Dr`avno sredno u~ili{te za `elezni~ki i PTT soobra}aj

 Vlado Tasevski-Skopje

ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО

AutoCAD
Profesor Tomislav Mi{evski

Skopje, Avgust 2003 godina

Prira~nik za rabota

Вовед во компјутерска комуникација
За поуспешно следење на современите техники за изработка на
техничките цртежи ќе се запознаете со основите за цртање на
дводимензионални (2D) технички цртежи со примена на програмскиот
пакет AutoCAD 14. Под поимот CAD (Computer Aided Design) - цртање со
помош на компјутер - се подразбира намената на софтверскиот пакет.
AutoCAD е светски водечки софтверски продукт во областа на
проектирањето и дизајнот, наменет за цртање на технички цртежи во сите
струки како електротехнчката, машинската, сообраќајната, градежната и
др. Со овој програмски пакет е овозможено едноставно цртање на
основните елементи на техничкиот цртеж: точки, линии, лаци, кругови,
полигони, елипси, низа на линии, линии со одредена дебелина и други
графички елементи. Истотака цртежот може да се прикаже во пресек при
што е овозможено шрафирање со голем број на готови примероци.
Овозможено е котирање со автоматско мерење на должините и
внесување на текст со различни фонтови и големини на буквите. Има
големи можности за уредување на цртежот како што се поместување во
сите правци ротирање зголемување, скратување, продолжување или
намалување на нацртаните елементи .

Стартување на програмскиот пакет AutoCAD
Стартувањето на програмот може да се изведе на два начина:
Од икона на AutoCAD
- Ако иконата на програмот AutoCAD се наоѓа на работната површина
на екранот тогаш се постапува на следниот начин: се маркира
иконата со покажувачот на глушецот и се кликнува двапати со левата
типка.

- Ако иконата не се наоѓа на работната површина тогаш постапката е
следна се поставува покажувачот на глувчето над копчето START и
се кликнува со левата типка, се отвара менито, се маркира
подменито Programs во содржината на менито се наоѓа името на
програмот AutoCAD и се активира програмот.
Пример: Start, Programs, AutoCAD14, AutoCAD14, се кликнува со левата
типка од глувчето.
______________________________________________________________________
2
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Прозор на AutoCAD
Прозорот на AutoCAD-от е поделен на пет области:
- Лентата со менија
- Фиксирани и подвижни ленти со алатки
- Област за цртање
- Команден прозор
- Статусна линија
На екранот гледано од горе надолу можат да се видат следните елементи:
Најгорната линија е заглавие на програмот (англ. Title bar)
Под неа е линијата на паѓачките менија ( Pulldown menus)
Наредната линија е алатникот Standard, под него
Алатникот со различни својства на објектите (Toolbar Object Properties )
Под алатникот Standard се наоѓа просторот за цртање
Под просторот за цртање се наоѓа командната линија во која се
испишуваат сите наредби кои се дадени и кои се тековни
Најдолу се наоѓа статусната линија
Просторот за цртање - црната површина е најголемиот дел од екранот тоа
е делот каде се врши цртање на цртежот. Во овој простор најчесто се
поставуваат пливачките алатки Draw и Modify. Бојата на површината за
цртање и големината на кончаницата можат да се менуваат по желба на
корисникот.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

3

Prira~nik za rabota

Палети на алатките
Во однапред дефинираниот прозор на AutoCAD, се гледаат најчесто
користените палети на алатки. Останатите палети со алатки ви се на
располагање, но тие не се гледаат се додека не ги отворите (повикате).

Облаче на палетата на алатките
Палетите на алатот на AutoCAD содржат алат кој поблиску ја
објаснува наредбата. За полесно разбирање на секој алат, се појавува
облаче (tool tip) веднаш под курсорот кој е во вид на стрелка, ако го
задржите над алатката. Секое облаче ви помага да ја идентификувате
алатката и нејзината функција.

Повеќето алатки ја активираат наредбата ако се кликне со левиот
тастер на глувчето врз алатката, додека другите алатки го прикажуваат
______________________________________________________________________
4
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

збирот на додатните алатки кои се однесуваат на алатот кој сте го
одбрале. Овој збир на додатни алатки се вика мени на палетите на
алатките. Можете да ги препознаете алатките кои имаат мени, тоа се
алатките кои имаат мала стрелка на десно во долниот десен агол.
Палетите на алатките кај AutoCAD се подвижни. Можете да ги
поместите секаде во прозорот на AutoCAD, или можете да ги фиксирате,
на врвот од прозорот и на една страна од прозорот така да палетата на
алатката завземе најмал простор.
Направете ја следнава вежба со која палетата на алатката Object
Properties ќе ја поместите од првобитната положба.
1. Поместете го курсорот во облик на стрелка врз палетата на
алатката Object Properties.
2. Притиснете го левиот тастер и задржете го, забележувате како се
појавува сив правоаголник покрај курсорот.
3. Држете го притиснат левиот тастер, поместете го курсорот надоле.
Сивиот правоаголник го следи курсорот.
4. Кога ќе се најде сивиот правоаголник над цртежот, отпуштете го
тастерот и палетата на алатката Object Properties ќе се пресели на
новата позиција.
Секоја палета на алатките може да се помести или да и се промени
обликот. Исто така сите палети може да се отстранат и повторно да се
повикаат, кога ќе ви бидат потребни како што се гледа во наредните
чекори.
1. Кликнете и одвлечете ја палетата DRAW на левата страна од
прозорот.
2. Кликнете на копчето CLOSE во горниот десен агол на подвижната
палета на алатки. Тоа е малото квадратче на кое се наоѓа Х.
Палетата со алатки ќе се изгуби од екранот.
3. За да ја повикате повторно палетата DRAW, кликнете со десното
копче од глувчето врз било која палета со алатки, да речеме врз
палетата Object Properties или View, Toolbars ↵. Ќе се прикаже
листата на палетите со алатки.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

5

Prira~nik za rabota

4. Најдете и означете го DRAW во листата на палетите со алатки.
Палетата DRAW ќе се појави повторно.
5. Кликнете и однесете ја палетата DRAW на левата страна од
екранот на нејзиното место.

Отварање на постоечки цртеж (фајл)
Во оваа вежба ќе го употребиме вообичаениот Select File дијалог.
За да почнете со работа ќе го отворите постоечкиот фајл.
1. Одберете File, Open ↵. Ќе се појави пораката која ве прашува дали
сакате да ги сочувате измените кои сте ги направиле во
моментално отворениот цртеж. Кликнете No.
2. Потоа се појавува дијалогот Select File.

______________________________________________________________________
6
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

3. Во дијалогот Select File, во листата пронајдете го директориумот
Sample. Означете го (маркирајте го) и кликнете два пати на него.
4. Пронајдете го фајлот Watch и кликнете на него. Ќе забележите дека
името на фајлот се наоѓа во полето File Name кое се наоѓа под
листата на фајловите. Исто така во полето Preview се гледа
содржината на фајлот.
5. Кликнете на копчето ОК кое се наоѓа на долниот дел во дијалог
прозорецот. AutoCAD ќе го отвори фајлот Watch, фајлот се отвара
во 3D поглед.

Во колку не сте сигурни во кој фолдер или под кое име сте го
снимиле цртежот кој го барате, на располагање ви е опцијата Find File која
ќе ви помогне со помош на Browse режимот да ги прегледате сите цртежи
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

7

Prira~nik za rabota

во активниот фолдер или во Search режимот му наредите на AutoCAD да
ја побара именованата датотека на некој од дисковите на сметачот.

Команди за управување со изгледот на цртежот
Zoom е наредба која се користи најчесто. Со помош на оваа
наредба може да се зголеми дел од цртежот, исто така на располагање ви
се и другите можности за контрола на прикажаното. Зголемете сега дел од
цртежот (погледот) за да му кажете на AutoCAD кој дел од цртежот сакате
да го зголемите ќе употребите прозор.
1. Кликнете два пати на копчето TILE во статусниот ред. Погледот ќе
се промени ќе добиете дводимензионален поглед од горе или (View,
3Dviews, PlanView, WordUCS)
2. Кликнете Zoom Window на палетата со алатки Standard
3. Во командниот прозор ќе се појави пораката First corner. Со
прозорот опфатете дел од рачката. Кликнете во точката која се
наоѓа доле лево под часовникот.
4. Во командниот прозор ќе се појави пораката first corner; other corner.
Одберете го спротивниот агол на правоаголникот така да опфатите
дел од рачката и часовникот. Изгледот на часовникот ќе се зголеми
и ќе го исполни целиот екран.

Можноста за зголемување на дел од цртежот е многу битна за да
можете прецизно да работите на цртежот, но многу често ќе сакате да се
вратите на претходниот поглед, за да ја имате целата слика на увид. За
да го направите тоа кликнете на контролата Zoom Previous од палетата на
алатките Standard.
Направете го тоа сега и претходниот поглед ќе се појави. Можете
брзо да го промените. Зголемувањето на делот на цртежот со употреба на
наредбата Zoom Realtime од палетата на алатките Standard.
1. Кликнете на копчето Zoom Realtime, курсорот ќе се промени во
облик на лупа.
2. Поместете го курсорот Zoom Realtime над средината на цртежот,
потоа кликнете и повлечете го курсорот надоле. Изгледот на
цртежот ќе се намали.
______________________________________________________________________
8
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

3. Додека се уште го држите притиснат левиот тастер поместете го
курсорот нагоре. Изгледот на цртежот ќе се зголеми. Кога ќе го
добиете саканиот изглед отпуштете го тастерот.
4. За да ја напуштите наредбата Zoom или Pan притиснете на Escape
(Esc) или кликнете со десниот тастер на глувчето.
5. Ќе се прикаже контекст мени.

Ова мени овозможува да ги одберете другите опции кои се врзани
за изгледот.
6. Кликнете Exit во контекст менито, за да ја напуштите наредбата
Zoom Realtime.

Поставување на почетните параметри на цртежот
Започнување на нов цртеж
Започнување на нов цртеж се врши на два начина:
- преку иконата New на стандардната лента со алатки, и
- преку менито File, New ↵
Ќе се отвори Start up прозорот со следните опции:
- Start from scratch
- Use a Template
- Use a Wizard
- Start from scratch
Со оваа опција може да се започне нов цртеж со усвоени (Default)
параметри за цртежот од самиот програм. На почетокот може де се
избере дали ќе се работи во метрички децимални единици или во
англиски единици.
- Use a Template
Со оваа опција може да се започне нов цртеж преку избор на однапред
дефинираните модел- цртежи (шаблони). Ваков цртеж може да креира
корисникот преку меморирање на обичен цртеж со наставката. dwt. Вака
креираниот цртеж корисникот може секогаш да го повикува на почетокот
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

9

Prira~nik za rabota

преку наредбата Use a Template. Овој начин би можел да се користи кога
е потребно да се изработи серија на слични цртежи.

-Use a Wizard
Ако ја изберете оваа опција имате можност да ги дефинирате елементите
за цртање преку маѓепсникот Wizard, пример:
1. Во прозорот Start Up кликнете на Use а Wizard (употреба на
маѓепсник).
2. Во Select а Wizard листата, ќе забележите две можности:
a) Quick Setup - брзо подесување
b) Advanced Setup - проширено подесување
3. Ако изберете Quick Setup и кликнете на ОК. На екранот ќе се
појави Quick Setup поле за дијалог. На левата страна ќе
забележите два чекора, Units (мерки) и Area (простор)
- 1 чекор Units - За избор на мерните единици се избира
децимален систем
- 2 чекор Area - се дефинира работната површина на цртежот
која е составена од две димензии. ширина (Width) и висина
(Lenght).
4. Засега ќе ги користите децималните единици кои се однапред
определени. Кликнете повторно Next се прикажува дијалог
прозорот Area
5. Кликнете во полето Width и внесете 420
______________________________________________________________________
10
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

6. Кликнете во полето Lenght и внесете 297, значи избравте
простор за цртање со големина на А3 формат.
7. Кликнете Done - направено. Новиот фајл на цртежот ќе се
прикаже во прозорот на AutoCAD.
Изберете повторно File, New. Потоа изберете Advanced Setup, OK. Во овој
прозорец дефинирањето на елементите се врши преку 7 чекори и тоа:
1. Избор на единици мерки и нивна прецизност
2. Избор на единици мерки на аглите и нивна прецизност
3. Избор на почетна позиција на мерење на аглите
4. Избор на насоката на мерење на аглите
5. Дефинирање на работната површина
6. Избор на блок со наслов и останати спецификации
7. Избор на напреден режим на работа
Дефинирањето на елементите за цртање кое се врши со помош на
опцијата AdvancedSetup е прикажано преку отварање на седум дијалог
прозорци и тоа:
1. Избор на единици мерки со дефинирање на бројот на
децималните места во листата Precision запишете 0.0000
четири децимални места. Потоа кликнете Next.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

11

Prira~nik za rabota

2. Избор на единица мерка за аглите и нивна прецизност.
Изберете Decimal Degrees а во полето Precision изберете
прецизност на две децимали и кликнете Next.

