б е р з Н И К - GODINA III - BROJ 76 - 1 ЈУНИ 2009 GODINA (PRILOG NA TENDERNIK

)

www.berznik.com.mk

Анализи, оценки,
прогнози-кризата
не попушта

Data 1. 06. 2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

М

ината недела во знакот на предвидувањата за
светската и домашната економија. Негативни
прогнози, загрижувачки бројки, превентивни мерки
и скромни или нереални предлози на сите страни од многу
аналитичари, професори, институции, стопанственици.
Секој од свој агол, верувам со најдобра намера,за
побезболно надминување на економската криза...
-Светската економија годинава ќе опадне за 2,6
проценти, наместо претходно предвидените 0,5 отсто, се
наведува во најновата прогноза на Обединетите нации
(ОН).
Економскиот пад се должи на светската економска криза,
која според ОН, најтешко ги погодува земјите во развој.
Експертите на ОН предвидуваат и дека, ако мерките за
стимулирање на економскиот раст бидат успешни, благо
подобрување на ситуацијата е можно во 2010 година. ОН
меѓутоа предупредува дека е можно светската рецесија да
продолжи.
- Економската криза и значителното намалување на
вредноста на националните валути ја намалија куповната
моќ на граѓаните од Југоисточна Европа, се наведува во
најновата анализа и на Рајфајзен банка. Кризата особено

Анализи, оценки,
прогнози-кризата
не попушта

Makedonka Baldazarska
Glaven i odgovoren
urednik na берзНИК
e-mail:
berzNIK@interNIK.com.mk

тешко ги погоди граѓаните на Унгарија, кои во март
заработиле во просек нешто помалку од 400 евра, што е
околу 20 проценти помалку во споредба со истиот месец
минатата година. Најниска просечна плата е забележана
во Романија - 317 евра, а по неа доаѓа Македонија каде во
март просечната плата изнесувала 319 евра.
- За тоа дали ќе бидат преземени чекори за помош на
индустријата имајќи го предвид падот на индустриското
производство, премиерот со став дека во Македонија има
помал пад на индустриското производство во однос на
еврозоната. Во еврозоната во јануари падот бил за 17,4
отсто. Во февруари во Македонија падот на
индустриското производство изнесувал 13 отсто додека во
Бугарија бил 13,9. Тој изнесе податоци за намалување
на индустриското производство во повеќе земји од светот,
посочувајќи оти тоа е резултат на светската економска
криза и дека во поголемиот дел од државите состојбата во
економијата е влошена дури и повеќе отколку во
Македонија.
Премиерот посочи на антикризните мерки што ги
донесе Владата и притоа истакна дека Владата одобрила
земање кредитна линија од Европската инвестициска
банка, што наскоро ќе се најде во Парламентот. Оваа
кредитна линија ќе им овозможи на малите и средните
претпријатија земање кредити со стапка од шест
проценти.
-За разлика од ваквиот оптимистичен став на
премиерот, економскиот аналитичар Ден Дончев и
предвидува на Македонија финансиски крах, ако НБМ и
Владата не ги сменат политиките. Прашање е уште колку
време ќе можеме да издржиме од девизните резерви да ја
плаќаме политичката идеологија на власта и нереалната
политика на НБМ. Дончев и израелскиот експерт Сем
Вакнин на минатонеделната трибина: Тези и антитези за
Македонија и светската криза: Споредување на опциите,
ги убедуваа стопанствениците од двете стопански комори
да не ги поддржуваат Владата и централната банка во
намерата по секоја цена да ја бранат вредноста на
денарот и нејзиниот фиксен девизен курс. Тие

берзНИК

3

предупредуваа дека граѓаните плаќаат висока цена за
преценетоста на денарот.
-И Советот на Народната банка на Македонија усвои
дополнителни мерки за зачувување на стабилноста на
девизниот курс, ценовната и финансиската стабилност во
економијата. Усвоени се нова одлука за задолжителна
резерва и измени и дополнувања на одлуката за
управување со ликвидносниот ризик, со кои НБРМ
очекува, меѓу другото, поттикнување на растот на
штедењето во денари, намалување на побарувачката на
девизи и стабилизирање на девизниот пазар, како и
создавање услови за поголема флексибилност кај банките
во управувањето со ликвидноста. Според анализите на
централната банка, дополнителните мерки се неопходни
поради продолжувањето со несмален интензитет на
ризиците, особено кај надворешниот сектор
од македонската економија.
По ваквите мерки на НБРМ, исплашени и банкарите.
Тие по одлуката на Народната банка да им го поскапи
прибирањето и чувањето на штедните влогови на
граѓаните, најавуваат поскапување на кредитите.
Одлуката на НБМ банките да чуваат кај неа поголема
резерва за денарските и за девизните штедни влогови
дополнително ќе ја намали стопанската активност. Тие
велат дека НБМ почнала панично да реагира бидејќи
девизните резерви веќе се истенчени, а тие и’ се
единствениот извор за спас на денарот. Сепак повеќето
од нив за највиновна за ваквата ситуација ја сметаат
Владата. Социјален удар очекуваат и експертите, според
нив освен граѓаните и стопанството, од одлуката можно е
да изгори и кредитната линија од 100 милиони евра од
Европската инвестициска банка.
Сепак, според истражувањето БизКЛИР што го
презентираше Проектот за деловно опкружување на
УСАИД Македонија од 79-то, се најде на 71 место меѓу
191 земја, што е добар напредок. Законската рамка е
солидна, но многу повеќе работа е потребна за нејзино
спроведување. Законите не стигнуваат до деловната
заедница како што би требало. Наместо да се одвива
одгоре надолу, реформата во иднина треба да биде
поттикната од побарувачката, предлага Марк Волтер,
правен советник во консултантската компанија, Буз Ален
Хамилтон од САД.Според него, неопходна е договорна
култура, унапредување на дијалогот меѓу приватниот и
јавниот сектор и поинаков начин за решавање
на трговските спорови во судовите. Најпотребна е, нагласи
Волтер, конкурентоста во деловниот сектор.
За конкурентноста говореше и високиот претставник на
ИФЦ за Јужна Европа Хуан Карлос Фернандез Зара на
меѓународната конференција за европски интеграции на
тема: Европа во криза - закани и можности,која се одржа
во организација на Универзитетот Американ колеџ во
Скопје. Тој оцени дека Македонија, исто како и другите
земји во регионот, има концентрирана сопственост,
односно еден сопственик поседува најголем дел од
акциите од компанијата. - Од една страна тоа е добро
бидејќи еден човек ги носи одлуките што значи нивно
побрзо донесување, но од моето искуство можам да
кажам дека во најголем број случаи ваквата ситуација ги
оневозможува компаниите да бидат конкурентни.
Но и покрај сите апели и критики упатени на адреса на
Владата, Премиерот уверува дека нема потреба од
формирање кризен штаб што ќе и помогне на државата
побрзо да излезе од светската економска криза.
Премиерот уверува дека и експертската и стопанската
јавност се во постојани консултации со Владата и секогаш
се подготвени да помогнат- во моментот состојбата е под
контрола...

До следниот
понеделник

4

берзНИК

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 1. 06. 2009

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА НАРОДНАТА БАНКА НА МАКЕДОНИЈА

Ригорозни мерки за одбрана на
девизниот курс

Во насока на зачувување на стабилноста на
девизниот курс, ценовната и финансиската
стабилност во економијата на Република
Македонија, Советот на Народната банка на
Македонија, на својата последна седница
усвои дополнителни мерки. Имено, усвоени се
нова одлука за задолжителна резерва и
измени и дополнувања на одлуката за
управување со ликвидносниот ризик, со кои
НБРМ очекува, меѓу другото, поттикнување на
растот на штедењето во денари, намалување
на побарувачката на девизи и стабилизирање
на девизниот пазар, создавање услови за
поголема флексибилност кај банките во
управувањето со ликвидноста и полесно
надминување на евентуалните краткорочни
ликвидносни флуктуации, како и одржување и
продолжување на градењето прудентни
стандарди во работењето на банките во
Република Македонија.
Со новата Одлука за задолжителната
резерва се пропишува зголемување на
стапката на задолжителната резерва за
обврски на банките во странска валута од 10
проценти на 13 проценти. Дополнителните три
процентни поени ќе се издвојуваат во денари
наспроти останатите десет кои и натаму ќе
бидат во девизи. Одлуката предвидува и
зголемување на стапката на задолжителната
резерва за обврски на банките искажани во
домашна валута со валутна клаузула од 10 на
20 проценти и давање можност на банките
целосно да ги користат средствата од
задолжителната резерва издвоени во денари
за своите дневни ликвидносни потреби.
Со измените на Одлуката за управување со
ликвидносниот ризик се пропишува банките да
ги вклучуваат своите пласмани во
инструментите на монетарната политика на
Народната банка, со исклучок на
задолжителната резерва во евра, без оглед
дали се пласмани во денари или во странска
валута, во пресметките на стапките за
утврдување на потребното минимално ниво на
денарска или девизна ликвидност. Измените
пропишуваат продолжување на динамиката за
достигнување на минималното ниво на
денарска и девизна ликвидност на банките од
1 јули до крајот на годинава.

Со новата Одлука за задолжителната резерва се пропишува зголемување на
стапката на задолжителната резерва за обврски на банките во странска
валута од 10 проценти на 13 проценти. Одлуката предвидува и зголемување
на стапката на задолжителната резерва за обврски на банките искажани во
домашна валута со валутна клаузула од 10 на 20 проценти
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДЕФИЦИТОТ НА
ТЕКОВНАТА СМЕТКА
Анализите на Народната банка укажуваат
дека и овие дополнителни мерки се нужни,
бидејќи ризиците, особено кај надворешниот
сектор од нашата економија, продолжуваат да
постојат со несмален интензитет. Имено,
последните расположливи податоци
покажуваат дека во првите месеци од
годината, двојно е зголемен дефицитот во
тековната сметка, во услови кога нетоприливите во капитално-финансиската сметка
се пониски за околу 40%, што доведе всушност
до високиот обем на интервенции од девизните
резерви. Со состојба на 22.05.2009 година,
бруто девизните резерви изнесуваат 1.184,7
милиони евра и во однос на крајот на 2008
година тие се намалени за 310,2 милиони
евра. Притоа, најголем придонес за
продлабочување на дефицитот на тековната
сметка има продлабочувањето на јазот меѓу
извозот и увозот на годишна основа, согласно
со поголемиот пад на извозот од 34,5%
наспроти падот на увозот од 16,7% во првото
тримесечје.
Според НБРМ, намалувањето на
надворешната побарувачка, чие закрепнување
нема да се случи на краток рок, особено ги
погоди нашите најзначајни извозни гранки
(годишно намалување на нето-извозот на
железото и челикот за 74,7% и на облеката и
текстилот за 12,7%). Од друга страна, пак
структурната анализа на увозот покажува
годишен пораст на увозот на стоки за широка
потрошувачка во првиот квартал за 1,9%, со
што ја надминува проекција на НБРМ за 15,6%.
Во првиот квартал, увозот на возила на
годишна основа е понизок за 18,8%, но сепак и
оваа категорија ја надминува проекцијата на
НБРМ (за 9,9%). Ова покажува дека и покрај
постепеното забавување на кредитниот раст,
сепак, увозот на потрошните добра бавно се

прилагодува на нивото на расположливоста на
девизните средства во домашната економија.
На продлабочувањето на дефицитот на
тековната сметка влијаат и пониските нетоприливи од менувачкото работење (како
доминантна компонента на приватните
трансфери), коишто на кумулативна основа,
заклучно со април, бележат пад од 29,3%.
Иако во април овие приливи остварија годишен
пораст, сепак нивната натамошна динамика е
тешко предвидлива во услови на глобална
криза од вакви размери.
ИНФЛАЦИЈАТА ВО ПРВИТЕ ЧЕТИРИ
МЕСЕЦИ 0,6 ПРОЦЕНТИ
Трендот на забавување на инфлацијата
продолжи и во април 2009 година, кога на
годишна основа е регистрирано намалување
на трошоците за живеење од 0,5%, главно
поради високата споредбена основа која
услови годишен пад на цените на нафтените
деривати и на храната. Во првите четири
месеци на 2009 година, кумулативната
динамика на просечниот раст на цените
постојано забавува и инфлацијата, во просек,
изнесува 0,6%. Трендот на забавување на
динамиката на годишниот раст на вкупните
депозити и кредити кај приватниот сектор
продолжи и во април. Годишната стапка на
раст на вкупните депозити кај банките (со
депозитни пари) во април изнесува 6,3%
(наспроти 7,7% во претходниот месец), што е
главно одраз на годишниот пораст на
девизните депозити од 23,6%, додека
денарските депозити во април 2009 година, во
однос на истиот месец од претходната година,
беа пониски за 8%. Во април 2009 година,
кредитирањето од страна на банкарскиот
сектор на годишна основа е повисоко за 21,4%,
наспроти 25,3% во март 2009 година, при
поинтензивно забавување на годишната стапка
на раст кај кредитите на домаќинствата.

МАКЕДОНСКАТА И ГРЧКАТА УПРАВА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ –КОНЕЧНО ЌЕ СОРАБОТУВААТ

Политиката настрана од борбата со организираниот криминал
Директорот на Управата за спречување перење пари и финансирање
тероризам Ване Цветановски, кој учествува на годишното собрание на
ЕГМОНТ, што се одржува во Доха, се сретна со претставници на
Комисијата за спречување на перење пари и финансирање на
тероризам на Република Грција.
- На координативната средба на која присуствуваа и претставници на
Секретаријатот на ЕГМОНТ, грчката делегација соопшти дека
соработката со македонската Управа не функционира поради проблемот
со името и дека од министерот за надворешни работи Дора Бакојани
добиле директни инструкции да не одговараат на дописите во кои се
споменува името Република Македонија, се наведува во соопштението
од УСППФТ.
Директорот Цветанов истакна дека политиката треба да биде
настрана од борбата со организираниот криминал и дека принципите на

ЕГМОНТ треба да ги почитуваат сите земји членки на оваа организација
која ги обединува единиците за финансиско разузнавање од целиот свет.
Според информациите што ги има делегацијата од УСППФТ, врз грчката
делегација бил извршен дополнителен притисок од страна на челните
луѓе на ЕГМОНТ за подобрување на соработката со Република
Македонија на полето на борбата против перењето на пари и
финансирањето на тероризмот.
Во Управата за спречување на перење пари и финансирање на
тероризам пристигна првиот одговор на барање за податоци за лица
илволвирани за перење пари, испратен од страна на Комисијата за
спречување на перење пари и финансирање на тероризам на Република
Грција. Последниве две години УСППФТ достави до грчката
институција 12 барања за податоци, на кои досега немаше добиено
никаков одговор.

Data 1. 06. 2009

S

O

D

R

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

@

I

N

A

берзНИК

5

ТРКАЛЕЗНА МАСА: ТЕЗИ И АНТИТЕЗИ ЗА МАКЕДОНИЈА И СВЕТСКАТА
КРИЗА- СПОРЕДУВАЊЕ НА ОПЦИИТЕ

VOVEDNIK ............................................3
BERZNIK - PONEDELNIK SREDA ....................................5-7
РЕГИОНАЛНИ БЕРЗИ.............................................8-9

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН.............................10-11

USAID............... ................................12-13
ИНТЕРВЈУ: ДРАГАН ЛАЗАРЕВСКИКРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ...............14-16
СВЕТ ВЕСТИ.........................................................18-19
БЕРЗНИК - ЧЕТВРТОК-САБОТА ............20-23
НЕДЕЛАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА................................24
БЕРЗА..................................................25-26

I M P R E S S U M

Izdava: INTERNACIONAL NIK AD - Skopje
Mediumska biblioteka i digitalna arhiva
Redakcija na берзНИК
Adresa: Plo{tad MAKEDONIJA bb, p.fah 882 Skopje, 1000,
R.Makedonija
Tel.
02/25.32.800 faks: 02/25.32.839
Internet: www.interNIK.com.mk;
e-mail:
info@interNIK.com.mk
Izvr{en direktor:
Marketing:
IKT Menaxer:
Menaxer za delovni odnosi:

Zdravko Josifovski
Ivona Josifovska
Kiro Velkovski
Divna Pe{i}

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI
MEDIUMI берзНИК
берзНИК e osnovan 2007 godina.
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI
MEDIUMI берзНИК
Broj: 56
Data: 01.12.2008
SE DISTRIBUIRA SAMO SO PRETPLATA
FOTO NASLOVNA:
АНАЛИЗИ, ОЦЕНКИ
ПРОГНОЗИ-КРИЗАТА
НЕ ПОПУШТА
Foto:
Robert Spasovski
Redakcija na берзНИК
Internet distributiven sistem: www.interNIK.com.mk
Glaven i odgovoren urednik: Makedonka Baldazarska
Novinari: Vaska Mickoska
Evoluator na vesti: Renata Tasovska
operatori: Mare Lazarevska, Martin Arsovski, \or|e Rexi} i
Darko Tripunovski
Fotoreporter: Robert Spasovski
Marketing, distribucija i proda`ba:
INTERNACIONAL NIK AD - Skopje

Зачувување или напуштање на
стабилниот курс на денарот?
Економскиот аналитичар Ден Дончев и
израелскиот експерт Сем Вакнин на
минатонеделната трибина ги убедуваа
стопанствениците од двете стопански комори
да не ги поддржуваат Владата и централната
банка во намерата по секоја цена да ја бранат
вредноста на денарот и нејзиниот фиксен
девизен курс. Тие предупредуваа дека
граѓаните плаќаат висока цена за
преценетоста на денарот. Тркалезната маса се
одржа на на 28 мај оваа година во Скопје на
тема: Тези и антитези за Македонија и
светската криза: Споредување на опциите, во
организација на Сојузот на стопански комори
на Македонија.
Учесниците на тркалезната
маса дебатираат дали во справувањето со
последиците од економската
криза Македонија треба да настапи со
зачувување или напуштање на стабилниот курс
на денарот, потребен е или не аранжман со
ММФ, дали да се зајакне владината
потрошувачка кон инфраструктурни проекти,
да се намалат даноците и цените на
владините услуги и стоки или пак владините
стимулации да бидат симболични и умерени,
и треба ли заштита на домашната
индустрија со воведување увозни квоти,
нетарифни бариери и други трговски
ограничувања.....
Економскиот аналитичар Сем Вакнин
предложи шест мерки за справување со
економската криза. Владата, смета
Вакнин, треба да формира постојан совет на
економски советници, да не склучува
аранжман со ММФ бидејќи тоа ќе ги ограничи
можностите за справување со кризата преку
стимулирање на економијата, да го зголеми
буџетскиот дефицит и да потроши повеќе пари
во капитални инвестициi, како и да воведе
флексибилна политика на девизниот курс
надополнета со инфлациско таргетирање.
Eкономскиот аналитичар Ден Дончев
предлага Владата да ги скрати буџетските
расходи за уште 200 до 300 милиони евра.
Доказ на неговата теза дека вредноста на
денарот е падната, за Дончев, е фактот дека
НБМ само за шест месеци потроши речиси
половина од девизните резерви, или 630
милиони евра, за да го одбрани денарот.
Централната банка пак ги правдаше мерките
токму со тоа дека сака да го стабилизира
девизниот курс, кој постојано се тресе од

паниката на граѓаните и фирмите, кои масовно
се ослободуваат од денарите и купуваат
девизи.
Ден Дончев и предвидува на Македонија
финансиски крах, ако НБМ и Владата не ги
сменат политиките. Прашање е уште колку
време ќе можеме да издржиме од девизните
резерви да ја плаќаме политичката идеологија
на власта и нереалната политика на НБМ.
Денарот е преценет, па е поевтино да се
увезува сирење бидејќи увозниците добиваат
дома повеќе денари за нарачката. Потешко е
да се произведе сирење бидејќи поради
нереалната вредност на денарот извозниците
дома добиваат помалку девизи за да го
продадат производот на странските пазари,
илустрираше Дончев.
Заменик претседателот на Сојузот на
стопанските комори Мирче Чекреџи истакна
дека целото стопанство, а особено малите и
средните претпријатија се во многу тешка
состојба поради кризата. Според него,
премногу рано е да се каже дали последните
владини антикризни мерки имаат ефект-тоа ќе
се знае од почетокот на јули.
- Во јули ќе се види дали во малите и
средните претпријатија влегле доволно пари за
да се справат со кризата. Малите и средните
претпријатија полесно може да се
реструктуираат и да се справуваат во кризни
ситуации, но мерки се неопходни, рече
Чекреџи. Инаку, според стопанствениците
единствениот излез од мртвата точка во која
сега е економија е итното вшприцување на евтини пари, ветување што го дала Владата. Таа сега е најголемиот капиталист во
домашната економија. Ако Владата престане
да троши и да нарачува, ќе згасне
стопанството го бранеше Чекреџи, поранешен
претседател на Сојузот на стопански компори,
ставот дека денарот не смее да девалвира,
ниту неговиот фиксен девизен курс да стане
флуктуирачки. Мнозинството од фирмите од
Сојузот се увозници. - Но зарем не гледате
дека веќе плаќаме прескапа цена за
преценетоста на денарот?
Вакнин пак апелира Македонија да воведе пливачки курс на денарот кој внимателно и
постепено ќе ги отстрани сите деформации во
економијата. Стопанствениците тврдеа дека
фиксниот курс е единственото сидро на
стабилност што ги држи македонските фирми
да не потонат.

6

берзНИК

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 1. 06. 2009

26.05.2009 g. VTORNIK
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
Над Македонија се испреплетуваат
воздушните патишта, пренесува Вечер.
-Македонија не само што е крстосница на
железничките и патните коридори, туку е и земја
каде авиокомпании најмногу го користат за
прелети нејзиниот воздушен простор. Според
официјално објавените податоци на европските
воздухопловни
власти
ЕУРОКОНТРОЛ,
Македонија во април се најде на третото место
во Европа по бројот на прелети. Од Агенцијата
за цивилно воздухоплов-ство (АЦВ) велат дека
минатиот месец бројот на прелети во
македонскиот воздушен простор биле повисоки
за 11,5 проценти, во однос на истиот месец 2008
година
- Влада е заинтересирана за поволни бизнис
услови во земјата во кои претприемачите ќе
може да ги реализираат нивните деловни
иницијативи, а тоа посебно се однесува за
секторот на малите и средни претпријатија, и
особено кога тие доаѓаат од ромската заедница.
Ова го изјави министерот за економија, Фатмир
Бесими на отворањето на 4. ромски бизнис
форум во Скопје, а на кој учествуваа ромски
бизнисмени и претставници на релеванти
институции од Македонија, регионот и
пошироко. Настан што го пренесоа сите
печатени гласила. Според него, Владата
презема мерки за подобрување на бизнис
климата за овие претпријатија, бидејќи се
очекува дека токму тој сектор може најбрзо да
ги даде ефектите.
Кризата е лекција да бидат фирмите
транспарентни, анализираа Утрински весник.
Транспарентноста е практика на развиените
земји и една од директивите на Европската
унија и принцип на Меѓународната организација
на комисиите за хартии од вредност.
Искуството на Комисијата за хартии од вредност
и функционирањето на Регистарот на
акционерски друштва со посебни обврски за
известување,
укажува
на
тоа
дека

транспарентноста, во споредба со претходните
години, е навистина подобрена, но се’ уште не е
на потребното ниво.
- Динамизирање на стопанскиот развој, да не се
троши за непродуктивни цели повеќе од она
што се создава, и преминување од фиксен кон
раководен флексибилен курс на денарот, за
професорот д-р Тихомир Јовановски се некои
од клучните елементи, кои можат да придонесат
Македонија успешно да ја преброди
економската криза. Имајќи ги предвид
досегашните искуства тој вели дека секоја
криза, било економска или финансиска, во
рамките на една национална економија води
кон рецесија и дефлација. Од тие причини,
според него, вонбуџетското и буџетското
финансирање, директно или индиректно, треба
да биде насочено кон создавање клима за
подобри услови за развој, вели Јовановски за
Утрински весник.
Денес ќе читате и дека повеќе од илјада граѓани
од општините Виница, Пробиштип, Свети
Николе, Кочани, Карбинци, ЧешиновоОблешево и Радовиш имаат обезбедено работа
и егзистенција, благодарение на развојните
концепти на штипските менаџери. Станува збор
за лица вработени во конфекциската и во
чевларската индустрија. Во последно време,
странци од соседството доаѓаат на работа во
Штип и во металската индустрија, која
последниве седум-осум години забележува
евидентен подем.
Енергетската војна меѓу ЕВН и ЕСМ и денес
тема во понеделничните весници. -Најмалку
шест меѓусебни судски процеси во домашните и
во странски судови и над една милијарда евра
ги делат од помирување двете најголеми
енергетски компании во Македонија, ЕВН и
ЕЛЕМ, кои произлегоа по поделбата на
Електростопанство во 2005 година.Војната меѓу
двете компании кулминира пред околу еден
месец, откако Основниот суд Скопје 2 донесе

одлука ЕВН да му исплати 160 милиони евра на
државниот ЕЛЕМ за ненаплатени стари
побарувања според анекс-договорот за делбен
биланс. Процесот е сега пред Апелацискиот
суд, каде што ЕВН поднесе жалба. Доколку овој
суд ја потврди одлуката на првостепениот,
тогаш таа станува правосилна и ЕВН ќе мора да
ги плати парите. Бидејќи ЕВН Македонија
објави дека нивните вкупни средства се речиси
еднакви на 160 милиони евра, тоа би значело
повторна
ренационализација
на
ЕСМ
дистрибуција.
-Продолжи иградбата на Хидросистемот
Златовица,
пренесува
Дневник.
-По
десетодневниот застој на работите на
каменоломот, од вчера продолжи изградбата на
браната на Злетовска Река. Прекинот настана
поради неисплатените четири плати на
дваесетината работници на подизведувачот
Мак- метал, кој со компанијата Силекс
работеше на обезбедување дневна количина од
5 до 7 илјади кубни метри камен за браната
Кнежево..
Во хидросистемот Злетовица не сакаат да ги
коментираат протестите на работниците ниту,
пак, интерните договори и обврските направени
меѓу главниот изведувач и подизведувачите.
Македонија стана член на Алијансата вп ИКТ и
развој-Министерот за информатичко општество,
Иво Ивановски, со мандат од една година, е
избран за член во Управувачкиот комитет на
глобалната алијанса за ИКТ и развој при
Обединетите нации, пренесува МИА.
-По повод празникот Св.Кирил и Методиј,
денеска, го извршивме отворањето на новата
зграда на Националната и универзитетска
библиотека, Св. Климент Охридски, која доби
два ката депоа што многу недостасуваа, бидејќи
имаше голем број материјали, книги и ракописи
што досега се чуваа несоодветно и поради
недостиг на простор се уништуваа.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. ЕНЕРГЕТСКАТА ВОЈНА ЗАГЛАВИ ВО СУДОВИТЕ (****)
2. „АДИНГ” ОТВОРИ ПОГОН ВО БУГАРИЈА (***)
ДНЕВНИК

ВРЕМЕ

с.6 ЕНЕРГЕТСКАТА ВОЈНА ЗАГЛАВИ ВО СУДОВИТЕ

с.7 ЌЕ СЕ ОЦЕНУВА ТУТУНОТ

с.6 ПРОДОЛЖИ ИЗГРАДБАТА НА ХИДРОСИСТЕМОТ ЗЛЕТОВИЦА

с.7 ЕВТИНИТЕ КРЕДИТИ ДОЦНАТ

с.7 БИЗНИСМЕНИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПАЗАРИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

ВЕЧЕР

БИЗНИС

с.6 БЕСИМИ: ВЛАДАТА СОЗДАВА ПОВАОЛНА БИЗНИС КЛИМА

с.3 БЕЗ ПАРИ - НИШТО ОД БИЗНИСОТ
с.3 „ТЕЛЕКОМЦИ” СИ ЈА ДОБИВААТ ЛАНСКАТА ДИВИДЕНДА
с.4 БЕЗ ПАРИ - НИШТО ОД БИЗНИСОТ
С.4 СЕ ФИНАНСИРААТ ПРОЕКТИ НА НОВОФОРМИРАНИ ФИРМИ
с.5 БЕЗ ПАРИ - НИШТО ОД БИЗНИСОТ
с.9 ПРОМЕТОТ ОД ТРГУВАЊЕТО - 41,4 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.3 МЕТАЛСКИТЕ ФИРМИ ЕДВАЈ ПРЕЖИВУВААТ
с.8 ФИРМИТЕ БАРААТ ОЛЕСНАТ ПРИСТАП ДО СВЕЖ КАПИТАЛ
с.8 ИНВЕСТИРА 400.000 ЕВРА ВО БУГАРИЈА
с.8 КРИЗАТА Е ЛЕКЦИЈА ФИРМИТЕ ДА БИДАТ ТРАНСПАРЕНТНИ
с.9 СО ДИНАМИЗИРАН РАЗВОЈ ПРОТИВ КРИЗАТА

с.6 СЕ СПОЈУВААТ КОСМОФОН И ОНТЕЛ
с.7 ОТВОРИ КАПАЦИТЕТ ВО БУГАРИЈА
с.7НАД МАКЕДОНЈА СЕ ИСПРЕПЛЕТУВААТ ВОЗДУШНИТЕ ПАТИШТА

ВЕСТ
с.6 KНЕЖЕВО, БРАНА ЗА ГИНИС
с.7 ЛИСТИ ИМА, НЕМА ПАРИ ЗА ДОБРОВОЛНИТЕ ОТКАЗИ

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.9 КИНЕЗИ СЕ ИНТЕРЕСИРААТ
ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЗЕМЈОДЕЛСКИ СЕКТОР

ШПИЦ
с.10 „АДИНГ” ОТВОРИ ПОГОН ВО БУГАРИЈА
с.11 ВЛАСТА НЕ ЈА ГЛЕДА МАКАТА НА СТОЧАРИТЕ

Data 1. 06. 2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

7

27.05.2009 g. SREDA
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
Турција за две години ќе вложи 500 милиони
долари во Македонија, е веста која денес се
најде на страниците на сите македонските
печатени медиуми.
-Македонија и Турција имаат одлични
политички односи, но и неограничени
можности за економска соработка, која засега
е на скромно ниво. Двете земји, во услови на
глобална криза, ќе мораат поефикасно да ги
користат веќе воспоставените контакти на
фирмите и започнатите инвестициони проекти.
Ова се дел од пораките што вчера беа упатени
од учесниците на Македонско-турскиот бизнисфорум, на кој, покрај високи политички
претставници на двете земји, учествуваа и
познати брендови од бизнис-секторот. Македонија неколку години посветено работи
на креирањето на атрактивен деловен амбиент
и за тоа добива високи оценки. Токму поради
тоа очекуваме зголемување на обемот на
турските инвестиции во нашата земја, рече
македонскиот премиер Никола Груевски на
отворањето на Форумот.
Турскиот министер за надворешна трговија и
инвестиции, Зафер Чаглајан, рече дека
економската размена меѓу двете земји се
развива, но не со посакуваното темпо. Заедничката размена сега е 330 милиони
долари, а за неколку години треба да изнесува
најмалку милијарда долари. Досега Турција
инвестирала 180 милиони долари во
Македонија, а очекува за две години
инвестициите да се зголемат на половина
милијарда долари, рече министерот Чаглајан.
Инаку според оценките на светските експерти:
Македонија е на 71 место во светот за
почнување бизнис, пренесува Вечер. Македонија доби високи оценки за деловната
клима и почнувањето бизнис, односно од 79.
место земјава се најде на 71, од вкупно 191
земја во светот. Овие високи параметри се
содржат во извештајот на Светската банка -

БизКЛИР, чие истражување е реализирано во
октомври, лани. Во него, покрај позитивни
оценки за нашата деловна клима, позитивно се
оценува и правната регулатива, но
истовремено се укажува дека треба повеќе да
се работи законите квалитетно да се
спроведуваат во практиката. Тоа, според
светските експерти, ќе овозможи и забрзан
развој на трговијата, која пак е директен
двигател на стопанскиот развој на секоја земја.
Експертите во извештајот укажуваат и на
поинаков начин на решавање на трговските
спорови во судовите...Според објаснувањето
на Марк Волтер, правен советник во
консултантската компанија Буз Ален Хамилтон
од САД, која учествуваше во подготовката на
оваа анализа, земјава подобрувајќи ја својата
позиција направила значаен напредок во
однос на деловното опкружување.
Топ тема денес и објавата на новите газди на
Космофон за новите менаџери. -Космофон и
Он.нет во догледно време ќе се спојат во една
компанија, која ќе добие и ново име. Ова на
вчерашниот промотивен прес го најавија од
Телеком Словенија, компанија која неколку
години го поседува Он.нет, а неодамна го купи
и Космофон.
Приоритетите на Телеком Словенија во
Македонија најмногу ќе се фокусираат на
искористување
на
бенефитите
што
произлегуваат од трговските, оперативните и
инфраструктурните синергии меѓу компаниите,
преку создавање понуда што им овозможува
на корисниците сеопфатни телекомуникациски
услуги
на
едно
место.
Влезот на најголемата телекомуникациска
словенечка компанија на македонскиот пазар и
во Космофон има цел нашиот втор мобилен
оператор да го направи лидер во
телекомуникацискиот сектор во земјава и да
продолжи да го развива врз постојната
платформа, без големи промени.

Денес ќе читате и дека Монтипе се откажува од
инвестицијата во Бунарџик.-Уште една
бомбастично најавена инвестиција, на
француската фирма Монтипе, го замрзнува
својот влез во Македонија, а изговор е кризата.
Ова вчера го соопшти директорот на
Агенцијата за странски инвестиции, Виктор
Мизо, во Охрид. Монтипе требаше да гради
фабрика за производство на резервни делови
за
автомобилската
индустрија
во
индустриската зона Бунарџик, но поради
слабата побарувачка за нивни производи
моментно не им е исплатливо да инвестираат
во нова фабрика.
-Од оџаците на битолската фабрика за шеќер
деновиве паѓа црна јагленова прав во вид на
дожд, а битолчани се жалат дека ја загадува
животна средина. Најизложени на правта се
работниците во фабриката, но и земјоделците
што имаат ниви и фарми во околината. Тие
велат дека црните честички им се лепат по
кожата и облеката, чешаат и пецкаат, а се
таложат по земјоделските култури, пишува
Дневник.
Според работниците од шеќераната, се
работи за јагленова прав, која е канцерогена и
опасна за здравјето на луѓето. Тие објаснуваат
дека таа настанува како штетен продукт при
согорувањето на јагленот од што се добива
пареа во енерганата, која е потребна за
преработка на шеќерот. Црните честички се
редовна појава во време кога во шеќераната се
преработува бел шеќер како сега.
МАТ вчера најави дека ги суспендира сите
летови се додека не се заврши со новиот
закажан дополнителен сервис на носната нога
на единствениот авион со кој сообраќа
компанијата.
Во фокус на дневните информации и новата
цена на бензините, тие од денес се продаваат
по три денари повеќе.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. ТУРЦИЈА САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО МАКЕДОНИЈА (*****)
2. „ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА” ЌЕ ГИ СПОИ „КОСМОФОН” И „ОН НЕТ” (****)
ДНЕВНИК
с.6 БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ ЗА ТРИ ДЕНАРИ
с.7 МАТ ВО МАТ-ПОЗИЦИЈА
с.7 ТУРЦИЈА САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО МАКЕДОНИЈА
с.7 “КОСМОФОН“ И “ОН.НЕТ” ВО ЗАЕДНИЧКА КОМПАНИЈА

БИЗНИС
с.3 ТЕЛЕКОМУНМКАЦИИТЕ И ЕНЕРГЕТИКАТА ПРИВЛЕЧНИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ
с.3 „ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА” ЌЕ ГИ СПОЈУВА „КОСМОФОН” И „ОН.НЕТ”
с.3 MAT ВРЕМЕНО ГИ СУСПЕНДИРА СИТЕ ЛЕТОВИ
с.4 ИЗВОЗНА И КРЕДИТНА БАНКА ВО НОВА ДЕЛОВНА ЗГРАДА
с.10 СТРАВОТ ОД СЛАБАТА ПОБАРУВАЧКА ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА НА НАФТАТА

