б е р з Н И К - GODINA III - BROJ 75 - 25 MAJ 2009 GODINA (PRILOG NA TENDERNIK

)

www.berznik.com.mk

Транспарентноста се уште
по мерка на сопствениците

Data 75. 05. 2009

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Н

ајпрво, петка од Брисел, потоа пофалби и
воодушевување од Светска банка и на крајот од
неделата наместо шлаг,кисел фил- ни го симнаа
кредитниот рејтинг.
Ова е резимето на она што ја одбележа неделата
гледано низ призмата на економијата. Или редоследно,
работите одеа исто како и во нашата изворна музика, два
чекори напред, и оп, пак чекор, два назад... Најпрво,
петката од Брисел, за која добивме и `поклон`македонските граѓани од 1 јануари 2010 година ќе
патуваат без визи во земјите од шенген зоната во Европа.
-Петката, дадена од Брисел за визната либерализација,
е валорализација за вложениот труд и доказ дека се
исполнети сите потребни критериуми за симнување на
шенгенската бариера, на што Владата веќе подолго време
укажуваше, изјави премиерот Никола Груевски.
- Извештајот од Брисел покажува дека Владата одлично
ја завршила работата. Таквата информација само не
охрабрува да продолжиме да работиме во правец на
целосно завршување на визната либерализација, да се
посветиме на реформите во однос на извештајот што

Кредитниот рејтинг,
четири минус ?

Makedonka Baldazarska
Glaven i odgovoren
urednik na берзНИК
e-mail:
berzNIK@interNIK.com.mk

Македонија треба да го добие од ЕУ во октомври и
препорака за добивање датум за почеток на преговори,
вели Груевски.
По одличната оценка следеше уште едно признание за
напорната работа на Владата: - Импресиониран сум од
посветеноста и добрите политики и начини со кои Владата
се справува со кризата, изјави Руд Треферс, извршниот
директор на Холандската конституенца во Светската
банка и во Меѓународниот монетарен фонд.
Тој изрази задоволство од соработката на Владата со
Светската банка и ја истакна позитивната оценка на
Банката за прогресот во реализацијата на владините
тековни проекти. Ова го потврди со начинот на кој се
координираат активностите и транспарентноста во
справувањето со предизвиците. Посебно беа нагласени
проектите за изградба и модернизација на локални и
регионални патишта и проектите во областа на
енергетиката, како и проектите за условени парични
трансфери и подобрување на услугите на општините, за
кои подготовките се во завршна фаза.
Треферс, патем нагласи дека Светската банка е свесна
дека одговорот на кризата треба да се базира на
флексибилност и во таа насока Светска банка, наводно е
подготвена да и помогне на нашата земја.
И баш кога така почнавме да добиваме признанија дека
сме на вистинскиот пат, да ги надминеме клучните барери
и на патот кон ЕУ и за излез од кризата, ете ти нова
оценка, ама со негативен предзнак. Агенцијата, Фич
рејтингс го потврди рејтингот на Македонија, но ги намали
изгледите за рејтингот на странските и домашната валута
од `стабилна` во `негативна`. Паралелно со ова,
агенцијата ги смени оцените за кредитен рејтинг на ББ+,
за краткорочен рејтинг во странска валута на Б и за
плафонот на земјата на БББ-.
А, за значењето на овие ознаки, секој од свој агол.
-Негативниот изглед на кредитниот рејтинг на
Македонија е одраз на ризикот дека влошувањето во
глобалната економска и финансиска средина ќе наметне

берзНИК

3

поскапи макроекономски приспособувања на земјата, со
оглед на големиот дефицит на тековна сметка, изјави
Ерал Јилмаз, помошникдиректор на независната група,
Имрџинг Јуроп на Фич.
-Кредитниот рејтинг, гледајќи нанапред, на среден рок,
укажува на фактот дека состојбите се влошуваат и за
извесен степен, за малку, се зголемува ризикот на земјата
од евентуално невраќање на средствата, но тоа за
неколку години, уверува министерот за финансии, Трајко
Славески. Тој образложи дека Владата не го потценува
можните ризици, но според последните показатели за
салдото на државните резерви, ситуацијата на девизниот
пазар е стабилизирана.
-Досега, за разлика од претходните месеци, НБРМ, тоа
го слушнавте и од гувернерот, има интервенирано на
девизниот пазар со само 12 милиони евра. Во март
потрошивме 130 милиони евра, почнаа да се намалуваат
износите на интервенции, во април беше 50-тина, сега е
една незначителна сума, рече Славевски и го објаснува
тоа уште посликовито: Тоа значи дека ако ученик има
оценка четворка, професорот може да му ја намали на
четири минус. Нам не ни беше направено тоа, но
професорот дава сигаал дека во иднина може да ја
намали оценката. Значи, Фич го потврди кредитниот
рејтинг на Македонија, но изгледите ги симна на
негативни. Ако се прочита соопштението со кое Фич
известува за оваа своја одлука, недвосмислено
произлегува дека тоа е направено поради влошените
состојби во регаонот и во Европа, предизвикани од
економската и финансиска криза, трди Славески. Според
него, важно за Македонија е што Фич заклучува дека
поради така влошените состојби, макроекономското
приспособување ќе има ќе има повисока цена.
За Славески, влошената оценка на кредитната агенција
не значи загрозување на стабилносга на денарот. Кредитниот рејтинг значи оценка на способноста на
земјата да одговори на своите меѓународни обврски,
односно да ги враќа зајмените средства. За оваа година
никој нема дилема дека земјата која предвреме ги
отплаќаше своите долгови и е една од најниско
задолжените земји со само 96 мидиони евра обврска за
оваа година, ќе може да одговори на своите обврски,
Сепак, кредитниот рејтинг, гледајќи на среден рок, укажува
дека состојбите се влошуваат и за извесен степен се
зголемува ризикот од евентуално невраќање на
средствата во иднина, додава Славески. За него е
нормално оваа оценка да влијае врз барањето и цената
по која ќе се обезбедуваат кредити, но тоа влијание е
маргинално
И додека за Владата ова е сигнал дека ќе се
задолжуваме и раздолжуваме по повисока цена, за
експертите- Македонија тешко ќе закрепне по овој пад на
рејтингот и ќе ни требаат над 30-тина години повторно да
стигнеме до инвестициски рејтинг, кој ни беше на дофат.
Сега на земјава ќе се гледа како на ризична инвестициска
дестинација. Според нив, тежината на симнувањето на
кредитниот рејтинг допрва ќе се почувствува, кога тоа ќе
им ги поремети плановите во поглед на задолжувањата на
земјава надвор. Со ваков рејтинг нема да може каматните
стапки на еврообврзницата да бидат пониски од 8 до 10
отсто. Тоа се истите каматни стапки по кои Владата се
задолжува на домашниот пазар (анализираа дневните
весници). А, со висока камата експертите прогнозираат
дека нашата еврообврзница нема да биде баш примамлив
залак за заемодавачите, на кои толку многу чекаат и
Владата и домашните компании...

До следниот
понеделник

4

берзНИК

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

БЕРЗИТЕ ОД РЕГИОНОТ ВО БЕЛГРАД

На конференцијата 22
компании и 50 инвеститори
Третата по ред инвеститорска
конференција,SEE Regional Capital Markets
Conference во организација на берзите од
Љубљана, Загреб, Скопје, Сараево, Бања Лука,
Подгорица и Белград се одржа на 21 мај во
белградскиот хотел Континентал. На настанот
присуствуваа претставници на 22 компании од
земјите учеснички на конференцијата и околу 50
институционални инвеститори (брокерскодилерски друштва, фондови и банки) од регионот,
како и од Западна Европа. Настанот е
организиран во соработка со Raiffeisen банката од
Белград и Raiffiesen Centrobank од Виена. Покрај
презентациите на издавачите, се одржаат и
повеќе од 100 индивидуални состаноци помеѓу
претставници на издавачите и на инвеститорите.
Целта на Конференцијата е промоција на

регионалниот пазар на капитал и на водечките
регионални издавачи на хартии од вредност, како
и унапредување на односите со инвеститорите за
компаниите кои ќе се претстават за време на
истата.
На оваа инвеститорската конференција во
Белград се претставија и Гранит АД Скопје,
Комерцијална банка АД Скопје и Топлификација
АД Скопје.
Промоцијата на регионалниот пазар на капитал и
издавачите на хартии од вредност се базира на
Маморандумот за партнерство потпишан во
декември 2007 година, во чии рамки, покрај
организацијата на инвеститорски конференции, се
креираат и развиваат заеднички индекси и други
форми на промоција на земјите потписнички на
Меморандумот.

Тарифите на Македонска берзане се менуваат
Комисијата за хартии од вредност на 128-та
седница која се одржа на 18.05.2009 година, а
со која претседаваше Претседателот на КХВ
Марина Наќева Кавракова, не даде согласност
на измените и дополнувањата на тарифата за
висината на надоместоците на Македонската
берза АД Скопје.
Со тоа, КХВ не го прифати барањето на
Македонската берза АД Скопје да се зголемат
дел од надоместоците што таа ги наплатува од
учесниците на пазарот и да се воведат нови
надоместоци за нови услуги. Комисијата смета
дека во услови на светска финансиска криза, со
зголемување на надоместоците дополнително

би се влошила состојбата на пазарот на хартии
од вредност и дестимулативно би влијаело врз
инвеститорите. Исто така, берзата би ја
намалила својата и онака слаба конкурентност
во однос на берзите од регионот.
Комисијата за хартии од вредност донесе
решение за времено отповикување на
согласноста на Стеван Шапчески за директор на
Централниот депозитар за хартии од вредност
АД Скопје во траење од 30 работни дена. Оваа
санкција, Комисијата ја изрече бидејќи била
извршена резервација на хартии од вредност и
порамнување на трансакција врз основа на
невалидно полномошно.

Data 25. 05. 2009

КХВ СО НОВИ РЕСТРИКТИВНИ
САНКЦИИ

Двајца брокери
од Иново Брокер,
останаа без
дозволи

- Комисијата за хартии од вредност
трајно ја одзема дозволата за работење на
двајца брокери вработени во брокерската
куќа, Иново Брокер АД Скопје. Како што
соопшти КХВ, при вонредна контрола на
брокерската куќа, утврдено е дека едниот
од нив внел налог во Бест системот кој не
бил потпишан од страна на клиентот, а
другиот брокер го задржал, со што
извршиле повреда на правилата за
тргување и на Законот за хартии од
вредност.
Комисијата за хартии од вредност изрече
јавна опомена до брокерската куќа,
Илирика инвестментс и нејзиниот директор
поради непочитување Законот за хартии од
вредност и правилата за тргување.
На последната седница КХВ ја задолжи
Публикум АД Скопје во рок од еден месец
да почне постапка пред Комисијата за
добивање согласност за директор на
брокерската куќа и во овој период да
вработи еден брокер или инвестициски
советник.
Решението КХВ го донесе, бидејќи при
вонредна контрола е констатирано дека
брокерската куќа не е кадровски екипирана.
Публикум АД Скопје е веќе санкционирана
од страна на Македонската берза АД
Скопје поради неисполнување на
континуираните услови за членство и од 1.
април годинава брокерската куќа не тргува.

ЕДНА ГОДИНА ОД РЕБРЕНДИРАЊЕТО НА Т-ХОМЕ

Го донесовме она што недостигаше на пазарот
- Т-Хоме одбележа една година од
ребрендирањето, кое според раководството не
значи само менување на бојата и логото, туку
воведување новини и давање повеќе вредност
за потрошувачите.
Според маркетинг директорот Матијас
Ханел, во изминатите 12 месеци се исполнети
ветувањата што ги дале при ребрендирањето,
а тоа се да бидат иновативен лидер, да
обезбедат вредност за парите на
потрошувачите и да понудат квалитет.
-Како што ветивме донесовме поввеќе
возбуда во домовите на нашите корисници. Не
само што овозможивме високо квалитетни
услуги, туку понудивме можност за уживање
во дигитална и интерактивна содржина.Го
донесовме она што му недостасуваше на
пазарот, многу забава во животот на луѓето,
рече главниот извршен директор Николај
Бејкерс.

Според раководството, во изминатата година
од она што е понудено вистинска револуција е
направена со телевизијата и оти пакетот што
се нуди заедно со телефонија и интернет веќе
го имаат прифатено 21.000 корисници.
Корисниците на овој пакет, во спроведено
истражување покажале дека 69 отсто се
задоволни од оваа услуга, а 76 отсто се
изјасниле дека ќе ја препорачаат на пријатели.
Во периодот од една година Македонски
Телеком ја имплементираше новата
корпоративан политика, стандардите и ИТ
технологиите кои беа најавени при
објавувањето на процесот на реберендирање.
Продуктното портфолио беше подобрено и
збогатено, овозможувајќи им на
корисницитенајдобра вредност за своите пари.
Почитувајќи ги корпоративните Т стандарди ,
телекомуникацискиот пазар доби член кој работи
со целосна транспарентност и фер односи кон

конкуренцијата и деловните партнери.
Новините што ги нудиме, како што истакна
Бејкерс, овозможи трендот на одлевање на
корисници што се појави како резултат
на конкуренцијата да се намали.
Раководството најави дека и во Македонија на
подолг рок ќе следи спојување на Т-Хоме и ТМобиле, процес што е започнат во другите
земји. Бејкерс истакна дека тоа се случи во
Унгарија, сега го следи тој чекор и Хрватска и
оти и во Македонија ќе се случи но оти
подолгорочно, бидејќи, како што појасни и со
Владата како акционер треба да се разговара и
да се добие согласност.
Причината за спојувањето на мобилните и
фиксните оператори е резултат на промената на
телекомуникацискиот сектор, а не заради
намалување на бројот на невработените и на
трошоците, појасни главниот извршен директор
Николај Бејкерс.

Data 75. 05. 2009

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

5

18.05.2009 g. PONEDELNIK
S

O

D

R

@

I

N

A

VOVEDNIK ............................................3
BERZNIK - PONEDELNIK SREDA ....................................5-7
РЕГИОНАЛНИ БЕРЗИ.............................................8-9

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН............................10-13

ОПШТЕСТВЕНА КОРПОРАТИВНА
ОДГОВОРНОСТ................................12-13
БЕРЗАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ............14-15
СВЕТ ВЕСТИ.........................................................18-19
БЕРЗНИК - ЧЕТВРТОК-САБОТА ............20-23
НЕДЕЛАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА................................24
БЕРЗА..................................................25-26

I M P R E S S U M

Izdava: INTERNACIONAL NIK AD - Skopje
Mediumska biblioteka i digitalna arhiva
Redakcija na берзНИК
Adresa: Plo{tad MAKEDONIJA bb, p.fah 882 Skopje, 1000,
R.Makedonija
Tel.
02/25.32.800 faks: 02/25.32.839
Internet: www.interNIK.com.mk;
e-mail:
info@interNIK.com.mk
Izvr{en direktor:
Marketing:
IKT Menaxer:
Menaxer za delovni odnosi:

Zdravko Josifovski
Ivona Josifovska
Kiro Velkovski
Divna Pe{i}

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI
MEDIUMI берзНИК
берзНИК e osnovan 2007 godina.

1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
Македонија сака да ја продолжи соработката со
ЕБОР, е пораката што завчера им ја пренесе
министерот за финансии Трајко Славески на
гувернерите на годишното собрание на Европската
банка за обнова и развој (ЕБОР) што се одржуваше
во Лондон, пренесуваат денешните печатени
медиуми.
-Министерот Славески во обраќањето истакнал
дека Македонија го цени 16-годишното партнерство
со ЕБОР и дека сака да ја продолжи деловната
соработка со финан-сиската институција. Според
соопштението од Министер-ството за финансии,
Славески истакнал и дека ребалансот на буџетот ќе
обезбеди значителна заштеда на средства, што ќе
овозможи да се задржат макроекономската
стабилност и девизниот курс на денарот.
- Ја поттикнуваме Банката да се фокусира на
развојот на приватниот сектор и да обезбедува не
само пари туку и техничка помош. Исто така, да ги
поддржува домашните приватни компании преку
заеми, капитал, а особено да ги прошири
активностите
со
домашните
финан-сиски
институции - рекол Славески. Славески на Бордот
гувернери на ЕБОР им ги претставил трите пакети
анти-кризни мерки што досега ги презеде
македонската Влада.
Според анализите на НБРМ, минатата година
македонските банки одобриле вкупно 2,3 милијарди
евра нови кредити за населението и за фирмите.
Најмногу се барале потрошувачки кредити, а
растеле и минусните салда на картичките. Повеќе
заеми побарале и добиле граѓаните, а помалку
фирмите. Најголем степен на необезбеденост се
забележува токму кај најбараните заеми, се вели во
супервизорскиот извештај на Народна банка на
Македонија.
-Во однос на кредитната изложеност кон секторот
население, и понатаму релативно висок дел,
односно 35,7 отсто, е необезбеден, при што
највисок степен на необезбеденост се забележува
кај изложеноста врз основа на кредитните
картички, негативните салда по тековни сметки и
потрошувачките кредити, што само го потврдува
високото ниво на ризичност, карактеристично за
изложен-оста врз основа на овие кредитни
производи. Лани, 87,3 отсто од вкупните кредити на
населението се кредити со т.н. приспособливи
каматни стапки, што подразбира прене-сување на
каматниот ризик од банките на населението, а со
тоа индиректен кредитен ризик што би можел да
настане во случај на зголемување на каматните
стапки, се вели во извештајот на НБМ.
-Целиот финансиски тим што работеше во Сведмилк
продолжува да работи и со новиот стечаен