3. Избор на почетната позиција на мерење на аглите. Одберете
East и притиснете Next

______________________________________________________________________
12
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

4. Избор на насоката на мерење на аглите. Одберете Counter_
Clockwise и притиснете Next.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

13

Prira~nik za rabota

5. Дефинирање на работната површина. Во полето Width
запишете 420 а во полето Length 297 и кликнете Next. Со
оваа извравте работна површина на А3 формат.

6. Избор на блок за наслов и останати спецификации од
постоечките листи. Одберете No title block и кликнете Next

______________________________________________________________________
14
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

7. Избор на напреден режим на работа, сепак во овој случај е
подобро да не се избира, засега одговорете со Nо. И на
крајот со опцијата Done се завршува проширеното
дотерување и се отвара новиот цртеж.

Снимање на нов цртеж
1
2
3
4

За да му доделите на новиот фајл единствено име изберете File, Save
As.
Во дијалогот Save Drawing As внесете Base. Додека ги внесувате
карактерите, името ќе се прикаже во полето File Name.
Два пати кликнете го директириумот Sample кој е прикажан во
основната листа на дијалогот. На овој начин го отварате
поддиректориумот Sample.
Кликнете Save. Сега го имате фајлот со името Base.dwg кој се наоѓа во
подиректориумот Sample на вашиот директориум во AutoCAD. Секако,
Вашиот цртеж се уште не содржи ништо. За тоа ќе се погрижиме
понатака.

Подесување на автоматско снимање на 10 минути
За да се заштитите од трајно губење на изработениот цртеж се
препорачува во текот на работата да се врши заштитно снимање. Во
AUTO CAD 14 постои можност за дефинирање на време по кое ќе се врши
автоматско снимање на цртежот, пример:
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

15

Prira~nik za rabota

1. Tools, Preferences. Се отвора прозорот Preferences. Кликнете на
General во него штиклирајте го полето Auytomatik Save ако не е
штиклирано. Потоа во полето Minutes Between Saves запишете 10.
2. OK.

Чување на фајлот за време на работа
Никогаш не е на одмет одвреме на време да го сочуваме фајлот на
кој работите во колку не сте ја избрале опцијата за автоматско снимање.
Можете да го сочувате под правобитниот назив (ако одберете File, Save),
или под друго име (ако одберете File, Save As).
Испробајте ја прво наредбата SAVE. На овој начин можете брзо да
го сочувате цртежот во состојба во која се наоѓа, а да не морате да го
напуштате програмот. Одберете File,Save ↵. Ќе приметите како AutoCAD
го запишува фајлот на хард диск. Испробајте ја сега наредбата Save As.
Оваа наредба ве носи во дијалог прозор во кој што можете да го
сочувате фајлот под друго име.
1. Изберете File, Save As. Ќе се прикаже дијалогот Save draving As.
Забележувате дека е активно името на фајлот Watch dwg во полето
File Name
2. Внесете го новото име Vezba_1.
3. Кликнете Save. Дијалог прозорот се губи од екранот, а хард дискот е
активен.

Вашиот прв цртеж
Новиот фајл покажува големина на рамката за А3 формат 420 x 297. За да
започнете со цртање направете го следното:
1. Кликнете на алатката Line од палетата Draw.
2. Впрочем ја повикавте наредбата Line. Autocad на командната линија
го поставува прашањето за почетна точка на линијата Line From
point:
Исто така курсорот го менува обликот, го нема повеќе квадратчето
во крстот. На овој начин ви се кажува дека треба да ја изберете
почетната точка. Кога ќе ја одберете точката AutoCAD ќе ја промени
пораката во:
To point:
Сега кога ќе го поместувате курсорот ќе забележите линија чиј
почеток е врзан во избраната точка, а другиот крај го прати движењето на
курсорот.
3. Поместете го курсорот во десно и пониско од првата точка што ја
одбравте и повторно притиснете го левото копче на маусот. Првата
______________________________________________________________________
16
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

еластична линија сега се наоѓа помеѓу двете точки што ги одбравте и се
појавува втора еластична линија.
4. Во колку линијата што сте ја нацртале нема доволна должина,
можете да се вратите во текот на наредбата Line и да ја промените
должината. За да го направите тоа кликнете на Undo кое се наоѓа на
палетата Standard, или внесете U. Линијата што ја нацртавте повторно ќе
постане еластична, како да не сте ја одбрале втората точка. Наредбата
Line се уште е активна, таа се гледа во командниот прозор. Во колку
полето во командниот прозор после наредбата Command не е празно
наредбата е активна и курсорот ќе биде претставен без малиот квадрат во
средина.

Отстранување на грешки
Почетниците и искусните корисници секогаш прават по некоја грешка. Еве
неколку совети како да ги отстраните грешките.
BACKSPACE - Ако направите грешка при внесување можете да го
употребите тастерот BACKSPASE, за да ја отстраните грешката.
ESCAPE (ESC) - Овој е можеби најважниот тастер со кој можете да
решите повеќе проблеми. Кога е потребно набрзина да ја напуштите
наредбата или дијалогот, но да не направите измени, притиснете го
тастерот ESCAPE кој се наоѓа во горниот лев агол на татстатурата.
U - Воколку случајно нешто промените на цртежот, а сакате цртежот да го
вратите во првобитна состојба, кликнете ја алатката UNDO. Со секое
кликнување AutoCAD-от поништува по една операција во обратен
редослед.
REDO - Во колку случајно поништите повеќе наредби може да ја вратите
само последно поништената наредба.

Излез од програмот AutoCAD
Кога ќе завршите со работа, можете привремено да го напуштите
AutoCAD-от или да го затворите. Ако сакате од еднаш да ги затворите
сите отворени фајлови и да го затворите AutoCad от направете:
1. File, Exit. Ќе се појави прозор со прашање дали да ги сочува
измените во фајлот Vezba_1. И ќе ви бидат понудени три одговори Yes,
No и Cancel.
2. Кликнете No.
3. AutoCAD ќе го затвори фајлот, ако немате отворено некој друг
фајл.

Одредување на растојанија и координати
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

17

Prira~nik za rabota

AutoCAD користи векторска нотација и Декортав правоаголен
координатен-систем за одредување на местоположбата на објектите.
Векторите бараат единствена почетна точка, крајна точка и смер. За да
внесете точни должини во AutoCAD можете да внесете
а) Апсолутни координати
б) Релативни координати
в) Поларни координати
а) Апсолутни координати
Точката се задава во однос на координатниот почеток слика 1.

Слика 1
Се однесуваат на почетната точка која се вика координатен почеток
(0,0,0). Хоризонталните вредности се по должина на X–оска. Вертикалните
вредности се по должина на Y–оска. Z координата се претпоставува дека
е 0,00 ако не е внесена.
Пример: Точка со 9.932 единици десно од координатниот почеток и 20.506
единици над е апсолутна координата определена со А(9.932,20.506).
б) Релативни координати
Се запишува во облик на ( @ X,Y,Z ). И овие координати се како
апсолутните но кај нив почетна точка е последно зададената точка.
Пример: За да нацртате линија со должина 120 единици на која почетна
точка ќе биде последно зададената точка од предходната линија внесете
@ 120,0. Последната точка на линијата ќе биде одалечена за 120 единици
по X- оска , ќе добиете хоризонтална линија затоа што Y = 0.
______________________________________________________________________
18
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

в) Поларни координати
Како и кај релативните координати и поларните за почетна точка ја
земаат последно внесената точка ( означена со знакот @ - ат ).
Пример: @ 120< 45
@ - почетна точка е последно внесената.
120- должината е 120 AutoCAD единици
< - знак за големина на аголот во однос на X оската
45 - вредност на аголот
Нацртајте правоаголници со задавање на апсолутни, релативни и
поларни координати :
a) 1. L ↵.
2. На порака From point: одговорете со 20,20 ↵.
3. To point: одговорете со 20,70 ↵.
4. To point: 90,70 ↵.
5. To point: 90,20 ↵.
6. To point: c ↵.
b) 1. Изберете L ↵.
2. На порака From point: одговорете со 70,90 ↵.
3. To point: одговорете со @ 0, 50 ↵.
4. To point: одговорете со @ 70, 0 ↵.
5. To point: одговорете со @ 0, -50 ↵.
6. To point: c ↵.

2.
3.
4.
5.
6.

v)
1. Изберете L ↵.
На порака From point: одговорете со 110,30 ↵.
To point: одговорете со @ 50 < 90 ↵.
To point: одговорете со @ 70 < 0 ↵.
To point: одговорете со @ 50 < 270 ↵.
To point: c ↵.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

19

Prira~nik za rabota

Слика 2
Аглите во AUTOCAD се дадени врз основа на системот прикажан на
сликата 3. Каде 0 претставува хоризонтален правец од лево на десно, 90
е горе, 180 е хоризонтална линија од десно на лево итн.

Слика 3

Брз начин на внесување на растојанија
Едноставно определете го правецот користејќи ја еластичната
линија, а потоа внесете го растојанието со помош на тастатурата.
Пример: За да нацртате линија долга 180 единици кликнете на алатката
LINE од палетата DRAW, кликнете ја првата почетна точка, потоа
______________________________________________________________________
20
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

поместете го курсорот во десно на произволно растојание. Додека е
курсорот во правец во кој сакате да ја нацртате линијата, внесете 180.
Еластичната линија ќе постане фиксна линија долга 180 единици.
Примената на овој метод, заедно со модот ORTHO може да
претставува брз начин за цртање на објекти со одредени димензии.
Користете ги стандардните Декартови или поларни координати само
тогаш кога е потребно да внесете точни растојанија под одредени агли
различни од 0 или 90 степени.

Наредби кои најмногу ќе ги користите
Запознајте се со палетите на алатки кои најмногу ќе ги користите за
креирање на објекти во AutoCAD. Тоа се двете основни палети Draw и
Modify.
1. Стартувајте го AutoCAD R14 пр: Start, Programs, AutoCAD R14,
AutoCAD R14 ↵.
2. Кога ќе се појави Start Up дијалог прозорецот кликнете Cancel
3. Во прозорецот на AutoCAD-от поставете го курсорот врз првата
икона на алатката DRAW и задржете го извесно време врз иконата
се додека не се појави облачето.
4. Полека поместувајте го курсорот врз другите икони на палетата
Draw, Modify и прочитајте ја содржината на секое облаче.
Во повеќето случаи можете да откриете зошто служи алатката врз
основа на изгледот на иконата. Слика 4 и табела 1.1 ќе ви помогнат
полесно да ги користите двете основни палети на алатките - Draw и
Modify.

Слика 4
Табела 1. Опции на палетите на алатките Draw i Modify
Палета на алатките Draw
1. Line (линија)
2. Construction Line - -конструкциона линија
3.Multiline - повеќе наменска линија
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

21

Prira~nik za rabota

4. Polyline - полилинија
5.Poligon - полигон
6. Rectangle - четириаголник
7. Arc - лак
8. Circle - кружница
9. Spline
10. Elipse - елипса
11. Insert Block - вметнување на блок
12. Make Block - креирање на блок
13. Point - точка
14. Haych - шрафирање
15. Region - област
16. Multiline Text -текст во повеќе линии

Палета на алатките Modify
1. Erase - отстранување
2. CopyObject --копирање на објектот
3. Mirror - огледално пресликување
4. Offset- паралелно копирање
5. Array - низа
6. Move - поместување
7. Rotate - ротирање
8.Scale-размер
9. Strech - развлекување
10. Lengthen - продолжување на линија
11. Trim - отсекување
12. Extend - проширување
13.Break - прекин
14. Chamfer - соборување на рабови
15. Fillet - заоблување на темиња
16. Explode - разлагање на сложени објекти

Наредбa LAYER

______________________________________________________________________
22
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Наредбата LAYER се извршува во дијалог прозорецот Layer &
Linetype Properties и овозможува креирање и подесување на осбините на
нивоата (layers).

Сите нивоа во тековниот цртеж се прикажани во список во средниот
дел на дијалог прозорецот. Покрај името на нивото во списокот се
прикажани особините на нивоата – боја и тип на линијата доделени на
нивото.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

23

Prira~nik za rabota

На паѓачкиот список Show можно е да се подеси кои нивоа ќе бидат
прокажани во списокот: All – сите нивоа во тековниот цртеж; All in use –
нивоа во кои е нешто нацртано во тековниот цртеж; All unused –
неискористени нивоа; All Xref – dependent – искористени нивоа во
вметнатите референтни цртежи; All not Xref dependent – неискористени
нивоа во вметнатите референтни цртежи; All that pass filter – нивоа кои ги
задоволуваат филтер критериумите; Set filter dialog – подесување на
филтер условот за нивоата.
Подесувањето на тековното ниво е можно со покажување на името
на нивото и притискање на тастерот Current. Покрај тастерот Current е
испишано името на тековното ниво. Замрзнато ниво и ниво од
референтен цртеж не може да биде тековно.
Креирањето на ново ниво е можно со притискање на тастерот New.
AutoCad во списокот на нивоа покажува ново ниво со назив Layer1. Со
следно притискање на тастерот New се креира ново ниво Layer2 итн.
Името на новото ниво се внесува преку тастатурата и може да има до 31
знак. AutoCAD не дозволува задавање на име на постоечко ниво од
дадениот цртеж за новото ниво. Името на даденото ниво може да се
промени со покажување на името на нивото и притискање два пати на
левото копче од глувчето. Доделување боја е овозможено со покажување
на квадратот со боја во колоната Color и со притискање на левото копче
на глувчето. Бојата се доделува на селектирано или селектирани нивоа, а
се бира во дијалог прозорецот за работа со бои.
Доделување на тип на линија на нивото е можно со покажување на
името на типот на линијата и притискање на левото копче на глувчето.
Типот на линијата се доделува за селектирано или селектирани нивоа, а
се бира во дијалог прозорецот Select Linetype.

Работа со типови на линии.
Наредбата LINETYPE овозможува вчитување, креирање и подесување на
тековниот тип на линија со кој се цртаат објектите. Се извршува во дијалог
прозорот Linetype Properties.
Сите типови на линии вчитани во тековниот цртеж се прикажани во
списокот од средишниот дел на дијалог прозорецот. Покрај името на типот
на линијата (Linetype) прикажан е изглед (Appearance) и кратко
објаснување на типот на линијата (Description).

______________________________________________________________________
24
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Подесување на тековниот тип на линија е можно со покажување на
името на типот на линија и притискање на тастерот Current. Бришење на
селектираниот тип на линија од тековниот цртеж е можно со притискање
на тастерот Delete.
Вчитување на типот на линија е можно со притискање на тастерот
Load… На екранот се појавува дијалог прозор Load or Reload Linetypes.

Наредбата LINETYPE се извршува и преку командната линија:
Command: LINETYPE <Enter>
?/Create/Load/Set:
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

25

Prira~nik za rabota

? – на текстуалниот екран се прикажуваат типови на линии (имиња и опис)
од дадената библиотека на типови на линии
Create – овозможува креирање на нов тип на линија
Load – овозможува вчитување на зададен тип на линија
Set – овозможува подесување на тековниот тип на линија

Креирање на стилот за цртање на мултилинии
Кликнете со левото копче врз паѓачкото мени Format / Multiline Style или
запишете во командниот прозор MLStyle ↵.
Стандардниот стил на цртање на мултилинии се состои од две паралелни
линии на растојание од 0,5 и -0,5 AutoCAD единици од подолжната
симетрала (zero offset) на мултилинијата. Наредбата MLSTYLE
овозможува креирање, запишување и задавње на тековниот стил за
цртање на мултилинии.

Елементи на дијалог прозорот Multiline Style се:
Current – овозможува задавање на тековниот стил на цртање на
мултилинијата
Name – овозможува задавање на име на стилот за цртање на мултилинии
Description – опис на стилот
Load... – oвозмoжува вчитување на стилот на цртање на мултилинијата од
библиотечната датотека
Save... – овозможува запишување на тековниот стил во тековниот цртеж.
(При задавање на на параметрите на мултилинијата во полето за
______________________________________________________________________
26
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

едитирање Name, да се зададе името на новиот стил, а потоа да се
притисне тастерот Add.)
Rename – овозможува промена на името за цртење на мултилинијата.
Element Properties... – овозможува задавање на елементи на
мултилинијата во дијалог прозорот Element Properties. Во новиот дијалог
прозор што се појавува се наоѓаат следните елементи:

Полето – Elements овозможува задавање на особините на мултилинијата
што се креира:
- Offset – покажува растојанија на елементите од подолжната оска на
симетрија
- Color – прикажува боја со која се исцртува елементот. Елементите
можат да бидат и со различна боја.
- Ltype – прикажува тип на линија со која се црта елементот.
Елементите можат да бидат и со различни типови на линии.
Полето Add – овозможува додавање на нов елемент. Мултилинијата може
да содржи до 16 елементи.
Полето Delete – овозможува бришење на елементот селектиран во полето
Elements.
Полето Offset – овозможува задавање на растојанија на елементите од
подолжната оска на симетрија.
Полето Color– овозможува задавање на боја со која се исцртува
елементот.
Полето Linetype – овозможува задавање на тип на линија со која се црта
елементот.
Multiline Properties – овозможува задавање на особините на мултилинијата
во дијалог прозорот Multiline Properties.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

27

Prira~nik za rabota

Елементи на новиот дијалог прозор кој се појавува се:
Display Joints – вклучениот прекинувач овозможува цртање на линии кои
ги спојуваат чворовите (vertex) на еден сегмент од мултилинијата.
Полето Caps – овозможува задавање на завршетоци на краевите на
мултилинијата во почетната и крајната точка.
- Line – вклучениот прекинувач овозможува цртање на завршетокот со
права линија.
- Outer arc – вклучениот прекинувач овозможува цртање на завршеток
со надворешен кружен лак
- Inner arc – вклучениот прекинувач овозможува цратње на
завршетокот со внатрешен кружен лак
- Angle – овозможува задавање агол под кој се црта завршетокот
- Fill – вклучениот прекинувач овозможува пополнување на целата
мултилинија со боја.
- Color... – овозможува задавање на боја за пополнување на
мултилинијата.

______________________________________________________________________
28
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Цртање на 2D цртежи
Цртање на вашиот прв цртеж
-

Цртање на линии
Цртање на лаци
Одредување на точката за поместување и котирање
Селектирање на геометриските елементи
Мрежа од помошни точки-Grid

Избор на опцијата на наредбата
Многу наредби во AutoCAD имаат по неколку опции кои се
прикажуваат во Command-ниот прозор во форма на порака. Ќе ја
разгледаме наредбата Arc, за да го илустрираме форматот на промптот.
Нацртајте дупка чии ќошиња се заоблени со лак слика 5.

Слика 5
1. Кликнете во полето Draw на алатката Arc, ќе се прикаже пораката
Arc Center/<start point>:
Набљудувајте го промптот кој содржи две опции. Однапред определена е
опцијата во заградата, во овој случај <Start point>. Втората опција која ви
се нуди е опцијата Center, која ви кажува ако сакате лакот можете да го
започнете со точка која го претставува центарот на лакот наместо да
изберете почетна точка на лакот. Во колку ви се на располагање повеќе
опции тие ќе бидат прикажани во командниот прозор одвоени помеѓу себе
со коси цртки (/).
2. Внесете С за да ја одберете опцијата Center ќе се прикаже
промптот Center:
3. Одберете сега точка која ќе биде центар на лакот C(80,180), ќе се
прикаже промптот Start point:
4. Внесете 80,192.5, ќе се појави пораката Augle/Leught of chard
Endpoint.
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

29

Prira~nik za rabota

5. Како што стои во пораката на располагање ви се три опции.
Можете да внесете агол, должина на лакот или крајна точка на лакот.
6. Внесете A, за да ја одберете опцијата Angle. На промптот Included
angle внесете 90, за да нацртате 1/4 од лакот.
7. За да продолжите со понатамошната работа кликнете на алатката
Line, на пораката Line from point: притиснете Enter за да ја искористите
последната точка која е последна завршна точка на лакот.
8. Должината помеѓу центрите е 75, на промптот Length of Line:
внесете 75 Enter потоа повторно притиснете Enter, за да ја завршите
наредбата Line.
9. Наредниот лак мора да се нацрта така што неговата почетна точка
ќе биде крајната точка на линијата. Кликнете повторно Arc на промптот are
Center/<start point>: притиснете ↵ за да ја искористите крајната точка на
линијата. На промптот End Point: внесете @37.5, -37.5, за да креирате лак
со 37.5 единици должина и под агол од 90 степени.
10. Нацртајте линија која ќе започнува во крајната точка на лакот.
Внесете L, потоа повторно притиснете ↵, така да почетната точка на
линијата биде последна точка на лакот.
11. Должината на интервалот е 175 единици помеѓу центрите на
промптот Ленгхт оф лине: внесете 175, потоа повторно притиснете ↵ за да
ја завршите наредбата Лине.
12. Потребно е да се нацрта уште еден лак на крајот на оваа линија.
Кликнете Arc. На промптот Arc Centar/<Start Point>: притиснете ↵. На
промптот End point: внесете @37.5,37.5 ↵.
13. Продолжете со цртање, кликнете на алатката Line и притиснете
↵. Должината на интервалот е 75 единици: внесете 75. Притиснете уште
еднаш ↵ за да ја завршите наредбата Line.
14. Треба да нацртате уште еден лак на крајот на оваа линија.
Кликнете Arc и потоа на промптот End Point: внесете @-12.5,12.5 ↵.
15. Конечно ќе ја нацртате последната линија со која го завршувате
цртежот. Кликнете на алатката Line. На промптот From point: притиснете ↵
на барање Lenght of line: внесете 225 и притиснете два пати ↵.
Со оваа вежба стекнавте малку пракса при работа со Command-ниот
прозор на AutoCAD-от кој ви нуди опции во облик на промпт и внесување
на наредбите со тастатура, овие можности ќе ви бидат неопходни кога ќе
почнете да извршувате посложени операции.

Селектирање на AutoCAD објекти
Во повеќето од наредбите на AutoCad се јавува пораката Select object:
Кога ќе се појави оваа порака, курсорот ќе се промени во мал квадрат.
______________________________________________________________________
30
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Запознајте се со најчесто користените опции за селектирање во Auto CAD
и научете како да реагирате во колку направите грешка при селектирање
1.Изберете Move од палетата Modify.

2. Кога ќе се појави пораката Select object: кликнете на двете
хоризонтални линии од дупката која ја креирате во предходната вежба.
Објектот кој ќе биде избран ќе биде означен со испрекината линија.
3. Откако ќе го селектирате објектот можете да одлучите кои елементи
од објектот да ги отфрлите од селекцијата. Кликнете Undo. Забележувате
дека едната линија повеќе не е означена. Опцијата Undо поништува по
една наредба во обратен редослед од редоследот на селектирањето.

Пробајте друг метод на селектирање на група на објекти.
1. Друг начин за селектирање на објектите е тие да се сместат во
рамка (прозор). Внесете M ↵. Курсорот го менува обликот, а пораката
гласи:
Select objects:
2. Кликнете во точка која се наоѓа лево и долу во однос на дупката.
Додека го поместувате курсорот се прикажува рамка која се простира
преку целиот цртеж.
3. Кога со рамката ќе ги опфатите двата леви лока и двете
хоризонтални линии но не и двата десни лака кликнете со левиот тастер.
Двата леви лака долната хоризонтална и левата вертикална линија ќе
бидат обележани. Значи со прозорецот се селектираат само објектите кои
се опфатени целосно Сл. 6

Сл. 6

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

31

Prira~nik za rabota

4. Останатите лаци и линии можете да ги додадете така што ќе ги
кликнете со левиот тастер од маусот. Сега кога ја селектиравте целата
дупка притиснете ↵. Се појавува пораката Base point or displacement:
Видовте како се селектира во AutoCad но се наоѓате во средината на
наредбата Move. Понатаму ке ја разгледаме пораката во командата
линија и ке видите како се внесуваат основни точки и точките за
преместување.

Одредување точка на основата
Кога го поместувате или копирате објектот AutoCad бара да зададете
основни точки (basepoint), на AutoCad-от мора експлецитно да му се каже
од каде и до каде се преместува објектот. Основните точки ја
претставуваат точната позиција од која се одредува растојанието и
смерот на поместувањето.
1. За точно селектирање на основната точка, селектирањето на
точките треба да се врши , преку Osnap менито. Osnap менито се
повикува со наредбата: Tools, Object Snap Setings, ↵.
2. Од Osnap менито изберете ја позицијата Center.
3. Поместе го курсорот врз долниот лев лак. Кога ке се доближите до
лакот забележувате мала графика во вид на буквата X. Овој знак се
вика Osnap маркер.
4. Кога ке се појави Osnap маркерот не го поместувајте маусот неколку
секунди додека не се појави облачето со известување дека
AutoCAD - от ја селектирал таа osnap точка.

Слика 7
5. Притиснете го левиот тастер на маусот, за да го селектирате
центарот кој го означил osnap маркерот Слика 7. Во овој случај го
селектиравте центарот на лакот.
6. Кога ќе се појави пораката base point or displacement: second point of
displacement: кликнете на копчето From osnap.
______________________________________________________________________
32
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

7. Кога ќе се појави: from Base point: овој пат искористете ја опцијата
End point osnap. Кликнете на копчето End point од Osnap палетата
на алатки.
8. Поместете го курсорот над горната линија. Се прикажува маркер во
облик на квадратче. Кога маркерот ќе се појави над горната линија
притиснете го левиот тастер на маусот.
9. Сега можете да му кажете на AutoCAD-от на кое растојание на
аголот на основата сакате да го преместите центарот на лакот. На
пораката <offset>: внесете @ 30, -27.5 ↵.
Значи центарот го преместуваме за 30 единици десно и 27.5
единици под горниот лев агол.
Како што видовте Osnap опциите ви овозможуваат да ги селектирате
одредените точки на објектите. Во оваа вежба ги искористивте опциите
From, Center и Endpoint на располагање ви се и други опции.

Мрежа од помошни точки - Grid
Големо олеснување при цртањето претставува поставувањето на
мрежа од помошни точки со која корисникот има поголема ориентација во
цртежот. Мрежата од помошни точки може да се постави на различно
растојание во зависност од потребите на корисникот. Мрежата се користи
само како помошно средство и истата не се црта т.е прикажува при
дефинитивна презентација на цртежот на хартија. Мрежата се прикажува
само во границите на цртежот дефинирани при одредување на почетните
параметри на новиот цртеж (површината за цртање -Area).
Поставувањето на мрежата од помошни точки се врши со вклучување на
командата Grid од опцијата Drawing aids од менито Tools. Вклучувањето и
исклучувањето на мрежата може да се врши и со двоклик на иконата
GRID на статусната линија. Во просторот за внесување на податоци X и Y
Spacing се дефинира растојанието помеѓу точките по X и Y оските. Во
вашиот случај пополнете ги податоците како во прозорот Drawing Aids.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

33

Prira~nik za rabota

Наредби за модифицирање на елементите на цртежот
*Erase- ги селектирате објектите што сакате да ги бришете и што се
бришат а потоа кликнете на Enter.
*Move- еден или повеќе елементи од цртежот се пренесуваат на друго
место без да се променат.
Прво се избираат елементите, изборот се потврдува со Enter. Auto CAD
потоа бара да се внесе (избере) точка за која ке се зафатат елементите
при преместување, а потоа и втора точка на која ке се остават
елементите.
Со одредување на втората точка наредбата Move автоматски се
извршува.
*Copy - копирање на елементите, многу е слична со претходната наредба
само што сега се појавуваат новите елементи и новата локација
-Multiple- со примената на апликацијата Multiple можете да креирате
повеќе копии на истиот елемент и тоа во рамките на еден циклус на
наредбата Copy. Еве како функционира тоа: ќеја повикате наредбата за
копирање и ќе ги изберете саканите елементи. Откако ќе го потврдите
изборот, место да ја одредите почетната точка за копирање, ќе внесете М
од тастатурата. Со ова на AutoCAD му кажувате да ви овозможи да
продолжите со копирање на елементите така што ке ја покажете втората,
третата точка и останатите точки каде да се смести објектот. Со
притискање на десното копче од глушецот ја завршувате наредбата за
повеќекратно копирање.
______________________________________________________________________
34
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

*Miror- ни овозможува да генерираме нов објект како слика во огледало
во однос на постоечкиот. Затоа е потребно прво да се изберат елементите
кои сакате да ги пресликате по потврдување на изборот да се определи
правецот на симетралата, со внес на координатите на почетната и
крајната точка, уште при изборот на првата точка AutoCAD ви го покажува
идниот симетричен објект, а поместувањето на глушецот го прати
промената на положбата на новиот објект. Со внесување на втората точка
конечно се одредува правецот на симетрија, но новиот елемент на
цртежот уште не се појавува, Auto CAD ве прашува дали сакате да го
задржи објектот, основниот облик и при тоа ви нуди одговор No. Во колку
понудениот избор одговара со притискање на Enter ја завршувате
наредбата.
*Rotate- ви овозможува ротирање на елементите околу базната точка.
После повикување на наредбата и завршениот избор на елементите
потребно е да ја определите точката која ке биде центар на ротирање.
Аголот може да го покажете со глушецот или нумерички да внесете преку
тастатурата. При тоа треба да се води сметка за правецот на растење на
аголот.

*Strech- овозможува поместување на одбраните елементи на цртежот но
на таков начин тие да останат физички меѓусебно поврзани. Тука изборот
на елементите треба да се изврши од десно на лево. Во целост
опфатените елементи ќе се преселат, додека оние кои се делумно
избрани (зафатени) со наредбата Strech ќе се истегнат. По завршеното
селектирање потребно е да се покаже местото од каде и за колу сакате да
се истегне селектираниот дел на цртежот.
*Extend- со помош на наредбата Extend ги продолжувате линиите, или
лаците така да ги допрат другите нацртани елементи. По стартирањето на
наредбата Extend, прво треба да се одредат границите до каде ќе се
продолжат елементите и потоа притиснете Enter. Потоа изберете ги
линиите кои сакате да ги продолжите.
*Trim- наредбата Trim има спротивно значење од Extend. Се користи за
скратување при што како граница се користат другите нацртани елементи.
Прво е потребно да се изврши избор на елементите кои ке ја
претставуваат границата на скратување и по притискање на Ентер,
можете да ги прикажете деловите на линиите кои сакате да ги скратите.
Наредбата се завршува со притискање на десното копче на гушецот.
∗Break- се користи за бришење на еден дел на линијата , кружен лак или
кружница. За разлика од наредбата Erase која го брише целиот елемент,
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

35

Prira~nik za rabota

наредбата Break овозможува преку избор на две точки на елементот да го
одредите делот кој ќе го бришете.
По стартирање на наредбата Break AutoCAD ќе побара да се избере
елементот (поединечно бирање), а показната точка ќе ја прогласи веднаш
за место од каде што сакате да започне бришењето, со изборот на
втората точка делот од елементот се брише и наредбата завршува.
Во колку не сакате точката во која го извршивте избор да се користи за
место од каде ќе се почне со бришењето притиснете го знакот F на
тастатурата и процесот го варќате за чекор наназад и повторно изберете
ја првата а потоа и втората точка и со тоа наредбата завршува.
∗Offset- наредбата Offset овозможува генерирање на нови елементи кои
се наоѓаат на саканото растојание и при тоа се паралелни во однос на
оригиналот. По повикувањето на наредбата Offset потребно е да ја
внесете бројната вредност за растојанието, а потоа да го одберете
елементот кој сакате да се преслика. Потоа е потребно со левиот тастер
на маусот да ја покажете страната на која сакате да се појави новиот
елемент, AutoCAD ќе ја повторува наредбата се додека не притиснете
Enter. Ако не ви е позната точната бројна вредност на растојанието кое
треба да се примени можете да ја покажете на екранот или да ја
примените опцијата Through која ви овозможува да ја определите точката
низ која треба да помине новиот елемент. За избор на оваа опција
наместо внес на растојанието запишете во командниот простор Т, а
AutoCAD после селектирањето на елементот ќе ви побара да ја внесете
точката низ која поминува новата линија.
∗Scale- со наредбата Scale можете да ја менувате големината на
нанесениот елемент. По активирање на наредбата и изборот на
елементот на кој сакате да му ја смените големината, Auto CAD очекува
да ја внесете точката (која не ја менува положбата), потоа и внес на
факторот на размерот. Тоа е бројна вредност која може да биде поголема
или помала од еден (во зависност од тоа дали сакате да го зголемите или
намалите избраниот елемент).
∗Array- ви овозможува креирање на поголем број на копии на избраниот
дел на цртежот, при што копиите се распоредуваат во редици или колони,
или во круг околу зададениот центар. Оваа функција е нарочито згодна во
ситуации како што се на пр:распоредувањето на столчињата во кино
салата, или околу кружна маса. Еве неколку начини како се прави тоа.
-Rectangular Со примена на оваа опција ќе ви се овзможи копирање на
елементот столче) повеќе пати во неколку редови и колони.
Наредбата се повикува преку менито Modify и после потврдување на
избра-ните елементи со притискање на тастерот R на тастатурата ја
избирате опци-јата Rectaugular> Auto CAD потоа ќе ви побара во колку
______________________________________________________________________
36
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

редови (пр: 3) и колони, (пр: 5) сакате да се изврши копирањето. Во
продолжение на наредбата потребно е да го определите растојането
помеѓу новите објекти прво по редови а потоа по колони. Со внесување на
последната вредност Auto CAD ја извршува наредбата и на цртежот се
појавуваат новите елементи.
-Polar со примена на оваа опција ви се овозможува копирање на столчето
околу кружна маса. Наредбата Polar се повикува од паѓачкото мени Modify
и по потврдување на селектираниот елемент во командниот прозор
запишете P преку тастатура со што одредувате копирањето да се врши по
кружна патека. Понатаму е потребно да го изберете центарот околу кој ќе
бидат распоредени новите елементи. Во вашиот случај тоа ќе биде
центарот на масата т.е. на кружницата. Следниот параметар кој треба да
се одбере е бројот на елементите (пр: 6 - со тоа што во вкупниот број
влегува и почетниот објект) а потоа следи аголот кој треба да се
опфати.Понудената вредност од 3600 ви одговара и затоа потврдете ја со
притискање на тастерот Enter. Последното прашање кое AutoCad ви го
поставува се однесува на можноста при копирање новите објекти да се
заротираат за потребен агол, кое во конкретниов случај е пожелно, па со
повторно притискање на Enter ја потврдуваат ротацијата и ја завршуваат
наредбата.
*Leugthen- со оваа наредба можете да ја проверите должината на поедини
елементи како што се: линии, кружни лаци и сл. За прецизно одредување
на новата должина на објектот на располагање ви се следниве опции:
-Delta со оваа опција ви се овозможува промена врз основа на зададената
должина и тоа на следен начин. По повикување на наредбата Leugthen
(пр: Modify, Leug-then) во командниот прозор внесете DE со што ја
избирате оваа опција и AutoCAD тогаш ќе ви побара да ја внесете
бројната вредност за која сакате да го продолжите објектот. Ако внесете
негативна вредност објектот се скратува. Следува избор на елементите и
автоматска промена на должината на оној крај кој е поблиску до
покажаното место.
-Percent со примена на оваа опција должината на објектот се намалува
или зголемува за одреден процент. За промена на должината на
елементите на овој начин потребно е да запишете P со што ви е
овозможено задавање на саканиот процент на издолжување (ако внесете
вредност поголема од 100) или скратување (ако внесете вредност од
199) а потоа ги покажете објектите кои сакате да ги измените.
-Total со примена на оваа опција се овозможува промена на должината на
објектот на точно определена вредност. По повикување на наредбата
Lengthen и притисок на тастерот Т на тастатурата ја зададете неговата
целосната должина на елементите која ќе се примени по одбирањето на
истите.
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

37

Prira~nik za rabota

-Dynamic opcijata ovozmo`uva interektivna promena na dol`inata na
elementite so ednostavno pomestuvawe na mausot. Opcijava se
povikuva so pritisot na tasterite Dy tastaturata a potoa ovozmo`uva
na odbranite elementi interaktivno da im se promeni t.e. odredi
novata dol`ina.
 Filet
-Radius
-Poliline
Со примената на наредбата Fillet можете да извршите поврзување на
два елементи (пр. линиии, лаци и др.) на тој начин да се како елемент кој
ги поврзува и црта кружен лак со зададен радиус.
По стартирањето на наредбата потребно е едноставно да ги покажеме
двата елементи кои сакате да ги споите и веднаш ќе го видите резултатот.
За подобра контрола на оваа постапка можете да ги употребите следните
опции:
-Radius
При стартирањето на наредбата Fillet во командниот прозор ќе биде
испишан податокот за моменталната вредност на радиусот .
Ако оваа вредност не ви одговара притиснете го тастерот R на
тастатурата со што можете да ја определите опредената вредност на
радиусот R. Наредбата со тоа ќе биде завршена, а новиот радиус ќе ви
биде на располагање во моментот кога повторно ќе ја повикате наредбата
Fillet.
-Polyline За извршеното заоблување на сите агли кои ги имаат сложените
елементи како што на пр. Полилинија можете да се послужите со опцијата
Poliline.
Со притисок на тастерот P по стартирањето на наредбата AutoCAD ќе ви
овозможи избор на елементите и ќе изврши заоблување на сите елементи
одеднаш.
Chamfer
-Distance
-Angle
-Polyline
Намената на наредбата chamfer е слична со наредбата fillet се разликува
во тоа што овде наместо кружен лак за поврзување на елементите се
користи краток линиски сегмент. При тоа можете да ги користите следните
опции:
-Distance при стартувањето на наредбата Chamfer AutoCAD во
командниот прозор ќе ги испише актуелните податоци за вредноста на
првото и второто растојание (дистанца) за кое ќе биде извршено
скратувањето на линиите. За да ги промените овие вредности притиснете
______________________________________________________________________
38
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

на тастерот D на тастатурата при што ја повикувате опцијата Distance и
потоа внесете ги новите вредности .
Наредбата Chamfer со тоа се завршува, а променетите врдности можат
да се користат при повторно повикување на наредбата.
- Angle
Опцијата Angle исто така ја користите во функција на подесување на
параметрите за идна примена на основната наредба. Потебно е да го
притиснете тастерот А на тастатурата ја активирате опцијата и AutoCAD
ќе ви овозможи прво да ја одредите дистанцата (растојанието) за кое ќе
биде скратен прво избраниот елемент а потоа и аголот под кои ќе се
исцрта елементот на спојувањето. Повторната наредба Chamfer овие
параметри ќе ги користо при повторно повикување.
-Polyline
Кај сложените објекти, како што се на пр. полилинии можно е со
притискање на тастерот P на тастатурата да ја примените polyline
опцијата и на тој начин да извршите соборување на сите остри рабови на
елементот.

