P. 1
Nevropsihologija

Nevropsihologija

Views: 28|Likes:
Nevropsihologija
Nevropsihologija

More info:

Categories:Types
Published by: Marko Markovski Markovski on Aug 23, 2013
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as DOCX, PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

04/29/2015

pdf

text

original

Проектна задача по: Здравствена Психологија

мај 2013

Невропсихологијата ја проучува структурата и функционирањето на мозокот
поврзани со одредени психолошки процеси и однесувања. Терминот
невропсихологија се однесува на истражувањата за повреди (рани) кај луѓето и
животните. Исто така, се применува и во снимање на електричната активност
на индивидуалните клетки (или групи клетки) кај приматите на повисоко ниво
(вклучувајќи и некои студии за пациенти кои се луѓе). Таа според својот пристап
е наука и заедно со когнитивната психологија и когнитивните науки споделува
прикази за обработка на информациите во мозокот.
Во пракса невропсихолозите имаат тенденција да работат во клинички услови
(како што е проценка или лекување на пациенти со невропсихолошки
проблеми), да даваат судски извештаи или во индустријата (честопати како
консултанти каде невропсихолошкото знаење се применува во изработка на
производ или во раководството на фармацевтските истражувања за лекови кои
би можеле да имаат потенцијално влијание врз функционирањето на
централниот нервен систем - ЦНС).

Клиничка невропсихологија е примена на невропсихолошкото знаење во
проценка (видете невропсихолошки испитувања и невропсихолошки проценки),
насочување, и рехабилитација на луѓе кои претрпеле болест или повреда
(особено на мозокот) која предизвикува неврокогнитивни проблеми. Значајно е
што таа воведува психолошка гледна точка за третманот, за да се разбере
начинот како одредена болест и повреда можат да влијаат и да бидат под
влијание на психолошките фактори. Таа исто така може да понуди мислење за
тоа дали некое лице покажува потешкотии поради мозочна патологија или тие
се последица на емоционални или други причнини. Ваквите невропсихолози
често работат во болнички услови во интердисциплинарен медицински тим, а
други пак работат во приватни пракики и може да обезбедат експертско
мислење во медицинско-законски постапки.
Когнитивната невропсихологија е релативно нова по својот развој и се појави
како дестилација на комплементарните приоди од експерименталната и
клиничката невропсихологија. Таа се обидува да ги разбере умот и мозокот
преку проучување на луѓе кои претрпеле повреди на мозокот или невролошки
заболувања. Еден модел на невропсихолошкo функционирањe е познат како
функционална локализација. Ова се базира на принципот дека ако одреден
когнитивен проблем може да се открие по повреда на одредена област на
мозокот, тогаш се појавува можност дека овој дел од мозокот е вклучен на
некој начин. Сепак, можеби има причина да се верува дека врската помеѓу
менталните функции и нервните региони не е толку едноставна. Алтернативен
модел на врската помеѓу умот и мозокот, како што е паралелната преработка
на податоци, може да има поголема моќ на објаснување за работата и
дисфункцијата на човечкиот мозок. Сепак, друг пристап истражува како модел
на грешки произведени од оштетен мозок на поединци може да го ограничи
нашето разбирање за менталните процеси и претстави. Понов, но поврзан
пристап е когнитивната невропсихијатрија која се обидува да ја разбере
нормалната функција на умот и мозокот со проучувањето на психијатриски или
ментални болести.
Конекционизам е употреба на вештачки нервни мрежи како модели за
карактеристични когнитивни процеси кои користат поедноставени, но
прифатливи модели за работата на невроните. Откако еднаш ќе се подготват
за извршување на одредена когнитивна задача овие мрежи често се
оштетуваат и не можат да симулираат повреди на мозокот или нарушувања во
обид да се разберат и да се споредат резултатите со ефектите од повреди на
мозокот кај луѓето.
Функционалната невровизуелизација користи специфични невровизуелни
технологии со кои се земаат отчитувања на мозокот, обично кога едно лице
извршува одредена задача, во обид да се разбере како активирањето на
одредени делови на мозокот е поврзано со задачата. Поточно, растот на
методологии за употреба на когнитивното тестирање во рамките на утврдените
техники за слики од функционалната магнетна резонанца (ФМРИ) за
истражување на односите на начинот на работа на мозокот е да се има
значајно влијание врз невропсихолошкото истражување.
Во практика овие пристапи не се исклучуваат меѓусебно и повеќето
невропсихолози го избираат најдобриот пристап или пристапи за извршување
на задачата.
Методи и алатки
 Користење на стандардизирани невропсихолошки испитувања. Овие задачи
се дизајнирани така што изведбата на задачата да може да се поврзе со
одредени неврокогнитивни процеси. Овие тестови обично се
стандардизирани, што значи дека тие биле спроведени на одредена група
(или групи) луѓе пред да бидат употребени во индивидуални клинички
случаи. Податоците што произлегуваат од стандардизацијата се познати
како нормативни податоци. Откако овие податоци ќе се соберат и
анализираат, тие се користат како споредбен стандард според кој
индивидуалните резултати може да се споредат. Примери за
невропсихолошки испитувања ги вклучуваат: Векслер скалата за меморија
кај возрасни (WMS), Весклер скалата за интелигенција кај возрасни (WAIS),
Векслер скалата за интелигенција кај деца (WISC) и тн.
 Честа е употребата на скенери за мозокот за да се испита структурата или
функцијата на мозокот, било како едноставен начин за подобра проценка на
повреда на мозокот преку слики со висока резолуција, или преку
испитување на релативното активирање на различни делови на мозокот.
Ваквите технологии може да вклучуваат ФМРИ (слики од функционална
магнетна резонанца) и позитрон емисија томографија (ПЕТ), кои даваат
податоци во врска со функционирањето, како и МРИ (магнетна резонанца) и
компјутерска осна томографија (СТ или CAT), што дава структурни
податоци.
 Користење на електрофизиолошки мерки за да се измери активација на
мозокот преку мерење на електричното или магнетното поле кое го
произведува нервниот систем. Ова може да вклучува
електроенцефалограф (ЕЕГ) или магнетоенцефалограф (МЕГ).
 употреба на дизајнирани експериментални задачи, кои често ги контролира
компјутер и обично го мерат времето на реакција и точноста на конкретни
задачи за кои се верува дека се поврзани со специфични неврокогнитивни
процеси.