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.7 НОВИТЕ ГАЗДИ НА „КОСМОФОН” СО НОВИ МЕНАЏЕРИ
с.7 БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПИ ДО ТРИ ДЕНАРИ
с.8 МОНТИПЕ” СЕ ОТКАЖА ОД ИНВЕСТИЦИЈАТА ВО „БУНАРЏИК”
с.8 MAT ОДЛУЧИ ДА ЈА СМЕНИ НОСНАТА НОГА

ВРЕМЕ
с.2 МАТ НЕ ЛЕТА
с.6 ТУРЦИТЕ ЌЕ ГРАДАТ ХОТЕЛИ ВО ОХРИД
с.6 БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПИ ДО ТРИ ДЕНАРИ

ВЕЧЕР
с.6 МАТ ГИ СУСПЕНДИРА ЛЕТОВИТЕ
с.6 БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПИ ДО ТРИ ДЕНАРИ
с.6 ОД ТУРЦИЈА ЧЕКАМЕ ИНВЕСТИЦИИ ОД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ
с.6 МАКЕДОНИЈА НА 71. МЕСТО ВО СВЕТОТ ЗА ПОЧНУВАЊЕ БИЗНИС
с.7 ДРЕМЕЉ: ВЛЕЗОТ НЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗАГРИЖУВА ВРАБОТЕНИТЕ

ВЕСТ
с.3 MAT ГИ СУСПЕНДИРА СИТЕ ЛЕТОВИ
с.3 БЕНЗИНОТ ПОСКАП ЗА ТРИ ДЕНАРИ
с.6 “KOCМOФOН” И “ОН.НЕТ” КЕ СЕ СПOJУBAAТ

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.8 БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПИ И ДО ТРИ ДЕНАРИ
с.8 БИЗНИС-КЛИМАТА Е ПОДОБРЕНА, НЕДОСТИГА ЕТИКА...
с.8 ЗА ДВЕ ГОДИНИ ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ТУРСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ
с.8 „ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА” ЌЕ ГИ СПОИ „КОСМОФОН” И „ОН НЕТ”

ШПИЦ
с.10 АВСТРИЈЦИТЕ ЛЕТАAТ НАМЕСТО МАТ
с.10 ТУРЦИТЕ ЌЕ ИНВЕСТИРААТ ВО ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ И ВО ЕНЕРГЕТИКА
с.10 ФРАНЦУЗИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ

8

берзНИК

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 1. 06. 2009

NAJTRGUVANI HARTII OD VREDNOST VO REGIONOT ZA PERIOD OD 24.- 28. 05 2009

Data 1. 06. 2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

9

NAJLIKVIDNI HARTII OD VREDNOST VO REGIONOT ZA PERIOD OD 24. - 28.05 2009

10

берзНИК

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 1. 06. 2009

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
ДОГОВОРОТ ЗА ДИЈАГОНАЛНА КУМУЛАЦИЈА ЗА ПОТЕКЛО НА СТОКИ

Македонските производи од турски
репроматеријали –без царина во ЕУ
- Договорот за дијагонална кумулација за
потекло на стоки, што ќе стапи во сила на 1
јули годинава, е од особено значење за
македонските компании од текстилната
индустрија, како и за останатите фирми кои
користат репроматеријали од Турција, изјави
претседателот на Стопанската комора на
Македонија Бранко Азески, по средбата со
претседателот на Сојузот на стопански комори
и берзи на Турција Рифат Хисарџиклиоглу, што
се одржа минатат недела.
Со договорот за дијагонална кумулација се
овозможува за готовите производи со
македонско потекло, за чие производство се
користеле репроматеријали од Турција, да не
се плаќаат царински давачки при нивниот увоз
во земјите на ЕУ.
Според Азески, Стопанската комора
веќе осум години се обидувала да издејствува
таков договор, за што е интервенирано преку
Европската коморска организација. Стапувањето во сила на Договорот може да
биде многу интересно и повратно кон Турција
како голем пазар. Станува збор за погодност во
услови на криза која сигурно македонските
производители ќе ја препознаат, рече Азески.
На средбата со претседателот на турската
коморска организација, која има 80
претставништва во светот, е договорено
заедничка популаризација на придобивките од
Договорот за дијагонална кумулација кај
компаниите во ЕУ, во Турција и кај
македонските компании.
Азески и Хисарџиклиоглу на средбата

Со договорот за дијагонална кумулација се овозможува за готовите
производи со македонско потекло, за чие производство се користеле
репроматеријали од Турција, да не се плаќаат царински давачки при
нивниот увоз во земјите на ЕУ

Македонско-турски бизнис форум
- Македонија и Турција имаат одлични
можности за соработка и треба да ги
искористат. Трговската размена и покрај
потенцијалите се уште e на незадоволително
ниво. Двете земји ќе постигнат поголем
развој и ќе одговорат соодветно на
последиците од економската криза со
реализација на договорените проекти, како и
со сплотување на конкурентните производи и
предностите со заеднички настап на трети
пазари. Тоа се дел од пораките упатени од
учесниците на Македонско-турскиот бизнис
форум, што се одржа на 26 мај во Охрид.
Според премиерот Груевски, единствен
излез за сите држави за излез од
економската криза е што поголема
соработка. Во тој контекст и Македонија и
Турција треба да соработуваат уште повеќе
како на меѓувладино ниво така и на ниво на
деловни заедници, истакна Груевски.
Турскиот министер за надворешна трговија
и инвестиции Зафер Чаглајан порача
деловните заедници на Турција и Македонија
да ја интензивираат економската соработка
со користење на предностите како резултат

на добрите политички односи.
Според министерот Чаглајан, економската
размена меѓу двете држави постојано бележи
раст, но тој е се уште незадоволителен
поради што сегашната размена од околу 330
милиони долари за неколку години треба да
биде најмалку милијарда долари. Турција во
Македонија досега иневстирала 180 милиони
долари, но според министерот Чаглајан,
намерата е таа бројка до 2011 година да
достигне половина милјарда долари.
Тоа ќе се постигне, смета турскиот
министер за надворешна трговија и
инвестиции, само со поголема соработка
меѓу македонските фирми преку коморите
во кои се организирани, споделување на
искуствата за искористување на
туристичките потенцијали, елиминирање
на административните пречки при увоз на
одредени производи, како и ангажман
особено од македонска страна во
изградба на соодветна патна
инфраструктура. На Бизнис
форумот, присуствуват 100 турски и 200
македонски стопанственици.

разговарале за обемот на стоковата размена
меѓу двете земји, која достигна над 300
милиони долари и постојано бележи раст, но
е со голем дефицит на македонска страна. Размената е неповолна за нас, бидејќи има
237 милиони долари увоз од Турција во
Македонија, а само 37 милиони извоз.
Преземаме активности да се поттикнат
домашните компании посмело да настапуваат
на турскиот пазар. И Владата презема
активности со економските промотори, а и ние
сме во постојани контакти да се промени
таа состојба, изјави Азески.
Претседателот на Сојузот на стопански
комори и берзи на Турција ја повтори оценката
дека Македонија е привлечна дестинација за
турските бизнисмени и оти постојат многу
можности за економска соработка.
Според Хисарџиклиоглу, турски ТАВ, со кого
македонската Влада потпиша договор за
модернизација на аеродромите, ќе успее да
обезбеди кредити за реализација на најавената
инвестиција според договорот во износ од 200
милиони евра. - Во светски рамки постои
проблем за обезбедување готовини, но бидете
убедени дека тоа ТАВ ќе го стори успешно,
изјави претседателот на Сојузот на стопански
комори и берзи на Турција, кој е дел од
турската бизнис делегација која престојува од
завчера во Македонија.

Data 1. 06. 2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

11

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
РАМКОВА ПРОГРАМА ЗА КОНКУРЕНТНОСТ И ИНОВАЦИИ 2007-2013 НА ЕЗ

Претпријатијата подготвени да ги
искористат европските пари
- Малите и средни претпријатија за
подобрување на конкурентноста, со свои
проекти од наредната година можат да
повлекуваат пари од ЦИП програмата на
Европската комисија. Буџетот на Програмата е
три милијарди евра, а пристап имаат сите
земји од регионот, освен Абанија и Косово, кои
не се дел од ЦИП. Македонските
стопанственици за да можат да дојдат до
средствата, потребно е некоја од банките во
Македонија да потпише договор со Европскиот
инвестициски фонд.
Ова беше посочено на минатонеделната
конференција: Можностите на Република
Македонија за учеството во Рамковната
програма за конкурентност и иновации - (ЦИП)
2007-2013 на ЕЗ, која има за цел да ги
информира македонските претпријатија за
можностите што ги нуди програмата.
Македонија од 2007 година е дел од ЦИП
програмата, која на малите и средни
претпријатија им нуди можности за
подобрување на иновативните активности,
овозможува пристап до финансиски средства,
подобро користење информатичко
комуникациски технологии, развој на
информатичкото општество, промовирање на
значењето на новите и обновливи извори на

Средствата од програмата се во форма на грант со кој би се
кофинансирал дел од проектот со кој ќе настапат
претпријатијата. Учеството на европските средства во проектот се движи
од 50 до 80 проценти
енергија и енергетска ефикасност. Од
Европскиот иноформативен и иновативен
центар во Македонија, кој е успешен
пример реализиран во земјава во рамки на
ЦИП програмата, сметаат дека претпријатијата
се подговени за да ја искористат европската
помош. Проект менаџерот Виктор
Стојмановски вели дека подготвеноста на
макеоднските фирми е евидента, а
интересот голем.
Средствата од програмата се во форма на
грант со кој би се кофинансирал дел од
проектот со кој ќе настапат
претпријатијата. Учеството на европските
средства во проектот, како што рече
Стојамановски може да се движи од 50 до 80
проценти. Приоритет имаат проекти кои
поддржуваат еко иновации, поддржуваат
интелегентна енергија и изградба на
информатичко општество.
- За да станат тие достапни во пракса треба
една од македонските банки да потпише

ПЕТТИ РЕГИОНАЛЕН КООРДИНАТИВЕН ФОРУМ
НА ЦАРИНИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Македонската царина
по европски терк

- Царинските служби од регионот на Западен Балкан
треба да ја засилат соработката и со царините од
државите членки на ЕУ да ги продолжат напорите за
создавање нов законодавен, царински и даночен
интегриран систем за борба против измами,
недозволена трговија и за олеснување на легалната
трговија. Ова беше пораката од Петтиот регионален
координативен форум на царинските служби од
Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово,
Србија и од Црна Гора, како држави опфатени со
Проектот на ЕУ Техничка помош на царинските и
даночните администрации, ТАЦТА. На форумот беа
претставени новиот регионален проект за
интегрирано гранично управување, проектот за
воспоставување систем за електронска обработка на
царински декларации, преку кој Царинската управа на
Македонија ќе обезбеди нов комјутерски систем,
целосно прилагоден кон законодавството и
стандардите на ЕУ, како и резултатите од проектот за
воспоставување Систем за размена на пораки во
Југоисточна Европа.
Форумот го отворија Донато Маркон, амбасадор на
Италија во Македонија и директорот на Царинската
управа на Македонија Ванчо Каргов кој повика
на позасилена регионална соработка на царинските
служби од регионот. На форумот, што се одржа во
организација на Конзорциумот ИТАЦТА и
македонската Царинска управа, учествуваа и
претставници на генералните директорати за
проширување и за даноци и царинска унија при
Европската комисија и членови на Делегацијата на ЕК
во Македонија.

договор со Европскиот инвестициски фонд.
Владата направи доволно за реализација на
оваа компонента, рече Стојмановски.
Според министерот за економија Фатмир
Бесими, придобивката од програмата е тоа што
ќе даде подобра конкуреност која
пак гарантира сигурен економски раст.
- Подобрувњето на конкуреноста и
иновациите и можноста за учество во
организирање заеднички проекти, бизнис и
иновациски мрежи со земјите членки на ЕУ,
што оваа програма ги овозможува, е суштински
предизвик за Република Македонија. Тоа
придонесува за приближување кон најдобрите
пракси на ЕУ за претприемништвото, политики
на мали и средни претпријатија, конкурентност
и иновации, рече Бесими.
Тој додаде дека по првата подпорограма, во
тек е постапка за приклучување на Македонија
и во другите две потпрограми за информатичко
комуникациски технологии и интелегента
енергија на Европа.

ЕРА СИТИ И РЕГИОНАЛНАТА СТОПАНСКА КОМОРА НА ЛЕСКОВАЦ
–ЌЕ СОРАБОТУВААТ

На скопски Саем и лесковачките компании
Групацијата Ера и Регионалната стопанска
комора од Лесковац, Србија потпишаа Договор
за copaботка вo областа на туризмот,
едукацијата, културата и земјоделството.
Официјалниот чин на потпишувањето на
договорот го означија Гвидо Омладич,
претседател на Групацијата ЕРА и Горан Јовиќ,
претседател на Регионалната стопанска комора
во Лесковац. Целта на договорот е
проширување на соработката во регионот, како и
воспоставување директни деловни контакти
меѓу претпријатијата и стопанствениците од
соодветни сектори.
-Некој ќе каже дека сме недоволно развиени,
но јас велам дека сме недоволно искористени.
За експресно брз период од месец и пол
најдовме заеднички јазик со EPA и се нaдевам
дека со идната соработка ќе ја подобриме
економската состојба на двете земји рече
претседателот на лесковачката комора, Јовиќ.
Потенцијалните можности за ваквиот заеднички
настап се големи во двете земји, а за жал,
досега не беа доволно искористени.Лесковац
некогаш беше саемски град, но поради
неразрешените транзициони активности, повеќе
не е центар на саемските манифестации. Затоа
сега за презентација на компаниите од овој
регион го одбрале Скопје, како поблиска
дестинациија од Белград. Регионалната
стопанска комора во Лесковац опфаќа 2.850
претпријатија, со над 13.000 стопанственици, со
што се котира како најголема Комора во Србија,
што гравитира на Јабланечко-Пчинскиот регион,
којсе простира на 6.300 километри. Тоа, како
што истакна Јовиќ, е шанса за соработка со
македонските компании и со стопанството кое

има големи потенцијални можности. Во прилог
на проширувањето на соработката, е
досегашната добро развиена трговска размена
меѓу Република Македонија и Република Србија
и уште подобри партнерски односи во бизнисот
и во економијата, воопшто. Тука ќе се користат
позитивните словенечки искуства во настапот на
интегрираниот европски пазар, во примената на
регулативата и стандардите што веќе се
долгогодишна практика во земјите на ЕУ, како и
за побрза достапност до средствата од
европските претпристапни фондови.
Претседател на Групацијата ЕРА, Гвидо
Омладич рече дека поврзувањето на
македонската и српската комора ќе биде дел од
втората фаза од проектот за регионално
поврзување и дека ќе претставува повисоко
ниво на соработка меѓу соседните институции.
Според Омладич, оваа словенечка компанија
веќе прави сериозни потези за економско
интегрирање на регионот. Групацијата EPA е
мостот преку кој ќе се врши таа соработка, не
само меѓу Македонија, Србија и Словенија, туку
и преку соработката и со другите земји, на
пример, Црна Гора, Хрватска, Косово и други,
каде преку фирмите на ЕРА може многу полесно
да се промовираат новите проекти, да се
освојува пазарот и да се унапредува деловната
комуникација меѓу стопанствениците и во
бизнисот. Тоа ќе се прави преку програмата за
т.н. топ услуги, која обезбедува комплетна
понуда и различност на едно место. Но, и
меѓусебно поврзување на различни системи што
обезбедуваат компатибилно поврзување на сите
корисници и поголема конкурентност и
намалување на трошоците.