управник Благоја Макревски, иако фирмата е во
претстечајна постапка, дознава Дневник. Сведмилк,
покрај официјалната, имала и друга сметка на име
на фирма СМ МКД ДООЕЛ, каде што како основач
стоело името на претходниот сопственик Роџер
Оскарсон со други содружници од земјава, велат
извори на Дневник.
- Додека била блокирана сметката на Сведмилк,
уплати и исплати се вршени на таа сметка. Во исто
време е отворена фирма во Австрија, Сведмилк ГбХМ,
со чија помош е земен кредитот од Росбанк од
Швајцарија. Преку оваа фирма се вршени сите исплати
на сомнителни фактури - вели анонимниот извор.
Законот за поделба на Дирекцијата за стоковни
резерви е во сила повеќе од пет месеци, а се’ уште
не е формирана институцијата што ќе се грижи за
државната нафта. Дирекцијата за стоковни резерви
годинава требаше да се подели на две институции,
со посебни овластувања и обврски. Законот е
донесен лани, стапи во сила во јануари, но од
поделбата засега нема ништо. Според Законот,
годинава требаше да имаме агенција за стоковби
резерви и дирекција за нафта и нафтени деривати.
Во Владата велат дека поделбата треба да се
направи за да се подобри мена-џирањето со оваа
институција и да се намалат злоупотре-бите со
стоковните резерви за кои се почесто има кривични
пријави.
Земјите во регионот не се трудат да им угодат на
потрошувачите, пренесува Вечер. -Македонија е на
5. место од вкупно седум земји во регионот според
квалитетот на услугите што се нудат, покажало
истражувањето на SWOT RESEARCH, првата
македонска агенција за mystery shopping, која
преку ангажирање на соодветно обучени тајни
купувачи го оценуваат исполнувањето на
стандардите
при
нудењето
на
услугите.
Истражувањето, направено во април годинава,
покажало дека во Бугарија нудењето на било која
услуга е на највисоко ниво, во БиХ е на најниско, а
ниту една земја во регионот(Србија, Црна Гора,
Словенија, БиХ, Хрватска, Македонија и Бугарија)
не покажала високо ниво на нудење на услуга.
Тајните купувачи во истражувањето
испитувале пет основни елементи за добра
услуга - поздравување, утврдување на
потребите, објаснување за производот односно
услугата, нудење дополнителен производ услуга и заблагодарување за посетата.
Испитувањетото е направено во автосалоните,
туристичкиот и угостителскиот сектор, во
телекомуникациите,
банките,
бензинските
пумпи,
малопро-дажните
објекти
и
во
супермаркетите.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. CO РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ДО СТАБИЛЕН ДЕНАР (****)
2. ЕВН ЈА ПОДЕЛИ ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА (***)

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI
MEDIUMI берзНИК
Broj: 56
Data: 01.12.2008

ДНЕВНИК

НАЈРИЗИЧНИ ЗА БАНКИТЕ

с.6 МАКЕДОНИЈА САКА ДА ЈА ПРОДОЛЖИ СОРАБОТКАТА СО ЕБОР

с.8 АЦВ НЕМА ДА ИЗДАДЕ ДОЗВОЛА ЗА ПРЕЛЕТ НА
АВИОНОТ НА MAT

SE DISTRIBUIRA SAMO SO PRETPLATA

с.7 ДОЦНИ ДИРЕКЦИЈАТА ЗА НАФТЕНИ РЕЗЕРВИ

FOTO NASLOVNA:
ТРАНСПАРЕНТНОСТА
СЕ УШТЕ ПО МЕРКА НА
СОПСТВЕНИЦИТЕ

с.6 СВЕДМИЛК” ИМАЛ РЕЗЕРВНА СМЕТКА

ВРЕМЕ
с.4 ТУРИЗМОТ ВО НЕСВЕСТ, ЦЕНИТЕ ШВЕДСКИ

с.9 ЕБРД: СРЕДНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА СЕ БЛИЗУ ДО
ЗАЗДРАВУВАЊЕ

с.6 БУЏЕТОТ ЌЕ СЕ КРПИ СО НОВА ЕВРООБВРЗНИЦА

БИЗНИС

с.6 ВО АВТОСАЛОНИТЕ ЌЕ ПОМИНЕТЕ НАЈДОБРО,
ВО БАНКИТЕ НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ!

с.3 БРОДОТ НА ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА ЌЕ
ПРОДОЛЖИ ДА ТОНЕ

Foto:
Robert Spasovski

с.7 CO РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЌЕ ЈА ЗАДРЖИМЕ
МАКРОЕКОНОМСКАТА СТАБИЛНОСТ

Redakcija na берзНИК
Internet distributiven sistem: www.interNIK.com.mk
Glaven i odgovoren urednik: Makedonka Baldazarska
Novinari: Vaska Mickoska
Evoluator na vesti: Renata Tasovska
operatori: Mare Lazarevska, Martin Arsovski, \or|e Rexi} i
Darko Tripunovski
Fotoreporter: Robert Spasovski

с.10 ЕВРОТО ОСЛАБЕ ВО ОДНОС НА ДОЛАРОТ

Marketing, distribucija i proda`ba:
INTERNACIONAL NIK AD - Skopje

УТРИНСКИ ВЕСНИК

с.11 СТРАНСКИТЕ АКЦИОНЕРИ ДОМИНАНТНИ ВО
БАНКАРСКИОТ СЕКТОР
с.12 ОПАЃА ИНТЕРЕСОТ ЗА ТРГУВАЊЕ СО АКЦИИ НА
БАНКИТЕ
с.13 CO БЛОК-ТРАНСАКЦИЈА ПРОДАДЕНИ СИТЕ
АКЦИИ НА ГЕРМАНОС

ВЕЧЕР

с.6 CO РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ДО СТАБИЛЕН
ДЕНАР

ВЕСТ
с.6 OД МАКЕДОНСКИТЕ ПPOДABAЧИ ПОНЕКУЛТУРНИ
СЕ САМО СРПСКИТЕ

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.8 ЕВН СЕ ОДНЕСУВА КАКО НАДМЕН ПАРТНЕР

ШПИЦ
с.7 MAT ПОВТОРНО ПРИЗЕМЈЕН
с.8 ЕВН ЈА ПОДЕЛИ ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА

с.7 СЛАВЕСКИ ПРЕД БОРДОТ НА ГУВЕРНЕРИ НА ЕБОР
с.7 KАРТИЧКИТЕ И ПОТРОШУВАЧКИТЕ КРЕДИТИ

с.8 СКРАТЕН БУЏЕТ ЗА СТАБИЛЕН ДЕНАР
с.8 ЛП:ПОНИСКИ ДАНОЦИ ЗА ИНВЕСТИЦИИТЕ НА
ГАСТАРБАЈТЕРИТЕ

6

берзНИК

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 25. 05. 2009

19.05.2009 g. VTORNIK
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
-И во Албанија се живее подобро од
Македонија.-Македонија е рангирана на 70.
место на годинашниот список на најдобри земји
за живеење, што традиционално ја објавува
меѓународното
Интернет
списание,
Интернешенел ливинг
Списокот, како што пренесуваат поголем дел
од дневните гласила, се изработува врз основа
на девет критериуми: трошоци на живот,
култура и слободно време, економија, животна
средина, слобода, здравје, инфраструк-тура,
безбедност и климатски услови.
Земја каде што најубаво се живее е Франција,
а по неа се Швајцарија, САД, Луксембург и
Австралија. Во топ-10 се и Белгија, Италија,
Германија,
Нов
Зеланд
и
Данска.
Од државите во регионот, со највисок квалитет
на живот е Словенија на 29. место; Грција е на
38.; Бугарија 42.; а Хрватска е на 51. место.
Пред Македонија се и Турција и Албанија, на
65., односно на 66. место, а полошо рангира-ни
се Босна и Херцеговина и Србија на 78. и на 99.
место.
Во фокусот на денешните весници и случајот
МАТ-АЦВ.
-АЦВ му ги скрши кријата на МАТ-Агенцијата за
цивилно воздухопловство (АЦВ) нема да издаде
дозвола за авионот на МАТ додека не се направи
промена или обнова на носната нога. Ова за
вработените во МАТ значи затво-рање на
авиокомпанијата по 15 години успешно
работење. Поради ова, околу 30 од вкупно 150
вработени во МАТ, вчера, протестираа пред
дирекцијата на АЦВ во обид да издејствуваат
прием од раководството на Агенцијата со цел да
му објаснат дека авионот е безбеден за летање,
а за тоа гарантирал сервисот на ЈАТ Ервејз каде
била вршена интервенцијата.
...Вработените во авиокомпанијата МАТ вчера
протестираа пред Агенцијата за цивилно
воздухопловство со барање таа да дозволи
прелет на авионот на МАТ боинг 737-500 од
Белград во Скопје по сервисот на предната нога
во сервисниот центар на ЈАТ.
Вработените во МАТ тврдат дека АЦВ
неосновано не издава дозвола за прелет и оти
овластениот сервисер во четвртокот вечерта им
го издал неопходното т.н. ослобо-дување од
сервис, со што ги исполниле условите за

безбедно сообраќање. Тие бараат прием и кај
премиерот Никола Груевски и да се формира
работна група со стручни лица кои ќе им
потврдат што не е в ред. Претставници на
вработените беа примени на разговори со дел од
раководството на АЦВ.
Утрински весник пренесува:-Владата сака да
воведе дисциплина кај државните институции и
да ги натера да си ги плаќаат навреме своите
долгови кон фирмите. Иако не се обелоденува
износот, очигледно е дека веќе подолго време
затаила нивната ажурност во редовното
измирување на обврските и долговите по таа
основа се натрупани. Затоа Владата вчера упати
јавен апел до сите фирми во земјава што имаат
достасани, а ненаплатени побарувања до
државните институции, да ги пријават кај неа.
Според портпаролот на Министерството за
финансии, Мартин Мартиновски, ова не е
новина, туку и минатата година Владата го
направи истиот чекор, со цел да се добијат
реални согледувања за состојбата со
ненаплатените побару-вања на државните
институции.... Вчерашниот апел на Вла-дата е
упатен до сите фирми што имаат неплатени
побару-вања од министерства, секретаријати,
фондови, агенции, бироа, јавни претпријатија,
акционерски друштва со доминантна државна
сопственост, ЈЗУ, како и другите јавни установи,
служби и органи во состав на државните
институции. Побарувања треба да се пријават во
Генералниот секретаријат на Владата, на
електронската адреса – dolgovi-gs.gov.mk.
Инаку, како што неодамна пишуваше
Утрински,
покрај
недисциплината
на
институциите, и самите фирми не си ги плаќаат
навреме меѓусебните долгови. Сепак, според
бизнисмените, вина за внатрешната растечка
задолженост во земјата има и кај Владата,
односно кај буџетските институции, кои доцнат
со исплатите.
Вечер: Македонија годинава ќе има најслаба
туристичка сезона, прогнозираат туристичките
работници. Според најавите, бројот на гостите
кои ќе пристигнат од странство ќе биде далеку
помал од лани, а сезоната се очекува да ја
спасуваат домашните туристи кои во Охрид
имаат свои приватни станови. Охридските
хотелиери стравуваат дека светската криза ќе

остави длабоки траги врз туризмот, а очекуваат
да се намали и бројот на туристи од соседните
земји кои години наназад доаѓаат на охридската
ривиера. Тие, како мерка за ублажување на
ваквите последици, одлучија да ги намалат
цените на хотелските услуги од 5 до 15 отсто.
- Ако Владата ги прифатеше нашите барања за
намалување на ДДВ- то за ноќевањата и за
продажбата на храна во угостителските објекти,
цените на аранжманите ќе се намалеа и до 30
отсто. Така ќе бевме и далеку поконкурентни во
однос на земјите од регионот - вели
претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески.
-Вечер пренесува дека во велешката населба
Тунел 2 почна изградбата на станови наменети
за семејства со ниски примања. По
неколкумесечно
задоцнување,
поради
влијанието на светската економска криза,
невладината организација, Хабитат Македонија,
која е инвеститор на проектот, ги удри темелите
на првите 24, од вкупно 90 станови. Тие треба
да бидат готови во наредните три години. Покрај
изведувачот Ива инжинеринг од Велес во
изградбата на првите четири станбени објекти,
од кои во секоја ќе има по шест комплетни
станови, учествуваат и шеесетина волонтери од
Германија, Италија и од Македонија. Идните
сопственици на првите 24 станови, чија бројка
на конкурсот беше 128, во првата фаза нема да
учествуваат во изградбата на становите, бидејќи
се уште не е избрано кој од нив ќе бидат
сопственици
-Кризата ги направи ризични централните
банки,
пренесува
Дневник.-Глобалната
финансиска криза го смени и од темел го
разниша
работењето
на
националните
централни банки, констатира Банката за
меѓународни порамнувања (БИС), која е светски
супервизор на нивното работењето. Светската
финансиска криза ги принуди централните
банки да преземат ризици и ги поттикна
прашањата врзани за улогата што институциите
би требале да ја имаат во зачувувањето на
финансиската стабилност, предупредува БИС.
За да ја спречат кризата, централните банки
презеле нови и невообичаени трансакции,
истакнуваат од Банката за меѓународни
порамнувања, која е најголемо светско
централно банкарско тело.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. МАТ СО ЕДНО ТРКАЛО ВО БАНКРОТ (*****)
2. „ЛУКОИЛ” СО БЕНЗИНСКА ВО АЕРОДРОМ (***)
ДНЕВНИК
с.7 МАТ СО ЕДНО ТРКАЛО ВО БАНКРОТ
с.9 КРИЗАТА ГИ НАПРАВИ РИЗИЧНИ ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ

БИЗНИС
с.3 ИТАЛИЈАНСКО - МАКЕДОНСКИ БИЗНИС ФОРУМ
с.3 ИНВЕСТИЦИЈА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА
с.3 КУПИ, ОСВОЈ И ПАТУВАЈ ВО ЛОНДОН

ВРЕМЕ
с.4 MAT ЛЕТА КОН ПРОПАСТ
с.6 ЕВРООБВРЗНИЦАТА ЌЕ НИ ГО ЧУВА СТРАВОТ ОД ММФ

ВЕЧЕР
с.6 АЦВ МУ ГИ СКРШИ КРИЛЈАТА НА МАТ
с.9 АЕРОДРОМЦИ ЌЕ ТОЧАТ БЕНЗИН ОД ЕКОЛОШКА ПУМПА

с.3 ПРЕКУ БЛОКАДА ДО ЦЕЛОСНО ПРИЗЕМЈУВАЊЕ

ВЕСТ

с.4 ЗАСИЛУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА МАКЕ-ДОНСКИТЕ КОМПАНИИ

с.2 ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА MAT ПРЕД АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО
ВОЗДУХОПЛОВСТВО

с.7 ГОЛЕМИТЕ БАНКИ ГО СОБИРААТ КАЈМАКОТ - МАЛИТЕ РАБОТАТ СО ЗАГУБИ
с.8 СТРАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА HE СЕ ВРАЌААТ ПРЕД 2010 ГОДИНА
с.9 ИСТРГУВАНИ 4,76 ПРОЦЕНТИ ОД ГЛАВНИНАТА НА „ПРИЛЕПСКА ПИВАРА“

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.7 МАТОВЦИ ПРОТЕСТИРАА БАРААТ АЦВ ДА ИМ ГО ПУШТИ АВИОНОТ

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.8 НЕМА ДОЗВОЛА ЗА MAT
с.9 ИТАЛИЈАНСКО-МАКЕДОНСКИ ДЕЛОВЕН ФОРУМ ВО ВЕНЕЦИЈА
с.9 МАКЕДОНИЈА ЗЕМА АНТИКРИЗЕН ДОЛГ ОД НАД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА

с.8 ЦЕНАТА НА ЕВРООБВРЗНИЦАТА СЕ УШТЕ ТАЈНА

ШПИЦ

с.8 ВЛАДАТА ЌЕ ГИ СТРОИ БУЏЕТАРИТЕ ДА СЕ РАЗДОЛЖАТ КОН ФИРМИТЕ
с.9 МАЛА ГРУПА КОРИСТИ МИЛИОНИ ОД ЕУ-СУБВЕНЦИИТЕ

с.8 MAT ОСТАНУПА НА ЗЕМЈА
с.8 „ЛУКОИЛ” СО БЕНЗИНСКА ВО АЕРОДРОМ

Data 75. 05. 2009

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

7

20.05.2009 g. SREDA
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
Почнувањето со работа на првата
когенеративна централа на природен гас во
Македонија, денес најзастапена вест во
печатените гласила. Станува збор за гасна
централа Когел Север која е лоцирана во кругот
на комплексот на Рудници и Железарница Скопје, за чија изградба беа вложени 20 милиони
евра…Директорот на Когел Север, Александар
Гечовски истакна дека централата е прв
комерцијален
проект
за
комбинирано
производство на електрична и топлинска
енергија на природен гас, кој е во целост
изведен во рамките на интернационалниот механизам за чист развој- (ЦДМ) согласно Кјото
Протоколот за заштита од климатски промени. Се
очекува на овој начин таа да обезбеди околу
185.000 сертифицирани кредити за намалени
емисии годишно, што одговара на еквивалент од
185.000 метрички тони јаглероден диоксид чија
продажба треба да придонесе кон финансиската
исплатливост на проектот. Отворањето на
когенеративната гасна централа е дел од
националната иницијатива за инсталирање на
енергетски
поефикасни
индустриски
и
топлификациски системи со цел да се подобри
регионалната енергетска стабилност и да се
намалат емисиите на стакленички гасови
Во фокус на денешните весници и годинашното
истражување на веб страниците на котираните
друштва во делот со инвеститорите што го
спроведе Македонска берза во соработка со
програмата Партнери за финансиска стабилност,
подржани од УСАИД и ИФЦ. - Компаниите во
Македонија
ја
подобруваат
својата
транспареност во однос на инвеститорите и
покажуваат подобри резултати во корпоративно
- општествената одговорност, но од Берзата,сметаат дека компаниите треба уште да се
подобруваат во делот на транспареност и
корпоративно општествено управување.
Целта на истражувањето, како што рече Евита

Иванова од Македонска берза, е да се поттикнат
компаниите
да
сфатат
дека
нивната
транспареност
е
особено
важна
за
инвеститорите. - Веб страниците се средство
преку кое комуницираат компаниите со јавноста.
Колку што има посе-опфатни информации на
нивните веб страници и нивното друштво е
попривлечно за инвеститорите, додаде Иванова.
Вакви истражувања четири години спроведува
Белградската
берза.
Резултатите
од
истражувањата, како што вели Весна Илиќ Лушиќ, секоја година се подобри, но се уште има
простор тие да бидат подобри. Таа порачува да
се подобри списокот на членовите на
менаџментот, но оти не се објавени сите
дополнителни податоци. За состојбите на двете
берзи Иванова и Илиќ-Лушиќ истакнаа дека во
април и мај има подобрување и оти се
забележува зголемување на прометот и на
индексите и на двете берзи.
Вчера уште еден настан на Македонска берза.
УСАИД потпиша меморандуми за соработка со
македонски компании за реализација на
практиканска работа и вработување- Директорот
на Проектот за конкурентност на УСАИД Нимиш
Џавери потпиша меморандуми за соработка со дваесетина македонски компании за
реализација на Националната програма за
практиканска работа и вработување -Моја
кариера. Со Програмата на компаниите им се
дава можност за стратешко планирање на
нивните човечки ресурси, а на студентите да
стекнат искуства во реална деловна средина и да
развиваат деловни односи. Главната цел, според
Џавери,
е
да
се
институционализира
практиканската работа во Македонија, а со тоа и
компаниите да ги најдат и ангажираат
најдобрите таленти на пазарот на трудот.
Денес ќе читате: Т-Хоме одбележа една година
од ребрендирањето, кое според раководството
не значи само менување на бојата и логото, туку

