Welcome to Scribd, the world's digital library. Read, publish, and share books and documents. See more
Standard view
Full view
of .
Save to My Library
Look up keyword
Like this
178Activity
0 of .
Results for:
No results containing your search query
P. 1
Светото Предание во контекст на Светото Писмо

Светото Предание во контекст на Светото Писмо

Ratings: (0)|Views: 8,926 |Likes:
Аналитичко изложување на Светото Предание во контекст на Светото Писмо опфатено од повеќе аспекти. Авторските права се запазени.
Аналитичко изложување на Светото Предание во контекст на Светото Писмо опфатено од повеќе аспекти. Авторските права се запазени.

More info:

Categories:Types, Research
Published by: Vistinatakeveoslobod on May 09, 2012
Copyright:Traditional Copyright: All rights reserved

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
See more
See less

04/12/2014

 
1
Светото Предание во контекст наСветото Писмо
(
Идолопоклоничкиот однос кон Светото Писмои веродостојноста на Светото Предание
)
Маран Ата
Август 2010 редактирано мај 2012
 
2
ДЕЛ IИсторијата на создавањето наканонот на Светото Писмо
Вовед
Светото Писмо е боговдахновена книга, која Господ преку неговите верни и свети ученици – апостоли, ни ја оставил како еден од ориентирите во нашата вера. Велиме ’еден од ориентирите’,затоа што другиот ориентир е Светото Предание, кое има подеднаква важност како и Библијата. Но,за да ја разбереме суштината на тоа Свето Предание, потребно е најпрво да го одредиме историјатот иулогата на Светото Писмо во Црквата, односно кај верниот народ, и да разгледаме дали Sola Scripturaставовите, кои го негираат Преданието, според тоа се оддржливи.Светото Писмо е ’боговдахновена’ книга затоа што Светиот Дух, третото Лице на Света Троица, еОној Кој ги вдахновувал светите апостоли за непогрешно да го запишат Христовото учење во неа.Тие своите писанија ги твореле врз основа на она што го виделе и чуле од Господа или по Неговооткровение и личен контакт со Неговите непосредни ученици, пренесувајќи го тоа со свои зборови.За да се има правилен однос кон Светото Писмо (Библијата), треба да се знае неговото исторископотекло, и како и зошто настанало тоа.
Што претставува Библијата (Светото Писмо)?
Зборот Библија потекнува од грчкиот збор ήβίβλος што значи папирусна трска „библиа” (
 βιβλία),
кој во демунитив е
 
βίβλίον (книгичка), а во множина βιβλία – книги
1
.Светото Писмо е сочинето одСтар и Нов Завет. Стариот Завет брои 39 протоканонски книги и 11 анагиноскомене
2
 (
 ναγιγνωσκόµενα): Товит, Јудит, Премудрост Соломонова, Премудрост Сирахова, Варух, 1, 2 и 3Макавејска, Послание Јеремиино, 2 и 3 Ездра, а во Новиот 27, значи вкупно 77 на број. Овиеанагиноскомене книги се наречени дефтероканонски во 1566 год. на Запад од страна на теологотСикст Сиенски во
 Bibliotheca Sacra
3
, кој бил преобратен од Јудаизам во Римо-католицизам, со цел даги означи оние книги кои ги имало во Септуагинтата, а ги немало во Еврејскиот канон на СтариотЗавет. Стариот Завет е пишуван воглавно на еврејски јазик, со мали делови на арамејски јазик, аНовиот - на старо-грчки коине јазик, освен Евангелието по Матеј, за кое постои мислење дека епишувано на арамејски јазик, а потоа преведено на елински. При пишувањето на Новиот Завет, билекористени само големи букви од азбуката, без простор меѓу зборовите и без интерпункциски знаци
4
. Практично, во македонски превод, тоа би изгледало вака:ВОПОЧЕТОКОТБЕШЕСЛОВОТОИСЛОВОТОБЕШЕВОБОГАИСЛОВОТОБЕШЕБОГ (Јован 1:1).
1
 Online Etymology Dictionary - Douglas Harper 
2
 
Анагиноскомене - книги добри за читање.
3
 Cambridge Histories Online- The Apocrypha and Pseudepigrapha of the Hellenistic period
 
