You are on page 1of 1

Кирил Пејчиновиќ

(1771-1845)

Биографски податоци за Пејчиновиќ дознаваме од „Епитафот“ кој го составил за својот надгробен споменик 10
години пред смртта (1835 г.). Роден е во село Теарце, Тетовско, а учел црковно училиште во манастирот Св.
Пречиста Кичевска и Хиландар на Света Гора. Целото семејство било верски настроено, па татко му и чичко му го
продале имотот во Теарце и заедно со Кирил отишле во Хиландар каде се закалуѓериле. Тие останале таму, а Кирил
се вратил и работел во Марковиот манастир, близу Скопје. Тука го обновил оштетениот манастир и собирал стари
текстови со што ја збогатил манастирската библиотека. Во Марковиот манастир Пејчиновиќ живеел дваесетина
години. Отворил манастирско училиште и се истакнал како активен проповедник и просветител на населението.
Тука ја напишал својата прва книга „Огледало“, печатена во Будим 1816 година.

„Слово за празниците“ е оригинален текст на Кирил Пејчиновиќ напишан на народен јазик, тетовски говор.Темата е
празнувањето на христијанските празници, а идејата - како да се поправат грешките при празнувањето.За разлика
од традиционалните црковни проповеди каде примерите се земени од светите книги, Пејчиновиќ примерите ги
земал од секојдневниот живот на селаните. Освен тоа, во текстот има и дијалози во кои зборуваат селаните што за
првпат се сретнува во нашата литература и тоа во книга наменета за црковна богослужба. Затоа овој текст дава
слика за положбата и начинот на живот на нашиот народ во почетокот на XIX век.На почетокот од текстот авторот ги
потсетува луѓето на нивните христијански должности и дава совети како да се празнуваат празниците: Водици,
Прочка и Велигден. Всушност тој ги истакнува негативните појави: суеверието (носењето на амајлии) и курбанот
(принесување на жртви), кои се спротивни на христијанските обичаи.Понатаму, го критикува непочитувањето на
постот, прекумерното пијанчење, невоздржаноста и примитивноста на селаните. Но, не се задржува само на нив,
туку ја критикува и примитивноста и неукоста на поповите кои наместо да бидат духовни водачи на народот, тие
станале негови ограбувачи.Целта на Пејчиновиќ не била да им се потсмева, туку да ги насочи на вистинскиот пат и
селаните и поповите: „...да живуемо како браќа, еден за другаго да се молимо, еден другаго да жалимо, еден
другому да помажемо, еден другому тежина да носимо...“

Патувал и како проповедник собирајќи книги и пишувајќи сопствени текстови. Кирил Пејчиновиќ умрел на 12 март
1845 година во Лешочкиот манастир и е погребан во црковниот двор. На неговата надгробна плоча му стои
епитафот кој гласи :

Теарце му негово рождение Пречиста и Хилендар пострижение Лешок му е негоо воспитание Под
плочава негоо почивание От негово свое отшествие До Христово второ пришествие Молит вас бракя
негои любимия Хотящия прочитати сия Да речете Богза доброе дело

You might also like