12

берзНИК

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 1. 06. 2009

ПРОЕКТОТ ЗА ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ НА УСАИД ЗА ОЦЕНКАТА НА ДЕЛОВНАТА КЛИМА ВО МАКЕДОНИЈА

Законите –добри, примената - слаба,
дијалогот – го нема!
Бизнис климата во Македонија е подобрена
во однос на претходниот период, но
недостасуваат конкурентноста и деловната
етика. Еден од најголемите проблеми при
водењето бизнис во државава се
неспроведувањето на законската регулатива,
како и недостигот од дијалог меѓу јавниот и
приватниот сектор и меѓу самата бизнис заедница, што негативно се одразува врз
конкурентноста на македонското стопанство.
Ова се само дел од резултатите содржани во
извештајот за оценката на деловната клима во
Македонија – БизКЛИР, што беше изготвен од
Проектот за деловно опкружување на УСАИД,
а беше презентиран минатата недела пред
претставниците на приватниот сектор и
државните институции кои беа опфатени со
истражувањето, како и пред меѓународните
донатори во Република Македонија.
Инаку, оценката на деловната клима
според методологијата БизКЛИР опфаќа
продлабочена анализа на индикаторите во
неколку најзначајни подрачја, вклучувајќи ги
законската рамка; институциите надлежни за
спроведувањето на законите; институциите кои
обезбедуваат поддршка, и социјалната
динамика. Како што објасни Марк Волтер,
консултант на консултантската компанија Буз
Ален Хамилтон од САД, која го реализираше
истражувањето во октомври минатата година,
со него се анализирани и оценети состојбите
во подрачјата отпочнување на бизнис, пристап
до кредити, вработување, реализација на
договори, надворешна трговија, регистрација
на имот, заштита на инвеститори и затворање
на бизнис.
-Цел на оценките БизКЛИР е на владста,
донаторите и останатите заинтересирани
страни да им се обезбедат информации за
нивото на ефикасноста на законите и
институциите во одредена земја, односно
насоки за натамошни подобрувања и
интервенции – истакна Волтер.- Се сретнавме

со повеќе од 170 претставници од јавниот и
приватниот сектор, судовите, адвокатската
комора, невладиниот сектор, образовните
институции, студенти, донатори и многу други.
Беа разгледани многу закони, како и закони во
нацрт верзија, разни пишани политики,
различни извештаји и истражувања, многу
други публикации во Македонија. Секое
подрачје беше разгледувано во четири
димензии. Поставувани многу прашања кои
произлегоа од претходно подготвени
прашалници кои беа базирани на квалитативни
и квантитативни индикатори.
ШТО ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕТО ВО
СЕКТОРИТЕ КОИ БЕА АНАЛИЗИРАНИ?
Во категоријата Започнување бизнис се
констатира значително подобрување. Правната
рамка во однос на започнувањето на бизнис е
во голема мерка усогласен со меѓународните
стандарди (Закон за трговските друштва,
едношалтерскиот систем).Имплементацијата
на едношалтерскиот систем функционира
добро и покажува повеќе од задоволителни
резултати. Но, иако податоците се лесно
достапни, Централниот Регистар треба да го
зголеми капацитетот. Во овој сегмент најмногу
загрижува високиот степен на неформалната
економија. Клучните препораки се
хармонизирање на податоците од сите
релевантни институции, финализација на
втората фаза од едношалтерскиот систем,

електронска комуникација со сите релевантни
институции, електронска апликација и
електронска регистрација на првото
вработување на работниците со регистрацијата
на бизнисот, како и натамошно
поедноставување на постапките за
регистрација на бизнисите, особено оние каде
е потребна дополнителна документација,
лиценци или одобренија од страна на владата.
Како што констатираат консултантите од
компанија Буз Ален Хамилтон, ова е област
каде Македонија има драстичен напредок и е
во подобра состојба од повеќето земји во
светот.
-Од друга страна, заклучивме дека при
Вработување, иако правната рамка во голема
мерка е во согласност со меѓународните
стандарди и обезбедува заштита на правата и
безбедност за вработените без рестрикции во
однос на деловните операции, официјалната
бројка на невработеност од 34 % сама по себе
индицира проблем – посочи Волтер. -Во оваа
категорија дијагностицира е и незадоволителен
степен на пристап до образованието,
недоволен капацитет на институциите како што
се МТСП, АВРМ и трудовиот инспекторат. Исто
така, се забележува дека синдикатите и
образовните институции не се респонсивни на
потребите на пазарот на труд и дека важноста
од имање на флексибилен пазар на труд е под
приоритетот остварување на политички
интереси.
Од овие причини, во овој сектор клучни

Во претстојниот период треба да се продолжат напорите за подобрување
во сферата на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор, јакнење на
капацитетите на институциите за спроведување на законите, како и
изнаоѓање решенија за ефикасно решавање на стопанските спорови.
Исто така, реформата на пазарот на работна сила треба да продолжи со
примена на флексибилен пристап, воден од реалните потреби на пазарот

Data 1. 06. 2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

препораки се развивање на механизми за
усогласување на образовните програми со
потребите на пазарот на труд, обука на
медиумите за аналитички пристап, односно
правилно презентирање на состојбите од оваа
област на јавноста, како и промовирање на
концептот на доживотно учење и прифаќање
на стандардите во однос на неформалното
образование.
Клучни наоди од истражувањето во делот
на Регистрација на сопственички права се
дека многуте промени на легислативата во
однос на регистрацијата на недвижностите
креираат правна несигурност и ја отежнуваат
имплементацијата. Иако Македонија на овој
план бележи напредок, бидејќи е востановен
катастар кој покрива 80 отсто од територијата
на државата, незавршениот процес на
денационализација и приватизација се уште
остануваат пречка за расчистување на
имотните права, што значи дека се потребни
понатамошни реформи.
Што се однесува до правата од
интелектуалната сопственост, Македонија е
членка и потписник на речиси сите релевантни
договори и конвенции во однос на правата кои
произлегуваат од овој вид сопственост. Но, и
овде имплементацијата е слаба страна.
Затоа се препорачува соодветно
имплементирање на новиот закон за Катастар,
вклучително и донесувањето на сите
подзаконски акти предвидени со законот,
воспоставување на јасни постапки заради
полесно имплементирање на законот и обука
на вработените за негова примена. Меѓу
приоритетите е и завршување на постапките за
денационализација и решавање на имотните
спорови, забрзување на постапките за
трансформација на земјиштето од државна во
приватна сопственост, како и воспоставување
на единствен електронски Катастар кој ќе биде
близок до клиентите.
Во однос на интелектуалната сопственост,
потребно е почесто преземање на активности и
мерки од релевантните институции заради
превенција од злоупотреба на правата од
интелектуална сопственост.
Истражувањето покажа дека во подрачјето
Добивање на кредит, иако постојат празнини
и пристапот до кредит е лимитиран во некои
сектори, на располагање постојат извори на
кредитирање за повеќето сегменти во
приватниот сектор. Јавноста и пристапот до
јавните регистри за движните предмети и
недвижностите не се униформирани;
Катастарот на недвижности, иако многу
подобрен, останува пречка за ефикасно
обезбедено заеми. Општо кажано, заложниот
регистар на подвижни предмети е достапен,
доверлив и транспарентен. Извршувањето на
залогот на движни предмети и недвижности е
многу подобрен со воведувањето на
извршителите.
Експертите што ја оценуваа деловната
клима во државава и во овој сегмент
препорачуваат да се продолжи со напорите да
се реформира, надгради и модернизира
катастарскиот систем низ цела Македонија.
Потоа, да се модифицираат ограничувањата во
однос на можноста за позајмување на
штедилниците и другите извори на микро
финансирање, со цел да се овозможи
дополнителен пристап до кредит за малите
бизниси. Позитивно би влијаело и создавањето
на пазарно ориентиран систем на наградување
за нотарите и извршителите, а се препорачува

берзНИК

13

Недостиг на дијалог

Еден од реалните проблеми што ги забележавме во Македонија беше недостатокот на
дијалог. Нема јавен-јавен или приватен-приватен дијалог, што е од суштинско значење. Овој
вториот речиси и да не постои. Слични субјекти од приватниот сектори едноставно и да не
разговараат меѓу себе. Не соработуваат. Тие не се прашуваат меѓу себе како да ја надминат
конкуренцијата, туку се натпреваруваат. А на ниво на јавен-јавен сектор, потребни се повеќе
дискусии меѓу самите министерства. За илустрација, одговорноста за состојбите во винската
индустрија треба да ја споделуваат министерството за земјоделие и министерството за
економија.
Област каде што недостасува дијалог е и вработувањето. Овде е потребно понатамошно
унапредување, пред се на односот меѓу работодавачите, власта и синдикатите, познат како
социјален дијалог. Клучен развој за зголемување на конкурентноста на економијата е развојот на
работна сила. Во следниот период најголемо внимание треба да се обрати на развој на одржлив
концепт за развој на работната сила, клучен фактор за креирањето на нови услуги и производи.
и да се охрабрат позајмувачите на капитал да
позајмуваат, а основа на нивното
обезбедување да бидат залихите и
побарувањата кои бизнисите ги имаат.
Заштита на инвеститорите е фактор во
бизнис климата во државава каде се бележи
надолна линија и овде повторно во прашање е
имплементацијата, а не законската рамка.
Истражувањето покажа дека акционерите не си
ги знаат своите права и често се присилени да
ги продадат акциите на директорите,
мнозинските акционери, а многу ретко
добиваат и дивиденди.
Судиите кои посетуваат обука, главно не се
специјализираат за време на нивните кариери
и можат да се преместат од работа на
стопански на работа на кривични предмети без
соодветна обука. Комисијата за хартии од
вредност функционира многу добро, но е и со
ограничен капацитет во однос на своите
ресурси. Јавните тендер за продажна на јавно
земјиште не се транспарентни.
Поради ваквите состојби, се препорачува
засилена активност во однос на зголемувањето
на капацитетите на акционерите,
правниците/адвокатите и судиите; Завршување
на процесот на воспоставување на
специјализиран трговски суд; Зајакнување на
капацитетот на КХВ со зголемено
финансирање и поголем број на вработени;
Зголемување на транспарентноста и
одговорноста при продажба на земјиште на
јавни тендери.
Клучен проблем во сегментот Надворешна
трговија е нискиот степен на конкурентност во
приватниот сектор. Овде, како што истакна
Волтер, состојбата со трговскиот дебаланс
може да се влоши особено со фактот дека од
почетокот на 2011 година царините на
производите од ЕУ ќе паднат на нула, што
значи дека приватниот сектор во РМ мора
навистина многу да работи за да стане
поконкурентен и поефикасен. Како проблем се
констатирани и долгите и непотребни
оддолжувања на постапките за увоз и извоз.
Оттаму, се препорачува да се обезбеди
глобална поддршка на конкурентноста на
основа на побарувачката за секој одделен
сектор; вклучување на сите сегменти на
Владата на РМ при дијалогот за економскиот
раст; да се развие мулти - агенциски пристап
со цел редуцирање на бројот проверки при
извозот и да се ревидираат правилата за
електронска трговија и сметките во странски
банки. Овде посебно беше нагласена
потребата да се зголеми фокусот на
регионалните и глобалните трговски прашања,
односно ЦЕФТА да се искористи ефикасно.
Најмногу слабости најверојатно има во

областа Спроведување на договори.
Истражувачкиот тим констатираше дека
судовите се пренатрупани со работа и
неефикасно администрирани и дека правната
заедница е со низок капацитет за да бара
соодветна имплементација на законите во
однос на извршувањето на договорите.
Огромна слабост е што на бизнис заедницата и
недостасува културата на исполнување на
договорите, па консултантите сметаат дека
Адвокатската комора има потреба од повеќе
капацитет. Односно, потребен е развој на
обучени и стручни правници од стопанството
кои ќе ја иницираат побарувачката на
деловната заедница за правни услуги. Не може
да има економски развој без адвокатска
комора.
При Затворање на бизнис, клучни наоди
се незадоволителниот капацитет во однос на
стопанските спорови во постојните судови.
Односно, иако квалитетот, како и обуката се
подобрени, останува потребата од создавање
на повеќе професионални јадра на стечајни
управници. Потребен е поагресивен пристап во
однос на отвори - затвори стечајни постапки, со
цел да се избегнат можностите за
манипулација. Како главна пречка за побрзо
завршување на стечајните постапки, се
посочува неможноста да се дефинира
сопственоста врз недвижноста. За
надминување на овие проблеми, се
препорачува обезбедување на финансирање и
обука за Комората на стечајни управници со
цел зголемување на нивниот професионализам
и стручност, како и привлекување на што
поквалитетни кандидати за оваа професија;
Развивање и имплементација на обука за
стечајните судии во однос на наградата и
надоместоците за стечајните управници;
Создавање на механизам кој ќе обезбеди
адекватна истрага во отвори - затвори стечајни
постапки. Потребно е да се стави акцент на
забрзано завршување на реформите на
Катастарот, со цел обезбедување на побрза
продажба на недвижност во стечајна постапка,
со цел побрзо завршување на истата.
-Имајќи ги во предвид сите овие резултати,
сметаме дека во претстојниот период ќе треба
да се продолжат напорите за подобрување
најмногу во сферата на дијалогот меѓу јавниот
и приватниот сектор, јакнење на капацитетите
на институциите за спроведување на законите,
како и изнаоѓање решенија за ефикасно
решавање на стопанските спорови. Исто така,
реформата на пазарот на работна сила треба
да продолжи со примена на флексибилен
пристап, воден од реалните потреби на
пазарот, заклучи Волтер.

14

берзНИК

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 1. 06. 2009

ДРАГАН ЛАЗАРЕСКИ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ-ДРУШТВО ЗА НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

Македонија- сериозен осигурителен
пазар со квалитетни играчи

Кроација осигурување формираше ново
друштво за неживотно осигурување. За што
конкретно станува збор ?
- Кроација осигурување, покрај животното
осигурување што веќе четири години го нуди на
македонскиот пазар, сега настапува и со ново
друштво за неживотно осигурување - Кроација
осигурување д.д., со капитал од 3.250.000
евра, што ги задоволува законските норми за
гарантен фонд за вршење неживотно
осигурување. Неживотното осигурување според
нашата законска форма покрива 18 класи, а
новото друштво ќе нуди 16. Засега не сме
лиценцирани за дополнително здравствено
осигурување и за осигурување на гаранции.
Верувам дека за неколку месеци (најмалку
четири) ќе добиеме лиценца за дополнително
здравствено осигурување, така што веќе од
следната година би го понудиле на пазарот.
Потребни се посебни услови за
здравственото осигурување ?
- За секоја класа на осигурување неопходна е
адекватна анализа на ризикот, која што е
основа за одредување на условите и тарифата
за осигурување. Всушност, се анализираат
сите можни ризици во временска дисперзија,
статистички показатели во одреден временски
период, како се движеле штетите, за да се
дефинира адекватна премија. Потребно е
време, најмалку четири месеци, да се
организира и да се направат подготовки за да
се понуди квалитетен пакет за осигурување на
одредена компонента. Зад здравственото
осигурување секогаш стои една логистика од
здравствени организации, и државни и
приватни, кои што треба да прифатат договор
дека на нашиот осигуреник ќе му пружат
повисока и подобра услуга од она што го нуди
јавното здравство, односно што е опфатено со
Фондот за здравствено осигурување. Тоа и
законот го дефинира - само класа повеќе кај
одредени прегледи кои не се покриени со
фондот, со дел од партиципацијата. Ќе
формираме и фондови за превентива на
здравјето на нашите осигуреници, така што ќе
им обезбедиме да си извршат систематски
прегледи, што во основа ќе биде и обврска да
го добијат дополнителното здравствено
осигурување. Во Македонија има некои
пионерски обиди за дополнително здравствено
осигурување, но тоа не е доволно. Со нашето
присуство ќе дадеме вистински пример како
треба да се развие дополнителното
здравствено осигурување.
Поповолни услови вклучуваат пониска
цена?
- Да, збориме за ист тип на здравствена услуга,
но по пониска цена и поквалитетен однос. Но,
во секој случај ќе одиме со фиксирани
надомести, најчесто до 6.000 евра (на пример,
за надомест на операција на срце). Ќе

Не се занесуваме по големи проекти, бидејќи големиот
проект оди во познати насоки, странските компании си
имаат свои осигурителни шеми и тука немаме илузии дека
ќе се наметнеме од почеток. Тие се важна целна група, но по
неколку години...
понудиме одредени пакети од општи
здравствени дијагностики до магнетни
резонанси, оперативни интервенции и
сместување во болнички услови, но сепак до
фиксирана сума. А, според моите сознанија, кај
нас е се поскапо во однос на другите земји од
соседството.
Со кои класи годинава започнувате?
- Од 16-те класи за кои имаме лиценци,
годинава планираме да започнеме со повеќето
од нив, а до година предвидуваме да
настапиме и на полето на земјоделските
ризици - осигурување на посеви, плодови од
дополнителни ризици... Во принцип, овие
осигурувања се склучуваат до крај на март,
така што од април веќе се дистрибуираат.
Барем според стандардите, сезоната за
осигурувањето на земјоделските производи
започнува од први април. Но, бидејќи нашето
друштво започна со работа сега, на крајот на
мај, овој период ќе го користиме за анализи.
Оптимисти сме дека ќе настапиме со
квалитетна осигурителна програма и да ги
покриеме барем основните ризици:од град, од
пожар, удар од гром, невреме...
За да направите квалитетна тарифа за
осигурување за земјоделството, потребна е
долготрајна опсежна анализа во подолг
временски период за да се постават
прифатливи и квалитетни тарифи на
осигурување пред се за клиентите, но коишто
ќе донесат и добри премии за компанијата.
Така, за разлика од пред десетина години, кога
за осигурување на земјоделските култури се
земаа податоци за последните пет години, сега
во историјата за штетите се анализираат 20

години и тоа посебно во полјоделството,
лозарството, градинарството... Тоа е една
обемна и сложена проблематика, која кај нас
дополнително е оптоварена и од аспект на
транзицискиот процес кај земјоделските
комбинати –најголем дел од нив се расцепкаа,
се изгубија доста податоци, а исто така
настанаа и нови групирања, нови
производители , концесионери, приватни
стопанственици.
Со оглед дека вашиот сопственик доаѓа од
Хрватска, какви се нивните искуства околу
користењето на земјоделското осигурување
во матичната земја?
-Она што можам да го кажам за хрватскиот
пазар е дека оваа класа на осигурување е
негативна. Бележи 200 отсто технички резултат,
што значи дека се плаќаат двапати повеќе
отштети отколку што се акумулира техничка
премија. Но, таму државата во земјоделското
осигурување субвенционира до 90 проценти
од премијата, со цел да ги растовари
државните ризични фондови за таа намена.
Оттука, пакети за осигурување во
земјоделството може да понуди оној што има
квалитетен портофел за да може да ги
балансира негативните резултати од одредени
класи со акумулирани технички премии од
други класи.
Оваа активност може да ја врши компанија
која има квалитетен реосигурителен програм.
Без реосигурување не може да се врши
осигурување во земјоделството. Имено, се
покажува дека циклусот на катастрофални
штети од 15 години се поместил на пет години,
а сега и на две-три години. Во 1995 г. кога

Data 1. 06. 2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Неготино беше најпогодено од невремето,
земјоделството претрпе штети од околу 11
милиони марки. Во тоа време АДОР
Македонија исплати отштета од околу два до
три милиони марки, по основ на оштетувања
на лозовите насади и на тутунот. Лани имаше
невреме во Гевгелиско, сега пак има погодени
земјоделски производи. Се на се,
осигурувањето во земјоделството е навистина
чувствителна проблематика. Затоа, во овој дел
сметаме на квалитетен реосигуриителен
програм кој може да ни биде понуден и од
меѓународниот пазар со бонитетни
осигурувачи, меѓу кои се вбројува и нашата
реосигурителна куќа Кроација Лојд, а каде
најголем доминантен сопственик е Кроација
осигурување д.д.
Значи, сепак започнувате со класични
услуги во осигурувањето?
-Ние нема да избегаме од нашата реалност. На
македонскиот пазар е најприсутно
осигурувањето од автомобилската
автоодговорност- зелената карта. Едноставно
на неа отпаѓа дури 50 отсто од осигурителниот
пазар. Тоа е еден портфел кој се состои од 350
000 регистрирани возила, меѓутоа, се цени
дека има уште потенцијал, односно дека има
25 до 30 % неосигурени возила. Веројатно
причината за тоа лежи во социјалниот
проблем, но тоа е секако и проблем на
институциите, кои им прогледуваат низ прсти
на сопствениците. Сообраќајната полиција
пишува казна, но не следи до крај дали
возилото се регистрирало.... Иако ова е едно
од законските осигурувања, се уште има
пропусти на ова поле. Инаку, оваа класа
зазема значаен дел од нашите стратешки цели.
На кои други класи ќе дадете приоритет?
-За нас од особен интерес ќе бидат
осигурувањата на транспортерите и
осигурувањето на стоката на земјениот превоз
(инет карго осигурувањето). Македонија има
доста транспортери кои што се долг период

