Мислење 15124 јули 2010Филип Петровски
најголемата од сите, зошто цапаме во кал и вртиме во место цели 20 години. Никојне се обидува на интелектуално ниво да се спротивстави. Сите молчат. Некој заплата, некој за дневница, некој за вработивање на факултет. Други пак молчатзашто така требало, затоа што сите така правеле. И од молчење, до молчење, возаглушувачка тишина сме сите. Нема критика, нема слободно размислување, немастав. Си мислев дека сум напишал веќе мислење со наслов „Заглушувачкомолчење“. Ги проверив сите 150 мислења. Гледам нека таков наслов. Тогашсекако сум ги употребил зборовите како дел од некоја од нив. И што?! Ништо!Исчезна ли молчењето? Се сменивме ли? Не!Затоа не ретко доаѓам преддилема. Дали да се пишува.Вреди ли воошто тоа? Ќе госпоменам Цуцуловски на овааточка, мојот ментор надипломската и мојот драгпрофесор. Нему му верувам. Сонего често сум дебатирал сосаати. За да проверам до кадесум, да не сум залутал воразмислите. Него го прашав дали вреди да се пишува, знаејки дека тој е еден однајиздржливите, највлијателните и секако најчитаните публицисти кај нас. Жесток критичар на сегашноста, на политичките елити, на бедата на интелектуализмот. Ида, го прашав дали вреди да се пишува. Тоа е привилегија. Да можеш од таковформат да добиеш одговор по кој што трагаш. Еве што тој ми кажа: „мораме дапишуваме, ако не за оваа генерација и за ова време, тогаш за да остане трага занекои други времиња, какво било ова време, бреме.“ Се разбира, карикирам.Неможам да тврдам дека секој збор е негов, но тврдам дека суштината е запазена.
3
Add a Comment