Welcome to Scribd, the world's digital library. Read, publish, and share books and documents. See more
Download
Standard view
Full view
of .
Save to My Library
Look up keyword
Like this
1Activity
0 of .
Results for:
No results containing your search query
P. 1
Класна војна против прекаријатот

Класна војна против прекаријатот

Ratings: (0)|Views: 20 |Likes:

More info:

Published by: Игор Стојановски on Feb 24, 2012
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as ODT, PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

02/24/2012

pdf

text

original

 
Класна војна против прекаријатотАвтори: Артан Садику и Игор СтојановскиСе чини дека наспроти изјавите дека Македонија не е премногу засегната од глобалнатаекономска криза, земјата не е надвор од глобалната класна војна во која сиромашните ја губатсекоја последната битка. Гентрификацијата на градовите (иако можеби не е толку екстремна ивидлива како во некои поголеми градови во Европската Унија, но кај нас манифестирана напоинаков начин во градењето на елитни енклави во посиромашни места на маргините наградот), кратењето на работнички права заедно со таканаречената либерализација на пазарот, сесамо дел од процесите кои го зголемуваат јазот помеѓу високата класа и оние кои што страдаатод она што Раул Венегем го нарекува болеста наречена прежувување.Популаризираниот опис на денешницата како пост-политичка ера, како ера без идеологиии без класи, не значи дека класната борба не продолжува. Дејвид Харви демонстрира дека послеимплементирањето на неолибералните политики, класната војна продолжува да се одвива, носамо од една страна, од страната на богатите. За разлика од поединечните Фукоовскиинституции на дисиплинирање, како фабрики, училишта и затвори, во склоп на кои се водиедностраната класна војна преку различни модели на биополитика, денешната класна војна севоди и преку контрола која се спореведува од страна на сите институции кои се вклопени во еднадисперзирана корпорација.Невработените преставуваат неминовна жртва на едностраната класна војна воМакедонија. Земајќи ја предвид одлуката за повторна пререгистрација на невработените со целда се обезбеди бесплатно здравствено осигурување, доаѓаме до општоприфатената теза која сепровлекува две децении наназад како општествено правило дека платениот труд преставувапривилегија, а не основно право. Оваа одлука се базира на препоставката дека дел одневработените, како една социјално маргинализирана група, или попрецизно кажано - социјалнакласа, преставуваат непостоечка категорија која треба да биде означена со висока доза на
 
цинизам во наводници - „невработени“. Доколку ова теза се покаже како валидна, иакоподатоците од претходната пререгистрација не го покажуваат тоа (според податокот објавен оддневниот весник Нова Македонија станува збор за 12.000 евра собрани „невработените“ коиодат во Фондот за здравствено осигурување), тогаш можеме зборуваме за една сосема поинаквасоцијална класа која, за жал, се уште ја нема изградено својата класна свест во Македонија.Ако одлуката за повторна пререгистрација на невработените се базира на тезата декаголем дел од оние кои се водат како невработени, всушност преставуваат работници на „црно“или пак статусот го имаат решено со потпишување на авторски договор, тогаш зборуваме за еднапоинаква социјална класа која не е ниту невработена, но ниту вработена. Економистот ГиСтандинг го опишува овој тренд на пазарот на трудот како раст на прекаријатот. СпоредСтандинг, прекаријатот има неколку карактеристики: постојано менување на работните места,несигурност во кој сектор точно работат, мала сигурност на трудот, малку бенефиции од странана вработувачите и слаб пристап до бенфиции кои следуваат од државата. Членовите напрекаријатот често работат краткотрајно, немаат договор за вработување или доколку го имааттој е сосема необврзувачки за двете страни. Прекраијатот, или таканаречената нова работничкакласа, за првпат е забележана во 80-те години на минатиот век, кога богатите земји гилиберализираа своите економии отворајќи ги кон конкуренцијата на останатите пазарниекономии во развој. Во контекстот на нашата земја, покрај супкласата „невработени“,прекаријатот преставува проширена категорија. Дури и оние лица кои што се регистрирани каковработени во Агенцијата за вработување, но имаат краткотраен договор, преставуваат дел одпрекаријатот. Класната војна не преставува феномен на денешното доба, но во секој случајстанува збогатена со софистицирани методи за угнетување, дисциплинирање и контрола во рацете на богатите.Иако квалитетот на здравственото осигурување кој се нуди во здравствените установи водржавава е сосема друга тема, сепак здравствениот ситем е клучен дел од биополтичкиот апарат
 
преку кој се води класната војна. Класниот мотив на пререгистрацијата на невработените етокму нивното понатамошното делење во подгрупи, со цел на понатамошно софистицирање иадаптирање на биополитичките методи на класна борба, за секоја група посебно. Првиот резултат на делењето преку пререгистрирање е ГУБЕЊЕТО на правото на бесплатноздравствено осигурување на невработените чии семејства имаат месечни приходи од само 8.000денари во годината. Одземањето на ова, досега гарантирано, право не соодветствува со никаквимерки за заштитна законска рамка за “невработените”- прекаријатот. Потчинувањето напрекаријатот од страна на биополитичкиот апарат се реализира преку институционална контроланад нивните (минимални) примања, со цел на оданочување на истите, од една страна и содисциплинација преку ограничување и условување на уживањето на правото на здравственазаштита од друга страна, сето тоа преку интервенцијата наречена пререгистрирање, која прекуповторување се воспоставува како општествена пракса. Контролата над примањата со целодземање на дел од нив од оваа маргинализираната социјална група се воведува како алатка задополнително збогатување на оние кои си продолжуваат да ја водат класната борба воМакедонија, преку константно институционализирање на овие алатки. Во 2009-та на работодавачите им беа намалени придонесите од плата кои ги плаќаат на фондот за здравство од9,2 на 7,5 проценти, за да од 2011-та кога се отвори новиот фронт против “невработените”, овиепридонеси на работодавачите им беа намалени на 6 проценти. Класната борба во Македонија ездрава и жива, и тоа на товар на здравјето и животот и на невработените.Преку заострување и интензивирање на борбата против прекаријатот, корпорацијата-држава преку мрежата на институции вклопени во неа, произведува и еден многу важен, за неа,нуспродукт. Тоа се невработените без никакви примања, оние кои се ништо. Тоа се семејства коидури сочинети од пет невработени члена примаат само 2.400 денари социјална помош. Тоа селуѓето кои не се бројат, или се бројат како ништо. Преку пререгистрацијата, огромното тело наневработени се дели на оние кои сега се мета на данок-за-здравје и оние кои си го живеат она

You're Reading a Free Preview

Download
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->