Конференција (G)local 2.

0 Мај 2008
Мојот блог е моето резиме... или не?
Дали компаниите за човекови ресурси во Македонија ја ценат
активноста на Интернет на кандидатите за работа?
Марија Костовска
Магистерка по родови студии
Универзитет во Сараево
Новица Наков
Слободен софтвер Македонија
Резиме
Младите луѓе се доминантните корисници на најголемиот дел од социјалниот софтвер што
постои. Ова е случај и со Македонија. Сѐ повеќе луѓе секој ден отвораат свои блогови или
други сметки за пристап до разни социјални софтвери каде што објавуваат информации што
се лесно достапни до јавноста.
Истата група на луѓе се соочува со предизвикот да најде работа по дипломирањето. Оваа
задача е особено тешка во македонската неразвиена економија. Од скоро, агенциите за
вработување, како и кадровите одделенија во големите компании, почнаа да играат
поголема улога во општиот лов по работни места во Македонија. Сé повеќе луѓе добиваат
понуди за работа преку ваквите агенции и се наоѓаат пред предизвикот на исполнување на
високите услови на пазарот на работна сила.
Во ова пилот истражување ние се обидуваме да откриеме дали овие две активности некаде
се среќаваат, и ако да, кои се последиците. Истражувањето беше спроведено преку
интервјуа со менаџерите/ките за човекови ресурси во локалните компании, како и други
професионалци чија работа е да пронајдат кандидати со потребното работно искуство и
соодветно образование и минато.
Се обидовме да дознаеме дали луѓето кои во Македонија регрутираат кадри знаат доволно
за социјалниот софтвер, кој веќе е дел од секојдневниот живот, и дали го сметаат за вреден
ресурс во оценувањето на вештините, знаењето, верувањата и ставовите на луѓето.
Овие прашања може да бидат важни за новите генерации кои ја имаат можноста да ги
поврзат својата присутност на интернет и универзитетското образование. Токму поради тоа
се обидовме да добиеме слика за тоа каква е ситуацијата денес и што може да се очекува
во иднина.
За авторите
Марија Костовска е магистерка по родови студии од Универзитетот во Сараево. Нејзината
магистерска теза е: Gender roles in on-line gaming communities.
Пред да оди да студира во странство работеше во AIMS Human Capital, компанија за
човекови ресурси од Скопје.
Контакт: marija.kostovska@gmail.com
Новица Наков промотер на слободен софтвер и слободна култура.
По досадната дневна работа, слободното време го минува во промовирање на слободата во
дигиталниот свет.
Тој е дипломиран економист од Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.
Контакт: nnovica@gmail.com
Ова дело е достапно под лиценца CreativeCommons Attribution-ShareAlike 2.5 Macedonia. За
повеќе информации видете: http://creativecommons.org/licenses/by-sa/2.5/mk/

Забелешка за читателите: Текстот оригинално е пишуван на англиски јазик. При преводот на
македонски јазик се соочивме со родовата ненеутралност, односно пристраност на нашиот
јазик. Се обидовме текстот да го преведеме во родово неутрален манир, и доколку имаме
одредени пропусти би сакале однапред да се извиниме.

СОДРЖИНА
1. ВОВЕД................................................................................................................................4
1.2. ЗОШТО ОВА ИСТРАЖУВАЊЕ, ИЛИ РЕЛЕВАНТНОСТ НА БЛОГОВИТЕ......................................................4
2. ДЕБАТАТА НА ИНТЕРНЕТ..........................................................................................................5
3. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕ.............................................................................................6
4. РЕЗУЛТАТИ...........................................................................................................................7
4.1. ЗАПОЗНАЕНОСТ СО ПОИМОТ СОЦИЈАЛЕН СОФТВЕР.........................................................................7
4.2. ЛИЧНА И ПРОФЕСИОНАЛНА УПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛЕН СОФТВЕР......................................................8
4.3. МОМЕНТАЛНА УПОТРЕБА НА ИНТЕРНЕТ ЗА РЕГРУТИРАЊЕ................................................................8
4.4. РЕЛЕВАНТНОСТ НА БЛОГОВИТЕ НА КАНДИДАТИТЕ..........................................................................9
4.5. ОЧЕКУВАЊА ЗА ИДНИНАТА.......................................................................................................10
5. ЗАКЛУЧОК..........................................................................................................................10
6. БИБЛИОГРАФИЈА...................................................................................................................11