Клиничка психологија категории
 Невропсихологија(воспримање,несвесен ум,парализа при спиење)
 Психоанализа
 Психопатологија
-
Воспримање-ОСЕТИ
Врз организмот постојано дејствуваат енергетски процеси што се нарекуваат
дразби: бои, звуци, мириси, вкусови итн. Организмот ги прима дразбите преку
сетилните органи. Кога дразбата дејствува, соодветниот сетилен орган
(рецептор) се надразнува и создава нервни импулси, што преку нервните
патишта се пренесуваат до соодветни центри во мозокот. На тој начин се
формира осет. Осетите претставуваат свест за дејствувањето на дразбите.
Осетување е психички процес на спознавање на поединечните својства на
предметите и појавите.
Видови осети
Дразбите што ги предизвикуваат осетите можат да потекнуваат од
надворешноста – околината или од внатрешноста на организмот.
Надворешни осети
Дразбите што потекнуваат од надворешноста, организмот ги прима преку
надворешни рецептори – екстероцептори (тие се сместени на надворешноста
од организмот). Екстероцептори се: сетилото за вид, слух, мирис, вкус и допир.
Видни осети се формираат кога врз сетилото за вид дејствува видна дразба –
светлосен бран со различна бранова должина. Човекот разликува хроматски и
ахроматски бои. Хроматски се оние што се наоѓаат во сончевиот спектар на
бои: виолетова, сина, зелена, жолта, портокалова, црвена. Ахроматски бои се
белата, црната и сите сиви нијанси меѓу нив. Различни нијанси на хроматски
бои настануваат со мешање на светлосните бранови со различна бранова
должина. Постојат различни видови слепила за бои. Ахроматизам е појава кога
човекот гледа само сиви нијанси, а далтонизам кога не ги разликува црвената и
зелената боја. Слушни осети се формираат кога врз сетилото за слух дејствува
слушна дразба – звучен бран (воздушно треперење) со различна бранова
должина и сила. Човековото уво ги регистрира само оние звучни бранови чија
фреквенција се движи од 16 до 20 000 херци (бранови во секунда). Човекот не
ги регистрира ултразвуците. Звуците можат да бидат шумови, тонови и
зборови. Шумовите се непериодични воздушни треперења, додека тоновите и
зборовите се периодични. Осетите за слух ги поседуваат следниве својства:
јачина, висина и боја. Јачината зависи од амплитудата на звучните бранови,
висината од нивната зачестеност, а бојата од нивната форма. Мирисни осети
се формираат кога хемиски гасовити материи дејствуваат врз мирисниот
рецептор. Мирисите се делат на: цветни (љубичица), овошни (лимон), зачински
(ванила), смолести (смоли), изгорени (катран) и гнили (ѓубре). Кожни осети
настануваат по пат на дразнење на кожнените рецептори специјализирани за
допир, болка, топло и ладно. Значајни се бидејќи го информираат организмот
за штетни надворешни состојби (при болка во раката, човекот ја трга, кога му
студи – се облекува во топло итн.).
Осети за вкус се формираат на тој начин што материите што човекот ги става
во уста се раствораат во плунката и вршат хемиско надразнување на
сетилните клетки, кои главно се распоредени на јазикот. Човекот разликува
четири вкуса: слатко, горчливо, кисело и солено. Врз основа на осетите за вкус
и мирис, организмите ги земаат во исхраната оние материи што се за нив
полезни, а ги одбегнуваат оние што се штетни.
Внатрешни осети
Дразбите што потекнуваат од внатрешноста на организмот се примаат преку
рецептори сместени во самата негова внатрешност – интерцептори. Тие се
сместе-ни во мускулите, жлездите, тетивите и другите внатрешни органи.
Осетите добиени од интерцепторите можат да бидат од два вида: органски
осети и осети за движење и рамнотежа. Органските осети го информираат
човекот за нарушувањата што привремено се јавуваат во внатрешните органи
– глад, жед, внатрешна болка, повраќање. Осетите за движење и рамнотежа го
информираат човекот за движењата и положбата на телото при различни
активности: одење, трчање, лулање, труцкање, вибрирање.
Основни карактеристики на осетливоста
Квалитет и интензитет на осетливоста
Квалитет на осетливоста претставува определена специфична можност на
едно сетило да регистрира карактеристични видови дразби. На пример,
сетилото за вкус да ги регистрира четирите видови вкус.
Интензитетот на осетливоста зависи од приспособеноста на сетилата за прием
на дразби со определен интензитет. Постојат интензитети што сетилата не се
приспособени да ги регистрираат, па остануваат нерегистрирани. За да
предизвика најслаб осет, дразнењето требада има определена минимална
сила – на и над апсолутниот праг на осетливоста. Кај различни луѓе, овој праг
се разликува. Човекот што вели дека јадењето е недоволно солено и во него
става уште сол, има повисок праг на осетливост за солено.
Адаптација на осетливоста
На сите луѓе им е добро позната појавата дека кога ќе влезат во темна
просторија, на почетокот не можат ништо да видат, а потоа се адаптираат и
гледаат мошне добро. Оваа појава е наречена адаптација и подразбира
промена во праговите на осетливоста под влијание на интензитетот или
продолженото дејство на дразнењето. При адаптацијата доаѓа до менување на
осетливоста и праговите на осетливост.
Заемно дејствување на осетите
Меѓу различните осети постои заемен однос. Во врска со ова се познати
неколку интересни појави:
-Слабото надразнување на еден рецептор може да предизвика зголемена
осетливост на другите рецептори. Ова е познато како сензибилизација.
-Каков ќе биде осетот многу зависи од тоа какви биле претходните осети. Ако
раката прво се стави во студена, а потоа во вода со нормална температура, тој
ќе ја осети како млака. Оваа појава е наречена контраст на осетливоста.
-Кај некои луѓе, под влијание на еден осет, може да се појави и осет од друг
сетилен модалитет. Во врска со ова е таканаречното „обоено слушање“.
Слушајќи определен тон, човекот постојано има осет за некоја боја, или пак
гледајќи уметничка фотографија слуша музика, чувствува миризба, на кожата
осеќа топлина итн. Појавата се нарекува синестезија. -Кога доаѓа до загуба на
едно од сетилата, поинтензивно се активира некое од другите: слепите луѓе
имаат мошне развиен слух и осет за допир.
Значење на осетливоста
Осетливоста има големо значење во животот како на човекот така и на
животните. Од осетите зависи нивната ориентација во околината,
приспособувањето, хранењето, размножувањето и воопшто опстанокот.
Психичкиот процес осетување има големо значење во целокупниот психички
развој на личноста. Осетувањето е основа за формирање на спознавањето на
светот, мислењето, формирањето поими, учењето и воопшто за активноста на
единката. Процесот на воспитание и образование е можен со формирањето на
осети. Равојот на нормалната осетливост е можен само во практичната дејност
на едниката. Најдените „деца волци“ или „диви луѓе“ не ги осеќале дразбите
онака како што е тоа случај со современиот цивилизиран човек. Постои една
бидна разлика меѓу осетливоста на животните и осетливоста на човекот. И
животните и човекот гледаат и слушаат, но само човекот има свесна потреба
да гледа и слуша.
== ПЕРЦЕПЦИИ ==
Перцепирањето е психички процес на спознавање на предметите и појавите во
целина. Таквата целосна ментална слика што се формира во свеста на човекот
во врска со перцепираниот предмет или појава е наречена – перцепција. За да
дојде до формирање правилна перцепција, осетите се издвојуваат,
класификуваат, комбинираат и организираат на посебен начин. Процесот на
перцепирање и создавање перцепции се карактеризира со следните основни
својства:
1. Целосност на перцепцијата. Иако предметите и појавите се состојат од
делови или елементи, во перцепцијата тие образуваат единствена целина.
Велиме дека гледаме дрво, иако вусшност ги гледаме неговите елементи –
лисја, гранки, стебло и корен.
2. Перцептивна селекција. Во еден ист момент врз човековите сетила
дејствуваат огромен број дразби, но се перцепираат само определен број
информации, додека другите претставуваат некој вид заднина.
3. Константност на перцепцијата. Се знае дека предметите и појавите се
наоѓаат во постојана промена. Дрвото се перцепира како „дрво“ и напролет, и
налето и зиме, иако во сите овие периоди, тоа има наполно поинаков изглед.
Овој феномен може да се јави во вид на: константност на големината, формата
и бојата. Константноста има големо значење во животот. Кога постојано би
реагирале на сите промени што се случуваат, воопшто не би биле во можност
нормално да перцепираме.
Перцепцијата може да биде видна, слушна, мирисна, тактилна итн. Особено
интересни политички феномени се перцепцијата на просторот и перцепцијата
на времето. Перцепцијата на просторот човекот ја формира преку видот,
слухот, допирот, осетите за движење итн. Перцепцијата на време – човекот не
поседува сетилен орган за време и затоа за него заклучува врз основа на
различни знаци.
Фактори што влијаат врз процесот на перцепирање
Меѓу надворешните фактори особено е значајна самата физичка организација
на дразбите. Човек спонтано ги организира во единствени перцептивни целини
дразбите што се распределени во просторот според определени принципи. Тие
принципи се: блискост, сличност, симетричност, континуираност и затвореност.
Внатрешните фактори можат да се однесуваат на:
1. Физиолошката состојба на организмот. Познато е дека поинаку перцепираме
кога сме заморени, кога сме гладни или жедни.
2. Поранешното искуство. Како ќе перцепираме објективно зависи и од
поранешното искуство.
3. Емотивните состојби во моментот на перцепирањето. Кога се плашиме, го
гледаме и она што не постои.
4. Социјалните разлики. Перцепирањето се разликува кај луѓето што живеат во
различни културни, социјални и национални средини.