воведување новини и давање повеќе вредност за
потрошувачите. Според раководството, во
изминатата година од она што е понудено
вистинска револуција е направена со
телевизијата и оти пакетот што се нуди заедно со
телефонија и интернет веќе го имаат прифатено
21.000 корисници. Корисниците на овој пакет,
како што беше речено на прес-конференцијата,
во спроведено истражување покажале дека 69
отсто се задоволни од оваа услуга, а 76 отсто се
изјасниле дека ќе ја препорачаат на пријатели.
Новините што ги нудиме, како што истакна
главниот извршен директор Николај Бејкерс,
овозможи трендот на одлевање на корисници
што се појави како резултат на конкуренцијата
да се намали.
Случајот АЦВ- МАТ и денес во топ тема во
весниците.
Агенцијата
за
цивилно
воздухопловство денеска повтори дека нема да
дозволи технички прелет на авионот Боинг 737
на националниот авиопревозник МАТ, од Белград
во Скопје, каде беше на сервисирање, се додека
не ја замени носечката нога на авионот со нова
или не ја обнови сопствената, за што му треба
еден месец.
Надлежните инспектори од АВЦ тврдат дека
МАТ извршил делумно сервисирање на авионот
во Белград со што не ги испочитувал во целост
нормите за техничко одржување, пропишани од
производителот Боинг и програ-мата за
одржување на МАТ во која било јасно наведено
дека рокот за употреба на носната нога е десет
години.
АЦВ повторно ги демантираше и тврдењата на
раководството на МАТ дека Агенцијата не
дозволува регистрација на матовиот авион, што
се наоѓа во Јужна Африка, поради, како што
објаснуваат,
нерасчистените
односи
со
сопственоста на воздухопловот и фактот што
МАТ не доставил целосна документација за
сопственоста.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. ПРОРАБОТЕ ПРВАТА ЦЕНТРАЛА НА ГАС (*****)
2. АЦВ: MAT МАНИПУЛИРА СО ВРАБОТЕНИ (****)
ДНЕВНИК
с.7
с.7
с.7
с.7
с.7

ЛЕНТАТА СЕГА, ЦЕНТРАЛАТА НАЕСЕН
АЦВ: MAT МАНИПУЛИРА СО ВРАБОТЕНИ
ПОСКАПЕА ДРЖАВНИТЕ ЗАПИСИ
„Т-ХОУМ” И „Т-МОБИЛЕ” СЕ СПОЈУВААТ
„ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА” ВОВЕДЕ „АНТИСТРЕС ОПЕРАТИВЕН ЛИЗИНГ”

с.8 ХЕЛСИНШКИ: CO СПОРОТ ЕЛЕМ - ЕВН, СУДСТВОТО ПАДНА НА ИСПИТОТ ЗА
НЕЗАВИСНОСТ

ВРЕМЕ
с.4 ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ ГО ОТКАЧИЈА MAT
с.5 НОВ КАПАЦИТЕТ ЗА ТОПЛИНА И ЗА СТРУЈА
с.5 ПОРШЕ НУДИ ФИКСНИ И ПОЕВТИНИ РАТИ

БИЗНИС

ВЕЧЕР

с.3ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ПРВАТА КОГЕНЕРАТИВНА ЦЕНТРАЛА НА ПРИРОДЕН ГАС
с.3 МОЈА КАРИЕРА” ЌЕ СОРАБОТУВА СО НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ
КОМПАНИИ
с.3 ПОРШЕ СО „АНТИСТРЕС ОПЕРАТИВЕН ЛИЗИНГ”
с.6 ХРВАТСКАТА ВЛАДА ЌЕ ИНТЕРВЕНИРА СО 40 МИЛИОНИ ЕВРА
с.10 ЕВРОТО ЗАЈАКНА ВО ОДНОС НА ДОЛАРОТ
с.11 ОХРИДСКА БАНКА ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА ФИЛАНТРОПИЈА
с.12 КОМПАНИИТЕ ЈА ПОДОБРУВААТ ТРАНСПАРЕНТ-НОСТА КОН
ИНВЕСТИТОРИТЕ
с.12 КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НЕ ДОЗВОЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА
НАДОМЕСТОЦИТЕ НА БЕРЗАТА
с.13 АКЦИИТЕ НА ДРУШТВАТА ОД МБИ-10 ОСТВАРИЈА ПОРАСТ

с.5
с.6
с.6
с.7

\УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.5 „БОИНГОТ” НА MAT КЕ СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА САМО СО НОВА НОСНА НОГА
с.7 ЦЕНИТЕ ЗА ТРГУВАЊЕ ГИ СКАРАА БЕРЗАТА И КХВ
с.7 ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ 160 ПАРЦЕЛИ ДРЖАВНА ЗЕМЈА
с.8 ПРОРАБОТЕ ПРВАТА ЦЕНТРАЛА НА ГАС
с.8 ЛАДАТА ПАК ГИ ЗГОЛЕМУВА КАМАТИТЕ
с.8 „Т-ХОУМ” СО НОВИ УСЛУГИ ЈА ВРАЌА ДОВЕРБАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

MAT HEMA ДА ЛЕТА ДОДЕКА HE JA СМЕНИ HOCHATA НОГА
КОГЕЛ СЕВЕР КЕ ЈА НАМАЛИ ЗАВИСНОСТА ОД УВОЗНА СТРУЈА
ОПЕРАТИВЕН ЛИЗИНГ И ЗА ГРАЃАНИ
КОТИВАНИТЕ КОМПАНИИ ДА ЈА ПОДОБРАТ ТРАНСПАРЕНТНОСТА

ВЕСТ
с.8 КОГЕЛ СЕВЕР ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА ПО ПАЗАРНА ЦЕНА

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.8 ВЛАДАТА ПАК СЕ ЗАДОЛЖИ СО ВИСОКИ КАМАТИ
с.9 КХВ НЕ И ДОЗВОЛИ НА БЕРЗАТА ДА ГИ ЗГОЛЕМИ НАДОМЕСТОЦИТЕ
с.9 „ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА” ЌЕ НУДИ ВОЗИЛА НА ЛИЗИНГ

ШПИЦ
с.11
с.11

ПРОРАБОТИ ЦЕНТРАЛАТА НА ПРИРОДЕН ГАС
ТИ-ХОУМ И ТИ-МОБАЈЛ ПРЕД ОБЕДИНУВАЊЕ

с.11

„БОИНГОТ” НЕМА ДА ЛЕТА

с.11

НЕМА СУБВЕНЦИИ ЗА МЛЕКАРИТЕ

8

берзНИК

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 25. 05. 2009

NAJTRGUVANI HARTII OD VREDNOST VO REGIONOT ZA PERIOD OD 14.- 21. 05 2009

Data 75. 05. 2009

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

9

NAJLIKVIDNI HARTII OD VREDNOST VO REGIONOT ZA PERIOD OD 14. - 21.05 2009

10

берзНИК

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 25. 05. 2009

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО УПРАВУВАЊЕ

Основа за размена на податоци во институциите
Заменик министерот за информатичко
општество проф. д-р Мирјана Секуловска и
работната група за проектот
Интероперабилност на регистрите и базите
на податоци во државните институции
одржаа јавна расправа во Владата на
Република Македонија за предлог Законот за
електронско управување.
На расправата беа поканети и
присуствуваа претставници од сите
министерства и други државни институции,

претставници на стопанските комори на РМ,
претставници од судската власт, Народна
Банка на РМ и претставници од бизнис
заедницата, како и експерти – професори од
Факултетот за електротехника и
информациски телекомуникации – Скопје.
Во јавната расправа зедоа активно
учество голем дел од присутните, укажувајќи
на големата потреба од донесувањето на
Законот за електронско управување, бидејќи

НА ШУМАРСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

Се гради лабораторија
за испитување на мебел
- Во состав на Шумарскиот факултет
во Скопје,, минатата недела беше
поставен камен-темелник за
лабораторија за испитување на мебел,
градежна столарија и други дрвни и
недрвни материјали, инвестиција
вредна 700 илјади евра.
Проектот е финансиран од Владата
на Република Македонија во соработка
со Универзитетот, Св.Кирил и Методиј и
Шумарскиот факултет - Скопје.
- По две ипол години
подготовка почнуваме со изградба на
лабораторија за испитување на мебел,
градежна столарија и други дрвни и
недрвни материјали и очекуваме за
околу три до четири месеци градежните
работи во целост да бидат завршени, по
што следува опремување на

лабораторијата, рече министерот за
образование и наука Перо Стојановски.
Тој истакна дека лабораторијата ќе биде
прва од ваков вид на Балканот за
испитување на мебел, согласно
европските стандарди.
Според ректорот на Универзитетот,
Св.Кирил и Методиј Велимир
Стојковски, еден од приоритетите на
државата е нејзината индустрија и
стопанство да бидат конкурентни на
европскиот пазар.
- На
Шумарскиот факултет подолго време
постои идеја да се направи
лабораторија во состав на насоката за
дрвна индустрија и сметам дека по
нејзината изградба државата ќе добие
квалитет во испитувањето на мебел,
додаде ректорот Стојковски.

истиот претставува основа за поставување
на електронската размена на податоците
меѓу државните институции и другите правни
субјекти.
На јавната расправа беа регистрирани
позитивни забелешки, сугестии и предлози
во насока на подобрување на текстот на
законот, коишто работната група ќе ги има во
вид при составувањето на конечната верзија
на предлог законот за електронско
управување.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ФФРМ

Млекопроизводството приоритет

- Решавање на отворените прашања околу државната
поддршка во земјоделството и санирање на состојбата во
млекопроизводството, ќе бидат приоритетите во
натамошното функционирање на Федерацијата на фармери
на Република Македонија (ФФРМ). Од годишното собрание
на Федерацијата што се одржа на 19 мај, произлезе
пораката дека силата на земјоделците е во нивното
обединување.
- Годинава поддршка нема да добијат поголем број
фармери. Станува збор за досегашните кооперанти на
Сведмилк кои веќе не го предаваат млекото никаде. Поради
тоа немаат откупни белешки кои се услов за барање
субвенции, посочија од ФФРМ.
Според Федерацијата, годинава стимулацијата за
пчеларството е многу мала, а фармерите кои одгледуваат
крави во штали, не треба да плаќаат пашарина.
Членовите на ФФРМ како проблем го посочија и
доцнењето на исплатата на субвенциите за кое најчесто,
рекоа, причина се губењето на поднесената документација
и сложената постапка за аплицирање.

ТРГОВСКА РАЗМЕНА СО ЗЕМЈИТЕ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК

Има интерес, но не и можност
- Владата да дефинира насоки и стретегија
за интензивирање на економската соработка
со Блискиот Исток и да ја засили стопанската
промоција во земјите од овој регион преку
отворање дипломатско-конзуларни
претставништва, бараат македонските
бизнисмени.
Тие на состанок во Стопанската комора кој
се одржа во петокот, истакнаа дека имаат
интерес, но не и можност за реализирање
трговска размена со Јордан, Сирија, Либан,
Палестина, Ирак, Иран, Кувајт, Катар,
Обединетите Арапски Емирати, Саудиска
Арабија, Еипет, Либија, Тунис, Алжир и Мароко.
Клучни проблеми, според нив, се царинските
давачки, начинот на плаќања и визите кои
најчесто се вадат во трети држави.
- Пазарот на Блискиот Исток е огромен,
посебно голема е побарувачката на
прехранбени производи и услуги во
градежништвото, но Македонија долго време
не е присутна таму. Трагично е колку се
минимални статистичките податоци за размена

со овие земји или такви бројки воопшто не
постојат, посочија стопанствениците.
Од 2007 година медитеранските земји кои не
се членки на ЕУ влегоа во зоната на слободна
трговија што практично отвори
нова перспектива за земјите од Западен
Балкан.
- Македонија има либерализирана трговија
со ЕУ, Турција и со земјите членки на ЦЕФТА.
Значи, постои платформа за билатерални
разговори со земјите од Блискиот Исток.
Прашање е дали да се почне така или со
приклучување преку регионот, истакна Љубица
Нури од Стопанската комора. Доколку
Македонија се одлучи за опцијата билатерални
договори, најдобро е, сугерира
Нури, да стартува со Израел, Либија и Египет.
Бизнисмените оценија дека по сите напори
на Комората да се сврти вниманието кон
пазарите на Блискиот Исток и Медитеранот,
овие активности станаа дел од агендата на
Владата. Сите натамошни билатерални и
мултилатерлани спогодби со овие земји ќе се

туркаат преку институциите.
- Со продлабочување и склучување на овие
спогодби ќе ја прошириме можноста за
зголемување на економската соработка.
Постојат повеќе можности и сценарија, но во
интерес на бизнисот, треба да се најде
најдоброто, рече Крум Ефремов од
Министерството за надворешни работи.
Процесот т.н. Пан-евромед кумулација што
произлезе од Европа преку еволуирање на
дијагоналната кумулација е отворен за
Македонија како земја со кандидатски статус и
склучена Спогодба за стабилизација и
асоцијација. Тоа треба да се искористи во
интерес на домашниот бизнис зашто дава, како
што нагласи Ефремов, многу алтернативи
посебно сега, во услови на глобална криза.
Вкупната трговска размена на Македонија со
земјите од Блискиот Исток и Магреб во 2008
година достигна 27,9 милиони долари. Од нив
на извоз отпаѓаа 9,6 милиони, а на увоз 18,3
милиони долари. Трговскиот дефицит
изнесуваше 8,7 милиони долари.

Data 75. 05. 2009

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

11

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ

На продажба 160 локации

Министерството за транспорт и врски во
наредните 20 дена ќе распише повеќе објави
за јавно наддавање за отуѓување градежно
неизградено земјиште на 160 локации во
повеќе општини, најави министерот за
транспорт и врски Миле Јанакиески.
Локациите што ќе се нудат на продажба
согласно деталните урбанистички планови се
наменети за изградба на бензински пумпи,
угостителски и производни, комерцијални и
деловни објекти, хотели, катни гаражи
и станбени згради.
Објавите за поатрактивните локации ќе ги
презентираат и економските промотoри во
странство, а тие ќе бидат објавени и во
меѓународни весници, рече

Јанакиески, посочувајќи дека очекува
најголемиот дел од локациите да бидат
продадени и покрај економската криза.
Министерот за транспорт прецизира дека ќе
има јавни објави за отуѓување по пат на јавно
наддавање на три локаци за изградба на
хотели во Охрид, од кои за една веќе се
прецизирани работи, а за две треба да се
расчистат имотно правните односи. Со
објавите се нуди на продажба и парцела за
изградба на затворен пазар во општина
Центар, кој ќе биде лоциран на местото на
сегашниот цветен пазар, за кој во меѓувреме ќе
се обезбеди друга локација, како и бензински
пумпи со мотели во Штип, Неготино, Василево
и Ранковце.

Во текот на 2007 и 2008 година преку
отуѓување градежно неизградено
земјиште се инкасирани над 40 милиони
евра. Преку такво отуѓување на државно
земјиште, потсети Јанакиески, досега
беше овозможен директен влез на
инвестиции од познататите
брендови:Радисон, Форнети,Елан
пропертис. Во фаза на градба се и
фабрика за градежни материјали: Инг
Луили во Струга, регионална акдемија
на Прокредит во Велес, 10 објекти за
мало стопанство во Гевгелија, четири
стопански објекти во Струмица, катни
гаражи во Аеродоорм и Прилеп,
комерцијални објекти во Штип и
Василево, станбени објекти во
општините Аеродром, Ѓорче Петров и
Куманово, мотел кај Велешко езеро...
Со измените на Законот за градежно
земјиште во ноември минатата година
се овозможи 80 проценти од парите од
отуѓувањето или закупот на државното
неизградено земјиште да се слеваат во
буџетот на општините, а останатите 20
проценти во државниот Буџет.
Според Јанакиески, се уште не може да се
сумира износот на парите што ќе бидат
инкасирани во државниот и во буџетот на
општините од отуѓувањето на земјиштето
бидејќи не може да се претпостави колку ќе
биде повисок изност што ќе биде понуден над
почетната цена што ќе се наведе во огласите.
Покрај 160-те локации што ќе бидат огласени
за продажба, Комитетот за градежна
експанзија анализира уште 300 дополнителни
локации низ целата држава кои исто така ќе
бидат понудени на продажба.
Министерот за транспорт апелира сите
градоначалници забрзано да работат на
урбанизирање на нивните општини и
да донесат детални урбанистички планови.
- На тој начин со цел ќе се овозможи
реализација на нови домашни и странски
инвестиции, а со тоа и економски раст на
општините, порача Јанакиески.

ЗА ИЗГРАДБА, НАДЗОР И ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ ГРАДБИ

Издадени 552 лиценци за три месеци
-Министерството за транспорт и врски од почетокот на
февруари до крајот на април годинава издало 552 лиценци на
учесници во градежниот процес, согласно Законот за градење, а во
постапка на одобрување се 175 барања за тој тип лиценци. Од
декември минатата година досега се издадени и 25 лиценци за
изработка на урбанистички планови, согласно Законот за просторно и
урбанистичко планирање, информира денеска на прес-конференција
портпаролот на Министерството за транспорт и врски Драган
Симоновски. Од издадените 552 лиценци, 140 се за изведувач на
градби, 143 за надзор над изградбата, а 269 за проектирање градби.
- Секој ден се зголемува бројот на компании кои добиваат
лиценци, истакна Симоновски, посочувајќи дека тоа е доказ оти

постои голем интерес кај компаниите кои оперираат на градежниот
пазар.
Портпаролот на Министерството за транспорт укажа дека со
добиените лиценци на учесниците во градежниот процес им се отвора
можност за настап на странските пазари, што во минатото не беше
случај бидејќи лиценците се еден од критериумите што се бараат на
тендерите.
- Доделените лиценци на учесниците во процесот на градење,
планирање и уредување на просторот значат доследна примена на
законската регулатива и доближување до стандардите на ЕУ, каде
секој учесник во процесот на градење поседува лиценца, наведе
портпаролот на Министерството за транспорт.

