3
Twinning-project ”Support to the Modernization of the Vocational Education and Training System” Component of IPAinstrument” (MK/2007/IB/SO/03), Project funded by the European Union
Вовед
Развојот на општеството и економијата налагаат систем на образование и обука што ќе имовозможи на луѓето знаења, вештини и компетенции кои се бараат на пазарот на трудот.Како резултат на брзите општествени промени се јавува потреба од креирање на новистандарди на занимања, како и стручни квалификации кои ќе овозможат стекнување наспецифични клучни компетенции за соодветен одговор на тие промени.Развојот на стандардите на занимања произлегува како резултат на реформата надвогодишното и тригодишното стручно образование и обука што се спроведува прекуТвининг проектот „Поддршка за модернизација на системот за образование и обука”,финансиран од Европската Унија. Во рамките на Твининг проектот, спроведуван одстрана на Институтот за стручно образование и обука од Љубљана, Центарот за стручнообразование и обука изработи 51 стандард на занимање во следните 13 струки: земјоделско-ветеринарна, шумарско-дрвопреработувачка, геолошко-рударска и металуршка, машинска,електротехничка, хемиско-технолошка, текстилно-кожарска, графичка, градежно-геодетска,сообраќајна, угостителско-туристичка, лични услуги и економско-правна и трговскаструка. Изработката на стандардите на занимања беше поддржана и од Проектот наБританскиот совет „Вештини за вработување“ и од Проектот на УСАИД за подобрување наинституционалното работење.Процесот за развој на стандардите на занимања се заснова на веќе развиена методологијаи соодветна вклученост на социјалните партнери. Учеството на социјалните партнериво изработката на стандардите на занимања е од особено значење бидејќи овозможуварано идентификување на потребите од нови квалификации. Кога се развиваа стандардитена занимања, предвид беа земени Европските документи Образование и обука 2020,Декларацијата од Копенхаген и Комуникето од Мастрихт. Особено значајно за изработкатана стандардите на занимања е Комуникето од Мастрихт бидејќи во него е поставенаповрзаноста меѓу стручното образование и обука и потребите на пазарот на трудот.Оттука, во контекст на европското образование, одговарајќи на прашањето „Каквиспособности ученикот треба да има за да се подготви за вработување?“, стандардите назанимања се еден од најважните инструменти за поврзување на барањата на пазарот натрудот и стручното образование и обука.
Мирјана Ковач
Постојан советник на Твининг проектот
„Поддршка за модернизација на системот за образование и обука”