Сетилни измами
Сетилни измами се илузиите и халуцинациите, кои претставуваат перцепции
што не се во согласност со реалноста. Кај илузиите се јавува погрешно
перцепирање на објекотот што реално постои, а кај халуцинациите се јавува
перцепирање на објект што реално не постои. Илузии – причините за јавување
на илузиите лежат во физичките карактеристики на самата дразба или во
личноста на перцепирачот. Во карактеристики на самата дразба спаѓаат:
геометриски илузии, илузии на привидно движење итн. Во личноста на
перцепирачот се: мотивација, очекување, подготвеност, интереси, емооции,
ставови итн. Овие се индивидуални илузии, но постојат и масовни илузии.
Најдобри примери за масовна илузија се наводните појавувања на НЛО.
Халуцинации – причините за нивно јавување лежат во некои ненормали
процеси штои се одвиваат во нервниот систем, најчесто во личност со
нарушено здравје. Можат да се јават под влијание на висока температура,
напор, несоница, психичко заболување, употреба на дрога, алкохолизам итн.
Меѓу илузиите и халуцинациите постои битна разлика. Кај илузиите постои
надворешна дразба која погрешно се перцепира, а кај халуцинациите не постои
надворешна дразба, а човекот што халуцинира е убеден дека таа реално
постои.
ПРЕТСТАВИ
Претстава е ментална слика на објект или појава што некогаш биле
перцепирани. Карактеристики: Иако мошне често се мешаат со перцепциите,
претставите имаат некои битни карактеристики со кои се разликуваат од нив:
1. Претставата е побледа и помалку жива ментална слика на објект или појава.
2. Претставата е резултат од човековиот волев напор. Таа може намерно да се
повика и да се менува по волја.
3. Психичката насоченост е наполно различна во обата случаи. Кај
перцепцијата, насоченоста е кон надвор (надворешниот свет), а кај
претставата е кон внатре (сопствените психички појави).
4. При перцепирањето постои свест дека перцепираниот објект или настан е
присутен во реалноста во моментот, додека при претставувањето постои свест
дека претставениот објект или настан не е присутен во моментот и дека се
одиграл некогаш порано.
Видови претстави
Во зависност од учеството на сетилото, претставите можат да бидат: видни,
слушни, мирисни, вкусни, претстави на движење итн. Кога си претставуваме
цвет од ружа, во мислите гледаме како изгледа цветот – ливчиња, гранче... и ја
чувствуваме миризбата, допирот, убодот итн. Претставите можат да бидат
поединечни и општи. Поединечна е онаа претстава што е ментална слика на
конкретен предмет или појава од искуството. (претстава за Охридско езеро)
Општата претстава ги одразува општите особини на некои појави или објекти.
(езеро).
Важноста на претставите во практичниот живот
Првите претстави се формираат во играта, потоа тие се развиваат со учењето,
и се усовршуваат во трудот а особено висок степен на совршенство
постигнуваат во творечката работа. Во процесот на воспитувањето и
образованието, претставите играат мошне значајна улога. На пример, детето
ги реди играчките според претставата што ја има за изгледот на својата соба
кога е уредена. Исто така, претставите се поврзани со дејноста на човекот.