Со упадот на капиталот од
албанските осигурителни
друштва, имаше доста
нелојалност во
конкуренцијата, меѓутоа
во меѓувреме тие
преминаа во рацете на
многу сериозни
осигурители, кои годишно
акумулираат по неколку
милијарди евра...
надвор од земјата, па дури и повеќе од 12
месеци, работат со трети земји и имаат
потреба од квалитетно осигурување,
вклучително и ЦЕМТ дозволите, вклучително и
осигурувањето на превозникот. Интересни се и
каско осигурувањата за лесни и товарни
возила. Сериозно се планира и осигурувањето
од последици на несреќи на лицата и на
индивидуална и на колективна основа. Ваквите
осигурувања заземаат околу 8 до 9%.
Транспортерите досега не учествуваа со
голем процент во осигурувањето. Лани
учествуваа со 1,16 %, но тоа е многу
квалитетно осигурување од аспект на
техничкиот резултат. Штетите учествуваат со
многу мал процент во премијата. Ова е
осигурување кое на осигурувачот, доколку знае
да го менаџира, му обезбедува добар
потенцијал за позитивни резултати. Кај ова
осигурување е многу важно да се обезбеди
квалитетна мрежа на логистика во случај на
штета на превозникот надвор од матичната
земја. Тоа значи, квалитетни хавариски
комесари, проценителски куќи кои во секој
момент можат да бидат контактирани и да
дојдат на лице место, да му излезат во пресрет
на превозникот, кој што најчесто носи стока за
повеќе компании и мора да реагира адекватно
за да ги избегне плаќањата на лежарини. Тука
брзината на реакцијата е многу битна, затоа

берзНИК

15

што често избива конфликт меѓу осигурувачот
и превозникот од таа причина што не му се
излегува во пресрет со квалитетна логистика.
Кроација осигурување тоа може да го
понуди, користејќи ја мрежата на Кроација
осигурање д.д, која е веќе разработена. Ние се
вклучуваме во тој систем и нашите
осигуреници каде и да се најдат, можат со едно
јавување да добијат веднаш помош.
Тоа го вклучува и каско осигурувањето?
- Каско осигурување е посебна класа на
моторното возило. Се осигурува материјалната
вредност на возилото. Има каско осигурување
на пловни објекти- глисери, бротчиња што
стануваат се позначајни. Каско осигурување на
воздухоплови и одговорност кон трети лица и
за воздухопловот и на пловните објекти ...
Колку е тоа кај нас застапено?
-Во принцип ова го користат сите аеро клубови,
потоа воздухопловите на МВР, на АРМ. Кога се
ќе се собере, има значителна премија, која во
2008 г. изнесуваше 800 илјади евра, што не е
за потценување... Со тие осигурувања одат и
осигурувањата од незгода на патниците. Тука
има неколку опции. Прво, задолжително
осигурување по основ на патниците во јавен
сообраќај .... Осигурувањето не може никогаш
се да компензира, туку постои да ублажи
одредена материјална или нематеријална
штета што ќе ја претрпи осигуреникот. Оваа
куќа се базира на професионализам и
искуство, не може хазардерски да се навлегува
на пазарот. Битно е дека стратегијата е
поставена.
Засега, патничкото осигурување носеше
сигурни премии за куќите од вашиот ресор?
-Доста сметаме на патничкото осигурување,
односно на здравственото осигурување на
наши патници во странство. Тоа кај нас
достигна премија од над 2,5 милиони евра.
Тука многу влијае условеноста за добивање

16

берзНИК

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

виза во шенген зоната. Дури и во Хрватска тоа
е значителна цифра, околу 4 милиони евра,
што е доволно со оглед дека тие немаат
лимитирање за патување.
Со оглед што е најавена визна
либерализација и за Македонија, очекувате
намалување на ваквото осигурување?
-Дефинитивно. Но, сепак сметаме на
ригорозноста на граничните служби во земјите
припаднички на шенген зоната коишто, ако
наидат на патници од овде без патничко
осигурување, ќе ги принудат да го купат од
тамошни компании, инаку нема да можат да
влезат. Што значи, компаниите сепак ќе мора
да влезат во кампања и да се промовира таа
потреба, бидејќи ќе се доживеат несакани
искуства во другите држави. Во секој случај
очекувам пад, бидејќи едно е кога сакаш, а
друго кога мораш.
Како гледате на имотното осигурување?
- Имотното осигурување се уште е сериозен
партиципиент во портфолиото кај нас и
учествува со околу 19 %. Порано учествуваше
со околу 40%. Меѓутоа ерозијата на
премиските стапки настана заради нелојалната
конкуренција со сите атрибути...
Ерозијата на премиските стапки, потоа она
што значи конкурентност- јавните набавки,
тендерите си го направија своето кај сите оние
субјекти што се предмет на јавна набавка.
Односно, оние што се обврзани да распишат
јавен конкурс за набавка на услуга за
осигурување. Потоа преминувањето на
големите стопански субјекти во рацете на
странски инвеститори - ОКТА, Усје, Пивара, кои
што донесоа свои осигурителни програми под
капата на т.н. мастер полиси. Тие во рамките
на нивните групации имаа свои осигурителни
програми и само ги припојуваа локалните
осигурливи интереси на таа програма. Тие
програми се со износ на 500 милиони евра или
и до милијарда евра. На пример,
осигурителната програма на Хеленик
Петролеум изнесува 4 милијарди евра и што
значи една ОКТА за целата таа работа? Па
само ја прилепуваат за дополнителна премија,
тоа не е основна премија
Има ли кај нас лимитирање на премијата?
-Можеме да осигуруваме до висина колку што
е спремен реосигурителниот пазат да преземе
ризик.
Колку е тоа на нашиот пазар?
-Како најголем ризик во Македонија ќе ја
спомнам РЕК Битола. Тука е најголемото
изложување, барем според анализите што сме
ги правеле со меѓународни проценителски куќи.
Најголемата изложеност е 40 милиони евра.
Во Македонија нема нешто што не може да се
осигура, само е потребно квалитетно
реосигурување директно на меѓународниот
пазар, што искрено, и нашите конкуренти
можат да го направат. Не е тоа наше
ексклузивно право. Една УНИКА тоа лесно
може да го проголта, па сега и Винер штедише,
па и Триглав.

Data 1. 06. 2009

Во Македонија заедно со нашата функционираат 11
компании за неживотно осигурување и уште две за
животно осигурување
Каков е одзивот кај малите и средни
претпријатија?
- Кроација осигурување ќе има адекватна класа
на осигурување за секој клиент. Кога велам
пакет мислам, на некое упросечување, некое
нормирање, каде што може да се погреши.
Филозофијата на ова компанија ќе биде да го
дефинира потребното осигурително
осигурување за секој клиент. МСП се нашата
вистинска таргет група. Не се занесуваме по
големи проекти, бидејќи големиот проект оди
во познати насоки, странските компании си
имаат свои осигурителни шеми и тука немаме
некои илузии... дека ќе се наметнеме од
почеток. Тие се важна целна група, но по
неколку години...
Добри осигурителни програми, добра
соработка со нивните странски осигурители
преку реосигурување, квалитена услуга,
сервисирање на отштетните побарувања ,
вклучително и исплата на штетите и да не
речам и 24 часовен сервис...Ова е уште
поважно за физичките лица како клиенти. Тие
имаат големи барања, и имаме аспирации да
примениме одредени технологии во таа
смисла- штетите веднаш да бидат видени,
пријавени и ставени во процес на обработка и
обесштетување.
Колку финансиската криза ќе влијае на
намалување на работата на осигурителниот
пазар?
-За жал, со финансиската криза од аспект на
кредитни линии се влошија условите, лизингот
опадна, што за нас значи 50% помалку каско
осигурувања. Отприлика толку се цени дека ќе
биде падот до крајот на годината во однос на
минатата година во однос на продажбата на
нови автомобили. Во 2008 г. имаше раст на
продажба од 30% и достигна на 17 600 нови
автомобили во однос на 14 000 во 2007г. Сега
веројатно ќе имаме драстичен пад и ќе се
вратиме на над 11 000. Тоа е тренд во целиот
свет. Практично, ние и многу малку бевме
завлезени во тие кредитни шеми за разлика од
другите земји. Бидејќи касно почнаа да
функционираат лизинг компаниите. До појавата
на Хипо Алпе ние имавме многу мал пазар.
Беа присутни само НЛБ лизинг. Во таа смисла
знаеме дека пазарот е погоден и со
осигурувањето на имотот на граѓаните, на
станови на куќи... Бидејќи и таму се бележеше
пораст, хипотекарното осигурување беше се
поизразено како дел од кредитните линии,
меѓутоа ние цениме дека има простор за
успешна работа, а успешна работа е
профитабилна работа. Значи, ќе се обидеме да
наметнеме дисциплинирање на пазарот,
правила на игра, не со теорија туку низ
праксата. Да работиме позитивно, но и да се
развива бизнисот.
Кога ги очекувате првите осигуреници?

- Кон средината на јуни очекуваме веќе првите
полиси да бидат склучени во повеќе категории.
Осигурувањето на кредити за кое сме
осигурени веројатно нема да почне веднаш.
Рековте дека вашата амбиција е да бидете
лидери на македонскиот осигурителен
пазар. За колку време планирате да бидете
број еден на пазарот?
-Некаде за период од 7-8 години ќе се видат
тие резултати. Но, нашата поконкретна цел е 7
до 10 отсто за три години. Тоа е целта. А лидер
може да бидете и со 15%. Како одат работите,
терцијарните играчи заземаат се поголем удел
на пазарот. Цениме дека компанија со
партиципација од 15 до 20% може да биде
лидер на македонскиот пазар. Сегашниот
лидер има 22 отсто, а тоа е Вардар, додека
КЈУБИ има стандарден пад по 4 до5 индексни
поени. Сава табак има најдобар раст затоа што
има најфлексибилни понуди. Направија добар
пробив од 11 на 15,6 %. Другото се е како што
беше, Еуролинк и Полиса се по околу 9%.
Како гледате на конкуренцијата во
Македонија?
- Пенетрацијата на здрав капитал и на
бонитетни осигурителни компании внесува
надеж на пазарот. Законската регулатива е
квалитетно уредена. Многу малку фали,
нијанси од аспект на наши интерни работи и
односи со институциите, но не за сметка на
клиентот. Со упадот на капиталот од
албанските осигурителни друштва, имаше
доста нелојалност во конкуренцијата. Тоа толку
брзо се развиваше .. Така што пазарот се
научи на дисконтирање на цени онаму каде
законот не го дозволуваше тоа, меѓутоа во
меѓувреме тие преминаа во рацете на многу
сериозни осигурители кои годишно
акумулираат по неколку милијарди евра.
УНИКА на пример акумулира годишно по 4
милијарди евра приход, од кои 50 % неживотно
осигурување... Пазарот на капитал се
зацврстува. Имаме и словенски капитал,
Триглав и Сава Ре се сериозни играчи. Значи
на пазарот влегоа квалитетни играчи: Винер
штедише ја купи Сигма, а Сигал –Уника. Уште
Албсиг останува како слободен играч, кој е во
голем проблем околу техничките резерви,
ненаплатени премии големи, што е голем
проблем за сите. Имаме и личен капитал од
Бугарија, која, иако нема бонитет, но се во една
експанзија...
Порака за граѓаните како ново друштво на
пазарот на осигурување?
-Би им порачал да ја изберат Кроација, заради
докажаната стручност, сенсот да одговорат на
потребите и сето тоа вградено во традицијата
од 125 години и спроведување на тоа од една
искусна екипа на Кроација неживотно
осигурување.

Data 1. 06. 2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

17

ВЕСТИ... БАЛКАН
УНГАРИЈА

Рекордна стапка на невработеност

Стапката на невработеност во Унгарија
во април се зголеми на 9,9 отсто, во
споредба со март кога изнесуваше 9,7
проценти, и е најголема од 1998 година,
кога е воведена сегашната статистичка
методологија. Минатата година во април,
стапката на невработеност изнесувала 7,7
отсто, потсетува унгарскиот Завод за
статистика.
Невработеноста расте поради големиот
број отпуштања во речиси сите гранки во
стопанството. Извозниците во цела

СЛОВЕНИЈА

Источна Европа го намалуваат
производството заради финансиската
криза.
Унгарското стопанство, според
процените, во првиот квартал опадна за
6,4 отсто на годишно ниво. Тоа е најлош
резултат од 1996 година, кога унгарскиот
Завод за статистика почна да ги објавува
податоците.
Новата унгарска Влада ги усвои
реформите кои би требало да ублажат
некои структурални проблеми во

стопанството на земјата. Тие мерки во
почетната фаза уште повеќе ќе ја
продлабочат економската рецесија, но,
според оценките на Меѓународниот
монетарен фонд, ќе се подобри состојбата
на јавните финансии.
Претставничката на Европската
комисија Елена Флорес најави дека
Унгарија, благодарение на тие мерки,
останува на патот на исполнување на
условите на договорот со ЕУ за добивање
на следната транша на договорен кредит.

ГРЦИЈА

Без работа ќе останат 600.000 работници
Во Грција до крајот на годинава беа работа
ќе останат 600 илјади работници, -се
наведува во Националното биро за
вработување. Според извештајот,
невработеноста може да достигне 15,4 отсто.
Институтот на труд при најголемиот грчки
синдикат, Општата федерација на трудот

(GSEE), проценува дека нултиот економски
раст и намалувањето на бројот на туристите ќе
произведе помеѓу 570.000 и 600.000
невработени.
Грчките медиуми наведуваат дека
невработеноста во Грција е многу поголема од
она што службено се објавува.

КОСОВО

Зајакнување на соработката со Турција
Горење со загуби од
14,7 милиони евра
Словенечката компанија Горење
соопшти дека во првото тримесечје
забележала нето загуби од 14,7 милиони
евра, додека нејзините консолидирани
приходи опаднале за 5,6 отсто, на 286,6
милиони евра.
Извршниот директор на Горење, Фрањо
Бобинац, изјави дека неговата фирма ја
дели судбината на другите производители
на апарати за домаќинство и оти
продажбата на словенечката компанија
најмногу опаднала во Украина, Русија,
Романија и Хрватска. Најголем раст е
забележан, пак, во Германија, Австрија,
Србија и Чешка.
Бобинац истакна дека е неопходно
оперативната структура на компанијата и
трошоците да се прилагодат на падот на
приходите и на финансиските проблеми,
при што се одредени три основни цели за
оваа година: обезбедување прилив на
средства, зголемување на пазарното
учество и зачувување на продуктивните
работни места.
Според првиот човек на Горење,
пазарното учество на компанијата во
првото тримесечје е намалено на само
три или четири од вкупно 20 извозни
пазари.
Во првите три месеци во фабриките на
Горење се произведени 635.000 парчиња
бела техника, што е 24 отсто помалку во
однос на истиот период минатата година.
На крајот на март фирмата имала 10.950
вработени или 2,3 отсто помалку во
истиот период во 2008 година.

Претставници на економските
институции на Косово и на Турција
потпишаа во Приштина договор за
економска и трговска соработка и
подготвија договор за слободна трговија,
јавуваат приштинските медиуми.
Договорот за слободна трговија ќе биде
потпишан наскоро, соопштија
претставници на косовските и на турските
министерства за економија и трговија по
вчерашната средба во Приштина.
Турскиот државен министер Мехмет
Чаглајан соопшти дека турски бизнисмени
пројавуваат интерес да инвестираат во
изградба на патишта и на аеродром во
Косово.
- Турција има за цел зајакнување на
економската соработка и на трговија со
Косово. Турција беше меѓу првите кои го
признаа Косово, рече турскиот министер.
Чаглајан соопшти дека трговската
размена меѓу Косово и Турција минатата
година достигнала 224 милиони евра, а за
првите три месеци годинава околу 50
милиони.
Косовскиот министер за трговија Љутви
Жарку ја истакна потребата за
постигнување договор за слободна

трговија и зголемување на трговската
размена со Турција. Тој соопшти дека се
подготвуваат амбициозни проекти во сите
области, од инфраструктура до
приватизација.
Во турската делегација освен
министерот Чаглајан учествуваат и околу
сто бизнисмени.

СРБИЈА

Пад на индустриското
производство од 21,1 отсто
Индустриското производство во
Србија во текот на минатиот месец
забележа пад од 21,1 проценти
споредено со април 2008 година,
соопшти српскиот Републички
статистички институт.
Во првите четири месеци од годинава
индустриското производство во Србија

во однос на истиот период лани е
намалено за 17,8 проценти.
Најголем индустриски пад во текот на
април од 23,2 отсто е регистриран во
преработувачката индустрија, а по неа
следат рударството со пад од 14,6 и
дистрибуцијата на енергија, гас и вода
со намалување од 13,2 проценти.

18

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

Data 1. 06. 2009

СВЕТ... ВЕСТИ...
РУСИЈА

Вложување од 10 милијарди долари во ММФ
Русија има намера наскоро да вложи десет
милијарди долари девизни резерви во
обврзници на ММФ, објавија руските
медиуми. Обврзниците ќе се насочат во
поддршка на земјите чии економии најмногу
страдаа во глобалната финансиска криза,
изјави рускиот министер за финансии,
Алексеј Кудрин. -За учество во
зголемувањето на фондот на ММФ до сега се
изјаснија повеќето членки на Европската
унија и други земји, додека ММФ од своја
страна предложи низа финансиски

инструменти, прифатени и подготвени во вид
на кредити или заеми за поддршка на земјите
на кои помошта им е најнеопходна, -рече
Кудрин. Тој додаде дека консултациите со
ММФ и колегите во рамките на групацијата
БРИК (Бразил, Русија, Индија, Кина) им
помоигнаа на руските политичари да се
определат во однос на прашањето на
барањата и условите за користење на
финансиските инструменти на ММФ, во кои
Русија може да ги вложи своите средства во
време на криза.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Ќе се основаат финансиски регулатори
Европската комисија наскоро ќе ги изнесе
планови за заострување на надзорот на
финансиските институции, иако Велика
Британија веќе го изрази своето противење на
новите мерки.
Еден од клучните предлози на ЕК е
воспоставување на нов Европски одбор за
системски ризици (ESRC), на чие чело би
била Европската централна банка (ECB)
заедно со гувернерите на централните банки
на ЕУ, кој на членките ќе им дава рано
предупредување за заканите по финансиската
стабилност. Тоа тело не би имало никакви
правно обврзувачки овластувања, стои во
нацрт извештајот на Европската комисија.

