берзНИК - GODINA III - BROJ 83 - 20 ЈУЛИ 2009 GODINA (PRILOG NA TENDERNIK

)

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 16:07 Page 1

www.berznik.com.mk

Македонија чекор
побликсу до ЕУ

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 16:07 Page 2

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 16:07 Page 3

Data 20. 07. 2009

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

-15 јули 2009 година- Датум кој ќе се запише во
македонската историја, како датум на слободно
движење на македонските граѓани, ден кога е
донесена долго очекуваната Одлука на Брисел за
укинување на визите за Македонија. И ете конечно
ние граѓаните на Македонија по речиси дведецениска конзервираност, ќе имаме право
слободно да се движиме на европскиот континент,
се разбира барем оние кои ќе имаат доволно евра,
а не денарчиња за преживување.
Но, да не судиме пред време, можеби по
безвизниот режим, македонските граѓани како што
ги дал Господ ќе си потрпат уште некоја година, и ќе
си дочекаат и европски плати, па ете ти и ние ќе
станеме граѓани од прв ред на Западниот дел од
оваа наша земјена планета.

Македонија чекор
побликсу до ЕУ

Makedonka Baldazarska
Glaven i odgovoren
urednik na берзНИК
e-mail:
berzNIK@interNIK.com.mk

Настрана од овој... реален скеприцизам, радува
фактот, како што оцени и нашиот евроучителевроамбасадорот Фуере, што Европа која често
пати е поставена на крстопат, на 15 јули оваа
година го избра вистинскиот пат, кој ќе гарантира
поголема интеграција меѓу сите жители на
европскиот континент и ќе овозможи поголемо
чувство на припадност.
Достоинство, задоволство, радост, емоции,
признание, самодоверба, поттик за македонските
граѓани да се истрае на патот до портите на толку
посакуваниот дом- Европска унија.... и уште многу
епитети би можеле да се прикачат на една ваква, за
нас историска одлука... - Одлуката на Брисел за
укинување на визите, е секако важно признание за
трудот на властите во Македонија, но и поттик
да продолжи реформскиот процес за добивање
датум за почеток на претпристапните преговори,
оценија евроамбасадорот Ерван Фуере и
министерката за внатрешни работи Гордана
Јанкулоска кои на 15 јули 2009 година заедно го
следеа преносот од прес-конференцијата во Брисел
на која беше соопштена препораката за визна
либерализација.
Препораката на ЕК, која треба да ги
помине консултациите во Европскиот парламент,
додаде Фуере, оддава признание на МВР и
министерката Јанкулоска за исполнување на
неопходните реформи, но и на сите други сектори
во општеството, особено на цивилното општество
во промовирањето на важноста за укинување на
визната бариера и уверувањето на јавното мислење
во ЕУ за важноста на решавање на ова прашање.
- Ова треба да служи и како поттик, кој покажува
дека онаму каде што има посветеност и политичка
волја успехот може да биде постигнат. Ова е добар
пример за Владата дека ако демонстрира иста
таква волја и посветеност во исполнувањето на
останатите бенчмаркови кои се надвиснати мора
да се вложуваат напори во следните неколку
недели за да се постигне прогрес бидејќи секој ден
е важен, порача Фуере.
The Great Design, или Големиот план поставен
уште пред 50-ет години од големиот европски
визионер Шуман, понуди јасна визија за иднината
на цела Европа. Вака, пак премиерот Груевски ја

берзНИК

3

поздрави оваа значајна вест за Македонијалиберализацијата на визниот режим.
-Денеска, за граѓаните на Република Македонија,
таквата визија добива свој конкретен лик. Како што
објавија еврокомесарите Баро и Рен, Европската
комисија дава препорака до Советот на министри
на земјите членки на Европската Унија за визна
либерализација за граѓаните на Република
Македонија, при што финалната одлука од страна
на Советот на министри на Европската Унија се
очекува да биде донесена кон крајот на октомври, а
практичната примена на визната либерализација да
започне од 2010 година.
Со овој чекор- укинувањето на визите,
македонските граѓани се приближуваат до идејата
на Европа за слободно движење на луѓе, услуги,
стоки и капитал. Со овој чекор граѓаните на
Република Македонија се приближуваат до
придобивките на Европската идеја.
-Почитувани граѓани на Република Македонија,
Македонија чекори напред, Македонија се отвора
кон светот, светот се отвора за Македонија. Некои
можеби и ќе се обидат овој успех да го оспорат,
некои ќе се обидат заради дневна политика да го
претворат во поле за препукување и дополнителни
поделби, но ова е реален успех и сите треба да сме
горди на тоа, рече Груевски.
- Препораката на ЕК за либерализација на
визниот режим е јасна потврда дека Македонија е
лидер во реформите во оваа област, рече
претседателот Ѓорге Иванов.
-Тоа што Македонија ги исполни критериумите во
целост, говори дека нашето општество и нашите
институции се подготвени за наредните чекори кон
целосна интеграција во ЕУ. Сакам да нагласам дека
македонските институции и граѓани можат да бидат
горди уште повеќе бидејќи ова е резултат на чесен
однос и посветена работа. Тоа е заслуга која му
припаѓа на нашето општество за неговиот ангажман
и постигнувања, рече Иванов.
Ова е голем успех на нашите граѓани. Ова е
успех на Република Македонија. Ова е успех на
европската идеја во Република Македонија.
Македонија покажа дека со силна посветеност и
работа може да успее. Македонија покажа дека
знае да победува, дека треба да верува во себе и
во своите потенцијали, вака нашиот политички врв
од името на сите граѓани ја поздрави препорака на
Европската комисија за укинување на визниот
режим за Република Македонија .
Поздравувајќи ја одлуката, шефот на
македонската дипломатија, Антонио Милошоски
рече дека таа ќе биде многу корисен потег кој ќе
значи повеќе Европа во Македонија и повеќе
Македонија во Европа.
Одлуката падна,а примената од Нова година...
Од 1 јануари 2010 година за граѓаните на Република
Македонија со нови биометриски пасоши ќе
престане да важи обврската да имаат виза за
краток престој (за максимум 90 дена) во земјите на
Европската унија (освен за Велика Британија и
Ирска) и за три земји кои не се во ЕУ, а се во
шенген-зоната - Норвешка, Исланд и Швајцарија.
Е па, мој народе, ајде да се прошетаме....
До следниот
понеделник

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 16:06 Page 4

4

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 20. 07. 2009

Предлог зАкон зА мАкедонСкА БАнкА зА ПоддршкА нА рАзвоЈот

директно кредитирање на претпријатијата
-Според парламентарното мнозинство 100
милиони евра од Европската инвестициона
банка ќе бидат инвестирани во стопанството
преку МБПР за поддршка на малите и средни
претпријатија под поволни услови. Со тоа
банката ќе се вклучи во мерките на Владата за
потикнување на економскиот развој, базирајќи
се во работењето на принципите
на неконкуретност, недискриминација и
транспарентност. Таа ќе може да врши и
директно кретитирање на малите и средни
претпријатија со помали камати. Ова беше дел
од расправата во рамките на 65. седница на
Собранието, каде пратениците ja утврдиja
потребата за донесување Предлог закон за
Македонска банка за поддршка на развојот
(МБПР) и дека тој треба да оди на
понатамошно разгледување.
За партијата на власт средствата што ќе се
пласираат преку оваа банка се за малите и
средни претпријатија кои го сочинуваат
најголемиот дел и се двигател на македонското
стопанство за кои ќе се овозможи свеж капитал
во услови на економска криза.
За пратениците од опозициската СДСМ,
законот е конфузен бидејќи на МБПР и се
даваат надлежности како и на комерцијалните
банки. Според нив, не станува збор за недостиг
на капитал туку дека проблемот е во условите
за работа, односно влошената ликвидност на
фирмите и постојаното интервенирање

Со законот се нуди можност мБПр да врши директно кредитирање на
трговските друштва основани во република македонија и да одобрува
кредити со субвенционирани каматни стапки. обврските на Банката ќе ги
гарантира република македонија, а гарантниот фонд ќе се трансформира
во нејзин почетен капитал. Банката ќе биде ослободена од издвојување
на задолжителна резерва за банкарските пласмани
на државата со државни записи на пазарот.
- Владата треба да направи
одредени поместувања во буџетот и во
политиктие што ги води за да се ослободат
парите од банките. Не е таква намерата
на МБПР, како што Владата се обидува да ја
наметне, оти ако е развојна таа треба да
финансира развојни проекти, а со овој закон
нејзе и се дава можност и да дава кредити и да
собира депозити.
Стојан Андов од ЛП смета дека идејата е
добра, но оти ќе продуцира нелојална
конкуренција кон деловните банки. Според
него, целта на МБПР е кредитирање на
краткорочниот развој.
Во појаснувањето за потребата од донесување
на законот, заменик министерот за финансии
Недим Рамизи истакна дека целта е да и се
овозможи на Македонска банка за поддршка на
развојот директно да врши кредитирање на
малите и средните претпријатија почнувајќи од

јануари наредната година.
МБПР е основана во 1998 година, како
банка во државна сопственост со функција на
поддржувач на развојот на домашната
економија по примерот на KFW банката од
Германија. Една од причините за измени во
Законот е актуелната глобална криза и
напорите за нејзино надминување, што ги
преземаат речиси сите земји со промена
на позицијата на националните банки во
функција на поддршка на развојот на
домашните економии.
Сокредитирање на трговските друштва
основани во Република Македонија и да
одобрува кредити со субвенционирани каматни
стапки. Обврските на Банката ќе ги
гарантира Република Македонија, а Гарантниот
фонд ќе се трансформира во нејзин почетен
капитал. Банката ќе биде ослободена од
издвојување на задолжителна резерва за
банкарските пласмани.

Предлог - зАконот зА изменУвАње и доПолнУвАње нА зАконот зА АкЦизите (Прво читАње)

Акцизите при увоз ќе ги наплатува Царина, наместо УЈП
-Со предложените измени во Законот за акцизите се овозможува
законска основа за пренесување на надлежностите за управување со
акцизите на цела територија на Македонија од надлежност на УЈП во
надлежност на Царинската управа на Република Македонија, рече заменик министерот за финансии Недим Рамизипри образложувањето на
Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за
акцизите, во прво читање.
- Царинските службеници во одделен дел се ангажираат околу
наплатата на акцизите при увозот, а сега се планира тие да можат да
вршат наплата и во внатрешниот промет. Исто така, Царината поседува
модерна софистицирана техника за откривање на шверцувани стоки
како и мобилна служба која што работи 24 часа и кои што заедно можат
да откриваат шверцувана акзицна стока на ниво на целата територија на
Македонија, рече Рамизи.
Тој информира дека Владата има подготвено Акционен план за
активностите што ќе следат во наредните неколку месеци за да се
овозможи од 1 јануари 2010 годна надлежностите да ги
преземе Царинската управа.
- Со пренесувањето на надлежностите за управување со акцизите од
УЈП на Царинската управа се создаваат услови за вклучување на
македонскиот царински орган во единствениот информативен систем за
следење на акцизите добра кој што функционира помеѓу земјите членки
на ЕУ со што ќе се овозможи поефикасно управувње со акцизите во
Македонија, додаде заменик министерот Рамизи.
Според опозицијата со ваквата измена нема во голема мера да се
зголеми ефикасноста на наплатата на акцизите, туку целата постапка ќе
се усложни и за Царината и за правните субјекти. Клучен проблем ќе
биде и тоа што, како што вели, голем дел од вработените во УЈП кои се
обучувани за акцизната проблематика сега ќе останат ампутирани од
вршење на ваквата дејност, која сега ќе премине во надлежност на
Царинската управа. Според нив, овој закон ќе предизвика дополнителни
фискални импликации за отворање нови работни места за акцизните
оделенија во Царината, бидејќи не е предвидено преземање кадри од
УЈП, а проблем се и превисоките мандатни казни што во моментов се
изрекуваат од страна на Царината, и за, како што вели, обични технички
детали.
- Тоа дополнително ќе го оптовари стопанството, односно фирмите
кои ќе бидат подложени на уште една контрола овој пат од Царинската
управа.

Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ реплицираа дека се работи за
подобрување на ефикасноста во собирањето на акцизата по примерот
на земјите во ЕУ, а со тоа и во спречувањето шверц на акцизните стоки.
Заменик министерот Рамизи, пак, појасни дека во законот не се
предвидени нови вработувања туку доквалификација на постојните
вработени во Царинската управа.
Измените на Законот за акцизи повлекуваат и измени на останатите
три закони во делот со кој се регулира надлежноста за наплата на
акцизите.

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 16:06 Page 5

Data 20. 07. 2009

broj 83
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

5

13.07.2009 g. PONEDELNIK
S

O

D

R

@

I

N

A

VOVED........................ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
BERZNIK - PONEDELNIK SREDA ....................................5-7
регионални берзи.............................................8-9

на домашен терен.............................10-12

интервју-јованка јолеска поповскагенерален директор на прокредит
банка..............................................14-16

СВеТ ВеСТи.........................................................18-19
берзниК - ЧеТВрТоК-СабоТа ............20-23
неДелаТа Ја оДбелеЖаа................................24
берза..................................................25-26

I M P R E S S U M

Izdava: INTERNACIONAL NIK AD - Skopje
Mediumska biblioteka i digitalna arhiva
Redakcija na
Adresa: Plo{tad MAKEDONIJA bb, p.fah 882 Skopje, 1000,
R.Makedonija
Tel.
02/25.32.800 faks: 02/25.32.839
Internet: www.interNIK.com.mk;
e-mail:
info@interNIK.com.mk
Izvr{en direktor: Zdravko Josifovski
IKT Menaxer: Kiro Velkovski
Menaxer za delovni odnosi: Divna Pe{i}
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI
MEDIUMI
e osnovan 2007 godina.
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI
MEDIUMI
Broj: 83
Data: 20.07.2009

1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
-Владата очекува стабилна економија летово со благ
раст во последниот квартал од годината, пренесуваат
днешните печатени медиуми. - Стабилна економска ситуација во текот на летото, со стабилни приходи во буџетот и
нивен раст во последниот квартал, се очекувањата на
Владата во однос на економската ситуација во земјата,
изјави новоизбраниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски кој веќе имаше прв координативен состанок со министрите задолжени за економскиот
сектор заедно со премиерот Никола Груевски за негово
запозна-вање со проектите и случувањата во економската
сфе-ра. Пешевски се воздржа во проценките дали ќе се
прави ребаланс по укажувањата на поранешниот министер за финансии Трајко Славески, и упати на неговиот
наследник министерот Зоран Ставрески кој, како што
рече, во следната недела ќе има повеќе информации за
тоа, но подвлече дека оптимизмот во проценките го темели на запирањето на падот на девизините резерви.
Обично политиките кои се воведуваат не даваат резултати
на краток рок туку е потребно малку повеќе време... Во
однос на тоа што му е потребно на приватниот сектор, кој
ја чуствува кризата и кои ќе бидат приоритетите
на Владата, новиот вице-премиер за економија укажа на
важноста од зачувување на стабилниот курс на денарот.
-Владата не ја сваќа сериозно кризата, објави
Дневник. -Доаѓам од САД, земја богата со различни ресурси, каде што кризата е задача број еден за претседателот
Обама. Пристигнувам во Македонија, која се соочува со
многу посериозни економски проблеми и се прашувам
дали кризата е задача број еден и за македонската влада,
вели Џозеф Бреда, професор по економија на државниот
универзитет во Аризона и советник на ексминистерот
Трајко Славески. На прашањето самиот си одговара негативно. Со него разговаравме непосредно пред премиерот
Никола Груевски да објави дека ќе го разреши Славески...
Економската криза се’ уште е побрза од Владата. Вака
може да се парафразира впечатокот на економскиот експерт Џозеф Бреда кој од почетокот на пролетоска, кога
претпо-следен пат беше во Македонија, до сега не видел
од Владата сериозна акција против ефектите од глобалната криза врз македонската економија.
-Кризата е вовед во нов поредок, вели професорот
по меѓународна економија Тодор Тодоров, на ФОН
Универзитетот. Тој во интервју за Шпиц истакнува дека
обновување на Светскиот финансиски систем значи да
закрепнат и да се анимираат земјите од периферијата на
светската економија, кои постојано се условуваат со
некакви правила на дисциплинирано однесување, ако
сакаат да искористат меѓународни извори на финансирање за сопствениот развој. Но, Македонија ја нема ниту на
периферијата на светската економија, бидејќи нашата
земја се уште нема стопанство, или поточно стопански
иденти-тет!... Стопанството на Македонија беше функционален приврзок на стопанството на СФРЈ. Напште економски бели дробови беа приклучени на југословенскиот
пазар, a повеќето други југословенски републики економски беа „приврзоци на западноевропскиот пазар! објасну-

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. СТАВРЕВСКИ НЕ Е ПРОТИВ РЕБАЛАНС (*****)
2. ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ ЗА АВТОБУСИТЕ (****)
ДНЕВНИК
с.6 СТАВРЕСКИ ЌЕ ПРОВЕРИ ДАЛИ Е ПОТРЕБЕН НОВ
РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

SE DISTRIBUIRA SAMO SO PRETPLATA

с.7 ВЛАДАТА НЕ ЈА СФАЌА СЕРИОЗНО КРИЗАТА

FOTO NASLOVNA:
македонија Чекор
поблиску до еу

БИЗНИС

Foto:
Robert Spasovski
Redakcija na
Internet distributiven sistem:
www.interNIK.com.mk
Glaven i odgovoren urednik: Makedonka Baldazarska
Novinari: Vaska Mickoska
Evoluator na vesti: Сашо Велагиќ
operatori: Mare Lazarevska, Димитар Димитриески и Иван
Симоновски
Fotoreporter: Robert Spasovski
Marketing, distribucija i proda`ba:
INTERNACIONAL NIK AD - Skopje

ва Тодоров.
-Се спасивме од инфлација,сега ни мачи дефлација,
анализира Бизнис.-Според очекувањата на една половина од аналитичарите инфлацијата ќе се задржи на
постојното ниво, една четвртина сметаат дека таа ќе биде
пониска, а една четвртина дека ќе биде повисока.
Половина од банките сметаат дека инфлацијата понатаму
ќе се намали, една третина смета дека таа ќе остане
непромената, a 17% дека таа ќе порасне. Кај претпријатијата, очекувањата на најголемиот дел или 49% се
дека инфлацијата ќе стагнира, 26% предвидуваат пораст,
23% понатамошно намалување, a 3% сметаат дека е
тешко да се одреди
-Летните кредити под дебела сенка, истражува Шпиц
-Сезонава изостанува бумот со летните кредити, карактеристичен за минатите години. Ги нема билбордите со
атрактивни наслови -Сакате да отпатувате на вашата
дестинација од соништата, Потрошувачки кредит за 30
минути,Кеш кредит за само еден ден, со кои банките
минатата година влегоа во летна битка за освојување клиенти. Банките тврдат дека се уште ги нудат туристичките
кредити, но рестриктивната монетарна политика и економската криза ги принудила да ги заострат условите за
кредитирање. И годинава ги нудиме наменските кредити,
каде што спаѓа и тој за одење на одмор, но факт е дека за
разлика од лани многу помалку се користат
За тоа како помина Денот на одгледувачите на овци
и кози 2009, кој по пети пат се одржува на Бистра, ќе читате во репортажата на Вечер . Во саботата во месноста
Смрдливи води на Бистра, неколку километри пред
Галичник на едно место се собраа одгледувачите на овци
и кози од цела држава за да покажат како им поминала
годината…. Странските амбасадори во земјава, кои
редовно доаѓаат на овој ден на Бистра, беа воодушевени
од манифестацијата. Евроамбасадорот Ерван Фуере, кој е
трета година редовен посетител на деновите на овчарството, изјави дека Македонија има огромен потенцијал за
одгледување овци, но смета дека ова е сектор во кој се
потребни многу вложу-вања. Својата воодушевеност не ја
скри ниту амбасадорката на Холандија, Симоне
Филипини.
Денес топ тема и поништувањето на вториот владин
тендер за двокатните автобуси на кој минатиот месец за
најповолен понудувач беше избрана кинеската компанија
Џенџоу Јутон групација. Државната комисија за жалби по јавните набавкa ја поништила јавната набавка за купување на
двокатните кинески автобуси за јавниот превоз на Скопје.
Според тендерската документација, беше предвидено првите 100 автобуси да бидат испорачани за период од една
година по склучувањето на договорот, додека од Џенџоу
Јутон групација, понудиле првата пратка автобуси да биде
испорачана најрано за 12, a најдоцна за 18 месеци.
Министерството извести дека единствената причина за
поништување на тендерот, е рокот кој кинеската компанија го
понудила за испорака на првите 100 од вкупно 302 автобуса.
Министерството за транспорт и врски соопшти дека повторно ќе распише тендер за набавка на двокатни автобуси.

ВРЕМЕ
с.2 СТАВРЕВСКИ НЕ Е ПРОТИВ РЕБАЛАНС
с.2 ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ ЗА ДВОКАТНИТЕ АВТОБУСИ
с.7 ДО 2015 ЌЕ УВЕЗУВАМЕ 60 ОТСТО ОД СТРУЈАТА
с.7 ТРЕБА ИТНО ДА СЕ „УКОТВИМЕ” ВО ДРАЧ

с.2 АЦВ ОБВИНУВА ДЕКА СЕ НЕКОРЕКТНИ ТВРДЕЊАТА
НА MAT!
с.4 СЕ СПАСИВМЕ ОД ИНФЛAЦИJA - СЕГА НE МАЧИ
ДЕФЛАЦИЈА
с.6 СПРЕЧЕНИ МАНИПУЛАЦИИ СО СУБВЕНЦИИ ВО
ИЗНОС ОД 152.000 ЕВРА
с.9 МБИ10 СО ПОРАСТ ОД 1,09 ПРОЦЕНТИ

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.5 ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ ЗА АВТОБУСИТЕ
с.7 ЗАВРШИ ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ПОБАРУВАЊАТА ОД
„СВЕДМИЛК”
с.7 СТАВРЕСКИ: ЌE СЕ ПРЕИСПИТУВА ПОТРЕБАТА ОД
РЕБАЛАНС
с.16 АВТОБУСИТЕ НА „МАК-ЕКСПРЕС” СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА

ВЕЧЕР
с.6 МАКЕДОНСКО ЈАБОЛКО ВО КОСОВО

ВЕСТ
с.5 СТАБИЛНО, АМА НЕ БАШ
с.6 СВИЊАРСКА ФАРМА ГЛАВЕН ПРИЧИНИТЕЛ НА
ПОМОРОТ ВО БРЕГАЛНИЦА
с.6 ПОНИШТЕН И ВТОРИОТ ТЕНДЕР ЗА НАБАВКА НА
ДВОКАТНИ АВТОБУСИ
с.6 „ЏОНСОН МЕТИ“ СТАРТУВА ВО СЕПТЕМВРИ

НОВА МАКЕДОНИЈА

с.7 ВЛАДАТА ОЧЕКУВА СТАБИЛНА ЕКОНОМИЈА ЛЕТОВО

ШПИЦ
с.4 ДВОКАТНИТЕ АВТОБУСИ НИКАКО ДА ТРГНАТ
с.8 ЛЕТНИТЕ КРЕДИТИ ПОД ДЕБЕЛА СЕНКА
с.8 КРИЗАТА Е ВОВЕД ВО НОВ ЕКОНОМСКИ ПОРЕДОК

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 16:00 Page 6

6

берзНИК

broj 83
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 20. 07. 2009

14.07.2009 g. VTORNIK
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
Денес топ тема во печатените медиуми проблемот со дозволата за работа на Македонската
авиокомпанија МАТ. Таа може од 1 септември да го
изгуби уверението за работа, доколку не достави
програма за финансиска консоли-дација има можност. Ова вчера го соопшти директорот на
Агенцијата за цивилно воздухопловство Зоран
Крстевски, според кого од оценката на оваа програма ќе зависи дали на компанијата ќе и биде продолжено уверението за работа. - Ако го достави
и ако тој се оцени дека е во соглас-ност со можностите на компанијата да ги извршува обврските,
особено во делот на остварување на техничките
прашања за одржување на авионот, како и статусот на персоналот, вклучувајќи ги навремено
исплатени плати, придонеси итн. тогаш ќе цениме
дали од 1 септември на компанијата ќе и се продолжи уверението за работа, потен-цира
Крстевски....
Во врска со авионот на компанијата од типот
боинг 737-500 , кој во моментов се наоѓа во сервисот на ЈАТ во Белград, Крстевски рече дека статусот
на пловидбеност на авионот ќе зависи од тоа дали
се извршени потребните поправки. Тој информира
дека за околу 11 проценти е забележан пад на
патничкиот авионски сообраќај во однос на истиот
период лани- Процентуално земено тоа е во рамките на европскиот пад на сообраќајот на аеродромите, како и на внатрешните состојби на пазарот во
Македонија. Домашната компанија МАТ нема авиони и не лета на редовните линии, а се уште има
забрани за летање на одредени дестинации, рече
Крстевски.
-По сите политички и безбедносни предизвици
кои ги поминавме на Балканот, денес сме исправени пред најголемата криза на денешницата, која е
најтешка по Големата депресија од минатиот век,
порача македонскиот претседарел Ѓорге Иванов во
обраќањато пред стопанстве-ниците -учесници на
Хрватско-македонскиот бизнис форум што вчера се
одржува во Загреб, пренесе МИА. - По оваа криза,
ниту бизнисот, ниту државата повеќе нема да бидат
исти. Јасно е дека сериозни промени ќе претрпат
темелните основи на кои е поставена соработката

меѓу стопанството и државата. Кризата е време на
уривање, но и време на големо, ново раѓање. Време
на преродба, кога се решава, што старо ќе се
задржи, што ќе мора да се менува, истакна Иванов.
-Денешните весници пренесуваат: Ставрески
седна во жешката фотелја на финансии - Новиот
министер за финансии, Зоран Ставрески, вчера и
официјално ја презеде новата функција на прв
финансиер во државата или, поинаку кажано, чувар
на државното ќесе. Дали ќе биде чувар или растурач на државните пари, допрва ќе видиме, посебно
со оглед на тоа дека пари во буџетот речиси нема.
На тоа укажа неговиот претходник Трајко Славески,
кој ја предупреди Владата дека мора да ги стегне
своите трошења, бидејќи земјава е пред банкрот. Во
прошталниот говор Славески му остави аманет на
Ставрески да направи ребаланс на буџетот до
крајот на месецов, со оглед на тоа дека кратење на
државните расходи во септември ќе биде предоцна
и дека сигурноста што сега ја имаме ќе ја немаме во
септември. Новоизбраниот министер за финансии,
Ставрески, веднаш по неговото назначување, изјави
дека не ја исклучува можноста од итен ребаланс на
буџетот, што го предложи неговиот претходник.
- Новиот министер за земјоделство Љупчо
Димовски, пак ќе ги продолжи започнатите реформи
во Министер-ството, ќе се залага за подобрување
на стандардот на земјоделците и за зголемување на
земјоделското производ-ство. Тој на вчерашното
примопредавање на мининистер-ската функција од
неговиот претходник, Ацо Спасеноски искажа надеж
дека ќе се заложи да ги одржи, па дури и да ги подобри високопоставените стандарди во овој ресор.
- Стратешка цел, како и досега е спроведување
на политиките на Владата. Земјоделството мора да
биде достоинствено, земјоделецот мора да си го
добие своето место во државата и во секое време
да биде заштитен. Оваа Влада тоа го покажа - рече
Димовски.
Цената заробена во електромрежата, истражува Дневник. -Суштинската грешка е направена при
приватиза-цијата на ЕСМ, кога е продадена нисконапонската мрежа, вели Кочо Анѓушев, директор на
ЕФТ Македонија.. Вистинска либерализација на
цената на струјата за граѓаните во Македонија е
невозможна бидејќи нисконапонската мрежа е соп-

ственост на ЕВН, смета Анѓушев.
- Направен е голем чекор напред со либерализа-цијата на цената за големите потрошувачи. Но,
при прода-жбата на ЕСМ, Владата ја продаде и
ниско-напонската мрежа. Сега каблите и трансформаторите што водат до домовите се сопственост на
ЕВН. Ако друга компанија сака да ги користи, ќе
мора да им плаќа висока цена - додава Анѓушев.
Според него, истата грешка беше направена кога се
приватизира „Македонски телеком“, но со дигиталните и безжичните комуникации, се појави конкуренција на пазарот.
-Медиумите не смеат да ја изгубат слободата,
велаи Бодо Хомбах, управител на медиумската куќа
ВАЦ за Дневник. -Се’ повеќе и повеќе доживуваме
како луѓето се ангажираат во медиумскиот сектор,
наводно како издавачи, кои немаат економски интерес во медиумската бранша, бидејќи своите пари ги
заработуваат во другите сектори. Тие се ангажираат за да ги користат медиумите за политички или за
сопствените економски цели. Ова е изобличување
на конкуренцијата, бидејќи овие луѓе се подготвени
да ги субвенционираат нивните медиуми со милионски суми.
-Вечер пренесува: - Бензинските станици во
земјава ќе работат 24 часа, а точењето на горивото
ќе се врши без лица за опслужување - на принципот
самопослужување со ставање на пари, магнетни
или чип-картички. Ова се дел од измените што се
вклучени во дополнувањата на Законот за трговија
кои вчера едногласно беа прифатени од собраниската Комисија за економски прашања. За овие
законски измени наскоро, ќе се изјаснат и македонските парламен-тарци.
Меѓу топ темите денес и веста дека Минчо
Јорданов ги продаде акциите во Макстил. -Вчера во
блок-трансакција вредна околу 6,4 милиони евра на
Македонската берза беа продадени 2,8 милиони
акции од компанијата Макстил. Ак-циите се продадоа по цена од 141 денар за акција. Пред реализацијата на оваа трансакција најголеми поединечни
акционери во Макстил беа Дуферко, сопственик на
62,4 от-сто и Репро оне лимитед, сопственик на 19,3
отсто од акци-ите. Според неофицијалните информации, продавач на без-малку 20 отсто од вкупната
сопственост во компанијата е Репро оне лимитед.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. МИНЧО ПРОДАВА АКЦИИ ОД МАКСТИЛ (*****)
2. MAT ЌE JA ИЗГУБИ ДОЗВОЛАТА ЗА РАБОТА! (****)
ДНЕВНИК
с.7 ПРОДАДЕНА ЕДНА ПЕТТИНА ОД „МАКСТИЛ”
с.8 HA MAT ЌЕ МУ ЛЕТНЕ ДОЗВОЛАТА
с.8 „СИЛМАК” ЌЕ ЗАПАЛИ УШТЕ ДВЕ ПЕЧКИ

БИЗНИС
с.4 ВЛАДАТА ОЧЕКУВА СТАБИЛНА ЕКОНОМИЈА ЛЕТО-ВО
с.5 MAT ЌE JA ИЗГУБИ ДОЗВОЛАТА ЗА РАБОТА!
с.5 СТАВРЕВСКИ ЌЕ АНАЛИЗИРА ДАЛИ ИМА ПОТРЕБА ОД РЕБАЛАНС
с.10 “ИKEA” ЌЕ ИНВЕСТИРА НА БАЛКАНОТ

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.3 СТАВРЕСКИ ГИ ЅИДА ИНВЕСТИЦИИТЕ ШТО ГИ НЕМА
с.5 „СИЛМАК” СТАРТУВА СО ДВЕ ПЕЧКИ
с.7 СТАВРЕСКИ СЕДНА ВО ЖЕШКАТА ФОТЕЛЈА ВО ФИНАНСИИ
с.7 МИНЧО ЈОРДАНОВ ГИ ПРОДАДЕ СВОИТЕ 20 ПРОЦЕНТИ ВО „МАКСТИЛ”?
с.8 АКО НЕ ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ, MAT ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ДОЗВОЛА

ВРЕМЕ
с.4 КИНЕСКИ ИЛИ ИНДИСКИ, ВАЖНО ДA СЕ ДВОКАТНИ
с.6 „МАКСТИЛ” ОТУЃИ АКЦИИ ЗА 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА
с.6 ДОЗВОЛАТА ЗА РАБОТА НА MAT ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ
с.7 ЗА ИЗВОЗ САМО СКАПАНИ ДОМАТИ

с.7 СВЕЌИТЕ НА ГОТОВС, СТРУЈАТА ЌЕ БИДЕ ИЗГОР
с.9 КУПЕНА ПРЕСА ЗА ПЕТ-АМБАЛАЖА
с.9 „ТОПЛИФИКАЦИЈА” CE ПАЗАРИ, СКОПЈАНИ ЌЕ ЧЕКААТ ПАРНО ГРЕЕЊЕ

ВЕЧЕР
с.6 ВИСАТ ДОЗВОЛИТЕ НА МАТ И ЕРЛИФИТ СЕРВИС
с.6 ИСТРГУВАНА АКЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 6,5 МИЛ. ЕВРА
с.6 ВО ПОРАСТ ФАЛСИФИКУВАНИ ЕВРА

ВЕСТ
с.3 ТРИ АВИОКОМПАНИИ ЛЕТААТ БЕЗ АВИОН
с.7 МИНЧО ПРОДАВА АКЦИИ ОД МАКСТИЛ
с.7 НИКОЈ НЕ САКА СКОПЈАНИ ДА ГИ СНАБДУВА СО ПАРНО

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.8 КРИЗА Е, А ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПРВПАТ НАД 20.000 ДЕНАРИ
с.8 ПРОДАДЕНИ БЕЗМАЛКУ 20 ОТСТО ОД „МАКСТИЛ”
с.8 MAT МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА?

ШПИЦ
с.7 MAT ЌE БИДE ПРИЗЕМЈЕН
с.7 ТЕНДЕРИЈАДАТА ПРОДОЛЖУВА
с.7 МЕРКАТОР И ВО МАКЕДОНИЈА

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 16:00 Page 7

Data 20. 07. 2009

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

7

15.07.2009 g. SREDA
1. KRATOK pREglED NA NASTANI
-Новиот веб порталот на Министерството за
економија, економски форум преку кој ќе дебатира
власта, бизнис заедницата, економските експерти
и граѓаните, е информацијата која ја проследија
речиси сите дневни печатени медиуми. - За актуелни економски прашања од областа на енергетиката, конкурентноста, подобрување на деловната
клима, предизвиците и ефектите од светската економска криза, како и можноста Македонија да се
претстави како топ туристичка дестинација се
главните теми на кои во иднина преку веб порталот на Министерството за економија ќе дебатира
власта, бизнис заедницата, економските експерти
и граѓаните. -Идејата за овој портал е вклучување
на еминентни институции од земјава, експерти,
стопанственици, граѓани и студенти, кои имаат
желба да придонесат за развој на македонската
економијата, вели Бесими. Тој додава дека ресорното министерство на порталот ќе се претстави со
свои теми, но и претставниците на стопанските
комори, професори, стручњаци од економската
област ќе можат да доставуваат свои идеи и планови. За Бесими ова е воспоставување на дебата
на модерен начин, онака како што веќе ја има во
другите земји. Во проектот е предвидено да се
вклучат и одредени медиуми, а дијалогот ќе биде
отворен пред јавноста.
Меѓу топ темите денес и новиот колективен
договор- минимална плата, посебно во секоја
дејност-По неколкумесечни преговори, Сојузот на
синдикатите на Македонија и Организацијата на
работодавци во петокот го потпишаа Општиот
колективен договор за стопанство, во кој се прецизирани повеќе услови од работниот однос.
Најниската плата во државата не е утврдена во
Договорот. Социјалните партнери се договориле
нејзината висина да се прецизира на ниво на
одделни дејности, со посебни колективни договори. Притоа, има дејности кои веќе во своите договори ја имаат определено висината на минималната плата. Во текстот од Договорот, кој ќе има важност од две години, регулирани се прекувремената, ноќната, како и работата во недела, кои како
категории не се прецизно утврдени во Законот за
работни односи.
Дневник открива:-Каналот на Макстил води до

Панама- Панамската фирма Минјорк оверсис за
6,5 милиони евра го купи акционерскиот удел на
досегашниот втор по големина сопственик,Репро
оне лимитед од британските Девствени Острови
преку Македонската берза... Компанијата Минјорк
оверсис од Панама, според доброупатени извори,
е новиот сопственик на една петтина од акциите на
македонската челичарница Макстил. Панамската
фирма за 6,5 милиони евра го купи акционерскиот
удел на досегашниот втор по големина сопственик
Репро оне лимитед од британските Девствени
Острови
преку
македонската
берза.
Неофицијално, Минчо Јорданов, еден од најуспешните бизнисмени во Македонија, е сопственик
и на панамската компанија. Јорданов самиот си
откупил 20 отсто од капиталот на фабриката за да
ја заштити вредноста, да ги задржи вработените и
да продолжи со работа. Во Макстил велат дека се
работи за -корпоративна одлука во системот на
Дуферко, или прераспределба на капиталот меѓу
акционерите. Од челичарницата тврдат дека причината за продажбата не е глобалната економска
криза... Според Централниот депозитар на хартии
од вредност, компанијата Дуферко-скоп инвестмент лимитед е сопственик на 62,4 отсто од
Макстил. Влогот на Јорданов во швајцарската
Дуферко груп се проценува на најмалку 30 отсто.
–Законот за финансирање политички партии
го мина првиот филтер, пренесуваат весниците. За пет години откако е изгласан законот не е
изречена казна за ниту една партија. Со измените
се предлага казната за надминување на лимитот
за дозволени донации наместо досегашните пет
илјади евра да се зголеми на десет илјади евра.
Партиите, финансиските извештаи да ги објавуваат на нивните интернет страници. Доколку некоја
партија од донаторот добие повеќе пари од предвиденото е задолжена да му ги врати во рок од 15
дена. Дозволениот износ на донациите се намалува од досегашните 100 на 75 просечни плати за
физичко лице, а од 200 на 100 просечни плати за
правно лице... со измените се предлага казната за
партиите кои го надминале лимитот за дозволени
донации или не доставиле финансиски извештај,
наместо досегашните пет илјади евра да се зголеми на десет илјади евра...

МАТ и денес во фокусот на медиумите. Времено замрзнување на долговите со одлука на
Владата ќе ја спаси авиокомпанијата од финансиска пропаст, смета менаџментот на Македонски
авиотранспорт (МАТ). Раководните лица на компанијата најавуваат дека ќе ги искористат сите можности за финансиски да го стабилизираат МАТ и да
го спречат одземањето на дозволата за работа. Но
стравуваат од, како што велат, самоволноста на
директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Зоран Крстевски, па затоа бараат поддршка
од институциите на Владата.
Според анализата на Утрински весник,
инвестицискиот бум издиша со две фабрики.-Само
две фабрики или две директни странски гринфилдинвестиции произлегоа од големиот инвестициски
бум на Владата...Македонија со СДИ од 89,3
милиони евра, за првите четири месеци од годинава и проекции дека тие годинава ќе достигнат вкупно 170 милиони евра, и натаму останува на дното
во споредба со земјите од регионот.
-Од најавите за големи директни странски
инвеститори, кои почнаа со изградба на фабрики,
можат да се набројат само две - Џонсон контролс
и Сведмилк. За едната државата дава огромни
субвенции, другата е веќе минато..... Во меѓувреме, по замрзнувањето на инвестициите на француската Монтипе, италијанската Орланди, хрватски Агрокор, словенечка Искра, дури и сигурната
инвестиција на турски ТАВ се одложи по нивно
барање за втората половина од годинава.
-Зад зделката со кинески автобуси стои висок
функционер на Владата вработен во МВР, за контакти и реализација е задолжен познат скопски
бизнисмен, а извршител и оперативец е Живанчо
Паневски, познат од аферата, Даночна пирамида...
Оставка од министерот за транспорт Миле
Јанакиевски како најодговорен за скандалот со
пропаднатата набавка на двокатните автобуси,
побара вчера Ден Дончев, потпретседател на партијата Обединети за Македонија. Тој во изминатата
недела секојдневно го прозиваше Јанакиевски,
укажувајќи на нереалната и енормно висока цена
за набавка на кинеските автобуси. Сега кога конкурсот е поништен, смета дека многу нешта ќе
излезат на виделина.

2. TOp VESTI - RElEVANTNOST pO BROJ NA OBJAVI
1. МИНЧО ЈОРДАНОВ САМ СИ ГИ КУПИ АКЦИИТЕ (*****)
2. MAT БАРА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ДОЛГОВИТЕ (****)
ДНЕВНИК

с.7 ЗОРАН КРСТЕВСКИ ПРАВИ СЕ ЗА ДА НЕ УНИШТИ

с.7 КАНАЛОТ НА „МАКСТИЛ” ВОДИ ДО ПАНАМА

с.10 „ТОПЛИФИКАЦИЈА” ОСТАНУВА ВО ИГРА

с.7 MAT БАРА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ДОЛГОВИТЕ

ВЕЧЕР

с.7 БИТОЛСКАТА ШЕЌЕРАНА ПРЕРАБОТИ 12.000 ТОНИ СИРОВ ШЕЌЕР

с.6 КАМАТА ОД НАД 10% ЗА ДЕНАРСКИ ДЕПОЗИТ

БИЗНИС
с.2 ТЕНДЕРОТ ЗА АВТОБУСИ ГИ ЗОВРЕ СТРАСТИТЕ

с.6 МАТ СПАСОТ ГО ГЛЕДААТ ВО ВЛАДАТА

с.4 ДОЛЖНИЧКОТО ЈАЖЕ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ СТЕГА
с.5 ДОЛЖНИЧКОТО ЈАЖЕ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ СТЕГА
с.8 ФИНАНСИСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ „НАЈЗАГРЕАНИ” ЗА ЕМИСИИ НА АКЦИИ

с.7 ЗА 2 ДЕНАРИ ДО ППАЖИТЕ ВО ОХРИД
ВЕСТ
с.2 CO МИНИБУСИ НА ВИП ЗА ДВА ДЕНАРИ НА ПЛАЖИТЕ ВО ОХРИД
с.3 MAT ПАК БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА

с.9 МБИ-10 СО ПОРАСТ ОД 2,88 ПРОЦЕНТИ

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.7 НЛБ ТУТУНСКА БАНКА СО НОВ ЛЕТЕН ДЕПОЗИТ
с.8 БИТОЛСКАТА ШЕЌЕРАНА ПРЕРАБОТИ 12.000 ТОНИ СИРОВ ШЕЌЕР
с.8 САМО ВЛАДАТА МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ДА СЕ САНИРА MAT

ВРЕМЕ

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.3 ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПОЛЕКА ГИ ГОЛТА МАКЕ-ДОНСКИТЕ КОМПАНИИ
с.8 ТУТУНСКА БАНКА ВОВЕДУВА „ЛЕТЕН НЛБ СУПЕР-ДЕПОЗИТ”
с.8 MAT ПОДГОТВУВА КОНТРАОФАНЗИВА КОН АЦВ
с.8 МИНЧО ЈОРДАНОВ ОСТАНУВА ВО „МАКСТИЛ”

с.4 ЈАНАКИЕВСКИ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

ШПИЦ

с.6 СЕ ДОБЛИЖУВАМЕ ДО КРИТИЧНА ЗАДОЛЖЕНОСТ

с.9 ВЛАДАТА ФОРМИРА БАНКА ЗА „ТАЈВАНСКИ КРЕ- ДИТИ”?

с.7 МИНЧО ЈОРДАНОВ САМ СИ ГИ КУПИ АКЦИИТЕ

с.9 ЛЕТЕН НЛБ СУПЕР ДЕПОЗИТ

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:59 Page 8

8

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 20. 07. 2009

NAJTRGUVANI HARTII OD VREDNOST VO REGIONOT ZA PERIOD OD 10.7 - 17.7. 2009

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:59 Page 9

Data 20. 07. 2009

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

9

космоФон и он.нет со заедничка понуда на пазарот

Фиксна телефонија и интернет во AlloNet
Космофон и Он.нет, кои се во сопственост
на Телеком Словенија, од минатата недела
излегоа на пазарот со AlloNet, заедничка понуда која вклучува безжична фиксна линија од
мобилниот оператор и безжичен WADSL
интернет од интернет провајдерот. Според
главниот директор за продажба на Космофон,
дејан милевски, со спојувањето на фиксната
телефонија и интернетот започнува официјалниот почеток на соработката меѓу двете компании. -Доста анализиравме и дојдовме до
податоци дека на корисниците им е потребна
ваква заедничка понуда за која ќе плаќаат на
една сметка. Оваа понуда ја даваме преку
сопствената инфраструктура што досега не
беше случај, бидејќи одеше преку бакарните
жици на Македонски телеком, појасни
Милевски.
Инаку, новата понуда се состои од безжич-

на Allo фиксна линија од Космофон и безжичен АДСЛ интернет приклучок – WADSLм од
Он.нет и вклучува до 300 минути за разговори
кон сите национални фиксни мрежи и до 30
GB интернет сообраќај, секој месец.
Корисниците можат да изберат еден од двата
тарифни модели AlloNet 899 или AlloNet 1099,
со една тарифа преку целиот ден за повици
кон сите национални фиксни мрежи и многу
ниска цена за повици кон фиксните броеви на
Он.нет и кон фиксните и мобилните броеви на
Космофон, без трошоци за приклучок и со
договор на неодредено време. Вклучените
минути може да се користат за разговори кон
сите национални фиксни мрежи. Оние што ќе
станат корисници на AlloNet во промотивниот
период до 31 август 2009 година, ќе добијат
бонус од 1.000 денари да ги искористат за
бесплатни разговори во наредните 90 дена и

тоа за повици кон сите фиксни и мобилни
мрежи во земјата и странство.
Главниот директор за маркетинг на
Космофон, Лea Бенедејчин, најави драстично
намалување на цените за роаминг и на цените за меѓународни повици во земјите во кои
Телеком Словенија има свои мобилни оператори. Така, корисниците на Космофон кога при
престој во Словенија ќе ја изберат мрежата на
Мобител или во Косово мрежата на ИPKO, ќе
можат да повикуваат или да примаат повици
за само 26 денари за минута, односно за 7
денари да праќаат CMC порака. Исто така,
корисниците на Космофон ќе можат до 30 септември да прават повици кога се во странство
и тоа по цена од 9,9 денари/минута за повикувања на Космофон и АЛО броеви, односно
24,9 денари/минута за другите фиксни и
мобилни мрежи во Македонија.

регионални индекси 10-17. 07. 2009 година

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:59 Page 10

10

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 20. 07. 2009

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
потпишан договор За КонЦЕСија За вода

Енерџи Зотер Бау ќе гради на 16 локации
-Австриската компанија доби три локации со
вкупна инсталирана моќ од 1,985 мегавати и
просечно годишно производство од 8,6 гигават
часови електрична енергија на првиот оглас
објавен на 14 февруари 2007 година и 13
локации со вкупна инсталирана моќ од 4,542
мегавати и просечно годишно производство од
16,7 гигават часови на вториот оглас објавен
на 13 сетември 2007 година. Концесионерот,
согласно договорот, треба во првата година по
потпишувањето да ги обезбеди сите потребни
документи во согласност со законската
регулатива на Република Македонија и да
започне со градба. Ова е дел од обврските кои
произлегуваат од Договор за концесија за вода
што минатата недела го потпишаа Министерот
за економија Фатмир Бесими со Роберт Зотер
и Самоли Целески, претставници
на австриската компанија Енерџи Зотер Бау,
која доби вкупно 16 локации за изградба на
мали хидроелектрични централи на двата
меѓународни јавни огласи објавени во 2007
година.
- Со потпишувањето на овој договор веќе
почнува реализацијата на проектот за изградба
на 400 мали хидроелектрични централи во
Република Македонија со вкупна инсталирана
моќност од 250 мегавати и просечно годишно
производство од 1.200 гигават часови
електрична енергија, вреден над 300 милиони
евра. Досега Министерството за
економија објави три јавни огласи за нивна
реализација, од кои првите два завршија,
третиот е во фаза на евалуација, а наскоро ќе
се објави и четвртиот на кој ќе се понудат 30
до 40 локации, рече министерот Бесими по
потпишувањето на договорот.
Тој посочи дека во првиот оглас беа
доделени 41 локација со вкупна инсталирана
моќност од 47,3 мегавати и вкупно
производство на електрична енергија од 189
гигават часови на годишно ниво, со проценета
вредност од околу 45 милони евра. Во вториот
оглас, како што кажа, беа доделени 24 локации

инвестицијата за изградба на 16 мали хидроелектрични централи
вредни околу 15 милиони евра

со вкупна инсталирана моќност од 15,4
мегавати и вкупно производство на електрична
енергија од 65 гигават часови на годишно ниво
и проценета вредност од околу 17 милиони
евра. Во моментов се врши евалуација на
пристигнатите понуди по третиот меѓународен
јавен оглас за изградба на 20 мали
хидроелектрични централи со вкупна
инсталирана моќност од 13,4 мегавати и
просечно годишно производство на електрична
енергија од 54 гигават часови електрична
енергија.
Самоил Целески од Енерџи Зотер Бау рече
дека компанијата има и знаење и средства и
оти комплетно е подготвена да ја реализира
инвестицијата за изградба на 16 мали
хидроелектрични централи вредни околу 15
милиони евра, како и да учествува на
наредните јавни огласи.
- Подготвени сме веднаш да започнеме со
реализацијата на проектите и очекуваме
помош од министерствата и локалната
самоуправа за полесно добивање на
потребните документи неопходни за

За вардарска долина
–заинтересирани само две
компнии
Само две компании покажале интерес на јавниот оглас за проектот,
Вардарска долина, информираат од Министерствотоза економија.
- Комисијата за евалуација на тендерот изготви извештај,
кој го предаде во Владата. Во вторник Владата на седница ќе го
разгледа извештајот и ќе донесе одлука во согласност со Законот за
концесии по кој е објавен јавниот оглас, рече министерот Бесими,
одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Договорот
за австриски грант за подобрување на енергетската ефикасност на
градежните објекти во Македонија.
Тој прецизира дека во времето на објавувањето на огласот
важечки било да има минимум три понуди за да успее тендерот и
појасни дека во меѓувреме Владата го намали бројот на потребни
понуди на две.
- Задоволително е што и во овие услови на глобална економска
криза две реномирани европски компании од областа на
енергетиката покажале интерес за проектот Вардарска долина, рече
Бесими.
Проектот Вардарска долина предвидува изградба на 12
хидроелектрани долж реката Вардар со вкупна моќност од 325
мегавати и вредност од 1,2 милијарди евра.

реализација на проектите. Доколку дозволите
за градба бидат навреме обезбедени во
февруари наредната година планираме да ја
пуштиме во употреба првата мала
хидроелектрана. Делот од опремата за неа, кој
е со подолг рок на испорака, веќе е нарачан,
рече Целески.
Тој прецизира дека денешниот договор за
концесија за вода го потпишала Енерџи Зотер
ДООЕЛ Скопје, претставништвото на Energie
Zotter Bau GmbH&Co KG од Австрија во
присуство на сопственикот на австриската
компанија Роберт Зотер. Во врска со
добивањето лиценца од Регулаторната
комисија за енергетика рече дека прво треба
да биде готов објектот, со направен технички
прием и добиена употребна дозвола, за да се
аплицира за добивање дозвола, па
потоа може РКЕ да додели лиценца за
производство на електрична енергија.
Енерџи Зотер Бау веќе има сопствени
проекти во Австрија, Босна и Херцеговина,
Црна Гора, Бугарија, Романија, Полска и
Словачка.

ЦаринСКата управа

Модул за електронско
учење за примена на EORI
- Царинската управа во
соработка со Генералната
дирекција за царини и даноци на
Европската комисија изработи
модул за електронско учење за
примена на системот за
регистрација и идентификација на
економските оператори – EORI.
Системот, како што соопшти
Царинската управа, почна да се
применува на 1 јули, при што сите
економски оператори кои се
занимаваат со царински
активности со увоз и извоз со ЕУ
потребно е да се регистрираат
според овој систем и да добијат
единствен ЕORI број.
EORI е заеднички број што се
користи за извршување на

царинските активности на целото
подрачје на Европската унија и е
единствен за секој економски
оператор. EORI броевите
претставуваат дел од подобрените
безбедносни мерки кои се
однесуваат на увозот и извозот на
стоки во и надвор од ЕУ, со што се
олеснува законската трговија со
истовремено намалување на
безбедносните ризици.
Електронскиот модул за ЕORI,
кој има информативен карактер, е
создаден во рамки на
програмата Customs 2013 и е дел
од Стратегијата на обуки за
електронско учење. Достапен е за
надворешни лица преку интернет
страната на Царинската управа.

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:58 Page 11

data 20. 07. 2009

broj 83
BERZANSKI pREglEdNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEdIUMI

берзНИК

11

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....
минисТерсТвОТО за инфОрмаТичкО ОПшТесТвО

седум институции преку електронски формулари
- Министерството за информатичко
општество започна со имплементација на
систем за електронски формулари, кој ќе
овозможи дел од услугите на седум државни
институции да бидат достапни за граѓаните и
правните лица и во електронска форма преку
интернет.
Како што информира на денешната пресконференција ресорниот министер Иво
Ивановски, проектот е во согласност со
владината програма за континуирана
инвестиција во информатичко-комуникациските
технологии, а во насока на имплементација на
проекти поврзани со Е-влада за 2009 година.
Во првата фаза од имплементацијата на
системот ќе бидат опфатени услуги од
министерствата за внатрешни работи, за труд
и социјална политика и за правда, Заводот за
статистика, Фондот за здравствено
осигурување, Управата за јавни приходи
и Агенцијата за вработување. Услуги кои ќе
бидат достапни покрај во пишана и во
електронска форма со електронска дојава во
полиција, месечниот извештај за индустрија,
годишниот статистички извештај за
радиодифузери кои емитуваат програма,
формуларите за месечно требување на
аптеките до Фондот за здравство и на
фактурите што тие ги испраќаат до

Фондот. Ќе бидат опфатени и правото на
детски додаток, пријавата на 198 за случаи на
даночни неправилности и корупција,
придобивки за невработените и изводите од
матични книги.
- Покрај олеснетиот пристап за граѓаните,
системот ќе им помогне на институциите
вклучени во проектот да го намалат
работењето со хартија, времето потребно за
обработка на поднесените формулари, со тоа
што поднесоците ќе бидат достапни
за корисници од повеќе работни станици и
ќе бидат во форма во која институциите имаат
потреба за понатамошна обработка, рече
Ивановски.
Критериумите врз основа на кои се
избрани институциите, како што рече
министерот Ивановски, се според услугите кои
се дел од основните 20 поставени од ЕУ, а за
кои Владата и Министерството за
информатичко општество се обрзале да ги
изработат за да се развие степенот на
електронско владеење во Македонија. Друг
критериум е подготвеноста на институциите
инфраструктурно и според ресурсите да бидат
дел од проектот, како и фреквентноста на
користење на услугите со чија што веб
достапност ќе се зголеми ефикасноста во
нивното извршување.

- Целта е сите услуги што ги нудат
институциите до граѓаните и компаниите да
бидат достапни по електронски пат за до
средината на идната година Македонија да
биде меѓу првите 10 рангирани земји од ЕУ и
надвор од ЕУ во извештајот на ЕК за
електронско владеење, рече Ивановски.
Системот за електронски формулари ќе
биде инсталиран на централна локација
одредена од Министерството за информатичко
општество. Ќе се темели на интерактивни веббазирани форми, што ќе им овозможат на
институциите да собираат податоци од
граѓаните и компаниите преку Интернет, кои
потоа ќе бидат сместувани во база на податоци
што ќе бидат достапни само до авторизирани
корисници за да се спречи каква било можност
од нивна злоупотреба. Пристапот до
формуларите ќе биде отворен, а ќе биде
возможно да се испратат само ако формуларот
биде електронски потпишан со дигитален
сертификат. Известувањата од институциите
до подносителите ќе се одвива исто
така, преку електронска пошта на
задолжително приложена е-mail адреса.
Дел од услугите од седумте институции ќе
бидат достапни до крајот на годината, а
целосно активни за граѓаните ќе станат од
почетокот на наредната година.

