МЦМС е-Билтен

Има ли околина за
одржлив развој на
претпријатијата?
МЦМС истражуваше дали околината
во која дејствуваат македонските
претпријатија овозможува нивен
одржлив раст.
За истражувањето беа користени
неколку инструменти. Преку фокус
групи со работодавачите беа идентификувани клучните пет актуелни
ограничувања на бизнис-околината
во Македонија. Понатаму, петте аспекти беа разговарани со претставници на врвното раководство на
170 мали и средни претпријатија
во Македонија. Покрај интервјуата
и фокус групите беше направена и
анализа на релевантна литература
(закони, истражувања и сл.) и споредба на истите аспекти во други
држави.
Извештајот од истражувањето насловен како „Овозможувачка околина за одржливи претпријатија“ ќе
содржи информации за околината
во која дејствуваат претпријатијата
и проблемите со кои се соочуваат
работодавачите, заклучоци и препораки за надминување или решавање на проблемите. Врз основа
на извештајот ќе биде подготвена
и стратешка рамка за политики. Таа
ќе им послужи на работодавачите во
нивните идни активности за застапување за овозможувачки политики.
Истражувањето е направено за
Меѓународната организација на
трудот (МОТ), а МЦМС го спроведе во конзорциум со М-проспект
и во соработка со Организацијата
на работодавачи на Македонија
(ОРМ) и Бизнис конфедерацијата
на Македонија (БКМ). Проверка на
овозможувачката околина за претпријатијата се прави и во другите
балкански земји, како и во повеќе
земји во светот.
Повеќе информации и извештаите
може да се најдат на веб-страницата
на МОТ.

Август
2013
БРОЈ 145

Раст на општата и на довербата во институциите
Македонскиот центар за меѓународна соработка
(МЦМС) по петти пат го спроведе истражувањето за
општата доверба и довербата во институциите. Истражувањето покажа пораст на довербата речиси кај сите институции
кои беа проверувани,
но и пораст на општата
доверба. Таа сега изнесува 56 % и е за 5,4 процентни поени повисока
во однос на слично истражување направено
од Галуп во 2012 г. Степенот на доверба опаѓа
со зголемување на дистанцата, па довербата
во соседите изнесува 68
% се до 18,3 % кај непознатите. Сепак, сè уште мнозинство граѓани сметаат дека
повеќето луѓе би се обиделе да ги искористат (55,3 %),
наместо да постапат чесно (42,1 %).
Довербата во институциите е стабилна – индексот на доверба изнесува
43, слично како во 2008 и во 2007
година, по забележаниот пад во 2010
година (41). Има пораст на довербата
во сите сектори (државниот, деловниот/ приватниот бизнис, граѓанскиот),
а пад има кај медиумите и меѓународната заедница. За прв пат откако
МЦМС ја мери довербата се забележува мнозинска доверба во граѓанскиот сектор (54,2 %).
Довербата во државниот сектор е битно зголемена (индексот изнесува 56 наспроти, 44,5 во 2010 година). Значителен е растот во образованието, здравството и полицијата, кои го презедоа приматот од Армијата, но и кај
сите други државни институции има раст на довербата.
Порастот е кај сите етнички заедници, но разликата
главно се должи на порастот на довербата во државата

кај етничките Албанци (од 16 % на 35,4 %), вклучително
и во политичките партии.
Најголемо поместување
во довербата има кај
претседателот, од 37,5
% во 2010 г. на 56,8
%. Порастот е кај сите
етнички групи и политички партии, освен кај
симпатизерите на ДПА.
Собранието има умерено зголемување (од 34,4
% на 41,9 %), а Владата
од 36,8 % на 42,5 %, но
сѐ уште под нивото од
2008 година кога изнесуваше 51 %.
Намалена, но сѐ уште мнозинска е довербата во меѓународната заедница. Довербата во ООН изнесува 58,8 %,
во НАТО, 56,3 %, а во ЕУ 55,8 %. Во овие три претставници на меѓународната задница повеќе веруваат етничките Албанци и симпатизерите на ДУИ.
На листата на професии, предводници се наставниците/ професорите,
лекарите, како и свештените/ верските лица. Најмала доверба граѓаните имаат во судиите (43,1 %) и во
цариниците (36,5 %), иако и тие како
и сите други професии бележат умерен до голем раст во однос на 2010
година.
Истражувањето е спроведено со теренска анкета - интервјуа „лице в лице“ од 31 мај до 21
јуни 2013 година, на репрезентативен примерок од 810
испитаници. Популациската рамка беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност
беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење
и региони. Анкетата ја спроведе агенцијата за истражувања М – Проспект.

Воведна конференција за борба против корупцијата
На 18 септември 2013 година, во хотелот Стоун бриџ во
Скопје, МЦМС ќе организира воведна конференција со
која ќе го означи започнувањето на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата, спроведувана од МЦМС.
На конференцијата ќе бидат презентирани целите, очекуваните резултати и планираните активности во рамките на програмата.
Воведни излагања ќе имаат претставници на УСАИД,
МЦМС и на Државната комисија за спречување на корупцијата. Покрај програмата, на конференцијата ќе биде
презентиран и Системот за набљудување на корупцијата,

методологијата, предностите и разликите со другите методи за мерење на корупцијата.
Активностите од програмата ќе помогнат да се информираат и едуцираат граѓанските организации и граѓаните
во нивното барање на поголема отчетност од државните
институции. Програмата ќе трае до април 2016 година,
финансиски е поддржана од УСАИД, а се спроведува во
партнерство со Институтот за демократија – Социетас
цивилис, Транспарентност Македонија и Асоцијацијата за
демократски иницијативи.