1. Вовед
Многумина велат дека блоговите се само за забава и веројатно има многу вистина во тоа.
Сепак, со самото тоа што секојдневно се зголемува бројот на луѓе кои отвараат блогови или
се приклучуваат на други заедници на Интернет, дури и во Македонија, станува важно
прашањето за искористувањето на овие ресурси.
Друго важно прашање во Македонија е трката по работни места. Многумина велат дека во
тоа нема ништо забавно. Пазарот е мал, а критериумите се високи. Наоѓањето работа не е
подеднакво лесно како отварањето нова сметка на Интернет. Но, без сомнеж сите
универзитетски дипломци мора да се соочат со овој предизвик.
Прашањето што е пред нас е едноставно и можеби контроверзно: дали некој работодавец ќе
се двоуми да вработи кандидат/ка кој/а на интернет пишува за теми кои не му се допаѓаат
нему/неа? Блоговите се одлични алатки за себе промоција и можат да се користат за градење
на јавната слика на авторот/ката. Истовремено, има многу отворени прашања, највеќе за
кредибилитетот и идентитетот на авторите/ките.
Имајќи на ум дека активностите за вработување се регулирани со цел да се спречи
дискриминација, се обидуваме да откриеме дали новите технологии отвараат нови
перспективи за работодавците и потенцијалните кандидати/тки, тука во Македонија.

1.2. Зошто ова истражување, или релевантност на блоговите
Во последните неколку години блоговите и другиот социјален софтвер експлодираа во
Македонија. Ова највеќе се должи на отварањето на локалните платформи за блогирање, како
што е http://blog.com.mk, и секако поради зголемената пенетрација на Интернет во истиот
период.
По некое време, блогерите/ките започнаа да зборуваат за нивната важност во општеството,
нивната улога како медиуми, нивните права како новинари и така натаму. Една невладина
организација организираше и конференција за блоговите и блогирањето. И додека во секоја
пригода се дискутираше на различни теми, сметаме дека доминантна дебата беше онаа за
себе-промоција и фактот дека блоговите овозможуваат лесно еден човек да покаже колку е
добар во некоја работа.
Затоа одлучивме да видиме дали некој всушност ги погледнува блоговите (и другиот
социјален софтвер) кога станува збор за нешто важно. Во случајов тоа е вработувањето.
Имало случај, кога некој во Македонија добил понуда за работа поради неговиот блог. Но

стр. 4 од 11

сепак еден случај не докажува ништо, и затоа ова истражување.
Најголеми корисници на социјалниот софтвер се младите луѓе – студенти/ки и
средношколци/ки. Истата група луѓе се соочува со предизвикот на пронаоѓање работа во
тромавата македонска економија. А од скоро, позначајна улога на овој пазар почнаа да имаат
и компаниите за човекови ресурси.
Сакавме да дознаеме дали луѓето како резултат на нивните активности на Интернет ќе бидат
во предност или токму спротивното, ќе претрпат некаква штета кога бараат работа. Ако било
кој од овие можни ефекти се покаже како точен, тогаш луѓето ќе треба да инвестираат повеќе
во своите блогови и други активности на мрежата. Ако не, тогаш би требало да откриеме
дали блоговите не се важни само во овој момент, и дали работодавците мислат дека ќе бидат
важни во иднина.