*

Цртање на закачалка
-

Подесување на работната површина
Одредување на единиците за цртање
Зголемување и намалување на погледот на Вашиот цртеж
Отсекување и правање на паралелни копии на објектот
Дотерување на цртежот со линии

Во овој дел ќе се запознаете со наредбите кои се користат најчесто
при цртањето на цртежите. При цртањето обрнете посебно внимание на
пораките во командниот прозор и како вашите одговори влијаат на
промптовите. AutoCAD ви нуди полно алатки за цртање како што се
алатките за линиите , кружниците, кружнилаци, текст, точти , полилинии ,
елипси и др.
Сега ке го примените стеканатото знаење. Во овој дел ќе го
нацртате погледот од напред на закачалката која е прикажана на
слика 8.
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

39

Prira~nik za rabota

Слика 8

Почнете со креирање на фајлот на кој ќе му дадете име Drzac.
1. Стартувајте го AutoCad-от, потоа изберете го системот на
единиците кои ќе ги користите на работната површина.
2. Изберете File, Save As.
3. Во дијалогот Save Drawing As внесете го името на фајлот Drzac.
4. Потрудете се цртежот да го сочувате во поддиректориумот
Samples, а потоа кликнете Save.
5. Кликнете на алатката Line од палетата на алатки Draw или внесете
L↵
6. Започнете ја линијата од точката (57.15, 50.8)
7. Поместете го курсорот во десно (модот ortho да биде вклучен) и
внесете 57.15.
8. Поместете го курсорот надолу, еластичната линија се поместува
вертикално внесете 31.75, потоа поместете го курсорот волево и
запишете 57.15 поместете го курсорот нагоре и запишете во
______________________________________________________________________
40
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

командниот прозор 31.75. Би требало да го добиете цртежот како
на слика 9.

Слика 9
За да продолжите со цртање на држачот ќе ја повикате алатката за
цртање на елипсата.
1. Кликнете на алатката Еlipse од палетата draw.

2. Кога ќе се прикаже промптот. Одберете ја средната точка на
долната хоризонтална линија од четириаголникот Слика 10.
Направете го тоа преку Osnap менито со избор на опцијата Midpoint.
Кога ќе се појави маркерот Midpoint osnap притиснете го левиот
тастер на маусот.

Слика10
3. Кога ќе се појави промтот поместете го курсорот нагоре и запишете
101.6
4. Одберете ја оваа точка како втора точка на елипсата.
5. Кога ке се појави пораката поместете го курсорот хоризонтално од
центарот на елипсата и внесете 28.575
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

41

Prira~nik za rabota

6. Изберете ја таа точка како широчина на елипсата. Вашиот цртеж би
требало да изгледа како цртеж прикажан на слика 11

Слика 11

Зголемување на изгледот
Додека цртате треба да ги зголемите деловите на цртежот за да
можете полесно да ги направите промените на објектот.
1. Кликнете на алатката Zoom window од палетата на алатките Standard

2. Кога ќе се појави пораката First corner: одберете точки лево и долу
испод цртежот и кликнете со левиот тастер на маусот.
3. Кога ке се појави промптот. First corner : Other corner: изберете точка
во горниот десен агол на цртежот така што подвижната рамка да го
опфати целиот цртеж. Ќе се зголеми изгледот на држачот Слика 12

______________________________________________________________________
42
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Слика 12

Измени на објектот
Погледнете сега како се користат наредбите за едитирање на
објектот. За да го дефинирате долниот дел на држачот, копирајте ги трите
линии за да ја дефинирате дебелината на долниот дел кој изнесува 3.175
единици на кај центарот.
1. Кликнете ја алатката copy object на алатката modify.

2. Кога ќе се појави промтот select object: изберете ја дolната
хоризонтална линија. Линијата е означена. Притиснете ↵ за да ја
потврдите селекцијата.
3. Кога ќе се појави промптот <Base point or displacement>/ Multiple
одбrете основна точка близу линијата и на промптот Second point of
displacement :
4. Внесете @ 3.175<90 ↵, за за да му кажете на АutoCad - от да ја
користи релативната позиција 3.175 единици одалечени во правец
под агол од 90 степени од основната точка.
5. Копирајте ги двете преостанати линии на четириаголникот
користејќи го овој метод. Треба да добиете цртеж како на Слика 13

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

43

Prira~nik za rabota

Слика13

Отсекување на објектот
Сега треба да ја поместите елипсата и да ги отстраните деловите
кои не ви се потербни. Употребете ја наредбата Trim за да ги остраните
деловите од елипсата.
1. Кликнете ја алатката Move од палетата на алатките Modify
2. Кога ќе се појави пораката Select object: кликнете ја елипсата било
каде, а потоа притиснете ↵ за да го потврдите селектирањето и
поминете на следниот чекор.
3. Кога ќе се појави пораката Base point or displacement, изберете
точка блиску до линијата.
4. Кога ќе се појави пораката Second point of displacement внесете
@ 19.05 < 270 ↵. Со тоа ја поместувате елипсата за 19.05 ACAD
единици надолу.
5. Кликнете на алатката Trim од палетата Modify

______________________________________________________________________
44
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

6. Кликнете ја горната линија на четериаголникот - линијата која
поминува низ елипсата и притиснете ↵ за да ја довршите
селекцијата.
7. Кога ќе се појави пораката Select object to Trim …….. одберете го
долниот дел на елипсата под линијата. На овој начин ќе ја отсечете
елипсата до линијата.
8. Притиснете го тастерот ↵ за да ја напуштите наредбата Trim.
Наредбата Trim е една од покорисните AutoCad-ови наредби која
бара две целини на објектот. Првата целина ги дефинира границите, а
втората целина објектите кои ги менувате. Можете да ги селектирате
објектите за да ја дефинирате границата на отсекување како објекти кои
треба да се отсечат. Следната вежба ќе ви покаже како се прави тоа:
1. Активирајте ја повторно алатката Trim од палетата на алатки Modify.
2. На барање select object: кликнете ги внатрешните линии кои порано
ги копиравте. Отсечете ги непотребните краеви на линиите за да
креирате правилен агол.
3. Притиснете го тастерот ↵ за да ја завршите селекцијата и поминете
на наредниот чекор.
4. Кога ќе се појави промптот Select object to trim/Project/Edge/Undo/;
кликнете го хоризонталниот дел на линијата која поминува преку
вертикалната линија. Линијата ќе се отсече. Направете го истото и
со линиите кои поминуваат под хоризонталната линија.
5. Притиснете го тастерот ↵ за да ја завршите селекцијата и поминете
на наредниот чекор. Притиснете го тастерот ↵ за да ја повикате
наредбата уште еднаш.
6. Кога ќе се појави промптот <Select object to trim>/Project/Edge/Undo/:
притиснете го тастерот ↵. На овој начин сите објекти постануваат
рабови за отсекување, така можете да извршувате отсекување на
селектираниот објект
7. Кликнете го крајот на хоризонталната линија која поминува преку
десната хоризонтална линија. Цртежот треба да изгледа како на
Слика 14
8. Притиснете ја типката ↵ за да ја напуштите наредбата Trim.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

45

Prira~nik za rabota

Слика 14
Сега ќе ја поместите горната хоризонтална линија на четириаголникот
надолу за 6.35 единици и ќе ја искористите за отсекување на внатрешните
вертикални линии (и хоризонталната линија помеѓу двете вертикални
линии).
1. Изберете ја алатката Move од палетата на алатката Modify.
2. Кога ќе се појави промптот Select object: изберете ја горната
хоризонтална линија и притиснете ↵ за да ја завршите селекцијата
на составот (целината).
3. Кога ќе се појави промптот Base point or displacement одберете ја
точката блиску до линијата , а кога ќе се појави промптот point or
displacement внесете @ 6.35<270. Со оваа му кажувате на AutoCADот да ја помести горната хоризонтална линија за 6.35 ACAD
единици надолу. Вашиот цртеж би требало да изгледа како на сл
15.

______________________________________________________________________
46
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Слика 15
4. Повторно изберете ја алатката Trim од палетата Modify
5. Кога ќе се појави промптот Select object притиснете ↵ за да го
искористите методот AutoSelect.
6. Изберете ја хоризонталната линија која се наоѓа помеѓу двете
вертикални линии за да ја отсечете. Потоа селектирајте ги краевите
на левата и десната вертикална линија. Вашиот цртеж би требало
да изгледа како на слика 16
7. Притиснете ↵ за да ја напуштите наредбата Trim.

Слика 16
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

47

Prira~nik za rabota

Потоа ќе нацртате дупка и ќе направите нејзина копија.
1. Одберете ја наредбата Line од палетата на алатки Draw.
2. Кога ќе се појави промптот Line from point од Osnap палетата на
алатки изберета ја опцијата Midpoint, курсорот доближете го до
средината на долната хоризонтална линија и кликнете со левиот
тастер од маусот.
3. На промптот To point поместете го курсорот нагоре, (модот ortho да
е вклучен) и запишете 22.225 ↵. Така го определивте центарот на
дупката.
4. Одберете ја наредбата Circle од палетата Draw. На барањето Circle
3P/2P/TTR/ <CenterPoint> поставете го курсорот во точката која
претходно ја избравте за центар на кружницата и кликнете со
левата типка на маусот.
5. На промптот Diameter/<Radius> внесете d ↵ за дијаметар , а на
промптот Dijametar внесете 13.462 ↵
6. Одберете ја алатката Copy од палетата на алатки Modify. На
промптот Select object: селектирајте ја кружницата а потоа
притиснете ↵
7. На промптот <Base point or displacement>/multiple/: изберете точка
блиску до кружницата, на промтот second poin of displacement:
внесете @ 41.275>90 вашиот цртеж е завршен, уште острите агли
на долната страна да се заоблат т.е. да се остранат острите
рабови. Делот би требало да изгледа како на Сл. 17.

Слика 17
За да се направи тоа треба да ја употребите наредбата Fillet (од палетата
на алатки Modify). Наредбата Fillet ви овозможува да извршите спојување
______________________________________________________________________
48
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

на линии и лаци, можете да додадете и радиус на местото на спојување,
така да се добие рамен премин од лак на лак и линија на линија.
1. Кликнете на алатката Fillet од палетата Modify или внесете f ↵.

2. На промптот Polyline / Radius / Trim < Select first objects> имате можност
да внесете 12.7 ↵ што ви овозможува да го подесите радиусот на
саканата вредност. Вредноста која се наоѓа <во овие загради> за
радиусот е последна вредност која сте ја користеле и тоа е однапред
определена вредност.
3. Запишете R ↵ и на промптот Enter fillet radius <12,00>: Внесете 12.7 ↵
за да извршите заоблување на внатрешните рабови. По притискање на
↵ извршувањето на наредбата Fillet ќе запре; треба повторно да
притиснете ↵, за да ја повикате повторно и да го извршите
заоблувањето.
4. Притиснете го копчето ↵, за повторно да ја повикате наредбата Fillet;
сега изберете ги двете внатрешни линии. Лакот ќе ги спои линиите.
5. Повторно притиснете ↵ и направете го вториот внатрешен агол.
6. Кликнете го копчето ↵ , за повторно да ја повикате наредбата Fillet. На
промптот Polyline / Radius / Trim / < select first object>: внесете R ↵. На
промптот Enter fillet radius <12.70>: внесете 15.875 ↵ .
7. Кликнете на копчето ↵ , за повторно да ја повикате наредбата Fillet; во
овој случај одберете ги двете надворешни линии на аголот. Лакот ќе се
спои при што ги отсекува линиите.
8. Вашиот цртеж би требало да изгледа како цртежот на Сл. 18. Зачувајте
го фајлот Drzac.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

49

Prira~nik za rabota

Сл. 18

Планирање и дизајнирање на цртежот
Креирајте уште еден држач кој ќе изгледа како цртежот на слика 19 (но без
котирање). Ќе ги искористите само деловите кои се исти и ќе креирате
само нови геометриски облици. Да видиме како ќе ја нацртаме новата
верзија на држачот.
1. Вратете се на погледот прикажан на слика 18. За да го направите
тоа што побргу кликнете на алатот Zoom previous или одберете
View, Zoom, Previous. Новиот изглед ќе го започнеме со копирање
на моменталниот изглед на цртежот.
2. Вклучете го модот Snap со притискање на тастерот F9.
3. Внесете cp ↵ . Кога ќе се појави промптот select objects: ставете го
целиот цртеж во прозор, или внесете all ↵. Ќе видите дека целиот
држач е означен. Притиснете ↵ за да ја завршите селекцијата.

______________________________________________________________________
50
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Слика 19
4. На промптот <base point or displacement>/multiple: одберете точка
блиску до објектот.
5. Кога ќе се појави промптот second point of displacement: проверете
дали е модот ORTHO активен (ако не е, активирајте го) и поместете
го курсорот во десно. Внесете 101.6, и потоа кликнете со десниот
тастер на маусот, за да ја направите копијата на држачот 101.6
единици во десно од оригиналот.
Копиите ќе се разликуваат во тоа што елипсите ќе се заменат со
лаци. Сега ќе нацртате еден голем лак. Лакот ќе ја допира едната
страна и ќе биде 25.4 единици над подножјето (дното) на држачот.
Нема да ја знаете точната должина на лакот, затоа ќе нацртате
подолг лак кој подоцна ќе го отсечете.
1. Од палетата на алатот Draw кликнете ја алатката Arc, или внесете
a↵.

2. Кога ќе се појави промптот _arc center /<start point>/: кликнете на
алатката end point Osnap. Потоа изберете ја последната точка на
десната страна на елипсата.
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

51

Prira~nik za rabota

3. На промптот Center/End/<second point>: внесете ce ↵, а на промптот
center: внесете @101.6<180 ↵.
4. На промптот angle/leggth of chord/<end point>: Внесете а ↵. На
промптот /icluded angle: внесете 40 ↵ , за да го нацртате лакот кој го
допира крајот на елипсата, и завршува на 40º.
5. Повторете ја постапката за вториот лак. Внесете а ↵. Кога ќе се
појави промптот Arc center/<start point>: изберете ја опцијата
Еndpoint osnap. Потоа одберете ја левата крајна точка на елипсата.
6. На промптот Center/end/<Second point>: Внесете ce ↵. На промптот
Center внесете @101.6 <0
7. На промптот Angle/ Length of chord /<End point>: внесете а ↵. На
промптот Included angle: внесете - 40 ↵, за да го нацртате почетокот
на лакот кој го допира крајот на елипсата и завршува на 40°. Знакот
минус (-) е потребен затоа што AutoCAD го црта лакот во смер
обратен од стрелките на часовникот, со исклучок ако не го
промените смерот во дијалогот Drawing Units. Вашиот цртеж би
требало да изгледа како цртежот на Сл. 20.

Слика 20
Можете да го употребите горниот дел на елипсата за да ја лоцирате
кружницата. Кружницата после отсечувањето ќе биде нов лак на врвот од
држачот. Пожелно е да го зголемите изгледот, за да видите што се
случува и да можете прецизно да ги избирате точките.
1. Внесете z ↵ .
2. Кога ќе се појават Zoom опциите, внесете Е ↵ , за да ја изберете
опцијата Extents.

______________________________________________________________________
52
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

3. Внесете C ↵ и на промптот Circle 3P/2P/TTR/<Center point>: внесете
2p ↵ , за да ја нацртате кружницата користејќи ги двете точки на
дијаметарот.
4. На промптот First point on diameter: внесете qua ↵, за да го
употребите Quadrant Object Snap.
5. Кога ќе се појави промптот of:, изберете точка блиску до врвот на
елипсата. Квадрат маркерот ќе се покаже кога ќе се доближите до
врвот на елипсата.
6. На промптот second point on diameter: внесете @ 84.734<270 ↵.
Дијаметрот е 84.734, а смерот право надолу. Вашиот цртеж би
требало да изгледа како цртежот на Слика 21.

Слика 21
7. Сочувајте го фајлот Drzac.
Елипсата ја искористивме за osnap точките на новите лаци. Сега
можете да ја отстраните елипсата.
1. Внесете Е ↵ за да ја повикате наредбата ERASE.
2. Изберете ја елипсата и притиснете го копчето ↵ за да ја завршите
наредбата.
Отсечете ги двата лака и кружницата помеѓу себе.
1. Внесете tr ↵ за да ја повикате наредбата Trim: селектирајте ги двата
лака и кружницата за да ги отсечете рабовите.
2. Кликнете на кружницата надвор од лаците. Кружницата ќе биде
отсечена до лаците.
3. Кликнете на горните краеви на лаците. Лаците ќе се отсечат до
линијата која беше дел на кружницата.
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

53

Prira~nik za rabota

Планирање
Алатката Offset од палетата на алатки Modify ви овозможува да
направите паралелни копии на целиот објект. Кога ќе се помести лакот,
радиусот се зголемува или намалува за даденото растојание. Центрите на
новите и старите лаци се во иста точка, како и аглите на новиот и стариот
лак. Кога ќе се помести линијата таа е паралелна и со иста должина како
старата линија. Опцијата Offset не може да се користи за сите типови на
објектот, туку само за линии, лаци, кружници, елипси и 2D полилинии.
Продолжете со цртање на држачот.
1. Кликнете на алатката Offset од палетата Modify или внесете Offset↵.
2. На промптот Offset distance or Through <Through>: внесете 6.35 ↵.
На овој начин го дефиниравте растојанието од 6.35 единици кое
одговара на радиусот на заоблувањето на делот на држачот.
3. Кога ќе се појави промптот select object to Offset: кликнете на
десниот крај на лакот.
4. Кога ќе се појави промптот side to offset? изберете точка од левата
страна на десниот лак. Ќе се покаже копијата на лакот. Не морате
прецизно да ја кликнете страната; AutoCAD само сака да знае на
која страна сакате да ја направите копијата.
5. Повторно ќе се појави промптот Select object to offset: Кликнете го
горниот лак и одберете точка под лакот, за да го креирате новиот
лак. Ќе добиете цртеж кој одговара на цртежот на Слика 22.
6. Кога ќе завршите, напуштете ја наредбата Offset со притискање на
тастерот ↵.

Слика 22
______________________________________________________________________
54
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Користење на скици
Нацртавте два лака кои ќе ви помогнат за определување на
центарот на кружницата која ги допира двата лака. Нацртајте кружница,
потоа отсечете ги двата лака и кружницата за да добиете заоблен агол.
1. Изберете Draw, Circle, Center, Radius, или внесете c ↵, на промптот
circle 3P/2P/TTR/<center point>: внесете int за да употребите
intersection Osnap .
2. Поместете го курсорот блиску до пресекот на двата внатрешни лака
така да се појави маркерот на пресекот. Изберете ја таа точка. На
промптот of Diameter/<Radius>: внесете 6.35↵
3. Зголемете го изгледот на делот. Поместете го курсорот блиску до
кружницата и лаците и опфатете ги во рамка но пред тоа кликнете
на Zoom Window алатката. Вашиот поглед би требало да изгледа
како на Слика 23.

Слика. 23
4. Внесете е ↵, за да ја повикате наредбата Erase, изберете ги
внатрешните лаци кои ги користевте за одредување на центарот на
кружницата, а потоа притиснете го тастерот ↵ .
5. Внесете Tr ↵, за да ја повикате наредбата Trim, и изберете ги двата
лака и кружницата кога ќе се појави пораката Select objects:
6. Погледнете ја сликата 24, за да ги одберете деловите на долниот
дел од кружницата ; потоа кликнете го вертикалниот лак блиску до
горниот крај.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

55

Prira~nik za rabota

Слика. 24

Завршна обработка
Сега ќе ја употребите алатката Fillet, за да ја извршите истата
работа како предходно. Еден начин за рашавање на проблемот во
AutoCAD , не значи дека е подобар од другиот, но некои методи се побрзи
од другите.
1. Внесете f ↵, а на промптот Polyline/Radius/Trim/<Select first object>:
внесете R ↵.
2. На промптот Enter fillet radius <12.70>: внесете 6.35 ↵ за вредноста
на радиусот на заоблувањето на рабовите.
3. Притиснете повторно ↵, за да ја повикате наредбата Fillet. Кога ќе
се појави промптот Polyline/Radius/Trim/<Select first object>:
изберете ги лаците горе лево. AutoCAD ќе нацрта нов лак кој ќе ги
допира двата лака со радиус од 6.35 единици. Вашиот цртеж е сега
комплетен и би требало да изгледа како на Слика. 25.
4. Сочувајте го цртежот и затворете го AutoCAD-от.

Слика. 25
______________________________________________________________________
56
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Испишување текст на цртежот
По потреба во тековниот цртеж може да се креираат неограничен
број стилови на испишување. Во секој цртеж постои текстуален стил со
име Standard.

Особини на секој стил се: назив на новиот текстуален стил (анг. text
stule name) фонт кој му се доделува на стилот, висина на буквите (анг.
height) факторот на деформација на бквите по ширина (анг. width factor),
агол на закосување на буквите (анг. obliquing angle), можност за
испишување на буквите оддесно налево (анг. backwards), испишување
одозгора надолу (анг. vertical), или вртење на буквите "наглавечки" (анг.
upside-down). Се препорачува името на стилот да асоцира на намената на
испишувањето (на пр. наслов, легенда, котирање, забелешки и сл.).
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

57

Prira~nik za rabota

Фонтот со кој се испишува во текстуалниот стил се одбира преку
стандардниот фајл дијалог прозор.
Пример: Зададете ја наредбата STYLE (паѓачкото мени Format>Text
Style...). Во дијалог прозорот Text Style клкнете на типката New... и во
полето за едитирање напишете го името на стилот (во примеров) STIL1
кликнете на типката ОК и задајте ги параметрите како во прозорот Text
style: на паѓачкиот список Font Name: изберете го фонтот MAC C Swiss.
Стилот на испишување на буквите е regular (паѓачкиот список Font Style),
висината на буквите е 0 AutoCAD единици (height), факторот на ширината
на буквата е 1 (анг. Width Factor) и агол на наклонување на буквите (анг.
Oblique Angle) е 15 степени. Кликнете на типката Close.
Висина на текстот земете 10, а агол на ротацијата земете 23 степени.
Содржина на текстот е ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР. Текстот не се гледа на
едиторот за цртање се додека не се притисне типката Enter.
Пример:
Command: TEXT
Justify/Style/<Start Point>: (Зададете ја точката на вметнување на текстот)
Height <0>: 10 Enter
Rotation angle <0> 23 Enter
Text: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР Enter .

Задајте ја наредбата DTEXT. Точката на вметнување задајте ја со
курсорот. Висина на текстот земете 15 и агол на ротација 0 степени.
Содржината на текстот е ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ. Отчуканиот текст се гледа
во едиторот за цртање. Ако се притисне типката Enter се преминува на
нов ред. Активната позиција на текстот е поставена со голема буква I:
Command: DTEXT, Enter
Justify/Style/<Start point>: (задајте ја точката на вметнување на текстот)
Height <0>:15 Enter
Rotation angle <0>: 0 Enter
Text: ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ
Со двапати притискање на Enter се завршува наредбата.
______________________________________________________________________
58
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Параграф текст
Со наредбата MTEXT можно е цртање на параграф текст. Со оваа
наредба текстот се испишува во дијалог прозорот Multiline Text Editor, а со
наредбата -MTEXT текстот се испишува на командната линија. Текстот во
параграф е дефиниран со големината на параграфот (големината на
првоаголникот), може да биде поравнет на повеќе начини и испишан со
различни фонтови, боја и висина на буквите.
Задајте ја наредбата MTEXT. AutoCAD на командната линија
покажува пораки за тековниот стил на испишување и висина на текстот.
По задавањето на почетната точка на параграфот можно е да се зададе
една од опциите за подесување на особините на параграф текстот: Height
- висина на текстот; Jystify - овозможува поравнување на текстот во однос
на една или две зададени точки; Rotation - задавање на агол на ротирање
на параграф текстот во однос на една зададена почетна точка и нултата
насока и насоката на растење на аголот; Style - задавање на тековниот
текстуален стил; Width - задавање ширина на параграфот. По задавање
на дијагонално спротивната точка, на параграфот се покажува дијалог
прозорот Multiline Text Editor. Во средишниот дел на дијалог прозорот
испишете го истиот текст со параметри како на сликата. Промените на
особините на карактерите задавајте ги преку паѓачките списоци.
Command: MTEXT Enter
Current text style: STIL1. Text height: 10
Specify first corner: T1, Enter
Secify oposite corner or (Height/Justify/Rotation/Style/Width) @250,50 Enter

Корекции на параграф текст
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

59

Prira~nik za rabota

Промена на ширина на параграфот задајте ја преку картичката
Properties, паѓачкиот список Width- Впишете го бројот 400. Промена на
бојата на селектираните карактери извршете ја преку картичката
Character, паѓачкиот список Bylayer. Карактерите селектирајте ги со
зацртување. Подцртување на селектирани карактери извршете го со
кликнување на типката со потцртана буква U. Задебелување на карактери
извршете го преку тастерот со здебелена буква B. Промена на висината
на буквите задајте ја преку паѓачкиот список за висина. Селектирани
броеви можат да се прикажат како дропка со притискање на типката a/b.
Параметрите на параграфот можат да се сменат преку картичката
Propperties, а пребарување и промена на некој збор преку каричката
Find/Replace. Со притискање на типката ОК, параграф текстот се префрла
во просторот за цртање.

Шрафирање
Наредбите со кои може да се шрафира се BHATCH и HATCH, или
ако се пишува на командната линија со –bhatch и –hatch. Нацртаната
шрафура е објект од типот "hatch". Површината која се шрафира мора да
биде во затворена контура. Со наредбата BHATCH се дефинираат
параметрите на шрафурата, се дефинира површината која се шрафира и
се исцртува шрафурата. Шрафурата може да биде асоцијативна и тогаш
ја прати промената на геометријата на пресекот. Можни се два начина за
дефинирање на површината на шрафурата:
Првиот начин е со задавање на внатрешна точка, типката "Pick
Points <" врз основа на која AutoCAD ја препознава затворената контура
која се шрафира и сите затворени контури (islands) во неа. Може да се
дефинираат повеќе контури со задавање на повеќе внатрешни точки.
Вториот начин на дефинирање на површината за шрафирање е со помош
на типката "Select Objects <" со селектирање на затворени контури, кои
можат да бидат кружници, полилинии, региони или елипси. Во колку
контурата не е затворена AutoCAD дава порака за грешка.

Примери за шрафирање
Пример 1.
Отворете нов цртеж со име Srafura1.
Креирајте ниво srafura.
Нацртајте го цртежот на Слика.26
Нивото srafura направете го активно
______________________________________________________________________
60
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Слика 26
Активирајте ја наредбата BHATCH и во дијалог прозорот подесете
ги параметрите како на прозорот Boundary Hatch

Сега кликнете на типката Pick Points < и задајте ги со глувчето
точките Т1, Т2, Т3 и Т4 кои се во затворените контури кои треба да се
шрафираат. Во дијалог прозорот Boundary Hatch обавезно притиснете на
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

61

Prira~nik za rabota

типката Preview Hatch < со што привремено излегувате од дијалог
прозорот и правите визуелна проверка како ќе боде исшрафирана
површината. Со притискање на типката Continue се враќате во дијалог
прозорот Boundary Hatch. Ако изгледот на шрафурата задоволува
притиснете на типката Apply, со што се излегува од дијалог прозорот и се
исцртува шрафурата (види Слика.27).
Шрафурата е блок (симбол) и за да се корегира еден нејзин дел
потребно е претходно шрафурата да се разбие со наредбата EXPLODE.
Поништувањето на исцртаната шрафура можно е со наредбата UNDO или
U.

Особини на нацртаната шрафура
Особини на нацртана шрафура се променуваат со наредбата
HATCHEDIT. После селектирањето на една шрафура може да се промени:
тип на шрафурата, размерата, аголот и разбивање на шрафурата.
Доколку во тековниот цртеж постои шрафура чии особини сакаме да ги
искористиме треба да се притисне на типката Inherit Properties < и да се
селектира таа шрафура.

Слика 27

______________________________________________________________________
62
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Задајте ја наредбата HATCHEDIT. Во дијалог прозорецот задајте ги
параметрите како во дијалог прозорот. Ако во претходниот пример имавте
готова шрагура (ansi131), овде креираме своја шрафура. Во полето
Patern, од пагачкиот список одбрано е User Defined (креирање своја
шрафура), каде аголот е 45, растојанието 4 и земено е да е во двете
насоки (двојна).

Овде обавезно притиснете Preview Hatch < за да проверите како ќе
изгледа новата шрафура, па дури потоа притиснете на типката Apply за да
се исцрта шрафурата (види Сл.28).

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

63

Prira~nik za rabota

Слика 28

Кориснички симболи-блокови
Група на елементите поврзани во единствена целина се викаат
блокови. Блоковите имаат намена да послужат за иста цел како и
шаблоните т.е. цртањето на типските елементи кои доста често се
повторуваат да го забрзаат и сведат на едоставен и побрз внес во новиот
цртеж од порано подготвената база.
Bmake
- Base
Ddinsert
- Wblock
Bmake наредбата ја користите за креирање на блокови. Можете да
ја повикате преку Draw, Block менито со избор на опцијата, Make при што
на екранот ќе се појави Block Definition Dialog Box со следниве опции:

______________________________________________________________________
64
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

-

Block name
Base point
Select object
List block name
Retain objects

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

65

Prira~nik za rabota

- Block name - во ова поле се запишува името на блокот, кое е
пожелно да биде логично. Во него запишете block 1.
- Base point- избор на базната точка, која ќе се користи при неговото
внесување на цртежот.
Најчесто базна точка на цртежот се внесува интерактивно со
покажување на екранот, т.е. по кликнување на копчето Select Point со
маусот се покажува местото на базната точка и се кликнува со
левиот тастер.
- Select object- Со изборот на копчето Select Object влегувате во фаза
кога е потребно да ги одредите елементите на цртежот кои ќе влезат
во состав на идниот блок
- List block name- Со избор на ова копче се појавува нов прозор со
листата на имињата на порано дефинираните блокови.
- Retain objects
При дефинирањето на новиот блок можете да изберете две
можности и тоа: сите елементи кои влегуваат во блокот да останат на
своите места или да се отстранат од цртежот и во иднина да се
појавуваат само во рамките на внесените симболи. За тоа служи опцијата
Retain objects. Ако се одлучите да ги задржите објектите независни, треба
полето да остане маркирано, но подобро е оваа опција да се исклучи и во
иднина со блокот да се работи како со целина.
- Base
Auto CAD овозможува целиот цртеж да се користи како блок во
рамките на некој друг, посложен цртеж. При тоа е можно да се одреди
референтна точка за внес која подоцна ќе ни служи за одредување на
точната положба на новиот цртеж. За тоа ја користиме наредбата Base.
Пр. Draw, Block, Base ↵.
Наредбата Base бара едноставен внес на кординатите на идната
(следната) референтна точка, што можете да ја внесеме нумерички со
помош на тастатурата или со едноставно покажување на екранот. Ако
цртежот го употребите без претходно да му ја дефинирате базната точка,
за негов внес ќе биде користен координатен почеток.
Ddinsert
Наредбата Ddinsert се користи за внес на порано дефинираните
симболи на саканото место во рамките на тековниот цртеж. Се повикува
преку паѓачкото мени Insert, Block, при што на екранот се појавува дијалог
прозорецот Insert, кој служи за одредување на останатите неопходни
параметри:

______________________________________________________________________
66
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

- Block
- Options
- Explode
Block - на горната страна на прозорецот се наоѓа полето во кое
треба да се внесе името на блокот во колку го знаеме. Ако не сте сигурни
кои се симболи ги имате на располагање, со изборот на копчето Block ја
добивате листата на дефинираните блокови од која на лесен начин со
двоклик на левиот тастер на маусот може да се избере саканиот блок.
Покрај симболите кои ви се на располагање во рамките на цртежот,
постои можност како блок да се искористи и било кој екстерен цртеж.
Цртежот го пронаоѓаме ако со левиот тастер на маусот кликнете и го
изберете копчето File и го активирате диалогот за пребарување на
содржината на фолдерите и конечен избор на цртеж.
Options - Во рамките на групата Options може да се определат
преостанатите параметри како што се координатната точка за внес на
блокот Insertion Point размерот по главните координатни оски (Scale), и
аголот за кој треба да се ротира блокот (Rotation). Tреба да се напомене
дека полињата за наведениот внес се недостапни се додека не се кликне
(одмаркира) полето ”Specify Parameters on Screan”, кога е маркирана оваа
опција се подразбира интерактивен избор директно на екранот. За
конечен внес треба да се кликне OK, се губи Dialog Box и на екранот се
појавува избраниот блок. Тогаш можете со едноставно поместување на
маусот со примена на Osnap критериумите го одредите точното место на
внесот на блокот.
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

67

Prira~nik za rabota

Следен чекор е избор на размерот по X и Y правците. Со
кликнување двапати со
десниот тастер од маусот се потврдува
нормалната големина на блокот.
Последен чекор при вметнување на симболите е одредувањето на
аголот на ротирање. Вредноста која се подразбира е ( 0) и таа треба да се
прифати со притискање на десниот тастер од маусот. Со ова постапката
за внесување се завршува и на екранот се појавува новиот елемент.
Explode- Напоменавме дека внесените блокови на цртежот се
третираат како целина, што ни овозможува едноставно поместување или
бришење но ја исклучува можноста за измена на елементите кои
влегуваат во нивниот состав. Ако сакате да направите измени потребно е
да ја примените наредбата ”Explode”.
Наредба Wblock
Бидејки блоковите се составен дел на тековниот цртеж, тие можат
да се користат само во тековниот цртеж. Во колку има потреба некој блок
да го користиме и во други цртежи треба да го креирате со наредбата
Wblock. Со оваа, блокот ќе биде запишан како засебен цртеж на дискот
од каде може да го вметнуваме во било кој цртеж.
Од паѓачкото мени File одберете Export. Ќе се појави дијалог
прозорец Export Data.

Во полето Save as type од листата изберете Block(*dwg), а во
полето File name запишете го името на новиот блок, и потоа притиснете го
копчето Save. Во командниот прозор се појавува прашањето за името на
блокот одговорете со ↵. Потоа следува прашањето: Insertion base point
(внесете базна точка), откако ќе внесете базна точка се појавува пораката
Select objects: (селектирајте ги објектите кои ќе го сочинуваат новиот блок
цртеж) и ↵.
Вака креиран DWG фајл-цртеж, може да се вметнува во било кој
цртеж. За да се уверите во ова отворете нов цртеж и вметнете го
новокреираниот DWG фајл blok_2 вака. Преку паѓачкото мени Insert
Block се добива прозорецот Insert кликнете на File ќе се отвори
______________________________________________________________________
68
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

прозорецот Select Drawing File, во фолдерите ќе го пронајдете бараниот
фајл block_2 и кликнете на него.

Повторно ќе се вратите на дијалог прозорецот Insert. Овде вклучете
го прекинувачот Specify Parameters on Screen, а исклучете го прекинувачот
Explode. По притискање на OK AutoCAD во просторот за цртање го
прикажува цртежот blok_2, а покажувачот го врзува за базата
(инсерциона) точка. Задолжително е да се зададе каде ќе биде
инсерционата точка, факторите за скалирање по X, Y оските и аголот на
ротација. Со ова цртежот block_2 ќе биде вметнат во новиот цртеж.
Секој цртеж си има своја референтна (базна) точка. Ако оваа точка
не е зададена AutoCAD ја зема точката 0,0. Со наредбата Base може да
се промени референтната точка.

Котирање
Котирањето во AutoCAD е сместено на посебен Tool Bar и посебно
паѓачко мени. При котирањето АutoCAD врз основа на зададените точки
или димензии на избраниот објект, го мери растојанието измеѓу
зададените почетни точки (кај линеарните коти) или ги испитува
податоците за селектираниот објект (котирање на дијаметри, радиуси,
површина и сл.), а потоа тоа растојание го нуди како вредност за котниот
текст. Покрај наредбите за цртање на котите, постојат и наредби за
корекција на геометријата на котата, содржина на котниот текст,
подесување и манипулација со стилот на котирањето. Услов за
квалитетно котирање е прецизно и точно цртање.
Пред почнување на секое котирање потребно е:
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

69

Prira~nik za rabota

Подесување на параметрите или да се избере тековниот стил на
котирањето.
Да се подеси тековното ниво (layer) каде ќе се цртаат котите.
По потреба да се фиксира постојан osnap критериум.
Сите наредби за котирање се наоѓаат во Tool Bar–от Dimension, паѓачкото
мени Dimension или екранското мени DIMENSION.

Елементи на котата
Котата се состои од: котна линија (Dimension Line), помошни котни
линии (Extension Line), котни маркери (arrowheads), котен текст (Dimension
Text) и точки за дефинирање на котата (defpoints).
Котните маркери можат да бидат: стрелки, цртички, крукчиња
(точки) и други објекти запишани како кориснички симболи (блокови).
Пред секое котирање неопходно е да се подеси стилот на
котирањето. Тоа значи да се подеси котирањето во склад со стандардите
на земјата каде ќе се користи цртежот. Во еден цртеж можат да се
подесат неограничен број на стилови и тоа како за поединечни коти, исто
така и за цели фамилии од коти.
Општа фамилија на коти е Parent. Во неа се дефинираат
параметрите за сите фамилии. Подфамилии на коти се линеарните коти
(Linear), котирање на полупречници (Radius), котирање на агли (Angular),
котирање на дијаметри (Diameter), координатно котирање (Ordinate),
показни линии (Leader).

______________________________________________________________________
70
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

За секоја подфамилија можно е да се подесат параметрите на
стилот на котирањето во рамките на зададениот стил. Стилот на
котирање се повикува преку паѓачкото мени Dimension / Style, или на
командната линија да се напише наредбата DDIM. На екранот ќе се појави
дијалог прозорот Dimension Style.
Елементите на овој прозор се:
Во полето Dimension Style се наоѓаат следните елементи:
Current – го прикажува и дозволува да се зададе тековниот стил на
котирање
Name – овозможува да се зададе име на тековниот стил на котирање
Save – овозможува да се запише тековниот стил под зададеното име. Во
колку се вршат промени во постоечки стил, пред името се појавува
префиксот „+".
Rename – овозможува да се смени името на избраниот стил на котирање.
Во полето Family ако е вклучен прекинувачот се овозможува подесување
на котниот стил на фамилијата или подфамилијата:
Parent – овозможува дефинирање на параметрите на сите видови коти
Linear – подесување на котниот стил за линеарните коти
Radial – подесување на котниот стил за котирање на радиуси
Angular – подесување на котниот стил за аглови коти
Diameter – подесување на котниот стил за дијаметри
Ordinate – подесување на котниот стил за координатно котирање
Leader – подесување на котниот стил за показните линии
Geometry... – го повикува дијалог прозорот Geometry во кој може да се
дефинираат: изгледот на котната линија, помошно котните линии, котните
маркери и означување на центар на кружници, елипси и кружни лаци.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

71

Prira~nik za rabota

Format... – го повикува дијалог прозорот Format каде може да се подесат
положбата на котниот текст во однос на котната линија и помошно котните
линии.

______________________________________________________________________
72
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Annotation... – го повикува дијалог прозорот Annotation каде може да се
дефинира изгледот на котниот текст.
Help... – ја повикува наредбата Help (помош).

Пример за котирање
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

73

Prira~nik za rabota

Нацртајте го цртежот на слика 29. Дефинирајте две нивоа за цртање
(Layeri) со имиња kotirawe1 и ниво kotirawe2. На ниво kotirawe1 одберете
црвена боја, а на ниво kotirawe2 одберете сина боја. Сега направете го
нивото kotirawe2 да е активно и во него ќе го изведете котирањето на
цртежот. Дефинирајте два оснап критериуми: пресечна точка и крајна
точка. Најпрво ќе ги котирате отворите кои се на горниот дел од цртежот.
Затоа овој дел зумирајте го со Zoom Window.
На екранот повикајте го алатникот Dimension. Одберете линеарно
котирање. Најпрво ќе ги котирате хоризонталните осовински растојанија
на отворите. За прва точка кликнете со osnap критериум за крајна точка на
крајот од осовинската линија на левиот отвор (точка Т1), а за втората
точка, точка Т2. На прашањето каде да ја поставите котната линија,
покажете таа да биде на 10 мм над контурата на цртежот. Сега одберете
од алатникот Continue (редно котирање) и на прашањето за втора точка
покажете со osnap критериумот INT на Т4. Вкупното хоризонтално
растојание ќе го котирате вака: одберете линеарно котирање, за прва
точка покажете на Т3, а за втора точка на Т4. На прашањето каде да се
постави котната линија, одговорете со @0,18. Со ова сте ја поставиле
котната линија 18 мм од последната покажана точка (Т4). На ист начин
котирајте ги вертикалните осовински растојанија на отворите, покажувајки
на точките Т4,Т5 за првото растојание, потоа со континуирано котирање
покажете ја Т6. Растојанието Т4-Т7 се котира на ист начин како и
растојанието Т3-Т4. За положбата на котната линија, сега одговорете со
@18,0 и котната линија ќе биде поставена на 18 мм десно од Т7.
Растојанијата кои не се хоризонтални ниту вертикални се котираат
ако од Tool Bar–от одберете Aligned, за прва точка покажете на Т8 а за
втора точка на Т3. На прашањето каде да се постави котната линија,
покажете точка која ќе биде оддалечена (паралелно) на 15 mm од косата
контура. Овакво растојание се дава за да не се пресече котната линија
при котирањето на аголот.

Котирање на агли
За да го котирате аголот на косата линија, најпрво повлечете кратка
вертикална линија со почеток во Т8, а должината да биде малку за да не
ја сече котната линија од предходното котирање. Сега одберете од Tool
Bar – от Angular и на прашањата за краците на аголот кликнете со
глувчето на помошната вертикална линија, потоа на косата линија од
контурата. При покажувањето на положбата на котната линија и котниот
текст внимавајте да не ја сечете котната линија од косото котирање.
Слика. 29.
______________________________________________________________________
74
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Слика 29

Котирање на дијаметри и радиуси
При котирање на дијаметри и радиуси, AutoCAD автоматски пред
котниот број го испишува котниот знак Ø, односно буквата R. За да го
избегнете ова, во дијалог прозорот Dimension styles кликнете на Diameter,
потоа во дијалог прозорот Annotation во полето Prefix на Diameter
поставете го покажувачот со глувчето и оттипкајте едно празно место (со
долгата типка). На овој начин му наредувате на AutoCAD место знакот Ø
да направи празно место. Сега котирајте ги малите отвори, одбирајќи
котирање на дијаметри и покажувајќи со глувчето во точката Т9. во
наредните прашања ставете Т (за текст) и наместо текстот што го нуди
AutoCAD оттипкајте 20 (4 отв), со што покажувате дека четирите отвори се
дијаметар од 20 mm. Котниот текст и котната линија подесете ги да бидат
како на сликата 29.
На сличен начин се котира големиот отвор. Кружницата ја
слектираме во Т10 и го прифаќаме предложениот котен текст. За да го
котираме радиусот на кружниот лак, во диалог прозорот Dimension Styles
кликнете на Radius, а во диалог прозорот Annotation оттипкајте едно
празно место во полето Prefix. Од Tool_bar-от одберете котирање на
радиуси и селектирајте го кружниот лак во Т11. Котната линија и котниот
текст, подесете го како на сликата 29.
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

75

Prira~nik za rabota

Фиксирање на пложбата на големиот отвор
Бидејќи внатрешноста на цртежот не е исполнета (не е густо
исцртана) котните линии за положбата на отворот ќе ги поставиме во
внатрешноста на цртежот, со што нема да имаме многу надворешни котни
линии.
Преку паѓачкото мени Tools>Object Snap Settings... одберете
постојан osnap критериум да бидат NEA, INT, END. Од Тoolbar-от
Dimensions одберете Linear и прво котирајте го хоризонталното растојание
покажувајќи за прва точка крајот на осовинската линија на кружницата
(Т13) и со вклучен ORTO мод покажете на крајната лева контура на
цртежот (Т12). Прифатете го котниот текст, а котната линија лоцирајте ја
како на цртежот на Слика 29. На ист начин котирајте го и вертикалното
растојание селектирајќи ги точките Т14 и Т15.

Котирање на закосување под 45о (соборени рабови)
Одберете линеарно котирање. На првото прашање одговорете
(кликнете) на точката Т16, а на второто прашање на точката Т17. на
прашањето за положбата на котната линија (Dimension Line Location)
одговорете со Т (текст) и Enter, а во Text: напишете 5/45%%d и на
прашањето Dimension Line Location: напишете @ 0, -10 со ова котната
линија ја оддалечувате за 10 mm од последно покажаната точка Т17.
За да ја котирате вкупната должина одберете од Tool_bar-от Baseline (за
паралелно котирање) и на поставеното прашање за втората точка
покажете на точката Т18. Бидејќи во дијалог прозорите паралелното
котирање е дефинирано на 8 mm, котната линија AutoCAD автоматски ја
поставува на 8 mm од претходното котирање. Останатите коти на цртежот
котирајте ги во согласност со претходно изнесеното

Исцртување на цртеж на печатач-плотер
Наредбите за печатење/плотирање се:
Паѓачко мени: File>Print
Командна линија: PLOT
Со наредбата PLOT се подесуваат параметрите за плотирање или
исцртување на цртежот на печатар, како и плотирање на фајл.
Параметрите кои можат да се подесат се:
Избор на уредот за печатење/плотирање, избор на дел од цртежот кој се
плотира, подесување на размерата и големината на листот и др.
Command: PLOT
______________________________________________________________________
76
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Со задавање на оваа наредба на екранот ќе се појави дијалог прозор чии
елементи се:

Типката Device and Default Selection... Го повикува дијалог прозорот Device
and Default Selection каде се врши избор на уредот за плотирање.

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

77

Prira~nik za rabota

Полето Pen Parameters ги подесува параметрите на перцата за
цртање. Типката Pen Assignmenets... повикува дијалог прозор Pen
Assignments во кој на секоја боја и се доделува: ако сме одбрале плотер
со повеќе перца, број на перото на плотерот, тип на линија, брзина на
цртањето, а ако сме одбрале печатар се доделува дебелина на линијата.

______________________________________________________________________
78
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

Подесување големина и ориентација на медиумот на кој се
печати/плотира
Полето Paper Size & Orientation - овозможува подесување на
големината и единичните мерки на хартијата на која се печати/плотира.
Inches - вклучен прекинувач значи мерките на хартија се во инчи.
MM - вклучен прекинувач занчи мерките на хартијата се во mm.
Size... го повикува дијалог прозорот Paper Size каде се задава еден од
стандардните формати на хартија. Покрај натписот Size прикажана е и
слика за ориентација на хартијата (исправена или легната), а под
натписот Size има информација за одбраниот формат на хартија.
Во полето Scale, Rotation and Origin - се подесуваат односот на единиците
на цртежот и хартијата, можност да се скалира, поместување и ротирање
на координатниот почеток на цртежот на хартијата.
Rotation and Origin го повикува дијлог прозорот Plot Rotation Origin.

Plotted MM=Drawing Units се одредува размерата на плотирањето.
Scaled to Fit - вклучен прекинувач овозможува да целиот цртеж го пополни
листот хартија на кој плотираме (овде нема стандардна размера на
цртежот).
Полето Plot Preview - овозможува да го видиме како изгледа цртежот пред
плотирање (претходна проверка).
Partial - повикува дијалог прозор каде со различни бои е прикажан
избраниот формат на хартија, и полето што ќе го завземе исплотираниот
цртеж.
Full - на екранот ќе се прикаже избраниот формат на хартија и цртежот кој
сакаме да го плотираме.
Window - се отвара прозорот Window Selection со чија помош се плотира
дел од цртежот опфатен со прозор кој сами го дефинирате. Со
притискање на типката Window се отвара дијалог прозор во кој може да ги
____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

79

Prira~nik za rabota

зададете точките од прозорот, или ако притиснете на типката Pik< ве
враќа во полето на цртежот и таму можете да ги покажете точките кои го
дефинираат прозорот.

Подесување на големината на хартијата на која се
плотира/печати
Ако е избран уред Default System Printer, подесувањето се изведува
во дијалог прозорот Device and Default Selection, со типката Change.
Елементи на дијалог прозорот за избирање на формат на хартијата се:
Size - форматот на хартијата; Width - ширина на хартијата; Height - висина
на хартијата; во полињата за промени USER и USERn се задава формат
што ние ке си го дефинираме.

______________________________________________________________________
80
DSU Vlado
Tasevski - Skopje

AUTOCAD R14

____________________________________________________________________________
Tomislav Mi{evski

81