P. 1
Mentalno Zdravje 2007 III

Mentalno Zdravje 2007 III

|Views: 6|Likes:
Published by tipharetht

More info:

Published by: tipharetht on Sep 11, 2013
Copyright:Attribution Non-commercial

Availability:

Read on Scribd mobile: iPhone, iPad and Android.
download as PPT, PDF, TXT or read online from Scribd
See more
See less

09/11/2013

pdf

text

original

МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ- СКОПЈЕ

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ЗА МАГИСТРИ ПО ЈАВНО ЗДРАВСТВО
(У~ебна 2006/07)

FAMILIJARNI I SPECIJALNI ZDRAVSTVENI POTREBI
МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

ас. д-р сци Весна Спирова

Јавно-здравствениот пристап
кон менталното здравје се темели врз сфаќањето дека -
Менталното здравје е еднакво значајно колку и
физичкото здравје за вкупната благосостојба на
поединецот,
општеството и
државата.




Kako go definirame mentalnoto zdravje?
Тоа е благосостојба при која:
 индивидуата ги реализира сопствените способности,
 се справува со нормалните стресови во животот,
 работи продуктивно и успешно и
 е способна да придонесе за својата заедница.

(WHO, Fact sheet N
о
220, 2001)
Како кај многу физички заболувања и менталните растројства и
растројствата во однесувањето се резултат на комплексна
интеракција помеѓу биолошките, психолошките и социјалните
фактори:
Социјални фактори
Психолошки фактори Биолошки фактори
Ментални растројства
Социјални фактори
Психолошки фактори Биолошки фактори
Ментални растројства
Превенција на менталните растројства
Примарна превенција - унапредување на здравјето во
препатогената фаза:
Неспецифична превенција
Пренатална заштита
Добра акушерска пракса
Безбеден дом и безбедна средина
Јакнење на психо-социјалната компетентност на училишните деца
(решавање на проблеми, критично размислување, комуникација, емпатија,
справување со емоциите и сл.)
Едукација на родителите
Специфична превенција
Превенција од инфекции на ЦНС



Превенција на менталните растројства
Секундарна превенција:

Рано откривање и навремено лекување
со цел да се спречи неспособност

Tерцијарна превенција:

Рехабилитација, медицинска, психичка, социјална и
професионална


Наспроти старата претстава дека -
Менталните проблеми се ретки

Новите сознанија и искуства ја откриваат вистинската слика дека
всушност -
Менталните проблеми се доста чести :

tie gi napa|aat lu|eto na sekoja vozrast i vo site zemji
Во светот

Navedenite podatoci se prezemeni od:
1. World Health Report 2001, WHO,
2. Project Atlas, mapping mental health resources in the world
(http://mh-atlas.ic.gc.ca),
3. Reports of WHO meetings
Менталните растројства спаѓаат во водечките причини за нарушување на
здравјето во светот;
 учествуваат со 12% во вкупната заболеност, а
 проекциите за 2020 година достигнуваат до 15%.

околу 450 милиони луѓе во светот страдаат од
ментални растројства;
Во светот
 Во секој момент едно од четири семејства има барем еден член
со ментално растројство.

 Депресивните пореметувања, четврта водечка причина за
болест и неспособност, се очекува да се рангираат на второ
место до 2020 година.
Ниту една земја не е имуна на проблемите во врска
со mentalnoto zdravje.

Во Европскиот регион на СЗО, менталните растројства, исто така,
учествуваат во водечките причини за болест и инвалидност.

Во некои земји членки
очекуваното траење на живот за една декада се намалило за 10 години,
во голема мера поради стрес и состојби поврзани со менталните заболувања.
Во Европскиот регион на СЗО
 Проблемите во врска со менталното здравје се причина за
30% од сите консултации со лекарот по општа пракса.

 Во текот на животот, малку повеќе од 3 милиони возрасни лица
или 7 од 1000 лица се нападнати од шизофренија, 33% од нив со
почеток во младоста.

Во Европскиот регион на СЗО
 Секоја година околу 33,4 милиони луѓе страдаат од значајна
депресија.

Растат и проблемите поврзани со депресијата како што се
насилство, самоубиства, зависности и растројства во однесувањето.

 Еден од четворица адолесценти во Европа покажува еден или повеќе
ментални симптоми.

Во Европскиот регион на СЗО
• Се проценува дека околу 41 милион возрасни
прекумерно употребуваат или се зависни од алкохол.

• Во една северноевропска земја, 45% од лицата кои се
самоубиле прекумерно употребувале алкохол.

• Во една од Балтичките земји, 40% од сообраќајните
несреќи се поврзани со конзумирање на алкохол.

• Наспроти сериозноста на овие проблеми околу 66% од
лицата не се лекувани.
Во Европскиот регион на СЗО
• Самоубиството е значајна причина за смрт кај
адолесцентите и младите адулти.

