• Embed Doc
  • Readcast
  • Collections
  • CommentGo Back
Download
 
Кирилица на интернетНеделава во градската библиотека се одржа меѓународна конференција, поиницијатива на амбасадата на Република Бугарија. Се дискутираше за улогата,значењето и начините како да се промовира, користи и заштити Кирилицата наинтернет. Темата беше повеќе од интересна и затоа сметам дека дел одматеријалот и дискусиите треба да се пренесат. Учеството беше широко,предводено од министерот за информатичко општество, како и претставници наповеќе релевантни интситуции од државава. Јас напати сум нагласил декаповремено, кога ќе сметам дека станува збор за релевантни и општественокорисни теми, ќе пишувам за активностите и животот на библиотеките. Ќе јаискористам и оваа можност да повторам дека сметам оти тајната на успехот назападните цивилизации лежи во внимателното, организираното, упорното чувањена знаењето токму во нивните со столетија градени библиотеки.Да се вратам на конференцијата за Кирилицата. Оваа тема е за насинтересна затоа што преку Кирилицата ние и го изразуваме нашиот идентитет ипосебноста.
Иако е создадена пред повеќе од десет века во Македонија, иакотаа претставува официјално писмо на некаде над 300 милиони луѓе,кирилицата неправедно како да се подзаборава и во употребата го „губичекорот“ со латиницата. „Приматот“ на латиницата над кирилицата се гледаво сите сфери од животот, а посебно е изразен во интернет комуникацијата иво информатичката технологија. Ако сме сложни околу фактот дека покрај јазикот, кириличното писмо е едно од одбележјата на нашиот идентитет,тогаш логично се наметнува прашањето: Што ние како држава и какопоединци, правиме за да го зачуваме нашиот идентитет?Како да се напредува во информатичката технологија, а притоа да сезачува кириличното писмо, денес е вистински предизвик. Најпрвин треба дасе одговори на прашањето, колкава е употребата на македонската кирилицана интернет? Пребарувајќи по македонските веб портали, може да се заклучи
дека Македонија се уште нема доволна интернет понуда, која би ги задржалакорисниците на македонските домени. Нормално е тогаш луѓето по потрага по
1
 
соодветни информации спасот да го бараат на веб-портали од нашите соседниземји или на портали од англиското говорно подрачје, кои навистина изобилуваатсо веб-информации за сите можни потреби. Во Македонија денес освен он-лајнизданијата на македонските дневни весници, неколку интернет–портали коиобработуваа специјални содржини и Владините веб – страници, немаме другапонуда на информации на македонски јазик и на кирилично писмо. Тоа, како исеуште нискиот процент на интернет корисници во Македонија ако некоистатистики сугерираат дека расне рапидно бројот на корисници) е главниотпроблем, на „слабото задржување“ на интернет корисниците на македонските веб – портали.Вториот проблем е како да се усвои стандарден македонски тип накирилица за компјутерски фонт и да се употребуваат оригинални графеми,наместо варијанти од други јазици. Од дискусиите кои можат да се прочитат помакедонските блогови, на корисниците најмногу им пречи следново: разликатамеѓу кириличните Mac C Times наспроти Times New Roman и Аriel. Кириличнитебукви кои се напишани со Маc C Times се несразмерни во ширина и во висинамеѓу себе; Исто така распоредот на кириличните букви на тастатурата енесоодветен и многу заморува при долго пишување; Маc C Times, Mac C Swissфонтовите не доаѓаат со ниту еден оперативен систем и со тоа се нестандардни;непостоење на компјутерски тастатури со македонско кирилично писмо…Мора да се признае дека во последната година „Мајкрософт Македонија“прави посебни напори во промовирањето на кириличното писмо воинформатичката технологија и „инсистирањедека кирилицата е „убава,применлива, отмена, грациозна, прогресивна, читка и модерна па затоа и да сеупотребува секогаш и секаде каде што е можно“. Иако наведуваат тие -кирилицата и македонскиот јазик не се новитет во продуктите на Мајкрософт,сепак многу луѓе не ги користат, нешто поради неинформираност но и од страв одкомплицирани инсталации и додатни компликации кои би можеле да настанат. Сопомош на јазичната меѓуврска на македонски, последните две верзии на Windowsи Office успешно ја користат кирилицата и во самиот интерфејс, но и како внесен
2
 
текст во Word, Excel, PowerPoint и Outlook. Сепак, кога станува збор за Мајкрософтмора да се нагласи дека тие сеуште за нас ја користат кратенката Фиром, со штоги навредуваат чувствата на македонските граѓани. Треба да се потсетиме декаСАД ја признаваат Македонија со нејзиното уставно име. Веднаш по одлуката напретседателот Буш, повеќе американски компании започнаа да го применуваатнашето уставно име, следејки ја својата администрација. За жал тоа на глобалнониво сеуште не го стори и Мајкрософт. Затоа еден од заклучоците наконференцијата е дека нашето Министерството за информатичо општество требаи официјално да се обрати на оваа корпорација со барање таа веднаш да гопромени својот курс и наместо кратенката да започне да го користи уставното име.Веруваме дека ако се случи официјално обраќање кое ќе содржи соодветнааргументација Мајкрософт нема да го одложува решението на проблемот.Следното нешто на кое треба да инсистираат луѓето од струката, како идржавата (преку Министерството за информатичо општество) е тоа да се побараод Интернет корпорацијата за имиња и адреси регистрација на интернет домен накирилица (Тоа веќе го имаат побарано Бугарија и Русија во 2008 година). Би билоубаво имињата на сајтовите да си бидат на нашето писмо. Уште еден проблем епосебно изразен. Нема создавање на нови содржини на организирано ниво.Несоодветно мало, споредено со сите наши соседи е поставувањето на новисодржини на нашето писмо на интернет. На Бикипедиа која е еден од главнитеизвори на информации (слободно поставување на податоци) на Кирилица, бројотна статии кои се поставени е многу мал. Во моментов се прават напори тоа да сепромени. Тим од ентузијасти тоа го прави волонтерски. Но, време е и тука да севклучи државата, затоа што пласирањето на содржините е лесно и брзо, а е иефикасно. Ако финансиски ги поткрепи групите и евентуално институциите коисоздаваат содржини кои се поставуваат на Википедиа, за кратко време би можеледа постигнеме многу поголема препознатливост на интернет.Бидејки во државава се јавува проблем на надлежност, односно не постоиинституција која би ги координирала сите овие активности таква или треба да сесоздаде или да се искористи некоја која веќе постои. Односно да и се додели
3
of 00

Leave a Comment

You must be to leave a comment.
Submit
Characters: ...
You must be to leave a comment.
Submit
Characters: ...