Грците ги нарекувале “барбари”, додека
помеѓу себе Грците си се нарекувале “ксенои”.
Демостен не бил единствениот Грк, кој вака ги нарекол
Македонците. И античкиот грчки историчар Исократ ги
нарекол Македонците “барбари”, а таков бил случајот и со
Гркот Тразимах во 5 век пред Христа (D-r Synthia Syndor
Slowikowski, цит. дело, стр. 30). Во својот говор за Ларис-
јаните, Тразимах го нарекол македонскиот крал Архелај како
“барбарин” во однос на Грците Ларисјани (Тукидид 2,8,1.
Исократ 5.108 и Климент Александриски 6.2.17).
Децидна потврда за постоењето на засебниот античко-
македонски јазик имаме и кај граматичарот Хесихиј од
Александрија, кој живеел во 5 век. Тој напишал обемен

25
лексикон со неколку десетици илјади зборови што се
појавувале во античките текстови, а кои потекнувале од
тогашните грчки дијалекти, но и од јазиците на други наро-
ди. Притоа тој запишал и зборови од античкиот македонски
јазик. Во врска со ова во енциклопедијата Колумбија (The
Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. Copyright © 2001
Columbia University Press, наслов: Hesychius of Alexandria),
читаме:
“Хесихиј од Александрија живеел во 5 век и бил
граматичар од Александрија. Познат е како составувач на
непроценлив лексикон од необични зборови и изрази што се
појавувале во грчките текстови. Материјалот бил собиран
од специјални области (на пример медицина и сл.), од пишу-
вањата на постари поети, како и од разни дијалекти и
јазици. Овој лексикон претставува извор практично на
целиот материјал што сега е достапен за некои од исчез-
натите јазици, како што е случајот со античко-
македонскиот јазик.”
Патем да спомнеме дека содржината на Лексиконот на
Хесихиј (барем во времето на пишувањето на овие редови)
до денес не е целосно научно коментирана. Овој Лексикон
претставува релативно ретка книга (последното издание е
објавено во Холандија во 1965 година и денес примероци од
ова издание тешко се наоѓаат). Целосен осврт на античко-
македонските зборови презентирани во овој Лексикон и во
други антички извори, како и делумен преглед на карактерот
на јазикот на античките Македонци, вклучувајќи ја и
сличноста на одделни зборови од тој јазик со зборови од
денешниот македонски и други словенски јазици,
презентиравме во книгата “Јазикот на античките
Македонци” (цит. дело).

26
Инаку, факт е дека владеачките кругови во античка
Македонија во одреден период на својот развиток го при-
фатиле грчкиот литературен јазик, но тоа апсолутно не значи
дека Македонците биле Грци. Како прво со тогашниот
литературен грчки јазик се служеле и други народи. Така, на
пример, припадници од разни народи: Грци, Македонци,
Тракијци, Евреи, Илири, па дури и Римјани во одреден исто-
риски период пишувале на старогрчкиот јазик, што никако
не значи дека тие биле Грци. Вакви примери имаме и денес
(Ирците, кои пишуваат па дури и зборуваат на англиски, а не
се Англичани; Бразилците кои пишуваат и зборуваат на
португалски и други).
Поради ова се поставува прашањето: зошто грчката
историографија единствено за Македонците тврди дека се
“Грци”, а истото не го тврди и за Илирите, Тракијците,
Бугарите, Римјаните, како и за сите останати народи кои во
одреден период се служеле со грчкиот литературен јазик?
Што се однесува до користењето на грчкиот
литературен јазик на Македонскиот кралски двор, се знае
дека тоа било прифатено во одреден период од развитокот
на македонската држава, а не дека така било “отсекогаш”.
Во прилог на ова ќе потенцираме дека не постои ниту еден
натпис на грчки јазик на територијата на цела Македонија
што датира од 5 век пред Христа, т.е. од времето пред
делумното прифаќање на грчката култура во Македонија.
Знаеме дека стари натписи на грчки јазик се пронајдени мно-
гу поодамна од 5 век пред Христа на територијата на
денешна Грција (па дури и во Тракија), но такви натписи во
Македонија - нема! Впрочем, за ова сведочат токму грчките
историчари, а секако дека сведоштва за ова има и кај странс-
ките историчари. Како илустрација за ова ќе го споменеме
грчкиот историчар Пецас, во својата статија “Едно свинче

27
патешественик”, пишува дека не е пронајден ниту еден
грчки натпис од раниот антички период во Македонија.
И познатиот грчки универзитетски професор Даскалакис
се жали дека, оние странски научници, кои тврделе дека
античките Македонци не биле Грци, тоа го тврделе поради
повеќе причини, од кои едната била токму непостоењето на
стари грчки натписи во Македонија. Притоа професор
Даскалакис пишува:
“Во Македонија и покрај толкуте ископувања до денес не
се најдени натписи на грчки јазик од тој период”.
(Подетално за овие изјави кај: Христо Андоновски: “Јужна
Македонија од древните до денешните Македонци”, Скопје,
1995 год.).
Значи дури и официјалната грчка историографија
признава дека во Македонија не постоеле натписи на грчки
јазик од постариот период.
И д-р Борза пишува дека денешните грчки историчари
пред светската јавност ги форсираат исклучиво натписите на
грчки јазик од Македонија, кои потекнуваат главно од 4 век
пред Христа, т.е. од времето кога македонските владетели
веќе дозволиле прифаќање на дел од грчката култура во
својата држава (Борза... с. 93).
Поради сето ова, се поставува прашањето: како е
можно Македонија отсекогаш да била земја со “грчка
култура”, до колку се знае дека во неа не се пронајдени
никакви натписи на грчки јазик од времето кога таа егзис-
тирала без поблиски и помасовни културни врски со
тогашните грчки градови, а истовремено такви натписи се
пронајдени низ цела денешна Грција? Како е можно Македо-
нија отсекогаш да била “грчка земја”, кога се знае дека во
Македонија тогаш воопшто не се ни зборувал грчкиот јазик
(посебно не меѓу широките народни маси)? Навистина на

28
овие прашања грчката наука и пропаганда не можат да дадат
одговор пред светската јавност.
Треба да се спомне дека и оние натписи во Македонија
кои биле напишани на грчки јазик се полни со граматички
грешки, што секако дека е уште еден доказ во прилог на
вистината дека овој јазик им бил туѓ на Македонците.
Овде треба да се потенцира и дека ни древното грчко
писмо воопшто не е автентично грчко. Се смета дека тоа
било позајмено од Феникијците, иако во поново време и во
Македонија се откриени графеми, за кои се претпоставува
дека дури биле и постари од феникиските и за кои е многу
веројатно дека можеби биле прифатени од Грците во созда-
вањето на нивното писмо. Остануваме отворени за сите идни
сознанија во врска со ова.

Други докази за разликите помеѓу


античите Македонци и античките Грци

Постојат и голем број наративни сведоштва, кои говорат


за разликите помеѓу античките Македонци и Грци. Повеќе
древни историчари јасно ги спомнуваат одделно
Македонците од Грците. Така, на пример, мнозина од нив
имаат напишано: “Македонците и Грците”. Се знае и дека на
Македонците им било забрането да учествуваат на грчките
олимписки игри, затоа што не биле сметани за Грци.
Меѓутоа, факт е дека македонските владетели форсирале
приказна за своето потекло според која тие наводно
потекнувале од митскиот јунак Херакле. Но, денешните се-
риозни историчари ја отфрлуваат оваа приказна како изблик
на тогашниот романтизам, според кој, мнозина владетели на
разни народи во антиката (па и подоцна) себе си си

29
припишувале митско потекло. Впрочем овој феномен е
добро познат и истиот е забележан и во подоцнежната
историја (Еуген Борза, цит. дело, стр. 48, 80, 81 и 83).
Не се докажани ни теориите според кои првите познати
македонски владетели наводно потекнувале од градот Арг
на Пелопонез. Некои историчари сметаат дека ваквата
приказна е обична измислица, а други сметаат дека
македонските владетели и навистина потекнувале од градот
Арг, но не од оној Арг на Пелопонез, туку од Арг во
Македонија. (Наводното потеклото на македонската динас-
тија од Пелопонез аргументирано и детално го побива д-р
Борза во својата спомната книга). Истовремено таму се
наведени и сведоштва од современи грчки историчари кои
пишуваат дека најстарата позната македонска династија не
потекнува од Пелопонез, туку од Македонија).
Помеѓу Македонците и Грците имало и бројни
вооружени судири. Познато е дека една од првите мерки што
Филип Втори Македонски ги превзел откако ја зајакнал
македонската држава било анектирањето на атинските ко-
лонии на територијата на Македонија, т.е. нивното приклу-
чување кон матичната држава. Филип Втори насила влегол
во овие градови и ги избркал оттаму грчките колонисти да се
вратат назад на територијата на денешна Грција, а оние кои
пружиле отпор, ги ликвидирал или ги продал како робје.
Расположението на Грците кон нивниот освојувач
Македонија јасно се гледа и во фактот што речиси сите
грчки градови со голема радост ја примиле веста за смртта
на Филип Втори Македонски, надевајќи се дека лесно ќе
излезат на крај со неговиот млад син Александар и дека бргу
ќе се ослободат од македонското ропство. Поради ова
Грците во Теба кренале востание против македонската власт
на чие чело тогаш се наоѓал Александар Македонски. Ова

30
востание детално го опишува токму античкиот грчки
историчар Аријан. Тој пишува дека и Атињаните посакале
да се приклучат на отпорот против Македонците, но се
откажале од таа идеја, откако виделе дека Александар
жестоко го задушил востанието на Тебанците. Теба била
срушена до темел, а мнозина од востаниците и од нејзините
жители биле убиени. Се смета дека биле убиени околу шест
илјади Грци-Тебанци. (Arrian: “The Campaigns of Alexander",
Translated by Aubrey De Selincourt, Pengiun books, USA,
1987).
Омразата на мнозинството Грци кон Македонија доа-
ѓала до израз и во многу други прилики. Така, на пример,
Александар Македонски се биел против голем број Грци
уште во првата посериозна битка против Персија кај реката
Граник. Во оваа битка Александар заробил околу 2000 Грци,
кои се бореле на страната на Персија.
Голем отпор на Александар му пружиле и грчките
малоазиски градови, кои се наоѓале под персиска власт.
Александар сметал дека овие градови ќе го дочекаат со
радост затоа што ќе ги ослободи од персиската власт. Но, се
случило токму спротивното. Грците од овие градови
жестоко се спротивставиле на Македонците. Посебно голем
отпор му пружиле градовите Милет и Халикарнас. Поради
тоа се поставува прашањето: до колку Македонците биле
Грци, зошто тогаш грчките градови и население, кои биле
поробени од Персија им пружале толку голем вооружен
отпор на Македонците? Нели требало тие да се радуваат на
своето ослободување?
Уште подрастичен пример за омразата на Грците кон
Македонците бил случајот со битката кај Ис кога на
страната на Персија, против Александар Македонски се
биеле дури триесет илјади Грци и тоа како елитни

31
единици во составот на Персиската војска! По победата на
Александар некои од нив биле заробени, но над 8.000
успеале да побегнат во планините, за што исто така сведочи
античкиот грчки историчар Аријан, кој дури пишува и дека
помеѓу Македонците и Грците постоело “расно ривалство”
(Arrian, цит. дело, стр. 119).
Подоцна и во битката кај Гавгамела против
македонската војска на страната на Персијанците исто така
учествувале илјадници Грци.
Поради сето ова навистина е смешно кога денешната
грчка историографија тврди дека војската на Александар
Македонски наводно била “грчка”. Каква е таа “грчка
војска”, која се биела против илјадници Грци припадници на
персиската војска? И зошто Грците се биеле на страната на
Персија, до колку војската на Александар и навистина била
“грчка”? Се знаат вековните непријателства меѓу Пер-
сијанците и Грците, па оттаму нема никаква логика десетици
илјади Грци да се борат на страната на Персија против
“сопствената” војска. Одговорот на овие прашања е еден и
единствен! Огромен број Грци ја мразеле Македонија повеќе
и од својот вековен непријател Персија, штом дури решиле и
да учествуваат на персиска страна во војната против
Македонците.
Македонците се спомнати одделно од Грците и од
страна на античкиот грчки историчар Диодор
Сицилијанецот, а веќе споменатиот Плутарх (1 и 2 век по
Христа) сосема јасно напишал дека Грците биле под ропство
на Македонците и дека биле ослободени дури откако на
Балканот се појавиле Римјаните ("Aemilius Paulus" by
Plutarch, Translated by John Dryden).
Плутарх пишува за разликите меѓу Македонците и
Грците и во биографиите за спартанските кралеви Агис,

32
Агесилас, како и во делото “Споредба помеѓу Филопомен и
Фламининус.
Македонците и Грците како одделни народи во своите
дела ги спомнуваат и голем број други антички автори, меѓу
кои: Павсанија, Страбо, Јустин, Тукидид, еврејскиот
историчар Јосиф Флавиј (1 век по Христа) и многу други.
Сепак, најубедлив доказ за разликите помеѓу античките
Македонци и античките Грци претставува различната
етногенеза на овие два народа. Етногенезата претставува
значаен параметар во одредувањето на етничкото потекло на
некој етникум.
Етногенезата на античките Македонци ни зборува дека
тие биле засебен балкански народ, главно создаден од
мешањето на старите домородни племиња, кои живееле на
територијата на Македонија. Најзначаен етникум во форми-
рањето на античките Македонци биле Бригијците
(подетаљно за ова кај д-р Наде Проева: “Студии за
античките Македонци”, Скопје, 1997, на неколку места).
Бригијците биле староседелци во Македонија (и пошироко),
а по Тројанската војна делумно се преселиле во Мала Азија.
Освен нив, во етногенезата на античките Македонци биле
вклучени и други домородните древно-македонски племиња:
Десарети, Линкести, Орести, Крестонци и други, а подоцна и
Пајонците (кои и самите во голема мера потекнувале од
Бригијците).
Етногенезата, пак, на античките Грци ни покажува дека
тие главно биле составени од мешањето помеѓу Ахајците и
Дорците.
До не така одамна мнозина историчари сметаа дека
Дорците биле еден од главните етникуми и во етногенезата
на античките Македонци. Ваквиот став историчарите главно
го препишуваа едни од други, без некоја посериозна

33
критичка анализа на истиот. Но, во поново време, врз основа
на најновите истражувања и преиспитувања на досега
познатите материјали, ваквата теорија е целосно отфрлена.
Причините за ова се многу едноставни и јасни. Нив
повторно ги сублимира д-р Борза. Во својата цитирана книга
тој е дециден во тврдењето дека теоријата за дорската
миграција во Македонија треба да се исфрли од науката,
затоа што за истата не постојат никакви докази. Д-р Борза
пишува дека Македонците немале етничка врска со Дорците,
но дека веројатно предците на Дорците и предците на Маке-
донците можеби заедно живееле во околината на Пинд и
Халикамон за време на Бронзената ера, поради што дошло
до взаемни културни влијанија. Тој наведува и други
современи авторитети кои го пишуваат истото. (Еуген Борза,
цит. дело, стр., 65).
Значи античките Македонци никако не можеле да
бидат Грци, затоа што обата народа имале различно етноге-
нетско потекло.

Спомнувањето на Македонците
по римската окупација

Што се случило со античките Македонци по римската


окупација на Македонија? Секако дека тие никаде не
исчезнале, туку си останале да живеат во својата татковина,
повеќе или помалку свесни за своето македонско етничко
потекло. Впрочем, за ова постојат повеќе сведоштва од древ-
ните хроничари и историчари од тие времиња.
Уште во времето веднаш по римската окупација на
Македонија, на смелите антички Македонци, кои до крај се
бореле против надмоќниот римски непријател, им се

34
обратил генералот на римските легии Паул Емилиј, кој
притоа рекол дека Македонците ќе останат слободни и
целосни господари на своите градови, но Македонија ќе
биде под покровителство на Римјаните. Тој рекол и дека
Македонците ќе му го плаќаат на Рим половината од својот
данок, кој досега го плаќале на својот цар (Aemilius Paulus by
Plutarch, Translated by John Dryden).
Меѓутоа, и покрај ваквата изјава, Римјаните воопшто не
останале доследни на своите ветувања и почнале мошне
сурово да се однесуваат кон Македонците. Поради ова
Македонците често се бунтувале против римската окупација.
Македонците како народ ги споменува и античкиот
еврејски историчар Јосиф Флавиј. Тој споменува еден говор
на јудејскиот водач Агрипа пред Евреите, кои сакале да се
борат против римската власт. Агрипа ги убедувал Евреите
дека Римската империја е многу силна и дека попусто ќе се
борат. За да ги одврати од намерата им спомнал дека и други
народи биле под римска власт, па сепак, никој од нив не се
осмелувал да се бори против оваа силна империја. Меѓу
наброените народи тој ги спомнал и Македонците, при што
рекол:
“Кој ве убедува да им се спротивставите на Римјаните?
Можеби ќе кажете дека вие е тешко да живеете под
ропство. Добро, но зарем не им е потешко на Грците?...
Така е и со Македонците, кои имаат иста причина како и
вие, да се борат за својата слобода”. (Josephus Flavius:
"Wars of the Jews", II,16,4).
За постоењето на Македонците во времето по римската
окупација на Македонија пишувал и римскот историчар
Анри Флок (2 век). Опишувајќи ги востанијата на
Тракијците против римската окупација на Тракија (кои кон-
тинуирано траеле од крајот на 2 до почетокот на 1 век пред

35
Христа) овој историчар го споменува и востанието на Маке-
донците против Римјаните:
“По Македонците, според Божјата волја, востанаа и
Тракијците, кои порано им плаќаа данок на Македонците”.
(“ХристоматиÔ по историÔ на БÍлгариÔ”, Sofija, 1964, str.
28.)
Повеќе од јасно е дека овде терминот Македонци е
предаден во етничка смисла на зборот (а не во географска),
затоа што Тракијците порано и навистина биле окупирани не
од географските, туку од етничките антички Македонци, на
кои биле принудени да им плаќаат данок.
Македонците се спомнати и во Светото писмо (Библијата)
во врска со мисијата на светиот апостол Павле во
Македонија (од каде што за првпат почнало да се шири
христијанството во Европа). Така, на пример, во “Делата
Апостолски” (16:9) пишува:
“Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него
еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: 'Премини
во Македонија и помогни ни!'“
И понатаму:
“И кога се качивме на еден брод, што требаше да
отплови во местата крај азискиот брег, тргнавме. И со нас
беше Аристарх, Македонец од Солун”.
Овие сведоштва (кои, како што е познато, не се и
единствените библиски сведоштва, во кои се спомнуваат
Македонија и Македонците) претставуваат дециден доказ
дека античките Македонци и по окупацијата на Македонија
од страна на Рим, не само што никаде не исчезнале, туку
останале да си живеат во Македонија, свесни дека се
Македонци. Од првото сведоштво може да се заклучи и дека
положбата под римското ропство им била исклучително
тешка - штом барале помош од Светиот апостол Павле.

36
Впрочем, за суровиот римски режим што им бил
наметнат на Македонците, како и за отпорот на
Македонците против ваквиот терор, сведочи и римскиот
историчар Дион Касиј Коцејан, кој за походот на
проконзулот Антониј против Мизија (61 год пред Христа)
запишал:
“Управувајќи со Македонија проконзулот Антониј
изврши многу насилства врз потчинетото население..., но и
самиот тој претрпе многу од своја страна.”
(“Христоматиа по историа на Б'лгариа”,с. 29).
Не само што други автори сведочеле за постоењето на
античките Македонци како најдоминантни жители во
Македонија во периодот по римската окупација на
Македонија,туку и самите Македонци сведочеле за тоа. Така
на пример, на една плоча, откриена во близината на Бер (253
година), во врска со ослободувањето на 12-годишниот роб
на слобода,неговиот сопственик запишал:
“Јас Десиос Коминиос Јулианос $ подарив на мајката на
боговите Автохтоната дете, на име Калокерон Олимпин,
на возраст од 12 години, родум - Македонец”. (проф. Фотис
Пецас: “Во шпицот меѓу идолопоклонството и христи-
јанството”, в.”Елиникос Ворас”, цит. според Христо
Андоновски, цит. дело, стр. 42).
Од овој натпис сосема јасно се гледа дека македонското
етничко чувство не ги напуштило Македонците ни по
четири века од римската окупација на Македонија.
За тогашните Македонци пишувал и писателот Созомен,
кој живеел од крајот на 4 до средина на 5 век. Во врска со
христијанизацијата на Македонците, која се одвивала во
времето на императорот Константин Први Велики (306-337),
Созомен запишал:

37
“Хелените, Македонците и Илирите почнаа без
страв да ја исповедуваат Христовата вера”. (ГИБИ, т I,
Софија, 1954, стр. 50-51).
И овде треба да се потенцира дека во оваа изјава повеќе
од очигледно е дека називот Македонци е употребен во
етничка, а не во географска смисла, бидејќи е употребен
рамноправно со етнонимите: Илири и Хелени, кои исто така
претставуваат етнички (а не географски) термини. Значи, по-
веќе од јасно е дека античките Македонци живееле во
Македонија и во 4 век.
За античките Македонци како најдоминантен
етникум во Македонија во рановизантискиот период
пишува и Теодорит Кирски (393 година - средина на 5 век).
Така, на пример, за градот Солун тој пишува дека е: “голем и
многунаселен град, кој му припаѓа на македонскиот
народ”.(ГИБИ...стр. 79-80).

Македонија од Средниот век


до поделбата во 1913

Во 6 век во Европа се случуваат познатите


миграциони процеси, познати под името Големата преселба
на народите. На Балканот се појавуваат Словените и Антите,
кои имаат заедничко етничко потекло. Во Македонија се
појавуваат неколку словенски племиња, од кои, некои
продираат дури до самиот југ на денешна Грција. За
потеклото на Словените релативно малку се знае. Имено, се
знае дека Словените и Антите порано го носеле заедничкото
име Венети, што го потврдува и хроничарот Јорданес (4 век
по Христа).

38
И за прататковината на Венетите (односно на
Словените и на Антите) познато е дека постојат најмалку три
теории, кои нудат сопствена аргументација, но имаат и
слабости. Овде накратко ќе ги наведиме овие три теории, без
да навлегуваме во детални анализи за нивната исправност
или слабости.
1. Првата теорија е општопознатата теорија дека
прататковината на Словените била во централна и источна
Европа (главно на просторот зад Карпатите) и дека тие
подоцна оттаму се прошируваат во денешните т.н.
“словенски земји”. Како единствени аргументи за оваа
теорија се неколкуте наративни сведоштва од средновековни
писатели, кои ја посочуваат горенаведената област, како
област во која живееле Словените пред Големата преселба на
народите (иако ниту еден од нив не тврди децидно дека
прататковина на Словените е токму таа територијата).
Слабост на оваа теорија е фактот дека во просторот на
наводната прататковина на Словените (зад Карпатите) не се
најдени археолошки наоди, кои, со сигурност го потврдуваат
нивното присуство на таа територија, дури и само неколку
векови од пред Големата преселба на народите.
2. Втората теорија е дека Словените потекнуваат од
стариот голем балкански и средоземноморски народ Пелазги.
Според оваа теорија, предците на Словените, од Балканот и
од Средоземјето, се прошириле кон Европа, а во 6 век, дел од
нив повторно се вратиле на Балканот. Еден од најголемите
поборници на теоријата за пелазгиското потекло на
Словените е рускиот научник Г. С. Гриневич( Genadij
Stanistavlovich Grinevich, World History Department, Russian
Physical Society, Moscow, 1994). Како прилог кон оваа
теорија се бројните очигледно “словенски” топоними, но и
лични имиња и останати негрчки зборови, кои егзистирале на

39
Балканот уште од времето на антиката. Во прилог на оваа
теорија одат и неколку наративни извори. Така, на пример,
познато е дека Квинтиј Куртиј Руф ги споменува Венетите
(кои, според Јорданес, се предци на Словените) како составен
дел од војската на Александар Македонски (Quintus Curtius
Rufus: Историја на Александар Македонски (во превод од
латински на д-р Љубинка Басотова; Скопје, 1998 година). И
Херодот споменува едно балканско племе, по име Енети, за
кое, повеќе учени сметаат дека се однесува на Венетите
(предците на Словените). Значи, според оваа теорија
Венетите, Словените и Антите имаа пелазгиско потекло.
3. Третата теорија за потеклото на Словените тврди
дека Словените отсекогаш биле староседелци во сите оние
земји, каде и денес живеат и дека всушност терминот
“Словени” е само нов термин за познатите антички народи
кои живееле на овие простори. И во оваа теорија
најистакнати претставници се руските научници (академик
Державин, проф. Дитјакин, Хвојко и други - повеќе детаљи
во: Зборник “Словенско братство”; Белград, 1947 г.; стр.
696-710). Оваа теорија има сличности со втората. Оваа
теорија била официјален став во сите словенски земји,
непосредно по Втората светска војна. Нејзиниот претставник
академик Державин, по сеопфатните антрополошки анализи
и истражувања, дошол до заклучок дека постои континуитет
во антрополошките црти на луѓето (кои, во антиката живееле
на Балканот) со оние кои живеат во нашево време.
Во прилог на оваа теорија се и големиот број странски
и македонски автори и дејци, кои уште одамна изјавувале
дека Словените се ист народ со античките Македонци!
Некои од нив се (иако оставаме резерва кон ваквите
артикулации): Мауро Орбини (17 век); Хрватите Винко
Прибичевиќ (16 век), Х. Луциќ, Д. Златариќ, И. Гундулиќ, Ј.

