You are on page 1of 5

Семинарска Работа

Тема : Улога и значење на маркетингот


За да дојдеме до вистинскиот одговор на прашањето која е
улогата и значењето на маркетингот, мораме да појдеме од основнотото
прашање – Што е маркетинг?

Постојат повеќе дефиниции за маркетингот. За да добијаме претстава


за значењето на овој поим, ќе разгледаме неколку.

• Процес на планирање и воспоставување концепт на


производство, цена, промоција и дистрибуција на одреден
производ, услуга или идеа со цел создавање профит кој ги
задоволува примарните цели на поединецот и организацијата.

• Маркетингот ги подразбира активностите кои една компанија ги


презема за да го пласира својот продукт подобро на пазарот со
цел да ја оствари очекуваната добивка.

• Маркетинг е поим што и се придава на професијата на


поврзување на производителите (или потенцијалните
производители) на еден производ или услуга со потрошувачите
(и постоечки и потенцијални).

• Маркетинг е се она што го прави една компанија за да привлече,


задржи, задоволи и профитира од купувачот.

• Маркетинг е процес на привлекување нови купувачи на одреден


производ или услуга.

Од овие дефиниции, јас дојдов до неколку важни заклучоци:

1. Маркетингот е процес што се одвива. Значи се работи за


динамично окружување и непрестан проток на идеи и
случувања. Ова значи дека пазарот се менува, а она што го
засега маркетингот од овој факт е фактот дека она што
купувачите го сакаат денес не значи дека ќе го сакаат и
утре.
2. Тој процес ги опфаќа и планирањето и реализирањето на
планот.
3. Маркетингот е корисен и за продавањето на услуги и идеи,
не само за производи.

Повеќето луѓе мислат дека терминот „маркетинг“ се однесува на


рекламирање и продажба. Но сепак, маркетинг е широк поим кој
опфаќа безброј нешта надвор од сувопарното рекламирање и
продавање. Маркетингот не е едноставна работа, бидејќи тој
подразбира и пријателски односи меѓу вработените и клиентите со цел
да ја одржи врската со купувачите. Така, во маркетинг влегуваат и
ситните повеќе пријателски обврски како пишување на писма за
благодарност, точност и благовременост во извршувањето на
договорите со клиентите, па дури и одење на кафе со поранешен или
иден клиент. Значи, клиентот, купувачот, потрошувачот ја има
централната улога во маркетингот и се се одвива во сооднос со
неговите потреби и желби.

Основната цел на маркетингот е да ги поврзе производите и


услугите на компанијата со луѓето кои имаат потреба од нив (или пак
да ја создаде или наметне потребата ) и со тоа да дојде до профит.

Двете најглавни цели за остварување на примарната цел се:


1. „регрутирање“ на нови купувачи
2. одржување на постојаната бројка на веќе привлечени купувачи

Еднаш откако нов купувач ќе биде привлечен, маркетинг-


работникот треба да се грижи тој да остане верен купувач со тоа што ќе
употребува различни начини односно методи на привлекување и
истакнување на производот или услугата над конкурентните во очите
на веќе привлечениот потрошувач.

Дел од активностите на маркетингот е и создавањето потреби кај


потенцијалниот купувач. Како што често се вели во овие кругови, само
од задоволен купувач може да се профитира. Но за да може да ги
задоволи потребите на купувачот, фирмата треба прво да биде
запознаена и да ги разбира истите потреби. Од друга страна пак, кај
купувачи кај кои примарните потреби се задоволени, доаѓаат на ред
второстепените потреби и желбите кои треба да бидат реализирани. На
таа основа, некои фирми се обидуваат на некој начин да ги убедат
потенцијалните купувачи дека имаат потреба од нивниот производ или
услуга, односно да создадат желба за купување на истиот.

