P. 1
БЕРЗНИК 0065 од 16.03.2009 г. на МАКЕДОНСКИ - MKIBN20090316-0065L

БЕРЗНИК 0065 од 16.03.2009 г. на МАКЕДОНСКИ - MKIBN20090316-0065L

|Views: 167|Likes:
Published by berznik
Глобалната економија оваа година ќе
забележи застој првпат по Втората
светска војна, а трговијата ќе достигне
најниско ниво во последните 80 години. Ова е
дел од песимистичкото сценарио за
годинашново движење на економијата што го
обелодени Светска банка и тоа 10–на дена по
загрижувачките прогнози на ММФ и Виенскиот
институт...
Во прогнозата на Светска банка се
потенцира дека глобалната финансиска криза
ќе доведе до недостиг од 700 милијарди
долари за финансирање за сиромашните земји
и за земјите во развој. Или, поблиску
објаснето, група од 129 држави ќе останат без
потребното финансирање. Таа предупредува
дека меѓународните финансиски институции
не се во состојба да ги обезбедат потребните
средства за надминување на светската криза
токму во земјите во развој. Особено
загрижувачки е што тие земји не располагаат
со сопствени финансиски ресурси за да ги
премостат последиците од рецесијата...
Според постојаниот претставник на
Светска банка во Македонија, Маркус Репник
(како што појасни во неделното интервју за
Радио Слободна Европа), во 2009 земјава ќе
оствари значително намален раст во однос на
претходната година, кој што се проценува на
околу три отсто. Основата на ваквата
прогноза произлегува од глобалната криза,
која пак, како што вели Репник ќе се одрази
врз три клучни елементи на македонската
економија: извозот, приливот на средства и
директните странски инвестиции.
Тој образложи дека во услови кога Европа
е во рецесија и кога очекува негативна стапка
на раст од два отсто годинава, не може
Македонија, која дури 60 отсто од извозот го
пласира на европскиот пазар, да очекува
поинаква разврска. Дотолку повеќе што
Репник смета дека клучни мерки што се
вообичаени за вакви ситуации: инвестирање
во инфраструктурата, подобрување на бизнис
климата и заштитата на социјално
најранливите слоеви, владата веќе ги
презеде. Според него всушност
инвестирањето во инфраструктурата е
особено важно за отворање нови работни
места, или во најмала рака задржување на
нивото на вработеноста. Инаку, според
процените на Светска банка, стапката на
сиромаштија во земјава е 20 отсто. А за да се
подобри животниот стандард, економијата
мора континуирано да расте со стапка од над
пет отсто. Втор услов е да се осигури дека
социјалната помош ќе пристигне на
вистинското место.
Во време кога меѓународните финансиски
институции предвидуваат црни сценарија за
светските економии, на домашната економска
сцена не стивнуваат политичките
препукувањата околу последниот потег на
Владата - вонредна аукција со издавање
едномесечни државни записи со камата од
дури 8,9 отсто. Опозицијата обвинува дека
задолжувањето со високи камати на
државните записи неминовно ќе доведе и до
зголемување на банкарските камати...
Издавањето едномесечни државни записи,
според премиерот и Министерството за
финансии, било редовна работа што се прави
со години наназад, а каматите се формираат
пазарно.
Според гувернерот на Народна банка на
Македонија, Петар Гошев, буџетскиот дефицит
е главна причина за новото задолжување на
Владата на домашниот пазар. -Во буџетот има
дефицит, а тој може да се финансира од
домашни извори и со надворешни
задолжувања. Може и со комбинација, со
внатрешно и со надворешно зајмување. По
која цена ќе се задолжува Владата,
одлучуваат надлежните институции за
буџетот, вели Гошев.
Во врска со објавените државни записи од
страна на Министерствтото за финансии,
вицепремиерот Ставрески рече дека тоа е
еден од облиците за финансирање на буџетот,
кога има потреба од тоа.
- Тоа не е нешто ново. Државата и порано
објавувала благајнички записи на
Централната банка или државни записи. Се
работи за 30-дневен инструмент, тоа е
секојдневна операција на министерствата за
финансии во многу земји, активност за
редовно сервисирање на буџетските обврски -
за полицијата, одбраната, образованието,
здравството...
Инаку, според официјалните податоци од
веб-страницата на Министерството за
финанси
Глобалната економија оваа година ќе
забележи застој првпат по Втората
светска војна, а трговијата ќе достигне
најниско ниво во последните 80 години. Ова е
дел од песимистичкото сценарио за
годинашново движење на економијата што го
обелодени Светска банка и тоа 10–на дена по
загрижувачките прогнози на ММФ и Виенскиот
институт...
Во прогнозата на Светска банка се
потенцира дека глобалната финансиска криза
ќе доведе до недостиг од 700 милијарди
долари за финансирање за сиромашните земји
и за земјите во развој. Или, поблиску
објаснето, група од 129 држави ќе останат без
потребното финансирање. Таа предупредува
дека меѓународните финансиски институции
не се во состојба да ги обезбедат потребните
средства за надминување на светската криза
токму во земјите во развој. Особено
загрижувачки е што тие земји не располагаат
со сопствени финансиски ресурси за да ги
премостат последиците од рецесијата...
Според постојаниот претставник на
Светска банка во Македонија, Маркус Репник
(како што појасни во неделното интервју за
Радио Слободна Европа), во 2009 земјава ќе
оствари значително намален раст во однос на
претходната година, кој што се проценува на
околу три отсто. Основата на ваквата
прогноза произлегува од глобалната криза,
која пак, како што вели Репник ќе се одрази
врз три клучни елементи на македонската
економија: извозот, приливот на средства и
директните странски инвестиции.
Тој образложи дека во услови кога Европа
е во рецесија и кога очекува негативна стапка
на раст од два отсто годинава, не може
Македонија, која дури 60 отсто од извозот го
пласира на европскиот пазар, да очекува
поинаква разврска. Дотолку повеќе што
Репник смета дека клучни мерки што се
вообичаени за вакви ситуации: инвестирање
во инфраструктурата, подобрување на бизнис
климата и заштитата на социјално
најранливите слоеви, владата веќе ги
презеде. Според него всушност
инвестирањето во инфраструктурата е
особено важно за отворање нови работни
места, или во најмала рака задржување на
нивото на вработеноста. Инаку, според
процените на Светска банка, стапката на
сиромаштија во земјава е 20 отсто. А за да се
подобри животниот стандард, економијата
мора континуирано да расте со стапка од над
пет отсто. Втор услов е да се осигури дека
социјалната помош ќе пристигне на
вистинското место.
Во време кога меѓународните финансиски
институции предвидуваат црни сценарија за
светските економии, на домашната економска
сцена не стивнуваат политичките
препукувањата околу последниот потег на
Владата - вонредна аукција со издавање
едномесечни државни записи со камата од
дури 8,9 отсто. Опозицијата обвинува дека
задолжувањето со високи камати на
државните записи неминовно ќе доведе и до
зголемување на банкарските камати...
Издавањето едномесечни државни записи,
според премиерот и Министерството за
финансии, било редовна работа што се прави
со години наназад, а каматите се формираат
пазарно.
Според гувернерот на Народна банка на
Македонија, Петар Гошев, буџетскиот дефицит
е главна причина за новото задолжување на
Владата на домашниот пазар. -Во буџетот има
дефицит, а тој може да се финансира од
домашни извори и со надворешни
задолжувања. Може и со комбинација, со
внатрешно и со надворешно зајмување. По
која цена ќе се задолжува Владата,
одлучуваат надлежните институции за
буџетот, вели Гошев.
Во врска со објавените државни записи од
страна на Министерствтото за финансии,
вицепремиерот Ставрески рече дека тоа е
еден од облиците за финансирање на буџетот,
кога има потреба од тоа.
- Тоа не е нешто ново. Државата и порано
објавувала благајнички записи на
Централната банка или државни записи. Се
работи за 30-дневен инструмент, тоа е
секојдневна операција на министерствата за
финансии во многу земји, активност за
редовно сервисирање на буџетските обврски -
за полицијата, одбраната, образованието,
здравството...
Инаку, според официјалните податоци од
веб-страницата на Министерството за
финанси

More info:

Published by: berznik on Mar 16, 2009
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