40
Палмотиќ, М. Алберти и други (16 и 17 век); Русите Бутков,
Хитров (руски конзул во Битола), Савељев-Ростиславич,
Чертков и други; српскиот професор Драгашевиќ, босанскиот
фолклорист Стефан Верковиќ; Германецот Куно, потоа
Павле Шафарник; како и македонските дејци од 19 век:
Исаија Мажовски, Ѓорѓи Пулевски, Никола Д. Чупаров и дру-
ги.
Но, како и да е, во 6 век во Македонија се појавува
народот што го нарекуваат Словени (без разлика од каде тие
потекнуваат). Каков бил односот на Словените кон
затекнатите потомци на античките Македонци (со кои
видовме дека некои тврдат дека имале дамнешно заедничко
потекло)? Постојат сведоштва дека отпрвин постоело големо
нетрпение помеѓу овие два етникума. Меѓутоа, со текот на
времето доаѓа до нивно сожителство, а подоцна и до крвно и
културно мешање, од кое, низ вековите, ќе произлезе
денешната македонска нација. Христијанизацијата на
Словените сигурно дека била пресудниот фактор што
придонел за крвното и културно мешање со потомците на
античките Македонци. Преку својата христијанизација
Словените практично ја добиле иста вероисповед со
потомците на античките Македонци и повеќе немало никакви
пречки да не дојде до нивно меѓусебно крвно и културно
мешање.
Припадниците на денешната македонска нација (освен
крвта и гените) наследиле повеќе културни сегменти од
животот на античките Македонци. Интересно е што добар
дел од античко-македонските лични имиња, потсетуваат на
зборови со “словенски корен”: Stamen(os), Sopol(is),
Crater(us), Glauki(as), Zaika, Momo, Moma, Tata, Sever(os),
Manta, Sita, Bere(s), Gonat(as), Zivri(s), Lyka и други.

41
Понатаму, забележни се бројни примери на
Македонци од 18, 19 и 20 век, кои себеси се декларирале како
директни потомци на античките Македонци (види во повеќе
книги, меѓу кои, подетално кај академик Блаже Ристовски:
“Македонија и македонската нација”; Скопје, 1995 г.).
Ваквите појави ги забележувале и странци, кои во тоа време
ја посетувале Македонија (исто кај Б. Ристовски).
Но, да се вратиме на историските настани. Од раниот
период, по Големата преселба на народите, да ги спомнеме и
Македонските Склавинии. Тоа биле македонски полусамос-
тојни кнежества,кои не успеале да прераснат во самостојна
македонска држава.
Во 9 век Македонија е повторно арена на војни. Околу
средината на 9 век во Македонија навлегле турко-
монголските Бугари под водството на ханот Пресијан, кој, за
таа цел, ги ангажирал своите војсководители: Исбул, Ичугру
и Коловур. Но, на патот на своите навлегувања Бугарите
наишле на отпор од страна на источно-македонското племе
Смолјани.
Подоцна Македонија, сепак, е окупирана од Бугарите.
Овде предлагам да направиме мало оддалечување од
темата, за да спомнеме накратко уште една работа. Имено,
денес е познато дека официјална Бугарија пласира
шовинистички тези во однос на Македонците, според кои,
македонска нација не постои, а Македонците наводно биле
“Бугари”.
Но, во сето ова, бугарските пропагандисти забораваат
на една “ситница”. Имено, тие “забораваат” дека вистинските
етнички Бугари и припаѓале на жолтата раса, па според тоа,
до колку Македонците и навистина се “Бугари”, тие денес би
имале антрополошки карактеристики на луѓе од жолтата
раса. Дека вистинските Бугари и припаѓале на жолатта раса

42
нема никакво сомнение затоа што директни потомци на овие
Бугари и денес живеат на границата помеѓу Европа и Азија.
Конкретно, тоа се денешните Татари од Татарстан (познати
како “Казански Татари”). Денешните Казански Татари, до 14
век, себеси се декларирале со своето исконско етничко име -
Бугари! Во 14 век, нивната азиска држава (која исто така се
викала Бугарија) била освоена од Татаро-Монголите, по што,
на Бугарите, со текот на времето, им било наметнато
татарското етничко име. Меѓутоа, денес во Татарстан постои
масовно народно движење, кое се вика “Булгар ал-Џадид”
(“Нови Бугари”) и кое се залага за враќање на бугарското
етничко име на Казанските Татари(А. Х. Халиков: “Кто ми:
Болгари или Татари?” (Казан, Татарстан, Русија, 1992).
Секако дека денешните Македонци немаат никаква
етничка врска со почитуваните Татари, како што е тоа
случајот со Бугарите, а тоа е најголемиот доказ дека
Македонците никогаш не биле Бугари. Дури и се поставува
прашањето: како е можно денешните жители на Бугарија
(кои се белокожи луѓе и кои главно зборуваат “словенски”)
да тврдат дека се потомци на жолтокожите Бугари од Азија?
Секако дека не е можно припадници од една раса да тврдат
дека се потомци на припадници од друга раса, но токму тоа
се случува денес во Бугарија. Денешните белокожи жители
на оваа земја тврдат дека се потомци на жолтокожите
бугарски ханови: Кубрат, Аспарух, Телец, Омуртаг, Паган,
Токту, Цок и другите како нив и со гордост ги слават како
“свои” ханови. Тоа е дури и нелогично, затоа што се работи
за припадници на две различни раси. Замислете си кога некој
етнички Русин денес би тврдел дека негов етнички предок е
некој Банту црнец или некој Кинез!? Сепак, овие прашања
нека ги решава бугарската наука, а ние одиме понатаму со
она што се случувало во Македонија во Средниот век.

43
Во 9 век, во најголемиот македонски град Солун, се
родиле браќата Константин и Методија, кои подоцна на
Словените ќе им создадат сопствена азбука, наречена
глаголица. Константин Филозофот (подоцна наречен Кирил)
и неговиот брат Методија денес се прогласени за светители и
за сезаштитници на Европа.
За етничката припадност на светите браќа, грчката
пропаганда тврди дека тие биле “Грци”, додека бугарската
пропаганда тврди дека биле “Бугари”. Но, најблизу до
вистината е дека тие, како византиски граѓани, биле етнички
потомци на античките Македонци. Во прилог на ова ќе ги
наведиме следниве факти.
Антиките Македонци го основале родниот град на
светите браќа Солун. Античките Македонци (и нивните
потомци) отсекогаш живееле во овој град (без разлика кој
владеел со него и без разлика како биле нарекувани неговите
жители во тогашните документи). Не постои ниту еден
документ во кој пишува дека античките Македонци (или
нивните потомци), кога и да е, биле масовно иселени од
Солун, или дека биле масовно убиени. Значи, нивните
потомци се тие кои и во 9 век си живееле во Солун, иако
тогаш Солун бил византиски град. Впрочем, дека во Солун во
средниот век најдоминантни жители биле Македонците, ќе го
наведиме сведоштвото на византискиот историчар Јован
Каменијат (почеток на 10 век), во кое се вели:
“Нам пријателу, татковина ни е Солун. Тоа е првиот
и најголем град на Македонците!” (Јохн Камениатес: “Тхе
Цаптуре оф Тхесалоница”. во оригинал објавено во 904 год.)
За Македонците, како најдоминантни жители на
Солун, има и други документи по времето на светите браќа.
Ова значи дека, ако античките Македонци го основале Солун,
ако во 5 век Теодор Кирски запишал дека Солун е најголем

44
град на Македонците и, ако во 10 век истото тоа го напишал
и Јован Каменијат, нема никаква логика, во меѓувреме, т.е. во
9 век, во овој град да живееле “Грци”, а пред и потоа,
Македонци.
Конечно, во житијата на светите браќа јасно пишува
дека тие потекнувале од угледно солунско семејство, што
значи дека биле староседелци во градот. Понатаму, во
“Панонските легенди” (средновековни записи, во кои се
опишани нивните житија) јасно е цитирана една изјава од
Константин философот (Свети Кирил) во која тој ги напаѓа
Хелените (Грците) затоа што верувале во повеќе богови.
Што се однесува до бугарската хипотеза дека светите
браќа биле “Бугари”, таа е толку плитка што не вреди ни да
се зборува за неа. Веќе рековме дека единствените етнички
Бугари во тоа време биле турко-монголските жолтокожи
Бугари. Надвор од здравата логика е и да се помисли дека
светите браќа и припаѓале на жолтата раса. Понатаму, свети
Методија бил поставен за византиски управник на византиско
“словенско кнежество” во Македонија, со главна задача да ги
брани границите на Византија од налетот на турко-
монголските Бугари. Конечно, нивната мисија во Велика
Моравија била мисија со изразено анти-бугарски карактер,
затоа што, во тоа време, светите браќа биле лојални граѓани
на Византија, која тогаш војувала на страната на Велика
Моравија против Германија и Бугарија. Впрочем, тие го
создале литературниот старословенски јазик врз основа на
говорот на Македонците од околината на македонскиот град
Солун (кој тогаш воопшто не бил во рамките на бугрската
држава), а во тоа време официјален (државен) јазик во
Бугарија си бил турко-бугарскиот јазик, кој немал никаква
врска со словенскиот.

45
Ученикот на свети Кирил и Методија, Свети Климент,
подоцна ќе ја создаде кирилицата - писмо на кое денес
пишуваат десетици милиони: Македонци, Руси, Срби,
Бугари, Белоруси, Украинци и други, а во Средниот век со
кирилицата пишувале и Словенците и Хрватите. Современик
на Свети Климент бил и Свети Наум, кој исто така одиграл
значајна улога во словенската писменост. За Свети Наум се
смета дека поседувал натприродна моќ со која ги лекувал лу-
ѓето, поради што го добил називот “Чудотворец”.
Во средината на 10 век Македонија била речиси
целосно завземена од Бугарите. Во ова време во Македонија
се јавило Богомилското движење, наречено така по неговиот
основач, попот Богомил. Тоа било религиозно-социјално
движење главно насочено против феудалните односи во
тогашниот свет, но и против некои црковни догми. Поради
тоа, ова движење било осудено од тогашната бугарска и
византиска власт. Илјадници богомили биле прогонети или
убиени, но сепак Богомилското движење продолжило да се
шири и вон границите од Македонија.
Во втората половина на 10 век, бугарската власт во
Македонија почнала да слабее. Тоа го искорисиле
македонскиот феудалец Никола, со своите четири синови:
Давид, Арон, Мојсеј и Самуил,кои кренале востание против
Бугарите, по што создале сопствена држава, на чие
чело,отпрвин стоеле Никола и Давид,а подоцна власта ја
презел Самуил.
На оваа држава веднаш се спротивставила Византија,
на чие чело тогаш бил Василиј Втори. Во пресудната битка
што се одиграла на планината Беласица во 1014
година,војската на царот Самуил била поразена. Околу пет-
наесет илјади самуилови војници биле заробени и сите до
еден биле ослепени. На секој стоти војник му било оставено

46
по едно око, па така биле испратени назад во Македонија.
Кога ја видел оваа потресна глетка царот Самуил умрел.
Недолго потоа Византија го освоила Самуиловото Царство.
Да го кажеме и тоа дека во средновековните
византиски документи етничките Македонци честопати биле
означувани со туѓи етнички имиња, и тоа, најчесто како:
Бугари, Ромеи или Срби, во зависност од последиците на
владеењата на овие држави над Македонија. Меѓутоа, не
постои ниту еден документ од Средниот век во кој
Македонците самите себе си се декларирале како Бугари. Од
друга страна, таков бил случајот и со другите балкански на-
роди. Така, на пример, во некои византиски документи
Србите биле нарекувани како Хрвати, а во други документи,
пак, Хрватите биле нарекувани како - Срби. И Бугарите низ
разни хроники биле нарекувани со бројни различни
етноними. Постојат најмалу 17 различни етноними за
Бугарите низ историјата. Оттаму, воопшто не е чудно што, во
некои од тогашните средновековни документи, жителите на
Самуиловото Царство биле детерминирани како “Бугари”,
посебно ако се знае фактот дека тогаш Самуил и навистина ја
узурпирал бугарската круна за да може да биде признат како
цар од страна на папата. Но, наспроти ова, не постои ниту
еден изворен документ, произлезен од ова Царство, во кој се
потврдува дека Самуиловото царство изворно се викало
Бугарија. Напротив. Постојат индиции, според кои, името на
Самуиловото царство било “Склавинија”, т.е. исто онака како
што се викале полусамостојните македонски кнежества.
Пример за ова претставува еден документ од времето
на царот Хенрих Втори, кој владеел во почетокот на 11 век.
Овој документ всушност претставува една минијатура,на која
се нацртани четири грации (што симболизираат четири земји-
народи), како му принесуваат подароци на императорот на

47
Светото Римско Царство. Имињата на овие четири држави-
народи се напишани над главите на девојките и тие гласат:
Roma, Galia, Germania и Sclauinia. Во тоа време единствено
“словенско” царство во Европа е Самуиловото Царство, на
кое очигледно се однесува грацијата над која пишува
Склавинија! Мошне индикативно е и тоа што оваа грација,
која е прикажана како русокоса девојка, во раката држи
симбол на Сонцето, а на нејзината облека има елементи од
тогашните македонски носии, конкретно везена зашивка
околу вратот.
Самуиловото царство е означено како “Славинија” и
во Речникот на Јован Зонара во 11 век (“Грцки Извори за
Б'лгарската Историа”, Софија, Бугарија, т. 7. стр. 17), како и
во “Венецијанската хроника” од Јован Ѓакон (ГИБИ Софија,
Бугарија; 7. 2. стр. 348.
Од своја страна, византискиот поет Иван Кириотес
наречен Геометрес, кој бил митрополит на Метилена во
средината на 10 век, како жители на Самуиловото Царство ги
споменува и (цитат) “Македонците” (Joannis Geometrae, J.P.
Migne, PG 106, 919.; цит. според Д-р Стјепан Антолјак
“Средновековна Македонија”; “Мисла”, Скопје, 1985, стр.
242), а византискиот хроничар Лав Ѓакон пишува дека
составен дел од Самуиловата војска биле (цитат): “четите на
Македонците” (Leonis Diaconis, "Historiae", JP Migne pg 117,
Paris, 1964, 727).
Да го кажеме и тоа дека царот Самуил бил избран за
цар преку потполно истиот народен обичај, како што биле
бирани царевите на античка Македонија (а не бугарските
ханови), т.е. преку општо собрание на војската. Инаку,
единици идентични на античката Македонска фаланга биле
присутни и како составен дел на Самуиловата војска ( Leonis
Diaconis... ; цит. дело).

48
Што се однесува до етничкото потекло на самиот цар
Самуил, постојат две тези. Првата е дека тој бил Евреин
(според еврејските старозаветни имиња на неговите браќа, па
и на самиот него),а втората е дека бил Ерменец (според
чистото ерменско име на неговата мајка), кое гласело
Рипсимија. Сепак, за неговото етничко потекло засега не се
откриени никакви автентични записи, но Македонија била
седиште на неговата држава.
Против византиската власт во Македонија биле
кренати две неуспешни востанија. Едното било под водство
на Петар Делјан, а второто под водство на Ѓорѓи Војтех. Во
средновековните документи, познати под името Барски
анали, од 11 век, востаниците на Петар Делјан биле наречени
: “Македонци”!
Подоцна делови од Македонија биле завземени од
Србите, па од Норманите, од Бугарите и повторно од Србите.
За одбележување во овој период е постоењето на независните
кнежества во Македонија на Добромир Хрс и на Стрез, кои
исто така имале краток век на траење.
Истакната улога во овој период имала и црквата
наречена Охридска архиепископија, која под своја
јурисдикција ги опфаќала етничките територии на
Македонците, но и поширок простор од Балканот. Во над
педесет документи од архивата на Охридската
Архиепископија, жителите во Македонија биле
детерминирани како Македонци. Така, на пример, во
документот број 72, се споменува лицето Јован Јерекар од
селото Власто (Охридско), кој, според синодалниот протокол,
бил: “Македонец по род.”(Г. Острогорски: “Историја на
Византија”; Собрани дела, Белград, 1969, стр. 327).
Во 14 век, Македонија, како и останатите балкански
земји, потпаднала под власта на Османлиската империја.

49
Оттогаш, за Македонија почнало петвековно ропство,кое
било проследено со низа востанија на Македонците.
Поголемо вакво востание претставувало востанието од
1689 година, кое го подигнале Македонците од северните
краеви на Македонија. На чело на востаниците се наоѓал
Карпош. Ова востание временски се поклопило со војната
што тогаш Австрија ја водела против Турција. Меѓутоа, до
поголема соработка помеѓу австриската војска и востаниците
на Карпош не дошло, а недолго потоа востанието било
крваво задушено, по што мнозина Македонци побегнале од
Македонија.
Во 1767 година била укината Охридската Архиепис-
копија.
Во средината на 19 век, во Македонија почнале да
дејствуваат пропагандите на некои од соседните земји, кои се
обидувале да ги придобијат Македонците за сопствени цели.
Македонците се обиделе да создадат своја сопствена црква,
но овој обид не им успеал. Во втората половина на 19 век,
била формирана засебна Бугарска православна црква, кон
која, во недостиг на сопствена македонска црква, се
приклучиле повеќе Македонци. Извесен број Македонци
останале и во Грчката црква, а по отворањето на епархии на
Српската Православна Црква, дел од Македонците се
приклучиле и кон оваа црква. Паралелно со ова течел и
процесот на исламизација на Македонците, главно во
западните делови на Македонија.
Сите туѓи пропаганди ги убедувале Македонците дека
му припаѓаат на народот на нивните матични држави. Ова
довело до вистинска конфузија во свеста на некои од
тогашните, национално неразбудени, Македонци. Поради
тоа, некои од нив себеси прво се декларирале како “Грци”, а
потоа како “Бугари”, но и како “Срби”. Такви биле и некои

50
од македонските перодбеници и собирачи на народни
умотворби од средината и крајот на 19 век, како што се:
браќата Миладиновци, Григор Прличев, Рајко Жинзифов,
Јордан Хаџи-Константинов Џинот, Јоаким Крчовски, Кирил
Пејчиновиќ и други, кои оставиле значајни дела од областа
на литературата. Странските пропаганди во Македонија
посебно ја засилиле својата активност преку своите цркви во
Македонија. Така се случувало членови на исто македонско
семејство да оделе во различни цркви, па во Бугарската црква
да биле убедувани дека се Бугари, во Грчката дека се Грци, а
во Српската Црква, дека се Срби. Сепак и во овие времиња на
дејствувањето на странските пропаганди во Македонија,
мнозина Македонци и натаму биле свесни за својата етничка
македонска припадност, при што се залагале за создавање
самостојна македонска држава со засебна македонска нација.
Во 1876 година против владеењето на Турците, во
Македонија било подигнато ново востание, чиј центар бил во
селото Разловци. Водач на востанието бил Димитар
Попгеоргиев Беровски. Според зачуваната документација од
ова востание, неговите водачи и борци, себеси се
декларирале како “Македонци”.Во писмото потпишано од 15
востанички главатари на ова востание,упатено до тогашниот
генерален англиски конзул во Солун, се вели:
“За добри надежи и на нас Македонците, жители на
окружјето Малешево! Нашата македонска крв, со која сме
решени по неволја да ја крвавиме оваа од пред две илјади
години безмилосно осудена и презрена Македонија, при
сегашниве европски владетелски народи, ќе даде ли крај за да
не $ се одмаздува веќе на великата и некогашна слава!”
(Повеќе детаљи за овие документи кај академик Блаже
Ристовски: “Историја на македонската нација”, Скопје, 1999,
стр. 44).

51
По две години од ова востание, било кренато ново
македонско востание, против турската власт. Центар на ова
востание било местото Кресна. И овојпат главна улога имал
Димитар Попгеоргиев Беровски. Во Уставот на
Македонскиот востанички комитет, кој го организирал и
подигнал ова востание, помеѓу другото, пишува:
“Ние востанавме како поборници на слободата. Со
нашата крв што ја пролеавме по планините и горите маке-
донски, ние служиме како Македонска војска на Александар
Македонски за слободата со нашата девиза: Смрт или
слобода!”(“Правилата-Уставот на Македонскиот востанИчки
комитет во Кресненското востание”, Скопје, 1980, стр. 203).
Од многубројните пројави на македонското нацио-
нално чувство во 19 век, ќе наведеме и извадоци од
Манифестот на илегалната Привремена влада на Македонија,
објавен во април 1881 година. Во овој Манифест, се вели:
“Македонци! Нашата мила татковина Македонија
некогаш била една од најславните земји. Македонскиот
народ ги удри првите темели на воената вештина и со
своите победнички фаланги и со Аристотеловата вештина
го цивилизира човештвото. Но таа, некогаш толку славна
наша татковина, денес е на прагот на својата пропаст
поради нашите грешки и поради заборавот за нашето
потекло.”
И понатаму:
“Наоѓајќи се во ваква немоќ и гледајќи ја целата рас-
плакана,нашата мила Македонија, нашата мила татковина
н# вика: Вие што сте мои верни деца,вие што по Аристо-
тела и Александра сте мои наследници, вие во чиишто жили
тече македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помог-
нете ми! Каква жална глетка за вас, вистински Македонци,
ќе биде ако станете очевидци на мојот погреб? Не!Не! Еве

52
ви ги моите крвави грозни рани, еве ви ги моите тешки
синџири: скршете ги нив, излекувајте ми ги раните, на-
правете с# на знамето што ќе го кренам да биде напишано:
Единствена и обединета Македонија!” (Академик Блаже
Ристовски: “Македонија и македонската нација”, Скопје,
1997, стр. 196 - 197, цит. според наведен извори од руски
архиви).
Членовите на оваа илегална влада одржале и Национално
собрание на кое присуствувале вкупно 32 делегати речиси од
цела Македонија. Од Големите сили била
побарана:”реставрација на античка Македонија”.
Во текот на 19 и во почетокот на 20. век бројни истакнати
македонски дејци и интелектуалци за залагале за слобода на
Македонија, истакнувајќи притоа дека Македонците се
засебен народ. Тие дејствувале, како во Македонија, така и во
странство. Некои од нив се: Димитрија Чуповски, Ѓорѓија
Пулевски, Крсте Петков Мисирков (кој ги удира темелите на
современиот македонски литературен јазик); митрополитот
Теодосија Скопски (кој направил обид за обновување на
Македонската самостојна црква); понатаму: Ѓорѓи Маке-
донски, јерејот Димитрија, Наце Димов, Стефан Дедов,
Дијамандија Мишајков, Исаија Мажовски, Никола Чупаров,
Глигор Хаџи Ташков, Коста Шахов, Васил Икономов, Иван
Шумков, Марко Атанасов Мушевич, Ѓорѓи Тошев, софиската
група Македонци, која, кон крајот на 19 век, го објавувала
списанието “Лоза” на македонски јазик, и уште многу други.
Во текот на 19 и во почетокот на 20 век и бројни
странски истакнати дејци истакнувале дека Македонците се
засебен народ со засебна култура и јазик. Некои од нив се:
бугарскиот славист Драганов, романскиот професор Барбу-
леско, Естонскиот лингвист Мазинг, Австриецот Хрон;

53
Полјаците Јан Бодуен де Куртене и Пржевалски; Русите
Аксаков, Комаров, Петраев и многу други.
Во 1893 година во Солун била формирана тајна
македонска организација, која имала за цел ослободување на
Македонија од турската окупација. Во 1895 година од страна
на Македонците во Бугарија, бил формиран Македонски Ко-
митет. Неговите членови биле наречени “врховисти” и нивна
цел исто така тогаш била автономна Македонија. Во 1902
година врховистите кренале востание во близина на маке-
донскиот град Горна Џумаја. И ова востание имало сосема
јасно изразен македонски национален карактер. Водачот на
Горноџумајското востание, полковникот на Бугарската војска
Атанас Јанков (инаку етнички Македонец), пред почетокот
на востанието,до востанатите Македонци, упатил проглас,кој
подоцна бил пренесен и во некои од европските весници. Во
прогласот, помеѓу другото, се вели:
“Македонци! Сетете се за светскиот победител, за
светската слава на Македонија - великиот Александар
Македонски! Сетете се за храбриот цар Самуил,
македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале,
општословенската слава - дека во сите нив течела
македонска крв. Тие сега од небесните височини бдеат над
нас и го благословуваат нашето започнато дело.Да се
покажеме како нивни достојни потомци!” (повеќе детаљи
кај академик Блаже Ристовски: “Македонија и македонската
нација”, Скопје, 1997, стр. 137 цит. според: “Рад македонских
комитета”, “Браник”, Нови Сад, 26.09.1902).
Во тие времиња најистакната личност на маке-
донското револуционерно движење бил учителот Гоце
Делчев. Тој бил голем организатор,идеолог и движечка сила
на револуционерите.Освен тоа што се залагал за слобода на
Македонија, тој бил и голем космополит. На 4 мај 1903

54
година Гоце Делчев бил убиен од Турците. Неговиот лик до
денес живее во бројни македонски народни песни.
На 2 август, истата година, година Македонската
Револуционерна Организација кренала големо востание
против турското ропство, кое било кренато на празникот
Свети Илија (Илинден). Поради тоа, ова востание останало
познато под името Илинденско востание. Востанието го
водел Главен Штаб, на чие чело биле тројцата рамноправни
членови: Борис Сарафов, Даме Груев и Анастас Лозанчев. Во
година на востанието, еден од неговите водачи, Борис
Сарафов, во врска со националната засебност на Македон-
ците, изјавил:
“Ние Македонците не сме ни Бугари ни Срби, ние сме
само Македонци. Македонскиот народ постои независно од
бугарскиот и српскиот.” (Цитатот е превземен од в.
“Македонски Глас”, Петроград, Русија, 20.11.1914 и
останатите броеви).