12

берзНИК

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 25. 05. 2009

УСАИД - НАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

Примената на општествената
одговорност –долгорочно инвестирање
На 20 Мај, 2009, Координативното тело за
Општествена одговорност на претпријатијата
(ООП), поддржано од Министерството за
економија и Проектите на УСАИД за деловно
опкружување (БЕА) и за зајакнување на
цивилното општество (ЦССП), го организираа
доделувањето на Националните награди за
ООП.
Наградите кои за првпат беа доделени во
2007 година, се еден вид признание за добрите
практики на бизнис заедницата во полето на
ООП, демонстрирајќи добра волја,
филантропија и грижа за вработените.
Натпреварот беше отворен за компании од
сите големини. До координативното тело беа
поднесени 56 апликации за награди во пет
категории: етичко управување, однос со
вработените, однос со добавувачите
/потрошувачите, вложување во заедницата и
заштита на животната средина. Девет
компании беа добитници на Награда за ООП
за поднесување на најдобрите проекти, додека
дваесет и четири компании кои влегоа во
потесниот круг добија признанија за нивните
поднесени проекти.
Министерот за економија Фатмир Бесими на
врачувањето на наградите оцени дека
општствената одговорност станува деловна
политика на македонските претпријатија и оти
овој концпт во наредниот период ќе јакне, а
бројот на фирмите со одговорни практики
постојано ќе се зголемува. -Општествената
одговорност станува деловна политика на
македонските претпријатија со која тие
директно ја подобруваат сопствената
конкурентност во глобалната економија. Co
поддршката која Владата ја пружа преку оваа
сфера, Македонија станува интересна земја за
лоцирање на странските инвеститори. Од
аспект на странските инвеститори,
општествената одговорност е еден од начините
за намалување на перцепцијата за ризик за
инвестирање во земјата. Придобивките за
македонските претпријатија од примената на
општествената одговорност се зголемување на
конкурентната предност со зголемување на
додадената вредност на нивните производи и
услуги, подобрување на угледот и имиџот на
претпријатијата, подобрување на односите со
добавувачите, потрошувачите и потенцијалните
инвеститори, висока мотивираност и лојалност
на вработените и долгорочен успех во
бизнисот, истакна министерот Бесими. Тој ја
потенцираше огромната поддршка на главните
активности за општествената одговорност од
страна на УСАИД.УНДП и ИнВент(Влада на
Република Германија), кои во изминатиот
период беа и главни иницијатори за
втемелување на општествената одговорност
кај нас.
Според зборовите на претседателот на
КТООП, Горан Лазаревски, со креативноста,
инвентивноста и квалитетот на практиките кои
ги прикажаа компаниите вистински можеме да

Меѓу наградените за добри општествени практики се најдоа
Комерцијална банка, Космофон, ЕВН Македонија, ПроКредит
банка, Благој Ѓорев, Арцелор Миттал, Макстил, Охридска банка,
ТТК банка, Фармахем...

се пофалиме и надвор од границите на
Македонија. А, на ова поле Македонија е
лидер во регионот и по Данска и Литванија е
трета земја во Европа која има донесено
национална политика за ООП.
-Современата, просперитетна деловна
заедница претставува цврста основа за
демократијата. Компаниите кои денес се тука
со нас се водечки во градењето подобра
иднина за Македонија. Импресиониран сум од
нивната визија: примената на општествената
одговорност тие ја сметаат за долгорочно
инвестирање. Тие се посветени на вградување
етички вредности и почитување на заедницата
во својата деловна практика, рече Навратил на
свечениот настан.
Една од целите на УСАИД е да го поддржи
практичното и конкретното спроведување на
концептот на ООП во Македонија. За да се
обезбеди долгорочна конкурентност на
деловното опкружување и на активностите на
цивилното општество во полето на ООП,
проектите на УСАИД работат со цел да го
подобрат управувањето во компаниите како и
респонзивноста кон социјалните прашања и
прашањата од заедницата. Од големите
компании, за најдобар проект за етичко
управување за 2008 има Комерцијална Банка,
Космофон се истакнал со практика низ која се

негува однос кон вработените, а проектите на
ЕВН во категориите заштита на животната
средина и вложување во заедницата се
најиздржани. ПроКредит Банка има најдобра
практика во категиријата однос со
снабдувачи/потрошувачи, а наградена е и
континуираната практика за заштита на
животната средина. Призанија за квалитетни
општествено одговорни практики кај големите
компании, добија и Благој Ѓорев, Велес за
проектот: Враќање на сончогледот на
македонските полиња, Арцелор Миттал за
финансирање на новиот плоштад во
општината Гази Баба, Макстил за заштита на
животната средина со пуштањето во работа на
новата поттисна печка, Охридска банка за
финасирање на изградба на спортскиот центар
Јуниор, како и Космофон за финансирање на
изградба на прифатилиште за бездомници во
Момин поток. Co признанија беа наградени и
други позитивни практики на Комерцијална
Банка, Прокредит Банка, ЕВН, Макстил,
Ацелор Миттал.
Од малите и средни претпријатија, ТТК
Банка е наградена со статуетка за
имплементираните практики за поддршка на
најмладите, од кои е дел и отворањето на
првиот Лактариум во Македонија, а статуетки
добија и Адора инженеринг за облагородување

Data 75. 05. 2009

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

13

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА
ФИЛАНТРОПИЈА ЗА 2008 ГОДИНА

Признанија за
донаторите на
заедницата

на зелени површини, Фармахем за проект во
категоријата односи со
снабдувачи/потрошувачи: Обука на
вработените во Дирекција за храна и другите
засегнати страни во согласност со барањата на
ХАЦЦП и Македонијалек, во категоријата однос
со вработени. Признанија добија и ВИВА од
Берово за проектот: Разбери прифати и
помогни, за деца со пречки во развојот во
Малешевијата, ДОНИА Прилеп за проект во
областа на односи со вработени, Дуна
Компјутери, за Три И институт кој го опфаќа
Брегалничкиот регион; Микросам Прилеп, за
Академија на таленти; Инет за поддршка на
проект за борба против зависности кај
младите, Њу Момент Њу идеас, за агенциската
поддршка на акцијата, Ден на дрвото; Турист
за иницирање на подигање рибници, Раде
Кончар ТЕП со проектот, Реконструкција на
постројка за површинска заштита на метали,
Македонија лек и Форнет за проекти во
областа на заштита на животната
средина.ВИП за поддршка на акцијата
заштита на децата во сообраќајот.

ТТК БАНКА ДОБИТНИК НА НАЦИОНАЛНАТА
НАГРАДА ЗА ОПШТЕСТВЕНА
ОДГОВОРНОСТ!
Оваа година, на конкурсот на Национална
награда за ООП во Македонија за 2008, се
пријавија вкупно 33 претпријатија со 52
проекти, од кои 24 мали/средни претпријатија
со 27 проекти и 9 големи претпријатија со 25
проекти, кои конкурираа за вкупно пет
категории за општествена одговорност.
ТТК Банка, во голема конкуренција на
претпријатија со различни проекти, заслужено
ја доби Националната награда за општествена
одговорност за 2008 во категоријата: Награда
во доменот на вложување во заедницата. На
конкурсот, ТТК Банка аплицираше со проектот,
ТТК Банка во поддршка на најмалите.
ТТК Банка во 2008 година подготви еден
проект кој се реализираше во неколку фази а
кој вклучува поддршка на активности и настани
кои имаат за цел да ги поттикнат правилниот
развој на децата, здравиот начин на живот,
образованието на најмладите, поддршка во
полесна социјализација на децата со посебни
потреби, поддршка на општеството преку под-

Охридска банка–Наградата за филантропија
за голема национална компанија
Охридска банка, Societe Generale Group е
добитник на наградата за филантропија за
голема национална компанија, што втора
година по ред ја доделува Центарот за
Институционален Развој – ЦИРа.
Независна жири комисија, составена од
претставници на бизнис заедницата, медиумите, естрадата, граѓанските организации и
експерти од земјава, годинава одлучи наградата за филантропија за голема национална
компанија да и ја додели на Охридска банка,
Societe Generale Group.
-Ми претставува особено задоволство што
Охридска банка е годинешниот добитник на
наградата за филантропија, за голема
национална компанија. Охридска банка е
потполно свесна за обврската што ја има кон
општествената заедница во целост. Наша

одговорност е да ги избираме активностите
на начин што ќе креираат одржливи
вредности. Ова признание претставува
мотивација да продолжиме со нашите
практики. Импозантен предизвик, без
сомнение – изјави г. Коениг при врачувањето
на наградата.
Наградите за филантропија се единствени
од ваков вид во Македонија. Се доделуваат
на претпријатија, индивидуалци, здруженија
на граѓани и медиуми кои во текот на изминатата 2008 г. се истакнале со својот филантропски ангажман во насока на поддршка на
заедницата и подобрување на квалитетот на
живеење. Иницијативата беше спроведена од
страна на Центарот за институционален развој - ЦИРа како дел од Програмата за филантропија.

- Маестро Борис Трајанов, Кнегиња Рихтер
Соколовска, Охридска Банка, Снупи 2003,
Националниот совет на жените на
Република Македонија - СОЖМ и
Македонската Радио Телевизија,
се добитници на наградите за филантропија
за 2008 година.
Доделувањето на Наградите за
филантропија, оваа година се организира во
рамките на проектот: Корпоративна
одговорност како алатка за постигнување на
долгорочна одржливост на локалните
заедници во Република Македонија,
спроведуван од страна на Центарот за
институционален развој во партнерство со
Фондацијата Понтис, а со финансиска
поддршка од Развојната помош на
Министерството за надворешни работи на
Република Словачка.
Целта на наградите за филантропија е
да им се оддаде признание на граѓани,
претпријатија, граѓански организации,
медиуми и институции кои во текот на
изминатата година негувале позитивни
донаторски практики за поддршка на
заедницата и со своите активности го
поттикнале понатамошниот развој на
добротворството во Република Македонија.
Маестро Борис Трајанов и Кнегиња
Рихтер Сколовска, која живее во дијаспората
ги добија наградите за индивидуална
филантропија. Охридска банка ја доби
наградата за филантропија за голема
национална компанија, а Снупи 2003 ДООЕЛ
за мало и средно претпријатие. Наградите
за развој на филантропски практики им
припаднаа на СОЖМ и на Македонска Радио
Телевизија.
Добитниците на наградата се добиени
преку процес на номинирање, кој се
одвиваше во периодот од 28 февруари до 16
април 2009 година, а во кој можност за
изразување на своето мислење добија сите
граѓани, претпријатија, јавни институции и
здруженија на граѓани и фондации во
Република Македонија. Вкупно пристигнаа
40 номинации во сите три категории.
дршка на установи кои придонесуваат многу за
егзистенција и правилен развој на децата.
Проектот опфаќаше донација на СОС Детско
Село, донација на опремена соба – Лактариум
на одделот за интензивна нега при клиниката
за детски болести, донации на здруженија за
деца со хендикеп и.т.н.
ТТК Банка во улога на општествено одговорна компанија, цел дефинирана во стратегијата
на Банката, вложува, предлага и поддржува
активности кои придонесуваат во процесот на
градење на здрава и просперитетна заедница.
Грижата и хуманата активност кон сите на кои
им е потребна помош е определба на ТТК
Банка, која работи во тоа опкружување и се
чуствува како дел од целата заедница.

14

берзНИК

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

НАЦИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА ВО
ПАРТНЕРСТВО СО ВОДЕЧКИ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ

Практикантството –начин за
селекција на најталентираните кадри

Националната програма за практикантска
работа и вработување –Моја кариера, на
УСАИД Проектот за конкурентност, минатата
недела потпиша официјални меморандуми за
соработка со 16 водечки македонски компании,
кои ќе нудат можности за практикантска работа
за новите генерации на работна сила во
Македонија. Меѓу компаниите кои се вклучија
во Програмата се и ВИП Оператор,
Божиновски, Витаминка, ЕВН Македонија, Eин
–соф, ЕРА Сити, Еуролинк, Макеоднска берза,
Мекдоналдс, Он нет, Сеавус, Уника, Сковин,
Тутунска банка, Жито лукс и Џонсон Контролс.
Тие ќе имаат придобивки од овие нови
развиени партнерства преку директен пристап
до базата на податоци за младите, мотивирани
и креативни потенцијални вработени, односно
практикантството претставува поевтин и
посигурен начин за ангажирање на работната
сила.
-Со Програмата за практикантска работа и
вработување на компаниите им се дава
можност за стратешко планирање на нивните
човечки ресурси, а на студентите можност да
стекнат искуство во реална деловна средина,
да ја усвојат деловната етика и да развиваат
деловни односи. Главната цел на Програмата е
да се институционализира практикантската
работа во Македонија. Тоа ќе помогне на
компаниите да ги најдат и ангажираат
најдобрите таленти на пазарот на трудот– рече
Нимиш Џавери, директор на УСАИД Проектот
за конкурентност. -Ова е сосема ново и
уникатно во Македонија. Но, за три до четири
години, ќе имаме нов вид на персонал во
компаниите.
Како што објаснува Џавери, програмата
има подлабоки и подолгорочни амбиции. Преку
неа треба да се лоцираат слабите страни во
системот на образование, кои со корекции
треба да доведат до промени во образовниот
систем кој треба да продуцира кадри
соодветни на потребите на македонското
стопанство. Крајната цел е креирање нови
работни места, односно зголемување на
конкурентноста на македонските компании.
Инаку, оваа програма е една од стратешките
активности на проектот, со која ќе се надмине
јазот кој постои помеѓу побарувачката и
понудата на квалификувани и талентирани
поединци на пазарот на работна сила во
Македонија. Програмата исто така промовира
транспарентни практики за вработување, и

На листата на компании пријавени на
порталот за практикантска работа засега се:
AdvertSMS, Arista Sistemi, BiB- Unikoop
DOOEL, Broker, CDS – Центар за деловна
соработка, CS Global, Центар за странски
јазици ДЕЛФИН – Битола, Дониа, Дунифарм
– Струга, Dr. Pendl and Dr. Piswanger:, ЕВН
–Македонија, FX3X, HasPlast, МАСИТ, ICT
Creative, ИТЦ Кариера, Infinite Solutions,
Inovation, Itea Solutions, MK Albatros,
Macedonia Export, Максима ДОО, Моменти,
Нестор ДООЕЛ, New Media Corporation,
NExtense, Он.нет, Pi Soft, Seavus Group,
Smart Solutions, VABO……
помага да се спречи одлевањето на мозоци од
најталентираните дипломци, кои честопати
мора да ја напуштат земјата за да најдат
соодветно вработување.
Партнерските компании на Моја Кариера
имаат придобивки од слободниот пристап до
веб порталот www.mojakariera.com.mk и до
речиси илјада регистрирани студенти кои се
заинтересирани да ги вложат своите таленти
во компаниите. Исто така, компаниите можат
да објавуваат настани и огласи за
практикантска работа, директно да
пребаруваат квалификувани кандидати кои
одговараат на потребите на компаниите, да
стапат во интеракција со идните вработени
лица преку форуми во реално време и
простории за разговор, да учествуваат на
онлајн саеми на кариера и виртуелно да ја
промовираат својата компанија и притоа да ја
зголемат репутацијата во земјата.
Порталот ги нуди овие можности за сите
заинтересирани компании. Инаку, Програмата
беше започната во февруари оваа година и
намерата е во текот на оваа година да се
обезбедат повеќе од 500 структурирани и
организирани практикантски места, а половина
од нив да бидат преточени во постојано
вработување.
Во рамките на програмата беше
реализирано и едномесечно road show, во кое
беа оддржани презентации за студентите и
деловните луѓе во 11 градови во Македонија,
вклучувајќи ги Штип, Битола, Охрид, Струга,
Тетово, Гостивар, Струмица, Свети Николе и
Куманово, како и завршна промоција на
програмата во Скопје, што се одржа на 15 мај
годинава.

Data 25. 05. 2009

ИСТРАЖУВАЊЕ НА БЕРЗАТА

Транспареноста
Годинашново истражување
покажа дека има
подобрување на резултатите
во делот на транспарентноста
во односот со инвеститорите.
Односно, компаниите
објавуваат повеќе податоци
кои ќе им помогнат на
инвеститорите да донесат
одлуки, но и натаму тие се се
уште далеку од европските
стандарди за идеална веб
страница
- Компаниите во Македонија ја
подобруваат својата транспареност во
однос на инвеститорите и покажуваат
подобри резултати во корпоративно општествената одговорност, но од
Берзата, која спроведе истражување за
нивната транспареност и корпоративно
општествено управување, сметаат дека
треба уште да се подобруваат.
Ова го истакна Евита Иванова од
Македонската берза на презентација на
резултатите од истражувањето на веб
страниците на котираните друштва во
делот на односите со инвеститорите и
корпоративната општествена
одговорност, спроведено во март и април
годинава,а со кое беа опфатени 20
котирани компании од земјава. Изборот
и рангирањето на друштвата се извршени според пазарната капитализација
(состојба на 01.01.2009 година)
- Годинашново истражување покажа
дека има подобрување на резултатите од
првото објавено во декември минатата
година. Во делот на транспарентноста во
односот со инвеститорите објавуваат
подобри податоци кои ќе им помогнат на
инвеститорите да донесат одлуки, рече
Иванова која додаде дека тие треба да ги
објавуваат податоците за тоа кои се
членови на управата, каков е степенот
на образованието на членовите на
управата, нивна ангажираност во други
компании, обемот на активности на
членовите, како и тоа колку акции
поседуваат, нивни фотографии. Таа
додаде дека и во делот на
корпоративното управување има
подобрување на резултатите.
Целта на истражувањето, како што
рече Иванова, е да се поттикнат
компаниите да сфатат дека нивната
транспареност е особено важна за
инвеститорите. - Веб страниците се
средство преку кое комуницираат
компаниите со јавноста. Колку што има
посеопфатни информации на нивните веб
страници и нивното друштво е
попривлечно за инвеститорите, додаде
Иванова.
Вакви истражувања четири години

Data 75. 05. 2009

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

15

ЗА ВЕБ СТРАНИЦИТЕ НА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ

се уште по мерка на сопствениците
спроведува и Белградската берза.
Резултатите од истражувањата, како што
вели Весна Илиќ - Лушиќ, секоја година
се подобри, но се уште има простор тие
да се подобруваат.
- Врз основа на нашите сугестии и
укажувања, евидентни се и
подобрувањата во делот на објавените
податоци за членовите на управата. Но
се уште не се потполи дополнителните
информации, а она што го има на сајтот
на компаниите го нема во нивните
годишни извештаи, потенцира ИлиќЛушиќ. Сепак, како што вели таа целта
не е да ги натераат компаниите да го
применуваат корпоративното управување
затоа што тоа треба така, сакаме со
едукација да ги упатиме дека тоа
претставува средство кое ќе им даде
предност во однос на останатите
компании со што сериозните инвеститори
ќе ги препознаат и полесно ќе
вложуваат.
За состојбите на двете берзи Иванова и
Илиќ-Лушиќ истакнаа дека во април и
мај има подобрување и оти се
забележува зголемување на прометот и
на индексите и на двете берзи.
ИДЕАЛНА ВЕБ СТРАНИЦА
Македонска берза, Проектот за
истражување на веб страниците на 20котирани компании го реализираа во
соработка со програмата: Партнери за
финансиска стабилност (Партнерс фор
Финанциал Стабилитѕ Програм). За

истражувањето применет е
методолошки пристап што
Програмата за финансиска
стабилност го користи за
слични истражувања во 11
земји од Централна и
Источна Европа, Бразил,
Русија,Индија, Кина и
Украина. Од август 2001
година истражувањето се
спроведува двапати
годишно.
-Зошто го правиме
ова истражување? Значи
берзата е бизнис со
информации. Колку се тие
повеќе толку е порелана
основата за формирање на
цените и за донесување на
одлуките на инвеститорите
за купување и продавање на
компании. Оттука и транспарентноста на
котираните компании е многу важна
како и користењето на веб страницата
истите во ова модерно време на нови
технологии, се нешто без што не се може.
Па со покажувањето на квалитетот на веб
страните на котираните компании и
нивната споредба со компаниите во
регионот сметаме дека ќе се даде една
насока за подобрување, за споредување
и дека со тек на време овие ќе ги
поттикнат компаниите да ги подобруваат
своите веб страници,а од тука и
инвеститорите да имаат подостапни
податоци, рече првиот човек на
Македонска берза Иван Штериев.