Методите кои маркетингот ги користи за остварување на овие цели,


пак се сведуваат на исползување на склопови податоци од повеќе
науки, претежно психологија, социологија, антропологија и економија.
Овие науки нудат податоци за тоа како обичниот човек би реагирал на
одредени пристапи, што би било прифатливо и привлечно за него а што
не, каде и како би се сместил производот или услугата на пазарот, како
и се друго што е важно за реализирање на маркетинг активностите.

Маркетингот како организиран склоп на активности на една


компанија можеме да го поделиме на:

• стратешки маркетинг и
• оперативен маркетинг

Стратешкиот маркетинг ги покрива сите активности кои се потребни


за одреден производ или услуга да биде доволно конкурентен на
пазарот. Теоретски, стратешкиот маркетинг се обидува да одреди на
кои начини една фирма може да ја одржува конкурентноста на пазарот.
Оперативниот маркетинг пак ги извршува маркетинг функциите за
привлекување и задржување на потрошувачите, како и за подобрување
на квалитетот на производот или услугата и исполнување на
очекувањата на потрошувачите. Оперативниот маркетинг го содржи
маркетинг миксот (4П).

• Маркетингот некогаш и сега


Во минатото, како и во сегашниот момент, маркетингот се фокусира
на основни концепти како маркетинг миксот, на пример. Предноста во
однос на конкуренцијата е создавана со директно одговарање на
потребите, желбите и однесувањето на потрошувачот, подобро од
конкурентите. Успешниот маркетинг се базирал на тоа кој ќе создаде
подобар бренд или ќе одржува подобри цени. Но маркетингот е област
во која сé се движи со рапидна брзина и сé се менува. Област во која
само визионерите кои храбро ризикуваат имаат можност да приграбат
поголем дел од пазарот. А маркетингот на визаионерите вклучува
повеќе стратешки пристап кон конкуренцијата. Маркетинг-службата
свесно ќе гради и одредува ресурси, врски и односи, понуди и бизнис-
модели сосем поинакви од конкурентските. Ова не значи дека
концептот на 4-П не функционира, туку спротивно, дека се проширува!

• Ресурси. Компаниите со поголем број ресурси секогаш ќе имаат


предност во освојувањето на пазарот. Поимот ресурси ги опфаќа:
- финансиски ресурси (готовина и резерви)
- физички ресурси (фабрики и опрема)
- човечки ресурси (знаење и способност)
- легални ресурси (заштитени марки и патенти)
- организациски ресурси (структура, внатрешна политика)
- информациони ресурси (познавање на состојбата на
потрошувачите и конкуренцијата - истражувања)
• Односи и врски. Успехот во маркетингот, како и во сите сфери на
животот, е резултат од поставувањето и односите спрема
околината. Маркетинг-службата мораат безкомпромисно да
градат и одржуваат квалитетни односи со купувачите,
партнерите, дистрибуторите, па дури и со конкурентите, ако
сакаат да се одржат во динамичната маркетинг околина.
• Бизнис модели. Конкурентскиот концепт „производ спроти
производ“ е застарен и полека се претвора во „бизнис-модел
спроти бизнис-модел“. И покрај ризикот, менувањето на бизнис-
моделот може да ја подигне фирмата на неколку нивоа погоре
над нејзината конкуренција.

Маркетинг истражувањето е функција која ги поврзува купувачот,


јавноста, посредниците и фирмата и создава слика за потребите, целите
и можностите на истите. Информациите кои се добиени од маркетинг
истражувањето се употребуваат за: дефинирање на можностите и
проблемите на маркетинг службата; за проверка, обновување и
евалуирање на маркетинг активностите; мониторинг на изведбата и
успешноста на преземените активности; подобрување на разбирањето
за маркетингот како процес и слично.

Финалниот заклучок до кој дојдовме е дека маркетинг е


организациона функција и склоп на процеси, средства и методи чија
улога е попрецизно креирање на најпогоден производ или услуга и
доставување на истата до купувачите, како и управување со врските и
односите со купувачите на начин кој е најзадоволителен за нив и
најисплатлив за фирмата.

You might also like