2. Дебатата на Интернет
Се разбира, прашањето кое сакаме да го истражиме не е ново и за него веќе нашироко се
дебатира на Интернет. Имало случаи кога луѓе ја изгубиле својата работа поради својот блог.
Во англискиот јазик дури има и збор за тоа „dooced“. Во САД, „повеќе од половината од сите
работодавци користат некаков тип на технологија за пребарување на интернет, вклучувајќи ги
и сервисите за социјално вмрежување како FaceBook и MySpace“ - според NACE 1 и
„советниците за кариера ги предупредуваат студентите/ките да бидат дискретни со
информациите кои ги објавуваат на мрежата“ (Humphries, 2007).
Еден од честите примери за дискусија на интернет на оваа тема е замислената ситуација во
која „таа/тој што интервјуира бара да ги види фото-албумите на кандидатите/ките“ (Abasolo,
2008) и/или други приванти информации како сексуална ориентација, религиски верувања,
дури и дали кандидатот/ката користи дроги. Секако, во „оф-лајн“ животот ова не е дозволено
и е забрането со закони2 кои спречуваат дискриминација на пазрот на труд. Сепак, многу од
овие информации се лесно достапни на целата јавност, вклучувајќи ги и работодавците,
Благодарение на блоговите и страниците како Facebook и MySpace каде луѓето доброволно ги
објавуваат истите информации.
Дебатата на Интернет укажува на причини за и против работодавците да бараат информации
1
2

Националната асоцијација на колеџи и вработувачи е создадена во 1956 година и претставува водечки извор на
информации за вработување на дипломци од разни полиња. За повеќе информации посетете ја следната страна:
<http://www.naceweb.org/about/default.htm>
Во моментот на пишување на овој текст Македонија беше во очекување на нов, построг закон што требаше да им ги врзе
рацете на работодавците при правењето интервјуа, со цел да се спречи дискриминацијата.

стр. 5 од 11

за кандидатите/ките на страниците за социјално вмрежување. Очигледната причина против е
дека профилите на овие странци едноставно не се резимеа. Тие можат да содржат неточни
информации. Ретко има проверка, па така некој/а еден/а може да се претставува како друга
личност. Исто така, луѓето често објавуваат информации на интернет „за да се прикажат себе
си онака како што сакаат да бидат гледани, а не онакви какви што навистина се“ (Fish, Lee,
2008). Потоа, тука е прашањето за потенцијални казни ако на работодавецот не му се
допаднал профилот на кандидатот/ката што него го идентификувал како „вегетаријанец,
демократ и атеист што ужива во плетење на кошници“ (Fish, Lee, 2008). Причините за, ја
покажуваат спротивната стрна на дебатата – барем за некои професии. Да го цитираме истиот
текст:
Вработените во продажба, односи со јавност и кориснички услуги служат како
преставници на компаниите во кои работат. Затоа работодавците имаат легитимен
интерес да се осигураат во тоа потенцијалните работници да не ја посрамотат
компанијата.
(...) На пример, кога најмувам писател/ка, повеќе би одбрал некој/а што има блог (под
претпоставка дека добро пишува), отколку некој/а што нема, дури и ако не се
согласувам со мислењата кои се таму напишани.
Последното е најмногу точно меѓу другото и за професии како што се програмирањето,
дизајнирањето и фотографирањето.
Исто така, тука е и прашањето за заштита на компанијата преку избегнување на кандидати
кои можат да предизвикаат проблеми. Под претпоставка дека информациите на Интернет се
точни, работодавците можат на пример да ги елиминираат кандидатите/ките кои се насилни,
имале проблем со претходниот работодавец или имаат лоша репутација меѓу колегите/шките.
Очигледно, постои тенка линија која може да се премине во двата правци. Новите технологии
го олеснаа процесот на компромис помеѓу професионалната посветеност и личните ставови.