ПласманОТ на ТуТунОТ Обезбеден

Тутунарите очекуваат повисока откупна цена
- Тутунското производство годинава ќе
биде зголемено за околу 30 отсто, но
квалитетот ќе биде помал поради честите
пролетни врнежи и болестите што го зафатија
родот. Пласманот е сигурен, а производителите
очекуваат повисока откупна цена за пет
до осум проценти. Не е исклучена и можноста
за зголемување на субвенциите кои лани
изнесуваа 45 денари за предаден килограм.
Ова се заклучоците од првата средба на
тутунарите со новиот министер за
земјоделство, шумарство и водостопанство
Љупчо Димовски.
- Производството годинава оди во нагорна
линија благодарение на производителите, но и
на ресорното Министерство кое обезбедува
субвенции. Родот ќе достигне до 21 милион
килограми. Со оглед дека во регионот имаме
најквалитетен тутун, пласманот воопшто не е
проблем. Ќе настојуваме да договориме и
повисоки цени. Имаме такви најави, а и
договорите за откуп се склучени, изјави по
средбата Живко Тасевски, секретар на Сојузот
на тутунските здруженија.
Според претседателот на Сојузот Данчо
Милески, зголемувањето на откупната цена до
осум отсто за производителите нема да значи
голема добивка зашто одгледувањето тутун е
макотрпна работа.
- Годинава откупувачите ги зголемија цените
под наш притисок, но тоа за нас не
претставува речиси ништо. Оптимална цена би
била околу 170 денари за килограм, но ќе
бидеме задоволни ако стигнеме до 167 денари.
Се надеваме дека проценката ќе биде
регуларна, рече Милески.Тутунарите на
средбата побарале да им се дозволи
користење површини за расад со цел
групирање на производството и намалување

Оптимална цена би била околу 170 денари за килограм, но ќе бидеме
задоволни ако стигнеме до 167 денари
на трошоците.
- Подготвени сме да почнеме расадно
производство. Одгледувањето ќе биде
главно во прилепскиот крај. Имаме сорти кои
надвор ќе котираат добро зашто трговците
бараат квалитетен тутун, истакна Милески.
Портпаролот на Министерството Соња
Трајкова потврди дека предлогот ќе биде
разгледан, а ќе се прават и калкулации за

евентуално зголемување на субвенциите.
- Продолжуваат работните средби со
земјоделците и нивните здруженија во насока
на изнаоѓање најдобри начини за подобрување
на стандардот во аграрот. Дел од тутунарите
сметаат дека поделбата на субвенциите не
треба да биде линеарно, туку по однос на
квалитетот и сортата. Во секој случај,
разговорите ќе продолжат, напомена Трајкова.

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:57 Page 12

12

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

ЗА воведувАње енергетскА ефикАсност во
грАдежните објекти

Data 20. 07. 2009

По ПосетАтА нА МАкедонските

Македонија
За да се оствари овој слоган, што
ќе овозможи поголем пласман на
виното на странските пазари,
потребно е државните органи, во
соработка со винарниците и со
здруженијата на винарите, да преземат активности за поголема промоција на македонската винска
индустрија, брендирање на македонското вино и разработка на
стратешки програми за заеднички
бренд или бренд на одредена
сорта вино.

Австриски грант од
1,6 милиони евра
- Договор за грант од 1,610 милиони
евра за креирање средина за воведување
енергетска ефикасност во градежните
објекти во Република Македонија, потпишаа
Министерот за економија Фатмир Бесими и
шефот на Канцеларијата за австриска
техничка соработка Хајнц Хабертоер во име
на донаторот, австриската Агенција за развој.
Целта на грантот, чиј директен корисник е
Агенцијата за енергетика на Република
Македонија, е реализација на Програмата
за енергетска ефикасност на градежните
објекти, во периодот август 2009 септември 2012 година.
Во грантот со финансиски средства од
110.000 евра учествува и Државниот
секретаријат за економски работи (СЕЦО)
на Швајцарската Конфедерација. За да се
овозможи реализацијата на програмата, во
нејзиното финансирање учествува
и Минстерството за економија со сопствени
средства во износ од 115.000 евра.
- Со овој договор почнува да се
остварува делот од Енергетската стратегија
на Република Македонија во
сегментот зголемување на енергетската
ефикасност, односно намалување на
потрошувачката на електрична енергија и
на енергијата воопшто, рече министерот
Бесими по потпишувањето на договорот.
Тој посочи дека согласно Енергетската
стратегија, Македонија за скоро 3,7 пати
троши повеќе електрична енергија по
единица Бруто дмашен производ во
споредба со развиените земји од Европа.
- Тоа покажува дека може многу да се
направи за енергијата во Македонија да се
користи многу порационално, како од
енергетски аспект, така и од финасиски и од
аспект на заштита на животната средина,
рече Бесими.
Како што нагласи, на меѓународно ниво е
определено дека потрошувачката на
енергија во градежните објекти, односно
станбените, деловните, јавните и
администаративни објекти изнесува околу
40 отсто од вкупната потрошувачка на
енергија. Останатиот дел од
потрошувачката на енергија отпаѓа
на секторот транспорт и на секторот

индустрија, и двата со по 30 отсто од
вкупната потрошувачка. Распределбата на
потрошувачката на енергијата во
Македонија е речиси идентична со
меѓународните показатели.
- Овој проект ќе помогне да се подобри
потрошувачката на електрична енергија во
Македонија бидејќи зафаќа околу 40
проценти од потрошувачката. Тој содржи
четири компоненти. Првата е зајакнување
на капацитетите на Агенцијата за
енергетика на Република Македонија,
втората усогласување на националната
законска регулатива со Директивата на ЕУ
за енергетски карактеристики на згради и
развој на потребни алатки за нејзина
имплементација. Третата предвидува
реализација на пилот проект со парите од
грантот за подобрување на енергетската
ефикасност на еден објект од јавниот
сектор, а четвртата вклучување на
факултетите со цел обезбедување
одржливост на програмата на долг период,
рече Бесими.
Тој прецизира дека во иднина по
усогласувањето на законската
регулатива секој нов објект што ќе се гради
ќе треба да поседува „енергетски пасош“, со
кој ќе се прикажуваат карактеристиките на
објектот од енергетски аспект.
Хабертоер рече дека Стратегијата за
енергетика на Република
Македонија истакнува дека е неопходно да
се посвети поголемо внимание на мерките
за енергетска ефикасност во
домаќинствата.
- Донациите ја поддржуваат
македонската Агенција за енергетика во
нејзините напори за намалување на
потрошувачката на енергија во станбени и
јавни згради во Македонија. Тоа ќе се
постигне преку создавање на
законски услови за енергетска ефикасност,
кампањи за подигнување на свеста,
студиски посети, тренинзи и пилот проекти,
рече Хабертоер, и додаде дека донациите
претставуваат важен придонес за
подобрување на енергетската ефикасност
во Македонија и исполнување на
барањата на ЕУ.

Главниот проблем на нашата винска индустрија
е што е непозната на германскиот вински пазар.
Причина за ова е што една третина од целокупното производство или35 до 40 милиони литри
вино се извезуваат во Германија во наливна
форма, па тамошните консументи никогаш не
доаѓаат до можност да ја препознаат
Македонија како земја од каде потекнува виното. Уште повеќе, и доколку на рафтовите во
продавниците може да се најдат шишиња вино
од нашето поднебје, тешко дека германскиот
потрошувач ќе посегне по нив, зошто дизајнот
на шишињата и етикетите речиси немаат шанса
да привлечат внимание во силната конкуренција на веќе етаблираните производители од
светот. Ова се генералните констатации на претставниците на македонските винарници, кои во
организација на Bayer International и Унијата на
германските комори за индустрија и трговија,
претставништво Скопје, на почетокот на месецов беа во посета на повеќе винарници во германската покраина Баварија.
И покрај овие песимистички состојби, не е се
така црно и, според изјавите на винарите,
постојат реални шанси македонското вино рамноправно да застане во редот на светските
познатите производители. Имено, нашите
винарници се најсовремено технички и технолошки опремени, а квалитетот на виното
воопшто не заостанува зад квалитетот на германските вина. Но, освен подобрувањата во
однос на целокупната амбалажа на производот,
што треба да ги направат производителите,
неминовно е вклучување на државните органи,
кои, како што истакнува Александар
ристевски, менаџер на вински туризам во
винарница Тиквеш, во соработка со винарниците и со здруженијата на винарите да преземат
активности за поголема промоција на македонската винска индустрија на странските пазари,
брендирање на македонското вино и разработка стратешки програми за заеднички бренд или
бренд на одредена сорта вино. -Македонија
извезува околу 70-80 проценти од вкупното производство на вино, што значи дека сме поврзани со странските пазари и поради тоа мора да
инвестираме многу во нивното освојување,
смета Ристевски.
Производителите на вино истакнуваат дека

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:57 Page 13

data 20. 07. 2009

broj 83
BERZANSKI pREglEdNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEdIUMI

берзНИК

13

Винари на германската Покраина БаВарија

земја на вино и гостопримливи луѓе
треба многу да се работи на развојот на
винскиот туризам и Македонија да се декларира како земја на виното, и доколку се
успее да се подигне винскиот туризам на
повисоко ниво, тогаш ќе биде полесна и
продажбата на македонските вина на
пазарите од ЕУ.
За ова да се реализира, винарниците
апелираат до државата и локалните самоуправи да инвестираат во подобрување
на инфраструктурата, односно во изградба на патишта, хотелски и ресторански
капацитети кои би биле поддршка на винскиот туризам во државата. Имено,
неадекватните патишта, често и неасфалтирани, до винските подруми, резултираат
со мала посетеност на туристи.
Катастрофалната состојба со патната
инфраструктура е исто така е главен проблем што љубителите на добрата капка
не ги посетуваат и другите туристички
атракции во Тиквешкиот регион, каде
главно е концентрирано производството
на вино, како што се Кожуф, висорамнината Витачево и други.
Како начин за зголемување на производството и развојот на
винскиот туризам, винарниците предлагаат и организирањето на што повеќе манифестации посветени на виното. За илустрација, во Баварија, покрај фестивалот
што го организира државната винарница,

Посета на баварските винарници
Македонската делегација, која ја сочинуваа претставници на винарниците
Тиквеш, Сковин, Попова Кула, Пивка,
Имако, Венец, Вардарска долина,
Езимит, во рамките на Проектот Bayern
– Fit for Partnership, за Современи технологии при производство на вино, во
рамките на посетата оствари деловни
контакти со 19 германски винарници од
Баварија, кои беа заинтересирани да го
прошират својот бизнис во овој регион.
Тие ги посетија најзначајните винарници
и лозја во оваа германска покраина,
меѓу кои и познатото лозје Лер, државната визба на градот Вирцбург, која
воедно е заштитена од УНЕСКО, винарската визба Кнол и лозјето Зомерах.
Претставниците на македонските компании имаа средба и со претседателот на
републичката установа за лозарство,
пчеларство и градинарство, Антон
Магер, кој ги запозна македонските

винари со нормите и стандардите кои
се поставени од ЕУ при производство
на вино, при што особено беа нагласени строгите критериуми и правната
рамка за продажба на виното како квалитетно вино во винотеки и гастрономија во ЕУ. Исто така, се одржаа и два
интерни саеми, на коишто се претставија 14 германски компании кои се занимаваат со производство на најсовремена опрема за винарници, етикети, системи за наводнување и лабораториски
услуги. Претставниците на македонските винарници имаа можност да поминат
еден ден во фирмата Кронес, гигант во
производството на етикети, флаширање, пакување на вино, шампањ, пиво,
безалкохолни пијалаци. Оваа германска
компанија работи за брендови како Кока
Кола, Нестле, Нескафе, Пепси, и покажа интерес за соработка со фирми од
нашиот регион.

Вранецот
– уникатен бренд
Како позитивен пример, кој може да
се искористи од патувањето во
Германија, винарниците го посочуваат здружувањето на 19 германски
винарски визби, кои произведуваат
вино од сортата силванер. Кај нас,
според нив, би можел истиот пример
да се искористи за виното вранец.
и сите други винарници си прават сопствени фестивали, саеми и други манифестации, така што во текот на целата
година има по некој настан поврзан со
винарството. На овој план, во државава
имаме малку настани од ваков тип. Тоа е
Фестивалот на виното што се одржува во
Неготино, на празникот свети Трифун, и
Тиквешкиот гроздобер, што се организира
во септември, во Кавадарци. Остатокот од
годината е празен.

-Покрај овие манифестации, што
се настани на макро план, бидејќи околу
нив се ангажира целиот град, во кои се
ангажира целиот град, може да се организираа настани на микро ниво, на ниво на

Што порачуваат експертите
Во препораките како подобро да се пласира македонското вино во ЕУ, експертите
препорачуваат акцентот да не се става само на квалитетот на виното, туку и на
шишињата, етикетите и дизајнот. Преку доброто квалитетно вино Македонија треба
да се презентира како држава богата со винови лози, квалитетно вино, добра кујна
и гостопримливи луѓе.

винарници, како што се дегустации на
вино, музички и поетски вечери, проекции
на филмови и слично, - вели Ристевски.
Според изјавите на претставниците на
македонските винарници, сите овие
активности треба да се преземат со цел
државава подготвено да го пречека светскиот тренд на консумирање вино, според
кој после пет години, како што кажуваат
процените на експертите, најмногу ќе се
бараат вината од јужните делови на
Балканскиот полуостров, од Црна гора и
Македонија.

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:57 Page 14

14

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 20. 07. 2009

ИнТерВЈу:
ЈОВанка ЈОлеска ПОПОВска, генерален дИрекТОр на ПрОкредИТ Банка

И во криза –Банката вистински партнер на малите бизниси
ПроКредит банка, позната и како банката од
соседството, која преку 41 експозитура лоцирани во 23 града низ Македонија ја продолжи
својата мисија на кредитирање на многу мали,
мали и средни претпријатија, за кои веруваат
дека создаваат најголем број работни места и
кои даваат витален придонес во економијата
во рамките на дејноста во која работат, не
отстапи од својот концепт и во овие услови на
финансиска криза. Како тие продолжија со
работа, како се рефлектираа негативните
ефекти од кризата, какви се полугодишните
резултати на банката и што конкретно тие
мислат за инвестирањето преку новите кредитни линии, говориме со Јованка Јолеска
Поповска, генерален директор на ПроКредит
Банка
Првото полугодие од оваа година го поминавме во период кога глобалната финансиска криза ја достигна својата кулминација,
која во светски рамки посебно се манифестираше во банкарскиот сектор. Иако
домашните банки не беа директно погодени,
сепак негативните ефекти влијаеа и на
домашната економија. како тоа се одрази
на Прокредит Банка, како го заврши првото
шестмесечие од годината? какви се резултатите во однос на планираните за оваа
година?
- Успешноста на банката ја мериме преку
порастот и квалитетот на кредитното портфолио. ПроКредит Банка е развојно ориентирана
банка, чија што мисија и стратешка ориентација е поддршката на многу малите, малите и
средни претпријатија. Заклучно со јуни оваа
година тековното кредитното портфолио изнесува над 130 милиони евра,а депозитната база
е над 132 милиони евра. И покрај очекувањата
за драстично помал раст во однос на оној што
го остваривме во минатите години, значи меѓу
20 и 30 проценти, сепак ПроКредит реализира
пораст во кредитното портфолио. Всушност,
само во овие први месеци Банката има исплатено нови кредити во вредност од околу 40
милиони евра. Како појаснување, над 90% од
нашето кредитно портфолио отпаѓа на бизнис
кредити во мали износи,но со висок степен на
редовност во отплатата. При тоа банката секој
месец реализира минимум шест милиони евра
отплати од кредитите, кои повторно се инвестираат во претпријатијата Значи за да ние го
зголемиме кредитното портфолио минималната сума која што треба да ја исплатиме е шест
милиони евра. И тој минимум ние го исплаќаме, но тоа не е доволно за да постигнеме
дополнителен пораст на Банката. Ова е показател дека Банката активно работи, можеби не
со динамиката од 2008, но сепак имаме побарувачка за кредити.
на што се должи тоа?
-Многу често се слуша дека банките станаа
премногу конзервативни заради тоа што се
плашат од намалената кредитоспособност на
претпријатијата коишто поради создадената
криза веќе имаат одредени проблеми во работењето. И покрај квалификациите за банките
дека се конзервативни,во нашиот случај, кредитната технологија и пристапот кон фирмите
воопшто не е променет. Нашата кредитна анализа отсекогаш била детална,базирана на
реална проценка на кредитниот ризик, односно
проценка за тоа колку бизнисот може да генерира профит и колку од тој профит, компа-

Во услови на криза имаше доста дискусии, како проблемите што ги имаат
претпријатијата заради намаленото или влошеното работење ќе се рефлектираат во отплаќањето на кредити спрема банките. Одредени влошувања, но многу минимални можат да се забележат, но многу повеќе зависат од соодветно направената финансиска анализа. Од друга страна банката доколку е вистински партнер на претпријатието, таа треба да му
подаде рака. Тоа би значело дека ако анализата сме ја направиле во еден
временски период кога фирмата работела добро и кога очекувањата
биле дека ќе продолжи на ист начин, а сега работењето и профитот се
намалени за 30 %, банката треба да има разбирање и дијалог со клиентот
за промена на условите на кредитот. Тоа во основа подразбира намалување на ратите, што пак се реализира со пролонгирање на рокот или со
комплетно репрогамирање
нијата може да издвои за кредит. Намалениот
пораст, би можеле да кажеме дека се должи на
фактот што самите претпријатија беа воздржани, a особено во првите неколку месеци на
годината, пред претседателските и локални
избори.
Значи не зборуваме за конзервативноста на
банките туку за фактот дека фирмите
потешко се одлучуваат на таков чекор
бидејќи не се сигурни за своите пласмани?
- Точно. Меѓутоа воздржаноста беше во
првиот квартал од годината, а веќе во вториот,
по изборите, ситуацијата се промени, сепак
политиката, е важен фактор кој што влијае на
економијата. Сега, веќе и претпријатијата се
поактивни, независно од дискусиите за кризата, за ребалансот на буџетот, за дефлацијата и
невработеноста. Сепак оние компании кои што
имаат добра стратегија, здрав и стабилен бизнис, што се претприемачи, знаат да го искористат моментот. Значи сега некои се позиционираат уште подобро за сметка на оние на кои не

можат да го издржат ударот на намален промет
од 20 до 30%, или пак намалена наплата за
исто толкав процент, што е факт кај претпријатијата. Оваа констатација произлегува од
анализата на нашите клиенти и тоа е би рекле
првичниот удар на кризата која се чувствува
во Македонија.
како тоа се рефлектира на побарувачката
на кредити?
- И покрај влијанието од кризата, побарувачката за кредити расте. Претпријатијата стануваат се похрабри. Првиот бран неизвесност за
тоа што и како ќе се случи, помина. Тие сега на
некој начин се прилагодуваат на состојбата, ги
прифатија приликите, такви како што се оваа
година, затоа што треба да се опстои понатаму.
Зошто да се одложуваат започнатите инвестиции ако претпријатието веќе генерирало добар
профит минатата година. А, факт е дека има
резерви, затоа што 2008 г. беше релативно
добра година за многу претпријатија, и резервите што ги генерираа тогаш, сега точно им

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 16:08 Page 15

Data 20. 07. 2009

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

користат за поддршка во услови на намален
промет, продолжувајќи при тоа со предвидените инвестиции. Токму за нив работат банките.
какви се ликвидносните параметри на
Банката?
- Банката е профитабилна. Не само што
немаме проблем со ликвидноста, туку се
соочуваме и со екстра ликвидност за кредитирање на претпријатијата. Во октомври 2008г.
кога настана и првата паника во земјата, се
забележа моментално повлекување на депозити, од банкарскиот сектор. Но паниката во
Македонија беше контролирана и воопшто не
може да спореди со ситуацијата во однос на
земјите од соседството при што уште еднаш
покажуваме дека навистина имаме стабилен
банкарски сектор. Значи, она што се повлече
во октомври се надомести до крај на годинаталуѓето повторно ги вратија парите во банките.
Тоа секако значи дека сега имате и поголем
обем на средства за распределба?
- Имаме доволно средства да инвестираме
во стопанството. Она што е исто така важно
освен обемот на кредитното и депозитното
портфолио, како и активата, за нас како банка,
а верувам и за другите банки, е и квалитетот
на кредитното портфолио. Во услови на криза
имаше доста дискусии, како проблемите што ги
имаат претпријатијата заради намаленото или
влошеното работење ќе се рефлектираат во
отплаќањето на кредити спрема банките.
Одредени влошувања, но многу минимални
можат да се забележат, но многу повеќе зависат од соодветно направената финансиска анализа. Од друга страна банката доколку е
вистински партнер на претпријатието, таа
треба да му подаде рака. Тоа би значело дека
ако анализата сме ја направиле во еден временски период кога фирмата работела добро
и кога очекувањата биле дека ќе продолжи на
ист начин, а сега работењето и профитот се
намалени за 30 %, банката треба да има разбирање и дијалог со клиентот за промена на
условите на кредитот. Тоа во основа подразбира намалување на ратите, што пак се реализира со пролонгирање на рокот или со комплетно репрогамирање. При тоа банката може да
превенира клиентот да не се најде во многу
тешка ситуација. Тука сме мошне проактивни
преку добриот мониторинг кој е дел од нашата
кредитна технологија, при што брзо се воочува
кога некој клиент навлегол во потешка ситуација. Квалитетот на кредитното портфолио во
ПроКредит Банка се одржува постојано на
високо ниво. Со крајот на јуни процентот на
кредити во доцнење над 90 дена, во
ПроКредит изнесуваше 1,25%, што е далеку
под просекот во банкарскиот сектор во
Македонија кој изнесува 7,5 %.
според вашите анализи, што очекувате ќе
има ли зголемување на каматните стапки?
-Иако некои од банките пројавија зголемување на каматите на тековните кредити,тоа не
беше случај и во ПроКредит Банка.
Настојуваме да имаме континуиран и добар
пораст на кредитното портфолио кој директно
влијае на стабилноста на банката. Од сегашна
гледна точка не би требало да има зголемување на каматните стапки до крајот на годината.
каква е состојбата во однос на бројот на
исплатени кредити?
- Во моментот броиме околу 35 000 активни
кредити. Во однос на претходното шестмесечие имаме тренд на зголемување на кредитното портфолио, но овој тренд би бил многу поголем да имаше нормална ситуација.

Групата Прокредит
Прокредит групата се состои од 22
целно ориентирани финансиски институции. Во фокусот на групата се земји
во развој и економии во транзиција во
три региони: Источна Европа, латинска
америка и африка. На крајот на 2008 г.
институциите- членки на групата работеа со 814 експозитури со вкупно
21.400 вработени.
Прокредит Холдинг и ЕБОр се и основните акционери на Прокредит банка
Македонија.
Од која дејност најмногу доминираат кредитобарателите?
- Најзастапени се кредитобаратели од секторот трговија со околу 30% од исплатените кредити, градежништво и транспорт со по 15 % и
земјоделието со 10 % .
каква е состојбата со потрошувачките кредити?
-Мисијата на ПроКредит Банка е поинаква.
Главната кредитна активност е насочена кон
развој на приватниот бизнис, сектор кој генерира нови работни места и економски раст.
Потрошувачките кредити претставуваат само
еден процент од нашето вкупно кредитно портфолио. Не сме против потрошувачки кредити,
но сметаме дека потрошувачките кредити не
треба да бидат приоритет во земјите во развој,
особено затоа што често знаат да доведат до
презадолжување на клиентите. Затоа кај нас
потрошувачките кредити се дефанзивен
производ. Тоа е во согласност со нашата
мисија за одговорно кредитирање. Но за граѓаните нудиме кредити за реновирање на живеалиштето или работната просторија.
како гледате на новата солуција МБПр
директно да кредитира проекти на мали и
средни претпријатија, што практично би
претставувало и директна ваша конкуренција, дотолку повеќе што најавените камати
се и помали?
-Кога ќе се донесе законот ќе се знае што
точно МБПР ќе кредитира и со колкави средства. Верувам дека интенција на Владата е
МСП да дојдат што побрзо до средства преку
МБПР. Не е благодарно сега да коментираме
за тоа дали ќе имаме конкуренција.
Конкуренцијата сепак има позитивен ефект за
крајните корисници. Секој кој што знае да се
позиционира ќе си го најде местото на пазарот.
Сепак, услугата и процесот на кредитирање
во голема мера зависи и од човечките ресурси.
ПроКредит работи со 200 кредитни аналитичари, што е голем број на луѓе кои работат за да
се исплатат кредити на малите и средни претпријатија..
Ќе се вклучите ли во кредитната линија на
Владата и Европска банка за обнова и развој која ќе оди преку МБПр за кредитирање
на МсП?
-Да. Покажавме интерес за кредитната
линија. Тоа е процедура во која Европска и
инвестициона банка треба да одобри преку кои
банки ќе одат тие линии..Имаме интерес да се
вклучиме во програмата, особено во делот на
големите кредити со износ над 300 000 до 700
000 евра. Ако зборуваме отворено 6% е навистина ниска стапка за мал кредит од 10 000 до
15 000 евра и за банките е економски
неодржливо. И 300 000 евра во рамки на банкарски сектор е мал кредит, но за нас како

берзНИК

15

ПроКредит Банка е поголем и кај тие кредити
гледаме можност за финансирање преку таа
кредитна линија.
колку Прокредит Банка е заинтригирана
или допрена од рестриктивната политика на
Народна банка на Македонија- повеќето од
банките реагираа, колку тоа влијаеше на
вас, има ли тука некои промени кои понатаму се рефлектираат кај каматните стапки?
- Со последната измена НБРМ направи
измена на пресметката на ликвидосните индикатори над 180 дена. Во тој ликвидносен индикатор банките имаат простор да го полнат со
парични средства со кои располагаат. Во секој
случај зголемувањето на минималната резерва
на девизните депозити, влијае, затоа што тоа
ангажира дополнителни средства кои што
треба да се чуваат во Народна банка. Така што
ќе биде неблагодарно да се каже дека нема
негативен ефект на банката, заради тоа што
тие за нас се неоплодени средства. Од друга
страна сметам и дека не е толку големо оптоварување затоа што банките во РМ се навистина ликвидни, што значи дека парите не биле
искористени 100 посто. Се работи за мерка
која што треба да се почитува, а НБРМ ја презема заради конкретната монетарна политика
што ја води и ние се согласуваме со таа програма. Веруваме дека стабилноста на локалната валута е многу важна во дадените услови.
Она што беше шпекулација во почетокот на
годината имаше импликации врз повлекувањето на денарските депозити во целиот банкарски систем и претворање во евра. Сега
состојбата во банкарскиот сектор е стабилизирана. Значи откако НБРМ и Владата најавија
дека се грижат за стабилноста на денарот мислам дека тоа ја стабилизира ситуацијата и мислам дека таа порака треба да постои во нашата економија.
како, вие како банкарски аналитичар гледате на склучувањето на аранжман со ММФ ?Во секој случај состојбата е таква што се
намалуваат девизните резерви во државата.
Тоа е голем притисок и врз стабилноста на
денарот и врз монетарната политика на НБРМ.
А девизните резерви се полнат од извоз, од
кредитни линии и од директни инвестиции.
Поради тоа што извозот е намален ( за околу
30%) а, директни инвестиции нема преостанува девизните резерви да се наполнат само од
кредитните линии. Владата веќе најави дека
тие ќе се задолжуваат преку еврообврзница,
преку кредити од комерцијални банки, меѓутоа
ако тоа не е доволно сметам дека ММФ , како
и во другите земји е извор каде што можат да
се повлечат тие средства. Факт е дека тоа се
средства со доста ниска каматна стапка, но и
се обврзувачки со одредени услови и барања
како треба да се дизајнира фискалната политика, како треба да изгледа монетарната политика. Па така, доколку една Влада сака самостојно да ја води државата и да ја менаџира
политиката, во секој случај земањето средства
од ММФ значи дека ја губи таа слобода. Сепак
се работи за долгорочни кредити. Според
последните индикатори Македонија спаѓаше во
нискозадолжените земји. Од тој аспект има
простор за задолжување на нашата земја.
Кредитна линија од ММФ подразбира дека влегувате во донесување на долгорочна одлука за
задолжување на земјата. Значи има и позитивна и негативна страна. Меѓутоа верувам дека
не може комплетно да се игнорира потребата
од ММФ ако навистина нема други ресурси од
каде може да се наполни девизната сметка.
Македонка Балдазарска

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:56 Page 16

16

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 20. 07. 2009

Маневски ветува:

Исполнување на реформите
во судскиот систем
- Министерството за правда и
министерот Михајло Маневски и во
следните неколку недели ќе работат со
полн интензитет за да бидат донесени
сите неопходни закони и да бидат
исполнети реформите во судскиот систем
пред есенскиот извештај за напредокот
на Македонија.
Вакви уверувања добил вицепремиерот
за европски прашања Васко Наумовски
на minatonedelnata средба со министерот
Маневски и неговите соработници.
- Со министерот за правда имавме
конструктивна средба. Тој и неговите
соработници ме запознаа со активностите
што се преземаат во насока на
исполнување на одредниците поврзани со
процесот на европска интеграција. Добив
силни лични уверувања и од министерот
и од Министерството за правда дека во
наредните неколку недели ќе се работи
со интензитет, што би резултирал со
соодветни резултати. Министерството за
правда ќе има чисто досие во однос на
работите што треба да се спроведат со
цел Република Македонија да ја добие
препораката за почеток на преговорите
со Европската комисија, изјави
Наумовски.
Во врска со Предлог на законот за
Собранието чие што донесување со
консензус е условено од опозицијата,
вицепремиерот Наумовски изјави оти
искрено верува во намерите на сите
пратенички групи во нивната определба
за донесување на сите закони кои се

потребни за добивање позитивен
извештај и изрази надеж дека во
наредните неколку недели тие
недоразбирања ќе бидат надминати.
На средбата, според Маневски,
биле разгледани сите прашања што се
однесуваат на исполнувањето на
одредениците за функциите на судски
систем и реформите во него.
- Од тоа што досега е сторено можеме
да бидеме задоволни бидејќи во
функцинирањето на судскиот систем се
конституирани девет нови институции,
како што е Управниот суд, Апелацискиот
суд во Гостивар, посебното Јавно
обинителство за гонење организиран
криминал и корупција, Судскиот совет,
Советот на јавни обвинители...Во фаза на
избор се кандидати за судии и јавни
обвинители, донесување закони, анализи
следење на состојбите во врска со
управното законодавство, финансирањето
на политичките партии, потоа за
кривичниот законик кој што синоќа
помина на владина седница и ќе оди во
собраниска процедура. Законот за судир
на интереси ќе се најде на наредната
седница на Владата, изјави Манвески.
Тој додаде дека се прави и анализа за
изборното законодавство врз основа на
извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за последните
избори, кој, според Маневски, треба да
одговори дали и во која насока треба да
се вршат одредени измени во Изборниот
законик.
- Од аспект на намалување на судските

предмети, решени се околу 28 проценти
или 257 илјади предмети споредено со
2006 година. Во однос на довербата во
судството, во 2008 година направени се
две истражувања, првото во март
покажува доверба од 69 проценти,
второто во ноември - 78 проценти. Има и
трето истражување од УСАИД во април
2009, според кое довербата на судството
изнесува околу 82 проценти, изјави
министерот за правда.
Запрашан за политичките влијанија во
судството, Маневски изјави дека не би
можел да каже на што се однесува тоа,
но оти веројатно се мисли на изборот на
судиите. - Најголемиот број избор на
судии го вршиме од Академијата за обука
на судии и јавни обвинители согласно
критериумите на стручност и
компетентност, на она што значи
гаранција за успешно вршење на
судската функција. Тоа се елементите од
кои се раководиме и секако дека сите
политички влијанија се острануваат и од
работата на Судскиот совет и на Советот
на јавни обвинители, рече Маневски.
За тоа дали ќе си поднесе оставка на
функцијата поради случајот со пензиите
министерот Маневски истакна дека веќе
одговорил на тоа прашање. - Не сум го
оштетил Фондот. Напротив, имам
побарувања од таму од кои се откажувам.
Еднаш веќе треба да биде јасно дека тоа
е измислена работа од која некој имаше
интерес да ја пласира без каква било
основа, истакна Маневски.

АнкЕТА:

Тројка за работата на Парламентот
- Тројка доби македонскиот Парламентот од
граѓаните за неговата работа. Оваа оценка
произлегува од телефонската анкета што овој
месец ја спроведе меѓу 1.110 испитаници
Институтот за демократија Societas Civilis во
рамките на проектот со Вестсминстерската
фондација за демократија за зајакнување на
капацитетите на Собранието на Република
Македонија.
Речиси 44 отсто од испитаниците или 487 ја
оцениле работата на Парламентот со оценка
три, 24, 2 отсто дале оценка два, а 16 отсто
единица. Ефикасноста на Собранието при
носењето на законите, според најголем број
испитаници е намалена. Овој одговор го дале
30,4 отсто од граѓаните додека речиси ист број
граѓани сметаат дека таа е иста како порано
или зголемена. Голем е бројот и на оние што
немале одговор или рекле не знам - 202 или
18,2 отсто. Испитаниците сметаат дека мала е
контролата на Собранието врз Владата на
Република Македонија. Вака рекле дури 42,3 7
отсто од нив.
Работата на претседателот на Парламентот
ја оценуваат како позитивна 38, 8 отсто од
анкетираните, додека 34,7 отсто го сметаат
спротивното. На ова прашање немале одговор
26, 5 отсто од граѓаните.

Речиси 44 отсто од испитаниците или 487 ја оцениле работата на
Парламентот со оценка три, 24, 2 отсто дале оценка два, а 16 отсто
единица. Ефикасноста на Собранието при носењето на законите, според
најголем број испитаници е намалена
Граѓаните ги оценуваат како негативни
работата и дискусиите на пратениците на
седниците и на комисиските расправи. Овој
одговор го дале дури 59, 2 отсто односно 657
од нив. Позитивна оценка дале само 240 или
21, 6 отсто.
Испитаниците рекле дека никогаш немале
средба со пратеник од својата изборна
единица, додека 282 или 25,4 отсто одговориле
позитивно на ова прашање. Исто така голем е
бројот и на оние што одговориле дека не се
случило пратеник од нивната изборна единица
да покрене иницијатива во Собранието за
проблем со кој се соочува нивната општина 72, 4 отсто или 804.
Половина од испитаниците одговориле дека
целосно не се запознаени со работата на
комисиите во Собранието, делумно не се
запознаени - 28, 8 отсто или 320, а целосно се
запознаени само 2,7 отсто или 30 од нив.
Дека ценат оти во последните месеци

комисиите има позначајна улога во работата на
Собранието одговориле 52, 6 отсто од
испитаниците, НЕ рекле 23,3 додека поголем е
бројот на оние што не знаат дали е тоа така.
Испитаниците во најголем број сметаа дека
комисиите во Собранието треба да ја следат
примената на законите од страна на извршната
власт - 66,7 отсто или 740. Со НЕ одговориле
97 или 8, 7 отсто, а со не знам 273 или 24,6
отсто.
Поделено е мислењето на граѓаните дека
Собранието е отворено за јавноста - 44, 3 отсто
одговориле со ДА, додека 43,4 односно 482 со
НЕ на ова прашање. Резултатот е сличен и во
однос на тоа дали тие се запознати со работата
на Собранието. Речиси 50 отсто рекле дека не
се, а 48 дека се запознати.
Според оваа анкета, граѓаните најчесто се
информираат за работата на Парламентот од
телевизиските извештаи и од интернет
медиумите.

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:56 Page 17

Data 20. 07. 2009

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

17

балкаН вести... балкаН вести...
тУрција

словеНија

буџетскиот дефицит
зголемен за 13 пати
Буџетскиот дефицит на Турција достигна 23,2 милијарди
турски лири (10,7 милијарди евра) во првата половина на
2009 година и е 13 пати повисок од истиот период од минатата година, соопшти Министерството за финансии.
Турската Влада прогнозира годишен дефицит од 40
милијарди турски лири (18,6 милијарди евра), што според
некои аналитичари е премногу оптимистичка прогноза.
Невработеноста е лесно намалена од 15,8 проценти во
март на 14,9 проценти во април, соопштува турскиот статистички институт.
Во земјата во моментов има околу 3,61 милиони невработени. Нивото на невработеност во април сепак е за пет проценти повисоко од истиот период од минатата година.
Турската економија во првиот квартал од годинава се
намали за 13,8 проценти во споредба со истиот период од
бил добар, а опсегот на нарачките надми- 2008 година, пред се, заради глобалната рецесија.
Земјата не успева да постигне спогодба со
на две милијарди евра. Околу 48 отсто од
обврзниците а алоцирано во банките, 42 Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нов заем.
отсто во фондовите, седум отсто на оси- Преговорите за спогодбата почнаа уште во јануари. Се
смета дека Турција се стреми да добие заем во висина од
гурителните компании, и три отсто на
околу 40 милијарди долари за рок од три години.
останатите.

Нлб издаде обврзници за
1,5 милијарди евра
Нова Љубљанска банка минатата
недела издаде тригодишни обврзници во
вредност од 1,5 милијарди долари, со
државна гаранција, кои ќе уврстени на
Берзата во Луксембург.
Обврзниците кои НЛБ ги продаде по
сена од 105 базни поени над референтната стапка ќе им донесат на инвеститорите годишен принос од 3,25 отсто, а тоа
е еден отсто над моменталниот принос
на словенечките државни обврзници кои
на денот на емитување достигнаа 2,36
отсто. Инаку, обврзниците доспеваат на
23 јули 2012 година.
Од Банката информираат дека одѕивот

Обврзниците ги купија вкупно 156
инвеститори од Германија (33 отсто),
Австрија 14 отсто, државите од
Бенелукс околу 12 отсто, Италија 9
отсто, Велика Британија 8 отсто,
Словенија 6 отсто, исто толку
Швајцарија, државите од Пиринејскиот
полуостров 4 отсто и од Скандинавија 3
отсто.

Грција

Невработеноста во април
достигна 9,4 проценти
Невработеноста во Грција во април се
зголеми на 9,4 проценти, што првенствено се должи на падот регистриран во секторите на градежништвото и туризмот.
Грчката Национална статистичка служба соопшти дека зголемувањето на
невработеноста се должи на намалувањето на бројот на вработените во градежништвото и ниската стапка на вработувања во туристичките објекти на грчките острови.

Асоцијацијата на грчките туристички
компании нагласи дека бројот на туристите, кои пристигнале на 13-те меѓународни
аеродроми во првите шест месеци од
годината е за десет проценти помал од
истиот период минатата година.
Се очекува и туристите оваа година да
потрошат помалку пари додека престојуваат во Грција, што може да доведе
до загуба на 19 илјади работни места во
туристичкиот сектор.

албаНија

Дси изнесуваат 600
милиони долари
годишно
Директните странски инвестиции во Албанија, се
превидува да останат на истото ниво како и изминатите две години, односно 5,6 отсто од Бруто домашниот
производ.
Во последните две години, странските инвестиции,
како што пренесува весникот Шќип, во просек изнесуваат околу 600 милиони американски долари.
Најголемиот процент од инвестициите во 2007 и 2008
година се од приватизацијата на државните компании.
За разлика од овој период во наредните години се
предвидува инвестициите, претежно да бидат од
типот гринфилд.
Весникот наведува дека интересот за вложување во
Албанија и понатаму е во нагорна линија. Најголем
интерес покажуваат италијанските, грчките, германските и турските инвеститори.

Хрватска

Усвоен втор, се подготвува трет ребаланс
Претставниците на хрватскиот Сабор го усвоија вториот овогодишен ребаланс на државниот буџет, што е тежок околу три
милијарди куни (околу 400 милиони евра), а најавено е дека третиот ребаланс веќе се подготвува и оти наскоро би можел да се
најде на дневен ред.
За усвоените измени и дополнувања на Законот за државниот
буџет со кои се овозможува прераспределба на буџетските расходи во износ 2,2 милиони куни (околу 105 милиони евра), гласале 82 од вкупно 153 претставници додека 41 пратеник се
изјасниле против.
Ребалансот е работен со проекција на годинешниот пад на
Бруто домашниот производ за 4,5 отсто и инфлација од 2,7
отсто, а и со расходите од 789 милиони куни се намалува буџетскиот приход за 6,8 милијарди куни.
Министерот за финансии Иван Шукер најави дека третиот
ребаланс на буџетот е веќе во изработка и можност да се најде
на дневен ред на Саборот на вонредната седница која за 27 јули
ја најави претседателот на Саборот, Лука Бебиќ.

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:56 Page 18

18

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 20. 07. 2009

свет вести ...свет вести ...
ЈуГОистОчна еврОПа

се помалку пари од имигрантите
Намалувањето на работните
места и зголемувањето на протекционистичките мерки на Западот
доведоа до намалување на
количината на пари, кои источноевропските имигранти ги испраќаат во нивните родни земји. Тоа
дополнително ја усложнува финансиската состојба на стотици мали
градови, кои се силно погодени од
економската криза.
Според податоци на Романската
централна банка до мај, Романците
во нивната татковина испратиле 1,8
милијарди евра, што е пад од една
третина во споредба со истиот
период минатата година. Бројот на
романските имигранти е десет проценти од населението на земјата,
која има 22 милиони жители.
Полска и Бугарија исто така
бележат пад на тој показател,
бидејќи имигрантите од нивните дијаспори се борат за плати и за работните места на британските, ирските и јужноевропските трудови пазари.
Полска објави податоци за првите три месеци од годината, според кои
е забележан пад од 17 проценти во висината на испратени пари од пол-

ПрОект набукО

Од каде
ќе доаѓа гасот?
Русија ја поддржува диверзификацијата
на доставките на гас за Европа, но новите
маршрути треба да бидат поддржани со
реални долгорочни договори, изјави
рускиот претседател Дмитриј Медведев по
руско-германските консултаци на високо
ниво, што минатата недела се одржаа во
Минхен.
- Не сме завидливи поради Набуко,
посакуваме проектот да се развива.
Доколку преку него се пренесува гас, тогаш
тоа е неопходно за некого. Сепак се уште
не можам да сфатам од каде ќе дојде гасот
и покрај неодамна потпишаниот документ,
нагласи Медведев.
Според Медведев, успешната
реализација на проектот Северен поток ќе
овозможи засилување на енергетската
безбедност во Европа, а гасоводот има
стратешко значење не само за Русија и
Германија, туку и за целиот континент.
Медведев нагласи дека Шведска, како
претседавач на ЕУ, ќе успее значително да
придонесе за зајакнување на енергетската
безбедност на европскиот континент, со
оглед на тоа што му даде зелено светло на
Северен поток.
Германскиот канцелар Ангела Меркел,
пак, потенцира дека меѓу Северен поток и
Набуко нема противречности,
напоменувајќи дека Германија ќе учествува
и во двата проекта.
- Ние не сме од оние луѓе, кои гледаат
противречности во развојот на системот на
гасоводи во Европа. Доволно е да се
разгледа нивото на европската потреба од
енергетски суровини во следните години, за
да стане јасно дека не е потребно да се
бараат антагонизми меѓу Северен поток и
Набуко. Проектите не се противречни еден
на друг. Важна е намерата за
обезбедување со суровини, рече Меркел.

ските имигранти, односно 658
милијарди долари. Во странство
работат околу пет проценти од
Полјаците.
Сумата, која околу еден
милион бугарски имигранти ја испратиле во татковината, е намалена за
16 проценти, на 738 милиони евра во
првите пет месеци од годината.
Светската банка ги стави
Романија и Полска на листата на
десет водечки држави според висината на парите пратени од имигрантите.
И покрај тоа што невработеноста достигна рекордно ниво во
местата, кои беа најмногу преферирани од имигрантите од Источна
Европа, романски и полски високи
претставници нагласуваат дека мал
дел од милионите имигранти, кои ја
напуштиле родните земји во годините кога тие се приклучиле кон ЕУ, се вратиле.
Според експертите голем дел од имигрантите добиваат пониски
плати или се регистрирани како невработени, но сепак тие имаат подобри можности отколку во нивните родни земји.

уркменистан

Потпишан клучен договор за гасот
Претставници на Туркменистан потпишаа
клучен договор со кој му го доделија правото на
истражување и експлоатација на наоѓалишта
на гас во Каспиското Море на германската
енергетска компанија RWE, една од членките
на конзорциумот за изградба на гасоводот
Набуко, кој е наменет за транспортирање гас од
Централна Азија во Европа и целта му е намалување на зависноста на ЕУ од рускиот гас.
На фирмата RWE и е доделена дозвола за
истражување на блокот 23 во траење од десет
години. По пронаоѓањето на енергенсот, на

операторот ќе му биде издадена дозвола за
индустриската експлоатација на период од 25
години. Речиси целиот извоз на гас од
Туркменистан во моментот се одвива преку
рускиот гигант Гаспром, но во последно време
се појавија тензии меѓу тие две земји.
Предвидено е 3.300 километри долгиот гасовод Набуко да транспортира дури 31 милијарда кубни метри гас од регионот на Каспиското
Море до Австрија, преку Турција, Бугарија,
Романија, Унгарија и Австрија, за да се заобиколи Русија.

Venture capital инвестиции

Глобалната криза – поттик за инвестирање
Според мислењето на venture capital инвеститорите, Кина би можела најмногу да профитира од актуелната економска криза, додека
најмногу ќе загубат САД. Иако рецесијата краткорочно го забави темпото на venture capital
инвестирањето, се очекува стабилизација на
нивото на инвестициите, покажува глобалното
истражување на консултанстско ревизорската
компанија Deloitte.
Гледано на краток рок, половина од venture
capital вложувачите опфатени со истражувањето, го намалуваат бројот на фирми во кои вложуваат, а само 13 отсто планираат зголемување на
инвестициите. Се менува и фокусот на инвеститорите, па така, дури 63 отсто од испитаниците
планираат во следните три години да ги зголемат вложувањата во чиста технологија. Овој сектор, благодарение на се поголемата побарувачка
на потрошувачите за алтернативна енергија и
амбициозните инвестициски планови на многу
држави, стана важен за venture capital вложувачите. Пораст на инвестициите се очекува и во
секторите на медицинската опрема, нови медиуми, стоки за широка потрошувачка,биофармација и софтверска технологија.
Сепак, овие инвеститори се помалку оптимистички за зрелите сектори, како што се телекомуникациите, за кои се предвидува стагнација

во инвестирањето. Иако рецесијата краткорочно го забави темпото на venture capital вложувањата, на среден рок развојот на овој сектор
можеби дури е забрзан. Повеќето од овие вложувачи на глобално ниво, дури 79 отсто, предвидуваат стабилизирање на нивото на инвестирање, што е знак дека нема да се откажат
од натамошни вложувања.
Заради рецесијата, 36 отсто од испитаниците
имаат намера да се концентрираат на подоцните фази од инвестирањето, со цел да го
поддржат постојното портфолио на компаниите, додека ситуацијата на надворешните пазари не се подобри. Само 6 отсто од испитаниците ќе се концентрираат на раните фази во
инвестирањето. На прашањето каква државна
политика непосредно би им помогнала на venture capital инвестициите, најмногу испитаници
би сакале да видат поддршка на институционалните вложувачи, додека други се залагаат
за либерализација на даночната политика и
поддршка на истражувањето и развојот.
Гледано на долг рок, мнозинството venture capital вложувачи се оптимисти, а 51 отсто сметаат
дека токму сега е одличен момент за инвестирање во претприемачките фирми коишто ветуваат. Само 6 отсто од испитаниците сметаат
дека сега не е време за инвестирање.

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:55 Page 19

Data 20. 07. 2009

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

19

СвеТ вести ...СвеТ вести ...
ПолСка

евроПСка уНија

Најскапа
за живот - Данска

Се подалеку од еврото

Данска е најскапа за живот во 27-члената Европска
унија, со потрошувачки цени кои изнесуваат 141 отсто во
однос на просекот на ЕУ, додека Бугарија е најевтина со
51 отсто од просекот, соопшти Евростат. Споредувањето
на цените на стоките од широка потрошувачка и услугите
во 2008 покажало дека Ирска е на второ место меѓу
најскапите земји, со цени кои изнесуваат 127 отсто во
однос на просекот на Унијата.
На списокот, зад Ирска, следат Финска, Луксембург,
Шведска и Белгија. Цените во Германија изнесуваат 104
проценти во однос на просечните, наведува Евростат.
Истражувањето покажало дека најниските потрошувачки цени, после Бугарија, имаат поранешните комунистички земји од централна и источна Европа - Романија,
Литванија, Полска и Унгарија.

Порше

отфрлена понудата
на Фолксваген
Германскиот производител на спортски автомобили
Порше ја отфрли можноста за продажба на акциите на
Фолксваген и ќе ја разгледа единствено понудата на
арапскиот емират Катар, објави ше во дневниот ред за
вонредната седница на 23 јули, прашањето за
Инвестицискиот фонд на Катар го ставил во точката одлуки, додека понудата на Фолксваген е ставена под точката
информации.
Фолксваген, најголем европски произведувач на автомобили, понудил откуп на 49,9 отсто од акциите на
Порше, кој сега држи 51 процент на Фолксваген, но нема
право на донесување одлуки во компанијата поради прописите кои го штитат Фолксваген.
Катар е подготвен да плати седум милијарди евра за
над 25 отсто од акциите на холдинг групата Порше автомобил и за акциите на Фолксваген од сегашните 51 на 75
проценти. Фолксваген бил подготвен да плати над четири
милијарди долари за речиси половина Порше.

Влегувањето на Полска во еврозоната,
кое би требало да се случи во 2012 година, е се понеизвесно, а аналитичарите
предупредуваат дека реален рок е 2014.
или 2015 година, јавуваат полските
медиуми.
Имено, пред 2011 година дефицитот на
државниот буџет на Полска нема да биде
помал од 3 отсто, што е услов за влез во
системот на курсеви ERM 2, таканаречен
чекалница за еврото, во која се минуваат
најмалку две години. Пред кризата да се
прошири, владата планирала да побара
влез во ERM 2 до средината на оваа
година, бидејќи во врзувањето со еврото
гледаше единствена начин за побезболно
надминување на кризата.
Меѓутоа, примерите на Словачка и
Словенија покажаа дека еврото во новите
членки на ЕУ во време на криза не е
најдобро решение. Падот на вредноста
на полската злота и чешката круна им
донесе на стопанствата и извозниците на
тие земји прилична предност во однос на

словенечкото и словачкото стопанство,
кои пресметуваат, плаќаат и продаваат во
евра.
-Не очекуваме дека полската влада ќе
чека буџетскиот дефицит да биде под 3
отсто, па да ја воведе злотата во системот ERM2. Најважен фактор кој ќе решава за датумот на преминување на евро ќе
биде темпото на глобалното економско
заживување, прецениле аналитичарите
во новиот извештај.
Откако започна кризата, обичните
Полјаци не се веќе нестрпливи да се простата со својата злота. Според најновата
анкета на агенцијата TNS OBOP, 33 отсто
од граѓаните сакаат влезот во еврозоната
да биде подоцна, додека 28 отсто сакаат
преминувањето на еврото да биде пред
2012 година, а дури 20 отсто воопшто не
сакаат да го користат еврото и бараат да
се задржи злотата. Повеќе од 53 отсто од
анкетираните сметаат дека воведувањето
на еврото ќе ги намали нивните семејни
буџети.

InternatIonal BusIness MachInes (IBM)

Пораст на добивката за 12 отсто
International Business
Machines (IBM) оствари добивка
од 3,1 милијарди долари во вториот квартал, што е пораст од
12 отсто на годишно ниво.
Вкупните приходи на американската компанија паднаа во
вториот квартал за 13 отсто, на
23,3 милијарди долари. –Ние
сме оптимисти од тоа како е
IBM позициониран на најдобар
начин да ги искористи сегашните можности за раст, како и тие
што се појавуваат при заздравување на економијата, истакнува
претседателот на компанијата,
Samuel J. Palmisano.
IBM, најголемиот давател на
компјутерски услуги на светот, ја
зголеми процената за добивка
по акција за цела 2009 година
на барем 9,70 долари, од претходната процена од 9,20 долари.

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:55 Page 20

20

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 20. 07. 2009

16.07.2009 g. ЧЕТВРТОК
1. KRATOK pREglED NA NASTANI
Македонците, конечно, во Европа без визи!,
ова секако е топ веста не само во печатените туку
и во електро-нските медиуми. -Граѓаните ќе можат
да патуваат без визи во сите земји од ЕУ освен во
Велика Британија и Ирска. Без визи ќе можат да
патуваат и во Швајцарија, Норвешка и Исланд кои
не се во Унијата, а се во шенген зоната, изјави
Еврокомесарот за проширување на Унијата, Оли
Рен...
На економски план, дневниот печат фокусиран
на три настани.
Во преден план информацијата за посетата на
македонските винарии на Бааварија. Заклучокот, на
нашето вино му фали бренд. Македонските винарници се технички и технолошки добро опремени, a
квалитетот на македонските вина не заостанува зад
германските вина, но главниот проблем на винарската индустрија е дека таа не е позната на светските пазари. Ова е ставот на македонските винарници
чии претставници на почетокот на месецот беа во
посета на германската покраина Баварија. Тие сметаат дека треба да се декларираме како земја на
виното и да се работи на развојот на винскиот туризам. Co развиен вински туризам ќе биде полесна и
продажбата на македонските вина на пазарите од
Европската Унија.Преку винскиот туризам ќе не
запознае светот-Квалитетот на македонските вина
не заостанува зад германските, бидејќи имаме технички и технолошки добро опремени винарии, но
главниот проблем на македонската винарска индустрија е што светот не знае многу за нас....
Стопанска најдобра банка во Македонија за
2008 година, е втората најзастапена вест во печатените медиуми. Признанието оваа наша банка го
доби од престижното списание во светот за финансии и банкарство, Еуромани, а доаѓа во година на

најголемите искушенија за банкарскиот свет, со што
се крунисуваат постигнатите резултати во текот на
ланското работење. Од менаџментот велат дека
признанието е резултат на стабилноста и капиталната сила на банката, на ефикасноста во нејзиното
работење, добрите производи и услугите, нејзината
достапност до клиентите и високата доверба што ја
ужива кај компаниите и населението.
-Паричниот прилив ќе ги диктира каматите- Во
Стопанска банка не очекуваат раст на каматите до
крајот на годината, а доколку дојде до прилив на
финансиски средства од странство, може да се
случи и процес на намалување на каматните стапки. И покрај кризата и неповолниот еко-номски
амбиент за опстојување на банкарскиот сектор,
Стопанска банка во првите шест месеци од годината ја зголемила вкупната актива за 35 милиони
евра, така што на крајот од јуни вкупната актива
достигнува скоро една милијарда евра.
Космофон и Он. нет со заеднички пакет, е третата топ тема во весниците. -Безжична фиксна
линија и безжичен АДСЛ-интернет е прва заедничка
понуда под името Алонет, што ја воведоа компаниите Космофон и Он.нет, кои се во сопственост на
Телеком Словенија. Корисниците може да одберат
еден од двата тарифни модела, со месечна претплата од 899 денари и од 1099 денари, со единствена тарифа преку целиот ден и попуст кон броевите на Он.нет или на Космофон. Првиот пакет се
добива со вклучени 200 минути за разговор и
вклучени 10 гигабајти интернет-сообраќај, a вториот
пакет вклучува 300 минути за разговор и 30 ГБ..
Рамстор на државата и должи над милион
евра, пренесуваат Вечер и Нова Македонија..Компанијата Рамстор Македонија ДОО Скопје која
стопанисува со истоимениот трговски центар, ќе
мора во рок од 15 дена на сметката на

Министерството за транспорт и врски да уплати 70
милиони денари (1,13 милиони евра). Вака одлучи
Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) која
откако пред една година повела истрага за оценка
на државната помош која на Рамстор Македонија во
2004 година му ја додели Министерството за транспорт и врски за купување на државно земјиште за
изградба на трговскиот центар Рамстор.
-Државата фрли мерак на парите од банките Државата продолжува да се задолжува дома,
зајмејќи од банките и од стопанството, и покрај продажбата на евро-обврзниците во странство.
Министерството за финансии не отстапува од
календарот за издавање државни хартии од вредност и наредниот датум на нивната продажба е 21
јули, идниот вторник. Очигледно, велат експертите,
175 милиони евра, колку што влегоа во државната
каса, не се доволни за да се пополни буџетсжата
дупка. Јавноста треба да знае зошто државата се
задолжува дополнително со продажба на државните хартии од вредност на домашниот пазар. За
парите од странство не се доволни? Ако не се,
тогаш треба да се направи не само нов ребаланс,
туку нов концепт на распределба на буџетот вели
Драган Тевдоски, универзи-тетски професор, за
Време.
Ставревски молчи околу предлогот на
Славески за ребалансот на буџетот, анализира
Утрински весник- Ставре-ски пред официјалното
преземање на должноста министер за финансии,
најави дека од првиот ден сериозно ќе се зафати со
анализа, дали на државава и е потребен ребаланс
и сега. Во врска со ова од Финансии само ипуро
информираат дека се истражува состојбата со буџетот и адекватао на тоа можноста за итен ребаланс и
менување на буџетските проекции, посебно во
делот на кастрење на државните расходи.