Комисијата исто така предлага
воспоставување европски систем на
финансиски супервизори, кој би се состоел од
три нови ЕУ тела со легални ингеренции за
вршење надзор над банкарскиот и
осигурителниот сектор.
Како што истакнува Комисијата,
недостатокот на постоечкиот систем на надзор
досега имаше драстични последици по
глобалниот финансиски систем. Велика
Британија, која не е членка на еврозоната и
нема врска со Европската централна банка,
веќе изрази негодување поради евентуалното
препуштање на толку големи ингеренции во
рацете на ЕЦБ.

МОТ

Зголемување на бројот на невработените во светот
Бројот на невработените во светот ќе боде
поголем од тоа што претходно се
прогнозираше, предупредува во најновиот
извештајМЕѓународната организација на
трудот. Според најновите процени, глобалната
стапка на невработеност ќе достигне меѓу 6,5 и
7,4 отсто, што би одговарало на бројката од
приближно 210 до 239 милиони луѓе ширум
светот.
МОТ предупредува дека најмногу ќе бидат
погодени младите луѓе. До 2015 година,
истакнуваат од МОТ, мора да се создадат
приближно 300 милиони нови работни места
само за да се апсорбира зголемувањето на

бројот на работно способното население.
Организацијата понатаму предупреди на
заканувачката криза на пазарот на труд. Иако
одредени прогнози зборуваат за заздравување
на стопанството во 2010 година, во МОТ
сметаат дека за заздравување на пазарот ќе
треба многу повеќе време.
Соопштението на МОТ е објавено во пресрет
на Меѓународната конференција на трудот, која
неделава се одржува во Женева. На состанокот
се очекуваат најмалку десетина претседатели
на држави, вклучувајќи ги и францускиот
претседател Nicolas Sarkozy и бразилскиот
претседател Luiz Inacijо Lula da Silvа.

Кудрин прецизираше дека се работи за
обврзници на ММФ, најликвидни хартии од
вредност, кои по условите и сигурноста може
да се изедначат со девизните резерви или
обврзниците во кои тие резерви се вложуваат.
Поради тоа, руската влада ја разгледува
можноста да вложи десет милијарди долари
во обврзници на ММФ. Тие средства ќе ги
пласира централната банка на Русија, рече
Кудрин, додавајќи дека обврзниците на ММФ
се најликвидни хартии од вредност на
сегашниот финансиски пазар.

PORSCHE

Најдобро платен
менаџер во Европа
Шефот на германскиот автомобилски
концерн Porsche, Wendelin Wiedeking,
минатата година заработи77,4 милиони евра,
повеќе од било кој менаџер во Европа. Според
истражувањето на весникот Manager, на второ
место, со повеќекратно помали примања од
13,6 милиони евра е директорот на
фармацевсткиот концерн Novartis, Daniel
Vasella, а на трето место шефот на
најголемата шпанска банка, Banco Santander,
Alfredo Abad, кој лани заработи 12,7 милиони
евра.
Минатата година не беше поволна за
водеќките европски менаџери.
Заработувачките на директорите на 50-те
најголеми европски концерни и банки се
помали за 18 отсто, а во Германија дури за 25
отсто. Во просек, европските менаџери лани
примија по 5,7 милиони евра, додека во 2007
година просекот беше 6,9 милиони евра.

НАФТА

Северниот пол лежи на црно злато
Истражувањата на еден меѓународен тим од
експерти утврдија дека резервите на нафта и гас
под Северниот Пол се многу поголеми од
поранешните проценки, тврди научното списание
Сајанс, откривајќи дека 30 отсто од резервите на
нафта и околу 13 отсто од резервите на гас се
наоѓаат во подрачјето на Арктикот.
Милијарди барели од сурова нафта и илјади
милијарди кубни метри од гас, што досега беа
недостапни поради дебелината на мразот, според
списанието, сега можат да се користат поради
глобалното затоплување и топењето на мразот

во тој регион. Ваквото сознание на научниците,
според лондонски Гардијан може да придонесе
за интензивирање на трката по енеретските
суровини на Северниот Пол, а со тоа и до ново
зголемување на тензиите во меѓународните
односи.Кон спорните делови на Арктикот, што се
наоѓаат во меѓународни води и се под контрола
на Обединетите нации, претендираат Русија,
САД, Канада, Норвешка и Данска. Работите
добија на тежина, откако во 2007 година, русите
на дното на Баренцово Море поставија свое
знаме, прогласувајќи го тој дел од дното на

Арктикот за своја територија и заканувајќи се
дека ако треба тоа парче ќе се брани и со воена
сила
Лондонскот весник, меѓутоа, забележува дека
целата нервоза што сега се создава околу
енергетските резерви под Арктикот може да е
малку претерана. Проценките на научниците
покажуваат дека резервите на нафта и гас што
се наоѓаат во ова подрачје на земјината топка
може да ги задоволат потребите на светот со
овие енергетски суровини за само три години,
заклучува Гардијан.

Data 1. 06. 2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

19

СВЕТ... ВЕСТИ...
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

ИНДИЈА

Потрага по нови сопственици за
Воксол и Опел

Пораст на БДП од 5,8 отсто
Индискиот бруто домашен производ порасна
за 5,8 отсто во првиот квартал од годинава на
годишно ниво после истата стапка на раст во
претхпдниот квартал, објави Бирото за
статистика во Њу Делхи.
Стапката на раст на третата по ред азиска
економија е над очекувањата на
аналитичарите, кои очекуваа растот да биде
пет отсто, колку што покажуваа анкетите на
Блумберг.
Меѓутоа, оваа стапка на раст и понатаму е
речиси половина од стапката со која растеше
индиското стопанство во последните пет
години и индискиот министер за финансии,
Pranab Mukherje, минатата недела вети дека ќе
ја зголеми потрошувачката во буџетот за јули.
Стопанството веќе покажува извесни знаци
на подобрување поради падот на каматните
стапки и пакетот фискална поддршка, тешки
седум отсто од БДП-то. По објавувањето на
статсистичките податоци, индиските акции
пораснаа за два отсто.

Британската Влада верува во брзото
изнаоѓање нови сопственици за компаниите
Воксол во Велика Британија и Опел во
Германија, кои се соочуваат со опасноста од
банкрот заедно со нивниот американски
партнер Џенерал Моторс, кој се наоѓа во
длабока криза.
Според британскиот министер за бизнис,
лорд Менделсон, решение ќе биде изнајдено и
покрај неуспехот на преговрите што околу тоа
се водеа во Берлин и во кои повремено се
вклучувала и германскиот канцелар Ангела
Меркел. Во изјава за британската телевизија
Скај, Менделсон рече дека местата на
работниците во двете фабрики на Воксол се
безбедни. Тој ја бранеше досегашната позиција
на Владата, објаснувајќи дека таа од почеткот
е ангажирана во случувањата околу Џенерал
Моторс и германскиот Опел, чија европска

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

Ревидирана прогнозата на
стопанскиот раст во 2009

Обединетите нации во својот најнов
извештај проценија дека глобалната
економија оваа година ќе ослабе за 2,6
отсто, што е многу полоша прогноза од
јануарската, кога се предвидуваше
стопански пад од 0,5 проценти. Во
изменетиот извештај Светската
економска ситуација и перспективите
за 2009 година се проценува дека дури
во 2010-та е можно благо зајакнување
на глобалниот бруто производ. Во
извештајот подготвен од Одделот на
ОН за економски и социјални прашања
(ДЕСА) се проценува дека и натаму
остануваат ризиците што го успоруваат
зајакнување.
- Доколку брзо не зајакнат
финансиските пазари и доколку
фискалните стимулативни пакети не се
применат во доволна мера, рецесијата
ќе се оддолжи во многу земји, а
глобалната економска стагнација на
пониски нивоа ќе се пренесе длабоко
во 2010 година, се укажува во
извештајот.
Според прогнозите на ДЕСА, идните
две години во светот без работа ќе
бидат 50 милиони лица, а таа бројка
лесно може двојно да се зголеми,
доколку состојбата продолжи да се
влошува. Се очекува обемот на
светската трговија да падне за 11 отсто,
што би бил најголем годишен пад по
Големата депресија од 30-тите години
од минатиот век.
Во извештајот исто така е предочено
дека економското зајакнување би
можело да биде посилно и побрзо
доколку одговорот на кризата би бил по
усогласен. - Стимулативните мерки за
сега се многу нерамномерни, бидејќи
80 отсто од нив се концентрирани во
развиените земји, додека во многу

земји кои се во развој недостасува
фискален простор за пружање на
социјална заштита и намалување на
последиците од кризата, се укажува во
извештајот.
ДЕСА смета дека по урамнотежен
одговор на развојните финансии би им
донел дополнителни 500 милијарди
долари за борба против кризата во
земјите во развој, откако во почетокот
на април групацијата на 20 најразвиени
земји и стопанства во развој (Г20) на
самитот договори план за
обезбедување на околу 1,1 билиони
долари помош за излегување од
најдлабоката криза од Големата
депресија.
Во 2009 година се очекува само
седум земји да забележат раст на бруто
домашниот производ од три или нешто
повеќе отсто и тоа Бангладеш, Кина,
Демократска Република Конго, Куба,
Индија, Ирак и Узбекистан.

верзија во Велика Британија се произведува во
фабриката на Воксол.
Само италијанскиот Фиат и канадската
автомобилска индустрија Магна-Интернешанел
остануваат кандидати за преземање на Воксол
и Опел.
Меделсон тврди дека и со двете понуди за
откуп на американската ЏМ гарантираат
продлжување на работата на британските
фабрики, иако тој признава дека извесен број
работници ќе мора привремено да останат без
работа.
Британските синдикати остро ја критикуваа
Владата на премиерот Гордон Браун,
обвинувајќи ја за неснаоѓање во сегашната
автомобилска криза во светот и за недоволно
ангажирање во настојувањето, како што велат,
да се спасат двете фабрики на Воксол и
работните места за пет илјади лица.

ГАСПРОМ

Повик да не се дозволи
нова гасна војна

Рускиот гигант Гаспром ја повика ЕУ финансиски да и
помогне на Украина во исплаќањето на рускиот гас, за да не се
дозволи нова криза со снабдувањето на европските клиенти,
пренесе Франс прес.-Засега се уште може да се избегне нова
гасна криза во Украина. Затоа Европа и Русија треба заедно да
инвестираат за да ја избегнат оваа криза. Нема време за
губење, изјави претседателот на Гаспром Алексеј Милер во
коминике за медиумите.
Веќе неколку дена Русија распламтува атмосфера на нова гасна
војна со Украина, откако двете земји на почетокот на јанаури
стигнаа до остар гасен конфликт, кој доведе до двонеделно
целосно прекинување на испораките на руското сино гориво за
западните клиенти на Гаспром, потсети Франс прес.
Според Москва, Нафтогас Украина нема пари да купува гас
во текот на ова лето и да ги полни подземните складишта, за да
трупа резерви за зима. Рускиот претседател Дмитриј Медведев
ја повика ЕУ да дејствува усогласено со Москва, за да и се
помогне на Украина да ги плати своите сметки за гас.
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, кој е многу близок
со рускиот колега Владимир Путин и има амбиција да биде
посредник меѓу Русија и Западот, изјави дека ќе го поддржи ова
барање на следниот Европски совет, што ќе се оддржи во јуни.

УКРАИНА

Прва загуба во историјата
банките

Украинските банки во првите три месеци од годинава
забележаа загуба од седум милијарди гривни (околу 910
милиони долари), изјави потпретседателот на Асоцијацијата на
украинските банки Владимир Бондар, додавајќи дека тоа е
прва загуба во историјата на банките на Украина. Бондар
истакна дека во првиот квартал од банките повлечени се
повеќе од 100 милиајрди гривни (околу 13,2 милијарди
долари), бидејќи над 90 отсто од населението нема доверба во
банките.Загубата на украинскиот финансиски сектор
предизвикана е од глобалната економска криза, а економскиот
пад од 23 проценти во првиот квартал доведе до пад на курсот
на гривната во однос на главните валути. Националната банка
на Украина за да го спречи повлекувањето на депозитите од
банките во октомври, минатата година воведе мораториум за
предвремена исплата на истите.

20

берзНИК

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 1. 06. 2009

28.05.2009 g. ЧЕТВРТОК
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
-Денес во фокус на македонските печатени
гласила чекорите на малите бизниси како да се
вклучат во ЕУ трката по три милијарди евра.
-Малите и средни фирми од земјите-членки и од
кандидатите за ЕУ, меѓу кои и Македонија, можат
да аплицираат за дел од трите милијарди евра пари од ЦИП програмата на Европската комисија
за конкурентност и иновации, што треба да се
реализира до 2013 година. Парите ќе се
доделуваат за проекти за еко-иновации, за
енергетска ефикасност и за изградба на
информатичко
општество,
пренесуваат
весниците.Иако, уште од 2007 година Македонија
е потписничка и учествува во Рамковната
програма за конкурентност и иновации на
Европската заедница, бизнисот досега нема
искористено ниту денар од европскиот фонд.
Според министерот за економија Фатмир Бесими,
првите пари за фирмите реално може да се
очекуваат од почетокот на 2010 година, а дотогаш
тие треба да се запознаат со можностите како да
аплицираат до Комисијата и како да ги подготват
проектите.... Министерството за економија вчера
преку презентација ги информираше дел од
нашите стопанствениците, стопанските комори,
бизнис асоцијации, бизнис центрите за поддршка
на економскиот развој во одредени регионални
општински центри за можностите што се нудат во
рамките на оваа програма.
Денес ќе читате и дека од 1.јули без
царина во ЕУ ќе патуваат стоките со македонско
потекло -Договорот за дијагонална кумулација за
потекло на стоки, што ќе стапи во сила на 1 јули
годинава, е од особено значење за македонските
компании од текстилната индустрија, како и за
останатите фирми кои користат репроматеријали
од Турција, изјави вчера претседателот на

Стопанската комора на Македонија Бранко
Азески, по средбата со претседателот на Сојузот
на стопански комори и берзи на Турција, Рифат
Хисарџиклиоглу, јави МИА.
Со договорот за дијагонална кумулација се
овозможува за готовите производи со македонско
потекло, за чие производство се користеле
репроматеријали од Турција, да не се плаќаат
царински давачки при нивниот увоз во земјите на
ЕУ.
. ..На средбата со претседателот на турската
коморска
организација,
која
има
80
претставништва во светот, е договорено
заедничка популаризација на придобивките од
Договорот за дијагонална кумулација кај
компаниите во ЕУ, во Турција и кај македонските
компании.
Грчките инвестиции, кои до минатата година беа
доминантни странски вложувања во земјава,
полека почнуваат да спласнуваат. Некои
инвеститори се повлекоа од Македонија, како што
е случајот со Мермерниот комбинат од Прилеп и
Космофон, а други се во мирување. Финансиската
експанзија од грчка страна, која за нас до скоро
беше реалност и значеше внесување свеж
капитал во слабокрвната економија, сега е само
далечно минато.
Грчки инвестиции во Македонија се присутни во
нафтената индустрија, прехранбениот сектор,
градежниш-твото и во банкарството. Грците се
сопственици на повеќе големи компании во
земјава, како што е Окта, цементар-ницата Усје,
Веро, како и на две банки - Стопанска банка од
Скопје и Алфа банка. ...Грците го предадоа
телекомуника-цискиот бизнис и бизнисот со
мермер во рацете на Холан-ѓани - нови
сопственици на Мермерниот комбинат од Прилеп

- и Словенци, кои се нови газди на Космофон.
Според податоците на НБМ, минатата година
Грците во земјава инвестирале само 12 милиони
евра, од кои ситни два милиона биле
реинвестирана добивка, а десет милиони кредити
подигнати за обезбедување на тековното
работење на фирмите во земјава.
Паѓа индустриското производство во
Македонија веќе седум месеци едноподруго,
анализа која ја пренесуваат повеќе весници.
Државната статистика вчера објави дека
македонската индустрија се намалила за 7,7
проценти во април годинава во однос на истиот
месец минатата година. Уште подраматичен е
податокот за кумулативниот индекс на
производството, кој покажува дека за периодот
јануари-април 2009 во однос на истиот тајминг
2008 година, индустриското производство било
пониско
за
цели
9,9
проценти.
Економската криза и значителното намалување
на вредноста на националните валути ја намалија
куповната моќ на граѓаните од Југоисточна
Европа, се наведува во најновата анализа на
Рајфајзен банка. Кризата особено тешко ги погоди
граѓаните на Унгарија, кои во март заработиле во
просек малку помалку од 400 евра, што е околу 20
проценти помалку во споредба со истиот месец
минатата година.Најниска просечна плата е
забележана во Романија, 317 евра, а по неа доаѓа
Македонија, каде што во март просечната плата
изнесувала 319 евра.
На уплатените пари доброволниот фонд може
да наплати провизија од седум отсто. На
оплодените пари Фондот има право да наплаќа
уште 1,8 отсто провизија. Првиот доброволен
фонд, како што дознаваме, ќе стартува со
провизија од 6,5 отсто на парите што ќе ги
уплаќаат членовите.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. TAB ЌЕ УСПЕЕ ДА ОБЕЗБЕДИ КРЕДИТ ЗА АЕРОДРОМИТЕ (*****)
2. МЕПСО И ЕЛЕМ СКЛУЧИЈА ДОГОВОР ЗА СИСТЕМСКИ УСЛУГИ (***)
ДНЕВНИК
с.6 ПАТНИЦИТЕ ПЛАЌААТ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА MAT
с.7 TAB ЌЕ УСПЕЕ ДА ОБЕЗБЕДИ КРЕДИТ ЗА АЕРОДРОМИТЕ
с.7 ЕЛЕМ И МЕПСО СЕ ДОГОВОРИЈА ЕВН ЌЕ ПОЧЕКА

