Welcome to Scribd, the world's digital library. Read, publish, and share books and documents. See more
Download
Standard view
Full view
of .
Look up keyword
Like this
3Activity
0 of .
Results for:
No results containing your search query
P. 1
Bauman_bb1

Bauman_bb1

Ratings: (0)|Views: 3,441|Likes:
Published by BookBox

More info:

Published by: BookBox on Oct 21, 2011
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as DOC, PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

10/21/2011

pdf

text

original

 
OCCUPY BOOKBOXСМРТ НА КАПИТАЛИЗМОТ – ЧИЗБУРГЕР НА НАРОДОТ!
(Зигмунд Бауман за природата на капитализмот)Илина Ј.После крајно сериозните последици по мојот социјаленживот предизвикани од последниот пост на Букбокс („сесобираме во кафана, ама не те викаме пошто си ти почајот..“), во ова издание решивме да се бавиме со еднадалеку полежерна и помалку контроверзна тема од онаа затоплите напитоци. На пример - со суровата природа накапитализмот, социјалната и економска нееднаквост,корпоративната алчност, плутократијата и очајничкитекрикови на нејзините жртви.Што, не е лежерно? Па да ви кажам, и не е...Не знам што ми требаше, кога почна да се слуша за
OccupyWall Street 
, замолив еден пријател што живее во Њујорк дами препорача текстови и линкови кои би ми објасниле, кона петгодишно дете, што се случува таму, кои се барањатана луѓето зад протестите, и какви решенија нудат напознатиот економски „парите-се-отепувачка“ феномен. Тојсериозно си ја сфати задачата, и еве веќе еден месец ми
 
праќа мејлови, кои веќе имаат и стандардизиран наслов – „домашна работа“. Морам да признаам дека после две-тридомашни почнав да забушавам. Можеби е тоа стекнат отпоркон образовниот систем како таков, а можеби е до самитетекстови, главно напишани од американски аналитичари,кои иако многу прецизни, со графикони и статистики,хронологии и споредби, сепак бараат одредено знаење одобласта на глобалната и регионалната политика, даночниотсистем и финансиите. „Инфлација е кога плаќаш 15 долариза шишање кое чини 10, а кое си го плаќал 5 кога си ималкоса“ - за некого кој ги сфаќа поимите од економијата самоако му се објаснат на ваков, сликовит начин, дури игенерално разбирливиот и концизен Кругман од ЊујоркТајмс може да стане досаден после третиот пасус.Но, кога станува збор за текстови кои се однесуваат накултуролошките, филозофските и социолошките последициод споменатите економски процеси, е тогаш можеме даправиме муабет. Погледнати во еден таков, поширокконтекст, тие ми стануваат малку појасни - ако не какодошло до нив, тогаш како тие влијаат врз светогледот,моралот, па и чувствата на 99-те проценти, кои се наводноглобалната категорија „потлачени“, во однос на 1%глобални богаташи (поединци, банки, корпорации). Сепак,оние кои инспирирани од OWS излегоа на улиците наБалканот, иако подеднакво гневни, и низ истиот дискурс,како да протестираат против нешто што кај нас се уште гонема. Хрватскиот писател и колумнист Вук Перишиќорганизирањето вакви локални настани го оцени какодемагогија: „Да наречеш ’капитализам’ систем во којдржавата е најголемиот работодавец и претприемач, и во којсериозното работење е практично невозможно без спрега сополитичката елита, тоа спаѓа или во агресивна глупост инезнаење, или во свесно искривување на фактите, кое одиво прилог на владеачката олигархија, истата онаа која есмртно уплашена од вистинското воспоставување накапитализмот“, вели тој вокоментарпод наслов „Побуна
 
против капитализмот кого во Хрватска всушност го нема“.Додуша неколку дена по овој текст тој распалии по самиотманифест на OWS, кого го нарече „неолудистички“,интелектуално безначаен и гимназијалски егзалтиран,цинично коментирајќи го секој негов член. Но дури иБалканците да се разгалени а Американците наивни, тоа накапитализмот баш му годи – тој многу сака таквипсихолошки профили, за да ги сомеле дур си рекол„чизбургер“.Еден од најдобрите описи на современата човечкаситуација, во која некогашните стабилни и препознатлививредности се топат, а луѓето се оставени без „референтна рамка“ за нивните постапки, е онаа на Зигмунд Бауман.Старче од свои 85 години, роден Пољак пребеган за времена комунизмот во Британија, тој се смета за најголемиотжив социолог. Неговиот термин „течна модерност“ јаотсликува таа атмосфера на деконструкција, топење инестабилност на некогашните цврсти, модерни вредности.Ваквата генерална несигурност предизвикува поединцитеда влегуваат само во краткорочни (професионални, но иприватни) проекти, кои не овозможуваат континуитет идоследност, а бараат крајна флексибилност, прилагодливости пресметливост. Луѓето се’ почесто покажуваатнелојалност и неодговорност без грижа на совест, аконивната проценка во дадениот момент е дека таквотооднесување „ќе им се исплати“. Ви звучи познато? Книгатана Бауман „Течна љубов“ (извадоци на српскитука) е еден речиси апокалиптичен опис на кршливоста на човечкитеврски во ерата на потрошувачкото општество, коепроизведува „лабави“ врски кои имаат дури и своиакрономи. Така на пример, SDC означува semi-detachedcouple (полу-раздвоен пар), апсурден но корисен израз којможете да му го предложите како идеолошка платформа навашиот брачен партнер, нешто како среден пат меѓу„нераздвојни“ и „да не си ми се појавил пред очи“,

You're Reading a Free Preview

Download
scribd
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->