Повик за доставување
предлог проекти:
Словачки и Балкански
фонд за јавни политики
Балканската мрежа за развој на
граѓанското општество (БЦСДН) во
соработка со фондацијата Понтис
го објави вториот повик за доставување предлог-проекти кои ќе
опфатат подготовка на предлог-документи за јавни политики на една
од приоритетните теми: (1) Демократија и владеење на правото; (2)
Малцински заедници.
На повикот можат да се пријават
истражувачи и организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово,
Македонија, Црна Гора и Србија. Истражувачите (до 35 години) можат
да пријават проекти за грантови до
3000 евра, а организациите, за грантови чиј максимален износ е 5000
евра.
Сите заинтересирани истражувачи/ организации потребно е да
приложат кратка биографија (на
англиски јазик), предлог проект
и буџет на предлог проектот на
fund@balkancsd.net.
Сите информации за објавениот
повик може да ги најдете на вебстраницата на БЦСДН. Рокот за доставување на бараните документи е
10 септември 2013 година.
МЦМС, како партнер во проектот
„Аки (Acquis) на балканското граѓанско општество - јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување
и лобирање“ е дел од процесот на
доделувањето грантови. Подготвените документи за јавни политики
засновани на утврдените јазови во
извештаите за напредок на ЕУ, да
бидат значителен извор на податоци при подготовката на новиот
извештај.

Обуки за жените од етничките заедници
Започнаа обуките за корисничките на програмата
„Оспособување на жените погодени од конфликтот
(ОЖП)“ што ја спроведува МЦМС.

и Ростуша. Курсевите ќе траат три месеци, а ги спроведува Центарот за странски јазици „Флуент“ од Тетово.

Четиринаесет жени од Ростуша, Јанче, Требиште,
Слупчане, Оризаре и Ваксинце, во август оваа година,
започнаа со обука низ работа преку која ќе стекнат
вештини за работа во угостителството и трговијата.
За Алмедина од Јанче ова е прво работно искуство.
Вели дека првите неколку дена ѝ биле тешки, дури
размислувала да се откаже, но како поминувале деновите, станувало сѐ поинтересно. Почнала да се
интересира и за другите дејности на претпријатието
во кое е ангажирана и секој ден сè повеќе учела. Благодарение на ова искуство, таа е заинтересирана и
подготвена да учествува и на други курсеви и обуки.
Во јули започнаа ангажманите на жените од тетовските и скопските општини, а во следниот период уште
80 жени кориснички на програмата „Оспособување на
жените погодени од конфликтот (ОЖП)“ ќе бидат ангажирани во локалните претпријатија на подрачјето
на седумте општини во кои се спроведува програмата.
Обуката низ работа трае три месеци.
Основни вештини за работа на компјутер ќе стекнат
околу 50 жени од Чаир, Сарај, Теарце, Желино и Јегуновце. Со англискиот јазик ќе се запознаат или ќе
го подобрат своето знаење околу 100 жени од веќе
спомнатите општини, како и од Липково и од Маврово

Обука низ работа за готвач во
угостителски објект

Жените беа идентификувани пролетта преку студијата за потребите и понудата на работна сила. Приоритет имаат жените кои изјавиле дека сакаат да посетуваат вакви курсеви, и кои се од семејства погодени
од конфликтот или кои се во понеповолна социјална
положба.
Програмата е финансирана од Европската Унија во
рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а ко-финансирана од МЦМС,
и се спроведува во партнерство со Флоренс Најтингел
од Куманово, Инцијатива за европска перспектива од
Скопје и Рекански бисер од Маврово и Ростуша. Целта
на ОЖП е поддршка на пристапот на жените од регионите погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

Поголема заштита за земјоделците
Во август, МЦМС го започна проектот „Информирање
на земјоделците во општина Кривогаштани“ со кој ќе
се воспостави и промовира механизам за поддршка и
информирање на земјоделците и другите вклучени во
земјоделските активности.
Активностите од проектот се наменети за производителите на тутун и тоа како за ангажираните земјоделски работници (надничари), така и за земјоделците
-сопственици, откупувачите и другите релевантни институции. Проектот треба да влијае на унапредување
на социјалниот и економскиот развој во регионот.

Можност за информирање на земјоделците
и земјоделските работници

За потребите на земјоделците ќе биде воспоставен
центар за повици, односно канцеларија за поддршка.
Во него ќе бидат ангажирани две лица, правник и со-

цијален работник. Земјоделците ќе можат да ги кажат
своите поплаки, забелешки или прашања на бесплатна телефонска линија или директно во канцеларијата.
Исто така, механизмот ќе овозможи поддршка и помош
на земјоделците во однос на административните прашања (пр. овозможување информации за новите закони, регулативи, проекти на кои може да аплицираат,
како и помош во пополнување на административните
формулари).
Операторите ќе имаат одговорност да ги примаат, прибираат и групираат влезните поплаки/информации
зависно од видот на случајот, притоа истражувајќи ја
точноста на информацијата, доколку е потребно, олеснувајќи ги средбите во руралните средини.
За постоењето и функционирањето на механизмот
граѓаните ќе бидат известени преку информативен материјал, преку медиумите и во директна комуникација
со нив.
Проектот е поддржан од Сокотаб и Алијанс уан Македонија (Alliance One Macedonia) и ќе трае до крајот на
јули 2014 година.

МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

ул. Никола Парапунов 41а, П.Фах 55, 1060 Скопје
тел: +389 2 3065381 | факс: +389 2 3065298 | www.mcms.mk | mcms@mcms.mk

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful