Welcome to Scribd. Sign in or start your free trial to enjoy unlimited e-books, audiobooks & documents.Find out more
Download
Standard view
Full view
of .
Look up keyword
Like this
7Activity
0 of .
Results for:
No results containing your search query
P. 1
Edgara Alan Po i Garvanot

Edgara Alan Po i Garvanot

Ratings: (0)|Views: 665|Likes:
Published by Stefan Baltov

More info:

Published by: Stefan Baltov on Nov 18, 2011
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as DOC, PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

11/02/2014

pdf

text

original

 
Од биографијата на По и песните „Песна“, „Анабел Ли“ и „Ѕвона“
За да се разбере Едгар Алан По, секако треба да се познава неговата биографија, неговиоттрагичен живот, неговата реалност постојано опкружена со смрт. Не влегува тој вомрачните, депресивни темнини за да биде интересен и поинаков – не е смртта илузија занего, таа е реалност, здодевно присутна во неговиот живот.Уште речиси бебе, на двегодишна возраст се соочува со смртта – и тоа на мајка си. Вомладоста се соочува со првото разочарување кога неговата љубена од детството СараЕлмира Ројстер која по барање на нејзините родители ја свршуваат за богат бизнисмен.Тогаш, анонимно (под псевдонимот „Бостонец“), во 1827 година издава еден памфлет одмладешки Бајроновски поеми
Тамерлан и други песни.
Неколку години тој живее кај тетка си Марија Клем и се вљубува во својата братучеткаВирџинија Елајза Клем со која се венчава кога таа имала 13 години. Следниот период етворечки богат, ги пишува своите раскази, детективски, мистични и фантастични, гопишува и романот „Авантурите на Артур Гордон Пим“, работи како ко-уредник и уредникна списанија, но пиењето е едно од неговите проклетства кои не ги криел, но му пречеле вокариерата. На 20-годишна возраст негоава жена Вирџинија се разболува од туберкулоза итој почнува поинтензивно да пие гледајќи ја секојдневно нејзината смрт. Тие години (1845)По ќе ја напише својата најпозната поема „Гарванот“ со која станува славен. Оваа година ќебиде обележана со појавата на веќе заборавената поетеса Френсис Сарџент Лок Осгуд воПоовиот живот. Вирџинија не се противи, но Поовите јавни допишувања со неговаталитературна љубов предизвикуваат голем скандал. Меѓу неколкуте поеми што По и гипосветува на Френсис, „Валентајн“ е особено интересна. Таа во себе содржи загатка, чие решение е нејзиното име, добиено кога ќе се земат првата буква од првиот стих, втората одвториот итн.Неговата жена, Вирџинија, умира на 30 јануари 1847 година, на 25 години, а следнатагодина По заминува во Провиденс, за да ја запроси Сара Хелен Витман, уште една поетеса.Кратко време тие биле свршени. По има кратки, но платонски врски и со Ени Ричмонд и соСара Ана Луис, која финансиски го издржува. Пишува песни посветени на секоја од нив. Во1848 година, ја издава песната во проза – проповедта Еурека (Eureka), трансцеденталнообјаснување на универзумот, кое е разгледувано како ремек–дело од многу критичари, но икако бесмислица од останатите. Во 1849 година оди на југ, има дива пијанка воФиладелфија, но безбедно се враќа во Ричмонд каде конечно се свршува со Елмира Ројстер,неговата љубена од детството, сега веќе вдовицата Шелтон, и поминува среќно лето со самоеден или два испади. Ужива во друштвото на своите другари од детството, но и вополуромантичното пријателство со младата поетеса Сузан Арчер Тели.По ја претчувствувал својата смрт уште кога го напуштил Ричмонд и заминал за Балтимор.Таму, повеќе немал контрола врз алкохолот.По е пронајден во полусвесна состојба на една клупа во Балтимор. Го однеле во болницатана Вашингтонскиот Колеџ, каде умрел на 7 октомври. По не бил доволно свесен во нитуеден момент за да објасни како се нашол во неговата состојба и носел алишта што не муприпаѓале нему.ПеснаТе видов в твојот свадбен ден – Ти беше ликот поруменет!Ко божем среќата ти беше в пленА твоја љубов – сиот свет:Во твојот поглед чист и благ,(штогоде тоа можеше да е)
 