ВНИМАНИЕ
Вниманието претставува психичка состојба на насоченост и сосредоточеност
на спознанието врз определен објект или појава. Без внимание невозможно е
да се одвиваат голем број психички дејности.
Карактеристики на вниманието
1. Концентрација ¬– степен на насоченост и сосредоточеност на вниманието.
2. Траење на вниманието – да се задржи вниманието определено време.
3. Стабилност на вниманието – упорност да се задржи сосредоточеноста, и
покрај сите колебања.
4. Еластичност на вниманието – можноста брзо да се префрли вниманието од
еден објект или појава, кон друг.
5. Расеаност на вниманието – неможноста да се сосредоточи на еден објект
или појава. Причините за расеаност се слабост или болест на организмот,
замор, недоволен интерес итн.
Фактори од кои зависи вниманието
Постојат надворешни (карактеристики на објектот на внимание) и внатрешни
(карактеристики на оној што внимава) фактори. Надворешни се интензитетот
на дразбата, нејзината невообичаеност, промена итн. Внатрешни се: мотивите,
интересите, ставовите способностите, навиките итн.
Видови внимание

1. Ненамерно внимание е она што се јавува неволно, без претходна желба и
определена цел.
2. Намерно внимание е она што се јавува со претходна желба и цел.
3. Посленамерно внимание е најсовршениот вид внимание.
Развој на вниманието
Наједноставен вид внимание се јавува кај детето уште во првата година од
животот. Сé до училишната возраст, детското внимание е главно ненамерно.
На училишна возраст веќе се јавува намерно внимание, кое со понатамошниот
развој станува сè позастапено.
Важноста на перцепцијата и вниманието во животот на човекот и во
педагошката практика
Човекот не би можел да живее во заедница со други луѓе, бидејќи не би бил
способен за социјална перцепција – набљудување и проценување на другите
луѓе, нивните постапки, способности, чувства, карактерни особини итн. Од
ученикот се бара внимателно да набљудува. Наставникот треба да внимава на
психичките карактеристики на учениците со оглед на нивната возраст. Во текот
на наставата, кај учениците се јавуваат два вида внимание: индивидуално и
колективно. Индивидуално е кога ученикот сам внимава, а колективно кога сите
ученици внимаваат..
Несвесниот ум (или несвесното) се состои од процесите кои автоматски се
одвиваат во умот и не се достапни за самоиспитување, вклучува и мисловни
процеси, спомени, влијание и мотивација. Несвесното содржи мисли, спомени
и желби кои се наоѓаат под површината на свесноста но сеуште имаат големо
влијание врз однесувањето. Терминот бил создаден од германскиот филозоф
од времето на романтизмот Фридрих Шелинг, а поетот и есеист Семјуел Тејлор
Колериџ го внел во англискиот јазик. Австријскиот невролог Сигмунд Фројд го
развил и популаризирал овој концепт. Емпириските докази предлагаат дека
феноменот за несвесното вклучува поттиснати чувства, автоматски вештини,
потсвесни перцепции, мисли, навики и автоматски реакции, а исто така можно е
и да вклучува комплекси, скриени стравови и желби. Според
психоаналитичката теорија, несвесните процеси се изразуваат во соништата во
симболична форма, како и во лапсусите и шегите. Според ова, енсвесниот ум
може да се гледа како: изворот на соништа и автоматски мисли (оние кои се
појавуваат без видлива причина), складиштето на заборавените спомени (кои
можеби се достапни за свесното во некој друг момент), и фокусот на
имплицираното знаење ( нештата кои сме ги научиле толку добро што ги
правиме без да размислуваме).
Се расправало дека врз свесноста влијаат други делови од умот. Тука спаѓаат:
несвесноста како лична навика, да се биде несвесен и интуицијата. Термини
кои се поврзани со полусвесноста се : будење, имплицирано памтење,
подсвесни пораки, занеси, хипноза и хипногогија( премин од будност кон
спиење и обратно). Од друга страна пак термините: сон, месечарење,
сонување, делириум и кома можат да се поврзат со присуството на несвесни
процеси кои не се самиот несвесен ум туку само негови симптоми. Некои
критичари се сомневале во постоењето на несвесното.
Историски преглед
Терминот “ несвесен ум ” бил создаден од страна на германскиот филозоф од
времето на романтизмот во 18 век Фридрих Шелинг и подоцна внесен во
англискиот јазик од страна на поетот и есеист Семјуел Тејлор Колериџ.
Разјаснувањето на идејата за несвесното, односно нешто што активно се
негира во свеста, со јазични конструкции е процес кој луѓето го испитувале и
врз кој влијаеле цел милениум. На пример, како примитивни идеи за
влијанијата врз размислувањето кои се наоѓаат надвор од свеста на човекот се
сметале искушенијата, божествената инспирација, а и доминантната улога на
боговите кои влијаеле врз мотивите и дејствијата на луѓето. Идејата за
интернализирањето на процесите во умот исто така се појавила во антиката и
се испитувала во голем број култури. Несвесните аспекти на менталитетот
биле наведени во Хинду текстовите познати како Ведрас во периодот 2500-600
година п.н.е. , а денес се застапени во Ајурведската медициа.
Парацелсус бил првиот кој го спомнал концептот за несвесното во своето дело
“ За болестите ” , и неговата клиничка методологија денеска се смета за
почетокот на модерната научна психологија. Вилијам Шекспир ја испитувал
улогата на несвесното во голем број од своите претстави, не именувајќи го како
таков концепт. И филозофите од Западот како Барух Спиноза, Готфрид
Лајбниц, Артур Шопенхауер, Јохан Фишт, Хегел, Киркегард и Ниче, создале
погледи на умот кои ги предвиделе теориите на Фројд. Психологот Жак Вон
Рилаер посочил дека “ Фројд не го открил несвесното. ” Во 1890 година, кога
психоанализата сеуште не била откриена, Влијам Џејмс во својата
монументална расправа за психологија испитал како Шопенхауер, вон
Хартман, Џенет Бинет и други психолози ги користеле термините “ несвесно ” и
“ подсвесно ”. Историчарот на психологијата Марк Алтшул забележал дека, “
Тешко е, а можеби невозможно, да се пронајде психолог или психијатар од 19
век кој не го признавал несвесното како вистински концепт а и како концепт со
најголемо значење. ”
Погледите на Фројд за несвесното
Фројд често визуелно ја претставувал својата теорија со санта лед која го
претставувала умот и како тој несвесно функционира. Фројд и неговите
следбеници создале концепт за несвесниот ум. Ова има важна улога во
психоанализата.
Фројд го засновал својот концепт за несвесното на многу набљудувања кои ги
правел на секојдневните активности. На пример, тој сметал дека лапсусите се
поврзани со несвесното поради тоа што тие често ги искажувале вистинските
чувства на личноста во врска со темата на разговор. На пример , во
реченицата “ Одлучив да посетувам летна клетва ” , соговорникот случајно го
користи зборот клетва наместо курс поради тоа што не се баш воодушевени од
оваа случка. Тој исто така забележал дека соништата на неговите пациенти
искажуваат многу важни чувства за кои тие не се свесни. По овие
набљудувања, тој заклучил дека психолошките пореметувања во голема мера
се предизвикуваат поради лични конфликти кои се случуваат на ниво на
несвесното. Неговата психоаналитичка теорија ги објаснува карактерот,
мотивацијата и психичките нарушувања фокусирајќи се на одредените
несвесни однесувања.
Фројд го поделил умот на свесен ум(или его) и несвесен ум. Првиот подоцна го
поделил на Ид(инстинкти и нагони) и Суперего(совеста). Според оваа теорија,
несвесното се однесува на психички процеси за кои поединците не се свесни.
Фројд предложил вертикална и хиерархиска градба на човечката свест :
свесниот ум, предсвесното и несвесниот ум – секое наоѓајќи се под
претходното. Тој верувал дека значајните психички настани се одвиваат под
површината на несвесниот ум како скриени пораки од несвесното. Тој ги
опишувал ваквите настани како настани со симболичко и со вистинско
значење.
Во рамките на психоанализата, несвесното не се однесува на се што е
несвесно, туку на она што е активно потиснато од свесното размислување
односно тоа што и создава одбивност на личноста. Фројд го гледал несвесното
како складиште на општествено неприфатливи идеи, желби или нагони,
трауматични спомени и болни чувства кои излегле од свесното преку
механизмот на психолошка репресија. Сепак, содржините не биле секогаш
само негативни. Според психоанализата, несвесното е сила која може да се
препознае само преку нејзините влијанија – таа се изразува преку симптомите.
Во некоја смисла, ова мислење го претставува свесното како противник на
несвесното, борејќи се да го сокрие несвесното. Несвесните мисли не можат
директно да се подложат на самоиспитување, но можат да се “ снимат ” и “
толкуваат ” со посебни методи и техники како медитацијата, слободно
здружување (метод кој многу го користел Фројд), толкување на соништата,
лапсуси ( општопознати како Фројдовски лапсус), кои се испитуваат и
спроведуваат за време на психоанализата. Гледајќи ги овие несвесни мисли
како криптирани ( шифрирани), психоаналитичарите се нарекуваат експерти за
дешифрирање на нивните пораки. Фројд подоцна ја искористил неговата идеја
за несвесното за да објасни одделни видови на невротични однесувања. Сепак
, Фројдовата теорија за несвесното била суштински изменета од страна на
некои негови следбеници меѓу кои и Карл Јунг и Жак Лакан.
Погледите на Јунг за несвесното
Карл Густав Јунг кој бил швајцарски психијатар го развил овој концепт
понатаму. Тој се согласил со Фројд дека несвесното го одредува карактерот, но
предложил дека несвесното треба да биде поделено на две нивоа: лично
несвесно и колективно несвесно. Личното несвесно е резервоар на материјал
кој еднаш бил свесен но е заборавен или потиснат, многу слично на типичното
мислење на Фројд. Од друга страна, колективното несвесно е најдлабокото
ниво на психата, сочинето од насобраните наследени психички структури и
архетипни искуства. Според ова колективното несвесно е наследено и содржи
материјал од цели видови а не од поединец.
И во поглед на структурата на несвесното, Јунг се разликувал од Фројд со тоа
што тој не верувал дека сексуалноста е во основата на сите несвесни потреби.
Според Јунг, секоја личност го дели колективното несвесно со целата човечка
раса, велејќи дека: “ целото духовно наследство на еволуцијата на човештвото
се раѓа одново во мозочната структура.” Тој ги нарекол овие прадедовски
спомени архетипови. Јунг не ги опишувал архетиповите како спомени туку како
слики со универзални значења кои се очигледни во употребата на симболите
во културата.
Полемики
Идејата дека несвесниот ум постои била целосно оспорена. Франц Брентано го
одбил концептот за несвесното во неговата книга издадена во 1874 година “
Психологијата од емпириска гледна точка ” иако неговото одбивање во голема
мера произлегувало од неговите дефиниции на свесното и несвесното.
Жан Пол Сартр ја критикува теоријата на Фројд за несвесното во “
Благосостојба и ништожност ” која се заснова на тоа дека свесноста е во
суштина самосвесна. Сартр исто така расправа дека Фројдовата теорија за
репресијата има внатрешни недостатоци. Филозофот Томас Болдвин укажува
дека аргументот на Сартр е поради неговата неможност да го разбере Фројд.
Ерик Фром тврди дека “ Терминот “ несвесно ” е всушност мистификација.( иако
некој може да го користи за своја погодност, како што сум јас виновен за
пишување на овие страници). Не постои такво нешто како несвесното; постојат
само искуства за кои ние сме свесни или за кои не сме. Ако мразам човек
поради тоа што сум изплашен од него, и доколку сум свесен за мојата омраза
но не и за мојот страв, можеме да кажеме дека мојата омраза е свесна а
стравот несвесен; сепак мојот страв не лежи во мистериозното несвесео.”
Џон Сиарл го критикува Фројд. Тој тврди дека самата идеја за постоење на
колекција мисли кои се наоѓаат во привилигирана област во умот така што тие
во принцип не се достапни за свесноста е неразбирлива. Ова не е кажано со
цел да имплицира дека несвесните процеси кои ги формираат основите на
поголемиот дел од свесниот живот не постојат.Сиарл едноставно тврди дека не
е разбирливо да се претпостави постоењето на нешто како “ мислата ” на секој
можен начин освен за фактот дека никој не може да биде свесен за тоа (не
може навистина да ја мисли). Да се зборува за “ нешто ” како “ мисла ” или
значи дека се мисли од мислител или дека може да се мисли од мислител.
Процесите кои не се патемно поврзани со феноменот наречен мислење
посоодветно се нарекуваат несвесни процеси ки се одвиваат во мозокот. Други
критичари на Фројдовото несвесно се Дејвид Станард, Ричард Вебстер, Итан
Вотерс и Ричард Офше.
Дејвид Холмс испитувал истражување за Фројдовиот концепт за репресијата
кое траело 60 години , и заклучил дека нема позитивен доказ за овој концепт.
Поради недостатокот на докази во многуте хипотези на Фројд, некои научни
истражувачи предложиле посоење на несвесни механизми кои се многу
различни од оние на Фројд. Станува збор за “ когнитивно несвесно ” (Џон
Килстром), “ приспособливо несвесно ” (Тимоти Вилсон), или “ немо несвесно
”(Лофтус и Клингер), кое ги извршува автоматските процеси но не содржи
комплекси механизми на репресија и симболичко враќање на истата.
Во модерната когитивна психологија, многу истражувачи се обиделе да му го
одземат на поимот “ несвесно ” Фројдовото наследство, и алтернативните
термини како “ имплицитно ” или “ автоматско ” почнале да се вреднуваат.
Овие традиции го нагласуваат степенот до кој когнитивната обработка се
случува надвор од доменот на когнитивната свесност, и покажуваат дека
работите за кои ние не сме свесни сепак можат да имаат влијание врз други
когнитивни процеси како однесувањето. Традициите на активното истражување
на несвесното вклучуваат имплицитна меморија и несвесно стекнување со
знаења.
Несвесното и соништата
Според Фројд, во рамките на несвесното, целта на соништата е да гледаат во
несвесните нагони и незадоволените потреби и потсвесно да бараат