• Стапката на самоубиства има широк опсег од 2 (Ерменија) до
44 (Литванија) на 100 000 жители; највисоките стапки во Европскиот
регион се највисоки во светот. (7.6/100 000 РМ, 2000)

• Одредено население е под особен ризик, и тоа мажите во Источна
Европа и адолесцентите и жените во Западна Европа.
Европски регион на СЗО - Алокација на ресурсите
Според индексот за развој на Обединетите Нации, европските
земји членки на СЗО, се помеѓу најбогатите и најсиромашните
во светот.


Разликата во БДП по жител е голема и варира од 500 US$ до
повеќе од 30 000 US$ годишно.


Процентот од БДП потрошен на здравствена заштита исто така
широко варира, од 2% до 11%, при што најсиромашните земји
секогаш наменуваат најмал дел за здравствена заштита.
Европски регион на СЗО - Алокација на ресурсите
Варира и процентот од буџетот за здравствена заштита
потрошен за менталното здравје,
од земји кои воопшто не наменуваат средства од буџетот,
до други кои алоцираат повеќе од 20%.

Многу земји од Европскиот регион трошат помалку од 3% од
нивните здравствени буџети за менталното здравје.

Европски регион на СЗО - Алокација на ресурсите
 Околу 47% од лицата кои страдаат од значајна депресија
остануваат нелекувани.

 Процентот на лица со нелекувана шизофренија варира од 36%
до 45%.

 Во некои европски земји, процентот на нелекувани лица со
епилепсија е преку 60%.
Европски регион на СЗО - разлики во стратегиите за
лекување
Во земјите се иницираат реформски процеси кои водат кон развивање
на современ концепт, т.н. здравствена заштита во заедница,
community-based care:

 расположливост на кревети во општите болници за оние на кои им
е неопходно болничко лекување

 пропорцијата на психијатриските кревети во општите болници во
Регионот (10%) неразбирливо опаѓа под светскиот просек (16%)

Европски регион на СЗО - разлики во стратегиите за
лекување
Некои источноевропски земји се соочуваат со
прекумерна хоспитализација

 60% од сите пациенти се лекувани во големи психијатриски
институции со повеќе од 500 кревети.

 Некои од овие болници имаат висока смртност поради
неприфатливите услови на заштита и слабостите во врска
со човековите права и интегритетот на пациентите.
Европски регион на СЗО - разлики во стратегиите за
лекување
 Службите во примарната здравствена заштита кај кои доаѓаат
голем број лица со ментални проблеми често се неадекватно
координирани со службите за ментално здравје.

 Важните психотропни лекови треба да бидат на располагање во
примарната заштита, сепак, најмалку три од овие лекови не се
слободно достапни во една од пет европски земји.
Европски регион на СЗО - Легислатива
Во некои земји се воведуваат и реформи во легислативата за
менталното здравје.

Современата легислатива мора да води сметка за:
правото на луѓето на слобода и автономија,
еднакво на нивното право на здравје и лекување,
дури и во психотичните периоди кога е нарушена нивната
способност за просудување и одлучување.

Во различни земји во Европа постои табу, стигма,
дискриминација и социјално исклучување
од различен степен на различни групи со
ментални проблеми.

Во земји со послаби ресурси, ментално болните сé уште се сокриени во
големи институции со големи слабости во поглед на интегритетот,
човековите права и стручното лекување.

Во некои западноевропски земји, тешко ментално болни лица неприфатливо
се запоставени и напуштени, и во некои главни градови, дури до 50% од
бездомниците се психотични.
Европски регион на СЗО
Сепак, се случуваат позитивни промени.

Им се дава поддршка на семејствата со ментална болест.

Отворено се расправа за клучните елементи во заштитата
на менталното здравје.
Европски регион на СЗО - Перспективи

Денес знаеме дека менталното здравје:

 може да се унапредува,

 повеќето ментални растројства во многу случаи може да
бидат превенирани,

 да бидат менаџирани, лекувани

 и дека постојат успешни стратегии за интервенција.

(WHO European Ministerial Conference on Mental Health, Helsinki, Finland, 2005)

Европа е активна
во врска со менталното здравје
 Земјите членки,

 Регионалната канцеларија за Европа на СЗО,

 Европската унија и

 Советот на Европа

ги здружуваат силите во врска со развојот на стратегија
за менталното здравје.
Препораката од Советот на Европа за заштита на
менталното здравје на одредени вулнерабилни групи во
општеството од 1990 година
ги посочува популациите на:

 млади, деца и адолесценти,

 етничките малцинства,

 жртвите од несреќи и спасувачите и

 старите лица.
Препорака од Советот на Европа
Мерките за унапредување на менталното здравје кај
вулнерабилните групи

треба значајно да ја намалат инциденцата на менталните
заболувања и инвалидноста од нив.
Препорака од Советот на Европа

Целите за унапредување на менталното здравје вклучуваат
унапредување на:


• психо-социјалните способности на индивидуално ниво,

• мрежата за поддршка на интерперсонално и општествено ниво,
волонтерски организации,

• здравствените и социјалните служби за да ги задоволат потребите

• условите за живеење во смисла на домување, образование и сл.
Р. Македонија е потписник на
Декларацијата и на Пан-европскиот акционен план
за менталното здравје,
кои произлегуваат од

Европската конференција на СЗО за менталното здравје
одржана во Финска, во јануари 2005 година..