Ја видов иако преполн јад,Љубовта како среќна сјае.Тој румен лик сал момин срамЛи беше? Кога цути тој?Но, чинам оганот се роди в пламОд срцето на оној страдник, којТе виде в твојот свадбен ден,Со свенлив лик, поруменет!Ко божем среќата ти беше в пленА твоја љубов – сиот свет.Анабел ЛиБеше пред лета ред, беше одамна, знам,В кралство кај морски крај во молк се свил,Таму цутеше цут, толку допадлив нам,Што го викавме Анабел Ли;Една сал мисла скри, мисла – потаен плам,Дека љубовта в нас гнездо сви!Јас бев млад, беше млада и таа,В кралство кај морски крај в молк се свил,Љубов разгоре в нас, љубов која ја знаатСамо јас, само Анабел Ли,Љубов силна по која чмаатИ на небото рој ангели.Па се случи пред повеќе лета,В кралство кај морски крај в молк се свил,Да разулави виорен ветар,Да ја убие Анабел Ли!Како втрештени луѓето беа,Ковчег мртвенски млада ја скри,Потем в гроб ја положија неа,В кралство кај морски крај в молк се свил.Колку безочна зависта еИ на самите ангели!Ех, тоа причина е, и се знаеНиз крајморските предели,Та развиори виор, ах, проклет да е,Убивајќи ја Анабел Ли!Беше љубовта наша, какваНе ќе може друг да измисли!Нема нигде по светот таква,Та ни небесните ангели,Ни подводните демони злиДа не разделат не можат и да сакаатОд прекрасната Анабел Ли!
 
Поглеј, месечев лач плете венец, од плачПо прекрасната Анабел Ли;А ѕвездениот рој, чиниш поглед е тојНа прекрасната Анабел Ли!Така ноќ мине знам. В јад без моќ лежам сам,Тежок бол срце свил, живот мој, образ мил,Двајца ли ковчег сви, двајца ли в гроб не свиПуста смрт во пределите зли!Ѕвона1.Слушни санки, слушни ѕвон – Сребрен ѕвон!Како слухот ни го сладат, како чувствата ги гладат!Ѕвечат, фрчат, ѕвечно минатСреде студот ноќен вон!Дури в ноќта јасна, сина,Рој од ѕвезди тоне в сон, Чиниш ечи стаклен ѕвон – Ѕингар – ѕингар! Чин! Чин! Чин!Рудник реди ритам фин.Ѕвонат ситно прапорчиња, ројат китно срмен сињак,Како драг е овој ѕвон,Ѕвон! Ѕвон! Ѕвон!Слатка ѕвека, картка ека, ѕвечлив ѕвон.2.Слушни весел свадбен ѕвон – Златен ѕвон!Колку среќа ли ни нуди, колку нежности ли буди!Преку ноќен опој благОд сладости слага траг – Преку звукот сиот злат,В красен, јасен, гласен складКолку чисто јури он,Јури како грлицата, дури в мракот крилца мавтаПод месечев сребрен чолн!Звучен ѕвон, ех широк ѕвон,Како блик на песна мека в мракот никна бесна река!Како ли се лее он,Несопирлив, свиден ѕвон,Иднината ли ја сониНапред занес што го гониДа се лула и да ѕвони – Ех тој ѕвонѕвон! ѕвон! ѕвон! ѕвон!ѕвон! ѕвон! ѕвон!Што се румува и лее, што се ритмува и се еНоќ и сон.

Activity (7)

You've already reviewed this. Edit your review.
1 thousand reads
1 hundred reads
Elena Danova liked this
Elena Danova liked this
Dimitar Stojanov liked this

You're Reading a Free Preview

Download
scribd
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->