БИЗНИС
с.2 МЕПСО И ЕЛЕМ СКЛУЧИЈА ДОГОВОР ЗА СИСТЕМСКИ УСЛУГИ
с.3 НАЕЗДА НА СТРАНСКИ ОСИГУРИТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА
с.4 ИНВЕСТИРАНИ 400.000 ЕВРА
с.5 ГОЛЕМИТЕ БАНКИ ГО ДРЖАТ НАСЕЛЕНИЕТО
с.8 РЕАЛИЗИРАНИ БЛАГАЈНИЧКИ ЗАПИСИ ЗА 2,6 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ
с.8 СОЛВЕНТНОСТА И ЛИКВИДНОСТА НА БАНКИТЕ НЕ Е ЗАГРОЗЕНА

ВРЕМЕ
с.4 МАКЕДОНЦИ ЗАГЛАВИЈА ВО СТРАНСТВО
с.6 ПРОИЗВОДСТВОТО ТОНЕ
с.6 МАКЕДОНИЈА И РОМАНИЈА СО НАЈНИСКИ ПЛАТИ
с.6 КРИЗАТА НЕПРЕДВИДЛИВА, МЕРКИТЕ ПРЕДВИДЛИВИ

ВЕЧЕР
с.6 МАЛИТЕ БИЗНИСИ ВО ТРКА ПО ТРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА
с.6 БЕЗ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА ЌЕ РАСТЕ ЦЕНАТА НА ЕНЕРГИЈАТА
с.7 НОВА ЦЕНА НА ЕУРО 5?
с.7 ОД 1ЈУЛИ БЕЗ ЦАРИНА ВО ЕУ ЗА СТОКИТЕ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО
с.7 ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ЗАГУБИТЕ НА СТРУЈА

с.9 ДРАМАТИЧЕН ПОРАСТ НА МБИ-10 ОД 6,82 ПРОЦЕНТИ

ВЕСТ

с.10 РЖ „ИНСТИТУТ” ОДВОЈУВА 85 ПРОЦЕНТИ ОД ДОБИВКАТА ЗА ИНВЕСТИЦИИ

с.2 МЕПСО И ЕЛЕМ ГИ РЕГУЛИРАА МЕЃУСЕБНИТЕ OБBPCKU И ПPABA

с.10 КОНВЕРЗИЈА НА ПРИОРИТЕТНИ АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

с.3 ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО OД 7,7%

с.10 КБ ПУБЛИКУМ БАЛАНСИРАН ПРОДАВА ДОКУ-МЕНТИ ЗА УДЕЛИ

с.7 ЕВРОПСКИТЕ ГРАНТОВИ ДОСТАПНИ ЗА МАКЕДОН-СКИТЕ ФИРМИ

\УТРИНСКИ ВЕСНИК

НОВА МАКЕДОНИЈА

с.6 „ЗЛЕТОВИЦА” ВОВЕДЕ ТРИ СМЕНИ, ОБЈЕКТОТ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ГОДИНАВА

с.8 МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ ОД ТУРСКИ РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ БЕЗ ЦАРИНА ВО ЕУ

с.7 ТУРСКИ „ТАВ” НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД МАКЕДО-НИЈА

с.8 ТРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЕВРОПСКИ ПАРИ НА ДОФАТ И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ

с.7 СИЛЕН РАСТ НА БЕРЗАТА

с.9 ПРОТЕСТ НА БИТОЛСКАТА ФАБРИКА ЗА ШЕЌЕР ПРЕД ВЛАДАТА

с.7 СЕКНАА ГРЧКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ
с.8 „БУЧИМ” ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ АКО ВЛАДАТА БАРА ЕКСТРА-ПАРИ
с.8 ТУРИСТИЧКАТА КОМОРА БАРА ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО MAT
с.8 МЕПСО И ЕЛЕМ НА ЧИСТО

ШПИЦ
с.11 МЕПСО И ЕЛЕМ ГИ РЕГУЛИРАА МЕЃУСЕБНИТЕ ОДНОСИ

Data 1. 06. 2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

21

29.05.2009 g. ПЕТОК
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
Денарот ќе ја девалвира Македонија, е заклучокот
кој произлегува од воведувањето на вчерашните
мерки од НБРМ, а што денес е топ тема во сите
дневни весници. Со вчерашните мерки за
дополнително екстремно затегање на монетарната
политика, во Македонија ќе згаснат креди-тирањето
и економската активност, предупредуваат експертите
Народна банка вчера излезе со серија нови мерки за
одбрана на стабилноста на девизниот курс и
воопшто за зачувување на макроекономската
стабилност на земјата. Монетарната власт тоа го
прави бидејќи дефицитот на тековната сметка
годинава е двојно зголемен, а паѓаат изворите за
негово покривање. Токму тоа ги топи девизните
резерви, кои сега се сведени на едвај 1,18 милијарди
евра. Банкарите објаснуваат дека НБМ со новите
потези прави стерилизирање на паричната маса, за
да не се врши притисок врз девизниот курс. Од
аспект на банките тоа негативно ќе се одрази врз
кредитирањето, зашто голем дел од средствата на
банките ќе бидат блокирани во централ-ната банка,
со што ќе се намалат парите за кредитирање.
Според експертите, мерките се знак дека состојбата
со девизната ликвидност е крајно критична и јасен
сигнал дека НБМ оди до крај и не избира средства за
да го заштити денарот од девалвација. Според нив,
со овие мерки денарот станува прескап, а каматите
ќе се зголемуваат.
-Со новата Одлука за задолжителна резерва се
пропишува зголемување на стапката на
задолжителната резерва за обврски на банките во
странска валута од 10 на 13 проценти.
Дополнителните три процентни поени ќе се
издвојуваат во денари наспроти останатите десет,
кои и натаму ќе бидат во девизи. Одлуката
предвидува и зголемување на стапката на
задолжителната резерва за обврски искажани во
домашна валута со валутна клаузула, од 10 на 20
проценти, и давање можност на банките целосно да
ги користат средствата од задолжителната резерва
во денари за своите дневни ликвидносни потреби“,

соопшти НБМ.
Измените пропишуваат продолжување на динамиката за достигнување на минималното ниво на
денарска и на девизна ликвидност на банките од 1
јули до крајот на годинава.
-Прв пат по 15 години експертите стравуваат дека на
земјава и’ се заканува финансиски колапс, поради
драматично стопените девизни резерви, огромниот
дефицит на тековната сметка, без странски
инвестиции, зголемена невработеност, намален
извоз и опасност дека годинава ќе ја завршиме со
негативен раст од 2 до 3 проценти. Експертите
сметаат дека годинава Македонија може да достигне
економско дно, она што го доживеаја Албанија и
Бугарија при крајот на деведесеттите години на
минатиот век. Тие и предлагаат на Владата да ги
скрати буџетските расходи за уште 200 до 300
милиони евра и парите да ги врати во реалниот
сектор како даночни олеснувања или да ги
пренасочи во капитални инвестиции. Малите и
средните фирми во земјава најмногу ги почувствуваа
последиците од глобалната економска криза.
Бенефитот од вториот и од третиот пакет на
владините антикризни мерки бизнисот се уште ги
нема осетено, оти кредитите од странските
финансиски институции, што ги обезеди Владата, ќе
почнат да се делат од почетокот на јули.
Стопанствениците укажуваат дека првите позитивни
сигнали реално е да се очекуват наесен, а дотогаш
треба да се затегне ременот.
И дел од економските експерти во земјава, вчера,
дебатираа на оваа тема. Учесниците на тркалезната
маса на тема: Тези и антитези за Македонија и
светската криза - споредување на опциите, ја
предупредија Владата на неколку клучни економски
состојби како што е дали земјава треба да го зачува
или пак да ја напушти стабилноста на денарот, потоа
дали е потребен аранжман со ММФ, како и дали
треба да се зајакне владината потрошувачка за
инфраструктурни проекти. Се дискутираше и за тоа
дали треба да се намалат даноците и цените на
владините услуги, но и за тоа дали и треба

дополнителна заштита на домашната индустрија со
воведување увозни квоти и други трговски
ограничувања.
- Владата се правда со кризата за падот на
индустриско производство. Падот на македонското
индус-триско производство не е драматичен и е
помал од падот на индустриското производство во
однос на еврозоната. Намалувањето на
производството е резултат на економската криза,
смета премиерот Никола Груевски.
-Споредено со јануари има драстично намалување
на падот на индустриското производство.
Истовремено, поради светската економска криза, во
други држави во еврозоната падот на индустриското
производство е поголем, изјави вчера премиерот,
одговарајќи на прашањата на опозициониот
пратеник од СДСМ, Јани Макрадули, на
собраниската седница посветена на пратеничките
прашања.
Падот на индустриското производство во јануари,
според Груевски, во еврозоната бил за 17,4 отсто, а
во Унгарија во првиот месец од годинава падот бил
за 21 отсто. Во февруари, во Македонија, падот на
индустриското производство изнесувал 13 отсто,
додека во Бугарија бил 13,9.
Почнувајќи од 21 мај годинава, на шалтерите на
Комерцијална банка сите заинтересирани физички и
правни лица можат да купат документи за удел од
инвестициониот фонд: КБ публикум балансиран на
КБ публикум инвест.
Од странските вести вниманието го привлекува
веста дека шефот на германскиот автомобилски
концерн Порше, Венделин Видекинг, лани заработил
77,4 милиони евра, најмногу од кого било друг
менаџер во Европа. Според листата на Менаџер
магазин, на второ место, со многу пониска годишна
плата од 13,6 милиони евра, е директорот на
фармацевтскиот концерн Новартис, Даниел Васела,
а веднаш зад него првиот човек на најголемата
банка во Шпанија Банко Сантандер, Алфредо Абад,
кој лани зара-ботил 12,7 милиони евра.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА ИНСИСТИРА НА ШТЕДЕЊЕ (*****)
2. ФИКСНИОТ КУРС ЈА ДЕВАЛВИРА МАКЕДОНИЈА (****)
ДНЕВНИК

с.6 АКЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ДЕЛАТ 1,52 МИЛ. ЕВРА ДИВИДЕНДА

с.7 ФИКСНИОТ КУРС ЈА ДЕВАЛВИРА МАКЕДОНИЈА

с.6 ПЧЕЛКА ДЕТСКИ ДЕПОЗИТ

с.7 ВЕРБАЛНО НАПАДНАТ СТЕЧАЈНИОТ УПРАВНИК НА „ЖИТО БИТОЛА”

с.6 ЕКОНОМСКОТО ЦУНАМИ НАСИЛНО ЌЕ УДРИ НА КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

с.7 ФОРМИРАНА ЧЕШКО-МАКЕДОНСКА СТОПАНСКА КОМОРА ВО ПРАГА

с.7 НАРОДНАТА БАНКА ПАК ГО СТЕГА РЕМЕНОТ

с.9 МЛЕКАРНИЦАТА НЕ РАБОТИ, МЛЕКОТО СЕ ПРОДАВА

ВРЕМЕ

с.9 СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЌЕ ДЕЛИ 1,5 МИЛИОН ЕВРА ДИВИДЕНДА
с.9 НОВИТЕ КОНЦЕСИИ СЕ ЗАКАНУВААТ ДА ГО ЗАТВОРАТ „БУЧИМ”

БИЗНИС

с.7 ГОШЕВ ОЧАЈНИЧКИ ГО БРАНИ ДЕНАРОТ
с.7 ТОВАРНИТЕ ВАГОНИ ОСТАНАА ПРАЗНИ

с.2 ВЛАДАТА ДИРЕКТНО НЕ Е ВМЕШАНА ВО СПОРОТ ЕЛЕМ-ЕВН

ВЕСТ

с.2 НА ДРЖАВАТА И ТРЕБА ФЛЕКСИБИЛЕН ДЕВИЗЕН КУРС

с.3 СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА КЕ ПОДЕЛИ1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ДИВИДЕНТА

с.2 ПЧЕЛКА ДЕПОЗИТ СО ПОВОЛНИ КАМАТНИ СТАПКИ

с.7 ЧЕКАЈЌИ ГИ ТУРЦИТЕ

с.4 НОВИ ПРОЕКТИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ ПАЗАРИ

с.8 СТРУЈАТА НЕМА ДА ПОСКАПИ

с.4 ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА ИНСИСТИРА НА ШТЕДЕЊЕ

с.8 ОСУМ НЕУСПИШНИ ЛИЦИТАЦИИ ЗА “ЖИТО БИТОЛА”

с.5 ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА ИНСИСТИРА НА ШТЕДЕЊЕ

с.8 ШТЕДЕЊЕТО СЕ НАМАЛУВА

с.8 ПОБАРУВАЧКАТА ЗА ДРЖАВНИ ЗАПИСИ ПОМАЛА
с.9 МБИ-10 ОСТВАРИ ПОРАСТ ОД 2,66 ПРОЦЕНТИ

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.8 ГОШЕВ ГРЧЕВИТО ГО БРАНИ КУРСОТ КРЕДИТИ ЌЕ НЕМА, КАМАТИТЕ ЌЕ РАСТАТ
с.9 HA МАКЕДОНИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ФИНАНСИСКИ КОЛАПС

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.9 ГРУЕВСКИ: ИМАМЕ ПОМАЛ ПАД ВО ИНДУСТРИ-ЈАТА ОТКОЛКУ ЕВРОПА
с.9 НБМ СО НОВИ МЕРКИ ГО БРАНИ КУРСОТ НА ДЕНАРОТ

ШПИЦ

с.9 СТОПАНСКА БАНКА СО „ПЧЕЛКА ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ”

с.8 EPA CE П0ВРЗА CO СТОПАНСКАТА KОMOPA ОД ЛЕСКОВАЦ
с.8 ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА ЈА СПАСУВА СТАБИЛНОСТА НА ЕКОНОМИЈАТА

с.9 НЕМА ПАРИ ЗА СТЕЧАЈЦИТЕ ОД ЖИТО-БИТОЛА
с.9 УДЕЛИ ОД „КБ ПУБЛИКУМ БАЛАНСИРАНА

с.8 ФАРМЕРИТЕ БАРААТ АКТИВЕН СТЕЧАЈ

ВЕЧЕР

с.8 ОЧАЈНИ БИЗНИСМЕНИ

22

берзНИК

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 1. 06. 2009

30.05.2009 g. САБОТА
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
Реакциите на завчерашната одлука на
Народната банка за натамошно заострување на
монетарната политика, - топ вест во сите
денешни весници. Банкарите најавуваат
сигурно поскапување на кредитите, а потврда за
ова е вчерашното фантастично зголемување на
каматите (до 19 отсто) и на депозитите и на
кредитите во НЛБ Тутунска банка. Но,
најстрашното може допрва да следува, бидејќи
ова последно поскапување на кредитите во
Тутунска не е врзано со новите ригорозни мерки
на НБМ, што значи дека може да се очекува и
дополнителен раст на каматите. Банкарите
велат дека ќе нема пари за кредитирање на
стопанството и на населението и за ваквата
ситуација
вината
ја
гледаат
во
некоординираноста меѓу НБМ и Владата. -Ако
досега беше тешко обезбедувањето кредитна
поддршка за стопанството и населението, со
овие зголемувања на месечните издвојувања за
исполнување задолжителни резерви ќе биде
речиси невозможно да се обезбеди доволно
кредитна поддршка. Co оглед на тоа дека на
денарската задолжителна резерва НБМ
исплатува камати од 2 отсто, а на девизните
задолжителни резерви воопшто не исплатува
камата, очигледно е дека банките ќе мора да ги
преиспитаат своите каматни стапки и можно е
да се очекува зголемување на каматните стапки
на кредитите. Во оваа смисла мора да се
нагласи дека Комерцијална банка моментно не
планира зголемување на каматните стапки,
вели Маја Стевковска-Штериева, финансиски
директор во Комерцијална банка. Банкарите ја
доведуваат во прашање и новата поевтана
кредитна линија од 180 милиони евра за
бизнисот што ја најавуваше Владата, односно
средства од Европската инвестициона банка, во
комбинација со пари од домашните банки. И
додека и експертите ја прогласуваат целата
ситуација за запалено црвено светло, Владата и
натаму смирува и смета дека домашната
економија и курсот на денарот не се загрозени.
Министерот за финансии, Трајко Славески, во
изјава за Утрински весник вели дека мерките на
НБМ се од техничка природа, а намерата е да
се направи промена на портфолиото на

банките. -Девизните резерви се уште се на
задоволително ниво. Мерките на НБМ немаат
ништо со нив и со курсот. Сметам дека нема
причина за склучување аранжман со ММФ.
Нема поместувањево негативна насока за да се
размисдува за аранжман со ММФ откако
Мисијата на Фондот беше во Скопје, изјави
Славески. Експертите пак, порачуваат дека
ситуацијата е толку алармантна што Владата,
ако мора, треба да се здружи и со црниот ѓавол
за по секоја цена да донесе девизи од
странство. Без разлика дали ќе се оди на
аранжман со ММФ или во која било друга
форма, тие сметаат дека девизи, скапи или
евтини, мора да се најдат. Мирољуб Шукарев,
професор на Универзитетот на Југоисточна
Европа, вели дека ова е клучниот момент кој
мора на иста маса да ги седне гувернерот Петар
Гошев и министерот за финансии Трајко
Славески, ако не сакаат на совест да ја имаат
макроекономската стабилност на државата.
Најголемата опасност од економската криза
лежи во понатамошното влошување на
состојбите во реалниот сектор. Ова особено се
однесува на извозните компании, кои, доколку
колабираат, ќе следува девалвација на денарот,
што ќе ја сруши ликвидноста на пазарот,
предупредија
вчера
учесниците
на
меѓународната
конференција
насловена
Европа во криза закани и можности, во
организација на Универзитетот Американ колеџ
Скопје. Триесетина еминентни научници и
професионалци од 11 земји се согласија дека за
излез од кризата се потребни национални мерки
и подобро корпоративно управување. Дел од
стручната јавност се заложи и за директна
поддршка на извозните компании и на
приватниот сектор, пренесуваат печатените
медиуми. Цената на електричната енергија ќе
остане непроменета, реши вчера Регулаторната
комисија за енергетика, на што веднаш
реагираше дистрибутерот ЕВН со оценка дека
таа мерка е дискриминаторска. -Просечната
продажна цена на електричната енергија по која
ЕВН Македонија ги снабдува тарифните
потрошувачи на мало за 2009 година не се
менува, односно останува на постојното ниво од