3. Методологија на истражување
Целта на ова истражување е да се дознае дали македонските работодавци знаат доволно за
новиот социјален софтвер и дали го сметаат истиот за значаен ресурс во оценување на
вештините, знаењето, верувањата и ставовите на луѓето кои конкурираат за работни места.
Ова емпириско истражување беше спроведено помеѓу менаџери/ки за човекови ресурси во
локалните компани, како и други професионалци чија работа е да бараат кандидати/ки со
потребно работно искуство. Критериумот според кој се одбираа компаниите за човекови
ресурси беше фрекфенцијата на вработувања т.е. активноста на компанијата. Овој критериум
стр. 6 од 11

беше употребен и при изборот на другите компании, но и големината на компаниите играше
значајна улога. Истражувањето беше спроведено преку полу-структурирани интервјуа. Оваа
форма овозможи дознавање на конкретни информации за дадената тема, но истовремено им
даде доволно слобода и флексибилност на соговорниците/чките за тие да можат да го
искажат своето мислење. Прашалникот се состоеше од четири дела. Секој од нив се
однесуваше на различен аспект од темата. Првиот дел ги истражува квантитативните
информаци за структура на можните работници/чки. Вториот го истражува знаењето на
соговорникот за социјалниот софтвер, како и неговото искуство со истиот. Третиот и
четвртиот дел од прашалникот го истражува ставот/односот на компанијата кон новите
технологии и нивната експлоатација на социјалниот софтвер.
За ова истражување беа контактирани вкупно 12 компании: 6 компании за човекови ресурси,
4 телекомуникациски компании, 1 софтверска компанија и 1 маркетинг агенција. Од нив,
седум (5 за човекови ресурси и 2 телекомуникациски) компании прифатија да бидат
интервјуирани. На крајот успеавме да направиме шест интервјуа, бидејќи една од
компаниите за човекови ресурси не можеше да се состане со нас во дадениот распоред.
Соговорниците/чките во компаниите беа менаџери/ки кои истовремено се одговорни за нови
вработувања, или менаџери/ки за човекови ресурси и луѓе вработени во кадровите
одделелија.

4. Резултати
Со оглед на тоа дека примерокот беше прилично мал и според тоа нерепрезентативен,
добиените податоци не може да се генерализираат. Информациите кои ќе се презентираат
може да се сметаат само како трендови и основа за понатамошни истражувања на оваа тема.
Истражувањето беше направено помеѓу регрутери/ки на работници кои се од некоја
компанија за човекови ресурси или пак од комапнија која има свој оддел за човекови ресурси.
Важно е да се спомене дека постои значајна разлика помеѓу практиките за регрутирање
помеѓу првите, кои воглавно ги следат желбите и барањата на своите клиенти, и вторите кои
имаат сопствени строги правила. Презентираните податоци се групирани и имињата на
компаниите не се користени при презентирањето на специфичните информации.

4.1. Запознаеност со поимот социјален софтвер
На речиси сите соговорници/чки, со исклучок на две личности, не им беше познат терминот
„социјален софтвер“. По презентирањето на дефиницијата/објаснувањето тие заклучија дека
тие го знаат под друго име (социјално вмрежување) или дека имаат површно познавање за
стр. 7 од 11

истиот. Во прашалникот имаше запишано повеќе примери за социјален софтвер (блогови,
LinkedIn, Facebook, My space, Flickr, Del.icio.us) кои помогнаа во објаснување. Некои од
соговорниците/чките ги препознаа апликациите што ги користат, но не знаеја дека истите
спаѓаат во групата на социјалниот софтвер.
Истовремено, речиси сите соговорници/чки веруваа дека новите технологии можат да им
помогнат во нивната работа. Едно од прашањата кои ги сметаа за важни беше фактот дека
интервјуата лице в лице со кандидатот/ката понекогаш не се доволни за да се приберат сите
информации, и дека ако е можно тие би користеле некаква технологија за да ги откријат
деловите кои недостасуваат. Двајца од соговорниците/чките посебно го нагласија новиот
закон против дискриминација (споменат погоре) што, барем во теорија, ќе ја попречи
работата на оние кои регрутираат и со тоа ќе ги сврти кон алтернативните начин за
прибирање информации за кандидатите/ките.

4.2. Лична и професионална употреба на социјален софтвер
Двајца соговорници/чки потврдно одговорија на прашањето за користење на социјален
софтвер. Двајцата/Две користеле LinkedIn за професионални цели, а за лични My Space и
Facebook. Еден од соговорниците/чките, кој лично не користи ниедна апликација, ги
поттикнува вработените да користат LinkedIn како примарна база за пронаоѓање
кандидати/тки. Ниту еден од соговорниците/чките нама сопствен блог. Тие исто така не ги
следат блоговите на вработените, или барем не редовно. Двајца од соговорниците/чките
сметаат дека блоговите се приватни, и ако читаат блог на некој вработен тогаш тоа е поради
забава. Ниту еден од нив не размислувал да ја контролира содржината на блоговите или да
проверува дали на нив е пишувано за време на работниот ден. Некои дури и наведоа дека не е
важно што или кога вработените прават сѐ додека тоа не им пречи во нивните работни
обврски. Сето ова на некој начин е охрабрувачко.

4.3. Моментална употреба на интернет за регрутирање
Сите соговорници/чки користат печатени медиуми за рекламирање на работни места, и
моментално тоа е најефикасниот начин за прибирање на пријавите на кандидатите.
Корпоративните интернет страници се уште едно место каде компаниите објавуваат огласи за
вработување. Во последната година се појавија неколку локални сервиси за огласи на
работни места што компаниите исто така ги користат. Овие сервиси се достапни на следниве
адреси:

http://www.najdirabota.com.mk,

стр. 8 од 11

http://www.vrabotuvanje.com.mk,

и

http://www.tendernik.com.mk. Еден од соговорниците/чките го користел LinkedIn како сервис
за огласување на работно место, но тие нагласија дека бројот на кандидати кои се пријавиле
бил помал од оние што се пријавиле на огласите во печатените медиуми. Но и покрај тоа,
огласот на LinkedIn, тие го сметаат за корисно истражување на новите можности.
Друга компанија има сопствена Интернет апликација што ја користат за комуникација со
кандидатите. Речиси сите комапнии имаат посебна адреса за е-пошта што исклучиво се
користи за примање на апликациите на кандидатите.

4.4. Релевантност на блоговите на кандидатите
Кога станува збор за регрутирање на нови кандидати/ки, еден од соговорниците/чките
истакна дека содржината на блоговите на потенцијалните кандидати/ки може да има важна
улога во процесот на вработување. Според овој соговорник/чка, имањето на блог што
поддржува одредена политичка партија може да влијае на процесот на избор, ако тоа не е во
согласност со барањата на клиентот. Едноставно речено, блог против пушењето на цигари
може да биде добра причина за дискфалификација на кандидат/ка кој се пријавил за работа во
тутунска компанија. Ако ги прашате работодавците, горното се смета за конфликт на
интереси и тоа може да биде прашање што ќе влијае на работната атмосфера во компанијата.
Сепак, иако блоговите можат да бидат корисни алатки за откривање на информации, сите
соговорници сметаа дека проверувањето на блоговите на потенцијалните кандидати/ки
одзема многу време.
Тројца соговорници/чки го поставија прашањето за кредибилитетот и идентитетот на
Интернет, и според тоа на блоговите и другите лични места на Интернет. Нивните зборови
беа дека се загрижени за веродостојноста на презентираните информации поради повеќе
прочини: не можат да бида сигурни кој пишува ако тоа е анонимно, загрижени се за
погрешно претставување, или барем не знаат како да ја проверат точноста на информациите,
и не можат да бидат сигурни дали тоа што е напишано навистина ги претставува верувањата
и ставовите на авторот/ката или пак е само дел од јавната слика што таа личност сака да ја
прикаже за себе.
Двајца соговорници/чки истакнаа дека тие би ги зеле предвид блоговите или други ресурси
на Интернет за специфични кандидати, и тоа ако станува збор за регрутирање за високи
позиции (тн. head hunting3), во последната фаза на процесот или кога бројот на
3

Тоа е практиката на пристапување на луѓе кои веќе работат во некоја компанија со понуда за работа во друга компанија.
Head hunting најчесто го спроведуваат регрутери/ки вработени во компанија или во агенција за вработување кои водат
евиденција на перфомансите на избраниот персонал. Headhunter-ите најчесто спроведуваат потраги за луѓе кои треба да
работат во извршниот оддел, но тие може да работат и на пониски нивоа ако намерата е одбирање на оние кандидати/тки
со менаџерски потенцијал; <http://dictionary.bnet.com/definition/headhunting.html>

стр. 9 од 11

кандидатите/ките е многу мал.
Од друга страна, оние кои имаат строги процедури за нови вработувања, истакнуваат дека
блоговите и другите лични активности немаат никакво влијание на процесот на регрутирање.