55
Македонските востаници успеале да ослободат повеќе
села, а го ослободиле и градот Крушево, каде била
прогласена Република, на чие чело застанал социјалистот
Никола Карев. Отпорот на далеку помоќната турска војска
бил жесток. Кон слабо вооружените востаници во Крушево
била насочена многуилјадна турска војска. По десет денови
слободен живот, Крушево повторно било освоено од
Турците. Градот бил опожарен, а голем дел од населението
било убиено. Востанието во Македонија траело уште нешто
повеќе од два месеца. Како последица на тоа, биле уништени
преку 200 населени места, а биле убиени близу девет илјади
лица, додека над сто илјади избегале или останале без покрив
над главата.
Од познатите македонски револуционери од, и по,
овој период ќе ги спомнеме и: Јане Сандански, Питу Гули,
Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Узунов, и многу други.

Македонија од поделбата во 1913


до денешни дни

Почетокот на втората деценија на 20 век за


Македонија и Македонците ја донесува фаталната поделба на
земјата од страна на трите нејзини соседи (Србија, Грција и
Бугарија). Македонија (заедно со Албанија) во првата
деценија на 20 век се уште се наоѓа под турско ропство.
Меѓутоа, Турската империја е доста ослабена, политички и
економски разјадена, поради што соседните балкански земји
(Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора) создаваат воен сојуз и
во 1912 година $ објавуваат војна на Турција, со што
започнува Првата балканска војна. Балканските земји

56
посакуваат територијални проширувања за сметка на Маке-
донија. Тие се свесни дека ниту една балканска држава не ќе
може сама да ја окупира цела Македонија без да наиде на
отпор кај останатите земји, па затоа Србија, Бугарија и
Грција однапред тајно се договараат за идната поделба на
Македонија. Војната завршува со пораз на Турција, а
војските на сојузничките балкански земји уште истата година
заеднички ја окупираат Македонија. Незадоволни од
територијата што успеале да ја окупираат, Бугарите, во 1913
година, близу македонската река Брегалница, ненадејно
вршат напад врз своите довчерашни сојузници Србите, по
што овие жестоко возвраќаат. На страната на Србија веднаш
застанува Грција, а подоцна и Романија. Така, започнува и
Втората балканска војна, која завршува со катастрофален
пораз на Бугарија. Во мирот потпишан во Букурешт, истата
1913 година, дефинитивно се санкциокира поделбата на
Македонија. Така, се изневерени очекувањата на
Македонците дека сојузничките војски ќе ги ослободат од
турското ропство и ќе им дозволат формирање сопствена
независна држава. Турското ропство, овојпат е заменето со
тројно ропство (грчко, српско и бугарско), а еден помал дел
од западна Македонија останува во границите на, тогаш
создадената, независна Албанија. Секако дека Македонците
не ја набљудувале рамнодушно новата трагедија на својата
татковина. Бројни македонски здруженија од земјата и
странство упатуваат меморандуми, апели и петиции до
балканските и европските сили со барање за независна
држава Македонија. Македонскиот воен потенцијал (главно
концентриран околу македонската илегална револуционерна
организација ВМРО) во овие судбоносни мигови е прилично
ослабен и разединет од претходниот пораз во антитурското
Илинденско востание од 1903 година. Сепак, четите на

57
ВМРО учествуваат на страната на сојузниците со надеж дека
ќе им биде дозволено формирање независна држава. Исто
така, многу Македонци доброволно се борат во редовите на
сојузничките војски, но многумина од нив се испраќани да
војуваат на фронтови надвор од Македонија. За жал, обидите
на Македонците да воспостават сопствена држава остануваат
изневерени и тоа од страна на оние кои војнички ја бркаат
Турција од Балканот. Македонија е поделена на три дела и
тоа, од нејзината вкупна територија, Грција и Србија
окупираат најголем дел, а Бугарија нешто помал. Извесен
број македонски населби остануваат во границите на
Албанија. Така започнува нова и тешка трагедија за
Македонија и за Македонците. Вековниот етнички, културен,
географски и економски македонски простор насилно е
испокинат, окупиран и испресечен го нови вештачки граници
на соседните земји. За Македонците започнува нова голгота
на денационализаија, тортури, протерување од своите
вековни огништа, па дури и физичка ликвидација со
елементи на геноцид. Нововоспоставените режими практично
ги анектираат кон своите држави окупираните делови од
Македонија и уште веднаш почнуваат со денационализација
над Македонците.
Во 1914 година избива Првата светска војна. Бугарија, по
окупацијата на Србија од страна на Централните сили, во
1915 година, ги проширува своите освојувања во деловите од
Македонија што пред тоа се окупирани од Србија и Грција.
На Бугарија $ помага и македонската воена организација
ВМРО, која мобилизира повеќе илјади Македонци во борба
против Србија. Водачот на оваа организација Тодор
Александров манипулира со неговите ставови во врска со
Македонија, залагајќи се во тој период час за припојување на
Македонија кон Бугарија, час за независна Македонија.

58
Сепак, Македонците приоѓаат во редовите на неговата
организација, надевајќи се дека на тој начин се борат за
слободна Македонија. Македонците во оваа војна претежно
застануваат на страната на Централните сили (Германија и
Австро-Унгарија), кои, во оваа војна се непријатели на два
(од трите) поробувачи на Македонија. Германија дава
голема воена и финансиска помош на ВМРО како резултат на
што е формирана т.н. “Македонска војска”, која своите воени
дејства ги усогласува со бугарската армија. Кон ваквата
состојба придонесува и ставот на Бугарија, која исто така
пред Македонците манипулира со паролата за независна
Македонија. Треба да се спомне и дека бројни Македонци се
присилно мобилизирани во српската и грчката војска (но и во
бугарската), па буквално се случувало другари или роднини
Македонци да се сретнат на бојното поле како припадници на
противнички војски.
По Првата светска војна, со Парискиот мировен договор
од 1919 година, поделбата на Македонија повторно е
санкционирана приближно во границите воспоставени од
1913 година и за Македонците продолжуваат маките и
теророт. Делот окупиран од страна на Србија овојпат влегува
во новосоздадената Југославија. Бидејќи македонската
територија е поделена на 4 дела, ќе направиме краток осврт
кон она што се случувало во секој дел од Македонија
пооделно во рамките на државата-окупатор.

59
Картата на етничка Македонија пред поделбата

Македонија по поделбата меѓу соседните земји

60
Состојбата во Вардарска Македонија

Делот од Македонија што бил окупиран од страна на


Србија (подоцна Југославија) популарно е наречен Вардарска
Македонија (според името на најголемата македонска река
Вардар). Овој дел опфаќа територија од околу 25.713 км.2
Веднаш по зацврстувањето на српската окупаторска власт во
Вардарска Македонија, српскиот режим започнува со дена-
ционализација на Македонците. Врз Македонците се врши
страотен притисок со цел тие да се декларираат како “Срби”.
Македонскиот јазик е забранет, а забрането е и Македонците
да се декларираат себеси како Македонци и тие не смеат да
формираат свои политички партии. Македонската култура и
фолклор се прогласени дека се “јужносрбијански”, а
Македонија е наречена како “јужна Србија”. Во училиштата
е воведен, неразбирливиот за Македонците, српски јазик.
Подоцна Србите прават и неуспешен обид за колонизација на
Срби во Македонија, кои, од сиромашните краеви на Југо-
славија, под поволни услови, се доведени во Македонија, со
цел да го променат етничкиот состав на населението во полза
на Србите. Сепак Македонците и понатаму претставуваат над
80% од населението во Вардарска Македонија. Македонците
не остануваат рамнодушни на ваквата состојба и набргу
почнува отпор против присилното србизирање.
Десничарската илегална македонска организација ВМРО ја
исфрла паролата за обединета и независна Македонија и
добива извесна поддршка од страна на Македонците.
Меѓутоа, раководството на ВМРО нема сосема јасен став во
однос на македонската национална засебност. Почнува серија
атентати врз српски високи политички, воени и полициски
личности. За одмазда српските окупаторски власти се
нафрлаат врз недолжното македонско цивилно население. Во

61
јануари 1923 година од страна на ВМРО убиени се 23 цивили
српски колонисти. За одмазда Србите подоцна стрелаат не-
колку десетици македонски селани од македонското село
Гарван под изговор дека ја помагале ВМРО. Во 1927 од
страна на ВМРО во македонскиот град Штип е извршен
атентат врз српскиот генерал Ковачевиќ. Атентаторите се
фатени и ликвидирани. Во 1928 година од атентаторка на
ВМРО во Скопје е убиен високиот српски функционер
Прелиќ. Атентаторката по атентатот се самоубива. Истата
година во Белград е извршен обид за атентат врз Началникот
при Министерството за внатрешни работи на Југославија
Лазиќ. Во Вардарска Македонија беснее невиден терор. Од
вкупно 17.000 полицајци колку што имало во целата тогашна
Југославија, дури 12.000 биле стационирани во Вардарска
Македонија, иако нејзиното население изнесувало само 7%
од вкупниот број население во тогашна Југославија.
Српските полицајци и војска апселе и убивале без некоја
поголема причина. Убиени се повеќе стотици Македонци и
Македонки. Добар дел од нив страдаат и како резултат на
судирите помеѓу самите Македонци и тоа оние кои
соработуваат со српскиот режим против оние кои се против
него. ВМРО не мирува. Од атентати или во директни воени
судири ликвидирани се повеќе десетици српски полицајци,
војници и офицери. Во 1934 година како жртва на атентат
настрадува дури и самиот југословенски крал Александар
Караѓорѓевиќ. Тој е убиен од страна на атентаторот на ВМРО
Владо Черноземски во Марсеј, кој притоа го убива и
францускиот министер Луј Барту. Што се однесува до
левицата, Комунистичката партија на Југославија во
почетокот има негативен однос кон македонското нацио-
нално прашање. Подоцна ваквиот однос се корегира и КПЈ ја
исфрла паролата дека Македонија треба да им припадне на

62
Македонците. Во Вардарска Македонија дејствува и лево-
ориентираната ВМРО, која соработува со КПЈ, но нивните
дејства од овој период главно се сведуваат на акции од
политички карактер. Во однос на националното прашање на
Македонците, и покрај спротивставеноста, забележани се
дури и заеднички акции на македонската левица и десница.
По Втората светска војна водачот на македонската десница
(ВМРО) Ванчо Михајлов во однос на македонската нација
целосно застанува на големобугарски позиции, изјавувајќи
дека Македонците се Бугари, иако пред тоа манипулирал со
македонското национално чувство. Заради ова, по војната, тој
станува маргинална политичка личност, избегнуван од маке-
донската антикомунистичка политичка емиграција.
Во април 1941 Бугарите, Италијанците и Германците ја
окупираат Вардарска Македонија. Бугарите завземаат
најголем дел од нејзината територија и веднаш го анектираат
кон Бугарија. Започнува нов процес на денационализација на
Македонците од овој македонски дел. Овојпат тие се
убедувани дека се “Бугари”. Бугарија започнува и со
економска експлоатација на Вардарска Македонија. Истата
година, во октомври, Комунистичката партија на Македонија
(КПМ), која дејствува во рамките на КП на Југославија, крева
вооружено востание против окупацијата на Вардарска
Македонија. Македонските комунисти енергично застануваат
зад паролата дека се борат за национални права на
Македонците и ослободување на Македонија и поради тоа
нивната борба доживува голем успех. Кон крајот на војната
тие успеваат да мобилизираат дури 60.000 борци (од кои
најголемиот дел воопшто не биле комунисти). Овие борци,
иако се борат под знамето на КПМ, во борба влегуваат исклу-
чиво заради националното ослободување на Македонија, а не
заради комунизмот. КПМ отпрвин вешто манипулира со

63
паролата за национално ослободување на сите делови од Ма-
кедонија, поради што борците, а и дел од самото
раководство, се убедени дека и навистина е така. Бугарите
жестоко возвраќаат. Во македонското село Ваташа тие
стрелаат 12 Македонци (младичи и деца) под изговор дека
биле поврзани со борците на КПМ (партизаните). Борбата за
национално ослободување на Македонците, која истовремено
е и антифашистичка, се распламтува, при што гинат многу
Македонци, но и бугарски окупаторски војници, офицери и
нивни соработници. Во септември 1944 година Бугарија
капитулира и нејзините војски се повлекуваат од Вардарска
Македонија. Наместо нив влегуваат Германците, кои, на тој
начин сакаат да направат коридор за своето повлекување од
Грција. Хитлер прави безуспешен обид да создаде независна
држава Македонија на чело со водачот на десното крило на
ВМРО Ванчо Михајлов. При еден напад на германска колона
од страна на партизаните, како одмазда, по наредба на
германскиот фашистички капетан Егбертс во источна
Македонија стрелани се 273 македонски цивили.
Претходно, во август 1944 година, во македонскиот
манастир “Свети Прохор Пчињски” (кој манастир е лоциран
на крајниот север на Македонија и кој подоцна, за време на
комунистичка Југославија, е предаден на Србија, на чија
територија и денес се наоѓа) е формирана и првата
македонска влада АСНОМ (се разбира под патронат на
КПМ), на чие чело застанува предвоениот опозиционен
граѓански политичар Методија Адонов - Ченто. Ченто е
приватен бизнисмен и тој не само што не е идеолошки фана-
тизиран комунист, туку, како македонски патриот, тој бара
поголема економска и политичка самостојност на Маке-
донија во рамките на Југославија. Заради ова, југо-
словенското комунистичко раководство (кое тогаш целосно

64
ја превзема власта во Југославија) го елиминира од политич-
киот живот, заедно со неговите истомисленици, главно маке-
донски интелектуалци и на негово место се поставени
послушници, кои целосно се свртени кон Белград, на чело со
Лазар Колишевски (кој важеше за семоќен комунистички
лидер се дури до падот на комунизмот во овој дел од Маке-
донија, во 1989-90 година). На Ченто, во 1946 година, му е
исцениран обид за бегство во Грција (што во тоа време било
сметано за тешко кривично дело, иако всушност бил ноќе
уапсен од дома) и истиот е осуден на 11-годишна робија.
Недолго по излегувањето од затворот, Ченто умира.
Заради откажувањето од првичните пароли за
ослободување на цела Македонија од страна на КПМ и
нејзиното целосно свртување кон Белград, добар дел од
борците во војната, како и дел од припадниците на
македонската интелегенција се чувствуваат изманипулирани,
па некои од нив, јавно го манифестираат своето
незадоволство, поради што паѓаат во затвор, а други се
повлекуваат од јавниот живот. Некои се испратени на работа
во другите југословенски републики со цел да бидат
подалеку од Македонија. Власта доаѓа целосно во рацете на
пројугословенски ориентираните македонски комунисти, од
кои добар дел (посебно локалните службеници и активисти)
не можат да се пофалат со којзнае какви интелектуални
квалитети. Така е создадена Народна (подоцна:
Социјалистичка) Република Македонија (во продолжение:
СРМ), која станува една од шесте федерални единици на
комунистичка Југославија. Иако, СРМ формално има своја
влада, таа во рамките на Југославија има мошне ограничен
суверенитет, како и сите останати републики.
Во јануари 1945 година некои единици од Македонската
партизанска војска се побунуваат и не сакаат да учествуваат

65
во доослободувањето на Југославија, туку бараат да заминат
во борба за ослободување на останатите делови на
Македонија. Бунтот е задушен, а неговите организатори се
стрелани, уапсени или осудени. Неколку илјади Македонци
потоа се испратени во Србија, Хрватска и Словенија за да
учествуваат во борбите против тамошните фашисти и непри-
јатели на комунистичка Југославија. Во ова време почнува и
формирањето на првите слободни македонски национални
институции (театри, институти, училишта, факултети, а
подоцна и Академија на науките и уметностите, Опера и сл.),
кои се со радост дочекани од страна на Македонците.
Религијата во почетокот е под силен удар на државниот
атеизам, но подоцна пресијата малку попушта. Македонците
како припадници (во најголем дел) на православната вера, во
1967 година прогласуваат формирање на сопствена независна
Македонска православна црква (МПЦ), која претставува
продолжение на древната Охридска архиепископија - црква
со вековна традиција на територијата на Македонија. За жал,
МПЦ до денес не е призната од страна на останатите
православни цркви во светот. Воопшто, еуфоријата и радоста
заради националната слобода течат паралелно со пресијата на
комунистите. Уште во 1945 година почнуваат прогони,
апсења, и стрелања на сите нивни опоненти. Во јануари 1945
година комунистите вршат масакр на 53 граѓани, претежно
жители на градот Велес, кои се стрелани без пресуда и чија
масовна гробница е пронајдена дури во 1996 година. Дел од
стреланите биле обвинети дека соработувале со бугарскиот
окупатор, но меѓу нив имало и сосема невини луѓе. Во
почетокот на педесеттите години комунистите вршат
неуспешен обид за т.н. “колективизација”, преку која
селаните се принудени да ги внесуваат своите приватни
имоти во т.н. “задруги”, каде потоа требало сите заеднички

66
да работат и да ја делат добивката. Меѓутоа, овој типично
комунистички експеримент, само по неколку години,
доживува тотален колапс. Селаните се измамени и на добар
дел од нив, по растурањето на “задругите”, стоката и земјата
не им се вратени. Истовремено комунистите почнуваат да
спроведуваат и присилна национализација (одземање на
приватниот имот на луѓето под разни изговори) се со цел
насилно да воспостават “еднаквост” меѓу граѓаните. Многу
комунистички функционери национализацијата ја користат за
лично богатење. Заради сето ова се јавуваат извесен број
незадоволници, чиј широк дијапазон се протега од
национално определени патриоти кои бараат отцепување на
Вардарска Македонија од Југославија и обединување со оста-
натите македонски делови, па до либерално и граѓански
настроени интелектуалци, кои бараат демократско општетсво
во СРМ. Се јавуваат илегални македонски патриотски орга-
низации, кои се под жесток удар на режимот. Најголемиот
дел од нив бараат воспоставување на независна и обединета
Македонија под протекторат на САД и Велика Британија и
главно делуваат од странство. Во СРМ, пак, Македонците
целосно се воспитувани во југословенски патриотски дух и
забрането е јавно да се зборува за независна македонска
држава. Политички и економски македонската влада е
целосно свртена и зависна од Белград. За релативно мирното
прифаќање на ваквата состојба обилно придонесува и
подобриот животен стандард што го живеат Македонците во
рамките на Југославија во однос на останатите тогашни
комунистички земји (слободно патување во странство, а од
1965 година и можност за отворање на помали приватни
бизниси и сл.), но и можноста тие за првпат слободно да ги
искажуваат своите национални чувства, иако во рамките на
еден недемократски комунистички режим.

67
Економската криза која почнува незапирливо да се шири,
посебно од 1980 година, доведува до појава на првите
посериозни пукнатини во југословенската комунистичка
држава. Во 1982 година драстично се чувствува недостаток
на повеќе животни намирници (бензин, прашок за перење,
зејтин, кафе, и сл.). Бензинот, прашокот за перење и зејтинот
се делат со бонови и тоа еднаш месечно, а рестрикциите на
струја траат по повеќе часови дневно и тоа среде зима.
Строго контролираната комунистичка економија не
дозволува слободен увоз од страна на приватници, со кој би
се елиминирал недостигот на потребните артикли. Се јавува
и незапирливо се шири голема инфлација. Југословенските
народи се погласно размислуваат за самостоен живот. Ветрот
на промени што почнува да дува од источна Европа за време
на периодот на Горбачов, ја зафаќа и комунистичка
Југославија, а во рамките на неа и Македонија. Во 1988
година организирани се првите демонстрации пред грчкиот
конзулат во Скопје и за првпат јавно се побарани национални
и човечки права за Македонците во Грција, наспроти српско-
грчкото пријателсто и тенденцијата на Белград Македонците
да ја сметаат Грција за свој “голем пријател”, наспроти
страдањата на Македонците под Грција. Во печатот се
објавени и првите јавни критики на режимот на Колишевски
и неговите послушници. Во 1990 година веќе доаѓа до
формирање на првите политички партии, кои на слободни
повеќепартиски избори ќе го создадат и првиот македонски
повеќепартиски парламент. Војната во Југославија и
нејзиниот распад се само причина повеќе дотогашната
југословенска федерална единка Македонија на 08.09.1991,
преку референдум, да го прогласи своето отцепување од Југо-
славија со што вардарскиот дел на Македонија стана
независна и самостојна држава под името Република

68
Македонија со повеќепартиски систем и ориентација кон
пазарно стопанство.