Од аспект на оваа актуелна
финансиска криза, сите аналитичари се
сложуваат дека една од причините
поради кои таа настана е недостатокот на
транспарентност воопшто на
финансиските пазари. Значи тоа е уште
една потврда дека ваков тип на
истражување е вистинска насока за вакви
проекти со цел подобрување на
наредниот период кога позитивните
циклуси повторно ќе се вратат на
пазарот.
-Идејата, како што рече Иванова, беше
дали има одредено подобрување кај
котираните компании во поглед на
збогатување на своите веб страници со
нови информации, податоци кои пред се
се битни за инвеститорите. Кои податоци
ги обезбедуваат за да инвеститорите
имаат слика за компанијата каде сакаат
да вложат, бидејќи веб страниците се
еден од најлесните и наједноставниот
начин на комуникации со јавноста. Затоа
друштвата треба да ги користат за свое
претставување пред јавноста, нагласи
Иванова.
Целта на истражувањето како што е
презентирано во извештајот од Берза е
да се утврди дали друштвата преку своите веб страници обезбедуваат соодветни
и корисни информации за потенцијалните
инвеститори. Да се утврди дали друштвата соодветно информираат за преземените активности од областа на општествената одговорност, како и да се промовираат добрите -Односи со инвеститорите и
добрата -Општествена одговорност на
друштвото.
Во делот на инвеститорите се
истражувало колку од компаниите имаат
веб страници на македонски,а колку на
англиски јазик при што е забележано
пораст во однос на претходниот период.
Во тој дел, во однос на англиска веб
страна има подобрување, односно 50%
од испитаните компании поседуваат

16

берзНИК

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

англиска веб страна,а 80% македонска.
Интересен е податокот дека две
компании имаат само англиска ,а немаат
македонска веб страница. Сугестијата е
да имаат и на двата јазика.
Потоа се истражувани и
перформансите колку членовите на
управните одбори,бордот на директори и
надзорните одбори, обезбедуваат за увид
на јавноста дополнителни информации за
себе. Во сите овие параметри има
подобрување.
Европската унија има препорака како
треба да изгледа идеалната веб страница. Таа треба да ги содржи следните
информации:Листа на членови на управата;Листа на членови на ОД, УО /
НО;Краток опис на степенот на образование и професионалното искуство на секој
од членовите;Обемот на активности за
кои е одговорен секој од членовите;Краток опис на функциите што секој
од членовите ги извршува во други
институции; Информации за акциите што
секој од членовите ги поседува во друштвото и Фотографија на секој од членовите. Според графиконот во истражниот
материјал, иделната веб страница би требало да ги содржи личните податоци за
членовите на управните органи и тоа,
образованието, искуството активности,
ангажмани во други институции , поседување на акции и фотографија. И во овој
поглед има подобрување на резултатите.
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА
ДРУШТВАТА
Истовремено се анализиранаат веб
страниците на друштвата и годишните
извештаи објавени на веб страниците со
цел да се утврди дали друштвата

соодветноо информираат за преземените
активности во сферата на:корпоративното
управување; политика за заштита на околината и социјалната политика. Во овој
дел во одредени сегменти има подобрување, а во одредени не.
Целта на ваквото истражување е да
утврди дали друштвото објавува подато-

Data 25. 05. 2009

ци за:Структурата на корпоративното
управување , за Степенот на усогласеност со Кодексот на корпоративното
управување, Поврзаноста со
ревизорската фирма , Политиката за
заштита на правата на акционерите и
Интерниот Кодекс на деловно однесување/Етички кодекс.

ВО ОХРИД СРЕДБА НА ШПЕДИТЕРИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Коридор 8 – реалност или утопија
– Повеќе од 200 претставници од 17 држави
учествуваат во работата на Деветтиот конгрес
на меѓународни шпедитери и логистички
оператори од Југоисточна Европа што се
одржа во Охрид, под мотото:Коридор 8 –
реалност или утопија.
Учесниците и бројните излагачи преку
презентации и лични контакти имаа можност
на форумот да ја осознаат вистинската слика
за регионалните стопански текови,
потенцијали и перспективи, во услови на
глобална економска криза.
Претседателот на Стопанската комора на
Македонија Бранко Азески пред учесниците
истакна дека од средбата им се испраќа јасна
порака до владите на земјите од регионот
дека бизнисот во сите елементи ја надвладеал
политиката на администрирање и бариери.
- Бизнис-соработката претставува
единствена алтернатива и неминовност за
подобар живот на луѓето, оттаму фактичка е
потребата и неминовноста за вклучување на
сите земи од регионот во широко и долгорочно

партнерство со бенифит од економскофинансиски, развоен и културен аспект,
бенифит што ќе го почувствуваат сите
учесници во процесот, истакна Азески.Тој
додаде дека економски напредок на Балканот
не е можен со постоечката сообраќајна
инфраструктура. - Мора да се почне од себе и
капиталното инвестирање од буџетот да се
насочи во изградбата на коридорите, посебно
Коридорот 8, што е многу значаен за
Македонија, рече Азески нагласувајќи дека во
таа насока властите заинтересирани за
реализација на проектот треба тоа прашање
да го стават на листата на приоритети и
соодветно да лобираат пред меѓународните
финансиски институции.
За значењето на Коридорот 8 зборуваа и
заменик-министерот за транспорт и врски
Љупчо Димовски и директорот на Царинската
управа на Република Македонија Ванчо
Каргов, посочувајќи го како комплексен
систем, односно интегрална целина на повеќе
транспортни подсистеми што меѓусебно се

поврзуваат и надополнуваат. Собраќајната
трансверзала беше посочена како една од
главните алки на поврзување на Европа со
Блискиот Исток и Централна Азија, во рамките
на поширокиот проект, Патот на свилата.
За реализацијата на проектот Коридор 8 на
состанокот беше истакнато дека поголемиот
број држави засегнати со тој проект не се во
можност да издвојат доволно финансиски
средства, оттаму единственото решение го
посочуваат преку изработка на заеднички
регионални проекти кои би конкурирале за
парични средства од европските финансиски
институции.
На состанокот на Консултативниот комитет
на претседателите на националните
шпедитерски асоцијации беше потпишана
заедничка декларација во функција на
препорака до владите на земјите-учеснички за
нивен поактивен однос во решавањето на
бројните проблеми и отворени прашања што
го попречуваат меѓусебниот развој и
соработка.

Data 75. 05. 2009

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

17

ВЕСТИ... БАЛКАН
БЕЗ ЗАБРАНА ЗА РЕФИНАНСИРАЊЕ НА МЕНАЏЕРСКИТЕ КРЕДИТИ

ЦРНА ГОРА

Завршена
докапитализацијата
на Сава Монтенегро
Осигурителната куќа Монтенегро
осигурување официјално го претстави
единствениот сопственик, словенечката
групација Сава Ре, која црногорскиот
осигурител го докапитализира во
вредност од три милиони евра, а најавено
е дека во иднина ќе работи под новото
име Сава Монтенегро.
Сава Ре во декември 2007 година
стана мнозински сопственик на
Монтенегро осигурување која на
тамошниот пазар работи десет години, а
во почетокот на годинава стана
сопственик на 100 отсто од капиталот.
–Новиот корпоративен идентитет и
сопственичката структура претставуваат
сигурна поддршка, која ќе придонесе
компанијата да ги следи светските
трендови во осигурувањето, вели
извршниот директор на Сава Монтенегро,
Небојша Шќекиќ.
Лани се продадени 97.000 полиси од
неживотно осигурување, додека вкупната
бруто премија изнесуваше над 11,5
милиони евра, што е зголемување за 13,5
отсто во споредба со 2007, со
зголемување на резервациите за 32,7
отсто. На пазарот Сава Монтенегро
учествува со повеќе од 22 отсто во
премиите на неживотно осигурување. По
основ на штети исплатени се 6,2 милиони
евра, што е зголемување за 62 отсто во
споредба со 2007 година.

Без забрана за рефинансирање на
менаџерските кредити
Владата на Словенија неделава ќе го усвои
вториот ребаланс на државниот буџет за оваа
година, што е последица на многу поголемиот пад
на бруто домашниот производ и намалените
буџетски приходи во изминатиов период од
годинава. Со новиот ребаланс буџетскиот
дефицит ќе се зголеми од 2,9 на 4,9 отсто од БДП
и изнесува 1,8 милијарди евра.
Зборувајќи за актуелниот проблем на
таканаречените тајкунски кредити, премиерот
Борут Пахор најави дека владата ќе се откаже од
решението според кое на банките кои се претежно
во државна сопственост би им било целосно
забрането рефинансирање на кредитите кои ги
земале менаџерите за откуп на акциите и

преземање на сопственоста. По исклучок и по
стручната расправа рефинансирањето на таквите
кредити ќе биде одобрувано со дискреционо
право на надзорните одбори на банките, најави
Пахор.
Министерот за европски работи, Митја
Гаспари, вели дека целосната забрана за
можноста банките да ги финансираат и
рефинансираат менаџерските кредити, што
беше планирано за банките во државна
сопственост и за оние кои користат државни
гаранции при задолжувањето во странство,
всушност би значело дека треба да се прекинат
кредитини аранжмани во вредност од две
милијарди евра.

СЛОВЕНИЈА

Триглав планира аквизиции во регионот
до 2011 година
Триглав, меѓународната финансиска
групација со седиште во Словенија, нема
намера да ги напушти своите постојни пазари
бидејќи во прашање се стратешки инвестиции,
но поради глобалната економска криза ќе го
забави темпото на ширење на нови пазари.
-За периодот до 2001 година планираме
можеби една или две аквизиции во регионот на
југоисточна Европа, можеби во Албанија,
Романија, или Бугарија, зависно од ситуацијата,
вели Игор Стебернак, директорот на
контролингот во таа група, и додава дека се

работи за сегментот на осигурување.
Групата Триглав се бави со осигурување,
инвестициски фондови и банкарство, а работи
во седум земји во Европа, од Чешка до
Македонија и Црна Гора. Вкупниот ефект од
големите оштети заради невремето од минатата
година, како и отписот на вредностите на
финансискиот имот поради глобалната криза, на
работењето на оваа групација во 2008 година
изнесуваше 52,6 милиони евра, па добивката на
групацијата пред оданочување изнесува 1,6
милиони евра.

СРБИЈА

КОСОВО

Се изготвува нова регулатива за
финансискиот пазар

Од претпристапните
фондови - 60 милиони евра

Во Србија се подготвува нов Закон за
пазарот за хартии од вредност, кој
предвидува поголема независност на
Комисиујата за хартии од вредност,
обврска на компаниите да ги информираат
акционерите, како инамалување на
компаниите кои котираат на Белградската
берза, информира дневниот весник
Политика. Како што се наведува, со
усвојувањето на новиот закон, Комисијата
за хартии од вредност би требало да стане
целосно независна институција на
финансискиот и пазарот на капитал, која за
својата работа би одговарала исклучиво на
српскиот парламент. Тоа значи дека повеќе
не би била под контрола на
Министерството за финансии, би била
финансиски независна од своите извори на
приходи, а на нејзините одлуки, тие кои
сметаат дека се оштетени, би можеле да
поднесат жалби, но дури после конечното
решение.
Покрај
тоа, членовите на Комисијата би имале
имунитет, што би им овозможило да
одолеат на различните видови притисок.
Инаку, од 314-те одредби на актуелниот

закон, 210 се ревидирани или испуштени, а
донесени се 104 нови одредби, со цел
законот да биде во согласност со ЕУ и со
принципите на меѓународната организација
на регулаторни тела на финансиските и
пазарите на капитал (IOSCO).
Нацрт законот, како што истакна Robert
Strahota, претставникот на УСАИД и еден
од авторите, ја уважува актуелната
состојба и степенот на развојо на
финансискиот пазар во Србија, а доколку
биде усвоен, тоа ќе претставува
значително ускладување на регулативата,
што е предуслов за членство во ЕУ.
Според неговите зборови, на берзата
треба да се најдат исклучиво фирмите со
чии акции се тргува, што значи околу 200, а
не 1700, колку што се сега по сила на
закон, од кои околу 700 ниту еднаш не се
појавени на пазарот, а повеќето само
повремено. Тоа би овозможило 35
ревирорски компании и околу 200
овластени ревизори да можат редовно да
го следат финансиското работење на
емитентите кои ќе имаат обврска редовно
да ја информираат јавноста.

Европската комисија и Владата на Косово потпишаа
договор за доделување 60 милиони евра од
претпристапни фондови на ЕУ за проекти од социјална и
економска област. Договорот го потпишаа премиерот на
Косово Хашим Тачи и шефот на Канцеларијата за врски
на ЕК во Приштина, Ренцо Давиди, кој изјави дека
Комисијата останува доследна да помогне во
понатамошен развој на Косово. Од тие средства 25
милиони ќе бидат потрошени за изградба на Палата на
правдата, 25 милиони за поддршка на инфраструктурни
проекти и 10 милиони во фонд за одржлив развој и за
долгови. Средствата се дел од донација од 508 милиони
евра кои Европската комисија ги намени за Косово на
донаторска конференција лани во Брисел.

Словенија е многу
заинтересирана за Јужен поток
- Словенија е многу заинтересирана за проектот на
гасоводот Јужен поток изјави словенечкиот претседател
Данило Турк по разговорите со бугарскиот претседател
Георги Прванов во Софија.
Проектите на гасоводите Набуко и Јужен поток и развој
на системи за поврзување на гасни мрежи на државите од
Балканот биле меѓу главните теми за разговорите меѓу
двајцата претседатели. На заедничката прес
конференција по средбата, Прванов истакна дека тоа се
проекти кои ќе гарантираат енергетска сигурност на Европа.

18

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

Data 25. 05. 2009

СВЕТ... ВЕСТИ...
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Опасност да се загуби кредитниот рејтинг ААА
Британија е во опасност да го загуби ААА
кредитниот рејтинг поради можноста
владиниот долг да се зголеми на речиси 100
отсто од БДП, оцени агенцијата за одредување
на кредитниот бонитет Стандард енд Пурс.
На веста дека агенцијата ги оцени како
негативни можностите на британската
економија, а не како стабилни, вредноста на
фунтата се намали за три центи во однос на
американскиот долар, врдноста на
обврзниците нагло опадна, а индексот на
акциите ФТСЕ-100 изгуби речиси два отсто.

Конкуренстките агенции не се согласуваат
со прогнозите на Стандард енд Пурс. Според
нив, статусот на Британија и понатаму е тројно
А и дека изгледите и понатаму се стабилни.
Официјалните податоци објавени
непосредно по соопштението на Стандард енд
Пурс, покажуваат дека јавниот долг на
Британија бил на рекордно ниво во април првиот месец од новата фискална година.
Министерството за финансии предвидува
буџетскиот дефицит оваа година да биде 175
милијарди фунти (200 милијарди евра).

Најголеми комплекс ветроелектрани во Европа
Во Шкотска е пуштен во употреба
најголемиот комплекс електрани на ветер во
Европа, со капацитет од 332
мегавати. Комплексот од 140 турбини во
местото Вајтли во областа Ланакшир може да
снабдува со електрична енергија дури 180.000
домаќинства. Тој се состои од турбини со
висина од 110 метри и зафаќа површина
голема како центарот на Глазгов.
Производството на струја тика започна уште
пред една година, а во средата турбините се
приклучени на разводната мрежа.
Шкотскиот премиер Алекс Салмонд
по тој повод изјави дека неговата Влада го
одобрила проширување на ареалот во Вајтли
за уште 36 турбини со вкупен капацитет од 130
мегавати. Шкотското енергетско претпријатие
преговара со Владата за изградба на голем
комплекс ветроелектрани во шкотското
крајбрежје. Комплексот би имал капацитет од
1.800 мегавати, петпати повеќе отколку Вајтли.
Новоотворениот ареал има голема предност
што е во близина на Глазгов и добро е поврзан
на разводната мрежа.

САД

Најголем банкарски
банкрот годинава
Најголемиот банкарски банкрот во САД од
почетокот на годината е регистриран во
Флорида, пренесе Франс прес, објаснувајќи
дека станува збор за банката Банк Јунајтед
ФСБ, чии активи се во вредност од 12,8
милијарди долари. Оваа банка беше
најголемата независна финансиска
институција во Флорида - држава која е тешко
зафатена од кризата на пазарот на
недвижности во САД. Американското
Министерство за финансии има намера да ја
искористи државната помош што е вратена од
банките за да продолжи да го поддржува
финансискиот сектор, соопшти министерот за
финансии Тимоти Гајтнер. Во исто време,
Гајтнер ја уверува јавноста дека пакетот за
стимулирање на економијата, вреден 700
милијарди долари, нема да стане постојана
програма.
Според републикански конгресмени,
министерот за финансии треба да ја
искористи вратената помош од банките за да
го намали федералниот долг.