05/10/2014

pdf

text

original

б

е
р
з
Н
И
К
-

G
O
D
I
N
A

I
I
I
-

B
R
O
J

6
5

-

1
6

M
A
R
T

2
0
0
9

G
O
D
I
N
A

(
P
R
I
L
O
G

N
A

T
E
N
D
E
R
N
I
K
)
Зачмаените инвеститори ќе
се пробудат со јавни понуди
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
3
Data 16. 3. 2009 broj 65 берзНИК
До следниот
понеделник
Makedonka Baldazarska
Glaven i odgovoren
urednik na берзНИК
e-mail:
berzNIK@interNIK.com.mk
Г
лобалната економија оваа година ќе
забележи застој првпат по Втората
светска војна, а трговијата ќе достигне
најниско ниво во последните 80 години. Ова е
дел од песимистичкото сценарио за
годинашново движење на економијата што го
обелодени Светска банка и тоа 10–на дена по
загрижувачките прогнози на ММФ и Виенскиот
институт...
Во прогнозата на Светска банка се
потенцира дека глобалната финансиска криза
ќе доведе до недостиг од 700 милијарди
долари за финансирање за сиромашните земји
и за земјите во развој. Или, поблиску
објаснето, група од 129 држави ќе останат без
потребното финансирање. Таа предупредува
дека меѓународните финансиски институции
не се во состојба да ги обезбедат потребните
средства за надминување на светската криза
токму во земјите во развој. Особено
загрижувачки е што тие земји не располагаат
со сопствени финансиски ресурси за да ги
премостат последиците од рецесијата...
Според постојаниот претставник на
Светска банка во Македонија, Маркус Репник
(како што појасни во неделното интервју за
Радио Слободна Европа), во 2009 земјава ќе
оствари значително намален раст во однос на
претходната година, кој што се проценува на
околу три отсто. Основата на ваквата
прогноза произлегува од глобалната криза,
која пак, како што вели Репник ќе се одрази
врз три клучни елементи на македонската
економија: извозот, приливот на средства и
директните странски инвестиции.
Тој образложи дека во услови кога Европа
е во рецесија и кога очекува негативна стапка
на раст од два отсто годинава, не може
Македонија, која дури 60 отсто од извозот го
пласира на европскиот пазар, да очекува
поинаква разврска. Дотолку повеќе што
Репник смета дека клучни мерки што се
вообичаени за вакви ситуации: инвестирање
во инфраструктурата, подобрување на бизнис
климата и заштитата на социјално
најранливите слоеви, владата веќе ги
презеде. Според него всушност
инвестирањето во инфраструктурата е
особено важно за отворање нови работни
места, или во најмала рака задржување на
нивото на вработеноста. Инаку, според
процените на Светска банка, стапката на
сиромаштија во земјава е 20 отсто. А за да се
подобри животниот стандард, економијата
мора континуирано да расте со стапка од над
пет отсто. Втор услов е да се осигури дека
социјалната помош ќе пристигне на
вистинското место.
Во време кога меѓународните финансиски
институции предвидуваат црни сценарија за
светските економии, на домашната економска
сцена не стивнуваат политичките
препукувањата околу последниот потег на
Владата - вонредна аукција со издавање
едномесечни државни записи со камата од
дури 8,9 отсто. Опозицијата обвинува дека
задолжувањето со високи камати на
државните записи неминовно ќе доведе и до
зголемување на банкарските камати...
Издавањето едномесечни државни записи,
според премиерот и Министерството за
финансии, било редовна работа што се прави
со години наназад, а каматите се формираат
пазарно.
Според гувернерот на Народна банка на
Македонија, Петар Гошев, буџетскиот дефицит
е главна причина за новото задолжување на
Владата на домашниот пазар. -Во буџетот има
дефицит, а тој може да се финансира од
домашни извори и со надворешни
задолжувања. Може и со комбинација, со
внатрешно и со надворешно зајмување. По
која цена ќе се задолжува Владата,
одлучуваат надлежните институции за
буџетот, вели Гошев.
Во врска со објавените државни записи од
страна на Министерствтото за финансии,
вицепремиерот Ставрески рече дека тоа е
еден од облиците за финансирање на буџетот,
кога има потреба од тоа.
- Тоа не е нешто ново. Државата и порано
објавувала благајнички записи на
Централната банка или државни записи. Се
работи за 30-дневен инструмент, тоа е
секојдневна операција на министерствата за
финансии во многу земји, активност за
редовно сервисирање на буџетските обврски -
за полицијата, одбраната, образованието,
здравството...
Инаку, според официјалните податоци од
веб-страницата на Министерството за
финансии, за три месеци се реализирани и
пет аукции на тримесечни државни записи, со
што по оваа основа се зајмени пари од
домашниот пазар во износ од 94 милиони
евра. Каматите за овие записи се движеле од
7,5 до 8 %, но биле продадени помалку од
понудените износи. Во зависност од
долгорочноста на записите, се калкулираат и
каматите, колку се подолгорочни –каматите се
помали, но и заинтересираноста на
инвеститорите се намалува.
Но, факт е дека овие задолжувања на
Владата го билдаат внатрешниот долг, а како
сега стојат работите, од почетокот на
годинава, е зголемен и надворешниот долг.
Заедно надворешниот и внатрешниот долг,
кои го даваат вкупниот јавен долг на
државата, заклучно со јануари годинава
изнесува 1,844 милијарди евра. Сума
сумарум, ако се земат во предвид и ветените
владини инвестиции од осум милијарди евра,
се очекува зголемување на надворешниот
долг до 40 отсто од БДП.
Но, ако се суди по ланските остварувања,
според кои директните странски инвестиции
се на највиско можно ниво во последните 18
години, дека за само две години во нашава
земја како инвеститори продефилираа
познатите светски брендови: Џонсон
Контролс, Џонсон Мети, Сосиете Женерал,
Шведска млекарница, Мобилко Австрија, Хипо
Алпе Адриа лизинг, Сава Ре осигурување,
Триглав осигурување, Лакталис од Франција
преку Данјуб груп, Мајлстон, ИБЦ Израел,
Газит Глобал Израел, Поршебанк, Кејблтел,
Централна Кооперативна банка... тогаш,
оптимизмот не треба да не напушта.
Оптимисти....
4
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
берзНИК broj 65 Data 16. 3. 2009
NAJLIKVIDNI HARTII OD VREDNOST VO REGIONOT ZA PERIOD OD 5.03 DO 12.03 2009
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
5
Data 16. 3. 2009 broj 65 берзНИК
2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. СТОЧАРИТЕ НА СВЕДМИЛК ГИ ДОБИЈА ПРВИТЕ ПАРИ (*****)
2. И „ТЕЛЕКОМ АВСТРИЈА” ГО ПИКИРА „КОСМОФОН” (***)
9.03.2009 g. PONEDELNIK
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
ДНЕВНИК
с.9 МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ЗАЕДНО ПРОТИВ
КРИЗАТА
с.9 ГРАЃАНИТЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД ДЕНАРОТ
БИЗНИС
с.2 МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ЗАЕДНО ПРОТИВ
СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА
с.3 БАНКИТЕ ЌЕ ИНВЕСТИРААТ ВО ДРЖАВН
ХАРТИИ, А НЕ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР
с.7 И „ТЕЛЕКОМ АВСТРИЈА” ГО ПИКИРА
„КОСМОФОН”
с.9 „ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА” СО ПОДОБРИ
РЕЗУЛТАТИ ОД „ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ”
с.10 ДОЛАРОТ ОСЛАБЕ ВО ОДНОС НА ЕВРОТО
с.11 ДЕПОЗИТАРНАТА БАНКА ЌЕ ГО ЧYВA ИМОТОТ
- ДРУШТВАТА ЌЕ ЈА ПРЕСМЕТУВААТ ВPEДНOCТA
с.12 ОБВРЗНИЦИТЕ И ПОНАТАМУ АТРАКТИВНИ ЗА
ИНВЕСТИТОРИТЕ
с.13 МБИ -10 ОПАДНА ЗА 2,67 ПРОЦЕНТИ ЗАВРШИ
НА 1.709,20 ПОЕНИ
УТРИНСКИВЕСНИК
с.3 КРИЗА И ВО ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА
с.6 СЕКОЈ СЕКОМУ ДОЛЖИ, НЕ Е ПОДОБРА НИ
ДРЖАВАТА
с.7 ФАРМЕРИТЕ БАРААТ ПОМОШ ОД
МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА
ВРЕМЕ
с.6 МЛЕКОТО СЕ ПЛАЌА НА РАТИ
с.6 ПАТРИОТСКИТЕ СМЕТКИ НЕ СИ ЗАМИНУВААТ
ЛЕСНО
с.7 ТЕЛЕФОНСКИТЕ СМЕТКИ ИЗЕДОА 400 МИЛИОНИ ЕВРА
ВЕЧЕР
с.6 БЕРЗАТА И НАТАМУ ВО РИКВЕРЦ
с.6 НАЈПОСАКУВАНИТЕ МОБИЛНИ АПАРАТИ ОТСЕГА И
КАЈ НАС
с.7 СТОЧАРИТЕ НА СВЕДМИЛК ГИ ДОБИЈА ПРВИТЕ ПАРИ
НОВАМАКЕДОНИЈА
с.6 ДЕНАРОТ Е ЗРЕЛ ЗА СКАЛЕСТА ДЕПРЕСИЈАЦИЈА
с.8 ПОВТОРНО СЕ ОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА „ЧЕБРЕН”
И ЗА „ГАЛИШТЕ”
S O D R @ I N A
VOVEDNIK . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
РЕГИОНАЛНА БЕРЗА...................... . . . . . . . . . . . . . . 4
BERZNIK - PONEDELNIK SREDA ........................... . . . . . . . . . 5- 7
НА ДОМАШЕН ТЕРЕН........ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8- 11
НБРМ.............................................................................12-13
ИНТЕРВЈУ............................................................................14-17
SVET VESTI..........................................................17- 19
BERZNIK - ЧЕТВРТОК-САБОТА........................... . . . . . . 20- 22
НЕДЕЛАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА................................24
БЕРЗА................ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 25- 26
Izdava: INTERNACIONAL NIK AD - Skopje
Mediumska biblioteka i digitalna arhiva
Redakcija na берзНИК
Adresa: Plo{tad MAKEDONIJA bb, p.fah 882 Skopje, 1000,
R.Makedonija
Tel. 02/25.32.800 faks: 02/25.32.839
Internet: www.interNIK.com.mk;
e-mail: info@interNIK.com.mk
Izvr{en direktor: Zdravko Josifovski
Marketing: Ivona Josifovska
IKT Menaxer: Kiro Velkovski
Menaxer za delovni odnosi: Divna Pe{i}
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI
MEDIUMI берзНИК
берзНИК e osnovan 2007 godina.
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI
MEDIUMI берзНИК
Broj: 56
Data: 01.12.2008
SE DISTRIBUIRA SAMO SO PRETPLATA
FOTO NASLOVNA:
ШИШЕ ЏАМ ВО
МАКЕДОНИЈА
Foto:
Robert Spasovski
Redakcija na берзНИК
Internet distributiven sistem: www.interNIK.com.mk
Glaven i odgovoren urednik: Makedonka Baldazarska
Novinari: Vaska Mickoska
Evoluator na vesti: Renata Tasovska
operatori: Mare Lazarevska, Martin Arsovski, \or|e Rexi} i
Darko Tripunovski
Fotoreporter: Robert Spasovski
Marketing, distribucija i proda`ba:
INTERNACIONAL NIK AD - Skopje
I M P R E S S U M
Млекарницата Сведмилк и денеска топ тема во
весниците, но овој пат делумно со позитивни вести.
Како што пишува Вечер, по седуммесечната
голгота, сточарите на Сведмилк ги добија првите
пари. Исплатата започна во петокот, доцна
попладне, и како што потврдуваат и самите
сточари, новите газди на Сведмилк им го исплатиле
долгот за предаденото млеко за август и септември
2008 година. Досега на сметките на фармерите се
легнати околу 900.000 евра. Сопственикот Моше
Баум им најавил дека во текот на утрешниот ден и
во среда уште милион и пол евра ќе бидат
префрлени на нивните банкарски сметки, со што
млекарницата ќе го исплати долгот заклучно до
декември. Што се однесува за подмирување на
долгот за јануари и февруари и за тековниот откуп
на млекото, сточарите велат дека ќе склучуваат
нови договори со млекарницата за натамошна
исплата. Меѓутоа, според информациите во дел од
печатените медиуми, пелагониските кооперанти на
шведската млекарница се уште немаат добиено
ниту денар. За притисоците што врз нив се вршат
од разни страни, а по жестоките протести и упади
во државни и локални институции, фармерите ќе ја
информираат меѓународната заедница за нивниот
спор со млекарницата.
Граѓаните масовно ги продаваат
денарите за девизи бидејќи се плашат дека
можната девалвација ќе им ги изеде заштедите,
информира Дневник. Тие почнаа да ги префрлаат и
денарските заштеди во банките во девизни, иако за
нив добиваат двојно помали камати. Според
Народната банка на Македонија, денарското
штедење во јануари падна за 3,5 отсто, а
заштедите во евра пораснаа за 1,9 отсто.
Јануарскиот вкупен пад на депозити во банките од
0,9 отсто или 1,644 милион денари, банкарите го
коментираат како незначителен. Државата и
стопанството во јануари покажале поголема
недоверба во денарот отколку граѓаните. Според
НБМ, јавните претпријатија и фирмите ги намалиле
своите денарски депозити за 7,2 отсто, а
домаќинствата за 0,1 отсто. Граѓаните за 90 отсто
ги префрлиле своите денарски заштеди во
девизни. Ако состојбата на пазарот на пари не се
стабилизира, НБРМ ќе мора да ја смени
монетарната политика, сметаат економистите.
Банкарите очекуваат дека во прво време
централната банка ќе почне да нуди благајнички
записи со повисока каматна стапка. На тој начин
таа ќе го прибере вишокот пари на пазарот и ќе го
намали притисокот врз денарот. Девалвацијата на
денарот најмногу ќе ги погоди посиромашните
граѓани, а неа најмногу ја посакуваат извозниците
бидејќи ќе добиваат повеќе девизи за своите
извозни артикли.
Заштедите од банките ги подигаат и
Србите, информираат весниците. Имено, граѓаните
на Србија од септември до почетокот на оваа
година од банките подигнале 1,13 милијарди евра
заштеди од банките. Според Народната банка на
Србија, само во октомври лани, граѓаните
исплашени од светската економска криза
подигнале 860 милиони евра. Банките во Србија се
пред колапс, а нивната вкупна загуба изнесува
половина милијарда евра. Министерката за
финансии на Србија, Дијана Драгутиновиќ, смета
дека вториот бран на кризата ќе биде уште посилен
и се поставува прашањето дали банките ќе можат
да ја преживеат кризата. Српскиот динар во
последните месеци во повеќе наврати
девалвираше, спуштајќи се на ниво од околу 95
динари за едно евро.
Во услови на криза и намалена
економска активност, домашните фирми уште
повеќе доцнат со сервисирањето на обврските
едни кон други. Вината за внатрешната се
поголема задолженост бизнисот ја бара и кај
Владата, односно буџетските институции, кои
доцнат со исплатите. Бизнисот се жали и смета
дека тоа треба веднаш да се промени, бидејќи како
што бара државата од фирмите навреме да си ги
плаќаат сите обврски кон неа, така и фирмите од
буџетските корисници бараат и тие навреме да си
ги сервисираат обврските. Од Сојузот на
стопанските комори, во Утрински весник,
најавуваат дека во пакетот нови мерки што ќе и го
предложат на Владата ќе стои и ова прашање. Тие
работат на концептот, односно на прецизен
предлог на кој начин и во која форма да се издава
интерна гаранција, која ќе значи брза наплата на
побарувањата меѓу домашните фирми. Инаку, во
последните три месеци, заклучно со јануари 2009
година, Централниот регистар на Македонија
бележи пораст на бројот на компании со блокирани
сметки. Во ноември и декември минатата година и
во јануари оваа година сметките им биле
блокирани на 1.928 компании. Ова е за 88,5 отсто
повеќе во однос на претходното тримесечје,
односно август, септември и октомври 2008 година,
кога биле блокирани вкупно 1.023 компаниски
сметки. Најмногу сметки се блокирани во декември
минатата година, односно 732 компании, што е за
28 отсто повеќе во однос на ноември
Нова дупка во Фондот за пензиско
осигурување од неколку десетици милиони евра до
крајот на годинава ќе создадат реформата бруто-
плата и ланското покачување на пензиите,
предупредуваат експертите. Тие ја доведуваат во
прашање и редовната исплата на пензиите во
наредните месеци доколку Владата итно не ја
анализира новата состојба со наплатата на
придонесот. Препорачуваат кастрење на
буџетските трошоци или заеми од банки за
сервисирање на пензионерите.
1. КОРЕЈЦИТЕ НАЈАВИЈА ВО АПРИЛ ФАБРИКА ЗА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО „БУНАРЏИК” (*****)
2. ОТКАКО ПАК ИЗВИСИЈА, ФАРМЕРИТЕ РЕШИЈА ДА ЈА ТУЖАТ „СВЕДМИЛК” (***)
2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
6
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
берзНИК broj 65 Data 16. 3. 2009
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
10.03.2009 g. VTORNIK
ДНЕВНИК
с.7 ТЕТОВО ГО ТРЕСЕ МЛЕЧНА КРИЗА
с.7 НЕМА ПАРИ ЗА ФАРМЕРИТЕ ОД „СВЕДМИЛК”
БИЗНИС
с.3 ГОДИНАВА РАСТ ОД ОКОЛУ ТРИ ПРОЦЕНТИ
с.3 „КОСМОФОН” ПРОГЛАСЕН ЗА СУПЕРБРЕНД -
с.10 КУРСОТ ЕВРО-ДОЛАР МЕЃУ 1,2647 И 1,2727 ДОЛАРИ ЗА ЕВРО
с.12 ФИНАНСИСКИОТ ЕФЕКТ ОД РАБОТЕЊЕТО НА МАКСТИЛ ПОМАЛ ЗА 25
ПРОЦЕНТИ
с.12 ПРОМЕТОТ ОД ОБВРЗНИЦИ -4,117 МИЛИОНИ ДЕНАРИ
с.13 „ТОПЛИФИКАЦИЈА” ГО СТОПИ МБИ-10 ЗА 3,99 ПРОЦЕНТИ
с.140 НАФТАТА СО НАЈВИСОКА ВРЕДНОСТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ НЕДЕЛИ
с.16 ФОНДОТ НА ММФ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ОД 250 НА 500 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ
УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.6 МАКЕДОНИЈА И КОСОВО ЌЕ СОРАБОТУВААТ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
с.6 ФАРМЕРИТЕ НАЈАВИЈА ТУЖБА ЗА „СВЕДМИЛК” ОТКАКО ПОВТОРНО
ИЗВИСИЈА
с.7 ЦРНИ СЦЕНАРИЈА ЗА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА -КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА?
с.8 HA ВЛАДАТА НИКАКО ДА И ТРГНЕ СО „ЧЕБРЕН” И „ГАЛИШТЕ”
ВЕЧЕР
с.3 СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ НА НАЈВИСОКО НИВО ПОСЛЕДНИВЕ 18
ГОДИНИ!
с.3 ЛЦД МОНИТОРИ ЌЕ ИЗЛЕЗАТ ОД БУНАРЏИК
с.6 КОСМОФОН СУПЕР БРЕНД -
с.7 ОД КОСОВО ЌЕ УВЕЗУВАМЕ ЈАГЛЕН
ВРЕМЕ
с.6 МЛЕКАРАТА ВО ТЕТОВО ГО ПРЕЛЕАЈА МЛЕКОТО
с.6 BO „БУНАРЏИК” ЌЕ CE ПРАВАТ МОНИТОРИ
с.6 ВЛАДАТА ОТВОРЕНО ДА КАЖЕ ЗА „СВЕДМИЛК”
с.6 КОСОВО И МАКЕДОНИЈА СО ЗАЕДНИЧКА ЦЕНТРАЛА
ВЕСТ
с.6 ШТРАЈК BO “ЖИТО ЛУКС“
с.7 ФАРМЕРИТЕ ПАК НЕ ГИ ДОБИЈА ПАРИТЕ
с.10 ВОЛСТРИТ ПРЕД КОЛАПС
НОВА МАКЕДОНИЈА
с.7 ИЗГРАДБАТА Е ЕКОКОМСКИ ОПРАВДАНА
с.8 ПРЕКИНА ПРОИЗВОДСТВОТО ВО ТЕТОВСКАТА МЛЕКАРНИЦА
с.8 ИКТ-ПАЗАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА ЛАНИ ПОРАСНАЛ ЗА 63 ПРОЦЕНТИ
ШПИЦ
с.4 ЕНЕРГЕТСКИ СОЈУЗ СО КОСОВО
с.9 УМОТ Е МЕСИЈА ВО РЕЦЕСИЈА
с.9 КРИЗАТА ЌЕ ГО СТОПИ РАСТОТ
По ММФ и Виенскиот институт и Светска банка
со песимистички прогнози за годинашново
движење ан економијата....Според Светска
банка, глобалната економија оваа година ќе
забележи застој првпат по Втората светска
војна, а трговијата ќе достигне најниско ниво
во последните 80 години. Во извештајот, што
денес повеќе или помалку со дискретни
коментари го пренесуваат речиси сите
печатени медиуми се дава нова прогноза за
развојот на светската економија, во која се
вели дека до средината на годината
индустриското производство би требало да се
намали дури за 15 отсто во споредба со лани.
Во прогнозата на Светска банка се
потенцира дека глобалната финансиска криза
ќе доведе до недостиг од 700 милијарди
долари за финансирање за сиромашните
земји и за земјите во развој. Група од 129
држави ќе останат без потребното
финансирање во вредност меѓу 270 и 700
милијарди долари. СБ предупредува дека
меѓународните финансиски институции не се
во состојба да ги обезбедат потребните
средства за надминување на светската криза
во земјите во развој. Особено загрижувачки е
што тие земји не располагаат со сопствени
финансиски ресурси за да ги премостат
последиците од рецесијата. ..Според
постојаниот претставник на СБ во Македонија,
Маркус Репник, во 2009 земјава ќе оствари
значително намален раст во однос на
претходната година и се проценува дека тој
ќе изнесува околу три отсто. Основна причина
за ваквата прогноза е глобалната криза, која
ќе се одрази врз три клучни елементи на
македонската економија: извозот, приливот
на средства и директните странски
инвестиции.
Денес ќе читате и дека ЕУ ќе ја
подржи иницијативата,Фондот на ММФ да се
зголеми од 200 на 500 милијарди долари...
Министрите за финансии од ЕУ ќе ја поддржат
иницијативата на состанокот на високите
владини функционери на 20 најразвиени
земји Г-20, кон крајот на оваа седмица, да се
договори удвојување на средствата на
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)
наменети за кредитирање на државите кои се
соочени со најголемите финансиски проблеми
поради актуелната економска криза. ММФ
бара износот на неговиот фонд за укажување
на кредитна поддршка за најзагрозените
членки на таа меѓународна финансиска
организација да се зголеми на 500 милијарди
долари, од сегашните 250 милијарди, се
наведува во нацрт документот кој министрите
од ЕУ треба да го одобрат утре...
-Македонија, според развиеноста
на информатичко комуникациските
технологии (ИКТ) се наоѓа на 65. место во
светот. На листата на Меѓународната унија за
телекомуникации (ИТУ) за развојот на ИКТ во
периодот 2002-2007 година, Македонија
паднала за 12. Места, е веста која исто така
денес се најде во сите печатени
информативни гласила. Листата покажува
дека индексот на развој на ИКТ се зголемил
од 2,65 на 3,42, што значи дека другите земји
многу побрзо ги развивале информатичко-
комуникациските технологии од Македонија...
На листата од земјите од регионот подобро од
Македонија се рангирани Словенија (28),
Грција (34), Хрватска (43), Бугарија (45),
Романија (46), Босна (58), полош резултат
има само Албанија (85)....
Во фокусот на топ вести и
информацијата за производството на ЛЦД
монитори во Бунарџик. -Кинескиот гигант
Хајер влегува во Бунарџик. Новата хи-тецх
фабрика идниот месец ќе почне да се гради во
зоната. А до крајот на годината таму ќе
почнат да се произведуваат ЛЦД монитори,
телевизори, деск топ и лаптоп компјутери и
други производи. За оваа инвестиција
деновиве договор за заедничко вложување
потпишаа Три вју ЛТД од Јужна Кореја и Хајер
од Кина. Претходно пак корејската компанија
потпиша меморандм за разбирање со
македонската влада.
При потпишувањето на меморандумот во
октормви минатата година беше најавено дека
во Бунарџик Корејците ќе произведуваат ЛЦД
монитори и телевизори. Според плановите на
двете компании од Далечниот исток, во
фабриката во скопската економска зона ќе се
вработат околу 200 луѓе, а ќе биде отворен и
регионален истражувачки центар за ИТ
решенија. Мо
-Вториот мобилен оператор во
Македонија, Космофон, е прогласен за за
водечки бренд на домашниот пазар, од страна
Меѓународната организација Супербрендс,
која ги избира најдобрите брендови во 82
земји ширум светот, е една од вестите којашто
е најзастапена во весниците. Од компанијата
посочуваат дека за Космофон, ова признание
е поттик за уште поголем ангажман во правец
на зајакнување и промовирање на
вредностите, за кои компанијата се залага во
градењето на сопствениот бренд. Во прилог
на ваквото признание, оди и интересот за
купување на Космофон од Турксел,
најголемиот турски мобилен оператор,
Групацијата Телеком Австрија (под која е
третиот македонски оператор Вип), па
Телеком Словенија, Турк Телеком и
американскиот инвестициски фонд Аксос
Капитал.
Македонско-косовска енергетска соработка се
продлабочува. -...Македонија ќе увезува
јаглен од Косово за производство на струја.
Ќе се гради и заедничка акумулација во
реонот на Луково Поље, која преку мала
хидроцентрала ќе биде споена со мавровските
хидроцентрали. Ова се дел од енергетските
проекти што вчера по заедничка работна
средба ги најавија македонскиот министер за
економија Фатмир Бесими и неговата
колешка, министерката за енергетика и
минерали на Косово, Јустина Широка-Пула...
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
1.БУЏЕТОТ СНЕМА ПАРИ - ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖИ СО ЕКСТРА-КАМАТИ (*****)
2.ТЕТОВСКИТЕ МЛЕКАРИ ГО БЛОКИРАА СУДОТ (***)
11.03.2009 g. SREDA
2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
ДНЕВНИК
с.6 ТЕТОВСКИТЕ МЛЕКАРИ ГО БЛОКИРАА СУДОТ
с.6 НЕМА ПАРИ ОД „СВЕДМИЛК”
с.6 СЕ ПРОДАВА ИМОТ НА БИТОЛСКИ „БЕТОН”
БИЗНИС
с.3 СЕ ПРОДАВА ИМОТОТ НА ГРАДЕЖНОТО ПРЕТПРИ-ЈАТИЕ
с.3 НОВА ЕКСПОЗИТУРА ВО НОВО ЛИСИЧЕ
с.7 БАНКИТЕ НАЈЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ДРЖАВНИТЕ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
с.8 „БЕТОН” ГО ДОБИ ТЕНДЕРОТ ЗА ПАТОТ МАКЕ-ДОНСКИ БРОД -СКОПЈЕ
с.8 „ЖИТО ЛУКС” НЕМА ДОНЕСЕНО ОДЛУКА ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК НА
ВРАБОТЕНИ
с.8 „ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА” ГО МЕНУВА СТА-ТУТОТ
с.8 ПОВЕЌЕ ПОДАТОЦИ ЗА ПАЗАРОТ -МОЖНОСТ ЗА ВЛОЖУВАЊЕ НА
ИНВЕСТИТОРИТЕ
с.9 МБИ-10 ЗАГУБИ 2,60 ПРОЦЕНТИ ЗАВРШИ НА 1.598,50 ПОЕНИ
с.10 АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР ПОСЛАБ ВО ОДНОС НА ЕВРОТО
с.10 АЗИСКИТЕ ИНДЕКСИ ОД ГОЛЕМИ МИНУСИ ВО ПЛУС
УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.2 „ТРИВЈУ” И „ХАЕР” НАЈАВИЈА НОВА И БРЗА ИНВЕСТИЦИЈА ВО „БУНАРЏИК”
с.5 КАВГА МЕЃУ АКЦИОНЕРИТЕ ЈА БЛОКИРА ТЕТОВ-СКАТА МЛЕКАРНИЦА
с.7 BO „СВЕДМИЛК НАГОЛЕМО СЕ ПРАВЕЛЕ МАЛВЕР-ЗАЦИИ
с.7 ОДБОРОТ НА „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ” ГИ ОДОБРИ ИЗВЕШТАИТЕ
с.8 БУЏЕТОТ СНЕМА ПАРИ, ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖИ СО ЕКСТРА-КАМАТИ
ВЕЧЕР
с.3 КОРУПЦИЈАТА ВО ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА АЛБАНСКИ ТЕЛЕКОМ СО ТУРСКИ
ЧАЛИК ЕНЕРЏИ
с.4 КРЕДИТИТЕ ЕМ СКАПИ, EM КЕ ГИ НЕМА!
с.6 ВРАБОТЕНИТЕ УТРЕ КЕ ШТРАЈКУВААТ: ЖИТО ЛУКС ЗАМЕСИ ТЕХНОЛОШКИ
ВИШОК
с.6 ОКРУПНУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ ЗА СПАС ОД ЕКО-НОМСКАТА КРИЗА
ВРЕМЕ
с.6 МЛЕЧНА КРИЗА ВО ТЕТОВО
с.6 ВО „ЖИТО ЛУКС” ВРИЕ
с.7 ПАРИ НЕМА, ОТИДЕ ИМОТОТ
ВЕСТ
с.6 МЛЕКОТО СЕ ФРЛА И ВО TEТОВO
с.6 БИТОЛСКИТЕ ФAРМЕРИ OД ДЕНЕС ПАК НА ПРО-ТЕСТИ
НОВА МАКЕДОНИЈА
с.8 ТЕТОВСКИТЕ МЛЕКАРИ ГИ БЛОКИРАА СУДОТ И ОПШТИНАТА
ШПИЦ
с.7 ЛОНДОН ГО ПЕЧАТИ СТРАВОТ ЗА ДЕНАРОТ
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
7
Data 16. 3. 2009 broj 65 берзНИК
Буџетот снема пари, Владата се задолжи со
екстра камати, е насловот на анализата на
Утрински весник.-Откако Владата призна дека се
прибрани помалку пари во буџетот од
предвиденото, сега се реши да зајмува пари на
домашниот пазар. Прв пат издаде едномесечни
државни записи со екстрависока камата од дури
8,9 отсто, на износ од две милијарди денари или
32,5 милиони евра.
Ова е вонредна аукција на
едномесечни државни записи, бидејќи моментно
на државата очигледно и’ се неопходни пари,
кои за 28 дена, односно на 8 април, по изборите,
ќе ги враќа заедно со висока камата. Каматната
стапка на овие записи што ги издава
Министерството за финансии е за 2% процентни
поена повисока од каматата на благајничките
записи на Народна банка на Македонија, која
моментно изнесува 7% на годишно ниво. Тоа е
многу примамливо и за банките и за
инвеститорите, на кои многу повеќе им се
исплаќа парите да ги вложат во државни записи,
како многу посигурни инструменти, отколку, на
пример, парите да се насочуваат во
стопанството....., изјави Драган Тевдовски од
Комисијата за економија на СДСМ.
Вечер пренесува дека Агенцијата за
финансиска поддршка во земјоделството и
руралниот развој стекна национална
акредитација за располагање со средства од
ИПАРД претпристапната помош на Европската
Унија. Со тоа, на Агенцијата која е надлежна за
имплементација на средствата од петта
компонента на Инструментот за претпристапна
помош на ЕУ за помош на македонското
земјоделие, на располагање ќе и бидат 45,5
милиони евра до 2011 година.
Парите од ИПАРД треба долгорочно
да се искористат за подготовка на агро-
прехранбниот сектор за исполнување на
барањата согласно правото на ЕУ. Според
стратегијата на Владата за развој на
земјоделството, стратешки сектори што ќе се
финансираат преку ИПАРД програмата се:
грозје, овошје и зеленчук, млеко и млечни
производи, месо и месни производи.
Во денешните изданија на весниците
една од најзастапените информации е и веста за
примената на ХАСАП системите.....
Македонските компании се’ уште не се
подготвени за примена на ХАСАП-системот, што
од 1 мај е и законска обврска, оценуваат
експертите. Според нив, основна причина за тоа
се неинформираноста и ставот дека
воведувањето безбедносни стандарди е трошок,
а не долгорочна добивка.
„По 1 мај или од 1 септември, според
Законот за јавно ветеринарно здравство, ќе се
знае точно колку фирми го имплементирале
системот за безбедност на храна. Засега
официјална статистика не постои. Најчесто
посочуваните проценти, три, пет или 10 отсто -
се шпекулации“, изјави Владимир Какуринов,
професор на Факултетот за земјоделски науки и
храна...
...Банките не ги користат парите од
ЕИБ-Домашните или филијалите на странските
банки во Западен Балкан не ги повлекуваат,
ниту користат голем дел од расположливите
средства на Европската инвестициона банка.
Ова во Брисел го изјави претседателот на
банката, Филип Мејстат, кој го претстави
годишниот извештај на банката за 2008, и
потсети дека ЕИБ за периодот од 2007 до 2013
година предвидела 8,7 милијарди евра за
финансирање на проекти во ЈИЕ.
-Кредитите ем скапи ем ќе ги нема, е заклучокот
од анкетата на НБРМ на банкарите...- Околу
една четвртина од анкетираните банки сметаат
дека кредитните услови значително ќе се
заострат во текот на првиот квартал на 2009
година, додека останатите банки (околу 73%)
очекуваат делумно заострување...
И кандидатите за претседател и
градоначалниците со предлози за излез од
економската криза во своите програми,
пренесува Вечер.
Во Дневник, осврт на проблемите и на
тетовските и на млекарите кои се во бизнис со
Сведмилк. Тетовските млекари го блокираа
судот, оние од Сведмилк се уште чекаат пари-
Стотина кооперанти на тетовската млекарница
незадоволството од прекинот на откупот го
искажаа со едночасовна блокада на судот и на
булеварот Илинденска по што заминаа во
општината. ... Во Тетово, млекарницата не
работи четврт ден. Работниците, кои тврдат дека
имаат мнозински пакет акции, ги запреа
производството и откупот на млеко.
Протестираат по одлуката на акционерот,
штипската фирма Макмонтинг да постави нов
одбор на директори. Тие обвинуваат за
незаконско работење. Перо Матоски од
Раотинце, заменик-претседател на Здружението
вели дека дошле во судот за да се информираат
и да побараат што поскоро да пресече за спорот
за тоа кој е мнозински акционер во
млекарницата.... И додека млекарите ги
чекаат парите од Сведмилк и се подготвуваат за
нов штрајк, на увид и ревизорскиот извештај,
кој е направен уште во септември лани, а
според кој најголем виновник за пропаѓањето
на Сведмилк е фирмата Миа бевериџис, која
зела млеко од млекарницата, а не го платила.
Во него се препорачува прекинување на
соработката на Сведмилк со оваа фирма и
исклучување од договорот за содружништво...
Ревизијата била нарачана од Свед фанд,
шведскиот фонд кој е еден од акционерите во
фабриката поради тоа што тој немал свој
претставник во фабриката, а добивал извештаи
дека фабриката за една година кога се градела,
а не произведувала, направила загуби од скоро
90 милиони денари.
8
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
берзНИК broj 65 Data 16. 3. 2009
НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
В
о состав на најголемиот
производител на лекови во
Македонија, фабриката Алкалоид,
на 11 март беше пуштен во употреба
Институт за развој и контрола на
квалитет. Вкупната инвестиција изнесува
близу осум милиони евра, а Институтот
чиј камен-темелник беше поставен во
февруари минатата година е опремен со
најсовремена аналитичка опрема и
инструменти. Објектот се простира на
1.540 метри квадратни. -
Целта на отворањето е задоволување на
строгите барања и спецификации на
фармацевтската индустрија за
постигнување на максимална безбедност.
Растот во работењето, модернизација на
своето производство, пробивот на
странските пазари и вложувањето на
капиталот во нови производни
капацитети го прави Алкалоид одличен
пример за сите останати компании, рече
премиерот Груевски, кој го отвори
Институтот.
Mинистерот за здравство Бујар
Османи,потенцираше дека станува збор
за прва институција од ваков вид во
земјава за производство и развој на
квалитетни, безбедни и ефикасни лекови.
На генералниот директор Живко
Мукаетов, министерот Османи му го врачи
ГМП сертификатот за новиот Институт кој
претставува официјален документ дека
објектот е во согласност со највисоките
стандарди во фармацевтскиот сектор.
Мукаетов, истакна дека нивните
визии ќе продолжат да се реализираат со
несмален интензитет. Компанијата лани
остварила консолидирана нето добивка
од 8,2 милиони евра, што претставува
раст на профитот за 33 отсто во споредба
со 2007 година.
АЛКАЛОИД ОТВОРИ ИНСТИТУТ ЗА РАЗВОЈ НА КОНТРОЛА И КВАЛИТЕТ
Инвестиција од осум милиони евра
– Државата со седум милиони евра ќе го помогне
заживувањето на фабриката ЕМО од Охрид, истакна заменик-
премиерот Зоран Ставрески при минатонеделната посета на
поранешниотстопански гигант. Тој појасни дека на охридски
ЕМО и на уште три фирми во државна сопственост ќе им
бидат конверзирани побарувањата на државата во влог, што
ќе помогне во расчисувањето на нивните биланси и на тој
начин ќе може да се распише тендер за нивна
приватизација, односно ќе се олесни процесот на изнаоѓање
стратешки партнер.
- Што се однесува за ЕМО ќе му помогнеме со седум
милиони евра да се исчистат билансите, за раководството
кое добро работи да може да се насочи кон барање на нови
пазари. ЕМО има квалитетни производи кои се извезуваат во
ЕУ, наше како држава е да му помогнеме, затоа што околу
2.000 семејства ја обезбедуваат егзистенцијата преку оваа
фирма, рече Ставрески, изразувајќи уверување дека
објавувањето тендер за ЕМО би можело да се очекува за
околу два месеци, веднаш по расчистувањето на билансот на
компанијата.
Инаку, ЕМО – Охрид е акционерско друштво во кое
повеќе од 60 отсто од акциите се државна сопственост.
ДРЖАВАТА ЌЕ ИНТЕРВЕНИРА ВО ОХРИДСКАТА ФАБРИКА
ЕМО ќе се опоравува со седум милиони евра
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
9
Data 16. 3. 2009 broj 65 берзНИК
НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
П
азарот на информатичко-
комуникациските технологии во
Македонија минатата година пораснал за
63 проценти. За можноста таквиот тренд
да продолжи и годинава, и покрај
глобалната економска криза, разговараа
министерот за информатичко општество
Иво Ивановски и претставници на ИКТ
компаниите во земјава.
Претставниците на ИКТ
компаниите изразиле загриженост поради
светската економска криза, побарале да
се организираат обуки за да се создаде
кадар кој е дефицитарен во Македонија,
на малите фирми да им се помогне да
направат конзорциум, како да се
направи поголема промоција на
македонските фирми надвор од земјава.
Во насока на надминување на проблемот
со дефицитарен кадар за оваа област,
Ивановски рече дека Владата прави
напори со тоа што двојно се зголемија
квотите на сите државни факултети, две
години по ред се доделуваат 125, а ќе
се отвори и факултет за информатички и
телекомуикациски технологии во Охрид.
На средбата станало збор и проекти
планирани за образованието, како што е
дигитализирањето на предметите за
основните и средните училиште, што кај
фирмите поттикнало интерес бидејќи
овозможува да направат долгорочна
стратегија и да се пријават со добра
понуда на тендерот што ќе го објави
Владата. Ќе се почне со седум предмети,
а тој број ќе се зголемува во 2010 и 2011
година.
Спред Иавновски, Македонија е веќе на
мапата на голем број земји
кои размислуваат да дојдат, а има и
голем број компании што се присутни во
државава да направат бизнис анализа со
какви капацитети располагаат
македонските компании.
Состанокот е прв годинава од
воспоставената пракса на Министерството
за информатичко општество еднаш на
секој квартал да се состанат со
стопанските комори за да се запознаат со
проектите што ги работи Владата, како и
со проблемите со кои се соочуваат
македонските фирми.
ИКТ ПАЗАРОТ ВО ЗЕМЈАВА ВО ПОДЕМ
Информатичкиот кадар- дефицитарен
Агенцијата за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој
на 05.03.2008 година стекна национална
акредитација од страна на Националниот
службеник за одобрување (НАО), како дел
од оперативната структура надлежна за
имплементација на средствата од петтата
компонента на Инструментот за
претпристапна помош на Европската унија
(ИПАРД).
Националната акредитација
претставува дел од севкупниот процес на
остварувањето на правото на Република
Македонија, како земја кандидат за
полноправно членство во ЕУ, да управува
со финансиски средства од
претпристапните фондови на Европската
унија. Средствата од петтата компонента
на претпристапната помош – ИПАРД во
областа на земјоделството и руралниот
развој во вредност од 45,5 милиони ЕУР за
период 2007-2011 година ќе бидат
достапни за користење по завршување на
преносот на правото за управување
(цонферрал оф манагемент ригхтс) од
страна на Европската комисија - Генерален
директорат за земјоделство и рурален
развој.
Самостојноста во одлучувањето
всушност значи целосна одговорност на
земјата корисник, но истовремено и
зголемена контрола од страна на
Европската унија како во поглед на
доделување на самото право за управување
со средствата, така и во поглед на
оправданоста и целисходноста на
искористените средства. Сето однапред
кажано ја зголемува обемноста и значењето
на извршената работа од сите релевантни
институции: Агенцијата за финансиска
поддршка на земјоделството и руралниот
развој, Управувачкото тело при
Министерството за земјоделство, шумарство
и водостопанство, Националниот фонд
(Министерство за финансии),Секретаријатот
за европски прашања и Ревизорското тело
во Државниот завод за ревизија.
Во текот на следните месеци претстои
завршување на започнатиот процес преку
демонстрирање на целосна подготвеност на
инволвираните структури за примена на
европското законодавство од доменот на
руралниот развој и имплементација на
правилата на цврст финансиски менаџмент.
Процесот на акредитација целосно ќе
заврши со добивање на правото за
управување со европските средства и
почетокот на користење на доделените
средства во земјоделството и руралниот
развој до крајот на 2009 година.
АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО
ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
Акредитација за ИПАРД
ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА
Презентација на
миланскиот,
TUTTOFOOD 2009
- Во Стопанска комора на
Македонија, пред претставници на
повеќе компании од земјава, беа
презентирани подробности
околу меѓународниот саем за
храна TUTTOFOOD 2009 што ќе се
одржи од 10 до 13 јуни годинава
во Милано.
На манифестацијата се изложуваат
најразлични видови месни и
млечни производи, риба, вино,
пијалаци, леб, пецива, житарки,
тестенини, кафе, какао, масла,
зачини, органска, здрава и
бебешка храна, диететски
производи, деликатеси,
специјалитети, слатки...
TUTTOFOOD, беше нагласено, е
одлична можност за остварување
бизнис контакти и за
договарање конкретни зделки.
Годинава саемот ќе зафаќа
површина од 38.000 метри
квадратни. TUTTOFOOD се одржува
секои две години. Во 2007 имало
1.200 излагачи од 33 земји и
35.000 посетители од 72 држави.
10
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
берзНИК broj 65 Data 16. 3. 2009
С
ловенечки Меркур ја реализира
третата своја инвестиција во
Македонија вредна над еден милион
евра. Станува збор за трговски центар со
над 20 илјади артикли со површина од
2.500 метри квадратни, сместен во
Скопје.
Меркур Македонија е една од 16-те
компании во групацијата на словенечки
Меркур, која според претседателот на УО
на компанијата Бине Кордеж е една од
најмалите, но е меѓу најуспешните во
групацијата.
- Во Македонија сме присутни со
години и имаме добри резултати и затоа
одлучивме да инвестираме, истакна
Кордеж кој додаде дека и покрај
светската економска криза која ќе има
влијание врз развојот на групацијата
сепак и натаму ќе се развиваат.
Досега словенечки Меркур во
Македонија инвестираше шест милиони
евра, а планира и нови инвестиции
во поголемите градови во Македонија.
- Светската криза има влијание врз
развојот на Меркур. Очекуваме помала
продажба, но остануваме на зацртаното
да одиме со развој, истакна Кордеж
додавајќи дека во последните 10 години
групацијата ја зголемила продажбата од
300 милиони на 1,3 милијарди евра.
Триесет проценти од вкупниот промет на
групацијата се прави надвор од
Словенија, а минатата година во
Македонија прометот е 20 милиони евра.
Според вицепремиерот Ивица
Боцевски реализцијата на инвестицијата
во услови на една од најголемите светски
кризи е сигнал дека односите меѓу двете
земји се засилуваат.
- Ова е втора инвестиција на
Меркур во Македонија за неполни шест
месеци, рече Боцевски кој додаде дека
во Македонија словенечката бизнис
заедница расте, особено преку
словенечките инвестиции и оти тие се
добредојдени секогаш и за Владата и за
граѓаните.
- Самото приближување на Македонија
кон ЕУ се огледува во тоа што расте
интересот на странските компании за
Република Македонија. Први што доаѓаат
кај нас се токму нашите пријатели од
Словенија, токму оние кои беа
најуспешни од нашата поранешна држава
во нивните евроатлански аспирации,
истакна вицепремиерот Ивица Боцевски.
По повод отворањето на новиот
трговски центар, Меркур додели донација
од 50.000 денари на Основното
училиште, Стив Наумов во Автокоманда.
НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА МЕРКУР ВО МАКЕДОНИЈА
Над милион евра за трговскиот
центар во Автокоманда
Како одговор на соопштението од Синдикалната Организација
при Жито Лукс АД Скопје кое што беше објавено во медиумите,
Друштвото Жито Лукс АД -Скопје го изјавува следново:
а. Друштвото нема донесено било каква одлука за
прогласување технолошки вишок на поголем број на вработени.
б. Друштвото секогаш врши исплата на платите и
придонесите навремено и во согласност со Законот.
в. Преговорите со Синдикатот не се завршени како
неуспешни, како што тврди Синдикатот. Напротив, преговорите
– како што им е најавено - се закажани да започнат во текот на
месец март.
г. Вработените имаат право да излезат на штрајк доколку
сметаaт дека нивните права се нарушени.
МЕНАЏМЕНТОТ НА ЖИТО ЛУКС АД СКОПЈЕ
Нема технолошки вишок
НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
11
Data 16. 3. 2009 broj 65 берзНИК
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
М
еморандум за разбирање и за
инвестирање во Република
Македонија и изградба на фабрика за
производство на стакло, потпишаа
премиерот Никола Груевски и Ахмет
Кирман, претседател на Одборот на
директори и извршен директор на
турската компанија Шишеџам и Доган
Арикан, претседател на компанијата.
- Компанијата веднаш ќе почне со
подготовките за инвестирање, а
изградбата на фабриката во технолошко -
индустриската зоната Бунарџик ќе започне
во 2010 година. Меѓупериодот ќе
биде искористен за подготвителни работи,
изјави по потпишувањето премиерот
Груевски.
Инвестицијата, како што нагласи
Груевски, ќе изнесува 45 милиони евра,
во првата фаза ќе бидат вработени околу
300 лица, a производството на годишно
ниво е предвидено да биде 45 милиони
евра.
- Република Македонија нема ваква
фабрика и таа ќе биде добредојдена за
другите компании кои користат стакло,
рече Груевски, додавајќи дека во
Бунарџик се резервирани девет хектари за
изградба на оваа фабрика.
Извршниот директор на турската
компанија Шишеџам, Ахмет Кирман
нагласи дека по истражувањата кои ги
вршеле од 2007 година дошле до
сознание дека Македонија е најповолна
земја за инвестирање во оваа област, меѓу
другото поради даночните олеснувања,
местоположбата и добрите односи од
минатото.
- Оваа инвестиција ќе биде насочена за
производство на шишиња за пиво и сокови.
Половина од производството, што се
очекува да стартува во 2011 година, ќе
биде наменето за македонскиот пазар,
додека половина за извоз, додаде Кирман.
Охрабрени од поддршката што ја добиле од
македонската Влада, тој рече дека се
убедени оти инвестицијата ќе биде на
долгорочна основа и за доброто на сите.
Турската компанија од Истанбул, Шишеџам
е формирана во 1936 година и е четврта
најголема компанија за стакло и стаклени
производи во светот. Шишеџам покрај
во Турција има свои сопствени капацитети
во Русија, Грузија, Босна и Херцеговина,
Египет и во други земји. Кирман истакна
дека компанијата не е погодена од
моменталната економска криза и оти нема
никакви препреки за натамошни
инвестирања.
ТУРЦИТЕ ЌЕ ГРАДАТ ФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТАКЛО
Шишеџам во Бунарџик
- Струмичкото стопанство минатата
година оствари извоз од околу 120
милиони евра. Според локалните
аналитичари, очекуваните извозни
резултати се помали за два до три
проценти, а како една од причините за
тоа е потфрлањето на пласманот на
јагниња во Италија и Хрватска.
Најголемиот дел од пласманот на
тутун, свеж и конзервиран зеленчук,
грозје, вино, јагнешко месо, санитарни
производи, неметали, конфекција и друго
е реализиран во Србија, Германија,
Бугарија, Грција, Англија, САД, на Косово
и во други земји.
Според вредноста на остварениот
девизен прилив најголем извоз лани
оствариле АД Струмица табак,
индустријата за санитарна керамика
Македонија, конфекциските куќи Герас
Цунев и Единство, рудникот за неметали
Огражден и земјоделскиот сектор.
Од друга страна, пак, вкупната
вредност на увозот лани достигна над
132 милиони евра, што претставува
пораст за околу четири отсто, а покрај
автомобилите во импортот најмногу
учествувале стоките за широка
потрошувачка кои најчесто се увезуваат
од Блискиот и Далечниот Исток. Како што
се очекува, годинава извозот на стоки и
услуги од струмичкиот регион ќе
достигне над 123, а увозот околу 135
милиони евра.
ВО СТРУМИЦА
Остварен извоз од 120
милиони евра
Бетон ќе го гради регионалниот пат
Македонски брод – Скопје, проект
вреден 8,2 милиони евра (506
милиони денари).
Станува збор за патот од
Македонски брод преку резерватот
Јасен кон Скопје, во должина од
околу осум километри.
Тендерот е добиен, а според
најавите на владата, делницата
треба да биде изградена до мај
годинава.
БЕТОН ДОБИ ТЕНДЕР
Изградба на
регионалниот
пат Македонски
брод- Скопје
12
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
берзНИК broj 65 Data 16. 3. 2009
В
о јануари 2009 година, кредитната
активност на банките кон
приватниот сектор растеше со
забавена месечна динамика што
претставува продолжение на трендот
карактеристичен за последниот квартал
на 2008 година. Според месечната
информација на Народна банка на РМ во
јануари вкупните кредити на банките кај
приватниот сектор се повисоки за 1.357
милиони денари, односно 0,8% во однос
на крајот на 2008 година. Постојаното
забавување на кредитниот раст
соодветствува со натамошното
намалување на депозитното јадро, што
влијае на капацитетот на банките за
обезбедување на потребниот обем извори
на финансирање, во услови на висока
макроекономска неизвесност и релативно
стеснет простор за надворешно
задолжување. Истовремено, врз
динамиката на кредитниот раст влијаеја и
променетите согледувања на банките за
ризиците, што придонесува за
заострување на условите за одобрување
кредити и следствено, забавен кредитен
раст.
Од аспект на валутната структура, во
јануари 2009 година кредитите во
странска валута остварија месечен раст
од 2,3% (за разлика од минатомесечниот
пад за 0,2%) со што тие претставуваа
доминантна компонента на месечниот
пораст на вкупните кредити во јануари
(со придонес од 66,2%). Истовремено,
денарските кредити забележаа умерен
пораст од 0,3%, на месечна основа. Во
поглед на секторската распределба,
забележаниот пораст на кредитите кон
приватниот сектор во целост се должи на
зголеменото кредитирање на
домаќинствата, во услови кога
банкарските пласмани кон
претпријатијата забележаа пад од 0,3%,
во споредба со декември 2008 година.
На годишна основа, вкупните
пласмани на банките го продолжија
минатогодишниот тренд на постојано
забавување на стапките на раст
(почнувајќи од мај 2008 година) и во
јануари 2009 година кредитниот раст се
сведе на 32,1%, во однос на јануари
претходната година. Од валутен аспект,
девизните кредити остварија годишна
стапка на раст од 25,4% (наспроти 25,3%
во декември), а денарските пласмани
растеа со стапка од 34,2% (наспроти
37,1% во декември 2008 година). Од
секторски аспект, кредитирањето и на
секторот домаќинства и на
корпоративниот сектор се одвиваше со
позабавено темпо, при што поголем дел
од кредитите банките пласираа кај
секторот претпријатија (придонес од
54,4% во порастот на вкупните кредити).
Притоа, кредитирањето на домаќинствата
забележа годишен раст од 37% (наспроти
37,4% во декември 2008 година), додека
корпоративното кредитирање беше
повисоко за 29,1% на годишна основа
(наспроти 32,2% во декември 2008
година).
Според проценката за кредитните
движења во првиот квартал на 2009
година, годишната стапка на кредитен
раст на крајот на март 2009 година се
очекува да се сведе на 27,2%.
Нето девизната актива на банките
во јануари 2009 година се зголеми за 40
пати (односно за 1.004 милиони денари)
во споредба со декември 2008 година,
кога износот на нето девизната актива се
сведе на најниско историско ниво од 25
милиони денари. Ваквиот пораст на нето
девизната актива се оствари во услови на
месечно зголемување на девизните
средства за 778 милиони денари, или за
3,3% и истовремен месечен пад на
девизните обврски за 225 милиони
денари, или за 0,9%.
Резултатите од спроведената Анкета
за кредитната активност на банките
за четвртиот квартал на 2008 година
укажуваат на делумно заострување на
кредитните услови за одобрување
кредити и на населението и на
претпријатијата. Ваквата реакција на
банките во најголема мера се одразува со
заострување на каматната политика, во
услови на голема неизвесност за
макроекономските движења. Врз
одлуките на банките за затегнување на
кредитните услови, најзначајно влијание
имаше промената на согледувањата на
банките за ризиците, особено кај
кредитирањето на претпријатијата, каде
што очекувањата за вкупната економска
активност и перспективите на гранката
на која припаѓаат одделните
претпријатија претставуваат доминантен
фактор за позатегнати кредитни услови.
Кај населението, трошоците на
финансиски средства и билансните
ограничувања (поскапи извори на
финансирање) е фактор со доминантен
придонес за заострување на кредитните
услови. Во поглед на кредитната
побарувачката, најголем дел од оцените
на банките се во насока на непроменета
побарувачка на сегментот претпријатија,
додека кај населението банките
оценуваат делумно намалување на
побарувачката во четвртиот квартал на
2008 година. Во првиот квартал на 2009
година, банките очекуваат натамошно
заострување на условите за одобрување
кредити и на претпријатијата и на
населението. Од аспект на идната
побарувачка за кредити, банките
очекуваат делумно намалувањето на
побарувачката на кредити во првиот
квартал да биде забележано и кај двата
пазарни сегмента, со поизразени ефекти
на сегментот на кредитирање на
населението.
КАМАТНИ СТАПКИ
На последните три аукции на
благајнички записи (на 04.02.2009
година, на 11.02.2009 година и на
18.02.2009 година), при тендер со износи
и фиксна каматна стапка од 7%, беше
повлечена ликвидност од 87 милиони
денари. На крајот на јануари 2009
година, бруто девизните резерви
изнесуваа 1.441,7 милиони евра и беа
пониски за 53 милиони евра во однос на
крајот на 2008 година. Во рамки на
анализираниот период се одржаа и две
аукции на тримесечни државни
записи, и тоа на 03.02.2009 година и на
17.02.2009 година, при што во услови на
поголема понуда од побарувачка беа
остварени каматни стапки од 7,66% и
7,88%, соодветно (наспроти 7,6% на
последната аукција одржана во јануари
2008 година). Воедно, на 03.02.2009
година се одржа аукција на
шестмесечни државни записи при што
во услови на поголема понуда од
побарувачката, беше остварена каматна
стапка од 7,51%(наспроти 7,26% на
последната аукција). Во периодот 1. до
18. Февруари 2009 година, просечната
меѓубанкарска каматна стапка во
билатералните тргувања на банките (до
еден ден) изнесуваше во просек 4,95%
(4,99% во јануари 2009 година).
Во доменот на каматната политика на
банките, во декември 2008 година,
просечната пондерирана каматна стапка
на денарските кредити и просечната
пондерирана каматна стапка на
денарските депозити се задржаа на
истото ниво како и во претходниот месец
при што изнесуваа 9,8% и 6,5%,
СПОРЕД НБРМ
Условите за кредитирање и натаму под лупа
На годишна основа, вкупните пласмани на банките го
продолжија минатогодишниот тренд на постојано забавување
на стапките на раст (почнувајќи од мај 2008 година) и во
јануари 2009 година кредитниот раст се сведе на 32,1%, во
однос на јануари претходната година... Врз динамиката на
кредитниот раст влијаеја и променетите согледувања на
банките за ризиците, што придонесува за заострување на
условите за одобрување кредити и следствено, забавен
кредитен раст.
- Според проценката за кредитните движења во првиот квартал
на 2009 година, годишната стапка на кредитен раст на крајот
на март 2009 година се очекува да се сведе на 27,2%
13
Data 16. 3. 2009 broj 65 берзНИК
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
соодветно. Во рамките на секторот
претпријатија, кај активните каматни
стапки е забележано умерено месечно
намалување кај краткорочните и
долгорочните кредити со валутна
клаузула за 0,1 процентен поен,
соодветно. Од аспект на пасивните
каматни стапки, е забележано месечно
зголемување од 0,3 процентни поени кај
депозитите без валутна клаузула со рок
од 6 до 12 месеци, како и кај депозитите
со валутна клаузула со рок до 1 месец од
3,4 процентни поени (станува збор за
мали износи на депозити). Кај секторот
население, во рамките на активните
каматни стапки, е забележано месечно
зголемување од 0,2 процентни поени кај
каматната стапка на краткорочните
кредити без валутна клаузула. Кај
пасивните каматни стапки, позначајна
промена е забележана кај депозитите со
валутна клаузула и рок од 6 до 12
месеци, чијашто каматната стапка се
зголеми за 0,7 процентни поени на
месечна основа. Во рамките на
девизните каматни стапки, каматната
стапка на девизните кредити се намали
за 0,6 процентни поени (во услови на
намалување на каматните стапки на
меѓународните пазари) и изнесува 7,2%,
додека каматната стапка на девизните
депозити се зголеми за 0,1 процентен
поен и изнесува 3%. Во декември 2008
година, каматните стапки на
новодобрените кредити и
новопримените депозити остварија
месечно намалување од 0,2 и 0,1
процентни поени, соодветно. Кај
каматната стапка на девизните
новодобрени кредити во декември е
забележано намалување од 1,2
процентни поени, при што изнесува 6,6%
додека каматната стапка на девизните
новопримени депозити изнесува 1,5%,
наспроти 1,3% во ноември.
ДЕВИЗЕН КУРС
Реалниот ефективен девизен курс на
денарот (РЕДК) пресметан според
индексот на трошоци на живот во
последниот месец од годината укажува на
засилена месечмесечна и годишна
апрецијација, главно заради
апрецијацијата на НЕДК. Така, во
декември 2008 година, РЕДК на месечна
основа оствари апрецијација од 2%, во
услови на апрецијацијата на НЕДК на
денарот од 1,5% и пад на странските
цени од 0,2% и пораст на домашните
цени од 0,3%. Годишната апрецијацијата
од 1,5% произлегува исклучиво од
апрецијацијата на НЕДК за 2,7% на
годишна основа (во однос на српскиот
динар, руската рубља, турската лира и
бугарскиот лев), делумно неутрализирана
со поголем пораст на странските од
домашните цени. На збирна основа, во
2008 година РЕДК на денарот според
индексот на трошоци на живот забелажа
апрецијација од 0,6%, при апрецијација
на НЕДК (1%) и повисок пораст на
странските од домашните цени. Од друга
страна, индексот на РЕДК на денарот
дефлациониран со индексот на цените на
производителите на индустриски
производи, во декември 2008 година, на
месечна основа апрецира за 3%, што се
должи на апрецијацијата на НЕДК и
падот на индексот на релативните цени
(1,4%). Наспроти тоа, на годишна основа
РЕДК повторно депрецира, но за разлика
од минатиот месец (4%), во декември
само за 0,3%, исклучиво како резултат
на релативните цени. На кумулативна
основа, е забележана апрецијација од
0,8%, што се должи на апрецијацијата на
НЕДК, во услови на речиси еднаков
пораст кај домашните и странските цени.
На крајот на јануари 2008 година, примарните пари, на
годишна основа се повисоки за 10,1% (8% во претходниот
месец), главно заради порастот на вкупните ликвидни средства
на банките (за 20,1%), при забележано мало зголемување на
готовите пари во оптек (од 0,8%, на годишна основа). На
месечна основа, примарните пари се пониски за 5%, што во
целост се должи на сезонски пониската побарувачка за готови
пари (пад од 11,1% на месечна основа), по сезонскиот
декемвриски пораст пред новогодишните празници, при
забележан умерен месечен пораст на вкупните ликвидни
средства на банките (од 1,3%). Анализирано од аспект на
тековите на креирање и повлекување ликвидност, месечното
намалување на примарните пари претставува комбиниран
ефект од остварената нето-продажба на девизи на девизниот
пазар од страна на НБРМ и повисоката нето-позиција на
државата. Во јануари, монетарните инструменти (вклучувајќи
го и задолжителниот депозит кај НБРМ) претставуваа тек на
креирање ликвидни средства.
Во јануари 2009 година, вкупниот депозитен потенцијал на
банките (со вклучени депозитни пари) на месечна основа
се намали за 1.644 милиони денари, или за 0,9%, што во
целост се должи на намаленото денарско штедење (за 3,5%),
при забележан пораст на депозитите во странска валута од
1,9%. Депозитните пари имаа доминантно влијание врз
динамиката на денарските депозити овој месец, и тие
објаснуваат 88% од падот на вкупните денарски депозити.
Анализата на секторската структура покажува позначајно
месечно намалување на депозитите на корпоративниот сектор
(заедно со јавните претпријатија)15 за 7,2%, наспроти
минималниот пад на депозитите на домаќинствата од 0,1%.
Притоа, и во текот на првиот месец од 2009 година, новото
штедење на домаќинствата беше деноминирано во странска
валута, надоместувајќи околу 90% од падот на нивните
депозити во домашна валута.
На годишна основа (јануари 2009 година во однос на
јануари 2008 година), депозитите на домаќинствата и на
претпријатијата (приватни и јавни) се повисоки за 12,7% и
0,8%, соодветно (14,6% и 8,8%, соодветно, во претходниот
месец). Кај вкупниот депозитен потенцијал продолжи трендот
на забавување на динамиката на годишен раст. Така,
годишната стапка на раст на вкупните депозити на приватниот
сектор кај банките (со депозитните пари) изнесува 10,3% во
јануари 2009 година (наспроти 12,6% во претходниот месец),
при забележан годишен раст на денарските и на девизните
депозити од 1,1% и 21,9%, соодветно (4,6% и 22,8%,
соодветно, во декември 2008 година). Со исклучување на
депозитните пари, годишната стапка на раст на вкупните
депозити во јануари 2009 година изнесува 5,1%, наспроти
9,1% во претходниот месец.
Остварувањата кај вкупните депозити соодветно се одразија
врз динамиката на најшироката парична маса М4. Така, во
јануари 2009 година, овој монетарен агрегат на годишна
основа е повисок за 9,3% (11,4% во претходниот месец) и во
однос на проценетата годишна стапка за крајот на првиот
квартал, бележи негативно отстапување од 3,6 процентни
поени.
МОНЕТАРНИ АГРЕГАТИ
Денарското штедење, намалено за 3,5 проценти
14
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
берзНИК broj 65 Data 16. 3. 2009
М
акедонската берза за хартии од
вредност најголем подем, според
остварениот промет, профит, обем
и број на тргувања, порастот на
берзанските индекси, достигна во 2007
година. Минатата година вртоглавиот
пораст не само што запре, туку
движењата на пазарот се свртеа во
обратна насока, тргна во надолна линија.
Сите информации сврзани за Берзата се
сведуваа на црни сценарија, дека таа го
достигна дното, дека и претстои крах...
Состојба која што инволвираните субјекти
ја препишуваат пред се на глобалната
финансиска криза предизвикана од
светските пазари, како една од основните
причини поради што берзанските цени
тргнаа надолу. Дали падот на
македонскиот пазар на капитал е
рефлексија на светската криза или пак
тоа е само психолошка еуфорија која ги
зафати и институцииите и инвеститорите
и акционерите, разговараме со Милчо
Ќупев, поранешен прв човек на правниот
сектор во Македонска берза, сега правен
експерт во консултантската куќа, Менс
Легис.
-Основната функција на Берзата е да
го обезбеди интегритетот на пазарот.
Значи, да привлече инвеститори преку
добрата регулатива, безбедноста и
сигурноста што ја нуди и ја обезбедува.
Затоа Берзата е саморегулативна
институција, вели Ќупев. Според него,
основниот мотив на пазарот на капитал
од самиот почеток базира на
обезбедување сигурност на
инвеститорите и како што вели тој,-
долго време исклучиво се работеше на
тоа и на едукација на инвеститорите. Со
текот на развојот на берзата, на свеста
на акционерите, на сознанијата, на
економската моќ на државата која се
создаваше во последните години и
економската моќ на поединечните
инвеститори, дојде до едно зголемено
тргување и заработки на берзата.
Но, она што се случуваше пред
година ипол, две, едно такво масовно,
енормно тргување, енормно очекување
дека преку ноќ ќе се заработи, тоа веќе
беше вештачки поттикнато од самите
учесници на пазарот на капитал – од
брокерите, од самата берза,
менаџментите во компаниите, и од самите
банки, и медиумите. Велам и од
медиумите, затоа што тие немаа критички
поглед на целокупната ситуација. Тргнаа
еуфорично, ја поддржуваа таа ситуација,
а никој не предупреди на состојбата.
КОЈ И КАКО ОД НАВЕДЕНИТЕ
УЧЕСНИЦИ СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ТРКАТА
ЗА ЗАРАБОТКА?
-Да тргнеме од брокерите. Тие, прво
го гледаа својот сопствен интерес- да
обезбедат поголем профит за своите
брокерски куќи. Второ, од личен интерес,
бидејќи и тие имаат право да тргуваат во
свое име и за свој интерес. Потоа, иако
немаа овластувања, даваа инвестициони
совети, навлекуваа клиенти. И во таа
еуфорија, почнаа да тргуваат со
неликвидни хартии од вредност, давајќи
лажни податоци на инвеститорите.
Инвеститорите, сите оние коишто
веќе очекуваа некоја заработувачка,
лесно, брзо им веруваа и влегуваа во
такви трансакции, особено со тоа што беа
поттикнати и со лесно добивање на
кредити. Или со манипулирање со
кредитни картички на пари. Сето тоа кога
ќе го поврзете, се направи една убава
шема за привлекување на инвеститори и
зголемување на тргувањето.
Но, ова не е поттикнато од нашите
брокери, туку од инвестиционите
фондови коишто дојдоа од надвор,
првенствено од Словенија и Хрватска.
Тие почнаа прво да го придвижуваат
пазарот и да дојде до овој енормен скок.
КАДЕ Е ВО СЕТО ОВА БЕРЗАТА?
- Значи, еден од битните моменти во
целата таа еуфорија е пасивното
однесување, нереагирање на Берзата,
иако таа имаше инструменти тоа да го
направи. Можеше за одредени акции,
каде што немаше основа за такво
тргување- да прекине, потоа да бара
информации од котираните компании...
Значи, да суспендира и на подолг рок.
Второ, имавме перманентно автоматски
зголемувања на цените за 10 отсто секој
ден, иако во тој период немаше реално
тргување со дадената акција. Немаше
зошто секој ден автоматски да се
зголемуваат цените. Така, за кусо време
ги набилдаа цените, тие станаа многу
високи. Тука Берзата не реагираше, а
мораше да реагира.
Нормално, тука е и Комисијата за
хартии од вредност, која исто така не
внимаваше на овие моменти и не
реагираше. КХВ, тогаш срамежливо се
пројави со едно соопштение
инвеститорите да внимаваат и да
тргуваат само врз основа на релевантни
податоци. Но, тоа не е доволно. Јас не се
сеќавам дека имаше контроли, дека
имаше проверка на налози....
ГОДИНАВА КОМИСИЈАТА Е
ПОИНВЕНТИВНА И ПОАГИЛНА...?
- Сега мислам дека во одредени
случаи, во оние одлуки што ги носи, е
престрога. И, на ваков пазар, тоа е малку
контрапродуктивно. Излегува дека е
пазарот шпекулативен. Мислам дека и
тоа е малку нелогично. Во дадени случаи
даваат кумулативно казни - и на
брокерот, и на директорот и на
друштвото. Казни, за работи од коишто
некои се решаваат само со обична
опомена. Сметам дека казните се високи
– суспензија на брокери од по 30 дена....
Во секоја случај, курсот на Комисијата е
добар, но треба да се најде баланс во
казнувањето. КХВ си ја врши работата
како што треба – врши редовни контроли,
изнаоѓа пропусти и санкционира.
Значи, сите тие пропусти, намерни
или ненамерни, од сите учесници на
пазарот, доведоа до тоа зголемено,
енормно тргување.
СЕГА, ИМАМЕ ОБРАТЕН ПРОЦЕС-
ЗАБЕЛЕЖУВАМЕ ЕДЕН КОНТИНУИРАН
ПАД НА БЕРЗАТА. КАКО ЈА
КОМЕНТИРАТЕ ТАКВАТА СИТУАЦИЈА?
-Ова што денес се случува е
нормално.Кризата не не одминува. Но,
кај нас оваа ситуација не е предизвикана
од светските пазари. Тоа е најголемата
МИЛЧО ЌУПЕВ, ПРАВЕН КОНСУЛТАНТ ВО МЕНС ЛЕГИС
Зачмаените инвеститори ќе се пробудат со јавни понуди
Основната функција на
берзата се котираните
компании и доведување на
нови компании од
неофицијалниот на
официјалниот пазар, преку
ИПО. Последниве десетина
години нови емисии имаат
само банките
ИНТЕРВЈУ...
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
15
Data 16. 3. 2009 broj 65 берзНИК
заблуда што ние ја создаваме во јавноста
- дека тоа е предизвикано од светската
криза. Не. Падот на берзата е пред се
заради напуштањето на пазарот на
странските инвеститори, заради
недоволната моќност на домашните
инвеститори и заради разочарувањето
што се случи после тие големи тргувања
и падовите на цените на хартиите од
вредност. Сега има инвеститори коишто
купија прескапи акции и тие во оваа
ситуација не можат да излезат, не можат
да заштитат нешто од вредноста со
продажба, затоа што ќе направат огромни
загуби. И, едноставно тие се во стенд бај
и чекаат некои подобри времиња да
продаваат. Значи, нема некоја зголемена
понуда за да може да се тргува или
некоја побарувачка, токму од стравот
дека може пак да дојде до некои
турбуленции на пазарот и да имаат
загуба.
ЗНАЧИ, КОГА СЕ АНАЛИЗИРА
НАШИОТ ПАЗАР, ТРЕБА ДА СЕ ГЛЕДА
ПОДОЛГОРОЧНО. ЗОШТО?
Првиот пад, којшто никој не сака да
го коментира, настана кога беше
објавена јавната понуда на акции на
хрватскиот Телеком. Тогаш се повлекоа и
првите странски инвеститори. Тоа е
првиот момент при којшто осетно се
почувствува пад на тргувањето. Никој не
реагираше. Ниту берзата, ниту
брокерите. Едноставно, тие беа заспани
во претходните добивки и успех и не ни
размислуваа. Со текот на времето, оваа
рецесија им доаѓа како добро
оправдување - дека рецесијата е виновна
за намалувањето на тргувањето.
Нормално, и тоа има голем удел, меѓутоа,
основните мотиви за падот на берзата е
финансиската немоќ на домашните
инвеститори, малиот број и финансиската
немоќ, разочарувањето (масовниот број
на инвеститори кои влегоа во тие
тргувања, земаа кредити, сега не можат
да ги враќаат и имаат огромни загуби) и
секако излезот на странските
инвеститори. Ако се следат податоците од
берзата, ќе се види дека и во ваков
пазар, денешен, педесет отсто од
прометот на берзата пак го држат
странските инвеститори, со тоа што
купувањето од нивна страна на акциите и
обврзниците е помало во однос на она
што продаваат. Ако се земе последниот
податок, за февруари, ќе се види дека 40
и неколку проценти е странски
инвеститори на страна на продажба и 33
отсто на страна на купување од вкупниот
промет на берзата. Така што, ако се
тргнат тие странски инвеститори, ќе се
види дека домашните инвеститори ги
нема буквално никаде. За овие трендови,
речиси и воопшто не сум сретнал
информации или некој да размислува.
Ние само гледаме од аспектот на
инвеститорите. Значи, имаме инвеститори
коишто не тргуваат, имаат загуби..., а
другите учесници на пазарот не ги
гледаме. Се појавуваат само информации
од брокерските друштва, дека не можат
да издржат во оваа ситуација, што е
нормално- нема тргување, нема провизии
и можеби ќе има затворање.
Но, она што е најбитно, треба да се
гледа од аспект на компаниите и
акционерите што се во компаниите,
особено на котираните. Ова особено од
причина што нашата берза е формирана
и така е поставена да функционира со
официјален пазар и котирани компании.
Сите тие компании што доаѓаат на
котација мора да имаат одредена
сатисфакција. Друштвото покажува добри
финансиски резултати, дисциплинирано е
спрема берзата, објавува редовно
податоци за се што се случува во него, а
пазарот не го валоризира тоа.
Во оваа ситуација, најголемо
разочарување, според мене, би требало
да имаат самите менаџерски тимови,
затоа што нивното успешно водење на
компаниите, делењето на дивидендите,
позитивните резултати, пазарот не ги
валоризира. И, тие се прашуваат – зошто
да одат на берза, зошто да преземаат
обврски за транспарентност, за давање
извештаи, значи, коишто се зголемени со
тие обврски од правилата на берза што
се за котација. Зошто да не останат на
нивото на законските обврски и зошто да
прават трошоци за компаниите – годишна
членарина за берзата, котациона
провизија, кога тоа не им се валоризира?
Тоа е, гледано краткорочно.
Долгорочно, сигурно дека тие треба да
Берзата мора да се
насочи, да се лоцира
на своите основни
функции – котираните
компании, акциите на
котираните компании
и обврзниците.
Воведувања на други
инструменти во овој
момент е неблагодарно,
затоа што не е
погоден пазарот.
Нема инвеститорска
моќ за такво нешто
16
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
берзНИК broj 65 Data 16. 3. 2009
останат сите на котираниот пазар.
МОЖЕ ЛИ БЕРЗАТА ДА ПРЕЗЕМЕ
НЕКОИ КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ ДА СЕ
УБЛАЖИ ТАА СИТУАЦИЈА?
-Во секој случај може. Прво што не го
прави берзата, е транспарентноста. Таа
се задоволува со транспарентноста, со
објавување на податоците од компаниите
на нејзината веб страница. Тоа можеби
во други времиња и пред други
инвеститори кои што следат нон стоп на
интернет, е доволно. Но, во ситуација
кога има една зачмаена инвеститорска
структура, мора да ја поттикнете и да ја
донесете на берза. А тоа ќе го постигнете
само ако буквално ги клукате со
информации, посебно кога компаниите
што се котирани, се успешни. Тоа треба
да го прави берзата. Мора да излегува со
податоци, ако треба и со платени огласи
во медиумите. Дури, ако треба ќе
подготви посебни брошури, конференции
за медиуми, стручни и едукативни
расправи, се со цел да покаже дека има
компании што се вредни. Таа мора на тој
начин прво, да ги привлече
инвеститорите, а второ, да покаже пред
котираните компании, пред нивниот
менаџмент, дека таа е заинтересирана за
тие компании. Дека таа како берза, она
што е должна да го направи, го прави во
нивни интерес. Пример, да го земеме
светското признание за брендот Кафетин
на Алкалоид. Тоа помина глуво. И многу
други примери. Тоа е оставено само на
компанијата ако тоа го објави. Значи,
берзата тука мора да ја смени својата
позиција. Мора од својата зачмаеност да
тргне во друг правец. Мора да биде
иницијативна и таа да изнаоѓа
информации кои треба да ги пласира во
име на компаниите.
НО, БЕРЗАТА НЕ САМО ШТО НЕ Е
ИЗЛЕЗЕНА СО КОНКРЕТНО
СООПШТЕНИЕ, ТУКУ СЕ ДИСТАНЦИРА
СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ДЕКА НЕМА ШТО
ДА КОМЕНТИРААТ...
- Прво, тоа е многу погрешен
пристап. Берзата не смее да коментира
дневни движења за одредени компании.
Но, кога се работи за вакви глобални
работи, кога се однесува за целиот пазар
на капитал, таа е должна да излезе со
свое видување да ја извести јавноста -
зошто е тоа така, како и од кои причини
и што ќе направи. Не може да се
преминува преку тоа со една
ноншалантност, со леснотија. Но,
управниот одбор на берзата никаде го
нема, не реагира. Комисијата за хартии
од вредност исто така не реагира, макар
што нема којзнае колку ингеренции.
Меѓутоа, едноставно има право секогаш
да бара повеќе и повеќе информации од
берзата. Улогата на Комисијата е во тоа,
што по свое видување, може секогаш
дополнително да наметнува обврски и
барање кон субјектите што ги
контролира, а тоа се берзата,
Централниот депозитар и брокерските
друштва. Не само да се задржи на својата
контролна и надзорна функција.
КАКВО Е И КАДЕ Е УЧЕСТВОТО НА
БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА?
-Исто, зачудува фактот што
брокерските друштва воопшто не вршат
притисок на берзата за да ја зголеми
транспарентноста, протокот на
информациите, присуството на пазарот,
да ја зголеми нејзината едукативна
улога. Можеби е мој пропуст, но во
последниве 2-3 години јас не сум чул или
не сум прочитал на веб страницата на
берзата дека прават некои семинари.....
Второ, очигледно е отсуството на берзата
и на некои јавни трибини за пазарот на
капитал, за корпоративното управување.
Сум бил на неколку, каде отсуството на
берзата, депозитарот, паѓа в очи.
За корпоративното управување
најзаинтересирани се берзата и
централниот депозитар, а ги нема или
ретко ги има. Тоа е недозволиво. Наместо
тие да бидат предводниците и носителите
на корпоративното управување. Овде
само ќе потсетам дека воведувањето на
корпоративното управување и неговите
принципи, започна уште во 1997 година,
токму од берзата и до 2004-2005 година
масовно се протежираше преку учество
на меѓународни собири, со стручни
написи и расправи кај нас во државата. И
сега сето тоа одеднаш го нема.
КАКО ЈА ТОЛКУВАТЕ ИДЕЈАТА ЗА
РЕГИОНАЛЕН БЕРЗАНСКИ ПАЗАР?
-Соработката со другите берзи е
константно добра, но за да може берзата
подлабоко да соработува, потребна е
промена во законската регулатива. На
времето имаше страшен притисок да се
работи во регионов и за тоа водевме
некои активности. Но, секогаш се
доаѓаше до пречки од страна на
законската регулатива. Јас верувам дека
берзата сака тоа да го направи и дека се
труди, но мора да има волја и од другата
страна и реални услови таа соработка да
се оствари. Можеби за нашата берза и
воопшто за регионот, е најдобро да се
направи некоја регионализација,
регионален пазар. Но, сега имаме
изедначување на регулативата (се се
прави по европските стандарди) и мислам
дека многу лесно може да се направи
еден регионален пазар. Да се издвојат од
сите овие пазари добри компании и да се
тргува.
Од друга страна пак, тука е опасноста
од прелевање на парите и оттаму,
проценка на државата е дали тоа ќе го
дозволи или не. Значи, има објективна
пречка – интересот на државата, колку
тоа ќе може да го дозволи. За креирање
на еден регионален пазар мислам дека
берзите се спремни, но усогласувањето
на регулативата мора прво да го
направат државите, а после берзите.
КАКВО Е ВАШЕТО ВИДУВАЊЕ ЗА
ПРОДАЖБАТА НА БЕРЗАТА НА
СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОР? ШТО ЗНАЧИ
ТОА ЗА МАКЕДОНИЈА?
-Не знаеме што се очекува со таа
продажба и што се нуди. Во принцип тоа
е добро, ќе се продаде, ќе дојде странски
инвеститор. Сега, дали е потребно токму
во берзата странски инвеститор, не знам,
но има тука неколку работи. Прво, треба
да се проценат кои се бенефитите и за
Светската рецесија на
пазарите има голем удел,
меѓутоа основните мотиви
за падот на берзата е
финансиската немоќ на
домашните инвеститори,
малиот број и
финансиската немоќ,
разочарувањето
(масовниот број на
инвеститори кои влегоа во
тие тргувања, земаа
кредити, сега не можат да
ги враќаат и имаат
огромни загуби) и секако
излезот на странските
инвеститори...
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
17
Data 16. 3. 2009 broj 65 берзНИК
кого? Што значи тоа за пазарот на
капитал во Македонија? Второ, државата
мора да размисли, оти тука се нарушува
основното правило дека берзата е
саморегулативна институција.
Промената на Законот за хартии од
вредност, со којшто ќе дозволите еден
акционер да има и повеќе од 50% во
берзата, се нарушува саморегулативната
функција на берзата, односно мора
статусот на берзата драстично да се
смени. Со тоа што ќе се симне
ограничувањето од 10 % за акционер во
берзата и што ќе се дозволи поголемо
учество, не сте решиле ништо. Сте внесле
странски инвеститор, но не знаете како
тој утре ќе се однесува на пазарот на
капитал. Тоа е едниот момент, го гледаме
во системска поставеност. Значи, веднаш
има проблем. Има неизвесност, бидејќи
се нарушува балансот. Тоа не беше
случајно ставено, еден акционер да може
да има најмногу 10 % и да има најмногу
12-13 акционери, кои не можеа да прават
коалиции. Значи, се појде од тоа,
акционерот не само сам да нема
доминантна позиција, туку и тешко да
коалицира. Измените, со влез со 51 %,
значат и управување со берзата. Значи,
мора тоа да се избалансира. А, кога
зборуваме за инвеститор, се поставува
прашањето, зошто странски инвеститор,
зошто да не ја тераме идејата да
направиме заеднички пазар во нашето
опкружување, во кој може да влезат
берзите од Бугарија, Романија, Србија,
Хрватска, Словенија, Босна и тн, во кој
ќе се оди со еден посебен пазар, со
акции на квалитетни фирми. Тоа воопшто
не е идеја за потценување и отфрлање.
-Од друга страна, веднаш ќе речат
дека Љубљанска берза се продаде.
Точно, но тие се во ЕУ. Ние се уште не
сме и нашиот пазар треба се уште да го
развиваме од аспект на домашните
состојби. Прво, од аспект на поставеност
во државата, од аспект на интерес на
државата и на компаниите во државата,
и, пак ќе се вратам на котираните
компании – на зајакнување на нивното
место и улога на пазарот на капитал,
како компании што се јавуваат како
еминтенти на акции со кои се тргува и
компании кои котираат на берзата, кои се
транспарентни. Оти, во случај на
продажба, онака како што ја пласираат и
како што имаме недостаток на
информации, едноставно се добива
впечаток дека само акционерите сакаат
да ќарат. Еве, имавме успешни две
години, вредноста на берзата се зголеми,
дај да ја продадеме да заработиме. Така
се сведува, во што јас лично не би сакал
да верувам, меѓутоа, како што е
пласирано до сега, така произлегува.
АКО ЗБОРУВАМЕ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ
ЗАЈАКНАТ КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ,
ДАЛИ НЕ БИ ТРЕБАЛО ВО ТАА
НАСОКА И ОДРЕДЕНИ ПРОМЕНИ ВО
ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА. ДА СЕ
ИЗМЕНАТ ПРАВИЛАТА ЗА ДА
ДОВЕДЕМЕ УШТЕ КОМПАНИИ НА
ПРВИОТ ПАЗАР НА БЕРЗАТА?
-Котирањето на самата компанија на
берза е нејзина деловна одлука. Берзата
во своето работење во овие изминати
години, особено во првите шест-седум
години, соочувајќи се со недоаѓање на
компаниите на котација, плашејќи се
пред се од нивната обврска за
транспарентност, тие критериуми за
доаѓање на котација ги менуваше, но тоа
не ги донесе компаниите на берза, туку
законската обврска во 2001 година (кога
Никола Груевски беше министер за
финансии). Значи, тие дојдоа по сила на
закон. Тоа беше добар потег. Но, ако
зборуваме од аспект на компаниите, ако
го согледаат искуството од 2000 година,
кога дојдоа на котација до денес, тие
сега би се запрашале – зошто да бидеме
на берзата кога еден од условите,
нивната сатисфакција не ја добиваат. А
тоа е валоризацијата на нивните
вредности, добра пазарна цена,
ликвидност. Тие не можат да излезат во
вакви услови со нова емисија да
прибираат капитал. Која компанија ќе се
осмели тоа да го направи, ќе крахира. Не
ќе може да собере капитал.
СПОРЕД НЕКОИ СТРАНСКИ
КОМПАНИИ И ИНВЕСТИТОРИ ШТО
ВЛЕГОА ВО БРОКЕРСКИ КУЌИ И ВО
БАНКИ, МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР Е
ИНТЕРЕСЕН ЗАТОА ШТО Е МНОГУ
РАЗДРОБЕН. КАДЕ ВОДИ
ОКРУПНУВАЊЕТО?
-Ќе нема тргување. Дисперзираноста
на акционерството доведува (би требало)
по дефиниција, да донесе до ликвидност.
И затоа е добро, затоа се тие барања на
берзата на котација што ги има– да се
има најмалку 100 или 200 акционери, за
да има секогаш ликвидност за да може да
се тргува со тие акции. Компаниите со
помалку акционери не се атрактивни за
берзата. Пример, една од најдобрите
компании, скопска Пивара, апсолутно
нема потреба да доаѓа на берзата затоа
што таму нема кој да тргува.
ИМА СЛУЧАИ КОГА ДИРЕКТОРИТЕ НА
ДОБРОСТОЕЧКИ ДРУШТВА СЕ
ПЛАШАТ ОД ИЗЛЕГУВАЊЕ НА БЕРЗА,
ЗАТОА ШТО ОДЛУКИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА
ГИ НОСАТ ВО СОГЛАСНОСТ СО
ДРУГИТЕ РАКОВОДНИ ОРГАНИ...?
-Со ова допирате едно многу значајно
прашање од основната функција на
берзата, а тоа е трансформацијата на
малите компании, односно преку ИПО да
доаѓаат на официјалниот пазар. Тоа е
една од основните функции на берзата,
која за жал во Македонија во изминативе
12-13 години откога е берзата, не може
да профункционира. Моментот беше во
последниве пет години да се направи
јавна понуда со некоја таква компанија.
Една таква компанија што го направи тоа
е Попова кула, но засега, гледано според
цената на нивните акции, нема некој
позитивен ефект.
Значи, една од основните функции на
берзата е префрлање на брзорастечките
компании од неофицијалниот на
официјалниот пазар преку ИПО. Тоа е
големиот недостаток на берзата во сите
години на нејзиното постење. И, мислам
дека берзата треба да се насочи кон ова
прашање – да пронаоѓа компании кои ќе
прибираат свеж капитал со ИПО и ќе одат
на официјалниот пазар.
БЕЗ РАЗЛИКА НА ТОА ШТО СЕ
СЛУЧУВА НАДВОР, МОЖЕ ЛИ ДА СЕ
ПРЕЗЕМАТ НЕКОИ ДРУГИ МЕРКИ ЗА
СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА БЕРЗАТА? ИЛИ,
НЕКОИ НОВИ ИНСТРУМЕНТИ?
- Воведувања на други инструменти
во овој момент е неблагодарно, затоа што
во моментов не е погоден пазарот. Нема
инвеститорска моќ за такво нешто. Вие
сега да воведете нов инструмент, кога
имате квалитетни акции и никој не ги
купува, а не некој нов инструмент.
Посебно кога секој малку поинформиран
инвеститор ќе каже – еве во светот што
се случи со такви воведувања на нови и
нови инструменти. Зошто ние би им
верувале ?
Од таа страна, повеќе треба да се
даде акцент на основната функција на
берзата, за она што е формирана, а тоа
се котираните компании и доведување на
нови компании од неофицијалниот на
официјалниот пазар, преку ИПО.
Последниве десетина години нови емисии
имаат само банките. Ретко кое
акционерско друштво.
Тука може да се види дека има и
некои законски пречки. Повеќе се
користи можноста со приватен пласман,
меѓутоа правото на првенствен откуп од
постојните акционери е забрането,
односно суспендирано. Така што, тие се
пречки кои што не даваат можност за
нови емисии.
ЗНАЧИ, СЕПАК СЕ ПОТРЕБНИ
ПРОМЕНИ ВО ЗАКОНОДАВСТВОТО?...
-Па, треба малку поопстојно да се
погледнат овие две, три работи и да ги
релаксира. Мислам дека определбата во
законот за трговски друштва, за
суспендирање на правото на првенствен
откуп е една пречка, пред се за саамите
акционери во друштвата и за влез на
странски инвеститори. Ако сакате да
имате странски инвеститори кои што се
развојно насочени, коишто сакаат да
вложат во одредена компанија во
наредните неколку години поголеми
суми, не можете да ги терате веднаш да
ги платат. Тие очекуваат преку издавање
на нови емисии, кога веќе ќе влезат во
компанијата и ќе го имаат доминантниот
дел, преку издавање нови емисии да го
развиваат и бизнисот и самата компанија.
Бидејќи правото на првенствен откуп не
им го дозволувате, ги обесхрабрувате и
не влегуваат во нови емисии, не
влегуваат во компаниите воопшто.
18
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
берзНИК broj 65 Data 16. 3. 2009
ВЕСТИ... СВЕТ...
Националната банка на Швајцарија
ја намали базната камата речиси на
нула во обид да спречи
понатамошен раст на франкот и да
се избори со дефлацијата во време
кога земјата се соочува со најлоша
рецесија во изминатите три
децении.
На веста за намалување на
главната каматна стапка на 0,25 од
0,50 проценти, франкот забележа
најголем дневен пад на вредноста
спрема еврото во историјата.
Вредноста на швајцарската валута
се намали и во однос на доларот.
Во рамки на најновите мерки,
Централната банка најави дека ќе
купува корпоративни обврзници и
ќе продаде извесна количина
франци на валутниот пазар, за
првпат од 1992 година.
-Економската ситуација нагло се
влоши од декември и постои ризик
од негативна инфлација во следните
три години. Поради тоа беше
неопходна одлучна акција за да се
олабават монетарните услови, се
вели во соопштение од Банката.
Турската централна банка соопшти дека
ќе започне секојдневно да објавува јавни
понуди за продажба на долари, со цел да
ја зголеми ликвидноста и да ја зајакне
вредноста на турската лира.
Оваа мерка е објавена во момент кога
националната валута на Турција денеска
достигна историски најниска вредност од
1,82 лири за еден долар.
Централната банка ги определи
секојдневните понуди на 50 милиони
долари, но посочи дека сумата може да
биде зголемена во зависност од
пазарните услови.
Банката прецизираше дека може да
пристапи и кон директна продажба на
долари доколку јавните понуди не
одговорат на потребите за ликвидност на
пазарите и доколку како резултат на тоа
настапат екстеремни колебања на курсот
на валутата.
Во услови на светската финансиска
криза турската лира од септември загуби
околу 31 процент од вредноста во однос
на доларот. Турската економија по
неколкугодишен економски раст меѓу пет
и десет проценти, во четвртото
тримесечие од минатата година достигна
пад на 0,5 отсто. Невработеноста во
јануари достигна 12,3 отсто, а
индустриското производство се намали за
21,3 проценти.
ШВАЈЦАРСКА
НАЦИОНАЛНА БАНКА
Намалување на
основната камата
ТУРСКА ЦЕНТРАЛНА БАНКА
Продажба на долари за
зголемување на ликвидноста
Светската банка, во следните неколку месеци
планира на Полска да и одобри кредит од една
милијарда евра. Тој кредит нема никаква
врска со моменталната економска криза, туку
едноставно станува збор за продолжување на
долгорочната соработка на оваа меѓународна
финансиска институција и полското
министерство за финансии. Преговорите за
добивање на кредитот ќе траат до јуни, кога
ќе се донесе одлука и за што ќе бидат
искористени парите од Светската банка.
Банката изрази желба парите да се искористат
за решавање на социјалните прашања.
СВЕТСКА БАНКА
Една милијарда евра кредит за Полска
Европската инвестициска банка
годинава ќе и додели на
Хрватска кредити во висина од 500
милиони евра. Средствата ќе бидат
наменети за помош на малиот и средниот
бизнис. Претстои да биде потпишан
договорот меѓу Хрватска и Европската
инвестициска банка.
Хрватска минатата година зеде заем од
Европската инвестициска банка од 170
милиони евра за реализација на развојни
проекти.
Од 2001 година Европската инвестициска
банка и има дадено кредити на Хрватска
во висина од 1,6 милијарди евра, а голем
дел од парите беа наменети за изградба,
санација и поддршка на патната
инфраструктура.
ЕИБ
Хрватска ќе добие кредит
од 500 милиони евра
ИНГ Банка минатата недела
емитираше петгодишни обврзници
вредни две милијарди долари, со фиксна
камата од 3,9 отсто.
Оваа емисија е во рамките на планот
за кредитни гаранции на холандската
влада и дел од регуларните среднорочни
операции на финансирање на ИНГ
банката. На почетокот на оваа година
ИНГ најави емисија на обврзници со
државни гаранции во вредност од десет
милијарди евра. Во првите два месеци
од годинава, емитираше обврзници
вредни 8,7 милијарди евра.
Обврзниците ги купија финансиски
институции, вклучувајќи централни
банки, агенции и фондови од Европа,
САД, Среден Исток и Азија. Обврзниците
имаат ААА рејтинг од агенциите
Стандард и Пурс, Фич и Муди.
Bank of America ја зголеми оценката
на акциите на Telecomа Italia од
неутрално на –да се купи, а во
објаснувањето се вели дека акциите на
најголемата италијанска телефонска
компанија се премногу евтини.
Лондонскиот аналитичар Jesus Romero
изјави дека работењето на Telecoma
Italia во изминатите пет години беше
полошо, заради падот на
профитабилноста на домашниот пазар и
показателите на падот на приходот по
акција, но неодамнешното подобрување
на приходната страна, заедно со мерките
за намалување на трошоците би можеле
конечно да го запрат тој надолен тренд.
BANK OF AMERICA ПРЕПОРАЧУВА
Купувајте акции на Telecomа Italia
ИНГ БАНКА
Емисија на обврзници за 2 милијарди евра
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
19
Data 16. 3. 2009 broj 65 берзНИК
ВЕСТИ... СВЕТ...
Австриската банка Хипо Алпе Адриа
ќе мора да ги продаде своите филијали
на Балканот, на барање на главниот
сопственик, германската Бајрише
Ландесбанк, објавија австриските
медиуми.
Шефот на Хипо банката, Тило Берлин,
доби налог да ги продаде сестринските
претпријатија во Италија, Црна Гора и
Србија, а Бајрише ландесбанк со оваа
мерка сака да преземе поголема моќ над
сестринските компании, како што е
групацијата Хипо.
По огромните загуби, шефот на
германската банка Михаел Кемер бил
приморан да претстави нов концепт за
иднината на банката и нејзините
сестрински претпријатија. Според овој
план, чиј работен наслов е Херкулес,
неизвесна е судбината на 5.600 од
вкупно 19.200 работни места во рамките
на целиот концерн, при што најголем дел
ќе биде намален во Хипо. Продажбата на
сестринските фирми во Србија и Црна
Гора ќе се оствари бидејќи германската
банка -не се чувствува добро на
Балканот, пред се поради честите
приказни за загубите на австриските
банки во Источна Европа.
ХИПО БАНКА
Продажба на балканските филијали
Европската унија до 2013 година ќе
вложи 2,8 милијарди евра во бугарското
зелено стопанство, одосно во проекти
чија реализација е тесно поврзана со
заштитата на животната средина, изјави
комесарот на ЕУ за регионална политика,
Данута Хубнер.
-Во истиот период сите членки на ЕУ
за реализација на еколошките проекти ќе
примат вкупно 105 милијарди евра,
наведе Хубнер и додаде дека Бугарија
има право на европското финансирање
во десет сектори, пренесе агенцијата
БТА.
Најмногу средства во најновиот пакет
од 2,8 милијарди евра, околу третина, се
наменети за секторот водоснабдување, а
значајни средства ќе бидат вложени и во
железничкиот транспорт (464 милиони
евра), третманот на отпадот (300
милиони евра) и енергетската ефикасност
(125 милиони евра).
-Покрај ова, речиси 99 милиони евра
се издвоени за директна заштита на
природата и зголемување на биолошката
разновидност и уште 66 милиони евра за
производство на енергија од обновливи
извори, изјави Хубнер.
Oikocredit, една од најголемите
светски приватни институции за
микрофинансирање, лани оствари нето
добивка од 11,4 милиони евра, а
управата предложила од оваа сума 6,6
милиони евра да се исплатата како
дивиденда на акционерите.
Во време кога повеќето финансиски
инстиуции бележат послаби резултати
заради глобалната криза, Oikocredit ги
зголеми своите инвестиции за 32 % на
365 милиони евра, наспроти падот на
сите акции на пазарот, акцијата на
Oikocredita ја зачува својата вредност, се
наведува во соопштението на оваа
холандска институција. Вкупната актива
на Oikocredit порасна за 15 отсто, на 449
милиони евра.
-Моменталната криза му го поставува
на финансискиот свет прашањето која е
целта на профитот. Оваа година,
инвеститорите ќе добијат дел од
профитот и повторно ќе бидат повикани
да реинвестираат дел од таа награда, со
цел да помагаат на сиромашните во цел
свет. Не можеме да го пренебрегнеме
фактот дека милијарда луѓе живеат под
линијата на сиромаштија, без храна, дом
и образование, се вели во соопштението.
Инвеститорите на Oikocredit ги
ставаат своите финансиски интереси
после социјалните бенефити кои можат
да се реализираат со нивните пари,
соопштува оваа институција.
Carrefour, најголемиот европски
малопродажен синџир, објави пад на
нето добивката во минатата година на
1,27 милијарди евра од 2,3 милијарди
евра една година претходно. Според
анкетата на Блумберг, аналитичарите
очекуваа дека добивката ќе изнесува
1,82 милијарди евра. Добивката е помала
заради еднократните трошоци од 524
милиони евра.
Carrefour беше погоден со рекорден
пад на довербата на потрошувачите во
декември во Франција, нивниот најголем
пазар. Заради тоа се засили
намалувањето на цените. Попустите ќе
бидат поддржани со инвестиции од 600
милиони евра. Во реновирање на
објектите ќе бидат вложени до 2,5
милијарди евра. Лани капитални
инвестиции изнесуваа 2,9 милијарди
евра.
Продажбата во Франција, каде
Carrefour остварува 44 отсто од
приходот, незначително е променета во
првите два месеци од годинава, додека
порастот на продажбата на Carrefour во
Шпанија и Кина е забавен.
Carrefour планира да подели
дивиденда од 1,08 евро за акција, што е
непроменето во однос на една година
порано.
CARREFOUR
ЕВРОПСКА УНИЈА
Бугарија ќе добие 2,8 милијарди евра за
зелената економија
OIKOCREDIT
Од микрофинансирање - профит
од 11,4 милиони евра
Добивката помала
за 45 отсто
20
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
берзНИК broj 65 Data 16. 3. 2009
1. АЛКАЛОИД ОТВОРИ НАЈСОВРЕМЕН ИНСТИТУТ ЗА КОНТРОЛА НА ЛЕКОВИ (*****)
2. ЕБОР ЈА НАГРАДИ КОМЕРЦИЈАЛНА (***)
2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
12.03.2009 g. ЧЕТВРТОК
ДНЕВНИК
с.6 ПОГРЕБЕН МАРШ НА ПЕЛАГОНИСКИТЕ ФАРМЕРИ
с.6 ТЕТОВСКАТА МЛЕКАРНИЦА ПРОДОЛЖИ СО ОТКУПОТ
БИЗНИС
с.3 ИНВЕСТИЦИЈА ОД ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОЕФИКАСНИ ЛЕКОВИ
с.4 УКИНАТИ ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА БАНКИТЕ
с.7 УНИБАНКА - ЛИДЕР ВО ГРУПАТА НА СРЕДНИ БАНКИ
с.8 ДРАГОЉУБ АРСОВСКИ Е ИМЕНУВАН ЗА ДИРЕКТОР НА ТТК БАНКА
с.8 ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛ СТРИТ СО РЕКОРДЕН ДНЕВЕН РАСТ
с.9 МАКЕДОНСКИОТ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКС ЗАВРШИ СО ПОЗИТИВНИ 1,21
ПРОЦЕНТ
с.10 ГРАЃАНИТЕ ИМААТ 171,03 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НЕДОСТАСАНИ
ОБВРЗНИЦИ
с.12 ПОРАСТ НА ВРЕДНОСТА НА АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР
УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.6 АЛКАЛОИД” ОТВОРИ НАЈСОВРЕМЕН ИНСТИТУТ ЗА КОНТРОЛА НА ЛЕКОВИ
с.6 ЗА ТОПИЛНИЦА ЌЕ ОДЛУЧУВА СОБРАНИЕ НА ДОВЕРИТЕЛИ
с.7 ГОШЕВ: ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА ПОРАДИ БУ-ЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ
с.7 ЕБОР ПO ТРЕТ ПАТ ЈА НАГРАДИ КОМЕРЦИЈАЛНА
с.7 ДРАГОЉУБ АРСОВСКИ ПРВ ЧОВЕК НА ТТК БАНКА
с.8 ХИПО ГИ ПРОДАВА СВОИТЕ ФИЛИЈАЛИ НА БАЛКАНОТ
с.8 СИТЕ СЕ ОГРАДУВААТ ОД КРИМИНАЛОТ ВО „СВЕДМИЛК”
ВЕЧЕР
с.6 ЕБОР ЈА НАГРАДИ КОМЕРЦИЈАЛНА
с.6 НОВИОТ ГАЗДА НА СВЕДМИЛК ЛАЖГО
с.6 АПЛИКАЦИИ ЗА ИЗДРЖАИИ ПРОЕКТИ
ВРЕМЕ
с.6 ХИПО БАНКА ГИ ПРОДАВА ФИЛИЈАЛИТЕ НА БАЛКАНОТ
с.7 БИЗНИСМЕНИТЕ И ДРЖАВАТА СТАНАА ЛУТИ КОНКУРЕНТИ
ВЕСТ
с.3 СЕ ФРЛААТ 50 ТОНИ МЛЕКО ДНЕВНО
с.6 АЛКАЛОИД ОТВОРИ ИНСТИТУТ ЗА КОНТРОЛА НА ЛЕКОВИ
НОВА МАКЕДОНИЈА
с.8 АНОНИМНИ ПОВИЦИ ИЗДАВААТ БАНКАРСКИ ТАЈНИ
с.8 BO „АЛКАЛОИД” НОВ ИНСТИТУТ ЗА РАЗВОЈ
ШПИЦ
с.8 БУЏЕТСКАТА ДУПКА СЕ КРПИ СО ЗАПИСИ
с.11 ПАРИТЕ ЗА МЛЕКОТО УТРЕ САБАЈЛЕ
Отворањето на првиот Институт за развој и
квалитет на лекови , денес е најзастапена вест во
информативните пешатени медиуми. -Произведство
на нови модерни форми на генерички лекови, во
кои ќе бидат имплементирани најновите научни
созанија од областа на фармацијата, ќе бидат
произведувани во Институтот за развој и контрола
на квалитетот на лекови на фармацевтската
компанија Алкалоид. Овој институт којшто е прв од
ваков вид во земјава, по една година од
поставувањето на камен-темелникот вчера
официјално беше пуштен во употреба. Новата
технолошко-аналитичка единица во која се
инвестирано 8 милиони евра, располага со 1540 м2
корисна површина, којашто е екипирана со
најсовремена лабораториска и производствена
опрема.
И денес, текстовите за млечната криза
во Македонија, топ тема за повеќе гласила. Вест
објави: Во Македонија дневно завршуваат по околу
50 тони млеко на буниште, откако се појавија
проблемите со исплатата и откупот на млекото во
Свидмилк и во Тетовската млекарница, тврдат од
Федерацијата на фармери на Македонија.
Фармерите кажуваат дека ова млеко е измолзено
од 2.500 крави, а неговата вкупна вредност, ако се
земе за средна цена 13 денари по литар, е околу
100.000 евра.
Вечер, пак на оваа тема пишува:
Новиот газда на Сведмилк лажго- нема пари во
банките. -Повеќе детали околу разговорите со
новиот газда на Сведмилк, манаџерот Моше Баум
даде министерот за земјоделство, Ацо Спасеноски.
Тој вели дека Баум го известил оти 180 кооперанти
на Сведмилк поднеле тужби за наплата на долгот.
- Дојдов зошто сакам да инвестирам. Ја
откупив фабриката и ќе го платам долгот. Имам
ревизорски извештај кој ќе го објавам кога ќе биде
моментот. Ќе поднесеме тужби кон сите што и
должат на Сведмилк. На Велија Рамковски му реков
долгот кон Сведмилк да го плати на тој начин што
ќе му дадам список на кооперантите и со цесија
нека им ги исплати парите - рече Спасеноски на
брифингот со новинарите, пренесувајќи дел од
разговорот со Баум.
- Денес Владата ги погреба фармерите,
е насловот во Дневник. Вака пишуваше на
мртовечкиот венец што млекарите го носеа на чело
на погребната колона од 200 фармери што помина
низ улиците и запре да протестира пред
општинската зграда во Битола.... Со овој венец
искажуваме револт затоа што Владата го погреба
македонското сточарство. Во маркетите има повеќе
увозно отколку домашно млеко. Нашата влада не го
гледа нашето сточарство. Само ги гледа трговијата
и профитот - изјави Гоце Кантаровски, фармер од
Могила. ...Според Спасеноски, Сведмилк може да
конкурира во Гинисовата книга на рекорди бидејќи
за две години фабриката успеала да направи долг
од 38,5 милиони евра...
-Владата се задолжува поради
буџетскиот дефицит. -Во врска со тоа зошто
Владата се реши на вонредна аукција со издавање
едномесечни државни записи за првпат, и тоа со
камата од дури 8,9 отсто, гувернерот објаснува
дека причина е буџетскиот дефицит, пренесува
Утрински весник.
-Тоа е работа на Министерството за
финансии. Во буџетот има дефицит, а тој може да
се финансира од домашни извори и со надворешни
задолжувања. Може и со комбинација, со
внатрешно и со надворешно зајмување. По која
цена ќе се задолжува Владата, одлучуваат
надлежните институции за буџетот, вели Гошев.
Граѓаните имаат 171,03 милиони евра во
недостасани обврзници, стои во анализта на
Бизнис. -Вредноста на недостасаните структурни
државни обврзници изнесува 264,44 милиони евра.
Однив 121,82 милиони евра се однесуваат на
структурните државни обврзници за
денационализација, a 142,62 милиони евра се
однесуваат на структурните државни обврзници за
старото девизно штедење.Од вкупниот износ на
недостасани структурни обврзници 93,40 милиони
евра се во сопственост на правни лица.
ЕБОР ја награди Комерцијална банка -
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по трет
пат ја прогласи Комерцијална банка и и додели
специјална награда за најактивен учесник од
Македонија во Програмата за надворешно трговско
финансирање во која се вклучени повеќе од 200
банки од 17 земји. УНИ Банка минатата година
ја заврши со добивка од 97,28 милиони денари, а
пораст е регистриран во сите сегменти на
работењето. Вкупните банкарски приходи
изнесуваат 1.324 милиони денари што претставува
пораст од речиси 40 отсто во споредба со 2007
година, додека на нето-основа порастот на
приходите изнесува 22,19 насто. Нето каматните
приходи за лани се зголемени од 348 милиони
денари на 439 милиони денари или за 26 проценти.
- Анонимни повици издаваат банкарски
тајни, анализира Нова Македонија. Маријана
Марушиќ, директорка на Дирекцијата за заштита
на лични податоци, вели дека граѓаните повеќе
пати реагирале по оваа основа. Таа додава дека
службениците прават пропусти и на тој начин го
повредуваат гарантираното право на приватност на
граѓаните кога станува збор за заштита на личните
податци. Таа информира дека досега, освен
телефонските реакции на граѓаните, по ова
прашање не пристигнала ниту една претставка или
барање да-се утврди повреда на правото за
заштита на личните погодоци.
На светските пазари - Акциите на
Волстрит вчера забележаа најголем раст во 2009
година, со зголемување на индексот Стандард и
Пурс 500 за 4,6 отсто откако банката Ситигруп
соопшти дека има најдобар квартал од 2007
година. Акциите на Ситигруп поскапеа за 38
проценти откако е соопштено дека банката имала
добивка во првите два месеца од оваа година,
откако пет квартали едноподруго нижеше загуби.
Акциите на Џеј Пи Морган Чејс скокнаа за 23 отсто,
а на Бенк оф Америка за 28 проценти откако ФЕД
повика на темелна ревизија и промени во
финансиската регулатива. Индексот „Дау Џонс“
порасна за 5,8 отсто.
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
21
Data 16. 3. 2009 broj 65 берзНИК
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
1. ФАРМЕРИТЕ ДЕНЕСКА ПРЕД ВЛАДАТА (*****)
2. „ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА” ДОСТАВИ ПОНУДА ЗА „КОСМОФОН” (***)
13.03.2009 g. ПЕТОК
2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
ДНЕВНИК
с.6 ДРЖАВНАТА КАСА ПРАЗНА, ВИСИ ИСПЛАТАТА НА ПЕНЗИИТЕ
с.6 „ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА” ДОСТАВИ ПОНУДА ЗА „КОСМОФОН”
с.6 ФАРМЕРИТЕ ДЕНЕСКА ПРЕД ВЛАДАТА
с.7 „ЕВН МАКЕДОНИЈА” СО НОВ СОФТВЕР ДО ПОДО-БРИ УСЛУГИ
БИЗНИС
с.3 ЕВН СО МОДЕРНИ ГИС И ДМС СИСТЕМИ
с.3 БИЗНИС КРЕДИТИ СО ПОВОЛНИ УСЛОВИ
с.3 МОЖНОСТ ЗА КОНТАКТИ И КОНКРЕТНИ ЗДЕЛКИ
с.6 ФАРМЕРИТЕ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ
с.10 АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР ПОВТОРНО РАСТЕ
с.11 КОНСУЛТАНТИ ЗА СПАС НА КОМПАНИИТЕ ВО КРИЗАТА
с.12 ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛ СТРИТ ГО ПРОДОЛЖУВAAТ РАСТОТ
с.12 ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПОРАСНА NO ПАДОТ ОД 7,39 ПРОЦЕНТИ
с.13 ИНДЕКСОТ НА НАЈЛИКВИДНИТЕ КОМПАНИИ ПОРАСНА ЗА 1,79 ПРОЦЕНТИ
УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.8 HA ВЛАДАТА ИТНО И ТРЕБААТ ПАРИ, ЗАТОА СЕ ЗАДОЛЖУВА
с.8 ЕВН СО СИСТЕМИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУ-ГИТЕ
с.9 ФАРМЕРИТЕ ДЕНЕСКА НА ПРОТЕСТИ ПРЕД ВЛАДАТА
с.9 ПРОКРЕДИТ ПРОМОВИРА НОВ БИЗНИС-КРЕДИТ
ВЕЧЕР
с.4 ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА ДАДЕ ПОНУДА
с.6 МАКЕДОНСКОТА БЕРЗА ЧЕКА ИНФУЗИЈА
с.6 ДОБИВКА ОД 97,28 МИЛИОНИ
с.8 ФАРМЕРИТЕ НА СВЕДМИЛК ДЕНЕСКА НА ПРОТЕСТ
с.8 ОДЛОЖЕН ШТРАЈКОТ ВО ЖИТО ЛУКС
с.8 ВГРАДЕНИ СИСТЕМИ ЗА ПОДОБРИ УСЛУГИ КОН ГРАЃАНИТЕ
с.8 НОВИ КРЕДИТИ ЗА БИЗНИСОТ
ВРЕМЕ
с.6 ЕВРОТО СОЗДАДЕ ПСИХОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ
с.6 СТОЧАРИТЕ ЌЕ ШТРАЈКУВААТ ПРЕД ВЛАДАТА
с.6 БЕРЗАТА ПОЧНА ДА СКОКА
ВЕСТ
с.5 “ТУШ” ОТПУШТИ ПОЛОВИНА ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВO ШТИП
с.8 ФАРМЕРИТЕ ДЕНЕС НА ПРОТЕСТ ПРЕД BЛAДA
с.8 ПРОКРЕДИТ БАНКА ПРОДОЛЖУВА СО КРЕДИТИ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧИ
с.8 ЕБОР ПО ТРЕТ ПАТ ЈА НАГРАДИ КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
НОВА МАКЕДОНИЈА
с.10 ПРОКРЕДИТ БАНКА НУДИ ПОВОЛНИ БИЗНИС-КРЕДИТИ
с.10 ЕВН ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ДЕФЕКТИТЕ
ШПИЦ
с.7 ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА ДОСТАВИ ПОНУДА ЗА КОСМОФОН
с.7 МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ПРОТЕСТИ ПРЕД ВЛАДАТА
Денес во фокусот на печатените медиуми, веста за
понудата на Телеком Словенија за купување на
Космофон; Новата понуда на Прокредит банка за
стопанствениците; ЕВН со системи за подобрување
на услугите и протестот на млекарите....
- Телеком Словенија јави дека достави
обврзувачка понуда за купување на Космофон.
Вчера беше последниот рок за доставување на
понуди за купување на македонскиот мобилен
оператор кој мора да се продаде за да не се створи
монопол во мобилната телефонија во Македонија
откако Дојче Телеком, газдата на Т-Мобиле
Македонија, купи 25 проценти од акциите на грчки
ОТЕ, стопроцентниот сопственик на Космофон.
-Под мотото -Прокредит банка е со вас
и во оваа специфична го дина ќе им дадеме силна
поддршка на претприемачите, со бизнис-кредити
под поволни услови, соопштија вчера во банката.
Оттаму додаваат дека кредитите ќе се исплаќаат
според вообичаената брза и едноставна процедура,
со фиксна каматна стапка за кредити со рок на
отплата до пет години и со флексибилен залог.
-ЕВН Македонија ги вгради географскиот
информативен систем (ГИС) и дистрибутниот
менаџмент софтвер (ДМС),кои претставуваат
поддршка за компанијата при обезбедување на
подобри услуги кон потрошувачите. ...За
потрошувачите тоа ќе значи поквалитетна услуга,
точни и брзи податоци на располагање и побрз
процес на нови приклучоци.
Двата системи се инсталирани на централниот
сервер и можат да се користат во сите делови на
земјава. Тие се основа за вршење анализи,
изработка на планови и експертизи и треба да
водат кон подобрување на квалитетот во
снабдувањето со струја на системот и
намалувањето на дефектите во него...
-По осум месеци ветувања и лажења,
фармерите денес на протест пред Владата -
Млекопроизводителите на кои Сведмилк им должи
четири милиони евра, денес ќе протестираат пред
Владата, соопшти Федерацијата на фармери на
Македонија. Фармерите велат дека се
изманипулирани и од државата и од сопствениците
на млекарницата и дека се наоѓаат во безизлезна
состојба. Во Скопје ќе дојдат кооперантите од цела
Македонија....
- Ha малите и средни претпријатија од
регионот на Југоисточна Европа им е потребна
консултантска помош во време кога во светот дивее
економската криза. Особено консултанти кои се
специјализирани за извоз со цел компаниите да
зајакнат, зошто консултантството нуди развојни
солуции за бизнисите, објави Бизнис. Во време на
криза, компаниите треба уште повеќе да ги
користат консултантските услуги, а не да ги
одбегнуваат гледајќи на нив како на непотребен
трошок. Ова е резиме на регионалната
конференција, Мрежа на консалтинг за извозна
промоција на Југоситочна Европа, која се одржа во
организација на проектот на Германското друштво
за техничка соработка ГТЗ за развој на регионални
понуди на услуги и пазари за деловен консалтинг
ориентиран кон надворешната трговија, што се
одржа на 26 и 27 февруари во Белград, на која
учествуваа претставници од Макпрогрес Виница,
Стопанската комора на Македонија, Фондот за
развој на човечки ресурси и домашни консултанти.
Конференцијата беше добра можност да се
споделат искуствата од шест земји од регионот.
Во Дневник ќе читате: Државната каса
во јануари годинава останала речиси празна -
покажува пресметката на Министерството за
финансии. Владата потрошила речиси еднакво
пари колку што прибрала, па на сметка останале
само пет милиони евра. Во истиот месец лани
државата беше во плус 260 милиони евра, а за
годинава проектираше дека плусот ќе го зголеми за
дополнителни дваесетина милиони евра.
Експертите велат дека јануарските резултати
покажуваат дека Владата итно мора да го прекрои
буџетот и да ја прифати реалноста и да ги скрати
трошоците. Тие предупредуваат дека виси
редовната исплатата на платите на буџетарите,
пензиите и социјалните трансфери.
На Владата итно и требаат пари, затоа се
задолжува, пишува Утрински весник. Издавањето
на државните записи со екстра-камата од 8,9 отсто
се протолкува како итна мерка за собирање пари
во буџетот, а опозицијата укажа дека постои
опасност да иницира и нов бран поскапувања на
кредитите за граѓаните и за фирмите. Експертите
сметаат дека, дефинитивно, финансискиот систем е
единствен и поврзан, па затоа предупредуваат
дека повисоката камата на државните записи може
да повлече зголемување на каматите на
благајничките записи, според кои, пак, се
формираат банкарските камати.
Македонска берза чека инфузија,
анализира Вечер.-Додека светските берзи се
стабилизираат, лошата инвестициска клима на
македонскиот пазар на капитал никако да се
разбие. Иако американските берзански индекси се
движат по нагорна линија, неделава на
Македонската берза за хартии од вредност се
случуваат спротивни состојби - индексите паѓаа до
вторникот, а во средата е забележан благ пораст.
Домашните експерти укажуват дека позитивни
сигнали од Америка подоцна се рефлектираат врз
македонскиот пазар на хартии од вредност.
22
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
берзНИК broj 65 Data 16. 3. 2009
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
1. ФАБРИКАТА ЗА СТАКЛО „ШИШЕЏАМ” ВО БУНАРЏИК (*****)
2. „МЕРКУР” ОТВОРИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ (****)
14.03.2009 g. САБОТА
2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
ДНЕВНИК
с.7 „МЕРКУР” ОТВОРИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ
с.7 БУМ НА БЕРЗАТА ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ
с.7 БУЏЕТОТ ПРАЗЕН КАКО ВО ВОЈНА
с.7 „ТУРКЧЕЛ” И „ТУРК ТЕЛЕКОМ” СО ПОНУДИ ЗА „КОСМОФОН”
с.8 МЛЕКАРИТЕ СЕ СУДРИЈА СО ПОЛИЦИЈАТА
УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.7 „МЕРКУР” СО НОВ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР
с.7 ФАРМЕРИТЕ НАПАДНАА НА ВЛАДАТА - ПАРИ НЕМА
с.8 ВОЛСТРИТ ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ
с.8 МЕМОРАНДУМ СО „ШИШЕЏАМ”, ЌЕ СЕ ГРАДИ ЗА ЕДНА ГОДИНА
с.8 И МБИ 10 ОТИДЕ НАГОРЕ ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ
ВЕЧЕР
с.5 АЛКАЛОИД ГО ШИРИ БИЗНИСОТ ВО УКРАИНА
с.6 ОТВОРЕН ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО АВТОКОМАНДА
с.6 СЛОВЕНЦИ И ТУРЦИ BO ТРКА ЗА КОСМОФОН
с.6 ВО БУНАРЏИК ЌЕ СЕ ГРАДИ ФАБРИКА ЗА ШИШИЊА
ВРЕМЕ
с.6 БЕРЗИТЕ ЗЕМАА ЗАЛЕТ
с.6 ЕВРОПА ЈА ТОПИ ДОБИВКАТА НА НАШИТЕ КОМПАНИИ
с.7 ФАРМЕРИТЕ ТРЕБА ДА ГО ДОБИЈАТ „СВЕДМИЛК”
с.7 ВО „БУНАРЏИК” ЌЕ СЕ ГРАДИ СТАКЛАРНИЦА
ВЕСТ
с.5 СТАВРЕВСКИ: ДЕВАЛВАЦИЈАТА ИМ ОДГОВАРА НА ПЕТМИНА ВО ДРЖАВАТА
с.6 ЈАНКУЛОВСКА ДА ГИ ПРИВЕДЕ КРАДЦИТЕ ОД „СВИДМИЛК“
с.8 ИМОТЕН ЛИСТ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВАДИ И ВО “СКОПЈАНКА”
с.8 НОВАТА ВЛАСТ ДО ГО ЗАШТИТИ ЈСП ОД ДИВИ КОМБИЊА
НОВА МАКЕДОНИЈА
с.10 „МЕРКУР” ОТВОРИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН НАД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА
с.10 „ШИШЕЏАМ” ВО 2010-ТА ЌЕ ГРАДИ ФАБРИКА ВО БУНАРЏИК
с.10 ФАРМЕРИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ВЛАДАТА
ШПИЦ
с.7 ИНВЕСТИЦИИ НА КАПКИ
с.7 ФАБРИКАТА ЗА СТАКЛО „ШИШЕЏАМ” ВО БУНАРЏИК
с.7 „МЕРКУР” ОТВОРИ ТРГОВСКИ ВО СКОПЈЕ
с.7ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЗОВРЕА ОД МЛЕКАРИТЕ
Топ вест во сите денешни весници е дека
Шишеџам, четвртата најголема компанија за стакло
во светот, влегува во Македонија. Во
индустриската зона Бунарџик, во фабриката за
производство на стакло, чија изградба ќе започне
наредната година, ќе бидат инвестирани 45
милиони евра во земјава, а годишно ќе се
произведуваат околу 100.000 тони шишиња за
пиво и сокови. Ова вчера го најавија премиерот
Никола Груевски и раководството на компанијата,
кои потпишаа меморандум за разбирање. Според
најавите на првите луѓе на турската компанија, во
првата фаза од изградбата ќе бидат вработени
околу 300 лица. Премиерот Груевски истакна дека
новата инвестиција ќе биде добредојдена за
останатите компании што користат стакло, со оглед
на тоа дека во земјава нема фабрика што го
произведува. Извршниот директор на Шишеџам,
Ахмет Кирман, објасни дела нивните анализи во
2007 година покажале дека Македонија е
најповолна земја за инвестирање во оваа област
поради даночните олеснувања, местоположбата и
добрите односи од минатото. Инаку, турскиот
гигант има свои претставништва во повеќе земји во
Европа меѓу кои и во Грузија, Русија и Босна и
Херцеговина.
Печатените медиуми информираат и за
новата, трета по ред, инвестиција на словенечката
компанија Меркур во Македонија. Имено, Меркур
во населбата Автокоманда во Скопје, отвори
трговски центар вреден над еден милион евра.
Официјалното отворање го означија генералниот
директор и претседател на Управниот одбор на
групацијата Меркур од Словенија, Бине Кордеж, и
директорката на Меркур Македонија, Весна
Мирчевска, а присуствуваше и вицепремиерот
Ивица Боцевски. -Во Македонија сме присутаи со
години и имаме добри резултати, па затоа
одлучивме да инвестираме, истакна Кордеж, кој
додаде дека и покрај светската економска криза,
која ќе има влијание врз развојот на групацијата,
сепак, и натаму ќе се развиваат. Досега словенечки
Меркур има инвестирано во Македонија шест
милиони евра, а планира и нови инвестиции во
поголемите градови во Македонија.
Сведмилк и натаму во топ вестите. -
Нема пари и решение за сточарите. Ова вчера на
фармерите им го соопштиле министерот за
економија, Фатмир Бесими, и заменик-министерот
за земјоделство, Кристијан Делев, на разговорите
во Владата, откако нивните протести ескалираа и
добија несакани димензии. Вчера кулминираше
гневот на фармерите-кооперанти на Сведмилк.
Група од 200 фармери од Скопје, Битола и Прилеп
жестоко протестираа пред Владата, a првично
најавениот мирен протест прерасна во агресивен
настап на млекопроизводителите, кои сакаа
насилно да влезат во зградата, влечејќи и тргајќи
ја заштитната ограда, поставена пред кордонот
полицајци. По пристигнување на дополнителните
полициски единици, огорчените фармери се уште
извикуваа и го повикуваа премиерот да се сретне
со нив, но конкретно решение на нивниот проблем,
исплата на долгот од Сведмилк, не добија, по што
се закануваа дека ќе останат во Скопје додека не
ги добијат парите што им следуваат.
По подолго време, бум на берзата.
Позитивните движења на македонскиот пазар на
хартии од вредност, како што информираат
весниците, се должат на акциите на Алкалоид,
Макпетрол, Макстил и на Гранит, кои го доведоа
индексот МБИ 10 до вредност од 1.719,65 индексни
поени, односно пораст од 4,43 отсто. Раст од 0,65
отсто забележа и индексот на јавно поседуваните
друштва, а единствено индексот на обврзниците
падна за 0,02 отсто. Вчера на пазарот на капиталот
беше остварен промет од 12,5 милиони денари, кој
се оствари од 148 трансакции.
Грчкиот мобилен оператор Космоте
објави дека добиле повеќе обврзувачки понуди за
купување на операторот Космофон во Македонија.
Во кусата објава од Космоте, пренесена во
весниците, не откриваат кои се понудувачите и не
даваат понатамошни детали освен дека
компанијата ќе издаде ново соопштение по
потпишувањето на продажниот договор. Сепак, ова
следи по јавните објави на најголемиот турски
мобилен оператор Туркчел, на Телеком Словенија и
од турската компанија за фиксна телефонија Турк
Телеком дека доставиле обврзувачки понуди за
Космофон. Туркчел ја доставил понудата преку
својата подружница Белтур, а таа вклучува
купување на 100 отсто од акциите на Космфон и
Германос во Скопје. Претходно, Телеком Австрија
исто така изразуваше заинтересираност за понуда
за купување на македонската компанија.
Цените на индустриските производи во
февруари, во однос на истиот месец лани се помали
за 5,1 процент, покажуваат податоците на Заводот
за статистика. Најголем пад на цените на годишно
ниво е забележан кај нафтените деривати, за 33
проценти, и во преработувачката индустрија, за
девет проценти. Во однос на претходниот месец,
пак, најголемо намалување на цените е
забележано во производството на основни метали
за 14 %, во производство на хартија за 16 %, а во
делот на градежништвото е забележан пад од шест
проценти. Причина за ваквиот пад на цените е
намалената побарувачка од странските партнери.
Статистиката на ЕУ покажува дека индустриско
производство во Унијата во декември 2008 година
е помало за 10 % во однос на јануари истата
година. Македонија извезува 63 % во Европската
унија и зависи од тамошното производство.
Александар Панов, директор на Макстил, кој е
најголем извозник од металуршките компании, за
Време изјавува дека цените на ламарината во
февруари во однос на минатиот месец се намалени
од 10 до 15 проценти. - Се обидуваме да ја следиме
конкуренцијата, но импутите за сега не ни
дозволуваат да одиме подолу со цените. Но, се
обидуваме, се бориме. Сега се менува структурата
на работење. Се бара поприспособливо,
поенергично да се настапи на пазарот. Co почести
контакти со нашите партнери, треба да најдеме
заеднички решенија за да излеземе од проблемот,
објаснува Панов.
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
23
Data 29.12.2008 broj 55 берзНИК
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI VO NEDELNICITE
OD 8.03 DO 14.03.2009 g. PONEDELNIK-SABOTA
ГЛОБУС
с.12 РАЗМНОЖУВАЊЕ НА ПАРИТЕ ВО ИНКУБАТОРОТ НА
ГРУЕВСКИ
Владата вели дека ќе инвестира 150 отсто од БДП на Македонија во
текот на следните седум години. Во меѓувреме, другите земји, како што
е, на пример, Германија, инвестира не повеќе од 10 отсто од БДП
Македонија влезе во 2009 година со силен страв од економските
земјотреси што ја очекуваат. Главно, поради светските случувања, но и
поради сериозната дефицитарност на добри и ефективно ситуирани еко-
номски потези на домашната владина екипа.
с.15 ПЛАН БЕЗ КРЧМАР
Глигор Бишев од Стопанска банка најави дека годинава банките
планирале помалку, а не повеќе пари за кредити...
Што велат банкарите на сето ова? Од нивна страна нема конкретна
изјава, но првиот човек на Стопанска банка, Глигор Бишев, неодамна, во
друг контекст, ре-че дека нема да се остварат банкарските проекции за
кредитен раст од 28 насто.
ФОКУС
с.10 НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА ЌЕ НИКНЕ ТОГАШ, КОГА ДУНАВ
ЌЕ ТЕЧЕ НИЗ МАРИОВО!?
И ,нуклеарната, идеја изгледа има пропаганден карактер. Власта и
експертите божем сериозно деба-тираат, колку да остават впечаток дека
нешто сепак се работи. Проблемот е во тоа што Македонија се повеќе го
зголемува увозот на електрична енергија. Дури и да ги имаме сите
предуслови за нејзино градење, нукле-арната централа би почнала да
работи дури после 20 години. Прашањето е, имено, што правиме до
тогаш?
с.18 ИНВЕСТИТОРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА БЕГААТ, A МИЛИЈАРДИ
ЕВРА ВО AЛБАНИЈА СЕ ВЛОЖУВААТ
Bo истата година, 2008 кога редица инвеститори или ги откажаа или ги
одложија своите проекти во Маке-донија, и во 2009 г., кога премиерот
Груевски признава дека странските инвеститори срамежливо ќе
инвестираат во нашата земја, поради глобалната финансиска и
економска криза, Албанија потпиша неколку крупни инвестициски
договори, вредни околу 5 милијарди евра! Еден од најважните докази
дека во Македонија и Србија причината за падот на стран-ските
инвестиции не е глобалната криза, туку полити-чкиот ризик, е Црна
Гора, тврди аналитичарот Сем Вакнин.
КАПИТАЛ
с.10 ТРОШЕЊЕТО HA ДРЖАВНИТЕ ПАРИ ЗАДАВА
ГЛАВОБОЛКИ HA НБМ
Наглото повлекување пари од сметката на државата во Нородната банка
на Македонија на крајот од минатата година, е една од причините за
големиот притисок врз курсот на денарот поради што НБМ мораше да
акумулира денари, па и да троши евра од девизните резерви. Според
анализите на централната банка, во ноември е остварен буџетски
дефицит од 3,3 милијарди денари, што е сосема различно од трендот во
првите три квартали од 2008 година.
с.22 ОД КАДЕ 8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА?!
Мега-планот на Владата за инвестирање на осум милијарди евра во
капитални проекти до 2016 година во суштина е добар. Но, главен
проблем е неговата реализација. Посебно што се предлага во време на
светска финансиска криза, поради која меѓународните финансиски
институции, банките и земјите- кредитори станаа скржави и себични, а
инвеститорите резер-вирани. Тромавата и неаручна државна
администра-ција, пак, се детектира како голема пречка за брзо,
навремено и ефикасно спроведување на сите тендери и проекти за
изградба на електроцентрали, гасовод, Коридорите 8 и 10, регионални и
локални патишта, водоводи...
с.26 НИ ДЕВАЛВАЦИЈА НЕ ЈА СПАСУВА МАКЕДОНСКАТА
ЕКОНОМИЈА
Шпекулациите за девалвација во последно време стануваат погласни од
уверувањата на политичките и економските лидери дека девалвација
немо да има. Но, се потешкото одржување на стабилноста на денарот е
реалност и манифестација на болеста на македонската економија-
неконкурентност и непре-структуираност. Дали девалвацијата е терапија
со која ќе се излекува оваа болест, се чини е прашоње на кое одговорот
не сакаме да си го признаеме.
с.30 ФИРМИТЕ ПОЧНАА ДА КАСТРАТ ПЛАТИ И ДА ОТПУШТААТ
РАБОТНИЦИ!
Македонските компании погодени од кризата почнаа да отпуштаат
работници и да намалуваат плати, со цел да ги намалат трошоците во
услови на намален обем на работа. Државниот завод за статистика
покажа дека извозот во јануари е намален за 43,9%. Мена-џерите на
најголемиот дел компании се плашат дека ќе треба да ги ревидираат
направените проекции за обемот на работа годинава Владата има уште
многу малку време да интервенира, ако сака да ја спречи страшната
економска криза што и се заканува на Македонија
с.35 РУСКИОТ ГАС СТАНА НЕСИГУРЕН ЕНЕРГЕНС
Иако март сигурно нема да биде студен како јануари, очигледно е дека
примирјето помеѓу Русија и Украина беше краткотрајно и дека е на
видик нова гасна војна. Земјитепотрошувачи бараат кроткорочен спас во
изградба на складишта за гас, а долгорочен во алтернатибни гасоводи.
Македонија нема услови за да складира гас, но прави студија за нови
гасоводи
с.40 ИНВЕСТИТОРИТЕ ОЧЕКУВААТ ЛОША ГОДИНА
Обемот на тргување на Македонска берза и индексот МБИ 10
продолжуваат да паѓаат. Анали-тичарите велат дека причината за тоа е
целосното пресликување на случувањата од светските берзи, кои се во
мораториум после хоророт што го предизвика глобалната економска и
финансиска криза на тие пазари. Но, главната причина сепак лежи во
очеку-вањата на инвеститорите кои се многу песимистични кога сганува
збор за Македонија и за 2009 година
ФОРУМ
с.9 АЛКАЛОИД ГО ОТВОРИ ИНСТИТУТОТ ЗА РАЗВОЈ И
КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
Најголемата фармацевтска компанија во земјава и еден од најголемите
извозници денес го пушти во употреба својот Институт за развој и
контрола на квалитет. Во Институтот се вложени 8 милиони евра,
најголемиот дел сопствени средства на компанијата, a се протега на
1.500 квадратни метри.
с.33 КРВАВА НЕДЕЛА
Македонска берза – минатата недела
Главниот проблем во моментов е неизвесноста. Големата неизвесност ги
оневозможува инвеститорите да донесат разумна процена на ризикот и
ги прави дополнително несигурни во поглед на донесувањето на своите
инвестициони одлуки.
с.34 ШТРАЈК НА КУПУВАЧИТЕ
Светски берзи - минатата недела
Каде е излезот? Во довербата. После дождот изгрева сонце, па тaкa и
по овој надолен тренд на потро-шувачката, БДП, цените на акциите и
куќите, мора повторно да има нагорен тренд, кој ќе започне кога кај
потрошувачите ќе се врати вградената човеч-ка верба во посветла
идниа, па ќе може да проработи нагонот за себезадоволување и
докажување пред дру-гите преку трошење
с.43 МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ БУДАТ
Co вложување во опрема, квалитетни кадри, брендирање на своите
производи и со користење на другите маркетиншки алатки, денес
македонските компании ја имаат последната шанса да се позици-онираат
на пазарот и да работат на одржување на таа позиција. Во спротивност,
во блиска иднина ќе бидат згазени од странските, пред се од
регионалните компании.
24
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
берзНИК broj 55 Data 29.12.2008
НЕДЕЛАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА...
И
ако почетокот на минатата недела навестуваше мал промет и
повторно опаѓање на цените на акциите, сепак ситуацијата која
настана во петокот покажа дека сеуште постои оптимизам помеѓу
инверститорите. Македонската берза на хартии од вредност ја
заврши неделава со вкупен неделен промет од 69,849,783,12
денари, при што најголемо учество имаше акцијата на Комерцијална
банка со промет на неделно ниво од 13,8 милиони денари.
Во однос на движењето на домашните индекси, неделава беа
забележани многу осцилации и промени. Македонскиот индекс на
десетте најликвидни компании ја започна неделава со
катастрофален пад на својата вредност во понеделникот кога изгуби
3,99 проценти. Кон средината на неделата настана промена и МБИ
10 почна да расте, завршувајќи во петокот на неверојатни 4,43
проценти во зелената зона. Главните виновници за ваквиот раст беа
акциите на Макстил, Гранит, Комерцијална банка и Алкалоид кои
достигнаа пораст на својата вредност дури и до 10 проценти.
Останатите два индекси, МБИД и индексот на обврзниците имаа
слично движење со тоа што во петокот покрај МБИ 10, раст
забележа и индексот на јавно поседуваните друштва, додека пак
ОМБ забележа незначителен пад од 0,02 проценти.. .
Вкупниот неделен промет на нашата берза изнесуваше 69,8
милиони денари, од кој поголемиот дел се реализира на
Официјалниот пазар во вредност од 54,5 милиони денари додека
остатокот од15,3 милиони денари беше реализиран на Редовниот
пазар. Најтргувани акции во текот на неделава беа акциите на
Комерцијална банка кои остварија промет од 13,8 милиони денари
што претставуваше околу 20 проценти од вкупниот остварен промет
на пазарот. Втора според висината на прометот е Македонски
Телеком со промет од 5,25 милиони денари, а тука некаде се најде
и акцијата на Жито Вардар Велес со остварен промет од 5,15
милиони денари. На неделно ниво најголем раст доживеа акцијата
на Жито Вардар Велес со пораст од дури 17,65 проценти. Најниската
цена за оваа акција во последниов период изнесуваше 1,700,00
денари, меѓутоа во четвртокот се истргува по цена од 2,000,00
денари.
Местото на најголем губитник неделава и припадна на акцијата
на Вардар осигурување Скопје чија цена се спушти на 5,000,00
денари при тргувањето во петокот што претставуваше пад од 96,97
проценти кај оваа акција. Ваквите позитивни вибрации на
македонскиот пазар на капитал секако проструија од движењата на
светските берзи. Имено, иако акциите на Вол Стрит ја отворија
неделата во минус, сепак кон средината на седмицата ситуацијата
се промени по што следеше тридневен раст на акциите, меѓу кои
голем пораст забележаа акциите на технолошките компании.
Европските индекси генерално се движеа во позитивна насока
иако во понеделникот и тие се наоѓаа во црвената зона. Во петокот
лондонскиот ФТСЕ се наоѓаше во позитива, со пораст од 1,79
проценти, германскиот ДАКС порасна за 1,49 проценти, а
францускиот ЦАЦ 40 забележа раст од 2,01 процент.
Берзата со
позитивни вибрации
-Европската банка за обнова и развој
(ЕБОР) по трет пат ја прогласи
Комерцијална банка и и додели специјална
награда за најактивен учесник од
Македонија во Програмата за надворешно
трговско финансирање. Со тоа уште еднаш
се потврди долгогодишното присуство и
придонес на Банката во надворешната
трговија преку успешната поддршка која
Комерцијална им ја дава на своите клиенти.
Свечената церемонија се одржа во Лондон,
во конкуренција на повеќе банки учесници
во Програмата за финансирање на
надворешната трговија во Европа, преку
која се остварува годишен промет од 4,8
милијарди евра.
Европската банка за обнова и развој ја
прогласи 2008 година за една од
најуспешните во спроведување на
Програмата за надворешно трговско
работење во која се вклучени повеќе од 200
банки од 17 земји.
ЕБОР ја награди Комерцијална банка за најдобра
УНИ Банка минатата година ја
заврши со добивка од 97,28 милиони
денари, а пораст е регистриран во
сите сегменти на работењето.
Вкупните банкарски приходи
изнесуваат 1.324 милиони денари што
претставува пораст од речиси 40 отсто
во споредба со 2007 година, додека
на нето-основа порастот на приходите
изнесува 22,19 насто. Нето каматните
приходи за лани се зголемени од 348
милиони денари на 439 милиони
денари или за 26 проценти.
Вкупните приходи од курсни разлики
изнесуваат 403,8 милиони денари и се
за дури 85,61% поголеми од 2007 што
доведува и до пораст на нето-
приходите од курсни разлики од
15,37%,
- Овие резултати се показател на
квалитетот и успешната стратегија
која ја применуваме во изминативе
неколку години. Податок што најмногу
ни значи е прогресивното
зголемување на бројот на клиентите.
Продолжуваме со истото темпо и во
иднина - вели Коста Митровски,
претседател на УО на УНИБанка.
УНИ банка со добивка од
97,28 милиони денари
Поранешниот државен ревизор Драгољуб
Арсовски е назначен за претседател на
Управниот одбор на ТТК банка. Ваква
одлука донесе Надзорниот одбор на
банката откако претходно била добиена
согласност од НБМ. Арсовски во својата
кариера извршувал повеќе раководни
функции.
Драгољуб Арсовски
прв човек на ТТК банка
Доследни на мисијата за поддршка на
македонското стопанство, Прокредит банка
продолжува со активно кредитирање на
бизнисите. Под мотото, Прокредит банка е со
Вас, банката објавува дека и во оваа
специфична година ќе пружи силна поддршка
на претприемачите со бизнис кредити под
поволни услови. Кредитите се исплаќаат
според вообичаената брза и едноставна
процедура, со фиксна каматна стапка за
кредити со рок на отплата до пет години, a
залогoт e флексибилeн.
-Прокредит банка има поинаква бизнис
ориентација од останатите комерцијални
банки и нема да потфрлиме пред
одговорноста да ги поддржуваме малите
бизниси, кои претставуваат над 80% од
вкупното кредитно портфолио и на тој начин
да го поддржиме економскиот развој на
Македонија. Прокредит е цврста и здрава
Банка и има доволен капитал за да ги
кредитира претпријатијата, истакна
генералниот директор на банката, Јованка
Јолеска Поповска. Прокредит банка минатата
година одобри 24.000 кредити, од кои
најголемиот дел, над 80 отсто, беа исплатени
нa мали и средни претпријатија. Таа е една од
најбрзо растечките банки во земјава. Бројот на
клиенти заклучно со месец февруари 2009г.
достигна 150.000.
ПроКредит банка е со вас
- Телеком Словенија во Атина ја достави
понудата за купување на 100 отсто од акциите
на Космофон, вториот по големина мобилен
оператор во Македонија.
- Телеком Словенија, еден од трите најдобро
втемелени телекомуникациски оператори во
Југоисточна Европа, со ова продолжува да ја
реализира својата стратегија за проширување.
Оваа компанија е веќе присутна на
македонскиот пазар преку Он нет, вториот по
големина интернет провајдер во државата.
Филијалите во Косово, Босна и Херцеговина и
Албанија се исто така успешни во регионот.
Преку 50 отсто сопственост на гибралтарскиот
национален оператор Гибтелком, Телеком
Словенија остварува успех и надвор од
регионот, се вели во соопштението до
медиумите од Телеком Словенија.Доколку
купувањето заврши во корист на Телеком
Словенија, како што стои во
соопштението, дејствувањето на македонскиот
пазар ќе се комплетира и групацијата ќе може
да понуди целосен опсег на телекомуникациски
услуги.
Телеком Словенија достави понуда за купување на Космофон
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI
25
Data 16. 3. 2009 broj 65 берзНИК
NEDELEN PREGLED NA MAKEDONSKA BERZA
za period od 9.03. - 13.03. 2009 godina
PREGLED ZA NAJTRGUVANI AKCII NA OFICIJALEN PAZAR
VKUPEN PROMET NA MAKEDONSKATA
BERZA AD SKOPJE
U^ESTVO NA ODDELNI PAZARNI
SEGMENTI VO VKUPNIOT PROMET
10 NAJTRGUVANI HARTII OD VREDNOST
NA OFICIJALEN PAZAR
26
OFICIJALEN PAZAR ZA PERIOD OD 9. 03. D0 13. 03. 2009
берзНИК broj 65 Data 16. 3. 2009

You're Reading a Free Preview

Download
scribd
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->