Состојбата во пиринска Македонија

Пиринска Македонија (која е наречена така, според


големата македонска планина Пирин) го опфаќа делот од
Македонија под Бугарија. Оваа територија зафаќа површина
од околу 6798 км.2 и таа, од завршувањето на Балканските
војни до денес, се наоѓа под бугарска окупација. Во периодот
од 1920 до 1928 година околу 96% од нејзиното население се
етнички Македонци. Бугарите веднаш почнуваат со
денационализација и убедување на Македонците дека тие се
“Бугари”. Пиринска Македонија, веднаш по Балканските
војни, станува база на бројни македонски револуционерни
организации, чие дејствување е толерирано од страна на
Бугарија, иако официјалната политика на Бугарија е
антимакедонска. Најмоќна македонска организација во
дваесеттите и триесеттите години е ВМРО(иако нејзиното
раководство манипулира со националната припадност на
Македонците и со иднината на Македонија). Може да се каже
дека Бугарија во тој период сепак има полиберален став кон
Македонците од останатите земји - окупатори на Македонија.
Кон ова можеби придонесува и економската исцрпеност на
Бугарија и нејзината улога на поразена земја во Првата
светска војна. ВМРО има големо влијание во Пиринска
Македонија. Тие оваа територија ја сметаат како македонска
слободна територија.
Непосредно по Првата светска војна на власт во Бугарија
доаѓа Земјоделската влада на Александар Стамболиски. Тој
игра дволична улога спрема Македонците. Од една страна

69
соработува со левоориентираните македонски сили и им
ветува автономија на Пиринска Македонија, но од друга
страна се залага за зближување со Југославија, која тогаш
жестоко ги тероризира Македонците во Вардарска
Македонија. ВМРО на чие чело тогаш се наоѓа Тодор
Александров се спротивставува на ваквата политика на
Стамболиски, бидејќи гледа опасност за својот опстанок.
Заради тоа, ВМРО помага во насилното соборување на
владата на Стамболиски во 1923 година. На чело на новата
бугарска влада доаѓа Александар Цанков, но набргу и тој
бара зближување со Југославија. Наоѓајќи се повторно во
опасност од уништување (кое би дошло како резултат на
југословенско-бугарското зближување) водачите на
позначајните македонски фракции, на чело со ВМРО на
Тодор Александров, во 1924 година, во Виена потпишуваат
Манифест за обединување на своите револуционерни сили.
Заради несогласувањата со тогашната бугарска влада на
Цанков, македонските револуционерни сили бараат помош и
од Коминтерната. Цанков врши притисок врз Александров да
се откаже од Манифестот и овој го прави тоа. Во август 1924
извршен е атентат врз Александров, најверојатно
организиран од страна на бугарскиот политички врв. По
неговата смрт ВМРО се распаѓа на три поголеми дела. На
чело на десното крило застанува Ванчо Михајлов, кој уште
повеќе ја засилува автономијата во Пиринска Македонија.
Слободно се толерираат манифестации на македонското
национално чувство, а започнува и формирање на маке-
донски институции, па дури и на илегална Македонска
армија со сопствен воен инспектор и друг кадар. Се разбира
дека Михајлов за ваквите дејства има и поддршка од одре-
дени кругови во Софија. Меѓутоа, овие светли
промакедонски пројави се засенети со крвавите

70
меѓумакедонски пресметки помеѓу десницата и левицата, при
што (посебно од страна на ВМРО на Михајлов) се убиени
десетици Македонци, но и Бугари. Бугарските воени реакци-
онерни кругови се спротивставуваат на ваквиот сепаратизам
на Михајлов, а се почести се и барањата да се запре со
убиствата во Пиринска Македонија. Поради ова, во 1934
година, новата бугарска влада на Кимон Георгиев насилно ја
укинува воспоставената автономија и ја забранува ВМРО.
Михајлов одвај успева да се спаси и бега во Турција. Во
Бугарија тој е осуден на смрт во отсуство, но подоцна тој
целосно застанува на големобугарски позиции во однос на
постоењето на македонската нација. Во 1936 година
почнуваат судски процеси и против членови на левото крило
на ВМРО. Подоцна левото крило на ВМРО се сплотува со
комунистите. Периодот 1934-1944 претставува период на
уште позасилен бугарски терор врз Македонците, на кој
овојпат најенергичен противник се силите на македонската
левица. Во септември 1944 година Бугарија капитулира пред
сојузниците и власта ја превзема левоориентираниот
Отечествен фронт, кој е под директно влијание на Сталин. Во
согласност со договорот во Јалта, Бугарија останува во
источниот комунистички блок. Бидејќи иста е состојбата и во
Југославија, доаѓа до зближување помеѓу двете земји.
Претседателите на Бугарија и Југославија, Димитров и Тито,
во 1947 година постигнуваат договор околу иднината на
Македонија. Македонската нација е призната и во Бугарија и
во Југославија, а во Пиринска Македонија е воведена
културна автономија на Македонците. Ним им е дозволено да
се декларираат како Македонци и на првиот попис во 1946
година,околу 70% од населението на Пиринска Македонија,
се декларираат себеси како Македонци. Во Благоевград
(најголем град во Пиринска Македонија) отворен е

71
Македонски театар, отворени се македонски читалници, а
почнуваат со излегување и весници на македонски јазик. Од
новосоздадената(во Југославија) Народна Република
Македонија се упатуваат учители, кои во Пиринска Маке-
донија ги учат децата на македонски јазик. Се либерализира и
граничниот премин. Претходно Бугарската Комунистичка
Партија (која целосно ја превзема власта во Бугарија)
објавува дека ја признава македонската нација и се оградува
од сите претходни пројави на шовинизам од страна на прет-
ходните бугарски режими кон Македонците. Тоа е период на
исклучително блиски односи не само помеѓу Македонците од
двата дела на Македонија, туку и помеѓу Македонците и
Бугарите воопшто. Фали уште само чекор за двата дела на
поделена Македонија, повторно да се обединат во рамките на
замислената југословенско-бугарска федерација. Меѓутоа,
сето ова паѓа во вода по судирот на Тито со Сталин во 1948
година. Тито сака Југославија да ја поведе по сопствен пат,
вон влијанието на комунистичкиот лагер. Овој судир
најмногу се рефлектира врз македонското прашање.
Бугарија, како верен сојузник на СССР, постепено почнува со
укинување на културната автономија на Македонците. Сепак,
на пописот во 1956 година близу 64% од населението на
Пиринска Македонија национално се декларираат себеси
како Македонци. Користејќи го ова (веќе антијугословенски
настроената) Бугарија ја исфрла паролата за обединета и
независна Македонија, но притоа, како Пиемонт на
обединувањето ја истакнува Пиринска Македонија.
Југословените не сакаат ни да слушнат за оваа идеја. Тито и
не помислува да се откаже од “југословенска” Македонија.
Актерите на југословенско-бугарскиот комунистички судир
перфидно манипулираат со македонското прашање. Конечно,
Бугарија се откажува од исправниот пат кон македонското

72
прашање и повторно се враќа кон предвоените
антимакедонски и големобугарски шовинистички позиции.
Бугарската Комунистичка Партија почнува да врши агре-
сивен притисок и терор врз Македонците со цел тие повеќе
да не се декларираат себеси како Македонци, туку како
“Бугари”. Во пописните листи на пописот во 1965 година во
Бугарија, како Македонци, се изјаснуваат само најсмелите
8.750 етнички Македонци, а на пописот во 1975 година не му
се дозволува на ниту еден Македонец себеси национално да
се декларира така. Македонците административно се
бришани како народ. Сето тоа е проследено со еден страотен
бугаро-комунистички терор врз се што е македонско, кој
посебно се засилува со долгогодишното владеење на
бугарскиот комунистички диктатор Тодор Живков. Тотали-
тарниот полициски режим започнува со апсења, интернирања
и убиства врз Македонците со цел да ги заплаши себеси
национално да не се декларираат како припадници на маке-
донската нација. Македонците не остануваат рамнодушни
кон ваквата состојба. Нивниот отпор опфаќа широк дијапазон
од организирање на илегални организации, кои се борат за
заштита на националните права на Македонците, па до
граѓанска непослушност, но и јавни манифестации
(демонстрации и сл.), Најдрастичен пример секако дека
претставува самозапалувањето на една Македонка од
околината на Благоевград, која не сакала да ја прими новата
лична карта на која $ пишувало дека не е Македонка, туку
Бугарка, заради што не можела да прими плата повеќе месеци
за да си ги нахрани трите малолетни деца. Во шеесеттите,
седумдесеттите и осумдесеттите години во повеќе градови и
села на Пиринска Македонија забележани се масовни судења
на Македонци само заради нивното барање на своите
национални права. Групи Македонци се интернирани во

73
внатрешноста на Бугарија, некои од нив се судени на
долгогодишна робија, а некои се тајно ликвидирани. Младите
Македонци, како јавна манифестација на пасивен отпор кон
бугарскиот шовинизам, на своите гради масовно го
теториваат ликот на Гоце Делчев - легендарен македонски
револуционер од времето на турското ропство. Ваквата тешка
состојба не останува незабележана од страна на европскиот
демократски печат. За теророт врз Македонците од страна на
Бугарија пишуваат неколку западноевропски весници.
Посебен интерес предизвикува подолгата репортажа од
угледниот германски публицист Виктор Маер, објавена во в.
“Франкфуртер Алемајне Цајтунг” на 3 јули 1978 година. Г-
дин Маер подолг период престојувал во Пиринска
Македонија и лично сведочи дека најголемиот дел од
населението во Пиринска Македонија се етнички Македонци,
на кои од страна на режимот им е забрането така да се
декларираат себеси, што значи дека тие немаат ниту најос-
новни национални права. Помеѓу другото, г-дин Маер
пишува: “... Секој што се нарекува себеси како Македонец,
автоматски е изложен на политички прогонства... Во
областа Пирин прашањето за националната свест денес
спаѓа под надлежност на полицијата...” Виктор Маер ја
цитира реченицата што повеќепати ја слушнал од Македон-
ците во Пиринска Македонија, која гласи: “Ние сме
Македонци, чисти Македонци, но нам не ни е дозволено да се
изјасниме како такви!”
Падот на комунизмот во Бугарија и нејзиното претворање
во демократска земја накратко донесе надеж дека ќе се
промени и положбата на Македонците. Македонците се
радуваа на демократијата и во 1989 и 1990 година тие
одржаа демонстрации и јавни собири низ неколку места во
Пиринска Македонија (па дури и во Софија). Формирани се

74
неколку македонски организации, а почнува со излегување и
нивни весник. Сепак, ова не трае долго. Некои од водачите на
македонските организации под разни изговори се уапсени, а
јавните собири на Македонците се забранети. Бугарскиот
режим, како опонент на чистите македонски национални
организации, формира и финансира организација составена
од етнички Македонци - национални предавници и одродени
Македонци, кои, под влијание на бугарската пропаганда,
сметаат дека Македонците се “Бугари”.
Бугарија и денес се плаши од признавањето на
националните права на Македонците и таму Македонците с#
уште не само што немаат никакви национални права
(училишта на македонски јазик, политички партии, културни
институции и сл.) туку и континуирано се изложени на разни
форми на притисок од страна на бугарскиот режим.
Кога сме кај Македонците од пиринска Македонија, да
го спомнеме и тоа дека светски познатата јасновитка баба
Ванѓа исто така е етничка Македонка (всушност таа е родена
во македонскиот град Струмица, а за време на Втората
светска војна отишла да живее во Петрич, каде, по војната, и
останала)! Во една изјава, објавена во бугарскиот весник
“Демокрација” (11.05.1996), баба Ванѓа сосема јасно
истакнува дека таа е етничка Македонка. Етнички Македонец
е и фудбалската ѕвезда Христо Стоичков (без разлика, како
денес е приниден да се декларира себеси).

Состојбата во егејска Македонија

Не постојат зборови со кои може да се опише теророт врз


Македонците кои останаа да живеат во делот од Македонија,
окупиран од Грција. Грчката армија за време на Балканските

75
војни успева да окупира најголем дел од етничката
територија на Македонија, кој опфаќа површина од 34.356
км.2 Оваа територија денес популарно е наречена Егејска
Македонија (според Егејското Море на кое таа излегува).
Пред Балканските војни во Егејска Македонија мнозинството
население (околу 35%) се етнички Македонци. На второ
место се Турците со околу 31%, а на трето место се Грците со
околу 22% од населението. Меѓутоа, треба да се одбележи и
дека бројни етнички Македонци, заради верски причини
(припадност кон грчката црква), себеси тогаш се декларирале
како Грци. Грците, уште со своето навлегување во
Македонија во 1912 и 1913 година жестоко се пресметуваат,
не само со четите на Македонците кои учествувале во
борбата против Турција, туку и со мирното македонско
население. Најдецидно за ова, покрај другите сведоштва, збо-
руваат и бројните писма што грчките војници ги упатувале до
своите роднини во тоа време.
Така на пример, грчкиот војник Анастас Патрос, кој
учествувал во грчката окупација на Егејска Македонија, на 14
јуни 1913 година му пишува на својот роднина: “Ние овде ги
палиме сите села и убиваме жени и деца...” Војникот
Бринија на 11 јуни 1913 му пишува на својот брат: “Тоа што
им го правиме на селата е неопишливо. Тоа е вистински
масакр. Нема ниту еден град или село кое не го запаливме...”
Војникот Н. Зервас, на 13 јули, им пишува на своите
родители: “Ние се покажавме како далеку посурови од
Бугарите. Ние ги силувавме сите девојки на кои наидовме...”
Војникот Лиудис на 13 јули и пишува на својата мајка:
“Добивме заповед да ги палиме селата и да ги убиваме
младите луѓе...” (Повеќе детаљи во Извештајот од
Карнегиевата комисија: Enquete dans les Balcans, Dotatiot
Carnegie pour la paix internationale, Paris, 1914).

76
Овие потресни сведоштва отсликуваат само многу мал дел
од теророт со кој Грците агресивно ја започнуваат својата
окупација на Егејска Македонија. Запалени и уништени се
десетици македонски села, а во 1913 година запалени се сите
1846 куќи во македонскиот град Кукуш. По востановувањето
на грчката власт Грците започнуваат со страотна денацио-
нализација и физичка елиминација на Македонците. Целта
им е да го променат етничкиот состав на Егејска Македонија,
кој, по бегството на Турците во Турција на крајот од Балкан-
ските војни, целосно е во полза на Македонците.
Македонците во Грција не само што не смеат јавно да се
декларираат како Македонци и не само што немаат никакви
национални права, туку Грција забрзано се подготвува за
нивно масовно иселување во соседните земји. Претходно, за
време на грчкиот терор во Балканските војни, но и за време
на Првата светска војна, над 50.000 Македонци ги напуштаат
своите вековни огништа и трајно заминуваат од своите
домови. И покрај ова, Македонците с# уште претставуваат
доминантен етнички елемент во Егејска Македонија. Во 1919
година шефот на француската мисија мајорот Бернар во
својот воен извештај од територијата на Егејска Македонија,
помеѓу другото, пишува: “Во делот на Македонија сега
потчинет на Грците, јазикот на сегашните владеачи одвај
се разбира во земјата... Кога ќе ги прашате жителите на
која националност $ припаѓаат, речиси секојпат
одговараат: Ние сме Македонци!..”(Aretives du service
historique de l'Arme, vencennes - Paris, Salonique de Fevrier
1919.)
Сепак, овие иселувања се само почеток за нечуеното,
варварско и нецивилизирано присилно иселување на
Македонците од окупираната Егејска Македонија од страна
на грчкиот режим. Имено, во ноември 1919 година, по

77
иницијатива на грчката влада, доаѓа до потпишување на
меѓудржавен договор помеѓу Грција и Бугарија, чија главна
цел е меѓудржавна размена на население. Така, од 1919 до
1928 година, нови 87.000 Македонци се иселуваат од Грција
во Бугарија. Главна причина се грчките бегалци од Турција,
кои заради грчко-турската војна, грчката влада присилно ги
населува во домовите на истераните Македонци. По поразот
од Турција, во 1923 година, Грција е принудена да прифати
над 1.000.000 христијани бегалци од Турција. На грчките
шовинисти им се укажува прилика за нивната цел во врска со
промената на етничкиот состав на Егејска Македонија и тие
таму населуваат околу 650.000 христијани од Турција. По
војната со Турција, грчкиот режим продолжува со апсења,
затворања и интернирања на Македонците со цел целосно да
ги исели од Егејска Македонија. Во 1924 година ѕверски се
убиени 19 македонски селани, за што известува сиот
европски печат. Почнува невиден терор врз Македонците и
обиди за нивно присилно грцизирање. Се палат и уништуваат
дури и црквите и иконите затоа што се напишани “на
словенски”. На Македонците им е забрането и да зборуваат
на македонски. Објавен е проглас од страна на една грчка
провладина организација, во кој се забранува употребата на
македонскиот јазик во (цитат): “...сите општински центри,
установи, во трговијата, на состаноците, соборите,
веселбите, ручоците, свадбите и т.н. Во сите наведени
случаи наредуваме да се говори само на грчки јазик...
Прекршителите на оваа наредба ќе се сметаат за
предавници на татковината!” ( Веритас: “Македониа под
иго документи свидетелства”, Софиа, 1931 година (таму е
објавен и факсимил од овој проглас).
Подоцна е донесен и специјален закон за забрана на
употребата на македонскиот јазик, кој е забранет да се

78
употребува дури и во домашни услови! Забрането им е дури
и на родителите да зборуваат на македонски со своите деца!
Прекршителите биле затворани и интернирани или биле
терани присилно да испијат триста грама рицинусово масло.
За овој нечовечен и варварски терор од страна на Грците
сведочат бројни документи од тоа време. Така, на пример,
Македонецот Јован Митрос, на 15 мај 1939 година, бил
повикан на суд затоа што (цитирам дел од судската покана)
“...бил фатен да зборува со други лица на словенски јазик.”
Но, Грците не се помируваат само со тоа. Во 1926 година
донесуваат закон за измена на топонимите во Македонија.
Сите македонски називи на градови, села, планини, реки и
сл., се заменети со грчки и строго е забрането да се
употребуваат нивните македонски имиња. Претходно се
променети и личните имиња и презимиња на Македонците и
истите им се заменети со грчки! На Грците им сметаат дури и
словенските натписи на македонските гробови. Еден
англиски патеписец, сведок на тие морбидни настани,
запишал: “... Грците ги прогонуваат не само живите
Словени, туку и сите мртви Словени чии гробови се расеани
по цела Македонија. Грците ги бришат словенските нат-
писи над крстовите, ги вадат коските од гробовите и ги
горат!”( "Патеписни белешки од Англичанецот В. Хилд”
(цитирано според Надворешно-политичка документација,
број 36, Белград, 1951 година, стр. 151).
Навистина редок пример за варваризам и тоа од
припадници на народ, кој лажно се претставуваат себеси како
потомци на античките Хелени.
Во периодот од 1936 - 1941 состојбата во Егејска
Македонија е уште потешка и пострашна. Во Грција на власт
е диктаторот Метаксас, кој, покрај тоа што уште пожестоко
се нафрла врз Македонците, се пресметува и со сите грчки

79
демократски сили. Тој Македонците ги смета како луѓе
опасни за безбедноста на Грција и во негово време затворени
се над 5000 Македонци (главно стари луѓе) само затоа што не
знаеле да го зборуваат грчкиот јазик. Како поправна мерка
тие се принудени да посетуваат ноќни училишта во кои се
терани да го учат, за нив, крајно неразбирливиот грчки јазик.
Во вакви услови Македонците се потпираат врз
Земјоделската и Комунистичката Партија на Грција (КПГ),
кои имаат разбирање за нивните барања. КПГ во 1925 година
дури ја исфрла паролата за обединета Македонија во рамките
на една Балканска федерација. Во 1935 година, оваа
платформа е заменета со платформата за давање национални
права на Македонците во рамките на Грција. Разбирање за
Македонците пројавува и демократскиот грчки премиер
Венизелос кој, под притисок на меѓународната јавност, во
1925 година, се заложува за издавање на учебник на
македонски јазик наменет за македонските деца, кој требало
да биде увод во отворање на македонски училишта на
територијата на Егејска Македонија. Учебникот е отпечатен,
но набргу (под влијание на Бугарија и Југославија), е
забранет и воопшто не доаѓа во рацете на оние за кои бил
наменет, по што грчкиот режим го засилува својот терор врз
Македонците. Одреден отпор кон ваквата состојба во
дваесеттите години пројавува и македонската организација
ВМРО, но нивната вооружена активност е сведена на
минимум од страв да не предизвикаат нови иселувања на
Македонците. Во триесеттите години левоориентираната
ВМРО илегално објавува неколку весници на македонски
јазик во извесен број на градови во Егејска Македонија, но и
нивната активност речиси целосно е прекината по доаѓањето
на власт на диктаторот Метаксас.

80
Во 1940 година Мусолини ја напаѓа Грција. Грчкиот
режим масовно ги мобилизира Македонците да се борат на
страна на Грција. Од 300.000 грчки војници, кои им се
спротивставуваат на Италијанците, дури 80.000 се
Македонци, а од нив 12.000 загинуваат во овие борби. Во
текот на Втората светска војна Егејска Македонија доживува
четирикратна окупација. Делови од неа се окупирани од
страна на Бугарија, Германија, Италија, а дел останува и во
рамките на грчката про-германска влада. Грчкиот народ
масовно се организира во еден широк демократски
ослободителен фронт (ЕАМ). Формирана е и
антифашистичка војска на Грција (ЕЛАС) во чии редови
доброволно се приклучуваат над 20.000 Македонци, бидејќи
на истите им е ветено дека, по поразот на фашизмот, во
Грција ќе биде воспоставена демократска власт, која ќе им ги
признае националните права на Македонците. Во 1942 и 1943
година формирани се и одделни вооружени македонски
национални организации (МАО и СНОФ), кои подоцна се
претопуваат во ЕАМ и ЕЛАС. Македонците имаат доверба во
демократските сили на Грција. И навистина, за време на
краткото владеење на териториите под контрола на ЕАМ, од
септември до декември 1944 година, Македонците во Егејска
Македонија добиваат извесни национални права и тие се
признати како национално малцинство во Грција. Издавани
се весници на македонски јазик, а отворени се и неколку
македонски училишта.
Грција го дочека завршувањето на Втората светска војна
политички крајно поларизирана. Од една страна се силите
околу ЕАМ, кои не успеваат до влезат во повоената власт, а
од друга се великогрчките шовинистички сили, кои се на
власт и кои бараат ЕЛАС да го предаде оружјето. Постигнат е
договор во Варкиза, по што ЕЛАС е разоружана со ветување

81
дека секој ќе може слободно да живее во нова Грција.
Меѓутоа, наспроти договорот, грчката шовинистичка власт
почнува со нов терор врз Македонците и врз припадниците
на ЕАМ. По весниците се бара иселување на Македонците
од Грција. Така на пример грчкиот републикански весник
“Елефтерос”, во својот број од 28 јануари 1946 година
пишува: “Славомакедонците треба да исчезнат оттука. Тие
веднаш и задолжително треба да се истераат во која
сакаат соседна земја. Тесна им е и тесна ќе им биде грчката
земја...”
Слично пишуваат и други грчки весници, ширејќи
отворена омраза кон Македонците. Дури и началникот на
грчкиот генералштаб Стилиопопулос, во една изјава
отворено вели:
“Секој оној кој не сака да војува против Словените,
кои го загрозуваат постоењето на грчкото племе, не е Грк и
со него ќе се постапи како со непријател!...” (Тошо
Поповски: “Македонското национално малцинство во
Бугарија, Грција и Албанија”; Македонска книга, Скопје,
1981, цитирано според автентични извори).
Во 1946 обновен е законот за забрана на зборување на
македонски јазик. Теророт повторно царува над
Македонците. Во еден извештај на македонската
организација НОФ (формирана во 1945 година заради зашти-
та на Македонците на територијата на цела Егејска
Македонија), очајнички се опишува состојбата со следните
зборови:
“Теророт што почна над македонскиот народ во
Егејска Македонија станува с# пострашен. Вооружени
банди потпомогнати од грчката редовна војска и
нацоналната гарда во Егејска Македонија создаваат
положба на нечуен терор, кој животот на македонското

82
население го прави неподнослив... Не ги штедат ни стар-
ците, ни децата, ни жените. Затворите се преполни со
невини селани. Се ограбува целиот имот, од добиток, до
покуќнина и момински чеиз. ..Се силуваат жени и девојки,
кои потоа се убиваат...(Оскар Давичо: “Меѓу партизаните
на Маркос”; библиотека Триесет денови, Белград, 1947, стр.
197).
Според собраните податоци за овој најнов грчки терор
врз Македонците, само во периодот од 1945 до 1947 година,
убиени се над 300 Македонци и Македонки, силувани се
близу 300 македонски жени и девојки, затворени се околу
6500 Македонци и Македонки, претепани се над 13.500, а
иселени се близу 14.000 Македонци и Македонки. За овој
ужасен терор интерес пројавува и Анкетната комисија на
Обединетите нации, која во 1947 година престојува во
Егејска Македонија.За теророт врз Македонците на оваа
Комисија изјава дал и Гркот Јанулис, кој бил еден од
командантите на Демократската армија на Грција. Помеѓу
другото, на новинарите кои ја следеле оваа комисија на ОН,
тој им го изјавил следното:
“Јас како Грк се срамам да говорам за теророт над
Македонците во Егејска Македонија и затоа станав со
оружје в рака да се борам против тој ужас...” (Оскар
Давичо..., стр. 188).
Во врска со овој терор, и самиот командант на
Демократската армија на Грција, Гркот Маркос Вафијадис на
истата комисија $ изјавува:
“...Во Меморандумот што $ го предавам на
Анкетната комисија на ОН детално се прикажани сите
злосторства... Мене ми е тешко да говорам за запалените
села, за пискотот на децата кои живи ги гореа, за
стотици силувани девојки, за колежи, за мачења, за

83
убиства од заседа, за пепелот на селата кој со месеци
паѓаше на опустените ниви...” (Оскар Давичо..., стр. 369-
370).
Како резултат на ваквата неподнослива состојба,
Македонците буквално се принудени да се борат за својот
физички опстанок, поради што, со оружје в рака, масовно се
вклучуваат на страната на силите на ЕАМ (кои во тоа време и
самите подигаат востание против неподносливиот терор на
повоениот грчки режим). Македонците сега се борат за
одбрана на својот гол живот, но и за одбрана на веќе
стекнатите национални права од периодот на Втората светска
војна на териториите што тогаш се наоѓале под контрола на
ЕАМ. Главна воена организација на Македонците и сега е
НОФ, која брои околу 11.000 вооружени борци. Меѓутоа,
западните сили, а пред с# Велика Британија, воено и
политички ја поддржуваат монархо-шовинистичката страна.
Сепак, и Велика Британија во еден момент калкулира со
паролата за обединета Македонија, но под услов кон Егејска
Македонија да се приклучат македонските делови од Југо-
славија и Бугарија, што во тој миг е апсолутно невозможно,
пред с# заради договорот во Јалта, но и заради одбивањето
на Југославија и Бугарија да се откажат од своите делови на
Македонија.
Грчката граѓанска војна завршува со катастрофален пораз
на Македонците и на силите на ЕАМ, кои се оставени без
никаква странска помош. Како резултат на овој пораз од
Грција се иселуваат нови 50.000 Македонци, а околу 17.000
се убиени. Нововоспоставениот грчки режим продолжува со
теророт врз Македонците како во најцрните времиња. Од
географската карта се избришани 46 македонски села,
бидејќи нивните жители Македонци до еден се ликвидирани
или иселени.

84
Во педесеттите, шеесеттите, седумдесеттите и
осумдесеттите години на 20 век Грција продолжува со
обидите за денационализација на Македонците. Весникот
“Вима” на 08.07.1959 го објавува текстот на заклетвата со
која Македонците по селата, во групи биле терани да се отка-
жат од зборувањето на својот мајчин македонски јазик.
Текстот на заклетвата гласел:
“Во името на Бога, како предани потомци на
старите Грци, ние се колнеме дека во иднина на ниедно
место и во никое време доброволно нема да го употребуваме
словенскиот јазичен дијалект.”
Состојбата повторно се влошува за време на периодот
на владеењето на грчката воена хунта (1967-1974). Потоа
теророт малку попушта. Македонците не се повеќе масовно
прогонувани, убивани, судени и интернирани. Македонскиот
јазик слободно се употребува, но само во јавната
комуникација. Сепак, на сите претходно избегани Македонци
најстрого им е забрането враќањето во Грција, иако тие имаат
документи за сопственост над приватниот имот што таму им
останал. Заради постоењето на СР Македонија во рамките на
Југославија, Грците по војната воведуваат строг визен режим
со Југославија. Целта е ниту еден Македонец, кој е роден во
Грција, а заради грчкиот терор избегал од таму, да не може
да се врати во своето родно место. Од десетиците илјади
избегани Македонци од Грција, голем број се населуваат ши-
рум целиот свет, но најмногу во југословенска Македонија,
потоа во источно-европските комунистички земји, а добар
дел од нив и во Австралија, САД, Канада и западна Европа.
Бројни Македонци се иселуваат и во Полска, каде и денес
живеат заедно со своето потомство. Македонците иселени во
западните демократски земји почнуваат со самооргани-

85
зирање, со цел нивно национално и културно одржување и
издигнување.
Отпорот на Македонците во Грција во овој период е
сведен на повремени илегални манифестации (летоци,
пароли, анонимни писма и сл.). Македонците во Грција ни
денес немаат никакви национални права, иако нивниот број
изнесува повеќе стотици илјади. Ним им е забрането себеси
да се нарекуваат како Македонци, немаат свои училишта и не
можат боголсужбата да ја слушаат на својот мајчин јазик.
Сепак, во последно време, под притисок на меѓународната
јавност, како да попушта тврдиот грчки нецивилизиран
шовинизам кон Македонците. Во деведесеттите години на 20
век во Егејска Македонија се појави македонската политичка
партија “Виножито”, чии членови и активисти се апсени и
се наоѓаат под постојана пресија од страна на грчкиот режим,
а од неодамна, речиси полулегално, се објавуваат и неколку
македонски весници. Во некои места ограничено е дозволена
и изведбата на македонски народни песни и танци.
Меѓутоа, официјална Грција и понатаму упорно го
форсира својот непријателски став кон с# што е македонско.
Таа денес не само што не го признава постоењето на бројното
македонско национално малцинство на своја територија, туку
и дрско го негира постоењето на македонската нација каде и
да се наоѓа, па дури си дозволува и да го оспорува уставното
име на слободната и независна држава Република
Македонија, што претставува беспримерен преседан во
меѓународните односи.

86
Состојбата во македонскиот дел под Албанија

Со создавањето на Албанија по Првата Балканска војна во


декември 1912 година, извесен број македонски села се
отстапени во рамките на оваа новоформирана држава. Нив-
ните жители денес го сочинуваат македонското национално
малцинство во Албанија. Во 1923 година помеѓу Албанија и
Грција е постигната меѓусебна спогодба за извесни корекции
на границите, па на Албанија и се отстапени уште 14
македонски села, кои, од 1913 година, влегувале во составот
на Грција.
Веднаш по создавањето на Албанија, врз Македонците
започнува денационализација и обид истите да се
албанизираат. Албанските предвоени влади го негираат
постоењето на македонското национално малцинство и
забранета е секаква културно-просветна дејност и
одгледување на македонските национални традиции.
Од 1944 до 1948 година Македонците се признати како
национално малцинство и отворени се 13 основни училишта
на македонски јазик во кои се повикани да предаваат учители
од југословенската република Македонија. Меѓутоа, по
судирот на Тито и Сталин, Албанија, како верен сојузник на
Сталин, ги протерува учителите, но сепак училиштата не се
затворени, туку учењето на македонскиот јазик е сведено на
минимум. За време на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа
на македонските деца им е дозволено да учат само во првите
четири одделенија на својот мајчин јазик. Во овој период
забележани се и масовни апсења и затворања на извесен број
Македонци, кои барале поголеми национални и верски права.
Македонците во Албанија главно живеат во неколку
региони околу границата со Македонија. Точни податоци за
бројот на Македонците во Албанија нема, но нивниот број се

87
проценува на повеќе десетици илјади. Освен православни
христијани, поголем дел од нив се етнички Македонци со
исламска вероисповед. Денес, во демократска Албанија,
нивната положба е нешто подобра од положбата на
Македонците во Бугарија и Грција. Македонците во Албанија
имаат право да формираат свои културни и политички
здруженија и имаат право национално да се декларираат како
Македонци, а во извесен степен задоволени се и нивните
верски потреби. Кон ваквата состојба несомнено придонесува
и исклучително високиот степен на национални права што го
уживаат Албанците во Република Македонија. Сепак, Маке-
донците во Албанија и денес имаат само минимални права на
школување на својот мајчин јазик, водачите на нивните
организации се дискретно надгледувани и следени од власта,
а нивната дејност е крајно ограничена. Неспоредливо пого-
леми права уживаат Албанците во денешна Република
Македонија, наспроти минималните права на Македонците
кои живеат во Албанија.

КРАТОК ОСВРТ НА ИСТОРИСКИТЕ ВРСКИ


ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И РУСИЈА

Историските врски помеѓу Русија и Македонија се


длабоки и истите опфаќаат широк дијапазон на различни
аспекти. Македонските и руските историчари со децении
наназад истражуваат низ руските архиви, како резултат на
што веќе е создадена обемна документација, за чие целосно
претставување, е потребен широк простор.

88
Овде само накратко ќе спомнеме дека политичките
односи кон Македонија, Русија главно ги темелела врз
сопствените интереси (што, впрочем, е случај со сите држави
во светот). Веројатно поради тоа амплитудата на овие односи
се протегала од поддршка на аспирациите на некои од
соседните земји против Македонија, па се до изразено
позитивни артикулации насочени кон признавање на маке-
донската национална засебност и поддршка на стремежите за
основање македонска држава.
Низ вековите е забележана и значајна меѓусебна кул-
турна соработка, а руската јавност одамна била запознавана
со вистината за Македонија и Македонците. Од обемниот
материјал на оваа тема, овде ќе наведеме само неколку
примери.
Македонците како посебен народ се спомнати во
“Илустрираниот летопис на Иван Грозни” од 16 век (кој
неодамна е преобјавен во Москва). Во ова вредно историско
дело, посебен осврт е направен врз историјата на античка
Македонија, при што за античките Македонци јасно е кажано
дека биле посебен народ во однос на Грците.
Имало и такви руски дејци кои сметале дека античките
Македонци биле Словени. Некои од нив биле историчарите:
Бутков, Савељев-Ростиславич и Чертков, како и
архимандритите Леонид и Филрот и други.
Како илустрација за признавањето на македонската
национална засебност од страна на руските власти во
минатото, ќе спомнеме еден извештај од почетокот на 18 век
испратен до руската царица Катарина II. Vo ovoj izve{taj, во
врска со молбата, избеганите христијани од Турција да бидат
примени во Русија, пишува:

89
Православните народи: Срби, Македонци, Бугари и
Власи сакаат да $ служат на Нејзиното Императорско
Величество со крв и со оружје...”
Во продолжени пиШува дека по потреба од
припадниците на народите: “Срби, Македонци и Бугари”
можеле да бидат ставени на располагање на нејзиното
“Императорско Величество”. (Д-р Александар Матковски:
“Македонскиот полк во Украина”, Скопје, 1985 год.).
Всушност, бегалците од Македонија, во голем дел се
доселиле во Русија (Украина) поради тешката состојба во
Македонија по востанието против турската власт што го
кренале Македонците на крајот од 17 век под водство на
Карпош. Од воено способните мажи во склопот на Руската
војска на територијата на денешна Украина, бил формиран
“Македонски полк”, чии припадници себеси се декларирале
(и така биле евидентирани) како припадници на:
“македонската нација”! Најпознат од нив бил генералот
Иван Хорват, кој во врска со преселувањето на бегалците
христијани од Турција во Русија, во почетокот на 18 век,
упатил молба до руските губерниски власти за прием на овие
бегалци во служба на руската војска, во која, меѓу другото, се
спомнати “Православните народи: српскиот, македонскиот,
бугарскиот и влаШкиот”, кои сакале да служат на руската
царица. (Д-р Александар Матковски, цит. дело.).
Евиденцијата на припадниците на овој полк се состои од
пополнет прашалник, во кој се содржани следниве прашања
(ќе ги предадеме заедно со одговорите на еден од членовите
на Македонскиот полк):
Име: Ѓорѓи Петров; Возраст: 39 години; Година на
доаѓањето во Русија: 1752; Месец: 24 октомври; Од која
нација: Од македонската нација; Брачна состојба: женет со
три сина; Дали е писмен: Да; Дали бил осудуван: Не!

90
Во овој документ на истите прашања имаат одговорено
вкупно 74 лица. Сите тие јасно се декларирале себеси како
припадници “на македонската нација”. (Д-р Александар
Матковски, цит. дело).
Од овој период во Русија се зачувани уште десетици
документи во кои се спомнуваат Македонците како засебен
народ.
На почетокот на 19 век забележани се руски
иницијативи за создавање независна македонска држава. Во
октомври 1829 година била одржана седница на Вториот
комитет на царот Николај Први во врска со кризата помеѓу
Русија и Турција. Таму бил поднесен и разгледан предлог-
документ од рускиот гроф Јоан Каподистрија (инаку, Грк по
националност). Овој предлог-документ бил доставен во март,
претходната 1828 година, во време кога Каподистрија бил
претседател на новооснованото Грчко народно собрание. Во
1830 Грција добила своја самостојност со помош на Големите
сили, а Каподистрија бил избран за нејзин прв претседател.
Неговиот предлог на овој состанок бил застапуван од рускиот
министер за надворешни работи Дашков. Во овој предлог
Отоманската (Турската) империја на Балканот требало да
биде уништена, а на нејзино место требало да се формираат
државите: 1. Дакија, 2. Србија (во чии граници требало да
влезат Босна и Бугарија), 3. Македонија (цела тогашна
Румелија со островите); 4. Епир (заедно со Горна и Долна
Албанија); 5. Област на Елините (Грција) со северна граница
на реката Пена во Тесалија и целиот архипелаг. На чело на
сите држави требало да има кнезови. Значи, самиот Грк и прв
претседател на Грција Јоан Каподистрија своевремено, пред
руската влада, се заложил за создавање самостојна
македонска држава. Ова е во целосна спротивност со дејству-

91
вањето на денешните грчки политичари кои ја негираат
засебноста на македонската нација.
На истата седница бил доставен и предлог од рускиот
гроф Булгари, кој предлагал денешните бугарски градови
Варна и Бургас да влезат во состав на Русија, а на Балканот
да се создадат државите: 1. Грција (со Кикладите), 2. Северна
Албанија, Македонија и дел од Тракија; 3. Северна Србија и
Босна (под протекторат на големите сили), додека Бугарија,
Молдавија и Влахија требало да бидат составен дел од
Русија. (Подетаљно за документите од овој состанок кај
академик Блаже Ристовски: “Историја на македонската наци-
ја”, МАНУ, Скопје, 1999, стр. 10, цитирано според документи
од руските архиви). Практично овде Бугарија не требало да
постои како посебна држава.
Во 19 век забележани се и руски патеписци кои ја
посетиле Македонија. Еден од нив бил славистот Виктор
Григорович, кој јасно посведочил дека споменот за античките
Македонци се уште бил присутен среде Македонците од
неговото време. Во врска со импресиите од неговата посета
на Македонија во 1844-1845 година, тој запишал:
Во всех виденых странах я не слыхал других имен, кроме
Александра В(еликаго) и Марко Кралїевича. Тот и другой
живут в памяти у народа в весьма общих образах. Память
об Александре В. кажет ся, внушена более народу и бочасто
те, которые произносили его имя, не могли иначе
обяснитьлице его, как ссылаясъна даскалов, именющих о том
книги. (Академик Блаже Ристовски: “Македонија и маке-
донската нација”, Скопје, 1997, стр. 130, цит. според ориги-
налните записи на Григорович,објавени 1877 година во
Москва „О черкъ путешествія Европейской Турціи Виктора
Григоровича“, издание второе, Москва, 1877, с. 139).

92
Виктор Григорович регистрирал и македонски
народни умотворби со содржини поврзани со античка
Македонија.
Во 1878 година, дел од руската официјална политика,
застанува на страната на бугарските анти-македонски
интереси. Рускиот амбасадор во Цариград (Константинопол)
грофот Игнатиев, изнесол план според кој Македонија
требало да биде присоединета кон новосоздадената држава
Бугарија. Оваа фиктивна “држава” (која никогаш во практика
не заживеала) станала позната под името “Санстефанска
Бугарија” и подоцнежната големобугарска анти-македонска
пропаганда обилно ја користи во своите артикулации против
Македонија. Но, оваа идеја останала само на хартија, а
грофот Игнатиев бил критикуван од страна на тогашните
европски политичари, кои децидно изјавувале дека таквата
Бугарија не може да заживее во практика токму поради
фактот што во Македонија живеат Македонци, а не Бугари.
Заради ваквата своја идеја рускиот гроф толку бил кри-
тикуван од странската, но и од домашната (руска), политичка
јавност што дури извесно време морал да се повлече од
јавниот живот. (Автентичните документи со изјави од тогаш-
ните европски дипломати против идејата за т.н.
“Санстефанска Бугарија” се објавени во: “Hof-und Staatarchiv
Wien, Politisches archiv" 38. Türkey, Karton 12 и “Documents
diplomatique t.2.” 431, 15.05.1878, цит. според Славко
Димовски: “Сведоштва и документи”).
На почетокот на 20 век, Русија будно ги следела
настаните во Македонија, за што исто така постои објавено
обемна документација. Во добар дел од оваа документација
Македонците се јасно издвоени како посебна нација. Во
интерес на просторот ќе го цитираме само записот на рускиот
претставник Петрајев, кој во август и септември 1909 година,

93
заедно со претставници на турската и австриската влада
вршеле обиколка низ Македонија. Во еден од своите
извештаи Петрајев запишал дека за врем,е на своите
патувања низ Македонија, кога го праШувал населението на
која националност припаЃа,тие секогаШ одговарале дека се
“Македонци”. (Симон Дракул: “Македонија меѓу
автономијата и дележот” Прв том, Скопје, 1995, стр, 33, цит.
според руски извори). Постојат уште многу вакви
сведоштва.
На крајот од 19 и почетокот на 20 век во Русија е
забележано и дејствувањето на македонската емиграција од
чии редови е формирано познатото Македонско научно лите-
ратурно другарство (МНЛД) кое дејствувало во Петроград на
чело со Димитрија Чуповски. МНЛД било основано во 1902
година и за цело време се залагало за афирмирање на маке-
донската национална засебност и за основање посебна
македонска држава. За таа цел тие контактирале со бројни
руски политичари и дејци, а издавале и свое списание
“Македонски Глас”. Во Русија дејствувале и други вакви
македонски здруженија.
На компликуваните односи меѓу Македонија и Русија
во текот на Првата и Втората светска војна и повоениот
период, нема да се задржуваме затоа Што и тоа бара
премногу простор. Само ќе потсетиме дека официјална
Русија (СССР) по Втората светска војна го признаваше
постоењето на македонската национална засебност, наспроти
тенденциите на својот сојузник Бугарија. Денес односите
меѓу Русија и Македонија (како две независни држави) се на
мошне високо ниво со тенденција за нивно унапредување.

94
РОДНИНСКАТА ВРСКА ПОМЕЃУ АНТИЧКО-
МАКЕДОНСКАТА
ВЛАДЕАЧКА ДИНАСТИЈА СО РУСКАТА ЦАРСКА
ДИНАСТИЈА РОМАНОВИ

Не постојат релеванти историски податоци за по-


теклото на античко-македонската царска династија. Според
митологијата, припадниците на оваа династија потекнувале
од митската личност Херакле, кој бил славен од
припадниците на разни балкански народи и пошироко.
Бидејќи овде претендираме на историски податоци, на
ваквите измислени приказни нема да обрнуваме посебно
внимание. Само ќе кажеме дека, според некои подоцнежни
антички записи, Херакле имал сопруга која се викала
Дејанеира, а од нивното потомство по неколку генерации се
родил Темен, кој бил основач на античко-македонската
династија на Аргеадите. Токму со Темен ќе го започнеме
следењето на родословната табела на античко-македонската
династија, иако и Темен (како и неколкуте негови потомци)
се сметаат за “легендарни владетели”.

ТЕМЕН (Temenos). За Темен нема многу податоци, а она


малку што се знае е на границата помеѓу вистината и
легендата. Врз основа на податоци што ги нудиме во про-
должение (во описот на Пердика) претпоставуваме дека тој
живеел на самиот крај од 10 и почетокот на 9 век пред
Христа. Според легендата потекнувал од митската личност
Херакле и живеел во градот Арг. Имал ќерка, која се викала
Хирнето (Hyrnaitho) и неколку сина. Наводно бил убиен од
своите синови затоа што сакал како свој наследник да ја
остави својата ќерка.

95
Да кажеме неколку зборови и за локацијата на градот
Арг од кој (наводно) потекнувал Темен. Познато е дека во тоа
време имало неколку градови на Балканот со такво име.
Според митологијата Темен и неговите потомци потекнувале
од градот Арг што се наоѓал на Пелопонез, но според
античкиот историчар Апијан (кој живеел во 2 век) античко-
македонската династија потекнувала од градот Арг што се
наоѓал во Македонија. Тоа всушност е Арг Орестикон (близу
денешно Рупишта, гратче што се наоѓа по горниот тек на р.
Бистрица во егејскиот дел на Македонија). Денес поголем
број научници се согласуваат со оваа теорија и сметаат дека
античко-македонската династија и навистина потекнувала од
Македонија, а не од Пелопонез. Оваа теорија ја застапуваат и
грчки историчари.
Така, на пример, грчкиот археолог Алики Стујанаки
во Воденското периодично списание “Едесаика хроника”
(мај-август, 1972, стр. 18) пишува дека првата позната
династија на Македонците нема потекло од Арг на Пело-
понез, туку од Арг во македонската област Орестида и дека
повеќето грчки истражувачи ја прифаќаат оваа теза. Овде
читаме:
“Помладите истражувачи на историјата оформија
две различни гледишта: едни дека Аргос, како место за
потеклото на Аргеадите е на Пелопонез... а другите тврдат
дека Аргос е во Орестида (област во Македонија, з.м.) како
што објаснува и Апијан. Последниве се повеќе и поверодос-
тојни. (Подетално кај Христо Андоновски, “Јужна
Македонија од античките до денешните Македонци” ,
Скопје, 1995, стр. 12).
Роднинската поврзаност на Темен со подоцнежните
познати македонски кралеви прв ја опишал античкиот автор
Еврипид (E. Badian: "Greeks and Macedonians", Department of

96
History, Harvard University Studies In The History Of Art Vol
10: Macedonia And Greece In Late Classical And Early Helle-
nistic Times. Washington, National Gallery of Art. 1967-69; инт-
ернет издание на: http://faq.macedonia. org/history/ badian.
html).

КИС (Ceisus). За Кис се смета дека бил син на Темен, т.е.


потомок од второ колено од легендарниот македонски вла-
детел. За овој, исто така, легендарен владетел се знае само
дека имал жена, чие име почнувало со “Дор...”. Други по-
датоци не се зачувани. Врз основа на податоци што ги
нудиме во продолжение (во описот на Пердика) претпос-
тавуваме дека Кис живеел во првата половина на 9 век пред
Христа.
Податоците за легендарните потомци на Темен се
земени од делото на познатиот британски генеолог Крис
Бенет (Chris Bennet), т.е. од неговата студија за генеологијата
на македонската династија на Птолемеите, во која тој нуди
огромен број податоци од антички автори во врска со оваа
тема. Оваа извонредна студија е достапна на интернет на:
http://www.tyndale.cam.ac.uk /Egypt/ptolemies/arsinoe.htm.

МАРОН. Марон бил син на Кис и бил потомок од трето


колено од Темен. Нема податоци за неговиот живот. Врз
основа на податоци што ги нудиме во продолжение (во
описот на Пердика) претпоставуваме дека Марон живеел во
средината и втората половина на 9 век пред Христа.

ТЕСТОР (Thestrus). Тестор бил син на Марон и бил потомок


од четврто колено од Темен. Нема податоци за неговиот
живот. Врз основа на податоци што ги нудиме во про-
должение (во описот на Пердика) претпоставуваме дека

97
Тестор живеел во на крајот на 9 и почетокот на 8 век пред
Христа.

АКО (Acous). Ако бил син на Тестор и бил потомок од петто


колено од Темен. Нема податоци за неговиот живот. Врз
основа на податоци што ги нудиме во продолжение (во
описот на Пердика) претпоставуваме дека Ако живеел во
првата половина на 8 век пред Христа.

АРИСТОДАМИД (Aristodamides). Аристодамид бил син на


Ако и бил потомок од шесто колено од Темен. Нема
податоци за неговиот живот. Врз основа на податоци што ги
нудиме во продолжение (во описот на Пердика) прет-
поставуваме дека Аристодамид живеел во средината на 8 век
пред Христа.

КАРАН (Caranus). Каран бил син на Аристодамид и бил


потомок од седмо колено од Темен (иако во некои книги е
спомнат како “син на Темен”, како што е книгата “Кралевите
на античка Македонија и нивните монети во Република
Македонија” од авторите Виктор Лилчиќ и Никола
Шелдаров, Скопје, 1994, стр. 28, но и во други книги).
Личноста на Каран е спомната во неколку антички легенди.
Тој дошол во Орестида (македонска област) за да му помогне
на локалниот кнез во борбата против соседниот кнез на
областа Еордаја, кој се викал Кисеј. Каран ја поразил војс-
ката на Кисеј и на неговата територија основал град.
Античкиот историчар Јустин пишува дека Каран
дошол во Ематија (област во Македонија) заради претс-
кажувањето, според кое, таму требало да се насели. Тој го
опсадил градот Едеса (чие име порано било Веди и значел
изобилство од вода), но никако не успевал да го завземе

98
заради густата магла. Тогаш едно стадо кози му помогнало да
го најде приодот до внатрешноста на градот, по што градот
бил освоен, а тој таму се населил. Потоа Јустин пишува дека
Каран се борел и го поразил фригискиот владетел Мида (кој
исто така држел дел од Македонија под своја власт), а војувал
и против други локални владетели. На крајот Јустин пишува:
“Тој (Каран, з.м.) се востоличил себеси за единствен
крал, наместо сите нив и бил првиот што, обединувајќи
племиња од разни луѓе, ја основал Македонија како
единствена целина, при што создал солидни основи за
ширење на ова растечко кралство” (Marcus Junianus Justinus:
"Epitome of the Philippic History of Pompeius Trogus";
translated, with notes, by the Rev. John Selby Watson. London:
Henry G. Bohn, York Street, Convent Garden; 1853, VII book,
1).
Жената на Каран се викала Ланика, а за нивното
потомство постојат податоци во античките извори.
Врз основа на податоци што ги нудиме во про-
должение (во описот на Пердика) претпоставуваме дека
Каран живеел во првата половина на 8 век пред Христа.
Всушност за времето во кое живеел Каран постојат
различни мислења. Во книгата на Лилчиќ и Шелдаров ( стр.
28) наведено е дека Каран дошол на власт на крајот на 8 век
(околу 700 година пред Христа), додека Евсевие во својата
“Хроника” (“Chronicle”, 1, The kings of the Macedonians;
http:// www.attalus.org/translate/eusebius2.htm) пишува дека
Каран живеел во времето пред првата Олимпијада. Бидејќи
се знае дека првата Олимпијада се случила во 776 год. пред
Христа, испаѓа дека Каран живеел на почетокот од 8 век, а
можеби и порано. Евсевие пишува и дека Каран владеел 30
години.

99
КОЕН (Coenus). Коен бил син на Каран и бил потомок од
осмо колено од Темен. Жената на Коен се викала Клеоника.
Врз основа на податоци што ги нудиме во продолжение (во
описот на Пердика) претпоставуваме дека Коен живеел на
крајот од 8 и почетокот на 7 век пред Христа. Според
Евсевие Коен владеел 28 години.

ТИРИМ (Tyrimmas). Тирим бил син на Коен и бил потомок


од деветто колено од Темен. Нема податоци за неговиот
живот. Врз основа на податоци што ги нудиме во описот на
Пердика, претпоставуваме дека Коен живеел во првата
половина на 7 век пред Христа. Според Евсевие Тирим
владеел 43 години.

ПЕРДИКА (Perdiccas). Пердика бил син на Тирим и бил


потомок од десетто колено на Темен. Најмногу податоци за
Пердика дава Таткото на Историјата Херодот, кој вели:
“Седмиот по ред предок на овој Александар (се мисли
на Александар Први) беше Пердика, кој го основа
македонското кралство, и тоа вака: Трите потомци
Теменови: браќата Гаван, Ероп и Пердика избегале од Арг во
Илирија, а од Илирија, навлегувајќи во Горна Македонија
дојдоа во градот Лебеа. Тука се вработија да служат кај
кралот. Едниот ги чувал коњите, вториот говедата, а
најмалиот од нив Пердика, ги чувал козите и овците. Беше
тоа време кога и кралевите, а не само народот, беа
сиромашни и немаа пари. Лебот го месеше и печеше самата
кралица. Ама, кога и да го печеше лебот за најмладиот,
овчарот Пердика, тој секогаш двапати нараснуваше. И
откога тоа истото секогаш се повторуваше, му раскажа
таа на својот маж за ова. Штом кралот тоа го дочу, се
сети дека тоа може да биде некој чуден знак и дека

100
претскажува нешто важно. Тој ги повика слугите и им
нареди да ја напуштат неговата земја. Овие пак му рекоа
дека веднаш ќе си одат штом ќе ја добијат платата што ја
заслужиле. А, кога кралот слушна дека овие бараат плата,
многу се разлути и, бидејќи сонцето ги фрлаше своите зраци
во куќата низ отворот на покривот каде минуваше чадот,
им рече, бидејќи божеството го наведе на таа лудост,
покажувајќи со раката на сонцето: “Еве, тоа е платата
што ја заслуживте и што ви ја давам.” Гаван и Ероп беа
вчудовидени кога ова го дочуа, а најмладиот брат, бидејќи
случајно имаше меч рече: “Се согласуваме, кралу, да го
примиме тоа што ни го даваш”, па со ножот го нацрта сон-
чевиот зрак на куќниот под и, исцртувајќи го тоа, зафати
трипати сончеви зраци во своето крило, па потоа отиде и
тој и тие со него.
Кога тие беа веќе отидени, еден од кралските
службеници му објасни на кралот зошто ова дете тоа го
стори и со каква намера најмладиот брат веднаш го прими
она што кралот му го даде. А кога кралот тоа го слушна,
многу се налути и прати по нив коњаници да ги убијат. Во
таа земја се наоѓа една река на која и принесуваат жртви
потомците на бегалците од Арг, како на свој спасител. И
таа река, кога Теменидите минаа преку неа, толку силно на-
дојде што коњаниците не можеа да ја минат. А момчињата
дојдоа во другиот крај на Македонија и се населија близу
таканаречените градини на Мида, синот Гордиев, во кои
раснат диви рози, од кои секоја има на себе по шеесет
ливчиња и имаат поубав мирис од сите други рози. Во тие
градини, по раскажувањето на Македонците, беше и Силен
заробен. Откако се дофатија до таа земја, браќата тргнаа
и ја покорија цела Македонија” (The History of Herodotus, by
Herodotus, translated by George Rawlinson).

101
Од оваа приказна на Херодот можат да се донесат
следниве заклучоци:
Прво, може приближно да се претпостави времето
кога живеел Пердика. Бидејќи тој овде е опишан како предок
од “седмо колено” на македонскиот крал Александар Први
(498 - 452 година пред Христа), може да се пресмета дека тој
најверојатно живеел во средината на 7 век пред Христа.
Понатаму, ако го прифатиме податокот дека Пердика бил
потомок од десетто колено од Темен, тогаш може приближно
да се утврди и времето кога живеел Темен. Ако на секое од
овие десет колена (генерации) ставиме во просек по 25 - 30
години, тогаш може да се претпостави дека Темен живеел
некаде околу 900 година, т.е. на крајот од 10 и почетокот на 9
век пред Христа (секако доколку и навистина помеѓу Темен и
Каран имало уште пет поколенија). На ваков начин може
приближно да се утврди и времето на живеење на останатите
потомци на Темен (за кои рековме дека се на границата
помеѓу вистината и легендата) што го претпоставивме во
описот на овие личности.
Понатаму, во приказната на Херодот гледаме дека
Пердика е основач на македонската држава, а не Каран (како
што пишува Јустин). Вистината тешко може да се утврди.
Има современи автори кои сметаат дека Каран и Пердика
биле иста личност, затоа што некои делови од нивната
активност (како на пример борбата против Мида, основањето
на Македонија и сл.) се поклопуваат, а освен тоа името Каран
се употребувало и како термин за владетел, па можеби тоа
бил само втор назив за Пердика. Секако дека има автори и
кои ги отрфлуваат ваквите претпоставки, повикувајќи се на
постоењето имиња на личности, кои се спомнати како
владетели помеѓу Каран и Пердика. Во недостиг на
релевантни информации, ние ќе се држиме до претпоставката

102
дека тие сепак биле две одвоени личности. Сопругата на
Пердика се викала Клеопатра. Според Евсевие Пердика
владеел 42 години.

АРГЕЈ (Argaeus). Аргеј бил син на Пердика и бил потомок од


единаесетто колено на Темен. Тој најверојатно живеел во
втората половина на 7 век пред Христа. Ниту за неговиот
живот нема многу податоци. Античкиот историчар Јустин
пишува дека Аргеј бил син на Пердика и дека седнал на
престолот на Македонија уште додека Пердика бил жив.
Имено, кога Пердика остарел и кога сфатил дека се
приближува неговата смрт, тој го поставил Аргеј за крал на
Македонија. Јустин пишува дека Пердика му покажал некое
место на Архелај, каде изразил желба да биде погребан, не
само тој, туку и идните кралеви на Македонија. (Marcus Ju-
nianus Justinus: "Epitome of the Philippic History of Pompeius
Trogus"; translated, with notes, by the Rev. John Selby Watson.
London: Henry G. Bohn, York Street, Convent Garden; 1853, VII
book, 1).
За Аргеј останал забележан и податокот дека во една
битка наредил жените да се преоблечат како војници и да
креваат врева за да го уплашат непријателот. Кога
припадниците на непријателската војска ги виделе оддалеку
жените заедно со војниците, помислиле дека се работи за
некоја голема војска, па побегнале од бојното поле (Виктор
Лилчиќ и Никола Шелдаров: “Кралевите на античка
Македонија и нивните монети во Република Македонија”,
Скопје, 1994, стр. 32, цит. според Полијан IV, 1).
Античкиот автор Евсевие во својата “Хроника”,
повикувајќи се на постари автори, пишува дека Аргеј владеел
38 години. Неговата жена се викала Протоа.

103
ФИЛИП ПРВИ (Philip I). Филип (Први) бил син на Аргеј и
бил потомок од дванаесетто колено на Темен. Тој најве-
ројатно живеел на почетокот од 6 век пред Христа. Постојат
различни мислења во врска со должината на неговото
владеење. Некои автори сметаат дека владеел кратко, но
Евсевие пишува дека владеел цели 33 години. Се смета дека
Филип Први загинал во битка против Илирите. Бил заменет
со својот син Аероп. Жената на Филип Први се викала
Никоноа.

АЕРОП (Aeropus). Аероп бил син на Филип Први и бил


потомок од тринаесето колено на Темен. Тој најверојатно
живеел во првата половина и во средината на 6 век пред
Христа. Јустин пишува дека бил младо момче кога дошол на
престолот, а Евсевие пишува дека владеел 20 години.

АЛКЕТА (Alcetas). Алкета бил син на Аероп и бил потомок


од четиринаесето колено на Темен. Тој најверојатно живеел
во втората половина на 6 век пред Христа. Евсевие пишува
дека владеел 18 години.

АМИНТА ПРВИ (Amyntas I). Аминта (Први) бил син на


Алкета и бил потомок од петнаесетто колено на Темен. Прво
спомнување на Аминта е од страна на Херодот, кој раскажува
еден интересен настан кога на Македонскиот двор дошла
делегација од Персијанците за да побараат поддршка за
нивниот конфликт со Грците. Во нивна чест била приредена
гозба, на која претставниците на персиската делегација се
опиле и почнале да ги задеваат присутните македонски
девојки, по што биле ликвидирани од страна на синот на
Аминта, идниот македонски крал Александар Први. Сепак,
едната своја ќерка Аминта ја омажил за висок персиски

104
војсководител. Евсевие пишува дека Аминта владеел цели 42
години. Аминта живеел во втората половина на 6 век. Во
негово време Македонија територијално се проширила.

АЛЕКСАНДАР ПРВИ (Alexander I). Александар (Први) бил


син на Аминта Први и бил потомок од шеснаесетто колено на
Темен. Според Евсевие Александар Први владеел 44 години
и тоа од 498 до 452 пред Христа. Постојат извесен број
податоци за неговата дејност опишани од Херодот и од други
автори. Практично Александар Први дејствувал во времето
на војната помеѓу Персија и Атина, па за цело време водел
калкулантска политика кон овие две држави со цел да ја
зачува слабата македонска држава, во што и успеал. Така, на
пример, тој прво бил пријател на Персијанците, кои му
дозволиле да ја прошири територијата на Македонија, а потоа
застанал на страната на Грците, кои ја добиле војната.
Извесно време бил и преговарач помеѓу двете завојувани
страни. Учествувал и на Олимписките игри (иако отпрвин тоа
не му било дозволено затоа што не бил Грк). Поради тоа
што им

105
Монета од времето на Александар Први Македонски

помогнал на Грците во пресудната битка кај Платеја против


Персијанците, тој бил наречен “филхелен” (љубител на
Грците), што е уште еден доказ дека не бил никаков Грк.
Александар Први бил убиен, а некои историчари сметаат
дека убиството го организирале повидните Македонци во
знак на протест поради неговата хеленофилска политика
(повеќе детаљи за ова кај: Лилчиќ и Шелдаров, цит. дело, стр.
38).

АМИНТА (Amyntas). Аминта бил син на Александар Први и


бил потомок од седумнаесетто колено на Темен. За неговиот
живот нема речиси никакви податоци. Се знае само дека тој
имал уште три брата: Алкета, Филип и Пердика Втори, како и
еден полубрат по име Менелај (незаконски син на
Александар Први).
Овде ќе потенцираме дека наследник на престолот на
Македонија бил Пердика Втори, но ние овде нема да ги
следиме политичките настани во Македонија, туку само
родословната линија на античко-македонската царска динас-
тија. Во случајов токму, речиси анонимниот син на Алек-
сандар Први, по име Аминта, е личноста што претставува
алка во следењето на натамошните потомци на оваа

106
династија. Со сигурност може да се каже дека овој Аминта
живеел во средината и втората половина на 5 век пред
Христа.

АРХИДЕЈ (Arrhidaeus). Архидеј бил син на Аминта и бил


потомок од осумнаесетто колено на Темен. И за неговиот
живот нема речиси никакви податоци. Речиси сигурно може
да се претпостави дека живеел во втората половина на 5 век.

АМИНТА ТРЕТИ (Amyntas III). Аминта Трети, според


поголем број историчари, бил син на Аридеј (внукот на
Александар Први) и бил потомок од деветнаесето колено на
Темен. Аминта Трети првпат владеел со Македонија од
околу 394 до 392 година пред Христа, а вторпат владеел од
околу 391 - 369 година пред Христа. За него останало запи-
шано дека војувал против Илирите.

Монета со ликот на Аминта Трети

107
ФИЛИП ВТОРИ (Philip II). Филип
Втори бил син на Аминта Трети и
бил потомок од дваесетто колено на
Темен. Тоа всушност е познатиот
македонски крал и татко на Алек-
сандар Трети Велики Македонски.
Се родил во 382 година пред Хрис-
та, а бил убиен во 336 година пред
Христа.
За овој славен македонски
владетел навистина има многу што
да се пишува. Бидејќи овде акцен-
тот е ставен на родословната линија
на античко-македонската царска династија, само накратко ќе
потсетиме на неговите најзначајни активности.
Филип Втори дошол на престолот на Македонија во
359 година пред Христа. Веднаш се зафатил со реорга-
низација на војската, по што Македонија станала најмоќната
воена сила во регионот. Потоа, Филип значително ја
проширил територијата на Македонија. Во 358 година пред
Христа ги поразил Илирите. Во 357 година пред Христа се
оженил со епирската принцеза Олимпија, а од нивниот брак
се родил идниот најславен македонски цар Александар Трети
Македонски Велики. Потоа Филип Втори ги избркал грчките
колонисти од македонскиот брег, а оние кои пружиле отпор,
ги ликвидирал или ги продал како робје. На ваквиот гест
реагирале останатите Грци, по што дошло до војна помеѓу
Македонија и грчките градови-држави. Во 338 година пред
Христа, кај местото Херонеја, се одиграла пресудната битка
помеѓу Македонците и Грците, во која Грците доживеале
тежок пораз. Со тоа Филип Втори ги ставил под контрола
сите грчки градови-држави, со исклучок на Спарта. Повеќето

108
Грци не можеле да се помират со ваквата македонска
доминација, а еден од предводниците на грчкиот отпор
против Македонците бил познатиот атински говорник
Демостен. Тој честопати држел навредливи говори против
Филип и против Македонците и ги поттикнувал Грците да се
ослободат од македонскиот јарем. Сепак, Филип им оставил
голем степен на автономија на Грците. Потоа објавил војна
на Персија. Во 336 година пред Христа испратил
десетилјадна војска во Азија, но токму во таа година бил
убиен во атентат.
Најславниот син на Филип Втори, Александар Трети
Македонски не оставил свое потомство чија трага може
подолго да се следи.

ПТОЛЕМЕЈ ПРВИ (Ptolemy I).


Птолемеј (Први) (познат и како
Птолемеј Лагов или Птолемеј Сотер)
според некои податоци бил вонбрачен
син на Филип Втори, па оттаму тој бил
потомок од дваесет и прво колено на
Темен. Се родил во 367 година пред
Христа. Птолемеј бил генерал во армијата на Александар
Трети Македонски Велики и играл главна улога во подоц-
нежниот поход на Александар во Азија. Од 323 година пред
Христа бил гувернер на Египет и на Либија, а од 305 до 284
година пред Христа владеел како крал.
Откако станал крал на Египет, тој ја прогласил
Александрија за главен град на своето кралство. Птолемеј
Први ја основал познатата Александриска библиотека. Тој
напишал и биографија за Александар Македонски, од која
денес се сочувани фрагмени, а се знае дека од неа црпеле
подоцнежните антички биографи на Александар. Птолемеј

109
Први бил оженет со Береника Прва. Умрел во 283 година
пред Христа.
Во 284 или 285 година пред Христа, Птолемеј Први го
напуштил престолот во полза на својот син Птолемеј Втори.
Но, дали Птолемеј и навистина бил син на Филип
Втори Македонски? Веднаш ќе кажеме дека за ваквото
тврдење постојат податоци во антички извори.
Така, на пример, античкиот автор Павсанија (2 век по
Христа), во врска со ова, пишува:
“Македонците сметаа дека Птолемеј е син на Филип,
синот на Аминта... потсетувајќи дека неговата мајка имала
дете со Филип кога се омажила за Лаг.” (Pausanias:
"Description of Greece", 1, VI, 2).
Потоа Павсанија потсетува дека не случајно Птолемеј
бил толку близок со Александар Македонски и не случајно
тој имал една од клучните улоги по смртта на Александар.
И латинскиот биограф на Александар Македонски, по
име Квинтиј Куртиј Руф, пишува дека, според некои
Македонци, Птолемеј Први бил вонбрачен син на Филип
Втори:
“Тој (Птолемеј, з.м.) бил крвно поврзан со него
(Александар, з.м.), а некои верувале и дека е син на Филипа”
(Quintus Curtius Rufus, "De Rebus Gestis Alexandri Macedonis",
IX, 8, 22; Квинтиј Куртиј Руф: “Историја на Александар
Македонски”, во превод од латински на д-р Љубинка
Басотова; Скопје, 1998 година, стр. 272).
И авторот Теокрит (кој живеел во 3 век пред Христа,
т.е. во времето на Птолемеј Втори) пишува дека Птолемеј
Втори бил “потомок на Херакле”, кој (според легендата) бил
предок и на Александар Трети Македонски Велики
(Theocritus, 17. Повеќе детаљи за ова на: http://www.tyndale.
cam.ac.uk/Egypt/ptolemies/arsinoe.htm).

110
Но, дури Птолемеј Први и да не бил син на Филип
Втори, неговата мајка (жена на Лаг, а претходно наводно
љубовница на Филип Втори), која се викала Арсиноја, и
самата била потомок на династијата на Темен. Таа била ќерка
на Мелеагер, кој бил потомок на Александар Први (повеќе
детаљи за ова кај Крис Бенет: http://www.tyndale.cam.
ac.uk/Egypt/ptolemies/arsinoe.htm).
Значи, било преку таткова, било преку мајчина страна,
Птолемеј Први и навистина бил потомок на Темен.

ПТОЛЕМЕЈ ВТОРИ (Ptolemy II). Птолемеј Втори бил син на


Птолемеј Први и бил потомок од дваесет и второ колено на
Темен. Се родил во 309 а починал во 246 година пред Христа.
На престолот на Египет дошол во 285 или 284 година пред
Христа. Птолемеј Втори војувал со македонската династија
на Селевкидите (кои тогаш владееле со дел од Азија). Во
негово време Египет доживеал силен економски и културен
процут. Птолемеј Втори значително ја збогатил библиотеката
во Александрија и активно ја поддржувал уметноста. Притоа
многу му помагала неговата сопруга Арсиноја (316-271 пред
Христа), која имала големо влијание во неговото владеење.

111
Статуа на Птолемеј Втори
најдена во куќата на М. Лукрециус Фронто

ПТОЛЕМЕЈ ТРЕТИ (Ptolemy III).


Птолемеј Трети бил син на Птолемеј
Втори (од неговата сопруга Арсиноја)
и бил потомок од дваесет и трето
колено на Темен. Птолемеј Трети
(околу 282-221 пред Христа) успеал да
ја припои Киренајка кон Египет. Исто
како и неговиот татко, и тој ја збогатил библиотеката во
Александрија и ја поддржувал уметноста. Војувал против
македонската династија на Селевкидите, кои тогаш владееле
со дел од Азија. Во негово време економијата на Египет
доживеала уште поголем
процут.

112
ПТОЛЕМЕЈ ЧЕТВРТИ (Ptolemy IV). Птолемеј Четврти бил
син на Птолемеј Трети и бил потомок од дваесет и четврто
колено на Темен. Се родил околу 245 гопдина пред Христа, а
дошол на власт околу 222 година пред Христа. За него се
знае дека лошо владеел со Египет и во војната со
Македонците Селевкиди (Антиох Трети) загубил некои
територии. Меѓутоа подоцна им нанел пораз на Селевкидите.
И тој ја поддржувал уметноста. Починал околу 204 година
пред Христа.

ПТОЛЕМЕЈ ПЕТТИ (Ptolemy V). Птолемеј Петти бил син на


Птолемеј Четврти и бил потомок од дваесет и петто колено
на Темен. Се родил во 209 година пред Христа и формално
дошол на власт по смртта на својот татко, кога имал само пет
години. Тогаш практично власта во Египет била во рацете на
корумпираните министри на Птолемеј Четврти, што довело
до последици по државата. Птолемеј Петти бил само форма-
лен владетел. Кога наполнил шеснаесет години, бил оженет
со Клеопатра Прва, која била ќерка на Антиох Трети,
македонски крал од династијата на Селевкидите. Во бракот
им се родиле два сина. Птолемеј Петти умрел во 181 година
пред Христа на возраст од дваесет и осум години. Се смета
дека бил отруен.

Птолемеј Петти

113
ПТОЛЕМЕЈ ОСМИ (Ptolemy VIII).
Птолемеј Осми бил син на Птолемеј
Петти и бил потомок од дваесет и
шесто колено на Темен. Птолемеј
Шести и Птолемеј Седми овде нема
да ги спомнуваме затоа што токму
со Птолемеј Осми продолжува
родословната линија што ја
следиме. Се претпоставува дека се
родил околу 184 година пред Христа, а дошол на власт во
Египет во 145 година пред Христа. Бил опишан како суров
владетел, иако вовел либерални реформи во
религиозните институции. Бил оженет со Клеопатра Трета.
Во бракот им се родиле два сина (Птолемеј Деветти и
Птолемеј Десетти Александар) и три ќерки (Клеопатра
Четврта, Клеопатра Трифена и Клеопатра Селена). Птолемеј
Осми умрел во 116 година пред Христа.

ТРИФЕНА (Tryphaena). Трифена била ќерка на Птолемеј


Осми (од бракот со Клеопатра Трета) и била потомок од
дваесет и седмо колено на Темен. Се родила околу 141 годи-
на пред Христа. Била мажена во династијата на Селевкидите
за Антиох Осми. Во бракот (веројатно) им се родиле шест
деца. Трифена била убиена по наредба на Антиох Деветти, во
112 година пред Христа, поради тоа што претходно таа
наредила да биде убиена жената на Антиох Деветти.

ЛАОДИКА (Laodice). Лаодика била ќерка на Трифена и на


Антиох Осми и била потомок од дваесет и осмо колено на
Темен. Не се знае точно кога се родила, но се знае дека
живеела во првиот век пред Христа. Била мажена за

114
Митридат Први од Комагене (кралство кое се одделило од
империјата на Селевкидите и се наоѓало на север од Сирија,
западно од реката Еуфрат), кој владеел отприлика од 100 до
69 година пред Христа.

Ликот на Лаодика претставен како “Мајка божица”


од светилиштето на планината Немрут

АНТИОХ ПРВИ ТЕОС (Antiochus I Theos). Антиох


Први Теос бил син на Лаодика и на Митридат Први од Кома-
гене и бил потомок од дваесет и деветто колено на Темен. Тој
владел со малото кралство Комагене од 69 до околу 34
година пред Христа. Во негово време оваа држава станала
вазал на Римјаните. Останал запометен по тоа што го
изградил огромното грандиозно светилиште на планината
Немрут (денешна Турција), каде е зачуван натпис во кој овој
крал јасно пишува дека по мајчина линија е роднина со
Александар Трети Велики Македонски.
Антиох Први Теос се обидел да востанови нова рели-
гија (поради што го добил прекарот “Теос”). Бил оженет за
принцезата Исија (Isias Philostorgos). Во бракот (најверојатно)
им се родиле шест деца.

115
Ликот на Антиох Први Теос
од светилиштето во Немрут

ЌЕРКА НА АНТИОХ ПРВИ ТЕОС (СО НЕПОЗНАТО ИМЕ).


Ќерката на Антиох Први Теос била потомок од триесетто
колено на Темен. Нејзиното име останало непознато. Се знае
дека била мажена за кралот на Медија, по име Артавасдес
Први, кој живеел од 65 до 20 година пред Христа. Овде треба
да се дадат извесни дополнителни објаснувања. Имено,
кралството Медија било создадено како независна држава од
страна на извесен Атропат (Atropates). Оваа држава се
наоѓала во денешен Иран. Атропат бил современик на
Александар Трети Велики Македонски и војувал против него
на страната на Персија, но по поразот на Персија, Александар
го оставил да владее како локален владетел (сатрап). По
смртта на Александар, Атропат осамостоил дел од својата
област (северниот дел од Медија) како посебна држава и се
прогласил за крал. Оваа држава била позната и како
Атропатена (според името на Атропат). Државата Атропатена

116
(Медија) војувала против кралството на македонската
династија на Селевкидите, а подоцна била припоена кон
државата Партија (за која ќе пишуваме во продолжение).
Еден од кралевите на Атропатена (Медија) бил и Артавасдес
Први.
За бракот помеѓу Артавасдес Први и ќерката на
Антиох Први Теос, пишуваат светски познатите генеолози
Сетипани (C. Settipani: "Nos ancêtres de l'antiquité: Études des
possibilités de liens généalogiques entre les familles de l'Antiquité
et celles du haut Moyen-Age européen", Paris, 1991 84ff.) и Крис
Бенет (цит. дело: http://www.tyndale.cam.ac.uk/Egypt/
ptolemies/ arsinoe.htm). Всушност, Сетипани како доказ за
овој брак го наведува сведоштвото од Страбо (“Geography",
11,13,1), кој пишува:
“Откако се прогласил себеси за крал, Атропат ја
организирал Медија како независна држава, а династијата
што потекнува од него, останала до нашево време. Него-
вите наследници, преку бракови, се поврзале со кралевите на
Ерменците и Сиријците, а подоцна и со кралевите на
Партијците”.
Сетипани со право заклучува дека овде се работи за
бракови помеѓу кралевите на Атропатена (Медија) со ќерки
на кралевите од Ерменија, Сирија и Партија, чии наследници
останале с# до времето на Страбо (кој се родил во 63 година
пред Христа, а починал во третата деценија по Христа).
Како доказ за вистинитоста на тврдењето на Страбо,
Крис Бенет потсетува дека два, од трите, бракови што тој ги
споменува се потврдени и во други антички извори
(http://www.tyndale.cam.ac.uk/Egypt/ ptolemies/ ptolemies_
tryphaena.htm). Конкретно кралот на Атропатена (Медија) по
име Митридат, некаде во 90-те години пред Христа, се
оженил за ќерката на ерменскиот крал Тигран Втори и за ова

117
пишува историчарот Дио Касиј (Dio Cassius 36, 14). Потомок
од нивниот брак бил Артавасдес Први (типично ерменско
име), кој (во склад со зборовите на Страбо) се оженил за
ќерка од “сириско” кралско семејство. Бенет потсетува дека
единствена држава на тлото на Сирија во тоа време била
државата Комагене (за која веќе пишувавме), па оттаму нема
друг заклучок, освен дека Артавасдес се оженил за ќерката на
Антиох Први Теос (владетелот на Комагене). Се смета дека
во нивнииот брак се родиле три деца и тоа: Јотапа (ќерка),
Ариобарзанес и син со непознато име.

СИН НА АРТАВАСДЕС ПРВИ (СО НЕПОЗНАТО ИМЕ).


Синот на Артавасдес Први и ќерката на Антиох Први Теос
бил потомок од триесет и прво колено на Темен. Неговото
име останало непознато. Но, за неговото постоење се знае
преку податоците за неговите синови Артабанус Втори и
Варданес Први. За синот на Артавасдес Први се знае дека
некаде околу 15 и 10 година пред Христа се оженил со
принцеза од династијата на Арсакидите (за што пишуваме во
продолжение).

АРТАБАНУС ВТОРИ (Artabanus II). Артабанус Втори бил


син на синот (со непознато име) на Артавасдес Први и бил
потомок од триесет и второ колено на Темен. Тој владеел со
државата Партија од околу 12 до 38 година по Христа. Пред
да дадеме објаснувања во врска со Артабанус Втори, да
спомнеме нешто во врска со државата Партија и династијата
на Арсакидите.
Партија била држава, која се наоѓала на територијата
на денешен Иран и други околни држави. Оваа држава ја
создал извесен Арсак некаде околу 250 година пред Христа,
откако се отцепил од државата со која владеела македонската

118
династија на Селевкидите. Арсак ја воспоставил династијата
на Арсакидите, кои владееле со Партија с# до 3 век по
Христа. Припадници на оваа династија (во која гледаме дека
имало и мал дел од крвта на античко-македонската династија)
владееле и со Ерменија (за што ќе пишуваме во
продолжение). Својот најголем зенит Партија го достигнала
околу 60 година пред Христа, кога ја опфаќала целата
територија на денешен Иран, како и делови од денешните
држави: Пакистан, Авганистан, Турција, Ерменија, Сирија и
други. Партија била главно населена со народот Парни, кои
припаѓале на белата раса и зборувале ирански јазик (повеќе
детаљи за Партија во: www.parthia.com).
Што се однесува до Артабанус Втори, за него
римскиот историчар Тацит (Annals, 6.42) пишува дека по
мајчина страна бил од династијата на Арсакидите. Па, каква е
тогаш неговата врска со античко-македонската династија?
Одговорот на ова прашање го дава античкиот еврејски
историчар Јосиф Флавиј, кој јасно пишува дека, пред да стане
крал на Партија, Артабанус Втори бил крал на Медија, т.е.
Атропатена (Josephus Flavius: "Antiquities of the Jews", 18,2,4).
Ова практично значи дека Артабанус Втори бил внук
(од син) на кралот на Атропатена (Медија) Артавасдес Први
и неговата сопруга (ќерка на Антиох Први Теос) во која
видовме дека имало крв и гени од античко-македонската
династија.

119
Ликот на Артабанус Втори од монета

Има историчари кои тврдат дека не постојат децидни


историски сведоштва за роднинската врска помеѓу кралевите
на Атропатена (Медија) и Партија и всушност ова е
(сликовито кажано) “најтенкиот” дел од синџирот на
родословната линија што ја следиме, но сметаме дека
објаснувањата на Сетипани и на Крис Бенет имаат логика и
основа во античките извори.
Исто така, да кажеме и дека во некои современи
историски дела Артабанус Втори е опишан како “Артабанус
Трети” (на пример во Енциклопедија Британика, наслов:
Artabanus III и други). Но, ние овде го користиме називот
Артабанус Втори, затоа што Артабанус Трети (спроед повеќе
извори, меѓу кои и www.parthia.com) владеел подоцна (од
околу 80 - 90 година), па не е можно да биде иста личност со
Артабанус Втори). Познати се имињата на неговите синови:
Варданес Први, Артабанус, Вононес Втори (кај Јосиф
Флавиј спомнат како Вологасес) и Готарзес Втори.

ВОНОНЕС ВТОРИ (Vonones). Вононес Втори бил син на


Артабанус Втори и бил потомок од триесет и трето колено на
Темен. Тој краткотрајно владеел со Партија во 51 година,
заменувајќи го својот брат Готарзес Втори, кој мошне сурово
владеел од околу 38 до 51 година, при што ги убил своите
браќа Артабанус и Варданес Први (Енциклопедија Британика
наслов: Gotarzes II).

120
Ликот на Вононес Втори од монета

Овде ќе направиме извесен прекин на родословната


линија што ја следиме, за да дадеме неколку важни објас-
нувања.
Имено, генеологијата на ерменските кралеви од
првите децении по Христа, не е сосема точно утврдена. Кај
различни извори што ги консултиравме, како на пример:
Енциклопедијата “Британика”, Енциклопедијата “Вики-
педија”, делото на Јосиф Флавиј, потоа делото на Вреј
Атабекјан, како и книгата на познатиот ерменски историчар
Вахан Куркијан “Историја на Ерменија (напишана врз
основа на делата на старите ерменски историчари и објавена
во 1958 година) и други, се забележуваат извесни разлики во
однос на генеологијата на ерменските владетели и нивните
семејства, како и во однос на годините во кои владееле. Ова
секако дека е резултат на недистигот на попрецизни
историски сведоштва во врска со роднинската поврзаност на
овие кралеви.
Така, на пример, според Јосиф Флавиј, Пакорус и
Тиридат (Митридат) била “браќа” на Вононес Втори, кого тој
го нарекува “Вологасес” (Josephus Flavius: "Antiquities of the

121
Jews", 20,3). Но, според останатите извори што ги
консултиравме, тие биле негови синови.
Понатаму, според повеќе извори што ги консул-
тиравме, Вологасес и Тиридат (Митридат) биле “браќа”, но
според времето во кое владееле едниот и другиот, тешко
може да се каже такво нешто. Имено, Вологасес владеел од
51 до 78 година, додека Митридат владеел од 129 до 140
година. Дури и ако претпоставиме дека Вологасес се родил
во 30 година, т.е. ако станал владетел на возраст од само 21
година, испаѓа дека Митридат требало да се роди најмалку 20
години подоцна и да живее цели 90 години, што секако дека
теоретски е можно, но не знам дали токму така се случило.
Извесна забуна кај дел од владетелите од овој период
претставува и различното именување на некои од нив. Веќе
спомнавме дека Вононес Втори, кај Флавиј е именуван како
Вологасес. Понатаму, еден ист владетел во разни извори е
именуван и како Трдат и како Тридат и како Митридат. Друг
владетел, во разни извори, е именуван и како Вахан и како
Кахан. Има многу вакви примери.
Меѓутоа, она што е важно за нашево истражување е
фактот што сите извори што ги консултиравме, се
согласуваат дека припадници на династијата на Арсакидите
од Партија (во која видовме дека имало генетско наследство
од античко-македонската династија) владееле со Ерменија од
62 до 428 година. Во интернет изданието на “Сојузот на
ерменското племство” (во кое се користени податоци и од
големата “Советска енциклопедија”; Москва, 1974), во врска
со ова читаме:
“Арсакидите се ерменска кралска династија, која
владеела од 62 до 428 година и биле роднински поврзани со
Арсакидите од Партија. Ерменскиот органок бил
востановен од Тридат (Митридат, з.м.), кој владеел од 62

122
година, а официјално од 66 до 80 година... Арсакидите се
бореле за независност на Ерменија... Во 428 година
династијата на Арсакидите паднала.” (“Patriarchs, Kings
and Rulers", Vrej Atabekian, The Union of Armenian Noblemen,
ArCGroup Itd, 2004 http://nobility.artsakhworld. com/Atabekian_
Kings_List_Eng.html).
Со оваа констатација целосно е согласува и
ерменскиот историчар Вахан Куркијан (цит. дело, стр. 503 и
504), а оваа вистина е прифатена и во други изданија
(енциклопедии, историски публикации и сл.).
Да заклучиме. За сите Арсакиди од Партија (во кои
имало мал дел античко-македонско генетско наследство), кои
владееле со Ерменија, се знае дека припаѓале на исто
семејство (династија), иако за мал дел од нив не се знаат
прецизно роднинските врски (кој кому му бил брат или
татко). Повеќето од овие роднински врски се знаат, но за
некои нема прецизни податоци, па остануваат во доменот на
шпекулациите.
Главно за нас е дека со полно право можеме да
продолжиме со следењето на родословната линија, т.е. со
следење на генетското наследство од античко-македонската
династија, затоа што тоа наследство го имало во сите
директни потомци на Арсакидите (се разбира освен во снаите
и зетовците во оваа династија).
Што се однесува до редоследот на генерациите (ко-
лената) ќе продолжиме со родословната линија врз основа на
податоците, кои доминираат во повеќето извори што ги
консултиравме со отвореност кон сите идни сознанија.
Претходно спомнавме дека династијата на Арсакидите
во Ерменија ја востановил Тиридат (кој во некои извори е
означен како “Тиридат Први”, во некои како “Тиридат
Втори”, а во некои како Митридат). Спомнавме дека тој бил

123
син на Вононес Втори и бил потомок од триесет и четврто
колено на Темен. Тој имал уште три брата: Пакорус Втори,
Вологасес Први и Орсоес Први (исто така потомци од
триесет и четврто колено на Темен).

ВОЛОГАСЕС ПРВИ (Vologases I), ПАКОРУС ВТОРИ


(Pacorus II) ОРСОЕС ПРВИ (Orsoes I) ОД ПАРТИЈА И
ТИРИДАТ (Tiridates of Armenia) ОД ЕРМЕНИЈА. Тие биле
синови на Вононес Втори и биле потомци од триесет и
четврто колено на Темен.
Вологасес Први владеел со Партија од 51 до 78
година. Тој ја окупирал Ерменија и ја доделил на владеење на
својот брат Тиридат (Митридат), кој владеел до 129 - 140 (со
тоа што укажавме на малата веројатност дека тие и навистина
биле браќа). Претходно Вологасес Први, државата Атро-
патена (Медија) ја дал на управување на својот брат Пакорус
Втори (владеел од 78 до 105 година). Четвртиот брат Орсоес,
пак, владеел од 109 до 129 година.
Податоци дека овие четворица биле браќа (иако барем
еден од нив временски тешко може да се вклопи), рековме
дека де застапени на повеќе места. Меѓу нив е и интернет
изданието со стари монети од Партија
(http://www.grifterrec.com/coins/parthia/parthian5.html), потоа
веб-страницата постевена на Партија (www.parthia.com, од
каде се превземени илустрациите со ликовите на партиските
владетели), енциклопедијата “Википедија” и други.

124
Монета со ликот на Вологасес Први

Монета со ликот на Пакорус Втори

Монета со ликот на Орсоес Први

125
Монета со ликот на Митридат Четврти

ВОЛОГАСЕС ЧЕТВРТИ (Vologases IV). За Вологасес


Четврти со сигурност се знае дека бил син на гореспомнатиот
Тиридат (Митридат) и бил потомок од триесет и петто колено
на Темен. Владеел со Партија од 147 до 191 година. Водел
војна против Римската империја околу превласт над
Ерменија. Вологасес Четврти побарал мир, по што морал на
Римјаните да им ја отстапи Месопотамија.

Монета со ликот на Вологасес Четврти

126
ВОЛОГАСЕС ПЕТТИ (Vologases V). Вологасес Петти бил
син на Вологасес Четврти (Енциклопедија “Британика”,
наслов: Artabanus V) што значи дека бил потомок од триесет
и шесто колено на Темен. Тој владеел со Партија од 191 до
208 година. Во 195 година водел неуспешна војна против
римскиот император Септимиј Север (Septimius Severus), по
која загубил нови територии. И овој владетел бил познат под
друго име. Ерменскиот историчар Куркијан го наведува како
Валарш, со тоа што во фуснота објаснува дека се работи за
Вологасес (Vahan Kurkijan, цит. дело, стр. 105). Во 193
година тој го поставил својот внук Вагхарсак да владее со
Ерменија. Вологасес Петти имал и син по име Трдат Втори
(Vahan Kurkijan, цит. дело, стр. 107), кој владеел со Ерменија
од 217 до 238 година.

Монета со ликот на Вологасес Петти

ВАГХАРСАК (Vagharsak). Во некои извори се среќава и како


Валарш. Тој бил (најверојатно) син на братот на Вологасес
Петти и бил потомок од триесет и седмо колено на Темен.
Овде пак ќе дадеме неколку дополнителни објаснувања.

127
Имено, Вологасес Петти владеел со Партија и за тоа
време го поставил својот “внук” Вагхарсак да владее со
Ерменија. Во врска со ова ерменскиот историчар Куркијан
пишува:
“Партијанецот Валарш (Вологасес Петти, з.м.) ја
искристи граѓанската војна што беснееше помеѓу четирите
претенденти за римскиот престол и се најде себеси во иста
состојба да ги следи постапките на своите претци. Тој
застана на страната на локалниот претендер Нигер, кој се
бореше против Септимие Север и со тоа му беше
овозможено да го испрати својот внук Валарш (Вагхарсак,
з.м.) во Ерменија во 193 година (Vahan Kurkijan: "History of
Armenia", chapter XVII, p.105, Armenian General Benevolent
Union of America; 1958).
И овде гледаме различно именување на иста личност.
Се знае дека против римскиот император Септимие Север за
време на граѓанската војна во Рим војувал Вологасес Петти,
па оттаму токму тоа е “Партијанецот Валарш”, што го
спомнува Куркијан, кој во фуснота во својата книга и самиот
објаснува дека имињата Валарш и Вологасес се однесуваат за
иста личност. Исто е и со внукот на Вологасес, кој кај
Куркијан е наведен како Валарш, а во други извори како
Вагхарсак. Впрочем, Куркијан и за овие две имиња пишува
дека се однесуваат на иста личност.
Се поставува прашањето какво значење има зборот
“внук” во оваа реченица, т.е. во фактот што Вагхаршак бил
внук на Вологасес Петти? Дали Вагхарсак бил негов внук од
син? Ако се има предвид дека Вагхарсак владеел со Ерменија
од 193 до 217 година, тогаш тој никако не можел да биде
внук од син на Вологасес Петти. Бидејќи поимот “внук” се
користи и за син од брат (или сестра), тогаш јасно е дека
Вагхарсак бил син (најверојатно) од брат на Вологасес Петти.

128
Но, дури и да бил син од сестра, јасно е дека во себе ги носел
истите крв и гени на претците на својот стрико (или вујко)
Вологасес Петти, т. е. и самиот носел во себе мал дел од
античко-македонските крв и гени, а тоа е најважно за нашево
истражување.
Впрочем, и самиот Куркијан го потенцира арса-
кидското потекло на Вагхаршак, па пишува:
“Како припадник на кралската куќа на Арсакидите,
на младиот Валарш (Вагхарсак, з.м.) му било приредено
срдечно добредојде во Ерменија” (Vahan Kurkijan: "History of
Armenia", chapter XVII, p.105, Armenian General Benevolent
Union of America; 1958).

КОСРОВ ПРВИ (Khosrov I). Косров Први бил син на


Вагхарсак и бил потомок од триесет и осмо колено на Темен.
Владеел со Ерменија од 238 година, па с# до окупацијата на
оваа држава од страна на Персија (во шестата или на
почетокот од седмата деценија на 3 век), кога Косров бил
убиен. Потврда дека Корсов Први бил син на Вагхарсак се
среќава во ерменската средновековна историја, напишана од
непознати автори, каде во врска со овој владетел читаме дека
бил “син на Вагхарш” и дека владеел “четириесет и осум
години”. (“The Primary History of Armenina”, во превод на
Роберт Бедросијан на интернет достапна на:
http://66.102.9.104/search?q=cache:0IiiH8yFo7gJ:
rbedrosian.com/phaint.htm+The+Primary+History+
of+Armenia&hl =mk).

ТРДАТ ТРЕТИ (Trdat III). Трдат Трети бил син на Косров


Први и бил потомок од триесет и деветто колено на Темен.
Тој како млад бил кришум изнесен од Ерменија, непосредно
по убиството на својот татко и бил префрлен на територијата

129
на Римската империја во Мала Азија. Таму бил воспитуван и
се стекнал со големи знаења, а истовремено и физички бил
многу силен. (Vahan Kurkijan: "History of Armenia", chapter
XVIII, p.115, Armenian General Benevolent Union of America;
1958). Во 287 година, од страна на римскиот император
Диоклецијан бил поставен за крал на Ерменија. За време на
неговото владеење, во 301 година, христијанството било
прогласено официјална религија во Ерменија, со што оваа
земја станала првата христијанска држава во светот, а Трдат
станал првиот христијански крал. Најзаслужен за
прифаќањето на христијанството во Ерменија бил свети
Грегор Илуминатор, кој и самиот потекнувал од династијата
на Арсакидите и чие потомство исто така може да се следи.
Трдат Трети бил убиен (прво ранет, па отруен) по налог на
Персијанците во 330 година, кои континуирано се труделе да
ја завладеат Ерменија.

130
Свети Грегор Илуминатор, свети Трдат Трети и света
Рипсимија (слика од 1448 година).

КОСРОВ ВТОРИ “КОТАК” (Khosrov II "Kotak”). Косров


Втори (наречен “Котак”, т.е. “Кусиот”) бил син на Трдат Тре-
ти и бил потомок од четириесетто колено на Темен. Тој
дошол на престолот во Ерменија во 330 година, а владеел до
339 година. Во неговот време Ерменија доживеала стабил-
ност и напредок (Vahan Kurkijan: "History of Armenia", chapter
XIX, p.123, Armenian General Benevolent Union of America;
1958).

БАМБИШ (Bambish). Бамбиш била ќерка на Косров Втори


“Котак” и била потомок од четириесет и прво колено на
Темен. За Бамбиш нема многу податоци, освен што е
посредно спомната во историските записи за нејзиниот
славен син Нерсес Први Велики. Таа е спомната во книгата
“Историја на Ерменците” од средновековниот ерменски
историчар Павстос Бузандак како мајка на Несрес и сестра на
кралот Тиран, кој дошол на престолот на Ерменија по смртта
на својот татко Косров Втори “Котак” (Pawstos Buzandac
"History of Armenians", Book III, 19;
http://rbedrosian.com/pb4.htm).

СВЕТИ НЕРСЕС ПРВИ ВЕЛИКИ (St. Nerses I the Great).


Свети Нерсес Први Велики бил син на Бамбиш и бил
потомок од четириесет и второ колено на Темен. Исто така
бил потомок и на свети Грегор Илуминатор. Нерсес бил
патријарх на Ерменија од 353 до 373 година. Останал познат
по тоа што градел цркви и добротворни институции. Активно
се залагал за отпор против Персија, но бил отруен по налог на

131
ерменскиот крал Пап, со кого бил во судир. Подоцна е
канонизиран за светител.

Свети Нерсес (илустрација од ракопис, 17 век)

СВЕТИ ИСАК ВЕЛИКИ (St. Isaac the Great). Свети Исак


Велики бил син на свети Нерсес и бил потомок од четириесет
и трето колено на Темен. Бил патријарх на Ерменија од 390
до 439 година. Во некои извори се среќава и како Сахак
Партев, според неговото партиско потекло. Подоцна е
канонизиран за светител. Направил многу за зацврстувањето
на христијанството во Ерменија и оставил извесен број дела и
преводи со христијанска содржина.

132
Свети Исак Велики

САХАКАНУШ (Sahakanoush). Сахакануш била ќерка на


свети Исак Велики и била потомок од четириесет и четврто
колено на Темен. Се родила околу 385 година. За неа главно
се знае преку нејзиниот славен татко, но и преку нејзиниот
славен син Вардан Мамиконијан за кого ерменскиот
историчар Курконијан пишува:
“Вардан... бил син на генералот Хамазасп
Мамиконијан и на Сахакануш, ќерката на патријархот
Сахак Партев и потомок на Грегори Илуминатор”. (Vahan
Kurkijan: "History of Armenia", chapter XX, p.145, Armenian
General Benevolent Union of America; 1958).
Освен Вардан (кој бил водач на ерменското востание
против Персијанците и денес се смета за национален херој на
Ерменците, а канонизиран е и за светител), Сахакануш имала
уште два сина, меѓу кои и Хмајак (Hmayak), чие потомство ќе
го следиме.
Онаку, семејството Мамиконијан е едно од
најславните аристократски семејства во Ерменија, кое води
потекло уште од антиката, па до денес.

133
За натамошното потомство на ова семејство постојат
различни податоци. Овде ќе наведеме некои од нив. Прво ќе
ја наведеме реконструкцијата на родословната линија на ова
семејство врз основа на написот посветен на семејството
Мамиконијан од енциклопедијата “Викидеија” (Wikipedia,
цит. дело, наслов: Mamikonian), потоа од ерменскиот
историчар Курконијан и од книгата “Историја на Тарон” од
средновековниот ерменски историчар Јован Мамиконијан.
Овие извори овозможуваат да се реконструира родословната
линија на семејството Мамиконијан, иако и овде се среќаваат
исти луѓе со различни имиња.

Вардан Мамиконијан

ХМАЈАК МАМИКОНИЈАН (Hmayak Mamikonian). Хмајак


Мамиконијан бил син на Сахакануш и бил потомок од
четириесет и петто колено на Темен. Бил убиен во битката кај
Таик против Персијанците, во 452 година. Имал четири сина.

ВАСАК МАМИКОНИЈАН (Vasak Mamikonian). Васак Мами-


конијан бил син на Хмајак и бил потомок од четириесет и
шесто колено на Темен (“Википедија”, цит. дело, наслов:
Mamikonian; http://en.wikipedia.org/wiki/Mamikonian). Кај
ерменскиот историчар Курконијан, синот на Хмајак е

134
запишан како Вахан. Курконијан пишува дека Вахан владеел
од 485 до 505 година и имал брат Вард, кој го наследил по
смртта (Vahan Kurkijan: "History of Armenia", chapter XXI,
p.163, Armenian General Benevolent Union of America; 1958).

ЕМАНУЕЛ МАМИКОНИЈАН (Emmanuel Mamikonian),


ВАРДАН ВТОРИ МАМИКОНИЈАН (Vardan II Mamikonian)
И ЌЕРКА СО НЕПОЗНАТО ИМЕ. Тие биле деца на на Васак
и биле потомци од четириесет и седмо колено на Темен
(“Википедија”, цит. дело, наслов: Mamikonian;
http://en.wikipedia.org/wiki/Mamikonian). Емануел имал син по
име Гагик.

МУЧЕЛ ВТОРИ МАМИКОНИЈАН (Mouchel II Mamikonian).


Мучел бил син на ќерката на Васак и бил потомок од чети-
риесет и осмо колено на Темен. Починал помеѓу 591 и 593
година (“Википедија”, цит. дело, наслов: Mamikonian;
http://en.wikipedia.org/wiki/Mamikonian).

КАХАН МАМИКОНИЈАН (Kahan Mamikonian). Кахан бил


син на Мучел Мамиконијан и бил потомок од четириесет и
деветто колено на Темен. Владеел од околу 591 или 593 до
604 година (“Википедија”, цит. дело, наслов: Mamikonian;
http://en.wikipedia.org/wiki/Mamikonian). Кахан е познат и под
името Вахан, а за неговиот живот и дејност (како и за
активностите на неговиот татко) повеќе детаљи се објавени
во книгата “Историја на Тарон” од ерменскиот
средновековен историчар Јован Мамиконијан, напишана на
крајот од 7 век (на Интернет достапна на:
http://rbedrosian.com/jm3.htm).

135
СЕМБАТ МАМИКОНИЈАН (Sembat Mamikonian). Сембат
бил син на Кахан (Вахан) Мамиконијан и бил потомок од
педесетто колено на Темен. Владеел на почетокот од 7 век
(“Википедија”, цит. дело, наслов: Mamikonian; http://en.
wikipedia.org/wiki/Mamikonian). И за неговиот живот и дело
податоци нуди средновековниот ерменски историчар Јован
Мамиконијан (во неговото спомнато дело).

ВАХАН МАМИКОНИЈАН (Vahan Mamikonian). Вахан бил


син на Сембат Мамиконијан и бил потомок од педесет и прво
колено на Темен. И за него податоци нуди средновековниот
ерменски историчар Јован Мамиконијан. Во подолгиот напис
за семејството Мамиконијан (објавен во “Википедија”, цит.
дело, наслов Mamikonian), пишува дека синот на Сембат се
викал Мучел Трети (Mouchel III), кој имал два сина и
починал околу 640 година. Веројатно Вахан и Мучел Трети
се иста личност.

ТИРАН МАМИКОНИЈАН (Tiran Mamikonian). Тиран бил


син на Вахан Мамиконијан и бил потомок од педесет и прво
колено на Темен. Средновековниот ерменски историчар
Јован Мамиконијан, во врска со него пишува:
“Тиран, синот на Вахан, беше крстен во манастирот
Глак во црквата 'Свети Карпет'“. (John Mamikonian:
"History of Taron"; http://rbedrosian.com/jm3.htm).
Меѓутоа, во енциклопедијата “Википедија” (цит. дело
наслов: Mamikonian) пишува дека синовите на Мучел Трети
(кој можеби бил иста личност со Вахан, спомнат кај Јован
Мамиконијан) се викале Григор Први Мамиконијан и Хама-
засп Мамиконијан. Григор Први владеел од 658 до 684
година (“Patriarchs, Kings and Rulers", Vrej Atabekian, The

136
Union of Armenian Noblemen, ArCGroup Itd, 2004 http://
nobility.artsakhworld.com/Atabekian_Kings_List_Eng.html).

ТАТКО НА САМУЕЛ МАМИКОНИЈАН. Таткото на Самуел


Мамиконијан бил потомок од педесет и второ колено на
Темен. Во продолжение ќе видиме дека, според некои
податоци, неговото име било Храхат.
Во написот за ова семејство во енциклопедијата “Ви-
кипедија” (цит. дело наслов: Mamikonian), по претста-
вувањето на Хамазасп Мамиконијан и на Григор Први
Мамиконијан (за кого рековме дека владеел од 658 до 684
година) читаме дека извесно време нема податоци за ова
семејство, а потоа на историската сцена се појавуваат
имињата на Артавазд, Мучел Четврти (починал во 772
година) и Самуел Мамикојан (исто така починал во 772
година). Се смета дека за ова време поминала една генерација
од семејството, чиј припадник бил и таткото на Самуел
Мамиконијан (кој наводно се викал Храхат).

САМУЕЛ МАМИКОНИЈАН (Samuel Mamikonian). Самуел


бил потомок од педесет и трето колено на Темен. Спомнавме
дека починал околу 772 година.
*
Родословната линија на семејството Мамиконијан е
прикажана и во најпознатата интернет страница посветена на
родословните линии: http://www.rootsweb.com/. Овде исто
така е прикажан генерацискиот редослед на припадниците
на семејството Мамиконијан, кој на места целосно се
поклопува со редоследот што претходно го прикажавме, но
на некои места нуди поинакви податоци.
Заради споредба, ќе ги прикажеме паралелно родос-
ловните линии на семејството Мамиконијан. Од левата

137
страна ја прикажуваме родословната линија што ја реконст-
руиравме врз основа на податоците изнесени во енцикло-
педијата “Википедија”, како и во делата на Курконијан и
Јован Мамиконијан, а од десната страна е родословната
линија, каква што е предадена на веб-страницата:
http://www.rootsweb.com/.
НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА:
ВИКИПЕДИЈА, http://www.rootsweb.com/
КУРКОНИЈАН И МАМИКОНИЈАН:
========================= ====================
Хмајак (починал 452) Хмајек (410-452)

Васак (Вахан и Вард Вард (450- 509-514)


кај Курконијан)

Емануел, Вардан 2 и Хмајак (роден меѓу


непозната ќерка 480 и 490, починал 555)
(сите се деца на Васак)

Мучел Втори (син на Мусег (роден меѓу


непознатата ќерка 510 и 530, а
на Васак) починал починал во 593)
591 или 593

Кахан (Вахан кај Вахан 2 (роден во


Јован Мамиконијан) 555, а починал
владеел: 593-604 околу 600)

Сембат(кај Јован Мамик.) Давид (род. околу 580)

Мучел Трети (Вахан Хамазасп (610-658)


кај Јован Мамик.)

138
починал 640

Григор Први (владеел: Син на Хамазасп


658-684) и Хамазасп (роден околу 640)
(Тиран кај Јован Мамик.)

Непознат Храхат Мамиконијан

Самуел (починал во 772) Самуел (700-772)

Ќерка на Самуел Ќерка на Самуел


(мажена за Смбат (мажена за Смбат
(735 - 775) (735 - 775)

Ако ги споредиме двете табели ќе забележиме извесни


разлики. На пример во левата табела Мучел Втори е син на
ќерката на Вард, а во десната табела тој бил син на синот на
Вард. Има и други вакви разлики, а разлика има и во
именувањето на некои од личностите. Во десната табела
гледаме дека нема непознати членови во родолсловната
линија, а во левата, непознат е идентитетот на таткото на
Самуел Мамиконијан. Има и други вакви разлики, но има и
поклопувања.
Меѓутоа, без разлика дали се точни имињата на
припадниците на родословната линија на семејството
Мамиконијан или не, факт е дека ова семејството
продолжило да егзистира со истото презиме и во 8 век (па
дури и до денес - на пример, потомок на ова семејство е
светски познатиот пијанист Вардан Мамиконијан и други).
Ова впрочем е и најважно од аспект на темата што ја
обработуваме, а тоа е следењето на оној дел од малото
античко-македонско генетско наследство што стигнал и до

139
ерменското семејство Мамиконијан. Едноставно, ако ова
наследство го имало во гените на Васак Мамиконијан (крај на
5 и почеток на 6 век) и ако се знае дека тој имал свои
потомци, кои можат да се следат, тогаш нормално дека ова
генетско наследство го имало и во неговите подоцнежни
потомци од семејството Мамиконијан, без разлика кој кому
бил брат или татко.
Продолжуваме со следењето на натамошнито потомст-
во на семејството Мамиконијан.

ЌЕРКА НА САМУЕЛ МАМИКОНИЈАН (СО НЕПОЗНАТО


ИМЕ). Таа била потомок од педесет и четврто колено на
Темен. За нејзиниот идентитет знаеме преку фактот што била
мажена за Смбат Седми Багратуни, гроф од Ерменија (околу
735 - 775). На тој начин малиот дел од античко-македонското
генетско наследство, преку семејството Мамиконијан, влегло
и во следната династија што владеела со Ерменија, а тоа е
династија Багратуни.
Впрочем, според рускиот генеолог Кирил Туманов,
уште Смбат Петти Багратуни (род. околу 625 година) бил
оженет со припадничка на династијата на Арсакидите (во
која имало мал дел античко-македонското генетско нас-
ледство). Таа била ќерка на Мануел Арсакид Од нивниот
брак (околу 655 година) се родил Васак Багратуни, а нему му
се родил син познат под името Ашот Трети “Слепиот”, кој се
родил околу 685 година (Повеќе детаљи за ова кај: C.
Toumanoff: 'The Early Bagratids' in La Museon", 1949, pp.21-
54). Негов син, пак, е токму Смбат Седми Багратуни,
сопругот на ќерката на Самуел Мамиконијан за која овде
пишуваме. На тој начин нивното потомство имало мал дел од
античко-македонското генетско наследство барем од две
страни.

140
АШОТ МСАКЕР (Ashot Msaker). Тој бил син на Смбат
Седми Багратуни и ќерката на Самуел Мамиконијан и бил
потомок од педесет и петто колено на Темен. Од 806 до 826
година ја носел титулата Гроф од Ерменија.

БАГРАТ БАГРАТУНИ. Тој бил син на Ашот Мсакер и бил


потомок од педесет и шесто колено на Темен. Од 826 до 851
година ја носел титулата Војвода од Тарон. Починал во 851
година.

ТОРНИК. Тој бил син на Баграт Багратуни и бил потомок од


педесет и седмо колено на Темен. Во 858 година бил
заробеник на Багдадскиот калиф.

ГРИГОР ПРВИ. Тој бил син на Торник и бил потомок од


педесет и осмо колено на Темен. Од 898 до 923 година ја
носел титулата Војвода од Тарон. Починал во 923 година.

АШОТ ТРЕТИ. Тој бил син на Григор Први и бил потомок од


педесет и деветто колено на Темен. Од 940 до 967 година ја
носел титулата Војвода од Тарон. Починал во 967 година.

ГРИГОР ТАРОНИТ. Тој бил син на Ашот Трети и бил


потомок од шеесетто колено на Темен. Ја носел титулата
Војвода од Солун. Бил оженет со Елена (ќерка на Михаил
Лекапенос). Бил убиен во 995 година во борбите против
македонскиот средновековен цар Самуил. Практично тој
живеел во времето на војната помеѓу Византија и
Самуиловото Царство.

141
АШОТ ТАРОНИТ. Тој бил син на Григор Таронит и бил
потомок од шеесет и прво колено на Темен. Во 998 година се
оженил со Мирослава - ќерката на македонскиот
средновековен цар Самуил. Преку овој брак, т.е. преку
нивното потомство, дошло до спој помеѓу крвта на античко-
македонската и Самуиловата царска династија! Познато е
дека Ашот (во некои дела познат и како Ашод) бил воен
заробеник на цар Самуил за време на неговата војна со
Византија. Мирослава (која била втора ќерка на цар Самуил)
се вљубила во Ашот и се омажила за него. Самуил го при-
фатил овој брак и му го дал на Ашот градот Драч (во
денешна Албанија) на управување. Но, Ашот извршил
предавство и побегнал во Византија. Со него побегнала и
ќерката на Самуил, која се свртела против својот татко и
станала дворска дама на Византискиот двор.

ГРЕГОР ТАРОНИТ (Gregorios Taronites). Тој бил син на


Ашот Таронит и Мирослава (ќерката на цар Самуил) и бил
потомок од шеесет и второ колено на Темен, а воедно бил и
потомок од трето колено на цар Самуил. Бил убиен во 1040
година.

МИХАИЛ ТАРОНИТ (Michael Taronites). Тој бил син на


Грегор Таронит и бил потомок од шеесет и трето колено на
Темен, а воедно бил и потомок од четврто колено на цар
Самуил. Околу 1067 година се оженил за Марија Комнена,
која била сестра на византискиот цар Алексеј Први Комнен.

ЈОВАН ТАРОНИТ (Ioannes Taronites). Тој бил син на Михаил


Таронит и бил потомок од шеесет и четврто колено на Темен,
а воедно бил и потомок од петто колено на цар Самуил. Во

142
1092 година ја добил титулата Војвода од Скопје (главен град
на денешна Република Македонија).

МИХАИЛ ТАРОНИТ (Michael Taronites). Тој бил син на


Јован Таронит и бил потомок од шеесет и петто колено на
Темен, а воедно бил и потомок од шесто колено на цар
Самуил. Живеел во првата половина на 12 век.

МАРИЈА ТАРОНИТИСА (Maria Taronitissa). Таа била ќерка


на Михаил Таронит и била потомок од шеесет и шесто ко-
лено на Темен, а воедно била и потомок од седмо колено на
цар Самуил. Околу 1146 година се омажила за Јован Комнен
Дука (Ioannes Komnenos Dukas), кој ја носел титулата Војвода
од Кипар.

МАРИЈА КОМНЕНА. Таа била ќерка на Марија Таронитиса


и Јован Комнен Дука и била потомок од шеесет и седмо ко-
лено на Темен, а воедно била и потомок од осмо колено на
цар Самуил. Се родила во 1154, а починала во 1217 година.
Се мажела двапати. Првиот пат се омажила во 1167 година за
Алмарик д'Анжуј (Almaric d'Anjou), кој бил крал на Ерусалим
и живеел од 1136 до 1174 година. Вториот пат се омажила во
1177 година и тоа за Балијан д'Ибелин (Balian d'Ibelin), кој
починал во 1193 година.

ИЗАБЕЛА ОД ЕРУСАЛИМ (Isabella of Erusalem). Таа била


ќерка на Марија Комнена од првиот брак и била потомок од
шеесет и осмо колено на Темен, а воедно била и потомок од
деветто колено на цар Самуил. Се родила во 1171, а починала
пред 1206 година. Во 1191 година била востоличена за
кралица на Ерусалим. Се мажела четири пати.

143
ФИЛИПА ДЕ ШАМПАЊ (Philippe de Champagne). Таа била
ќерка на кралицата Изабела од Ерусалим од нејзиниот трет
брак (со Анри Втори де Шампањ) и била потомок од шеесет
и деветто колено на Темен, а воедно била и потомок од
десетто колено на цар Самуил. Се родила околу 1195, а
починала во 1250 година. Околу 1214 година се омажила за
Ерард де Бриен (Erard de Brienne).

ЖАНА ДЕ БРИЕН (Jeanne de Brienne). Таа била ќерка на


Филипа де Шампањ и била потомок од седумдесетто колено
на Темен, а воедно била и потомок од единаесетто колено на
цар Самуил. Пред 1250 година се омажила за Метју Трети де
Монтморенси (Mathieu III de Montmporency), кој починал во
1270 година.

МЕТЈУ ЧЕТВРТИ “ВЕЛИКИ” (Mathieu IV "le Grand"). Тој


бил син на Жана де Бриен и бил потомок од седумдесет и пр-
во колено на Темен, а воедно бил и потомок од дванаесетто
колено на цар Самуил. Се женел двапати. Починал во 1306
година.

ЖАН ПРВИ (Jean I). Тој бил син на Метју Четврти “Велики”
и бил потомок од седумдесет и второ колено на Темен, а
воедно бил и потомок од тринаесетто колено на цар Самуил.
Бил оженет со Жана де Калетот (Jeanne de Calletot). Починал
во 1325 година.

ЧАРЛС ПРВИ (Charles I). Тој бил син на Жан Први и бил
потомок од седумдесет и трето колено на Темен, а воедно бил
и потомок од четтринаесетто колено на цар Самуил. Се
женел трипати. Починал во 1381 година.

144
ЖАК (Jacques). Тој бил син на Чарлс Први и бил потомок од
седумдесет и четврто колено на Темен, а воедно бил и
потомок од петнаесетто колено на цар Самуил. Во 1399
година се оженил за Филипа де Мелун (Philippe de Melun)
Починал во 1414 година.

ЖАН ВТОРИ (Jean II). Тој бил син на Жак и бил потомок од
седумдесет и петто колено на Темен, а воедно бил и потомок
од шеснаесетто колено на цар Самуил. Се женел двапати. Ја
носел титулата Барон од Монтморенс. Починал во 1477
година.

ЏУЛИЈАМ (Guillaume). Тој бил син на Жан Втори (од


вториот брак) и бил потомок од седумдесет и шесто колено
на Темен, а воедно бил и потомок од седумнаесетто колено
на цар Самуил. Во 1484 година се оженил со Ана Пот (Anne
Pot) Ја носел титулата Барон од Монтморенс. Починал во
1531 година.

ЛУЈЗА (Louise). Таа била ќерка на Џулијам и била потомок


од седумдесет и седмо колено на Темен, а воедно била и
потомок од осумнаесетто колено на цар Самуил. Во 1514 го-
дина се омажила со францускиот маршал Гаспар де Колињи
ле Вил (Gaspard de Coligny le Vieil). Починала во 1541
година.

ГАСПАРД ДЕ КОЛИЊИ (Gaspard de


Coligny). Тој бил син на Лујза и на
истоимениот татко и бил потомок од
седумдесет и осмо колено на Темен, а
воедно бил и потомок од деветнаесетто
колено на цар Самуил. Се родил во

145
1516 година. Бил адмирал во француската војска. Се женел
двапати. Бил убиен во Париз на 24.08.1572 година за време на
Вартоломејската ноќ.
ЛУЈЗА ДЕ КОЛИЊИ (Louise de
Coligny). Таа била ќерка на Гаспард
де Колињи и била потомок од
седумдесет и деветто колено на
Темен, а воедно била и потомок од
дваесетто колено на цар Самуил. Се
родила во 1555 година. Се мажела
двапати (вториот пат со принцот
Вилем Први од Оранж), кој бил
управник на Холандија. Починала во 1620 година.

ФРЕДЕРИК ХЕНДРИК (Frederik


Hendrik). Тој бил син на Лујза де
Колињи и бил потомок од осумдесетто
колено на Темен, а воедно бил и по-
томок од дваесет и прво колено на цар
Самуил. Се родил во 1584 година. Во
1625 година се оженил со грофицата
Амалија зу Солмс Браунфелс (Amalie
zu Solms Braunfels). Ја носел титулата
Принц од Оранж и бил управник на
Холандија (од 1625 до 1647 година). Починал во 1647
година.

ХЕНРИЕТА КАТЕРИНА (Henriette Katharine). Таа била ќерка


на Фредерик Хендрик и била потомок од осумдесет и прво
колено на Темен, а воедно била и потомок од дваесет и второ
колено на цар Самуил. Оваа принцеза од Насау Оранж се
родила во Хаг во 1637 година. Во 1659 година се омажила со

146
Јохан Георг Втори фон Анхалт Десау (Johann Georg II von
Anhalt Dessau). Починала во 1708 година.

ЈОХАНА ШАРЛОТА (Johanna Charlotte). Таа била ќерка на


Хенриета Катерина и била потомок од осумдесет и второ ко-
лено на Темен, а воедно била и потомок од дваесет и трето
колено на цар Самуил. Се родила во 1682 година. Во 1699
година се омажила со Филип Вилхелм фон Бранденбург
Швед (1669 - 1711). Починала во 1750 година.
ФРИДРИХ ВИЛХЕЛМ (Friedrich
Wilhelm). Тој бил син на Јохана
Шарлота и бил потомок од осумдесет
и трето колено на Темен, а воедно бил
и потомок од дваесет и четврто колено
на цар Самуил. Се родил во 1700
година. Во 1734 година се оженил со
принцезата Софија од Прусија (1719 -
1765). Починал во 1771 година.

ФРЕДЕРИКА СОФИЈА ДОРОТЕА


(Friederike Sophie Dorothea). Таа била ќерка на Фридрих
Вилхелм и била потомок од осумдесет и четврто колено на
Темен, а воедно бил и потомок од дваесет и петто колено на
цар Самуил. Се родила во 1736 година. Во 1753 година се
омажила со војводата Фридрих Втори Еуген од Вутемберг
(1732 - 1797). Починала во 1798 година.

ФРЕДЕРИКА СОФИЈА ДОРОТЕА (Friederike Sophie


Dorothea). Таа била ќерка на Фридрих Вилхелм и била
потомок од осумдесет и четврто колено на Темен, а воедно
бил и потомок од дваесет и петто колено на цар Самуил

147
(види на стр. 90). Се родила во 1736 година. Во 1753 година
се омажила со војводата Фридрих Втори Еуген од Вутемберг
(1732 - 1797). Починала во 1798 година.

СОФИЈА ДОРОТЕА АВГУСТА


ЛУЈЗА (Sophie Dorothea Auguste
Luise). Таа била ќерка на Фреде-
рика Софија Доротеа и била по-
томок од осумдесет и петто колено
на Темен, а воедно била и потомок
од дваесет и шесто колено на цар
Самуил. Се родила во 1759 година.
Во 1776 година се омажила со
императорот Павле од Русија
(1754 - 1801), при што поминала
во православната вера каде го
добила името Марија Феодоровна. Починала во 1828
година. Преку неа античко-македонските гени и гените на
царот Самуил практично влегле во руската царска династија.

НИКОЛАЈ ПРВИ (Nikolai I). Тој


бил син на императорот Павле и
Софија Доротеа Августа Лујза и
бил потомок од осумдесет и шесто
колено на Темен, а воедно бил и
потомок од дваесет и седмо колено
на цар Самуил. Се родил во 1796
година. Во 1817 година се оженил
со принцезата Шарлота од Прусија
(1798 - 1860), која исто така поми-
нала во православната вера при што
го добила името Александра Фео-

148
доровна. Од 1825, па с# до својата смрт во 1855 година, бил
император на Русија.

АЛЕКСАНДАР ВТОРИ (Alexan-


der II). Тој бил син на импе-
раторот Николај Први и бил по-
томок од осумдесет и седмо ко-
лено на Темен, а воедно бил и
потомок од дваесет и осмо ко-
лено на цар Самуил. Се родил во
1818 година. Се женел двапати.
Бил император на Русија. За-
гинал во атентат во 1881 год.

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ (Alexander III). Тој бил син на


императорот Александар Втори и бил потомок од осумдесет
и осмо колено на Темен, а воедно бил и потомок од дваесет и
деветто колено на цар Самуил. Се родил во 1845 година. Во
1866 година се оженил со принцезата Дамар од Данска (1847
- 1928), која поминала во православната вера и го добила
името Марија Феодоровна. Од 1881 година, па с# до својата
смрт во 1894 година, бил император на Русија.

149
Рускиот император Александар Трети

НИКОЛАЈ ВТОРИ (Nikolai II). Тој бил син на императорот


Александар Трети и бил потомок од осумдесет и деветто ко-
лено на Темен, а воедно бил и потомок од триесетто колено
на цар Самуил. Се родил во 1868 година. Во 1894 година се
оженил со принцезата Аликс од Хесе и Рајн (1872 - 1918),
која поминала во православната вера и го добила името Алек-
сандра Феодоровна. Во 1894 година бил крунисан за
император на Русија. Абицирал од престолот за време на т.н.
“Октомвриска револуција” во 1917 година. Без никаква
пресуда бил стрелан од комунистите во јули 1918 година во
Екатеринбург. Со него комунистите ги стрелале и неговите
сопруга царицата Александра и децата: принцот Алексеј (на
14 годишна возраст, кој притоа бил и тешко болен) и принце-
зите: Олга (23 годишна), Татјана (22 годишна), Марија (19
годишна) и Анастасија (17 годишна). По падот на
комунизмот во Русија нивните посмртни останки се откриени
и погребани со највисоки почести.

150
Рускиот император Николај Втори со императорката
Александра Феодоровна и нивните деца

Во 1981 година Руската Православна Црква во


странство ги канонизирала царот, царицата и нивните деца во
новомаченици. Биле канонизирани и роднини на царското
семејство, како и неколкумина нивни слуги и придружници
кои исто така биле стрелани од комунистите.
Во 2000 година убиеното царско семејство Романови е
канонизирано во страстотéрпец и од Руската Православна
Црква (внатрешна).
Во руската јавност е малку познато дека во Република
Македонија постои црква (во рамките на манастир) изградена
во 2001 како донација на семејството на поранешниот маке-
донски премиер Лјубцхо Георгиевски, а делумно и на
познатиот македонски бизнисмен Петар Шимов по име
“Света Марија Магдалена”. Во оваа црква (која се наоѓа во

151
Дојран) претставена е фреска на која, како светители, се
прикажани ликовите на убиентите членови на царското
семејство Романови.

152
Од досега изнесените податоци може да се определи
роднинската врска помеѓу Александар Велики од Македонија
и последниот руски цар Николај Втори Романов. Според
родословната линија што ја следевме, царот Николај Втори
Романов е потомок од 69-то колено на таткото на Александар
Велики Македонски, т.е. потомок од 68 колено на полу-
братот на Александар Велики (по име Птолемеј). Со други
зборови Александар Велики е роден чичко на директниот
предок од 67 колено на царот Николај Втори Романов.
Да го кажеме и тоа дека руското царско семејство
роднински е поврзано и со бројни припадници на дел од
руските благороднички семејства (како што, впрочем, е
случај и со други владеачки династии). По доаѓањето на
комунистите на власт во Русија, дел од овие семејства емиг-
рирале од Русија, а некои од нив се населиле и во Маке-
донија, каде создале свое потомство стапувајќи во брак со
домородни Македонци и Македонки.
На крајот ќе спомнеме дека во оваа книга намерно не
се задржавме на подетаљен опис на биографиите на

153
припадниците на династијата Романови затоа што сметаме
дека руските читатели ги знаат овие податоци. Наместо тоа
овде изнесовме малку познати, за руската јавност, податоци
за историјата на пријателскиот Македонски народ, како и
податоци за директната родословна линија од античко-
македонската царска династија до руската царска династија
Романови.

НАПОМЕНА: Консултираната литература за оваа книга е


вметната во самиот текст на книгата.

154

You might also like