Со тоа нашата земја официјално ги поддржува реформите на менталното
здравје ориентирано кон заедницата.
Се проценува дека здравствените услуги кои се обезбедуваат во Р.
Македонија за лицата со проблеми во менталното здравје не ги
задоволуваат потребите на населението.
Потребна е реорганизација на службите за ментално здравје
според принципите на заштита на менталното здравје во заедницата
(community-based care).

Борбата против социјалната стигма и сегрегација и исклучување од
општеството на лицата со ментални растројства е дел од реформите
како и почитувањето на човековите и граѓанските права, преку
соодветно и ефикасно законодавство.
Денес здравствените услуги од областа на менталното здравје се
обезбедуваат на трите нивоа во системот на з.з. - примарната,
секундарната и терциерната з.з.
Примарна з.з.

• широко распространета мрежа на здравствени установи, со што
озбедува достапност до населението, сепак

• примарната и секундарната превенција во врска со менталното
здравје се недоволно ефикасни,

• затоа лицата со ментални растојства во голема мера се
упатуваат во психијатриските болници (води кон социјално
исклучување и стигматизација на болните).
Примарна з.з. - причини за слабата ефикасност

• Здравствените работници во примарната з.з. не добиваат
дополнителна специфична обука во врска со нарушувањата
на менталното здравје, а

• кординацијата помеѓу примарната з.з. и специјалистичката
секундарна з.з. е слаба.
Секундарна з.з. - aмбулантскo лекување
сe обезбедува преку:

• невропсихијатриските специјалистичко-консултативни служби
во рамките на здравствените домови и

• двата заводи за ментално здравје на деца и младинци во Скопје
и Битола.
Секундарна и терцијарна з.з. - болничко лекување
Републиката располага со:

• три специјални психијатриски болници - вкупен капацитет
од 1307 постели,

- Психијатриската болница Скопје, обезбедува 50 постели на 100 000
жители во Северниот здравствен регион,
- Психијатриската болница Демир Хисар, обезбедува 110 постели на
100 000 жители во Југозападниот здравствен регион и
- Психијатриската болница Негорци- Гевгелија со 50 постели на 100 000
жители во Југоисточниот здравствен регион.

• невропсихијатриските одделенија во општите болници (13),
• невропсихијатриското одделение во Воената болница во
Скопје и
• Психијатриската клиника при Клиничкиот центар-Скопје
Екстрахоспитални институции
Од седумдесеттите години на минатиот век Психијатриската
болница Скопје располага со две екстрахоспитални институции:

• Диспанзерот Идадија, амбулантска специјалистичко-
консултативна служба и
• Дневната болница за психози Влае, а

подоцна и со три други

• Дневни болници за алкохолизам, за неурози и за зависности.
Екстрахоспитални институции
Со поддршка на СЗО и Проектот за ментално здравје, во
2000 година се формирани четири
Центри за ментално здравје во заедницата (ЦМЗЗ):
Пролет во Скопје, во Прилеп, во Тетово и во Гевгелија.

Со поддршка од Регионалниот проект за ментално здравје
на Пактот за стабилност, во 2004 година е формиран уште
еден ЦМЗЗ во Струмица.
ЦМЗЗ располагаат со:

• дневна болница,
• заштитен дом како привремено живеалиште,
• социјални клубови и
• мобилен тим за домашен третман.


Во заштитата на лицата со ментални растројства се вклучени и
невладините организации за поддршка на корисниците и на
членовите на нивните семејства.
Националната стратегија за унапредување на менталното
здравје во Р. Македонија 2005/2012,
се фокусира на:
• промоција, превенција и одржување на менталното здравје

• рамноправен пристап до з.з. и почитување на човековите
права,

• воспоставување на систем за ментално здравје во заедницата,

• обезбедување на соодветно финансирање на системот.
Thank You!!!

Јавно-здравствениот пристап
кон менталното здравје се темели врз сфаќањето дека -

Менталното здравје е еднакво значајно колку и физичкото здравје за вкупната благосостојба на поединецот, општеството и државата.

You're Reading a Free Preview

Download
scribd
/*********** DO NOT ALTER ANYTHING BELOW THIS LINE ! ************/ var s_code=s.t();if(s_code)document.write(s_code)//-->