исполнување на истите. Луѓето настојуваат да ги исполнат овие нагони преку
сонувањето бидејќи не можат да ги исполнат во реалниот живот.На пример,
доколку некој сака да ограби продавница и се чувствува виновен поради тоа,
тие можат да сонуваат такво сценарио во кое нивните акции се оправдани и
така се ослободуваат од вината.
Фројд тврдел дека аспектот на исполнување на желби може да се разликува
според потешкотиите при разликувањето на манифестираната содржина од
латентната. Манифестираната содржина се состои од заплетот на соништата
кои се на нивото на површината. Латентната пак, се однесува на скриените и
маскирани значења во настаните на заплетот. Таа ги содржи најнтимните
информации од моменталните проблеми на сонувачот и неговите конфликти
од детството.
Спротивни теории
Како одговор на Фројдовата теорија за соништата, други психолози дошле до
теории кои противречат на неговата расправа. Теоретичарката Розалин
Картрајт предлага дека соништата им овозможуваат на луѓето да ги одглумат и
да работат на сопствените проблеми во нереална околина и без последици.
Според нејзиниот поглед за когнитивно решавање на проблемите, постои
голем континуитет меѓу нашите мисли кога сме будни и оние кога сонуваме.
Застапниците на овој став веруваат дека соништата овозможуваат
учествување во креативното размислување и во алтернативните начини за
справување личните проблеми поради тоа што соништата не се ограничени со
лоигика или реализам. На пример, жените кои минуваат низ развод најчесто
сонуваат ситуации поврзани со разводот.
Во прилог на ова, Џ. Ален Хобсон и колегите расправаат дека соништата не се
ништо повеќе од споредни појави кои произлегуваат од изливот на активности
кои доаѓаат од подкората на мозокот. Тие ја поставиле хипотезата за
активирање со синтеза според која соништата се само споредни ефекти од
нервната активност на мозокот која за време на спиењето со БДО создава
мозочни бета бранови кои се поврзани со будноста. Во контекст на ова,
невроните за време на спиењето периодично се активираат во пониските
мозочни нивоа и праќаат случајни сигнали до кората на мозокот. Потоа, кората
на мозокот како реакција на овие сигнали создава сон со цел да се обиде да
разбере зошто мозокот ги испраќа.Сепак, ова не наведува дека соништата се
бесмислени туку само го намалува значењето кое емотивните фактори го
имаат при одредување на соништата.
Несвесниот ум во современтата когнитивна психологија
Истражување
Историски гледано, традицијата за психоаналитичко истражување била првата
која се сконцентрирала на феноменот за несвесната ментална активност, но
покрај неа постои и област на убедливи истражувања и знаења кои
произлегуваат од современата когнитивна психологија која се занимава со
менталната активност со која не посредува свеста.
Поголемиот дел од овие когнитивни истражувања се одвиваат во обичната,
академска традиција на обработка на информации. Когнитивните испитувања
на несвесните податоци се засновани на многу малку теоретски претпоставки и
се емпириски ориентирани(произлегуваат од податоци) за разлика од
психоаналитичката традиција која е релативно шпекулативна (тешко може да
се изведат емпириски докази за концептите како Едипов комплекс или Електра
комплекс). Когнитивното истражување открива дека поединците регистрираат и
се здобиваат со повеќе информации автоматски односно несвесно, отколку при
свесно размислување.
Несвесна обработка на податоци за фрекфенцијата
Голем број истражувања кои биле спроведени од страна на Хашер и Закс
покажале дека поединците автоматски ги регистрираат информациите за
честотата на настаните (надвор од свеста и без да вклучат свест во ресурсите
за обработка на информации). Според тоа , примачите го прават ова несвесно,
навистина “ автоматски ” и без оглед на наредбите кои ги примаат и целите кои
сакаат да ги постигнат при обработката на информации. Интересно е тоа што
способноста несвесно и релативно прецизно да се предвиде честотата на
настаните има многу мала или нема никаква врска со возраста, образованието,
интелигенцијата или карактерот на поединецот, според што таа во основа
може да се смета за еден од темелите на човечката ориентација во животната
средина и на евентуално стекнување на процедурални знаења или искуства.
Парализа при спиење
Симптоми и карактеристики
Психолошки, парализата при спиење е тесно поврзана со РЕМ атонијата,
парализа која што се појавува како природен дел од РЕМ спиењето/фазата.
Парализара при спиење се појавува и при спиење и при будна состојба. Кога се
случува по заспивањето, лицето останува свесно а телото е исклучено за РЕМ
фазата и се нарекува хипнагошка или преддормитална парализа. Кога се
случува по будењето, лицето се освестува пред РЕМ циклусот да заврши и тоа
се нарекува пост-дормитална. Парализата може да трае од неколку секунди до
неколку минути.во текот на кои лицето може да доживее панични симптоми.
Како што покажува споредбата со РЕМ фазата, сеуште е можно да се случи
мрдањето на очите за време на вакви епизоди. Кога има отсуство од
нарколепсија, парализата при спиење се нарекува изолирана парализа при
спиење. (ISP). Парализата може да биде придружена и од страшни
халуцинации и привремено чувство на опасност. Парализата е особено
застрашувачка поради реалистичноста на таквите халуцинации. Елементот на
халуцинација кај парализата при спиење уште повеќе наведува лицето да го
интерпретира искуството како сон затоа што замислените или објектите од
сонот можат да се појават во собата во нормалниот видик на лицето. Одредени
научници сметаат дека оваа состојба е објаснување за вонземските
опседнувања и средби со духови. Студијата на Сузан Блекмур (Susan
Blackmore) и Маркус Кокс (Marcus Cox) на универзитет во Западна Англија ја
поддржува претпоставката дека изјавите за вонземски опседнувања се
поврзани со парализа при спиење, а не со привремена мозочна лабилност.
Можни причинители
Неколку студии заклучија дека скоро сите луѓе доживуваат парализа при
спиење најмалку еднаш или двапати во животот. Студијата спроведена од
страна на Sedaghat F. et al. Ја истражуваше распространетоста на парализата
при спиење кај иранските студенти по медицина. 24.1% од студентите
доживеале парализа при спиење барем еднаш во нивниот живот. Истиот
резултат се покажа и кај студентите во Јапонија, Нигерија, Кувајт, Судан и
Америка. Многу луѓе кои вообичаено доживуваат парализа при спиење, исто
така страдаат и од нарколепсија. Панични нарушувања заедно со парализа при
спиење почесто се појавуваат ка Афро-американците отколку кај кавкаските
американци. Некои извештаи велат дека одредени фактори ја зголемуваат
склоноста кон парализа и халуцинации, како што се:
 Спиење со лицето нагоре или легнати на плеќи
 Зголемен стрес
 Нагли промени на околината или начинот на живот
 Луциден сон што непосредно се случил пред епизодата.
 Претерано користење на алкохол и недостаток од соодветно спиење.

Лекување
Лекувањето започнува со образување на пациентот за фазите на спиење и за
мускуларната атонија која што е типична за РЕМ фазата. Се препорачува
пациентите да бидат прегледани за нарколепсија ако има симптоми.
Поврзани појави [
Многуте сфаќања во врска со парализата при спиење (чуство на зуење, гласни
звуци, вознемирена ментална состојба, духови и самата парализа) исто така ја
сочинуваат вообичаената фаза во ран напредок на епизоди за кои се смета
дека се вон-телесни искуства. Менталното фокусирање варира меѓу две
состојби: лицата кои страдаат од парализа при спиење се трудат да се
фокусираат на повторно воспоставување на функциите на телото, додека
субјектите кои имаат вон-телесни искуства се повеќе преокупирани од
осознавање на несоодветноста со телото. Фолклор
Оригиналната дефиниција за парализата при спиење беше кодифицирана од
страна на Д-р Семјуел Џонсон во неговиот „Речник на англискиот јазик“ како
"nightmare," (ноќна мора), термин кој се вклучи во нашата модерна дефиниција.
Во светот се сметало дека ваквите парализирања при спиење се демонско
дело или поточно инкубус (incubi), за кои се сметало дека седат на градите на
оној кој спие. Во стариот англиски јазик името за овие суштества е mare или
mære (од прагерманскиот *marōn, или старонордискиот поим mara), и така mare
станува дел од nightmare. Зборот етимолошки може да се препознае и во
Елинискиот Marōn (во Одисеја) и Māra во Санскрит.
Народното верување во Њуфаундленд, Јужна Калифорнија и Грузија
опишуваат негативна фигура на Hag која ноќе го напуштала нејзиното физичко
тело и седнувала на градите на нејзините жртви. Вообичаено, жртвата се буди
со чувство на терор, течко диши поради чувството на тежок невидлив товар на
неговите или нејзините гради и не е во можност да мрда, на пр. Доживува
парализа при спиење. Ова ноќно доживување е опишано како "хаг да ве јава"
во гула фоклорот. "Старата Хаг" е страшен ноќен дух во Британскиот и исто
така во англофонскиот северно-американски фолклор. Во Фиџи, ова искуство
се интерпретира како "kana tevoro" – да се биде 'изеден' или опседнат од
демон. Во многу случаи демонот може да биде дух на неодамна починат
роднина кој се вртил да доврши некоја недовршена работа, или пак дошол да
им пренесе важни информации на живите. Често луѓето кои што спијат до
опседнатото лице велат "kania, kania" (јади! јади!) со цел да ја продолжат
опседнатоста за да имаат можност да разговараат со мртвиот роднина или
духот и да бараат одговори за тоа зошто тој или таа се вратиле. Кога лицето
кое се буди од такво искуство, често се бара од него веднаш да да го проколне
или да го избрка духот на мртвиот роднина и тоа некогаш вклучува буквално
обраќање кон духот велејќи му/и да си оди. Во Нигерија, "Изолираната
парализа при спиење е повообичаена и се повторува кај луѓето од афричко
потекло отколку кај белите или Нигериски Африканци " и афричките заедници
често ја опишуваат оваа состојба како "Ѓаволот на вашиот грб".
Во деветнаесетиот век во Европа, различниот начин на исхрана се смета за
одговорен за оваа појава. На пример, во Божиќната приказна на Чарлс Дикенс
(Charles Dickens A Christmas Carol) главниот лик, Ибенезер Скруџ (Ebenezer
Scrooge) го опишува духот што го гледа како "...несварено парче говедско месо,
дамка од сенф, трошка сирење, дел од недопечен компир..." На сличен начин,
Здружението Циклопедија (Household Cyclopedia (1881)), ги нуди следниве
совети за кошмари:
"Да се посвети големо внимание на редовноста и изборот на исхрана.
Неумереност во исхраната од секаков вид е штетна, но најштетно од се е
лошото вино. Од храната, најштетни се мрсните меса и тестенините.
Умереното вежбање во голем степен помага во варењето на храната и
превенира надуеност. Оние пак кои што мораат професијата ги приморува да
седат, треба особена да избегнуваат ментална или физичка работа веднаш по
јадењето... Легнување пред вообичаеното време е честа причина за кошмари,
без разлика дали лицето спие предолго во текот на ноќта или долго лежи
буден. Минењето на цела или дел од ноќта без одмор, во секој случај
резултира со болест која се одрзува на пациентот со мирен сон следната ноќ.
Заспивањето доцна наутро е сигурен начин да се доживее криза, и колку
почесто таа се повторува, добива поголема сила. Желбата за спиење во овој
момент е речиси неодолива. "
Психоанализата е метод на психичко истражување кое има за цел да го
долови значењето на подсвеста како влијателна компонента на човекотово
однесување.Основите на Психоанализата се наоѓаат во психолошкиот
живот кој го формулирал основоположникот а воедно и таткото- познатиот
Австријски лекар Сигмунд Фројд (1856-1939),.Според Фројд свеста
претставува само дел од психичкиот живот на човекот,додека другиот дел
т.е. одлучувачкиот се состои во самата подсвест(место на сите чувства но и
на творечкиот дел од личноста) на човекот за која коментиравме дека е
компомента од човековиот ум секако заедно со свеста како ниво.Сигмунд
Фројд заснова нова дисциплина -психоанализа и развива нова концепција
за човекот.Првиот конгрес на Психоанализата по нејзиното основање,е
одржан во 1908 год. во Салцбург.Психоанализата поаѓа од постулатот по кој
сето она што се случува во соништата во себе носи димензија која не
излегува на површина.Тоа всушност е подсвеста,резултатот од низа на
случки и настани кои се случиле во раното детство на самата индивидуа, во
непосредна врска со сексуалноста во поширока смисла,прво преку орална и
анална фаза на развој.Некаде во третата година,детето ги открива
разликите помеѓу половите.Во тие години детето поминува низ битни
случки и настани кои можеби и никогаш реално не се случиле и немале
никакви допирни точки со реалноста,но кои настани допрелен до неговата
свест: претстава за коитусот (спојување на маж и жена,кај животинските
врсти и кај човекот) и кастрација( отстранување или уништување на
репродуктивниот орган и кај двата пола). Сето она што човекот го потиснува
во себе секогаш се бори да се врати на површината во форма на симптомот
(субјективен феномен кој го открива функционалното пореметување и
повреда),лапсус (грешки при говорот и пишувањето,кои подразбираат брза
исправка,Фројд смета дека лапсусите настануваат по јавувањето на
несвесните желби). Некои психички напнатости кои ја влошуваат
здравствената состојба на возрасниот човек можат да доведат до степен да
самиот тој дојде во допир,да побара помош од стручник за
психоанализа,личност која и самата била подложена на психоанализа и која
со самиот тој принцип е способна да го ислуша пациентот со психички
проблеми.За време на аналитичката сеанса асоцијациите на пациентот
помеѓу кашаните и проживеаните но заборавени моменти од својот
живот,овозможуваат(асоцијациите) во текот на процесот на потиснување да
ги врати назад и извлече на површина деновите на несвесните
настани.Прво и основно правило на Психоанализата е слободната
асоцијација.Пациентот се замолува да се опушти и да го казе сето она што
му поминува низ главата па дури и она за кое смета дека е неважно или
глупо.Единствено што не треба да прави е да не дозволи да му се создаде
ниту една мисла без разлика на нејзината содржина.Реконструкцијата на
она што го казува пациентот со помош на потиснатото чувство создава
услови за исчезнување на симптомот.
Психопатологија е научна дисциплина која што систематски ги истражува
симптомите, природата и причинителите (наследни, органски и социјални)
патолошки состојби во процесот на душевниот живот. За разлика од
општата психологија, таа се бави со отстапувања (аберации) од нормалните
појави во процесот на
запазување, мислењето, емоциите, вниманието,учењето, мотивацијата итн.
Терминот психопатологија, исто така може да се користи за означување на
однесувања или искуства кои се индикативни за душевната болест дури и ако
за таквата нема официјален наод. На пример присуството
на халуцинации може да се смета како психопатолошки знак. Сознанијата од
општата психопатологија служат како темел вопсихијатријата, клиничката
психологија, а влијаат и на социјалната работа.



Таа исто така може да понуди мислење за тоа дали некое лице покажува потешкотии поради мозочна патологија или тие се последица на емоционални или други причнини. Ваквите невропсихолози често работат во болнички услови во интердисциплинарен медицински тим. но поврзан пристап е когнитивната невропсихијатрија која се обидува да ја разбере нормалната функција на умот и мозокот со проучувањето на психијатриски или ментални болести. Когнитивната невропсихологија е релативно нова по својот развој и се појави како дестилација на комплементарните приоди од експерименталната и клиничката невропсихологија. Еден модел на невропсихолошкo функционирањe е познат како функционална локализација.ЦНС). како што е паралелната преработка на податоци. Алтернативен модел на врската помеѓу умот и мозокот. Во пракса невропсихолозите имаат тенденција да работат во клинички услови (како што е проценка или лекување на пациенти со невропсихолошки проблеми). тогаш се појавува можност дека овој дел од мозокот е вклучен на некој начин. Таа според својот пристап е наука и заедно со когнитивната психологија и когнитивните науки споделува прикази за обработка на информациите во мозокот. и рехабилитација на луѓе кои претрпеле болест или повреда (особено на мозокот) која предизвикува неврокогнитивни проблеми. да даваат судски извештаи или во индустријата (честопати како консултанти каде невропсихолошкото знаење се применува во изработка на производ или во раководството на фармацевтските истражувања за лекови кои би можеле да имаат потенцијално влијание врз функционирањето на централниот нервен систем . Сепак. Ова се базира на принципот дека ако одреден когнитивен проблем може да се открие по повреда на одредена област на мозокот.Невропсихологијата ја проучува структурата и функционирањето на мозокот поврзани со одредени психолошки процеси и однесувања. Конекционизам е употреба на вештачки нервни мрежи како модели за карактеристични когнитивни процеси кои користат поедноставени. но . за да се разбере начинот како одредена болест и повреда можат да влијаат и да бидат под влијание на психолошките фактори. Терминот невропсихологија се однесува на истражувањата за повреди (рани) кај луѓето и животните. Сепак. можеби има причина да се верува дека врската помеѓу менталните функции и нервните региони не е толку едноставна. Исто така. насочување. Таа се обидува да ги разбере умот и мозокот преку проучување на луѓе кои претрпеле повреди на мозокот или невролошки заболувања. Клиничка невропсихологија е примена на невропсихолошкото знаење во проценка (видете невропсихолошки испитувања и невропсихолошки проценки). се применува и во снимање на електричната активност на индивидуалните клетки (или групи клетки) кај приматите на повисоко ниво (вклучувајќи и некои студии за пациенти кои се луѓе). може да има поголема моќ на објаснување за работата и дисфункцијата на човечкиот мозок. друг пристап истражува како модел на грешки произведени од оштетен мозок на поединци може да го ограничи нашето разбирање за менталните процеси и претстави. Понов. Значајно е што таа воведува психолошка гледна точка за третманот. а други пак работат во приватни пракики и може да обезбедат експертско мислење во медицинско-законски постапки.

You're Reading a Free Preview

Download
scribd
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->