2. TOp VESTI - RElEVANTNOST pO BROJ NA OBJAVI
1. „АЛО НЕТ” ПРВА ПОНУДА НА „КОСМОФОН” И „ОН.НЕТ” (*****)
2. СТОПАНСКА БАНКА - НАЈДОБРА (****)
ДНЕВНИК

с.4 ИМАМЕ ЕВРОПСКО ВИНО БЕЗ ЕТИКЕТА

с.7 БИШЕВ: АКО НЕ РАСТАТ ВЛОГОВИТЕ, ЌЕ РАСТАТ КАМАТИТЕ

с.6 ДРЖАВАТА ФРЛИ МЕРАК НА ПАРИТЕ ОД БАНКИТЕ

с.7 „КОСМОФОН” И „ОН.НЕТ СО ЗАЕДНИЧКИ ПАКЕТ

с.6 СТОПАНСКА БАНКА - НАЈДОБРА

с.9 ПРОДАДЕН ИМОТ НА „БИТОЛАТЕКС”

с.7 „КОСМОФОН” И „ОН НЕТ” СО ЗАЕДНИЧКА ПОНУДА

с.9 ОТВОРЕН 15-ТИ САЛОН „ТОБАКО”

ВЕЧЕР
с.6 ПРЕКУ ВИНСКИОТ ТУРИЗАМ ЌЕ НЕ ЗАПОЗНАЕ СВЕТОТ
с.6 ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА НЕМА РАСТ НА КАМАТИТЕ!
с.6 КОСМОФОН И ОН.НЕТ: ФИКСНА И ИНТЕРНЕТ ВО ALLONET
с.7 РАМСТОР НА ДРЖАВАТА И ДОЛЖИ НАД МИЛИОН ЕВРА!

БИЗНИС
с.2 „КОСМОФОН” И „ОН.НЕТ” СО ЗАЕДНИЧКА „АЛЛО-НЕТ” ПОНУДА
с.5 СТОПАНСКА НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2008 ГОДИНА
с.5 ПАРИЧНИОТ ПРИЛИВ ЌЕ ГИ ДИКТИРА КАМАТИТЕ
с.7 ДО ПАРИ ПРЕКУ ИЗДРЖАНИ ПРОЕКТИ
с.8 ЛЕКОТ Е ВО ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ БЕРЗИ
с.9 АКЦИЈАТА НА НЛБ ТУТУНСКА БАНКА ОСТВАРИ НАЈГОЛЕМ ПРОМЕТ
с.10 ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПОВТОРНО ВО ПОРАСТ

ВЕСТ
с.3 КУПУВАЧ НА АКЦИИТЕ ВО МАКСТИЛ Е ФИРМА НА МИЛЧО И ДУФЕРКО
с.7 ВИНОТО “ВРАНЕЦ“ ЌЕ СЕ БРЕНДИРА ПО ГЕРМАНСКИ ТЕРК
с.8 БИШЕВ: КАМАТИТЕ НЕМА ДА РАСТАТ

НОВА МАКЕДОНИЈА
УТРИНСКИ ВЕСНИК

с.8 КОРПОРАТИВНА КОНСОЛИДАЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА „МАКСТИЛ”

с.7 СТАВРЕСКИ МОЛЧИ ОКОЛУ ПРЕДЛОГОТ НА СЛАВЕСКИ ЗА РЕБАЛАНС

с.8 „РАМСТОР” ТРЕБА ДА ДОПЛАТИ 1,1 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПАРЦЕЛАТА

с.7 HOВ „TOGETHER” ВO ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

с.8 “АЛЛОНЕТ” ПРВА ЗАЕДНИЧКА ПОНУДА НА „КО-СМОФОН” И НА „ОН.НЕТ”

с.7 „АЛО НЕТ” ПРВА ПОНУДА НА „КОСМОФОН” И „ОН.НЕТ”
с.8 КАМАТИТЕ ОСТАНУВААТ ВИСОКИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА
с.8 СТОПАНСКА НАЈДОБРА ЗА 2008 СПОРЕД „ЕУРОМАНИ”

ВРЕМЕ

ШПИЦ

с.9 ВЛАДАТА ГИ СТРЕСЕ БАНКИТЕ
с.10 УВОЗОТ ЈА ИСКОРНА ШЕЌЕРНАТА РЕПКА
с.10 ПОЧНА ОТКУПОТ НА ЛЕБНОТО ЖИТО

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:55 Page 21

Data 20. 07. 2009

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

21

17.07.2009 g. ПЕТОК
1. KRATOK pREglED NA NASTANI
Денес во фокус на печатените медиуми веста
дека австриската компанија Енерџи Зотер Бау ќе
инвестира околу 15 милиони евра за иградба на 16
мали хидроцентрали на повеќе локации низ земјава.
Централите кои се со вкупната инсталирана моќност
од 6,62 мегавати треба да бидат готови до јули 2012
година. Договорот за концесија за вода, вчера, беше
потишан во Владата на РМ од страна на министерот
за економија, Фатмир Бесими и претставниците на
компанијата, Самоил Целески и Роберт Зотер.
Според Бесими, годишното производство на овие
енергетски објекти е планирано да достигне 26,48
гигаватчасови.
- Концесионерот треба во првата година да ги
обезбеди сите потребни документи за да започне со
градба, вели Бесими. Тој објасни дека оваа компанија
учествувала на првите два меѓународни тендери и на
првиот оглас добила 3 локации со инсталирана моќност од 1,985 мегавати, а во вториот оглас 13 локации со моќност од 4,542 мегавати..- За економијата е
најважно инвестициите да бидат остварливи.
Значајно е што во земјава ќе се градат енергетскипроизводствени капацитети - рече Бесими.
Од есен нема превоз без лиценца, пренесува
Вечер.- Превозниците кои со автобуси и комбиња
преве-зуваат патници, имаат рок од 1,5 месец да си
обезбе-дат лиценца за работа бидејќи по 31 август не
ќе можат возат на транспортниот пазар во земјава.
Истото се однесува и за оние превозници кои превезуваат стоки, но на нив им е оставен простор до 30
септември да се снабдат со потребната лиценца која
станува задолжителна за сите што вршат јавен превоз....Меѓу документите што им се бараат е и тој дека
фирмата е упишана во Централниот регистар, дека
има сопственик, или има земено на лизинг едно или
повеќе регистрирани возила кои мора да ги исполнуваат посебните техничко-експлоатационите услови.
Превозникот треба да има вработено возачи во редо-

вен работен однос и тоа онолку колку што има моторни возила.
Јорданов ја консолидира компанијатаКомпанијата Repro One Limited, зад која стои бизнисменот Минчо Јорданов, за 6,5 милиони евра на пазарот на капитал ги продаде своите 2.833.247 обични
акции издадени во Макстил, со што се ослободи за
19,3 проценти од капиталот што досега го поседуваше во Челичарницата. Овие податоци вчера беа
објавени како ценовно чувствителна информација на
официјалниот сајт на Македонската берза за хартии
од вредност. Таму, исто така, е наведено дека истиот
ден ново-создадената фирма Минѕорк Оверсеас
Инц. купила 2.833.247 обични акции издадени од
Макстил, при што таа станала сопственик на повеќе
од 5 проценти од обичните акции на Макстил.
Дуферко со 81% и понатаму е најголем акционер во
Макстил. Како што коментираат од УО на Макстил
оваа финансиска операција значи само понатамошно консолиди-рање на плановите за развој и за
модернизација на компанијата. Според нив,
Јорданов и понатаму останува рамноправен партнер
на Дуферко корпорација..
-Пари и време. Ова се двете клучни работи кои
Македонците ќе ги заштедат од 1 јануари. Безвизниот
режим драстично ќе ги им ја олесни работата на
странските амбасади, но ќе им го олесни и буџетот,
говорат анализита во весниците.
Амбасадите на шенген земјите на Македонците
годишно им издаваат над 800.000 визи.
Благодарејќи на спогодбата за визно олеснување која Европската Унија ја склучи со Македонија во
2007 граѓаните со привилегии визата ја плаќаат 35
евра наместо 60. Точна статистика нема, но ако претпоставиме дека само половината се наплаќаат, а
останатите се даваат гратис , тоа значи дека годишно Македонците оставаат над 14 милиони евра во
странските амбасади. Обемната документација,

закажување термини, чекањето со денови за да ја
добиете визата и честопати грубиот однос на вработените во амбасадите се дополнителни проблеми
кои многу повеќе ги фрустрираат Македонците.-Без
визи, бизнисот тешко ќе ги задржи добрите работници...
УЈП ја крие слабата наплата на даноците,пренесува Утрински весник- Управата за јавни приходи до
вчера доцна попладне се’ уште ги немаше објавено
податоците за наплатени даночни приходи во вториот
квартал од годинава, иако прво најавуваше дека ќе го
направи тоа до 10 јули. Потоа беше кажано дека податоците ќе бидат објавени до 15 јули, а и вчера информацијата не беше ставена на страницата на Управата.
Медиумите во неколку наврати безуспешно се обидуваа да добијат информација за вкупно остварените
приходи од даноци и акцизи за април, мај и јуни. По
реакциите на новинарите УЈП најави дека ќе ги обелодени податоците, но до затворање на весникот, тие
не беа ставени на нивната веб страна.
Арбитражата за ЕВН,најрано за две години,
објави Дневник.- Адвокатите на нашата влада пред
Арбитражниот суд во Вашингтон во спорот со ЕВН,
Роберт Волтера и Себастијан Силман-Егеберт,
тврдат дека конечната одлука на судот може да се
очекува најрано кон крајот на следната 2010 или во
почетокот на 2011 година.
Наспроти тврдењата на претседателот на УО на
ЕВН Австрија, Питер Лаер, дека Арбитражниот суд
работи забрзано на процесот против Македонија,
Волтера и Егеберт, од американската адвокатска
компанија Латам и Воткинс, велат дека ќе поминат
уште многу месеци пред воопшто да почне судењето
во процесот....Австријците се обврзаа дека ќе донесат 96 милиони евра инвестиции за три години, за
што нема докази, велат од американската адвокатска
компанија Латам и Воткинс, што ја ангажира нашата
влада...

2. TOp VESTI - RElEVANTNOST pO BROJ NA OBJAVI
1. „ЕНЕРГИ ЦОТЕР БАУ” ЌЕ ВЛОЖИ 15 МИЛИОНИ ЕВРА ВО МАЛИ ХЕЦ (*****)
2. КАВГА НА ГАЗДИ ЈА ПОНИШТИ „ГРАДСКИ АПТЕКИ” (****)
ДНЕВНИК

с.10 УЈП ЈА КРИЕ СЛАБАТА НАПЛАТА НА ДАНОЦИТЕ?

с.7 АРБИТРАЖАТА ЗА ЕВН НАЈРАНО ЗА ДВЕ ГОДИНИ

с.10 АВСТРИСКАТА „ЕНЕРЏИ ЗОТЕР БАУ” ЌЕ ГРАДИ 16 МАЛИ XEЦ

с.7 „РАМСТОР” КАЗНЕТ СО 1 МИЛИОН ЕВРА ЗАШТО ГО ПРЕПРОДАЛ
ЗЕМЈИШТЕТО
с.7 „ЕНЕРГИ ЦОТЕР БАУ” ЌЕ ВЛОЖИ 15 МИЛИОНИ ЕВРА ВО МАЛИ ХЕЦ
с.9 ФАРМЕРИТЕ ЛУТИ НА НОВИОТ МИНИСТЕР
с.9 ЗАТВОРЕНИ 42 ФИРМИ ПОРАДИ НЕПРИЈАВЕНИ РАБОТНИЦИ

ВЕЧЕР
с.6 ЈОРДАНОВ ЈА КОНСОЛИДИРА КОМПАНИЈАТА
с.6 ПОДНЕСЕИА ПРВАТА ТУЖБА ЗА МОБИНГ ВРЗ РАБОТНИЧКА ОД БИТОЛА
с.7 МЕСЕЦОВ ЗАТВОРЕИИ 42 ФИРМИ

ВРЕМЕ

БИЗНИС

с.5 ЌЕ СЕ ГРАДАТ 16 ХИЦРОЦЕНТРАЛИ

с.2 „РАСАДНИК”- НОВА ЕКСПОЗИТУРА

с.7 ЗАТВОРЕНИ 42 ФИРМИ

с.2 ЗАТВОРЕНИ 42 ФИРМИ
с.2 ЛЕТЕН НЛБ СУПЕР ДЕПОЗИТ
с.6 АВСТРИСКИ “ЕНЕРЏИ ЗОТЕР БАУ” ЌЕ ГРАДИ 16 МАЛИ ХЕЦ
с.8 ИЗВРШЕНА РЕДОВНА РЕВИЗИЈА НА ОМБ
с.8 MINYORK OVERSEAS INC. КУПИ АКЦИИ ОД „МАКСТИЛ”
с.8 ХАРИ КОСТОВ СО НОВИ АКЦИИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
с.9 ОБВРЗНИЦИТЕ НАПРАВИЈА ПОЛОВИНА ОД ПРОМЕТОТ

УТРИНСКИ ВЕСНИК
с.6 КАВГА НА ГАЗДИ ЈА ПОНИШТИ „ГРАДСКИ АПТЕКИ”

ВЕСТ
с.3 ПРОПАДНА ТЕНДЕРОТ ЗА “BAРДАРСКА ДОЛИНА”
с.6 ЕНЕРЏИ ЗОТЕР БАУ ЗА СЕДУМ МЕСЕЦИ ЌЕ ЈА ВКЛУЧИ ПРВАТА ХЕЦ
с.7 „ГРАТСКИ АПТЕКИ“ ЛИКВИДИРАНИ

НОВА МАКЕДОНИЈА
с.7 СЕ ПОНИШТУВА „ГРАДСКИ АПТЕКИ”
с.8 БУЏЕТОТ ПОКРАТОК ЗА 19,3 МИЛИОНИ ЕВРА
с.8 АВСТРИСКАТА „ЕНЕРЏИ ЗОТЕР БАУ” ЌЕ ГРАДИ 16 МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

с.9 БЕЗ ВИЗИ, БИЗНИСОТ ТЕШКО ЌЕ ГИ ЗАДРЖИ ДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ

ШПИЦ

с.9 КУМАНОВЦИ ЌЕ СЕ ГРЕАТ НА ПРИРОДЕН ГАС

с.8 ЌЕ СЕ ГРАДАТ 16 МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ
с.8 ЗАТВОРЕНИ 42 ФИРМИ СО НЕПРИЈАВЕНИ РАБО-ТНИЦИ

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:55 Page 22

22

берзНИК

broj 83
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Data 20. 07. 2009

18.07.2009 g. САБОТА
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI
Топ вест во сите денешни весници е изјавата
на министерот за финансии, Зоран Ставрески,
дека Владата нема да брза со ребаланс на буџетот и дека тој веројатно ќе се направи дури на
крајот на летото, во септември. Иако според
Управата за јавни приходи даночните приходи во
првите шест месеци годинава паднале за 12,5
отсто споредено со лани, при што најзагрижувачки е падот на данокот на додадената вредност, кој
во јуни бележи пад од 20 отсто во споредба со
истиот месец лани, министерот Ставрески тврди
дека нема причини да брза со прекроју-вањето на
буџетската каса. Според анализата што ја направи Министерството за финансии, до крајот на третиот квартал годинава треба да се изврши ребаланс на буџетот, а колкави корекции ќе бидат
потребни, односно колку ќе се крати од буџетот,
ќе зависи од приходите што ќе се остварат во
јули и во август. -Веќе во јули се забележува
тренд на стабилизирање на даночните приливи.
Треба да почекаме да видиме дали е тоа тенденција и дали ќе продолжи, а потоа ќе ја известиме
Владата за тоа кога е попотребно да се направи
ребалансот и со која големина, вели Ставрески.
Во однос на аранжман со ММФ, Ставрески вели
дека, ако се оцени дека има потреба од формален аранжман со ММФ за да се задржи макроекономската стабилност, - ние нема да размислуваме. Значи, отворени ги држиме сите врати и сметам дека тоа е разумен пристап во вакви услови
кога има светска економска криза.
Македонија има два месеца да ги усогласи
законите и регулативата оо правото на
Енергетската заедница, во спротивно, ова прашање ќе биде изнесено пред Министер-скиот совет
кој може државава да ја исклучи од членство во
Заедницата, порача вчера Секретаријатот на ЕЗ од
Виена. Ова, како што информираат весниците, би
значело енергетска изолација за Македонија. -Ја
повикуваме Маке-донија да преземе одлучна
акција и да го почитува правото на Енергетската
заедница. Од суштинско значење е да можеме да
видиме конкретни подобрувања во следните два

месеци, изјави Славчо Нејков, директор на
Секретаријатот на Енергетската заедница.
Секретаријатот смета дека измените во Законот се
дискриминирачки, а новата методо-логија за пресметка на цената на струјата го прекршува принципот на трошочна рефлексивност. Оттаму сметаат
дека е создадена позиција и структура на државниот произво-дител на струја ЕЛЕМ, кој ја дискриминира странската електрична енергија и го презема регулираниот пазар на штета на корисниците.
Во денешните печатени медиуми може да се
прочита и за договор за грант, потпишан меѓу македонскиот министер за економија Фатмир Бесими и
шефот на Канцеларијата за австриска техничка
соработка, Хајнц Хабертоер, со кој Австрија донираше неповратна финансиска помош од 1,61
милион евра за да се поттикне енергетската ефикасност во градежниот сектор во периодот од 2009
до 2012 година. Во дел на грантот, со финансиски
средства од 110.000 евра учествува и Швајцарија,
а за да се реализира целиот проект, македонското
Министерство за економија ќе учествува со
115.000 евра.
Јавниот оглас за Вардарска Долина е неуспешен бидејќи само две компании покажале интерес
за проектот, изјави вчера Фатмир Бесими, министер за економија. Повикот за изградба на 12 хидроцентрали по текот на реката Вардар се очекува
официјално да биде поништен бидејќи, согласно
со стариот Закон за јавните набавки, за успешен
тендер неопходно е да пристигнат минимум три
понуди. - Задоволително е што и во овие услови
на глобална економска криза две реномирани
европски компании. од областа на енергетиката
покажале интерес за проектот Вардарска Долина,
рече Бесими. Проектот предвидува изградба на 12
хидроцентрали по должината на реката Вардар, со
вкупна моќност од 325 мегавати и вредност од 1,2
милијарда евра.
Министерот за транспорт и врски, Миле
Јанакиески, вчера најави дека Владата наскоро ќе
го разгледа намалувањето на цените на зелениот
картон и додаде оти по укинувањето на визите, по
примерот на Европа, може да се очекува и целосно укинување на зелениот картон, односно да

нема двојно плаќање премија за осигурување на
возилата. Инаку, на владината седница одржана
неделава не беше донесена конечна одлука за
колку да се намали зелениот картон, биле побарани дополнителни анализи. Според првичните
најави од Министерството за финансии, беше
предложено цената на зелениот картон да се
намали за 300 евра. Од Асоцијацијата на транспортерите не бараат само намалување, туку
целосно укинување на оваа давачка.
Визната либерализација за транспортерите од
земјава значи слобода и флексибилност на движење 365 дена во годината. Таа ќе овозможи помалку процедури, заштеда на време и пари бидејќи ќе
им овозможи да не доцнат на транспортните берзи
и ќе можат да понудат поконкурентни цени за превоз. -Либерализацијата ќе ни донесе повеќекратни
ефекти. Таа ќе значи крај за долгите процедури на
чекање пред амбасадите. Ќе ни овозможи повеќе
работа, непречен проток и зголемен транспорт на
стоките до европските пазари. За македонските
транспортни компании возењето без бариери ќе
значи бум, вели Билјана Муратовска, секретар во
Асоцијацијата на камионски транспортери,
Макамтранс во денешен Вечер.
Рамстор Македонија ДОО Скопје ќе поднесе
тужба до Управниот суд, бидејќи сметаат дека
Комисијата за заштита на конкуренцијата донела
незаконска и неправилна одлука кога им наложи
во рок од 15 дена да му доплатат на
Министерството за транспорт и врски 1,13 милиони евра за препродажба на земјиштето за кое
државата во 2004 година му даде државна парична помош. -При водењето на постапката не се
земени предвид аргументите на Рамстор
Македонија, а посебно дека одлуката е донесена
врз основа на закон и уредба кои не се применувале и не биле во сила во моментот на потпишување
на договорот за оттуѓување на градежното земјиште, велат од Рамстор Македонија. Покрај постапката пред Управниот суд, Рамстор Македонија го
задржува правото да бара заштита пред
Меѓународната арбитража во согласност со меморандумот за разбирање потпишан на највисоко
државно ниво.

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI
1. РЕБАЛАНСОТ ЌЕ ПОЧЕКА, ВЕЛИ СТАВРЕСКИ (*****)
2. АВСТРИСКА ДОНАЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ (****)
ДНЕВНИК

с.7 НИ СЕ ЗАКАНУВА ЕНЕРГЕТСКА ИЗОЛАЦИЈА
с.7 „ТОПЛИФИКАЦИЈА” БАРА ПАРНОТО ДА ПОСКАПИ 20 ОТСТО
с.9 БУЏЕТОТ ТОНЕ, РЕБАЛАНСОТ ДОЦНИ
с.9 НЕУСПЕШЕН КОНКУРСОТ ЗА „ВАРДАРСКА ДОЛИНА”
с.9 АВСТРИСКА ДОНАЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
с.9 “РАМСТОР” ЌЕ БАРА МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖА
с.11 СЕ БАРА ГАС ЗА “НАБУКО

ВРЕМЕ

с.7 РЕБАЛАНС ЌЕ ИМА, АМА НЕ СЕГА
с.7 „РАМСТОР” ЌЕ НЕ ТУЖИ ПРЕД АРБИТРАЖНИОТ СУД
с.7 СОБРАНИ 19 МИЛИОНИ ЕВРА ПОМАЛКУ ОД ПЛАНИРАНОТО
с.7 ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ДОБИВМЕ 1,6 МИЛИОН ЕВРА
ВЕСТ

с.3 ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА МОРА ДА СЕ СМЕНИ ЗА ДВА МЕСЕЦА

УТРИНСКИ ВЕСНИК

с.6 НЕМА ДЕВАЛВАЦИЈА НИ ОД СЕПТЕМВРИ

с.3 РЕБАЛАНСОТ ЌЕ ПОЧЕКА, ВЕЛИ СТАВРЕСКИ

НОВА МАКЕДОНИЈА

с.7 ВЛАДАТА ЌЕ ГО ПОНИШТИ ТЕНДЕРОТ „ВАРДАРСКА ДОЛИНА”

с.8 ВЛАДАТА ЌЕ ЧЕКА ЗА РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ДО СЕПТЕМВРИ

с.7 АВСТРИЈА ДОНИРАШЕ 1,6 МЛН. ЕВРА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

с.8 „РАМСТОР” Е СПРЕМЕН ДА ЈА БАРА ПРАВДАТА ПРЕД МЕЃУНАРОДНА
АРБИТРАЖА

с.7 ПРЕЗЕНТИРАН СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ФОРМУЛАРИ
ВЕЧЕР

с.3 МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОДНЕСУВА ФОРМУЛАРИ ЕЛЕ-КТРОНСКИ
с.6 ЌЕ СЕ ЖАЛИМЕ ДО УПРАВЕН СУД!
с.7 СЛОБОДА И ФЛЕКСИБИЛНОСТ НА ДВИЖЕЊЕ 365 ДЕНА
с.7 НЕМА ПОТРЕБА ОД ИТЕН РЕБАЛАНС

ШПИЦ

с.8 ГРАДСКИТЕ АПТЕКИ НЕ СЕ ЗАТВОРААТ
с.9 РЕБАЛАНС ЌЕ ИМA, АМА НАЕСЕН
с.9 ПАГА И ТЕНДЕРОТ ЗА „ВАРДАРСКА ДОЛИНА” ?

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:54 Page 23

Data 1.06.2009

broj 76
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

23

OD 13.07 DO 18.07.2009 g. PONEDELNIK-SABOTA
1. KRATOK PREGLED NA NASTANI VO NEDELNICITE

ГЛОБУС

с.39 ЦЕНТРИФУГА НА „ПАРАЛНИЦАТА НА ПАРИ“
Иако се најдени многу забелешки за финансиското работење на
ова Министерство, последните кадровски засилувања на Владата
доаѓаат токму од овој дел на државната управа!?
Расправата што се отвори при последното поставу-вање на т.н.
пратенички прашања до власта, после-дната недела од јуни, отвори
еден скандал, кој можеби, според висината на народните пари кои се
во прашање, остава зад себе многу други такви случаи по кои се прослави нашето Обвинителство, откако реши да реагира на укажувањата во изминатите неколку години.

ФОКУС
с.22 КАКО ВЛАСТА ГИ ВРАТИ СТАРИТЕ „СКАПИ“ КРЕДИТИ, ЗА ДА
ЗЕМЕ НОВИ И ПОСКАПИ
И додека очигледните слабости на целиот систем во државава
нема можност повеќе да се финансираат од џебот на граѓаните и на
фирмите, бидејки нема од што да платат, купувањето време со пропагандни теории за подобар живот не поминува така лесно, а најмалку
овозможува реално крпење на буџетските дупки. Оттаму, одлуката со
исклучително скапо задолжување и на домашен и на надворешен
пазар, да се крпи буџетот, ќе не чини уште повеќе за некоја година,
кога ќе ни ги испорачаат сметките за тоа што малкумина го јаделе!
с.34 МИНЧО ПРОДАЛ, МИНЧО КУПИЛ, ЦАЦКО ЈАДЕЛ, A HA ДРУГАРИТЕ HE ДАВАЛ
Сегашната констелација на домашниот пазар на капитал, не нуди
ништо освен слепо да се следат трендовите на глобалните пазари, со
малку поголем интерес за регионалните берзи. А, се ќе беше далеку
подобро доколку ваквото инвеститорско поведение имаше реална
основа за фундаментални анализи и доказ за реални влијанија на глобалните текови. Освен месечните податоци за акционери над пет
отсто во компаниите со чии акции се тргува на Берзата, нема никакви
други официјални јавни информации околу промените во сопственичките структури.
с.35 ПОЗИТИВНИ ВЕТРОВИ ЌЕ ЈА ОСВЕЖАТ МАКЕДОНСКАТА
БЕРЗА
Bo периодот од 07.07 до14.07.2009 година индексите на
Македонската берза МБИ10 пораснаа за 4,33%, МБИД порасна за
2,3%, додека индексот на обврзници ОМБ загуби 1,35% од својата
вредност. Во истиот период берзите во регионот се движеа како што
следи: Индексите на Белградската берза забележаа пад и тоа
BELEX15 од 2,54% и BELEXLINE од 2,61 %, CROBEX индексот на
Загребската берза порасна за 4,15% додека CROBIS падна за 0,2%.
Љубљанските индекси минатата недела забележаа пад и тоа СБИ20
за 1,70% и SBITOP за 1,58%. Индексот ЅАЅХ-10 од Босна и
Херцеговина изгуби 5,36% од својата вредност додека во раст беше
индексот BIRS за 0,36 %.
с.35 ЗАБАВУВАЊЕ HA ПАДОТ ОД ГЛОБАЛНАТА КРИЗА
Почетокот на неделата го карактеризираа големите порасти на
светските берзи што се резултат на позитивните очекувања на инвеститорите поврзани со полугодишните извештаи кои компаниите
почнуваат да ги објавуваат. Co особено внимание се очекуваат податоците од азиските извозно ориентирани земји за подобрување на
финансискита сосојби и нивните влијанија на глобалниот пазар на
капитал. Овие резултати во моментот ќе имаат влијание само на краток рок, бидејќи побарувачката на нивните произ-води во западните
земји се уште не е доволно јака.

КАПИТАЛ
с.11 САМО ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ИНВЕСГИЦИИ
Приливот на странски капитал годинава во земјите од регионот е
многу поголем отколку во Макдонија. Владата се пофали дека во
земјава само во август влегле 33,7 милиони евра странски инвестиции. Но, работата не е за фалење. Прво, затоа што дури 27 милиони
евра од странските инвестиции се кредити што фирмите ги зеле од
своите централи во аранаво, а 6,9 милиони евра е реинвестираната
добивка. Нема гринфлид инвестиција!
с.24 ПРЕРОДБАТА ВО КОМА!
По тригодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ министрите на
сите главни економски ресори се во оставка. Премиерот бил незадоволен како тие си ја вршеле нивната досегашна работа. Објаснување
неуверливо дури и за оние кои досега “на слепо” ги величеа успесите
на власта. “Македонската влада се освежува”. Вака владиниот портпарол ги објасни ос-тавките кои во изминатите десетина дена ја потресоа Владата. Пемиерот, пак, беше уште посликовит “Владата не е во
криза. Се врши само реконструкција.
с.28

ЗАБОРАВЕТЕ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ!

Мојмир Мрак - Професор нa Економскиот факултет нa
Универзитетот Љубљана
После оваа криза, секоја земја ќе треба да го финансира најголемиот дел од економскиот развој од сопствени средства, a нe од странски инвестиции. што се однесува до Македонија, пазарот е мал и
реално е да се каже дека нe претставува некој значаен таргет за големите корпорации. Повеќе можности гледам за влез на мали и средни
фирми, a не нa инвестиции од 100 милиони евра. Повеќе мали инвестиции на долг рок се можеби поодржливи
с.34 MБПР СЕ УШТЕ НЕ ЗНАЕ, ИЛИ НЕ САКА ДА КАЖЕ КАКО ЌЕ
КРЕДИТИРА?!!
Долгонајавуваните измени во законот за Македонската банка за
подршка нa развојот (МБПР) минатата недела конечно поминаа на
владина седница. Суштинската промена за бизнисите е можноста
МБПР од следната година директно да ги кредитира компаниите. Тоа
треба да резултира co поевтини кредити за бизнисите, кои досега се
одобруваа преку деловните банки. Сепак, од односот на одговорните
лица во МБПР, заклучивме дека или на никој таму нe му е јасно како
ќе функционира директното кредитирање, или, пак, никој нe сака јавно
да зборува.
с.36 КРИЗАТA ЈА ОДЛОЖИ ИНВЕСТИЦИЈАТА ТЕШКА ОСУМ
МИЛИОНИ ЕВРА!
Компанијата Кнауф Радика немо да ги вложи планираните осум
милиони евра во проширување на производните капацитети во Дебар,
поради намале-ната продажба на градежни материјали предизвикана
од глобалната економска и финансиска криза. Според директорот на
Кнауф Радика, Тодор Деловски, планирано било оваа инвестиција да
се оствари годинава, a со целзголемување на произ-водствените
капацитети на фабриката за гипсени производи во Дебар.
Одложувањто на оваа инвес-тиција ги замрзна и новите вработувања
во фабриката.
с.38 РЕБРЕНДИРАЊЕТО ЌЕ ДОНЕСЕ ГОЛЕМИ ПРИДОБИВКИ
По низата ребрендирања во Македонија во неколку сектори ново
име влезе и во македонскиот осигурителен пазар. УНИКА Македонија
од почетокот на годинаво и официјално стана дел од една од најголемите осигурителни групации во Југоисточна Европа УНИКА Груп
Австрија. Ова е еден од оние процеси на ребрендирање кој донесе
корист за сите засегнати страни, велат во менаџментот на компанијата.

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:54 Page 24

24

берзНИК

broj 83
BERZANSKI pREglEDNIK NA NASTANI VO pE^ATENI MEDIUMI

Data 20.07.2009

НЕДЕЛАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА...

спорЕд EUROMONEY

стопанска – најдобра банка за 2008 година
Стпанска банка АД – Скопје е избрана за
најдобра банка во Македонија за 2008 година
од страна на британскиот финансиски магазин
EUROMONEY. Наградите за најдобрите од
банкарскиот сектор се базираат на
постигнувања врз основа на севкупни
перформанси, извонредни услуги кон
клиентите, иновативни производи, примена на
врвни стандарди на корпоративно управување
и лидерство во финансискиот сектор.
Посебно се цени фактот што Стопанска
банка АД – Скопје ја заврши 2007 година со
добивка пред оданочување од ЕУР 19,6
милиони, што е за 53,4% повеќе од
претходната година. Со ова успеа да оствари
над 24% поврат на просечен капитал и 2,5%
поврат на просечни средства. Стопанска банка
АД - Скопје опслужува повеќе од половина од

населението во земјата што ја прави
финансиски партнер на секое семејство во
земјата.
Ова престижно признание, Стопанска банка
АД – Скопје го добива по втор пат, откако во
2007 година исто така беше прогласена за

- Стопанска банка не очекува раст на каматите до крајот на годината, а доколку дојде до
прилив на позначителни финансиски средства од странство можно е тие и да се намалат. - Не
очекуваме раст на каматите до крајот на годината, а доколку дојде до прилив на позначителни
средства финансиски средства од странство може да се отвори процес на намалување на
каматните стапки, изјави денеска генералниот директор на Стопанска банка Глигор Бишев.
Тој посочи дека не само што депозитите во банката во првите шест месеци од годинава
забележале раст, туку и вкупната актива на банката е зголемена за 35 милиони евра и во
моментов изнесува околу една милијарда евра. Бишев потенцира дека банката располага со
вишок од 100 милиони евра ликвидни средства кои ќе бидат насочени кон поддршка на добри
проекти во стопанството.

најдобра банка во Македонија од страна на
EUROMONEY.
Наградата од EUROMONEY, која беше
доделена на свеченост одржана во Виена на
01 Јули, за менаџерскиот тим на Стопанска
банка АД – Скопје претставува заслужено
признание за доброто работење и вложениот
труд за задоволување на потребите на
клиентите, но претставува и особен предизвик
за континуирана примена на Европските
вредности и стандарди во работењето.
Успешниот тим на Стопанска Банка АД –
Скопје продолжува да работи на страната на
клиентите за задоволување на финансиските
потреби како најсигурен партнер во
остварувањето на нивните желби, замисли и
планови.

ссМ и организациЈата на
работодавци

Јавниот сЕктор, бизнис заЕдницата и ЕкспЕртската
Јавност-здружЕни

општ колективен
договор за
стопанството

Економски форум - нова
форма на меѓусебен дијалог

- Утврдување минимална плата на ниво на гранка,
прецизирање на исплатата на прекувремена работа,
новогодишен надомест и регрес за годишен одмор се
дел од одредбите што ги содржи Општиот колективен
договор за стопанството потпишан меѓу Сојузот на
синдикати на Македонија и Организацијата на
работодавци. Во Договорот што беше потпишан по
неколку месечни преговори меѓу двете страни со
одредба е вклучено и мирното решавање на
споровите меѓу синдикатот и работодавецот.
- Во услови на финансиска и економска криза во
светот и во Македонија се чувствуваше потребата
дека треба да се прецизираат и да се подобрат
правата на работниците во Македонија, рече на
денешната прес-конференција на ССМ Милан
Живковиќ.
Тој посочи дека одредбите од Општиот колективен
договор се усогласени со измените од Законот за
работни односи и со Законот за бруто-плати.
Одредбите од Општиот колективен договор ќе
стапат во сила откако тој ќе биде објавен во Службен
весник на Република Македонија.

- Јавниот сектор, бизнис заедницата и
експертската јавност ќе имаат можност
преку новатa форма на меѓусебен дијалог
т.н. Економски форум ни и научни погледи
за актуелни економски прашања.
Целта на овој проект е да се зајакне
дијалогот меѓу владините институции,
односно Министерството за економија,
бизнис заедницата и стручната јавност за
актуелните економски состојби и со тоа да
се создаде побрз економски развој во
државата. Порталот веќе е поставен на веб
- страницата на Министерството за
економија и првично ќе се дебатира за
енергетските перспективи на државата,
како да се зголеми конкурентноста и да се
подобри деловната клима, потоа за
ефектите и предизвиците од светската
економска криза и како на најдобар начин
да се презентира државата како
атрактивна туристичка дестинација.
- Главно е да се воспостави таква
дебата каде што на непосреден, модерен

начин ќе може да се оствари дијалогот меѓу
владините институции, приватниот сектор и
стручната јавност, изјави министерот за
економија Фатмир Бесими по денешната
средба со претставници на стопанските
комори на кои им ја презентираше новата
форма на меѓусебен дијалог. Тој најави
дека во наредна фаза голем дел од овие
активности ќе бидат објавени и во
одредени печатени медиуми.
Бизнисмените изразија задоволство од
новиот проект каде што за актуелните
економски теми ќе може да се дискутира
јавно.
- Ова е одличен проект, транспарентен,
каде што сите ќе имаме интерактивна
комуникација. Ќе се олесни и работата на
новинарите од економскиот сектор. Темите
ќе бидат јавно дадени на дебати и како
комори ќе може да ги пласираме своите
идеи, рече претседателот на Сојузот на
стопанските комори на Македонија, Златко
Калеников.

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:54 Page 25

Data 20. 07. 2009

broj 83
BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

берзНИК

25

NEDELEN PREGLED NA MAKEDONSKA BERZA
za period od 6.07. - 10.07. 2009 godina
VKUPEN PROMET NA MAKEDONSKATA
BERZA AD SKOPJE

U^ESTVO NA ODDELNI PAZARNI
SEGMENTI VO VKUPNIOT PROMET

PREGLED ZA NAJTRGUVANI AKCII NA OFICIJALEN PAZAR

10 NAJTRGUVANI HARTII OD VREDNOST
NA OFICIJALEN PAZAR

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:53 Page 26

26

берзНИК

broj 83
OFICIJALEN PAZAR ZA PERIOD OD 6.07. D0 10.07. 2009

Data 20. 07. 2009

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:53 Page 27

berznik_083:berzNIK 18.07.2009 15:53 Page 28