4.5. Очекувања за иднината
Еден од соговорниците/чките истакна дека широката и еуфорична употреба на блоговте и
другите апликации го сведува овој феномен на обичен тренд. Според овој соговорник/чка,
недостатокот на надгледување ја загрозува интелектуалната сопственост на оние кои ги
пишуваат блоговите и на другите автори/ки. Потребата за контрола и професинална
ангажираност беше спомената како еден од условите кои би го промениле нивниот однос кон
социјалниот софтвер. Според нив, ако постои професионален блог со уредник/чка кој ги
проверува сите нови содржини и објавува само професинални текстови, тогаш тоа може да
биде добра основа некој блогер/ка да биде поканет на интервју.
Но и покрај ова, речиси сите соговорници рекоа дека веруваат дека односот кон блоговите ќе
се промени во блиска иднина. Ова верување највеќе е базирано на претходното искуство,
поточно со Интернетот, кој исто така не бил сметан за важен пред неколку години, но сега
речиси ниедна компанија не може да работи без него. Некои од нив исто така сметаат дека
промената ќе се се случи кога македонската блогосфера ќе созрее. Останува да видиме дали
ова ќе се случи.

5. Заклучок
Социјалниот софтвер, а блоговите особено, играат важен дел во секојдневниот живот на
луѓето. Ова секако е вистина за Македонија, како и за останатите држави. Но, посматрајќи ја
оваа тема од аспект на вработувањето, работите не изгледаат толку значајни.
Компаниите кои беа дел од ова истажување, генерално беа скептични кон постојаната
употреба на социјалниот софтвер. Се поставија прашањата за приватноста, идентитетот и
кредибилитетот на Интернет, како и практични прашања поврзани со дополнителниот
работен товар кои регрутерите би го имале доколку би посветувале повеќе време во
истражување на социјалните мрежи. Истражувањето откри дека само една компанија
вработила лице заради негова присутност и активност на Интернет.
Истовремено има и доза на оптимизам. Климата се менува, и уште поважно, луѓето кои
работат како регрутери се отворени кон овие промени. Тешко е да се каже кога блоговите ќе
станат релевантни, но сепак не е прерано за луѓето да почнат да инвестираат во своите
блогови.
стр. 10 од 11

6. Библиографија
Abasolo, D 2008, Employers should not look up Internet profiles, The Battalion Online, University
of Texas, viewed 13 April, 2008,
<http://media.www.thebatt.com/media/storage/paper657/news/2006/06/28/Opinion/Fired.For.Faceb
ook-2118962.shtml>
BNET Business Nwtwork, viewed April 14 2008,
http://dictionary.bnet.com/definition/headhunting.html>
Fish, G & Lee B. Timothy 2008, Employers, Get Outta my Facebook, BusinessWeek Online,
viewed 13 April, 2008
<http://www.businessweek.com/debateroom/archives/2008/03/employers_get_o.html>
Humphries, L 2007, ‘The Impact of Social Networking Tools and Guidelines to Use Them’,
LLRX.com, viewed 13 April, 2008, <http://www.llrx.com/node/1782/>
New Media Center, viewed 13 April 2008, <http://newmedia.org.mk/?page_id=5>
Strategic Marketing and Media Research Institute (SMMRI) Skopje 2007, Internet and Computer
Usage Survey in the Republic of Macedonia, United States Agency for International Development
(USAID). Viewed April 13, 2008,
<http://www.mkconnects.org.mk/new/docs/InternetPenetration2007-ReportENGFINAL.pdf>

стр. 11 од 11