3,44 денари за еден киловат час електрична
енергија. Оваа одлука влегува во сила со денот
на објавувањето во Службен весник, а ќе се
применува од 1 јуни 2009 година, објави вчера
Комисијата. ЕВН тврди дека оваа одлука ќе и
нанесе огромни штети и ќе ја загрози нејзината
ликвидност. Ваквата одлука е спротивна на
членот 20 од Законот за енергетика со кој се
регулира покриеноста на трошоците и е
спротивна на методологијата за утврдување
трошоци на енергетските компании. Сите
досегашни одлуки го доведуваат во прашање
независното работење на Регулаторната
комисија, оценуваат во ЕВН и додаваат дека ќе
ги преземат сите легални мерки за да ја оспорат
таа одлука. Вработените во битолски Транскоп,
кои осум месеци не зеле плата, вчера го
искажаа своето незадоволство со протест и
јавна критика до менаџерскиот тим поради
влошената социо-економска состојба во оваа
фирма. Според незадоволните работници,
фирмата се распаѓа, a е закажано и вонредно
собрание на акционерите без најава за што ќе
се одлучува. Работниците побараа за
структурата на акциите да се расправа по
судското рочиште закажано за 10 јуни во
Основниот суд-Битола бидејќи тогаш, зависно
од одлуката, ќе се знае кој ќе го има
мнозинството за одлучување во собранието на
акционери. Акционерското друштво за товарен
сообраќај од Битола работи со десетина
камиони и со 86 вработени, кои не добиваат
плати. Битолската млекарница ИМБ го
зголеми откупот на млеко од фармерите, меѓу
кои и од поранешни кооперанти на Сведмилк.
Причини за зголемување на откупеното
сурово млеко се извозните планови,
проширувањето на палетата производи, но и
најавените субвенции од државата. Од
млекарницата тврдат дека преземените
количества навреме се исплаќаат, a
производителите добиваат белешки за
откупеното млеко. Квалитетот на млекото и
регионалните цени остануваат главни фактори
при определувањето на откупната цена, која ќе
се движи според претходно утврдениот
правилник за исплата на млеко.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. КРЕДИТИТЕ УШТЕ ПОСКАПИ И ЌЕ ГИ НЕМА (*****)
2. СТРУЈАТА НЕМА ДA ПОСКАПИ (***)
ДНЕВНИК

с.7 ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ГО ПЛАТАТ ДЕНАРОТ
с.7 ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ОСТАНУВА ИСТА, ВО ЕВН НЕЗАДОВОЛНИ
с.9 АМЕРИКАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СТРУМИЦА
с.9 ИМБ ГО ЗГОЛЕМУВА ОТКУПОТ НА МЛЕКО

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.3 ЌЕ СЕ НАЈДАТ ЛИ ПАРИ ДА СЕ ОДБРАНИ ДЕНАРОТ
с.6 ШОФЕРИТЕ НА БИТОЛСКИ „ТРАНСКОП” ГО КРИТИКУВАА
МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ
с.7ПО КРИЗАТА ЌЕ СЛЕДУВА ДОЛГО ЗАКРЕПНВАЊЕ
с.7 СТРУJАТА ОСТАНУВА ПO ИСТА ЦЕНА, ЕВН СО ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА
с.9 МАКЕДОНИЈА МОРА ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА, АМА ПАРИТЕ ДА НЕ СЕ
ТРОШАТ ЗАЛУДНО

ВЕЧЕР
с.6 ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ОСТАНУВА ИСТА
с.6 ЗГОЛЕМЕИ ОТКУПОТ НА МЛЕКО
с.6 ЗГОЛЕМЕНИ КАМАТИТЕ ИА ДЕПОЗИТИТЕ И НА КРЕДИТИТ
с.7 БЕЗ ВИЗИ СЕ ОТВОРА ЕКОНОМИЈАТА

ВРЕМЕ
с.5 СТРУЈАТА НЕ ПОСКАПУВА, ЕВН ЌЕ ТУЖИ

с.5 ПРОТЕСТ ВО „ТРАНСКОП”
с.7 ЕВТИНИТЕ КРЕДИТИ НЕМА ДА ЗАЖИВЕАТ

ВЕСТ
с.4 КРЕДИТИТЕ УШТЕ ПОСКАПИ И ЌЕ ГИ НЕМА
с.5 КРЕДИТИТЕ УШТЕ ПОСКАПИ И ЌЕ ГИ НЕМА
с.7 РЕГУЛАТОРИТЕ ЌЕ ЈА ПРОВЕРАТ И ЦЕНАТА НА ЕЛЕМ

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.8 СТРУЈАТА НЕМА ДA ПОСКАПИ
с.8 СПАСУВАЈТЕ ГО РЕАЛНИОТ СЕКТОР
с.9 СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ БАРААТ МИЛИЈАРДА ЕВРА ОД ВЛАДАТА
с.9 ТУТУНСКА БАНКА ГИ ЗГОЛЕМИ КАМАТИТЕ
с.9 МЕРКИТЕ НА НБМ ЌЕ ГИ СЕКНАТ КРЕДИТИТЕ

ШПИЦ
с.10 КРЕДИТИТЕ СТАНАА МИНАТО
с.10 ШТРАЈК ВО БИТОЛСКИ „ТРАНСКОП”
с.10 НЕМА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА
с.10 ТУТУНСКА ГИ ЗГОЛЕМИ КАМАТИТЕ
с.10 ИМБ ГО ЗГОЛЕМУВА ОТКУПОТ

Data 1.06.2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

23

OD 26.05 DO 30.05.2009 g. PONEDELNIK-SABOTA
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI VO NEDELNICITE
ГЛОБУС
С.9 ВЛАДАТА ИЗБРА КОНЗЕРВАТИВНА БАНКА
HSBC-Ноngkong&Shanghai banking corporation limited e банката
која кабинетот на министерот Славески ја избрал да биде
промотор на нашиот обид преку тргување со еврообврзници да
дојдеме до странски капитал. За овој потег малку се знае, но
добро е нешто да се дознае за самата банка. Спомнатата банка
спаѓа во најголемите европски банки, со околу 9.500 филијали
во 86 земји во целиот свет, со над 300 илјади вработени и
годишен приход од над 145 мили-јарди долари.
С.33 ДВЕСТЕ МИЛИОНИ ЕВРА ВО ВАШИНГТОНСКИ ШЕШИР
На денот на инаугурацијата -12 мај, новиот претседател Ѓорге
Иванов добил необична „честитка” известување дека
компанијата ЕВН повела иниција-тива за поведување спор пред
Арбитражниот суд во Вашингтон. Како што дознава „Глобус” од
свои извори, такво известување добиле уште и претседателот на
Собранието, потоа премиерот и македонскиот амба-садор во
Вашингтон, Зоран Јолевски. Инаку, јавноста беше запознаена за
недвосмисленото туркање на најпознатиот актуелен граѓански
спор во земјава во правец на аулите на Арбитражниот суд во
главниот американски град, што како развој на настаните ја
остава земјава пред дилемата што ќе биде ако се изгуби
спорот?

КАПИТАЛ
С.24 ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ ИЛИ МОЖНОСТ ЗА
КОРУПЦИЈА?
Владината одлука за продавање голем број парцели на
државно градежно земјиште, бизнис-јавноста во Македонија ја
дочекува позитивно. Задоволни се и општините кои што ќе
инкасираат најголем дел од парите за продадениот имот, но
предупредуваат на високите почетни цени за најатрактивните
локации, што може да ги избркаат сериозните инвеститори и да
отвори можности за корупција
С.36 САМАК: КОНКУРЕНТНИ СМЕ КАКО КИНА И ИНДИЈА
Ако до пред една година малкумина домашни аналитичари
предвидуваа дека глобалната економска криза ќе има силно
влијание врз македонската економија, оние кои работат и
комуницираат со големите странски компании, беа повеќе од
сигурни дека тоа ќе се случи. Нивниот страв дека кризата
најпрво и најсилно ќе се манифестира врз влезот на странски
инвестиции во земјава, се покажа оправдан. Така, изминатава
година привлекувањето и задржу-вањето на странските
инвеститори на македонско тло, стана “ѓаволски” тешка работа.
Најавените вложувања на Џонсон мети, Монтипе, Орланди,
Искра, Шишеџам и други странски инвеститори во слободната
економска зона Бунарџик, со кои Владата потпиша
меморандуми за соработка, се одложени.
С.38 АДИНГ ОТВОРИ ФАБРИКА ВО БУГАРИЈА!
Во изградба на новата фабрика се инвестирани 400.000 евра
.Целта е зголемување на конкурентноста на Бугарскиот
,Романскиот и на другите пазари во ЕУ
Адинг, скопската компанија производител на адити-ви и
хемиски препарати за гра дежни материјали, на по четокот на
неделава отвори фобрика во Бугарија, во градот Перник, во чија
изградба и опремување инвестира 400.000 евра. Како што
објаснува Благоја Дончев, генералниот директор на Адинг и

претседател на Управниот од бор, аанува збор за фа брика која
ќе произве дува адитиви за бетон, со годишен копацитет од
КОНКУР 10.000 тони.
С.40 КАВРАКОВА КОНТРА ШТЕРИЕВ
Конфликтот помегу Македонско берза и Комисијата за
хартии од вредност кој тлее веќе подолго време, се заканува и
прераснува во отворен конфликт. Последната “блокада” од
арона на Комисијата за хартии од вредност за покачувањото но
тарифите и надоместоците кои го побара Македонска берза се
случува веќе втор пат за неполна година. Имајќи предвид дека
одбивоњето на ова покачување на надоместоците што ги
наплатува Македонска берза се случува во период кога се
преговара за Берзата, некои аналитичари овој потег на КХВ
С.41 Најлошото на берзата е зад нас
Горан Марковски, директор нa КБ Публикум Инвест, друштво
за управување co отворени инвестициски фондови
Имајќи ги предвид факторите кои го предизвикоа падот на
светските берзи-негативните резултати на финансиските
институции како Lehman brothers, Citibank, Merril lynch, AIG,
сметам дека опосноста од повторно влошување на состојбите и
падот на пазарите под најниското ниво поаигнато 80 ноември
2008, односно морт 2009 година, е зад нас.

ФОРУМ
С.32 ДАЛИ МАКЕДОНИЈА СЕ НАОЃА ВО ЕКОНОМСКА
КРИЗА?
Од терапијата која ќе ја применат фискалната и монетарната
власт ќе зависи дали вирусот ќе премине во грип или ќе
поминеме само со кашлање и настинка. Меѓутоа, кај нас се
јавува уште еден проблем: економијата ја лечат двајца доктори
кои даваат различна дијагноза и со различен третман сакаат да
ја оздрават еконамијата. Која дијагноза е испрает и кој третман е
поповолен, останува времето да покаже
С.36 HA КРИЛАТА НА ОПТИМИЗМОТ
Македонска берза - минатата недела
После малото затишје од претходната недела, главниот
берзански индекс доживеа мала експлозија. Инвеститорите во
наплив на ентузијазам, како да сакаа да го надоместат
заостанувањето во големината на раст на Македонската берза во
однос на берзите од регионот, па и светот. МБИ10 ја заврши
актуелната недела со раст од речиси 9%, достигнувајќи ниво од
2.167 поени, успевајќи да се одлепи од психолошката граница од
2.000 поени. Индексот најавно поседувани друштва МБИД порасна
за 5,28%, додека индексот на обврзници ОМБ падна за 0,1%
С.37 ЗА МУЗИКАНТИТЕ ВО БОРДЕЛОТ
Светски берзи - минатата недела
Co падот на цените на акциите, прометот изразен во пари е
помал, па со тоа и провизиите за брокерите се помали и целата
фела е во криза, се кратат трошоци, се отпуштаат вработени и се
затвораат бизниси. Сепак, тоа е златното време за
инвеститорите. Co ситни пари можат да купат вредни акции кои ги
распродава некој што е уплашен или има мака. А, кризата ќе
помине

24

берзНИК

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 1.06.2009

НЕДЕЛАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА...

Охрабрувачки скок-МБИ
порасна за 6,82 проценти
И оваа недела продолжи нагорниот
тренд на домашниот индекс МБИ.
Следејќи го растот од минатата недела,
десетте најликвидни компании го донесоа
МБИ на ниво од 2.498,96 индексни поени,
а најголемиот скок го имаше во средата
кога достигна раст од 6,82%, предводен од
акциите на Макпетрол и Алкалоид.
Индексот на јавно поседуваните друштва
ја започна неделата со пад од 0,24%,
продолжи со раст кој кулминираше во
четврток од 2,24%, а во петокот повторно
потона во црвена зона.
Од вкупниот неделен промет од
нормално тргување кој изнесува
113.537.029,46 денари, најголемиот дел и
припадна на акцијата на Комерцијална
банка Скопје во износ од 25 милиони
денари, а втора по висина на промет беше
акцијата на Алкалоид Скопје со 13,3

Десетте најликвидни компании го донесоа МБИ на ниво
од 2.498,96 индексни поени, а најголемиот скок го имаше
во средата кога достигна раст од 6,82%, предводен од
акциите на Макпетрол и Алкалоид
милиони денари, при што се истргуваа
3.048 акции. Третата позиција и припадна
на акцијата на ЗУМ Скопје со промет од
12,7 милиони денари.
Неделава, беше направена и една блок
трансакција со акциите на Комерцијална
банка Скопје. Се истргуваа 2.550 обични
акции по цена од 2.300,00 денари по
акција, а вредноста на трансакцијата
изнесува 5.865.000,00 денари.
Изминатава недела не се тргуваше со
обврзниците од првата до седмата
емисија согласно дописот од
Министерството за финансии. Прекинот на

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА

За дивиденда 1,52
милиони евра
Вкупно 93,7 милиони денари (1,52 милиони евра) ќе им бидат
поделени на акционерите на Стопанска банка Битола на име
дивиденда за 2008 година. Вака реши Собранието на Банката на
минатонеделната седница, на која било констатирано дека нетодобивката на Банката за ланската година изнесува 184,7 милиони
денари (три милиони евра)
Износот на дивидендата по акција изнесува 240 денари или 8% на
номиналната вредност, а последен ден за тргување со право на
дивиденда за 2008 година е 08.06.2009 година.
Вкупните приходи на Банката во 2008 година достигнале една
милијарда денари или околу 16,2 милиони евра.

СТОПАНСКА БАНКА ПРОМОВИРАШЕ
НОВ ПРОИЗВОД

За најмладите штедачи,
пчелка штедење
Стопанска банка го претстави најмладиот член на семејството
производи за население - Пчелка детско штедење. Станува збор за
депозит орочен на 36 месеци, со годишни каматни стапки од 6% за
депозит во евра и 13% за депозит во денари. Каматните стапки се
променливи, а минимален влог при отворање на депозитот е 50 евра
или 3.000 денари, во зависност од видот на влогот. Најповолната
карактеристика на депозитот е што овозможува дополнителни уплати
во кое било време, без разлика на износот, при што со уплатите не се
менува рокот на доспевање на депозитот.

тргувањето беше направен поради
исплата на рата и камата на обрзниците.
На неделно ниво најголем раст
доживеа акцијата на РЖ Економика
Скопје, каде 127 акции се истргуваа по
цената на 90,00 денари што претставува
пораст кај оваа акција од 63,64%.
Местото на најголем губитник
минатата недела и припадна на акцијата
на Статер банка Куманово чија цена се
спушти на 1.000 денари по акција при
тргувањето во средата, што
претставуваше пад од 44,44 проценти
кај оваа акција.

ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА ЌЕ ГИ СПОИ
СВОИТЕ ДВЕ КОМПАНИИ

Космофон и Он нет
ќе работат под
еден бренд

- Телеком Словенија своите две компании во
Македонија, Космофон и Он нет ќе ги спои, а новата
компанија ќе добие ново име. Целта на новиот
сопственик на Космофон е да стане лидер во
телекомуникацискиот сектор во земјава, да продолжи да
се развива врз постоечката платформа, без големи
промени и да понуди квалитетни услуги по коректни
цени. Овие планови за идното делување на компанијата
на македонскиот пазар ги изнесе, претседателот на
Управниот одбор на Телеком Словенија Бојан Дремељ
на средбата со меиумите на 26 мај оваа година..
- Процесот на спојување и на менување на брендот
нема да се случи преку ноќ. Не планираме да го
намалиме бројот на вработените, бидејќи тоа нема да
не носи кон развој, но не велам дека некои луѓе нема да
си заминат, истакна Дремељ и посочи оти во двете
фирми има околу 400 вработени.
За корисниците најавува нови услуги со врвен
квалитет и, како што вели, коректни и чесни цени. За на
есен го најавува воведувањето на дигиталната
телевизија во која ќе инвестираат 30 милиони евра.
Дремељ информира дека Генералното собрание на
Космофон го именуваше и новиот борд на директори.
Претседател на бордот е Душан Митиќ, а членови се
Филип Огрис-Мартиќ, Боштјан Краљ, Дејан Калиников и
Оливие Понсин, кој е именуван за генерален директор
на Космофон. Телеком Словенија го купи Космофон за
190 милиони евра.

Data 1. 06. 2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

25

NEDELEN PREGLED NA MAKEDONSKA BERZA
za period od 26.05. - 29.05. 2009 godina
VKUPEN PROMET NA MAKEDONSKATA
BERZA AD SKOPJE

U^ESTVO NA ODDELNI PAZARNI
SEGMENTI VO VKUPNIOT PROMET

PREGLED ZA NAJTRGUVANI AKCII NA OFICIJALEN PAZAR

10 NAJTRGUVANI HARTII OD VREDNOST
NA OFICIJALEN PAZAR

26

берзНИК

broj 76
OFICIJALEN PAZAR ZA PERIOD OD 26.05. D0 29.05. 2009

Data 1. 06. 2009