4
 A Grammar of New Testament Greek, Volume 2 By James Hope Moulton, Wilbert Francis Howard, Nigel Turner 
 
3Малите букви и одделувањето на зборовите започнале да се употребуваат во IХ век, аинтерпункциските знаци се воведени во ХV век. Денешната поделба на глави била направена наЗапад од кардинал Гугон во ХIII век, а разделувањето на стихови - од парискиот типограф РобертСтефан во ХVI век. Овде се наметнува прашањето: Кога се вметнувале интерпункциските знаци, одкаде се знаело дали точно е направена распределбата? Односно, од каде знаеме дека нашата познатаБиблија, која исповеда дека Исус Христос е Господ и Бог, е точната верзија, а не онаа на Јеховинитесведоци, каде стои дека Исус Христос е Божја творба?* Таканареченото „Изборно евангелие“ иАпостол од елински на црковно-словенски го превеле светите браќа Методиј и Кирил, предпоаѓањето на Моравската мисија, а останатите делови на Новиот и Стариот Завет ги превеле заедносо нивните ученици. Значи, благодарејќи на црковните свети отци, денеска ние сме во можностСветото Писмо да го читаме на свој, мајчин јазик.
Автори на Евангелијата
Од самите Евангелија и посланија јасно е дека Господ Исус Христос, додека проповедал наземјата, не запишал ниту еден единствен збор. Значи, автори на Светото Писмо (станува збор заНовиот Завет) се апостолите раководени од Бог Свети Дух. Евангелијата, четири на број, се книги коиспаѓаат во Новиот Завет и тие се напишани од страна на четворицата апостоли, наречени евангелисти – Матеј, Марко, Лука и Јован. Апостолите Матеј и Јован биле меѓу првите непосредни Христовиученици, а за Лука се верува дека подоцна Го сретнал Господ и не бил со Него отпочеток, та затоа тојсвоето евенгелие го започнува со зборовите:
“Бидејќи
 мнозина се обидоа да пишуваат
за настанитешто се случија меѓу нас, како што
ни ги предадоа
 
оние, кои уште од почетокот
беа очевидци ислужители на Словото, намислив и јас,
откако испитав сé 
од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле, за да ја препознаеш веродостојноста на учењето, на кое си се учел“
(Лука1:1-4).
Во овие негови зборови може да се види дека многумина пишувале за случувањата во тоавреме и дека најчесто тоа било според
преданието
од страна на очевидците – првите Христовиапостоли. За апостол Марко се знае дека за Господовото учење дознал од неговиот учител - апостолПетар, што значи дека тој не бил во директен контакт со Господ Исус Христос. Значително е да сезабележи дека според зборовите на апостол Марко и како тој го напишал евангелието, дури и
некоиод светите писанија на Новиот Завет се запишани според Светото Предание
– како што епренесено
1
. 
Временски период на пишување на Евангелијата
 Сите овие апостоли евангелијата ги напишале на барање или со посвета на верниот народ, авремето на нивното творење не може да биде со сигурност прецизно одредено, така што повеќето одистражувачите даваат различни датуми. Исто така, треба остро да се нагласи дека ниту еден одевангелистите не бил потпишан како автор на Евангелијата т.е. тие биле анонимни, немало назначеноЕвангелие по Марко, Евангелие по Матеј итн., туку само текстот, препишан, се пренесувал од рака на рака и се читал таков каков што е – без потпис (
имињата на авторите ги ставиле Светите Отци
  раководени од Светиот Дух и
инспирирани од Светото Предание
на Црквата, кога на соборитеодредувале кои писанија ќе влезат во канонот на Новиот Завет
)
. Воедно и многу работи не се
1
Исто така, Светото Предание може да се уочи и во Стариот Завет, бидејќи од времето на Адам, па сé до Мојсеј непостоеле свети книги и верата се пренесувала усно, по пат на предание.

Activity (178)

You've already reviewed this. Edit your review.
1 thousand reads
1 hundred reads
ohridboy3257 liked this
ohridboy3257 liked this
ohridboy3257 liked this

You're Reading a Free Preview

Download
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->