НОРВЕШКА

Против економскиот пад
–со 15 милијарди евра

Норвешка официјално влезе во рецесија,
откако нејзината економија во првите три
месеци од оваа година, втор квартал по ред,
забележа опаѓање.
Како што соопшти норвешката статистичка
агенција, во првиот овогодишен квартал
норвешката економија забележа пад од еден
отсто. Претходно, и во последниот квартал од
2008 година во Норвешка беше регистрирано
намалување на економскиот раст од 0, 8
проценти.
Норвешката Влада во пресрет на
парламентраните избори закажани за 14
септември најави дека ќе инвестира 15
милијарди евра од државните резерви за
запирање на актуелниот економски пад.
Најголемиот дел од оваа сума ќе биде вложен
во државниот пензиски фонд.
Како дел од мерките за стимулирање на
сопствената економија Норвешка планира да
потроши околу три проценти од својот бруто
домашен производ.
Аналитичарите оценуваат дека Норвешка
може да си дозволи волкави трошоци за
стимулирање на домашната економија
благодарение на големите резерви на нафта и
гас крај нејзиниот брег во Северното Море.

Нов закон за пазарот на кредитни картички
\Со новиот закон за кредитни картички треба
да се заштитат потрошувачите од превисоките
надоместоци и промените на кредитните
услови во последен момент. Новиот закон,
освен заштитата на потрошувачите, треба да
донесе и намалување на обемот на кредити
кои компаниите за картички ќе им ги даваат на
располагање на потрошувачите и тоа во
вредност од 90 милијарди долари.
Против овој закон најгласни се
потрошувачите на кои новиот закон ќе им ги
скастри лимитите, заради стравот на
картичните компании од зголемениот ризик на

неплаќање. Инаку, според последните
службени податоци од 2007 година,
Американците на кредитни картички
потрошиле 2.110 милијарди долари.
Околу новиот закон различни мислења
имаат и стручњаците. Имено, едни тврдат дека
намалувањето на потрошувачката на картички
сериозно ќе ја потресе американската трговија,
додека други сметаат дека лавината на
критики ја потикнале токму компаниите за
картички, со цел да ги свртат обичните луѓе
против овој закон, бидејќи инаку им се
заканува пад на заработувачката.

ЈАПОНИЈА

Пад на БДП од 15,2 отсто
Јапонското стопанство во првиот квартал
од годинава забележа пад на стопанските
активности во рекордна висина од 15,2 отсто
споредено со истиот период лани, а БДП на
втората најсилна светска економија во
последното тромесечје од 2008 година е
намален за 14,4 отсто на годишно ниво.
Како главна причина за падот на БДП се

наведува силниот пад на јапонскиот извоз, кој
во првиот годинешен квартал е намален за
рекордни 26 отсто во споредба со
претходното тромесечје, односно за 70,1
отсто во споредба со истиот период лани.
Истовремено, увозот е намален за 15 отсто во
однос на претходниот квартал и за 47,7 отсто
на годишно ниво.

Data 75. 05. 2009

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

19

СВЕТ... ВЕСТИ...
АИГ

Извршниот директор ќе поднесе оставка
Извршниот директор на
Американската меѓународна групација
(АИГ), Едвард Лиди, најави дека ќе
поднесе оставка штом ќе заврши
неговиот краткотраен и бурен мандат на
чело на оваа осигурителна и финансиска
компанија, чија контрола ја презеде
Владата.
Лиди (63), кој на функцијата извршен
директор на АИГ е именуван непосредно
по владиното спасување на групацијата
во септември минатата година по пат на
голема финансиска инјекција, отсекогаш
планирал неговото раководење со
компанијата да биде привремено.
Она по што најмногу ќе биде
запаметен се многубројните критики од
јавноста и законодавците поради бонусот
кој им го исплати на раководителите на
финансиската подружница на АИГ која се
наоѓа во криза.
Објаснувајќи поради што ја прифатил
оваа работа за годишна плата од еден
долар, Лиди како една од причините го
наведе тоа што не била постојана
функција. Тој најави дека ќе поднесе
оставка штом бидат најдени неговите
наследници на функциите претседател на

советот на директори и извршен
директор кои самиот ги извршувал, а кои
во иднина ќе бидат одделни. Тој се
надева дека тие ќе имаат многу поголеми
плати од неговата.
Лиди за време на осуммесечното
раководење со компанијата ја
надгледувал продажбата на имотот во
вредност од околу пет милијарди долари,
што е многу помалку од првичните
очекувања, како последица на
замрзнатиот кредитен пазар, кој ги
одалечувал купувачите. Тој смета дека
процесот за избор на негов наследник
нема да трае подолго од неколку
месеци.

ТУРЦИЈА

Турција и Бразил ќе ги
истражуваат нафтените
наоѓалишта во Црно Море
Турција и Бразил планираат заеднички да ги
истражуваат нафтените наоѓалишта во Црно
Море. Претседател Абдула Ѓул изјави дека
турската нафтена компанија ТПАО и бразилската
државна нафтена компанија Петробрас потпишаа
договор во висина од 800 милиони долари, кои ќе
бидат наменети за истражување на крајбрежниот
појас на Црно Море во близина на Турција.
- Се очекува првите барели црноморска нафта
да ги добиеме во наредните неколку години,
истакна Ѓул на заедничката прес-конференција
со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да
Силва, кој беше во прва посета на Турција.

СОНИ ЕРИКСОН

Потреба од 100
милиони евра

Производителот на мобилни телефони Сони
Ериксон има потреба да обезбеди фонд од
најмалку 100 милиони евра (135 милиони
долари) оваа фискална година, изјави
финансискиот директор на компанијата
Нобајуки Онеда.
- Сони Ериксон, која е заедничка компанија
на Сони и шведската Ериксон, има различни
опции за зголемување на финансиските
средства, вклучувајќи ги позајмиците и
продавњето акции, истакна Онеда во интервју
за весникот Никеи бизнис.
Минатиот месец Сони Ериксон соопшти
дека ќе отпушти 2.000 работници откако
извештајот од првиот квартал покажа загуба
од 293 милиони евра.

КИНА

Бразилска нафта за десет
милијарди долари
Кина ќе ја кредитира бразилската државна
компанија Петробрас во замена за гарантирана
достава на нафта во наредната деценија. Кредитот е
во висина од 10 милијарди долари. Договорот е
потпишан на крајот од посетата на бразилскиот
претседател Луис Инасио Лула да Силва на Пекинг.
Да Силва и кинескиот претседател Ху Џинтао
потпишаа 13 договори од различни сфери, меѓу кои
наука, вселена, правда, за пристаништата и за
производи од риби. Кредитот за Петробрас ќе биде
доделен од Кинеската банка за развој, а Бразил
гарантира достава од 200.000 барели нафта дневно
во наредните 10 години за најголемата нафтена
компанија во Азија Чајна петролеум енд кемикл,
позната како Синопек. Петробас и Синопек потпишаа
и меморандум за разбирање, за сондажа,
рафинирање и производство на нафтенохемиски
производи.
Во април Кина за првпат ја презеде од САД
титулата на најважен трговски партнер на Бразил, а
се очекува тој тренд на раст да продолжи со
зголемувањето на трговијата помеѓу азиските
економии и големите светски земји, производители во
секторите на земјоделие и рудни богатства.

ВЕНЕЦУЕЛА

Чавез продолжува со национализација на компаниите

Претседателот на Венецуела Уго Чавез гo
продолжи процесот на национализација на
венецуелското стопанство, откако издаде налог
за премин во државна сопственост на неколку
помали железарници и компании за
производство на керамика.
Чавез, кој претходно изврши
национализација на повеќе поголеми
индустриски комплекси во Венецуела, сега
реши државата да стане сопственик и на
неколку претпријатија каде веќе подолго време
се водеше спор меѓу сопствениците и
работниците околу условите за работа.
Властите во Каракас постепено го
намалуваат обемот на приватниот сектор во
земјата, каде досега се приватизирани сите
големи нафтени, електроенергетски и
металуршки компании.
Во изминативе недели Чавез најава

приватизација и на помалите нафтени фирми,
како и на филијалата на американскиот гигант
во прехрамбената индустрија Карџила.

МАЈКРОСОФТ

Казна од 200 милиони долари
Суд во Тексас изрече парична казна за
Мајкроософт од 200 милиони долари поради
кршење технолошки патент кој припаѓа на
канадскиот софтверска компанија i4i.
Спорот е поврзан за начинот на кој
софтверите за обработка на текст Ворд2003 и
Ворд2007 управуваат со XML документи,
односно со маркирање на тие документи.
И покрај одлуката на Судот, Мајкрософт е
убеден дека не направил никаков прекршок и

има намера да вложи жалба за да се
преиспита валидноста на патентот на
компанијата i4i.
Мајкрософт го доби спорот со компанијата
ТомТом, но беше казнет минатиот месец со
388 милиони долари за илегално користење
антипиратска технологија во своите системи
Вондоус и Офис за кои компанијата Јунилок
тврди дека има права. Мајкрософт вложи
жалба и на таа одлука.

20

берзНИК

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 25. 05. 2009

21.05.2009 g. ЧЕТВРТОК
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
По веста од Брисел дека Македонија ги исполнила
условите за укинување на шенгенските визи за
нашите граѓани и најавата дека визната
либерализација најве-ројатно ќе стартува идната
година, бизнисмените се задоволни, но и уплашени
дека младите умови, кои се и нивни најквалитетни
кадри, ќе си заминат од земјава. Менаџерите ќе
мора да им ги зголемат платите ако сакаат добрите
работници да ги задржат во земјава, анализира
Утрински весник.
-Најголема опасност што ја носи визната либерализација е во тоа што добриот македонски кадар ќе
ни избега. Одлевањето на младите најмногу не’
плаши, бидејќи тие ќе сфатат дека им се отвораат
можности повеќе да заработуваат надвор од земјава.
Ќе нема со што да ги задржиме, па ќе мора да им ги
зголемиме платите… Ние, менаџерите на големите
фирми, свесни сме за овој проблем и подготвени сме
да ги зголемиме платите само за да ги задржиме
квалитетните работници. Но, сметам дека и
повисоките плати нема да ги задржат младите во
земјава, тргнувајќи од обичниот работник, па се’ до
високо стручниот кадар. Во земјава ќе ни останат
само старите“, вели Илија Гечев, сопственик на ИГМ
трејд од Кавадарци.
Според него, првиот бран, веднаш по стапувањето
на сила на визната либерализација, ќе биде
најсилен, гледајќи го примерот на Полска и на
Бугарија. Тогаш и таму менаџерите им ги зголемија
платите на вработените само за да ги задржат, но и
покрај тоа, не го спречија одливот на млади умови.
Веста дека Кроација-осигурување, со инвестиција
од 3,2 милиони евра, го проширува бизнисот на
маке-донскиот осигурителен пазар, денес топ тема
во
печатените
гласила.
Покрај
животно
осигурување, што го нуди веќе четири години,
Кроација-осигурување од вчера стартуваше и со
нови производи, како што се, неживотни
осигурувања. Хрватската осигурителна компанија
отвори нова фирма за неживотно осигурување во
Македонија. За директорот на Друштвото на
Кроација за неживотно осигурување, Драган

Лазаревски основна цел им е да станат лидери на
македонскиот пазар преку натамошно подобру-вање
на понудата и вложување во развој на високо
квалитетни услуги и производи. - Новина на пазарот
ќе би-де понудата на пакети за осигурување во
земјоделството и за дополнително здравствено
осигурување….Во Македонија има пионерски обиди
за дополнително здравствено осигу-рување, но тоа
не е доволно. Со нашето присуство ќе дадеме
вистински пример како треба да се развива
дополнителното здравствено осигурување.
Во Македонија ќе се прави транспортна берзапренесува Вечер. Се подготвува проект за изработка
на транспортна берза во Македонија, на иницијатива
на Сојузот за стопански комори (ССК). Како што
посочи претседателот на Услужната комора на ССК,
Дарко Велков, транспортната берза треба да дава
квалитетни информации за потребите на
транспортерите, а резултатите од неа ќе се користат
за поврзување на сите превозници. Тоа значи дека
сите информации од областа на транспортот ќе
бидат собрани на едно место и ќе се овозможи
електронска комуникација меѓу субјектите.
- Во Македонија недостига брза и транспарентна
информација во транспорт, а тоа е основно за брзо
фукционирање - соопштуваат од оваа Комора.
Денешните весници пренесуваат дека Владата за 50
отсто ќе ги намали цените на хомологацијата, како
обид да му помогне на стопанството да се извлече од
кризата во која тоне се’ подлабоко. Според новиот
тарифник, за иденти-фикација и оцена на
техничката состојба на возилата ќе се плаќа 1.425
денари, наместо 2.850 денари.
-Министерството за економија ќе го потпише
тарифникот за идентификација и хомолагација на
возилата за 50 отсто за шест групи возила.
Намалувањата на трошоците се однесуваат и за
бизнис-заедницата и за граѓаните, најави вчера
министерот за економија, Фатмир Бесими.
За разлика од Владата, која е убедена дека со вакви
периферни мерки може да и’ даде вештачко дишење
на економијата, транспортерите сметаат дека се

работи за потези кои не гарантираат полесно
работење…
-Поентата е да се донесат мерки кои ќе влијаат на
сите транспортери. Една од основните мерки што би
можела да ги преземе Владата, а кои најмногу би ни
помогнале, би било намалувањето на цената на
зелениот картон, потенцира Билјана Муратовска од
Макамтранс.
На дваесеттина компании вчера им беше врачена
наградата за најдобри општествено одговорни
практики за 2008 година, настан за кој информираат
речиси сите весници. За оваа награда конкурираа
вкупно 33 мали, средни и големи претпријатија, со
52 проекта. Координа-тивното тело за општествена
одговорност на претприја-тијата, вчера ги додели
сите награди за најдобри големи, мали и средни
претпријатија во пет категории.
Кај големите фирми признанија добија Благој
Ѓорев, Арчелор Митал, Макстил, ВИП, Охридска
банка и Космофон. Со признанија беа наградени и
други позитивни практики на Комерцијална банка,
Охридска банка, Прокредит банка, ЕВН, Макстил,
Арчелор Митал и други.Меѓу малите и средните
претпријатија како фирми со најдобри општествено
одговорни практики беа наградени ТТК банка, Адора
инженеринг, Фармахем и Македонијалек.
Денес ќе читате и дека до Владата пристигна
известувањето за тужбата на ЕВН до Арбитражниот
суд во Вашингтон,рече вчера министерот за
економија Фатмир Бесими. Австриската компанија
најави дека ќе ја обвини државата Македонија за
непочитување на три меѓународни договори:
Договорот со Австрија за сигурност на инвестициите, Енергетската повелба, како и договорот за
членство во Европската енергетска асоцијација.
Според Бесими, Владата го добила барањето за
арбитража и таа ќе го разгледа на една од следните
седници, па потоа ќе одго-вори. Министерот за
економија Бесими, кој пред три години кумуваше на
продажбата на ЕСМ на ЕВН, најави дека сите опции
остануваат отворени и не негираше дека Европската
енергетска заедница може да се јави како медијатор
во спорот.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. АВИОНОТ НА MAT СЕ УШТЕ ЗАГЛАВЕН ВО БЕЛГРАД (*****)
2. „КРОАЦИЈА” ПОЧНА СО НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ (****)
ДНЕВНИК
с.6 АВИОНОТ НА MAT СЕ УШТЕ ЗАГЛАВЕН ВО БЕЛ-ГРАД
с.7 ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
с.7 ВЛАДАТА ЈА ПРИМИ ТУЖБАТА ОД ЕВН

БИЗНИС

ВЕЧЕР
с.6 МАКЕДОНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО ВИШОК МЛЕКО
с.6 EBH МАКЕДОНИЈА ДОБИ НАГРАДИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
с.6 ПОЧНА СО РАБОТА ДРУШТВОТО ЗА НЕЖИВОТНИ ОСИГУРУВАЊА
с.7 ДАЛИ ДРЖАВАТА ВРШИ ПРЕСИЈА ВРЗ МАТ И ЗОШТО?
с.7 ЌЕ СЕ ПРАВИ ТРАНСПОРТНА БЕРЗА

с.3 „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ” СТАРТУВА СО ДРУШТВО ЗА НЕЖИВОТНО
ОСИГУРУВАЊЕ

с.7 НОВ ВИД НA ДЕПОЗИТ

с.3 ХРАНАТА И ПРЕРАБОТКИТЕ ОД ЗЕЛЕНЧУК ШАНСА ЗА ЗГОЛЕМЕН ИЗВОЗ

ВРЕМЕ

с.3 ИЗРАБОТКА НА ТРАНСПОРТНА БЕРЗА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТУРИЗМОТ

с.4 MAT СЕ ЛИЗНА НА ПРЕДНОТО ТРКАЛО

с.5 ВЛАДАТА ГО ДОБИ БАРАЊЕТО ОД ЕВН ЗА АРБИТРАЖА ВО СПОРОТ СО ЕЛЕМ

с.7 ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ЗАТРУПА РУДНИЦИТЕ

с.5 НОВ ОРОЧЕН ДЕПОЗИТ СО РАСТЕЧКА КАМАТА ДО 8 ПРОЦЕНТИ

с.7 СЕ БАРА ИНВЕСТИТОР ЗА ХОТЕЛ СО ПЕТ ЅВЕЗДИ

с.5 БАНКИТЕ „ПОТКОВАНИ” ДА ИЗДРЖАТ ЛИКВИДНОСНИ ШОКОВИ

с.7 „КРОАЦИЈА” ПОЧНА СО НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

с.7 ОДГОВОРНОСТА КОН ОПШТЕСТВОТО - ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА НА
МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ

ВЕСТ

с.8 НБРМ ГИ ВРАЌА БАНКНТЕ ПРЕКУ ПЛАСИРАЊЕ ДЕВИЗНИ ДЕПОЗИТИ

с.5 АВСТРИЈЦИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ МЕСТО МАТ

с.9 BO „БЛОК“ ИСТРГУВАНИ АКЦИИ НА АЛКАЛОИД ЗА ПЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ

НОВА МАКЕДОНИЈА

УТРИНСКИ ВЕСНИК

с.8 MAT: НОСЕНАТА НОГА УШТЕ МОЖЕ ДА ЛЕТА
с.8 МАКЕДОНИЈА Е НЕОТКРИЕН ОСИГУРИТЕЛЕН ПАЗАР

с.4 MAT: ПРЕДНОТО ТРКАЛО НА „БОИНГОТ” Е СЕРВИСИРАНО
с.4 КОЈ ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ХОТЕЛ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО
с.7 ТУЖБАТА НА ЕВН ОД ВАШИНГТОН НА АДРЕСА НА ВЛАДАТА

с.8 ВЛАДАТА ГО ДОБИ БАРАЊЕТА ЗА АРБИТРАЖА НА ЕВН
с.9 ДРЖАВАТА ГИ НАГРАДИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИТЕ КОМПАНИИ

с.9 “КОГЕЛ СЕВЕР” ЌЕ ПРОРАБОТИ НАЈРАНО НАЕСЕН

ШПИЦ.

с.9 НАГРАДЕНИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИТЕ ФИРМИ
с.9 „КРОАЦИЈА-ОСИГУРУВАЊЕ” ГО ПРОШИРУВА БИЗНИСОТ ВОМАКЕДОНИЈА

с.10 НОВА КОМПАНИЈА HA ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР
с.10 НАГРАДИ ЗА ОПШТЕСТВЕНО-ОДГОВОРНИ ФИРМИ

Data 75. 05. 2009

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

21

22.05.2009 g. ПЕТОК
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
-Владата одлично се справува со кризата.
Импресиониран сум од посветеноста и добрите
политики и начини со кои Владата се справува со
кризата,
изјави
извршниот
директор
на
Холандската конституенца во Светската банка, Руд
Треферс. Ова е веста што денес ја пренесуваат
сите македонски печатени гласила, а која високиот
гостин ја дал по средбата со премиерот Груевски.
На средбите со владините претставници, бизнис
заедницата и со НВО, Треферс имал можност да се
запознае
со
состојбите
во
земјата.
За посетата на Треферс, Утрински весник со
наслов:Властите уште го заобиколуваат ММФ. - Во
насока на ублажување на последиците од
светската економска криза, Груевски го
информирал Треферс за предложениот ребаланс на
буџетот и за пакетот антикризни мерки. Притоа,
биле посочени и ревидираните макроекономски
проекции, мерките за заштеди во Буџетот,
кредитната линија од 100 милиони евра од
Европската инвестициона банка за малите и за
средните претпријатија, и продолжувањето со
инфра-структурните проекти, пред се, во
транспортниот сектор и енергетиката.
Случајот ЕЛЕМ –ЕВН, и натаму топ тема во информативните гласила. Овие две институции
комуницираат преку тужби. Уште една тужба од
ЕЛЕМ против ЕВН. -EЛЕМ моментно има околу 20
милиони евра побарувања од ЕВН за увезената
струја во 2008 година и има поднесено тужба за
наплата на 10 милиони евра. Рокот за наплата на
остатокот од уште 10 милиони евра истекува на 5
јуни и, ако не биде платен, и за тоа ќе има тужба,
изјави вчера дирекгорот на ЕЛЕМ, Влатко
Чинговски, на прес-конференцијата, свикана точно
еден месец од читањето на судската пресуда во
корист на ЕЛЕМ.
Чинговски вчера прв пат обелодени дека
актуелната тужба за наплата на 6,5 милијарди
денари, всушност, не е единствена и дека ЕЛЕМ
имал поднесено најмалку уште пет-шест тужби
против ЕВН. Меѓу другото, ја тужи и за поставеното

лого на врвот на зградата, која колку била на ЕВН,
толку била и на ЕЛЕМ.
Утрински весник анализира: Никој веќе не штеди
во денари.- Се повеќе граѓаните и фирмите ги
прегвораат депозитите во евра. Тие и во април га
префрлале своите денарски влогови во девизни,
иако за нив добиваат двојно пониски камати. Во
април девизните депозити се зголемени за 40
милиони евра, на сметка на денарскитедепозити.
Сепак, факт е дека повлечените штедни влогови во
март, особено пред изборите, кога беше присутен
најголем страв од девалвација на денарот, во
април повторно се вратени во банките. Но, факт е
и дека сите повлечени депозити, вратени во
банките,
се
претворени
во
девизи.
Тоа го потврдуваат последните податоци на
Народна банка на Македонија, во кои се прикажани
состојбите со штедните влогови во април,
споредено со претходните месеци.
–Рецесијата нема да влијае врз нашиот бизнисвели Огнен Фирфов, раководен директор
за
продажба во а.д. Македонски телеком во интервју
Бизнис.
-Во иднина, продуктното и сервисно портфолио
на нашата компанија постојано ќе се збогатува со
нови производи, во насока на комплетно
интегрирани услуги, кои би вклучувале фиксен и
мобилен говор, фиксен и мобилен интернет и
телевизија. Дел од нашите идни цели е и
збогатувањето на веќе постојното портфолио на
висококвалитетни производи и услуги, наменети за
бизнис корисниците, кои ќе нудат целосни
интегрирани решенија, што одговараат на
потребите на секој бизнис.
-Во него ќе читате и дека банкарските кредити се
главен извор на финансирање,-Мобилизирањето
капитал преку емисија на хартии од вредност
илузија на компаниите. Загрижувачки е мал бројот,
посебно кај друштвата со ограничена одговорност,
на оние деловни субјекти кои би одлучиле да
мобилизираат капитал преку емисија на хартии од
вредност. Позајмениот капитал отсекогаш бил

извор за финансирање на крупни деловни потфати
на компаниите.
Денешните весници пренесуваат и дека вчера
се одржа третата инвеститорска конференција, SEE
Regional Capital Markets Conference во Белград.
Конференцијата ја организираат берзите од
Љубљана, Загреб, Скопје, Сараево, Бања Лука,
Подгорица и Белград. На настанот присуствуваат
претставници на 22 компании од земјите учеснички
на конференцијата и околу 50 институционални
инвеститори
(брокерско-дилерски
друштва,
фондови и банки) од регионот, како и од Западна
Европа. Од котирани компании на Македонската
берза, на оваа инвеститорската конференција се
претставија: Гранит, Комерцијална банка и
Топлификација.
Млечната криза кулминира. Поради големиот
увоз, а малиот извоз, млекото претече, пишува
Време. - По пропаѓањето на шведската
млекарница, која лани ова време откупуваше и по
100 тони млеко на ден, голем дел од сточарите се
најдоа во безизлез, а сега другите млекарници,
веројатно, ќе мора да ги намалат количините што
ги откупуваат бидејќи магацините им се преполни
со резерви од млеко. Потрошувачката на млеко,
според сите истражувања, е падната за 10
проценти.
Намалената
куповна
моќ
на
потрошувачите е проблем што е присутен и во
земјите од регионот и во ЕУ, каде што веќе имаат
мерки за да се зголеми конкурентноста и полесно
да се извезува.
Македонската компанија Адинг наредната недела
отвора производствен погон во бугарскиот град
Перник, инвестиција вредна околу 400.000 евра.
Предвидено е во. новиот погон да се произведуваат
дотатоци за бетони. Адинг е водечка компанија на
Балканот и пошироко,. присутна на пазарите во
Македонија, Хрватска, Бугарија, Србија, Русија и
пошироко.
Речиси 80 отсто од производството се пласираат
надвор од Македонија, a само 20 проценти на
домашниот пазар.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. УШТЕ ЕДНА ТУЖБА ОД ЕЛЕМ ПРОТИВ ЕВН (*****)
2. „АДИНГ” ОТВОРА ПОГОН ВО БУГАРИЈА (***)
ДНЕВНИК

с.8 „АДИНГ” ОТВОРА ПОГОН ВО БУГАРИЈА

с.7 РЕДОВНИ ЛЕТОВИ КОН АНГЛИЈА И АНКАРА

ВЕЧЕР

с.7 “МЕТРУДХЕМ” ЈА ДОБИ ТОПИЛНИЦАТА

с.4 ВЛАДАТА ОДЛИЧНО СЕ СПРАВУВА CO КРИЗАТА

с.7 ЕЛЕМ ПАК ГО ТУЖИ ЕВН ЗА 20 МИЛИОНИ ЕВРА

с.6 ДВЕ НАГРАДИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

с.7 СО КАМПАЊИТА СЕ КОРУМПИРА ЈАВНОСТА

с.7 КУЛМИНИРА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА МЕЃУ ЕВН И ЕЛЕМ

с.8 „АДИНГ” ОТВОРА ПОГОН ВО БУГАРИЈА

ВРЕМЕ
БИЗНИС
с.3 „КОСМОФОН” СЕ ГРИЖИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ И ВЛОЖУВА ВО ЗАЕДНИЦАТА
с.3 НОВ ПРОИЗВОДЕН ПОГОН ВО ПЕРНИК
с.3 ТТК БАНКА СО ПОДДРШКА НА НАЈМАЛИТЕ
с.5 РЕЦЕСИЈАТА НЕМА ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ НАШИТЕ ИНВЕСТИЦИИ
с.7 ВО СОНЧЕВИТЕ ДЕНОВИ БЕРЗИТЕ РАСТАТ ПОВЕЌЕ ОД 24 ПРОЦЕНТИ
с.8 МОБИЛИЗИРАЊЕТО КАПИТАЛ ПРЕКУ ЕМИСИЈА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
ИЛУЗИЈА НА КОМПАНИИТЕ
с.9 МБИ-10 ПОРАСНА ЗА 4,13 ПРОЦЕНТИ
с.10 УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ОДНОСИТЕ СО ИНВЕСТИТОРИТЕ ПРЕДИЗВИК ЗА
РЕГИОНАЛНИТЕ КОМПАНИИ

с.7 ПРЕТЕЧЕ МЛЕКОТО
с.7 НУДАМ ОСТАВКА АКО ВАШИНГТОН НЕ ПРЕСУДИ ВО НАША ПОЛЗА

ВЕСТ
с.6 EЛEM ГO ТУЖИ ЕВН И ЗА НЕПЛАТЕНА СТРУЈА

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.8 „ФАКОМ” СО ДОБИВКА ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА
с.9 ЕЛЕМ И „ЕВН-МАКЕДОНИЈА” КОМУНИЦИРААТ СО ТУЖБИ

УТРИНСКИ ВЕСНИК

с.9 ТРЕФЕРС: ИМПРЕСИОНИРАН СУМ ОД АНТИ-КРИЗНАТА ПОЛИТИКА НА
ВЛАДАТА

с.5 УШТЕ ЕДНА ТУЖБА ОД ЕЛЕМ ПРОТИВ ЕВН

с.9 „АДИНГ” ОТВОРА ПОГОН ВО БУГАРИЈА

с.6 КОМПАНИЈАТА „ЛУКОИЛ” ОТВОРИ БЕНЗИНСКА ПУМПА ВО ВЕЛЕС
с.7 ВЛАСТИТЕ УШТЕ ГО ЗАОБИКОЛУВААТ АРАНЖМАНОТ СО ММФ

ШПИЦ

с.7 ОБВРЗНИЦИТЕ ГО КРЕНАА БЕРЗАНСКИОТ ПРОМЕТ

с.8 ЕЛЕМ ЈА ОБВИНИ ЕВН ЗА ПРЕВИСОК НАПОН

с.8 НИКОЈ ВЕЌЕ НЕ САКА ДА ШТЕДИ ВО ДЕНАРИ

с.8 АВТОМОБИЛИТЕ СЕ ЛИЗНАА НА ЛИЗИНГ

22

берзНИК

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 25. 05. 2009

23.05.2009 g. САБОТА
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
Ни падна рејтингот за кредити, пренесуваат
денешните весници. Кредитите од странство со
кои Владата ќе ги крпи дупките во буџетот,
платниот биланс и во девизните резерви ќе ја
чинат Македонија поскапо. Тоа е заклучокот од
намалувањето на кредитниот рејтинг на
Македонија што меѓународната агенција за
бонитет Фич го направи во четвртокот неделава.
Таа оценува дека Владата најверојатно тешко ќе
им ги враќа парите на граѓаните, фирмите и на
банките што им ги прибра преку државните
записи. Денарот ќе биде се понестабилен
бидејќи девизните резерви се се помали,
констатира Фич. Министерот за финансии Трајко
Славески тврди дека рејтингот е непроменет, а
само добил негативна додавка, која мини-мално
ќе ги поскапи кредитите... Агенцијата ги
потврди оцените за кредитен рејтинг на ББ+, за
краткорочен рејтинг во странска валута на Б и
за плафонот на земјата на БББ-.
-Негативниот изглед на кредитниот рејтинг на
Македонија е одраз на ризикот дека
влошувањето во глобалната економска и
финансиска средина ќе наметне поскапи
макроекономски приспособувања на земјата, со
оглед на големиот дефицит на тековна сметка”,
изјави Ерал Јилмаз, помошникдиректор на
независната група Имрџинг Јуроп на Фич.
За Владата ова е сигнал дека ќе
се
задолжуваме и раздолжуваме по повисока цена,
иако сметаат дека тоа ќе биде маргинално. За
експертите, Македонија тешко ќе закрепне по
овој пад на рејтингот и ќе ни требаат години
повторно да стигнеме до инвестициски рејтинг,
кој ни беше на дофат. Сега на земјава ќе се
гледа како на ризична инвестициска
дестинација. Според нив, допрва ќе биде тешко
и во поглед на задолжувањата на земјава
надвор што ги планира Владата. Co ваков
рејтинг нема да може каматните стапки на
еврообврзницата да бидат пониски од 8 до 10
отсто...
Коридорот 8 многу скоро ќе биде една од
главните алки за поврзување на Европа CO
Блискиот Исток и Централна Азија во рамки на

проектот Патот на свилата.Беше истакнато на 9.
конгрес на Меѓународни шпедитери и
логистички оператори од Јгоисточна Европа, кој
се одржа во Охрид, пренесува Вечер.
Учесниците на конгресот оценија дека
поголемиот број држави засегнати од Коридорот
8 не можат да издвојат доволно пари за
инфраструктурни проекти покрај високиот износ
на
странски
директни
инвестиции.
Според нив, решение се гледа единствено преку
изработка на заеднички регионални проекти кои
би конкурирале за пари од фондовите на
европските финансиски институции.
Меѓу топ вестите и денес случајот ЕЛЕМ-ЕВН,
топ тема. Отштетата од 950 милиони евра што ја
бара ЕВН од државата, во случај компанијата да
го добие спорот во Вашингтон, ќе ги потроши
девизните резерви, предупредува стручен
консултант во австриската компанија...
Амбасадите не кажуваат кој го набљудувал
процесот ЕЛЕМЕВН.- Одговорија само
амбасадите на САД и на Швајцарија, но и двете
одбиваат да ги кажат името и струката на
нивниот претставник што го донел заклучокот
дека судскиот процес бил нерегуларен
И Хелсиншкиот комитет во својот последен
извештај упати критики за текот на судскиот
процес меѓу ЕЛЕМ и ЕВН, со образложение дека
Владата се меша во независноста на третата
власт, а пресудата ќе придонесе за намалување
на странските инвестиции во Македонија. Од
комитетот велат дека немале свои набљудувачи
за време на судскиот процес, но во рамките на
отптиот мониторинг на јавни настани носеле
свои заклучоци.
Бизнисмените бараат Владата да се сврти кон
Блискиот исток, пишува Нова македонија.- Владата
да дефинира наеоки и стратегија за mf ензивирање
на економската соработка со Блискиот Исток и да ја
засили етопанската промрција во земјите од овој
регион преку-отворање дипломатско-конзуларни
претставништва,
побараа
македонските
бизнисмени.
Тие вчера на состанок во Стопанската комбра
истакнаа дека имаат интересно не и можност за

реализирање трговска размена со Јордан,
Сирија, Либан, Палестина, Ирак, Иран, Кувајт,
Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска
Арабија, Египет, Либија, Тунис, Алжир и со
Мароко. ч. Клучни проблеми, според нив, се
царинските давачки, начинот на плаќања и
визите, кои најчесто се вадат во трети држави.
Пазарот на Блискиот Исток е огромен, особено е
голема
побарувачкатана
прехранбени
производи и услуѓи во градежништвото, но
Македонија долго време не е присутна таму.
Трагично е колку се мшималш статистичките
податоци за размена со овие земји или такви
бројки воопшто не постојат, велат во Комората.
Берзите од регионот и натаму играат соло,
пренесува Утрински весник.- Дали регионалното
поврзување на берзите може да ги раздвжи
пазарите на хартии од вредносг? Иако првите
луѓе на Македонската берза беа во Белград на
Регаонална конференција, соред информациите
оттаму, прашањето за поврзување на берзите од
регионот не било дискутирано. Уште еднаш била
потенцирана определбата дека соработката меѓу
берзите треба да продолжи во духот на
Меморандумот за соработка потпишан лани, кој
подразбира заеничка промоција на пазарите на
хартии од вредност пред инвеститорите.
Се поставува прашање зошто со оваа опција за
регаонално поврзување на берзите се уште се
тактизира, кога и еден од најголемите играчи во
берзанскиот бизнис, како што е скандинавскиот
гигант ,Наздак ОМХ”, токму тоа и го препорача.
Тие сметаат дека само поврзани берзите во
регионот може да станат интересни за
инвесгиторите.
Во вест пак ќе читате , протест под маски.Екологистина “Вила зора” не ја признаваат
продажбата на велешка Топилница, бидејќи
сметаат дека тендерот на кој лани се продаде
фабржата бил наместен, а постапката
фингирана. Тие вчера на сопствениците на
скопски “ Метрудхем”, фирмата што судот ја
прогласи за нов газда на Топилницата, им
порачаа да не помислуваат на рестарт се додека
не обезбедат А интегрирана дозвола за работа.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. НИ ПАДНА РЕЈТИНГОТ ЗА КРЕДИТИ (*****)
2. СПОРОТ СO ЕВН ЌЕ ГИ ГОЛТНЕ ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ? (***)
ДНЕВНИК

с.7 ОПАЃА РЕЈТИНГОТ НА ДЕНАРОТ

с.7 СРЕДБА НА ШПЕДИТЕРИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

с.7 ЕЛЕМ КУПИ КАНЦЕЛАРИИ ЗА 1,8 МИЛИОН ЕВРА

с.9 НИ ПАДНА РЕЈТИНГОТ ЗА КРЕДИТИ

с.9 ГРАДСКИТЕ АВТОБУСИ СО ПОЛИЦИСКИ ИМУНИТЕТ

УТРИНСКИ ВЕСНИК

ВЕСТ

с.8 УШТЕ ЕДЕН УДАР ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНО-МИЈА

с.6 МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖУВА ПОСКАПО

с.8 НАШИТЕ БИЗНИСМЕНИ СЕ ВРТАТ КОН БЛИСКИОТ ИСТОК

с.6 ТОПИЛНИЦАТА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ НА 5 КИЛОМЕТРИ OД ВЕЛЕС

с.9 ЕВН: ВЕЌЕ ИНВЕСТИРАВМЕ ПОЛОВИНА ОД ПЛАНИРАНОТО
с.11 БЕРЗИТЕ ОД РЕГИОНОТ И НАТАМУ ИГРААТ „СОЛО”

НОВА МАКЕДОНИЈА

ВЕЧЕР

с.5 АМБАСАДИТЕ НЕ КАЖУВААТ КОЈ ГО НАБЉУДУВАЛ ПРОЦЕСОТ
ЕЛЕМ -ЕВН

с.5 ТОПИЛНИЦАТА ПАК ЌЕ ТРУЕ?!
с.6 ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ДИВИДЕНДАТА ОД ТЕЛЕ-КОМ

с.8 БИЗНИСМЕНИ БАРААТ ВЛАДАТА ДА СЕ СВРТИ КОН БЛИСКИОТ ИСТОК

с.6 ПОВЕКЕ ЛЕТОВИ ДО ИСТАНБУЛ

с.8 ЕВН: РЕАЛИЗИРАВМЕ ПОЛОВИНА ОД ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА 2009
ГОДИНА

с.7 СТРАНСКИ ПАРИ ЌЕ ГО ЗАЖИВЕАТ КОРИДОРОТ 8

с.9 БАНКИТЕ ИМААТ СЕ ПОВЕЌЕ СОМНИТЕЛНИ ПОБАРУВАЊА

ВРЕМЕ
с.7 НИКОЈ НЕ ПРОВЕРУВА КАКОВ БЕНЗИН ТОЧИМЕ

ШПИЦ
с.10 СПОРОТ СO ЕВН ЌЕ ГИ ГОЛТНЕ ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ?

Data 13.04.2009

broj 69
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

23

OD 18.05 DO 23.05.2009 g. PONEDELNIK-SABOTA
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI VO NEDELNICITE
ГЛОБУС

с.26 САМО ОБАМА МОЖЕ ДА ГО СПАСИ “НАБУКО”
Состанокот на врвот кој го организираше бугарскиот претседател
Георги Прванов, на кој се разговараше за сигурноста на испораката
на гас на Европа, a на кој ние практично не учествуваме со
соодветен кадар и јасен интерес, го допре и прашањето за
гасоводот „Набуко”. Ова име, инаку, е синоним за геополитичката
стратегија на големите сили, a ce искажува низ можноста да се
создаде директна „не руска” врска меѓу земјите на Централна Азија
и ЕУ. Бугарија сакаше преку состанок, како што вели аналитичарот
на „Глобус“, Вилијам Ендал, да стане „енергетски Давос” и повика
28 земји од азискиот и од европскиот дел на планетата на дебата за
енергетски теми.

с.37 БРЗАТА ИСПЛАТА НА ШТЕТИТЕ Е НАШАТА ПРЕДНОСТ
Хрвоје Војковиќ- Претседател на управниотодбор на Кроација
Осигурување
Кроација осигурување започнува со продажба на полиси за
неживотно осигурување и во Македонија. Со ова комплетната понуда
на оваа Хрватска Осигурител-на компанија,која важи и за
регионален лидер,станува достапна на Македонскиот пазар.
с.42 ПОСТОИ ЛИ СЕПАК ДОГОВОР СО ММФ
Лекциите ce јасни. Треба да се верува во сопствениот капацитет,
предлозите да се прифатат и вгродат во соодветна економска агенда
независно од каде доаѓаат тие, да се знае дека ММФ и Владата
соработуваат и дека секое понатамошно влошување на платниот
биланс ќе биде круцијално за новите политики на економски план

ФОКУС

ФОРУМ

с.36 МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ ВАШИНГТОН ЌЕ ГИ ПЛАТИ СИТЕ
НАСТАНАТИ ШТЕТИ HA ЕВН
Гинтер ОфНЕР, овластен претставник на ЕВН
Па која е логиката да се канат инвеститори ако тие се предмет на
постојан сомнеж и скриени и отворени непријателства. Во чиј
интерес е сево ова и кој ќе ја преземе одговорноста на крајот за
настанатите штети? Кој е умот позади сето тоа и што е целта?,
прашува Гинтер Офнер, овластаен претставник од ЕВН со кого
интервјуто го направивме по електронски пат, па затоа не бевме во
можност да му поставиме дополнителни прашања.

с.35 КАКО НЕ СЕ ТРЕТИРА ИНВЕСТИТОР
Судскиот спор што го поведе Електрани на Македонија (ЕЛЕМ)
против ЕВН Македонија стана топ-тема во македонската јавност.
Голем интерес покажаа и структурите во Европската Унија кои ги
опсервираат состојбите во Македонија. Оттука и можам до некаде да
ја разберам чувствителноста и помалку нервозата кај дел од
инволвираните страни. Но, она што не можам да го разберам е во
една ваква сложена ситуација, менаџментот на ЕЛЕМ да се занимава
со мојата кариера и да ми упатува пораки на лична адреса. Тие ниту
се компетентни, ниту повикани да го коментираат портфолиото на
одреден новинар.

с.32 EBH HE ГО ПОЧИТУВА СУДОТ, A СЕ ЖАЛИ ДЕКА НЕМАЛЕ
ФЕР СУДЕЊЕ
Влатко ЧИНГОСКИ, генерален директор на Електрани на
Македонија-ЕЛЕМ
Нонсенс е дека некој ги задолжил нив да наплатат побарувања и
да задржат 50 отсто од парите за услугата. Никој не би се откажал
од 50 отсто од сумата само за услуга. Дополнително, ЕВН не се
адвокатска канцеларија, па да ги задолжиме да направат некаков
си комисион или налог за ЕЛЕМ. Тие се лиценцирана компанија за
дистрибуција и снабдување со електрична енергија и ништо повеке,
вели Влатко Чингоски генерален директор на ЕЛЕМ, во интервјуто
за Фокус”

КАПИТАЛ

с.12 ЗАДОЛЖУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО- МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ
Bo услови кога ефектите од кризата почнуваат да се чувствуваат
врз македонската економија се посилно, странските инвестиции се
буквално стопирани, станува очигледно дека единствениот спас за
одржување на економската стабилност во земјава ќе биде
обезбедувањето на пари од надворешни извори. Владата
последниов месец е растрчана низ светот во обид да обезбеди
прилив на девизи. Во игра се ЕБРД, ММФ, Светска банка, приватни
странски банки, еврообврзница...
с.24 ВЛАДАТА САКАШЕ НО ЕЛЕМ HE САКА ПРЕГОВОР
Гинтер Офнер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН
Македонија
Проблемот помеѓу ЕСМ-ЕВН и ЕЛЕМ постои подолго време. Дали
настана поради непре цизни договори направени пред продажбата
на ЕСМ или поради немање волја кај ЕЛЕМ за решавање на
отворените прашања? ЕВН секогаш работел конструктивно. Ние
секогаш бевме отворени за разумни решенија за кое било отворено
прашање. Но, за љубов се потребни двајца. Шест рунди на
разговори на високо ниво се водеа годинаво, но беа попречени од
ЕЛЕМ, како и многу пати пред тоа. ЕВН надвор од судот не доби
разумни предлози за решенија од ниедна страна, ниту пак бевме
заштитени од неоправданите барања.
с.25 ЕВН ЗЕМА И ПЛАЌА СТРУЈА КОГА САКА И КОЛКУ САКА
Влатко Чингоски, Директор на Електрани на Македонија
Капитал ексклузивно, на едно место, ви ги пренесува соочените
ставови и аргументи на првите луѓе на ЕВН Македонија, Гинтер
Офнер, и на Електрани на Македонија, Влатко Чингоски. И едниот и
другиот не штедат зборови за да прикажат каков конфликт
навистина постои помеѓу ЕВН и ЕЛЕМ. Екслузивно прочитајте зошто
конфликтот задира многу подлабоко од актуелниот спор

с.32 БИЗНИСОТ ВРЕДЕН 100 МИЛИОНИ ЕВРА ДОПРВА КЕ РАСТЕ
За 2008 г. најголем учесник на пазарот на осигурување е Вардар
со брутополисирана премија од 1,37 милијарди денари. По него
следи КЈУБИ, долгогодшиен гигант, со 1,18 милијарди денри, па Сава
Табак со милијарда денри. Сепак, бизнисот може реално многу да
расте зашто Македонците го осигуруваат само тоа што мораат.
Поради тоа половина од бруто-полисираната премија е од
осигурување на автомобили од одговорност што е законска обврска.
За жал, животното осигурување иако бележи силен раст е на дното
на приоритетите на Македонците. Во структурата учествува со само
4%, a бележи огромен раст...

с.39 СМИРЕНИ СТРАСТИ
Македонска берза- минатата недела
После големиот раст во текот на претходната недела, главниот
берзански индекс МБИ10 ја заврши неделата со раст од само 0,92%,
достигнувајќи ниво од 1.971,10 поени, иако во средата успеа по
подолго време да се искачи и над психолошката Граница од 2.000
поени. Индексот на јавно поседувани друштва МБИД порасна за
6,27%, додека индексот на обврзници ОМБ во текот падна за 0,22%
с.41 ГО ИСПУШТИВМЕ ЛИ ВОЗОТ?
Платниот биланс ќе биде особен предизвик годинава покрај падот
ш извозот и ш дознаките од странство, речиси е невозможно да се
намали буџетскиот дефицит. Пресметките велат дека на Македонија
и се потреони минимум половина милијарда евра за да ѓи закрпи сите
дупки. Кои се начините на финансирање дали се дупки и дали го
испуштивме возот со ММФ?
с.45 АГОНИЈА НА ПОРАЗОТ ИЛИ ПОРАЗ НА АГОНИЈАТА?
Светски берзи- минатата недела
Отпуштањето вработени од Крајслер, Џенерал моторс и нивните
дилери, ниј број е најавено да биде намален за околу 2.000, или
потенуиЈплни нови над 100.000 невработени во следните месеци,
наликува на колапсот на МЗТ, Железарница и слинните македонски
гтанти пред некоја деценија во Македонија, когп голем број
работниуи останаа на улица поради загуоата на пазарите. Дали со
тоа ќе биде поразен американскиот con за куќа во предградието од
половина милион долари и три автомобила пред неа? Или
неодржливоста на таквиот начин на живот на кредит е причиш, а не
последица?

24

берзНИК

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 25.05..2009

НЕДЕЛАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА...

Осмата обврзница со најголем промет
На домашниот пазар на капитал, позитивен
тренд на неделно ниво. Цените на акциите,
почнувајќи од понеделникот (18.мај) беа во
постојана нагорна линија, а интересот на
инвеститорите растеше од ден на ден.
Највисокото ниво беше постигнато во
четвртокот кога МБИ на десетте најликвидни
компании забележа пораст од 4,13%. Најголем
пораст меѓу компаниите кои го сочинуваат овој
индекс, забеелжа акцијата на Макпетрол која
достигна максимална цена од 35.660,00 денари
по акција, односно скокна за 9,07%. После
ваквиот пораст, во петокот домашниот индекс
потона во црвената зона предводен од акцијата
на Комерцијална банка која воедно беше и
акција со најголем дневен промет.
Од вкупниот неделен промет од нормално
тргување кој изнесува 162,6 милиони денари,
најголемиот дел и припадна на обврзницата од

АУКЦИЈА НА ТРИМЕСЕЧНИ
ДРЖАВНИ ЗАПИСИ

Реализирана
половина од
понудата

- Министерството за финансии на 19.
мај реализираше нова аукција на
тримесечни државни записи. Беа
понудени 2.000.000.000 денари,
а реализацијата изнесуваше 959.660.000
денари. Каматната стапка на оваа аукција
бележи зголемување од последната
одржана аукција и изнесува 9,20 отсто.
Во сопственичката структура со 4,17
отсто учествуваа банките. Заклучно со
минатонеделната аукција емитувани се
државни хартии од вредност во изност од
8.172.530.000 денари, од кои
5.184.610.000 денари се тримесечни
државни записи.

Инвест банка ја отвори
28. експозитура
- Инвестбанка денеска во населбата
Чаир ја отвори 28. експозитура во која
ќе се извршуваат сите банкарски услуги
за коминтентите од денарско и девизно
работење.
Иневестбанката од септември 2008
година, е во сопственост на
австриската Steiermarrkische Bank und
Sparkassen AG која поседува 99,22% од
Банката.
Оваа австриска банка и Инвестбанка
АД Скопје со учество од 90 проценти,
односно 10 проценти основаа лизинг
компанија во Македонија,С – Леасинг со
што на македонскиот пазар ќе се
пласираат и лизинг услугите на оваа
групација.

осмата емисија за денационализацијата со која
се истргуваа обврзници во износ од 54,7
милиони денари. Втора по висина на промет
беше Комерцијална банка Скопје со 31,9
милиони денари, а се истргуваа 14.483 акции.
Третата позиција и припадна на
корпоративната обврзница на Тутунска банка
Скопје со промет од 22,3 милиони денари.
Од почетокот на минатата недела започна
да се тргува со нова хартија од вредност на
македонската берза. Станува збор за
корпоративната купонска обврзница на
Тутунска банка АД Скопје. Издадени се вкупно
10.663 обврзници со номинална вредност од 1
евро. Во текот на неделата се реализираа и
две Блок трансакции. Првата, со акциите на
Прилепска Пиварница АД Прилеп. Се
истргуваа 1.900 акции (со номинална вредност
од 125 евра) по цена од 3.650,00 денари по

акција. Вкупната вредност на трансакцијата
изнесува 6.935.000,00 денари односно 4,76%
од основната главнината на друштвото.
Вториот блок беше со акциите на Алкалоид
Скопје. Се истргуваа 1.360 акции по цена од
3.700,00 денари по акција, а вкупниот износ на
трансакцијата изнесува 5.032.000,00 денари
односно 0,10% од основната главнина на
друштвото.
На неделно ниво најголем пораст забелжа
акцијата на ЕМО Охрид, каде 25 акции се
истргуваа по цената на 400,00 денари што
претставува пораст кај оваа акција од 100,00%.
Местото на најголем губитник неделава и
припадна на акцијата на ИЦН Фарм АД Скопје
чија цена се спушти на 150,00 денари по акција
при тргувањето во четвртокот, што
претставуваше пад од 25,00 проценти кај оваа
акција.

НОВ ОРОЧЕН ДЕПОЗИТ ВО ЕВРА

Депозит Прогрес –со растечка
каматна стапка до 8%
Охридска банка ја дополнува палетата на
штедни производи за физички лица со иновативен производ, со цел да одговори оптимално на
потребите на штедачите, кои барат истовремено: флексибилност, висока профитабилност и
гарантирана сигурност за своите слободни
парични средства.
Рокот на Депозит Прогрес е поделен на 6
периоди од по 6 месеци, при што секој нареден
период носи повисока камата, без разлика на
износот. Каматните стапки се фиксни и не се
менуваат за периодот на орочување.
Каматната стапка за последното полугодие од
рокот изнесува 8% во евра.
Дополнителна предност за корисникот е што
може да додава дополнителни износи на

основниот влог во секое време и да ја
искористи растечката камата за секој
дополнително вложен износ на Депозит
Прогрес.
Каматите за различните полугодија се
капитализираат во износот на депозитот или се
префрлаат на трансакциска сметка на
корисникот. Во случај на неопходност,
депозитот може да се подигне, без притоа да
се загуби каматата која следува за сите
изминати полугодија од рокот.
Со секој отворен Депозит Прогрес
корисниците добиваат бесплатна MasterCard
револвинг кредитна картичка. Клиентите можат
да отворат Депозит Прогрес во сите 26
експозитури на Охридска банка низ земјата.

HA МАКЕДОНСКИОТ АВТОМОБИЛСКИ ПАЗАР

По со Антистрес оперативен лизинг
Порше Македонија во соработка со Порше
Лгоинг започнуваат со Антистрес оперативен
лизинг на македонскиот автомобилски пазар. Се
работи за нов финансиски инструмент кој
подразбира одобрување на оперативен лизинг,
кој со оваа програма отсега е достапен и за
физички лица. Главни предности на Антистрес
оперативниот лгоинг, е во тоа што за разлика од
останатите лизинг и кредитни програми е
исклучително едноставен и флексибилен. Клучна
разлика во однос на финансискиот лизинг е таа
што купувачите можат да го прекинат лизингот,
можат да го надградат со ново возило, а
правните лица имаат дополнителна можност
месечните рати од антисгрес оперативниот
лизинг да ги книжат како трошок. Целта на
новиот производ Оперативен лгоинг и за физички

лица е, вели директорот на Порше Македонија,
Златко Муцунски, во овие тешки времиња на
глобална финансиска криза најквалитетните
европски возила од широката палета на
брендовите Фолксваген, Шкода и Ауди да ги
направиме уште подостапни до широката
популација. Времетраењето на договорот за
Оперативен лизинг се движи помеѓу 12 и 60
месеци и тоа за сите нови возила од брендовите
Фолксваген, Шкода и Ауди.Гарантниот депозит е
износ на еднократна уплата на почетокот на
финансирањето и може да изнесува од нула до 40
отсто од нето вредноста на финансираното возило.
Гарантниот депозит ја намалува вкупната вредност
на финансирањето, a со самото тоа и износот на
месечниот закуп. По истекот на договорот износот
на депозитот се враќа на клиентот.

Data 75. 05. 2009

broj 75
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

25

NEDELEN PREGLED NA MAKEDONSKA BERZA
za period od 18.05. - 23.05. 2009 godina
VKUPEN PROMET NA MAKEDONSKATA
BERZA AD SKOPJE

U^ESTVO NA ODDELNI PAZARNI
SEGMENTI VO VKUPNIOT PROMET

PREGLED ZA NAJTRGUVANI AKCII NA OFICIJALEN PAZAR

10 NAJTRGUVANI HARTII OD VREDNOST
NA OFICIJALEN PAZAR

26

берзНИК

broj 75
OFICIJALEN PAZAR ZA PERIOD OD 18.05. D0 23.05. 2009

Data 25. 05. 2009

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful